Монографија 30 години Неуромедика - Партнер на Вашето здравје!

Page 1



ОБРАЌАЊЕ НА Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА Во времето кога еден стар систем полека, но сигурно го губеше тлото, а новиот капиталистички срамно почнуваше да се наметнува на територијата на Македонија, да се мисли за поинакво здравство од стариот систем речиси да беше невозможно да се замисли. Но, имаше луѓе кои мислеа поинаку... Во далечната 1992 година со многу желба, со огромна визија и пред сè водени од идејата за модерно и современо здравство, семејството Угриновски ја основа Неуромедика. Со малку средства и во скромни услови, почетоците беа тешки и макотрпни, но Неуромедика чекореше смело, чекор по чекор, од ден во ден вербата од пациентите во неа растеше, се ѕидаше тула по тула, се водеше грижа за секој пациент, нешто што не беше замисливо во тогашното здравство. Успесите и насмевките на задоволните пациенти беа мотив да се продолжи понатаму... Неуромедика растеше, се развиваше... Современите мои визии како млад менаџер беа насочени надвор од нашите граници. Кога моите соработници и пријатели ја слушаа мојата желба да се отворат дијагностички центри во Кукуш, Р. Грција, сите сметаа дека не ја зборувам вистината или дека сум луд. Но, успешноста и знаењето го покажаа спротивното. Се отворија и центри во Куманово, Кочани, Битола, Штип, Тетово. Полека, но сигурно Неуромедика растешe и се развиваше, за да во 2017 година го достигнеме врвот со изградба на болницата Неуромедика. Модерна и современа болница изградена по сите најнови светски и архитектонски стандарди за вакви градби. Болница како бисер на нашиот бренд, изградена со чисто македонски капитал давајќи му акцент и правејќи нè горди што Неуромедика е чисто македонски бренд по светски критериуми и стандарди. Но, не беше овие 30 години сè така лесно и глатко, требаше да се опстои на сите промени, транзиции, реформи, за жал имаше и ниски удари. Секоја препрека ја минувавме успешно и ни даваше нова сила, повеќе мотивација и повеќе цврстина да се чекори напред. И на крај, сакам да изразам едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ кон сите поранешни вработени и соработници кои ѕидаа тула по тула во куќата наречена НЕУРОМЕДИКА, едно ГОЛЕМО, ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ кон сите сегашни вработени кои успешно допринесуваат да се услужат над 130.000 пациенти годишно и едно ГОЛЕМО, ГОЛЕМО, ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ кон моето семејство Угриновски кое веруваше во мене и ми ја доверија задачата да ја водам оваа навистина успешна фирма. Нека ни е честит јубилејот 30 години Неуромедика! Д-р Емил Угриновски Генерален менаџер


ПРЕДГОВОР Желбата кон совршенство нѐ направи тоа што сме денес. Препреките на патот нѐ направија многу посилни и поумни. Способноста да останеме на врвот е квалитетот на услугите што ги нудиме чиј показател е довербата која ја стекнуваме кај пациентите, соработниците и нашите вработени. Во брендот што го изградивме, вложивме многу знаење, искуство и континуирана работа цели три децении. Тоа што нè направи Неуромедика сте сите Вие наши пријатели!

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

2


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

ВОВЕД Во далечната 1992 година кога се роди идејата за отворање на приватен здравствен бренд, после оперативните организациони работи кои се преземаа, дојде на ред да се одлучи како ќе се именува, во тоа време, новата приватна организација. На основачите им беше предизвик како да го преточат во еден збор она што го имаат како искуство, знаење и како да ја спојат визијата и целта кон која сакаат да се движат. Некако природно беше да во зборот е содржан зборот “medicа” – што во превод значи лекар, доктор, хирург. Следно што беше е да се додаде нешто што ќе се одрази на основачите, на семејниот бизнис, на искуството и на визијата кон која ќе цели да постане оваа здравствена организација. Предложен и прифатен е терминот “neuro”, кој асоцира на неврологија, неврохирургија, невролог, нервен систем, да се спои на првиот предложен термин со што се доби називот NEUROMEDICA или НЕУРОМЕДИКА. До ден денес овој збор е водечки во нашата здравствена дејност. Огромен фокус имаме посветено на оваа гранка. Најголемите инвестиции се реализирани во ова поле. Донесени се првите и најскапи уреди за дијагностика токму на нервниот систем. Ангажирани се најдобрите експерти лекари од областа на неврологијата и дијагностика за истата. Со развојот на компанијата и активирањето на маркетинг комуникациите во раните 2000ти години на ниво на цела држава, се појави потреба да се одреди слоган. Беа предложени доста опции, но едногласно и лесно беше избран денешниот слоган “Партнер на Вашето здравје”. Слоганот дојде некако природно од работата со пациентите и со нашите деловни клиенти. Преку секојдневниот контакт со нив, ние постанавме нивни партнери, заштитници на нивното здравје. А, тие гледаа во нас партнер, лекари, здравствен колектив на кој може да му веруваат и да го доверат највредното, нивното здравје.

3


ПОЧЕТОЦИТЕ - ОСНОВАЊЕ НА НЕУРОМЕДИКА, 1992 ГОДИНА Почеток повеќе од скромен, ординација организирана во еден двособен стан, во центарот на Скопје. Во процесот на работа беа вклучени два општи лекари и една медицинска сестра – с. Катерина Серафимовска која цели 25 години беше дел од Неуромедика.

Со тек на време, кон лекарскиот тим се придружил и Д-р Александар Андоновиќ како специјалист по општа медицина. Неговото искуство беше поддршка во интензивирање на дејноста со вклучување на домашна посета како и поддршка на помладите доктори.

Во условите во кои е формирана првата приватна здравствена организација, во периодот на првите почетоци оваа идеја беше доживувана како неверојатен, дури и невозможен подвиг. Сепак, визионерството и чувството во кој правец ќе се развива здравството во Република Македонија овозможи Неуромедика да биде никулец за развојот на приватното здравство, кое полека, ама сигурно чекореше кон прогрес.

Под негов надзор се конципираа прегледите во домашни услови за пациенти кои имаа таква потреба.

Сè почна како идеја на Проф. Д-р Јовица Угриновски, која за многу кратко се претвори во стварност и требаше само да се негува и развива. Многумина и не сфатија дека навистина има приватна здравствена установа која се отвори и ќе почне да функционира.

4


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

ПСИХИЈАТРИСКА ОРДИНАЦИЈА Во исто време, во ординацијата во Центар се развива и психијатриска ординација предводена од брачниот пар Павлови. Многу беше тешко во тогашно време пациентите да побараат психијатриско мислење и третман во приватна пракса. Но, кога ги согледаа условите и начинот на кој се пружаа ваквите услови во кои влегуваа доволно долг и закажан индивидуален термин, придонесоа брз и галопен развој на оваа служба.

ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА Паралелно се развива и кабинетот за Физикална медицина предводен од Прим. Д-р Лилјана Угриновска. Оваа служба опфаќаше повеќе процедури кои постојано се надополнуваа и збогатуваа. Поучени од недостатоците на јавното здравство кај нас, им се нудеше термин кој беше само за еден пациент каде целосното внимание од физиотерапевтот му се посветуваше само на пациентот. 5


Се работеше комбинирана физикална терапија која се покажа како успешна и имаше напредок во лекувањето кај пациентите.

Тоа доведе и до отворање на нова посебна сала за кинезитерапија и кинезитерапевтски процедури.

Бидејќи отворањето на ординацијата за физикална терапија привлече многу пациенти, беше неопходно да се набави нова апаратура која ќе ги задоволи потребите на пациентите.

Службата располагала со комплетна електро терапија, ултразвучна терапија, магнетна терапија, светлосна терапија, мануелна масажа и кинезитераписки процедури.

БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА За збогатување на дијагностичката палета се формирал биохемиско-лабораториски тим во кој беа вклучени биохемичарите Зејто Бабачиќ и Снежана Будимовска. Започнавме со рутински лабораториски анализи. Но, потребите растеа и постојано се воведуваа нови анализи кои ја прошируваа палетата на испитувања. Започна набавката на модерни аналајзери за да може точно и прецизно да се одговори на сите испитувања. За кратко време Биохемиската лабораторија прерасна во врвна и современа каде можеа да се извршуваат сите современи лабораториски анализи, со што постанавме пионери и лидери во ова поле во приватното здравство. 6


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕУРОМЕДИКА АЕРОДРОМ Времето поминува, потребите растат, така што просторот во првата ординација во Центар почнува да станува премал и во текот на 1993 година се отвора и нова ординација во населбата Аеродром. Се проширува палетата на специјалистички дејности како што се педијатрија (Д-р Светлана Михајловска), дерматовенерологија (Д-р Гордана Дубровиќ), психијатрија (Д-р Жанета Карагоцева Продановска).

ХИРУРГИЈА Започнува да работи и хируршкиот оддел предводен од Прим. Д-р Миодраг Тодоровиќ - Козма. За прв пат во Република Македонија во целосно опремената хируршка сала беа извршени првите интервенции, по принципот на “one day surgery”. Беше првата хируршка сала која почна со работа надвор од рамките на државните хируршки клиники. Првпат беа изведени интервенции и операции кои беше незамисливо да се работат во сала која беше сместена во приватен стан, но каде беа максимално запазени нормите на хирургијата и каде токму заради тоа што е приватно, посебно 7


се внимаваше на условите за работа и за хигиена. Започнавме храбро, гордо и пред сè чесно со многу ентузијазам и професионализам. Така, беше формирана првата хируршка екипа која работеше приватна пракса. Хирургијата беше една од првите гранки која успешно ги зацврсти корените на нашиот

8

бренд да биде претпознатлив и моќен. Денес, хируршките гранки и хируршките интеревенции што се изведуваат во нашата современа Болница Неуромедика се со огромна позадина и 30 годишно искуство на менаџирање и на унапредување на здравствените процеси.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕУРОМЕДИКА ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА Во 1997 година доаѓа до ново проширување во нова прекрасно уредена ординација во приземјето на ЗОИЛ Македонија, во чии рамки продолжува со работа општата пракса проширена со нови специјалистички дејности. Во сите новоотворени ординации многу се посветува на односот лекар – пациент, што овозможи бројот на пациентите, кои своето

здравје и го доверуваат на Неуромедика, да се зголеми. Исто така, секоја ординација беше опремена со апарати за дијагностицирање на здравствената состојба, како што се ЕКГ и ЕХО. Развојот на специјалистичките прегледи и консултации од сите области кои им беа потребни на пациентите започнаа токму од овие ординации.

9


Водењето на здравствената евиденција строго се придржува кон веќе утврдени стандарди потпомогната со современите текови на компјутерската технологија. Растот на бројот на пациенти бараше и зголемување на стручниот кадар во Неуромедика. Лоцираноста во центарот на градот и потребата на пациентите бараше услови за дежурна екипа

10

24/7 и интезивирање на домашната посета како услуги кои ниеден друг приватен здравствен бренд не ги имал во тоа време. Во тој период домашната посета која веќе функционираше сега доживеа огромен раст и развој. Веќе во општеството беше прифатено лекувањето во приватна амбуланта, а истото почна да се однесува и со домашната посета.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

ДОМАШНИ ПОСЕТИ И САНИТЕТСКИ ТРАНСПОРТ Повиците беа од ден на ден сè почести што бараше и формирање на посебна екипа што ќе покрива само домашни посети. Тоа бараше и набавка на повеќе возила кои беа наменети за извршување на работите на оваа служба. Неуромедика го имаше првиот приватен медицински возен парк во Република Македонија, кој содржеше неколку возила за домашни посети, и неколку санитетски возила – амбулантни комбиња. Со набавката на адекватни санитетски возила следеше и развој на медицинскиот транспорт во државата и надвор од нејзините граници. Во тоа време беше многу тешко административно да се организира медицински транспорт заради тогашниот визен режим. Но, потребата и барањата на пациентите тоа го бараа од нас и затоа на сите начини се трудевме да им излеземе во пресрет на истите.

монитор, дефибрилатор, сет за интубација, боца со кислород, со што се овозможуваше сигурен медицински транспорт на пациенти. Така се случија многу медицински транспорти во земјава, но и во странство. Се почна скромно до соседните држави, па до клиники во развиените западно-европски држави. Денес Неуромедика како болница која има најнапреден сопствен санитетски транспорт ги има направено најдолгите километражи со пациенти. Покрај транспортот на пациенти во сопствени амбулантни возила нудиме и организација на авионски санитетски транспорти до било каде во светот.

Современите возила беа опремени со 11


НЕУРОМЕДИКА ДОМ НА ВОЕНИ ИНВАЛИДИ Две години подоцна, во 1999 година, со цел подобрување на условите за вршење на дејност, двете ординации Центар и Аеродром се интегрираат во една поголема, на локација во зградата на Дом на воени инвалиди. Тоа беше веќе планиран простор кој опфаќаше 250м2 каде беа сместени и повеќе специјалистички служби кои поради својата лоцираност во центарот на градот функционираа одлично. Просториите, но и локациските услови, нудеа можност за прифаќање на огромен број пациенти без речиси никаков застој и долги чекања, а тоа што го красеше овој објект беше и луксузот кој можеше да се надогради на веќе планираниот простор. Тоа беше современа поликлиника во чија локација беа сместени десеттина специјалистички служби. Нешто незамисливо за приватното здравство во тоа време.

ОРТОПЕДИЈА Во тој период како посебна гранка која го достигна својот подем е ортопедијата. За нејзиниот развој особено се ангажираше 12

Проф. Д-р Григор Џолев кој сè уште во нашата болница своето знаење и долгогодишно искуство го става во служба на пациентите.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕУРОМЕДИКА ВЛАЕ Потребата за современа медицинска апаратура наложи во 2001 година да започне со работа нов здравствен објект Неуромедика во населбата Влае. Тука посебно внимание се обрна на дијагностиката и беше ставен во функција првиот МРИ артроскоп за екстремитети и зглобови. За кратко време се покажа дека потребите на пациентите се поголеми и тоа бараше проширување на дијагностичката палета.

ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО НЕУРОМЕДИКА ВЛАЕ Во спектарот на здравствени услуги се вбројува најсовремена радиолошка дијагностика и тоа меѓу првите во државава што нè прави посебно горди, бидејќи придонесе за подобрување на квалитетот на дијагностичките процедури на македонското здравство. Бевме пионери и прв приватен здравствен бренд со свој дијагностички центар и современа дијагностичка апаратура што за општеството и секторот беше необјасниво како може еден приватен бренд да инвестира огромни средства во напредни и современи апаратури.

Во современите простории се смести апарат за компјутерска томографија CТ Scan Pro I GE, Рентген дијагностика и апарат за магнетна резонанца Siemens 1 tesla. Сите овие апарати учествуваа во дијагностицирање на болести на централниот нервен систем, мускулоскелетниот апарат, дојка и абдоминални органи. Следејќи ги современите технолошки светски достигнувања во областа на здравството, Неуромедика набави нови апарати за дијагностика – компјутеризирана томографија 13


Siemens 64 Slice и Siemens 1.5T магнетна резонанца. Исто, се воведоа и нови апликативни надоградби како imaging на дифузија, перфузија, функционален brain imagaing, DTI, трактографија итн. Овие дијагностички процедури први почнавме да ги применуваме и изработуваме со што се подигна квалитетот на дијагностиката и им се овозможи на специјалистите полесна и посигурна дијагностика и третман.

14

Со тек на времето дијагностиката во Неуромедика налагаше своја модернизација, така што сите апарати беа заменети со нови кои беа во тој период врв на медицинската технологија. До ден денес, 30 години, континуирано инвестираме во нашата дијагностичка апаратура со цел да останеме лидер во ова поле и да им пружаме на нашите пациенти прецизна, навремена и професионална дијагноза. Нашиот дијагностички центар не е познат само кај пациенти од нашата


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА држава. Во текот на овие години не посетувале пациенти од цела Европа со цел да направат иследувања или пак да добијат второ мислење од нашите експерти. Неуромедика со својот радиолошки оддел соработуваше и зеде активно учество во проектите Marianne, Wayath, Klinres за спроведување на скрининг методи. Исто така, први склучивме договор со Владата на САД за базата Bondsteel во Косово за вршење на дијагностички процедури и иследувања од областа на радиологијата со нашата апаратура која беше оценета од нивна страна како најдобра на Балканот. За секојдневната соработка и организација на прегледите, дијагностиката и следење на пациентите се направи и обучи голем тим од соработници кои максимално го вложуваа своето знаење и стручност во секојдневното работење со комплицираната медицинскодијагностичка апаратура. Дијагностички центри Неуромедика своевремено отвори и во градовите: Битола, Тетово, Кочани и во Кукуш Р.Грција. 15


СОРАБОТКА СО SIEMENS Неуромедика во тоа време освен соработката со амбасади, странски мисии, здруженија, меѓународни и домашни организации и странски претставништва, имаше и ексклузивна соработка со претставништвото на брендот SIEMENS во Македонија како наш бизнис партнер преку кој

16

ги следевме новите технолошки достигнувања во делот на медицинската апаратура. Да напомнеме дека SIEMENS е лидер на пазарот во ова поле и ги произведува најдобрите и најквалитетните апарати за медицинска дијагностика.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕВРОЛОГИЈА Со набавката на овие апарати се отвора подрачјето на neuroimaging дијагностиката, така што во исто време се доопремуваат и амбулантите по неврологија со посебен кабинет за епилепсија со видео ЕЕГ.

Проф. Д-р Методи Чепреганов значајно ја збогати целокупноста на епилептологијата и neuroimaging дијагностика, применувајќи го своето знаење и искуство стекнато во најпознатите болници во Брисел, Лондон, Париз, Стразбур, Лион.

17


СТОМАТОЛОГИЈА

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

Стоматологијата во Неуромедика е гранка со голема традиција и со одличен и индивидуален пристап кон секој пациент. Тоа е служба со огромен број на пациенти, како и служба која постојано ги следи трендовите на совремна едукација.

Во Неуромедика орално хируршкиот тим е основан и предводен од Спец. Д-р Емил Угриновски, кој покрај бројните секојдневни менаџерски активности како Генерален менаџер на Неуромедика, отсекогаш наоѓал време за пациентите за тешки операции и имплантолошки процедури.

Во рамките на стоматолошкиот оддел функционираат орално хируршка, ортодонтска служба и општа стоматолошка пракса.

Некои од овие екстремно тешки и комплицирани интервенции своевремено се изведувале единствено во Неуромедика од приватното здравство во државата. Во текот на развојот на оваа служба и во тесна соработка со службата за Пластична хирургија во Неуромедика, за прв пат во Република Македонија, е воведена и хијалуронска естетика на усни и лице. Спец. Д-р Емил Угриновски е еден од првите лекари во нашата држава кој е сертифициран за оваа дејност, а во Неуромедика се започнати да се прават првите естетски корекции на усни и лице.

18


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕУРОМЕДИКА КУКУШ Р. ГРЦИЈА Д-р Емил Угриновски со својот визионерски дух, потпомогнат од менаџерскиот и лекарскиот тим на Неуромедика, успешно чекореше напред. Успеа да го стори незамисливото за една македонска компанија во тоа време, а тоа е да се инвестира во Европската Унија. Тој доби идеја да ја прошири Неуромедика и надвор од нашите граници. Во 2005 година оваа

идеја стана реалност. Во градот Кукуш во Р. Грција Неуромедика отвори два дијагностички центри, во чии рамки функционираа два апарати за магнетна резонанца и апарати за ехо дијагностика. Ова беше воедно и прва официјална македонска инвестиција во Р. Грција што не прави особено горди.

19


НЕУРОМЕДИКА ЈУЖЕН БУЛЕВАР Повторно постоечките простории беа мали за да одговорат на барањата на пациентите, а и на докторите, кои сакаа да се приклучат кон тимот на Неуромедика и да бидат дел од оваа екипа која чекореше кон успех и веќе ги диктираше условите за работа во здравството. Во 2007 се отвора нова најголема приватна поликлиника на нова локација во центарот на Скопје на Јужен булевар. На простор од повеќе од 700м2 се сместуваат петнаесетина ординации во иста целина со административниот дел на Неуромедика. Ординацијата на Јужен булевар на местото кај старата железничка станица го обединува персоналот и овозможува идеални услови за работа како Поликлиника Неуромедика што овозможува непречено извршување на систематски прегледи, како и непрекинато работење на повеќе специјалистички дејности. Во овој период виден развој од специјалистичките служби има ревматолошката служба која е предводена од Проф. Д-р Александар Пушевски. Во Неуромедика за оваа дејност која е специфична и дефицитарна, започнаа да доаѓаат пациенти од цела држава но и од странство. 20

На оваа локација започнува со работа и офталмолошкиот кабинет и ОРЛ службата која претходно постоеше како консултантска. Со овие нови 2 служби сериозно се пристапи на пазарот. Во Неуромедика пациентите можеа да добијат мултидисциплинарен пристап при комплексни состојби. Пациент можеше да изврши приемен преглед кај општ доктор, да направи специјалистички прегледи кај лекариспецијалисти, да направи лабораториски испитувања, дијагностика (ЕХО, ЕКГ, ЕМГ, ЕЕГ, МРИ, КТ), да добие резултати, мислење, терапија... и се’ ова во еден ден, на едно место што беше незамисливо своевремено во приватното но и во државното здравство.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

ПЕДИЈАТРИЈА Во склоп на Неуромедика – Јужен булевар се формира и педијатриска служба составена во тоа време од еминентни лекари педијатри. Службата е основана од Д-р Симрин Набил, кој како прв раководител на оваа служба даде значаен придонес за развој.

најмили го доверува во рацете на овие крајно професионални лекари – нашите специјалисти педијатри. Да се грижиме за здравјето на децата значи одвнатре да зрачиме со љубов и енергија надополнета со многу стручност и знаење.

Педијатрискиот оддел во Неуромедика до ден денес претставува сигурно и безбедно место кое се грижи за здравјето на вашите деца. Истата опфаќа и извршува прегледи на новородено дете и следење на неговиот развој, систематски прегледи, редовни месечни контроли кај здраво дете, преглед и лекување, како и домашна посета од педијатар. Педијатријата како специфична област вложува голем труд за да ја оправда довербата од сите родители кои здравјето на своите

ТРУДОВА МЕДИЦИНА Заради потребите на систематските прегледи во тимот е вклучен и доктор специјалист по трудова медицина. Покрај редовните систематски прегледи, Неуромедика доби и дозвола за извршување на прегледи за издавање на

лекарски уверенија за професионални возачи, бидејќи располагаше со комплетниот стручен тим и потребната медицинска апаратура. Оваа служба се развиваше со фуриозен раст, доминиравме и сè уште доминираме на пазарот 21


за систематски прегледи во нашата држава. Имавме најголема база на клиентикомпании кои ги извршуваа систематските прегледи. Довербата која се градеше помеѓу Неуромедика како партнер за оваа дејност беше исклучиво здобиена преку квалитет во извршување на прегледите и пристапот кон пациентите, но и деловниот пристап кон компаниите. Нашите вредности за професионализам и квалитет доведе да до ден денес голем број компании сè уште да бидат наши клиенти, но и базата на клиенти е толку голема што може слободно да кажеме дека сме лидери на пазарот во оваа дејност. Со развојот на службата, своевремено први во државата развивме дополнителни прегледи и иследувања со што добивме можност да правиме и најкомплицирани систематски прегледи за компании од државата, за странски компании, странски амбасади, држави, воени и безбедносни служби. 22

Единствени на пазарот бевме лиценцирани за изработка на медицински дозволи/сертификати за лица кои аплицираат за работа во странство, на дејности од бродската услужна дејност, на студенти за размена итн. Први во државата развивме Менаџерски пакети на систематски прегледи со кои на компаниите им нудевме најопширни можности за прегледи на своите вработени.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА Развојот на хируршките гранки беше неминовен. Скромните почетоци со општа хирургија за брзо време напреднаа со развојот на службата за пластична хирургија која стана и прва од ваков вид во Р. Македонија. Во службата за пластична хирургија работеле и работат врвни лекари хирурзи од таа област, а нашата мисија за подобар и поубав живот на нашите пациенти е водилка цели 30 години.

НЕУРОМЕДИКА КУМАНОВО Во јули 2006 година се отвора уште еден Неуромедика здравствен центар во Куманово. Тука функционираше општата пракса и успешно се спроведуваат систематски прегледи за многу компании од овој регион. Како прв вработен, и кој сè уште работи кај нас, е менаџерот на Неуромедика Куманово Мартин Величковски кој веќе има стаж кај нас од 16 години. Во овие рамки вклучена е и современа рентген дијагностика, како и КТ што го подигна квалитетот на дијагностичките процедури во овој град на завидно ниво. Со тоа почнува процес на ширење на Неуромедика во поголемите градови во Р. Македонија. 23


НЕУРОМЕДИКА КОЧАНИ Во 2008 година се отвора дијагностички центар во Кочани. Во Кочани е сместен современ апарат за магнетна резонанца кој ги задоволува потребите на ова подрачје. Овој град е земен како регионален центар на Југоисточна Македонија опфаќајќи десетина градови во околината. Ова беше прва инвестиција од ваков обем во приватното, но и во државното здравство во овој регион во последните педесетина години што не прави особено горди.

НЕУРОМЕДИКА ШТИП Ординацијата во Штип се отвори во февруари 2011. Општата пракса и службата за систематски прегледи го даваат својот придонес во згрижувањето на пациентите во Штип и околината. Иако штипската поликлиника беше најмала по обем и кадар од сите други, имаше одлични резултати и огромен број пациенти. Во Штип на редовна база имаше визитинг лекари од нашата поликлиника во Скопје. Стана пракса пациентите од овој источен регион, во огромен број, да бараат прегледи од нашите специјалисти, експерти во областите од неврологија, ортопедија, ревматологија, радиологија, интерна медицина итн. 24


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕУРОМЕДИКА БИТОЛА Во Битола во 2010 година почнуваат да функционираат службите за гинекологија и интерна медицина, како и општата пракса со вклучена домашна посета. Во поликлиниката во Битола функционираше и биохемиска лабораторија каде се изведуваа разни биохемиски анализи. Најголема придобивка за пациентите од овој град, но и за околните како Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Охрид, беше приватната дијагностиката со магнетна резонанца која беше прва од овој вид во овој регион. Во овој регион тешко се добиваше термин на државните клиники за дијагностика, со што на пациентите им овозможивме брза, прецизна и навремена дијагностика. Со нашиот подвиг спасени се многу животи во овој регион, неизмерно сме горди на пофалбите и заблагодарувањата од бројните задоволни пациенти.

извршување на систематски прегледи во овој регион. Покрај овие служби, континуирано лекари од нашата поликлиника во Скопје правеа визитинг прегледи и ги правеа специјалистичките прегледи во нашите поликлиники ширум државата. Со тоа добивме на уште поголема тежина, ги нудевме сите наши специјалистички услуги и во нашите подружници. Со нашата инвестиција во Битола станавме најголема и најсовремена приватно-здравствена институција во градот на конзулите.

Постепено започна со работа и службата за трудова медицина, со што станавме најголем регионален центар за 25


НЕУРОМЕДИКА ТЕТОВО Неуромедика Тетово започнува со работа во април 2011 година. Покрај општата пракса каде матичните доктори се грижат за здравјето на населението и организирањето на систематски прегледи на тамошните компании, работеше и апарат за компјутерска томографија, своевремено многу напреден и прецизен. Малку подоцна се инсталира и апарат за магнетна резонанца, со што станавме прва приватна институција во Полошкиот регион која располага со исклучително современа и софистицирана дијагностичка опрема. Во дијагностицирањето допринесува и современата лабораторија која има можност за изработка на многу анализи во исто време. Лабораториската опрема беше своевремено една од најсовремените, не само во Р. Македонија, туку

и во регионот на Балканот. Таа беше заеднички проект со германскиот лабораториски гигант Dimedis.

ВИЗИТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТЧКИ ПРЕГЛЕДИ И КОНСУЛТАЦИИ Во сите градови прегледите на пациентите се надополнуваа со специјалистички консултации и прегледи од сите служби (ортопедија, ревматологија, неврологија, интерна медицина, радиологија, пластична хирургија, општа 26

хирургија, дерматологија, итн.) кои се вршеа на закажани термини, претходно објавни од нас. Зависно од потребите на самите пациенти, овие прегледи ги вршеа еминентни лекари вработени во Неуромедика Скопје, така што


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА пациентите немаа потреба да губат од своето драгоцено време, но и да не патуваат да трошат дополнителни средства, надвор од својот град во внатрешноста за да ги извршат своите прегледи и консултации.

Скопје (Центар)

Неуромедика стана прв и единствен медицински бренд кој со сите свои регионални центри ја покриваше мапата на целата територија на Македонија.

Куманово

Скопје (Влае) Тетово

Кочани Штип

МАКЕ Д ОНИЈ А Битола

ГРЦИЈА

Кукуш

(2 центри)

27


НЕУРОМЕДИКА ЦЕНТАР – НА БУЛ. ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ Повторно следеше проширување на Неуромедика во Скопје, мораше да се прошири просторот за дејноста. Просторот на Јужен булевар стана претесен за лекарскиот тим и за бројот на пациенти. Од август 2011 година почна да функционира здравствениот објект на булевар Партизански одреди во близина на Универзална сала. Овој објект беше своевремено најголема и најсовремена поликлиника на тлото на Р. Македнија. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан е голем пријател на Неуромедика и на менаџерскиот тим. Уште од првите почетоци го даде својот благослов на нашата компанија и водени од тоа самиот раст и развој на Неуромедика беше неминовен. Во поликлиниката која својот назив го доби Неуромедика Центар беа сместени повеќе од дваесет амбуланти, дневна болница, соба за интервенции, како и дежурна служба и служба за домашни посети. Објектот располагаше со најсовремена мониторинг и компјутерска системска 28

поврзаност и поради тоа неслучајно овој објект беше прогласен за инвестиција на годината во здравството од страна на Европската банка. Во овој објект работно беа ангажирани повеќе од 60 лица од кои поголемиот број лекари специјалисти од разни области. Условите за работа ги поддржуваа најсовремените светски стандарди што на нашите пациенти им овозможуваше врвен медицински третман. Сите специјалистички кабинети беа опремени со најсовремени медицински апаратури.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА Водени од искуството и од визионерскиот дух на Генералниот менаџер Д-р Емил Угриновски, знаевме дека кога-тогаш просториите од тогашната нова поликлиника на ул. Партизански одреди и севкупните капацитети на останатите објекти ќе ни постанат тесни. Не запревме кон гледање напред во времето и проактивно да го развиваме нашиот бренд. Се започна како идеја за изградба на наш сопствен објект каде по наш вкус и терк ќе направиме дом на нашата здравствена дејност,

каде ќе ги обединиме сита наши служби во едно место за да може се симултано и хармонизирано да функционира. Најпрво целта беше да се најде атрактивна и најсоодветна локација за изградба на здравствен објект, која ќе биде пристапна за нашите пациенти и да биде блиску до центарот на Скопје. Потрагата не беше лесна, а добивањето на градежни дозволи и административни процедури беа уште потешки. Се соочивме со сите недостатоци на нашиот тешко функционален државен систем, но нашите истрајност, упорност и знаење не потклекнаа. По долги процедури во 2014 година успеавме да добиеме дозвола за градба на наш сопствен објект, со идејно решение приватна болница, на ул. Јордан Мијалков бр.62, општина Центар, Скопје. На 11.02.2015г. го поставивме и осветивме камен-темелникот за изградба на Болница и со овој свечен чин започна прераснувањето на Неуромедика од Поликлиника во Болница. Осветувањето на камен темелникот го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. 29


беше на 8 нивоа со површина од 3500м2, а во неа предвидени беа дијагностички центар, ургентен центар, поликлинички амбуланти, оперативни сали, интензивна нега, апартманско сместување, административни простории и дирекција. Вкупната инвестиција беше естимирана на 8 милиони евра, инвестиција од сопствени средства, 100% домашна инвестиција што беше доста несекојдневно за тој период од нашето општество кога во државата единствено имаше само странски инвестиции во здравството. Естимацијата за изградба и пуштање во функција на новиот објект беа 30 месеци во кои според однапред утврден план се продолжи да се обавува поликлиничката дејност во постоечките капацитети ширум државата сo уште посилно темпо мотивирани од прераснувањето и предизвиците кои следат...

Со изградбата на Болницата планот беше зголемување на работните капацитети, проширување на медицинската дејност со повеќе специјалности, овозможување на нови методи на лекување со најсовремена медицинска апаратура. Проектот за изградба на Болница 30

Процесот на изградба беше раководен по најсовремените процедури за градба водени од еминентни компании и инженери од нашата држава, но и експерти од странство. Секој детаљ беше предвиден во проектниот план. Медицината има особено специфични инфраструктурни побарувања која мора прецизно да се утврдат и реализиран согласно барањата. Генералниот менаџер Д-р Емил Угриновски и менаџерот Аритон Кандикјан, кој беше и проектен менаџер за изградбата, беа директно


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА •

2 најсовремени хируршки сали

најсовремено опремени болнички апартмани

ургентен центар

специјалистичка и општа дневна болница

специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија

специјализиран центар за ортопедија и трауматологија

специјализиран центар за неврологија со најсовремена дијагностика

специјализиран центар за хирургија и општа хирургија

специјализиран центар за орална хирургија

специјализиран центар за естетска медицина на лице

Капацитети се:

стоматолошки центар

дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура: магнетна резонанца, компјутерска томографија, DXA скен, дигитален РТГ, ЕМГ, дигитален мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика.

најсовремена биохемиска лабораторија

центар за болка составен од доктори специјалисти од повеќе области

матични лекари општа пракса

23 специјалистички ординации

центар за психијатрија и психологија

инволвирани во секојдневните градежни подвизи, секоја одлука и сите предизвици во тек на градба беа решавани на терен 24/7 во текот на триесетте месеци од изградба на овој огромен објект. Во предвидениот рок, до јуни 2017година, се изгради и опреми маркантен објект кој беше и е најсовремен од овој вид во нашата држава, модерна болница опремена со најсовремена медицинска апаратура.

пластична

нехируршка

31


центар за гинекологија и комплетна дијагностика на болести кај жени

санитетски транспорт на пациенти во земјава и странство

домашни посети од лекари специјалисти и општа пракса

работно време 24/7

32

На големиот јубилеј на 28.6.2017 година, 25 години постоење Неуромедика, имавме двојна радост, се радувавме на значајниот јубилеј, но и на свеченото отворање на нашата нова Болница Неуромедика. Болницата ја освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Големиот јубилеј од 25 години Неуромедика се одбележа на високо ниво со над 1000 гости и забава предводена


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА од изведувачи кои се ѕвезди на балкански простори. Генералниот менаџер Д-р Емил Угриновски на гостите им се заблагодари за присуството на овој голем и значаен ден, а особена благодарност упати до вработените на Неуромедика кои неизмерно го дадоа својот придонес за развојот.

Истиот ден новата Неуромедика болница ги прими и првите пациенти кои беа пречекани од менаџментот на болницата и им беа доделени картички за лојалност. Со тоа официјално започна да функционира и лојалната програма на Неуромедика, проект реализиран од маркетинг менаџерот Никола Митревски.

33


ДОБИЕНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА Нашиот бренд и менаџмент имаа добиено бројни награди и признанија за остварените подвизи и достигнувања.

од областа на бизнисот, медицината и како особен придонес за европеизација на земјите од Југоисточна Европа.

Би одвоиле дел од наградите кои сме ги добиле низ годините: •

На Форумот за Врвен Квалитет и Менаџмент кој се одржа на 07.10.2016 во Кан, Франција, Neuromedica ја доби наградата за Најдобра Регионална Болница и наградата Менаџер на Годината. Во конкуренција на врвни светски медицински институции Neuromedica беше селектирана за Најдобра Регионална Болница, а Директорот на Neuromedica Д-р Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на Годината.

Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточнa Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа (SEE a Paris South-East European Film Festival 2017). Реномираната манифестација се одржa од 31.05-03.06 во Париз во престижниот “Theatre Le Palace”. Организаторите на фестивалот ова признание на Д-р Емил Угриновски му го доделуваат за заслуги и достигнувања

34

Нa 18.10.2017г. во Хотел Александар Палас со голема свеченост беа доделени наградите Стубренд 2017. Неуромедика е Стубренд 2017 – Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита! Неуромедика е единствена болница со вакво признание на Балканот. Изборот за најдобра здравствена установа го правеа самите студенти во РМ, кои преку анкетите спроведени од НАПАГ (НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ) во најголем број ги дадоа гласовите за Неуромедика.

Емил Угриновски, генералниот менаџер на болницата Неуромедика за континуирана помош на Манастирот Св. Јован Бигорски и Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. •

Плакета за д-р Емил Угриновски за особен придонес во македонскиот ракомет.

Признание - Благодарница од Лекарска комора на РМ за помошта на Неуромедика дадена за настраданите во автобуската сообраќајна несреќа што се случи кај с. Ласкарци, Тетово во 2019г. Неуромедика ги стави на располагање сите свои санитетски возила и медицински персонал на државата за спасување на настраданите. Брзата реакција и хуманиот пристап на нашата болница беше клучна да се спасат човечки животи.

На Форумот организиран од Европското здружение за истражување на квалитет, кој се одржа во хотелот Ле Плаза во Брисел, Неуромедика ја доби наградата Best practice за 2018 година.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Дебарско – кичевската епархија, Бигорскиот Манастир Свети Јован Крстител, му додели благодарница на Д-р

35


36


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

НАУЧНА ДЕЈНОСТ: СИМПОЗИУМИ Нескромно може да кажеме дека нашата болница Неуромедика е основач на убедливо најголемите, најеминентни и најпосетени Симпозиуми во нашата држава. Основани во 2014 година, до денес се реализирани 10 Симпозиуми акредитирани од Лекарската комора на РМ. За да бидат подостапни за лекарите од целата наша држава, Симпозиумите ги одржуваме во три града: Скопје, Битола и Штип.

покрај стручните предавања од професори на секогаш интересните теми, се и акредитираните бодови кои ги добиваат во вид на официјален сертификат издаден од Неуромедика. Пандемијата со Ковид19 не спречи скоро три години да твориме во ова поле и да организираме Симпозиуми, но со огромна желба и надеж во следниот период дека повторно ќе ги вратиме нашите Неуромедика акредитирани симпозиуми во нашата држава. Како предавачи на нашите Симпозиуми се јавуваат еминентни професори и лекари од нашата болница, но и од останати здравствени институции: Спец. Д-р Емил Угриновски Проф. Д-р Методи Чепреганов Проф. Д-р Јовица Угриновски Проф. Д-р Миодраг Врчаковски

Посетеноста на Симпозиумите на почетокот беше со околу стотина лекари, за да на јубилејниот 10-ти симпозиум да прерасне до рекордни 240 лекари – слушатели. Ниеден друг медицински бренд не успеал да собере на едно место толкав број лекари на едно место за научна цел. Огромна придобивка за лекарите-слушатели,

Проф. Д-р Григор Џолев Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски Проф. Д-р Александар Пушевски Прим. Д-р Добрила Андоновска Спец. Д-р Љуљзим Агаи 37


38


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

39


НАУЧНА ДЕЈНОСТ: МАГАЗИН – ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Симопзиумите не се единствен медиум преку кој Неуромедика шири научна дејност во лекарската фела и јавноста.

на нашата корпоративна веб страна од каде е лесно достапен за широка лекарска фела и за јавноста.

Во 2015 година е основан “Партнер на Вашето здравје” – магазин на Неуромедика во кој, покрај редовните корпоративни новости и настани, се споделуваат и стручни статии од нашите еминентни лекари. Магазинот до сега е издаден во 10 примероци, во принтана форма на висококвалитетна хартија, и дигитално поставен

Во издавачкиот колегиум на магазинот учествуваат сите наши лекари, менаџментот и наши надворешни соработници. Во магазинот може да се најде научна дејност и тоа: стручни статии, студии на случаи, новости во медицината, нови методи на лекување, нови апаратури за дијагностика итн.

40


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

ИЗДАДЕНИ 10 БРОЈА ОД МАГАЗИНОТ ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

41


НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ Компаниите се збир од луѓе, збир од нивните идеи, нивниот труд, нивниот придонес. Од нивната креативност, упорност и знаење да се придонесе кон растот и развојот на една компанија. Во текот на овие 30 години сме неизмерно благодарни на сите наши вработени, поранешни и сегашни, кои го дале својот придонес Неуромедика да е она што е денес. Со нашите вработени тула по тула е граден нашиот здравствен бренд, со нивниот значаен придонес сме израснале од една мала приватна здравствена установа до модерна, напредна болница. Секој лекар кој бил дел од нашата здравствена дејност, сите медицински сестри, болничари, помошен медицински кадар, административен кадар, надворешни соработници од различни експертски области кои работеле со нас на проекти или со нашите пациенти, на сите нив им благодариме од срце!

42

Во трите децении постоење извонредно многу внимание се посветува на редовна медицинска едукација на персоналот што налага Неуромедика да биде организатор на серија едукативни предавања од затворен и отворен тип. Сите медицински лица постојано посетуваат разни семинари и конгреси, сè со цел проширување на своето знаење и увид во новите достигнувања во медицината.


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА Во лекарскиот тим на Неуромедика поминале многу млади лекари кои своите професионални чекори ги започнале токму кај нас во нашата здравствена институција како општи лекари, прифаќајки ги нејзините норми и правила, за да бидат денес успешни лекари специјалисти, професори, предавачи, експерти.

Покрај лекари, кај нас имало и голем број и помошен медицински кадар – сестри, болничари, техничари, администрација и менаџери. Дел од нив дошле кај нас со сериозно искуство и се надоградувале кај нас, а дел биле млади со мало искуство при што се стекнувале со знаења и вештини од областа на медицината.

43


IN MEMORIAM Прим. Д-р Лилјана Груевска – Угриновска 29.10.1946 - 19.05.2010 Средно образование завршува во Скопје, а во 1971 година дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјалист физијатар станува во 1977 година во Белград, Србија. Со звање доктор Примариус се стекнува во 1992 година. Во своето долгогодишно работење стручно се доусовршува во познатите светски центри од физијатриска област Лион, Салзбург, Љубљана. Долги години успешно го раководеше и менаџираше Заводот за физикална медицина во Скопје, како негов директор. Во областа на физијатријата има објавено 58 научни трудови. Беше активен член, претседател и координатор во многу здруженија: Здружение на лекари, Здружение на физијатри, Здружение на ТИЛ... Во 1992 учествува во осмислувањето и организирањето на проектот Неуромедика. Сакајќи да ги постави поинаку работите во здравството од оние кои ги имало во јавното здравство, се раѓа идејата нешто што ќе биде модерно, современо, нешто што ќе ја врати насмевката на пациентите... Токму така ги поставува темелите и организацијата на Неуромедика. Во 1993 година ја организира и развива физијатриската служба во Неуромедика, а нешто подоцна го развива и центарот за кинезитерапија во истата. Преку разни предавања и доедукација го одржува нивото на оваа служба на завидно високо ниво. Долги години беше член и потпретседател на управниот одбор на Неуромедика. Голем број од проектите, развојот и организацијата во Неуромедика потекнуваат токму од креативноста на оваа жена. Беше учител од кого навистина имаше што да се научи, а вработените во Неуромедика ќе ја паметат по нејзиниот ведар лик и професионалните совети кои со внимание и убав збор ги даваше на сите. 44


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

Спец. Д-р Јасна Угриновска Поповски 27.11.1976 – 21.04.2013 Д-р Јасна Угриновска-Поповски е родена на 27.11.1976 година во Скопје, Р. Македонија, каде што го има и завршено основното образование. Средното образование го започнува во Средното Медицинско Училиште “Д-р Панче Караѓозов” во Скопје, а го завршува во “Aztec High School” во Азтек, Ново Мексико во Соединетите Американски Држави. Нејзиното образование го продолжува на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде што за време на студиите по Медицина, зема активно учество во студентската организација преку реализирање на голем број проекти од областа на Медицината. Активно учествува со свои стручно-научни трудови под менторство на професорите од Медицинскиот факултет на повеќе студентски конгреси како во земјата така и во странство. После дипломирањето на Медицинскиот Факултет во Скопје, водена од големата љубов кон хирургијата се запишува на Специјализација по Општа Хирургија на Медицинскиот Факултет во Скопје каде што успешно ги совладува хируршките вештини и се стекнува со звањето специјалист по општа хирургија. Нејзината професионална кариера ја започнува како дел од докторскиот тим во ПЗУ Неуромедика во 2001 година за да во 2003 година стане дел од тимот на хирурзи при Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“ во Скопје. Активно учествува со свои стручно-научни трудови на многу Светски и домашни конгреси од областа на пластичната и реконструктивната хирургија, а нејзината постојана желба за професионално усовршување ја задоволува со стручни усовршувања во Германија, Италија и Белгија каде што ги изучува и усовршува специфичните вештини од областа на пластичната и реконструктивна хирургија под менторство на еминентни светски професори и едукатори. Стекнатите искуства и професионални усовршувања и овозможуваат успешно и ефикасно да се справува со сите предизвици на работното место и брзо со висока професионалност и прецизност да ги решава сите задачи и проблеми, несебично грижејќи се за пациентите. Во март 2012 година повторно станува дел докторскиот тим на Неуромедика каде што несебично и високо професионално ги имплементира нејзините врвни хируршки вештини во секојдневната пракса. Нејзината високо професионална и стручна подготвеност, како и нејзината бескрајна љубов кон хирургијата остави длабок импакт врз организацијата, имплементацијата и практикувањето на хируршката доктрина во Неуромедика.

45


Прим. Д-р Миодраг Л. Тодоровиќ – Козма 07.02.1937 – 09.12.2009 Миодраг Тодоровиќ – Козма потекнува од семејство на интелектуалци од Белград. Во текот на Втората светска војна, како дете, заедно со мајка му, бил во логорот Бањица како Евреин. Основно и средно образование завршува во родниот град. По завршување на гимназија се запишува на белградскиот медицински факултет. Како млад лекар почнува да работи во Белград. Подоцна доаѓа во Куманово каде специјализира хирургија и станува специјалист по хирургија, а за кратко време и примариус. Во 1980 година заминува за Германија – Дизелдорф, каде се доусовршува во одделот за детска хирургија. Во 1995 година, веќе со големо искуство, доаѓа во Скопје и започнува да работи во Неуромедика како хирург. Тука ги поставува темелите на хирургијата и го развива овој оддел, постигнувајќи, за тоа време, завидни резултати во приватната хирургија. Беше основоположник на хируршката гранка во Неуромедика, а со самото тоа и во Македонија. Илјадниците задоволни пациенти се доказ за неговата стручност, а најтешките операции кои се изведени од неговата рака во операционите сали во Неуромедика се патоказ за младите хирурзи кои имаат со што да се гордеат. Од 2005 година беше претседател на Управниот одбор на Неуромедика. Со својот авторитет, идеи и лојалност беше вистинска десна рака на Директорот на Неуромедика. До последниот ден беше професионално активен. Сите што го познаваа се сведоци на неговата стручност, принципиелност и искреност. Неговите соработници можат да се пофалат дека биле дел од неговиот тим, бидејќи едноставно беше чест и привилегија да се работи со него. Името на Прим. Д-р Миодраг Тодоровиќ – Козма денес го изговараме со неизмерна почит и со гордост се сеќаваме на него. 46


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

Д-р Симрин Набил 20.02.1948 – 21.07.2014 Д-р Набил Симрин роден 20.2.1948 во Мафрак, Јордан. завршува основно и средно училиште во родниот град при што заминува на студии по медицина во Скопје. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет при УКИМ во 1982г. по што се вработува како лекар во здравствениот дом во Призрен, Косово. Во 1996г. ја започнува специјализацијата по педијатрија во Белград, Србија на Медицинскиот факултет и во 2000г. се стекнува со звањето специјалист педијатар. Зборува пет јазици: македонски, српски, арапски, албански и англиски.

Со огромна љубов секојдневно се трудеше на секое дете кое ќе дојде да му го разубави денот и да се грижи за нeговото здравје. Работи во Неуромедика како педијатар до крајот на својот живот, јули 2014 година.

Во 2001г. го започнува ангажманот во Неуромедика како педијатар каде и постанува раководител на службата. Познат е по неговиот пријатен и едукативен пристап спрема колегите, со што многу генерации на лекари и сестри учеле од него како најдобро да се грижат за здравјето на најмилите - децата. Тој целосно беше посветен на службата и децата. 47


ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА – СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ОПШТЕСТВОТО ВЕЌЕ 30 ГОДИНИ Во три децении постоење Неуромедика континуирано придонесува во нашето општество. Самата здравствена дејност е благородна за едно општество. Нашата болница и нашите лекари секојдневно им помагаат на огромен број на пациенти ширум нашата држава, но и на пациенти од странство. Поголема сатисфакција од задоволни и оздравени пациенти нема! Среќата е неизмерна кога ќе чуеме од нашите лекари убави успешни приказни за наши пациенти, кои здрави ја напуштаат нашата болница. 30 години инвестираме капитал во нашата земја, кој отвора работни места, ангажира остананти бизниси, ја движиме економијата, го унапредуваме македонското здравство и се трудиме да бидеме пример за успешна компанија. Многу компании и луѓе учеле од нас и земале позитивен пример за развој, за инвестирање, за подобро утре на нашата држава и нашите луѓе во неа. Често ги слушаме пофалбите околу овие работи, дека сме пример како една македонска компанија треба да се развивиа и да придонесува во општеството.

48


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

Бројни се и директни придонеси во општеството, во образованието, здравството, во спортот, во организации од невладиниот сектор, кај индивидуи итн. Би сакале да одвоиеме некои проекти на кои сме особено горди: -

Главно покровителство на хуманитарна акција во Пунктот за бездомници во Момин Поток кој е под закрила на Црвениот Крст, 2014г.

-

Доделување на стипендии на најуспешните студенти од медицинските факултети во државата, 2014г.

-

Поддршка и помош на поплавени семејства во с. Стајковци, 2016г.

-

Финансиска и здравствена помош на монашкото братство, монашкото сестринство на манастирите Св. Ѓорѓија Победоносец и Св. Јован Бигорски 2016-2022г. 49


50


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

КОМПАНИЈА КОЈА ТРАДИЦИОНАЛНО ГО ПОДДРЖУВА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ВЕЌЕ 30 ГОДИНИ Како големи вљубеници во спортот, Генералниот менаџер Д-р Емил Угриновски заедно со менаџментот и лекарите од болницата, веќе 30 години активно го поддржуваат спортот во нашата држава. Во нашите почетоци скромно, во некои мали сегменти, за да во подоцнежниот развој бидеме едни од главните покровители на спортот во Македонија. Бројни спортски федерации, спортски клубови, спортисти поединци, спортски настани биле и се поддржани од нашата болница. Покрај покровителствата, се грижиме и за здравјето на спортистите. Нашите лекари, медицинскиот кадар, модерната медицинска апаратура и нашите капацитети се на располагање на спортистите. Имаме многу успешни приказни како нашите лекари им помогнале на наши познати спортисти да имаат навремена дијагноза, третман и опоравување од спортските повреди. Со тоа, придонесот во спортот во нашата држава е од неизмерлив карактер. Особено не прави горди што многу луѓе не препознаваат токму поради овој сегмент во кој со огромна чест и задоволство помагаме со сите наши капацитети и ресурси.

Битно е да се напомене дека и директниот ангажман на Д-р Емил Угриновски во управните органи на неколку спортски федерации и клубови е значаен придонес во спортот во нашата држава. Неговото искуство најпрво како поранешен спортист, но и како менаџер, доктор, покровител, хуманист, биле и се огромен придонес во управувањето и напредокот на овие спортски ентитети.

51


Би сакале да одвоиеме некои проекти на кои сме особено горди:

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Женска трка, 2015г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Македонската фудбалска репрезентација, 2013, 2014, 2015 и 2016г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Форца лигата во одбојка, 2016г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на македонските ракометни репрезентации (машка и женска), 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018г.

-

Официјална Болница и спонзор на Супер куп во фудбал натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед - најпрестижен фудбалски клупски настан во светот организиран од ФИФА, 2017г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Месец на спортот, 2014 и 2015г.

-

Официјална Болница и спонзор на ФФМ, 2018, 2019 и 2020г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на ФК Работнички, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022г.

-

Официјална Болница и спонзор на Македонски олимписки комитет, 2018, 2019, 2020, 2021 и 2022г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на ФК Пелистер, 2014г.

-

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Балкан бајк фестивал, 2014г.

Партнер и официјална Болница на фудбалскиот камп на фондацијата на Реал Мадрид, 2019г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Охридски маратон, 2014, 2015 и 2016г.

-

Официјална Болница и спонзор на пливачот Марко Пејчиноски, 2019г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на алпинистот Здравко Дејановиќ, 2014г.

-

Официјална Болница и спонзор на КК МЗТ Скопје, 2019 и 2020г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на РК Работнички, 2015г.

-

Официјална Болница и спонзор на ФК Вардар, 2021 и 2022г.

-

Официјална Поликлиника и спонзор на Скопски маратон, 2015, 2016, 2017 и 2018г.

52


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

53


54


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

СЕМЕЕН БИЗНИС – ГЕНЕРАЦИИТЕ НА НЕУРОМЕДИКА 3 ГЕНЕРАЦИИ МЕНАЏЕРИ Неуромедика е семеен бизнис. Сè е започнато како идеја од едно докторско семејство, преку кое и двете деца ќе станат доктори и ќе постанат дел од Неуромедика, за денес да може внуците да имаат поттик и желба да го продолжат нивното дело. Идејата на Проф. Д-р Јовица Угриновски и Прим. Д-р Лилјана Груевска - Угриновска да основаат прв приватен здравствен бренд во државата не била само една обична бизнис идеја во тоа време на транзиција на нашето општество. Нивната желба пред сè била да се надополнат сите маани и недостатоци на државното здравство со кои се среќавале во нивното секојдневно работење во истото. Своевремено биле визионери дека ќе дојде време кога приватното здравство ќе биде ново нормално за сите нас, кога ќе биде

паралелен столб на државното и дека пациентите ќе гледаат еднакво, па дури и со повеќе респект во иднина. Тоа и се случи! Таа идеја, иницијатива и цел со гордост ја презема Д-р Емил Угриновски и иако млад, во тоа време, но полн со ентузијазам, ја надоградува и проширува. Брендот постигнува огромна експанзија и целосно се менуваат стандардите во приватното здравство со подвизите и проектите што се имплементираат. Современиот пристап кон здравството и модерната медицина доаѓаат во нашата држава. Пациентите во Македонија добиваат партнер во здравството на кој можат да се потпрат и да веруваат, а здравството, и приватно и државно, добива ново ниво кое треба да се достигне.

55


ОБРАЌАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ „Ако тоа профункционира, јас ќе си ја изедам дипломата!“. Во далечната 1992 година, тоа беа зборовите на мој пријател, реномиран и познат правник, на кого прв му ја соопштив идејата за отварање на приватна здравствена установа. Аргументите му беа навистина издржани и силни: „зошто некој би плаќал здравствена услуга во приватна амбуланта кога тоа може да го добие бесплатно во јавна установа?“ Тоа прашање, секако, и јас си го поставив. Мојот одговор беше: „затоа што ние ќе нудиме ред, почитување на термините, пријатен амбиент, професионалност, љубезен персонал и современа медицинска апаратура…“ И покрај првичните сомнежи на сите мои пријатели и колеги, јас пристапив кон реализација на мојата „луда“ идеја. Тука почнува вториот дел од приказната – борба со бирократијата и администрацијата што по многу поминати препреки и процедури, сè заврши во најдобар ред. Следниот потфат беше да се најде персонал. Први вработени беа медицинската сестра Катерина Серафимовска, Д-р Маја Мрмова и Д-р Јасна Јермилова кои буквално беа дојдени од школските клупи без никакво 56

искуство, но многу бргу се вклопија во работата и ги прифатија сите правила и постулати кои важат и се почитуваат до денес. Следуваше вработување на искусни и реномирани доктори: Д-р Александар Андоновиќ спец. по општа медицина, Д-р Павле Павлов спец. невропсихијатар и Д-р Миодраг Тодоровиќ спец. хирург. Секој од нив остави свој печат и голем придонес во понатамошната работа и придонес за реномето на Неуромедика. За кратко време Неуромедика постана најголема приватна здравствена организација во Р. Македонија и за мене, зафатен со редовните


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА работни и други обврски, раководењето со овој „гигант“ веќе беше невозможно.

Сето тоа беше проследено со многу нови вработувања, воведување на напредна и современа дијагностичка и медицинска опрема, набавка на санитетски возила и други логистички капацитети. Сакам да упатам голема благодарност и признание до сите вработени во Неуромедика кои со својот труд, знаење и искуство направија Неуромедика да постане реномиран и препознатлив бренд во македонскиот здравствен систем. На нашите пациенти и клиенти би сакал да им дадам особена благодарност што ни го доверуваат нивното највредно, нивното здравје, и нè препознаваат како партнер на нивното здравје.

За среќа, мојот син Д-р Емил Угриновски многу рано ги покажа своите менаџерски способности и успешно го презеде понатамошното раководење што резултираше со голема експанзија на брендот на цела територија на Р. Македонија, раст на бројот на пациенти и клиенти, зголемување и проширување на дејноста и специјалностите. Организацијата беше во постојан подем и раст, се отворија повеќе поликлиники на повеќе локации во Скопје, во Битола, Тетово, Кочани, Штип, Куманово, па дури и дијагностички центар во Кукуш, Р. Грција. Она што е круна на целиот развој е секако изградбата и отворањето на најсовремена болница во центарот на Скопје. 57


ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ Водени од мислата – НЕУРОМЕДИКА ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ – постигнавме да бидеме барани, да имаме многу пациенти и да го поттикенeме развојот на здравствената култура и здравствениот сектор во Република Македонија. На тој начин постигнавме денес Неуромедика да биде позната и призната во здравството во РМ, вредно и напорно работевме и заслужено, денес кога го славиме овој значаен јубилеј од нашето постоење, гордо се сеќаваме на почетоците, на успесите, на растот, на падовите, на сите оние кои дале придонес, но и на она што сме сега. Визионерскиот дух на генералниот менаџер Д-р Емил Угрновски е многу широк и голем. Во духот на новото време сигурно ќе следат, уште многу големи проекти кои секако ќе бидат во интерес на здравјето на нашите пациенти. Тое е предизвик што нè тера напред и дава сигурни резултати!

Една идеја од пред 30 години, денес е реалност! Нека ни е честит јубилејот 30 години Неуромедика – Партнер на Вашето здравје! Монографијата 30 години Неуромедика – Партнер на Вашето здравје е изработена од тимот на Неуромедика. Јуни, 2022г.

58


МОНОГРАФИЈА – 30 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА

59


РАЗВОЈОТ НА НЕУРОМЕДИКА Прва Неуромедика амбуланта

Неуромедика во ЗОИЛ Македонија

Неуромедика Влае

Неуромедика Куманово

Неуромедика Кочани

Неуромедика Штип

Неуромедика Центар на бул. Партизански одреди

1992

Неуромедика во опш. Аеродром

1993 1997 1999 2001

Неуромедика во Дом на воени инвалиди

Неуромедика Кукуш

2005 2006

Неуромедика Јужен Булевар

2007 2008

Неуромедика Битола

2010 2011

Неуромедика Тетово

2011 2011 2017

Неуромедика Болница




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.