Page 1

ПАРТНЕР

НА

ВАШЕТО

бр.5 • Март 2017 Бесплатен примерок

25 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА – ВО ЈУБИЛЕЈНАТА ГОДИНА СЕ СЕЛИМЕ ВО НАШАТА НОВА БОЛНИЦА

магазин на:


СОДРЖИНА 4 | 25 ГОДИНИ НЕУРОМЕДИКА – ВО ЈУБИЛЕЈНАТА ГОДИНА СЕ СЕЛИМЕ ВО НАШАТА НОВА БОЛНИЦА 8 | ПРИМЕНА И АПЛИКАЦИЈА НА ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ 10 | КОШАРКАР ОД МАКЕДОНСКАТА ПРВА ЛИГА СПAСЕН ОД НЕПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА НА ГЛАВАТА – ПРОФ. ЧЕПРЕГАНОВ И ПРОФ. ВРЧАКОВСКИ МУ ОВОЗМОЖИЈА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА 12 | УСПЕШНО ИЗЛЕКУВАНО 16 МЕСЕЧНО ДЕТЕ ОД РЕТКА БОЛЕСТ НА КОСКА ВО ОДДЕЛОТ ЗА ОРТОПЕДИЈА НА НЕУРОМЕДИКА Издава: ПЗУ Неуромедика Уредник: М-р Никола Митревски Oрганизација: Портал Ексклузив – маркетинг агенција Стручни соработници: Спец. Д-р Емил Угриновски – Директор на Неуромедика Проф. Д-р Методи Чепреганов Проф. Д-р Миодраг Врчаковски Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски Проф. Д-р Александар Пушевски Прим. Д-р Добрила Андоновска Спец. Д-р Емилија Парцанова Спец. Д-р Маринела Малинова Спец. Д-р Александра Димова Спец. Д-р Ирена Најдоска Спец. Д-р Јулија Ранѓеловиќ Д-р Томче Поповски Д-р Бојана Ѓорговска Анета Начевска – психолог Лектор: Димитар Бабалков Фотографија: Дарио Јанковиќ Дизајн: Елена Ѓорѓиева Европа92 - Кочани Печат: Европа92 - Кочани

14 | НАСТИНКА, ГРИП ИЛИ АЛЕРГИЈА? СПЕЦ. Д-Р МАРИНЕЛА МАЛИНОВА 16 | ШТО ВЛИЈАЕ НА ИЗБОРОТ НА ПАРТНЕР? 18 | ВОДА - ЕЛИКСИР НА ЖИВОТОТ 20 | ФАМИЛИЈАРНА ХИПЕРТРИГЛИЦЕРИДЕМИЈА 22 | ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРИСТАП ПРИ АЛЕРГИЈА НА ПРОТЕИНИ НА КРАВЈО МЛЕКО КАЈ ДОЕНЧИЊА И ДЕЦА 24 | БЕЗМЕТАЛНИ ПОРЦЕЛАНСКИ КОРОНКИ 26 | РУПТУРА НА АХИЛОВА ТЕТИВА 27 | ЗИМАВА ДВАЈЦА СКИЈАЧИ СО СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ НА НОЗЕТЕ СЕ УСПЕШНО ИЗЛЕКУВАНИ ВО НЕУРОМЕДИКА 28 | ШТО ПРЕТСТАВУВА ХЕМИСКИ ПИЛИНГ? 30 | ОДРЖАН 3-ОТ НЕУРОМЕДИКА СИМПОЗИУМ - НАЈПОСЕТЕН МЕДИЦИНСКИ НАСТАН ВО МАКЕДОНИЈА 32 | СОМАТОФОРМНИ РАСТРОЈСТВА 34 | ОСТЕОПОРОЗАТА – ТИВКА БОЛЕСТ КОЈА ГИ НАПАЃА ЖЕНИТЕ ВО ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ 37 | КЛАСИФИКАЦИЈА И ДИЈАГНОСТИКА НА ГЛАВОБОЛКИТЕ 38 | ГИХТ

НЕУРОМЕДИКА Прва Приватна Поликлиника - Since 1992 Партизански одреди бр. 42 1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk

Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313 | Влае: 02/2 042-323 | Битола: 047/252-255 Тетово: 044/344-000 | Куманово: 031/414-033 | Штип: 032/385-355 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060 www.neuromedica.com.mk


25 години Неуромедика – Во јубилејната година се селиме во нашата нова болница На 11.02.2015 година беше поставен камен темелник на новата Неуромедика болница во центарот на Скопје. Од тој ден започна изградбата на проектот кој претходно беше долго време проектиран од стручен тим на проектанти кои го направија по најсовремените светски теркови за изградба на медицински објекти. После две години активно посветување на обемниот проект од страна на менаџментот на Неуромедика и неуморна работа на сите изведувачи, проектот е финиширан и новиот објект веќе граѓаните секојдневно го гледаат на ул. Јордан Мијалков. Објектот е на 8 нивоа на 3.500m2 со: - 23 специјалистички ординации - најсовремено опремени болнички апартмани - 2 најсовремени хируршки сали - ургентен центар - дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура од брендот Siemens магнетна резонанца 1.5

Tesla и компјутерска томографија 64 slice, DXA скен, РТГ, ЕМГ, мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика - специјализиран центар за трудова медицина која ги изработува сите видови на лекарски уверенија - специјализиран центар за ортопедија и трауматологија - специјализиран центар за неврологија со најсовремена дијагностика - специјализиран центар за пластична хирургија и општа хирургија - специјализиран центар за орална хирургија - специјализиран центар за нехируршка естетска медицина на лице - стоматолошки центар - најсовремена биохемиска лабораторија


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

Новата Неуромедика болница од градежен аспект е целосно готова. Во објектот се инсталирани најсовремни системи централизирани со BMS – систем кој овозможува еколошки и општествено одговорно менаџирање на целосната енергија на зградата. Почнувајќи од карабинскиот, фасадниот и преградниот дел во кои се користени енергетски ефикасни материјали до користење на подземни термални води за греење и ладење на целиот обејкт, па до поставување на хепа филтри за целосна вентилација и циркулација за сосема чист воздух во внатрешниот простор во кој пациентите и вработните ќе дишат чист кислород. Покрај тоа, поставени се системи за брз вакум трансфер по спратови и оддели на медицински материјали, инструменти, лаборатории итн. со што значително се забрзува времето на завршување на сите потребни медицински испитувања. Огромен плус е просторот за подземен паркинг и отворен паркинг на

4/5

приземје со што болницата ќе биде подостапна за пациентите. Оваа година на 10-јуни Неуромедика слави 25-ти роденден јубилеј во кој како најголема радост е отворањето на новата болница. Во оваа јубилејна година следат два големи настани, 25-от роденден и отворањето на новата болница, кои ќе ја одбележат големата посветеност на брендот Неуромедика во константното придонесување и унапредување во здравствениот систем на Македонија. Инвестицијата на ПЗУ Неуромедика и сопственикот Д-р Емил Угриновски во новата болница е целосно македонска што е редок случај во нашата држава каде воглавно странски корпорации инвестираат и градат капитални објекти и формираат компании. За отворање на новиот објект се чека на протоколарните документации од надлежните органи кои откако ќе се докомплетираат ќе стартува со работа болницата.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

6/7


Примена и апликација на хијалуронски филери -Нехируршка потполно безболна естетска корекција на усни, моделирање и пополнување на бори на целото лице Знаете ли што се хијалуронските филери? - Тоа е нешто совршено. Нешто со кое безболно, безопасно, брзо може да се подмладите и да го разубавите своето лице.

КАКО ДЕЛУВААТ ХИЈАЛУРОНСКИТЕ ФИЛЕРИ? Хијалуронските филери ги пополнуваат брчките, се елиминираат темни сенки и подочници, враќајки го волуменот, едрината и контурите на лицето, служат за зголемување на усни, корекција на асиметрични усни, јаболчници, назолабијални бори итн. Спец. Д-р Емил Угриновски – орален хирург и сертифициран доктор за апликација на хијалуронски филери Филерите се вбризгуваат во саканата регија и остануваат околу 6-12 месеци со тоа што со секое следно ставање на филерот неговиот ефект трае се подолго. После 2-3 интервенции филерите остануваат во кожата и по 2-3 години, па потребата од нивно повторување се повеќе се намалува.

ЗДРАВО И БЕЗБОЛНО Се прашувате како е возможно внесување на некое страно тело да е безопасно? Да, возможно е. Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашата кожа. Нашиот организам постојано ја создава, иако со текот на годините се помалку и помалку. Синтетичката хијалуронска кисе-

лина денес се произведува да е речиси идентична на нашата природна хијалуронска киселина, па затоа оваа интервенција во голема мера е безбедна.

ШТО МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ СО ФИЛЕРИТЕ? •

ПОПОЛНУВАЊЕ НА УСНИ, АСИМЕТРИЈА НА УСНИ, ПОДИГНУВАЊЕ НА АГЛИ НА УСНИ

ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРАЗДИТЕ НАД И ПОД УСНИТЕ (пушачки бразди)

ПОПОЛНАЊЕ НАЗОЛАБИЈАЛНИ БРАЗДИ (тоа се браздите кои се спуштаат од коренот на носот до усните)

ДА СЕ ПОДОБРАТ МАРИОНЕТИ (брчки настанати како мали загради кои се спуштаат од аглите на усните)

МОДЕЛИРАЊЕ НА ЈАГОДИЦИ

ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОБРАЗИ

ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРАЗДИ НА ЧЕЛО И ПОМЕЃУ ВЕЃИ

ПОПОЛНУВАЊЕ НА БОРИ ОКОЛУ ОЧИТЕ-CROW’S FEET

ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ВИЛИЧНАТА РЕГИЈА


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

ПРЕД КОЈ ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕР Е НАЈДОБАР? Неуромедика ги користи хијалуронските филери STYLAGE кои ги произведува Vivacy, реномиран француски бренд познат ширум светот. STYLAGE хијалуронските филерите се единствени 100% безбедни филери на пазарот и прогласени за најдобри филери за 2016г. Покрај подмладувањето тие прават и нешто корисно за нашата кожа. Содржат додатоци кои стимулираат природна колагенеза со која се продолжува трајноста на филерот во ткивото. За нашите пациенти секогаш се грижиме да им понудиме сигурен и безбеден третман во полето на естетската медицина, во полето на дермални филери – Stylage од лабараторијата

8/9

ПОТОА Vivacy во Франција е единствениот филер во Македонија збогатен со антиоксиданс. Благодарение на патентираната и единствена IPN технологија, Stylage филерот овозможува достигнување на природни и сигурни естетски резултати кои траат 12 и повеќе месеци. Во Неуромедика хијалуронските филери ги поставува Спец. Д-р Емил Угриновски – орален хирург и сертифициран доктор за аплицирање на хијалуронски филери. Квалитетот на хијалуронските филери и стручниот сертифициран медицински тим придонесуваат примената и апликацијата да се на највисоко и најбезбедно ниво и комплетно безболно. Закажете термин и консултации на 023133313.

ХИЈАЛУРОНСКИ

ФИЛЕРИ 1.400 МКД

0.1 ml


Кошаркар од македонската прва лига спaсен од непотребна операција на главата – Проф. Чепреганов и Проф. Врчаковски му овозможија да ја продолжи кариерата

Проф. Д-р Миодраг Врчаковски и Проф. Д-р Методи Чепреганов Случајот е за професионален кошаркар интернационалец од Србија. На првиот натпревар одигран за еден од најдобрите кошаркарски клубови во Македонија се здобил со сериозен удар во глава. По повредата кошаркарот имал болки и вртоглавици и е хоспитализиран. Итно му е напревена магнетна резонанца на мозок во друга здравствена институција. Дијагнозата која му е поставена согласно снимките и мислењата на докторите од другата болница е: екстензивен процес лево темпорално (low grade astrocitoma). Согласно сериозноста на состојбата и дијагнозата на пациентот му е предложена операција на главата по итна постапка. По соопштената вест пациентот е во паника и има симптоми на депресија, затоа што на самиот почеток од неговата кошаркарска кариера се соочува со трагедија која ќе има последици на неговата понатамошна кариера, а во прашање е и можноста за повторно враќање на терените после сериозна интервенција на главата. Кошаркарот после шокот од дијагнозата доаѓа во Neuromedica на второ мислење. Пациентот е упатен кај невропсихијатарот Проф. Д-р Методи Чепреганов и неврорадиологот Проф. Д-р Ми-

одраг Врчаковски кои ја прегледаа целата состојба на пациентот. Професорите предложија да се направи нова снимка со магнетна резонанца на мозок со секвенци за дифузија. Дифузијата покажа дека не се работи за Tu формација, туку за подрачја на мозочен едем како резултат на мозочна контузија. Дадена е соодветна терапија и совет од професорите со што состојбата на пациентот е вратена во нормала без оперативни зафати и без ризик по здравствената состојба на пациентот. Неописливи беа реакциите и радоста на кошаркарот после новата дијагноза од експертскиот тим на Неуромедика. Пациентот набргу по целосното заздравување се врати на терените и сега игра за еден од најдобрите српски кошаркарски клубови, откако претходно успешно ја заврши сезоната во македонската лига.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

10/11


Успешно излекувано 16 месечно дете од ретка болест на коска во Одделот за ортопедија на Неуромедика

Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски Случајот е за 16 месечно машко дете од Р. Албанија кое проодило на 13 месечна возраст, вакцините ги примало редовно и немало претходни здравствени проблеми. Еден месец пред да дојде во Неуромедика кај своите родители се пожалило на болки при одење, а две недели пред доаѓање-

то престанало да оди. Првично родителите го однеле детето на преглед во Р. Албанија каде што докторите дијагностицирале малигно заболување на бутната коска и предложиле ампутација.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

Родителите загрижени дознале од свои пријатели за Неуромедика и дојдоа за второ мислење кај Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски – специјалист ортопед. При прегледот Проф. Зафироски забележал оток над десното колено и ограничени и болни движења во десното колено кое го оневозможуваат детето нормално да оди. Детето немало температура, а од лабораториските испитувања се забележани лесно покачена седиментација и позитивен ЦРП-маркер. Тимот на доктори од Неуромедика составен од ортопеди, хирурзи и радиолози предложија дополнителни испитувања на пациентот покрај оние кои биле направени во Р. Албанија. На дополнителните радиографии и снимките од магнетна резонанца направени во Неуромедика на дисталниот дел на десната бутна коска во супракондиларната регија е забележана евидентна деструкција на десен фемур со промер- 2-2,5

12/13

см со периостеална реакција. Испитувањата и наодите во Р. Албанија сугерирале за остеосарком - малигна болест на коската. Во Неуромедика кај детето е направена трепанација, киретажа и биопсија кои покажаа туберкулозно воспаление на коската, а не малигно заболување како што било дијагностицирано во Р. Албанија. По новата дијагноза постевена од нашите доктори е извршена операција на пациентот. Операцијата беше успешно завршена, а пациентот хоспитализиран на неколку дена. Постоперативно конците се извадени, поставената гипсена имобилизациија е извадена после месец дена, а на детето му беше дадена терапија за лекување со антитуберкулостатика. 6 недели постоперативно детето е во добра општа состојба и подвижно без болки во десното колено. Тимот на хирурзи, доктори, РТГ техничари и лаборанти заеднички го обработија детално случајот за да се направи најпрво точна дијагноза и оперативно да се реши проблемот на најпрецизен начин.


Настинка, грип или алергија?

раат само симптоматично без соодветна антиалергена терапија. Или пак уште полошо да се започне со антибиотски третман кај алергии (што најчесто се прави на своја рака без консултација со лекар)и е тотално погрешно. Настинка или грип?

Спец. Д-р Маринела Малинова Често пати се случува да обични горнореспираторни вирози или попознати во народот како настинки се прогласуваат за грип. Додека пак инхалаторните алергии на полен, трева, прашина поради сличните симптоми на настинка се трети-

Грипот е пратен со симптоми како што се: висока температура, треска, јака исцрпеност, лоша општа состојба и болки во мускули. Негов предизвикувач е специфичниот вирус на influenza. Секогаш дава потешка симптоматологија од настинката која е ограничена само на горни дишни патишта, грипот ги зафаќа и горните и долните дишни патишта и често се комплицира со бронхитис.

Настинка или грип? Симптоми температура

ретко, до 38,50С

главоболка Болки во мускули Умор, слабост Јака физичка исцрпеност Исцедок од носот кивање Болка во грло

ретко

Грип често, помеѓу 38 и 390 С, понекогаш и повеќе кај малите деца често

Нема или благи

Често, јаки

понекогаш

Често и трае 2-3 недели

никогаш

Често на почетокот на болеста

секогаш

понекогаш

често често Ако воопшто има кашлица таа е блага до умерена, сува и надразнителна Се лекува со симптоматска терапија: лекови против болки (аналгетици) и за снижување на телесна температура (антипиретици), деконгестиви за слузницата во носот, лекови за ублажување на кашлица и искашлување Често миење раце, избегнување на места со многу луѓе Често миење раце, избегнување на места со многу луѓе Бактериско воспаление на грло, синуси или средно уво

понекогаш понекогаш

кашлица

Терапија

Превенција Превенција Компликации

Настинка

Кашлица има скоро секогаш може да биде јака и продуктивна

Симптоматска терапија: аналгетици и антипиретици, деконгесивни, лекови за ублажување на кашлица и искашлување.

Вакцина против грип во консултација со матичен лекар Вакцина против грип во консултација со матичен лекар Бронхитис или пнеумонија

Настинка или алергија? Инхалационите алергии на полен, трева, прашина итн. даваат симптоми што се многу слични на настинка. Тоа се: затнат нос, бистра, водлеста секреција од нос, кивавица,чешање на слузницата на носот и очите, солзење. Но за разлика од настинките алергиите траат многу подолго и обично се сезонски, но можат да бидат и цело годишни. Алергиите можат да се детектираат освен клинички и со посебни тестови и третманот е различен од третманот на настинките.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

Настинка или алергија? Симптоми кашлица Болки во мускули Умор, слабост Чешање во очите кивање Болки во грло Исцедок од нос Затнат нос температура

Настинка понекогаш

Алергија понекогаш

Ако има болки тогаш се благи

никогаш

понекогаш

понекогаш

Ретко или никогаш

често

често често често често ретко

траење

3 до 14 дена

Терапија

Симптоматско лекување: аналгетици, антипиретици, деконгестиви, витамини, лекови за ублажување на кашлица и искашлување

Превенција

Миење раце, избегнување на масивни собири

Компликации

Бактериски воспаленија на грло, синуси и средно уво

често понекогаш често често никогаш Со недели, (понекогаш неколку месеци - во сезона на цветање) Антихистаминци, интраназални кортикостероиди и деконгестиви Избегнување на познати алергени Воспаление на синуси и астма

14/15


Што влијае на изборот на партнер? Многу жени мислат дека на својот пат секогаш сретнуваат погрешни мажи, за кои патат, кои не ги сакаат и разбираат, иако во љубовта не постои несреќа како судбинска категорија. Затоа психолозите сметаат дека погрешниот избор ја отсликува нашата слабост за што не сме свесни. Жени кои се плашат од врзување, одговорност многу често привлекуваат незрели или зафатени мажи. Страв од врска која бара вложување и одговорност е типично за личности кои се емоционално незрели, и постојано го бараат принцот на белиот коњ. Таквите личности не знаат што сакаат, па сè она што им е достапно го сметаат за безвредно. Меѓутоа никогаш не треба да отстапиме од потрагата за сродна душа, затоа што секој од нас заслужува да биде среќен и емоционално исполнет. Што значи партнерството? Партнерството претставува заедница помеѓу две личности. Тоа започнува кога двете страни ќе веруваат дека би било позитивно за двајцата доколку ги соединат своите енергии, таленти и средства отколку да останат сами.

Анета Начевска На изглед едноставно прашање на кое одговорот е комплексен. Станува збор за многу фактори; најпрво е потеклото на семејството и моделите и обрасците на однесување од семејството. Овој феномен го наоѓаме во оние случаи кои се општо познати: девојка која имала проблематичен татко, насилник или алкохоличар, секогаш ќе бара момче кое има слични такви проблеми. Терапевтите во пракса често сретнуваат жени чии татковци биле алкохоличари и биле во брак со личности кои ја имаат истата патологија. Потоа индивидуална е свесноста да правиме рационален избор на партнер, а не несвесен механизам на избор кој се прави по принципот на хемија (луѓето несвесно се бираат едни со други што може да биде нарцистички избор- бирам партнер кој е сличен на мене; бирам партнер кој е сличен на мојот татко, мајка и сл). Луѓето понекогаш својот избор го прават според тоа што им недостасува и по тоа што копнеат. Несигурната личност бара некој кој има самодоверба, зборливи бараат ќутливи партнери, крутите бараат спонтани партнери од причина што покрај него се чувствуваат исполнето и задоволно.

Во љубовта доаѓа до создавање на партнерството кога две личности се зближуваат и ќе сакаат заедно да создадат нова реалност. Ако двајцата се свртат еден кон друг и успеат да го поврзат во физичка, емоционална и духовна сфера, тие поминуваат од реалност на одвоено јас во заедничка реалност. При тоа индивидуалноста не е изгубена, заедно се зголемуваат и се унапредуваат. Двајцата партнери се катализатори, создавајќи реалност, тим со намера да заеднички патуваат низ животот со здружени снаги. Вака би требало да изгледа во идеална ситуација која подразбира дека на прав и хармоничен начин сте се изградиле себе и сами сте направиле добар избор.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

Со добар избор не се завршува приказната, затоа што животот е полн со предизвици па во склад со нив целиот живот се наоѓаме во ситуации кои помалку или повеќе успешно ги разрешуваме. Нашиот однос со партнерот расте и се развива во текот на целиот живот како и ние самите. Во секојдневниот живот потребни се постојани договори и компромиси. Тие треба секако да бидат рамноправни, ниедна од страните да не се почувствува обесправено. СОЗДАВАЊЕТО НА ЉУБОВТА Е ПРОЦЕС. Преминот од „Јас” во „Ние” бара промена во поглед на перспективата и енергијата. Правото партнерство подразбира развоен процес. Да се влезе во брак или партнерство воопшто не е тешко, но создавање на права заедница претствавува тешка задача, која може да се оствари само низ почитување, процес на развој и создавање на здрав однос во кој континуирано се вложува време, внимание и трпеливост кое е неопходно за ускладување. Сигурно е дека емоцијата кон партнерот се менува.Ако со текот на времето имаме помалку разочарување од страна на партнерот и ако емоциите стануваат постојани, поголеми и засновани на почитување и доверба тоа е показател на постојаност и истрајност во врската. Многу фактори влијаат на воспоставување на квалитетен партнерски однос. Пол Готман, семеен терапевт кој во Вашингтон го основа институтот за брак и семејство, посебно истакна дека

16/17

за успешен партнерски однос потребно е да постои следново: 1.ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОС; кој подразбира взаемно почитување и уважување. 2.ПАРТНЕРИТЕ ДА ПОСЕДУВААТ КАПАЦИТЕТ ЗА ОПОРАВУВАЊЕ; кога се проаѓа низ криза, недоразбирање, кога се соочува со различни проблеми, парот има капацитет за функционално решавање на проблемот. 3.НЕГУВАЊЕ И ПОСТИГНУВАЊЕ НА НЕЖНОСТ И УВАЖУВАЊЕ 4.ДА МУ ДАДЕМЕ ДОЗВОЛА НА ПАРТНЕРОТ ДА ВЛИЈАЕ НА НАС И ОБРАТНО; што подразбира добар баланс помеѓу индивидуалност и заедништво, но и флексибилност во меѓусебниот однос. 5.МЕЃУСЕБНА НАКЛОНЕТОСТ ВО СЕКОЈДНЕВНИТЕ, МАЛИТЕ РАБОТИ;  подразбира добро меѓусебно следење и излагање во пресрет на взаемни потреби кога се ситни работи во прашање. 6.ДА СЕ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЗА РЕШАВАЊЕ;  значи да се поседува капацитет за разликување на проблемите кои можат да се решаваат од оние кои не можат да се решат брзо сега и одма и бараат време, трпеливост и толеранција. 7.ГРАДЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ Анета Начевска – Психолог во Неуромедика


Вода - еликсир на животот Водата како најважен макро нутритиент има улога во голем број на витални функции во нашиот организам. За важноста на водата многу говори и фактот дека без вода може да се преживее 2 до максимални 4 дена, додека пак без храна може да се преживее дури и до неколку недели.

Улогата на водата во организмот Внесот на течности во нашиот организам е неопходен за нормално функционирање на бубрезите, срцето како и целиот кардиоваскуларен систем. Едни од најважни улоги на водата во организмот се: •

за поголемиот дел од хемиските реакции во организмот потребна е водата

помага во регулација на телесната температура

учествува во транспорт на нутритиенти и отпадни материи

помага во одржување на Ph рамнотежа

Дали сте знаеле дека околу 60% од телесната тежина кај возрасна личност е всушност водата? Исто така: 75% од мозочната маса ја сочинува водата 92% од крвта е вода

22% од составот на коските е вода 75% од состав на мускулите е вода Недостаток на вода води до дехидратација Мал недостаток на вода во организамот може да предизвика чуство на замор, главоболка, намалена концентрација. Дневно организамот во просек губи 2.5 литри течности преку дишење, екскреција на отпадни материи од организмот како што се потта, урината и фецесот. Во летните денови кога временските температури се доста високи, услови на зголемена физичка активност како и при состојби како што се дијареа, повраќањето и зголемената телесна температура доведуваат до уште поголема загуба на вода и електролити од организамот кои потребно е да бидат надоместени. Треба да се напомене дека и внесувањето на течности и електролити во вакви состојби е задолжителен со цел да се надомести загубата, во спротивно на нашиот организам му се заканува дехидратација. Потребно е да се има на памет дека обилна дехидратација може да предизвика дури и смрт.

Колку вода всушност ни е потребно Дневно, внесувањето на течности треба да биде правопропорционален со загубата на истите, а притоа треба да се знае дека водата покрај со пиење се внесува и преку храната (овошје, зеленчук) која содржи вода во одредени количини. Се


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

18/19

смета дека во текот на денот најмалку треба да се консумира од 1.5 до 2 литра. Особено кај личности кои се изложени на високи временски температури, зголемена физичка активност, бременост и доење, пиењето на вода треба да биде зголемено.

Дехидратацијата може да биде причина за дебелеење и развој на многу болести

Дехидратацијата го успорува процесот на исфрлање на токсини преку кожата, истата станува подложна на разни заболувања вклучувајќи го дерматитот и псоријазата.

Околу 60% од човечкото тело го сочинува водата, кога организмот е дехидриран, крвта станува густа, циркулацијата се успорува, а крвниот притисок се покачува. Голем број на заболувања може да бидат поттикнати од недостаток на вода во организмот. •

Замор

Водата е најважен извор на енергија за организмот. Дехдиратацијата предизвикува успорување на активноста на ензимите, а последиците се заморот и исцрпеноста. •

Астма и Алеригја

Органите за дишење не можат да сочуваат вода, затоа нивото на хистамин се зголемува. •

Зголемен крвен притисок

Кога организмот е дехидриран, крвта станува густа, циркулацијата се успорува, а крвниот притисок се покачува. •

Покачен Холестерол

Кога организмот е дехидриран, произведува повеќе холестерол за да би спречил дополнителен губиток на вода од клетките. •

Прерано стареење

Во услови на хронична дехидратација органите почнуваат предвремено да стареат, со тоа почнуваат симптомите на стареење. •

Заболување на кожата

Болки и вкочанети зглобови

Сите зглобови се обложени со ’рскавица, која претежно е составена од вода. При недостаток на вода телото дехидрира, ‘рскавицата слабее, од друга старана обновувањето на зглобните површини се одвива успорено предизвикувајќи болка и непријатен осет.

Кога ќе осетите жед вие веќе сте дехидрирани Конзумација на ладна вода го забрзува метаболизамот, а со тоа се согоруваат калории. Метаболизамот почнува да се забрзува по 10 минути по пиење на вода, а најбрз е за 30 – 40 минути по конзумацијата. Се проценува дека личност која ќе го зголеми внесот на вода за 1.5 литри дневно за година дена ќе согори 17.400 калории, што одговара на загуба во тежина од околу 2.2 килограми. Една чаша вода содржи:

Чаша газиран сок содржи:

0 g шеќер

35 g шеќер

0 g калории

140 калории

Уринарни инфекции

Таложењето на токсини доведува до погодни услови за развој на бактерии. •

Затвор

Органзимот во услови на дехидратација се соочува со зголемена ресорпција на вода од дебелото црево се со цел да се обезбедат услови за други важни функции, па поради тоа отпадните материи поспоро се движат низ дебелото црево. •

Заболувања на дигестивниот тракт

Недостаток на вода и алкални минерали (калциум, магнезиум) може да доведат до низа заболувања на дигестивниот тракт, вклучувајќи го и чирот, гастритус и рефлуксната болест. •

Зголемена телесна тежина

Дехидрираните клетки остануваат без енергија и покрај зголеменото внесување на храна.

Д-р Томче Поповски – доктор по општа пракса во Неуромедика


Фамилијарна хипертриглицеридемија Високите VLDL вредности се резултат на зголемена продукција и/или намалена елиминација на истите. Хиперлипопротеинмијата тип 4 може да се сретне во склоп на Dunningan синдромот што претставува ретко метаболно нарушување со неадекватно натрупување на мастите на лицето, рамењата, вратот и гениталиите.

Д-р Бојана Ѓорговска Хиперлипидемијата е дефинирана како покачување на нивоата на плазматски холестерол и/или триглицериди и е едно од најчестите метаболни нарушувања во равиените земји. Резултат е на генетски и/или стекнати нарушувања во метаболизмот на липопротеините. Главното значење на хиперлипидемијата особено хиперхолестеремијата е дека претставува еден од главните ризик фактори за развој на предвремени атеросклеротични компликации, каде што најзначајна улога имаат покачените нивоа на ЛДЛ липопротеини и намалени ниова на ХДЛ липопротеини. Хипертриглициридемијата исто така може да биде показател за зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Хиперлипопротеинмијата тип 4 или уште попозната како фамилијарна хипертриглицеридемија претставува нарушување во вид на зголемени вредности на триглецеридите и VLDL(very low density lipoproteins) во крвта асоцирано со појава во повеќе членови во семејството, односно со детерминирана автозомно доминантна наследност. Се појавува со инциденца од 1/500 индивидуи. Етилогијата на болеста освен со генетскиот аспект се објаснува и со можните асоцирани нарушувања кои го засегаат метаболизмот на липопротеините и холестеролот. Се смета дека најверојатно се работи за дефект во реапсорпција на жолчна киселина во тенкото црево. Ова води до зголемена продукција на холна киселина, што води до покачена синтеза на триглицериди во хепарот.

СИМПТОМИ Фамилијарната хипертриглицеридемија вообичаено не се манифестира се до пубертетот или младата возраст. Повеќето случаи се асимптоматски и се откриваат случајно, можно е присуство на ксантоми, а биохемиските анализи на крвта покажуваат високи вредности за VLDL и триглицеридите. Обезност, хипергликемија и хиперинсулинемија се често присутни кај дотичните пациенти и дополнително можат да допринесат за зголемување на нивото на триглицериди, а конзумирањето на алкохол или изложеноста на естрогени од било каква природа ја влошуваат постоечката состојба. Коронарната артериска болест во млада возраст, нетолеранцијата на глукоза, раната атеросклероза и последователно зголемениот ризик за кардиоваскуларни заболувања претставуваат индикатор за присуство на хиперлипопротеинмијата тип 4.

ДИЈАГНОЗА Заболувањето се дијагностицира со позитивната фамилијарна анамнеза и релативно ретките симптоми предизвикани пред сè од нарушувањето на циркулаторниот систем. Дијагнозата вклучува постоење на најмалку еден роднина од прв


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

20/21

степен со хипертриглицеридемија. Биохемиски тестирања на крвта за нивоата на VLDL и триглецерди се прават рутински како би се потврдила дијагнозата и најчесто се присутни мали до средни зголемени нивоа на триглицеридите (200-500 mg/ dl). Неретко се прави и коронарен ризик профил за да се одреди веројатноста и степенот на афектираност на крвните садови од фамилијарната хипертриглицеридемија.

ТРЕТМАН Третманот пред сè состои во контрола на состојбите кои можат дополнително да ги покачат вредностите на триглицердите како што се хипотироидизам, обезност и дијабет. Исто така се препорачува избегнување на конзумација на алкохол и дополнителна консултација при потреба од естрогенска терапија. Се разбира пациентите се наложуваат да водат нискокалорична диета и невнесување на храна богата со масти и јаглехидрати. Најчесто губењето на тежина и контролата на дијабетот резултираат со подобрување на состојбата и одлична прогноза. Доколку и покрај овие мерки нивото на триглицериди не се намалува, индицирана е медикаментозна терапија. Најголемиот број на пациенти со генетска форма на хиперлипидемија или оние кои имаат историја за клинички манифестна кардиоваскуларна болест треба да земаат лекови како додаток на диетата. Ефектите на диетата и медикаментозната терапија се независни и адитивни; користењето на соодветна диета може да ја редуцира дозата на лекот кој треба да се прима. Како ефикасни во лекувањето на хиперлипопротеинмијата тип 4 досега се покажале ниацинот, гемфиброзилот и фенофибратот. Главните ефекти на ниацинот се однесуваат на намалување на продукцијата на апо-Б липопротеините и инхибиција на мобилизацијата на слободни масни киселини од масното ткиво. Употребата на ниацин доведува до редукција на ВЛДЛ нивоата, но исто така се поврзани и со покачување на нивоата на ХДЛ. Дериватите на фибрична киселина (фибрати) примарно делуваат на метаболизмот на ВЛДЛ, така што го намалуваат неговото создавање, а го забрзуваат отстранувањето.

КОМПЛИКАЦИИ Компликации кои ги предизвикува фамилијарната хипертриглицеридемија се прематурна атеросклероза, коронарна артериска болест, миокарден инфаркт, цереброваскуларен инсулт и акутен панкреатитис.

ПРОГНОЗА И ПРЕВЕНЦИЈА Прогнозата пред сè зависи од ефикасноста во намалувањето на ризикот за оштетување на кардиоваскуларниот систем преку соодветниот третман и адекватниот животен стил од страна на афектираните со оваа патологија. Единствена превенција е скринигот на пациентите со позитивна фамилијарна анамнеза. Д-р Бојана Ѓорговска – доктор по општа пракса во Неуромедика


Дијагностички пристап при алергија на протеини на кравјо млеко кај доенчиња и деца Раната (immediate) реакција настанува неколку минути до 2 часа по ингестија на алергенот и се со поголема веројатност да се IgE посредувани, додека касната реакција се манифестира 48 часа или една недела по ингестија на алергенот и може да вклучува и не IgE имун одговор. Комбинација од рана и доцна манифестација на ист алерген може да настане кај ист пациент. Важно е да се напомене дека неалергиски манифестации (токсични, фармаколошки) може да имитираат алергија на протеини на кравјо млеко. При АПКМ (алергија на проитеини на кравјо млеко) најчесто зафатени се кожата, гастроинтестиналниот и респираторниот тракт. Зафатеноста на два или повеќе системи ја зголемува веројатноста за АПКМ. Клиничките симптоми и знаци од гит се резултат на инфламација дисмотилитет или комбинација од двете. Спец. Д-р Јулија Ранѓеловиќ Нутритивните алергии се во сè поголем пораст и се поголем предизвик за здравствените работници. Нутритивните алергии се дефинираат како нарушување на здравјето од специфична реакција на имунолошкиот систем кој настанува по изложување на организмот на одредена храна. Имунолошката реакција може да биде ИгЕ посредувана, не ИГЕ посредувана или мешана. Алергијата на протеини на кравјо млеко е водечка во нутритивните алергии што се среќаваат кај доенчињата и децата под 3 годишна возраст. Гастроинтестиналните манифестации при алергија на протеини на кравјо млеко се неспецифични. Кај доенчињата според симптомите тешко се разликува дали се работи за гастроезофаеална рефлуксна болест или алергија на протеини на кравјо млеко. Kај постарите деца може да оди со симптоми за гастроезофагеална рефлуксна болест, но и со диспепсија или абдоминална болка и да наликува на функционално гит нарушување или лактозна интолеранција.

Епидемиологија Алергијата на протеини на кравјо млеко во првата година е со превалнца на појавување од 2 до 3% во доенечката возраст, а истата се намалува под 1 % кај деца над 6 годишна возраст.

Клиничка презентација Може да се манифестира со голем спектар на симптоми и со различен интензитет во клиничката експресијa. Корисно е да се направи диференцијација помеѓу рана реакција и касна одложена алергиска реакција.

Често се неспецифични со појава на орален или периорален оток, дисфагија, повраќање, регургитација, диспепсија, одбивност на храна, дијареа, ректално крварење, не напредување, абдоминална болки и перзистентна опстипација со перианални абнормалности.

Дијагностички процедури Првиот чекор е анамнеза и физикален преглед. Потребно е дијагнозата да се потврди или исклучи со елиминациона диета на алергенот или со провокационен тест кој некогаш и се избегнува ако е ризична постапката (историја за анафилакса кај детето). Одредување на специфични ИгЕ преку крв и кожни прик тестови се корисни дијагностички тестови за секоја возраст. Колку е поголем титарот на антителата и колку е поголем дијаметарот на кожната реакција при прик тестовите е по-


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

22/23

голема веројатноста за присутво на алергија. Понекогаш е потребен и провокационен тест да се потврди алергиската реакција. Тестот за специфичен ИгЕ кај деца со АПКМ кои имаат гастроинтестинални манифестации може да е негативен, но и негативен тест не ја исклучува алергијата.

дијагностички елиминационата диета е ефективна и провокациониот тест е позитивен може да реализираат алерголошки иследувања. Ако провокациониот тест е позитивен, но тестот за специфичен IgEе негативен, се работи за не IgE посредувана имунолошка реакција.

Доколку алергијата на протеини на кравјо млеко е веројатна, дијагностичка елиминација на протеини на кравјо млеко се спроведува (во храната на детето или кај мајката кога дои) лимитиран период и при негативен тест за специфични иге.

Терапија

Должината на елиминационата диета трае од 3 до 5 дена кај деца со рани клинички реакции (ангиоедем, повраќање, егзацербација на егземот за 2 часа) или 1 или 2 недели кај деца со касни клинички реакции(влошување егземот, ректално крварење). Кај пациенти со гит реакции (хронична дијареа, ненапредување) потребни се 2-4 недели диета за да се процени одговорот.

Препораки При постоење на акутни и објективни симптоми (уртикарија, ангиоедем), респираторни симптоми (стридор, визинг), или системски реакции (анафилакса) кои се развиваат веднаш или по 2 часа се исклучува внес на протеини на кравјо млеко. Тест за специфичен IgE на протеини кравјо млеко или кожни тестови треба да се реализираат. Тест провокациски може да реалира во хоспитални услови доколку една година било на исхрана без внес на протеини на кравјо млеко. При постоење на неспецифични симптоми со низок ризик за алергија на протеини кравјо млеко или со поголема веројатност за не IgE посредуван имун одговор не е неопходно реализирање на алерголошки иследувања. Но, доколку

Најдобар третман при алергија на протеини на кравјо млеко е избегнување на внес на алергенот. Но, е неохопна формула која ќе ги задоволи потребите на детето и која зависи и од самата возраст. Деца до 1 година Ако кај нив е потрвдено постоење на алергија треба да се спроведува елиминациона диета со користење на терапевтска формула во траење од најмалку 6 месеци или до возраст од 9 месеци или до 1 година.Доенчиња и деца со тешки рани IgE посредувани реакции може да ја продолжат елиминационата диета до возраст од 12 до 18 месеци пред повторно да се воведе млеко по претходен реализиран алерголошки тест т.е одредување на специфичен IgE на протеини на кравјо млеко. Прогнозата за децата со алергија на протеини на кравјо млеко е добра, од нив 50% развиваат толеранција до 1 годишна возраст, >75% до три годишна возраст, а 90% до 6 годишна возраст. Спец. Д-р Јулија Ранѓеловиќ – педијатар во Неуромедика


БЕЗМЕТАЛНИ ПОРЦЕЛАНСКИ КОРОНКИ и го подобрува неговиот изглед ако бил дисколориран или со неправилна форма. Бојата на коронката е идентична со бојата за забната глеѓ и најдостојно го имитира природниот изглед на забот, до таа степен што тешко се прави разлика меѓу природните заби и ваквите изработки.

Д-р Ирина Бидовска - стоматолог во Неуромедика Порцеланските коронки се изработки кои целосно го доведуваат изгледот, функцијата и естетиката на забот во оригинална состојба, при тоа зачувувајќи ја целосната функција и отпорност на истиот. Коронките покрај ова се користат и за подобрување на естетиката на забите. Индикации за изработка на коронки се напреднат кариес кој оштетил поголема површина на забот, кога некоја траума предизвикала губење на забната маса, значителна ерозија на забите, а можат да се изработат и кај пациенти кои изгубиле забна маса како резултат на бруксизам (ноќно неконтролирано шкрипење со забите).

Овие коронки, бидејќи не содржат метал, особено се применливи и кај пациенти кои се алергични на некоја компонента од легурите што се користат при изработка на метал керамичките коронки.

Порцеланските коронки можат да се изработат од метал врз кого се нанесува порцелан или понова технологија, која овозможува изработка на целосно порцелански коронки.

Кога естетскиот изглед е од примарна важност, најубаво обновување се целосно порцеланските коронки. За предните заби ова значи природен изглед, природна транслуценција без опасност од појава на темна линија во пределот на непцето што често се јавува кај метал керамичките коронки после определен период.

Целосно порцеланската коронка е изработка која целосно се прилепува на претходно припремениот препариран заб, го покрива целосно, го заштитува и зајакнува ако бил оштетен

Покрај естетиката, овие коронки се и долготрајни и изработени на начин кој превенираат акумулација на забен плак и го заджуваат сјајниот изглед.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

24/25


Руптура на Ахилова тетива Ахиловата тетива е најголема и најсилна тетива во човековиот организам. Таа се формира од апонеурозата на гастрокнемиус и солеус и се припојува на средната третина на задната површина на калканеумот, одвоена со ретрокалканеарна бурза. Прим. Д-р Добрила Андоновска Руптурата на Ахилоспец. по пластична хирургија ва тетива најчесто настанува кај машката популација, на возраст од 30 - 50 год. Механизамот на траумата при руптура на Ахиловата тетива е категоризирана во три категории: најчест механизам е буткање со оптоварување на тежината на стапалото при екстентирано колено. Ваков тип на движење се среќава при старт при спринт и при скокање при спортување; Втор механизам е нагла неочекувана дорзална флексија во скочниот зглоб најчесто при склизнување во дупка или паѓање на скали; Трет механизам е насилна дорзална флексија на плантарно-флектирано стапало, при паѓање од височина. Руптурите најчесто настануваат при следните спортски активности: трчање, гимнастика, танцување, фудбал, кошарка, тенис и тн. Вообичаено, не постојат продромални симптоми и хистолошката анализа покажува нормална тетивна градба. Руптурата може да настане и после минорна локомоторна активност и се нарекува атрауматска руптура. Атрауматска руптура настанува кај постара популација, со претходни продромални симптоми, а хистолошката анализа покажува инфламаторни промени на тендинитис. Постојат предиспонирачки фактори како: реуматоиден артритис, системски лупус еритематосус, хронична бубрежна инсуфициенција, бубрежна трансплантација, употреба на флуорокинолони (пр. Ципрофлоџацин), системска употреба на стероиди и тн. Промптната дијагноза на руптурата на Ахилова тетива е императив. Дијагнозата е вообичаено клиничка иако ултрасонографскиот и МР имагинг се од корист. Ултрасонографијата има значење за евалуација на проксималната руптура на Ахилова тетива, но во сите други патолошки состојби, доминирачка дијагностичка метода е МРИ, особено при парцијалната руптура на Ахилова тетива. Симптоми на руптура се: болка во под коленицата, скочниот зглоб и стапалото (особено при дорзална

флексија или стоење на прсти, палпаторно болна осетливост на местото на руптурата, оток, укрутеност, звук на пукање при повредата, отежната или невозможна флексија или стоење на прсти (при комплетна руптура на тетивата) и тн. Клиничката егзаминација детектира палпабилен гап на постериорната страна на дисталната под коленица. Руптурата вообичаено се наоѓа на 2-6 см проксимално од тетивната инсерција. Дохертѕ-Тхомпсон – овиот знак е позитивен при комплетна руптура. При овој тест под коленицата се стега силно, а при тоа не постои активна плантарна флексија. Третманот на руптурата на Ахиловата тетива останува контраверзен. Опишани се повеќе техники и методи за третман на руптура на Ахилова тетива. Техниките се поделени во три групи: оперативна, перкутана и не оперативна. Важни критериуми за планирање се: местото на руптурата (оддалеченоста од тетивната инсерција), возраста на пациентот и коморбидитетот. Традиционално, отворената хируршка метода за репарирање на Ахиловата тетива е метода на избор за третман, поради нискиот процент на ре-руптура и можноста за функционална постоперативна имобилизација. При тендинорафија се користеше Буннел или Кесслер техника, со примена на јак монофиламентен апсорбирачки шевен материјал. При репарирањето на руптурата, од круцијално значење се два моменти: да се избегне постоење на гап помеѓу краевите на Ахиловата тетива и да се избегне прекумерна елонгација на тетивата. Двете состојби се непосакувани и резултираат со клинички инсуфициентен постоперативен резултат. Постоперативно се поставува имобилизација во плантарна флексија, во тек на десет дена. Потоа положбата се менува во 20° плантарна флексија уште десет дена. Кога положбата на стапалото се доведува во физиолошка положба и се продолжува со имобилизација уште три недели, по што следи физијатриски третман. Пациентот се враќа на своите секојдневни активности два месеци после извршениот оперативен зафат.


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

26/27

Зимава двајца скијачи со сериозни повреди на нозете се успешно излекувани во Неуромедика Во првиот случај во кој е извршен медицински транспорт од Пампорово станува збор за жена која е повредена при скијање. Таа се здобила со тешки повреди на ногата. Семејството на пациентката се јави во Неуромедика за да договорат итен медицински транспорт. Дежурната медицинска служба на Неуромедика испрати санитетско возило опремено со најсовремена опрема за транспорт на тешко повредени пациенти. Во екипата за медицински транспорт беа испратени два доктори и две медицински сестри. Жената е транспортирана со над колена имобилизација во гипсена лонгета, со континуирана аналгезија и интравенска надополна на течности. Нашиот ортопедски тим Спец. Д-р Александра Димова и Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски ја примија пациентката после медицинскиот транспорт и направија детални прегледи. Тие ја упатија пациентката на одделот за дијагностика каде и беше направена рендген снимка. На РТГ снимката нашите радиолози утврдија дека се работи за платотибијална мултифрагментарна скршеница на ногата, со раскинување на вкрстените лигаменти на коленото. Откако се завршени сите дијагностички процедури, на повредената нога на пациентката е извршена хируршка интервенција. Вториот случај е 54 годишен маж, исто така повреден при скијање во Пампорово. Кај пациентот се јавиле силни болки и оток на делот кај потколеницата после несреќа при скијање. Тој бил прегледан во локалната амбуланта, но без дополни-

телно ехо и РТГ дијагностика бил ставен на антикоагулантна терапија по шема, без имобилизација и со препорака да продолжи со физички активности. Пациентот се јави на преглед во Неуромедика 5 дена после повредата кога се вратил во Скопје. Во моментот на преглед потколеницата на повредената нога беше силно отечена, со обем речиси двојно поголем компарирано со здравата нога. Ехосонографскиот преглед покажа прилично голем хематом во предел на медијалната глава на мускулот на потколеницата заради руптура. На пациентот му е прекината антикоагулантната терапија, препорачано е мирување и редовно следење на состојбата. На наредните контролни прегледи дојде до подобрување на состојбата, ресорпција на хематомот и функционално подобрување на движењата во скочниот и колениот зглоб. Ортопедот Д-р Александра Димова препорачува скијачите да ги запазуваат сите безбедносни мерки при скијањето, да носат заштитна опрема и доколку се повредат веднаш да отидат на медицински преглед каде би се извршиле сериозни дијагностички процедури за да не дојде до влошување на состојбата. Дежурната служба, ортопедскиот и радиолошкиот тим на Неуромедика успешно се справи со двата сериозни случаеви кои ги имаа изминатиов месец што само е доказ на нашата 25-годишна успешна работна пракса во оваа дејност.


Што претставува хемиски пилинг?

Д-р. Емилија Парцанова Хемиски пилинг претставува естетска процедура со која се аплицира еден или повеќе хемиски агенси на кожата при што настанува контролирана деструкција на епидермисот, со или без дермисот, по што настапува процес на нивно регенерирање односно создавање на ново епидермално и/или дермално ткиво. Во историјата на дерматологијата и естетиката најстариот пример за оваа метода датира уште од Стариот Египет. Имено Клеопатра ја користела лактичната киселина од киселото млеко за одржување на својата убавина. Модерната ера на оваа процедура започнува во 1974г со откривањето на алфа-хидокси киселините од страна на Van-Scott и Yu. Поради природното потекло (се добиваат како екстракти – гликолната од шеќерна трска, цитрична од цитрусно овошје, малична од јаболко, тартарична од грејпфрут, манделична од бадем) и високиот степен на безбедност, со рапидна брзина станува популарна не само козметичка процедура туку и тераписка опција за бројни дерматолошки состојби. Класификација  - Врз основа на пенетрацијата на хемискиот агенс во кожата и нејзините слоеви хемиските пилинзи се класифицирани на: површински (супер фицијални), средни и длабоки. Изборот на пилингот и длабочината е во корелација со клиничкиот ефект кој сакаме да се постигне, времетраењето на заздравување како и можноста од компликации. Површински хемиски пилинг  - самото име кажува дека делува на најповршинскиот слој на кожата (епидермисот) и најчесто како индикација за примена се почетните знаци на фото стареење, епидермалната мелазма, акни и дисхромии.

Се применува кај сите типови на кожа според скалата на Фицпатрик, нема потреба од заздравување и можноста за несакани ефекти е минимална. Најчесто користени агенси за овој тип на пилинг се гликолна киселина 20-70%, ТЦА 10-25%, Џеснеровата формула, салицилна киселина 10-30%, резорцинол 30-50% и сув мраз. Се изведува во интервали од 2-4 недели 6-10 третмани. Средно длабок пилинг - пенетрира подлабоко отстранувајки ги слоевите на кожата се до папиларниот дерм. Индикација за примена на овој тип на пилинг се фините брчки, актинични кератози, мелазма, дисхромии (лентиго) и суперфицијални лузни. Се аплицира кај типови на кожа класифицирани по Фицпатрик од 1 до 4. Процесот на заздравување трае од 5-7 дена со поголема можност за компликации од површинскиот пилинг. Супстанции кои најчесто се користат се ТЦА 35%, Гликолна 70%, Комбинирани пилинзи – Џеснерова формула, Џеснер + ТЦА 35%, Гликолна 70% +ТЦА 35%). Се препорачува да се изведува 1 годишно, бидејќи во период од 6-12 месеци по пилингот трае ефектот на интензивна синтеза на колагенот. Длабокиот пилинг пенетрира најдлабоко во кожата и тоа се до ретикуларниот дермис и наоѓа примена во третманот на изразен степен на фото стареење, дермална мелазма, длабоки брчки и длабоки лузни. Најчесто користени супстанции се ТЦА 50% како и Бекер-Гордонова формула – 88% фенол и кротоново масло. Пред да се отпочне третман за длабок пилинг, а со цел да се избегне присуство на демаркирачка линија или изразена граница меѓу кожата на лицето и вратот, се исцртува долната линија на мандибулата како граница на апликација. Пилингот трае 1ч, и се работи постепено по една регија се до постигнување на ефект на бел фростинг. Потоа се постаува оклузивна преврска претходно потопена во водоотпорен цинкоксид, која останува 24ч. Следниот ден се отстранува оклузивната преврска и се нанесува на работената регија бизмут субгалат во форма на прашок – кој има улога на маска за регенерација во текот на слените 7 дена. Епителизацијата завршува за 7-10 дена,


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

но еритемот обично перзистира најмалку 2 месеци. Најстрого е забрането изложувањето на сонце во тек на првите 6 месеци по овој тип на пилинг. Поради кардиотоксичниот ефект на фенолот третманот на длабок хемиски пилинг се изведува во длабока седација и во оперативна сала. При овој тип на пилинг најголема е појавата на несакани ефекти – инфекции, хипо и хипер пигментации, келоидни формации и лузни. Од тие причини оваа процедура модерната ласерска технологија ја заменува со фракционирана фото термолиза која ги дава истите ефекти за пократок временски период и на побезбеден начин за пациентот. Како табели може да се наведат контраиндикациите:

АПСОЛУТНИ - ХИВ, автоимуни заболувања, имуносупресија, кардио-хепато-ренална инсуфициенција - тенденција на создавање хипертрофични / келоидни лузни - системска терапија со изотретиноин - активна инфекција (бактериска, габична, вирусна-херпес симплекс)  - нарушен интегритет на кожата (отворени рани, екскоријации - бременост и лактација) - емоционална нестабилност-ментална болест - користење на фотосензибилизирачки лекови (егзогени естрогени, орални контрацепциски итн)

РЕЛАТИВНИ КОНТРАИНДИКАЦИИ -ангина пекторис -акутен и хроничен радиодерматитис (биопсија на кожа за да се потврди постоењето на пилосебацеални единици, бидејќи реепителиизацијата почнува од нив), - цистични акни, -фицпатрик тип 4,5,6, -антикоагулантна терапија, -пушење-хемикалиите во димот од цигарите може да предизви-

28/29

каат ензимски реакции кои ја ослабуваат кожата и ја потенцираат појавата на брчки особено околу устата и очите, од друга страна вазоконстрикторниот ефект на никотинот и генезата на слободни радикали го продолжува процесот на реепителизација -претходни козметички процедури

КОМПЛИКАЦИИ -пигментни нарушувања-хипо или хиперпигментации, особено кај лица со потемна кожа (се превенира со користење на инхибитори на меланогенезата 2-4 недели пред суперфицијален или средно длабок пилинг, или после извршениот длабок пилинг како и со редовна употреба на СПФ минимум 30). -лузни - кај средно длабок и длабок пилинг особено со историја на хипертрофични и келоидни лузни. -линии на демаркација -инфекција-бактериска, фунгална (кандида), херпетична ерупција -пролонгиран еритем-30-90 дена (хидрокортизон-нископотентен кс) -акнеиформна ерупција-помеѓу 3-9 ден од пилингот (со топичен или системски антибиотик) -миллиа-помеѓу 2-3 недела од пилингот, во тек на процесот на епителизација се користат обилно масни дерматици кои ги оклудираат лојните жлезди Хемискиот пилинг е популарна, генерално безбедна и достапна дерматолошка процедура за третман на одредени кожни нарушувања и рејувенација. Ефектите се најдобри и долготрајни доколку се комбинира оваа метода со локална терапија, во зависност од проблемот кој го третираме. Изборот на типот на хемискиот пилинг од страна на дерматологот, едукацијата на пациентот за сите фази од процедурата, а особено негата во периодот пост-третманот се пресудни за успешноста и резултатите. Д-р. Емилија Парцанова дерматовенеролог во Неуромедика


Одржан 3-от Неуромедика Симпозиум - најпосетен медицински настан во Македонија

На 25.10.2016 во Конгресната сала на Соборен Храм Св. Климент Охридски се одржа третиот по ред Neuromedica – Симпозиум кој стана традиција и официјално најпосетен медицински едукативен настан во Македонија. До овој Симпозиум на вкупно 6-те едукативни настани организирани од Неуромедика учествувале над 1000 доктори од цела Македонија. Neuromedica едукативните симпозиуми се одржуваат секоја година во 3 различни градови Скопје, Битола и Штип и се отворени и бесплатни за сите доктори кои се заинтересирани да научат нови вештини и методи од областа на медицината. Знаењето и стручноста на докторите од Neuromedica е отворено за целата медицинска фела и целта на овие едукативни настани е да тие се споделуваат. На 3-от Симпозиум учествуваа над 200 доктори од различни специјалности од цела Македонија со што се продолжува традицијата на константно зголемување на посетеноста и заинтересираноста за овие настани. Симпозиумот беше поддржан и акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија со 12 бодови за предавачите и со 8 бодови за

слушателите. Предавачи на Симпозиумот беа еминентни професори-доктори од Neuromedica: 1. Проф. Д-р Методи Чепреганов - специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема „Кортикални малформации” 2. Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - неврорадиолог на тема „Мозочно хернирнирање во трансверзален венски синус – Case study” 3. Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог на тема „Остеосаркома како втор тумор кај хередитарен ретинобластом – Case study” На Симпозиумот Neuromedica ја сподели веста од Кан, Франција од Форумот за Врвен Квалитет и Менаџмент кој се одржа на 07.10.2016. На овој Форум Neuromedica ја доби наградата за Најдобра Регионална Болница и наградата Менаџер на Годината. Во конкуренција на врвни светски медицински институции Neuromedica беше селектирана за Најдобра Регионална Болница, а Директорот на Neuromedica Д-р Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на Годината. 


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

Свечениот настан се одржа во монденскиот Кан во Intercontinental Carlton Hotel на кој со големи почести организаторот ги додели наградите на Директорот Д-р Емил Угриновски. На Форумот Neuromedica ги презентираше своите достигнувања, успеси, клиниките, современата медицинска опрема, персоналот и најновиот проект новата Болница Неуромедика во Скопје која треба да започне со работа до крајот на оваа година.

• Мултидисциплинарност во медицинските услуги

Ова за Neuromedica во своите 24 години постоење како прв приватен медицински бренд во Македонија е огромен достиг и најголема професионална сатисфакција и мотив за да се остане на патот кон континуираниот раст и развој. Овие награди се само потврда на вложениот труд и целосната посветеност на воведување на врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинатото инвестирање и унапредување на медицинската инфраструктура и непоштедното залагање на целиот персонал во Neuromedica.

• Безбедност во процесите на медицинските третмани

Форумот е во организација на Сократ – Комитетот за Номинации и Европската Медицинска Асоцијација кои делуваат при престижната организација Europe Business Assembly од Оксфорд, Англија. Номинациите за оваа престижна награда се темелат на повеќе критериуми кои медицинската институција треба да ги исполнува, а тоа се: • Целокупните перформанси на клиниката 

30/31

• Национална и меѓународна акредитација и сертификација • Широка истражувачката база и менаџерски вештини на персоналот • Учество на меѓународни и локални програми за здравствена заштита • Фокусот кон пациентите • Професионалност, континуирана едукација, дообразување и споделување на знаење Последната точка која ја опфаќа континуираната едукација беше еден од клучните критериуми на Организаторот. Тој критериум е плод на овие едукативни настани кои Neuromedica несебично ги организира и спроведува во нашата држава. Тоа значи дека наградатa се однесува и на секој посетител-доктор кој бил на нашите Симпозиуми. Neuromedica на овој едукативен настан ги најави следните два Симпозиуми кои ќе се одржат во Битола и Штип во наредните месеци. Исто така, беше најавено отворање на новата Neuromedica Болница во центарот на Скопје и оглас за вработување на медицински кадар од нови 90 работни места кој е отворен за сите заинтересирани.


СОМАТОФОРМНИ РАСТРОЈСТВА За нивното настанување и етиопатогенеза постојат повеќе теории-биолошка, аналитичка и бихејвиорална. Тешко е да се разграничи дали наследниот фактор е единствен во настанувањето на ваквите заболувања или факторот средина е решавачки во креирањето на манифестното растројство. Соматизацијата може да се дефинира како манифестација на психолошки стрес со соматски симптоми.

Спец. Д-р Ирена Најдоска Соматоформните растројства се едни од почестите неврози, во чија клиничка слика доминираат соматски субјективни тегоби, без постоење на органско соматско заболување.

Се јавува како повеќекратно, рекурентно и зачестено менување на физичките симптоми кои обично се присутни повеќе години. Болните повеќе време се чести пациенти по интернистичките амбуланти и имаат направено безброј параклинички иследувања, кои се во главно во физиолошки граници. Во потрага по својата „болест“, тие минуваат денови и месеци по болничките чекални и амбулантите, без да им здодее болничката атмосфера и чекањето. Постои упорно неприфаќање на мислења од повеќе лекари дека нема физичко објаснување за нивните симптоми. Најчесто симптомите потекнуваат од;

Симптомите не се намерно создадени или предизвикани (како кај симулација).

1. Гастроинтестиналниот тракт (болки во стомакот, мачнина, подуеност, регургитација, гадење, повраќање).

Ако истовремено случајно и објективно постои некоја соматска болест, таа не може да ги објасни природата на симптомите, физиологијата на исцрпеноста и преокупираноста на болниот со нив.

2. Кардиоваскуларниот систем (аритмии, тахикардии, стенокардии...). 3. Респираторниот систем (хипервентилации, глад за воздух, стегање во градите...).


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

4. Ненормални сензации по кожата (трпки, жарење, јадеж). 5. Псевдоневролошки симптоми (парализи, отежнато голтање, дисфонија-губење на гласот, губење на осетот, растројства на кординацијата, конверзивни симптоми, диплопии, уринарна ретенција). 6. Сексуалната сфера (намалување на либидото, проблеми со потенцијата, менструални тегоби). 7. Остеоскелетниот систем (болки во коските, болки во грбот, болки во екстремитетите, дифузни болки во зглобовите). Сите овие симптоми се придружени со извесна доза на депримираност и на анксиозност, хроничен замор и губење на апетитот. Текот на болеста е хроничен и променлив и обично е придружен со долготрајно растројство во интерперсоналното, семејното и социјалното однесување. Растројството се јавува почесто кај жените и обично почнува во средна доба. Тоа е растројство во кое болниот е постојано преокупиран со можноста дека е заболен од едно или од повеќе сериозни и прогресивни соматски заболувања.

32/33

Вообичаено симптоматологијата е нагласена и зголемена после психолошки конфликт предизвикан од семејни и професионални проблеми. Терапија- денес како лек на избор се серотонин риаптејк инхибиторите (SSRI) и тоа во релативно високи дози во комбинација со супоративна психотерапија и когнитивно реконструирање. Спец. Д-р Ирена Најдоска – психијатар во Неуромедика


Остеопорозата – тивка болест која ги напаѓа жените во голем процент Case study спроведено во Неуромедика Ортопедија од Спец. Д-р Александра Димова - ортопед остеопороза. Тоа значи дека 45% од жените подложени на скриниг со DXA скен се со позитивен наод и се подложени на суплементарна, а некои и на бифосфонатна терапија. Дополнително кај дел од нив се препорачани дополнителни лабораториски испитувања. Она што е сигнификантно е дека просечната возраст на жените изнесува 38,5 г, и со исклучок на 3 кои се постемопаузални, сите други се во активен циклус и без хронична терапија од интерес. Како заклучок се наметнува препораката да се прават редовни и навремени скрининзи за остеопороза, бидејќи таа е „тивка болест” и во моментот кога ќе даде симптоми веќе е во поодмината фаза. Навременото откривање на остеопенија и остеопороза од друга страна  води кон соодветно лекување и превенција со што ќе се намалат сите можни компликации по здравјето и квалитетот на животот.” - Д-р Александра Димова – ортопед.

Спец. Д-р Александра Димова Остеопорозата е болест на коскеното ткиво при која доаѓа до губење на минералнaта содржина на коските, заради што тие стануваат разредени и кршливи. Спаѓа во една од петте најчести хронични болести воопшто, а 80% од заболените се жени. Остеопорозата е болест на постарата популација и нејзини најчести компликации се скршеници на пршлените и на бутната коска. Во месец октомври 2016г во Неуромедика Влае во одделот Ортопедија се спроведи истражување Case study за Остеопорозата во Македонија на микро ниво oд страна на експертскиот тим Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски – ортопед, Спец. Д-р Славчо Кусакатски – радиолог, Спец. Д-р Милица Леви – физијатар и Спец. Д-р Александра Димова – ортопед која и ни го презентираше истражувањето. Истражувањето траеше еден месец во кој беа направени испитувања на 58 жени со просечна старост од 38,5 години. Резултатите од истражувањето беа фрапантни и покажаа дека голем процент од испитаните жени имаат наод на почетна фаза на остеопороза. „Oд вкупно 58 жени кои го направија скринигот за остеопороза 25 од нив се со наод за остеопенија, а една со наод за

Истражувањето на тимот предводен од ортопедот Д-р Димова покажува дека остеопорозата е тивка болест. Огромен дел од луѓето не знаат дека таа е активирана во нивниот организам. Докторите на Неуромедика препорачуваат често да се прават испитувања со цел навремено дијагностицирање и превенирање од болеста. Честите прегледи со DXA скен би биле корисни за голем дел од жените. Треба да се развие


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

свест за остеопорозата слично како за здравјето на дојките со што се спроведува кампања за редовни мамографии и прегледи. Идејата е да DXA скенирањата на скелетот бидат препорачливи и задолжителни кај таргетната група на потенцијални заболени, а тоа се жени над 40 години. DXA (Dual Energy X-ray absroptiometry) или коскената дензитометрија претставува златен стандард во диганостицирањето на остеопорозата. Со DXA апаратот се овозможува рана и сигурна дијагноза на остеопорозата, како и следење на ефектите од ординираната терапија. Постапката е брза и безболна,

Најсовремен DXA – скен во Македонија

34/35

и со минимална доза на озрачување. Покрај мерењето на коскената минерална густина на колковите, ’рбетниот столб и подлактицата DXA апаратот овозможува и: - проценка на ризик од скршеници - телесен состав (% коски, масно ткиво и мускули) и Body mass index - педијатриски модул за следење на детски раст и компарација на скелетната зрелост - проценка на скелетот на пршлените како и на целото тело


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

36/37

Класификација и дијагностика на главоболките На оваа тема пишува Проф. Д-р Методи Чепреганов специјалист невропсихијатар и епилептолог во НЕУРОМЕДИКА. Сите светски статистики укажуваат на фактот, дека преваленцијата на главоболката како симптом, го Проф. Д-р Методи Чепреганов надминува процентот специјалист невропсихијатар и од 80%, така што глаепилептолог воболката е најчестиот мотив за консултација и преглед кај пациентите. Во САД, поради главоболка, годишно се вршат преку 10 милиони консултации, повеќе од 3 милиони консултации во Франција, бројки што несомнено го потврдуваат фактот дека главоболката е најчестиот симптом и мотив за консултација. Главоболката ја нарекуват „вистински проблем на општото здравје”, личноста не само што ја трпи болката, има и пореметен квалитет на живот, таа е хендикепирана и на социоекономски план, редуцираната интелектуална активност.

Класификација Примарни главоболки: 1. мигрена; 2. тензиони главоболки; 3. васкуларни алгии на лицето и други тригемино автономни главоболки; и 4. други примарни главоболки. Секундарни главоболки:

9. кранијални невралгии и централни причини за фацијални болки, и 10. други главоболки, кранијални невралгии, централни, или примарни болки на лицето.

Дијагностички распит на пациентот Крајно внимателниот распит и анализа на резултатите од систематизираните клинички иследувања. Тука се испитува: - седиштето на главоболката, поточно нејзината локација; - „карактерот на главоболката”; - профилот на еволуцијата на главоболката и тежината на главоболката како и субјективен исказ.

Типот на главоболката •

Декланширачки фактори кои се директно поврзани со главоболката, дури и ја номинираат самата главоболка;

Фактори кои ја модифицираат главоболката;

Симптоми кои ја асоцираат главобоката: вертигинозните тегоби, вегетативните знаци; присуство на фосфени пред очите, афазија или парестезии; знакот на Клауде Бернард – Хорнер; парализа на окуломоториус со мидријаза; нагон за повраќање, или повраќање, со фоно и фотофобија.

Комплементарни иследувања Се вршат следниве испитувања: ЕЕГ, Компјутерска томографија, Магнетна резонацна, биохемиска лабораторија.

Епидемиологија и социоекономски аспекти на главоболките Епидемиологија

2. васкуларни кранијални, или цервикални афекции;

Светските статистики упатуваат на фактот дека од „сто пациенти во една амбуланта за општа пракса, од 70 до 80% имаат симптом на главоболка”.

3. интракранијални, неваскуларни афекции;

Социоекономски аспекти

1. кранијален, или цервикален травматизам;

4. прекумерно земање, или престанок на земање на некој медикамент; 5. инфекции; 6. аномалии на хомеостазата; 7. аномалии на краниумот, вратот, очите, ушите, носот, синусите, забите, устата и други структури на лицето или краниумот; 8. психијатриски афекции;

- проблем на општото публично здравје; - отсутноста од работа, намалената работоспособност; - опаѓањето на интензитетот на секојдневна активност; - финансиското чинење на секојдневно лекување; - токсицитетот од консумираните лекови; - директни медицински трошоци и индиректни трошоци.


ГИХТ Гихтот е метаболна болест, предизвикана од хиперпродукција или хипоекскреција на мочната киселина. Тоа е хетерогена група на болести што се сретнуваат исклучиво кај луѓето. Во својот полн развој се манифестира со: а) зголемена концентрација на мочната киселина во серумот;

Проф. Д-р Александар Пушевски – специјалист ревматолог б) рекурентни атаки на карактеристичен тип на акутен артритис во кои кристалите на мононатриум уратите се наоѓаат во леукоцитите во синовијалната течност;

в) депозити на моноатриум уратите во и околу зглобовите – тофи; г) ренална болест што ги зафаќа гломерулите, тубулите, интернстицијалното ткиво и крвните садови; д) уролитијаза. Тој е нарекуван крал на болестите или болест на кралевите и за него во литературата има бројни одлични описи. Нивото на концентрацијата на мочната киселина варира со возраста и полот. Додека кај децата нема разлика меѓу момчињата и девојчињата, веќе по пубертетот вредностите на мочната киселина кај машките почнуваат да бидат повисоки, додека кај женските остануваат на исто ниво се до менопаузата кога вредностите меѓу мажи и жени се скоро на исто ниво.

Тие разлики се објаснуваат со зголемената екскреција и намалената тубуларна реапсорпција на мочната киселина кај жените предизвикана од естрогените хормони. Зголемените вредности на тестостеронот во однос на естадиолот е асоцирана со хиперурикемија. Постои позитивна корелација меѓу телесната тежина, телесната маса и хиперурикемијата. Позитивна е и асоцијацијата меѓу хипеурикемијата и повисокиот коефициент на интелегенција, успесите во животот, лидерството и обемот на активности.

КЛИНИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ НА БОЛЕСТА ХИПЕРУРИКЕМИЈА ПРИМАРНА ХИПЕРУРИКЕМИЈА Вроден дефицит на ХГПРТ СЕКУНДАРНА ХИПЕРУРИКЕМИЈА Зголемен внес на пурини Зголемена ендогена продукција Оловна нефропатија ХИПОЕКСКРЕЦИЈА Намалена функција на бубрезите Забрзана тубуларна реапсорпција Инхибирана тубуларна секреција Дехидратација Тиазидни диуретици Ацидоза Некои медикаменти КОМБИНАЦИЈА ОД ХИПЕРПРОДУКЦИЈА И ХИПОЕКСКРЕЦИЈА КЛИНИЧКА СЛИКА АСИМПТОМАТСКА ХИПЕРУРИКЕМИЈА АКУТЕН УРИЧЕН АРТРИТИС ИНТЕРКРИТИЧЕН ПЕРИОД ТОФИ УРАТНА НЕФРОПАТИЈА УРОЛИТИЈАЗА

ТЕРАПИЈА Хигиено-диететски режим Колхицин НСАИЛ Хипурици Урикозурици


ПАРТНЕРНАВАШЕТО

38/39

Д-р Антон КЛАДОРАБСКИ специјалист кардиолог

ПЕРИКАРДИТИС

ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕВАТА ОБВИВКА Перикардот е двослојна обвивка околу срцето составена од два листа помеѓу кои се наоѓа мала количина на течност (15-50 ml). Основна функција на перикардот е заштитна.

14

Спречува нагла дилатација на срцевите шуплини за време на физичка активност и хиперволемија и го штити срцето од ширење на инфекции од белите дробови и околните структури.

Воспалението на перикардот се нарекува пеикардитис. Постојат неколку типови на пеикардитис: a) акутен перикардит, б) субакутен и ц) хроничен пеикардит. Најчести


НАЈСОВРЕМЕНA

ДИЈAГНOСТИКA И ХИРУРГИЈА

ВO ЦЕНТАРОТ НА CКOПЈЕ

БOЛНИЦA НЕУРОМЕДИКА

Партнер на Вашето здравје бр. 5  

Магазин на Неуромедика кој излегува на секои 6 месеци. Магазинот може бесплатно да ги симнете онлајн или да го подигнете од нашите поликлини...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you