Партнер на Вашето здравје бр. 9

Page 1

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

БР.9 ·Март 2021

Единствено во Македонија, Неуромедика обезбедува медицински транспорт и домашна посета на пациенти позитивни на COVID-19 вирусот

Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ

Ковид кризата ќе ја победиме и ќе излеземе посилни

магазин на:

www.neuromedica.com.mk PZUNeuromedica Neuromedica

1


2

www.neuromedica.com.mk


3

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ БР.9 ·Март 2021

Единствено во Македонија, Неуромедика обезбедува медицински транспорт и домашна посета на пациенти позитивни на COVID-19 вирусот

Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ

Ковид кризата ќе ја победиме и ќе излеземе посилни

СОДРЖИНА 4 | НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ СО Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ, Генерален менаџер на болницата Неуромедика

13 |

НАЈДОБАР МЛАД ВРАБОТЕН ВО НЕУРОМЕДИКА

14 |

МЕДИЦИНСКИ САНИТЕТСКИ ТРАНСПОРТ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

магазин на:

www.neuromedica.com.mk

ИЗДАВА

15 | АСТМА И АЛЕРГИИ - ЕПИДЕМИЈА НА 21 ВЕК Пишува: проф. д-р Ангелко Ѓорчев, интернист, супспецијалист пулмоалерголог

ПЗУ НЕУРОМЕДИКА

17 |

УРЕДНИК Билјана Настеска - Каланоска

18 |

ОРГАНИЗАЦИЈА Маркетинг сектор НЕУРОМЕДИКА СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ:

НЕВРОЛОШКИ КОМПЛИКАЦИИ ПРИ КОВИД 19, ДА ИЛИ НЕ! Пишува: проф. д-р Миодраг Врчаковски, специјалист по неврорадиологија ЗАКОНИ НА МАЈКА-ПРИРОДА Пишува: проф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија

22 |

ОСТЕОПОРОЗА ШТО Е ТОА, КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА И ТРЕТИРА Пишува: проф.д-р Ѓорѓи Зафироски, специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија

Д-р Емил Угриновски, генерален менаџер на Неуромедика

25 |

Проф.Д-р Методи Чепреганов

27 |

Проф.Д-р Ангелко Ѓорчев Проф.Д-р Ѓорѓи Зафироски Проф.Д-р Миодраг Врчаковски Проф. Д-р Мед. Сци. Александар П. Караѓозов Прим.Д-р Лилјана Милошевска Д-р Жарко Јанковски Д-р Марија Милановска ЛЕКТОР Билјана Радевска ФОТОГРАФИЈА Приватна архива на Неуромедика/ Интернет ДИЗАЈН Полиестердеј ПЕЧАТ Полиестердеј

БЛАГОДАРНИЦА ЗА Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ ОД МАНАСТИРОТ СВ.ЈОВАН БИГОРСКИ ДИЈАБЕТЕС КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ОВАА БОЛЕСТ Текст на д-р Жарко Јанковски, специјалист по интерна медицина и кардиологија

29 |

ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ.Д-Р МЕД.СЦИ. АЛЕКСАНДАР П.КАРАЃОЗОВ, ОПШТ И ДИГЕСТИВЕН ХИРУРГ ВО НЕУРОМЕДИКА

31 |

ШТО Е ГАСТРОСКОПИЈА,СИМПТОМИ, ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИ И ИЗВЕДБА НА МЕТОДАТА Пишува: прим. д-р Лилјана Милошевска, специјалист по интерна медицина и супспецијалист по гастроентерохепатологија

34 |

ШТО ПРЕТСТАВУВА ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА? Пишува: д-р Марија Милановска, специјалист по неврологија

37 |

ХИРУРШКИ ОДДЕЛ И УСЛУГИ

НЕУРОМЕДИКА

Неуромедика болница - Since 1992 Јордан Мијалков бр.62,1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk Дирекција: 02/3 114-023 I Центар: 02/3133-313 Влае: 02/204 23 23 I Куманово: 031/414-033 Кукуш,Грција: +302 341 022 060 www.neuromedica.com.mk Neuromedica

PZUNeuromedica


4

НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ СО Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ, ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија, кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита на пациентите. Како и сите преостанати здравствени институции ПОСИЛНИ што беа засегнати и се бореа изминатата година, така и Неуромедика успешно се бори со предизвиците што ги донесе пандемијата на вирусот Ковид-19. На оваа тема разговараме со Генералниот менаџер на болницата Неуромедика, д-р Емил Угриновски, кој отворено и искрено зборува за сѐ што помина, но и што нè очекува во 2021 година.

КОВИД-КРИЗАТА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ И ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ

Се наоѓаме во екот на најголемата епидемија, речиси една година од почетокот. Д-р Угриновски, дали го очекувавте ваквиот развој на настаните?

Р

ечиси една година се наоѓаме во екот на најголемата здравствена криза во последниот период, можеби и во историјата на човештвото, во коешто една година тотално се промени животниот стил на луѓето со сосема други навики. Ако ми кажуваше некој пред една година дека нема да може да се седне во ресторан или кафеана со пријатели и дека ќе мора да се носи маска, дури и во возило и на отворен простор и слично, ќе помислев дека сето тоа е лудо. Сега, навистина се најдовме во ситуација тоа да биде нашата реалност без што не може да се замисли, да се носи и www.neuromedica.com.mk

нормално да функционира човештвото. Дури и ова интервју го правиме под маски, факт што зборува сам дека тоа е нашата реалност. Лично не сум навикнат да зборувам под маска, бидејќи сосема е друг принципот на функционирање , но тоа за жал е реалноста во моментов и мора да се носиме со неа. Јас уште вториот, третиот ден по избивање на пандемијата кај нас во Македонија, до вработените напишав едно писмо во кое ја опишав ситуацијата и ги информирав дека ова ќе биде долга борба. Борба во која сите мораме да дадеме свој придонес, сите ќе имаме последици, не само од здравствен аспект, туку последици за стилот на живеење. Сите помалку ќе имаме во финансиска смисла, помалку ќе трошиме и ќе си го лимитираме начинот на живот, почнувајќи од социјалната сфера, со социјалното дистанцирање од луѓе


5

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

и од пријатели, од семејството па сѐ до промените во бизниссферата. Сѐ уште има огромен дел, можеби 30% од луѓето што работат од дома и што не се присутни на работа, што придонесува кон социјалното дистанцирање. За жал или за среќа, ние во здравството мора да бидеме присутни секојдневно и сме во првата борбена линија. Сето тоа чинеше и многу човечки животи на здравствените работници, меѓутоа ако во војна војниците се тие што се жртвуваат и се во првите борбени редови, во здравствените пандемии се здравствените работници. Токму затоа, секој треба да им оддаде почит за трудот што го вложуваат во спроведувањето на овие нови критериуми и на лекување социјална дистанција. Секој човек треба да биде горд на нив, како што сме ние горди што сме здравствени работници што во моментов се во првата борбена линија.

Што е тоа што треба да се промени во моментов во здравствениот систем во Македонија и каква е улогата на приватниот здравствен сектор во справување со кризата?

В

о екот на пандемијата мора да напомнам дека здравствените власти преземаа сѐ што е во нивна моќ за да може да се справат со оваа нова ситуација. Би рекол дека на почетокот, како и сите, беа несигурни и немаа искуство како треба да се справат со кризата, што треба да се преземе и така натаму. Токму затоа беа земани искуства од соседните земји и од земјите во поразвиениот свет. За жал, имаше и лоши примери во целата таа ситуација. Некои од најразвиените земји во светот како САД, надвор од Европа, или Белгија и Италија, во рамките на Европа, имаа најголем процент на смртност. Така што тие не се некој показател и пример по кој може да се водиме. За споредба,

нашите здравствени власти сосема солидно се справија, можеби направија грешки во бројот на тестирања на почетокот, но тие беа многу мали за да се сведат сега на една објективна бројка од 3.000 тестирања дневно, што за Македонија е сосема солидна бројка. Секогаш велам дека може повеќе и подобро, но акцентот би го ставил на справувањето на приватното здравство со комплетно другите проблеми во врска со ковидот. Знаеме дека речиси сите јавни здравствени установи станаа Ковид центри, бидејќи тоа е обврска на државата да им ја даде услугата на пациентите, а во исто време ако тие Ковид одделенија во нервната, очната, кожната клиника или болниците по градовите во Македонија не станеа Ковид центри, ќе немаше услови да им се даде помош на пациентите што имаат потреба од тие дејности. Токму поради тоа акцентот беше ставен на приватното здравство. Можам да кажам дека приватното здравство го држеше и сѐ уште го држи здравствениот систем, бидејќи одговорноста на овој сектор е во моментот многу поголема за разлика од претходно. Сите ние имаме многу повеќе пациенти што доаѓаат, ги бараат услугите, прво затоа што не сакаат да се мешаат во ковид-центрите, за да не дојдат во контакт со позитивни пациенти и второ бидејќи брзината и квалитетот на приватното здравство се на многу повисоко ниво отколку што се во државното здравство. Neuromedica

PZUNeuromedica


6

„Деновиве сме исправени можеби како никогаш во поновото модерно време пред два огромни и сериозни предизвици, кои знам дека во буквална смисла на зборот нема кого не го допираат длабоко. Првиот предизвик е новиот корона-вирус, а вториот предизвик се последиците на економијата, кои ќе ги остави епидемијата на сите нас. Она што мене ме плаши како многу искусен менаџер е што тука не е крајот, туку само почетокот на длабока, длабока економска криза, во која секој од нас ќе почувствува огромни последици, би рекол долгорочни… Ни следуваат тешки моменти, навистина тешки, каде што секој ќе биде засегнат, но јас сум секогаш оптимист и знам дека двете битки ќе ГИ ДОБИЕМЕ. ЗНАМ ДЕКА ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ И МОЖЕМЕ. Ви благодарам од срце за разбирањето и заедничката битка.“ Можеби дел од луѓето во моментот не беа свесни за идните случувања, меѓутоа јас имав навистина визија што нѐ чека и дека ова ќе биде долгорочна борба во која нормално, човештвото како и секогаш, ќе излезе победник, меѓутоа ќе има огромен број последици. Пред сѐ, многу жртви, многу нарушени бизниси, многу намалени приходи и примања, многу луѓе ќе останат без работа, многу луѓе ќе го променат социјалниот живот. Да ми кажуваше некој дека сите локали и ресторани ќе бидат затворени и дека нема да може да седнеме и да вечераме со фамилијата, со пријатели, колеги и деловни партнери, јас навистина ќе се насмеев. Дополнително на тоа, полицискиот час е една од работите што навистина го смени секојдневието, бидејќи со денови седевме затворени дома. Сето тоа изгледаше многу чудно, траурно и тмурно ако некој го кажеше пред пандемијата. Но, сето тоа јас го предвидев и така се случи моето обраќање во форма на официјален допис до своите вработени. Единствено нешто што можеби не го предвидев беше должината на кризата. Ако ме прашаше некој, моето мислење ќе беше дека ќе трае само неколку месеци. Да бидам искрен, мислев дека со текот на летните месеци или по нив, тоа ќе исчезне. Но за жал, сѐ се врати во уште поголем обем и поголеми последици, меѓутоа мора да биде долга битката и човештвото да се бори, за да на крајот да извојува победа и да се вратиме на нормалниот стил на живот.

www.neuromedica.com.mk


7

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Така што приматот, во оваа речиси една година од пандемијата, го презема приватното здравство во лекувањето на пациентите од другите проблематики. Дури постојат цели болници, како што е „8 септември“ и другите болници во помалите градови што се ковид-болници, не примаат други пациенти или примањето е лимитирано. Операциите се одложуваат или закажуваат за една година и слично, што е недопустливо да може да функционира еден здравствен систем. Токму поради тоа, акцентот беше и се уште е ставен на приватните болници. Морам да кажам и да нагласам дека тие беа двигатели на здравствениот систем, што се покажа дека во Македонија навистина има квалитетни приватни здравствени установи, кои навистина може да го издржат овој наплив на зголемен обем на работа со пациенти.

Во март, на самиот почеток на кризата, вие на вработените во Неуромедика им испративте едно писмо во форма на мејл каде што искрено, смирено и со поддршка им ја објаснивте ситуацијата и очекувањата од неа…

Т

окму така, како што споменав и претходно, во март јас на моите вработени веднаш по почетокот на Ковид пандемијата во

Македонија, само по неколку денови, испратив писмо во форма на мејл, во кое многу искрено и многу професионално им го кажав сето она што следува.

Неуромедика е единствената болница што овозможува општа и домашна специјалистичка посета на пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот, како и можност за нивна рендген дијагностика. Во кој момент одлучивте дека е време за ваков чекор?

Н

еуромедика навистина е единствената болница што во моментов овозможува и домашна посета како од општа пракса и специјалистичка служба, така и рендген дијагностика на сите Ковид-19 позитивни пациенти и нормално санитетски транспорт во и надвор од Македонија. Ако наидовме на почетокот на еден отпор од здравствените работници поради стравот што се појави од вирусот, по неколку месеци од пандемијата кога видоа дека болеста не е непобедлива, дека сето тоа може да се превенира и да се заштити секој здравствен работник, веднаш преземавме мерки со цел сите овие служби да функционираат, од причина што знаеме дека има една огромна категорија на луѓе што нема каде да се обрати, а се во добра здравствена

02/313-33-13

Neuromedica

PZUNeuromedica


8

повторно ќе нагласам среќен сум што сме спасиле многу животи. Исто така, би го потенцирал и санитетскиот транспорт. Свесни сме дека секое санитетско возило во овој момент е значајно за здравството. Ние сме институција што со нашите неколку санитетски возила, транспортираме пациенти од една во друга установа, од еден во друг град, од една во друга болница, за приватните, но и за државните болници и за нашите пациенти. Тоа се постојни факти од сите овие служби што ги имаме ставено во функција за да може сѐ да функционира беспрекорно, а на кои сум посебно горд.

Кога сметате дека ќе се врати животот во нормален тек, онака како што беше пред пандемијата?

состојба, стабилни ковид-позитивни, не може да бидат однесени во болница бидејќи болниците не ги примаат, тие се лекуваат во домашни услови. Токму ним им е потребна и медицинска нега и терапија. Веднаш реагиравме и станавме првите и единствените во Македонија што ги изведуваат домашните посети од општите лекари и од специјалистите, што нѐ прави посебно горди бидејќи сме спасиле многу човечки животи и сме помогнале. Но има и ситуации во кои додека дојде екипата, во тој половина или еден час, е веќе доцна, што ми е навистина жал и ме прави да бидам тажен за целата ситуација. Од друга страна, пак,

Ординација

www.neuromedica.com.mk

оите предвидувања дека животот ќе М се врати во нормала се во оној момент кога повеќе од половина од популација-

та ќе ја прими вакцината. Прво се поставува прашањето колку фармацевтската индустрија е подготвена да произведе, бидејќи она што го знаеме се вакцина и ревакцина, односно 2 дози, од причина што имаме околу 7,5 – 8 милијарди луѓе, што значи ако половината примат по 2 пати, тоа е една огромна бројка и потребно е време за да се произведе таа вакцина. Моите предвидувања се дека за враќање во нормалниот тек не е значајно да се врати животот како претходно само во нашиот регион и во Европа, бидејќи знаеме дека многу од луѓето ќе мора

Компјутерска томографија


9

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

да патуваат и надвор од Европа, во повеќе и помалку развиените земји. Потребно ќе биде да се нормализира комплетно човештвото. Тоа би било во оној момент кога повеќе од 50% од популацијата, ќе се вакцинираат со вакцина против Ковид-19. Мојот став е дека ако од денеска се почне со вакцинација, тоа би траело отприлика една година. Што значи, до крајот на другата година би требало веќе сериозно да почнеме да се враќаме во нормала. Свесен сум дека долго време потоа ќе има последици, пред сѐ од социјален и од економски аспект. Социјалниот живот комплетно ќе замре, здравствениот сектор ќе биде преморен, веќе е преморен, сигурно ќе биде уште двапати повеќе преморен, меѓутоа мора да се бори човештвото за сето тоа да го победи и сите заедно да се избориме со оваа пандемија. Сепак, ние како држава Македонија мора да напомнам дека не сме многу моќни самостојно во обезбедување на вакцините. Сигурен сум дека во Македонија уште долго време таква вакцина нема да се произведува бидејќи немаме капацитети.

Значи зависни сме од увоз на оваа вакцина. Знаеме дека каде што се парите таму е моќта. Тоа што развиените земји можат да си дозволат да си ги купат овие вакцини, ние не можеме, секогаш ќе бидеме во втор план, факт со кој мора да се помириме. Меѓутоа од друг аспект, наша среќа е што се наоѓаме во регионот на Европа, опкружени со земји од Европска Унија, со бизнис и социјални контакти со земји од развиениот свет и од Европа. Така што, тие сакале или не, ќе мора да не стават нас на мапата на вакцинирање што автоматски носи можност да се искористи малку повеќе. Забележувам дека сега се јавуваат некои донации од земји-членки на Европската Унија во нашето соседство, кои имаат економски, социјални и бизнисбенефиции ние како Македонија, што побрзо да почнеме да се заштитуваме со вакцината. Сега, тука е улогата на здравствените власти и во нашата земја и надвор, како ќе ги натераат и мотивираат луѓето да се вакцинираат. Сведоци сме овие денови како во некои развиени земји почна да се спроведува вакцинацијата на луѓе што се авторитети, како на пример Џо Бајден, новоизбраниот претседател на САД.

Хирургија - оперативен оддел

Neuromedica

PZUNeuromedica


10

Неслучајно е направено тоа и тоа е добро, јас ја поддржувам вакцинацијата без разлика каква и да е, сметам дека е многу подобро човек да се вакцинира отколку да живее вештачки под маски, бидејќи животот под маски не е возможен. Кога би бил возможен таков живот од долгорочен аспект, сигурен сум дека така би се родиле ние – со маски на себе. Исто како што шал не се носи цела година, туку само кога има потреба. Така што од таков аспект сметам дека здравствените власти и авторитети треба сериозно да го принудат човештвото да се вакцинира. Со овој став можеби ќе наидам на критики од тие што се против вакцинацијата, меѓутоа јас апсолутно стојам зад постапката, бидејќи сигурен сум дека не може да биде полошо и апелирам до сите оние што можат и сакаат, а се во категоријата каде што треба да се вакцинираат и може да ја примат вакцината од здравствен аспект, тоа да го направат.

02/313-33-13

www.neuromedica.com.mk

Што повеќе, тоа подобро, затоа што на тој начин ќе ги заштитат своите блиски луѓе што не можат да се вакцинираат. На таков начин ќе придонесат да се заштитат и заштедат многу животи. Постојат можни мерки што предвидуваат дека нема да може да се влезе во авион, да се замине на некоја туристичка дестинација без да се има ковид-пасош, што е сосема во ред, бидејќи регионите ќе мора да се заштитат. Некои држави предвидуваат поекстремни начини каде што децата нема да можат да се запишат во училиште или на факултет, екстремна постапка што не би ја оправдал до крај, но јас верувам дека треба да се спроведе кај 50% до 60% кај популацијата да се вакцинира. Нормално дека ќе има отпор од разноразни здруженија и параздруженија, кои на тој начин ќе сакаат да си дадат на значење, меѓутоа државата и здравствените власти ја имаат таа моќ за спроведување на решението. Ми се допаѓа фактот што прво акцентот ќе се стави кај здравствените работници. Ние


11

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

веќе размислуваме во нашата болница и на списоци да пуштиме за нашите здравствени работници да влезат во таа категорија на први што ќе ги примат, за да може да бидат заштитени бидејќи само така ќе можат да им го дадат своето знаење и здравствена нега на тие што им е потребно. Така што, тука сме да помогнеме на секаков начин и сметам дека ќе успееме во тоа.

Kако изгледа иднината на Неуромедика за 20-тина години отсега, кои се Вашите планови и очекувања?

М

ногу интересно прашање… Доколку овој момент би го разговарале пред една година, пред пандемијата, би кажал дека никогаш не би ја превидел пандемијата и дека сите планови ќе се стават во втор ред. Меѓутоа, факт е дека се наоѓаме во една најголема економска криза во денешнината на светско ниво и сите планови секогаш за време на криза трпат измена. Меѓутоа не би биле успешни бизнисмени или директори на болници, луѓе што имаат визија, доколку не би гледале напред. Ние докажавме дека за овие 3,5 години колку

што функционира Неуромедика како болница, капацитетот е речиси целосно исполнет и дека веќе сме созреани да градиме нова и поголема болница. Моите размислувања ќе ги сведам во тој план. Македонија е мал пазар, многу брзо се заситува, на хартија има 2 милиона жители, набрзо ќе има попис, па ќе видиме која е реалната бројка. Моите предвидувања се дека многу помалку луѓе живеат тука, така што со сето тоа си се менуваат сите бизниспланови. Моите визии се да изградиме во наредниот период уште една болница која што ќе биде поголема од оваа и нормално ќе ги следи потребите на пациентите. Во меѓувреме, секогаш ќе го имаме статусот на бренд лидер во својата област, кој ќе има врвни доктори и специјалисти од сите области, врвни услуги што ги користат пациентите и ќе ги користат во иднина и нема да има потреба да одат во странство. Тоа ќе ни биде приоритетот како и помагање и прифаќање на врвните медицински брендови и едукацијата на кадарот. Мислам дека набрзо ќе дојде време во кое Македонија ќе има недостиг од добар кадар, тука го гледам и акцентот на нашата болница на што е можно подобра едукација во светските центри. Neuromedica

PZUNeuromedica


12

ЕДИНСТВЕНО ВО МАКЕДОНИЈА, ОВОЗМОЖУВАМЕ ОПШТИ И СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ДОМАШНИ ПОСЕТИ ЗА КОВИД-19 ПОЗИТИВНИ ПАЦИЕНТИ. ТИМОТ Е ПОДГОТВЕН 24/7 – СЀ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ 02/313-33-13 И 075/402-000. КОГА Е ЗДРАВЈЕТО НАЈДРАГОЦЕНОТО НЕШТО, НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ – ПАЦИЕНТИТЕ СЕ СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО.

www.neuromedica.com.mk


13

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

НАЈДОБАР МЛАД ВРАБОТЕН ВО НЕУРОМЕДИКА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА НА 30 ДЕКЕМВРИ БЕА ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈДОБАР МЛАД ВРАБОТЕН ДО ДВЕ ГОДИНИ ВО БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА ОД СТРАНА НА МЕНАЏМЕНТОТ Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ И Г. АРИТОН КАНДИКЈАН. ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ, ЕВЕ ШТО ИЗЈАВИЈА НАЈДОБРИОТ МЛАД ДОКТОР, НАЈДОБРИОТ МЛАД МЕДИЦИНСКИ ТЕХНИЧАР И НАЈДОБРАТА МЛАДА АДМИНИСТРАТОРКА.

Д-Р ЃОРЃИ ВАНОВСКИ – најдобар млад доктор Претставува огромна чест да се биде прогласен за најдобар млад доктор во Неуромедика. Долгогодишното искуство дава за право да бидеме подготвени во секоја ситуација, да може да се избориме со сѐ, посебно во време на Ковид пандемија во која се наоѓаме во моментов. Мило ми е штом сум дел од тимот на Неуромедика како доктор. Посветеноста кон пациентите претставува огромна предност, се трудиме максимално фокусот да го насочиме кон нив, а потоа на сѐ друго. ВЛАТКО ГРАМАТИКОВ – најдобар млад медицински техничар Пред сѐ, ми претставува голема чест и задоволство што сум прогласен за најдобар млад медицински техничар. Јас сум дел од тимот што оди на домашни посети и мора да кажам дека иако бара дополнителен напор, сепак, е мотивација самиот факт што им помагаме на луѓето, им даваме соодветна нега кога им е најпотребно, посебно во време на Ковид-пандемија. СИМОНА БОГОЕВСКА – најдобра млада администраторка Задоволство е да се биде дел од тимот на болницата Неуромедика, а уште поголемо да се добие признание и награда за тоа од менаџментот. Што се однесува до мојот дел од работата, покрај организациските способности, важно е нашите пациенти да се чувствуваат пријатно секогаш кога ќе дојдат тука. Насмевката на лицето секогаш е присутна кај нас, бидејќи одлика на добар и успешен тим, покрај успешната работа е и љубезноста. Мене лично секој ден ми претставува предизвик и мотивација да доаѓам на работното место каде што уживам. Neuromedica

PZUNeuromedica


14

МЕДИЦИНСКИ САНИТЕТСКИ ТРАНСПОРТ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО Болница Неуромедика нуди медицински санитетски превоз со најсовремени амбулантни возила кои се опремени со најмодерната апаратура потребна за долг медицински транспорт. Меѓу санитетските превози кои се реализирани од страна на болница Неуромедика се транспорти направени на следните релации: Македонија-Шведска, Македонија-Германија, Македонија Италија, Македонија - Франција. Секој санитетски транспорт се реализира на високо професионално ниво проследен со медицински тим од професионалци подготвени да се соочат сите предизвици.

www.neuromedica.com.mk


15

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

АСТМА И АЛЕРГИИ

- ЕПИДЕМИЈА НА 21 ВЕК

ПИШУВА:

ПРОФ. Д-Р АНГЕЛКО ЃОРЧЕВ, ИНТЕРНИСТ, СУПСПЕЦИЈАЛИСТ ПУЛМОАЛЕРГОЛОГ орбидитетот и морталитетот од астма и М алергии е во постојан пораст, почнувајќи од втората половина на 20 век сѐ до денес. Светските епидемиолошки студии несомнено потврдуваат дека секој трет човек на Земјината топка има некој вид алергија што се манифестира на различни органи и системи: горни и долни дишни патишта, кожа, очи, гастроинтеститанален систем и други. Исто така, 50% од популацијата на Земјата се атопичари т.е. склони кон алергија, но не заболуваат сите од алергени болести.

Според Глобалната иницијатива за дијагноза и лекување на астма (GINA – 2018) и Светската здравствена организација, астмата и алергените болести несомнено се епидемија на 21 век. Според GINA само од астма боледуваат 334 милиони луѓе во светот, а умираат 250.000 болни од астма годишно. Податоците укажуваат на значењето на овие болести од здравствен, општествен, социјален, хуман, етички и материјален аспект. Ова се потврдува со фактот што за дијагноза и лекување на астмата во светот се трошат огромни средства (на пример, во САД годишно се трошат 13 милијарди долари). Во РМ 5% или околу 100.000 луѓе боледуваат од астма. Имајќи го тоа предвид и сакајќи да им помогнеме на овие луѓе што „стареат гушејќи се“ (William Osler), Македонското респираторно здружение и Македонската асоцијација за алергија и имунологија го иницира и спроведува Македонскиот национален консензус за дијагноза и лекување на астмата. Тоа е прв национален консензус во која било област во независна Македонија и трет национален консензус во светот (по британскиот и американскиот). Консензусот стана силно оружје во борбата против астмата и алергиите и благодарение на тоа во РМ нема смртен случај од астма веќе 45 години.

Neuromedica

PZUNeuromedica


16

Консензусот овозможи унифицирање на дијагностичките и терапевтските процедури, отворање 22 регионални центри за астма и ХОББ, ставање на позитивната листа на Фондот за здравство на сите антиастматични лекови, особено превентивните антиинфламаторни спрејови за контрола на астма и ХОББ. Благодарение на тоа од 2007 година до денес спрејовите наместо 3.000 до 5.000 денари чинат од 250 до 280 денари. Тоа беше подарок од мојот тим и од мене како национален координатор за астма и ХОББ за нашите пациенти. Денес, во Неуромедика ги применуваме сите најнови дијагностички и терапевтски процедури при астма и ХОББ(хронични опструктивни белодробни болести), раководејќи се според Светскиот консензус и Македонскиот национален консензус за дијагноза и лекување астма и на пандемија од Ковид-19 кога болните хронични од астма и ХОББ, како и сите болни со прогресивно намалување на белодробната функција, се соочуваат со влошување на симптомите и секојдневното страдање. Затоа се потребни почести контроли кај пулмолог,

коригирање на терапијата, дозите и лековите против астма и ХОББ. На тој начин ќе се подобри квалитетот на животот на овие болни, оптимизација на белодробната функција и спречување понатамошни компликации.

РТГ Дијагностика

www.neuromedica.com.mk


17

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

НЕВРОЛОШКИ КОМПЛИКАЦИИ ПРИ КОВИД 19, ДА ИЛИ НЕ!

ПИШУВА:

ПРОФ. Д-Р МИОДРАГ ВРЧАКОВСКИ,

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО НЕВРОРАДИОЛОГИЈА

Н

а почетокот од корона-пандемијата се мислеше дека Ковид-19 не предизвикува невролошки проблеми, но моето сопствено искуство не одеше во прилог на тоа. Забележав дека бројот на невролошки случаи во Неуромедика расте и бев убеден дека Ковидот тука има замешано прсти. Се покажа дека моето сомневање е оправдано! Прелиминарните светски студии јасно покажуваат дека бројот на невролошки компликации при Ковид 19 постојано се зголемува. Тие се пред сѐ резултат на автоимуниот одговор на организмот на вирусната инвазија како и на коагулациските нарушувања и тромбоемболизмот. Со магнетна резонанција овие промени лесно се визуализираат уште во раните фази, што е пресудно за ефикасно лекување. Дијапазонот на невролошките манифестации при Ковид-19 се протега од енцефалопати со појава на делириуми и психози, (состојби што не даваат промени на МР), до мозочни воспаленија, енцефалити, особено акутен демиелинизирачки енцефало миелитис (АДЕМ). Воспалителни промени од Ковид-19 може да настанат и во ’рбетниот мозок и на периферните нерви. Еден мој случај со АДЕМ гледате на приложената фотографија. Се работи за дете на 9-годишна возраст со прележан Ковид кон крајот на минатата година, со подоцнежна главоболка и повраќање. Раното дијагностицирање и терапијата со кор-

тикостероиди може да придонесат во лекувањето. Важно е да се напомни дека не мора да има каква било клиничка и лабораториска потврда, се базира само на чувството и искуството на неврорадиологот што го врши прегледот… За тоа се неопходни 4 глави и 4 раце, како што впрочем покажува и самата фотографија, нели! Логично е дека при Ковид-19, како резултат на коагулациските нарушувања и тромбоемболизмот се зголемува и ризикот и бројот на мозочните инфаркти. Се работи за мозочен инфаркт (црвените стрел-

ки) кај млада пациентка на 31-годишна возраст со главоболка, чувство на лебдење и замаглен вид. Таа неколку недели живеела во ист стан со својот брат што имал типична симптоматологија за Ковид-19, потврдена и со тестирање. Како е можен мозочен инфаркт кај пациентка што нема никакви податоци за претходни заболувања и без каков било ризик-фактор? И овде Ковидот замешал прсти, убеден сум во тоа… Претпоставувам дека моите драги колеги Невролози забележуваат зголемен број мозочни инфаркти за време на пандемијата?… Зошто? Јас веќе ви го дадов мојот одговор. Neuromedica

PZUNeuromedica


18

ЗАКОНИ

НА МАЈКА-ПРИРОДА фундаментален еволуциски процес при кој на психофизичката обдареност од мајка-природа, со текот на времето личноста аквирира и инкорпорира воспитание, едукација, знаења, искуство, социјални, морални, етички и духовни норми, таа постепено матурира во милјето во кое постои, во средината на фамилијата и опкружувањето. Процес, кои во сите цивилизации траел, трае и ќе трае.

ПИШУВА:

ПРОФ. Д-Р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ,

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА И ЕПИЛЕПТОЛОГИЈА имбиозата на нашата психа и сома, го Секспресија чини нашето постоење, нашето огледало и на мисловниот дуктус и дејанија

во нашиот интерконтакт и интерперсонални односи, спрема надвор, тоа е нашата совест, интелектуален капацитет и ментален склоп,

Магнетна резонанца

www.neuromedica.com.mk

Тоа се насушните норми што ја формираат психо и цитоархитектурата на една личност, кои го креираат и формираат нејзиниот психопрофил, сиромашен или богат со знаења, со мнестички записи од кои се раѓаат златоусни и богати мисли, идеи и визионерство. Модерната психологија, сознанието за матурирана личност го надградува: во името на зрелост со социјална когниција (препознавање), која означува збир од ментални процеси што поддржуваат одредени наши социјални интеракции во нашиот интерконтакт кон другите, кон околината, реалноста и осмисленоста на нашите намери планови, желби, замисли, верувања, емоции емоции и дејанија. Капацитетот на социјалната когниција, во името на емоционалната интелигенција, нѐ води сите нас и управува со нашето социјално однесување, со адаптацијата, како многу значаен фактор во приемот, но и одговорот на нашите соодветни и реални, или несоодветни хистероидни и непромислени социјални интеракции. Денес невронуаката ја потврди архитектурата на нашиот психопрофил, со богатството на знаење што сме го запаметиле во нашите мемориски записи.


19

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Прашањето е кој ја оформува, осознава и инкорпорира менталната и емоционалната интелектуална зрелост на нашата личност? Има само еден одговор, книгата, која не едуцира и полни со богат резервоар на знаења. Богатите мемориски записи ни го евоцираат минатото и таa меморија нѐ насочува кон поуки. Знаењата ни ја проектираат и осмислуваат иднината, како реална надеж, која со ум, знаење и работа, треба да ја оствариме и овистиниме и конечно богатиот резервоар на знаења и искуство, нѐ учи и нѐ држи под контрола како да го живееме мигот. Најголемото слепило за една личност е ако книгата, како извор на мемориските записи не му е пријател и секојдневен сопатник. Таа го храни, го оживува, му го покажува правецот на неговото постоење, ги орнаментира и збогатува мемориските енграми и конечно му го осмислува и покажува начинот и правецот на креацијата, животот, односот со околината, знаењето, почитта, духовноста и постоењето. Меморираните знаења се изворот, фундаментот и светлината во животната филозофија на нашата секојдневна егзистенција. Тие се нашата секојдневна насушна храна, која ни го збогатува и умот и животот. Но, мајка-природа нѐ надарила, ама и поставила свој закономерности, во името на четири закони што се ткивно вткаени во нашиот живот, во нашето секојдневие, во нашето постоење и од тоа колку ги почитуваме и спроведуваме зависи квалитетот и должината на нашиот живот.

I II

Многубројни фактори таканаречени ризикфактори во нашиот живот, начин на исхрана, природа на работата, одмор, спортување, стресови, климатски услови, загаденост, умереност во секој однос, навики со прекумерна консумација на храна, алкохол, пушење, дрога, многубројни хронични, (притисок, дијабетес хиперлипидеија), акутни или хередитарни заболувања сите овие, да ги наречеме мултифактори на ризик, или ја продолжуваат или ја скратуваат апоптозата. Во овој контекст, факт е дека умереноста во секој однос и почитувањето на превентивни мерки има огромно влијание во продолжените години на живеење, а при тоа и квалитетен живот.

ПРВИОТ ЗАКОН НАРЕЧЕН (1) АПОПТОЗА, означува програмирано стареење и умирање на нашите клетки, временски различно долго на клетките на поедини органи. Уште со нашето раѓање, одбројувањето за стареење на клетките отпочнува. ВТОРИОТ ЗАКОН ГО НАРЕКУВАМЕ (2) ХОМЕОСТАЗА – биолошка рамнотежа на метаболичните процеси во нашиот организам, функционална хармонија што има директно влијание врз апоптозата (хармонија на психата и сомата). Всушност, хипоталамичната регија, како шеф на оркестарот, наречен организам, ги диригира, надгледува и командува метаболичните функции на сите органи, преку автономниот, симпатичен и парасимпатичен, дихотомен систем, познат и како систем за борба или за бегство. Овие два закона, всушност го одржуваат нашиот организам, поточно, нашата психа и сома, или во хармонија или во дисхармонија. Опасноста е секогаш присутна, доколку оваа дисхармонија биде нарушена од каков било фактор, особено од хронична, дегенеративна природа и други многубројни ризик фактори, кои водат кон пореметување на хомеостазата, скратување на апоптозата, пореметување на имунолошкиот систем на организмот и појава на редукција на мозочниот паренхим и губиток на мемориските записи. Neuromedica

PZUNeuromedica


20

III

IV V VI VII

ТРЕТИОТ ЗАКОН Е НАРЕЧЕН (3) МАТУРАЦИЈА – созревање на една личност во текот на животот. Сите ние се раѓаме со рационална-когнитивна интелигенција, тоа е инстиктивно нагонски дел, во кој спаѓа и ДЕСТРУКТИВНИОТ НАГОН... околу %10. Овој дел од личноста, во текот на животот мора и треба да го ставиме и држиме под контрола, особено деструктивниот нагон. Доколку не успееме во тоа во текот на животот ќе имаме многубројни девијации во нагонските пулзии, особено во деструктивниот нагон, кои се манифестираат со агресија, импулсивност, интолеранција, насилство, суета и инает. По нашето раѓање матурацијата како процес бара АКВИЗИЦИЈА – ИНКОРПОРИРАЊЕ, на ВОСПИТАНИЕ. Фундаментот на едно општество е домашното воспитание, хармонијата, или дисхармонијата дома е креатор на психопрофилот на секоја личност, ако се смеела мајката и детето ќе се смее цел живот, ако била намуртена и тој ќе биде таков. По блиската фамилија доаѓа, најблиската околина, другари, школо, учители, град, држава, уредување, материјална основа, сигурност во животот континент (екватор или северна земја) итн. Третиот, можеби, најважен параметар во матурацијата на една личност е ОБРАЗОВАНИЕТО – ЕДУКАЦИЈАТА, нивото на школата, професорите, тука се добива фундаментот на РЕЗЕРВОАР НА ЗНАЕЊА, БОГАТСТВОТО НА НАУЧЕНОТО, енграмите од познавања, кои или ја прават личноста многу богата или таа останува сиромашна и крајно примитивна. Богатството од стекнати знаења е огледалото на секоја личност кон надвор, во интерперсоналните односи, во мисловниот дуктус, во вокабуларот, во однесувањето, во размислувањето, во спремноста за разговор, во почитта, во интерконтактот, во разбирањето на соговорникот, во социјалната когниција, да ги препознаеш емоциите на соговорникот, тој да ги препознае твоите и односот да биде адекватен, плоден, интелектуален и со взаемно разбирање и договарање. ЧЕТВРТИОТ, ПЕТТИОТ, ШЕСТИОТ И СЕДМИОТ ПАРАМЕТАР во зреењето на еден психопрофил се филот на личноста: инкорпорација на МОРАЛНИ, ЕТИЧКИ, СОЦИЈАЛНИ И ДУХОВНИ НОРМИ. Со сите овие збогатувања една личност или ќе созрее, или ќе остане на маргините на примитивноста и сиромаштвото во знаења. И конечно четвртиот закон, го нарекуваме (4) закон на посилниот, мајка-природа вели: „Само големите птици летаат сами, малите во јато и големата риба ја јаде малата кога и да посака. Опстанокот треба да биде резултат на висока емоционална интелигенција, знаење и умеење, понемоќниот да може да опстане, да знае и да умее како да живее и преживее, оти овој закон на мајката природа знае да биде многу непредвидлив, немилосрден и опасен. Тврдоглавост и тврдокорност никогаш не се решение, потребен е ум, разум, знаење, разговор, толеранција и флексибилност со максимално разбирање, договарање и почитување.

Познавањето на овие закони на мајката природа е крајно важен момент во нашето постоење, бидејќи со нив ние ги формираме и градиме нашите КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ. При ова од особена важност е присутноста на два пламени јазика што горат постојано во животот околу нас: » СТРЕСОТ, КОЈ ГО НАПАЃА И НАРУШУВА ИНТЕГРИТЕТОТ НА НАШАТА ЛИЧНОСТ И » ДЕСТРУКТИВНИОТ НАГОН, КОЈ ПОСТОИ ВО НАС, А НИЕ НЕ СМЕ УСПЕАЛЕ ВО ТЕКОТ НА

ЖИВОТОТ ДА ГО СТАВИМЕ И ДРЖИМЕ ПОД КОНТРОЛА.

СТРЕСОТ: во истиот момент кога сме го примиле или претрпеле, кога ни е нанесен, активира три системи во нашиот организам и прави: » ХОРМОНАЛЕН ДИЗБАЛАНС » ДИЗБАЛАНС НА НЕУРОМОДУЛАТОРИТЕ (НОРАДРЕНАЛИН, СЕРОТОНИН, ДОПАМИН) И » ДИЗБАЛАНС НА НЕУРОМЕДИЈАТОРИТЕ (ГЛУТАМАТ-ЕКСЦИТАТОР, АКЦЕЛЕРАТОР И

ГАБА-ИНХИБИТОР, КОЧНИЧАР)

www.neuromedica.com.mk


21

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Пролонгираната, хронична стресна состојба секогаш по извесен период предизвикува ПСИХОСОМАТСКИ ЗАБОЛУВАЊА. Во нашиот секојдневен интерконтакт, постои спрега помеѓу: емотивниот мозок (лимбичен ситем- хипокамп, амигдала), кои ги креираат психоемотивните напливи и префронталниот лобус (нашиот рацио, кој ги контролира сите наши моторички дејанија и нашиот мисловен дуктус, вокабулар, боја на глас, и прави децизија на сите наши одговори, кои строго ги контролира, во зависност од тоа колку е матуриран). КАРАКТЕРНИ ОПАСНОСТИ во интерперсоналните односи :

1. ХИПЕРТРОФИЈА НА ЕГОТО (СО ДВЕ ТЕШКИ КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ ИНАЕТ И СУЕТА), кои сеат од личноста: злоба, омраза, завист, љубомора, деструкција, параноја, со таква личност нема разговор, таа знае ѐ и што било да кажете за нив е деструктивно, капитулантско, десператно и инфаустно. Во секојдневниот живот тие се главните креатори, и подгревачи, на најголемата опасност на иднината за секој од нас во ЕКОЛОГИЈАТА НА ДУХОТ – во НАШИТЕ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ, поточно проблемот на агресијата односно моќта на човековиот деструктивен инстинкт (нагон), од нас и врз нас самите. Како ја дефинира невронауката агресијата: Агресијата е интелектуална немоќ за справување со соговорникот, таа е знак на отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи. Во најширока смисла на зборот АГРЕСИЈА е начин на однесување, начин на размислување и дејствување со силен непријателски набој кон соговорникот, секогаш ДЕСТРУКТИВНО. 2. МАЛИГНА НАРЦИСОИДНОСТ – означува човечки деструктивни нагони, извршување на задоволство од суета, егоистичен восхит на сопствените физички или ментални атрибути, кои се експримираат со арогантност и гордост. Таквата личност живее за конфликти и се храни со конфликти. Конфликтуозните состојби што ги креира самата и режира, се нејзина насушна и душевна храна. Особините на нарцисоидната личност се именуваат со гордост и тврдоглавост, интолерантност, заробеност во егото, заробеност на умот. Никогаш не покажуваат желба и склоност за разбирање во интерперсоналните односи, за меѓусебно договарање, за почит, за емпатија. Малигно нарцисоидната личност никогаш нема чувство за вина, туку обратно во секоја конфликтна ситуација, таа умее да ја обвини секогаш другата страна и МНОГУ СВИРЕПО СЕ ОДМАЗДУВА. Сепак, во секојдневното живеење многу позастрашувачка е ГРУПНАТА НАРЦИСОИДНОСТ, која создава еден многу опасен феномен на солидарност и кохезија на една одредена група или популација, „созреаната група“ e многу лесна за манипулација и злоупотреба, ништо не може да ја стопира, особено кога ќе се појави и градација, фанатичност и фанатизам, како еден од најкарактеристичните квалитети на групната нарцисоидност.

ПОУКА : Во нашето секојдневно постоење : УМОТ ЦАРУВА, А МОЌТА И СНАГАТА ТРУЛАТ, тоа е енграмот на енергијата на најмоќната промена низ цивилизациските психоемотивни и интелектуални основи и смислата на животот: да живееш и да постоиш значи да учиш, да работиш, да твориш, да креираш, да создаваш, да умееш, да почитуваш, да те краси емпатија, флексибилност и толерантност, значи да имаш изграден свој психопрофил со богат резервоар на знаења и инкорпорирани норми во совеста на сопственото его.

Neuromedica

PZUNeuromedica


22

ОСТЕОПОРОЗА ШТО Е ТОА, КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА И ТРЕТИРА

ПИШУВА:

ПРОФ.Д-Р ЃОРЃИ ЗАФИРОСКИ, СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОРТОПЕДСКА ХИРУРГИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА

О

стеопорозата е болест на коските што доведува до слаби и кршливи коски до тој степен што со едно обично паѓање или слаб стрес како што е наведнување, седнување, кашлање, кивање или завртување може да доведе до кршење на коска. Скршениците што се должат на остеопороза настануваат во предел на колкот, пршлените и рачниот зглоб, но секоја коска може да биде скршена. Белата раса и азиските жени, особено постари жени што се во менопауза се во поголем ризик. Дефиницијата за остеопороза според СЗО гласи: намалување на густината на коскената маса на единица волумен за – 2,5 ст. девијации под здрава нормална коска на 30-годишна г. возраст со што доаѓа до нарушување на архитектониката на коската и склоност кон фрактури. Коската е живо ткиво – жив орган што постојано се менува се гради и се разградува. Остеопороза се појавува кога се намалува создавањето нова коска, а разградувањето на старата коска се зголемува. Важност: Остеопорозата претставува голем глобален здравствен проблем во светот. Од остеопороза боледуваат милиони луѓе. Се претпоставува дека во иднина ќе има значи-

www.neuromedica.com.mk

телно поголем број лица со остеопороза бидејќи популацијата со стари лица се зголемува поради продолжување на векот на живеење, а исхраната и стилот на живеење сѐ повеќе одат во прилог на развивање на остеопороза. Пациентите со тешка форма на остеопороза и компликации од неа се неподвижни со неиздржливи болки. Кај остеопорозата нема типични симптоми во раната фаза на болеста, затоа се вика тивка епидемија. Еднаш кога ќе ослабат коските може да има симптоми и знаци што вклучуваат болки во грбот, слабината или вратот, причинети од скршеници или колапс на пршленските тела. Тие болки понекогаш се драматични и тешко се смируваат со какви било средства против болка. Втор знак е загуба и намалување на висината на телото. Трет знак е нарушен изглед на пациентот – промена на ставата. Четврт знак е кршење на коските, кое настанува и од минимална траума.


23

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Причини за остеопороза – коските се во постојана обнова. Нова коска се создава, а старата се разградува. Кога сме млади новата коска побрзо се создава за разлика од старата што се разградува. Старата коска и коскената маса се зголемуваат и достигнува врв на 20 до 35-годишна возраст. Кога стареат луѓето, коскената маса се губи побрзо одошто се создава. Кога и колку ќе се развие остеопороза делумно зависи колку коскена маса сме направиле во младоста. Поголем пик на коскена маса значи имаме повеќе коска во банка и помали шанси имаме за остеопороза со стареењето. Доколку сте белец или азијат имате поголеми шанси за остеопороза. Фамилијарна историја – доколку родителите имале остеопороза или близнак со остеопороза и другите деца имаат шанси за остеопороза. Телесна тежина – лица со помала телесна тежина од 60 кг и со тенка става се со висок ризик за остеопороза.

гастричен рефлукс, хемотерапија кај канцер, реуматоид артритис, ДМ, трансплантирани болни, животен стил – седечки навики, зголемена употреба на алкохол и пушење, кафе. КОМПЛИКАЦИИ Кршење на коските на рбетот и колкот се најсериозните компликации од остеопороза. Се работи за постари личности со многубројни други заболувања срцева слабост, анемичност, воспаление на бели дробови, ДМ, ХТА. Фрактурата претставува голем ризик за животот бидејќи 20% од пациентите умираат во текот на годината кога настанува фрактурата. Се работи за силни неиздржливи болки. Ваквите болни често имаат и контраиндикации за операции за среќа во нашата установа поради карактерот на болницата ние ги оперираме со голем успех. Голем број од овие болни остануваат и инвалиди.

Хормонско ниво: остеопорозата се јавува кај лица што имаат малку или многу од одредени хормони. Тука се кортикостероидните хормони, ДМ. Тироидни и паратиреоидни хормони како и естрогените и тестостеронот. Ризик-фактори – многубројни фактори може да го зголемат ризикот од остеопороза, а тоа се возраст, раса, стил на живеење, заболувања и лекарства. Ризик-фактори надвор од нашата контрола: пол: жените многу почесто заболуваат од остеопороза од мажите и тоа 4-5 пати почесто и возраст – колку сме постари толку е поголем ризикот од остеопороза. Диетални фактори: низок внес на калциум, заболувања на ГИТ, гит - ХИРУРГИЈА, низок внес на витамин Д, користење лекови, стероиди и др. лекарства – долготрајна употреба на кортикостероидни лекови повеќе од 3 месеци, бидејќи го нарушуваат процесот на коскено обновување, лекови за епилепсија,

DEXA SCAN дијагностика

Neuromedica

PZUNeuromedica


24

ТЕСТОВИ И ДИЈАГНОЗА НА ОСТЕОПОРОЗАТА Густината на коскената маса може да се мери со машина што користи низок степен на рендгенски зраци за да се одреди густината на коскената маса. За време на овој безболен тест што трае 5 до 10 минути пациентот лежи на маса, а скенерот поминува над телото и ги мери региите во слабинскиот дел, колковите и рачниот зглоб. ГКМ се одредува компјутерски и тоа се одредува Т-скор во ст. девијации. Овој тест се вика ДЕКСА – Дензитометрија. Златниот стандард за откривање остеопороза е дензитометрија. Овој тест е признаен и препорачан од Светската здравствена организација. Дензитометријата го проценува количеството минерална материја на квадратен сантиметар коскено ткиво и на тој начин ја цени издржливоста на скелетот, односно неговата цврстина. Овој метод е единствен поради својата прецизност, што покрај дијагноза, овозможува и прецизно следење на резултатите од лекувањето. Информациите од дензитометријата се единствен прецизен параметар во менаџирањето на остеопорозата. Во Неуромедика го имаме еден од најдобрите холоџик апарати за дензитометрија Стратос. ЛЕКУВАЊЕ Препораките за лекување се базираат врз основа на пресметаниот ризик од кршење на коските во следните 10 години. Ако не е голем ризикот нема да бидат вклучени лекови, туку се фокусираме на животен стил. Најчесто се препишуваат бисофосфонати: алендронатфосамакс, ризедронат актонел, ибандронатбонвива и золендронична к. рекласт. Хормонска

www.neuromedica.com.mk

терапија: ралохифен – СЕРМ и тестостерон, други лекови за остеопороза, деносумаб (пролиа), терапептиде фортеа, радиоактивен СТ, стем клетки и фетална коскена срцевина. Животен стил и превенција: не пушете, не пијте алкохол, превенирајте паѓања, користете здрава вода, здрава храна и чист воздух. Внес на калциум 1000-1200 мг – млеко и млечни обезмастени производи, зеленчук, риби, лосос, сардини, соја, грав, кромид, лук, зелка, карфиол, магдонос, овошје, сок од портокал, внес на Двитамин, јајце, џигер, риби – 600-800 ЈЕ и до 4000 ЈЕ е безбедна доза. Вежби во младоста, но и во текот на целиот живот, пешачење, џогирање, трчање, скокање, скијање, јога, пилатес, фитнес. ПРЕПОРАКИ ОД СЗО:

• Декса е златен стандард за мерење на ГКМ;

• БМД-скрининг треба да почне на 65-годишна возраст кај сите жени; • Доколку има ризик-фактори по 50-годишна возраст доколку има фрактура и порано; • ФРАК секоја година, dexa scan секоја втора година; • Следење на успешноста од лекувањето. Добра вест е што остеопорозата може да се превенира и може да се лекува. Најдобро е да не дојде до првата фрактура бидејќи по неа, обично, доаѓа и до други фрактури. Никогаш не е доцна да се почне со превенција и лекување од остеопороза. Превенцијата инволвира неколку аспекти: нутриција, вежби, животен стил и ран скрининг.


25

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

БЛАГОДАРНИЦА ЗА Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ ОД МАНАСТИРОТ СВ.ЈОВАН БИГОРСКИ Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Дебарско – кичевската епархија, Бигорскиот Манастир Свети Јован Крстител, му додели благодарница на Д-р Емил Угриновски, генералниот менаџер на болницата Неуромедика за континуирана помош на Манастирот Св. Јован Бигорски и Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица.

Во просториите на болницата Неуромедика за време на посетата од страна на Архимандит Партениј заедно монахињите од Рајчица

Фотогрaфијата е преземена од веб сајтот на манастирот Св.Јован Бигорски www.bigorski.org.mk

Благодарница

Болница Неуромедика

Neuromedica

PZUNeuromedica


26

На 13 јануари, традиционално како и секоја година, во просториите на болницата Неуромедика се одбележа празникот Свети Василиј или познат меѓу луѓето како Василица. Како што налагаат обичаите, се подели пита со паричка од која секој добива по едно парче. Верувањето е дека тој што ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет цела година. Овојпат паричката се „падна“ кај куќата – нека носи среќа цела година.

www.neuromedica.com.mk


27

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ДИЈАБЕТЕС КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ОВАА БОЛЕСТ СИМПТОМИ НА ДИЈАБЕТЕС

ТЕКСТ НА

Д-Р ЖАРКО ЈАНКОВСКИ, СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА И КАРДИОЛОГИЈА

С

поред Меѓународната федерација за дијабетес, околу 460 милиони возрасни имаат дијабетес. Се очекува до 2045 година, овој број да достигне до 700 милиони или 10% од светското население. Во 2019 година, бројката на луѓе со дијабетес 2 во најголем дел од земјите во светот се зголемила. Еден од пет луѓе над 65-годишна возраст имаат дијабетес. Повеќе од 1,1 милиони деца живеат со дијабетес тип 1.

На почетокот, симптомите тешко може да се препознаат. Некогаш е потребно да поминат 4 до 5 години пред да бидат забележани, причина поради која тој период од 4 до 5 години се води како преддијабетесна состојба. Кога ќе се јават првите симптоми, како што е зголемената жед, тие пијат постојано вода, многу повеќе од претходно, на второ место мократ многу повеќе и на трето место јадат многу повеќе од претходно. Ова се ударните симптоми, а потоа се јавуваат и други, во подоцнежните фази. Значи трите фази се полифагија, полидипсија и полиурија. Најчесто се открива преку анализа на крвта, се мери нивото на шеќерот во крвта, колкава е гликемијата. Станува збор за обична анализа на крвта. Ако нивото на шеќерот е над 7,5 на празен желудник, во тој случај може да кажеме дека пациентот има дијабетес. Доколку не сме сигурни може да направи тромесечен просек и да се види.

Neuromedica

PZUNeuromedica


28

се лачи повеќе инсулин, односно нивото на инсулин во крвта е зголемено. КАДЕ ЛЕЖИ ПРОБЛЕМОТ?

Доколку просекот е над 6,2 до 6,6, може со сигурност да кажеме дека пациентот се соочува со дијабетес мелитус. Би сакал да нагласам дека има два типа дијабетес: тип 1 и тип 2. Тип 1 се добива во младите години и тој не е наследен, за разлика од тип 2, кој е наследен. Доколку пациентот има родители каде што едниот од нив има дијабетес, мора да очекува дека постои можноста дека еден ден може да ја добие болеста. Целиот процес може да се одложи доколку се држи диета, се внесуваат помалку јаглехидрати, тука не се мисли само на бел шеќер, туку и на тестенини и слични производи. Исто така, голема улога игра и физичката активност бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта. Освен генетиката и стилот на живот, дебелината е една од причините за појава на дијабетес. Кај пациентите со зголемена телесна тежина, има еден метаболичен синдром, кај нив

Во ова време на дигитализација, сѐ повеќе луѓе имаат сѐ помалку физичка активност. Повеќе време се поминува пред компјутер, телевизија и телефон. Се помалку луѓе можете да забележите дека спортуваат надвор, помалку се користи велосипед за превозно средство до работа или, пак, пеш, а сѐ повеќе се употребува автомобилот. Затоа, во просек, имаме и поголема дебелина кај населението. Зголеменото ниво на шеќер во крвта, а не се третира, ги оштетува како крупните крвни садови – срцето, периферија, каротидите, така и ситните крвни садови. Може да дојде до затнување на крвните садови и да се случат непосакувани ефекти како инфаркт, на пример. Што се однесува до ситните крвни садови, може да ги оштети оние што се во бубрезите, очите, нервите. ИНСУЛИНСКА ТЕРАПИЈА Инсулинската терапија може да се одложи извесен период, но не долгорочно. Сѐ зависи од начинот на живот, на исхрана, физичка активност. Ова се однесува откако ќе се дијагностицира покачено ниво на шеќер во крвта. Од една до една и пол година да се одложи, но не повеќе, по овој период, сепак, ќе мора да се почне со терапија. GOLDEN RATIO IN PRP KIT

Class IIb

DERMATOLOGY AESTHETIC PLASTIC SURGERY ГЕНЕРАЛЕН ЗАСТАПНИК ЗА РЕГИОНОТ

www.neuromedica.com.mk

ORAL AND MAXILLOFACIAL SURGERY

ORTHOPEDICS AND SPORTS MEDICINE

Благоја Давков бр.18, лок.1 и 2, 1000 Скопје

www. tlabprpkit .com

OPHTALMOLOGY

+389 23 22 59 09 +389 72 22 62 92 +389 71 23 28 02

VETERINARY

lnt_diagnostic@yahoo.com lnt.diagnostic@yahoo.com


29

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р. МЕД. СЦИ. АЛЕКСАНДАР П.КАРАЃОЗОВ,

ОПШТ И ДИГЕСТИВЕН ХИРУРГ ВО НЕУРОМЕДИКА

ПРОФ. Д-Р МЕД. СЦИ. АЛЕКСАНДАР П. КАРАЃОЗОВ, ОПШТ И ДИГЕСТИВЕН ХИРУРГ Проф. д-р Мед. Сци. Александар П. Караѓозов, општ и дигестивен хирург е дел од медицинскиот тим на специјалисти во болницата Неуромедика. Почнал да студира медицина во 1971 година, иако првата определба не му е медицината, која е дел од семејната традиција. Но животот ги реди коцките како што треба и не само што студирал медицина, туку и специјализирал во областа на абдоминална, дигестивна хирургија. За неговиот животен и кариерен пат, како и за професионалниот ангажман во Неуромедика, прочитајте повеќе од интервјуто во продолжение. Д-Р КАРАЃОЗОВ, КАКО ЗАПОЧНА ВАШАТА КАРИЕРА?

клавир и еден абдоминален хирург – јас, кој некако се тргна од музиката. Матурската тема ми беше физика „Електромагнетни бранови и примена“, која беше прогласена за една од најдобрите матурски теми. Во тој период, мојот татко беше болен. Кога ја земав темата јас му реков дека сакам да студирам на Електротехнички факултет за високи и ниски струи во Загреб. Татко ми не направи никаков приговор, напротив, иако беше мошне возрасен имаше големо разбирање, сметаше дека е некое ново време. Татко ми почина знаејќи дека ќе се запишам на Електротехнички факултет во Загреб. Како награда за матурата, имавме резервирано чартер летови до Лондон, сакавме да ја видиме Англија. Но се случи една перипетија што го измени текот на настаните и јас морав да се вратам во Македонија. Кога се вратив, запознав нов другар, кој рече дека сака да се запише на медицина. Ме замоли да му помогнам да го подготви приемниот испит по физика и хемија, за 15 дена за да положи. Откако му помогнав, останаа уште 20 дена до приемниот. Другарот што требаше да студира

Јас моите млади, средношколски денови ги поминав со намера да станам експерт за високи и ниски струи, физиката и хемијата ми беа силни страни и ги сакав тие предмети. Истовремено, бев дел од првиот музички состав на Гаро Тавитијан, иако сметам дека не сум многу музички образован. Интересно е што од тој прв состав, двајца излегоа професионални музичари, еден неврохирург, Кире Лозанче, кој и ден-денес свири на

Оперативен оддел

Neuromedica

PZUNeuromedica


30

со мене во Загреб се откажа, татко ми почина, јас требаше да ја делам пензијата со сестра ми, која беше недоволна за трошоците на двајцата за Македонија, а не, пак, за Хрватска. Се најдов на животна раскрсница и решив да продолжам на медицина. Влегов 46-ти на список. КОЈ БИЛ ИЛИ СЀ УШТЕ Е ВАШИОТ ПРЕДИЗВИК ВО РАБОТАТА? Мојот најголем предизвик во работата? Би рекол дека се повеќе. Прво во делот на колопроктологијата кога ја воведував системската лимфаденектомија, како и лимфаденектомијата кај операциите на малигните заболувања на желудникот. Потоа воведувањето ТМЕ (тотална месоректална ексцизија). Изведувањето екстремно гранични операции од областа на презервирачките операции на аналниот сфинктер, кои нескромно ќе кажам дека не ги прави секој хируршки центар во поранешната Југославија. Воведов реконструктивни операции кај фекалната анална инконтиненција FAI, што на жалост моите колеги низ цела Македонија не се нафатија да ја воведат во практика, иако се трудев да оставам подготвен тим. Потоа воведувањето црнодробни ресекции како рутински операции поради техники што овозможуваат минимално преоперативно крвавење. Воведувањето автентичен македонски алгоритам во дијагностиката и третманот кај затворените односно тапите абдоминални повреди, воведувањето маркери во дијагностиката на ендокринолошки тумори. Ja воведов како рутинска дијагностика на ИАХ, односно Compartement Sy. Во абдоминалната празнина, со поставување Дг методи, индикации за оперативен третман. Организација, односно формирање тим за трансплантација на црн дроб, кој се доведе до фаза на започнување во соработка со болницата Меркур од Загреб каде што требаше да се доврши

www.neuromedica.com.mk

обуката на хируршкиот тим за 2-3 месеци, но за жал проектот не беше реализиран. ВО НЕУРОМЕДИКА СТЕ ОД НЕОДАМНА. КАКО ВИ ИЗГЛЕДА ЕДЕН ДЕН? Се погодив токму во најголемата криза поради корона-вирусот, што не само кај нас туку и во целото здравство го редуцира опсегот на работењето. Сепак, процесот тече и се изведуваат операции и хируршки прегледи. Да се надеваме за побрза стабилизација на состојбата. СО КАКВИ СЛУЧАИ СЕ СООЧУВАТЕ СЕКОЈДНЕВНО ВО НЕУРОМЕДИКА? Хируршки прегледи се извршуваат од разнолика патологија, а јас најчесто се занимавам со заболувања од областа на абдоминалната хирургија. Лично сум изненаден што доаѓаат случаи за консултации што се дијагностицирани, лекувани, оперирани во други јавни и приватни здравствени организации, поради второ мислење (second opinion). Но ние стоиме на располагање, не само јас туку и целиот медицински професионален тим, имаме одлична меѓусебна соработка, бидејќи пациентот е секогаш на прво место.


31

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ШТО Е ГАСТРОСКОПИЈА СИМПТОМИ, ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИ И ИЗВЕДБА НА МЕТОДАТА

ПИШУВА:

ПРИМ.Д-Р ЛИЛЈАНА МИЛОШЕВСКА, СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА И СУПСПЕЦИЈАЛИСТ ПО ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Гастроскопијата е често изведувана процедура со која се овозможува директна визуализација на внатрешноста на гастро-интеститналниот тракт (хранопроводник, желудник и дванаесетпалачно црево). Гастроскопијата се изведува со помош на гастроскоп, кој е флексибилен, свитлив инструмент. Денешните гастроскопи ги пренесуваат сликите електронски, додека постарите типови гастроскопи ги пренесуваат сликите со помош на фибер-оптички систем.

Гастроскопијата е иницијална процедура за потврдување на рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на чир на желудникот и дуоденумот, но и за откривање карцином на желудник и хранопроводот. Гастроскопот е во форма на цевка, со должина од околу 100 cm, а со дијаметар од 9 mm. Во внатрешноста на гастроскопот се наоѓа оптичкиот систем и работниот канал, преку кој по потреба се зема биопсија или се запира крвавење во хранопроводот или желудникот. На врвот се наоѓа камера и светло со што се овозможува директна визуализација на слузницата на хранопроводникот, желудникот и дванаесетпалачното црево. КОИ СЕ ИНДИКАЦИИ ЗА ГАСТРОСКОПИЈА? Состојби што може да се потврдат или исклучат со гастроскопија се: езофагитис (воспаление на хранопроводникот). Се гледаат делови на слузницата од хранопроводникот со црвенило, ранички и слично, чир на желудникот или дванаесетпалачно црево, улкусот изгледа како мал дефект на слузницата, дуоденитис и гастритис (воспаление на дуоденумот и стомакот), рак на желудникот и хранопроводот и разни други ретки состојби и траат подолго време, треба да се консултира лекар и да се направи гастроскопија за да се исклучат потешки заболувања, а потоа да се премине кон терапија. Предвреме дадената терапија може да прекрие многу тешки болести, на пример рак на желудникот, па да биде доцна за третман. Инаку, може со успех да се третираат ако се откриени навреме. Доколку, пак, има црна столица или „Melaena“, повраќање крв, тоа е индикација за ургентна гастроскопија. Neuromedica

PZUNeuromedica


32

КОНТРАИНДИКАЦИИ » Акутен инфаркт на срцето; » Хипоксемија (намалување на концентра» »

» »

цијата на кислород во крвта); Низок крвен притисок и шок; Масивно крвавење од горниот дигестивен тракт, при што ова испитување само го одзема драгоценото време; Неконтролирана хипертензија; Немање соработка од страна на пациентот.

ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИТЕ На пациентите им се објаснува текот на испитувањето, можните ризици и компликации. Осум часа пред испитувањето не смее да се консумира храна. Лековите што ги зема пациентот редовно, може да ги испие со малку вода. Само лековите што го спречуваат приказот на површината на дигестивните органи, како што се антацидите, треба да се прекинат пред испитувањето. Ако се планира во текот на испитувањето да се направи биопсија, треба да се прекине земањето анелгетици и нестероидни и антифламаторни лекови барем 5 дена претходно. ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗА ВРЕМЕ НА ГАСТРОСКОПИЈАТА? Гастроскопијата е рутински тест, кој често се изведува и обично се прави амбулаторно, без потреба за некои посебни подготовки или хоспитализација. Може да се даде локален анестетик во задниот дел на грлото да се намали рефлексот за гадење и/или да се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот (не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускулна или интравенска инјекција пред процедурата. Потоа во устата се става еден пластичен додаток во вид на цуцла низ која ќе се протне гастроскоп и служи за заштита на забите и спречува да дојде со оштетување на гастроскопот во случај на рефлексно прегризување. www.neuromedica.com.mk

КОМПЛИКАЦИИ Гастроскопијата и покрај тоа што е непријатна за пациентите, сепак, е многу безбедна. Компликации најчесто се јавуваат при интервентни процедури како дилатација (проширување) на структури (стеснувања) на хранопроводот, отстранување полипи и слично. Компликации најчесто се јавуваат: перфорација (пробивање, пробушување) на ѕидот на хранопроводот, желудникот или доденумот, инфекција на вратот, градите или стомачната празнина по перфорација на некој од органите за варење, крвавење – доколку се оштетат крвните садови, но најчесто по отстранување полипи, белодробни инфекции како резултат на повраќање или аспирација (вдишување) за време на процедура. Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од компликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација, хируршка операција, хранење преку инфузија или трансфузија на крв. Иако може да дојде и до смртен исход од компликации при дилатација на езофагус (проширување на хранопровод), сепак, тоа е екстремно ретко. БИОПСИЈА ПРИ ГАСТРОСКОПИЈА Доколку при гастроскопија се види сомнителна промена на слузницата на желудникот, може да се земе парче од таа промена (биопсија) и да се испрати на патохистолошки преглед. Доколку е


ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

33

земена биопсија, резултатите треба да се почекаат. Ако пациентот примил седатив пред интервенцијата, се препорачува да вози автомобил и да има придружба до дома. Повеќето гастроскопии поминуваат без никаков проблем. Некои несакани ефекти што се јавуваат многу ретко се инфаркт и перфорација на органите <0,1%. ДАЛИ ГАСТРОСКОПИЈАТА Е СИГУРЕН МЕТОД? Гастроскопијата претставува златен стандард за откривање абнормалности во горниот дел од гастро-интестиналниот систем и не постои подобар метод што би ја заменила. Многу е посигурна и поверодостојна од постарите методи како рендген со контраст, особено по откривањето на промените во раните, почетни стадиуми. Понекогаш кога не поминуваат симптомите, се повторуваат или зголемуваат и покрај терапијата, се препорачува повторување на гастроскопијата.

Neuromedica

PZUNeuromedica


34

ШТО ПРЕТСТАВУВА ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА?

Пишува:

етиолошкиот причинител е познат. Станува збор за процеси кои се случуваат на ниво на централниот нервен систем и кои вршат притисок на дел од патот на тригеминалниот нерв, како што се заболувања на крвните садови на мозокот, најчесто аневризми или артериовенски малформации, демиелинизирачки плаки кај мултипла склероза, или тумори во задната мозочна јама (менингеоми ).

Д-Р МАРИЈА МИЛАНОВСКА, СПЕЦИЈАЛИСТ ПО НЕВРОЛОГИЈА Тригеминалната невралгија претставува акутно настаната најчесто еднострана лицева болка, која го инволвира петтиот кранијален нерв ( н. тригеминус ). Болките се јавуват и исчезнуваат нагло. Тие се многу специфични, се појавуваат во епизоди односно пароксизми, слични се на струјен удар, многу се интензивни, траат од неколку секунди до неколку минути а се провоцирани од активности во кои се ангажирани лицевите мускули, како што се зборување, голтање, џвакање, миење лице и заби, шминкање. Во текот на нападот на болка, лицевата мускулатура на зафатената страна се наоѓа во болен, спазмодичен грч. Во периодот помеѓу нападите индивидуата не чувствува болка. Пропратен феномен на тригеминалната невралгија е алодинијата, кој се карактеризира со појава на интензивна болка во засегната страна на лицето и при најмала дразба (на пример струење на воздух или ветар ). КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА ТРИГЕМИНАЛНА НЕВРАЛГИЈА? Во најголем број од случаите, причините за појава на тригеминална невралгија остануваат непознати, кога станува збор за т.н идиопатска тригеминална невралгија. Од друга страна, кај симптоматските тригеминални невралгии, www.neuromedica.com.mk

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА? Дијагнозата на тригеминалната невралгија се поставува клинички. Не постои специфична дијаностичка метода врз основа на која се поставува дијагноза на тригеминална невралгија, барем кога станува збор за идиопатската форма. Најчесто, добро земената анамнеза ќе не упати кон вистинската дијагноза, посебно заради фактот дека на ниту едно друго место не се сретнува болка која наликува на болката кај тригеминална невралгија. Кога станува збор за симптоматска тригеминална невралгија, невроимиџинг методите од типот на магнетна резонанца и компјутерска томографија на мозокот се од големо значење,


35

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

затоа што со нив се дететктира етиолошкиот причинител кој довел до појава на невралгијата. СО КОИ ДРУГИ СОСТОЈБИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ЗАМЕНИМЕ ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА?

се обезбедува обезболување за извесен временски период. Самата метода е ефикасна во намалување на болката, но носи со себе ризик од можно трајно оштетување на моторните и сензитивните функции на нервот.

Болката кај тригеминална невралгија не смее да се замени со кластер главоболка, синузитис, процеси кои го зафаќаат темпоро-мандибуларниот зглоб, како и патолошки процеси на устата и забалото. Добро поставената дијагноза е од голема важност, затоа што ќе ја поштеди индивидуата од непотребна екстракција на заби, која често се случува при поставување на дијагноза на тригеминална невралгија. КАКО СЕ ЛЕКУВА ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА? Невропатската болка речиси и да не реагира на терапија со конвенционални аналгетици и нестероидни антиинфламаторни лекови. Затоа класичната аналгетска терапија не дава добар тераписки одговор. Од друга страна лекови кои примарно се користат во терапија на епилепсија т.е антиконвулзиви даваат одлични тераписки резултати кај тригеминалната невралгија. Најчесто користени лекови од оваа група се Карбамазепин и Окскарбазепин, од постарите, односно Габапентин од поновите антиепилептици. Кај симптоматските форми на тригеминална невралгија, индициран е хируршки третман. Најчесто, со посредство на неврохирургија се отстранува етилошкиот причинител на невралгијата ( тумор, аневризма ) со што се врши декомпресија, односно нервот се ослободува од притисокот. Кај дел од случаите се прави т.н ризотомија односно засекување на коренот на нервот, со помош на што

CAUSE YOUR OFFICE DESERVES IT

Снабдување на 1800 компании 5000 Производи

За 24h достава до башето работно место Увозници на 30 брендови Најниски цени за да заштедите од вашиот буџет www.donika.com Neuromedica

PZUNeuromedica


36

„НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ СЕ НАШАТА НАЈЈАКА СТРАНА“ Е ЕДНО ОД ГЛАВНИТЕ НАЧЕЛА НА КОМПАНИЈАТА КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ

РЕДОВНИТЕ СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ СЕ ОД КРУЦИЈАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СЕКОЈА КОМПАНИЈА. КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ Е КОМПАНИЈА СО КОЈА ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ УСПЕШНО СОРАБОТУВАМЕ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НЕЈЗИНИТЕ ВРАБОТЕНИ. ВО ИМЕ НА ТОА И НА ИДНА УСПЕШНА СОРАБОТКА, ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАМЕ НИВНАТА ПРОФЕСИОНАЛНА МИСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола (понатаму: КШМК) скоро 9 години работи во индустриската зона „Жабени“ – Битола каде произведува кабелски снопови за реномираните брендови Mercedes (Sprinter и V-Class) и Audi (A4) како и успешно завршените проекти за BMW X1 и Mini Cooper. Во изминатите години, компанијата растеше и соодветно на тоа, постојано растеше и бројот на вработените. Во моментов КШМК има 5500 вработени. Согласно организационата структура, сите активности и одговорности се распределени во 7 оддели: Производство, Квалитет, Логистика, Индустриски Инжинеринг, Човечки Ресурси, Финансии и ИТ. Компанијата работи согласно најновите принципи на концептот за „Праволиниски Менаџмент“ (Lean Management), „Континуирано подобрување“, „Оперативна усовршеност“ во согласност со воспоставените стандарди за квалитет. Компанијата е успешно сертифицирана согласно стандардите ISO TS 16949 (IATF 16949: 2016 според последните измени) и ISO 14001 и ги поседува и сите други сертификати потребни за вршење дејност од автомобилската индустрија. „Нашите вработени се нашата најјака страна“ е едно од главните начела на компанијата посветена да им даде признание на сите членови на големиот тим, да ги поддржи, надгради и да придонесе секој да се чувствува како значаен дел од целината. Вреднувајќи ги сите кои се дел од КРОШУ – семејството, компанијата создава култура дека индивиуалниот инпут на секој вработен на работната позиција на која се наоѓа, на крај создава вредност за сите. Како еден од најголемите работодавачи во земјата, оваа компанија особено се истакнува со нејзината општествена одговорност при што во повеќе наврати има остварено донации во медицината и образованието од кои најактуелно беше опремувањето на лабораторијата за извршување на ковид тестови во склоп на Центарот за Јавно Здравје во Битола која е единствена од таков вид надвор од главниот град. Што се однесува до образованието, оваа година започна со практична настава првата генерација ученици кои минатата година за прв пат се запишаа на отсекот Техничар за Индустриска Мехатроника при Средното Општинско Техничко Училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола, а кои се дел од проектот за Дуално Образование кој го подржува оваа компанија. За крај и можеби најзначајна донација на која особено е горд тимот на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА е донацијата за градење на нова градинка на територијата на град Битола, која е планирано да се реализира партнерски и во соработка со општина Битола.“ www.neuromedica.com.mk


37

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ХИРУРШКИ ОДДЕЛ И УСЛУГИ Во рамките на болницата Неуромедика, функционира и хируршки оддел каде што се вршат операции од следните хируршки гранки: општа и абдоменална хирургија, урологија, ортопедија, трауматологија, пластична, реконструктивна и естетски хирургија како и болнички третман и нега по завршување оперативните зафати.

УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ ул. Георѓи Димитров 28/1-1, Реон 33 1000 Скопје, Македонија тел. +389(0)3112-312 /3176-040 факс +389(0)3176-041 unimedikalpst@yahoo.com www.unimedical.com.mk

Neuromedica

PZUNeuromedica



39

ПАРТНЕР НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Ɉ

Направете го најдобриот избор за Вашиот ɩɝ ɬɩɝɫɠɧɠɨ заслужен одмор во ексклузивно – луксузните ɣ ɛɭɫɛɥɭɣɝɠɨ апартмани во центарот на старата чаршија на ɩɜʂɠɥɭ ɥɛɭɠɞɩɫɣɢɣɫɛɨ охридската ривиера во

Вила Свети Ѓорѓи

ɬɩ ɭɫɣ Vɝɠɢɟɣ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɞɣ ɢɛɟɩɝɩɦɮɝɛ ɪɫɠɯɣɨɠɭɣɭɠ ɝɥɮɬɩɝɣ ɨɛ ɬɣɭɠ ɭɮɫɣɬɭɣ ɣɟɠɛɦɠɨ ɣɢɜɩɫ ɢɛ ɪɫɠɬɭɩʂ ɝɩ ɉɰɫɣɟ ɝɩ ɜɣɦɩ ɥɩɠ ɞɩɟɣɳɨɩ ɝɫɠɧɠ

Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ

Охрид

Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ ɣɧɛ ɲɠɭɣɫɣ ɭɣɪɛ ɨɛ ɦɮɥɬɮɢɨɩ ɩɪɫɠɧɠɨɣ ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɬɩ ɭɠɫɛɬɣ ɬɩ ɪɩɞɦɠɟ ɨɛ ɲɛɫɳɣʂɛɭɛ ɥɮʂɨɛ ɥɮɪɛɭɣɦɩ ʈɛɥɮɢɣ ɭɠɦɠɝɣɢɩɫ ɥɛɜɦɩɝɬɥɛ ɭɠɦɠɝɣɢɣʂɛ ɣɨɭɠɫɨɠɭ ɥɦɣɧɛɭɣɢɠɫ ɣ ɧɣɨɣ ɜɛɫ Ɉɛɳɛɭɛ ɱɠɦ ɠ Ƚɛɳɣɩɭ ɥɩɧɯɩɫ ɣ ɮɡɣɝɛʄɠ ɢɛ ɝɫɠɧɠ ɨɛ ɪɫɠɬɭɩʂɩɭ ɬɩ ɢɛɟɩɝɩɦɬɭɝɩ ɟɛ ɞɣ ɩɬɭɝɛɫɣɧɠ

Нов, современ и атрактивен објект категоризиран со три ѕвезди. Вила Свети Ѓорѓи ги задоволува префинетите ɰɫɣɟ ɉ вкусови на сите туристи, идеален ɜɫ ɲɠɝ ɨ ɣ ɫ ɇɛ избор за престој во Охрид ,во било кое годишно време. ɫɞɣɫ

Ɉɛɪɫɛɝɠɭɠ ɞɩ Ƚɛɳɣɩɭ Ул.Аргир Маринчев бр.2, 6000 Охрид ɨɛʂɟɩɜɛɫ ɣɢɜɩɫ ɢɛ ɝɛɳɣɩɭ

Резервации и информации на 070 336 161 ɢɛɬɦɮɡɠɨ ɩɟɧɩɫ ɝɩ ɠɥɬɥɦɮɢɣɝɨɩ ɦɮɥɬɮɢɨɣɭɠ ɛɪɛɫɭɧɛɨɣ ɝɩ ɱɠɨɭɛɫɩɭ ɨɛ ɬɭɛɫɛɭɛ ɲɛɫɳɣʂɛ ɨɛ www.vilasvetigorgi.mk ɉɰɫɣɟɬɥɛɭɛ ɫɣɝɣɠɫɛ ɝɩ Ƚɣɦɛ Ɍɝɠɭɣ ȯɩɫɽɣ Vilasvetigjorgi Vilasvetigjorgji

ɮɦ Ȼ L PN J U R ɦ J N ɍɠ HWL UJL P LODVY R Y J L W Z YH ZZ YLODV # W F D FRQW

www.exclusive.mk Neuromedica

PZUNeuromedica


40

www.neuromedica.com.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.