ПАРТНЕР
НА
ВАШЕТО
бр.6 • Октомври 2017 Бесплатен примерок
OТВОРЕНА НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА, НАЈСОВРЕМЕНА И НАЈМОДЕРНА ВО РЕГИОНОТ! ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА
магазин на:
2
СОДРЖИНА 4 | OТВОРЕНА НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА, НАЈСОВРЕМЕНА И НАЈМОДЕРНА ВО РЕГИОНОТ! ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА 6 | ПРВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН РАБОТЕН ДЕН НА НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА 8 | Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИ ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО ЛИЧНОСТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА 2017 ГОДИНА 10 | ГЕНСКА ТЕРАПИЈА ВО ОРТОПЕДСКАТА ХИРУРГИЈА 12 | АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА (OTITIS MEDIA ACUTA) - СТАТИЈА НА Д-Р МАРИНЕЛА МАЛИНОВА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОРЛ ВО НЕУРОМЕДИКА 14 | ЕНТРОПИОН – ПРИЧИНИ, КЛИНИЧКА СЛИКА И ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН - ПРИМ. ДР. ДОБРИЛА АНДОНОВСКА - СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА 16 | ГОНАРТРОЗА – ПРИЧИНИ, СИМПТОМИ И ЛЕКУВАЊЕ - СПЕЦ. Д-Р АТАНАС ВАСИЛЕВ – ФИЗИЈАТАР ВО НЕУРОМЕДИКА 18 | ШТО Е ТОА КАРЦИНОМ НА КОЖАТА? - СТАТИЈА НА СПЕЦ. Д-Р ЕМИЛИЈА ПАРЦАНОВА - ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГ ВО НЕУРОМЕДИКА 20 | НЕУРОМЕДИКА СТУБРЕНД 2017 22 | НЕОНАТАЛНА ХИПОГЛИКЕМИЈА 24 | ТЕНЗИОНИ ГЛАВОБОЛКИ
Издава: ПЗУ Неуромедика Уредник: М-р Никола Митревски Oрганизација: Портал Ексклузив – маркетинг агенција Стручни соработници: Спец. Д-р Емил Угриновски – Директор на Неуромедика Проф. Д-р Методи Чепреганов Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски Прим. Д-р Добрила Андоновска Спец. Д-р Емилија Парцанова Спец. Д-р Маринела Малинова Спец. Д-р Атанас Василев Спец. Д-р Јулија Рангеловиќ Д-р Томче Поповски Д-р Марија Јованоска Д-р Јулија Даниловска Саздова Лектор: Даница Караташова Христина Ѓорѓиевска Фотографија: Димитар Бабалков Дизајн: Европа92 - Кочани Александар Ѓорѓиев Печат: Европа92 - Кочани
26 | ЗАВИСНОСТ ОД ИНТЕРНЕТ-БОЛЕСТ НА НОВОТО ВРЕМЕ 28 | ДЕБЕЛИНАТА - MОДЕРНА ЕПИДЕМИЈА
ПАРТНЕР
30 | PRP МЕТОД (TЕРАПИЈА НА МУСКУЛО-СКЕЛЕТНИ ПРОБЛЕМИ СО PRP - ПЛАЗМА БОГАТА СО ТРОМБОЦИТИ) 34 | ДОКТОРИТЕ ОД ШТИП СОБРАНИ НА ЕДНО МЕСТО НЕУРОМЕДИКА НАПРАВИ СВЕТСКИ СИМПОЗИУМ
ВАШЕТО
бр.6 • Октомври 2017 Бесплатен примерок
32 | УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ – СИМПТОМИ, ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН
НА
OТВОРЕНА НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА, НАЈСОВРЕМЕНА И НАЈМОДЕРНА ВО РЕГИОНОТ! ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА
35 | НА СИМПОЗИУМОТ ВО БИТОЛА ОРГАНИЗИРАН ОД НЕУРОМЕДИКА ПРИСУСТВУВАА 240 ДОКТОРИ 36 | НЕУРОМЕДИКА МЕДИЦИНСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА SUPER CUP 2017 38 | НЕУРОМЕДИКА ОФИЦИЈАЛНА БОЛНИЦА И СПОНЗОР НА МАШКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
магазин на:
39 | СКОПСКИ МАРАТОН 2017
НЕУРОМЕДИКА Неуромедика Болница - Since 1992 Јордан Мијалков бр. 62,1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk
Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313 | Влае: 02/2 042-323 | Битола: 047/252-255 Тетово: 044/344-000 | Куманово: 031/414-033 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060
www.neuromedica.com.mk
Oтворена новата Неуромедика Болница, најсовремена и најмодерна во регионот! Инвестиција од 8 милиони евра
Пред 25 години се формираше тим од двај-
ца лекари и една медицинска сестра, означувајќи го стартот на првата приватна поликлиника во Македонија, Неуромедика. Од тогаш, Неуромедика постојано се развива и изгради бренд кој е синоним за врвна болница опремена со современи техничко-технолошки достигнувања од областа на медицината и со целосен тим од специјалисти и доктори. 25 годишното работење на Неуромедика на 28.06.2017г. свечено и јубилејно се одбележа и прослави со отворањето на новата Неуромедика Болница во центарот на Скопје. Болни-
4
цата ја освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Големиот јубилеј од 25 години Неуромедика го одбележа на високо ниво со над 1000 гости. Балканската ѕвезда Наташа Беквалац се погрижи за одличното расположение на присутните гости, а Директорот Д-р Емил Угриновски на гостите им се заблагодари за присуството на овој голем и значаен ден. Забавата беше украсена и со спектакуларен огномет. Новата Неуромедика Болница е чиста македонска инвестиција од 8 милиони евра, од кои 3 милиони евра се инвестирани во ме-
дицинска опрема, а остатокот е во градежни и инфраструктурни дејности. Инвестицијата во целост е на сопственикот и Директор Д-р Емил Угриновски. Новата Неуромедика Болница е на 8 нивоа на вкупно 3.500m² со: •
дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура: магнетна резонанца 1.5 Tesla , компјутерска томографија 64 slice, DXA скен, дигитален РТГ, ЕМГ, дигитален мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика
најсовремена дијагностика •
специјализиран центар за пластична хирургија и општа хирургија
•
специјализиран центар за орална хирургија
•
специјализиран центар за нехируршка естетска медицина на лице
•
стоматолошки центар
•
најсовремена биохемиска лабораторија
•
центар за болка составен од доктори специјалисти од повеќе области
•
23 специјалистички ординации
•
2 најсовремени хируршки сали
•
најсовремено опремени болнички апартмани
•
матични лекари општа пракса
•
центар за психијатрија и психологија
•
ургентен центар
•
•
специјалистичка и општа дневна болница
центар за гинекологија и комплетна дијагностика на болести кај жени
•
специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија
•
сантитетски транспорт на пациенти во земјава и странство
•
•
специјализиран центар за ортопедија и трауматологија
домашни посети од лекари специјалисти и општа пракса
•
работно време 24/7
•
специјализиран центар за неврологија со
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
5
Првиот официјален работен ден на новата Неуромедика Болница 27.06.2017г. беше првиот официјален работен ден на новата Неуромедика Болница. Од тој ден пациентите ги добиваат сите потребни прегледи и услуги во најсовремен медицински објект од здравствен аспект. Директорот Д-р Емил Угриновски
6
заедно со менаџерскиот тим ги пречекаа првите пациенти во новата Неуромедика болница и им доделија картички за лојалност, со кои пациентите стануваат дел од лојалната програма на Неуромедика со која ќе имаат голем број на поволности.
Картичките за лојалност се доделуваат на сите наши пациенти. Пациентите кои ги имаат картичките за лојалност на многу полесен начин се спроведуваат при здравствените прегледи бидејќи нивното досие е веќе дигитализирано и времето кое беше потребно за
нивно пребарување во архива е елиминирано. Друга важна придобивка од картичките е програмата за лојалност со која нашите пациенти ќе добиваат одредени попусти, награди, привилегии и бесплатни прегледи во нашите клиники.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
7
Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година по покана на Жан-Патрик КоГенералниот директор на “Неуроме- излагање нрад, Претседател на Европската Ака-
дика” Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа (SEE a Paris - SouthEast European Film Festival 2017). Реномираната манифестација се одржa од 31.05-03.06 во Париз во престижниот “Theatre Le Palace”. Организаторите на фестивалот ова признание на Д-р Емил Угриновски му го доделуваат за заслуги и достигнувања од областа на бизнисот, медицината и како особен придонес за европеизација на земјите од Југоисточна Европа. Во рамки на доделувањето Д-р Емил Угриновски беше почесен гостин на симпозиумот во склоп на фестивалот “Eвропеизација на Балканот и балканизација на Европа” каде имаше кратко 8
демија на науките, уметностите и книжевностите.
Д-р Емил Угриновски е најмлад добитник на оваа заслуга, а досегашни добитници на овие признанија се и Бранислав Мичуновиќ министер за култура на Црна Гора, актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски, бизнисмените Трифун Костовски, Силјан Мицевски и Живко Мукаетов. Покрај Д-р Емил Угриновски оваа година признанија добија Душан Макавејев од Србија за заслуга “Легенда на ЈИЕ” и Јон Карамитру од Романија со заслуга за “Актер на ЈИЕ”. Признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година му го доделија Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите и Јордан
Плевнеш, ректор на ЕСРА, член на Академија на науките, уметностите и книжевностите и поранешен амбасадор. За “Неуромедика” и Д-р Емил Угриновски ова е трето признание за една година, во октомври 2016 наградите “Најдобра болница” и “Менаџер на годината” од страна на “Europe business assembly” и награда “Stubrand 2017”, Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита и прва приватна болница сертифицирана како STUBRAND во Македонија. “Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите во Југоисточна Европа. Веќе 25 години со многу ентузијазам и енергичност посветен сум на унапредување на здравстевениот и бизнис секторите во мојата држава Македонија, а
нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот. Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелектуалци кои несомнено имаат значителен придонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширење на позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа. Признанието го добивам во вистинско време во најзначајната година на мојата бизнис кариера, кога славиме 25 години Неуромедика и отворање на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје кое е закажано на 28-ми јуни 2017.”, истакнува Д-р Емил Угриновски.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
9
ГЕНСКА ТЕРАПИЈА ВО ОРТОПЕДСКАТА ХИРУРГИЈА Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски-ортопедски хирург и трауматолог
Н
амерата на овој текст е да ги прикаже новините во генската терапија кај болните со мускулоскелетни повреди и заболувања. Генската терапија има голем потенцијал да го револуционизира лекувањето на разни мускулоскелетни заболувања и повреди. Во минатава деценија повеќе илјади пациенти се вклучени во клинички трајали за генска терапија. Генската терапија постана важна во модерната ортопедско клиничка пракса. Таа дава можност за потенцијална клиничка апликација во лекувањето на пациентите со мускулоскелетна патологија. Генската терапија на почетокот беше дефинирана да ги лекува генетските заболувања со воведување на нормални гени кај пациентот за да ги премостат ефектите од дефектните гени. Кога постои дефектен фибрилин ген кој резултира со Марфанов синдром, тој може да се премости со здрав ген и болеста ќе биде излечена. Првиот тераписки генски трајал почна во 1990 година со обид да се третираат пациенти со силна комбинирана имунодефициенција секундарна на аденозин деаминазна инсуфициенција. Зошто генската терапија е важна во ортопедијата. Важна е кај мускулоскелетните заболувања поради сознанијата на науката за протеините кои се неопходни за управување на процесите на раст, регенерација на ткивата како што се коскено, рскавично, мускулно и лигаментарно. Модерната технологија овозможува продукција на овие протеини (хумани рекомбинантни протеини), меѓутоа животот на овие протеини по инјектирањето или хируршкото вградување во телото е краток. Генскиот трансфер дава алтернативни методи за употреба на овие протеини до специфични ткива. Користење на рхБМП-2 (рекомбиниран хуман коскено морфоген протеин-2) чија доза може да се зголеми до милион пати се 10
користи за зараснување на коска и коскени дефекти). Со генска терапија може да се продуцира протеин во зглоб за да се спречи појава на артритис. Во практична употреба генската терапија е вклучена во трајал кај болни со реуматоид артритис. Генската терапија исто така е вклучена при дефекти на зглобната рскавица, повреда на менискуси, мускули, тетиви и лигаменти. Неколкуте познати растечки фактори како што се ЕГФ, ИГФ, ПДГФ имаат влијание во заздравувањето на овие ткива. Генската терапија се очекува да даде придонес во заболувањата на интервертебралниот диск, спиналната фузија, забавеното зараснување на коските, болестите на мускулите како што се прогресивната мускулна дистрофија, спиналната мускулна атрофија, амиотрофична латерална склероза, спортските повреди и мускулоскелетните тумори. Мускулоскелетното ткиво е многу подесно за генска терапија. Во изминатата декада продуцирани се бројни растечки фактори за заздравување на различни ткива од мускулоскелетниот систем. Тоа се специфични протеини кои се користени со успех во бројни клинички трајали. Генската терапија е алтернативен метод за синтеза на протеини во таргет ткива кои имаат потенцијал за зголемена синтеза на истите во подолг временски период. Генската терапија е ветувачко тераписко решение за третирање на разни заболувања на мускулоскелетниот систем. Во клиничката пракса генската терапија ќе може да се аплицира кај болни со реуматоид артритис во одредени фази на болеста, кај остеогенезис имперфекта (слаби коски), асептично разлабавување на ендопротези на зглобовите како што се на колкот, коленото, рамото, лакатниот зглоб, зглобовите на шаките и стопалата како и други зглобови. Остеопорозата, обновување на ткивото кај
коска, рскавица, мускул, лигаменти, тетиви или нивно побрзо заздравување. Спинална фузија, неуролошки и мускулни заболувања како што е прогресивната мускулна дистрофија или спиналната мускулна атрофија или амиотрофија латералис. Болестите на интервертебралните дискуси и секако агресивните и малигните мускулоскелетни тумори. Во основа генската терапија е едноставна. Но иако хуманиот геном проект е комплетиран во Април 2003 година, а ортопедската генска терапија беше топик за значајни истражувања во последните две декади сепак постојат практични и научни проблеми. Предклиничките истражувања и податоци се импресивни и многу ортопедски состојби се подесни за генска терапија. До денес постојат само неколку клинички трајали без одобрувања од страна на ФДА за користење на генетските продукти во секојдневната медицинска пракса базирана на податоци. Зошто е тоа така? Причините се мултифакторијални. Клиничката транслација е скапа и тешко да се базира на традиционалните академски патишта. Тоа е поради фактот што на генската терапија се гледа како на несигурна и ризична таа не е атрактивна за големите фондови од фармацевстската индустрија. Успешна транслација за да се оствари таа цел бара блиски интеракции помеѓу научниците, експертите и клиничарите. Слич-
ни проблеми имаше и другото ветувачко поле на биолошката терапија и 20 години по нејзиното формирање. Но, сепак генетската терапија забележува големи клинички успеси. Во последниве години се враќа оптимизмот на ова поле. Ние се надеваме дека ортопедската генска апликација ќе биде корисна и ќе се продолжи со понапредни клинички трајали и практични решенија. Генската терапија во ортопедијата ќе помогне не само на мал број од ретките генетски заболувања, туку и на милиони луѓе со секојдневните чести заболувања како што се остеоартритис, реуматоид артритис, коскенорскавичното заздравување, повредите на мускулоскелетниот систем и мускулоскелетните тумори. Во новата болница на Неуромедика имаме современи лаборатории, најмодерна опрема и врвен стручен тим со богато искуство спремни сме најбрзо да ги дијагностицираме и лекуваме сите заболувања и повреди на мускулоскелетниот систем. Ние се надеваме дека до скоро безнадежните пациенти со прогресивна мускулна дистрофија и малигни мускулоскелетни тумори кои најчесто во младоста ги губеа своите животи со генската терапија ќе бидат спасени не само нивните животи туку ќе останат активни и корисни на општеството и на своите фамилии. Но дотогаш потребна е трпеливост, нови истражувања и време... PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
11
АКУТНО ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЕДНО УВО КАЈ ДЕЦА (OTITIS MEDIA ACUTA) - Статија на Д-р Маринела Малинова - специјалист по ОРЛ во Неуромедика
Воспалението
на увото ретко кога е изолирана болест. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото, бидејќи воспалението од носот продира преку Евстахиевата туба во средното уво. Најчесто станува збор за суво воспаление без секрет, но не ретко има и присуство на секрет во средното уво. Кај деца воспалението на увото е почесто заради карактеристичната анатомска структура (кратка и широка Евсахиева туба), незрелост на имунолошкиот систем како и хипертрофија на лимфатичните ткива (трет крајник и палатинални тонзили)..
Симптоми Најчест симптом за воспалено уво е БОЛКА во уво. При поставување на дијагноза се започнува со разговор со родителите, кои најчесто даваат анамнестички податок дека детето било настинато неколку дена претходно, дека му течел носот и се пробудило со болка во едното или двете уши. Многу важна е соработката на родителите и детето при прегледот. Детето мора да биде мирно за да може убаво да се визуелизира слушната мембрана како и каналот и да се постави точна дијагноза. Прегледот е потполно безболен. Не ретко се случува во каналот да има и ушна маст која не дозволува да се види мембраната и тогаш би требало внимателно да се исчисти, бидејќи понекогаш болката доаѓа и од самиот притисок на чепчето врз мембраната без да има воспалителен процес. Тогаш со самото отстранување на ушната маст од каналот болката исчезнува и слухот се подобрува затоа што нема веќе чувство на затнатост во увото. При воспаление на средно уво на отоскопскиот преглед се забележува црвенило (хиперемија) на мембраната. Клиничкиот преглед вклучува и преглед на носот, носниот дел на ждрелото (назофаринкс) што понекогаш вклучува и фиберназофарингоскопија за визуелизација на третиот крајник. Како и преглед на грлото 12
(орофарингоскопија). Скоро секогаш особено кај деца воспалението во увото оди со затнат нос, зголемена секреција во нос или слевање на секрет од нос кон грло, понекогаш и со болка во грло, но често пати и без болка во грлото. Понекогаш со покачена телесна температура но често пати и без температура. Многу е важно точно да се дијагностицира воспалението на увото и да се лекува. И во процесот на лекување да се третира и носот. Навремената дијагностика и соодветниот третман допринесуваат да во поново време се намалени сите видови на компликации кои порано почесто се појавувале во склоп на ова заболоување. Најчеста компликација е вопаление на мастоидот (mastoiditis) кога е потребно детето или било кој пациент да се хоспитализира (да се остави во болница) и да се почне со поагресивна конзервативна терапија
интравенски. Доколку во рок од 24 часа нема подобрување неопходен е хируршки третман. Друга компликација особено кај деца може да биде meningitis, што за среќа ретко се случува и е потребно навремено дијагностицирање и третман.
Лекување Лекувањето на вирусните воспаленија воглавно е симптоматско. Се даваат лекови за намалување на болката и снижување на температурата (антипиретици, аналгетици). За носот се препорачува чистење со некој од растворите на морска (солена) вода за тоалета на носот и обавезна употреба на деконгестивни капки или спреј за во нос во времетрање од 5-7 дена. Со големо внимание кај доенчиња до 1год. затоа што нивната слузница не е спремна за деконгестиви. Но сепак има препарати што може да се употребуваат и за таа возрасна група. Се даваат и капки за уво обично комбинација од локален антибиотик и кортико. Доколку при наодот има силна хиперемија (црвенило) на мембраната или пак таа е избочена и се заканува перфорација или пак веќе има гнојна секреција во каналот тогаш е неопходна употреба на антибиотик во лекувањето. Убаво би било доколку лекарот е во можност да направи брис од носот, грлото и евентуално увото кое што тече. Најчести предизвикувачи на бактерските воспаленија
се: Streptococcus pneumoniae, Haemophilus influenzae i Moraxella catarrhalis. Amoksicilin, amoksicilin sо klavulоnskа kiselinа, azitromicin i cefalosporini се лекови од избор при лекувањето на бактериското воспаление на средното уво. Нормално дека се зависи од клиничката слика, возраста на пациентот како и дали има алергија на одредени лекови или не а и антибиограмот од направените брисеви е од исклучителна помош во изборот на соодветниот антибиотик. Кај повторувачки воспаленија неопходно е да се направи фиберназофарингоскопија за евалуација на трет крајник (Vegetatio Adenoides) чија што хипертрофија е чест предизвикувач на воспаленијата на увото. Да се направи аудиометрија (кај деца над 5год. бидејќи потребна е соработка) и тимпанометрија и доклку има потреба алерготест.Најчестата последица од честите воспаленија на средното уво е ослабениот слух (наглувост). Ако наодите на аудиометријата и тимпанометријата покажуваат на проводна (кондуктивна) редукција на слухот или присуство на секрет во средното уво со зголемување на третиот крајник тогаш е неопходно хируршко лекување.Се препорачува Adenoidectomia (отстранување на третиот крајник) со miringotomia (правење на дупче во мембраната) и поставување на вентилациони цевчиња во уво.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
13
ЕНТРОПИОН – ПРИЧИНИ, КЛИНИЧКА СЛИКА И ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН - Прим. Др. Добрила Андоновска - специјалист по пластична и реконструктивна хирургија
Ентропион е пореметување на полож-
бата на очниот капак при што работ на очниот капак е увртен кон очното јаболко, поради што трепките постојано ја грепкаат и механички ја оштетуваат рожницата. Постојаната дразба доведува до дисконфорт, печење, болка, солзење на окото, понатамошен развој на хроничен конјуктивитис, ерозија на рожницата, улкус на рожницата кој резултира со корнеален цикатрикс што доведува до намалување на видот, а при хроницитет и до слепило. Малпозицијата почесто настанува на долните очни капаци, а може да биде еднострана или двострана (кај вродениот ентропион кај деца). Ентропионот најчесто се јавува кај постарата популација, како последица на дегенеративни промени во сврзната структура на очниот капак и хипертрофија на мускулот орбикуларис окули. Освен инволутивните промени кои како етиолошки фактор се доминантни, ентропионот може да биде конгенитален, постраумататски поради настанување на цикатрикс односно лузна (најчесто последица од хемиски изгореници или при одредени хируршки операции при фрактури на орбитата – очната јама), невролошки спазам, хронична инфекција на коњуктивата особено со трахома, медикаментозна при хронична употреба на топични капки за лекување на глауком односно покачен очен притисок. Ентропионот може да настане и при Гравес-ов синдром (како дел од малпозициите кои се последица на офталмопатиите при ова заболување на штитната жлезда), исто така во склоп на други синдромски
14
заболувања како Кауфман– ов Окулоцереброфацијален синдром, потоа кај Мобиус – ов синдром, при ретки случаи на изолиран конјуктивален Лихен Планус (кој предизвикува цикатризација), ретки случаи на деца со Кутис Лакса, како и кај деца со изолирана периферна фацијална пареза (за разлика од истото заболување кај возрасни кога се јавува ектропион односно малпозиција со извртување на очниот капак кон надвор). Конзервативно, сенилниот ентропион на долните очни капаци може да се третира со локална апликација на Ботулинум токсин – А, но постигнатата корекција на малпозицијата не е од траен карактер.
Постојат повеќе оперативни методи за третман на ентропионот. Во Неуромедика ја применуваме техниката на Латерален Тарзален Стрип.
на латералниот кантален агол и без последично стеснување на палпебралниот отвор. Сето тоа доведува до извонредни постоперативни резултати.
Операцијата кај возрасни се изведува во локална анестезија, додека кај деца во општа ендотрахеална анестезија.
Постоперативно се препорачува окото да биде затворено првите 24 часа и топична употреба на антибиотски капки и масти, додека при постоење на предходна ерозивна промена на рожницата се аплицира заштитна контактна леќа и топична терапија за забрзување на епителизација.
Со оваа оперативна техника се обезбедува скратување на очниот капак и нормализирање на постоечката малпозиција во анатомска и физиолошка положба на очниот капак, без придружна дисторзија
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
15
Гонартроза – причини, симптоми и лекување - Спец. Д-р Атанас Василев – физијатар во Неуромедика
Гонартроза претставува артроза на зглобот на коленото и е втората најчеста форма на остеоартроза. Таа е почеста кај жените над 45 годишна возраст, особено кај оние со прекумерна телесна тежина и изложени на тешка физичка активност. Причините за појава на гонартрозата се статички аномалии, кај кои постои варијација во оските на бутната коска ( femur) и подколеницата (варусни и валгусни деформитети ). Многу често, како примарна причина се јавуваат трауматски повреди на колената ( лезија на менискус , хронична нестабилност на зглобовите, фрактури) и воспалителни зглобни заболувања. Симптомите на гонартроза се поврзани со поплаки од страна на пациентите поради појавата на реактивен синовитис. Првиот карактеристичен симптом е болката. Како и кај секоја артроза, таа се карактеризира со тоа што се зголемува при промена на времето, оптеретување на зглобовите и исчезнува или се намалува при мирување. Како што процесот напредува, болката станува посилна и подолга. Се појавува оток околу зглобот. За разлика од зглобот на колкот, зглобот на коленото не е покриен со моќни мускули, овозможувајќи отокот и хидропсот да бидат јасно видливи. Постепено се развива хипотрофија на квадрицепсниот мускул.
16
Субјективните поплаки и варијабилноста во интензитетот на симптоматологијата е индивидуална кај секој пациент. Покрај тоа, не секогаш постои сличност помеѓу поплаките на пациентите и објективниот наод. Со текот на времето, се развива флексиона контрактура во зглобот. Додека во најраните фази, рентгенските наоди можат да бидат негативни, со напредокот на артрозата, се забележуваат карактерис-
тичните промени - стеснување на зглобовите, субхондрална склероза и девијација во оските на подколеницата и феморалната коска. Во подоцнежните фази, исто така, се развиваат и остеофити (шипови).
Што се однесува до третманот, како и кај било која друга форма на артроза, и тука на прво место е намалено оптеретување на зглобовите (намалување на телесната маса и сл.). Ова вклучува периодичен одмор во кревет. При незадоволителен ефект се имплементира аналгетска и антиинфламаторна медикаментозна терапија и физикална терапија, која мора да биде индивидуално прецизирана. Исто така, во третманот на гонартрозата се ординираат и хрондропротективни лекови (глукозамин, хондроитин, хијалуронска киселина, метилсулфонилметан- МСМ и др.). Во присуство на статички аномалии со отстапувања во однос на нормалните оски, во релативно раните фази на прогресија на болеста се потребни корективни остеотомии. Напредните фази се третираат хируршки, со ендопротеза на зафатениот зглоб. Во пост-оперативниот период на гонартроза, потребна е строго дозирана програма за физикална терапија и рехабилитација.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
17
Што е тоа карцином на кожата? - Статија на Спец. Д-р Емилија Парцанова - дерматовенеролог во Неуромедика
П оимот карцином на кожа се однесува на немеланомските карциноми на кожата – базоцелу-
ларниот карцином (базалиом, рак на базалните клетки) и планоцелуларниот карцином (спиноцелуларниот карцином, рак на плочестите клетки). Базалиомот е најчестиот малигнен тумор на кожата и најчест малигнен тумор на белата раса воопшто. Кај претставниците на белата раса е 3 до 5 пати почест од планоцелуларниот карцином и сочинува 75-80 проценти од сите карциноми на кожата. Се карактеризира со бавен, инфилтративен раст и локална агресивност на туморските клетки, а не дава метастази со што му недостасува важната карактеристика на вистински малиген тумор. Обично се јавува кај луѓе на возраст над педесет години, иако исклучително ретко може да се јави и кај помладите лица. Најчесто е локализиран на лицето, носот, ушите, скалпот. Планоцелуларниот карцином е малиген тумор на кожата кој обично почнува во епидермисот (површинскиот слој на кожата) како преканцерозна состојба и по одреден временски период се развива во вистински инвазивен тумор. Се карактеризира со локален агресивен раст и можност за метастазирање. Поретко се јавува од базалиомот (однос 1:10). Најчесто се јавува околу 70-тите години од животот. Во повеќе од 90 проценти од случаите, се појавува во региите на телото кои се изложени на сонце: лицето, долните усни, вратот, ушните школки, дорзалниот дел на рацете. Ракот на кожата е почест кај лицата со светол тен, русо-коси или лицата со светла боја на очи кои се поосетливи на УВ (ултравиолетово) зрачење. Воедно, почест е кај лицата кои имаат професионален ангажман во отворена средина со продолжено и постојано изложување на УВ зрачење, на пр. земјоделци, сточари, рибари, морнарите. Што предизвикува рак на кожата? - За настанувањето на рак на кожата не постои единствен причинител, туку станува збор за заедничко делување на фактори кои можат да бидат надворешни (УВ зрачење, јонизирачко зрачење, механички, хемиски и термички стимулуси) и внатрешни (генетски нарушувања, имунолошки нарушувања, хронични кожни болести) . УВ зрачењето е најважниот фактор во развојот на рак на кожата. Овој факт е поддржан со честата појава на базалиоми во делови од светот со поинтензивна инсолација, лица кои се чувстви-
18
телни на ултравиолетово зрачење (со светол тен), лица кои од професионални причини се изложени на ултравиолетовото зрачење како и почестото своеволно изложување на сончева светлина особено на откриените делови на телото. Најважна причинска улога имаат УВ-Б зраците (со бранова должина 280-320 nm) што резултира со мутации и имуносупресивни ефекти од суштинско значење во настанувањето на карциномите на кожата. Најзначајните оштетувања се на ниво на ДНК молекулата. Од генетските фактори, важно е да се спомене пигментацијата која е важна во природната одбрана против дејството на УВ зрачењето. Хемиските канцерогени супстанции кои имаат значајно место во настанувањето на карциномот на кожата се арсен, хемиските супстанции/фракции во процесот на производството на нафта, состојките на тутун и катрани. Имуносупресијата како состојба, кај пациенти со трансплантирани органи и кај пациенти позитивни за ХИВ вирусот/СИДА, влијае на зголемената инциденца на рак на кожата. Карцином на кожа може да се појави во регии на кожата кои се во склоп на хронична дерматолошка болест како и рецидивантни механички трауми како што се лузни од различна природа, долготрајни улцерации и сл. Знаци и симптоми на рак на кожата - Во почетниот стадиум базоцелуларниот карцином (базалиом) се манифестира како мал, бисерен нодул, прошаран со телеангиектазии (проширена капиларна мрежа). Поретко може да започне како мала, безболна ерозија (раничка) која не заздравува. Затоа, секоја раничка во лицевата ре-
гија која е присутна извесен временски период поттикнува сомневање за можен базалиом. Разликуваме неколку клинички форми на базалиоми: • Нодуларен базалиом • Егзулцериран • Пигментиран базалиом • Морфеиформен базалом • Цистичен базалиом • Површински базалиом. Планоцелуларниот карцином на кожата се јавува во две форми: • Ендофитична форма на планоцелуларен карцином • Егзофитична форма на планоцелуларен карцином Планоцелуларниот карцином може да метастазира во лимфните јазли, а потоа и во органите. Дијагностицирање на рак на кожата-Сомневањето за рак на кожата се поставува врз основа на самиот изглед и локализацијата на промената,дермоскопскиот преглед на сомнителната промена, но конечната дијагноза се поставува со биопсија (земање примерок на ткиво со локална анестезија) и патохистолошко иследување на биоптичниот материјал (микроскопски преглед). Помалите тумори се отстрануваат во целост (ексцизиона биопсија) и таквиот пристап е истовремено дијагностички и терапевтски. Во случај на поголеми тумори, се отстранува помал дел од сомнителната промена (инцизиона биопсија). Лекување/Третман на рак на кожата- При одлучувањето за типот на лекувањето на рак на кожата, неопходно е да се земат во предвид следниве параметри: • целосно отстранување или уништување на туморот; • поштедување на здраво ткиво; • зачувување на функцијата; • оптимален естетски резултат. Се разбира, овие параметри често не можат целосно да се реализираат. Најважната цел е комплетно излекување на пациентот.Факторите кои се однесуваат на пациентите, а влијаат врз изборот на терапевтскиот протокол ги вклучуваат општата здравствена состојба на пациентот, возраста, присуство на друга сериозна хронична болест, употреба на антикоагулантна терапија како и изборот/желбата на самиот пациент.
Достапноста на одредени терапевтски протоколи на лекување и искуството на лекарот-специјалист влијаат врз одлуката за видот на третманот. Хируршката ексцизија е најчестата и највообичаената метода за лекување на карциномите на кожата во светот. Обично се практикува во локална анестезија и се состои од хируршко отстранување на туморот заедно со дел од клинички нормалното околно ткиво. Во лекувањето на базалиомите радиотерапијата (третман со јонизирачко зрачење) е многу корисна алтернатива на хируршкиот третман, а понекогаш е и терапија од прв избор. Радиотерапијата е погодна за лекување кај постари пациенти (возраст над 60 години), кај поголеми, тешко-операбилни тумори кои бараат опсежна хируршка реконструкција, во третман на базаломи во регијата на очните капаци, врвот на носот и носните крила, ушните школки или усните кај пациенти со висок ризика за оперативен третман или се на антикоагулчантна терапија ,како и пациентки кои одбиваат хируршки пристап во третирање на карциномот на кожа. Криотерапијата се изведува со апликација на течен азот кој разива температура од -178 ° C. Се нанесува со специјален апликатор, локално, на промената на кожата. По неговата апликација настанува крионекроза ( уништување на туморското ткиво), и терапијата се повторува по регенерација на кожата, најчесто по 10-14 дена, се до комплетно излекување. Понекогаш во лекувањето на карциномите на кожата се применува локалниот цитостатик 5-флуороурацил и локалниот имуномодулатор имиквимод (тој се ординира само кај површинските базалиоми), но ефективноста на овие третмани е послаб од претходно наведените за веќе развиени форми на карциноми на кожата. Од неодамна, во третманот на површинските базалиоми се применува т.н. фотодинамска терапија. Станува збор за нов, неинвазивен метод на лекување кој ги користи фотохемиските реакции кои настануваат од меѓусебната интеракцијата на фотосензибилизатор, видливата светлина и кислород.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
19
Неуромедика Стубренд 2017
Нa 18.10.2017г. во Хотел Александар Палас
со голема свеченост беа доделени наградите Стубренд 2017. Неуромедика е Стубренд 2017 – Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита! Неуромедика е единствена болница со вакво признание на Балканот. Изборот за најдобра здравствена установа го правеа самите студенти во РМ, кои преку анектите спроведени од НАПАГ (НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ) во најголем број ги дадоа гласовите за Неуромедика.
Наградата Стубренд 2017 ја прими Директорот Д-р Емил Угриновски, а му ја врачија студенти од Факултетот за Медицина на УКИМ. Д-р Емил Угриновски при обраќањето до студентите и присутните на настанот им се заблагодари за дадената доверба во Неуромедика. Во неговото обраќање напомна дека студентите во РМ се огромен сегмент од нашата работа како здравствена организација изминативе 25 години. Тој истакна дека во Неуромедика работат многу млади лица од академската популација, и воедно ги повика присутните студенти по завршување на студиите да аплицираат за работни места во нашата болница.
ДРУШТВО ЗА АРХИТЕКТУРА, ГРАДЕЖНИШТВО И ДИЗАЈН ■ ПРОЕКТИРАМЕ И ИЗВЕДУВАМЕ МЕБЕЛ ПО МЕРКА Тел../факс: 02-3-120-096 МОБ: 075-384-203 E-mail: arhicon_mk@yahoo.com Локација: ул. Невена Георгиева - Дуња 2А Стара рампа Скопје
Неонатална хипогликемија
Н
е постои универзална дефиниција за хипогликемија во неонаталната возраст, постојат одредени протоколи според кои мора да се одржи одредено ниво на глукоза во крвта во неонаталниот период за да се превенира нарушување на мозочниот развој кај детето. Одржување на нормално ниво на глукоза во крвта е варијабилно и зависи од повеќе фактори како родилна тежина, гестациска возраст, резервите на телото, статусот на хранење, како и присуство или отсуство на болест. Неонатална хипогликемија се дефинира како глукоза под 30мг/дл (1,65ммол/л) во првите 24 часа или помалку од 45мг/дл(2,5ммол/л) по 24 часа, и е еден од најчестите метаболички проблеми во неонатолошката возраст. Главни долгорочни секвели од хипогликемијата вклучуваат ментална ретардација, конвулзивни пристапи, развојни нарушувања. Скрининг за хипогликемија – Се смета дека најниски нивоа на глукоза се забележува првите 2 часа од животот. Се прави скрининг на новородени со ризик (новородени со ниска родилна тежина (под 2000гр.), предвремено родени деца, деца мали за гестациската возраст, доенчиња од мајки со дијабет, доенче големо за гестациската возраст , доенче со рх хемолитичка болест, доенчиња со интраутерина ретардација во растот, деца со перинатална асфиксија, полицитемија, сепса, шок, деца на тотална парентерална исхрана). Се проверува гликемијата на 2, 6, 12, 24, 48 и 72часа, со знаци за инфекција на секој 6 до 8 часа, стабилни деца со многу мала родилна тежина на парентерална исхрана првите 72 часа од раѓање секој 6 до 8 часа, по 72 часа од раѓање еднаш на ден. Деца каде не е потребен скрининг – кај термински здрави новородени на доење со соодветна тежина на гестациската старост. Но, кај термиско новородено со слаб внес храна, недоволна лактација или стрес од хипотермија треба внимателно да се следи гликемијата заради ризик од хипогликемија.
22
Клинички знаци асоцирани со хипогликемија Може да биде асимптоматска кога се намалени вредностите на гликемијата но немаме видливи клинички знаци; и Симптоматска хипогликемија – се карактеризира со разновидни симптоми како појава на ступор, тремор, апатија, епизоди на цијаноза, конвулзии, интермитентни апноични кризи, тахипнеа, слаб пискав плач, летаргија, потешкотии при хранење, патолошки движења на очите, нагло бледило, хипотермија кардиак арест.
Третман на хипогликемијата При асимптоматска хипогликемија се прави обид за орален внес на храна, при што доењето е најдобар избор, кај новородено со слаб рефлекс за цицање измолзено млеко. Мајчиното млеко ја стимулира кетогенезата (кетоните се алтернативен извор за мозокот заедно со пируватите, слободните масни киселини, глицерол, амино киселини), но доколку нема мајчино млеко се даваат адаптирани млечни формули.
Терапија на симптоматска хипогликемија Кај доенчињата со знаци за хипоглкемија треба да се третират со интравенски течности. Кај симптоматска хипогликемија вклучувајќи конвулзии, болус од 2мл/кг 10% глукоза (200мг/кг). Тој мини болус помага во рапидна корекција на нивото на глукоза во крвта. По внес на тој болус се продолжува со континуирана глукозна инфузија 6-8 мг/ кг/мин. Се прави проверка на глукозата по 30-60 во мин, а потоа на секој 6 часа до постигнување на ниво на глукозата повеќе од 50мг/дл. Ако вредноста на глукозата е под 45мг/дл покрај болус и глукозната инфузија, глукозата се зголемува во чекор од 2 мг/кг /мин секој 15 до 30 мин до максимум од 12 мг/кг/ мин. По 24 часа од ив глукозна терапија, ако една или две последователни гликемии се над 50 мг/дл се намалува инфузијата на 6-8 мг/ кг/мин на 6 часа, пратено со внес на храна. Со постигнување на ниво на гликемијата од 4мг/кг/мин, адекватен перорален внес на храна и ниво на глукозата над 50мг/дл може да се прекине инфузијата. Важно е да се обезбеди континуирана глукозна инфузија со инфузиона пумпа и без прекини во давањето. Не смее нагло да се прекине глукозната инфузија бидејќи може да настане нагла хипогликемија. Се избегнува внес на глукозен раствор над 12,5 % декстроза ив заради можна појава на тромбофлебитис.
Рекурентна / резистентна хипогликемија Оваа состојба да се разгледа кога доенчето не одржува нормално ниво на глукоза или
кога стабилизацијата не е постигната за 7 дена. Важни причини за резистентна хипогликемија – конгенитален хипопитуитаризам, адренална инсуфициенција, состојба на хиперинсулинемија, галактоземија, метаболни заболувања.
Иследувања потребни при резистентна хипогликемија Ниво на инсулин, кортизол, хормон за раст, амониум, ниво на лактати, присуство на кетони и редуцирачки супстанци во урина, слободни масни киселини.
Иследувања потребни при резистентна хипогликемија Хидрокортизон 5 мг/кг/ден ив или пер ос Диазоксид пер ос 10-25мг/кг/ден кој ги држи Катп канали на панкреасот отворени и редуцира секреција на инсулин, корисен при инсулиноми Глукагон – кој ги мобилизира хепаталните гликогени резерви потикнува глуконеогенеза и промовира кетогенеза. Октреотид (синтетски соматостатин) Исходот од неонаталната хипогликемија е детерминиран од повеќе фактори како времетраеењето, степенот на хипогликемијата, церебралниот проток, церебралната утилизација на глукозата и коморбидитетите. Потребно е внимателно следење на невролошкиот развој и моторните перформанси кај детето контролни проверки на видот и слухот.
Статија на Спец. Д-р Јулија Ранѓеловиќ - педијатар во Неуромедика
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
23
Тензиони главоболки Статија на Проф. Д-р Методи Чепреганов – невропсихијатар во НЕУРОМЕДИКА.
Се работи за еден многу хетероген синдром на главоболки, под најразлични имиња, на пример: тензиони главоболки, стресни главоболки, психогени, психомиогени, психалгии, есенцијални, немигренозни главоболки и др. Веројатно, тоа е најчестата главоболка кај општата популација, така што еден огромен дел од пациентите никогаш не бараат помош, туку сами си ја одредуваат терапијата. Причините на тензионите главоболки остануваат непознати. Во литературата се опишуваат аномалии во миофасцијалната периферна преносливост, како и во централната контрола на болката, хипотетични сознанија, без софистицирани експликации. Во првата класификација на главоболките, на IHS (International Headache Society) тензионите главоболки беа дефинирани со општи дијагностички критериуми, на следниов начин: - А. Главоболките да траат по 30 минути 7 дена; - Б. Да имаат најмалку две од следните карактеристики: • билатерална локализација • болка од тип на притисок, или стегање, која не е пулсативна, • болка со слаб интензитет кој се интензивира, • болка која не се влошува при рутински физички напор; - Ц. Болка без нагон за повракање, и без повракање; - Д. Болка без фото и фонофобија, или само со еден од двата симптома; - Е. Болка која не е врзана за некоја друга патологија. Според критериуми на втората класификација на ИХС, тензионите главоболки се поде-
24
лени во две групи: хронични и епизодни, при што втората група е поделена уште на две подгрупи: помалку фреквентни и фреквентни епизодни тензиони главоболки. Веќе рековме, дека патофизиолошките механизми на тензионите главоболки сеуште остануваат крајно контроверзни. Бројни мигренолози ги објаснуваат со периферни промени во мускулите и во фасцијата (на вратот), додека други сметаат, дека во прашање се централни механизми на контрола на болката. Во последниве години објавени се бројни студии за патофизиолошките механизми на тензионите главоболки, со многу диферентни модели за патогенезата на тензионите главоболки. Во овој контекст опишани се: • периферна миофасцијална чувствителност на мускулатурата на вратот и рамењата кај децата до 12 години старост; • не се најдени инфламаторни медијатори на чувствителните места на мускулус трапезиус, ниту при напор, ниту при одмор, поточно не е нотирана миофасцијална локална инфламација; • тригеминалните централни, но и спиналните ноцицептори, покажуваат чувствителност кај тензионата главоболка.
Бројни референци ја опишуваат улогата на азотниот моноксид кај тензионите главоболки, како и референци за улогата на некои медијатори, азот моноксидната синтаза, серотонинот и ЦГРП (Цалцитонин Гене Релатед Пептиде). Во светлината на хетерогенитетот на патофизиолошките аномалии кај тензионите главоболки, Олесен и Сцхоенен во 1999 г. предложија МОДЕЛ ЗА ПАТОГЕНИТЕТОТ за тензионите главоболки. Според овој модел, тензионите главоболки „може да бидат резултат на една интеракција помеѓу промената на десцендентната контрола на тригеминалните ноцицептори, (преносители на болката) од мозочното стебло од втор ред, и на периферните модификации од типот на пречувствителност на миофасцијалните структури и перикранијалните мускули” Преку лимбичкиот систем, емотивните механизми ја зголемуваат мускулната тензија (тонус) и симултано ја редуцираат активноста на ендогениот систем против болката, наречен анти-ноцицептивен систем. Доколку епизодите на главоболка се повторуваат, централните модификации можат да се акцентуираат. Токму овие феномени на потенцијализација на подолго време, придружени со сензибилизација на ноцицептивните неврони (на невроните кои ја пренесуваат болката), како и намалувањето на активноста на анталгичниот систем, можат постепено да водат кон тензиони главоболки. Многу е веројатно,
дека токму овие централни манифестации се предоминантни кај фреквентните форми на тензионите главобоки. Релативната важност на периферните и централните фактори може да варира и да биде различна од пациент до пациент, дури и временски може да биде различна и кај една и иста индивидуа. Третман на тензионите главоболки:
- ибопрофен (400 мгр.) + кафеин (200 мгр.); - кетопрофен (50 мгр.); - напроксене (275 мгр.); - Аспирин 500 до 1000 мгр., или Парацетамол (500 до 1000 мгр.) + кафеин. Не-фармаколошки третман го сочинуваат методата на релаксација и физички методи, од типот на масажи, транскутани електрички стимулации, апликација на топлина или мраз, акупунктура и др. Успехот е индивидуален, така што има пациенти кои самите си одредуваат и спроведуваат некоја од спомнатите техники.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
25
ЗАВИСНОСТ ОД ИНТЕРНЕТ-БОЛЕСТ НА НОВОТО ВРЕМЕ
Зависност од интернет е психичко поремету-
вање, кое се манифестира со опсесивна желба времето да се поминува на интернет. Зависниците од интернет поминуваат премногу време во активности кои се одвиваат на интернет, занемерувајќи го реалното дружење со пријателите, работните обврски, учење и тн. Луѓето кои се справуваат со ваква зависност имаат потешкотии да ги прекинат интернет активностите дури и во состојба и кога самите се свесни дека е време. Овој вид на зависност има големи негативни последици врз социјално, професионално, семејно, финансиско и економско функционирање на личноста. Како современ облик на зависност се манифестира како доминантна состојба која поединецот го изолира од реалниот свет а од друга страна негативно влијае на него и неговта околина.
Причини за интернет зависност Самолекување на психичко пореметување Многу луѓе го користат интернетот за да ја маскираат анксиозноста, депресијата или некое друго психичко пореметување. Глад за информација - Некои луѓе се информациони адикт и- нивниот глад за знаење е така силен да неможат да престанат со пребарување и читање на статии од кои црпат одредени информации. Срамежливост или социјална фобија - може да бидат во основа причина за зависност од ин-
26
тернeт. Поединецот може да проба да избега од реалниот свет, од кој се плаши, во фантастичен он-лајн свет, каде може да биде слободен. Многу луѓе имаат анксиозност во директен контакт со луѓе, па полесно им е да стапат во интеракција по пат на интернет. Осаменост - и очајна потреба да се запознаат други луѓе може да доведе до зависност од интернет сајтови за запознавање и допишување. Компулзија - замена на друга зависност со интернет адикција. Често се случува поединец да стане зависен од интернет поради он-лајн активности кои потхрануваат некое друго ком-
пулзивно однесување. Така на пример патолошки коцкари или купохоличари може да преминат на он-лајн коцкање или купување преку интернет. Знаци и сипмтоми на завистност од интернет Од 24 часа во текот на денот, просечно 8 часа се помнуваат во сон или одмор. Остануваат уште 16 часа. Претпоставувајќи дека поединец има работни или школски обврски 8 часа дневно. Остануваат уште 8 часа слободно време. Земајќи во предвид дека минимално време за исхрана и физиолошки потреби дневно потребни се вкупно околу еден час, што значи дека просечно слободно време е 7 часа. Се смета дека времето кое се поминува на интернет и надминува од 4 до 6 часа слободно време од денот веќе преставува симптом на зависност. Симптоми кои се јавуваат кај интернет зависниците се: •
Пациентот е преокупиран со интернет, размислува за предходните активности и ја планира идната.
•
Потреба интернет да се користи во што поголеми временски интервали.
•
Потребен е поголем напор доколку поединецот треба интернетот да го користи контролирано или со намален интензитет.
•
Поединецот најчесто чуствува немир, раздразливост, депресија доколку се обиде да ја намали употребата.
•
Зависниците од интернет губат осет за време, и се задржуваат подолго од испланираното.
•
Постои ризик од губење на значајни социоекономски врски.
•
Лажење и манипулирање на блиски личности, терапевтот се со цел да се скрие реалниот проблем.
•
Употреба на интрнетот како начин за избегнување на проблемите.
Видови зависност од интернет •
Зависност од социјални мрежи
•
Зависност од видео игри
•
Зависност од пребарување на интернет
•
Зависност од воспоставување на пријателски врски преку интернет
•
Зависност од интернет коцкање
•
Зависност од интернет купување
•
Зависност од виртуелен секс
•
Зависност од користење на компјутер
Овој облик на зависност е релативно нова болест, со огромен подем и слободно можеме да кажеме и нов социјален проблем. Имено во 1996 година е за прв пат употребен терминот internet addiction- интернет зависност. Набрзо почнуваат да се отвораат првите институции специјализирани за овој проблем, додека денес ги има низ целиот свет.
Неколку совети како да ги заштитите децата и младите од прекумерно користење на Интернетот •
Покажете разбирање и овозможете поддршка.
•
Пребарувајте го Интернетот заедно со вашето дете.
•
Дистанцирајте го од прекумерно користење друштвени мрежи, во замена со интелектуални, креативни, истражувајки веб-сајтови кои одговраат за возраста на вашето дете.
•
Водете евиденција колку долго вашето дете користи интернет во текот на денот, воведете систем на награда и казна.
•
Едуцирајте го детето со правила на приватност на интернет и можна злоупотреба.
Како се лечи интернет зависност ? За пациенти кои имаат бихевиорална адикција, како што се зависност од интернет, видео игри, коцкање, зависност од купување на интернет и тн. Предвидени се психотерапевтски програми кои можат да се спроведат во група или индивидуално. Значаен успех се постигнува особено при третман кој се одвива во група каде пациентите имаат можност за меѓусебна соработка, разбирање и поддршка. Планот на лекување се прави врз индивидуалните потреби на секој пациент. Пациентот преку различни терпевтски активности, посебно конструирани за неговиот проблем, учи како повторно да воспостави контрола над својот живот, како да ја контролира желбата за интернет, и како да препознава и преброди различни ситуации. Должината на траење на лечењето зависи од јачината и примарната причина за зависнот, психолошкиот карактер на пациентот и тн. Д-р Томче Поповски - матичен доктор во Неуромедика
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
27
Дебелината - Mодерна епидемија
Дебелината е хронична болест која се
манифестира со претерано таложење на телесни масти и зголемување на телесната тежина. Секое зголемување на телесната тежина за 10% или повеќе од идеалната телесна тежина се дефинира како прекумерно. Преваленцата на ова заболување во целиот свет е во пораст, со што дебелината станува една од водечките болести на модерната цивилизација. Дебелината е ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања, дијабетес мелитус, неоплазми и др. Дебелината доведува до бројни и тешки компликации на многу органи и органски системи, што резултира со извесни системски нарушувања, најчесто познати како метаболен синдром. Првобитно се сметало дека е само естетски проблем, но сега се знае дека претставува сериозен здравствен проблем кој доведува до низа компликации и пореметувања.
• Исхрана – времето кога се јаде, квалитет и квантитет на оброците
• Изложеност на одредени хемикалии – пестициди, бисфенол А (во конзервирана храна), фталати (парфеми во производи за лична хигиена, освежувачи на воздух, миризливи свеќи), винил, тефлон, никотин….
• Наследни особини
Патогенеза
• Физичка неактивност
Непотребното внесување на енергетски материјал, особено јаглехидрати и липиди, секогаш се одразува со таложење на маснотиите во телото. За секој 9,3 калории вишок на енергија се депонираат 1 грам маснотии во телото. Вишокот на внесени јаглехидрати се претвора во триглицериди, кои се транспортираат до ткивата и се депонираат во нив. Главниот орган во кој се случува оваа трансформација е црниот дроб.
Кои се причините за појава на дебелина?
• Брзина на метаболизам – различна е кај секој човек • Возраст – кај постари лица постојат повеќе причини за појава на оваа болест: забавен метаболизам, намалена можност за физичка активност, престанок на растење, болести итн. • Болести – преосетливост на храна, болести на штитна жлезда, метаболни заболувања, стрес, болести на имуниот систем, дијабетес, болести на ЦНС (трауми, тумори) • Лекови – кортикостероиди, антидепресиви
28
Патофизиолошки пореметувања Оваа болест се манифестира со промени во телесниот развој, биохемиски нарушувања и различни симтоми и знаци.
Кај мажите, мастите се акумулираат во градниот кош, горниот дел на стомакот, вратот и лицето. Кај жените, акумулацијата е главно во пределот на стомакот, глутеалната регија и екстремитетите. Покачувањето на телесната тежина има последици и врз локомоторниот апарат. Дегенеративни промени се случуваат во зглобот на коленото, рбетот, карлицата и стапалата што резултира со болки при движење. Веројатно посериозни последици дебелината има на кардиоваскуларниот систем, како и во крвните садови (атеросклероза) кои директно или индиректно можат да бидат причина за мозочен или срцев удар. Една од посериозните компликации на дебелината е појавата на дијабетес. Дебелите луѓе се често предмет на потсмев, па како резултат на тоа члесто кај нив се јавува ментална напнатост, губење на волјата за работа, социјална изолација, депресија и сл.
Видови на дебелина Врз основа на распоредот на масното ткиво во телото, се разликуваат два основни типа на дебелина: гиноиден или женски и андроиден или машки. Првиот се карактеризира со натрупување на маснотии во пределот на карлицата (телото добива крушковидна форма), бедрата и задникот. Овие лица страдаат од дегенеративни промени на поголемите зглобови заради што отежнато се движат, проширени вени и заболувања на дишните органи. Вториот тип пак се карактеризира со депонирање на мас-
нотиите во пределот на рамениот појас, горниот дел на стомакот и околу внатрешните органи (телото добива јаболковидна форма). Кај овој тип зачестени се кардиоваскуларни болести, зголемен крвен притисок, зголемен метаболизам на масти и шеќери, како и некои видови на карцином.
Лекување Прв чекор во терапијата e да се донесе цврста одлука и желба да се ослабе, а потоа и потполна промена на навиките и начинот на исхрана и живот. Времето за кое се постигнува идеалната телесна тежина е индивидуално, но важно е постепено да се губат килограмите (за да не се врати почетната тежина). Најдобар начин е комбинација на редукциона диета (намален калориски внес), зголемена физичка активност, промена на навиките. Употребата на лекови со себе носи ризик, бидејќи нивните штетни ефекти се манифестираат на различни органи.
Превенција Со цел да се спречи прекумерната телесна тежина треба да се урамнотежи енергетскиот баланс во организмот, односно помеѓу внесот и потрошувачката на енергија. Зголемен внес на житарици, овошје и зеленчук, намален внес на високо калорична храна, редовна физичка активност или комбинација на овие два фактора се начини за спречување на дебелината. Д-р Марија Јованоска - матичен доктор во Неуромедика
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
29
PRP Метод (Tерапија на мускуло-скелетни проблеми со PRP - плазма богата со тромбоцити)
В
о Неуромедика е воведена нова методa на лекување со плазмалифтинг технологија. Плазмолифтинг значи природно возобновување на здравјето, лечење на спортски повреди, подмладување и разубавување. Плазмолифтинг е нова метода од регенеративната медицина, иновативен пат на лекување на разни патолошки состојби со инјектирање на автологна плазма збогатена со тромбоцити (ПРП). Што е ПРП? ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на човечки тромбоцити во мало количество плазма добиена од самиот пациент. Оваа метода се изведува така што се зема мало количество крв кое се става во посебна епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со тромбоцити и се аплицира на пациентот. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува oштетената состојба кај пациентот (спортски повреди, естетски проблеми...). Апликацијата на ПРП се базира на фактот што тромбоцитите содржат протеински фактори и најмалку шест фактори на раст кои стимулираат клеточна регенерација. Апликацијата на ПРП методата од неодамна отпочна да се применува во многу области од медицината. Со оваа метода на спортските полиња повторно се вратени и славни спортисти после оштетувања на зглобовите
30
како што се Рафаел Надал, Коби Брајант, Тајгер Вудс и многу други. Плазмолифтинг се базира на патентирана технологија за добивање на примерок од крвта на пациентот со помош на серифицирани вакум крвни епрувети. За време на овој процес со специјално центрифугирање тромбоцитната автоплазма се одделува од останатите некорисни компоненти и како таква се инјектира во заболените или повредените ткива како што се зглобови, тетиви, лигаменти, мускули, рбетен столб и коскени болни точки. Благодарејки на шесте фактори на раст неопходни за лекувањето на коските и меките ткива ПРП успешно се користи и во лекувањето на заболувања и повреди на рбетниот столб. За забрзување на регенеративните процедури во повредените или болните ткива методата ПРП делува противоспалително, противалергично, против создавање на фиброзно ткиво и стимулира создавање на нови крвни садови. На тој начин ПРП методата е брза и ефикасна. Потребни се само десетина минути за нејзина припрема и апликација. Се разбира дека се се работи стерилно од страна на искусни специјалисти по принципите на медицина базирана на докази. Ја користиме во ортопедијата и трауматологијата, кај артрози-дегенеративни промени на зглобовите, периартритиси, повреди на тетиви и лигаменти, акутни или хронични повреди
на мускули и коски како и цистични промени во истите. Исто така ја користиме и кај тендинопатии и дегенеративни промени на рбетниот столб и дискусите. Резултатите се брзи при што доаѓа до намалување на болката, обновување на синовијалната течност, зголемена подвижност на зглобовите, намалување на периодот на рехабилитација после апликација на ендопротези. Во зависност од болеста или повредата потребни се еден до неколку третмани во одредени временски интервали. Плазмолифтингот во вид на неуро плазма може да се користи и во неурологијата и кај заболувања на рбетен столб превенција и рехабилитација после повреди на медула спиналис. Повреда на нерви, остеоартритис на рбетен столб-спондилози, лумбаго, неуралгиа интеркосталис, протрузија на интервертебрални дискуси и херниа дисци, цервикалгиа и цефалалгија, мигрена, вертебрален артериски компресивен синдром, сколиози, кифосколиози, спондилоартропатиа, компресивни фрактури на прешлените и кај М. Бехтерев. Плазмолифтинг методата ослободува од болки и намалување на воспалителниот процес. Се зголемува подвижноста на рбетен столб, превенира појава на фиброзни адхезии кои ја намалуваат подвижноста на зглобовите. Индуцира неурогенеза и ангиогенеза. Пролонгира клиничка ремисија и секако го подобрува квалитетот на животот.
вањето, таа е универзална, компатибилна лесна за апликација, безбедна, природна, ефективна, едноставна, лесно применлива и ефтина метода. Taa претставува ново ефикасно оружје во рацете на искусни специјалисти од разни области на медицината. Ние се надеваме дека многу болни ќе имаат корист од оваа нова метода, особено пациенти кои имаат коморбидитети и несмеат да примаат медикаменти кои би им го влошиле и така нарушеното здравје. Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски-специјалист ортопедски хирург и трауматолог во Неуромедика
ПРП методата – плазмолифтинг наоѓа извонредна примена и во стоматологијата, трихологијата, козметологијата, ортопедијата и трауматологијата во неврологијата, пластична и реконструктивна хирургија и во гинекологијата. Плазмолифтингот како нова метода сигнификантно помага во заздраву-
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
31
УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ – СИМПТОМИ, ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН
Уринарните инфекции се бактериски ин-
фекции на уринарниот тракт и се најчести во секојдневната пракса. Почести се кај жени и деца. Стапката на појава се рефлектира на предиспонирачките фактори како што се конгениталните аномалии во детството, започнувањето со сексуална акивност, особено кај жени и пост-менопаузалните промени кај повозрасните жени. Се претпоставува дека барем 20% од жените може да очекуваат епизода на уринарна инфекција во својот живот. Најчести причинители се цревните бактерии: Escherihia coli, Enterococci, Proteus mirabilis, Klebsiella. Дали ке се развие инфекција или не зависи од повеќе фактори : - Бактериска вируленција – само некои подвидови на Escherichia colli се предизвикувачи на уроинфекции - Фактори на домаќинот – близината на мочната цевка со анусот е предиспонирачки фактор кај жените. Микроорганизмите од бактериската флора го колонизираат перинеумот и ги заменуваат сапрофитите (Lactobacillus) и по асцедентен пат доаѓаат до мочиот меур. Хемиските иританти (вагинални дезодоранси, лубрикативни средства) го помагаат асцедент-
32
ното движење на бактериите и со тоа учествуваат во развој на инфекцијата. - Везико – уретерален рефлукс конгенитална аномалија кај деца и кај возрасни по јатрогено оштетување на влезот на мочната цевка - Калкулозна болест – предиспонираат развој на инфекција со опструкција и стаза. Причина се за фокус на реинфекции.
- Опструкција помага во развој преку уринарна стаза. Најчеста е кај мажи со хиперплазија на простата. - Сексуална активност – обично цистит се јавува по 14 часа - Јатрогена инфекција – катетеризацијата (поставување на уринарен катетер) е причина за развој на уроинфекција.
СИМПТОМИ • Ургентност за уринирање • Чувство на печење при уринирање
ТРЕТМАН
• Често уринирање на мало количество урина
Антибиотската терапија е прв избор на третман и истата е во зависност од видот на бактеријата и нејзината осетливост кон антибиотикот што се одредува со уринокултура со антибиограм.
• Урина со црвена, светло розева боја – знак за крв во урината • Урина со силен мирис • Болка и дискомфорт во долен дел од абдомен
• Уретра (уретритис) : печење при уринирање, Отежнато и нецелосно уринирање
Кај сериозни инфекции се започнува со антибиотик од групата на орални флуорокинолони и пред резултатите од уринокултурата. Доколку не се толерира оралниот внес на антибиотици, лечењето се започнува со аминогликозиди или цефалоспорини III генерациа. Денес постои тенденција за редукција на времетраењето на антибиотската терапија и прифатен е ставот дека не постои предност на подолг третман од 3 дена. Во основа третманот на уринарните инфекции без разлика на причинителот мора да вклучи и зголемен внес на течности и често уринирање.
ДИЈАГНОЗА
ПРОФИЛАКСА
Тестови и процедури што се употребуваат за да се постави дијагноза се:
Антибиотска профилакса со мали дози се спроведува кај чести инфекции, трудници со бактерии во урина, кај пациенти со повторувачки симптоматски инфекции, после пласирање на катетер или уролошки хируршки процедури, единечна доза на антибиотик после сексуална активнот доколку инфекциите се поврзани со истата.
Типови на уринарни инфекции во зависност од афектираниот дел од уринарниот тракт
• Бубрези (акутен пиелонефритис) : болка во слабина, Треска, Покачена температура, Нагон за повраќање и повраќање • Мочен меур (цистит) : дискомфорт во долен дел од стомакот, Често и болно уринирање, Крв во урината
• Анализа на урина - уринарен дип стик • Уринокултура (потребно е да се земе среден млаз од урината затоа што се претпоставува дека женската уретра и дисталните делови од машката уретра можат да бидат контаминирани, додека мочниот меур и горните делови од уринарните патишта се стерилни) • Ултразвук или Компјутеризирана Томографија (КТ) и Магнетна резонанца (МР) кога е потребно да се дијагностицираат аномалии • Цистоскопија – кај повторувачки инфекции
ПРЕВЕНЦИЈА -Зголемен внес на течности -Избегнување на воздржување од уринирање -Одржување на хигиенски мерки -Уринирање после сексуална активност -Конзумирање чај Д-р Јулија Даниловска Саздова
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
33
На Симпозиумот во Штип организиран од Неуромедика присуствуваа 240 доктори
На 22.03.2017 во Штип во Хотел Оаза, Не-
уромедика го организираше својот трет Симпозиум во овој град, или вкупно 8-ми на цела територија на Македонија. До овој Симпозиум на вкупно 7-те едукативини настани организирани од Неуромедика учествувале над 1200 доктори од државата. Неуромедика едукативните симпозиуми се одржуваат секоја година во 3 различни градови Скопје, Битола и Штип. Тие се отворени и бесплатни за сите доктори кои се заинтересирани да научат нови вештини и методи од областа на медицината. Симпозиумот беше поддржан и акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија со 12 бодови за предавачите и со 8 бодови за слушателите. Предавачи на Симпозиумот беа еминентни професори-доктори од Неуромедика: 1. Проф. Д-р Методи Чепреганов - специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Кортикални малформации”
34
2. Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - неврорадиолог на тема „Мозочно хернирнирање во трансверзален венски синус – Case study“ 3. Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог на тема “Остеосаркома како втор тумор кај хередитарен ретинобластом – Case study”.
Докторите од Битола собрани на едно место - Неуромедика направи светски Симпозиум
На 29.03.2017 во Битола во Хотел Епинал
Неуромедика го организираше својот трет Симпозиум во овој град, или вкупно 9-ти на цела територија на Македонија. До овој Симпозиум на вкупно 8-те едукативини настани организирани од Неуромедика учествувале над 1400 доктори. Неуромедика едукативните симпозиуми се одржуваат секоја година во 3 различни градови Скопје, Битола и Штип. Тие се отворени и бесплатни за сите доктори кои се заинтересирани да научат нови вештини и методи од областа на медицината. „Симпозиумите имаат за цел споделување на научните достигнувања на нашата здравствена институција која веќе 25 години е во служба на здравјето во нашата држава. Овој акредитираaн Симпозиум во Битола со 8 бодови од Лекарска комора на РМ може да се каже дека беше еден од најдобрите и со голема посетеност од над 200 доктори-слушатели. Секој нов Симпозиум има се повеќе посетеност и секоја година го зголемуваме бројот на слушателите, квалитетот на организација и квалитетот на
предавањата. Позитивно од овој Симпозиум е тоа што публиката-докторите и предавачите имаа дискусии на различни прашања од темите, со што публиката беше анимирана и се одвиваше интеракција помеѓу нив.“ - истакнаа организаторите. Симпозиумот беше поддржан и акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија со 12 бодови за предавачите и со 8 бодови за слушателите. Предавачи на Симпозиумот беа еминентни професори-доктори од Неуромедика: 1. Проф. Д-р Методи Чепреганов - специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Кортикални малформации” 2. Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - неврорадиолог на тема „Мозочно хернирнирање во трансверзален венски синус – Case study“ 3. Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог на тема “Остеосаркома како втор тумор кај хередитарен ретинобластом – Case study”.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
35
Неуромедика медицинско обезбедување на Super cup 2017 На 08.08.2017 на Арената Филип II во
Скопје се одржа UEFA Супер Kупот 2017. Натпревар помеѓу фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Овој фудбалски натпревар беше досега најголем спортски настан во нашата држава од аспект на организација и популарност. Настанот беше масовно посетен од над 32.000 фудбалски фанови и над 2.000 луѓе ангажирани во организација на истиот. Неуромедика како здравствена организација беше дел од големиот спортски настан. Неуромедка како единствена одобрена болница од UEFA медицински го обезбедуваше досега најголемиот фудбалски настан организиран во РМ. Како и во многу наврати низ годините, Неуромедика е константен партнер на ФФМ и сите фудбалски натпревари кои тие ги организираат во рамки на UEFA и FIFA. Нашите медицински екипи долго време се покажуваат како најдобар избор кога станува збор за грижа на здравјето на интернационалните фудбалски екипи. Довербата која ни ја даде ФФМ и UEFA не е случајна. Секогаш даваме максимум од стручен и ор-
36
ганизационен аспект и со огромна прецизност се обрнува внимание на секој детаљ. На самиот фудбалски натпревар се покажа токму тоа. Нашиот кадар неуморно и посветено на високо професионално ниво го спроведи медицинското обезбедување, за што од организаторот UEFA добивме високи оценки и позитивни критики. Со успешно завршената работа и сите позитивни критики, Неуромедика се истакнува како медицински бренд кој ги исполнува светските
критериуми кога станува збор за спроведување на медицинско обезбедување и општа грижа за здравјето на спортистите на терен, VIP гостите во публика и сите навивачи присутни на трибините. Директорот Д-р Емил Угриновски и менаџерскиот тим на Неуромедика им испраќаат јавна благодарност на сите ангажирани вработени: доктори специјалисти, општи доктори, медицински сестри, возачи и логистички кадар кои беа дел од организација и спроведувањето на проектот “Медицинско обезбедување на UEFA Супер Kупот 2017”. Неуромедика натпреварот медицински го обезбедуваше со рекордни 10 екипи или 52 медицински лица на терен и спремна болница на готовност со медицински кадар од повеќе области. Екипите на терен беа составени од: доктор на терен; 6 медицински соби со тим од доктор и сестра од кои 2 беа VIP; 4 мобилни екипи со комплетно опремени амбулантни возила и тим од доктор, сестра, возачи и носачи; координатор на екипи; и главен доктор на проект Проф. Д-р
Ѓорѓе Зафироски-ортопедски хирург и трауматолог. Во медицинските тимови имаше и доктори специјалисти: ортопеди, хирург и физијатар. Екипите на терен беа опремени со најсовремена мобилна медицинска опрема која единствено Неуромедика ја поседува во државава и пошироко. Во нашата болница како логистичка поддршка на готовност беа сите наши доктори и целата медицинска и дијагностичка апаратура која е најсовремена во РМ.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
37
Неуромедика официјална болница и спонзор на Машката Ракометна Репрезентација
Веќе долго време Неуромедика е офи-
цијална болница и спонзор на сениорската и јуниорската Женска Ракометна Репрезентација. Од оваа година Неуромедика ги опфати и машките ракометни категории меѓу кои и најпопуларната екипна селекција во РМ, а тоа е сениорската Машка Ракометна Репрезентација. Нашите мобилни медицински екипи ги обезбедуваат сите натпревари на домашен терен, а нашите ортопеди и физиотерапевти се константно со ракометарите при нивните ангажамни од РФМ. Покрај медицинската поддршка на терен, новата Неуромедика болница на ул. Јордан
38
Мијалков бр. 62 со целосната опременост е на располагање на репрезентативците. Современата дијагностика како магнетна резонанца и компјутерска томографија е неопходна на ракометарите кои често се изложени на повреди. Со нашата дијагностичка апаратура се прават детални снимки, на кои прецизно се одредува степенот на повредите. Нашите ортопеди, радиолози, хирурзи и физијатри со својата стручност со голема посветност обрнуваат внимание на секој случај со цел да дадат што подобра дијагноза и терапија. Резултатот од посветената работа е брза дијагноза и брзо опоравување на ракометарите.
Скопски Маратон 2017 Неуромедика е спонзор и официјална пи придонесоа да нема сериозни последи-
Болница на Скопски Маратон најмасовниот спортски настан во Р. Македонија. Neuromedica со 7 екипи медицински го обезбедуваше настанот на кој земаа учество околу 9000 натпреварувачи. Со 5 мобилни и 2 стационирани екипи Neuromedica целосно ја покриваше целата траса на маратонот кој се одвиваше по главните улици на Скопје. Маратонот помина со десетина сериoзни интервенции и околу 20 помали интервенции. Најчести интервенции беа на дехидрирани натпреварувачи, натпреварувачи со отоци и грчеви. Имаше и 4 колапси кои беа соодветно третирани. Брзите и навремени интервенции на медицинските еки-
ци кај натпреварувачите и можеме да кажеме дека сите натпреварувачи кои беа на интервенција беа успешно згрижени. Покрај медицинското обезбедување Neuromedica имаше 5 претставници на трката на 5км. Neuromedica како општествено одговорна институција целосно ги поддржува ваквите настани кои го поттикнуваат спортскиот и здравиот начин на живот кај луѓето.
PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE
39