Револуција магазин бр.85

Page 1


14 Juli 2012

2

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


14 Juli 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

Sodr`ina Informati~kata tehnologija i op{testvoto Internet-komunikacija dostapna za site mladi?

11

@ivotot prodol`uva na Facebook

14

Intervju so Generalniot sekretar na Sovetot na Evropa Gerhard [reder - ~ovekot koj ja spasi germanskata ekonomija

85

MAGAZIN REVOLUCIJA

5

18 23

Ne{to e mnogu pogre{no vo ova op{testvo

31

DURAN DURAN: Ne zapirajte, zvu~i super!

33

„Rusalki“ - intimni stihovi na ~etiri dami

37

Evergrin na „site vremiwa“ 5

42

Ostrovski pla`i koi }e vi go odzemat zdivot

46

ИМПРЕСУМ OСНОВАЧ: М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: elena.pavlovska@mkrevolucija.com СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ: Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова, Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија ДИЗАЈН: Славе Ангелов МАРКЕТИНГ: Славица Ѓоргиевa Е- mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 75 63 44 94

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

3


14 Juli 2012

Vo potrga po mojata Hajdi... „Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 АДРЕСА: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94 ИЗДАВАЧ: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

4

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Informati~kata tehnologija i op{testvoto Денеска на големо се чувствува револуционерниот удар на најпознатата меѓународна мрежа-Интернетот. Во нашето секојдневие, Интернетот и компјутерските познавања се јавуваат како главен канал на дистрибуција на добра, услуги, дури и на менаџерски и професионални работи. Тие предизвикуваат длабинско менување на економијата, пазарите и индустриската структура, производите и услугите и нивниот тек, потрошувачката сегментација и однесување, работните пазари. Ударот е голем и врз општеството и политиката, дури се чувствува и влијание на начинот на кој денешните генерации, гледаат на светот. Денешниот „модерен свет“ без ИКТ (информатичко комуникациски технологии) не би можел да функционира. Компјутерите најдоа примена во секој аспект од нашето живеење.

Информатичко-комуникациската технологија создаде виртуелен свет, свет без граници.

Развој на Интернетот

Интернет како мрежа постои веќе 30тина години, меѓутоа со појавата на World Wide Web (WWW), во 90-тите години, Интернетот станува она што го знаеме денес. Корените на интернетот се во ARPANET, американсa одбранбена мрежа создадена во 1969 година. Првата TCP/ IP мрежа е направена на 1 јануари 1983, така што овој датум е земен за создавањето на интернетот. Првите компјутери се користеле само за научни или воени истражувања, a со нив знаеле да управуваат само мал број луѓе. Во тоа време интернетот можеле да го употребуваат универзитетите, војската

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

5


Tema Na Nedelata

и некои други државни организации во САД и бил наречен NSF (National Science Fondation) или Национална Научна Фондација. Во август 1991 година, CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години потоа се претставени и HTTP протоколот и HTML кодот. А, веќе во1993 година беше создаден и првиот графички пребарувач Mosaic web browser 1.0. Во 1996 година зборот Интернет веќе стана популарен и започна да се употребува за комерцијални и приватни потреби. Својата комерцијална употреба ја доби дури во 90-тите години. Со брзиот развој на електрониката и на новите технологии на изработка на компјутерски елементи, нивната цена постојано опаѓа, а нивната примена сé повеќе се проширува во сите области.

6

BR.85 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

Сеопшта прифатеност на информатичките технологии

Денес не постои област во која компјутерите не нашле своја примена: индустријата, економијата, трговијата, администрацијата, медицината, војската, полицијата, комуникациите, сообраќајот, угостителството, образованието, културата, науката, уметноста итн. Информатичката технологија е дел од секој сегмент на човековиот живот. Луѓето се во состојба да комуницираат полесно од кога и да е. Семејствата остануваат поврзани без разлика колку се оддалечени, поевтино од претходно. Значи, просечниот граѓанин најчесто ги користи своите интернет вештини за комуникација и дознавање на одредени информации, согласно со неговите интереси. Меѓутоа, спектарот на користењето на компјутерските познавања, значително го подобри

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

квалитетот на нашиот живот, олеснувајќи ни го пристапот до инфорамации и до одредени услуги.

компјутер, настави базирани со искористување на интернетс можностите, како да не!

Денешниве власти упорно се обидуваат да ни ја доближат идејата за е-општество, вметнувајќи го користењето на овие можности како начин на подобрување на животот на граѓаните, но истите или бавно се одвиваат или, пак, се отфрлени од граѓаните.

Затоа и голем број на компјутери останаа неотпаковани и неискористени низ училиштата, а неизбежни беа и кражбите, преку кои поедници се обидуваа да извлечат некој денар за себе.

Имено, компјутерите станаа важен дел во процесот на едукација. Компјутер за секое дете - велеше владата, знаејќи дека информатички вештата работна сила е важна за националната економија. Предавањето и учењето требаше да биде олеснето со користење на компјутери во училниците. А што се случи? „Не се воведуваат нови обичаи во стари села“ - вели една наша стара поговорка. На просветните работници како да им беше тешко да го сменат својот тврдо вкоренет начин на настава. Проверки

на

информации

преку

Информатичката поврзаност е главната поента и на проектот за е-адмистрација и за електронска поврзаност со институциите и претпријатија, кои граѓаните на дневна база ги посетуваат. Поднесување пријави, закажување на приеми, плаќање на сметки и што уште не - се услуги, кои за жал ги користат само поедниците. Причината за ваков мал одзив се должи од една страна на недоволната информираност, од друга страна на фактот што нашиве граѓани немаат доверба во тој начин на извршување на обврските. Посигурно се чувствуваат кога со часови ќе чекаат, кога ќе се гужваат

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

7


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

во редиците, кога ќе се расправаат со лицето од другата страна на шалтерот за евентуални „неправилности“.

и да не се применува. Бројот на фирми кои нудат можност да продаваат преку Интернет сé уште е многу мал.

Уште еден позитивен начин на кој што оваа технологија може да се искористи во македонското општество е електронската трговија. Електронската трговија по дефиниција е процес на купување, продавање, пренос или размена на производи, услуги или информации преку компјутерски мрежи, вклучувајќи го и Интернетот.

Околу 35 компании по електронски пат продаваат компјутерска опрема, фармацевтски производи и книги. Бизнисмените од информатичката комора велат дека банките се најголем виновник за неразвиеноста на електронската трговија, бидејќи го сакаат поголемиот дел од заработувачката и земаат огромни провизии.

Е-комерцот го револуционира начинот на кој луѓето ги трошат своите пари. Сé повеќе луѓе подароците за Нова година и Божиќ, ги купуваат онлајн. Интернет трговијата во Македонија, за жал, е сé уште слабо развиена. Во Македонија веќе постојат модели на електронска трговија кои се применуваат во мал обем, без дефинирани услови за безбедност и сигурност кај корисниците. Пазарувањето преку Интернет со кредитна картичка стана реалност пред година дена, но кај компаниите речиси

8

BR.85 MAGAZIN

Голем дигитален јаз

Причината за генерално слабото познавање на информатичките технологии, е тоа што во Македонија се јавува еден голем дигитален јаз (Digital divide), што како израз за прв пат е употребен од страна на д-р Сајмон Мурс во интервју за „Дигитална инклузија“. Дигитален јаз или дигитална поделба го претставува проблемот на нерамноправно користење на информатичката технологија. Побогатите на една страна со своето богатство

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

и моќ можат да користат сé од ИТ, а посиромашните поради недостапноста не можат да ги користат благодетите на ИТ. Во вакви услови на нерамноправност јазот сé повеќе се продлабочува, па богатите стануваат уште побогати и поинформирани, а сиромашните повеќе заостануваат во сопствениот развој. Дигиталниот јаз ја опишува социоекономската раслоеност на општеството во врска со пристапот до компјутерите и интернетот, односно раслоеноста на граѓаните, базирана врз нивното информатичко познавање. Терминот исто така се однесува на достапноста на квалитетна корисна дигитална содржина за определена група на граѓани. Јазот е социјален и економски проблем. Економската состојба, цената на опремата и интернет пристапот, образованието - претставуваат само дел од причинителите на дигиталниот јаз. Без разлика на тоа колку, така наречени, експерти имаме во општеството, факт е дека во руралните средини голем број на жители се информатички неписмени.

Негативните влијанија од информатичката технологија

ИКТ освен што реши многу проблеми, исто така, создаде и некои нови. Внесе извесен културно- социолошки проблем кај лицата кои се обидуваат да се справат со новата технологија. Колку повеќе нуди Интернетот можности за социјализација со другите луѓе, толку ги прави поедниците асоцијални. Компјутерите заменија многу работни места. Влијаат на детските активности и развој (и тоа најчесто во негaтивна смисла). Аналитичарите на динамиката на развојот на технологијата врз знаењето на човекот истакнуваат дека тоа има и добра и лоша страна. Добрата е што таа отвора несогледливи можности за избор и примена на технологии во секојдневјето на животот и работата, правејќи ги нивните корисници поефикасни, поконкурентни, поиновативни и поквалитетни. Притоа, правилниот избор на технологии донесува огромни заштеди, намалувајќи ги трошоците до неверојатни граници.

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

9


Tema Na Nedelata Лошата страна е тоа што дури и на информатичките експерити им стана речиси невоможно да ја следат таа динамика, а голем број од истите и ја манипулираат. Основна причина кога човек работи со компјутер е чувството на неприкосновеност. Многу луѓе не ги сметаат за сериозни престапите од типот: пуштање компјутерски вируси, нелегално користење и копирање софтвер, недозволено влегување во туѓ компјутер итн. Последиците од неетичко користење на ИТ може да бидат многу штетни и опасни како за поединците така и за општеството во целина. Дека користењето на Интернетот развива и свои негативни последици, ни посочува и фактот дека се утврдени правилата за компјутерска етика, а тие гласат: - Не користи го компјутерот за да повредиш други луѓе. - Не ставај го носот во туѓи датотеки. - Не користи го компјутерот за да крадеш.

MAGAZIN REVOLUCIJA

- Не користи го компјутерот за давање лажни докази. - Не копирај и не користи недозволено авторизиран софтвер. - Не користи туѓ интелектуален призвод. - При пишување и користење на програма или при проектирање на систем, постојано треба да се мисли на можните социјални последици од нив.

Да ги искористиме можностите

Развојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз економските и социјалните промени во него. Глобалните комуникации, електронската трговија и Интернетот му носат многу придобивки, уште поголем развој, економска експанзија и демократија на развиениот свет. Можностите се тука, пред нас, а ние треба само да ги искористиме во наша полза. Светот на компјутерските и интернетски вештини е тука да ни го олесни животот и да го подобри квалитетот на нашето општество. Прифатете го со широко отворени раце! Елена Павловска

10

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Internet-komunikacija dostapna za site mladi? Современиот начин на живот наметнува постојано користење на компјутерската технологија. Но, што станува со оние кои не можат да уживаат во нејзините благодети? Што станува со оние кои живеат во руралните области? Голем број млади денес посетуваат курсеви за работа со компјутери, се надградуваат постојано себеси во оваа област и на тој начин се борат за своето место под сонцето. Но, има и дел од младите, посебно во руралните области, кои иако посетувале одреден курс за зголемување на нивните информатички способности, сепак, немаат каде да го применат своето знаење. Тие немаат достапен Интернетпакет во местото каде живеат, со кој може да бидат во постојана комуникација

со своите блиски, но и постојано да ги усовршуваат веќе еднаш стекнатите способности. Поголемиот број од младите во руралните области, кои имаат можност да си купат компјутер -не го прават тоа, бидејќи тој без Интернет, речиси ја губи својата вистинска функција за неколку дена. Ние сме земја која постојано става акцент на информатичкото општество, на важноста на компјутерската писменост и сме земја која постојано ги поттикнува младите да се едуцираат и усовршуваат во оваа дејност. Во 2010 година беше дека во секое село Интернет-киоск кој ќе бесплатен интернет на

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

најавен проект ќе се постави им обезбедува жителите и ќе

11


Tema Na Nedelata им ја направи модерната технологија многу подостапна. Со тоа ќе станеме првата земја во светот која овозможила Интернет-поврзување и на селата. Истата година беа поставени повеќе од 150 киосци ширум државата. Но, тие се поставија во селата кои се во рамничарските предели, кои се наоѓаат близу некој град и кои, сепак, имаат можност да вклучат Интернет од некој од локалните кабелски оператори поради својата поволна местоположба и близината која ја имаат со градот.

А што со планинските села? Овде вистински благослов е мобилната мрежа да функционира без никакви проблеми. Поради својата неповолна положба овие села се исклучени и од редовната и слободната мобилна комуникација, поради пречестото губење на мобилниот сигнал.

MAGAZIN REVOLUCIJA

нив поради неповолната географска положба на нивното село, имаат многу лоша економска состојба и не се во можност да набават сопствен компјутер. Повеќе од 40% од селаните живеат во целосна сиромаштија поради ваквата географска положба на нивното село, па тие не можат да си дозволат Интернет пакет со компјутер за кого би издвојувале по минимум 2000 денари месечно. Токму поради тоа сè поголем е бројот на млади кои ги напуштаат овие области. А, на оние кои остануваат, неможноста на комуницираат со своите врсници, им предизвикува асоцијалност. Имено тие се изолираат во свој свет, развивајќи кај себе деликвенции, како постојаната консумација на алкохол, се повлекуваат и ја губат секоја желба за понатамошен напредок. Младиот Пеце, кој живее во едно планинско село во западниот дел од земјата се соочува токму со овој проблем. Неговата креативност за создавање на поезија е очигледна. Песните кои тој ги создава во првото читање ќе ве остават без збор. Неговиот сон е да пишува песни, кои еден ден ќе бидат испеани од нашите пејачи.

И во овие села живеат млади, што со нив? Првенствено, поради својата оддалеченост од градот, овие млади немаат можност да посетуваат курсеви за надградување на компјутерските вештини, но исто така и голем дел од

12

BR.85 MAGAZIN

Но, каква полза има тој од нив? Во неговото село нема стабилен Интернет

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

сигнал. А и тој што го има е прескап за да може Пеце да си го дозволи. Неговиот талент и песни остануваат целосно неискористени поради неможноста да ги пласира на пазарот, поради неможноста да стапи во контакт со лица кои можат да го искористат неговиот потенцијал.

помогнеме токму на овие млади луѓе? Кога се размислува за поставување на киосци, зошто никој не помислил да се започне токму од овие области? Да се промени животот токму на овие млади луѓе. На тој начин нивниот живот ќе добие една сосема поинаква смисла.

И додека времето поминува, тој сé повеќе тоне во својата депресија. Неможноста да го напушти селото и да дојде во градот, да го побара своето место меѓу многуте текстописци, му ја одзема секоја желба за живот, му ја убива волјата за напредок.

Тие ќе можат постојано да пронаоѓаат нови начини и нови технологии за унапредување на дејноста со која се занимаваат, ќе имаат поголем пристап до информациите за субвенции, за производи кои се бараат и кои нудат поголема заработка поради нивниот лесен пласман.

Пеце секој ден го поминува барајќи утеха во алкохолот, сакајќи да заборави на пречките со кои се соочува. А, во таквите моменти во наплив на емоции, тага, болка ги создава своите песни, кои доколку бидат испеани од страна на некој пејач сите ќе бидеме освоени за миг. Што треба да направиме за да им

Вака целата држава ќе има поголема корист, ќе порасне производството, ќе се стабилизира економијата. И секако, на овој начин младите ќе бидат во постојан контакт со своите сакани, ќе можат да стапуваат во брак и на тој начин да ги избават селата од белата чума која речиси ги покоси... Наташа Димеска

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

13


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

@ivotot prodol`uva na Facebook Дремејќи на интернет, неретко налетувам на „вицкасти графици“ кои покажуваат за што луѓето го користат интернетот. Најголемите делови од питата им припаѓаат на социјалните мрежи (главно Facebook и Twitter), играње онлине игри и гледање порно-филмови на „инкогнито“. По малку смешно, зар не? Да, смешно, но... вистинито. Пред две децении, интернетот си го отвори својот пат ширум светот. Неговата ефикасност и едноставност за користење, секојдневно го поплочуваат тој пат, со една единствена цел – присутност во секој дом и нормално, енормен профит. Мора да се признае, не е за потценување

14

BR.85 MAGAZIN

фактот да го имате светот на дланка – развојот на најновите технологии овозможува интернетот да си го носите буквално в џеб, каде и да сте се упатиле. Но, колку често си дозволувате да ги откриете скриените катчиња на светот? Вистинитоста на погоре споменатиот график, вели дека не го правите тоа многу често. Распространетоста на социјалните мрежи го механизира човекот, или барем најголем дел од младината. Првото нешто наутро – проверка на Фб профилот – да не има некоја нова невообичаена нотификација. Второ – поставување „моќен“ статус, кој ќе ги собере сите лајкови и лажни пофалби.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Трето – подготовка за во град, и задолжително чек-ин-ирање во најкафулето во градот. И нормално, за да биде авантурата целосна – што побрзо апдејтирање на фотката полна со атрибути, со неминовните тагнувања, за да сите пријатели видат колку сте сите вие „срцки, слатки, ненормални, генијални“.

Да не ја заборавиме и другата страна – ако сакате да збирате лајкови, мора и да делите. Сигурно барем еднаш ви се случило да скокате од еден на друг профил, од еден на друг албум, да се чудите на овој и оној памет, и после два часа, да се прашате – како по ѓаволите, стигнав овде?! Да, тоа е уште една многу често користена можност која ја нуди интернетот – „манијaчењето“!

Што од завист, што од љубопитност, неретко ги посетуваме профилите на луѓе кои едвај еднаш сме ги виделе низ град. Па стискаме лајк, пишуваме лицемерни коментари, сè со цел да го „продлабочиме“ пријателството, кое подоцна ќе го исмејуваме со луѓето кои ги знаеме. Интересен момент на оваа социјална мрежа се игрите кои ги нуди. Моќта која тие ја имаат е феномен кој може да ве остави со подзината уста. Да се будите сред ноќ, за да не ви изгнијат тиквите сред нива. Да брзате да стигнете дома, за да ги нахраните животните. Ај баш станете во пет наутро, па да ги поткопнете компирите на нива – со мотика, не со два клика. Сепак не, а? Фејсбук-игрите формираат загрижувачка опсесија кај луѓето кои ги играат. Едноставно, не можам да не се запрашам – кога ќе се лансира нова игра, која ќе има реални манипулативни ефекти, која ќе навлезе во секоја наша пора, несвесно претварајќи не во нејзини марионети? Се обложувам дека се работи на ова!

Најраспространетата социјална мрежа гради виртуелно општество, кое функционира на ист принцип како и реалното, само што не мора да излегувате од дома. Најголем дел од работите (нова

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

15


Tema Na Nedelata

игра, нови фотки, нов вид статуси, нови апликации) се случуваат или од досада, или затоа што „сите го прават тоа“. Симпатијата стави нов љубовен статус, во врска е со онаа прчлата што не ја поднесувате? Боли исто како да сте ги виделе на улица, фатени за рака. Само, наместо да ја удрите или плукнете, ставете ја на блок! Не ја прочитавте лектирата? Само лајкнете го сижето, можеби наставничката ќе види, па ќе ви се смилува. Колку што не поврзува социјалната мрежа, толку и нè раздалечува, а во голем дел, и нè затапува. Поминувајќи го денот на чат, ја пропуштаме топлината на

MAGAZIN REVOLUCIJA

пријателството. Дремејќи на Facebook, скролајќи нагоре-надолу по екранот, наместо низ улица или надградувајќи ги нашите знаења со некоја добра онлинекнига, и дозволуваме на Климентина да сплете пајажина во нашите мозочни ќелии. Повеќето од нас немаат поим што бараат на Facebook, но сепак се тука. Зошто? Па затоа што ако немаш активен (читај јавен) Fb-профил, исто како да не си жив... Чиста среќа што луѓево немаат граница во борбата за слава, па секој ден може да видите нешто што ќе ве насмее до солзи и ќе ви го разубави денот.

Славица Ѓоргиева

16

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

14 Juli 2012

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

17


Evropska Unija

MAGAZIN REVOLUCIJA

Intervju so Generalniot sekretar na Sovetot na Evropa -

Torbjorn Jagland

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд искрено зборува за пренатрупаноста на Европскиот суд за човекови права со незавршени судски процеси, потрагата по заеднички eвропски идентитет, порастот на национализам и расизам во земјите-членки, Арапската пролет и борбата за човекови права и слободно новинарство низ континентот. Слушаме многу за пренатрупаноста на Европскиот суд за човекови права со незавршени судски процеси и дека бројката стигнала до 150.000 спорови. Има ли некое недоразбирање со оваа бројка и со тоа зошто толку многу се чека да дојдат на ред и ако е така, би можеле ли да ни појасните што всушност се случува? Важно е да се разберат причините за застојот. Првата е доста едноставна: Судот е еден за сите 47 земји-членки во Советот – за граѓаните и за сите

18

BR.85 MAGAZIN

кои живеат во тие земји или се во посета. Втората е дека е жртва на сопствениот успех, како примарен чувар на човековите права во Европа, луѓето знаат и веруваат дека ќе бидат третирани непристрасно и дека нивните маки ќе бидат чуени. Истовремено, сé уште има структурни проблеми што треба да се надминат, а ова е причината зошто започнавме процес на реформи за судот. Има охрабрувачки знаци дека новите работни методи ќе помогнат во решавањето на долгоодложуваните

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

спорови, а програмата со реформи што беше одобрена за време на Брајтонската конференција на крајот, кога со неа заседаваше Велика Британија, ќе направи значителни разлики. Го критикувавте британскиот премиер, Дејвид Камерон, затоа што многу храбро зборуваше за мултикултурализмот. Што мислите дека можеше да настапи различно? Зарем оваа тема не треба да се зборува во политичката арена со што би се спречило да биде единствено засолниште за крајната десница? И со неодамнешните политички случувања во Франција и Холандија, забележувате ли дека национализмот почнува да ја покажува грозната страна низ Европа, уште еднаш откако крајнодесничарските партии го свртеа во нивна корист нередот создаден од главните партии, во врска со економската криза? Не го критикував премиерот Камерон. Да, им забележав нему и на други лидери, поточно на германскиот канцелар Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Никола Саркози, затоа што се сомневаа во традиционалните убедувања на мултикултурализмот. Ова покажува дека дебатата на Советот на Европа за тоа како да се искомбинира разноличноста и слободата е многу значајна. Извештајот што го објавивме минатата година, напишан од девет рангирани експерти, како што е професор Тимоти Гартон Еш од Велика Британија, предложи неколку начела за „заеднички живот во 21-от век во Европа“. Расизмот е во пораст во многу делови од Европа, млади луѓе се огледуваат на екстремизмот,

затоа што се соочени со невработеност и општествена несигурност. Ги повикувам лидерите на политичката сцена гласно да прозборат против нетолеранцијата, а да ги образложат придобивките од разноликите општества. Кое е вашето мислење за случајот во Украина со Јулија Тимошенко? На чија страна сте при промените што се одвиваат во земјите како Унгарија, Белорусија и Азербејџан, а се однесуваат на оддалечувањето од демократијата, човековите права и слободните медиуми? Алармирав за третманот на Тимошенко и нејзиниот случај е будно следен од разни тела на Европскиот Совет. Таа поднесе жалба до Европскиот Совет за човекови прва, кој следи како е таа третирана. Ситуацијата на Тимошенко ги покажува недостатоците во законскиот и судскиот систем на Украина, проблеми што се јасно идентификувани од Советот на Европа и неговите органи за надзор. Работиме со Украина со цел да ги поддржиме реформите во судството и забележуваме напредок, иако не со темпо коешто многумина го очекуваат. Во Унгарија имаме добра соработка со властите и јас лично се имам сретнато и работено со нивниот премиер и други членови на владата. Правни експерти од Венецијанската Комисија на Советот на Европа (Европски Комитет за Демократија преку право) работеа со властите, што донесе позитивни промени и придонесовме за подобрување на медиумската сцена со две експертски анализи за медиумски закони. Амандманите на медиумските закони, кои што се доставија до унгарскиот парламент во мај годинава, одат во права насока, но има и други аспекти

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

19


Evropska Unija

што треба понатаму да се разгледаат. Азербејџан се вклучи во 2001-та и сé уште е надгледуван од одборот на министри и парламентарното собрание. Потребни се големи структурни реформи. Постојаните апсења на политички активисти, заплашување на новинари и бранители на човекови права- се појави што ме загрижуваат, неуспехот да се најде решение е голем проблем. Моментално со властите во Азербејџан разговараме за изготвување на работен план за поддршка на земјата при исполнување на задачите кон Советот на Европа, што ги вклучуваат и оние поврзани со слобода на говорот. Белорусија сé уште не е во Советот на Европа. Кога ќе го отфрли диктаторството и кога ќе ја укине смртната казна, земјата

20

BR.85 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

е повеќе од добредојдена за влез. Во меѓувреме, работиме со цивилното општество и со независните медиуми, кои постојат да го одржуваат дијалогот. Една од целите на Советот на Европа е да промовира европски културолошки идентитет, но што точно е тоа? Повеќето луѓе се идентификуваат себе си според градот или земјата во која живеат, културите и традициите од тој град или земја. Не велите „Јас сум Европеец“ кога некој ќе ве праша од каде сте, па така, нели е малку чудно да се создава европски народ со европски идентитет? Потоа, создавањето на Советот на Европа беше реакција на две светски војни. Со поделената глобална состојба и геополитички промени,

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

кои ги забележуваме од Запад, па сé до Исток, нели се чини како да постои опасност од понатамошни конфликти на глобално ниво, особено кога постои неизвесност околу природните извори, масовен пораст на населението и сево ова е алка во деликатниот трговски систем што го одржува светскиот мир? Мислам дека Европа има еден заеднички идентитет и тоа благодарение на заедничките вредности, базирани на човекови права. Една од најважните вредности на Европа, според мене, е разноликоста и можноста да научиш од неа и да извлечеш корист од неа. Проектот на Советот на Европа беше и засекогаш ќе биде да се изгради мир и стабилност преку меѓусебно разбирање на нашите различни култури и традиции. И покрај моменталната окупираност на Европа со економски прашања, мислам дека охрабрување на „длабока сигурност“ е поважно од било што за европската иднина.

Кога станува збор за човекови права и други области што се во надлежност на Советот на Европа, дали е правилен балансот помеѓу колективен европски глас и национален суверенитет на земјитечленки или, пак, има потреба од понатамошно ребалансирање? Јасно е дека доколку Советот на Европа сака да биде ефективен, мора да се фокусираме на области каде може да обезбедиме вистинска дополнителна вредност. Се наоѓаме во неверојатна позиција кога можеме да ги утврдиме предизвиците, нови и оние кои допрва се јавуваат, што се спротивставуваат на демократијата, човековите права и владеењето на законот во сите 47 европски земји. Нашите конвенции за сајбер-криминал, трговија со луѓе и заштита на податоци - се одличен пример за прекугранични акции за проблеми што не се ставале во преден план пред една деценија. Истовремено, има место за нови мерки

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

21


Evropska Unija што понатаму би го заштитиле народот во Европа. Една од овие е прием на Европската Унија во Европската Конвенција за човекови права, за што во моментов се преговара. Ова ќе значи дека одлуките на ЕУ ќе бидат предмет на јурисдикција на судот, каде ќе се затвораат дупки во законот и на европските граѓани ќе им се дозволи да ги преиспитаат законите на ЕУ во областа на човековите права. Кое е вашето гледиште за начинот на кој европските земји-членки реагираа на Арапската пролет и, исто така, кое е вашето мислење за начинот на кој Европската служба за надворешна акција на Кетрин Ештон, возврати на бунтовите во Блискиот Исток и Северна Африка? ЕСНА на Кетрин Ештон и Советот на

MAGAZIN REVOLUCIJA

Европа се посветени на помагање на партнерите во Јужниот Медитеран да изградат „длабока демократија“. Ова значи не само да се пишуваат демократски устави и да се спроведат слободни и фер избори, туку да се создаде и одржи независно судство, слобода на печатот, динамично цивилно општество и сите останати карактеристики на демократија што зрело фуинкционира. Сите овие елементи овозможуваат плодна легална и институционална почва за одржлив развој. Искуството на демократска транзиција во Централна и Источна Европа може да понуди куп од многу интересни и вредни лекции. Но, мора да ги земеме во предвид не само сличностите туку и политичките, економските, општествените, институционалните и културолошките разлики. Извор: Public Service Europe Подготви: Милена Петровска

22

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika Gerhard [reder - ~ovekot koj ja spasi germanskata ekonomija

„Воведете реформи и ќе излезете од долгот“ - така гласи непишаната мантра на Германија за европската криза. Канцеларката Ангела Меркел ги принудува Грција, Шпанија, Италија и останатите да си ја уредат економијата и да си ги платат долговите, задржувајќи ги парите на Германија, додека не го сторат тоа.

2010“, која кога беше стартувана во 2003-та доби признанија за изолирање на Германија од нередот со кој подоцна се соочи Јужна Европа.

Берлинскиот совет за економска правда не е само проповедање. Самата Германија го направи тој чекор и стана посилна.

„„Агенда 2010“ беше модернизациран концепт за Германија,“ вели Шредер. „Германија беше позната по неспособноста за спроведување реформи, сé додека Агендата докажа дека и тоа е возможно.“

Герхард Шредер, социјалдемократ, беше германски канцелар од 1998 до 2005 год. и за време на неговиот втор мандат неговата влада ги намали даноците, ги зголеми бенифициите за невработените и ги насочи законите за работни односи. Придонесите на г-дин Шредер за добросостојбата се познати како „Агенда

Се сретнав со г-дин Шредер едно дождливо утро, минатата недела, во модерните канцеларии на неговата бизнис- фирма во Хановер.

Поранешниот канцелар е згоден и во добра форма. Зборува брзо и со самодоверба, понекогаш избрзувајќи да одговори на прашањето, уште пред да завршам со поставувањето на истото. Седум

години

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

по

излегување

23

од


Politika

германската политика – „никогаш повторно“ е одговорот, кога го прашав дали некогаш повторно би се вратил во неа – Шредер сé уште има несогласувања со членови на германскиот парламент. Она што го натера Герхард Шредер во неговата агенда да ги примени економските реформи, беа тогашните околности. Кога стапи на својата позиција во 1998, невработеноста во Германија беше 11%, а економскиот пораст беше близу нула. Шредер победи на сојузните избори таа година, со ветување дека ќе стави крај на економската мизерија. Но, кризата во цела Европа за време на неговиот прв мандат доведе до тоа да тој се правда пред гласачите зошто невработеноста е сé уште околу 10%, кога бараше повторни избори во 2002. Германија му даде втора шанса, а неговата влада веднаш почна да ги остварува своите ветувања. Резултатот

24

беше

радикално

BR.85 MAGAZIN

реоформување благосостојба.

MAGAZIN REVOLUCIJA

на

германската

За да се намалат трошоците за работна сила, „Агенда 2010“ ги спои општественосоцијалните бенефиции со бенефициите за долгорочно невработените, спојувајќи ги целокупниот износ и достапноста на помош, а трошоците за здравствено осигурување на работодавците беа скратени. Беа забрзани планираниот приход и корпоративните даночни скратувања: данокот за највисокиот личен приход беше намален на 42% од 48,5% и најниската стапка падна на 15% од 19,9%. Стапката на корпоративниот данок падна на 19% од 25%. На пазарот на труд, Шредер направи давањето отказ да биде полесно, бидејќи се очекуваше вработувањето да биде, исто така, полесно. Правилата кои ги заштитуваат вработените од отпуштање „поради економски причини“ беа ослабнати. Беа воведени мерки за работодавците да избегнат тужби од отпуштени работници, кои бараат

REVOLUCIJA


Politika

MAGAZIN REVOLUCIJA повторно да бидат вработени.

За да се поттикне барањето работа од страна на невработените, „Агенда 2010“ ги скрати бенефициите за невработените и ги засили финансиските санкции за оние кои беа во можност, но не сакаа да прифатат одредена работа. „Сега резултатите зборуваат сами за себе“, вели Шредер. „Долго време бевме болниот дел од Европа. Сега сме здравата европска госпоѓа“, додава, знаејќи дека невработеноста во Германија е 6,8%, приближно најниската вредност уште од повторното обединување во 1990-та. Порастот на германскиот БДП спречи оваа година еврозоната да влезе во нова рецесија. Шредер, сепак, забележува дека моменталната германска економска моќ не е само резултат на „Агенда 2010“. Во Германија има многу програми за споделување работа. За време на финансиската криза, ова им овозможи на работодавците со помош на владините субвенции да ги задржат вработените со намалени работни часови, наместо да ги отпуштат. Шредер, исто така, забележува дека германскиот уникатен систем на „кодетерминација“ со кој членови на унијата окупираат трајни позиции во корпоративните одбори, дава сигурност дека трудот и менаџментот се во можност да преговараат со двете страни, земајќи ги предвид долгорочните интереси. Во Германија, довербата на работниците дека имаат право нивниот глас да се слушне помага платите да бидат конкурентни и да се намалат штрајковите за разлика од други европски земји.

Ко-детерминацијата не е доволно користена во англо-саксонскиот свет, вели Шредер. Како и да е, канцеларот страдаше поради неговите реформи. „Агенда 2010“ доби посветена поддршка од главните германски конзервативни партии: централно-десничарските Демохристијани и Христијанско Социјалната Унија и бизниспријателските Слободни Демократи, но ја подели партијата на Шредер, централнолевичарските Социјалдемократи, од кои некои ги нападнаа реформите, велејќи дека се „скандалозни“ и „бесмртни“. Униите беа револтирани. Во 2005, по поразот на Социјалдемократите на државните избори, Шредер повика на предвремени избори. Социјалдемократите не успеаја да освојат мнозинство. Новиот канцелар беше лидер на Демохристијаните: срамежлива поранешна хемичарка, порасната во Источна Германија, со име Ангела Меркел. „Би сакала лично да му се заблагодарам на канцеларот Шредер за храброста и за одлучното отварање врата со „Агенда 2010“, така што нашите социјални системи би можеле да се адаптираат кон новата ера“, рече Меркел како канцеларка, во нејзиното прво обраќање кон Парламентот. Меркел можеби го има задржано духот на реформите на Шредер во Германија, но во рок од седум години, во поголем дел од Европа не постојат големи докази дека другите држави научиле нешто од мудрите реформи кои Германија ги воведе. Францускиот претседател Франсоа Оланд

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

25


Politika ги помина неговите први месеци во канцеларијата кревајќи ја минималната плата, намалувајќи ја возрасната граница за добивање пензија и држејќи се до неговата озлогласена намера да ги оданочи високите примачи со 75%. Присвојувањето на политиката на Оланд би направило „вистинска катастрофа“ за Германија, вели Шредер. Свесен за политичките и историските чувствителни точки, Шредер советува дека Германија и Европската Унија треба да ги бодрат реформите од стилот на „Агенда 2010“, како лек за Јужна Европа, без конкурентни мерки за промовирање домашно трошење и спречување на непосреден колапс. Тој ги повтори препораките на Оланд и останатите, дека ЕУ треба да инвестира во слабите економии преку фондовите

26

BR.85 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

за регионален развој на ЕУ и проект обврзници за инфраструктура. Превземање на претежок чекор без доволно голема награда носи ризик од „уништување на домашната побарувачка,“ вели Шредер. Дури и перфектно извршени структурални реформи не можат да донесат резултати уште веднаш. Шредер истакнува дека си створил навика да не го коментира својот наследник, но вели дека Меркел премногу од близу ги слушала таблоидите порано во текот на кризата, посебно во врска со Грција. „Таа секако знаеше дека никој не сака да гледа како парите од германските даночни пари се трошат на стабилизирање на Јужноевропските држави.“

REVOLUCIJA


Politika

MAGAZIN REVOLUCIJA Неговиот став посожалувачки.

кон

Грција

е

„Спасот на Грција и купи време, но во секој случај, владата во Атина има потреба не да ги избегне реформите, туку да биде во можност да ги протегне со текот на времето и да му докаже на грчкиот народ дека избраната патека е од помош.“ Шредер го истакнува неговото лично искуство со „Агенда 2010“. Во 2003, неговите реформи само што почнаа да се имплементираат, а Европската Комисија сметаше дека Германија и Франција ги повредуваат ЕУ дефицитарните и должничките лимити. Министерот за финансии во тоа време, Ханс Аихел, понуди 20 милијарди евра дополнителни скратувања на трошоците, за да се усогласи Германија со законите на ЕУ. Шредер ја одби оваа понуда: „Реков, Ханс, ова нема да работи. Не можеме да се истуркаме низ овие реформи, на кои треба да се посвети целата наша моќ и да се презеде секој ризик, а згора на тоа и да се зачуваат 20 милијарди евра.“ Тоа што Германија и Франција никогаш не беа казнети за нивните долговни престапи, сé уште стои како доказ дека никое ЕУ правило не е толку важно, што најголемите членови не можат да го избегнат. Многумина ги обвинуваат Берлин и Париз за нивниот првичен грев, кога им дозволија на медитеранските влади да ги зголемат нивните долгови. Но, Шредер вели дека околу фискалните правила може да се преговара „во земјите каде структуралните реформи навистина заземаат место – каде, со други зборови,

е имплементирана „Агенда 2020““. Смета дека тоа е убаво да се вети, но тешко да се практикува. Шредер се двоумеше кога го прашав дали политичките системи, како оној на Грција, се едноставно премногу нефункционални за да направат одредени промени, дури и ако поширок консензус во државата смета дека е неопходно. „Се надевам дека новата грчка влада разбира – и си зема при срце – дека мораат да тргнат по овој пат. Тоа е предуслов за добивање повеќе време.“ Сега е важно да се има поголема флексибилност во моменталната стратегија за спасување, вели тој, но сé уште е убеден дека следниот чекор на Европа мора да вклучи поголема политичка унија помеѓу земјите членки. „Тоа значи способност за контрола не само врз монетарната политика, туку и врз економската, финансиската и социјалната политика. Кризата ова го направи многу јасно.“ Меркел и Демохристијаните ги превзедоа истите мерки, поддржувајќи го воведувањето на „европски министер за финансии“ кој директно ќе ги контролира националните трошоци и даноци. Канцеларката Меркел претстави „буџетски комесар“ – како што беше наречена предложената позиција – како предуслов за понатамошна ЕУ-помош како што се здружени обврзници во еврозоната или директно купување на периферен суверен долг. Оланд, иако не сам, најгласно протестираше во врска со загубата на суверенитетот, што таквата централизација ќе го предизвика. Анкета спроведена оваа недела

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

27


Politika

покажа дека нешто помалку од три четвртини од Германците, исто така, се спротивставуваат на идејата за „Обединети Европски Држави.“ Владејачката коалиција на Меркел е, исто така, поделена во врска со проблемот. Слободните Демократи бараат канцеларката да наметне буџетска контрола на ниво на ЕУ, без да се понудат еврообврзници за возврат. Тие ги гледаат ваквите обврзници како опасно посветување на германските даночни пари, дури и ако буџетите на националните влади беа строго контролирани. Евроскептични политичари од втор ред во трите партии од коалицијата сметаат дека принципите за европска интеграција се отфрлени. Идејата за враќање на германската марка во последно време котира високо.

28

BR.85 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

Во меѓувреме, Социјалдемократите ги критикуваа конзервативните партии за компромизирање на европска солидарност со тоа што штедат премногу германска помош. „За Европа постои само еден избор помеѓу лоша и катастрофална ситуација. Одбирајќи го првото „би значело дека Германија мора да застане зад развитокот на Европа, затоа што од тоа имаме профитирано“,вели Шредер. „Но мора да постојат лимити,“ додава тој. „Меркел беше во право кога рече дека продуктивноста на Германија не е неограничена.“ Тие ограничувања можеби и не се многу далеку. Минатиот месец германското производство го забележа своето најбрзо темпо во последните три години. Трошоците за осигурување против германската влада по обичај

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika

се зголемуваат. Ако Германија мора да придонесе значително повеќе за да ги спаси јужните држави, нејзиниот јавен долг – веќе над 80% од БДП – може да ја зголеми лутината на пазарот. Исто така, може да ја стави Меркел во ризик од губење на нејзиното работно место на следните федерални избори. Мнозинство од Германците сé уште ја гледаат канцеларката како одговорен клучар на Берлинската каса; нејзината популарност е најголема од 2009-та. Но, процесот на градење коалиција ќе биде комплициран во зависност од тоа што ќе се случи во Европа. Дури и ако Германија добие во својата битка за политичка унија, тоа ќе биде проект кој ќе трае од 10 до 20 години и не би било брзо и навремено средувањето на работите пред изборите. „Оваа влада нема да остане на власт по 2013-та“, вели Шредер, убеден во тоа што го зборува, додавајќи дека останува отворено прашањето, дали тоа значи

дека и Меркел е надвор од игра. Но, Шредер е сигурен дека моменталната коалиција нема да добие мнозинство гласови наредниот пат кога Германија ќе гласа. Германската политичка класа може да се најде себе си убедена дека не е во право да се надева, дека европските национални влади можат да го изодат нивниот пат до солвентност со помош на реформи. Големото досие од разочарувања, кое произлезе од Атина, Мадрид и Рим ја поттикнува страшната мисла дека ова не е само криза на европските пари или на европските институции, туку е криза и на европската Социјалдемократија. Ситуацијата на Германија изгледа ќе сугестира дека не е пример или барем не мора да биде пример. Но, колку неодамнешни европски влади, без разлика дали од левицата или десницата биле како онаа на Шредер?

Превод: Славе Ангелов Извор: World Crunch

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

29


14 Juli 2012

30

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

Ne{to e mnogu pogre{no vo ova op{testvo

Се разбудив рано утринава, па како и секое друго утро се нацртав пред компјутерот. Зависна сум, знам. Ама, во последниве година дена нешто е многу погрешно на мојот монитор. На вестите се појавуваат некои нови грди фотографии, некои сцени што порано не биле. Порнографија со бебиња, ќотек за задоволство, кучиња како мамка за ајкули, среќа од крваво газење по зајчиња, геноцид на несакани луѓе, геноцид на несакани животни - да гледаш во очите на нешто живо додека умира и да бликаш од среќа. Нешто мора да е многу погрешно. Каде скршнавме од патот за толку многу да залутаме во некоја темна шума од која

не се гледа излезот? А, ние сé повеќе и повеќе завлегуваме во темницата и таму ни станува некако убаво и пријатно. Да се навикнеш на нездравоста на општеството, да ти биде нормално. Светот мора да е на некоја нова дрога. Некоја многу моќна супстанција што ти создава вечна зависност и ти прави да се чувствуваш прекрасно во болното општество. Најпопуларната и најбараната дизајнерска дрога на современото општество - парите. Оние кои ги имаат буквално газат по грбот на оние кои ги немаат. Ама, сите се подеднакво навлечени на истата таа дрога.

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

31


Mladi So Stav И кога им снемува, се транформираат во нелуѓе, монструми во потрага по повеќе од дрогата.

И не е важно што треба да се направи за да се дојде до оваа дрога, сé е дозволено. Умот повеќе нема граници, нема рестрикции, нема страв и нема почит. Ова е некоја нова комплетно изменета состојба на умот, под дејство на најсилната дрога. Она што ја прави оваа дрога толку масовно распространета е фактот што може да им биде достапна на сите, без разлика на пол, раса или социјален статус.

MAGAZIN REVOLUCIJA

Не бира ниту помеѓу властодржец, спроведувач на мир и безбедност и обичен граѓанин. Сите тие еднаш пробале и сега се длабоко зависни. За да дојдат до повеќе, прават сé, дури и она што е надвор од законските рамки.

Вчера на жештината еден натоварен старец ја минуваше улицата, човекот само што не падна, сите го одминаа. Едно куче до него беше прегазено од автомобил, ама уште дишеше, а никој не застана. Не знам дали сте забележале, ама нешто навистина е многу погрешно во ова општество... Елена Николовска

32

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

DURAN DURAN:

Ne zapirajte, zvu~i super!

И да не сте голем љубител ниту на поп – рок, ниту на масовни концерти на безвремените англиски бендови, не можете, а да не се заљубите во чистиот и искрен пристап на Сајмон Ле Бон кон македонската публика, фронтменот на групата Дјуран Дјуран, кои за првпат го освоија Скопско Кале на 7-ми јули. Навистина не беше потребно да бидете нивен фан, ниту да ги знаете напамет нивните песни од досегашните 13 албуми, за да се најдете заплеткани во мрежата на живиот ритам на бас- гитарата, кој ве тера да скокате од радост како дете на новата играчка. Со мало задоцнување од 20 минути (колку бев испаничена на патот до Кале, стравувајќи дека или е премногу гужва

за да дојдам до прифатливо место, или се преголеми турканиците за проверка, бидејќи сепак доаѓа бенд од светски калибар) пристигнав на „местото на злосторот“. Како што се доближував кон Кале, срцето ми чукаше позабрзано, што од брзото одење, што од скокотливото откровение дека навистина одам на нивниот концерт. Луѓе од сите возрасти – млади, стари, големи, мали, фамилијарни луѓе или маргиналци се упатуваа кон влезот со шишенца вода, кои сепак на крајот завршија во канта. Нокаут веќе свиреа, поточно завршуваа со најавата на бендот, пеејќи ја нумерата со наслов „Лебедот бел“ - прилично романтичен

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

33


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

крај.

гордо ги красеше нивните звучници.

Имаше повеќе штандови со вода и алкохол, но генерално масата народ ја задоволуваше жедта од дехидрацијата, поради концентрираното количество на CO2, со чаша пиво.

Точно во 21:58 излегоа на сцена, нашите вечерашни херои, давајќи ударен почеток со песна од новиот албум, насловена како „Before the rain.” Гласот на Сајмон како да не беше променет сите овие 30 години, во споредба со клиповите на јутјуб од нивните песни како младинци.

Прошаравме низ редовите, набргу дојдовме до оградата, со што ја допревме најблиската точка од која можете да уживате во групата со купена карта од 1000 денари. „Максимално искористени помислив во себе.

пари“,

Нокаут ја поздравија публиката. Нетрпението се зголемуваше додека се подготвуваше бината. Рефлектори, микрофони, звучници -целата опрема на Дјуран Дјуран веќе беше подготвена за помалку од 30 минути. Да не го заборавам и британското знаме, кое

34

BR.85 MAGAZIN

На бината беа поставени и два екрани, на едниот одеше некој спот со милитаристички елементи (можеби поради строгиот ритам), на другиот беше прикажан Сајмон, во интересно декорирано бело палто, комбинирано со црна кошула. По завршувањето со песната, Сајмон ја поздрави македонската публика на македонски начин, изрази благодарност кон своите фанови, кои се собрале во толкав број и покрај поминатите

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

30 години, истакнувајќи дека овој момент е тоа што ни треба, со што го означи моќниот звук на следната песна, насловена како “All you need is now”. Публиката не се откачи баш во буквалната смисла на зборот иако ритамот беше ужасно динамичен, барем не таму каде што се наоѓав јас, можеби бидејќи фановите сè уште не беа доволно загреани, можеби бидејќи стануваше збор за песни од новиот албум, кои не се најдобро познати на повозрасната публика.

„маж“ меѓу првиот ред, кој ќе го удостои со пеење. Потрагата по оригинален Македонец заврши со првиот доброволец. Се претстави како Панче, а на неговото идентификување како „домородец“, Сајмон се пошегува дека „Панчо“ не е Македонец, поради шпанскиот звукот на неговото име. Но, како што кажа Сајмон на микрофонот, Панчо не може да го испее ритамот, бидејќи не му оди добро со примање на наредби, ја побара следната „жртва“, по име Боби.

Но, јас како „послушен ученик“ се потрудив да ги проверам најпознатите песни од сите албуми, па се израдував на звукот на веќе преслушаната песна. Сомневањето дали Дјуран Дјуран ќе нè удостојат со добро познатите хитови од минатото, конечно заврши со следната изведба.

Боби го прифати ритамот, кој подоцна се прелеа и низ целата публика. Рацете во вис, гласот максимално ангажиран е веќе навистина бев на концерт!

Сајмон, на ниту малку претенциозен начин се симна меѓу публиката, барајќи

Во ритамот на „та-ра-ра-ра“, грандиозно ја одиграа следната песна со наслов „The

Сајмон нè остави без здив, континуирано нè мотивираше да го одржиме ритамот, велејќи „Не запирајте, звучи супер!“.

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

35


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

reflex“. Веќе македонската публика се најде на познато тло, па не го штедеше својот глас во максималната подршка за нивната музика. Ми се допадна што секоја песна Сајмон ја најави со впечатливи вербални епитети, можеби сакаше да покаже колку почит и индивидуалност има секое нивно парче музика.

„Relax“ од групата „Fredie goes to Hollywood“, не нè оставија рамнодушни.

Со зборовите „оваа песна е посветена за сите кои тагуваат и го бараат своето место под сонцето или пак им помагаат на другите да ја надминат својата тага“ елегиски ја изведоа „Ordinary world“.

Додека Сајмон, грандиозно ширејќи ги рацете во вис, кревајќи ја главата високо кон небото, вистински го „освои“ Скопското кале, звукот на неверојатната гитара на Еди Тејлор ја исцрпи целата енергија од нас точно во 00.00.

Следеа добро познатите хитови „Notorious“, „Save a prayer“, „Come undone“, „Planet Earth“ и „Girl Panic“, проследена со контроверзниот спот, во кој во улога на четворицата членови на бендот се јавуваат четирите познати дами од модните писти Наоми Кемпбел, Хелена Кристенсен, Синди Крафор и Ева Херцигова. Краткотрајниот проблем со тапаните, не ги спречи да ја замаскираат таа грешка со помош на електричната гитара. Впрочем, малата пауза ѝ годеше на публиката да ја смири сувоста на грлото уште со некоја чаша пиво. Дефинитивно најголемиот бум се случи за време на песната „Girl panic“, чии маестрално отсвирени акорди во микс со песната

Сајмон Лебон на 54–годишна возраст демонстрираше некои од заборавените кореографии на групата од 80–тите, кои навистина беше пријатно да се гледаат, прикажани со неговата енергија.

Бендот се поздрави од нас. Толку, крај. Два часа медитација за очи и уши. Веројатно имаше и такви кои беа собрани близу Кале, па од далеку уживаа во нивната музика, но компарација не може да се направи. Плаќаш за да ги видиш, и тоа дефинитивно се исплати. Иако не ми беа омилен бенд, ниту пак некогаш рандом сум ги пуштила нивните песни на јутјуб или сум ја оставила радио – станицата на која свиреле нивните песни, се чувствував „должна“ да ги удостојам со моето присуство и со нивната музика да го обележам првиот голем концерт од светски рамки на кој сум го оставила својот печат, што во сеќавањата, што на фотографии. Тамара Славеска

36

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

„Rusalki“ - intimni stihovi na ~etiri dami Од неодамна македонската книжевна ризница може да се пофали дека ја доби првата македонска современа женска едиција поезија -„Русалки“. Четири прекрасни дами, сите толку различни, а толку исти, ги вложија своите најдлабоки, најинтимни чувства во стиховите испишани на страниците на „Шеќер по подот“ од Снежана Стојчевска“, „Мижитатара“ од Катерина Батаклева, „Жега“ од Аница Блажевска и „Ладно кафе“ од Цветанка Колева. Патот до „Русалки“ е мошне интересен. Како што кажуваат овие извонредни жени, споделувањето на своите стихови преку блогови, довело до раѓање на прекрасни пријателства, а од таму и до раѓањето на овој проект, кој е од големо

значење за македонската поезија. Сите четири жени доаѓаат од различни градови, сите се со различни судбини и различен стил на творење, но сепак, нив ги поврзува поезијата и темите за кои пишуваат, а со кои се исцрпува реалноста, секојдневните проблеми со кои се соочува современата жена денес. Името под кое е претставена оваа едиција, „Русалки“, е земено од словенската митологија. Можеби на многумина терминот „русалки“ не им значи ништо. Русалките се митолошки суштества, односно, женски духови, нимфи, сирени, самовили, кои се истовремено и убави и мрачни, а успевале да ги заведуваат

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

37


Artvizor кралевите, морнарите и овчарите, кои не можеле да одолеат на нивната песна. Се смета дека само да се слушне смеата на Русалките, може да биде погубно. Исто како нив и Снежана, Аница, Катерина и Цветанка имаат своја „мрачна“ и убава страна, која толку искрено и несебично ја споделуваат со своите читатели. На нивната промоција, во киното Фросина, на симболичен начин беше претставена темата која со себе ја носи насловот на секоја од четирите книги.

MAGAZIN REVOLUCIJA Драг Господине

Топло е денес овој авангарден Јануари бунтовно се обидува да докаже дека може да биде Мај снегот е клише ќебето - изгустирана топлина сигурноста - апсурд! Врвот на кариерата ќе му биде безнадежно просечен Април сепак, пристрасно ми е симпатичен - ме потсеќава на мене. Зошто молчите? ме изморивте веќе со тие погледи за врамување само блискоста нема потреба од зборови не - љубопитноста не - возбудливоста

Во поезијата во „Мижитатара“ на Катерина Батаклиева преовладува разумот и всушност на промоцијата таа токму него и го претставува. Таа пишува за секојдневни социјални проблеми, кои ја измачуваат жената на 21-от век, за стареењето, за заталканиот систем и местото на жената во него. Покрај остриот, реален критички осврт што го дава кон општеството и вредностите кои во него владеат, Катерина има и нежна, романтична страна, која не може, а да не ве стопи, разнежни или наежи. Таа книгата ја почнува со песната „На мојата умница - убавица“ посветена на нејзината ќерка во која ја советува „Направи ги зборовите рамка за тишината и никогаш, немој никогаш да дишеш од навика“.

38

BR.85 MAGAZIN

Добро, признавам дека мојот испад пред тој куп вообразени лоши поети беше пиздарија па што? Ве усрамив? Но нели се догоровивме дека ќе претпочитаме дрскост пред куртоазија? Нели рековме, не сакаме наместени дијалози, монтирани насмевки на бајата љубезност темпирани здравици како условен рефлекс и на-ти-го-дај-ми-го фалби? Но до бога, НИЕ не сме како нив и не е точно дека тоа нѐ прави нeвоспитани ТОА, драг мој Господине, нѐ прави убави Кажете нешто... Ви донесов цеде од Чалгија да го пуштам? не?

REVOLUCIJA


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA добро, ќе си одам

Не сте Вие виновен, драг Господине, ни за тоа што беше, ни за тоа што ќе биде мене ме мачи полна месечина и така е од кога знам за себе Во книгата „Шеќер по подот“, чиј автор е Снежана Стојчевска, преовладува нежноста, чисти романтични чувства и силни емотивни набои, со еден збор тука преовладува нејзиното височество „Љубовта“. Песните се поделени во три развојни и животни етапи наречени: пеперутки, слобода и поленов прав, во кои со ист интензитет живеат сите љубови, копнежи, надежи, разочарувања и таги на Снежана. Ретко која жена, чија душа е изгорена од суровата рака на љубовта нема се пронајде во некоја од песните на Снежана Стојчевска. Оваа книга, како и останатите книги од едицијата, е автобиографска и самата авторка ја завршува со мислата „Сите песни во оваа книга се одживаени или отсонувани“.

На тие усни, твои, сечии, туѓи, па и мои. Ќе се појавиш повторно Кога виното ќе ти ја врати храброста Ти ќе ја имаш моќта, А јас желбата да ти се предадам. И ќе се пронајдеме повторно На темната страна на месечината Споени во мигот на свето лудило. Ако успееш да ме фрлиш преку работ Во оган од страсти Јас ќе паднам на нозе, како мачка Но не на шепи, туку на високи потпетици И в лице ќе и се смеам на глупоста И мојата И твојата И на животот...

Лудило Ми тежи желбата по тебе Како железна врата од заглавен лифт Упорно брајќи излез Во безизлезот. Ми остана само трепет По оние наши тајни, нечујни игри Скриени длабоко под ноктите на ноќта Заковани како шајки на ѕидот на сеќавањата. Си стои и копнежот, Како траен кармин на усниве Кои го сонуваат тој остар вкус, горчливо - сладок

Најмладата авторка, Аница Блажевска, чија книга е насловена „Жега“, е олицетворение на женственоста, заводливоста и сексипилот. Аница умешно си поигрува со реалноса, користејќи ја фантазијата создава магичен реалзам кој се граничи со надреализам, за на крајот, пак, да нé врати во реалноста соголувајќи се до срж, до чиста емоција, до болка, погодувајќи ја суштината со вистина.

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

39


Artvizor

Во последната песна „Подножјето на мојот неспокој“ вели: „Сите сме крвави под кожата“. Кај Аница се чувствува дека песните се некому посветени, особено значајни и длабоки се шесте писма за Р.Р. кои се најубавите љубовни писма напишани во денешно време.

Емометаморфоза

(покрај сите ветрови кои дуваат на косо) Додека го џвакав чадот од цигарите во тесната кујна и ги слушав превирањата на кафето и шеќерот во старото ѓезве размислував дали работите што ги сакаме ги сакаме поради тоа што ги носиме во себе па се наше претчувство или, поради тоа што ги сакаме ги трупаме во нас

40

BR.85 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

па се наши копнежи? А, јас Ох, јас сакам еден сосема обичен ден во кој ме држиш за рака додека несмасно со големи во боја стапчиња јадеме пржен ориз додека вежбаме tai chi под големото дрво јас внесена, ти лимон фаца додека големите светлосни реклами се прелеваат по нашите лица личејќи на нашите соништа и нема врска што не сакаш поезија и така сите песни ги чувам во врзоп за твојот роденден Сите песни од кои ќе сплетам еден голем Змај кој ќе го летаме заедно, додека полека од Копнеж стануваш мое Претчувство... Цветанка Колева во нејзиното „Ладно кафе“ на разговорен начин зборува

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

за проблемите, кои го мачат човекот, кај неа се посветува парче душа и на пријателките, на децата, на родителите, на мажот, на семејството, кои се најголемото богатство, но некогаш ја „трошат“ женственоста на жената. Таа во една своја песна вели: „Нема целосни припаѓања, кој вели дека има лаже, лаже“. Во „Ладно кафе“ е интересен и вториот дел наречен „Хронични трач рубрики со Ева Евгенија“. Тоа е всушност поезија посветена на авторката на „Жега“ Аница Блажевска. Интересна е приказната за оваа трач рубрика, Аница и Цветанка преку електронска пошта, секојдневно една на друга, си ги раскажувале дневните случувања и настани преточени во стихови од кои на сосема спонтан начин, една по една, се раѓаат многу песна.

Од појадок до вечера и обратно Се затоплува времево, honey! Сè порано се разбудувам. Не спијам ко мечка веќе. Одвреме-навреме не ме познаваш.

Ме гледаш со поглед прашален, која сум. Јас сум, ти велам, само малку друга. Не можеш да ми помогнеш, не можеш да влeзеш во мојата глава, ни во моето тело не можеш honey! Пуста скржавост. Неделивост. Понекогаш си мислам жива би ме изел од лутина ко да си решил некогаш да го убиеш животот во мене, без да знаеш. Не, не си ти лош… само нема целосни припаѓања, кој вели, има, лаже, лаже, а љубовта не боли секогаш... Љубовта, мрзне, honey! кога не боли! Се затоплува времево honey! Почнувам по старо, си ги топлам коските на сонцето и се насмевнувам. Уште една зима при крај е и сè уште ми се допаѓаш. Едицијата „Русалки“ - четири книги современа женска поезија е издадена од Издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“ и сите љубители на добрата поезија можат да ги пронајдат книгите единствено во ИЛИ-ИЛИ. Караванот на „Русалки“ продолжува ширум Македонија, следната промоција ќе се одржи во септември во градот Прилеп, а потоа следуваат промоции во Тетово, Кавадарци и Штип.

Кристина Вељаноска

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

41


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Evergrin na „site vremiwa“ 5 Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“. На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20. Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

42

BR.85 MAGAZIN

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“. „Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“. Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Maкедонија - МЕМОРИЈА Кога си сам и тажно е сè, На неа ти сети се, Македонија ти нуди љубови сè. Таму кај што вечно сонце сјае Таму е Македонија Народ и земја што ги сакам јас. Додека Вардар гали полиња со жита Слободна е горда, како горска птица Со песната своја, земјава ни ги маѓепса срцава И вино од изворот нејзин благ пијам јас...

Многу солзи – МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА Секогаш кога мислам на тебе јас умирам И ти имаш безброј бури во животот свој. Празен преграт и во сон само те замислувам И знам дека судбина си, само си мој. Секогаш на твојте лаги длабоко поверував И ти беше многу нежен, биди ми жив. Знам јас дека твојте маки ги разведрував И знам, како јас не е ни една од нив Многу солзи исплакав Сто пати те проколнав Врати ми ја младоста Златни песни, радоста...

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

43


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA Бела – РИСТО САМАРЏИЕВ Еј, моме, еј девојче Севдо прва, росно кокиче, Кој сокак поминуваш, Кој конак ноќва минуваш.

Дал’ помниш, дал’ ме сонуваш Дал’ име мое спомнуваш Ил’ љубиш ил’ се даруваш За име нит’ за пари прашуваш, еј... Бела трага, бела прашина Бела зима, бела белина. Бел ат пред порта помина, Ти на него, либе замина. ... Дојди си, дојди ми Подај рака и не зборувај Гушни ме и само одболувај...

По навика – НОН СТОП По По По По

навика навика навика навика

палам цигара нова се лажам од утре не пушам излегувам со мокра коса заборавам да ја исушам...

По навика тргнувам со втора Возам по навика, не е дека така морам Низ улица каде немам што јас да барам На која живееш ти...по навика Понекогаш сум бил и груб, Еве не викам не.. Никој не е светец цело време Понекогаш ко некој друг да збори од мене Кого јас а ниту ти не го знаеме...

Милион долари - АРХАНГЕЛ Зар веруваш во мене, Јас сум привид кој ги нуди, Сите можни облици.

44

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor И веќе одамна, тоа не сум јас, Тоа е некој што ме глуми, И ужива во досада. Секој обид да ме љубиш, Ќе ти се врати како казна, Како горка измама. Јас сум човек кој, живее во страв, Кој се плаши да те допре. Не знам дали остана, Бар’ малку љубов во мене, Или сè, исчезна во времето. Осамен и уморан, трагам, очајно, по моите милион долари. Единствен разлог да, продолжам да живеам, и нема начин да ме промениш, сè што можеш е да ме убиеш...

Подготви: Славица Ѓоргиева Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“ од Македонија.

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

45


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Ostrovski pla`i koi }e vi go odzemat zdivot Летото е во полн ек, а островските плажи можат да биде совршено место за „убивање“ на денот, и за оние кои сè уште не одлучиле каде на одмор, но и за оние решиле да останат дома, па одвреме-навреме имагинарно побегнуваат од жештините. Во продолжение, уживајте во пејзажите од десетте островски плажи кои ги издвоивме за вас.

Плажата Ваиманало, Оаху Се чини дека ниту една плажа не може да ја долови таа посебна летна атмосфера онака како што умее хавајската плажа Ваиманало, на југоисточниот брег на Оаху. Ова е вистинското место каде денот завршува со едноминутно пешачење од

плажата кај Хале Нало, трособна куќа на сосема нов летниковец. „Гостите често ја имаат плажата само за нив”, вели сопственичката на Хале Нало, Ерлинда Лопез.„Тие секогаш се сеќаваат дека овде си поминале незаборавно”.

Заливот Мидс, Ангвила Заливи кои наликуваат на сладолед, со песок мек и светол како снег. Тоа е атмосферата која се среќава на

46

BR.85 MAGAZIN

познатите плажи на Ангвила. „Ако сакате серија од добри хотели,

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

карипски ресторани со 5 ѕвездички и толку проѕирна вода преку која ќе можете да го забележете и најмалото

камче - Мидс Беј е одличен избор“, вели Нори Евој, претставник на плажите на Ангвила.

Розовата песочна плажа, Бахами Сакате да ја посетите познатата розова плажа? Овде дефинитивно ќе го пронајдете мирот кој го баравте цела година. Позната по својот песок, со специфична розе боја, добиена од малите парченца од црвена школка во белиот песок , е место кое нуди простор за вистинска релаксација. „Во екот на летната сезона, најголемата

гужва е од 20 луѓе”, вели Роберт Артур кој ја води туристичката агенција и пекарата „Артур“ на пристанишниот остров. Колонијалните домови и дрвата со ананас, убаво се вклопуваат со 25-те колиби на овој остров. Близок извор вели дека плажата никогаш не е преполна.

Заливот Ханалеј, Кауаи

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

47


Artvizor Во 2009 година оваа плажа беше на самиот врв меѓу топ 10-те плажи на светско ниво. Песокот, долгите патеки – сево ова на еден начин може да се опише како

MAGAZIN REVOLUCIJA

безвременски сон. Надвор од имотите, се наоѓа и самиот град со својата убавина, како и одмаралиштето Св. Реџис Принсвил, кое изобилува со тивки поточиња.

Заливот на шеќерната трска, Британските Девствени острови Искрено, Британските Девствени острови можат да си имаат сопствена листа на „најдобри летни плажи”. Па, нашите експерти помогнаа да се намали пребарувањето сé до Тортола и нивната мала заедница на плажи, кои се активни

за време на летните одмори – но не премногу. Кога сте на овие плажи, едноставно, се чувствувате како да живеете овде цел живот...

Плажата Паја, Мауи

48

BR.85 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Знак дека летото е овде - скари на плажа, игри на плажа и концерти. Малото гратче Паја е природно и убаво место.

Завршете го вашиот ден со една од оние скари на плажа, со џез музика во живо во хотелите на Паја. Тоа е токму она што може да ја направи оваа плажа вашето најсреќно место на Земјата.

Плажа на залезот, Виек Само замислете дека можете сега да ги затворите вашите очи, да замислете желба, и кога ќе ги отворите - да се видите себеси токму на оваа плажа. Тоа е порторикански дијамант, кој се крие на јужниот брег на Виек, блескав

светилник за сите љубители на плажи. Градот Есперанса е одалечен помалку од еден километар на запад, со сместување вклучувајќи ја и вилата за гости.

Рум, Кајманските острови Плажата од седум километри и тоа како

заслужува голема почит за луксузните

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

49


Artvizor летувалишта, бањите и рестораните. Но, за да ги доживеете Кајманските острови, мора да поминете еден цел

MAGAZIN REVOLUCIJA

летен ден со локалните жители и иселениците, да изнајмите кола и да се упатите кон Рум, плажата каде ќе ги оставите воздишките.

Гулаб, Тобаго Ако некогаш сте виделе брошура од Тобаго, тогаш сте го виделе местотот наречено Гулаб. Сепак, се чини дека оваа плажа сé уште изгледа неоткриено. Плажата нуди добра атмосфера и

достапно е нуркање околу гребенот Буко. Јужно од Гулаб се наоѓа гребенот Ресорт, кој нуди уште повеќе удобности, иако е можеби веќе ќе бидете премногу релаксираин за бања.

Илет Пинел, Свети Мартин На секое патување кон Свети Мартин, издвојте еден ден за да го посетете овој

50

BR.85 MAGAZIN

североисточен мини остров.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Ферибродот ќе ве однесе до Карибуни и рестораните на Жолтата плажа; нозете можат да ве одведат далеку

од еднодневните посетители на некое потивко место на далечната страна на Пинел. Превод: Eмилија Петреска Извор: Islands

BR.85 REVOLUCIJA MAGAZIN

51



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.