Револуција магазин бр.81

Page 27

MAGAZIN REVOLUCIJA

Ekonomija

Речиси сите сега се фокусираат кон владините интервенции кај пазарите, а не кон повлекувањето од страна на владите. Некои од неговите гледишта, на пример, дека не треба да постојат даноци, сепак, можат да се сметаат за екстремни. Но, доколку се земат во предвид времињата во кои живееме, и големите грешки направени од страна на креирачите на политиките во последните години, тешко е да се каже кој има право да дава свои заклучоци, а кој не. Минатиот месец на Економскиот форум во Брисел, еден човек од публиката рече

дека треба да се свртиме кон златото. На телевизиската станица Блумберг, често може да се слушнат изјавите на поддржувачите на идејата за златни пари. Но, кој од нив успеа да ја предвиди ситуацијата во 2008 година? Пооптимистички кажано, Шилхтер можеби не верува во вредноста на хартиените пари, но, неговите издавачи очигледно веруваат. Неговата книга чини 19 фунти во Велика Британија, а повеќе од 26 долари во САД. Додека финансискиот систем преживува, сите кредитни картички се прифаќаат. На таа информација, морате да се насмеете.

Подготви: Милена Петровска Извор: Public Service Europe

BR.81 REVOLUCIJA MAGAZIN

27


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.