Револуција магазин бр.81

Page 26

Ekonomija капитален менаџмент во 1998 година. Шлихтер се присетува како во австриските школи се објаснувало како тоа би можело да води до краткотрајно опоравување или дури продолжување на претходниот бум.

MAGAZIN REVOLUCIJA

„Тие проблеми беа систематски, а во нивниот корен се наоѓаше интелектуална грешка. Контра-аргументот е точен. Еластичноста на парите го прави системот нестабилен. Економистите од поранешните генерации тоа го разбрале подобро од нас“. Кризата во 2008 беше главната поента на Шлихтер. „Одговорот беше уште повеќе екстремен. Во тој момент сфатив дека морам да излезам од тој круг. Бев изненаден од тоа што фундаменталните проблеми со монетарниот систем не беа очигледни за сите. Дали луѓето не забележуваа дека сето ова ќе има лош крај? Јас решив да ја напуштам индустријата и да напишам книга во врска со неа“, објаснува тој.

Така и се случило, но по цена на тоа што финансискиот систем се здобил со многу неизбалансирани податоци. Банкарите и трговците сега знаеја дека можат да се потпрат на централните банкари, како последна шанса позајмувачи. Сето ова охрабрило да се превземаат повеќе ризици. Насекаде растела предноста и потрошувачката, наместо да се намалува, како што би бил случајот доколку на кризата би и било дозволено да тече по својот пат.

Посетете го блогот и ќе забележите дека Шлихтер помеѓу трговците со злато е еден вид на херој. Тој верува во вредноста на жолтиот метал и пропагира враќање на цената на златото, додека за денешните политичари тоа изгледа незамисливо. Неговата идеологија, базирана врз учењата на австрискиот наставник-херој, Лудвиг фон Мисес, сепак, претставува малцинство.

Нештата почнале да бидат матни во 2001 година кога Федералните резерви ги намалија каматите на 1% и ги одржуваа на тоа ниво. „Во тој момент, почнав да согледувам дека тоа не било само грешка во политиките, туку структура, којашто беше вметната во системот, а која претставуваше резултат од погрешни теории околу тоа колку се „лесни“ парите за раководење“, додава Шлихтер.

26

BR.81 MAGAZIN

REVOLUCIJA


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.