Medium

Page 2

2

НИЗ ХОДНИЦИТЕ

ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ДОМАЌИН НА НАТПРЕВАРОТ ПО ФИЗИКА

Биљана Чурилова СГГУ„Здравко Цветковски“ - Скопје

Награди освоија и ученици од средните училишта „Кузман Јосифовски-Питу“ од Гевгелија, „Панче Караѓозов“ од Скопје, „Гоце Делчев“ од Куманово и „Добри Даскалов“ од Кавадарци. Покрај натпреварувачкиот дел, се одржа и трибина на тема „Физиката денес“, а учениците-домаќини имаа необичен почеток на натпревар за физика, со музичка интерпретација.

ФИЛИП ДИМКОСКИ II година СОУ „Мирче Ацев“-Прилеп

Н

а 55-от Државен натпревар по физика за средношколци учествуваа 78 ученици и 35 ментори од гимназиите и од стручните училишта од 17 града од цела Македонија. Натпреварот се одржа на средината на мај во средното училиште „Мирче Ацев“ во Прилеп. Учесниците се натпреваруваа во четири категории според возраста, така што во зависност од годината на средно образование што ја посетуваат решаваа различни задачи. Трите први награди

ОДБЕРЕТЕ ЈА ЖИВОТНАТА ПРОФЕСИЈА СВЕСНО И СОВЕСНО

З

адоволството како дипломиран инженер-архитект го носам во себе. Но во вистинско време го спознав моментот кога потсвеста ми кажа на што треба да се посветам, на професијата - професор. Потекнувам од професорско семејство, учев од татко ми за сите доблести, вештини и предизвици во оваа професија. Голема е одговорноста да се работи со средношколци, но прекрасно е чувството кога трудот што се вложува се препознава во успешни личности во својата професија, прекрасни во карактерот, трудољубиви, чесни и човечни. Прекрасно е чувството кога тие млади деца ќе изразат благодарност за нашата посветеност, не само како наставници туку и како пријатели, критичари, умерени соговорници. Се разбира, оваа професија е како и секоја друга, исполнува психички и физички, тоа ме прави задоволна и мотивирана да продолжам да се вложувам себеси за добро на учениците. Колку и да е тешка работата ми причинува огромно задоволство, но воедно и титула што обврзува на голема одговорност. Ги сакам моите ученици, уживам во она што го работам веќе триесет и една година, внесувајќи ги својот дух и енергија. Драги средношколци, свесно и совесно одберете ја својата животна професија, размислете кон што се стремите. Успешен е оној човек што со љубов и посветеност ѝ се оддава на својата професија. Работата со деца е најблагородна, се враќа со љубов, насмевка, убав збор. Наградата ,,најкул професор” на ,,Медиум” е признание од моите ученици, прекрасни млади луѓе што ќе се изградат во личности со правилен критериум, описменети и со желба за освојување нови знаења. Ова признание од учениците е голема потврда за моето богато професорско искуство, се чувствувам прекрасно затоа што интересно е и чудесно да се работи со вакви млади луѓе со воспоставена доверба и комуникација.

ги освоија учениците Филип Симески и Тодор Дуевски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје и Билјана Митреска од СОУ „Ибрахим Темо“ од Струга.

ИНТЕНЗИВЕН МАЈ ВО СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ САРА ЛОКВЕНЕЦ, ЈОВАНА ПАВЛОВСКА, ИЛИНА ДИМОВСКА СУГС,,Георги Димитров“-Скопје

С

копското средно училиште „Георги Димитров“ ги отвори своите порти за осмоодделенците. На отворениот ден, кој се одржа на 15 мај, ученици и наставници од основните училишта се информираа за профилите на училиште то и за успесите од освоените награди, a атмосферата беше збогатена со модна еко-ревија, театарски претстави, музички рок-бендови и со изведба на училишниот хор. Во текот на мај учениците од „Георги Димитров“ дадоа свој придонес и против дискриминацијата, играјќи музички флешмоб, кошаркарски натпревари и театарска претстава. Снимката од настанот може да ја погледне те на Јутјуб (Flash Mob Георги Димитров 2012). Ученици од тре та и од че тврта

година, пак, цела година работеа против какво било насилство во училиште то. Пораките испишани на училишните ѕидови, многу те разговори и дружбата во рамките на проектната задача „Училишна медијација“ измамија многу насмевки кај учениците.

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА СРЕДНОТО КИРИЛА АНГЕЛОВА УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО СОУ „М.М. Брицо“-Делчево

СУГС ,,Георги Димитров“-Скопје

Ц

ела недела професорите и учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово со низа активности ја одбележуваа 109-годишнината од загинувањето на патронот. Поетски средби, литературни читања, спортски натпревари, изложба на фотографии, театарска претстава беа само дел од активностите. На самиот ден на патрониот празник, 4 мај, беше положено цвеќе пред бистата на патронот во присуство на претставници од општината, невладините организации, пензионирани професори и ученици.

СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД КАВАДАРЦИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО БИОЛОГИЈА

С

У

ДАРКО ПОПОВСКИ IV година

III-11 СОУ „Гоце Делчев“ - Куманово

Д

чениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ од Скопје ја добија првата награда за мир во светот и второто место за најуспешна уметничка точка преку која се пренесува порака за мир. Наградите беа освоени на Меѓународниот конгрес на Проектот за мир за 2012 година, кој се одржа во Падова, Италија. На конгресот учествуваа приближно 2.500 ученици од голем број училишта од целиот свет.

Ш

ЈОВАНА КОСТАДИНОВСКА

есет ученици од II-1 клас од средното училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево добија награда на меѓународниот натпревар за политичко образование, кој се одржа во Бон, Германија. Наградениот проект, насловен „Што носиш? – Политички ознаки и трендовска облека“, учениците го претставија преку шест симболи што младите најчесто ги носат, и тоа: мартинка, крст, потковица, пентаграм, црвена и розова панделка. На натпреварот учествуваа 2.478 проекти, 50 илјади ученици и 29 земји и беше организиран од Сојузната централа за политичко образование во Бон.

ПРВА НАГРАДА ЗА МИРОТВОРЦИТЕ ОД „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНОТ НА ГИМНАЗИЈАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД КУМАНОВО

ПАРАДАТА НА КИЧОТ И ПИЈАНСТВОТО

том ќе пристигне мај, атмосферата во училиштата секогаш станува напната. Некој се бори (моли) за оценка, некој игра карти на час, некој не ни доаѓа последните денови, а тие од четврта година активно се подготвуваат за „Парадата на кичот и пијанството“. Активните подготовки вклучуваат: тренирање црн дроб (за претстојните предозирања со алкохол), пиење чаеви и таблети за слабеење, бркање партнери/ки и низ други активности. Тренирање црн дроб и не е некоја непозната активност за средношколците, кои редовно може да се најдат по градските кафеани или во парк. Интересно е што овој биолошки вид (средношколци) има неверојатна способност во консумација на разреден етанол. Собири по кафеани за прослава на четири години од завршување основно образование, родендени, предматурски и постматурски прослави зачинети со блех-музика. Слабеењето е есенцијален дел од подготовката за матурската прослава. Ако случајно се разболиш и отсуствуваш не-

која недела пред крајот на учебната година, ќе видиш колку се измениле сите. Причина, полесно влегување во „custom“ фустан, кој најверојатно ќе биде носен само еднаш. Уште еден дел што го иритира секого што музиката ја доживува како уметност е музиката на матурските прослави. Секогаш се свират песните на масата, со тоа што најчесто женските се заменети со машки груби вокали. Да бидам искрен, ни оригиналните песни не се нешто посјајни. Очигледно нешколувани гласови и „catchy“ музика. Впрочем, секоја чест на музичарите што успешно ги покриваат гласовите на пејачите. А, бидејќи историјата се повторува, а времето нема почеток и крај, мала е веројатноста дека ваквите паради ќе се сменат во блиска иднина. За крај, дел од тоа што и мене ме чека на матурската вечер. „На фотографија целата мафија. Празник на зрелоста, секој со партнерка.“ ...НЕ САКАМ ДА ОДАМ!

редношколецот Ѓорѓи Шемов од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по биологија „GENIUS“, која ќе се одржи на крајот на јуни во Њујорк, САД. Тој се пријави со научниот документарен филм за Тиквешко Езеро, насловен „Тивко убивање!“, кој веќе се прикажува на Јутјуб. Идејата за научниот филм е иницирана од еколошката катастрофа со поморот на рибите во Тиквешко Езеро минатото лето, кога околу 250 тони крап изумре нагло. Проектот на Ѓорѓи Шемов се пласира во финалето меѓу првите 100 проекти, во конкуренција на повеќе од 650 пристигнати од целиот свет, кои минаа низ четири фази на селекција.

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

5.6.2012 I Година 2 I Бр. 14


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.