Page 1

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР МАРТИН БОГАТИНОСКИ - СУГС „ВЛАДО ТАСЕВСКИ” - СКОПЈЕ

ПОМОШ! НИКОЈ НЕ МЕ РАЗБИРА! .............................................................................................................................................. 4 стр.

КАДЕ З КАДЕ ЗА А 100 Е ЕВРА В РА

1

КОКИНО – „ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ - КУКЛИЦА 

Се ближи крајот на учебната година, па зошто да не се впуштите во истражување на овој регион?

ВЕСНИК ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИwww.medium.edu.mk

5.6.2012Година II,Бр. 14 НИЕ ИСПРАШУВАМЕ

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

ВИОЛЕТА АЛЕКСОВСКА, СОУ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ - ЏИНГАР“

НАМЕСТО ИНЖЕНЕР, ПРОФЕСОР Професорката Алексовска ни откри дел од „тајните“ на својата професија. Таа ни даде една поинаква слика за училиштето, за професијата професор и за новите генерации ученици

КАДЕ БЕВМЕ? ВО 11 СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Демир Хисар, Неготино, Кавадарци, Гевгелија и Берово беа дестинациите од каде што изминатите девет месеци се регрутираа членовите на најголемата средношколска редакција во Македонија.

ЈАС МИСЛАМ ВАКА ДАРКО ПОПОВСКИ IV година, СУГС ,,Георги Димитров“-Скопје

ПАРАДАТА НА КИЧОТ И ПИЈАНСТВОТО  Штом ќе пристигне мај, атмосферата во училиштата секогаш станува напната. Некој се бори (моли) за оценка, некој игра карти на час, некој не ни доаѓа последните денови, а тие од четврта година активно се подготвуваат за „Парадата на кичот и пијанството“.

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

Учебната година е на самиот крај. Средношколците, покрај желбата и борбата за убави оценки, свидетелства исполнети со петки, имаат уште една дилема - „каде на одмор?“.

АКО ИМА ПЕТКИ, ЌЕ ИМА И ОДМОР ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

ИНТЕРВЈУ СО АНА ЈОВКОВСКА

СО ЧИТАЊЕТО ПАТУВАМ НА МЕСТА НА КОИ ПОИНАКУ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ ВАСИЛ ПУЈОВСКИ

ВИСТИНСКИ МАЈСТОР ВО БАДМИНГТОН Го најдовме таму каде што го минува своето секојдневие. Задишан, на теренот, со својот рекет, со кој упорно ја гради својата спортска кариера. Насмеан, полн со енергија - Васил Пујовски е нашиот нов херој. Има 16 години, учи во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје и реди многу признанија за својата љубов – бадмингтон.

АНГЕЛ ДИМИТРИЕВСКИ, III ГОДИНА Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“

Читањето ми е посебен ритуал и ми дава можност ментално да патувам на места на кои поинаку не може да се стигне, вели новинарката Ана Јовковска во интервју за „Медиум“. Во овој број, Ана зборува за нејзините средношколски денови, за нејзиното слободно време и за задоволството што и го причинува работата

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“ 5.6.2012 I година 2 I бр. 14


2

НИЗ ХОДНИЦИТЕ

ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ДОМАЌИН НА НАТПРЕВАРОТ ПО ФИЗИКА

Биљана Чурилова СГГУ„Здравко Цветковски“ - Скопје

Награди освоија и ученици од средните училишта „Кузман Јосифовски-Питу“ од Гевгелија, „Панче Караѓозов“ од Скопје, „Гоце Делчев“ од Куманово и „Добри Даскалов“ од Кавадарци. Покрај натпреварувачкиот дел, се одржа и трибина на тема „Физиката денес“, а учениците-домаќини имаа необичен почеток на натпревар за физика, со музичка интерпретација.

ФИЛИП ДИМКОСКИ II година СОУ „Мирче Ацев“-Прилеп

Н

а 55-от Државен натпревар по физика за средношколци учествуваа 78 ученици и 35 ментори од гимназиите и од стручните училишта од 17 града од цела Македонија. Натпреварот се одржа на средината на мај во средното училиште „Мирче Ацев“ во Прилеп. Учесниците се натпреваруваа во четири категории според возраста, така што во зависност од годината на средно образование што ја посетуваат решаваа различни задачи. Трите први награди

ОДБЕРЕТЕ ЈА ЖИВОТНАТА ПРОФЕСИЈА СВЕСНО И СОВЕСНО

З

адоволството како дипломиран инженер-архитект го носам во себе. Но во вистинско време го спознав моментот кога потсвеста ми кажа на што треба да се посветам, на професијата - професор. Потекнувам од професорско семејство, учев од татко ми за сите доблести, вештини и предизвици во оваа професија. Голема е одговорноста да се работи со средношколци, но прекрасно е чувството кога трудот што се вложува се препознава во успешни личности во својата професија, прекрасни во карактерот, трудољубиви, чесни и човечни. Прекрасно е чувството кога тие млади деца ќе изразат благодарност за нашата посветеност, не само како наставници туку и како пријатели, критичари, умерени соговорници. Се разбира, оваа професија е како и секоја друга, исполнува психички и физички, тоа ме прави задоволна и мотивирана да продолжам да се вложувам себеси за добро на учениците. Колку и да е тешка работата ми причинува огромно задоволство, но воедно и титула што обврзува на голема одговорност. Ги сакам моите ученици, уживам во она што го работам веќе триесет и една година, внесувајќи ги својот дух и енергија. Драги средношколци, свесно и совесно одберете ја својата животна професија, размислете кон што се стремите. Успешен е оној човек што со љубов и посветеност ѝ се оддава на својата професија. Работата со деца е најблагородна, се враќа со љубов, насмевка, убав збор. Наградата ,,најкул професор” на ,,Медиум” е признание од моите ученици, прекрасни млади луѓе што ќе се изградат во личности со правилен критериум, описменети и со желба за освојување нови знаења. Ова признание од учениците е голема потврда за моето богато професорско искуство, се чувствувам прекрасно затоа што интересно е и чудесно да се работи со вакви млади луѓе со воспоставена доверба и комуникација.

ги освоија учениците Филип Симески и Тодор Дуевски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје и Билјана Митреска од СОУ „Ибрахим Темо“ од Струга.

ИНТЕНЗИВЕН МАЈ ВО СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ САРА ЛОКВЕНЕЦ, ЈОВАНА ПАВЛОВСКА, ИЛИНА ДИМОВСКА СУГС,,Георги Димитров“-Скопје

С

копското средно училиште „Георги Димитров“ ги отвори своите порти за осмоодделенците. На отворениот ден, кој се одржа на 15 мај, ученици и наставници од основните училишта се информираа за профилите на училиште то и за успесите од освоените награди, a атмосферата беше збогатена со модна еко-ревија, театарски претстави, музички рок-бендови и со изведба на училишниот хор. Во текот на мај учениците од „Георги Димитров“ дадоа свој придонес и против дискриминацијата, играјќи музички флешмоб, кошаркарски натпревари и театарска претстава. Снимката од настанот може да ја погледне те на Јутјуб (Flash Mob Георги Димитров 2012). Ученици од тре та и од че тврта

година, пак, цела година работеа против какво било насилство во училиште то. Пораките испишани на училишните ѕидови, многу те разговори и дружбата во рамките на проектната задача „Училишна медијација“ измамија многу насмевки кај учениците.

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА СРЕДНОТО КИРИЛА АНГЕЛОВА УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО СОУ „М.М. Брицо“-Делчево

СУГС ,,Георги Димитров“-Скопје

Ц

ела недела професорите и учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово со низа активности ја одбележуваа 109-годишнината од загинувањето на патронот. Поетски средби, литературни читања, спортски натпревари, изложба на фотографии, театарска претстава беа само дел од активностите. На самиот ден на патрониот празник, 4 мај, беше положено цвеќе пред бистата на патронот во присуство на претставници од општината, невладините организации, пензионирани професори и ученици.

СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД КАВАДАРЦИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО БИОЛОГИЈА

С

У

ДАРКО ПОПОВСКИ IV година

III-11 СОУ „Гоце Делчев“ - Куманово

Д

чениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ од Скопје ја добија првата награда за мир во светот и второто место за најуспешна уметничка точка преку која се пренесува порака за мир. Наградите беа освоени на Меѓународниот конгрес на Проектот за мир за 2012 година, кој се одржа во Падова, Италија. На конгресот учествуваа приближно 2.500 ученици од голем број училишта од целиот свет.

Ш

ЈОВАНА КОСТАДИНОВСКА

есет ученици од II-1 клас од средното училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево добија награда на меѓународниот натпревар за политичко образование, кој се одржа во Бон, Германија. Наградениот проект, насловен „Што носиш? – Политички ознаки и трендовска облека“, учениците го претставија преку шест симболи што младите најчесто ги носат, и тоа: мартинка, крст, потковица, пентаграм, црвена и розова панделка. На натпреварот учествуваа 2.478 проекти, 50 илјади ученици и 29 земји и беше организиран од Сојузната централа за политичко образование во Бон.

ПРВА НАГРАДА ЗА МИРОТВОРЦИТЕ ОД „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНОТ НА ГИМНАЗИЈАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД КУМАНОВО

ПАРАДАТА НА КИЧОТ И ПИЈАНСТВОТО

том ќе пристигне мај, атмосферата во училиштата секогаш станува напната. Некој се бори (моли) за оценка, некој игра карти на час, некој не ни доаѓа последните денови, а тие од четврта година активно се подготвуваат за „Парадата на кичот и пијанството“. Активните подготовки вклучуваат: тренирање црн дроб (за претстојните предозирања со алкохол), пиење чаеви и таблети за слабеење, бркање партнери/ки и низ други активности. Тренирање црн дроб и не е некоја непозната активност за средношколците, кои редовно може да се најдат по градските кафеани или во парк. Интересно е што овој биолошки вид (средношколци) има неверојатна способност во консумација на разреден етанол. Собири по кафеани за прослава на четири години од завршување основно образование, родендени, предматурски и постматурски прослави зачинети со блех-музика. Слабеењето е есенцијален дел од подготовката за матурската прослава. Ако случајно се разболиш и отсуствуваш не-

која недела пред крајот на учебната година, ќе видиш колку се измениле сите. Причина, полесно влегување во „custom“ фустан, кој најверојатно ќе биде носен само еднаш. Уште еден дел што го иритира секого што музиката ја доживува како уметност е музиката на матурските прослави. Секогаш се свират песните на масата, со тоа што најчесто женските се заменети со машки груби вокали. Да бидам искрен, ни оригиналните песни не се нешто посјајни. Очигледно нешколувани гласови и „catchy“ музика. Впрочем, секоја чест на музичарите што успешно ги покриваат гласовите на пејачите. А, бидејќи историјата се повторува, а времето нема почеток и крај, мала е веројатноста дека ваквите паради ќе се сменат во блиска иднина. За крај, дел од тоа што и мене ме чека на матурската вечер. „На фотографија целата мафија. Празник на зрелоста, секој со партнерка.“ ...НЕ САКАМ ДА ОДАМ!

редношколецот Ѓорѓи Шемов од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по биологија „GENIUS“, која ќе се одржи на крајот на јуни во Њујорк, САД. Тој се пријави со научниот документарен филм за Тиквешко Езеро, насловен „Тивко убивање!“, кој веќе се прикажува на Јутјуб. Идејата за научниот филм е иницирана од еколошката катастрофа со поморот на рибите во Тиквешко Езеро минатото лето, кога околу 250 тони крап изумре нагло. Проектот на Ѓорѓи Шемов се пласира во финалето меѓу првите 100 проекти, во конкуренција на повеќе од 650 пристигнати од целиот свет, кои минаа низ четири фази на селекција.

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

5.6.2012 I Година 2 I Бр. 14


3

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

ИНТЕРВЈУ СО АНА ЈОВКОВСКА

Читањето ми е посебен ритуал и ми дава можност ментално да патувам на места на кои поинаку не може да се стигне, вели новинарката Ана Јовковска во интервју за „Медиум“. Во овој број, Ана зборува за нејзините средношколски денови, за нејзиното слободно време и за задоволството што и го причинува работата МЕДИУМ: Каде учевте? Каква ученичка бевте и што е тоа на што носталгично се сеќавате, а е поврзано со средношколската клупа? АНА ЈОВКОВСКА: Убавите средношколски денови ги минав во гимназијата „Никола Карев“ и иако сакав многу да учам и бев одлична ученичка, ми остануваше доволно време за адолесцентскиот адреналин - дружење, домашни забави, лудории и први љубови. Носталгично се сеќавам на многу моменти и мириси од гимназискиот период. Не сум од оние луѓе што по секоја цена инсистираат на филозофијата на сегашниот миг, сега и тука, бидејќи минатото не прави она што сме денес и со задоволство се враќам во некои ќошиња таму. МЕДИУМ: Дали членувавте во новинарски секции во вашето училиште? АНА ЈОВКОВСКА: Членував во три секции - литературна, ликовна и секција по психологија. Во тој период размислував да студирам медицина со идеја да продолжам со психијатрија и особено интересни ми беа тренинзите и искуствата во секцијата по психологија. Меѓучовечките релации се и денес дел од мојата новинарска работа. МЕДИУМ: Каква музика слушавте како средношколка, а каква денес? АНА ЈОВКОВСКА: Музика што не е комерцијална. МЕДИУМ: Какви книги најмногу сакате да читате? АНА ЈОВКОВСКА: Читањето ми е посебен ритуал и ми дава можност ментално да патувам на места на кои

АНГЕЛ ДИМИТРИЕВСКИ, III ГОДИНА Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“

СО ЧИТАЊЕТО ПАТУВАМ НА МЕСТА НА КОИ ПОИНАКУ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ поинаку не може да се стигне. Покрај стручната литература за магистерските студии по комуникации, најчесто читам литература од филозофија и од културните студии. МЕДИУМ: Водителка сте на емисијата „Пулс“. Одличен телевизиски проект, кој навистина поттикнува на размислување. Колку е тешко да бидете тренер по ментална гимнастика, односно да одржувате толку многу луѓе во духовна кондиција? АНА ЈОВКОВСКА: Убаво е да се слушне дека ги одржувате луѓето во ду ховна кондиција. Јас својата работа ја разбирам како одговорност медиумски да едуцирам. Се обидувам да поставувам теми за размислување на кои се кршат копјата на секојдневието, но и вечно актуелни теми што сите нас не допираат и болат. МЕДИУМ: По петгодишно успешно водење на вашата емисија, секогаш се појавува нешто ново, нешто интересно и атрактивно за нас гледачите. Од каде Ана црпи енергија за да успее да пласира еден ваков телевизиски проект, кој навистина се издвојува од другите по својата оригиналност? АНА ЈОВКОВСКА: Благодарам за убавите зборови. Енергијата ја црпам од неговото величество животот. Копам по неговите ду ховни лавиринти. За човек што сака да набљудува и да истражува неоткриени полиња секогаш има нешто ново и нешто свежо. Треба само да се живее со широко отворени очи. МЕДИУМ: Покрај многу те обврски што ги носи со себе новинарството, дали успевате да бидете присутна

на семејните ручеци, да отидете на прошетка со пријателите и дали може да се дозволите неколку дена да заминете на местото што вас ве одмора и воедно кое е тоа место? АНА ЈОВКОВСКА: Се разбира дека наоѓам време за семејството и долгите ручеци, за љубов, за интимните разговори со пријателите, за возење точак, за шетање на планина, за добар филм, за концерт, за општествен активизам, за културните настани во градот... Професијата е само еден сегмент од животот, па дури и кога таа постојано се преплетува со секојдневието како во мојов случај. Понекогаш на пријателите им велам дека јас работам и кога читам и кога пишувам и кога гледам наоколу и набљудувам. Има некои места

БЛИЦ

ВЕСТИ

А

5.6.2012 I година 2 I бр. 14

свесно се идентификуваат со ликовите и на тој начин ги присвојуваат карактеристиките на ликовите. Ако некој лик во книгата му се допадне, човекот е во состојба да ги преземе неговите емоции, верувања и мисли, и сето тоа се нарекува „говорот на искуство-

МЕДИУМ: Вие сте индикатор за неу трален, професионален и непристрасен новинар. Која е тајната за да се биде успешен новинар? АНА ЈОВКОВСКА: За добриот новинар потребни се неколку развиени сензори - љубопитство, глад за знаење, објективност, искреност и чесност. МЕДИУМ: Што ќе им порачате на читателите на „Медиум“? АНА ЈОВКОВСКА: Ваквите препораки понекогаш се на тенката граница на мејнстримот и клишето, но со еден искрен апел им препорачувам да живеат со широко отворени очи и срце.



ВНИМАВАЈТЕ! КНИГИТЕ ШТО ГИ ЧИТАТЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ ко некој од вашите пријатели забележи дека се однесувате како некој од измислените ликови, немојте да бидете изненадени. Но бидете внимателни, бидејќи има причина зошто се случило тоа. Додека читаат книга, луѓето сосема не-

што се како мал рај за мене, едно од нив е Трпејца во Охрид.

то”. До овој заклучок дојдоа истражувачи од универзитетот „Охајо стејт“ од САД, каде што било направено истражување на 500 испитаници. Овој вид поврзување може да има долготрајни, но и позитивни ефекти врз поединецот. Чита-

телот на тој начин ќе може да се поврзе со групи во заедницата во кои инаку не би бил. За разлика од книгите, филмовите ја презентираат сликата на карактерот, така што луѓето не мора да се трудат да ги пополнат празнините и сами да „измислуваат”. ИВА ПЕТРОСКА, СУГС „Георги Димитров“


4

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА МАЈ МАРТИН БОГАТИНОСКИ 

МАРКО ПЕТРЕВСКИ

IV ГОДИНА, СУГС „ВЛАДО ТАСЕВСКИ” - СКОПЈЕ

Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

ПОМОШ! НИКОЈ НЕ МЕ РАЗБИРА!

 СИГИ ОД „ТОКСИКОЛОГИЈА“

ПРОПУШТАВ ИЗЛЕГУВАЊА И ОДМОРИ СО ДРУШТВОТО, САМО ЗА ДА ДА СНИМАМ ПЕСНИ

Л

уѓето ме сметаат за голем песимист, но и самиот не го одрекувам тоа. Крајно сум разочаран. Поинаков сум. Вечен трагач по сигурноста. Потребна ми е помош. Имам проблем... Но каде ли да се обратам? Дома? Зар би ме сфатиле? Моите родители живееле поинаков живот, во поинакво време. Дали би можел татко ми да ме поучи за некој проблем со кој никогаш не се соочил?! Дали мајка ми повторно ќе ја видам позитивна и насмеана или ова ќе претставува пресвртница во нашата мирна домашна атмосфера?! Но тие ми се родители. Ако не можат да ме поучат, тогаш сѐ што посакувам е само да ме разберат. Сепак нема да ризикувам. Не сакам да бидам иницијатор за нови разочарувања и непотребни грижи. А сепак да пробам со класниот раководител? Ми се чини како добар човек. Знам дека ќе ме ислуша. Тој отсекогаш се грижел за класот. Секогаш ни укажувал на грешките и нѐ фалел за добрите постапки. Но дали би се грижел и за поединец со приватен проблем?! Можеби. Но сепак не го познавам доволно. Има голема веројатност тој проблем негативно да влијае на нашиот однос „професорученик”. Ќе ме гледа со поинакви очи... „Ах, што ли да правам...?” Зар повторно да го искористам џокерот „повикај пријател”? Да, ми има кажано дека секогаш е тука за мене. Тој ми е најдобар другар. И повеќе од другар. Но дали навистина го мисли тоа? Можеби му станав досаден?! Луѓето честопати си здосадуваат еден на друг. Овој пат ќе го прескокнам... „Публика”? Да го искористам џокерот „публика”? Само уште тоа ми остана. Најдобро би било да направам анонимна анкета на Интернет, каде што ќе биде поставено моето прашање и да чекам реакции и размислувања од разни луѓе за тоа „што тие би направиле

ДОДЕЛЕНА

доколку се соочат со истиот проблем?!” Но ќе има ли позитивни резултати или сите одговори ќе бидат сведени на шега? Да, такви се луѓето. И јас би се шегувал кога не би знаел дека мојот искрен одговор некому би му бил од корист. Немам решение. Очаен сум. Сакам тој проблем да исчезне и никогаш повторно да не ме поздрави. Свесно сакам да бидеме непријатели, па како што велат „нека победи посилниот”. Но тоа го можам единствено јас, нели? Само јас можам да ја донесам одлуката со какво „оружје” ќе го испратам мојот ум во војна против крвниот непријател. Јас сум тој што ќе одлучи и со каква „муниција” ќе се пука...

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА

МЕДИУМ: Што прави Сиги периодов? Подготвува нови песни, албум или можеби спот? СИГИ: Карактеристично за Сиги е тоа што не престанал да пишува. Само што периодов ги проширил своите видици и креативно се „отвора“. Имам напишано театарска драма, која го карактеризира начинот на кој мислат и функционираат младите во нашата земја, научнофантастичен роман, современа авторска поезија и, покрај моите песни, почнав да пишувам и нарачки за домашни попрок-бендови. Предизвик ми е да пишувам текстови што не можам сам да ги изведам. Во соработка со Дарко Манасијевски-Желе, под негова режисерска полка, се подготвува видеозапис (краток филм) за песната „Стреп“, каде што сакаме преку три (не)секојдневни ситуации да ја претставиме човековата потреба за повеќе од доволно. „Стреп“ е дел од мојот следен аудиопроект во изработка, насловен „Фали звук“. Бидете во чекор со информациите, бидејќи следуваат доста новитети! МЕДИУМ: На што се сеќаваш од средношколските денови? СИГИ: Многу средношколски случки сум ги жртвувал за да си го дозволам комодитетот што ме исполнува и гради како човек – снимање песни. Бидејќи немав свое студио како сега, плаќав по 2 илјади денари за песна, што за средношколец со еден родител се непотребен луксуз. Собирав пари, пропуштав излегувања и одмори со друштвото само за да си го остварам „најјакиот филм“ – снимање песни. Во втора година првпат настапив на настан што сам го организирав, а во трета година се оформи „Токсикологија мјузик“ и потоа имав слобода да работам со еден куп истомисленици. Не само средното, целиот живот досега ми бил поврзан со рап, друштво и создавање нешто што останува за други да учат, да го следат и да продолжат да го негуваат тоа што го застапувам. Не знам и не ме интересира што ќе добијам за возврат, но едно е сигурно: не престанувам да го правам тоа што ме исполнува!

 ЏОЛЕ ОД „ТОКСИКОЛОГИЈА“

Текст што го покажува текот на мислата на младиот човек растргнат во своето секојдневие. Родители, професори, пријатели... а всушност оставен сам на себе, авторот покажува со која реалност се соочува тинејџерот. Ду ховит, на места ироничен текст, полн со алузии и со прашања на кои само младите го знаат вистинскиот одговор. Свежо, интригантно и предизвикувачко! Членови на комисијата: Тамара Ќупева, Драгица Панова, Марина Лотеска, професорки по македонски јазик во гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ од Скопје, и Дејан Андонов од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

РАПУВАВ И РЕДЕВ ПЕТКИ

НАГРАДАТА ЗА  НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА АПРИЛ

К

омисијата на „Медиум“ ѝ ја додели мартовската награда „најдобар млад новинар“ на ученичката Марија Данаилова од средното училиште во Богданци. Таа ја освои месечната награда мобилен телефон со есејот „Дали воншколските активности ги засенија школските обврски?“, во кој таа дава реален приказ на соочувањето на учениците со секојдневните обврски во училиштата и надвор од нив. „Ученичката јасно го истакнала својот став, аргументиран преку соодветен и прифатлив пример од своето непосредно опкружување. Текстот има свежина и динамика и претставува вистински приказ на средношколските дилеми“, се наведува во образложението на комисијата, составена од професори и од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

МЕДИУМ: Што правеше Џоле кога беше во средно? ЏОЛЕ: Во средношколските денови ја снимив мојата прва песна. Брзо потоа, како што кажа и Сиги, се оформи „Токсикологија мјузик“ и ние станавме нејзини членови. Многу интересни случки ми се случија за време на средното школо, но во моментов не би можел да издвојам некоја посебно. Се разбира, покрај рапот, одвојував време за учење и ги редев сите петки (ха-ха). МЕДИУМ: Што ќе им препорачаш на средношколците? ЏОЛЕ: На средношколците би им порачал да го следат својот сон и да не се откажуваат од желби и планови за својата иднина. Би ги советувал во петоците да излегуваат со памет, а оние што се рапери или сакаат да станат, нека останат вистински.

5.6.2012 I Година 2 I Бр. 14


5

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА МАЈА КУЗМАНОВСКА и АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ

РАСПУСТ

Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

АКО ИМА ПЕТКИ, ЌЕ ИМА И ОДМОР Т

уристичките агенции веќе излегоа со понудите за летни одмори, а таму може да се одбира помеѓу соседните Албанија, Грција и Бугарија, топлата Шпанија или Турција, до егзотични острови. Понудите се различни и се движат од 99 до 800 евра. Средношколците имаат различни желби и планови, но дефинитивната одлука сепак ќе ја донесе семејниот буџет. Родителите не се сигурни дали децата треба да патуваат во странство или да се задоволат со македонските туристички места. Ленче Петреска, мајка на средношколец во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, смета дека на децата им се дозволува премногу. „Мојот син има 17 години и завршува втора година. Како да го пуштам надвор од земјава и да патува со неговите врсници. Понудите за надвор се доста скапи, ќе треба да потпишувам полномошно, бидејќи е малолетен, и воопшто не ми звучи безбедно да го пуштам мојот син да летува во Грција или во Бугарија. Мислам дека Охрид ќе биде мојот последен збор. Ако има какви било проблеми, знам дека сум во состојба да одам и да го вратам дома“, вели Петреска. ОХРИД, ЦРНА ГОРА И ГРЦИЈА НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ Но има родители што го следат трендот на самостојни летувања за нивните деца. Кире Николовски, чија ќерка годинава е матурантка во техничкото училиште во Битола, изјавува: „Ова ќе биде трета година по ред како ја пуштам ќерка ми со своето друштво да летува во Грција. Досега сум немал проблеми, местото каде што престојуваат е безбедно, а годинава и повеќемина од друштвото се полнолетни.“ Што се однесува за Македонија, Охрид е најбараната дестинација помеѓу средношколците. Таму цените секо-

5.6.2012 I година 2 I бр. 14

Учебната година е на самиот крај. Средношколците, покрај желбата и борбата за убави оценки, свидетелства исполнети со петки, имаат уште една дилема - „каде на одмор?“.

ја година растат, а сместување за една вечер чини најмалку 350 денари, што е исто колку и во Бугарија. Средношколците велат дека, без разлика на цените, Охрид и годинава ќе биде полн. Никола Ристевски, матурант во гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, вели дека ќе летува во Охрид, бидејќи втората вечер од матурата ја славеле во Грција, па сега повеќемина од неговото друштво се одлучиле да летуваат во земјава. Туристичките агенции велат дека не е редок случајот средношколци да летуваат сами надвор од земјата. Родителите потпишуваат дека детето може да ја напушти земјата и во зависност од буџетот, се одлучуваат за локација. „Ако во мое време беше незамисливо да летуваме сами до полнолетството, сега тоа е сосема нормална појава. За Охрид немаме никакви понуди, бидејќи цените и онака се високи, па не ни се исплати да правиме аранжмани за таму. Кога станува збор за средношколците и за малолетните патници, најбарани дестинации се Грција и Црна Гора“, коментира Горан Јовановски, сопственик на туристичка агенција. ЕДУКАТИВНИ СЕМИНАРИ НАМЕСТО СОНЧАЊЕ НА ПЛАЖИ Мал дел од средношколците се запознаени со програмите за размена на средношколци за време на летниот распуст, како и со едукативните семинари и летни кампови што ги организираат невладини организации и образовни

ВОЛОНТИРАЈТЕ НА „ЕГЗИТ“! Одлична можност за волонтирање ова лето е на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, соседна Србија, каде што младите се дружат меѓусебно, се социјализираат и остваруваат контакти, а ќе имаат можност и да запознаат во живо некоја од светските музички ѕвезди што се дел од годинешната програма на „Егзит“.

центри. Најновата размена на средношколци се случи во Охрид. Во текот на летото во училишниот дом во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ ќе летуваат деца од училиштата од Сплит и околината, а возвратно ученици од охридските средни училишта ќе летуваат во ученичките домови во Хрватска. Виктор Илиевски, програмски координатор во невладината организација YMA, смета дека средношколците немаат идеја за што се летните кампови и мислат дека ако аплицираат за летен камп, ќе треба да одат на некаква работна акција за чистење или за пошумување. Според Илиевски, повеќето летни кампови се од образовен карактер или, пак, кампови каде што се сместени волонтери за фестивали. Педагогот Билјана Атанасовска стои на ставот дека помеѓу одмор на сметка на родителите и летен камп, средношколците треба да одберат летен камп, бидејќи искуствата и контактите стекнати таму служат за цел живот. Елена Стефанова, матурантка во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која е активна волонтерка во Европскиот волонтерски сервис, го споделува своето искуство. „Никогаш не се каам што, наместо одмор во Грција, одбирам летен камп. За разлика од моите врсници, кои секоја година летуваат на исто место, јас преку сервисот ги посетив Франција, Турција, Германија, Швајцарија, Австрија и Шведска. Најчесто волонтираме како логистичка поддршка на фестивали, во детски градинки, посетуваме обуки, семинари за здрав начин на живот и слично“, вели таа. Средношколци, останува вие да одлучите да летувате. Како и туристичките агенции, така и невладините организации нудат одлични понуди за летниот распуст. „Медиум“ ви посакува среќен пат, убав помин и се читаме од септември.


6 КРИСТИНА СТОИМЕНОВСКА II-8 МОНИКА МИХАЈЛОВСКА II-8 АНА ТАНЕВСКА II-8

ВИОЛЕТА АЛЕКСОВСКА, СОУ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ - ЏИНГАР“

СУГСГ ,,Орце Николов“-Скопје

Професорката Алексовска ни откри дел од „тајните“ на својата професија. Таа ни даде една поинаква слика за училиштето, за професијата професор и за новите генерации ученици

Н

аместо инженер, професор, вака професорката Виолета Алексовска ја почнува својата приказна за тоа како ја добила желбата да стане професорка. Одлуката „паднала“ по завршувањето на втората година на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Желбата да стане инженер по физика се намалила по затворањето на повеќето фирми, па за да не пропадне целиот труд се префрлила на одделот по физика. Во почетокот ѝ било тешко да се приспособи на својата професија. При предавањето се држела до учебникот и работата ја сфаќала шаблонски, но потоа работите се смениле и професорката се пронашла во активниот однос со учениците. Таа вели дека е задоволна од себе и си ја сака својата работа.

„Како прво, никогаш не е досадно на час. Секоја генерација е нов предизвик, а секој ученик нова приказна“, вели професорката Алексовска. Работата со ученици е непредвидлива. Некогаш не може да се задржи вниманието на учениците цели 45 мину ти, па затоа професорката вели дека се обидува да им го направи часот интересен. Смета дека само 15 мину ти од часот се ефективни, во кои се обидува да им ја предаде предвидената материја, а во преостанатото време се раководи од потребите на учениците. „Успевам часовите да ги направам интересни, затоа што на полугодие и на крајот на годината правам анонимна анкета по која дознавам каде и колку треба да обрнам внимание.“, вели професорката.

НАМЕСТО ИНЖЕНЕР, ПРОФЕСОР

За најинтересен аспект на својата работа го смета тоа кога законите на физиката ги применуваме во пракса, односно дека е многу важно да се почитуваат учениците, за и тие да возвратат со иста мера. Процесот на учење е двостран, таа

им предава на учениците, а тие ѝ помагаат да се снајде во денешното време. За денешните генерации ученици вели дека се многу различни од порано. „Младите генерации го имаат своето јас, додека ние постарите немавме

право на ништо“, смета Алексовска. Професорката вели дека понекогаш сака да биде на местото ученик, наместо да биде професор, гледајќи ја радоста меѓу учениците, а тоа ја прави да се чувствува помладо.

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „НАЈКУЛ ПРОФЕСОР“ ЗА АПРИЛ

КРСТОЗБОР

М

оментот на влегување во училницата ја збуни професорката Биљана Чурилова зашто не ги очекуваше кренатите весници „Медиум“ и аплаузот од учениците. Но сценографијата веднаш ја објасни дилемата дека невообичаениот почеток на часот е честитката за нејзината награда за „најкул професор“ за март. Екипата на „Медиум“ ѝ врачи диплома на професорката од скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ како признание за нејзиниот однос кон учениците и наставата. Учениците ги потврдија заслугите што се наведени во дипломата – дека професорката знае да прави пријатна атмосфера на часот, дека предавањата се интересни, но и дека е правична и авторитетна. „Потекнувам од просветно семејство и повеќе од 30 години работам со средношколци. Речиси на крајот од мојата богата професорска кариера, најмногу ме радува ова признание од учениците“, вели професорката Чурилова. Измината сезона „Медиум“ секој месец му ја доделуваше наградата „најкул професор“ на професорот што ќе освои најмногу гласови на онлајн-анкетата на средношколскиот веб www.vs.edu.mk. Средношколците ќе можат повторно да гласаат за своите омилени професори од септември.

КАДЕ

БЕВМЕ?



ВО 11 СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Е

кипата на весникот „Медиум“ изминатата сезона посети 11 средни училишта во девет града од различни делови на Македонија. Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Демир Хисар, Неготино, Кавадарци, Гевгелија и Берово беа дестинациите од каде што изминатите девет месеци се регрутираа членовите на најголемата средношколска редакција во Македонија. Учениците се информираа за тоа како да се вклучат и да пишуваат за „Медиум“ и на тој начин да ги искажат своите мислења или да пренесат приказна од нивното училиште и град. Голем дел од посетите се остварија по покана на самите училишта, каде што се сретнавме со новинарските, литературните и драмските секции, а во дел од нив ги доделивме и наградите за најдобар млад новинар и за најкул професор на месецот. „Медиум“ ги посети скопските средни училишта „Никола Карев“, „Д-р Панче Караѓозов“ и приватната гимназија Алгоритам-центар, „Аце Русковски“ во Берово, „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино, „Добри Даскалов“ во Кавадарци, „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, „Гоце Делчев“ во Куманово, „Таки Даскало“ во Битола и „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Од септември сите училишта и средношколци повторно се добредојдени да пишуваат и да фотографираат за весникот и за интернетстраницата www.medium.edu.mk

5.6.2012 I Година 2 I Бр. 14


7

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА СИМОНА МУРАТОВСКА, II-2

ВАСИЛ ПУЈОВСКИ

СУГСГ „Орце Николов“-Скопје

ВИСТИНСКИ МАЈСТОР ВО БАДМИНГТОН Го најдовме таму каде што го минува своето секојдневие. Задишан, на теренот, со својот рекет, со кој упорно ја гради својата спортска кариера. Насмеан, полн со енергија - Васил Пујовски е нашиот нов херој. Има 16 години, учи во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје и реди многу признанија за својата љубов – бадмингтон.

С

ѐ почнало кога Васил Пујовски имал 8 години. Тогаш татко му го одвел да ги гледа децата како играат бадмингтон. „Оттогаш кај мене се роди љубовта кон овој спорт“, вели Васил. Топчето се движело со голема брзина, а тој уште бил мал, па затоа во почетокот му било тешко, но потоа станал вистински мајстор. Ако не сте знаеле во оваа игра, брзината на топчето може да достигне и до 400 км на час, а светскиот рекорд изнесува 427 км на час. Првиот меч го имал на Балканското првенство во Скопје во 2005 година, кога играл против првиот рекет на Турција, кој бил четири години постар од Васил и имал поголемо искуство од него. Тој натпревар го загубил, но истата година на Балканското првенство освоил бронзен медал. За свое најголемо достигнување го смета учеството на Европското првенство во Умаг, Хрватска, каде што го освоил првото место, како

и Меѓународното првенство во Израел, каде што во конкуренција на 30 држави го освоил златниот медал. Васил може да се пофали со еден куп медали, пехари, пофалници. „Над 100 медали, околу 100 пехари и многу домашни и меѓународни признанија, меѓу кои за мене се најдраги – спортист на годината во 2008, 2009 и 2010 година“, вели Васил. Младиот спортист во моментов тренира напорно, бидејќи се подготвува за Европското и за Светското првенство во бадмингтон. „За да успее во овој спорт на еден човек му се потребни физичка и психичка подготвеност, добри рефлекси, напорно тренирање, откажување од одредени работи што ни се чинат важни за младиот човек и, пред сѐ, љубов кон бадмингтонот“, раскажува Васил. Тој им препорачува на средношколците да спортуваат, да бидат упорни и да не се откажуваат од работите што ги сакаат.

НАШ ПРЕДЛОГ ВИКЕНД 

КАДЕ ЗА

100 ЕВРА

КОКИНО – „ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ - КУКЛИЦА

ЕЛЕНА ЈАНЧЕВА, III-7 СУГС „Орце Николов” - Скопје

С

о добро изработен план и претходно испланиран џепарлак, зошто да не направите прошетка низ североисточна Македонија? Имено, овој дел од нашата земја, покрај тоа што изобилува со неопислива и недопрена зелена природа, мелем за очите и за срцето, содржи и многу интересни локации што датираат дури и од најстари времиња. Локалитетот Кокино. Кај оваа мегалитска опсерваторија, сместена во кумановскиот регион, која е особено актуелна во последно време и често за неа се зборува дури и во странските медиуми, е интересно тоа што потекнува од бронзено време, а случајно е

5.6.2012 I година 2 I бр. 14

пронајдена дури во 2001 година. Според фактот дека американската вселенска агенција НАСА ја смести на 4-то место меѓу највредните и најстарите во светот, можете сами да оцените за каква историска реткост станува збор. Но авантурата не завршува тука. Во овој дел од Македонија, во околината на Крива Паланка, ве очекува манастирот сместен во прегратките на Осоговските Планини, скриен во дабовата шума во недоглед, манастирот „Свети Јоаким Осоговски“. Всушност, се работи за две цркви, „Рождество на Пресвета Богородица“ и „Св. Јоаким“. Но, покрај нив, овој комплекс нуди место за преноќување, како и шанса да вкусите некое од автентичните јадења од овие простори. Дестинација што не смеете да ја пропуштите во оваа околина е и селото Куклица, за кое многумина од нас не се доволно информирани, па можеби со тешкотии ќе го пронајдете. Сепак, вреди да

се посети ова чудо на природата, кое за момент ќе ве остави без здив, веднаш штом ќе ги видите вулканските карпи со кои природата долги години си играла и создала „кукли” високи дури до 10 метри. За време на кратката пауза во селото, додека пробувате некој од специјалитетите на кратовскиот регион, населението со големо задоволство и љубезност ќе ви ја раскаже и легендата за овие карпи, кои ги нарекуваат „Весела свадба“. На овој начин, за мала сума пари, можете да си поминете незаборавен викенд, кој сигурно ќе остане во вашите сеќавања долго време. Трошоците се однесуваат само на превозот, едно преноќување, кое во споменатите градови нема да ве чини многу, и секако храната во околните ресторани и рибници што нудат храна од органско производство, која вреди да се вкуси. Се ближи крајот на учебната година, па зошто да не се впуштите во истражување на овој регион?


ТИКЕР 8

Paparaco

ВО ТЕК СЕ УПИСИТЕ НА ВИСОКАТА ШКОЛА Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го распиша конкурсот за запишување за наредната академска година. Вкупно 80 студенти може да студираат на додипломските студии на насоките Новинарство и Корпоративни комуникации и односи со јавноста. Високата школа e на деветтото место, според рангирањето што го спроведе Министерството за образование и наука. Во рамки на факултетот е формирана Катедра на УНЕСКО за медиуми, што е гарант за високите академски стандарди. Студиските програми се базирани на потребите на медиумскиот и секторот за комуникации и овозможуваат практично работење на реални проекти. Студентите се оспособуваат за првиот професионален ангажман уште за време на студиите, кој им го обезбедува факултетскиот центар „Кариера“. Како резултат на меѓународната соработка на факултетот, студентите можат бесплатно да поминат еден семестар во универзитети во Европа и во САД. ДОДЕЛЕНИ СЕ 10 СТИПЕНДИИ Десетте најдобри медиумски производи на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се наградени со стипендии за студирање на Високата школа. На конкурсот пристигнаа 167 производи од средношколци од цела Македонија. Освен десетте матуранти, средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и уште тројца средношколци добија награди камера, лаптоп и два фотоапарати. Проектот се реализира во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Министерството за образование и наука на тема „Заедно за училишта без насилство“. СТУДЕНТИТЕ РАБОТЕА ПРОЕКТИ ЗА ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА И ЗА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ Медиумско промовирање на велосипедизмот и работилница за здрава работна средина за вработените во „Македонски телеком“ се двата проекти што студентите по односи со јавност ги спроведоа во текот на мај. Студентите од вториот семестар осмислија и реализираа работилница на тема „Креирај здрава работна средина“, која треба да им помогне на вработените во „Македонски телеком“ да создадат подобри услови за работење во компанијата. Студентите од четвртиот семестар, пак, промовираат пораки, идеи и предности за возење велосипед преку социјалните и традиционалните медиуми и со продукција на медиумски производи. Проектот се спроведе како заедничка иницијатива на Високата школа, Амбасадата на Холандија во РМ и националната радиомрежа Канал 77. СТУДЕНТИТЕ ПРАВЕА РЕПОРТАЖИ ОД ГОРНО ОРИЗАРИ И ОД РУСИНОВО Студентите по новинарство го раскажаа животот во велешкото село Горно Врановце и во беровското Русиново во нивните репортажи, кои ги правеа како дел од задачите по печатени медиуми. Студентите вежбаа на терен на кои елементи треба да обрнат внимание за автентично да го доловат патувањето на читателот, средбите со луѓето, необичните доживувања. Патувањата беа организирани од Високата школа, во соработка со канцеларијата на Европската Унија во Македонија, во рамки на проектот „ЕУ одблизу“.

Каде вечер?

ВИСОКАТА ШКОЛА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НОВИНАРСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Претставници на Високата школа учествуваа на овогодишното Генерално собрание на Европската асоцијација за новинарско образование (EJTA), што се одржува на 17 и 18 мај во Истанбул, Турција. На Генералното собрание на оваа асоцијација се диску тираше за добрите практики во новинарството, како и за влијанието на социјалните медиуми врз образованието на новинарите. Во EJTA членуваат 60 новинарски центри, училишта и универзитети од 24 држави низ Европа. Високата школа стана членка на асоцијацијата во 2010 година.

АЛЕКСАНДРА ЧИБИШЕВА

СУГС „Орце Николов“ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД НЕГОТИНО ЈА ПОСЕТИЈА ВИСОКАТА ШКОЛА

Десетина средношколци од новинарскиот клуб „ТНТ“ од Неготино се запознаа што значат професиите новинарство и односи со јавноста и како треба да се однесуваат пред микрофон и камера. Во Високата школа учениците разговараа дека едно општество не може да функционира без медиумите и комуникациите зашто влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Средношколците искусија дека односот пред микрофон и камера има правила, кои мора да се знаат и извежбаат за правилно говорење и изразување.

Д

ојде времето на последниот годинашен број. Толку многу насмевки, незаборавни моменти поминати во редакцијата и надвор од редакцијата на „Медиум“. Иако се разделуваме, јуни е полн со интересни и возбудливи настани. Нема да останеме рамнодушни и нема да ни биде досадно. Со оглед на тоа дека учебната година завршува многу брзо, подгответе се за жешко лето. Како и секоја година, летото ќе ни почне со „Баскер-фест“, во времетраење од 10 дена. Градот Скопје се претвора во еден голем уличен театар на кој настапуваат стотици улични изведува-

чи од целиот свет. На повеќе локации низ градот на отворено се одржуваат разни акробатски, жонглерски и пиротехнички точки, а притоа се организираат и концерти и настапи на уметници од изведувачките уметности. Ќе мораме малку да се опуштиме по исцрпниот концерт на Цеца на последниот ден од мај. На 16 јуни конечно љубителите на џезот ќе имаат можност да учествуваат на одложениот концерт на џез-ѕвездата Рамбо Амадеус, препознатлив по својата луда џез-музика и ироничните текстови. Неговиот настан е резервиран во клубот „Колосеум“, со почеток од 21 часот. За оние со поспецифичен вкус, од 15 до 17 јуни на „Егзодусфест“ ќе има забава за оние што пропагираат психоделичен тип музика. На 21 јуни официјално почнува „Скопско лето“, кое трае до 31 јули. Во текот  на 25-те години од постоењето, фестивалот понуди исклучително богата и разновидна програма. Во најжешките летни месеци, Скопје е град-домаќин на различни настани што се одржуваат на отворено, на различни локации. Тоа што ние младите најмногу го очекуваме е настанот што на некој начин го обележува почетокот на летото - „Скопје гори“, кој ќе се одржи на Скопско кале, во 20 часот. Овој месец имаме да понудиме нешто и за другите градови. На пример, Меѓународниот филмски и видеофестивал на Југоисточна Европа. „Астерфест“ е фестивал што се одржува на крајот на јуни во Струмица и е фокусиран на филм и видеодела од автори од Југоисточна Европа. Можеби ви помогнав. Ваше е дали ќе „дремете“ по локалните кафулиња или ќе одите да посетите некои од горепонудените настани.

5.6.2012 I Година 2 I Бр. 14

Medium  

www.medium.edu.mk

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you