Page 1

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР МАРИЈА ДАНАИЛОВА - СОУ „БОГДАНЦИ“ - БОГДАНЦИ ДАЛИ ВОНШКОЛСКИТЕ АКТИВНОСТИ ГИ ЗАСЕНИЈА ШКОЛСКИТЕ ОБВРСКИ? .............................................................................................................................................. 4 стр.

КАДЕ З КАДЕ ЗА А 100 Е ЕВРА В РА

1

СЛИВЕН, РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА 

 Посетата е во една од соседните држави. Насоката на движење кон исток, во Република Бугарија. Градот Сливен.

ВЕСНИК ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИwww.medium.edu.mk

30.4.2012Година II,Бр. 13 ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

СЛАВЕН НИКОЛОВСКИ РАДИОВОДИТЕЛ

НА МОЕТО НАРЕДНО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ГО ЗЕМАМ МИКРОФОНОТ СО СЕБЕ ИВА Петроска СУГС „Георги Димитров“ – Скопје

Водителскиот глас што секојдневно ве фасцинира со уникатност и препознатливост, авторот и водител на радиоемисијата „Стереовозење“ на радиото Метрополис, само за средношколскиот весник „Медиум“, ни ги откри своите неостварени желби и сподели со нас некои спомени од неговите средношколски денови. За своето радиошоу ни рече дека тоа непланирано станало еден вид медитација и едноставно исклучување на момент од реалноста, барем на два часа.

МАТУРСКА ВЕЧЕР ИЛИ СКАПА ЗАБАВА

Матурантите трошат и по 500 евра за да д се облечат за најлуддата ноќ. Одд матурските прослави раце тријат сите, а родителите остануваат со поплиток џеб. Луѓе дипломираат, магистрираат, па нема вакви забави. Но се создава еден социолошки феномен и матурите станаа начин да се покаже богатството, велат експертите ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

НИЕ ИСПРАШУВАМЕ

ГОРАН СТАНИКИЕВСКИ – ГОРЈАНСКИ, ПРОФЕСОР ВО „АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР“ - СКОПЈЕ

РАБОТАТА СО УЧЕНИЦИ ГИ РАЗЛЕТУВА МОИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ КРИЛЈА

Работата со млади луѓе е благородна работа, одговорноста да им се пренесат знаења е силен мотив, вели професорот по географија Горан Станикиевски.

КАДЕ БЕВМЕ?

СКОПЈЕ – БЕРОВО – ДЕМИР ХИСАР

Екипата на весникот „Медиум“ во текот на март посети три училишта и повторно се потруди тоа да бидат од различни делови на Македонија.

 БИЛЈАНА ДЕБАРЛИЕВА

ЈАС МИСЛАМ ВАКА Павлина Бучевска ПСУ „Алгоритам центар“- Скопје

МИСЛИТЕ НИ ГИ СНЕМА ИЛИ...?  Не смееме да дозволиме никој, ништо и никогаш да нè ограничува. Нашиот личен творечки дух треба да нè води. Зарем ние не сакаме да бидеме вистински среќни, да бидеме природни? Зошто да го правиме ова, зошто она? Зошто да мислиме вака, а не онака? Кои сме ние? Можеби е време да ги кажеме сопствените мисли? Можеби ќе се изненадиме? Можеби не е сè загубено?

ЃОКЕ ЗАЈО ЈОВАНОВ

ЗАЈО Е ЗАФАТЕН 24/7, НО ИМА ВРЕМЕ И ЗА УЧИЛИШТЕ Диџеј, дизајнер, волонтер, организатор. Ѓоке Зајо Јованов е ученик во прва година во СОУ „Кирил и Методиј“ во Неготино.

 ДАНИЕЛ НИКОЛОВСКИ, СТИЛИСТ

МАТУРАНТКИ, НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО ФРИЗУРАТА И СО ШМИНКАТА

ВО СРЕДНО БЕВ ПОВЛЕЧЕНА И МИРНА, ТАКВА СУМ ДО ДЕН-ДЕНЕС

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ 30.4.2012 I година 2 I бр.НА 13 ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“


2

НИЗ ХОДНИЦИТЕ

„ЧИТАЈ СЕКАДЕ“ И ВО ГЕВГЕЛИЈА

Јован Поповски СУГС „Никола Карев“

И

УЧИЛИШТЕТО ДА БИДЕ ВТОР ДОМ

Р

аботата со ученици отсекогаш била моја животна желба. Тргнувајќи од себе, за мене професорот секогаш бил и „втор родител“, личност од која треба да се стекне знаење, но и личност што ќе ни помогне во решавањето на нашите секојдневни проблеми, човек што во училиштето е секогаш достапен за учениците. Имајќи го сево ова предвид, јас денес како професор ја имам истата одговорност што како ученик ја очекував од професорите. Работата со ученици, а особено со средношколци е вистински предизвик за секој професор, предизвик што сам по себе носи многу труд и заложби. Учениците треба да го сметаат училиштето за свој „втор дом“, место каде што ќе ги стекнат сите знаења потребни за понатамошно развивање, но и место каде што ќе се изградат како личности достојни да одговорат на сите понатамошни животни предизвици. Создавањето вакви услови за работа е задача на секој професор, тој треба да ги мотивира и внесе во наставата за тие да ја сфатат како задоволство, а не како напор. Методите што ги применувам се иновативни и секогаш интересни за учениците. На часовите практикувам учење преку игра и забава, едноставно само затоа што со учење преку задоволство се постигнува вистинската цел. Ако учениците со задоволство доаѓаат на училиште, резултатите ќе бидат неминовни. Затоа, ќе повторам уште еднаш, само доколку на учениците им го претставиме училиштето како нивен втор дом, само тогаш од нив ќе ги добиеме посакуваните резултати.

ТЕРЕНСКА НАСТАВА ВО САФАРИ-ПАРКОТ „БУНЕЦ“ ИЛЧЕ ТРЕНЧЕВСКИ, III-3 КЛАС СОУ „Крсте П. Мисирков“-Демир Хисар

С

редношколците од шумарско-дрвопреработувачка струка на СОУ „Крсте П. Мисирков“-Демир Хисар за време на теренската настава се запознаа со природните убавини на нашата земја, овој пат во сафари-паркот „Бунец“ во националниот парк Маврово. Учениците придружувани од ренџери се запознаваа со комплетната биологија и екологија на грандиозниот елен. Вработените во паркот создале добри услови за елените: хранилишта, солишта, набљудувачници, ловнотехнички објекти за размножување. Средношколците имаа можност своето теоретско искуство стекнато во училиштето да го дополнат со професионалното искуство на ренџерите, а сето тоа придонесе да се чувствуваат побогати со знаење и со искуство.

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

Д

ПАВЛИНА БУЧЕВСКА ПСУ „Алгоритам центар“ Скопје

зложба, квиз-натпревар, трка со книги и драмска изведба беа дел од активностите што ги организира гевгелиското средно училиште „Јосиф Јосифовски“ во рамките на манифестацијата „Читај секаде“, која се одржа во Гевгелија од 4 до 6 април. На изложбата беа претставени плакати и фотоприказни од ликовниот конкурс што се организира во основните и во средното училиште, учениците се натпреваруваа во рецитаторски и квизнатпревар и во трка со книга, а студентите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста имаа драмска изведба. Настанот беше поттикнат од кампањата на студентите на Ви-

РЕВИЈА НА МОДЕЛИ

ИЗРАБОТЕНИ ОД ОТПАД

соката школа, „Читај секаде“, која ја организираа во Скопје минатата година, и од соработката меѓу новинарската секција на гевгелиското средно училиште

со „Медиум“. Манифестацијата се организира во соработка со Градската библиотека во Гевгелија, а случувањата беа проследени од локалната ТВ Нова.

ЕКИПАТА ОД „БРИЦО“ ШАМПИОН ВО КУГЛАЊЕ

САЊА ЦВЕТКОВИЌ, I-4 СУГС „Орце Николов“-Скопје

Е

кипата на ДУФК „Методи Митевски-Брицо“ стана шампион во куглање за учебната 2011/2012 година. Во натпреварот за прво место екипата на ДУФК „Методи Митевски-Брицо“ ја победи екипата од СУГС „Димитар Влахов“ со резултат од 1.039:797. Резултатот од 1.039 соборени кегли е новиот рекорд на кугларницата за училишни екипи, а со успешно завршените финални натпревари заврши и Градската средноучилишна мала лига во куглање за оваа учебна година. За третото место се натпреваруваа уште две

екипи, а резултатот од кугларскиот натпревар беше 862 соборени кегли од екипата на СУГС „Михајло Пупин“ наспроти 830 соборени кегли од екипата на СУГС „Панче Арсовски“. Средноучилишната мала лига во куглање е во организација на Училишниот спорт на средни училишта во Скопје и со техничка поддршка од Кугларската федерација на Македонија. Во лигата за оваа учебна година учествуваа 21 средно училиште од Скопје, беа одиграни над 60 натпревари и учествуваа над 250 ученици.

НЕЗАБОРАВНО ИСКУСТВО

НИЗ ДРУЖБА И ЕДУКАЦИЈА

АЛЕКСАНДРА ЧИБИШЕВА СУГС „Орце Николов“-Скопје

Д

ванаесет ученици од СУГСГ „Орце Николов“ минатата недела се вратија од Англија, каде што беа во посета на „Интернационалната недела 2012“ во Лидс. Учениците таму работеа, организираа карневал, зборуваа со деца од различни земји и култури и, како што велат, сфатиле дека не е важно кој од каде е, зашто сите имаат исти проблеми и слични размислувања за животот. Тие раскажуваат дека за нив тоа бил еден прекрасен спој на животна, религиозна и интелектуална надградба и дружба во вистинската смисла на зборот. Освен Лидс, учениците го посетија и Лондон.

МИСЛИТЕ НИ ГИ СНЕМА ИЛИ...?

енот ни се разубавува кога ќе видиме нешто оригинално, ново, неочекувано. За жал, тоа задоволство го заборавивме. Сè помалку се изненадуваме. Почнувам нов филм - чуена музика, видена приказна, очекувани пресврти, досадни шеги, сервирани колку да помине времето. Колку да се случува нешто, а ништо. Глобализацијата нè уништува. Брише сè пред себе. Сè е клише. Сите се во иста поза на фотографиите. Се брка иста шема. Сите зборуваат исто - „јако и моќно“. А што кажуваат? Јас мислам...? Всушност нема што да мислиме. Мораме исто да јадеме, пиеме, исто да се облекуваме, исто да зборуваме, исто да одиме, на исто да се смееме... Ние како Балканци и Македонци сме многу креативни. Но Ве молам, погледнете околу вас. Вклучете го телевизорот. Можеби ќе станете покреативни ако ги гледате турските и индиските серии и завршите со „Прељубници“, а како јаготка на шлагот го додадете „Преживеан“. Се чита малку, а тоа што се чита е строго одредено: плитки романчиња и прирачници за среќен живот. Среќен живот подразбира живот во зоната на комфорот. Сите се стремиме да одиме по познати, разгазени патеки, лесно да си поминеме, да се снајдеме. Се лови во матно, се импровизира. Усовршено ни е преживувањето. За жал, животот е сведен на преживување. Тој повеќе не е доживување. Секој што ќе излезе од кругот,

од стадото, од просекот е осудуван. Тој е црната овца, подолу е од сите. Во стадото е дозволено сè. Но точно се знае што е тоа сè. Секој е против секого, натпревар во лавиринтот. Ако сакаш „лајк“, ништо не смее да стрчи. Кој е тој Големиот, Моќниот, Разумниот, Совршениот што го креира нашето мислење, па ни секнаа нашите, а ги вртиме неговите позитивни мисли? Надвор е пролет. Природата со сета раскош повикува. Се случува пролетен изблик на креативност, бои и мириси. Дрвјата раззеленеа, се наполнија со цветови. Јагликите и темјанушките ги облекоа своите цветни кошулчиња. Зумбулите опојно мирисаат. Во природата сè е хармонично. Во неа ништо не е досадно, излитено, плитко, глобализирано, засилено, потиснато. Во неа промените се случуваат спонтано и природно. Таа постојано се повторува циклично. Но секој пат буди восхит кај нас. Не смееме да дозволиме никој, ништо и никогаш да нè ограничува. Нашиот личен творечки дух треба да нè води. Зарем ние не сакаме да бидеме вистински среќни, да бидеме природни? Зошто да го правиме ова, зошто она? Зошто да мислиме вака, а не онака? Кои сме ние? Можеби е време да ги кажеме сопствените мисли? Можеби ќе се изненадиме? Можеби не е сè загубено?

В

о училниците на гимназијата „Орце Николов“ младите и талентирани модни дизајнери, под менторство на професорите по ликовна уметност Снежана Крстевска и Сергеј Дамовски, изработуваат модели што се направени од секаков вид отпaден материјал. Учениците треба да покажат како отпадниот материјал може да биде искористен во вистински креативен и естетски производ. Презентацијата „Треш фешн“ или модната ревија на овие „парчиња облека“ беше изведена во холот на училиштето во присуство на познати македонски стилисти и модни дизајнери. Стручната жири-комисија го избра најоригиналниот моден производ со кој училиштето ќе се претстави на официјалната ревија во рамките на проектот „Треш фешн“.

ХУМАНИТАРЕН ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР ПРОФЕСОР СТЕВО ПАВЛОВСКИ, СГГУ „Здравко Цветковски“-Скопје

П

о повод велигденските празници, во просториите на СГГУ „Здравко Цветковски“-Скопје се одржа хуманитарен базар. Собраните средства беа донирани за децата од интернатот „Гоце Делчев“ во скопското село Љубанци. Истиот ден учениците ги посетија и дечињата од Клиниката за белодробни заболувања во Козле и им подарија велигденски јајца.

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

30.4.2012 I Година 2 I Бр. 13


3

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ Водителскиот глас што секојдневно ве фасцинира со уникатност и препознатливост, авторот и водител на радиоемисијата „Стереовозење“ на радиото Метрополис, само за средношколскиот весник „Медиум“, ни ги откри своите неостварени желби и сподели со нас некои спомени од неговите средношколски денови. За своето радиошоу ни рече дека тоа непланирано станало еден вид медитација и едноставно исклучување на момент од реалноста, барем на два часа. МЕДИУМ: Кажи ми нешто повеќе за средношколските денови, каде учеше, кои предмети ти беа омилени, каква музика слушаше? СЛАВЕ: Ми поставивте 5 прашања во едно (се смее). За средношколските денови прв збор што ми доаѓа на памет е забава, затоа што навистина важи целиот оној муабет дека сите одвај чекаме да завршиме, меѓутоа секој пат ти остануваат во добра меморија и како добра забава сите тие денови. Јас учев во државното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ и, што се однесува до учењето, си го поминав супер, не знам како ама им бев омилен на професорките, дури имав и некомотни моменти од типот на прозивање ученици по дневник, па кога ќе стигнеа до Славе Николовски ќе застанеа и ќе ме погледнеа да ми кажат: „А, тука си ти? Добро е...“. Имаше повеќе вакви моменти, но сè на сè ми беше многу опуштено целото школување. Омилен предмет ми беше биологија, своевремено размислував дали да одам во Средното медицинско училиште, овој предмет секогаш ми одел лесно, лесно сум го сфаќал и ме интересирал. Еве, ако треба да се одвои некој предмет, дефинитивно биологија би го ставил на прво место. Во однос на музиката слушав рок, бев опасен рокер. Знам дека излегувавме на рок-места, на доста роксвирки во „МКЦ“. Во тоа време јас додека бев средно беше многу кул да си рокер и јас бев тврдокорен рокер до крајот и одлично се забавуваме. Како што ти кажав, навистина првиот збор што ми доаѓа на памет е забава затоа што навистина многу се дружевме, со соучениците излегувавме заедно, заедно си седевме по часови.... Многу кул период од мојот живот.

СЛАВЕН НИКОЛОВСКИ - РАДИОВОДИТЕЛ

НА МОЕТО НАРЕДНО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ГО ЗЕМАМ МИКРОФОНОТ СО СЕБЕ ставена да ја замени мојата класна, и во тој период имав пријателка што работеше како сестра-акушерка, па таа ни носеше оправдување и јас им ги пренесував на поголемиот дел од соучениците во класот. Три дена бев отсутен и ми ги оправдаа часовите, меѓутоа настана проблем кога бевме на час кај друга професорка, таа почна да се смее хистерично и ми кажа: „Дали ти знаеш дека и момци примаат во породилно, затоа што јас немам поим?“ Тогаш фативме сите да се смееме затоа што сите имавме исти оправдувања и ме праша дали знам воопшто што има напишано како дијагноза. Јас не знаев латински и таа ми преведе дека прво имало две дијагнози, првата била дизентерија, што значи не е можно да сум се врател жив и здрав на часови по три дена, а другата дијагноза беше бактерии во спермата (се смее). Тука настана општ хаос од смеење и тогаш се одлучив дека треба да престанам со лажирање на оправдувања.

ни моменти. Денот го почнувам со кафе и со добар туш, а потоа одам во фитнес-клуб секој ден по час и половина и, откако ќе се средам таму, доаѓам во радио и еве и ти имаше можност да видиш што се случува. Секој ден задолжително со колегите имаме час и половина до два дружба со урлање, со зафркавање, со пеење, со играње, забавни моменти и наши интерни муабети. Потоа пред емисијата проверувам што се случува низ светот, што е она што ти сакаш да го кажеш на радио, информации што сакаш да ги пласираш за кога ќе дојде најавниот џингл на емисијата барем јас сакам да ми е се подготвено и да знам што ќе се случува, но можно е и да ти влета некој муабет што ќе биде интересен утре, а се појавил во моментот додека си во емисија, меѓутоа во глобала сакам да ми е сè подготвено барем од податоците што сакам да ги пласирам во етер и да смислам на кој начин да ги пласирам за да бидат забавни за слушателите.

МЕДИУМ: Што те натера да почнеш да се занимаваш со новинарство и со радиоводителство? Дали можеби имаше некоја емисија што нонстоп ја слушаше? СЛАВЕ: Откога паметам за себе секојпат сум бил поврзан со музиката, станував и заспивав со музика. Дури имаше моменти кога моите другари и другарки во средно ми се чудеа како ги знам сите песни на пејачите, сите нови синглови, кој им е нов видеоспот, кога издаваат нов албум и слично. Секогаш кога имаше видеоспотови на каналите на крајот од песната го пишуваше тоа долу во аголот и претпоставувам некој што не го интересирало не ни обрнал внимание на тој момент. Меѓутоа мене ме интересираше и често ме прашуваа како ги знам тие работи и како ми влегуваат во глава. Секогаш сум располагал многу со информации поврзани со музиката и претпоставувам дека беше неминовно да продолжи да се работи

МЕДИУМ: Што му се случува на Славе периодов? Дали имаш некој план на професионално или на приватно поле? СЛАВЕ: Периодов учам, конечно најдов време да го подготвувам испитот. Моментално сум на постдипломски студии и со тоа се опседнав овие неколку дена, да го подготвам испитот, да го предадам и да продолжам со другите. Имав еден период во кој многу ме мрзеше и никако не наоѓав време за тоа, наоѓав време за секаква друга глупост во текот на денот на небитни работи да го потрошам времето. Сега сум во тој момент, во учењето. Планови имам секогаш, јас сум човек што секогаш има милион планови во главата. Дури ми е тешко да си ги координирам сам сопствените планови во главата. Имам планови на професионално поле, да сменам, да дополнам нешто во емисијата за да биде секоја различна од претходната и да биде забавна за слушателите. А на приватно поле, ајде ќе ти речам дека подготвувам едно ново патување, нема да ти откријам каде. Минатиот пат, сега во март, кога бев во Милано, една слушателка ми кажа дека сум фалел во етерот и ѝ ветив дека на следното мое патување ќе го земам и микрофонот со мене. Така што ако се реализира ова патување, ќе ме слушаш во етерот бидејќи јас навистина ќе си го земам микрофонот со себе и ќе си ги водам емисиите од таму.

водител. Инаку, моето доаѓање во радио беше спонтано, некако во моментот кога сфатив дека сакам да го работам тоа само ја пуштив целата енергија на мојата желба и на енергијата на она што сакам да си го остварам и некако спонтано си се наредија коцките сами по себе. МЕДИУМ: Кој ти беше првиот проект со кој навлезе во овие води и како стигна до ова што си денес? СЛАВЕ: Првиот проект се сеќавам дека беше една радиска форма, се викаше „UK-top

МЕДИУМ: Дали Славе беше женкар во средно? Колку женските трчаа по тебе и обратно? СЛАВЕ: (се смее) Ајде вака ќе ти кажам, училиштето во кое учев беше точно 99% од момци, во мојата генерација имаше само четири девојчиња, од кои едното ми беше пријателка со која заедно дојдовме од основно училиште, а од другите три, две имаа големи симпатии кон мене, така што мислам дека ти е одговорено целосно прашањето.

лично ја прифатија и многу ме израдува што моите колеги ми кажуваа дека ова е моментално најдобрата форма што се емитува на радио. Неколку месеци по почетокот на оваа форма некако спонтано излезе проектот „Big Box“, единственото чарт-шоу што го имаме на Метрополис, секој понеделник од 20 до 22 часот, и само по себе испадна јас да ја преземам таа емисија и програмскиот уредник кажа дека ако некој води чарт-шоу така како што треба да води и како што треба да звучи, тогаш тоа е Славе. Тоа траеше некои седум месеци и потоа почна да се работи на дневната емисија „Стереовозење“. Една работа те води кон друга и коцките сами си се редат, секако со целиот труд што го вложуваш во работата. МЕДИУМ: Дали уживаш во тоа што го работиш? СЛАВЕ: Да, апсолутно уживам. Тие два часа ми се како еден вид медитација. Постојано го зборувам тоа, и јас имам денови кога не сум расположен, кога ќе ме изнервира некоја тетка на администрација кога чекам на шалтер затоа што по жолтата линија по десет секунди ги губам нервите, ама кога ќе дојдам во радио, прво си ги редам првите три песни што сакам да ми свират и влегувам во студио, знам дека почнува веќе најавниот џингл, ги ставам слушалките и во тој момент некако, не знам... Тоа е некоја убава енергија што ја шири радиото, тотално заборавам на сите работи што ми се случиле во текот на денот и едноставно се исклучувам. Спонтано ми се враќа насмевката на лицето, заборавам на сите проблеми и уживам во тие 120 минути и во разговорите што си ги правам со слушателите.

МЕДИУМ: Како гледаш на тоа од денешен аспект? СЛАВЕ: Па и денеска исто, малку ми е чуден терминот „женкар“, секој си го сфаќа различно на нашето поднебје, меѓутоа секој пат сум бил во момент каде што најчесто мене ми приоѓаат, но најважно е само да се има добра забава со сите. МЕДИУМ: Која е најголемата глупост што си ја направил во средно? СЛАВЕ: Ги закопав сите постари роднини од моето семејство дури имаше измислени ликови од типот на прабаби и слично за да си ги оправдам часовите, често бев на погреби и по болници. Имаше еден момент што би го издвоил сега. Се сеќавам дека во тој период имавме на замена професорка, која беше по-

ИВА ПЕТРОСКА СУГС „Георги Димитров“ – Скопје ФОТО: МАРКО АНДОНОВ АЦЕВ

нешто поврзано со музиката. За почетоците со радиото, сè се случи некако спонтано. Приближно година и неколку месеци слушав многу радио пред да влезам во овие води. Слушав редовно две емисии - наутро кога станував да се спремам беше едната емисија, а кога се враќав од работа беше Петар со неговата емисија - нонстоп ми беше вклучено радиото и тогаш ми се јави желбата да бидам радио-

СО КОЛЕГИТЕ СМЕ ЕДНО ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО МЕДИУМ: Каква ви е дружбата со колегите во радио? Дали, освен работно, се дружите и приватно? СЛАВЕ: Се дружиме многу супер со колегите, како што гледаш и ти, функционираме како големо семејство. Јас постојано се шегувам дека сите сме со сопствена дијагноза во радио (се смее), тоа го виде и ти на дело во радио. Се дружиме многу професионално, мислам дека тоа се чествува и во етер, како се пренесува таа позитивна вибрација, а

10“, мислам дека одеше петпати на ден, беше динамична и брза за она што се случува на британската топ-листа, првите десет позиции. Се состоеше од презентирање кој е на прво место, кој на второ, сè до последното, и имаше информации поврзани со пејачот и со песната, од кој албум е и слично. Тоа беше една нова форма на радио, беше многу брза, динамична и ултрамодерна. Слушателите од-

се дружиме и надвор од етерот. Знаме да се договориме да одиме заедно на некој концерт, некако спонтано да отидеме на кафе, знаеме да отепаме цел ден во некоја викендичка и да се дружиме од утрото до вечерта, сме биле заедно на одмори, буквално пријателски функционираме, си се слушаме и телефонски. Дури и да не се слушаме телефонски во радио сме секој ден. МЕДИУМ: Која е целта што сакаш да ја постигнеш? Имаш ли неостварена желба? СЛАВЕ: Неостварена желба имам една, тоа што ми се провлекува во глава последните години е дека сакам да живеам во Њујорк, по можност на

МЕДИУМ: Како изгледа еден твој работен ден? СЛАВЕ: Прво ќе се наспијам убаво, тоа ми е предност со терминот од 14 до 16 часот попладне. Денот секојпат ми почнува со кафе, оние што ме знаат знаат дека ако не го испијам првото кафе, не треба да ми се најдат на патот, можам да бидам непресметлив во даде-

Менхетн, сакам да работам во Њујорк и тоа е една желба што едноставно морам да си ја остварам до крајот на животот и еве веќе активно работам на тој момент. МЕДИУМ: За крај, што би им препорачал на сите оние што во моментов го читаат нашиот разговор? СЛАВЕ: Би им препорачал само никако да не се откажуваат од своите соништа, без разлика колку се налудничави, нереални и надреални во моментот. Ако навистина нешто сакаат, може да им се исполни ако мислат дека тоа го заслужуваат и дека тоа може да им се случи во животот. Знам дека ова

БЛИЦ

ВЕСТИ

е тотално клише-муабет сега кога го зборувам вака, меѓутоа јас сум жив пример за тоа дека се исполнува. Не знаев како, не знаев што, едноставно знаев дека сакам да бидам, дека ќе бидам радиоводител и дека мора да ми се случи тоа. Како што ти реков, само ја пуштив таа енергија и некако се појавија сите патишта да стигнам до местото каде што сум. Важно е да не се предавате и да не се откажувате, без разлика колку и да ви се смеат, веќе го кажав примерот со моите пријатели кога ми се изнасмеаја на идејата дека сакам да бидам водител, па затоа им ја посветив песната „Who’s laughing now“ од Џеси Џеј. Следете ги вашите соништа затоа што соништата сепак се остваруваат.



ЧАША ВОДА ЗА ПОДОБАР УСПЕХ НА ТЕСТ

Н

еодамнешните испитувања покажаа дека учениците и студентите што испиле чаша вода пред тест или испрашување забележале од 5 до 10 отсто подобри резултати, пренесува лондонскиот весник „Телеграф“. Во сво-

30.4.2012 I година 2 I бр. 13

јата студиjа истражувачите од Универзитетот во источен Лондон објаснуваат дека хидрацијата ја забрзува размената помеѓу мозочните ќелии. Тие, исто така, велат дека сите ученици што не внесуваат доволно течности се нервозни и потешко се

МЕДИУМ: Што би сакал да работиш во иднина? Дали би останал ова што си денес? СЛАВЕ: Не знам точно што сакам, знам што не сакам. Знам дека нема шанси да биде некоја професија каде што ќе треба да седам осум часа пред компјутер или да средувам документи. Сигурно ќе биде нешто што ќе биде креативна работа, нешто динамично и нешто што ќе биде во движење за да можам повторно да се заљубам во таа работа и да ме исполнува додека ја работам. Не можам да се замислам себеси на некоја канцелариска работа. Би сакал да го работам ова, да биде поврзано со музика. Мојата професија има старосна граница и мислам дека има лимит на години затоа што слушателите постојано имаат потреба од нова крв, нови гласови и тоа е еден нормален процес, кој функционира секаде во светот. Затоа мислам и дека работењето радиоводителство до пензија е и малку себично. Доколку би работел со музика, тоа би било нешто поврзано со медиуми, некоја продукција или некој програмски менаџмент поврзан со радиото.

концентрираат за време на тестот. Научниците што ги испитувале ефектите на пијалаците (вода, кафе и газирани пијалаци) врз основа на оценките на учениците забележале дека позитивниот ефект на хидрацијата е поголем доколку ученикот

е помал. Меѓу тоа, тие не успеале да најдат никаков доказ кои пијалаци се поефективни од другите за постигнување поголеми оценки, само е важно да се внесува доволно течност. Затоа, пијте вода! ИВА ПЕТРОСКА, СУГС „Георги Димитров“


4

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА АПРИЛ МАРИЈА ДАНАИЛОВА 

АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ

СОУ „БОГДАНЦИ“ - БОГДАНЦИ

Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

ДАЛИ ВОНШКОЛСКИТЕ АКТИВНОСТИ ГИ ЗАСЕНИЈА ШКОЛСКИТЕ ОБВРСКИ?

Н

еодамна некаде прочитав дека кога новинарите немаат приказна, создаваат своја. И не намерно се најдов во ваков идентичен случај. Во потрага по приказна за која можам да одговорам на прашањето дали воншколските активности ги засенија школските обврски, погледнав околу себе. Будно следејќи ги настаните во моето опкружување, ќе сведочам токму на оваа тема. Деновиве во просториите на мојата гимназија СОУ „Богданци“ се работи со полна пареа. По повод Образовното рандеву, под покровителство на МАССУМ, задолжени се поголема група ученици што се подготвуваат за натпреварувањето. Истовремено се гради штандот, хорот ги повторува стиховите, моделите ги пробуваат своите креации, говорникот го вежба говорот на глас... Времето што го поминуваат надвор од училишните клупи, но не и надвор од училиштето, строго е критикувано од страна на некои професори и ученици. Ја користам оваа можност јавно да го демантирам тоа. На многумина им се чини дека учествувањето во воншколските активности е причина за да се отсуствува од часовите. Други сметаат дека така ќе добијат позитивни поени кај одговорните професори. Има и такви што се осмелуваат да помислат дека учениците што се дел од повеќе активности по автоматизам се лишени од школските обврски. Па добро, луѓе, што се случува со вас?! До кога со овие застарени мислења и погрешни сфаќања? Како солидна ученичка и учесничка во речиси секоја активност што ја има организирано моето училиште, тврдам дека ставовите се сосема погрешни. Откривањето нови таленти, нивното негување, обврските и посветеноста на еден ученик-учесник се со иста важност како и образованието. Не вреди теоријата од часот по социологија ако не ја искористиш во градење една мултиетничка средина, не вреди часот по физика ако не пресметаш за колку време ќе стигнеш на училиште без да задоцниш. Долга е листата со такви примери и не е потребно детално образложение за неа. Потребата од теорија проследена со практична примена сите знаеме дека е клучот за успех. Како и да е, ретко кој ќе поверува дека со воншколските активности не се засенуваат школските обврски, туку напротив! Воншколските активности го мотивираат ученикот да работи повеќе, да посвети повеќе време во истражување и во експериментирање. Всушност, тоа бара многу поголемо внимание и посветеност, ажурност и точност – навики

ДОДЕЛЕНА

Е

 ДАНИЕЛ НИКОЛОВСКИ, СТИЛИСТ

МАТУРАНТКИ, НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО ФРИЗУРАТА И СО ШМИНКАТА

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА Ученичката јасно го истакнала својот став, аргументиран преку соодветен и прифатлив пример од своето непосредно опкружување. Текстот има свежина и динамика и претставува вистинит приказ на средношколските дилеми – дали да се затворат само во рамки, или малку да се обидат да излезат од нив. Авторката на текстот застанува на страната на шаренилото на интереси, кои средношколскиот живот го прават поинтересен и, со својата сугестивност, успева да нè убеди во тоа. Членови на комисијата: Тамара Ќупева, Драгица Панова, Марина Лотеска, професорки по македонски јазик во гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ од Скопје, и Дејан Андонов од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

МЕДИУМ: Каде заврши средно и како ќе го паметиш тој период од животот? ДАНИЕЛ: Завршив во средното фризерско училиште како одличен ученик, меѓутоа и со рекорден број изостаноци, хехехе. Инаку, тоа за мене беше едно кратко но слатко искуство, бидејќи по втората завршена година почнав да работам и морав да продолжам со вонредно школување. Знаев дека ќе го работам ова откако знам за себе. Професијата на некој начин ја наследив од мојата мајка. Токму таа можеби беше најголемиот виновник за раѓањето на мојата љубов кон фризурата и шминката. Една од најголемите причини зошто ја одбрав оваа професија е тоа што можам да ја искажам мојата креативност. МЕДИУМ: Што им препорачуваш на матурантките за нивниот стил на шминка и фризура за матурската вечер? ДАНИЕЛ: За да можете да бидете самоуверени, мора и да се чувствувате убаво и привлечно во своја кожа. Затоа, бидете тоа што сте самите вие и на овој ден не претерувајте со фризура и шминка, бидејќи секоја девојка има природна убавина, која само треба да ја истакне со помош на шминката. Природниот изглед е тотално ин и затоа изгледајте природно и елегантно оваа вечер, по која одите во светот на возрасните. Тоа е свет каде што високите потпетици, елегантната гардероба и посериозната шминка и фризура се секојдневно застапени.

 БИЛЈАНА ДЕБАРЛИЕВА, ТВ-ПРЕЗЕНТЕР

што се стекнуваат и градат со таквите активности. Тоа се карактеристики од кои е изградена една личност, паралелно со знаењето од книгата. Се трудам да кажам дека во воншколските активности најчесто учествуваат оние што се во потрага по нови предизвици, нови врвови за освојување. Не дека школските обврски се ставени во втор ред, туку дека тие се веќе совладани. Онаа амбиција што не ја собира еден 45-минутен час, своето место го наоѓа подоцна – со учество во воншколските активности. Го завршувам овој текст со желба во иднина сите да ги прошират своите хоризонти!

ВО СРЕДНО БЕВ ПОВЛЕЧЕНА И МИРНА, ТАКВА СУМ ДО ДЕН-ДЕНЕС

НАГРАДАТА ЗА  НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА МАРТ

кипата на „Медиум“ ѝ додели мобилен телефон и пакет книги на матурантката Сара Механџиева од скопската гимназија „Никола Карев“. Ученичката ја доби наградата за нејзиниот текст „Еден ден без техника“, кој беше избран како најдобар на мартовскиот конкурс „Најдобар млад новинар“. Сара ни кажа дека не ја очекувала нашата посета на училиштето, па дури и дека изгубила надеж дека воопшто ќе ја посетиме. Затоа, изненадувањето во училницата беше уште поголемо кога нејзините соученици ја пречекаа со аплауз. „Иако не членувам во новинарска секција, сепак активно учествувам на конкурси за пишување текстови. Уште некој месец ќе го завршам средното образование. Моите планови се да продолжам да студирам и да се занимавам со новинарство“, вели Механџиева. За нејзиниот текст комисијата напиша дека ученичката дала топла, човечка и емотивна приказна. Правејќи го тоа, дефинитивно излегла од рамките на средношколското сфаќање за есеј, и дала личен печат на целата приказна.

МЕДИУМ: На што најмногу ќе се сеќавате од средно? БИЛЈАНА: Интересно е кога некој по толку години ќе те наврати на средношколските денови, т.е. најубавиот период од животот. Завршив средно во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, културолошка насока. Во класот имав неколку најдобри другарки со кои учев и во основно и заеднички одлучивме дека средното образование ќе го продолжиме во таа гимназија, а морам да признаам дека тој беше изборот и затоа што многу сакав македонски, а воопшто не сакав математика. Во однос на редовноста бев многу дисциплинирана, немав ниту оправдани ниту неоправдани изостаноци, самоиницијативно никогаш не сум избегала од часови, бев одличен ученик посветен на учењето, а малку на излегувањето. Со некоја средношколска лудост и не можам да се пофалам, бидејќи бев мирна, повлечена и примерна, каква што сум и до ден-денес. Она што ќе ми остане во сеќавање од тој период е учеството на последниот слет, кога се предаваше Титовата штафета на 25 мај во Белград. МЕДИУМ: Што мислите, што е сменето во животот на денешните средношколци во однос на периодот кога вие бевте средно и дали како родител би можеле да им дадете некој совет на среднoшколците? БИЛЈАНА: Работите се сменети во секој поглед, пред се затоа што станува збор за различни генерации, не е исто времето кога јас бев средношколка и сегашново време кога мојата ќерка е средношколка. Различни се погледите и ставовите за животот тогаш и сега, а и начинот на живеење е многу сменет. Она што би им го препорачала е да имаат повеќе почит кон професорите и кон возрасните.

30.4.2012 I Година 2 I Бр. 13


5

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА МАЈА КУЗМАНОВСКА и ЈАСНА АТАНАСОВА

МАТУРА

Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

МАТУРСКА ВЕЧЕР ИЛИ СКАПА ЗАБАВА Матурантите трошат и по 500 евра за да се облечат за најлудата ноќ. Од матурските прослави раце тријат сите, а родителите остануваат со поплиток џеб. Луѓе дипломираат, магистрираат, па нема вакви забави. Но се создава еден социолошки феномен и матурите станаа начин да се покаже богатството, велат експертите

Е

уфоријата кај матурантите почна. На големо се купуваат свечени тоалети, костуми, високи потпетици, вратоврски, се закажуваат третмани за слабеење и солариум, се бараат термини за шминка и за фризура. Девојките се во бунило што да се купи за облека, какви чевли и накит да се одберат. Голема е дилемата каква фризура да се направи и дали тоа да му се препушти на некој од познатите фризери или, за да се заштеди некој денар, да се побара помош од некој умешен роднина или пријател. Оние, пак, што немаат проблем со парите, веќе одамна го решија проблемот и заминаа во некоја од европските метрополи за да го купат најдоброто од познатите модни мајстори. „Бидејќи готовите модели од свечени фустани и комплети во градските бу тици чинеа мошне скапо, некаде од 3.000 до 20.000 денари и повеќе, се решив за варијанта шиење. За тоа издвоив 4.000 денари. За третмани и фризура ќе потрошам можеби повеќе од 5.000 денари. Според некои груби домашни пресметки, комплетно матурата ќе ме чини околу 15.000 денари“, вели ученичка во средното медицинско училиште. Фризерско–козметичките салони, бу тиците и продавниците за чевли нудат попусти и пакети за матуранти по различни цени. Ау тфитот на една матурантка некогаш достигнува и вртоглави суми од 500 евра, во зависност од тоа колку родителите може да си дозволат. Мајка на две близначки, матурантки, изјавува: „Трошоците се навистина големи, традицијата е променета целосно. Времињата кога ние славевме беа пои-

накви. Во никој случај не планирам своите ќерки да ги изделам и да не им го овозможам она што другите ќе го имаат. Веќе ги одбравме фустаните и чевлите, кои заедно со шминката и фризурата не чинат 27.000 денари. Сега следува и прославата во ресторан со најблиските, за која издвоив 600 евра“. Фризерско–козметичките салони се во метеж пред матурите, па работат и прекувремено. Сопственичка на еден салон вели: „За време на матурските вечери ги пополнуваме сите термини. Нормално е дека секоја девојка сака да изгледа убаво секој ден, а особено вечерта кога се слави матурата. Цените секаде се движат различно во зависност од тоа колку салонот е елитен, но се прават и пакети со попуст за да може секој матурант да си дозволи професионална услуга“. Ова не се единствените трошоци за родителите. Пари треба да се одделат за сликањето за табло, алманахот, вечерата во ресторан, втората вечер, за музичарите, за подароци за партнерот и за честење на роднините и на соседите. Во зависност од градот каде што се слави матурската вечер и луксузноста на хотелот или рестораните, родителот на еден матурант одвојува од 1.000 до 2.000 денари. За сликите и алманахот се издвојуваат од 600 до 1.000 денари. Одлуката дали најблиските ќе се пречекаат дома или во ресторан зависи од семејниот буџет. Пари се трошат и за музика, бидејќи стана традиција по завршувањето на заедничката веселба завршените средношколци да заминат во училиштето, каде што со заедничко

30.4.2012 I година 2 I бр. 13

дружење ќе се разделат со професорите и од нивните соученици. Тренд е да се слави и втората вечер. Некои од скопските матуранти се одлучуваат за изнајмување ноќни клубови, каде што плаќаат и по 700 денари, во кои не влегуваат пијачките, некои продолжуваат со славењето во туристичките центри, а има и такви што слават надвор

од земјава. Втората вечер претставува дополнителен трошок за родителите. Матурантите се свесни дека матурата чини многу, но, според нив, тоа е еднаш во животот. Ана Митревска, матурантка во една битолска гимназија, изјавува: „Трошокот за заедничкото славење чини околу 150 евра, за ресторанот и другарската вечер. Ќе славиме

во Паралија, Грција. Добро е тоа што ни се овозможи да плаќаме на рати“. Социологот Јована Гошевска коментира дека она што беше пред неколку години само романтична констатација дека не сме веќе деца, денес станува прашање на престиж, на добра и лоша ситуираност. „Матурата многу повеќе е славење на полнолетството, отколку на завршувањето средно школо. Луѓе дипломираат, магистрираат, па нема вакви забави. Но се создава еден социолошки феномен и матурите станаа начин да се покаже богатството. Има родители што не ги жалат своите пари, па купуваат во брендираните бу тици или нарачуваат кај дизајнери, прават огромни забави во кафеаните со музичари, а има и такви што позајмуваат или подигнуваат кредити само да обезбедат пристојна матура за нивните деца. Моето мислење е дека децата треба многу повеќе да размислуваат за изборот на идната професија, да се реализираат како личности и да олабават малку околу изборот на облеката. Облеката не го прави човекот, туку карактерот“, завршува Гошевска. Професорите се со сличен став, но немале влијание врз одлуките на нивните ученици. Професорка од едно скопско средно училиште ни кажа дека кај девојките постои паника и секоја се труди да изгледа што поубаво на матурската вечер, додека момчињата се поопуштени кога станува збор за облеката. „Се трошат и многу пари за славењето, но децата сами одлучуваат каде и како ќе слават“, додава професорката. Меѓу тоа, гледано од сите страни, матурските вечери претставуваат огромно оптоварување за домашниот буџет. Тоа најмногу ги загрижува оние родители што, и покрај желбата нивниот матурант да изгледа колку што е можно поубаво, сепак за гардеробата ќе издвојат колку што можат да си дозволат. Оние што сето тоа го платиле со едно просечно опремување на матурантот, велат дека големиот чин ги чини приближно две просечни плати. А, ако се погледнат цените за сето она што е потребно, ќе се види дека треба да се направат многу комбинации и пресметки за да се помине поевтино.

ПРОСЛАВАТА ДА ПОМИНЕ БЕЗ АЛКОХОЛ Професорите и родителите се загрижени и за консумирањето алкохол. Иако во некои ресторани каде што ќе слават матурантите алкохол нема да се точи, сепак тој ќе биде неизоставен дел од втората вечер. Страста на младите кон алкохолот без познавање на своите граници може да ги чини од 2.000 до 5.000 денари за лекување на Токсикологија. Затоа, директорот на Универзитетската клиника за токсикологија и интерна медицина, доктор Андон Чибишев, советува дека младите треба да избегнуваат алкохол.

„Им препорачувам на сите млади да го избегнуваат алкохолот во сите пригоди, меѓутоа, ако веќе решиле да се напијат, да избегнуваат жестоки пијалаци и консумирање на повеќе од една чаша вино или пиво. Алкохолот е отров, кој многу брзо од системот за варење преминува во циркулаторниот систем, особено ако индивидуата што го консумира има празен желудник (на гладно). Ресорпцијата почнува уште од устата, а се одвива по целата должина на дигестивниот систем, затоа и неговото дејство најбрзо почнува кога консументот е гладен“, вели доктор Чибишев.


6 ВИКТОРИЈА СПАСОВСКА

НИЕ ИСПРАШУВАМЕ -

ПСУ Алгоритам центар-Скопје

ГОРАН СТАНИКИЕВСКИ – ГОРЈАНСКИ, ПРОФЕСОР ВО „АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР“ - СКОПЈЕ

РАБОТАТА СО УЧЕНИЦИ ГИ РАЗЛЕТУВА МОИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ КРИЛЈА

Р

аботата со млади луѓе е благородна работа, одговорноста да им се пренесат знаења е силен мотив, вели професорот по географија Горан Станикиевски. Обајснува дека нивната енергија и полетност, младоста и креативноста му ги отвораат сите сетила и го држи во еден константантен младешка занес, кој пак, му дава континуирана енергија за 100% вложување, постојано истражување и професионално надградување. Тој вели дека да се биде професор не е тешко, туку повеќе станува збор за одговорност кон младите луѓе. Според него воспоставувањето заемна комуникација и меѓусебна доверба е првичниот предизвик, потоа се` е поедноставно. „Младите, моите ученици, пред се` се прекрасни луѓе. Нашето училиште е една голема фамилија во која од правата произлегуваат обврските. Крајната цел е моите ученици да се изградат во личности со правилен критериум на вредности, правилно критички насочени, описменети, полни со општа култура и желба за постојано освојување на

нови професионални предизвици. Во моментот, сето тоа го гледам и се чувствувам прекрасно“, вели професорот. Во однос на тоа што е негов најголем успех на професионален план, професорот додава: „Успех е збор кој можеби не го разбирам целосно. Постојано се случуваат некакви ситуации со моите ученици, кои ми го земаат здивот и ме тераат постојано да си ја повторувам мислата: „Колку е чудесно и интересно да се работи со вакви луѓе!“Минатиот петок, последен час, моите ученици не сакаа да си заминат од предавањето. Тоа е момент кој се` уште ми ги разлетува моите професионални крилја.“ Професорот вели доколу се врати назад во времето, повоторно би одбрај да биде професор. Освен професионалните обврски, професорот Горан Станикиевски има и хоби, тоа во моментот е неговиот едногодишен син и заедничките семејни прошетки. Но наоѓа време и за читање книги, пишување, гледање добри европски филмови, посета на театарски претстави.

КОНКУРС за

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР 1. Напиши еден или повеќе оригинални текстови на следниве теми: • Матурски маскенбал Се претворија ли матурите во циркус? Има ли потреба од толку помпа, кога во денешно време средношколец не може да биде конкурентен на пазарот на трудот? Која е логиката од подигнување кредити за да му се овозможи на своето дете фустан/костум/ лимузина/ресторан/? Полуматуранти, таблоа од деца што ја завршуваат големата група во градинка... Колку се изместени вредностите? • Помош! Никој не ме разбира! Колку е тешко денес да се биде тинејџер? Дали средношколците имаат многу обврски, имаат ли време за дружба? Строги ли се родителите? А професорите? Можат ли тие, тинејџерите, некому да му ги доверат своите проблеми? Дали навистина сè можат да кажат дома? Кому му се обраќаат за помош и кој е најчест советодавен орган? Може ли да му се верува на друг освен на најблиските? • Најдобар спортист – најлош ученик Има ли недостаток во нашиот образовен систем во однос на вклучувањето на средношколците во спортски активности? Дали секогаш професорите се подготвени да го разберат и прифатат отсуството поради спортски натпревар, тренинг, гостување надвор од државата... Дали е програмата приспособена и на овие деца, или најчестото решение е образованието да го завршат како вонредни ученици? Можно ли е да се направи формула за успех во двете области, па на спортистите да им се приспособи програмата? Ќе го достигнеме ли степенот на некои развиени универзитети да се бориме за да ги привлечеме децата со спортски потенцијал во своите училишта и да ги задржиме во нив за време на целото школување?

ИЗБРАН НАЈКУЛ ПРОФЕСОР ЗА

април

БИЉАНА ЧУРИЛОВА

Б

иљана Чурилова, професорка во СГГУ „Здравко Цветковски“ во Скопје, е најкул професор за април. Според анкетата на веб-страницата www.medium.edu.mk, Чурилова доби најмногу гласови од учениците, според кои таа ја заслужува оваа почесна награда. „Секогаш е до нас кога имаме некој проблем и ни дава поддршка во се што правиме. Ја мотивира промената во нашето однесување. Часот е секогаш ефективно исполнет и знае како да го задржи нашето внимание“, стои во некои од образложенијата на анкетата на www.medium.edu.mk. Меѓу другите фаворити се и Драгу тин Трајанов, кој предава хемија во средното училиште „Методија Митевски–Брицо“ во Делчево, професорката по македонски јазик Гордана Еленова од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ и професорот по математика Марјан Делегов од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „НАЈКУЛ ПРОФЕСОР“ ЗА МАРТ

В

о едно училиште и на еден час, екипата на „Медиум“ приреди две посебни изненадувања. Професорот по историја Димко Поповски и професорот по географија Јован Поповски од скопската гимназија „Никола Карев“ беа пречекани на нивните часови со аплауз од учениците и со кренати весници „Медиум“. Тоа беа честитките за таткото и синот што минатиот месец освоија ист број гласови на анкетата за најкул професор. Се чини дека дипломата од „Медиум“ дојде во вистинско време за професорот Димко Поповски, кој оваа година ја испраќа неговата последна генерација. Од септември треба да се пензионира, па признанието за најкул професор е потврда за неговото богато професорско искуство. „Сметам дека најмногу ми одговара карактеристиката од дипломата дека сум правичен и авторитетен. Ова се трудев да го постигнам целиот работен век и драго ми е што е наведено на признанието од учениците“, вели Димко Поповски.

КАДЕ

Неговиот син Јован Поповски има време до пензија, но ако судиме по дипломата на „Медиум“, тој навреме научил од татко си како да стане омилен професор меѓу учениците. „Навистина не го очекував изненадувањето и бев збунет кога директорката ме повика среде час. Чувството е супер, зашто признанието доаѓа од учениците“, вели Јован Поповски. „Медиум“ секој месец му ја доделува наградата „најкул професор“ на професорот што ќе освои најмногу гласови на онлајн-анкетата на средношколскиот веб www.medium.edu.mk

БЕВМЕ?



НА УЧИЛИШНА ТУРА СКОПЈЕ – БЕРОВО – ДЕМИР ХИСАР

2. Освој награда: Секој месец награда: мобилен телефон Само за матуранти: две целосни стипендии за студирање новинарство на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во академската 2012/2013. 3. Право на учество имаат сите средношколци од I до IV година 4. Критериуми за избор: Оригинален текст во кој ќе ги препознаеме вашиот став и критичкото размислување за темата за која пишувате, начинот на кој ја разработувате и вашиот стил на изразување. Должина на текстот: од 40 до 50 реда, потпишан со име и презиме, училиште и година, град и контакт-телефон. Рок за испраќање на првиот месечен конкурс е 21 мај 2012 г., на е-адресата: medium@medium.edu.mk 5. Изборна комисија Комисијата е составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од професори од средни училишта. 6. Наградениот текст ќе биде објавен во печатеното месечно издание на „Медиум“, а другите текстови од потесниот избор на www.medium.edu.mk 7. Контакт: Дејан Андонов 02/30 90 004, medium@medium.edu.mk

Е

кипата на весникот „Меди ум“ во текот на март по се ти три учи лишта и повторно се потруди тоа да би дат од различни делови на Македонија. Изминатиот месец беа особено активни средношколците од скопското училиште „Никола Карев“. Таму бевме да ги наградиме најдобриот млад нови-

нар и најкул професорите. Во средното училиште „Аце Русковски“ во Берово ги запознавме ученичките што неколкупати пишуваа за „Медиум“ и веќе се дел од редакцијата. Тие ќе ги подготвуваат содржините и за наредните броеви на весникот. Добредојдена беше и идејата од училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во

Демир Хисар, од каде што изразија подготвеност да се вклучат во пишувањето текстови за весникот и на тој начин да го промовираат не само училиштето туку и целиот демирхисарски регион. Сите училишта и средношколци се добредојдени да пишуваат и фотографираат за весникот и за интернет-страницата www.medium.edu.mk

30.4.2012 I Година 2 I Бр. 13


7

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА МЕТКА РИСТЕВСКА СОУ „Кирил и Методиј“ Неготино

ЃОКЕ ЗАЈО ЈОВАНОВ

ЗАЈО Е ЗАФАТЕН 24/7, НО ИМА ВРЕМЕ И ЗА УЧИЛИШТЕ Д

Диџеј, дизајнер, волонтер, организатор. Ѓоке Зајо Јованов е ученик во прва година во СОУ „Кирил и Методиј“ во Неготино. Покрај тоа што е одличен и примерен ученик, неговото слободно време е исполнето со многу дополнителни интересни активности.

изајнирањето и музиката се неговата страст и инспирација. Ѓоке се вклучува во многу организации, клубови и акции, во кои најчесто ја има главната улога. Почнувајќи од улогата на диџеј во емисијата „Енерџи тин фивр“ (Energy Teen Fever) во локалното радио Енерџи, потоа како дизајнер во весникот „ТНТ“ (Teen News Thunder), волонтер во Црвениот крст, уредник на школскиот весник „Младина“, снимател и уредник на различни видеа за училиштето. Организатор е на претстави, акции, хуманитарни забави итн. Интересен е неговиот прекар за кој самиот кажува: „Уште од мал моето презиме е Јованов, но причината за која ме викаат Зајо е тоа што презимето на мојата фамилија е Зајкови, освен моето и на мојата сестра. Моето презиме е променето поради тоа што моите родители мислеле дека во иднина би било смешно“, вели Ѓоке. Иако млад, тој уште во првите денови во гимназијата доби публицитет поради неговата активност. Голем дел од своето време тој го поминува во работа и учење. Се релаксира со музика, и тоа техно, електро, хаус, дабстеп итн. Викендите ги поминува со своите другари со кои многу често е заедно. Заедно со неговиот најдобар другар Диме Димитров успеаја да го дизајнираат првиот број на весникот „ТНТ“. „Се` што сакам е да успеам во тоа што умеам. Народот ме познава. Јас, пак, поради тоа што ме препознаваат, особено внимавам и не сакам да оставам лош впечаток. Постојано сум со моите обврски и работи, но едно е сигурно - не го оставам училиштето на последно место. Тоа што го ветувам го исполнувам. Се` додека уживам во мојата работа, јас никогаш нема да се откажам од своите желби“, вели Зајо.

НАШ ПРЕДЛОГ ВИКЕНД 

КАДЕ ЗА

100 ЕВРА

СЛИВЕН, РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА МАРТИН ТРАЈАНОВСКИ II 4 СУГС „Орце Николов“ - Скопје

П

осетата е во една од соседните држави. Насоката на движење кон исток, во Република Бугарија. Градот Сливен. На источната граница помеѓу Македонија и Бугарија, со два гранични премини: Деве Баир (или Лисичково од бугарска страна) и граничен премин Ново Село (или Златарево). За нецели два часа сте на граничниот премин. Сливен е град што не е толку блиску до границата, но не е ни многу далеку, некаде, околу 520 километри од Скопје. Откако ќе ја поминете границата, по разминувањето на неколку познати места, пред вас ќе се исправи таблата „Сливен“. Таа ќе ве подготви за влегувањето во градот. Сливен се наоѓа во јужниот дел на Бугарија, односно блиску до градовите Бургас и Стара Загора, и спаѓа во ридско-планинските градови. Со поминување низ градскиот плоштад, центарот на градот, парковите, ќе видите дека овој град нуди многу интересни нешта што би ги примамиле

30.4.2012 I година 2 I бр. 13

туристите да го посетат. Главниот плоштад е главно собиралиште и има повеќе споменици од ликови во бугарската историја како и спомен-куќата на Хаџи Димитар, која се наоѓа во југозападниот дел од градот. Во непосредна близина на плоштадот се наоѓа и Народниот театар на Сливен, кој се користи за разни претстави, концерти и други манифестации. Хотелските сместувања не се поскапи од 15-20 евра во просечен хотел за млади. Ако сакате да се почестите во некои од пицериите или малите ресторани, оброкот не би ве чинел повеќе од 5 евра. Слични се цените во речиси сите ресторани. Бугарската кујна личи на македонската, како и повеќето балкански земји, но не можете да заминете од Сливен без да ја вкусите познатата плескавица, приготвена во препознатлив стил. Цената на едно кафе не се разликува многу од нашите цени тука. Чини околу 1 евро, а во кафулињата во цента-

рот околу евро и половина. Во хотелите каде што обично можете да се сместите, цената на освежителните пијалаци е уште поевтина. Околината на градот е целосно зеленило, чиста природа. Во непосредна близина на хотелите има водопад, кој е вистински рај за очите, место каде што, како жителите на Сливен, така и вие можете да уживате во беспрекорноста и впечатливоста на таа природна убавина. Веднаш до водопадот ве очекуваат скалила што ве носат и до антикварницата со карактеристични бугарски предмети, но и филџани, тацни и приврзоци со натписот и слика од некој дел од Сливен. За некои од овие предмети не би ви биле потребни повеќе од 5 до 6 евра, што е пристапна сума за речиси секој посетител да може да има некаков спомен од местото. Сливен е мало и симпатично гратче што можете да го посетите во секое време и да понесете од него многу убави спомени, многу знаење и пријатни и незаборавни искуства.


Paparaco

ТИКЕР 8

ПОЧНА ЗАПИШУВАЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ

Вкупно 80 студенти може да студираат наредната академска година на двете насоки на Високата школа: Новинарство и Корпоративни комуникации и односи со јавноста. Потврда за квалитетот на студиските програми е деветтото место на листата на универзитети и факултети во Македонија, направена според рангирањето што го спроведе Министерството за образование и наука. Студиите се одвиваат под менторство на предавачи од праксата и преку работа во медиуми, компании и институции. Факултетскиот центар „Кариера“ им обезбедува на студентите да стажираат двапати во годината и се грижи тие да се вработат уште за време на студиите. Студентите можат бесплатно да поминат еден семестар во повеќе од 50 универзитети во Европа и во САД, како дел од меѓународната соработка на факултетот. Гарант за високите академски стандарди е и Катедрата на УНЕСКО за медиуми, формирана при Високата школа. Школарината изнесува 500 евра годишно. „ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“ ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Средношколци од 40 училишта од целата земја дознаа како може да добијат стипендии, лаптоп, камера и фотоапарат. Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се презентираше изминатите три недели во гимназии во 30 града. Средношколците се запознаа со содржината на конкурсот и како може да се пријават, но и со профилот на Високата школа. За конкурсот известуваа и повеќе национални и локални медиуми. Наградените матуранти ќе добијат целосни стипендии и можност за професионален ангажман по дипломирањето од Алфа ТВ, Алсат М ТВ, Радио Канал 77 и агенциите за маркетинг и комуникации „Меккен Ериксон“, „Генезис комуникации“ и „Пворлд“. Преостанатите учесници средношколци ќе добијат награди лаптоп, камера и фотоапарат. Наградените медиумски производи ќе бидат познати во почетокот на мај. СТУДЕНТИТЕ СТАЖИРААТ ДВА МЕСЕЦА

Медиуми, агенции за маркетинг и комуникации, компании и општини се местата каде што студентите од завршниот семестар ја извршуваат праксата во текот на април и мај. Преку практичната работа, студентите ќе го усовршат и продлабочат знаењето, ќе се стекнат со вештини за вршење на стручните занимања и ќе се оспособат за вклучување во работниот процес. Праксата се изведува во реални ситуации и кореспондира со целите на студиските програми за новинарство и за односи со јавноста, за што студентите добиваат академски кредити. Професионалната надградба на студентот е под целосен надзор на центарот „Кариера“ на Високата школа. ПРЕКРШУВАЊЕ НА НОВИНАРСКИТЕ СТАНДАРДИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА МЕЃУЕТНИЧКИ И МЕЃУРЕЛИГИСКИ ТЕМИ

Новинарите континуирано да се едуцираат за принципите на инклузивното новинарство и редовно да ги користат упатствата и препораките за известување за меѓуетничките и меѓурелигиските прашања е еден од заклучоците на тркалезната маса што во текот на април ја организираше Високата школа. На тркалезната маса „Принципите на инклузивното новинарство во известувањето за меѓуетничките и меѓурелигиските прашања“ беа претставени резултатите од анализа на медиумското известување, кое укажа на тоа дека темите од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер беа на врвот на известувањето на сите медиуми, на првите страници во весниците или како теми на денот во радио и телевизиските станици. АЛЕКСАНДРА ЧИБИШЕВА

СУГС „Орце Николов“

К Каде

вечер?

онечно, уште само еден месец до крајот на учебната година! Сепак, сега треба најмногу да учиме и најмногу да вложиме за да ни заврши убаво учебната година и убаво да стартуваме пред да се впуштиме во летните авантури. Мај ќе биде полн со изненадувања, за да можеме низ целата збрка со учењето малку да се опуштиме. Како и секоја година, ќе стартуваме со прославување на први мај, со малку скара, друштво, природа и чист воздух, бидејќи не очекува топол и напорен месец. Зависно од вкусовите, џезерите и комерцијалистите ќе мора да се разделат на 5 мај, бидејќи на истиот ден во клубот „Колосеум“ со почеток од 21 часот настапува џезѕвездата Рамбо Амадеус, препознатлив по својата луда џез-

музика и ироничните текстови. А за комерцијалистите првпат во Македонија доаѓа Вајт Дименжн во арената „Метрополис“, со почеток од 20 часот. Со грандиозна округла бина на средината на арената, ласерско шоу, спектакуларен декор, прекрасни танчарки придружувани од најдобрите македонски диџеи, заедно со неколку врвни светски диџеи... и сето тоа комплетно во бело. Во меѓувреме, се до крајот на месецот ќе се снаоѓаме во локалните дискотеки и кафулиња, бидејќи на 28 мај доаѓа шармантната и неповторливата Изабел Џефрој Заз од Франција, која најавува спектакл во Универзалната сала, со почеток од 21 часот. Се надевам дека малку ви помогнав околу големите настани што не очекуваат. Ви посакувам убаво да се одморите овој период, но и да го загреете столчето и да си ги поправите оценките. За оние што веќе ги расчистиле, уживајте!

30.4.2012 I Година 2 I Бр. 13

Medium  

School of Journalism and PR

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you