Page 1

ВЕСНИК ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

30.09.2011

ГОДИНА I,

www.medium.edu.mk

1

БР. 6 КАДЕ ЗА 100 ЕВРА? Дозволи си незаборавен викенд на Пониква

ГЛАСАЈ ЗА „НАЈКУЛ“ ПРОФЕСОР Одговори го прашалникот на www.medium.edu.mk

БЕЛИ НОЌИ И средношколците од Скопје белеа ноќи

Македонските кошаркарски репрезентативци Војдан Стојановски и Марко Симоновски ни откриваат зошто се успешни

КОШАРКАТА

ни беше СРЕДНОШКОЛСКА ЉУБОВ ШТО САКААТ ДА ЧИТААТ МЛАДИТЕ?

Време е за нови лектири Ивана СМИЛЕВСКА СУГС „Никола Карев“ - Скопје

В

о време кога Фејсбук го заменува Едгар Алан По, Твитер го заменува Балзак, а книгата премногу лесно се заменува со Интернет, што се случува со лектирите? Средношколците имаат обврска да обработуваат и по дваесет лектири за време на учебната година, но се чини дека Интернет е поинтересен. Значењето и вредноста на пишаниот збор се намалуваат и со фактот што задолжителниот список на лектири со години не е изменет. Љубовта кон книгите се намалува, а сè помалку млади ги читаат класиците... Толстој или Толкин, Молиер или Вуди Ален?

„Ја гледав снимката од плоштадот ’Македонија’ во Скопје веднаш по победата над Литванија и не можев да си поверувам колку народ се собрал. Помислив дека е некоја видеомонтажа“, вели Војдан Стојановски, најдобриот крадец на топки на Европското првенство во кошарка во Литванија. Марко Симоновски, иако не играше на паркетот, сепак ова првенство ќе го памети по сплотеноста на тимот и по дружењето во карантин

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА АЛЕКСАНДАР ЖОГЛЕВ, РАКОМЕТАР ВО ПОДЕМ

СТАВ

Бубалици

За 10 години ќе бидам во македонската репрезентација Маја КУЗМАНОВСКА студентка на Високата школа

А

лександар Жоглев е средношколец во битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“, кој активно се занимава со ракомет, а

наградите што ги собира уште од најрана возраст зборуваат многу за неговиот труд, но и му ветуваат успешна иднина како спортист.

Креативци

Бојана ЖИВАНОВА II-3 СУГС Гимназија ,,Орце Николов“- Скопје

Д

али образовниот систем кај нас е направен на вистински начин систем во кој ќе се посветува внимание на најважните информации и знаења или се учат работи кои лесно се забораваат и всушност се непотребни? Дали образованието во Македонија се грижи да ја истакне креативноста и слободната мисла на учениците?

КОНКУРС

Најдобар млад новинар Пишувајте на една од трите теми и освојте награда

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА6 ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“ 30.09.2011 I година 1 I бр.


2 НИЗ ХОДНИЦИТЕ

Александра ТЕМЕНУГОВА Уредник на Медиум

Ведран ШУРБАНОВСКИ и Марио ВОЛИЊЕЦ Гимназија ,,Орце Николов“ - Скопје

Парада на гимназијалците на Денот на независноста

ОД РЕДАКЦИЈАТА Драги ученици,

Л

етната пауза заврши и повторно го читате „Медиум“, весникот на сите средношколци во Македонија. По првите пет изданија во изминатото полугодие, ја продолжуваме втората сезона. Партнерите и соработниците се исти: „Медиум“ е заеднички проект на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, дневниот весник „Нова Македонија“ и на сите вас што сакате да бидете дел од нашата редакција. Новата учебна година ја почнуваме со нов лик и со поинакви содржини затоа што вие ни го сугериравте тоа. Целта останува иста: да го разбудиме новинарот во вас и да ви ги доближиме зборовите, фотографиите, медиумите и комуникациите, со надеж дека за некоја година и вие ќе бидете дел од нашата професија. Затоа очекуваме да нè известувате што се случува во училиштата, да ни пишувате текстови за културните настани, за освоените медали на спортските натпревари и на градските првенства, за талентираните ученици од вашите клупи, за изложбите, екскурзиите, за свирките на училишните бендови. Пишувајте ни што би смениле во образованието, испратете ни го вашиот став за матурите, споделете ги дилемите и потребите од нови методи на учење, или, пак, предложете го „најкул“ професорот од вашето училиште, кој успева да ве држи будни на час. Бидете смели и одлучни и кажете ни го јасно и гласно вашиот став за сите прашања што сметате дека треба да се дебатираат меѓу средношколците. Тоа е и една од причините зошто го имаме и конкурсот за најдобар млад новинар. Осумте печатени страници во никој случај не се доволни за вашите текстови. „Медиум“ и натаму ги има и интернет-изданието и веб-страницата www.medium.edu.mk, кои исто така ќе имаат нов дизајн и впечатливи содржини. Ова е местото за вас и за вашите фотографии, вести, видеоснимки, дебати, форуми, коментари, познанства... „Медиум“ е отворен за сите училишта, новинарски секции, професори и најважно од сè – за сите ученици. Биди и ти дел од нашата приказна.

Н

а 8 Септември, по пет дена кореографски подготовки, учениците од ,,Орце Николов“, ,,Јосип Броз-Тито“ и од „Раде Јовчевски-Корчагин“ се прелеаја во форма на подвижно македонско знаме. „На парадата што се одржа во центарот на Скопје најважно беше секој ученик да знае

е навистина незаборавен момент за сите нас“. Учениците велат дека инструкторите што им го покажувале секое движење биле пријатни за работа, но секако професионални и трпеливи. Успеале сите ги вклучат и да им биде интересно. Главен кореограф на оваа точка беше Рисима Рисимкин.

Љубовта по физиката по инерција го однесе во Тајланд Филип ДИМКОСКИ II година во гимназија ,,Мирче Ацев,, -Прилеп

Ице Џуманделовски, матурант од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ ја претстави Македонија на Олимпијадата по физика што се одржа во Банкок, Тајланд.

П

о десетдневниот престој во Тајланд, Ице се врати со признание за постигнатиот успех на овој голем настан на кој учествуваат околу 300 најдобри млади физичари од целиот свет. За посветеноста на Ице кон науката говорат осумте први места на натпреварите по физика: четири на државно и четири на регионални ниво. Тој учествувал и на Меѓународната Олимпијада по

CTAB

Бојана ЖИВАНОВА II-3 СУГС Гимназија ,,Орце Николов“- Скопје

Д

физика во Загреб. Член е на Школата за млади физичари и на Школата за млади астрономи во Прилеп. Но најголема пасија му е музиката, па неа ја истражува преку компонирањето. По матурирањето се запиша на Природно-математичкиот факултет во Скопје на отсекот за физика каде ќе се насочи кон енергетиката и механиката.

„Бубалици“ R креативци

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Фотографија: Игор Бансколиев Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

каде му е местото. Над нас прелетаа три воени хеликоптери, што беше знак дека ни дојде редот да тргнеме. Војниците пред нас цврсто маршираа, а масата народ собрана по должината на булеварот несебично не отпоздравуваше. Бевме толку горди и среќни. Бевме поздравени како ’Иднината на Македонија’, што

али образовниот систем кај нас е направен на вистински начин систем во кој ќе се посветува внимание на најважните информации и знаења или се учат работи кои лесно се забораваат и всушност се непотребни? Дали образованието во

Македонија се грижи да ја истакне креативноста и слободната мисла на учениците? Во училишните клупи носиме голем товар од лекции кои не е возможно редовно и навремено да се учат, а професорите го бараат токму тоа – редовна и секојдневна подготвеност. Секојдневно се соочуваме со многу информации кои ние треба да ги разбере,е, сфатиме, научиме. Не ни останува ништо друго, освен да го најдеме најдобриот начин како полесно да ги избалансираме реалните факти со нашите интереси. Времето кое ни останува после часовите (некогаш и по осум наставни часа) ни е само краток одмор пред налетот на новиот ,,образовен“ ден. Кога да создаваме, да твориме, да креираме?! Кога нашите слободните активности ќе бидат израз на она што можеме и што сакаме

да го правиме?! Имаме ли шанси да се чувствуваме креативни!? Учиме дека човекот и неговото спознавање за светот и она што го опкружува трае цел живот. (мислам СМРТ?!??!го започнува со самото раѓање, а трае до неговата смрт). Најголем интензитет на знаења и информации тој прима за време на своето образование. Освен што ги осознава основните факти за светот околината, тој треба да се запознае и себе си и да прерасне во зрела личност со свое мислење и со изразени ставови. Личност која ќе ја покажува својата креативност и желба за успех. (соништа.) На младите светот останува.Остануваме и ние истрајни во желбите да добиеме шанса за еден поквалитетен образовен систем кој ќе ни даде можност да ги оствариме нашите соништа.

30.09.2011 I година 1 I бр. 6


3 ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

ШТО САКААТ ДА ЧИТААТ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ Ивана СМИЛЕВСКА СУГС „Никола Карев“ - Скопје

Д

ојдено е време е да се „освежи“ списокот за лектири во средното образование. Со ова се согласуваат и учениците и професорите, бидејќи само на овој начин постои шанса кај младите повторно да се вратат интересот за читање и љубовта кон книгите. Анкетата спроведена во две скопски гимназии покажа дека половина од трите анкетирани класа не ги читаат зададените лектири. Исто така, најголем дел ученици што ги читаат лектирите, воопшто не читаат книги надвор од наставната програма. Сè поретко има верни читатели, кои сакаат да прочитаат добра книга, а сè повеќебројни се оние што само со два-три клика влегуваат на различни сајтови на Интернет и користат готови текстови. Постојат веб-страници што нудат вакви „сервиси“, со што, наместо развивање сопствен став и богат израз, се прави „копи-пејст“ односно се препишува, и тоа буквално сè.

ВРЕМЕ Е ЗА

НОВИ ЛЕКТИРИ

ЉУБОВНИ РОМАНИ, ФАНТАСТИКА И ЧАРЛС БУКОВСКИ Учениците од трета и четврта година од скопските гимназии „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ сметаат дека треба да се воведат промени во задолжителниот список за лектири во средно образование. Тие сметаат дека дел од класична литература треба да остане, но дека треба да се воведат и новите светски и домашни литературни хитови. Средношколката Ангела Стефановска смета дека досегашниот список за лектири е соодветен за возраста и дека е добар, бидејќи сега е време средношколците да се запознаат со книжевните класици. „Претпочитам да читам љубовни романи и авантуристички романи, какви што содржеше програмата за втора година“, вели таа. Нејзината соученичка Ана Илиевска вели дека треба да се воведат промени во задолжителниот список, а таа сака да чита фантастика и љубовни тинејџерски романи. Според Mарко Андонов Ацев, списокот на лектири до некаде е интересен, но тој треба да се освежи со книги што се поприфатливи за нив и се многу поинтересни за читање. „Лично мене најмногу ме привлекуваат книги како ’Хари Потер’ од Џ.К. Роулинг, ’Господарот на прстените’ од Толкин и современа литература, како

Во време кога Фејсбук го заменува Едгар Алан По, Твитер го заменува Балзак, а книгата премногу лесно се заменува со Интернет, што се случува со лектирите? Средношколците имаат обврска да обработуваат и по дваесет лектири за време на учебната година, но се чини дека Интернет е поинтересен. Значењето и вредноста на пишаниот збор се намалуваат и со фактот што задолжителниот список на лектири со години не е изменет. Љубовта кон книгите се намалува, а сè помалку млади ги читаат класиците... Толстој или Толкин, Молиер или Вуди Ален? вингстон’“, вели Тројчанец. Сузана Арсовска вели дека книги како „Пеколот“ од Данте или „Шагринска кожа“ од Балзак не се соодветни за деца на возраст од 15 години, бидејќи тие се многу сложени. „Половина од книгите не ги разбираме, туку професорите ни ги објаснуваат или се бараат објаснувања на Интернет. Треба да имаме некоја полесна литература, која би била прифатлива за нашата возраст, а наедно и поинтересна. Мене од досегашниве лектири најмногу ми се допаѓаат ’Злосторство и казна’ и ’Хамлет’. Надвор од учебната програма, најмногу читам книги за социјални проблеми и за табу-теми, како и понекое љубовно романче“, признава Сузана.

кратки раскази и хаику-поезија, а како писател би го издвоил Чарлс Буковски“, нагласува Марко. „Фантастиката ми се допаѓа поради тоа што колку и да е нереална приказната, сепак нè тера да веруваме во нејзината вистинитост, додека современата литература ми се допаѓа поради тоа што многу реално знае да ја опише денешната реалност, колку и да е таа сурова“, завршува Марко. Ученикот Кирил Тројчанец мисли дека лектирите за оваа година се пренатрупани. „Сметам дека наставниот план треба поубаво да се распредели низ сите четири години. Нема некоја голема разлика во жанровите, и тоа е многу здодевно. Најчесто читам психолошки, филозофски и книги со алтер-реална содржина, односно мислења и гледишта на други луѓе прикажани на еден сосема поинаков начин. Како лектири би сакал да имам зенприказни и ’Галебот Џонатан Ли-

КНИГИТЕ ЗА ХАРИ ПОТЕР ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛЕКТИРА Според анкетираните ученици, средношколците не можат да им одолеат на книгите за Хари Потер од авторката Џ.К. Роулинг. Од жанровите, најчитани се мистериите, авантуристичките и психолошките романи. Од анкетите дознавме дека доста интересни на младите им се книгите од историски жанр, како „Ќерката на Клеопатра“ и бестселерите на Ден Браун. Исто така голем број од анкетираните се одлучија за модерна литература, кратки раскази, хаикупоезија, како и книги со алтер-реална содржина. Најчитани автори меѓу младите се: 1. Џ.К. Роулинг; 2. Толкин; 3. Ден Браун; 4. Агата Кристи; 5. Едгар Алан По; 6. Николас Спаркс; 7. Чарлс Буковски; 8. Александра Потер; 9. Мишел Моран...

30.09.2011 I година 1 I бр. 6

ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Драгица ПАНОВА Професорка од СУГС „Никола Кaрев“ Наставничките планови долго време се предмет на дискусија не само меѓу учениците туку и меѓу наставниците - вели професорката Драгица Панова. Таа смета дека многу од делата предвидени со наставниот план и програма заслужуваат да бидат изучувани, но истовремено е свесна и за промените што треба да се прифатат за да се оди во чекор со нoвите генерации. Професорката Панова додава дека професорите треба да го следат пулсот на новите времиња и да им се даде шанса на помладите да ги изнесат своите размислувања за тоа што сакаат да читаат тие.

И професорите се свесни дека најголем број средношколци ги немаат прочитано лектирите. Потслушнале дека дел од нив се „помачиле“ и ги (зло)употребиле сајтовите за најбрзо да стигнат до раскажаните текстови. Згора на сè, учениците пред писмените си го разделуваат текстот меѓу себе за да можат набрзина да сменат понекој ред или неколку збора, за да немаат сите сосема идентични состави. Марина Лотеска, професорка по македонски јазик од гимназијата „Георги Димитров“, смета дека со новите реформи во образованието ред е да се сменат и насловите во задолжителниот список за лектири,

со што ќе се одговори на желбите на учениците. Според неа, пожелно е да се вклучат дела од понови македонски автори, кои се наградени и признаени. Лотеска нагласува дека за новите наслови треба да се направи консултација со универзитетските професори за теорискиот дел и со професорите што имаат искуство. Таа смета дека во овој процес треба да учествуваат и учениците и да се слушне нивното мислење за тоа што би сакале да читаат. Младата македонска авторка Ана Голејшка, инаку дипломец по општа и компаративна уметност и независен поет и уметник, вели дека читањето лектири за секој средношколец e чиста здодевност, освен ако четивото не понуди возбуда. „Околу изборот на лектирите, гледам дека не се направени особени промени - она што го читав јас, го читаат средношколците и денес“, вели Голејшка и додава дека сегашниов избор е добар, но може да се дополни со одредени современи наслови. „Кога мислам на современи, би сакала да ги споменам и македонските автори како Никола Маџиров, Гоце Смилевски, Иван Шопов... Треба да им посветиме повеќе внимание на македонските современи автори, секако не потценувајќи ја и старата школа. Некои од овие наслови и денес ми се омилени, ’Малечката Фадета’ од Жорж Санд на пример“, истакнува таа. Оваа млада авторка не би исфрлила ништо конкретно од програмата. „Сметам дека лектирата е потребна - таа е основен водич низ литературните патишта, светски и овдешни. Секој мора да ги прочита Данте и Толстој, Петре М. Андреевски или Живко Чинго, од општа култура, за збогатување на речникот... Се сеќавам дека ’Шагринска кожа’ од Оноре де Балзак ми ја обележи првата петка во средно.“

Надлежно за измена на задолжителниот список за лектири е Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Пред неколку години Бирото најави дека списокот ќе се освежи и со современа литература, која ќе биде поинтересна за новите генерации. Но, и покрај ваквото ветување, учениците сè уште ги читаат истите лектири, а редакцијата на „Медиум“ овој пат не успеа да добие одговор од Бирото за тоа до каде е реализацијата на овој проект.


4

МАКЕДОНСКИТЕ КОШАРКАРСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ И МАРКО СИМОНОВСКИ НИ ОТКРИВААТ ЗОШТО СЕ УСПЕШНИ

КОШАРКАТА

ни беше средношколска љубов „Ја гледав снимката од плоштадот ’Македонија’ во Скопје веднаш по победата над Литванија и не можев да си поверувам колку народ се собрал. Помислив дека е некоја видеомонтажа“, вели Војдан Стојановски, најдобриот крадец на топки на Европското првенство во кошарка во Литванија. Марко Симоновски, иако не играше на паркетот, сепак ова првенство ќе го памети по сплотеноста на тимот и по дружењето во карантин

В Елеонора НИКОЛОВА „Арсениј Јовков“ Скопје Емилија СИМУНОВСКА „Никола Карев“ Скопје Кристина КАРАНОВСКА „Орце Николов“ Скопје Сара ЛОКВЕНЕЦ „Георги Димитров“ Скопје Маја КУЗМАНОВСКА, Александар САМАРЏИЕВ, Марко ПЕТРЕВСКИ студенти на Високата школа

о деновите кога беа најбарани, најфотографирани и веќе желни за малку мир по еуфоријата и незаборавниот пречек во Македонија по успехот на Европското кошаркарско првенство, некои од славните македонски имиња издвоија време да се сретнат и да разговараат со редакцијата на „Медиум“. „Штом е за средношколци, нема проблем. Само да видам кој остана во Скопје и ќе дојдеме каде што ќе ни кажете“, ни рече Марин Докузовски, селекторот на македонската репрезентација при обидот да го договориме интервјуто. Го исполни ветувањето, како што му прилега на еден вистински лидер, кој за нецели три не-

дели ни вшприца екстра-доза гордост на сите нас. Веќе следниот ден се сретнавме и разговаравме со тројцата срдечни соговорници: Војдан Стојановски, Марко Симоновски и Марин Докузовски. Групата на новинари неочекувано се зголеми, па заминавме на разговор речиси 60 ученици од неколку скопски училишта, дополнети со студентите од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Но тоа не претставуваше проблем да го реализираме интервјуто и да поминеме незаборавни два часа со нашите репрезентативци. Ги „испрашувавме“ вкрстено и од сите страни, но тие, како и на кошаркарскиот терен, беа под-

По завршувањето на интервјуто, Војдан, Марко и селекторот Докузовски без негодување и со максимално трпение го издржаа налетот на сите нас што сакавме да имаме заедничка и посебна фотографија и автограм и потпис на баскетот. Интервјуто за „Медиум“ го искористија и неколкумина од вработените во салата „Борис Трајковски“, местото каде што го правевме интервјуто. И тие застанаа на ред со учениците за да се фотографираат со дел од 12те величествени и со нивниот стратег.

30.09.2011 I година 1 I бр. 6


5 Интервјуто заврши со победничка атмосфера: групно фотографирање и познатата навивачка песна. „Борис Трајковски“ ечеше од „Излези, момче!“ и силен аплауз како благодарност за одвоеното време.

готвени за секое прашање. Медиум: Секој средношколец сака да излегува и да се забавува. Дали Војдан имаше време за тоа или пак слободното време го користеше за да тренира баскет? Војдан: Го живеев и ноќниот живот, ама сепак кошарката ми беше на прво место. Кога излегуваше моето друштво, излегував и јас, но не „заглавував“ до утро, како што правеа сите. Прв се враќав дома, бидејќи знаев дека утредента ме чека напорен тренинг. Медиум: Кој професор ти беше идол и по што ќе го паметиш? Војдан: Средно школо завршив во „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) и најмногу ми остана во сеќавање професорот по историја, бидејќи беше премногу

строг и постојано ме бркаше од часови. Дури и ден-денес го споменувам со другарите од средно. Брат ми Дамјан беше помирен, тој поретко правеше проблеми за разлика од мене, јас постојано се смеев на часовите, па на крајот „летав“ од училницата (се смее). Медиум: Покрај кошарката, за што уште наоѓаш време? Војдан: Во овој период од годината, кога имам професионални ангажмани, немам многу слободно време, но кога не тренирам или немам важен натпревар сакам да прочитам некоја добра книга. Се разбира, за девојката секогаш наоѓам слободно време. Медиум: Марко, која ти беше средношколската љубов? Марко: Кошарката ми беше средношколска љубов (се

смее). Најголемиот дел од средношколскиот период ѝ го посветував на кошарката. Медиум: Ајде да се вратиме во сегашноста. Каков беше животот во карантин? Марко: Секој ден на менито имавме варена риба. Јадењето ич не ни беше по вкус, ама таков е редот. Дружбата со играчите е нештото на што најмногу се сеќавам по секој престој во карантин . Сите сме собрани на едно место, не смееме да шетаме и не ни преостанува ништо друго освен да се дружиме. Во карантинот имаше и девојки, ама само на Фејсбук (се смее). Дури и собарките не смееја да влегуваат. Медиум: А згодни ли беа барем? Марко: Па, не беа баш згодни. (се смее) Медиум: Каква беше атмосферата по секоја победа? Војдан: Се собиравме сите во соблекувалната и ја пеевме познатата навивачка песна „Излези момче“. Баш исто како на снимката што е снимена по победата против Литванците.

Медиум: Знаеш ли што се случуваше во Македонија откако се пласиравте во полуфиналето? Војдан: Ја гледав снимката од плоштадот „Македонија“ во Скопје веднаш по победата над Литванија и не можев да си поверувам колку народ се собрал. Помислив дека е некоја видеомонтажа. Чувството е феноменално кога на едно место ќе видиш толку многу луѓе што слават заедно со нас. Медиум: Какви беа Литванците до моментот кога ги победивме и дали се смени нешто потоа? Марко: Литванците се многу гостопримлив народ. Убаво нѐ пречекаа, многу нѐ почитуваа и нѐ поздравуваа каде и да нѐ сретнеа. Бевме во добри односи со нив уште од самиот по-

четок, а по поразот дури и навиваа за нас. Медиум: Ви отвори ли првенството нови врати кон успехот? Војдан: Имам договор што не можам да го прекинам оваа година. Но многу врати кон Европа ни се отворени и многу повеќе нѐ ценат од порано. Ова е одличен период за оваа генерација кошаркари, бидејќи ни е укажана шанса да изградиме подобра кариера од онаа пред првенството. Марко: Високиот пласман на првенството ќе им го осветли патот до успехот и на идните генерации македонски кошаркари. Деновиве сум во преговори со еден тим и наскоро би требало да потпишам договор со клубот каде што ќе ја продолжам мојата кариера.

МАРИН ДОКУЗОВСКИ, СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ИМ ПОРАЧА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ! Не се знае денот кога светот ќе ги види вашите вредности, но знајте дека тој ден ќе дојде. И, најважно од сè, сакајте си ја својата држава - зашто колку повеќе си ја сакате татковината толку повеќе ќе ве ценат надвор, ни рече селекторот Марин Докузовски со широка насмевка на лицето. Медиум: Како успеавте да ја развиете и одржите сплотеноста меѓу кошаркарите и атмосферата во која сите се заедно, без да има ѕвезди? Марин: Ние таму бевме сами и личевме на едно семејство. За време на подготовките не игравме добро, а дел од екипата дојде и подоцна. Кога тргнавме од Македонија, луѓето не веруваа дека ќе постигнеме ваков резултат, а бевме разочарани од односот од некои медиуми. Но сепак се соединивме, се договоривме да не си префрламе еден на друг и да останеме заедно докрај, без разлика на резултатите. Откако ги победивме Хрватска, Грција и уште неколку силни екипи, добивме „крилја“ и полетавме од самодоверба. Сметавме дека можеме да ја победиме секоја екипа. Медиум: Каков е предизвикот да се биде тренер и како успевавте во рок од една минута за време на тајмаутот да им ја објасните стратегијата на кошаркарите? Марин: Кога ќе им кажам на луѓето дека е тешко да се биде тренер, сите се смеат и велат дека треба само да кажуваш каде да се движат играчите. Меѓутоа кога имаме тајмаут на неколку секунди пред крајот, верувајте ми дека е тешко да се биде смирен. Ако покажам нервоза, таа ќе се пренесе и на играчите. Стратегиите се претходно подготвени и тајмаутот е само мало потсетување на нив. Главната комуникација на теренот се одвива преку гестикулации. Ова важи и за Бо Мекејлеб, бидејќи не разбира доволно македонски. Само играч што завршува со кариерата и седнува на тренерската клупа може да го почувствува предизвикот да се биде тренер. Медиум: Може ли да ни откриете некоја стратегија? Марин: Секој селектор пред натпреварот прави анализа на противникот. За секој играч од противничката екипа се прави профил за да му се најдат слабите точки и полесно да биде совладан. Играч за кој најтешко може да се направи таков профил е Мекејлеб, затоа што кога тој ќе тргне кон кошот ниту противникот знае каде оди, ниту јас знам, а ниту пак тој самиот... (се смее) Премногу е непредвидлив, но затоа, пак, е многу ефикасен. Важно е дека тој постигнува многу кошеви! Медиум: Која победа беше помила, онаа против Грција или против Литванија? Марин: Не гледавме пред која репрезентација играме. Секоја победа беше еднакво важна за Македонија. Меѓутоа, кога треба да избирам, би ја избрал победата против Литванците, бидејќи нѐ однесе до полуфиналето - историскиот успех на македонскиот екипен спорт. Медиум: Што значи постигнатиот успехот на првенството за Марин Докузовски? Марин: Ни се отворија многу можности откако заврши првенството. Во

30.09.2011 I година 1 I бр. 6

хотелот каде што бевме сместени имаше премногу новинари и менаџери, кои, да бидам искрен, кога дојдовме не нѐ ни забележуваа. Потоа, во текот на првенството, како што ги нижевме победите, така новинарите и менаџерите сѐ повеќе се врткаа околу нас. Сите имавме некакви понуди, но сѐ уште нема официјален договор. Здравје, ќе видиме. Медиум: Што би им порачале на средношколците? Марин: Верувајте во себе и во своите квалитети. Не се знае денот кога светот ќе ги види вашите вредности, но знајте дека тој ден ќе дојде. И најважно од сѐ, сакајте си ја својата држава, зашто колку повеќе си ја сакате татковината, толку повеќе ќе ве ценат надвор од неа! Медиум: Беше нацртан графит со вашиот лик во скопската населба Капиштец. Дали сте го виделе и што мислите за тоа? Марин: Додека бевме во Литванија ми кажаа дека некој нацртал графит во Капиштец што ми е посветен мене, но овие денови откако се вративме дома постојано сме зафатени и сѐ уште не стигнав да го видам. Навистина ми е мило што го нацртале графитот. Мислам дека знам кој го направил тоа, јас сум поврзан со нив долго време и навистина им благодарам.


6 НИЕ ИСПРАШУВАМЕ

Ристо Чулев, професор во скопската гимназија „Георги Димитров“ Јасна АТАНАСОВА студент по новинарство на Високата школа

Л

огика и етика се предметите што ги предава во редовната настава. Но работата со школскиот рок-бенд, вонредните посети по музеи, потрага за откривање на посакуваната професија на учениците на поинаков начин се составен дел од работата на професорот Ристо Чулев од средното училиште „Георги Димитров“ во Скопје. Тој на своите ученици им помага за да најдат место и да добијат термин за проба на своите бендови, да се снајдат со инструменти и да организираат школски забави. - Учениците се млади за да го осознаат светот преку наука, па најдобро е тоа да го прават преку нешто сензитивно, како музиката на пример - вели професорот Чулев. Неговите ученици ќе го паметат по балоните со хелиум. Ги донел на крајот на учебната година за да ги испрати матурантите на симболичен начин: учениците ги пуштиле во воздух со мислата – да стигнат во животот високо колку и балоните. - Уживам кога работам со моите ученици. Сакам од нив да направам вредни и морални личности. Сметам дека младите се движечка сила во општеството и тој ангажман максимално ме исполнува - вели Чулев. Септември, освен што е почеток

И

ПРОДОЛЖУВАМЕ АМЕ ДА ИЗБИРАМЕ ФЕСОР НАЈКУЛ ПРОФЕСОР Драги ученици,

ПРОФЕСОР И ПРИЈАТЕЛ

на учебната година, е месец за професионална ориентација кај средношколците. За оние што се гледаат себеси како актери и режисери, професорот Чулев организира посети во театри и средби со уметници. За оние ученици, пак, што сакаат да бидат психолози, професорот Чулев организира средби со вработени во ординации, болници и во

други институции – се со цел да се доближат овие професии до неговите ученици и тие да можат да ја одберат вистинската професија. Чулев ја направил и училишната „медијатека“ составена од над 100 монографии, филмови и музички дискови, која повторно е од помош во редовната настава, но и надвор од неа.

сто како и во прет ретходната сезона, продолжуваме да го бараме вашиот омилен професор. Досега видоввме дека учениците сакаат професори што успеваат да го задржат вниманието на часот, имаат неформална комуникација со учениците, знаат да се шегуваат, строги се кон учениците, но истовремено и почитувани.. Затоа, ајде да видиме кој професор ќе ја заслужи оваа награда. Изборот ќе го прават самите ученици на два начина. Првиот е со директ ктно гласање на нашата веб-стра страница medium@edu.mk, каде што то ќе може својот глас да го дадат ат пополнувајќи го прашалникот во рубриката „Избор на најкул про рофесор“. Учениците треба низ неколку реченици да образложат зошто гласаат за својот фа ф ворит. Ќе имаме и анкета, која ќе ја прават самите ученици во нивното училиште. Еве можност да се пријават доброволци што ќе учествуваат во организацијата и изборот. За победник ќе биде прогласен оној професор што во тековниот месец ќе добие најмногу гласови од Интернет, од анкетите меѓу средношколците, како и од одлуката на посебната комисија составена од професори и од ученици од средните училишта. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени во месечното издание на весникот „Медиум“. Па, бујрум, гласајте! Од редакцијата на „Медиум“

Препознај го професорот Учениците ни испраќаат најчесто употребувани фрази, поговорки или мисли по кои (ќе) ги паметат одредени професори. Еве го нивниот избор: „ПОСЛЕДНА КЛУПА НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ“ – Гордана Петковска, професорка по историја во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, ги бара „недопирливите“ од последните клупи. „АЈДЕ НАРОДЕ, ОДМОРИ МАЛКУ! – Драган Данев, професор по математика од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, го паметат по диктирање на равенката додека се уште го запишува часот во дневникот. Преку решавање задачи бара да „одморат малку“ оние што се измориле од правењето врева. „ОК, АЈДЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ. ЈАС СУМ АЛЕКСАНДАР ДАВИДОВСКИ, НО ВЕРОЈАТНО СИТЕ ЌЕ МЕ ВИКАТЕ ВОВЕД – професорот што предава вовед во правото во скопските гимназии „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ однапред знае дека ќе си има спор со идентитетот.

И средношколци белеа ноќи

С

редношколци од неколку скопски училишта учествуваа на манифестацијата ,,Бела ноќ“, која се одржа на средината на септември на платото пред Универзалната сала–Скопје. Станува збор за традиционален настан, кој се повторува веќе седма година. Годинава имаше несекојдневно интерактивно театарско шоу. Универзалната сала и „Театар 007“ за љубителите на театарот и добрата забава приредија одлична забава, со многубројни аниматори, жонглери, пантомимичари, акробати. Манифестацијата ја почнаа најдобрите средношколци на градот Скопје, кои од самиот почеток на месецот се подготвуваа на работилницата за алтернативен, експериментален и физички театар во организација на „Театар 007“. „Белите ноќи“ изобилуваа со необични акробатски и други забавни точки во кои учествуваа учениците. Следуваше изведба на претставата ,,Магија еделвајс“, работена според култниот текст ,,Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски, последната претстава во продукција на независниот „Театар 007“.

Сара ЛОКВЕНЕЦ СУГС ,,Георги Димитров“- Скопје

КОНКУРС

за НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР 1. Напиши еден или повеќе оригинални текстови на следниве теми: • Први слики, први чувства (Какво беше вашето доживување кога првпат кога влеговте во средно училиште; колку пораснавте, колку сте поинакви?) • Споменот од една екскурзија (Очекувањата од екскурзијата, незаборавните моменти и дружење. Мислите ли дека треба нешто да се смени во организацијата?) • Мојата земја е мој предизвик (Каков е односот кон татковината, ја чувствуваме ли како заеднички дом? Имаме ли вистински однос кон неа?) 2. Освој награда: Секој месец награда за најдобрите автори Само за матуранти: две целосни стипендии за студирање новинарство на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во академската 2012/2013. 3. Право на учество имаат сите средношколци од I до IV година 4. Критериуми за избор: Бараме оригинален текст во кој ќе ги препознаеме вашиот став и критичкото размислување за темата за која пишувате, начинот на кој ја разработувате и вашиот стил на изразување. Тoj треба да биде поврзан со вашето секојдневие и со она што ве опкружува. Текстот треба да биде во ворд документ од 40 до 60 реда, во македонска поддршка, во фонт Times New Roman, големина на буквите 12, потпишан со вашето име и презиме, училиште, година и град и контакт-телефон. Рок за испраќање на првиот месечен конкурс е 20 октомври 2011 г., на е-адресата: medium@medium.edu.mk 5. Изборна комисија Комисијата е составена од уредници на дневниот весник „Нова Македонија“, професори и предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од професори од средни училишта. 6. Наградениот текст ќе биде објавен во печатеното месечно издание „Медиум“, а другите текстови од потесниот избор на www.medium.edu.mk 7. Контакт: Александра Теменугова 02/30 90 004, medium@medium.edu.mk

30.09.2011 I година 1 I бр. 6


7 ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

АЛЕКСАНДАР ЖОГЛЕВ, НАДЕЖЕН РАКОМЕТАР

ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ ЌЕ БИДАМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Маја КУЗМАНОВСКА студентка на Високата школа Медиум: Кога почна со спортот? Уште на 4-годишна возраст му правев друштво на татко ми, кој е карате-мајстор. Бев постојано во салата кога возрасните тренираа и набљудував што се случува. На мои 7 години почнав да тренирам карате. Тоа е возраст кога детето разбира што му кажува тренерот, може да ги совлада техниките и активно да тренира. Со каратето бев речиси десет години и во овој период имав незаборавни моменти: турнири, освојување медали, дружење и пред се здрав начин на живот. Медиум: Но, ете, сега се насочи кон ракоме тот... Како се случи тоа? Сосем случајно. Во седмо одделение играв за екипата на моето основно училиште и видов дека ракометот е спортот што го сакам. Со екипата на основното училиште постигнувавме високи резултати на државните првенства. Со ракометот продолжив и во училишната екипа на гимназијата „Јосип Броз-Тито“, каде што сум втора година. Ланската учебна година со екипата освоивме трето место на републичко ниво, што беше навистина голем успех. Во две години учествувавме на две државни првенства и имавме навистина добри резултати. Ми „лежи“ позицијата на десен бек и пикер. Паралелно, играм и за екипата на РК Пелистер од Битола во категори-

Александар Жоглев е средношколец во битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“, кој активно се занимава со ракомет, а наградите што ги собира уште од најрана возраст зборуваат многу за неговиот труд, но и му ветуваат успешна иднина како спортист.

јата младинци до 21 година. Иако во почетокот влетав сосема спонтано во ракометот, сега сфаќам дека тоа е мојата определба. Незаменливо е чувството кога излегуваш на терен и се соочуваш со публиката што скандира. Битен е и фактот што со соиграчите се разбираме со поглед. Има моменти кога играш непрекинато саат време и се чувствуваш преморено, но сепак продолжуваш. Медиум: Тешко ли е да се координираат обврските што ги имаш на училиште и оние околу спортот? Имаш ли слободно време? Се случува директно од предава-

ња да трчам на тренинг. Но мислам дека добрата координација на времето е она вистинското. Стигнувам да ги завршам обврските навреме и денот максимално го посветувам на школото и на спортот. Во слободното време како секој тинејџер сакам да излегувам со другарите, да се одморам или да гледам некој добар филм со брат ми, кој е каратист. Медиум: Кој е твојот сон? Па, да бидам успешен на ова поле. За десет години отсега се гледам како и еден од тимот во македонската репрезентација, но и како играч во некој добар ракометен клуб, во земјата или надвор од неа.

Н А Ш ПРЕДЛОГ НАШ ПРЕ ДЛ О Г ЗА З А ЕСЕНСКИ Е СЕ Н СК И ВИКЕНД ВИКЕНД Маја КУЗМАНОВСКА студентка на Високата школа

Доколку размислувате која да биде вашата следна викенд-дестинација, без двоумење одберете ги Осоговските Планини и излетничкото место Пониква. На помалку од десет километри од Кочани ве чекаат прекрасна природа и одлична храна. Посебно е добро да ја посетите токму во овој период од годината. Температурите се движат помеѓу 12 и 20 степени, а со своите 1.500 метри надморска височина е извонреден спој на исклучителна воздушна бања и изобилство со бои, вкусови и мириси.

З

ПОНИКВА

100 ЕВРА

рај за душата и за телото

а автобуската карта од Скопје до Кочани нема да платите повеќе од 350 денари, а кога ќе пристигнете во Кочани ќе ве пречекаат таксисти, кои за 100-150 денари ќе ве однесат до Пониква. На пат за Пониква може да застанете и да починете во свежиот воздух и неколкуте кафеани на езерото Гратче. Има и неколку мотели каде {to се служи вкусна и евтина

30.09.2011 I година 1 I бр. 6

КАДЕ ЗА

храна, приготвена на жар и во фурна, а за ноќевање ќе платите околу 250 денари. На околу 5 километри е и археолошкиот локалитет Долно Градиште, каде што може да дознаете нешто повеќе за средновековниот живот во источна Македонија. Пониква е место каде што може да се одморите од градската врева, да вдишувате кислород со полни гради, има

идеални патеки за пешачење и планинарење, кои се дел од душата на Осоговието. Боите на есента, мирисот на шумските предели и различните вкусови на храната ќе ви овозможат спокој и хармонија и уживање на сите ваши сетила токму во ова прекрасно место. Откријте ја Пониква и бидете сигурни, доколку еднаш отидете, ќе посакате повторно да се вратите.


Папарацо

TIKER 8

БЕЛИ НОЌИ

ПОЧНА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА За 50-тина нови студенти почна академската 2011/2012 година на Високата школа. Дел од студентите се стипендисти на десетина медиуми во земјава кои по завршувањето на студиите ќе работат една година во редакциите кои сега ги стипендираат. Високата школа летото ја ревидираше наставната програма во интерес на подобрување на резултатите што се очекуваат од студентите.

ГРОЗДОБЕР

ПРВА СТУДЕНТСКА РАЗМЕНА ПРИ ВИСОКАТА ШКОЛА Дијана Димитровска е првата студентка која замина на студентска размена на еден од партнерските универзитети на Високата школа. Дијана ќе студира „Doing business in Europe“ на Одделот за бизнис и економија при Виндесхејм Универзитетот за применети науки во Холандија. Се враќа по завршувањето на семестарот во февруари за да го заврши последниот семестар на насоката односи со јавноста и корпоративни комуникации на Високата школа. ВИСОКАТА ШКОЛА СЕ ВКЛУЧИ ВО СТУДЕНТСКАТА РАДИО МРЕЖА „МИКРО-ЕВРОПА“ Студентите на Високата школа во октомври ќе почнат да продуцираат радио-емисија на англиски јазик која ќе биде дел од студентската радио-мрежа „Микро-Европа“. Во мрежата членуваат десет факултети за новинарство од различни европски земји кои секој месец продуцираат емисии на одредени теми. „МикроЕвропа“ е еден од проектите на Европската асоцијација за обуки на новинари (ЕЈТА), чиј член е и Високата школа. МОНИТОРИНГ НА МЕДИУМСКОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МЕЃУЕТНИЧКИ ПРАШАЊА Во рамките на Катедрата на УНЕСКО, што од јуни годинава започна да функционира при Високата школа ќе почне мониторинг на медиумското известување за меѓуетнички и меѓурелигиски прашања. Резултатите ќе бидат објавувани на Веб платформата Res Public, односно на веб страницата на Катедрата: http://unescochair-vs.edu.mk/

КАДЕ ВЕЧЕР? П

онесени од сознанијата дека минатата година колкутолку ви ги решивме дилемите каде да го поминете викендот, продолжуваме и оваа, втора сезона по ред. Ќе ви понудам избор каде да ги искористите оние два дена, преостанати за дружба, кафе, интересен филм, концерт. На љубителите на филмот им го препорачувам „ Лошата учителка“ во режија на Џек Касдан, со Камерон Дијаз и Џастин Тимберлејк во главните улоги. Комбинација на комедија и романтика, која дефинитивно го задоволува секој вкус. Филмот се прикажува во киното „Милениум“. Ако сакате да се дружите со познати диџеи, тогаш на 8

октомври појдете во „Метрополис арената“ за да бидете дел од осмото продолжение на „Грејтест хитс“. Организаторите велат дека бела горна облека ќе биде задолжителна.

Стојан ЧОЛАКОВИЌ „Никола Карев“, Скопје

Октомври е период за „Скопскиот џез-фестивал“. Овој пат со јубилејно 30-годишно издание, што е доказ за квалитетот и дека е препознатлив бренд не само во Македонија туку и во регионот. Освен домашни гости, како и секогаш ќе има и реномирани светски имиња. Цените на билетите се движат од 250 до 1.800 денари. Па, медиумци, ве поздравувам до следниот број на крајот на октомври.

30.09.2011 I година 1 I бр. 6

МЕДИУМ  
МЕДИУМ  

Весник за сите средношколци

Advertisement