Page 1

К А ДЕ З КАДЕ ЗА А 100 Е ЕВРА В РА

НИЗ ХОДНИЦИТЕ СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ ДОБИ ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ ЗА ЕКОУЧИЛИШТЕ

Струмица и годинава ќе заблеска во сите нијанси на радоста и забавата. Без размислување овој месец ваша дестинација нека биде карневалскиот град. Годинава карневалот ќе трае од 23 до 29 февруари и нуди одлична програма, од изложби на карневалските маски до многу музика и танц.

ВЕСНИК ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

Година I,

1

ПОДГОТВЕТЕ ГИ МАСКИТЕ ЗА СТРУМИЦА

Средното училиште „Георги Димитров“ од крајот на минатата година е носител на зелено знаме како резултат на тоа што успеале да внесат еколошки програми за едукација.

2.2.2012

МАСКЕНБАЛИ

www.medium.edu.mk

Бр. 10

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

СЛАВИЦА АРСОВА НОВИНАРКА

ИМАВ ПОМЕШАНИ ЕМОЦИИ КОГА КАЖАВ „ДА“ Новинарката Славица Арсова вели дека новинарството бара голема посветеност, но дека е „ужасно“ заразна професија. Иако секоја недела таа ги уредува и презентира вестите на Сител, на 14 јануари се случи нешто што не успеа да го предвиди во сценариото. Цаци, како што ја викаат пријателите, беше јавно запросена во централниот Дневник од својот колега, а сега и свршеник, Александар Спасовски.

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

РЕЛАЦИИ

ВО ПОТРАГА ПО ИДЕАЛНИОТ ОДНОС

УЧЕНИК ;  ПРОФЕСОР Пријатели или противници? Каков треба да биде односот ученик - професор? Ова прашање се поставува по сè почестите злоупотреби на учениците од страна на нивните професори. НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР

ЕМИЛИЈА ПЕТРЕСКА IV година, СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино

СИМОНА МАРТИНОВА, СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“

САКАМ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ

С

ветски и европски првенства, Олимпијада и над 200 освоени медали. Сосема доволно за успешна спортистка, но неверојатното е дека тоа е белег само на почетокот на нејзината пливачка кариера.

КАДЕ НА ФАКС: НА ПРИВАТЕН ИЛИ НА ДРЖАВЕН? Интересно, досетливо, човечки и приземно, а истовремено критички настроено кон својата генерација и кон актуелните проблеми на младите. Со доза на промислен хумор, овој текст на лесен начин продира до срцевината на денешницата, кога младите по матура се ставени на крстосница – приватен или државен факултет.

ЃОКО ТАНЕВСКИ

НИЕ ИГРАВМЕ ФУДБАЛ, ДЕНЕШНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ СЕДАТ ПРЕД КОМПЈУТЕР

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

НАЈКУЛ ПРОФЕСОР Менца Зафирова, професорка по англиски јазик во неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“, е НАЈКУЛ ПРОФЕСОР за јануари. Според анкетата на веб-страницата www.medium.edu.mk, Зафирова доби најмногу гласови од учениците, според кои таа ја заслужува оваа почесна награда.

КАДЕ БЕВМЕ? Екипата на „Медиум“ и оваа година продолжува да ги посетува училиштата од сите градови во Македонија. Овој месец бевме гости на две училишта на двата краја од земјава – кумановската гимназија „Гоце Делчев“ и средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

КАДЕ ВЕЧЕР? Зимскиот распуст помина, но не и зимата. Оние што сè уште не биле на скопското лизгалиште под Кале, Ви препорачувам да одите да лизгате и да се забавувате кој било ден од 9.30 до 21.30, а в петок, сабота и недела од 9.30 до 24 часот.

МИ НЕДОСТИГААТ СРЕДНОШКОЛСКИТЕ ДЕНОВИ

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“ 2.2.2012 I година 1 I бр. 10


2

НИЗ ХОДНИЦИТЕ Жаклина АТАНАСОВА професорка по македонски јазик и литература во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија

СКОПСКОТО С КОПС СКОТО КОТ ТО УЧИЛИШТЕ УЧИ „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ ДОБИ ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ ЗА ЕКОУЧИЛИШТЕ

ЉУБОВ ИЛИ КАЗНА

В

о отворено училиште, со ученици што имаат широко отворени врати на можности за информирање, самоспознавање и самонадградување, се најдовме пред дилемата како понатаму. Многу новини во образованието, многу желби за брз напредок и промени што ќе нè воведат во поубав и посовремен свет. Најново, казнени мерки за родителите што не се грижат доволно за поведението на нивните деца во училиштата. А светот и онака незапирливо се развива. Во него брзо се приспособуваме на комодитетот и придобивките од брзата размена на информации, доаѓањето до нови сознанија, потребата да бидеме запознаени со сè, но и да се вклучиме во сè што го сметаме за вредно и дел од нашиот интерес. Меѓу другото, во статусите на моите ученици го сретнав и ова: „Порано се сликавме за спомени, а сега за на Фејсбук.“ Неизоставно, како голем оптимист, ми се потврди тезата дека имаме ученици што се доволно свесни за реалноста во која живеат и за времето што треба да го надвладеат. Енергијата што како млади луѓе сопоставени со отворената сцена за креирање на сопствениот живот што ја имаат ги потврдува како индивидуи што со ентузијазам ќе прибегнат во начините кон таквото сценирање. И што сега?! Избор од влијанија, одлуки, приоритети, желби, можности, проблеми, карактери... = ЖИВОТ Како подучувачи на живот (образование + воспитание) имаме „дискреционо“ право заеднички да ги одбереме методите со кои сите ќе бидеме задоволни и ќе ги прифатиме како дел од себеси и нашата слика за себе. УЧЕНИЦИТЕ како свесни индивидуи што ќе знаат да ја ценат искрената заложба на своите НАСТАВНИЦИ и како такви целосно ќе се почитуваат себеси почитувајќи го оној што ја има мисијата да биде негов учител. НАСТАВНИЦИТЕ како модел на ЧОВЕК што ќе биде показател за постапките што го прават животот благороден, и покрај сè. На овој пат ќе се вкрстат љубовта и казната во нашето образование и воспитание. Можеби во сите современости на постапките треба да се навратиме на нашите народни мудрости во кои ќе ја сретнеме и приказната за магарето што постојано било тепано и се плашело од својот господар дури и кога тој ќе пристапел да му даде храна, но и на она што сакало да ја гризне раката што постојано го хранела. Со вистински и полезни одлуки во новото полугодие!

С

редното училиште „Георги Димитров“ од крајот на минатата година е носител на зелено знаме како резултат на тоа што успеале да внесат еколошки програми за едукација. Во училиштето се формирани екоодбор и екопатроли што ja следат потрошувачката на сите енергенти. Училиштето почна со пишувањето

лиштето и во пошироката заедница, да ги прошириме програмите за едукација за животната средина и да работиме за природата, бидејќи таа постојано работи за нас. На тој начин нашата изјава од екокодексот ’Помогни во нашата цел и од нашиот еколошки мозаик биди и Ти дел’, веќе доби свое значење“, порачуваат од училиштето.

УЧЕНИЦИТЕ ОД САБА ХУМАНИ

ФОТОГРАФИЈА НА УЧЕНИК ОД „МИХАЈЛО ПУПИН“ ВО ЕВРОПСКИ АЛМАНАХ МАЈА МИНЕВСКА СЕТУ „Михајло Пупин“ - Скопје

У

ченикот Атанас Шајкаров од средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје учествуваше со своја фотографија на повикот упатен до средните училишта од градот Скопје на тема „Мојот град – мој став“. Со неговата слика градот Скопје даде свој придонес во одбележувањето на 25-годишнината работа на EUROCITIES, мрежа од 140 града во над 30 европски држави, која дава огромна поддршка во трансферот на знаења и идеи. Во алманахот се објавени фотографии

од 70 европски града видени низ објективот на фотографи-аматери на возраст од 15 до 25 години. Секоја од фотографиите е проследена со текст, а Атанас, поврзувајќи ја историјата со времето, вели: „...Времето и понатаму ќе тече, нови луѓе ќе бидат дел од овие простори, а овие сведоци, на изглед неми, ќе зборуваат и за моето постоење и моето време што ја гради нашата историја.“ Како член на новинарската секција со својот фотоапарат ги документира сите училишни настани. Успехот на Атанас е стимул за училиштето и на ова поле да ги афирмира своите ученици, кои за секоја своја креативна идеја добиваат сестрана поддршка.

СЕДУМ ГОДИНИ НЕПОБЕДЛИВИ ТЕА СТОЈКОВСКА II 2, СУГС „Орце Николов“ Скопје

ЛЕНЧЕ КУЗМАНОВСКА, професор во САБА

Н

овогодишни украси, честитки, светилки, маички, чаши, новогодишни чорапи, рамки за слики, накит, и сето тоа рачно изработено од учениците од САБА (Средношколската академија за бизнис и администрација) од Скопје, се најдоа на предновогодишниот хуманитарен саем организиран од ова училиште. На учениците им помогна и Дарко Илиевски, кој изработи неколку честитки, украси и мали елки. Со парите собрани од продажбата на производите, учениците од САБА купија новогодишни пакетчиња за децата од Домот за слепи лица во Кисела Вода.

В

о студените денови од распустот, низ ходниците на училиштето „Орце Николов“ од Скопје се работеше со песна. Под менторство на предметната наставничка Сузана Тнокова, хорот на училиштето активно се подготвува за неколку натпревари. На 24 април овој хор ќе учествува на редовните „Хорски смотри“ што се одржуваат во Скопје, а во мај и на државниот натпревар што ќе се одржи во Кавадарци. Најголема мотивација за сите хористи е учеството на Меѓународниот фестивал во Коста Брава, Шпанија, кој ќе се одржи во април. Две работи се интересни за овој состав – го сочинуваат вкупно 165 члена, со што е најголемиот хор во средните училишта во Македонија, и седум години по ред е победник на сите државни натпревари што се одржуваат во земјава.

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

Л

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

екокодекс во кој учествуваа сите ученици. И учениците и наставниците штедат енергија, ги уредуваат училиштето и училишниот двор, а се реализира и кампања под мотото „Рециклирај хартија и спаси ги шумите“. „Да ја чуваме нашата земја, вредно да работиме на издигање на еколошката свест во учи-

ТЕОДОР ПЕТКОВСКИ II4, „Марија Кири Склодовска“ - Скопје

ФЕЈСБУК

ГО ОКУПИРА СЛОБОДНИОТ УМ

уѓето често ги класифицираат своите пријатели и често делат „етикети“. Во денешно време е исклучително тешко да се биде „free minder“. На луѓето им се потребни само неколку секунди за да ве етикетираат. За да ги запознаеш интересите на луѓето, да дознаеш што е „ин“, треба да излезеш „меѓу нив“ и да слушнеш што е актуелно. Секоја нова, различна појава, различен стајлинг, движење, мислење - секоја новина од општеството се отфрла како некомпетентна и, благо речено, несозреана. Во повеќе случаи општеството греши. Сè зависи од тоа колку добро/лошо ќе им ја претставите на луѓето вашата карактеристика, способност, мислење, став во врска со нешто. Јас сметам дека македонското општество се базира на Фејсбук, социјалната мрежа што сериозно ги менува луѓето. Во мојот простор на движење Фејсбук станува сериозен удар за меѓучовечката комуникација лице в лице. За да имаш „социјален живот“, во смисла да излегуваш со пријателите секој ден, навистина ти е потребен Фејсбук како најекономично средство за комуникација. Но Фејсбук, освен што е средство за запознавање, истовремено е и

средство за ГУБЕЊЕ пријатели. Го истакнав губењето поради личното искуство. Денес многу луѓе прво ви ги кажуваат својот став и аргумент за нешто преку Фејсбук, а многу малку и малку искрено ќе ви кажат нешто во очи. Но зарем не сметате дека е многу поубаво запознавање партнер спонтано во библиотека, дискотека, автобус? Така емоциите се вистински изразени и почувствувани. Мене Фејсбук ми стана одбивен, затоа што во него гледам премногу позери, премногу вештачки ликови. Единствено добро нешто е што можеш да презентираш свои ставови, без никој да ти пречи. На Твитер, на пример, сте ограничени на статус од 150 карактери. Луѓето „free-minder“ не етикетираат секого така лесно и имаат проширени гледишта за светот. Нив сигурно нема да ги најдете на Фејсбук - барем не денеска. Eдноставно, колку повеќе се шират компјутерски вируси преку Фејсбук, се шират и предрасуди, донесени поради фотографии на профили. Светот се буди... Последното движење „Окупирај го Волстрит“ е доказ за тоа. Ќе се случи ли кај нас „Окупирај го Рекорд“?!

2.2.2012 I Година 1 I Бр. 10


3

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ АНА КУЗМАНОВСКА, ЕМИЛИЈА ТАЛЕВСКА, ФРОСИНА СТОЈКОВСКА

СЛАВИЦА АРСОВА, НОВИНАРКА

СУГС „Орце Николов“ - Скопје

Новинарката Славица Арсова вели дека новинарството бара голема посветеност, но дека е „ужасно“ заразна професија. Иако секоја недела таа ги уредува и презентира вестите на Сител, на 14 јануари се случи нешто што не успеа да го предвиди во сценариото. Цаци, како што ја викаат пријателите, беше јавно запросена во централниот Дневник од својот колега, а сега и свршеник, Александар Спасовски. МЕДИУМ: Дали кога бевте мала, кога ќе ги гледавте водителите на телевизија, посакувавте еден ден и Вие да се појавувате на телевизиските екрани? СЛАВИЦА АРСОВА: Да, со оглед на тоа што мајка ми беше водителка на вести, целото мое детство го поминав со неа во МТВ. Седев зад камера и чекав мајка ми да заврши со вестите. Уште од дете посакував да седнам на тоа же-

ИМАВ ПОМЕШАНИ ЕМОЦИИ КОГА КАЖАВ „ДА“ тоа што сум успеала да го направам за време на средношколските денови надвор од училиштето.

шко столче во студиото. Новинарството ме привлече уште од рана возраст и оттогаш ми изгледаше како возбудлива професија што можам еден ден да ја работам. МЕДИУМ: Вашата мајка Розета Арсова е исто така новинарка. Имаа ли родителите влијание врз изборот на Вашата професија? СЛАВИЦА АРСОВА: Моите родители никогаш не ме форсирале во однос на новинарството. Дури можам да кажам дека во почетокот беа скептични за изборот на мојата професија, затоа што јас студирав право на Правниот факултет. Тие не беа најголемите протагонисти да станам новинар, но сепак индиректно ми имаат извршено големо влијание да ја засакам оваа професија. Кога дојде моментот и јас да почнам да работам во медиум само им кажав „Вие веќе си го направивте своето“. Сето ова излезе како продукт од сите домашни телевизиски муабети што ги водевме со моите родители, кои исто така работеа во медиуми. МЕДИУМ: Дали во средно училиште бевте активна во некоја од новинарските секции? СЛАВИЦА АРСОВА: Средно училиште завршив во „Јосип Броз-Тито“ и

бев активист во Унијата на средношколци на Македонија, но тогаш не им посветував премногу внимание на училишните секции. За жал, и немаше можности да се пишува за некој весник, како што сега ја нуди весникот „Медиум“. Меѓутоа работев многу на правата на средношколците и нивното претставување во меѓународни организации. Моето прво средношколско искуство со медиуми ми беше во МРТВ на еден проект на средношколската организација наречен „Енџио медиа“, во кој се претставуваа невладините организации на младите, и во емисијата за тинејџери „Бркај работа“. МЕДИУМ: На што најмногу се сеќавате од средношколските денови? Има ли некој професор што Ви помогнал да се насочите понатаму во животот? СЛАВИЦА АРСОВА: Има повеќе професори што ми извршиле позитивно влијание, меѓу тоа не би можела да кажам дека некој посебно ме насочувал кон новинарството. Она што многу ми значело од професорите е тоа што секогаш имале разбирање дека имам активности надвор од училиштето и биле толерантни кон моите отсуства поради снимање на емисијата или поради некое патување за претставување на средношколците, така што веројатно би можела да им бидам благодарна на сите за

МЕДИУМ: Кој е предизвикот да се работи во новинарството? СЛАВИЦА АРСОВА: Првата работа за новинарството што ми ја кажаа кога почнав да работам во телевизија е дека е ужасно заразна професија, од која тешко можеш да си заминеш, затоа што те навлекува. Најголемиот предизвик е можеби тоа што нема работно време и никогаш не можеш да го исклучиш телефонот и да кажеш „завршив за денес“. Можеби најважната вест ќе се случи токму кога ќе решиш да го исклучиш телефонот. Затоа новинарството бара огромна посветеност, без разлика дали се работи за маж или за жена, без разлика на возраста, сите треба да бидат еднакво посветени. МЕДИУМ: Веројатно имало и моменти кога не сте можеле да присуствувате на некои приватни случувања поради работата. Дали некогаш сте зажалиле што ја избравте оваа професија? СЛАВИЦА АРСОВА: Многу пати ми се случило да бидам дежурна на работа за празници, секој втор викенд сме дежурни на работа и ми се случувало да речам „Боже, како не си станав банкар, па да си завршам во 16 часот“. Сепак, кога ќе дојдеш на работа и ќе те фати

адреналинот, забораваш на сето тоа и се трудиш што подобро да ја завршиш обврската, зашто знаеш дека луѓето вечерта ќе ги чекаат најновите вести. Затоа е многу важно да имате луѓе околу себе што ве поддржуваат во работата. МЕДИУМ: Една година бевте на специјализација во САД. Какво искуство стекнавте таму и дали го применувате во секојдневната работа? СЛАВИЦА АРСОВА: Во Америка бев на едногодишната програма на американската амбасада во Скопје за новинари што веќе работат во медиуми во Македонија и имаат шанса да видат како функционираат медиумите во САД. Во тој десетмесечен период јас имав можност да бидам дел од еден од најстарите и најпрестижните универзитети за новинарство во Мисури, Колумбија. Таму работев како репортер во локалната подружница на големата телевизиска мрежа Ен-би-си. Паралелно стекнав и едно многу интересно искуство во интернет-телевизијата NEWSY, на која се презентираа вестите од сите други телевизии. Оттаму добив идеја да работам и во интернет-сферата во Македонија, па кога се вратив ја отворив веб-страницата www.press24. com.mk Америка беше едно неверојатно искуство да се види како новинарите и универзитетите работат во поинакви услови од овде.

МЕДИУМ: Да поразговараме и за Вашиот приватен живот. Кога се запознавте со Вашиот свршеник Александар Спасовски? СЛАВИЦА АРСОВА: Александар е исто така новинар во Сител, кој почнал да работи тука за време на мојот престој во Америка. Кога се вратив, се запознавме во телевизијата и заедно сме веќе две години. Работиме секој ден заедно за вестите, но исто така и на вебот www.press24.com.mk МЕДИУМ: Moжевме да забележиме дека бевте пријатно изненадена од начинот на запросување преку телевизија. Како се чувствувавте во тој момент? СЛАВИЦА АРСОВА: Бев многу збу не та и во гла вата само ми минува ше мислата да не забора вам дека сепак се ова ве сти и дека не сме ам да дозволам емоциите да ме надвла де ат. Сепак про фе сионално ста мора да биде за држа на до некој степен. Бев со помеша ни емоции меѓу една неверојатна среќа и збу не тост. Сме го гледа ле тоа многу пати во холивудските филмови, но никогаш не очеку вав дека мо е то за про су ва ње ќе би де јавно. Беше огромно изнена ду ва ње, меѓутоа сега, отка ко тоа се слу чи, можам да кажам дека на вистина беше нешто позитивно. Ме ра ду ва што и најголемиот дел од ре акциите на јавно ста беа позитивни.

БЛИЦ ВЕСТИ • Како да се разбудите наутро? Дознајте колку часа сон ви се потребни. Препорачливо е да се спие по 8 часа дневно, но колку часа ви се потребни вам, си знаете само вие. Набљудувајте колку сте енергични и расположени во текот на денот и пронајдете поврзаност со бројот на отспиени часови. • По будењето пуштете си весела му-

2.2.2012 I година 1 I бр. 10

зика. Наместо копчето „snooze“, пуштете си весела енергична музика, која ќе ве мотивира да го почнете новиот ден. • Расонете се со светлина. Светлината го намалува нивото на мелатонин, хормон што ве прави сонливи. Наместете ги ролетните да може да влегува светлина во собата и користете завеси што пропуштаат светли-

на. Откако светлото ќе влезе во соба, вие природно ќе се расоните. • Опкружете се со бои. Живите, весели бои помагаат за расположение наутро. Има бои, како на пример циклама или портокалова, што дејствуваат добро на вас, па наместо да го почнете денот нервозни, облечете нешто светло и насмевнете се.

• Еден час пред легнување оддалечете се од екраните. Тоа значи без телевизија, Интернет и мобилни телефони. Не си создавајте навика да заспивате со вклучен телевизор или лаптоп, затоа што нивното зрачење во го уништува сонот. ИВА ПЕТРОСКА, СУГС „Георги Димитров“


4

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР - ЈАНУАРИ ЕМИЛИЈА ПЕТРЕСКА

IV година, СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино

КАДЕ НА ФАКС: НА ПРИВАТЕН ИЛИ НА ДРЖАВЕН?

И

? Каде се реши да одиш на факултет? Пааа... Не знам. Е ова се баш зборовите што ќе ги слушнете од просечен матурант на кој му останале уште неколку месеци од крајот на школската година. Годината заминала, а тие уште не знаат кај тераат. Па добро, не се ни единствените. Еве, мене да ме прашате, јас сменив милион професии, само не ми е јасно како од археолог стигнав до јазичар, но не е важно. Затоа сме луѓе, нели? Да бидеме секогаш комплицирани. Моите, искрено да ви кажам драги читатели, уште сега се запнале каде да се сместам, а за факултет и да не зборуваме. Обично, верувам дека ова е случај кај повеќето од вас, сигурно се наоѓа понекој „совет” од самите родители за тоа на што да се запишете и колку тоа ќе ви понуди просперитет во животот и дали тоа вреди, но сепак тие не се мешаат. Да, и јас така викав. Тие не се мешаат, но тоа дека сè испланирале за следните десетина години... Тоа е само мерка на претпазливост. Е сега, во овие моменти матурантите ги мачи уште едно прашање. На приватен или на државен. Јас, драги мои, единствено што знам е дека ќе одам на државен, од чиста причина што јас сум на нашиот тиквешки говор наречено на „гуло” т.е. на никој и ништо. Денес е светска криза знаете, па затоа, а и парите од сусамот нешто ми доцнат, никако да стигнат. Но да не ве замарам, тоа ќе да е од многу ладно што е, не дека е нешто друго. Но во центарот на вниманието се, секако, приватните школи, кои се прогласени како школи за кремчињата. Овде ако успеете да влезете како стипендист, ни Борко Ристевски не ве брани, барем според мене. Знаете, друго е кога ќе си платите наеднаш, а друго кога ви плаќаат сè или, пак, речено вие сте на домазет дојдени. А кога, пак, би решиле да одите во странство, тука ќе ве преплават со документации. Те некои изводи, те некои свидетелства што сигурно блескаат со петки, некои додуша така ставени, те некои писма каде што Вие наведувате дека ќе го спасите светот. Тоа ви доаѓа исто како да ве избираат за мис на светот, само со повеќе „акал”. Но немојте да мислете, драги мои, дека парите се сè на овој свет. Не. Кога вие ќе се запишувате, парите и не се толку важни. Сега веројатно очекувате да кажам знаењето. Но всушност ќе кажев врските. Ако немате врски, нема Интернат. А ако сте некој двојкаш, е тогаш нема ни факс ни ништо.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА Интересно, досетливо, човечки и приземно, а истовремено критички настроено кон својата генерација и кон актуелните проблеми на младите. Со доза на промислен хумор, овој текст на лесен начин продира до срцевината на денешницата, кога младите по матура се ставени на крстосница – приватен или државен факултет. Членови на комисијата: Тамара Ќупева, Драгица Панова, Марина Лотеска, професорки по македонски јазик во гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ од Скопје, и Дејан Андонов од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста Затоа, она што сакам да кажам е дека, во овој век она што е најважно е да бидете свој и самостоен. Не чекајте некој друг да ви ја реди. Поставете се пред животот и пркосете и на неправдата. Учете го она што го сакате, иако не знаете што до последниот момент т.е. пет до дванаесет, како мене, што е и моја специјалност, и едноставно уживајте, бидејќи не е важно каде и не е важно што. Важно е да сте секогаш најдобар. Врвот да ви биде цел. И како што би рекле старите, од мене толку од Господ повеќе, а можеби и мене и Вам ќе ни дојде умот,а можеби и не...?

АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

ЃОКО ТАНЕВСКИ

НИЕ ИГРАВМЕ ФУДБАЛ, ДЕНЕШНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ СЕДАТ ПРЕД КОМПЈУТЕР

МЕДИУМ: Дали се согласуваш со одлу одлуката уката на Евровизија“? МРТВ Калиопи да нè претставува на „Евровизија“? от на а кој е доЃОКО: Не се согласувам со начинот отив Калиопи. несена таа одлука, но немам ништо против Таа е одличен автор и изведувач, а пред ред сè с супер другар, и ми е мило што таа ќе нè претставува. етста авува. Јас во овој период сум сконцентриран н на музика, музика и само музика (ха-ха). Третт албум алб бум и спотови секако. МЕДИУМ: Каква музика слушаше кога беше средношколец? ЃОКО: Отсекогаш сум слушал рок ок и сè уште слушам. А омилена група отсекогаш ми беше „Вајт снечерс“. Средедношколскиот живот, за разлика од моето то време, многу е сменет. Тогаш ретко кој имаше компјутер, се дружевме по улилиците и игравме фудбал по парковите, е, а д комкомденес тоа е заменето со седење пред на, се с пјутер. Што се однесува до Нова година, ха-ха а). разбира, чекав со друштво и девојки (ха-ха).

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

МИ НЕДОСТИГААТ СРЕДНОШКОЛСКИТЕ ДЕНОВИ

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ

М

обилен телефон и пакет книги е наградата што ја доби Љубомир Јанковиќ, ученик во втора година во СУГС „Георги Димитров“, на конкурсот „Најдобар млад новинар“. Неговиот текст „Возачка на 16 години“ беше избран за најдобар на декемврискиот конкурс на весникот „Медиум“. „Многу ме интересираат автомобилите. Кога прочитав дека една од темите се однесува за можноста за возачки испит на 16 години, го напишав текстот во еден здив. Толку сум возбуден од темата што една ноќ дури во 2 часот по полноќ разговарав со моите родители за можно-

ста да полагам за возачка дозвола“, ни кажа Јанковиќ. Ова го препозна и комисијата на конкурсот, која во образложението наведе дека текстот се издвојува по тоа што дава автентично толкување на темата. Јанковиќ го најдовме на часот по македонски јазик, на кој професорката ни кажа дека е солиден ученик и дека повеќе го интересираат техничките предмети. Таа беше воодушевена што весникот „Медиум“ успева и кај овие ученици да ја поттикне желбата за пишување.

МЕДИУМ: Што ти останало во сеќавање од средно? ДАРКО: Па многу убави денови, девојки и слободен живот, ха-ха. Додека одев на училиште мислев дека сум заробен со училиштето, но сега, кога сум повозрасен и имам сè повеќе обврски, искрено посакувам да се вратат тие денови. На денешните средношколци им недостига многу движење. Кога јас бев во средно, Интернет не беше толку застапен, а денес многу време се поминува пред компјутер и затоа тие се пасивни и им фали директната комуникација. МЕДИУМ: Дали ќе има некој твој концерт во новата година? ДАРКО: Да, се подготвувам за концерт некаде во март, а за другите проекти не можам да кажам ништо конкретно. Но сигурно дека ќе издадам некоја песна и спот.

2.2.2012 I Година 1 I Бр. 10


5

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА ЈАСНА АТАНАСОВА и МАРКО ПЕТРЕВСКИ

РЕЛАЦИИ Пријатели или противници? Каков треба да биде односот ученик - професор? Ова прашање се поставува по сè почестите злоупотреби на учениците од страна на нивните професори.

„Т

Студенти на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

ВО ПОТРАГА ПО ИДЕАЛНИОТ ОДНОС

УЧЕНИК ;  ПРОФЕСОР

ехнологијата и компјутерите се корисна алатка. Но за да се поттикнат учениците да работат и да учат, најважен е учителот“. Со оваа мисла познатиот Бил Гејтс по сè изгледа сакал да нè потсети дека наставниците и професорите не се само обични пренесувачи на знаењето и на вештините туку воспитувачи и мотиватори што треба да ги туркаат учениците кон успехот. Односот помеѓу професорите и учениците стана актуелна тема во Македонија по неколку настани каде што ученици беа цел на физичка сила и сексуална злоупотреба од своите професори. ОПУШТЕН ИЛИ ФОРМАЛЕН ОДНОС? Психологот Ана Попризова од скопската гимназија „Орце Николов“ смета дека професорите претставуваат модели за идентификација на учениците. Таа дополнува дека во училишните денови низ однесувањето на професорите учениците учат кои ставови и вредности, стил на живот и особини ќе ги почитуваат и, идентификувајќи се со нив, ќе ги вградуваат во своите системи на вредности и во своите животи. „Комуникацијата наставник ученик е многу специфична. Според мене, успешната комуникација помеѓу наставниците и учениците е секојдневен предизвик и не може да се каже дека постои универзален модел што би можел да се применува во сите ситуации и за секој случај. Суштинско е од страна на наставникот да се дефинираат прецизни правила на комуникација што доследно ќе ги почитуваат и наставникот и учениците, да постојат чесност, отвореност и јасност во изразувањето на ставовите и барањата, емотивна стабилност и секако креативност и хумор“, изјави Попризова за „Медиум“. Учениците со кои разговаравме сметаат дека треба да постои одредена граница до каде ќе се одвива односот со професорите, не треба тие да бидат претерано строги со учениците, но да се внимава да не се отиде во друга крајност. „Ако професорот се постави премногу пријателски со ученикот, има шанси на крајот да биде исфрустриран поради недолично однесување од ученикот и да ’летаат’ слаби оценки. Не мислам дека треба да се навратиме на минатото, кога професорите држеле ред и мир со стапчето ’мирко’, ама сепак треба да има некоја граница за да се постигне златна средина“, изјави средношколецот Стефан Петровски од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Средношколецот Љубомир Јакимовски од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ вели дека не е лесно секогаш да се одржи „нормален“ однос со професорите. „Има професори со кои не се прави ништо друго освен она формалното - да те испраша, да ти даде тест, да ти стави оценка, да каже глупава шега, па ти мораш да возвратиш со лажна насмевка. Но има и професори што имаат пријателски односи со учениците. Јас со некои професори сум поблизок, но сепак држам одредена дистанца. Сметам дека односот меѓу професор и ученик треба да има

2.2.2012 I година 1 I бр. 10

Час по Македонски јазик во СУГС „Георги Димитров“

спречување на сексуалната злоупотреба и педофилијата. Како што изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, активности во рамките на кампањата „Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба и педофилија“ досега се спроведени во 142 училишта, од кои 40 се средни училишта. „Првичните резултати од досегашното спроведување на оваа кампања покажуваа исклучително позитивна реакција и кај родителите и кај наставниците. Но за нас најважно е тоа што кај самите деца се јави потреба за вистинска информација. Во поглед на очекувањата треба тоа

формално пријателски шмек и да не пречекоруваат одредени граници на приватноста“, вели средношколецот. Вистинска филозофија е да се најде средната мера во односот професор - ученик, вели Татјана Б. Ефтимоска, професорка по Македонски јазик од скопската гимназија „НОВА“. „Професорите и учениците по самата своја положба не се пријатели. Тоа не значи дека не можат да станат, но секогаш треба да се биде свесен за границите на професионалниот однос и за почитта кон другиот. Се разбира, во таа насока одговорноста кај професорот е поголема, бидејќи тој е возрасниот. Односот не би го окарактеризирала како ’опуштен’ или ’формален’, туку како човечки и достоинствен“, вели професорката Ефтимоска. МЕРКИ ПРОТИВ ФИЗИЧКИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ Досега во Македонија имало неколку случаи на злоупотреба на ученици од страна на нивните профе-

сори. Последен еден актуелен ше со професлучај беше редното учисорот од средното раќа Миладилиште „Браќа новци“ во Драчево, кој наводно сексуално малтретирал ченици. На неколку ученици. тходенего му претходејот во ше и случајот скопската гимнап Броззија „Јосип Тито“, кадее што беше професор обвинет за употреба на физичка сила врз негови ученици.. Минис терс твото вание за образование и наука, Министерството за труд и социјална политикаа от и Црвениот вно крст активно с п р ов ед у в а ат кампањаа за

да ни помогне многу во процесот на отстранување на ова зло“, изјави министерот Ристовски на тркалезната маса „Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба и педофилија“. За спречување на девијантните однесувања на професорите, од Министерството за образование воведуваат психолошки тестови за наставниците. Од идната година ваквите тестови ќе бидат задолжителни за нововработените во училиштата, но Министерството препорачува да бидат тестирани тирани и наставниците што веќе имаат решение за работа.


6

НИЕ ИСПРАШУВАМЕ АНА ВЕЛЈАН, ПРОФЕСОРКА ПО ФИЗИКА

УМЕШНО ГИ СПОЈУВА РАВЕНКИТЕ И СТИХОВИТЕ

Иако постигнала високи резултати и добивала награди во областа на физиката, професорката Ана Велјан истовремено членува во литературни секции и учествува на поетски средби.

П

рофесорката по физика во прилепската гимназија Ана Велјан меѓу бројките и равенките ја открила формулата како да ја негува и поетската мисла. Во училиштето таа ги советува и насочува талентираните ученици од природните и техничките науки, но по часовите се посветува на пишувањето поезија и проза. Велјан смета дека тоа што е професорка по физика воопшто не е пречка да му се посвети на пишаниот збор и дека во расказите и во песните го преточува своето животно искуство. „Се обидувам необично да ги споделам доживувањата, скокотливоста на настаните и преку раскажувањата да ја разнежам читателската љубопитност. Пренесувам секојдневни животни при-

казни, во кои се испреплетени емоциите“, вели Велјан. Иако се образовала на Природноматематичкиот факултет, ако ѕирнете во папката на нејзините ракописи ќе ги најдете насловите „Басни во физиката“,

„На кафе кај Рампо“, „Нашата Илијада“, „Среќен ден“... Можеби и затоа во 2007 година е прогласена за просветен работник на годината на Македонија по повод Светскиот ден на учителите.

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „НАЈКУЛ ПРОФЕСОР“ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ

А

плауз и кренати весници „Медиум“ ја пречекаа во училницата професорката Ангела Петковска од кумановската гимназија „Гоце Дел-

чев“. Најпрво нејзиниот лик беше збунет, но набрзо се досети дека тоа е честитката од дваесетината ученици за нејзиниот избор за најкул професор за декември. Професорката забрзано влезе во училницата, каде што очекуваше дека ќе има час со учениците од литератур-

КОНКУРС за

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР 1. Напиши еден или повеќе оригинални текстови на следниве теми: •

• •

Оценка за последните законски измени за средно образование (Што мислиш за родителската школа, која ќе треба да ја посетуваат родителите на недисциплинираните ученици? Се согласуваш ли дека е во ред да има дополнителни часови за слабите ученици, а дополнителни за одличните? Има ли подобрување на воспитната компонента во образованието со овие измени или не?) Чудак или гениј? (Дали се чувствуваш како поинаков од другите? Доколку си посветен на учење, дали си им чуден на своите врсници, неприфатен во друштвото, бидејќи си „бубалицата“?) Крушата под круша паѓа (Дали професијата на родителите ја одредува и кариерата на децата? Се чувствуваат ли младите несигурно дека доколку немаат звучно презиме, попусто е да аплицираат на одреден факултет? До кога децата на докторите ќе бидат доктори, а децата на професорите професори? Што треба да се смени?)

ната и драмската секција, но по изненадувањето и беа потребни неколку мину ти да се соземе од атмосферата. Екипата на „Медиум“ ѝ ги врачи дипломата и пакетот книги како признание за нејзиниот однос кон учениците. „Од весникот ми соопштија дека сум избрана за најкул професор два дена пред Нова година. Тоа беше најдрагата честитка за Нова година. Иако знаев, воопшто не го очекував изненадувањето“, со насмевка ни кажа Петковска. Додека на глас ги читаше заслугите што ѝ се припишуваат со дипломата, учениците потврдно кимаа со главите – дека таа знае да направи пријатна атмосфера на часот, да ја помнат по интересните предавања и дека е правична и

ИЗБРАН НАЈКУЛ ПРОФЕСОР ЗА МЕСЕЦ

јануари

МЕНЦА ЗАФИРОВА

М

енца Зафирова, професорка по англиски јазик во неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“, е НАЈКУЛ ПРОФЕСОР за јануари. Според анкетата на веб-страницата www.medium.edu.mk, Зафирова доби најмногу гласови од учениците, според кои таа ја заслужува оваа почесна награда. „Одличен ментор, професор со долгогодишно искуство. Поседува неверојатен авторитет кај учениците и ги разбира потребите, интересите и дилемите на тинејџерите. Секако, изгледа супер, КУЛ“, стои во некои од образложенијата на анкетата на www.medium.edu.mk Меѓу другите фаворити се и Маја Мојсоска, која предава македонски јазик и литература во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, за која една ученичка вели: „Јас би ја одбрала оваа професорка бидејќи секој час е учење за подобро однесување во училиштето и дома, а истовремено и поттик како да бидеме подобри луѓе. Преку оваа анкета сакам да ѝ се заблагодарам за добрите зборови и за тоа што ме научи да го ценам своето јас! Ми се допаѓа што јазикот и земјата ѝ се на прво место и, секако, тоа што секогаш навива со нас за Македонија!“. На ранг-листата е и Елена Богеска, која предава социологија во „Марија Кири Склодовска“, а повторно низ анкетите се најде и еднаш веќе прогласениот професор по Вовед во право во гимназијата „Георги Димитров“ од Скопје. авторитетна. „Овие заслуги не се мои, тие се ваши, затоа што вие сте ми инспирацијата во работата“, им се заблагодари Петковска на учениците.

„Медиум секој месец му ја доделува наградата ’најкул професор’ на професорот што ќе освои најмногу гласови на онлајн-анкетата на средношколскиот веб www.medium.edu.mk

КАДЕ БЕВМЕ?

ВО ПОСЕТА НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА И „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД КУМАНОВО

2. Освои награда: Секој месец награда: мобилен телефон Само за матуранти: две целосни стипендии за студирање новинарство на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во академската 2012/2013 година 3. Право на учество имаат сите средношколци од I до IV година 4. Критериуми за избор: Оригинален текст во кој ќе ги препознаеме вашиот став и критичкото размислување за темата за која пишувате, начинот на кој ја разработувате и вашиот стил на изразување. Должина на текстот: од 40 до 50 реда, потпишан со име и презиме, училиште и година, град и контакт-телефон. Рок за испраќање на првиот месечен конкурс е 22 февруари 2011 година, на е-адресата: medium@medium.edu.mk 5. Изборна комисија Комисијата е составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од професори од средни училишта. 6. Наградениот текст ќе биде објавен во печатеното месечно издание на „Медиум“, а другите текстови од потесниот избор на www.medium.edu.mk 7. Контакт: Александра Теменугова 02/3090-004, medium@medium.edu.mk

Е

кипата на „Медиум“ и оваа година продолжува да ги посетува училиштата од сите градови во Македонија. Овој месец бевме гости на две училишта на двата краја од земјава – кумановската гимназија „Гоце Делчев“ и средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Во „Јосиф Јосифовски“ отидовме по покана од училиштето, кое изрази подго-

твеност неговите ученици активно да се вклучат во креирањето содржини за весникот, а во Куманово појдовме да ја врачиме наградата за најкул професор. Учениците само што вратени од зимскиот распуст, но веќе имаа идеи што би можело да биде интересна тема за наредниот број на „Медиум“. Во двете училишта се сретнавме со учениците од лите-

ратурните и драмските секции и разговаравме за тоа кој да биде нивниот „херој од улицата“, кој професор би можеле да го „испрашуваат“, како да гласаат за најкул професор и како можат да добијат награда за најдобар млад новинар. Сите училишта што се заинтересирани за соработка може да ни пишат на www.medium.edu.mk

2.2.2012 I Година 1 I Бр. 10


7

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

СИМОНА МАРТИНОВА, СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ - СКОПЈЕ

САКАМ ОЛИМПИСКИ С МЕДАЛ Светски и европски првенства, Олимпијада и над 200 освоени медали. Сосема доволно за успешна спортистка, но неверојатното е дека тоа е белег само на почетокот на нејзината пливачка кариера.

имона Маринова, средношколка во трета година во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје, покрај тоа што е одлична ученичка, времето поминато надвор од училишните клупи максимално му го посветува на спортот. Пливањето е нејзиното второ јас. „Од мали нозе го сакам пливањето и кога имав 5 години татко ми ме научи да пливам, а другарчињата од забавиште ме убедија да почнам да тренирам пливање“, вели Симона. Таа во моментот се подготвува за учество на Олимпијадата во Лондон, која ќе се одржи во јули и август годинава. За таа цел неделно одржува по 15 тренинзи, а на еден тренинг поминува по 2 часа во вода. „Тежината на овој спорт се зголемува поради тоа што се одвива во друга средина, на која човекот не е навикнат, но јас верувам во себе и ќе го дадам својот максимум“, вели Симона.

Додека се подготвува да го исплива квалификациското време за Олимпијадата, слободното време најмногу ѝ недостига. Но тоа што го има во целост им го посветува на роднините, пријателите и дружењето. Иако млада, зад себе има долга листа на успеси. Средношколката од „Георги Димитров“ освоила над 200 медали и пехари и поставила над 20 државни рекорди во младинска и сениорска категорија. Дома, на својата полица може да ги издвои сребрениот и двата бронзени медали што ги освоила на Балканијадата минатата година. Во 2011 година учествуваше на Европското првенство за млади во Хелсинки и на Младинската олимпијада во Сингапур, каде што го освои 10-то односно 12-то место. Лани на Светското првенство во Дубаи, Симона го постигна и младинскиот рекорд.

НАШ ПРЕДЛОГ

КАДЕ ЗА

МАСКЕНБАЛИ

100 ЕВРА

ПОДГОТВЕТЕ ГИ МАСКИТЕ ЗА СТРУМИЦА Струмица и годинава ќе заблеска во сите нијанси на раМАЈА КУЗМАНОВСКА Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста доста и забавата. Без размислување овој месец ваша дестинација нека биде карневалскиот град. Годинава карневалот ќе трае од 23 до 29 февруари и нуди одлична програма, од изложби на карневалските маски до многу музика и танц.

А

ко сте љубител на добрата забава, насмеани луѓе и лудило од бои, почнете од повратната автобуска карта, која нема да ве чини повеќе од 500 денари ако тргнувате од Скопје. Има голема побарувачка за приватно сместување во Струмица, но понудата не ги задоволува барањата на сите оние што сакаат да бидат дел од карневалската магија. Најпрепорачлива варијанта доколку сакате да останете повеќе од еден ден на карневалот се мотелите во близина, каде што нема

2.2.2012 I година 1 I бр. 10

да потрошите повеќе од 80 евра ако престојувате за време на целиот карневал. Цените во хотелите се прескапи и недозволиви за буџетот на еден средношколец. Храната и пијалаците се поевтини од оние во главниот град. Има многу локали што организираат забави за време на карневалот и би било добро да ја почувствувате струмичката шема. Инаку, Струмичкиот карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот

празник Тримери. Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија, посветена на армасаните (свршените) девојки. Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник по чист понеделник. Во текот на празнувањето по одржувањето на карневалската поворка, маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки, каде што, меѓу маскираните, девојките треба да го препознаат својот свршеник.


ТИКЕР 8

Paparaco

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕШ СТИПЕНДИЈА Високата школа во текот на февруари ќе почне да го реализира конкурсот за доделување стипендии „Изрази се преку медиумите“. Преку конкурсот, неколку национални медиуми и компании доделуваат целосни стипендии за студирање на Високата школа. Конкурсот ќе се презентира во училиштата во повеќе градови во Македонија и, пред сè, е наменет за матурантите што имаат афинитети и желба да студираат во областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста. Матурантите треба да конкурираат со текст, фотографија или видеоснимка на тема што ќе биде објавена со конкурсот. СТУДЕНТИТЕ ПРАВЕА ЕМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА СТУДЕНТСКА РАДИОМРЕЖА Студентите по новинарство ја изработија својата прва радиоемисија на англиски јазик „Нашиот круг“. Емисијата е дел од проектот „Микро-Европа“ на Европската студентска радиомрежа, формирана при Европската асоцијација за обука на новинари, чиј член е и Високата школа од Македонија. Темата на „Микро-Европа“ за јануари се социјалните предизвици во европските општества. Единаесетте студенти на Школата во емисијата ги анализираат проблемите со невработеноста на младите во македонското општество, нивната постојана потрага по „добар живот“ на друго место, како и нивната подготвеност да се ангажираат во доброволна работа. СТУДЕНТИ УЧЕСТВУВАА НА ТРЕНИНГ ЗА НОВИНАРСТВО ВО ТУРЦИЈА Влијанието на дигитализацијата на традиционалните медиуми врз новинарството и правилната употреба на социјалните медиуми за новинарите беше темата на која студенти на Високата школа учествуваа на тренинг-програмата МАСВЕТ, која се одржа во Анкара од 9 до 13 јануари. Студентите по новинарство Јасна Атанасова и Петар Клинчарски, заедно со млади новинари од 15 држави, ја презентираа медиумската состојба во нивните земји, диску тираа и работеа во групи. Тие ги посетија националната турска телевизија TRT и Дирекцијата за медиуми и информации. ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ЗА МЕНАЏМЕНТ ВО МЕДИУМИТЕ И ВО СТРАТЕГИСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ Високата школа за новинарство и за односи со јавноста почна со запишување студенти на првите постдипломски студии за менаџирање медиуми и мултимедија и за менаџирање стратегиски комуникации во Македонија. Студиските програми се реализираат во рамките на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање. За сите што ќе бидат дел од првата генерација студенти, Високата школа, преку Катедрата на УНЕСКО, обезбеди 50 стипендии од по 500 евра. Наставата ќе почне да се одвива кон крајот на февруари. Студиските програми се креирани во соработка со професори од универзитети од Холандија, Данска и од Велика Британија, а некои од предметите ќе ги предаваат професори од странство преку „учење од далечина“. ПРОМОЦИЈА НА WWW.RESPUBLIC.EDU.MK Во текот на февруари Високата школа ќе ја промовира веб-платформата Res Рublic. Мотото на веб-страницата www.respublic.edu.mk е „Вклучи се во јавната дебата“ и има за цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат со свој став или мислење за различни општествени теми. Секој посетител на страницата ќе може да објавува свои содржини или да коментира на форумот на оваа интерактивна платформа. Веб-страницата е креирана како дел од активностите на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање.

САРА ЛОКВЕНЕЦ СУГС „Георги Димитров” - Скопје

Т

Зимскиот распуст помина, но не и зимата. Оние што сè уште не биле на скопското лизгалиште под Кале, Ви препорачувам да одите да лизгате и да се забавувате кој било ден од 9.30 до 21.30, а в петок, сабота и недела од 9.30 до 24 часот.

еатарџиите немаа распуст, во МНТ на крајот на јануари се случи нова премиера, „Мојот човек“. Репризите на оваа претстава со која МНТ се вклучува во борбата против семејното насилство можете да ги погледнете повеќе пати месецов. Драмскиот театар, по долга пауза, конечно го врати „Хамлет“ и можете да го гледате трипати овој месец. Но освен оваа претстава, Драмски нуди различна претстави речиси секој ден. Ваше е само да го одберете денот. Во киното „Милениум“, секој ден од 20 и 22.30 часот, можете да го гледате филмот „Парада“. Филмот на трагикомичен начин раскажува приказна за постојаниот судир помеѓу двата света во денешно време на овие простори, помеѓу традиционалното и хомофобично мнозинство, наспроти либералното и модерно малцинство.

Каде вечер?

На 11 февруари во „Метрополис арена“ се случува втор „Скрим фестивал“, на кој ќе учествуваат „Санаториум“, „Електрични оргазам“, „Ласт експедишн“, „Ареа“, „С.АР.С“ и „Негатив“. Билетите се во продажба од 15 јануари, со почетна цена 400 денари, до 11 февруари, со цена од 600 денари. Третиот „Скрим фестивал“ ќе се одржи на 17 февруари, во истата сала, но овој пат настапуваат диџеите Шарам, Умек, Грамафонџије и Никифор. Билетите се во продажба од 22 јануари, со почетна цена 500 денари, до 17 февруари, кога цената постепено ќе се зголеми на 700 денари. На 14 февруари, во салонот на Македонската опера и балет вторпат ќе се одржи ексклузивен анплагд-концерт „Влатко Илиевски и пријателите, ден на љубов и вино“. Гала-концертот што има тенденција да прерасне во традиција оваа година ќе изгледа како претстава, а Влатко и пријателите ќе бидат придружувани од голем симфониски оркестар, кој ќе го сочинуваат врвни македонски музичари. Имајте интересен почеток на годинава, се читаме за 30 дена.

2.2.2012 I Година 1 I Бр. 10

Medium  
Medium  

Весник за сите средношколци

Advertisement