Page 1

КАДЕ З КАДЕ ЗА А 100 Е ЕВРА В РА

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР САРА МЕХАНЏИЕВА, 4-1 „НИКОЛА КАРЕВ“ - СКОПЈЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ТЕХНИКА Ученичката дала топла, човечка и емотивна приказна. Правејќи го тоа дефинитивно излегла од рамките на средношколското сфаќање за есеј, ѝ дала личен печат на целата приказна ............................................................................................................................... 4 стр.

ВИКЕНД

1

ВО КОЛЕШИНО ЗА ПОЛНЕЊЕ БАТЕРИИ 

Доколку сакате да го поминете вашиот викенд на некое интересно место каде што ќе можете целосно да уживате и да се одморите, одлучете се за селото Колешино

ВЕСНИК ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИwww.medium.edu.mk

30.3.2012Година I,Бр. 12

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

НАУМЧЕ МОЈСОСКИ

НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ОТИДОВ СО ПАТИКИ И СО ФАРМЕРКИ Тој е дел од првата постава на ракометниот клуб Металург и на македонската ракометна репрезентација. Годинава со своите колеги ги постигна најдобрите резултати во историјата на македонскиот ракомет, а во Лигата на шампионите ги брани боите на Металург. Ја има позицијата централен бек во напад, а бројот 18 на неговиот дрес стана синоним за неговото име, стана синоним за Наумче Мојсоски. Екипата на „Медиум“ го посети на тренинг во салата во Автокоманда и не пропушти шанса да му постави неколку прашања.

НАЈКУЛ ПРОФЕСОР

Д

имко Поповски и Јован Поповски, и двајцата професори во скопската гимназија „Никола Карев“, се избрани за НАЈКУЛ ПРОФЕСОРИ за март. Првпат ова почесно признание го делат двајца професори со ист број гласови. Уште понеобично е што на веб-страницата www.medium.edu.mk средношколците им доделија најмногу гласови на татко и на син.

Во недостиг од сексуално образование во училиштата, средношколците се информираат од интернет-форуми, каде што често се среќаваат неточни, бизарни, а понекогаш и застрашувачки одговори.

СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СЕНКА, ЗАБЛУДИТЕ НА ВИДЕЛИНА ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

 КРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КИКО

 МАГДАЛЕНА ЦВЕТКОВСКА ЕНА

КАДЕ БЕВМЕ?

Д

омаќини на весникот „Медиум“ во текот на март беа средношколци од две скопски училишта - гимназијата Алгоритам-центар и средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“.

НИЕ ИСПРАШУВАМЕ

М

ногу е важно во училницата да владее весела атмосфера, учениците да се опуштени и низ разни игри да учат. Учењето е тешка интелектуална работа и никого не можете да го натерате да научи нешто ако тој не сака. Присилното учење нема да даде резултати, вели Валентина Димитрова, професорка по географија

МИЛАН МИЛКОВ

КОШАРКАТА МЕ ИНСПИРИРА И МЕ ДРЖИ НА НОЗЕ Милан Милков од Кавадарци е препознатлив по своите 203 сантиметри. На кошаркарот со дресот со број 13, омилен тим му е НБА Орландо, а Хауард Двајт – негов кошаркарски идол

ПРВА ЉУБОВ ВО ГРАДИНКА, РАДИНКА КА А ПОСЛЕДНА ПО „ИДОЛ“

БЕГ БЕГАВ ОД ЧАСОВИ, НО НЕ БЕВ БУНТОВНИЧКА

ЈАС МИСЛАМ ВАКА БИЛЈАНА ТОЛКОВА, СОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НЕГОТИНО БИДИ РАЗЛИЧЕН ОД ДРУГИТЕ Живееме во време кога секој пресликува од некој друг и својот избор го потпира врз туѓите коментари. Време во кое секој се труди да остави силен впечаток, а притоа не сака да се потруди тоа да биде заслужено ................................................................................................................................................... 2 стр.

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ 31.3.2012 I година 1 I бр.НА 12 ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“


2

НИЗ ХОДНИЦИТЕ Василка ДИНЕВА професорка во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“

ПОЕЗИЈА ЗА ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

„КОДУ ПРОЏЕКТ“ НЕЗАБОРАВНО ИСКУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД КОРЧАГИН

МЕНТОРИ ЗА ЖИВОТНО ИСКУСТВО

Д

а се биде професор денеc не е ни најмалку лесно, а особено професор на средношколци. Тие се во години кога почнуваат да го оформуваат своето мислење за тоа што се случува околу нив, почнуваат да „созреваат“ токму во овие средношколски клупи и ние треба да ги насочиме кон успех, знаење и вистинските вредности. Им покажуваме секојдневно кое е значењето на квалитетното образование, дека не е залуден трудот што го вложуваат и колку е важно преку знаењето да инвестираат во сопствената иднина. Од овие години учениците треба да ги имаат најубавите спомени, ова да бидат нивните страници испишани со доживувања и со другарувања што вечно ќе ги паметат, за кои ќе раскажуваат, носталгично ќе се сеќаваат и ќе ги бараат назад... Колку и да се чувствуваат сега револтирано или луто, ќе сфатат дека тоа било само фаза, фаза што им пречела да го доживеат најубавото од овие денови. Но никогаш не е доцна да се почне да се ужива во тинејџерството. Кога уживате, не заборавајте на она што ќе ви обезбеди иднина, на училиштето, кое ќе ви отвори многу врати, ќе добиете можност да бидете стипендирани, да излезете надвор од државата и таму да стекнете нови познанства, кои можеби ќе ви отворат многу поинакви погледи кон светот. Како професор што предава стручни фармацевтски предмети, сфатив дека учениците почнаа да разбираат колку нашата струка е хумана, колку животи зависат од лекот што за некого е од пресудно значење. Хуманоста ги прави овие деца личности што ги поседуваат најважните животни карактеристики. Се запишаа во медицинското училиште, поточно во отсекот фармацевти, за несебично да го дадат својот труд, да изработат лекови што ќе им помогнат на болните, немоќните, премалените... Поминуваат години, а целта е една за сите генерации во средното училиште, да ги насочиме кон избор за образование што ќе им понуди многу можности ако тие вложат труд. Но, покрај тоа, да ги научиме учениците на лекциите за животот, лекции што не можат да ги најдат во нивните учебници или тетратки. И кога еден ден ќе добијат одличен (5) на тестот, не оној матурскиот, туку тестот на животот, ние, професорите, гордо ќе се потпишеме како ментори што ги насочиле на вистинската патека во животот.

ЕЛЕНА ЦВЕТКОВСКА III-11 СОУ гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

Ч

леновите на литературните клубови и на драмските секции од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово со поетска вечер го прославија Денот на жената, 8 Март. Во прекрасното едночасовно

донското литературно богатство, како и со неколку песни на француски и на италијански јазик. Драмските секции се под менторство на професорката по македонски јазик и литература Лидија Тасевска.

ГЕВГЕЛИСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ ГО МАПИРАА ВАРДАРСКИ РИД ХРИСТИНА АЛАЃОЗОВСКА и НЕДА ТАНОВА СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија

У

чениците од угостителско-туристичката струка во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија реализираа проект во кој беше изведено мапирање на археолошкиот локалитет Вардарски Рид. Проектот, во кој беа опфатени активности за проучување на археолошките пронајдоци, изработка на мапи, нивно поставување и презентација, беше изведен во соработка со австрискиот Култур-контакт центар. На археолошкиот локалитет Вардарски Рид, кој се наоѓа блиску до меѓународниот пат кон Грција, се пронајдени ископините на стариот антички град Гортинија. Со ова учениците се обидоа да дадат свој придонес во туристичката промоција на Македонија.

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД НЕГОТИНО ЈА ПОКАЖАА ХУМАНОСТА НА ДЕЛО ЕЛЕНА ВЕЉКОВА III5 и АНДРИЈАНА ПЕЦОВА III5 „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино

П

реку драматизација, песна и поезија средношколците од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино испратија апел до нивните сограѓани да бидат хумани и да соберат пари за да спасат млад човечки живот. Тие во домот на културата „Ацо Ѓорчев“ одржаа хуманитарна програма под менторство на нивната професорка Снежана Ристова. Пееја за љубовта, младоста и за среќата пред преполната киносала со луѓе што им помогнаа да ја остварат нивната мисија.

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

Ж

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

дружење во пријатна атмосфера уживаа сите, а пред сè припадничките на понежниот пол што се вработени во училиштето. Учениците се претставија со неколку музички точки, внимателно одбрана поезија од маке-

БИЛЈАНА ТОЛКОВА СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино

АНАМАРИЈА ВЕЛИНОВСКА и ЕЛЕНА ДАВИДОВСКА СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје

Д

одека едни ја следеа прославата на роденденот на средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин”, во библиотеката се одржуваше натпревар. Kој би рекол?! Изгледа дека и кога се прославува и кога се учи, корчагинци секогаш знаат да покажат колку се вредни и исполнителни. Натпреварот беше на училишно ниво, од затворен карактер, во кој учествуваа околу 70 ученици распределени во 10 тима и го носеше мотото: „Направи го светот подобро место за живеење”. „Коду проџект“ (Коdu Project) е првиот натпревар од ваков тип во нашата држава, кој беше во соработка со „Мајкрософт“ и нивните ИКТ-алатки и воопшто прв натпревар каде што учениците сами програмираа игри. Идејата за ваков тип натпревар најпрво ја создаде професорката по информатичка технологија Билјана Кумпанијоска, заедно со професорката по француски јазик Андријана Чичевалиева и со професорката по македонски јазик Роза Никодиновска Мајсторовиќ. За тоа колку беа успешни во овој проект заедно со своите ученици сведочи и освоеното второ место на „Мајкрософт-форумот за иновативни професори“, кој се одржуваше на државно ниво.

УЧЕНИЦИТЕ ОД „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ УЧЕА ДА РЕЦИКЛИРААТ

Н

еколку ученици од СУГС „Георги Димитров“, во координација со нивните професори во рамките на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, учеа да селектираат и да рециклираат. Во рамките на проектот беше изведен перформанс во времетраење од три дена, за да се издигне свеста кај средношколците за селектирање и за рециклирање. Перформансот предизвикал збунувачка реакција првиот ден, но веќе наредниот ден учениците и професорите прашувале каде се кантите за отпадоци за селектирање на отпадот и на кој начин можат да придонесат и да се вклучат долгорочно во акцијата „Селектирај и рециклирај!“.

БИДИ РАЗЛИЧЕН ОД ДРУГИТЕ

ивееме во време кога секој пресликува од некој друг и својот избор го потпира врз туѓите коментари. Време во кое секој се труди да остави силен впечаток, а притоа не сака да се потруди тоа да биде заслужено. Зошто? Зошто ни е страв да размислуваме поинаку, различно од другите?! Зошто никој не се реши да биде поинаков? Ретки се оние што храбро заземаат свој став и не се откажуваат, се борат докрај. Сè помалку има онакви што имаат личен стил, цврсто се држат до него и се препознатливи по тоа. Зошто?! За да не бидат исмевани од денешните „сезнајковци“? Зошто младите ги оставаат училиштето и учењето и тргнуваат по лош пат? За да не се одделат од групата, да не бидат наречени забегани, заостанати, старомодни, плашливци... Да не ги напуштат нивните другари? НЕ! Тоа не се другари! Оној што те влече со себе, иако знае дека оди во лош правец, е твој непријател. Оние што ќе одлучат да ги следат срцето и разумот, тие се нашата иднина. Тие можеби ќе го одберат потешкиот и подолг

пат, но на крајот ќе се искачат до врвот, нема да застанат на половина пат и ќе им се спротивстават на „сезнајковците“ и на „управителите“, кои вечно живеат во судбината на општеството. Разликувај се од другите, но позитивно. Сите пронајдоци ги имаме само затоа што некој решил да биде различен од другите. Да не беа Никола Тесла и Томас Едисон, денес ќе седевме во темница. Да не беше Александар Бел, ќе го немавме телефонот. Немаше да знаеме за еволуцијата на човекот ако тоа не ни го кажеше Чарлс Дарвин. Но ги знаеме и имаме само затоа што овие врвни личности решиле да се разликуваат од другите. Истражувале, докажувале, паѓале и повторно станувале, за на крајот да бидат она што се. Биле упорни, а упорноста е мајка на успехот. Живеј според свои правила и биди тоа што си! Биди свој! Единствен! И за крај: You laugh at me because I am different, I laugh at you because you are all the same!

30.3.2012 I Година 1 I Бр. 12


3

АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ЕЛЕНА ЈАНЧЕВА, АЛЕКСАНДРА ЧИБИШЕВА, СТОЈАН ЧОЛАКОВИЌ, ЕМИЛИЈА СИМУНОВСКА, АНА ПЕТРОСКА

НАУМЧЕ МОЈСОСКИ Тој е дел од првата постава на ракометниот клуб Металург и на македонската ракометна репрезентација. Годинава со своите колеги ги постигна најдобрите резултати во историјата на македонскиот ракомет, а во Лигата на шампионите ги брани боите на Металург. Ја има позицијата централен бек во напад, а бројот 18 на неговиот дрес стана синоним за неговото име, стана синоним за Наумче Мојсоски. Екипата на „Медиум“ го посети на тренинг во салата во Автокоманда и не пропушти шанса да му постави неколку прашања. МЕДИУМ: Позната е твојата игра, како и кариерата во Металург. Но може ли да ни кажеш нешто за твоите почетоци. НАУМЧЕ: Па, почнав некаде од шесто одделение. Јас сум од Струга, па така на 18 години заминав во Битола и таму играв за Пелистер. Таму играв пет години и заминав во Вардар, каде што останав две години. Потоа првпат играв за странски клуб, поминав две години во Шпанија, за пак да се вратам во Вардар. Сега веќе ја полнам третата година овде во Металург. МЕДИУМ: Зошто одбра ракомет, а не некој друг спорт? НАУМЧЕ: Бидејќи мојот роден град Струга е покрај езеро, јас прво почнав со пливање неколку години, а ракометот ми се случи сосема случајно. Во основното училиште каде што учев дојде нова наставничка по физичко и уште во почетокот ни кажа дека ќе нè оценува по ракомет. Јас не знаев што е ракомет, па бидејќи некои од школските другари одеа на ракомет јас тргнав со нив за да научам за оценка. Па, така, на првиот ракометен тренинг отидов со патики и со фармерки.

Средношколци ФОТО: МАРКО АНДОНОВ АЦЕВ

НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ОТИДОВ СО ПАТИКИ И СО ФАРМЕРКИ НАУМЧЕ: Па, не можеш предвреме да знаеш, но ако оди како што треба, ќе играм уште 3-4 години. Потоа сакам да останам во ракометот. Студирам спорт и спортски менаџмент, па, здравје, кога ќе дојде време ќе мислам со што да продолжам понатаму, но најверојатно ќе останам во спортот. МЕДИУМ: Со кои од колегите се дружиш најмногу? НАУМЧЕ: Најмногу сум со Ванчо Димовски. Прво дојдов јас во Скопје, по една година тој и оттогаш, веќе 15 години, сме цимери. Од другите, се дружам со Миркуловски, со Филип Лазаров. И Кире кога ќе дојде во Скопје. Со нив претежно го поминувам времето. МЕДИУМ: Има ли нешто што си прочитал во весниците, а те извадило од такт? НАУМЧЕ: Во жолтиот печат сè може да те изненади. Последно што беше напишано е за караница со тренерот. Сме се степале, јас сум го водел цел тим против него и не сме сакале тој да ни биде селектор. Но во сето тоа нема ништо точно. Секој втор ден нешто ново ќе најдеш, а го-

време ги занемарив. Го избришав профилот на Фејсбук, зашто многу го злоупотребуваа моето име. Се појавија безброј лажни профили и вулгарни коментари пишувани во мое име. Сето тоа не личи на мене, затоа имам само фан-групи што ми ги прават девојчиња од Велес. Користам само Скајп кога сум надвор од Македонија за да комуницирам со моите.

МЕДИУМ: Велиш не си знаел што е тоа ракомет. Тогаш што те натера да продолжиш со овој спорт? НАУМЧЕ: Па тоа што се тренираше континуирано и квалитетно. Трениравме и во седмо одделение игравме на републички натпревар во Велес каде што освоивме прво место. А по една година, во осмо ме прогласија за најдобар играч на републичкото натпреварување.

МЕДИУМ: Дали читаш и кога читаш книги? НАУМЧЕ: Па читам кога одиме на патување. Кога имаме натпревар тргнуваме 3-4 дена порано и тогаш земам некоја книга и читам. Последно што читав е една книга што ми ја испрати пријател од Битола и стануваше збор за жените на диктаторите, ха-ха.

МЕДИУМ: Сè уште се зборува за Европското ракометно првенство. Ќе можеш ли да кажеш на која победа најмногу се радуваше и кој пораз ти падна најтешко? НАУМЧЕ: На секоја победа се радуваш на некој посебен начин. Многу се радував на Чешка, затоа што со таа победа се пласиравме во вториот круг и од Ниш заминавме за Белград. Таа беше и прва и најдрага победа. Потоа следуваа и другите победи, меѓу кои и таа со Словенија, што ни донесе пласман на квалификациите за Олимпијада. Сепак, првата ми даде крилја за понатаму. А најтешко ми падна поразот од Данска. И Хичкок да го режираше, немаше така да го изрежира.

МЕДИУМ: Дали го посетуваш ноќниот живот во Скопје и каде може да те сретнеме? НАУМЧЕ: Сакам да излезам, но ракометот бара многу жртви и затоа само ја посетувам дневната шема. Во 8 часот нау тро имам тренинг, попладне уште еден, така што преку ден може да ме сретнете во кафулињата на Ленинова.

МЕДИУМ: Кој натпревар, според тебе, си го одиграл најдобро, а кој најлошо? И од Европското и од Лигата на шампиони. НАУМЧЕ: Па, најнезадоволен сум од натпреварот со Словенците. Најтежок ми беше тој, но и сега кога игравме со Хамбург на гости. А најдобро ги одиграв со Чешка, со Србија, а од Лигата со Полјаците и со Словенците.

МЕДИУМ: Знаеш ли да откачиш во кафеана? НАУМЧЕ: Во последно време, со вакви тренинзи, многу ретко. Последните две години ни да помислам да откачам, а пред тоа се случуваше. Сме затворале и кафулиња, ха-ха. Сега излегуваме со цел тим само кога ќе добиеме некој важен натпревар, одиме на вечера и во 12-1 часот по полноќ сме дома.

МЕДИУМ: Уште колку години планираш активно да се занимаваш со ракометот и што потоа?

МЕДИУМ: Користиш ли социјални мрежи - Фејсбук, Твитер...? НАУМЧЕ: Користев, но во последно

лем дел од тоа е и измислено само за да се крене тиражот на весникот.

МЕДИУМ: Дали имаш некое хоби? НАУМЧЕ: Како што кажав, од Струга сум, па хоби ми е риболовот. Но во последно време немам време ни за тоа. Како што вели мајка ми, кога бев во Шпанија повеќе време бев дома отколку сега. МЕДИУМ: Каква музика слушаш? НАУМЧЕ: Зависи каде сум и со кого сум. Ги почитувам нашите пејачи, а претежно слушам странска музика. Во кола слушам техно, а инаку ги слушам „Ред хот чили пеперс“ и „Ју-ту“. Во кафана, нор-

мално, слушаме и српско и народно. Зависи од ситуацијата. МЕДИУМ: Кога ти се случи првата љубов и кажи нешто повеќе за твојот љубовен живот? НАУМЧЕ: Првата љубов беше негде во седмо одделение, со едно девојче од Струга, кое не беше од мојот клас. Заедно бевме година и пол или две. А сите други љубовни врски, 3-4 имав, беа долги. МЕДИУМ: Што прво ти доаѓа на памет кога ќе ти кажат средно училиште? НАУМЧЕ: Најубавите години во мојот живот. Искрени другари и незаборавни моменти. Во тие моменти станав репрезентативец и многу отсуствував. Еднаш околу 2 месеци одев на подготовки со младинската репрезентација, но, верувајте, едвај чекав да се вратам во средношколските клупи. МЕДИУМ: Која е најголемата глупост што си ја направил во средно? НАУМЧЕ: Еден другар сакаше да избега среде час, но го фатија и му ставија единица. Па правевме план и вечерта отидовме во училиште да ја поправиме единицата. Влеговме со школските другари, но тој вклучи светло и го виде чуварот. Ние избегавме, а него го фатија на дело и го казнија, но не помина многу лошо.

ВЕСТИ



КАКО ШТО ТЕЛЕФОНИРАТЕ, ТАКОВ КАРАКТЕР ИМАТЕ

30.3.2012 I година 1 I бр. 12

МЕДИУМ: Што е сменето во животот на младите денес, во однос на времето кога ти беше тинејџер? НАУМЧЕ: Мислам дека многу работи се смене ти. Во мое време има ше многу дружба, а сега гледам дека по стоја но има кара ници, тепачки, па пора ди тоа и полицијата ја има сека де. Сега ги нема искрените дру гари од пора но. Тогаш бу квално гиневме еден за друг. Денес, пак, сè ми изгледа нека ко вештачко. Затоа че сто знам да пра шам ка де оти доа тие години.

МЕДИУМ: Кога планираш да се жениш? НАУМЧЕ: Кај спортистите практика е да се женат порано. И тренерите настојуваат да ги оженат порано за да не лумпуваат навечер. Инаку, во врска сум со Марија, се запознавме пред 8 години, кога играв во Пелистер. Свадба планирам налето, но доколку се пласираме на Олимпијада, тогаш не знам. Бидејќи Олимпијадата ќе се одржи во периодот кога планирам да ја правам свадбата. Па ако се пласираме, свадбата ќе почека некој месец.

БЛИЦ

Н

МЕДИУМ: Дали се случило да избегаш од часови поради ракометот? НАУМЧЕ: Па додека не бев репрезентативец имав проблем со часовите, некои од професорите не ми веруваа и прашуваа што сум можел да направам за тие едендва часа. Класната ми беше по физичко и добро се разбиравме, а и почнав да се појавувам на телевизија и по весници како репрезентативец, и оние професори што не ми веруваа, тогаш поверуваа, па така се решија проблемите со отсуствата поради ракометот.

АКО СЕ ПЛАСИРАМЕ НА ОЛИМПИЈАДА, СВАДБАТА ЌЕ ПОЧЕКА

а која страна го држите телефонот - на левата или на десната? Провокативното истражување на болницата „Хенри Форд“ од Детроит вели дека можете да го откриете вашиот карактер само на основа на овој податок.

МЕДИУМ: Се дружиш ли денес со другарите од средно? НАУМЧЕ: Да, да. Речиси половина клас од средно денес е во Скопје и често се гледаме и одиме на кафе.

За почеток, важно е да знаете дека левата страна на мозокот е специјализирана за обработка на јазикот, говорот, обработка на информациите, за внимание и собирање на негативните емоции. Десната страна е задолжена за обработка на повеќе информации, соз-

давање мапи на знаење и обработка на силни емоции. Добро, но што значи тоа? Тоа значи дека оние што го користат левото уво кога телефонираат доминантно ја користат десната хемисфера на мозокот и обратно. Значи,

луѓето што го држат телефонот со левата рака се креативни, додека оние на кои десното уво им е главно имаат повеќе аналитички способности. Интересно е дека повеќе од 70 отсто од луѓето го држат телефонот со десната рака. ИВА ПЕТРОСКА, СУГС „Георги Димитров“


4

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА МАРТ САРА МЕХАНЏИЕВА 

АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ

4-1 „НИКОЛА КАРЕВ“

Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

ЕДЕН ДЕН БЕЗ ТЕХНИКА

 КРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КИКО

E

дна вечер, додека брат ми и јас се враќавме дома, возејќи низ улиците на влезот на Велес, одеднаш почувствував желба да скршнам лево од автопатот и да поминам покрај куќата во која мојот омилен дедо Дико се сместил по печалбата во Америка. Искрено, по 19 години живеење под ист покрив, брат ми сосема се навикна на моите ненадејни импулси, иако беше 2 часот по полноќ. На улицата 9 мај бр. 4 веќе ги немаше бело-фасадираните двокатни куќи, и оние две жални врби по кои секогаш се пентаревме како деца... За момент се почувствував како 50-годишна старица, иако моите полни 19 години цу тат повеќе од кога било. Неколку моменти седевме во автомобилот гледајќи ги срушеното соседство и фабриката на 200 метри од нас, која беше во изградба... А низ топлата ноќ, со нас патуваа сеќавањата за дедо ни. Знаев зошто таа ноќ морав да скршнам по автопатот, а тоа беше поради мојата потреба да побегнам од светот, од чудната природа на луѓето, од обврските, од сè... Рушевините беа осветлени од месечината, а ноќта беше толку пријатна што беше штета да се седи во кола и да се задушувам од чадот од цигарите. На ужас на брат ми, јас сум ноќен тип, така што брат ми си го навали седиштето и се обиде да заспие. Тогаш си ги пуштив мислите да лу таат во минатото. Никогаш не ја запознав баба ми, бидејќи умрела пред да се родам, но приказните за неа сум ги слушнала повеќе од стопати. Затворајќи ги очите видов работилница, штала и мала двокатна селска куќа со една просторија во која живееле двајцата. Во таа соба имаше толку многу љубов што се родиле 3 ќерки... Се сеќавам, дедо ми ќе кажеше: „Еее, Саре мое, во наше време кој имаше телевизор во куќата, ѓаволот му е цимер“. Тогаш не можев да сфатам што сакаше да каже, но денеска кога ќе се присетам на неговите мудри зборови, секогаш се чувствувам моќно да го променам светот. Можам да го замислам дедо како секое неделно утро пешачи кон црквата и си велам: „Можеше да го користи тракторот за орање на нивата“.’ Знаеше да се задржи по цело попладне, можеби затоа баба често се лу тела, го мислела, си помислив... Тогаш немало телефон да се јавиш каде си, со кого си, кога ќе дојдеш на вечера... Дедо ми ми имаше раскажувано за највкусната пита на светот, со свежи кокошкини јајца, печена во вршник... Сите детали ги знам толку добро што почнав да го цитирам рецептот во себе. Да, јас во моментов пиев ајс-кафе и јадев чипс „доритос“ затоа што само тоа ни остана за по пат. Можам да кажам дека воопшто не беа сиромашни во споредба со другите селани од околината. Дедо работеше во една фабрика за текстил. Се сеќавам, секогаш кога ги хранеше кокошките во шталата и ја свиркаше познатата мелодија од легендарниот Џорџе Балашевиќ „Прича о Васи Ладачком“, секогаш се прикрадував во собата и го облекував синото избледено палто... имаше чуден мирис, измешан мирис на бензин и прашина. Но тогаш било тешко да се најде работа за возрасен човек, а уште повеќе за човек на негова возраст. Платата му била средна, чинам 130 марки месечно, но и тоа било повеќе отколку што можел да заработи продавајќи јајца, па така ја прифатил работата. Имаа убава земја, разиграни полјанки... никогаш не седеше во куќата, немаше греалки како денес, па ретко кога дрвата гореа како што треба... Ќе го запалеше лулето и ќе се загледаше во сонцето... Многу кашлаше, мајка ми секогаш го прекоруваше за цигарите, но тој бидејќи имаше чудна потреба да зборува со мене, ми се имаше доверено дека тоа е од прашината во фабриката што му влегувала длабоко во белите дробови. Умре од тоа. Никакви лекарски интервенции во градот не помогнаа, никакви молитви не можеа да донесат трајно оздравување. Следните некол-

ПРВА ЉУБОВ ВО ГРАДИНКА, А ПОСЛЕДНА ПО „ИДОЛ“

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА Ученичката дала топла, човечка и емотивна приказна. Правејќи го тоа дефинитивно излегла од рамките на средношколското сфаќање за есеј, ѝ дала личен печат на целата приказна. Текстот е отворен, напишан со едноставен јазик, но моќен со својата порака. Се чувствува дека е длабоко промислен и осмислен, но тоа не се гледа во текстот, лесно е читлив и на мошне интересен начин одговара на насловот на кој се однесува.

Членови на комисијата: Тамара Ќупева, Драгица Панова, Марина Лотеска, професорки по македонски јазик во гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ од Скопје, и Дејан Андонов од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ку години беа многу успешни за бизнисот на нашите. Дури и во време на депресија, работата напредуваше многу подобро отколку што сме сонувале дека би напредувала додека дедо работел во фабриката за текстил. Веќе беа најголемата фирма за печатење, а тато имаше нов сон - да биде најголема во светот. Додека плачев талкајќи по спомените, почувствував чуден мир. Минатото и сегашноста беа толку испреплетени во мојот ум, што она што се случило пред 20 години и повеќе, за мене е толку вистинито како денешниов ден. ЉУБОВ. ХАРМОНИЈА. НАДЕЖ. Како сето тоа да не извирало од телевизорот, тракторот, греалката или телефонот... Тоа беше првпат да се сретнам со спомените на таков посебен начин,првпат да се приврзам за утринскиот свеж воздух и чукањето на камбаната. Додека стоевме со брат ми и ги испраќавме сликите, бев сигурна во едно - љубовта, среќата, здравјето и времето не можат да се вратат и да се купат со пари. Греалката нема да ти го стопли студот во душата... Само тракторот не може да те однесе далеку во животот... Телефонот нема да те поврзе емоционално со личностите што ви се драги. Тој ден, изолирана од сите, секогаш ќе ми остане во сеќавање затоа што 19 години живот не ме научи дека вистинските морални вредности се губат со развојот на техниката.

ДОДЕЛЕНА

К

МЕДИУМ: Бидејќи неодамна излезе од средношколските клупи, можеш да споделиш нешто од тоа време? На што најмногу ќе се сеќаваш? КИКО: Веднаш можам да кажам дека во сеќавање ќе ми остане Мичо со неговото турско кафе. Кога бегав од прв час мораше да одам кај него на турско за да се освестам. Расонувањето ми беше најтешко. Јас сум од Прилеп, а учев во Битола, па морав да станувам во 5 наутро за да се подготвам, па во 6 часот да фатам автобус. А стандард ми беше: легнување во 3, а будење во 5 часот. Токму поради тоа најмногу ќе го паметам Мичо со неговото турско кафе. МЕДИУМ: Кажи ми нешто за средношколската љубов. И дали во средно ти се случи првата љубов? КИКО: Па имаше не една, туку повеќе љубови и девојки. Останаа неколку мали сувенири во мојата глава, и тоа е тоа. А за првата љубов ќе ти кажам дека не беше ни во средно ни во основно, туку во градинка. А последната љубов ми се случи по „Идол“.

 МАГДАЛЕНА ЦВЕТКОВСКА ЕНА

БЕГАВ ОД ЧАСОВИ, НО НЕ БЕВ БУНТОВНИЧКА

НАГРАДАТА ЗА  НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА ФЕВРУАРИ

омисијата на „Медиум“ ѝ ја додели февруарската награда „Најдобар млад новинар“ на ученичката Кристина Боболкова од средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Таа ја освои месечната награда мобилен телефон со есејот „Крушата под круша паѓа“, текст со свежи идеи и со интересен ироничен стил на согледување на состојбите во општеството на кои им требаат промени. „Анализата на современиот живот е дадена врз призма на еден аспект – професионалната ориентација на младиот човек. Зрелоста на авторот е очигледна – тој одбрал преку секојдневен, дијалошки стил да се обрати до врсниците, за да упати апел и да повика на промени на застоените навики од минатото“, стои во образложението на комисијата од професори од средни училишта и предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. На конкурсот „Најдобар млад новинар“ се пријавија дваесетина средношколци од повеќе градови од Македонија.

МЕДИУМ: Што ќе ти остане во сеќавање од средношколскиот живот? ЕНА: Па тоа е најубавиот период, особено трета и четврта година. Имав големо друштво и со голем дел од нив продолжив и понатаму да се дружам. А за предметите можам да кажам дека ни најмалку не ги сакав природните науки. Имаше и бегање од часови, зошто нели не е средно ако нема бегање, ха-ха. Но не во толкава мера да кажам дека сме биле бунтовници. Можам да кажам дека тогаш ми се случи и првата љубов. МЕДИУМ: Дали денес е исто дружењето како и во средно? Со кого од естрадата најмногу се дружиш? ЕНА: Не е како во средно, но и сега имам доволно пријатели. А од естрадата се дружам со Дарко Илевски, Лозано, Димитар Андоновски и уште многу други, да не ги набројувам сега. Со сите и соработувам и се дружам. Ги комбинираме работата и дружењето и тогаш најдобро излегува, ха-ха.

30.3.2012 I Година 1 I Бр. 12


5

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА ЈАСНА АТАНАСОВА и МАЈА КУЗМАНОВСКА

ОБРАЗОВАНИЕ

Студентки на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

Во недостиг од сексуално образование во училиштата, средношколците се информираат од интернет-форуми, каде што често се среќаваат неточни, бизарни, а понекогаш и застрашувачки одговори.

волно сум информирана за сите сексуално преносливи болести и контрацептивните таблетки“, ни призна една гимназијалка. Родителите, пак, се загрижени, но не се сигурни кој е најправилниот начин за сексуална едукација. Триесет и осумгодишна мајка на една средношколка мисли дека сексуалното образование недостига бидејќи сега генерациите побрзо созреваат, технологијата ја уништила цела блискост во релацијата родител – дете, но и многу од децата избегнуваат разговор за овие табу-теми. Оваа мајка смета дека можеби најдобро е на детето

СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СЕНКА, ЗАБЛУДИТЕ НА ВИДЕЛИНА

С

ексуалното образование во земјава останува во сенка. Средношколците со тивок тон разговараат за табу–темите, а голем дел од нив остануваат неедуцирани и збунети пред прашањата за сексот, односите, репродуктивното здравје и за сексуално преносливите болести. Бирото за развој на образованието досега повеќепати ја има ревидирано програмата за средно образование, но официјален 45-минутен час за сексуалноста нема. Средношколците ги бараат одговорите на Интернет и по различни форуми, каде што често добиваат невистинити и застрашувачки одговори. Администратор на еден македонски форум вели дека секој е анонимен на форумот, секој има право да пишува за она за што има желба и, според правилникот за употреба на форумите, ниту сајтот ниту администраторите немаат одговорност за вистинитоста и релевантноста на она што се пишува по форумите, туку самите форумџии. Професорите се свесни дека недостига сексуална едукација, но имаат различни мислења дали е потребен нов предмет за сексуално образование, или, пак, темите поврзани со тоа треба да се вметнат во некој од постојните предмети. Според психологот Лилјана Атанасоска, интернет-форумите се најлошиот можен начин за младите да дознаат нешто повеќе за нивното сексуално репродуктивно здравје. „На Интернет и, пред сè, на различните сајтови и форуми може да се регистрира кој било. Нема веродостојност, точност и стручно мислење за она што ги интересира младите. Од она што сум го видела досега, се даваат неточни, бизарни, па и понекогаш застрашувачки одговори на форумите. Таквите чудни начини на кои средношколците одбираат да се едуцираат уште повеќе ги збунуваат, создаваат неспокој и може да влијаат на нивниот развој. Мислам дека во најскоро време мора да се вове-

де сексуално образование во земјава, и тоа не само за средношколците туку и за основците. Статистиката покажува дека сега, за разлика од пред десет или дваесет години, младите премногу рано се впуштаат во сексуални односи. Секој има право да одлучи кога ќе почне да биде сексуално активен, но претходно мора да биде едуциран за тоа кои одговорности и ризици ги презема.“ Професорка Надица Таневска Јанева од средното училиште „Георги Димитров“ вели дека проблемот најпрво е во тоа што нема блискост на децата со нивните родители и матични лекари. „Сметам дека треба многу почесто да се укажува на последиците и јавноста да се информира за промискуитетноста на младите, како и ниската моралност кај голем дел од младите. Сексуалното образование треба да го има, но не како посебен предмет, децата се веќе преоптоварени со многу предмети, но да се вметнат тематски целини во соодветни предмети“, вели Таневска Јанева. Досега биле спроведувани десетици обуки низ средните училишта и едукативни часови од страна на невла дини и здравствени организации, но тоа, според средношколците, не е доволно. Средношколец од една скопска гимназија, кој сакаше да остане анонимен, вели дека неговите врсници се малку едуцирани за сексуално пре-

30.3.2012 I година 1 I бр. 12

носливите болести, сидата или за контрацепцијата. „Мислам дека не е доволно само да одиш во аптека да купиш кондом и да кажеш, готово, знам сè!“ Можеби на девојките им е полесно бидејќи се поблиски со своите мајки, па разговараат за овие теми. Како и да е, сексуална едукација ни е потребна. Исто така, многу мал дел од средношколците ќе ви признаат дека не се образовани поради срам или страв дека се поназад од своите врсници.“

ОН ПРЕПОРАЧУВА СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Минатата година дури и Фондот за население на ОН ги посоветува надлежните да воведат час по сексуално репродуктивно здравје. Од Фондот остануваат на својот став дека државата треба да инвестира во својата младина и превентивно да ги научи децата од најрана возраст како да се заштитат од сида и од другите крвно преносливи болести. ОН смета дека секоја држава треба да ги вклучи и контрацептивните средства и кондомите во буџетот на националните здравствени програми.

Негова врсничка коментира дека девојките ретко разговараат со своите мајки, што поради разликата во години, што поради стравот на мајките дека тие не се стручни лица. „Ретко разговарам со мајка ми за сексуалните односи и за болестите. Таа е постара од мене 32 години, па и на двете ни е незгодно. Ми се чини дека и кога би се впуштила во сексуални односи, не би ѝ признала, а од друга страна недо-

да му се даде прирачник за сексуалноста, водич за репродуктивното здравје, па децата да читаат доколку им е незгодно да разговараат. Гинеколозите се загрижени колку и родителите. Бети Николова, гинеколог во приватна здравствена организација, вели дека живееме во време кога Интернет создава погрешни вредности. Според Николова, младите се впуштаат во сексуални односи, но не се доволно едуцирани. Многу ретко бараат совет од гинеколог и најчесто тоа го прават кога е доцна. Нејзино мислење е дека секоја девојка, пред да стане сексуално активна, потребно е да разговара со гинеколог и да ѝ бидат разјаснети сите нејзини дилеми. Мал број средношколци знаат дека постои ХЕРА, организација што континуирано веќе 12 години работи на полето на сексуалното и репродуктивното здравје. Даниел Калајџиски, програмски координатор на ХЕРА, открива: „Во Македонија, само 1,6% од младите девојки користат современи контрацептиви. Ако сакаме овој процент да го зголемиме, дефинитивно треба да работиме на што помасовно информирање на младите за контрацепцијата, на младите треба да им се понудат вистинските информации. И притоа тоа не треба да се сфати само како цел сама за себе – зголемувањето на процентот на контрацепцијата. Поголемата употреба на контрацепцијата ќе ги намали стапките на бременост помеѓу младите. Покрај тоа, употребата на оралната хормонска контрацепција има и други позитивни медицински придобивки за кои младите треба да знаат. На крајот на краиштата, навиката на употреба на контрацепцијата ќе резултира и со поголема грижа за сопственото сексуално здравје.“ Тој исто така додава дека сексуалното образование е потребно не само за едуцирање на децата за сексуално преносливите болести и несаканата бременост туку како час на кој младите ќе учат и за човекови и сексуални права, врски, емоции, почитување, толеранција и, секако, за здравствените аспекти. „Од сексуалното образование може да имаме само придобивки, не само младите туку и целото општество генерално“, завршува Калајџиски. Во Скопје функционираат два младински пријателски сервиси „Сакам да знам“, првиот е во амбулантата на Водно, а вториот во Шу то Оризари. Сите услуги што се нудат се бесплатни, но пред сè доверливи. Во овие центри се нудат гинеколошки или дерматолошки прегледи, тестирање за сексуално преносливи инфекции, ехо-прегледи и крио-терапија, контрацепција, ХИВтестови, советување со психолог и педагог. Тоа се места каде што младите отворено можат да зборуваат за сите прашања и проблеми, а сите вработени во центрите се добро обучени за работа со млади.


6

П

рофесорката по географија Валентина Димитрова вели дека во 1994 година ѝ се исполнила животната желба да работи како професорка во кавадаречката гимназија. Димитрова објаснува дека како млад професор вложила големи напори за да им помогне на учениците да го совладаат материјалот што поуспешно, но не на класичен начин, со примена на монолошки метод, туку со примена на современи методи. Таа вели дека многу полесно ќе се совлада наставното градиво преку игри, филмови, квизови, асоцијации. „За тоа ми беа потребни повеќе часови работа и, секако, вложување повеќе труд од вообичаеното. Но бидејќи работата со ученици ми претставува огромно задоволство и е моја животна желба, не претставува никаков проблем. Притоа, многу ми е важно во училницата да владее весела атмосфера, учениците да се опуштени и низ разни игри да учат. Учењето е тешка интелектуална работа и никого не можете да го натерате да научи нешто ако тој не сака. Токму затоа многу често ги применувам овие игри на час, за да ги мотивирам учениците и да научат нешто со волја“, вели Димитрова и додава дека присилното учење нема да даде резултати. Со текот на годините сфатила дека вистинскиот педагог е оној што истовремено на часот е и режисер и актер за градивото што поинтересно да го презентира. Затоа професорката Димитрова додека пред учениците предава нов материјал користи графоскоп, видео, фотографии и разгледници од земјите што ги посетила, но и материјали од нејзиното хоби прес-клипинг – репортажи и занимливости од разни списанија. „На учениците им дозволувам на часот да подготват нешто и тие во врска со содржината и да го презентираат, да поставуваат прашања и да го изнесуваат своето мислење. На тој начин ги учам учениците на размислување, соработка, вештина на комуницирање и тимска работа. Мошне важна мотивација за

ВАЛЕНТИНА ДИМИТРОВА – ПРОФЕСОРКА ПО ГЕОГРАФИЈА

ВИСТИНСКИОТ ПЕДАГОГ ВО ИСТО ВРЕМЕ ТРЕБА ДА Е И РЕЖИСЕР И АКТЕР учениците е и оценката. Кај голем број наставници е врежано мислењето дека лошата оценка ќе ги натера учениците на работа. Јас имам спротивно мислење. Учениците треба да се оценуваат, но и да се наградуваат и пофалуваат. Затоа многу често оценката ја коментирам. Сметам дека добриот професор себеси не се идеализира, но и дека авторитетот на професорот не е во неговата строгост.“ Професорката Димитрова, покрај тоа што применува современи методи во изведувањето на наставата по географија, таа е и координатор на натпреварите по географија за основните и средните училишта од Кавадарци, Неготино, Росоман и од Демир Капија. Професорката открива дека во слободно време многу сака да слуша музика, но и да свири на нејзиното пијано. Има завршено нижо музичко училиште во Кавадарци.

март

Многу е важно во училницата да владее весела атмосфера, учениците да се опуштени и низ разни игри да учат. Учењето е тешка интелектуална работа и никого не можете да го натерате да научи нешто ако тој не сака. Присилното учење нема да даде резултати, вели Валентина Димитрова, професорка по географија

НИЕ ИСПРАШУВАМЕ -

ИЗБРАН НАЈКУЛ ПРОФЕСОР ЗА

АНАСТАСИЈА ИЛИЕВА ПАВЛЕ МАНЕВСКИ АНАСТАСИЈА ДАНАИЛОВА СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци

ТАТКО И СИН ГО ДЕЛАТ ПРИЗНАНИЕТО

Д

имко Поповски и Јован Поповски, и двајцата професори во скопската гимназија „Никола Карев“, се избрани за НАЈКУЛ ПРОФЕСОРИ за март. Првпат ова почесно признание го делат двајца професори со ист број гласови. Уште понеобично е што на веб-страницата www.medium.edu.mk средношколците им доделија најмногу гласови на татко и на син. Учениците за професорот по историја Димко Поповски во коментарите напишале: „Предавањата нè мотивираат и нè поттикнува на учење. Поседува авторитет, но не е строг и во исто време предавањата се интересни“. Додека за професорот по географија Јован Поповски велат дека тој е инспирација за сите нив. „Наоѓа начин како да ги вклучи сите во наставата. Ученик може да му се обрати во кое било време и тој ќе го сослуша“, се дел од коментарите на веб-страницата. Редакцијата на „Медиум“ секој месец избира најкул професор според бројот на гласовите и образложенијата што ги даваат средношколците на www.medium.edu.mk. Веќе е во тек гласањето за омилен професор за април.

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „НАЈКУЛ ПРОФЕСОР“ ЗА ФЕВРУАРИ

КОНКУРС за НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР 1. Напиши еден или повеќе оригинални текстови на следниве теми:

 Дали воншколските активности ги засенија школските обврски?

Б

укет рози и аплауз беа честитките што ги доби професорката по фармација Василка Динева за наградата „Најкул професор“ што „Медиум“ ѝ ја додели за февруари. Изненадувањето го приредија средношколците од трета година на насоката фармација во скопското медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Екипата на весникот едноставно ја прифати идејата и се приклучи. Професорката Динева предава веќе 11 години и вели дека нема еднаш засекогаш даден метод на предавање. „Секоја генера ција е различна и тре ба поина ку да се приста пи во прене су ва ње то

 Постои ли кај младите развиена свест за општествено корисна работа?

КАДЕ

 Екологија во наставата - само празни букви на хартија или реална потреба

на знаење то. Секоја пара лелка има свои специфики, па ду ри и со секој ученик тре ба да се работи на по се бен начин“, вели Динева. Таа кажа дека најголемата благодарност им ја посветува на учениците, зашто тоа е најискреното признание за нејзината работа. Иницијативата за гласањето на веб-страницата www.medium.edu.mk ја дал еден од учениците на Динева, кој победи на конкурсот „Најдобар млад новинар“. Другите ученици се согласиле и изминатиот месец ѝ доделија најмногу гласови на „најкул“ професорката од средното медицинско училиште.

БЕВМЕ?



ВО ПОСЕТА НА АЛГОРИТАМ-ЦЕНТАР И НА СКОПСКОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ

2. Освоj награда: Секој месец награда: мобилен телефон Само за матуранти: две целосни стипендии за студирање новинарство на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во академската 2012/2013 година 3. Право на учество имаат сите средношколци од I до IV година 4. Критериуми за избор: Оригинален текст во кој ќе ги препознаеме вашиот став и критичкото размислување за темата за која пишувате, начинот на кој ја разработувате и вашиот стил на изразување. Должина на текстот: од 40 до 50 реда, потпишан со име и презиме, училиште и година, град и контакт-телефон. Рок за испраќање на првиот месечен конкурс е 18 април 2012 година, на е-адресата: medium@medium.edu.mk 5. Изборна комисија Комисијата е составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од професори од средни училишта. 6. Наградениот текст ќе биде објавен во печатеното месечно издание на „Медиум“, а другите текстови од потесниот избор на www.medium.edu.mk 7. Контакт: Дејан Андонов 02/3090-004, medium@medium.edu.mk

Д

омаќини на весникот „Медиум“ во текот на март беа средношколци од две скопски училишта - гимназијата Алгоритам-центар и средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Учениците од приватната гимназија веќе ќе бидат дел од редакцијата на „Медиум“. За време на посетата тие до-

бија новинарски задачи што ќе може да се прочитаат во априлското издание на весникот. Некои од средношколците го покажаа својот талент за пишување и на конкурсот „Најдобар млад новинар“. Еден од победниците на овој конкурс беше иницијаторот и за нашата посета на скопското медицинско учи-

лиште. Таму појдовме да ја доделиме наградата „Најкул професор“ и се приклучивме на изненадувањето што учениците ѝ го приредија на професорката. Сите средношколци се добредојдени да пишуваат и да фотографираат за весникот и за интернет-страницата www.medium.edu.mk

30.3.2012 I Година 1 I Бр. 12


7 ДАНИЕЛА СИЛЕВА БИСЕРА МИНОВА РАДИЦА ГРКОВА ЦВЕТАНКА ТРИФУНО СОУ „Добри Даскалов“ Кавадарци

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА МИЛАН МИЛКОВ

КОШАРКАТА МЕ ИНСПИРИРА И МЕ ДРЖИ НА НОЗЕ

Милан Милков од Кавадарци е препознатлив по своите 203 сантиметри. На кошаркарот со дресот со број 13, омилен тим му е НБА Орландо, а Хауард Двајт – негов кошаркарски идол

М

илан помеѓу дневните обврски во гимназијата „Добри Даскалов” и редовните тренинзи во кошаркарскиот клуб Фени во младинскиот тим, има време и за неизоставните видеоигри. Тој вели дека уште од мал бил неразделен од баскетот, а така е и до ден-денес. „Немам некои посериозни проблеми со исполнувањето и на двете обврски. Не можам да го изоставам училиштето, затоа што тоа е најмногу заслужно за мојот успех што го имам постигнато досега и затоа никогаш и не би се откажал. Но сепак кошарката ја ставам на прво место, затоа што таа ми е единствената работа што ме инспирира и ме држи на нозе“, вели младиот кошаркар од Кавадарци. Милан вели дека тренира од својата 11 година. Секој ден тренира по двапати, а кога има слободно време го зема баскетот и со другарите игра кошарка. Но што е со забавата, ноќниот живот? „Ноќниот живот за еден кошаркар е доста ограничен. Забрането е консумирање алкохол и останување до доцна во ноќните часови. Нема ноќни клубови, нема дискотеки. Сепак, јас сум задоволен, затоа што спортистите ја градат кариерата со дисциплина и верба во тоа што го прават. Не смееме да ѝ се препуштаме на слободата.“ Иднината е во наши раце, и затоа треба да се искористи правилно вели Милан. Тој планира сериозно да се занимава со кошарка, бидејќи таа е единствено нешто што го исполнува и му дава мотивација. „Се надевам дека една ден ќе го достигнам врвот и ќе ја претставувам Македонија во најдобро светло“, додава Милан.

НАШ ПРЕДЛОГ ВИКЕНД 

КАДЕ ЗА

100 ЕВРА

ВО КОЛЕШИНО ЗА ПОЛНЕЊЕ БАТЕРИИ МАЈА КУЗМАНОВСКА Студентка на Високата школа за новинарство

Д

околку сакате да го поминете вашиот викенд на некое интересно место каде што ќе можете целосно да уживате и да се одморите, одлучете се за селото Колешино, кое се наоѓа во близина на градот Струмица, на падините на планината Беласица. Таму ве чекаат прекрасните Колешински Водопади и прекрасната природа, која нема да ве остави рамнодушни. Селото е надалеку

30.3.2012 I година 1 I бр. 12

познато по црквите на 4 различни вероисповеди. Во селото се наоѓа и чешмата Даревица, која има исклучително посебен изглед. Таму ќе можете да се одморите, да земете здив и да се напиете од ладната вода на чешмата. За вашиот пат од Скопје до Струмица нема да ви бидат потребни повеќе од 450 денари, а до Колешино ќе стигнете најмалку со 200 денари. На неколку километри од Ко-

лешинските Водопади ќе можете да се опуштите во тивкиот амбиент на некој од хотелите, кои нудат добра храна и извонредни вина. За ноќевање ќе платите околу 300 денари. Не размислувајте двапати, ако навистина сакате да го одморите вашиот мозок од секојдневни обврски и за миг да избегате далеку од сите, посетете го Колешино и уживајте во богатствата на планината Беласица.


Paparaco

ТИКЕР 8

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕШ СТИПЕНДИЈА Високата школа го распиша конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Средношколците може да се пријават со видеоснимка, фотографија или текст на тема „Заедно против насилството во училиштата“. Преку конкурсот, матурантите можат да освојат една од 10-те целосни стипендии за студирање новинарство или односи со јавноста што ги доделуваат Алфа ТВ, Алсат М ТВ, Радио Канал 77 и агенциите за маркетинг и комуникации „Мекен Ериксон“, „Генезис комуникации“ и „PWorld“. Наградите за другите учесници-средношколци се лаптоп, камера и фотоапарат. Конкурсот ќе се презентира во училиштата во повеќе градови во Македонија. Сите информации може да се најдат на www.vs.edu.mk. ПРОМОВИРАНИ СЕ НОВИ КНИГИ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И ЗА НОВИНАРСТВО Високата школа промовира четири книги од областа на односите со јавноста и на новинарството во рамките на својата едиција „ExLibris“. Новите книги ќе служат како учебни помагала за студентите во наставниот процес, но и се наменети за сите медиуми и професионалци за комуникации што сакаат да го надградат своето знаење. Авторите и редакторите на книгите се предавачи на Високата школа, кои се докажани експерти во научните дисциплини за кои се однесуваат учебниците. ПОСЕТА НА АЛФА ТВ Како „дише“ една телевизиска редакција? Како идејата за добра приказна се реализира во квалитетен видео производ? Студентите од Високата школа преку посетата на телевизијата Алфа имаа можност да се запознаат со тајните на телевизиското работење. Тие разговараа со новинарите за репортерското известување и за начинот на креирање на телевизиските вести. Студентите ја почувствуваа атмосферата под рефлекторите во телевизиските студија, се запознаа со камерите и монтажата како составен дел од телевизијата и влегоа во режијата од каде што се емитуваат телевизиските програми. Посетата беше реализирана како дел од предметот ТВ-новинарство. ГОСТИН-ПРЕДАВАЧ ОД СЛОВЕНИЈА Стратегиското планирање на односите со јавноста има голема важност во развојот на деловната стратегија и управувањето со една организација зашто ефективната комуникација е клучна во создавањето успешни организациски промени. Ова на студентите по односи со јавноста им го посочи словенечкиот професор Пеѓа Ашанин Голе, кој беше гостин-предавач. Професорот зборуваше за важноста на комуникацијата во сите аспекти на организацискиот живот и за развојот на професијата односи со јавноста во регионот. СРЕДБА СО ВОЛОНТЕР ПО НОВИНАРСТВО ОД САД Студентите по новинарство разговараа со американскиот волонтер Остин Фаст од Охајо, кој на младите во Неготино им помага во изучувањето на новинарството и на англискиот јазик. Како изгледа начинот на студирање во САД, можностите за практична работа додека траат студиите, како изгледа да се работи во американски медиуми беа само дел од прашањата за кои се интересираа студентите. Фаст дошол во Македонија преку мисијата Мировен корпус и во Неготино оформил клуб на млади новинари. ПОЧНАА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ Високата школа почна да ги реализира постдипломските студии за менаџирање медиуми и мултимедија и за менаџирање стратегиски комуникации. Студентите се запознаа со начинот на студирање и ги следеа првите предавања. Студиите се организирани според меѓународни стандарди и практики во образованието. Предметите се реализираат со професори од државата и од странство, а првпат се воведува и системот за учење од далечина. Студиските програми се први и единствени во Македонија од областа на менаџментот на медиумите и на стратегиските комуникации.

АЛЕКСАНДРА ЧИБИШЕВА

СУГС „Орце Николов“

Д Каде

вечер?

ојде пролетта, дојде и април. Кога зборуваме за настани што следуваат, мора да ги спомнеме првоаприлските маскенбали и журки. Секако, најмасовната журка ќе биде на плоштадот, иако сè уште не знаеме што ни подготвил градот Скопје оваа година. Едно е сигурно – ќе биде топ. Некои клубови уште отсега почнуваат да се подготвуваат, а оние со малку поспецифичен вкус можат 1 април да го поминат во клубот МКЦ на првоаприлскиот панкрок-маскенбал. Оваа журка ќе биде проследена од многу бендови, меѓу кои и „Новиот почеток“, за која картите може да се купат во „Југотон“ за 250 денари. Но условот е сите да бидеме маскирани. А за

нашите рапери овој 1 април во клубот „Хавана“ ќе настапи Кит Мареј - познатиот њујоршки рапер, со карти за цена од 300 денари. По ова лудило, ни следува многу важен спортски настан, почнува борбата на нашите ракометари во Шведска. Ова лудило ќе трае од 6 до 8 април, а туристичките агенции организираат превоз, престој, карти итн. Овој месец има исто така богат репертоар од „Македонската филхармонија“ со многу концерти за деца, солисти од Виетнам, пијано-концерти. Месецот се заокружува со настапот на Карл Кокс, но овој пат во Белград. Картите чинат 1.500 ден, на сите продажни места на „Купи карти за сè “. Иако овој месец не е презафатен со настани и можеме да кажеме дека малку ќе одмораме, сепак сигурна сум дека наскоро локалните кафулиња ќе организираат нешто убаво за да го паметиме април.

30.3.2012 I Година 1 I Бр. 12

Medium  
Medium  

Медиум - весник за сите средношколци

Advertisement