ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО - ШУТО ОРИЗАРИ

Page 1


01 bitola ang.qxd

13.01.2013

17:50

Page 2


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 1

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

ДЕКЕМВРИ, 2012 ГОДИНА


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 2


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 3

Содржина 1 2 3

4

5

6

7

Резиме .................................................................................. Вовед .................................................................................... Општи состојби ................................................................... 3.1 Споредбени податоци за општата и ромската популација во Република Македонија ........................ 3.2 Општи податоци за состојбата на домувањето на Ромите во Република Македонија .......................... 3.3 Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во општеството .. 3.4 Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во сферата на домувањето ............................................................ Состојба на домувањето во општина Шуто Оризари .......... 4.1 Опис на населбата и заедницата ................................. 4.2 Опис на земјиштето ..................................................... 4.3 Инфраструктура - опременост и состојба .................. 4.4 Карактеристики на домовите ...................................... Механизми на општината за намалување на социјалната исклученост во домувањето ........................ 5.1 Механизми за намалување на социјалната исклученост од областите на Декадата кои влијаат на домувањето .................... 5.1.1 Надлежности од централно ниво ................................ 5.1.2 Надлежности од локално ниво ................................... 5.2 Механизми за намалување на социјалната исклученост во домувањето ............... 5.2.1 Надлежности од централно ниво ................................ 5.2.2 Надлежности од локално ниво ................................... Доминантен проблем во домувањето во општина Шуто Оризари ................................................... 6.1 Анализа на проблемите/Студија на случај ................. Практично искуство ..............................................................

5 6 7 7 10 12

14 17 17 21 22 23 25

25 26 26 31 31 33 34 34 35


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 4

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

7.1

Проект Промовирање на правата за домување на Ромите ............................................... 7.2 Фонд за домување на Роми и маргинализирани ........ 7.3 Проект за Легализација на домувањето за Роми ........ 7.4 Проекти за инфраструктура на Министерството за транспорт и врски на РМ ........ 7.5 Проекти за социјални станови на Владата на Република Македонија ......................... 8 Заклучоци и препораки ........................................................ 9 Библиографија ...................................................................... 10 Прилог 1. Детален приказ на механизмите за социјална вклученост на Ромите во домувањето ............ 11 Прилог 2. Состав на Советодавно тело и работни групи на проектот ................................................ 11.1 Советодавното тело на проектот „Индикатори за социјална инклузија во домувањето”..................... 11.2 Работна група за Студијата на случај за општина Шуто Оризари............................ 11.3 Работна група за Студијата на случај за Општина Битола ......................................

4

35 36 38 39 39 40 43 46 48 48 49 49


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 5

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

1.

Резиме

Оваа студија на случај е составен дел од проектот на Хабитат Македонија: Развој на индикатори за социјална инклузија во домувањето кој како дополнување на проектот Промовирање на права за домување на Ромите во Република Македонија, има за цел да овозможи податоци, експертиза и алатки преку широкопоставената платформа од засегнати страни во решавањето на прашањето на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија, во насока на зајакнување на процесот на социјалната инклузија во сферата на домувањето, што треба да послужи како матрица за понатамошни подобрувања во образованието, здравствената заштита, вработувањето и родовата еднаквост. Во проектот општините Шуто Оризари и Битола се избрани како пилот општини за избор и евалуација на индикатори на социјалната инклузија во домувањето. Општ заклучок за домувањето на Ромите во општина Шуто Оризари е дека во населбата постои пренаселеност и супстандардните услови и натаму перзистираат за најголем дел од населението. Инфраструктурата во последните години доживува обновување и надградба, иако во недоволен обем. Голем број од куќите се уште не се легализирани и немаат соодветна адреса и куќен број. Поднесени се барања за легализација, и процедурите се во тек, но сепак, на населението му е потребна правна и финансиска помош за довршување на постапките и стекнување со легален, безбеден и пристоен дом за живеење. Шуто Оризари и натаму останува со големи инвестициски потреби за подобрување на домувањето на своите граѓани. До сега, покрај мерките преземени со националните стратегии и планови, реализирани се и повеќе проекти во населбата за подобрување на условите на домување; дел од нив, се насочени кон подобрување на условите за домување, а еден дел кон легализација на постоечките живеалишта. Во делот на препораки за насочување на напорите за социјалната вклученост на населението во оваа општина, се предлагаат повеќе мерки, меѓу кои урбанизација; донесување ЛАП на општината; вклучување и едукација на населението; обезбедување средства за 5


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 6

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

инфраструктурата и заштита на животната средина; како и обзебедување бесплатна правна помош и совети за информирање на Ромите во делот на легализацијата на бесправно изградените објекти, со цел остварување на правото на легален, безбеден и пристоен дом во заедницата во која живеат, работат и придонесуваат.

2.

Вовед

Оваа студија на случај е составен дел од проектот Развој на индикатори за социјална инклузија во домувањето кој како дополнување на проектот Промовирање на права за домување на Ромите во Република Македонија, има за цел да овозможи податоци, експертиза и алатки преку широкопоставената платформа од засегнати страни во решавањето на прашањето на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија, во насока на зајакнување на процесот на социјалната инклузија во сферата на домувањето, што треба да послужи како матрица за понатамошни подобрувања во образованието, здравствената заштита, вработувањето и родовата еднаквост. Проектот, кој го спроведува „Хабитат Македонија“, е дел од мисијата и визијата на оваа организација, а се изработува во соработка со релевантните институции на централно и локално ниво. Општините Шуто Оризари и Битола се пилот општини за кои се изработени студии на случај, но искуствата за изработка на овие студии се искористени за изработка на Индекс на социјалната вклученост во домувањето, кој претставува алатка за проценка, самооценување, и споредба на тековните состојби и реализираните активности, и кој, како корисна алатка за следење и евалуација, треба да стане составен дел на Стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост. Овој проект е во согласност со главните цели на Декадата на Ромите, наменети да ја намалат разликата во животните стандарди и услови за живеење помеѓу ромската и неромската популација.

6


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 7

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

3.

Општи состојби

3.1. Споредбени податоци за општата и ромската популација во Република Македонија Според Пописот од 2002 година, во Република Македонија живеат 53.879 Роми (односно 2,66% од вкупното население). Според проценките на Заводот за статистика за 2011 година, вкупното население брои 2.059.794 жители, односно 54.871 Роми (според процентот на застапеност на ромското население во вкупното население од Пописот 2002 година).

Табела 1.

Демографски споредбени податоци за ромското население со вкупното население во Република Македонија

Население - Попис 2002 година* - Проценка 2011 година* (31.12.2011) Стапка на фертилитет (деца/жена) Доенечка смртност (на 1000) Просечен животен век (години) 2010 г.

Национални параметри Вкупно население во РМ 2.022.547

Ромско население Ромско население во РМ 53.879

2.059.794

54.791**

1,46 9,7

3 12,8

74,54

64

* Извор: Завод за статистика 2012 година. Попис 2002 година и Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста, по општини и статистички региони (достапно на: http://www.stat.gov.mk) ** Проценка врз основа на процентот на застапеност на ромското население во вкупното население од Пописот 2002 година (2,66%)

7


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 8

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Во иста насока, социо-економските параметри за оваа етничка заедница се континуирано полоши од општото население.

Табела 2.

Одредени социо-економски индикатори и нивни диспаритети во однос на ромското население (2008)1 Индикатор

Просечен месечен приход по домаќинство (во МКД) S80/S20 (сооднос меѓу вкупниот приход на најбогатите и најсиромашните 20% од населението) Процент на население кое е сиромашно (сметано преку приходи) Процент на население кое е сиромашно (сметано преку расходи) Стапка на невработеност (самопријавена) Процент на деца запишани во основно училиште* Процент на деца кои завршуваат основно училиште* Процент на деца кои се запишуваат во средно училиште*

Република Македонија (национален просек) 9.840,00

Ромско население

8

20

28%

64%

19%

44%

31%

73%

95%

63,1%

82,6%

44,6%

63%

17,4%

4.920,00

Адаптирано од: УНДП и УЈИЕ (2008) и * = Државен завод за статистика (2007)

Достапните податоци укажуваат на тоа дека во Република Македонија драстично поголем дел од ромското население живее под линијата на сиромаштија во однос на општата популација; под линијата на сиромаштија според приходите живеат 14% од вкупното населе1 Бази на податоци на УНДП (2008), Универзитет на Југоисточна Европа (2008) и Државен завод за статистика (2007)

8


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 9

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

ние, додека кај ромската популација овој процент изнесува 52%; под линијата на сиромаштија според трошоците живеат 10% од населението, односно 33% од ромското население во државата.

Табела 3.

Преглед на евидентирани невработени лица Роми според степен на образование (состојба 31.08.2011 година) Степен на образование

НКВ

ПКВ и НСО

КВ

ВКВ

ССО

ВИШ О СО

ВИС ОКО СО

М-Р

Д-Р

ВК.

Вк.

12.821

291

70 5

1

599

5

40

2

-

14.464

Жени

5.698

56

15 4

-

262

1

16

-

-

6.187

(НКВ – нискоквалификуван/а работник/чка, ПКВ и НСО – полуквалификуван/а, КВ – квалификуван/а, ВКВ – висококвалификуван/а, ССО – средно стручно образование, М-ри – магистри, д-ри – доктори, ВК – вкупно) *Извор: Државен завод за статистика 2011.

Домот е основна потреба на човекот. Домот е неопходен за здраво семејство, правилен раст и развој на децата во семејството. Здравствената статистика за 2011 година утврдува двојно повисоки стапки на фертилност на ромското население во однос на вкупното население (3 наспроти 1,46 деца/жена). Повеќедетноста на семејството значи уште поизразена потреба за удобен и пристоен дом за здраво поколение. Отсуството на дом кој ги исполнува основните услови за живеење или дом со многу лоши животни услови има огромно влијание, меѓу другото и на здравствената состојба на неговите жители; смртноста на доенчињата меѓу ромската популација е за речиси една третина повисока од националниот просек (12,8 наспроти 9,7 доенчиња на 1.000 живородени деца). Во исто време, просечниот животен век на ромското население е за 10 години покус од просекот на населението во РМ (74 години наспроти 64 години).

9


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 10

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

3.2

Општи податоци за состојбата на домувањето на Ромите во Република Македонија

Прашањето на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија е адресирано во повеќе документи, почнувајќи од потпишувањето на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 година, и преземањето на обврските за вклучување на ова маргинализирано население во сите сфери на општеството.2 Сепак, и по изминувањето на половината од Декадата на Ромите, приоритетната област домување, заради низа објективни, но и субјективни околности, заостанува во реализацијата на поставените цели. Се уште има голем број ромски семејства кои живеат во несоодветни услови во однос на стандардите за урбано живеење, без пристап до најосновните услови за живеење, како што се соодветно засолниште, соодветен пристап до вода за пиење и санитација, како и друга неопходна инфраструктура (патна, енергетска, здравствена, итн). Недостатокот на податоци и прецизни индикатори за мерење на реализацијата на активностите дополнително влијае на овој процес, како резултат на што, е тешко да се изврши влијание на динамиката и обемот на исполнување на целите на Декадата во оваа приоритетна област. Расположивите информации во најголем дел се уште се генерираат преку поединечни локализирани истражувања на граѓански организации или од евиденциите на единиците на локална самоуправа. Овие податоци, иако лимитирани, нудат основа за за изложените констатации дека условите за живеење во ромската заедница не се значително подобрени, но и дека е потребно да се изработат матрици за следење на активностите и конкретни индикатори за евалуација на постигнатите резултати. Од она што е достапно како информација, најголем број oд Ромите во Македонија живеат во урбани или населби кои гравитираат кон

2

Деталниот преглед е даден во делот Библиографија, на крајот на овој документ.

10


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 11

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

урбаните средини (95%), при што доминантно се концентрирани во посиромашните или субурбани делови, најчесто во мошне лоши услови, честопати под нивото на прифатените стандарди на соодветно домување. Од аспект на населеноста по подрачја, најголемиот број ромски домаќинства (48%) се наоѓаат во скопскиот развоен регион, а потоа во пелагонискиот и источниот (по 14%), кумановскиот (10%) и полошкиот регион (9%). Според податоците од Пописот на населението во 2002 година, најголем дел од ромската популација со официјално регистрирано живеалиште (околу 45%) живее во само 10 општини: Битола, Виница, Гостивар, Дебар, Куманово, Кичево, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип. Во однос на регионалната дистрибуција на населението, важно е да се нагласи дека речиси исто толку живеат на територијата на градот Скопје (43,06%), од кои дури половината во општина Шуто Оризари, додека останатите 12% од ромското население живеат во останатите општини.3 Според некои проценки, околу 70% од Ромите немаат документи за сопственост на нивното живеалиште. Во однос на живеалиштето, само 2% живеат во станбени блокови, 15% во нови куќи кои се во добра состојба, 46% во постари куќи кои се во релативно добра состојба, 36% во руинирани куќи или супстандардни живеалишта и 2% во недовршени живеалишта. Околу 45% од анкетираните семејства сметаат дека гладта им претставува реална закана.4 Ромските семејства често живеат во лошо градени супстандардни домови, без соодветен довод на безбедна вода за пиење и одвод на комуналните отпадни води. Податоци на Институтот за јавно здравје на Република Македонија за 7 ромски заедници на територијата на градот Скопје (без најголемата во Шуто Оризари) покажуваат дека 63% од ромското население во овие заедници живее во објекти од цврста градба, 7,25% од семејствата живеат во импровизирани куќи изработени од не-градежен материјал (картон, најлон, алуминиум-

3 Хабитат Македонија (2011). "Домувањето на сиромашното население - фокус на Ромите во Република Македонија" 4

Наведените податоци се извадок од податоците кои служеле како референтна база за пишување на Извештајот за милениумските цели, јуни 2005 година (Report of the Republic of Macedonia in Millenium Development Goals, Government of the Republic of Macedonia, 2005)

11


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 12

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

ски лимови, пластика, итн.) и 29,5% во руинирани и монтажни објекти. Домовите на ромските семејства се мали, планирани за извршување и обезбедување на основните животни потреби, при што повеќе од 50% од населението располага со животен простор од помалку од 5 квадратни метри по член од семејството. Околу 40% од семејствата живеат во колективни домови, односно во домови кои ги делат со друго семејство. Само 16% од ромските домови во овие 7 ромски заедници имаат тоалет и бања внатре во куќата; 77% од семејствата имаат санитарен јазол (или полски тоалет) во дворот, и 58% користат чешма за вода надвор од домот. Но, и натаму, речиси 10% од ромското население нема никаков довод на вода за пиење и дневна хигиена, а се проценува и дека околу 50% од овие семејства немаат соодветно решение за одвод на отпадните комунални води од нивните домови.5

3.3. Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во општеството Со пристапувањето кон Декадата на Ромите, прашањето за социјалната вклученост на ромската заедница стана актуелно на агендата на применети политики, и во неговото решавање активно се вклучија граѓанските организации, експертската заедница, централната и локалните власти. За кусо време беа донесени неколку значајни и издржани документи со стратешки определби и цели кои даваат гаранција за подобрување на животниот стандард и статус на ромското население во општествениот живот. Повеќето од овие документи, како што може да се види од Слика 1 во прилог, имаат временска рамка која коинцидира со временските рокови на Декадата, и оттука, е многу значајно овие документи да се анализираат од аспект на нивната комплементарност, како во однос на активностите, така и во однос на очекуваните резултати.

5 Хабитат Македонија (2011). "Домувањето на сиромашното население - фокус на Ромите во Република Македонија"

12


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 13

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Слика 1.

Временска рамка на документите усвоени од Владата на РМ во однос на Декадата на Ромите 2005-2015 година*

*Напомена: Заради прегледност, на Слика 1 не се прикажани Локалните акциони планови. Деталната листа на сите документи со нивните официјални наслови се наоѓа во делот Библиографија.

Сите документи поврзани со Декадата ја наведуваат за своја основна цел – социјалната вклученост на Ромите, преку интервенции во 4 основни приоритетни области (домување, образование, вработување и здравство) и 3 дополнителни (cross-cutting) прашања: дискриминација, родова еднаквост и сиромаштија.6 Комплексноста на прашањето на социјалната исклученост ја наметнува потребата од ваква бројност и опфатност на документи, но и на институции и тела кои се одговорни за спроведување, следење и евалуација, односно ревизија на истите. Но, постојат и други документи кои ја адресираат социјалната исклученост, но не се директно насочени кон ромската популација; со други зборови, сиромаштијата и општествената маргинализација не задолжително се во корелација со етничката - во случајов - ромската припадност. Оттука, во однос на ромската заедница, може да се констатира дека постојат непосредни и посредни механизми за социјална вклученост, односно општи политики и политики со афирмативна акција кон оваа популација.

6

Документите се достапни на веб локацијата на Министерството за труд и социјална политика на РМ: http://mtsp.gov.mk/?ItemID=6FC822BBA79A61429117F41943673AE4

13


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 14

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Разнородноста на механизмите и политиките за социјална вклученост и нивната поврзаност бара друг фокус и е предмет на други анализи кои сеопфатно се занимваат со социјалната вклученост. Во оваа студија на случај, фокусот е ставен на домувањето, па оттука, во продолжение е направен осврт на специфичните механизми и политики за социјална вклученост кои се во областа или се во врска со областа домување.

3.4. Општи податоци за механизмите и политиките за социјална вклученост на Ромите во сферата на домувањето Како и во другите приоритетни области на Декадата, Република Македонија има усвоено стратешки документи во сферата на домувањето, кои од повеќе аспекти и со интердисциплинарен пристап го адресираат ова прашање од аспект на намалување на социјалната исклученост на ромското население. И во овој сегмент, постојат политики и механизми кои непосредно и посредно се однесуваат на ромската заедница, но, со оглед на социо-економските показатели во последниве години, повеќето од политиките се насочени кон општата популација. Слика 2 е приказ на временската рамка на стратешките документи во однос на социјалната вклученост во областа домување. Активностите предвидени за адресирање на поставените цели главно се движат во насока на: - подобрување на законската регулатива во однос на социјалната исклученост во домувањето; - мерки и активности за урбанизирање на ромските населби; - мерки и активности за подобрување на квалитетот на живеење преку олеснување на пристапот до средства и фондови за решавање на станбеното прашање на ромското население; и

14


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 15

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

- едукација на населението за горенаведените мерки и активности, односно овозможување пристап до информации за реализација на правата од областа на домувањето.

Слика 2.

Временска рамка на документите усвоени од Владата на РМ во однос на социјалната вклученост во областа домување*

*Напомена: Заради прегледност, насловите на документите не се дадени во целост. Истите може да се најдат во делот Библиографија, на крајот на овој документ.

Како резултат на консултативен процес на повеќе засегнати страни, во овие документи се предвидени бројни активности кои на системско ниво го адресираат прашањето на домувањето – на пример подобрување на пристапот до вода за пиење или канализација, изградба на одвод за атмосферски води, и сл. Но, меѓу нив, исто така, се наведени и механизми за подобрување на социјалната вклученост на Ромите кои се воспоставени за овозможување на пристап до средства и активности на индивидуално ниво, односно утврдени се начини преку кои граѓаните може индивидуално да ги решаваат своите проблеми во однос на домувањето, и овие механизми се претставени во Табела 2 подолу.

15


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 16

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Табела 4.

Приказ на механизмите за социјална вклученост на Ромите во сферата на домувањето

Механизам Социјални станови Субвенциониран станбен кредит

Легализација на бесправно изградени објекти

Финансиска помош за легализација на бесправно изградени објекти Правна помош за легализација на бесправно изградени објекти

Карактеристики Доделување на социјални станови Одобрување субвенција за купување стан на кредит

Ослободување од надоместоци за административни такси и надоместоци за добивање на потребни документи за легализација на дивоградби Доделување кредит со поволни услови за финансирање на трошоците за легализација Давање правен совет или правна помош

Целна група Социјално загрозени лица Семејства со ниски примања (до 900 ЕУР) кои не отуѓиле имот во последните 6 месеци; Ограничувања на висината на кредитот и на цената на станот (по м2)* Социјално загрозени лица

Социјално загрозени лица

Социјално загрозени лица

Постигнат резултат (до јуни 2012) 68 станови Вкупно 50 кредити одобрени во мај 2012

Вкупно 333.652 барања за легализација

Хабитат: 114 одобрени барања за кредит на баратели од ромската заедница НРЦ: вкупно 1.519 добиени барања за правен совет и правна помош

* Деталниот опис на механизмите е даден во Прилог 1 на овој документ.

16


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 17

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

4.

Состојба на домувањето во општина Шуто Оризари

4.1. Опис на населбата и заедницата Општината Шуто Оризари се наоѓа на северниот дел од Градот Скопје, на преодот меѓу општините Чаир и Чучер Сандево. Општината Шуто Оризари е формирана во 1996 година со Законот за територијална поделба од 1996 година7 како општина на територијата на Градот Скопје, и е единствена општина во Република Македонија (а според некои извори - и во светот) каде според структурата на население доминантна е ромската популација. Со новата територијална поделба од 2004 година, општината останува со непроменети граници.8 Почетоците на населбата Шуто Оризари датираат по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, период од кој започнува концентрацијата на ромско население во овој периферен дел од градот Скопје. Населбата постепено се развивала просторно и демографски, со што се создале потреби од формирање на голем број институции, а населбата попримила лик на градско урбано подрачје. Формирањето на локалната самоуправа Шуто Оризари од 1996 година претставува институционално заокружување на тој процес, со добивањето статус на самостојна локална единица.9 Според Пописот од 2002 година, во Шуто Оризари живеат 22.017 жители. Општина Шуто Оризари зафаќа површина од 7,48 km2 и има густина на населеност од 2.943 жители/km2.

7 Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (Сл.Весник на Р.Македонија бр.49/96 од 14.09.1996 г.) 8 Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија (Сл. весник на Р Македонија бр.55/04 од 16.08.2004 г.) 9 Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари.

17


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 18

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Табела 5.

Структура на население според етничка припадност (извор: Попис 2002 година) Вкупно РМ

Град Скопје

Шуто Оризари

Вкупно

2.022.547

%

506.926

%

22.017

%

Македонци

1.297.981

64,18

338.358

66,75

1.438

6,53

509.083

25,17

103.891

20,49

6.675

30,32

Турци

77.959

3,85

8.595

1,70

56

0,25

Роми

53.879

2,66

23.475

4,63

13.342

60,60

Власи

9.695

0,48

2.557

0,50

0

0,00

Срби

35.939

1,78

14.298

2,82

67

0,30

Бошњаци

17.018

0,84

7.585

1,50

177

0,80

Други

20.993

1,04

8.167

1,61

262

1,19

Албанци

Табела 6.

Полова структура на населението во РМ и во општина Шуто Оризари (извор: Попис 2002 година) Вкупно

Мажи

Жени

2.022.547

1.015.377

1.007.170

50,20

49,80

53.879

27.105

26.774

Вкупно население (2002)

22.017

11.076

10.941

Ромско население (2002)

13.342

6.712

6.630

Република Македонија Вкупно население (2002) % Ромско население (2002) Општина Шуто Оризари

Според проценките на населението кои ги врши Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2011 година имало 2.059.794

18


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 19

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

жители;10 имајќи ги предвид различните вредности на одредени демографски индикатори (како што се стапка на фертилитет, природен прираст, итн) на различните етнички заедници, не може едноставно да се направи проценка на ромското население, односно на населението во општина Шуто Оризари. Како пример е дадена табелата во продолжение која содржи изведени податоци врз основа на Пописот од 2002 година, и која треба да се земе со резерва, односно да послужи само за индикативни цели на овој документ.

Табела 7.

Писменост на населението на возраст над 10 години на национално ниво и во општина Шуто Оризари (извор: Попис 2002 г.) Сите Писмени

Вкупно (РМ) %* Шуто Оризари %**

1.693.044

Мажи

Неписмен и

63.562

Писмени

863.289

Неписмен и

14.993

3,62% 15.890

1.809

Жени Писмени

829.755

1,71% 8.496

48.569 5,53%

361

10,22%

Неписмен и

7.394

4,08%

1.448 16,38%

* Процент од вкупно население во РМ на возраст над 10 години (Попис 2002 г.) ** Процент од вк. население во Шуто Оризари на возраст над 10 години (Попис 2002г.)

Табела 8.

Изведени податоци за ромското население од Процените на населението во 2011 година на Државниот завод за статистика Вкупно

Мажи

2.059.794

1.031.926

1.027.868

Вкупно Роми (2011)

54.791

27.563

27.228

Шуто Оризари (вкупно, 2011)

22.389

11.263

11.126

Шуто Оризари (Роми, 2011)

13.568

6.826

6.742

Вкупно население (2011)

Жени

* Изведените податоци се врз основа на интерполација на податоците од Пописот во 2002 година, и не ги земаат предвид другите параметри, како што се различниот прираст на населението, стапката на фертилност, итн. Податоците се изведени само за индикативни цели. 10

Државен завод за статистика 2012 година. Попис 2002 година и Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста, по општини и статистички региони

19


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 20

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Други извори од понов датум велат дека бројот на населението во општината е речиси двојно поголем од податокот регистриран со пописот одржан пред една деценија. 11 Во класификацијата изработена за потребите на фискалната децентрализација од страна на Министерството за финансии на РМ, оваа општина е категоризирана како општина со население меѓу 30.000 и 60.000 жители.12 Во исто време, РИЦ Шуто Оризари по реализираните теренски посети во текот на јули-август 2012 година,13 утврдил дека во општината постојат повеќе “џебови” каде живеат поголем број нерегистрирани лица (население без никаква документација) во повеќегенерациски семејства, што дополнително го потврдува фактот дека во општината живее повеќе население од она кое е попишано со Пописот во 2002 година. Исто така, според Акцискиот план за домување на Ромите на Општина Шуто Оризари, на територијата на општината живеат повеќе од 35.000 жители.14 Како и повеќето општини во РМ, Шуто Оризари премина во втора фаза на фискалната децентрализација, што за локалната самоуправа значи повеќе ингеренции и можности за развој, но секако и повеќе должности и обврски кон сопствените граѓани. Согласно на ова, може да се направи и проценка на густината на населението во општина Шуто Оризари, наспроти онаа утврдена со Пописот од 2002 г. Евидентен е фактот дека во општината Шуто Оризари постои пренаселеност, која е повеќе пати поголема од населеноста во Градот Скопје - 3 односно речиси 6 пати во 2002 и 2011 година соодветно како најурбанизирана средина во земјата, и чиј составен дел е и општината Шуто Оризари.

11 УНИЦЕФ (2012). Проценка на патронажната служба со анализа на еднаквост во Република Македонија. 12

Министерство за финансии на РМ, официјална веб страница: www.finance.gov.mk

13

Интервју, РИЦ Шуто Оризари, ноември 2012 година.

14

Акциски план за домување на Ромите на општина Шуто Оризари 2012-2017 година, јуни 2012 година

20


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 21

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Табела 9.

Густина на население во општина Шуто Оризари (споредбени податоци со РМ и Град Скопје) Број на жители

Република Македонија (површина: 25.713 км2)

Густина на население жители/км2

Население (Попис 2002г.)

2.022.547

78,9

Население (Процена 2011г.)

2.059.794

80,1

Население (Попис 2002г.)

515.419

902

Население (Процена 2011г.)

524.911

919

Население (Попис 2002г.)

22.017

2.943

Население (проценки)

40.000

5.348

Град Скопје (површина: 571,46 км2)

Општина Шуто Оризари (површина: 7,48 км2)

* Извор: Државен завод за статистика

4.2. Опис на земјиштето Иако според територијалната организација на локалната самоуправа, општината е класифицирана како урбана, дел од основните услови и стандарди за квалитет на урбано живеење недостасуваат; во Шуто Оризари поголем број од градбите се без соодветна адреса и уличен број; сообраќајната инфраструктура (пристапни улици, тротоари, осветлување, итн.) е застарена, а на многу места никогаш не е поставена. Една од причините за ова е фактот што, за најголемиот дел од територијата на општината нема усвоен детален урбанистички план. Според генералниот урбанистички план на Градот Скопје, најголем дел од територијата е предвиден за станбени објекти, а еден дел за индустрија и помали комерцијални објекти. Ваквите услови неминовно го наметнуваат фактот дека животната средина не е соодветна за здрав живот и развој на здрави животни навики; не постојат пешачки и рекреативни патеки, спортски и детски игралишта и други рекреативни објекти. 21


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 22

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

4.3. Инфраструктура - опременост и состојба Според извештаите на Ромскиот информативен центар (РИЦ) од Шуто Оризари, деталниот урбанистички план за општината Шуто Оризари се уште не е донесен. Во поглед на инфраструктурата, на својата територија општината Шуто Оризари има: - две основни училишта (ОУ “26 Јули” и “Браќа Рамиз и Хамид“) во кои учат 4.172 ученици од прво до осмо одделение, oд кои 2.023 ученички (податок на почетокот на учебната 2011/2012 година);15 - едно основно училиште за возрасни лица во кое учат 79 лица, од кои 33 жени (податок на почетокот на учебната 2011/2012 година);16 - здравствена станица Поликлиника Шуто Оризари, која е составен дел на јавната здравствена установа Здравствен дом – Скопје, и неколку приватни здравствени установи за општа медицина и стоматологија. - во сферата на социјалната заштита, на територијата на општината има Центар за социјални работи (ЦСР), една предучилишна воспитна установа (детска градинка “Снежана”) и еден пензионерски дом. На територијата на општината нема средни училишта, други високообразовни установи и здравствени установи од повисоко ниво, ниту установи од областа на културата, но со Генералниот урбанистички план за Градот Скопје, се планира изградба на ученички дом во планскиот период по 2020 година.17

15 Државен завод за статистика 2012 година, Основни и средни училишта на почетокот на учебната 2011/2012 година. достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.04.pdf 16 Државен завод за статистика 2012 година, Основни и средни училишта на почетокот на учебната 2011/2012 година. достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.04.pdf 17

Генерален урбанистички план на Градот Скопје 2001-2020 година, достапен на: http://app.gov.mk/uploads/uplan03_detail.pdf

22


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 23

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Исто така, во општината Шуто Оризари отсуствуваат и поголеми индустриски капацитети што придонесува општината да биде во категоријата на економски најнеразвиените општини во Републиката. Од економски капацитети, застапена е трговијата на мало на пазарот на текстил и бижутерија, како и занаетчиство, и тоа главно се застапени ковачкиот, столарскиот, златарскиот, шивачкиот и други ситни занаети.18 Според информациите од РИЦ Шуто Оризари и од Основната студија за домување во општината Шуто Оризари, во последните години се преземени одредени посериозни инфраструктурни зафати: подобрување на сообраќајната инфраструктура, изградба на канализациони мрежи во дел од населбите и нов резервоар за вода, изградба на спортски капацитети, и реконструкција на едно основно училиште итн. Во моментот се работи на поставување фекален колектор, а се спроведуваат и подготвителни активности за колектор на атмосферските води.19

4.4. Карактеристики на домовите Домувањето како една од основните урбани функции, претставува важна компонента на севкупниот општествено-економски развој, организација и уредување на просторот. Една од основните цели на просторното и урбанистичко планирање е обезбедување хумани услови за живот и работа на луѓето, што се остварува преку успешно планирање на населби со комунално, функционално и еколошко уредување. Основни показатели на стандардот на домување се просечната големина на стан, просечната површина на станбен простор по жител и просечниот број на жители на стан.

18

Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари. 19 Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари.

23


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 24

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Табела 10. Основни показатели на стандардот на домување (извор: Попис 2002 г.) Просечна површина на стан (м2)

Просечна површина на станбен простор/жител (м2)

Просечен бр. на жители/стан

Република Македонија

71,14

24,55

3,58

Скопски плански регион

63,38

22,26

3,07

Општина Шуто Оризари

57,70

14,61

4,32

Условите во домот се исто така несоодветни за здрав и квалитетен живот и одржување на физичкото и менталното здравје на сите членови во домаќинството. Домовите се најчесто со несоодветен квалитет на градежните материјали, санитација вентилација и мал простор (69% живеат во помалку од 10м2 по член на домаќинство), во повеќегенерациски семејства без можност за приватност.20 Во Шуто Оризари, повеќе од 40% живеат во помалку од 10м2. Според РИЦ Шуто Оризари, има голем број семејства кои живеат во живеалишта кои с` уште не се легализирани, поради непоседување потребна документација за почнување или комплетирање на процесот. Според некои проценки, околу 70% од Ромите немаат документи за сопственост на нивното живеалиште или, односно живеат во дивоградби без регулиран правен статус на нивниот имот.21 Во општината, особено делот кој се наоѓа од десната страна на главната улица во Шуто Оризари, постојат повеќе објекти кои се индивидуални куќи а се водат како колективни згради, и за истите сопствениците треба да поведат постапка за промена, која е исто така отежната заради правниот статус на објектите (дивоградби).22 Според квалитетот на градбата, условите за домување на жителите на Шуто Оризари не се разликуваат многу од општата состојба на

20 Годишен извештај на Европскиот центар за малцински прашања за 2005 година (ECMI, 2006 г). 21

Министерство за труд и социјална политика на РМ, 2012 година. Извештај за напредокот на Декадата 2011 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk

22 Министерство за труд и социјална политика на РМ, 2010 година. РИЦ Скопје извештај 2010 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk

24


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 25

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

домувањето во ромските заедници низ целата територија на Република Македонија. Иако не постојат прецизни податоци, и во оваа општина се уште има домаќинства сместени во импровизирани куќарки од неградежен материјал, без довод на чиста вода за пиење во домот и соодветен одвод на отпадните води. Во населбата нема систем за централизирано снабдување со топлотна енергија, па електричната енергија и огревот од дрва се основни енергенси за затоплување.

5.

Механизми на општината за намалување на социјалната исклученост во домувањето

5.1. Механизми за намалување на социјалната исклученост од областите на Декадата кои влијаат на домувањето Напредокот во социо-економскиот живот на ромското население, по изминување на половината од Декадата на Ромите, и натаму останува ограничен и далеку од посакуваната целосна социјална вклученост. Големата невработеност (73% според неофицијалните проценки)23 и сиромаштијата (според некои извори, дури 72,2% од Ромите имаат месечни приходи доволни за да се покријат само трошоците за храна),24 води до несигурно домување и нестабилни услови за живот, слабо здравје и слаба посетеност на училиштата, што посочува на фактот дека циклусот на сиромаштијата е се уште активен и дека социјалната исклученост перпетуира; ромското население и натаму останува да биде најранлива група во општеството.25

23 Извештај на Институтот отворено општество, јуни 2010 година. "Нема податоци - нема напредок, прибирање на податоци во земјите учеснички во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015", стр. 40. 24

Прогрес Институт (2012). Социјална слика на Република Македонија во 2012. Зошто сме на прво место во светот по мизерија и како да им се помогне граѓаните?

25

Извештај за состојбата со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk

25


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 26

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

5.1.1.Надлежности од централно ниво Во подготвените и усвоените стратешки документи (Национални акциски планови (НАП) за приоритетните области од Декадата: домување, образование, вработување и здравство, како и посебниот акциски план за подобрување на општествената состојба на Ромките, итн), се наведени голем број активности кои се меѓусебно зависни и ја сочинуваат големата слика кон целосната социјална интеграција на ромското население во општествениот и економскиот живот. Ромското прашање и определбата за афирмативна акција во неговото решавање се составен дел и на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ 2010–2020 година, во која Ромите се идентификувани како ранлива група во повеќе приоритетни области (здравство, образование, вработување).26 Република Македонија ја имаше обврската и честа да претседава со Декадата од 1 јули 2011 до 30 јуни 2012 година, во кој период се направени повеќе анализи и сумирања на одработеното, односно на постигнатото во однос на поставените цели, односно на генералната цел за целосна социјална вклученост на Ромите, преку добри резултати во образованието, соодветно домување и здравствена состојба, пристојно вработување, како и поседување лични документи и уживање еднакви права и живот без дискриминација.27

5.1.2.Надлежности од локално ниво Како и останатите единици на локалната самоуправа, со територијалната организација во 2004 година и со процесот на фискална децентрализација, општината Шуто Оризари ги стекна истите надлежности како и останатите општини во државата. Согласно на законска-

‘26

Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ 2010-2020 г., достапна на: http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/SocialExclusion%20Starategy%20MK%20final%20word.doc

27 Република Македонија, Програма за претседателство со Декада за вклучување на Ромите 2005-2015.

26


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 27

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

та регулатива од овој домен,28 општината ги има следните надлежности кои се во непосредна или индиректна релација со подобрувањето на социјалната вклученост во областа домување: - Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште; - Заштитата на животната средина и природата - мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење; - Локалниот економски развој - планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство; - Комуналните дејности - снабдувањето со вода за пиење; испораката на технолошката вода; одведувањето и пречистувањето на отпадните води; јавното осветлување; одведувањето и третманот на атмосферските води; одржувањето на јавна чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; снабдувањето со природен гас и топлинска енергија; одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги; изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација; изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; отстранувањето на непрописно паркираните возила; отстранување на хаварисаните возила од јавните површини; изградбата и одржувањето на пазарите; чис-

28

Закон за локалната самоуправа. Службен весник на РМ бр. 5/2002

27


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 28

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

тењето на оџаците; одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини; регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови; определувањето на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти; - Културата - институционалната и финансиската поддршка на културните установи и проекти; негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво; - Спортот и рекреацијата - развојот на масовниот спорт и рекреативните активности; организирањето на спортски приредби и манифестации; одржувањето и изградбата на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи; - Социјалната заштита и заштита на децата - детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; децата без родители и родителска грижа; деца со воспитно-социјални проблеми; деца со посебни потреби; децата од еднородителски семејства; децата на улица; лицата изложени на социјален ризик; лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол; подигање на свеста на населението; домување на лица со социјален ризик; остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита; - Образованието - основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови; - Здравствената заштита - управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на 28


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 29

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон; - Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив; - Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици; - Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и - Други работи определени со закон. Дополнително на ова, согласно на Законот за домување,29 единиците на локалната самоуправа во рамките на своите надлежности, а во согласност со законските прописи и државната стратегија за домување, ги следат и планираат потребите за домување на своето подрачје за што донесуваат годишна програма и преземаат мерки и активности за нејзина реализација.30 Оваа годишна програма ја донесува Советот на општините и Градот Скопје, која особено треба да содржи: 1. Обем, локација и динамика на изградба на сопствено домување и домување под закуп; 2. Мерки за поттикнување на градење и реновирање на станови и посоодветно користење во постојниот станбен фонд на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје; 3. Мерки за домување од архитектонски и градежен аспект со цел за обезбедување на соодветно домување за лицата со попреченост; 4. Обезбедување на потребна помош за употреба на станот и

29

Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10

30

Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10, член 100

29


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 30

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

5. Метод за обезбедување на соодветни форми за помош со основање и функционирањето на непрофитни организации за домување.31 Истиот закон ги утврдува подетално и мерките и активностите кои се во надлежност на локалната самоуправа во делот на домувањето, како и можните извори на финансирање. За извршување на годишната програма, единиците на локалната самоуправа преземаат мерки и активности кои се однесуваат на: - Обезбедување на комунална инфраструктура потребна за нормално функционирање на станбениот простор; -

Обезбедување на фондови и средства за изградба и издавање на станови со непрофитни, односно субвенционирани закупнини наменети за привремено решавање на станбените потреби на лица во социјален ризик, со површина не поголема од 45м2 без можност на купување на станот;

- Обезбедување на разни форми на сопствено или изнајмено домување кое се дава под закуп; - Обезбедување на фондови за поттикнување на изградба на станови од страна на граѓаните и - Водење регистар за евиденција на станбените згради и станови дадени под закуп. За реализација на програмата, како и за обезбедување на сопственото или домувањето под закуп, единиците на локалната самоуправа можат да користат средства од: - продажба на станови под поволни услови; - инвестирање од јавни и приватни инвеститори и слично; - фондови наменети за регионален развој и развој на руралните подрачја; - донации и други видови на помош и - од фондовите на Европската унија и други странски фондови.32 31

Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10, член 102

32

Закон за домување. Службен весник на РМ бр. 99/09 и 57/10, член 100

30


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 31

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

5.2. Механизми за намалување на социјалната исклученост во домувањето 5.2.1.Надлежности од централно ниво Во рамките на постојниот Акциски план за домување предвидени се разнородни активности во насока на подобрување на условите околу домувањето за оваа ранлива група на граѓани: од нормативноправни (менување на законската регулатива и донесување применети политики, воспоставување механизми за консултирање на Ромите во процесите за донесување на одлуки, регулирање на позитивната дискриминација, поттикнување на ЕЛС за решавање на станбеното прашање на Ромите) до конкретни оперативни активности и мерки (подобрување на инфраструктурата, намалување на бројот на супстандардни домови, итн). Во делот на домувањето, предвидено е и подобрување на состојбата преку легализација на бесправно изградените објекти, што особено ќе има позитивен ефект во ромските населби, имајќи ги предвид процентуалната застапеност на дивоградбите (околу 70% од живеалиштата во ромските населби)33 и економската состојба во ромските заедници. За постигнување на овие резултати е предвидено координирање на активностите помеѓу Владата на РМ и Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), во случајов со општината Шуто Оризари, што воедно ќе претставува можност за децентрализирање на целите и на активностите од Декадата.34 Како што е веќе дефинирано во воведните делови на студијата на случај, во однос на социјалната вклученост на Ромите во Република Македонија се воспоставени политики и механизми кои на системско ниво го адресираат прашањето на домувањето, како и механизми за индивидуално решавање на проблеми на граѓаните од оваа област. Во табелата подолу се дадени податоци за општината Шуто 33

Министерство за труд и социјална политика на РМ, 2012 година. Извештај за напредокот на Декадата 2011 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk 34 Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари.

31


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 32

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Оризари во однос на резултатите од спроведувањето на политиките со претежна надлежност од централно ниво.

Табела 11. Постигнати резултати на механизмите за социјална вклученост во општина Шуто Оризари35 Механизам

Социјални станови

Постигнат резултат – национално ниво (до јуни 2012) 68 станови

Субвенциониран станбен кредит Легализација на бесправно изградени објекти

Вкупно 50 кредити одобрени во мај 2012 г. Вкупно поднесени 333.652 барања за легализација

Правна помош за легализација на бесправно изградени објекти

НРЦ: Вкупно добиени 1.519 барања за правна помош во легализација

Финансиска помош за легализација на бесправно изградени објекти

Постигнат резултат – Шуто Оризари (до септ 2012) Ниту еден во Шуто Оризари – во општината не постојат колективни станбени објекти Нема податок Сектор за урбанизам на о.Шуто Оризари: околу 5.000 поднесени барања за легализација (завршена постапка за повеќе од 500 барања)* НРЦ: 555 добиени барања за правна помош на територија на о.Шуто Оризари Хабитат: За 114 барања одобрена финансиска поддршка за спроведување на процедурата за легализација

* Од Секторот за урбанизам на општината Шуто Оризари е добиен податок за 4.943 поднесени барања (податок ноември 2012 година). Според службениците во Секторот, бројот на поднесени барања се менува, заради погрешно доставени барања од граѓаните за објекти на територијата на општина Шуто Оризари во друга општина или во општина Шуто Оризари за објект кој се наоѓа на територија на друга општина. Најчесто тоа е случај со општината Бутел (за делови на КО Бутел), со која граничи општината Шуто Оризари. Заради препраќањето на ваквите предмети од и до општината Шуто Оризари, точниот број на поднесени барања се уште не е утврден и конечен.

35 Користени се информации од повеќе страници на веб локацијата на Владата на РМ: "Конференција за подобрување на условите за домување на Ромите - инфраструктурата главен приоритет", достапно на: http://vlada.mk/node/3211; "Министерот Ставрески ги додели одлуките за првите субвенционирани кредити од "Купи куќа, купи стан", достапно на: http://vlada.mk/node/3079

32


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 33

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

5.2.2.Надлежности од локално ниво Во согласност со идентификуваните потреби на локалното население, Советот на Општината Шуто Оризари во јуни 2012 година усвоил Акциски план за домување на Ромите на општина Шуто Оризари 2012-2017 година.36 Во Акцискиот план за домување, предвидени се три приоритетни области: 1) Домување за социјално ранливи групи 2) Здравство 3) Образование За првата приоритетна област, која е планирано да се реализира во текот на 2012-2016 година, предвидени се активности за чија реализација се потребни средства во висина од 235.170 Еур (односно околу 14,5 милиони денари). Активностите во оваа приоритатна област може да се поделат во неколку групи: - Активности за утврдување на состојбата со домувањето (на пр. скенирање на урбанистичката состојба во однос на слободни места за градба; изработка на анализа за социјалната состојба во општината; јавни расправи и консултации); - Активности поврзани со изработка на документација за решавање на домувањето (на пр. изработка на проект за изградба на стамбена зграда за социјално ралнива група жители на општината; изработка на проект за водоснабдување и санитарна инфраструктура; создавање услови за изградба на социјални станови во општина Шуто Оризари); - Активности за решавање на проблемот на домување на населението кое е во критична категорија во однос на домувањето - повеќе од половина од средствата за целата приоритетна област се предвидени за оваа активност, преку која општината

36

Седница на Совет на општина Шуто Оризари, 18 јуни 2012 година

33


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 34

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

предвидува обезбедување времено сместување на најмалку 20% од семејствата кои се во т.н. критична категорија на домување, односно кои живеат во многу лоши услови; во оваа група активности е предвидено и расчистување и трајна санација на најмалку една депонија во општината Шуто Оризари; - Активности за информирање и едукација на населението (на пр. едуцирање на граѓаните за правните и техничките процедури во областа на домувањето, преку едукација на најмалку 10% од населението). Очекуван напредок во оваа приоритетна област во Акцискиот план е донесување на детален урбанистички план за општината Шуто Оризари, згрижување на најмалку 20% социјално ранливи семејства, и едукација на најмалку 10% од населението за правните и техничките процедури за домување. Дополнително, во Акцискиот план се наведува дека за инвестициите кои треба да се финансираат од проекти, потребни се околу 3 милион евра, кои не се предвидени во буџетот на Акцискиот план.

6.

Доминантен проблем во домувањето во општина Шуто Оризари

6.1. Анализа на проблемите/Студија на случај На почетокот, неизбежно е да се повтори тврдењето дека недостатокот на податоци во сите сфери, па и во домувањето претставува една од главните препреки за утврдување на обемот и соодветно адресирање на проблемите. Ова е случај и во однос на проблемите со домувањето во општина Шуто Оризари. Поаѓајќи од фактот дека не е познат дури ни точниот број на жители, тешко е да се говори за реално утврдување на потребите во сферата на домувањето во оваа заедница. Сепак, со анализата на проблемите во областа домување, реализирана од страна на Хабитат Македонија, е утврдено дека во однос на видот на живеалиштата, во општина Шуто Оризари забележливи се дијаметрални спротивности: од трошни живеалишта од најнизок стан34


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 35

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

дард до домови изградени според најсовремените градежно-архитектонски стандарди.37 Според истиот извор, положбата на населението во областа на домувањето с` уште е далеку од поволна, земајќи ги предвид локалните проблеми кои с` уште постојат: сиромашна инфраструктура, неурбанизирани делови од општината, немање пристап до водовод и канализација, слаб квалитет на електричната енергија (лоша инсталација во домовите), итн.

7.

Практично искуство

Овој дел од Студијата на случај дава преглед на тековните проекти и иницијативи во домувањето, кои се финансиски реализирани од страна на владините институции или граѓанскиот сектор. Информациите за овие проекти се добиени преку работата на Хабитат, студии и документи кои се јавно достапни преку интернет, како и од членовите на Советодавното тело и работните групи.

7.1. Проект Промовирање на правата за домување на Ромите Проект на Хабитат Македонија, финансиран од инструментот на Европската унија за демократија и човекови права, чија главната цел беше да се придонесе кон промовирањето на правата на домување земајќи ја општествената вклученост како основа, како и да послужи како стимул за понатамошното подобрување на нивниот статус во образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. Дополнително, проектот имаше за цел да ја поддржи подобрената примена на правата на домување и општествената вклученост на Ромите и другите маргинализирани групи. Овој проект38 е во согласност со целите на НАП за домување на Декадата за Ромите, бидејќи даде придонес кон интегрирање на права37 Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари. 38

Хабитат Македонија веб страница: http://www.habitat.org.mk/mkd/n_romahousing.html

35


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 36

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

та на домување како механизам за општествена вклученост и намалување на сиромаштијата кај Ромите, подобрување на капацитетите на локално ниво за учествување во процесите за носење одлуки и олеснување на примената на правата на домување на Ромите, и зацврстување на механизмите за примена на правата на домување на Ромите на локално ниво. Со проектот, меѓу другото, беа изработени четири основни студии за домување, од кои една за општината Шуто Оризари, и која беше искористена како основа за надградба на препораките, односно за изработка на оваа студија на случај.

7.2. Фонд за домување на Роми и маргинализирани Овој проект се реализира преку партнерство на Хабитат Македонија и Фондацијата за економски развој Хоризонти. Главна цел на ова партнерство е подобрувањето на условите на живеење на Ромите на територија на Република Македонија во општините: Прилеп, Кочани, Битола, Велес, Струмица и територијата на град Скопје со посебен акцент на општината Шуто Оризари преку обезбедување микрозаеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови. Фондот за домување на Роми и маргинализирани се реализира преку кредитна линија ДОМ која нуди микрозаеми до 2.500 Евра со рок на отплата од 18 до 30 месеци. До сега, преку проектот се опфатени 435 ромски и маргинализирани семејства со заем за реконструкција и реновирање, односно 343 ромски и маргинализирани семејства со завршени реконструкции/реновирања.39 Според овие податоци, 73% од заемите за реконструкции во рамките на Фондот за Роми и маргинализирани се реализирани во домови во Шуто Оризари. Во однос на вкупното население во општината, постигнатите резултати покажуваат унапредување на домувањето. 39

Хабитат Македонија веб страница: http://www.habitat.org.mk/mkd/rhprogram.html

36


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 37

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Табела 12. Фонд за домување на Роми и маргинализирани, општина Шуто Оризари (2007-2011 година) Шуто Оризари

Битола*

Други**

Вкупно

Вкупно завршени реконструкции

208

21

34

263

Просечен број на членови по домаќинство

4.91

4.39

5.16

5

64

72

74

70

13

16

14

15

113,016

93,293

94,327

100,212

23,965,000

1,985,000

3,160,000

29,110,000

Просечна површина на станбен простор (м²) Просечна површина на станбен простор по чл. на домаќинство (м²) Просечен износ на заем (МКД) Вкупна инвестиција за заеми (МКД)

* Покрај општина Шуто Оризари, општина Битола е издвоена заради потребата од споредување на постигнатите резултати во овие две општини, кои се избрани како пилот-општини за изработка на индикатори на социјална вклученост во домувањето во РМ, кои се главна цел на овој проект. ** Категоријата “други” ги опфаќа општините Велес, Кочани, Прилеп и Струмица

Табела 13. Индикатори на унапредување на домувањето во општина Шуто Оризари преку Фондот за домување на Роми и маргинализирани Опис Број реконструкции во Шуто Оризари (20072011) Вк.број на живеалишта (Попис 2002) Просечен бр.на членови Вк.број лица опфатени со реконструкциите Вкупна инвестиција за заеми (во МКД) Инвестиција по лице (во МКД)

Вредност 208 5.263 4.91 1.022

Индекс на подобрување % од вк.број живеалишта 3,95 % % од вк.население 4,64 %

23.965.000,00 23.456,00

37


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 38

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

7.3. Проект за Легализација на домувањето за Роми Хабитат Македонија, Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и Националниот ромски центар (НРЦ) на 18 јануари 2012 година потпишаа договор за соработка за имплементација на проектот “Легализација на домувањето за Роми”. Општата цел на проектот, кој ќе се имплементира во периодот од 2012 до 2015 година, е да се зголеми процентот на легализирани домови во Република Македонија. Специфичната цел на проектот е легализација на домови, преку финансиска и техничка поддршка за процесот во шест општини и тоа во Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и во Штип, каде што живее поголем број на ромско население. Проектот се имплементира во две фази. Во првата фаза, НРЦ спроведе информативна кампања во 12 општини (Чаир, Карпош, Кисела Вода, Гази баба, Ѓорче Петров, Илинден, Шуто Оризари, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип) и согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија број 23 од 24.02.2011 година) поднесе апликации за легализација на објекти за домување на Ромите во шест општини (Шуто Оризари, Куманово, Тетово, Штип, Кочани, Прилеп). Во втората фаза, НРЦ продолжи да ги води постапките за легализација и да ги остварува активностите за застапување што ќе придоне за ефективна реализација на правото на домување и за спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Во рамки на проектот “Легализација на домување за Роми”, формиран е Фонд за легализација на бесправно изградените објекти, со финансиско учество на: ФООМ и Хабитат Македонија. Фондот за легализација треба да услужи вкупно 1.376 Роми кои живеат во бесправно изградени објекти. Тие директно од Фондот за легализација добиваат бескаматен заем во износ соодветен со висината на трошоците за изработка на геодетскиот елаборат, надоместокот за легализација и на административните такси. Од почетокот на проектот, од вкупно 1.519 поднесени барања за легализација, 555 се поднесени за територијата на општина Шуто Ори38


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 39

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

зари. До декември 2012 од овие 555 поднесени барања, до Хабитат Македонија има поднесено 131 барање за заем за легализација, од кои за 30 се потпишувани договори за програмски заем, а другите се во постапка. За другите целни општини до Хабитат Македонија поднесени се 315 барања, од кои за 138 се потпишани договори за програмски заем.

7.4. Проекти за инфраструктура на Министерството за транспорт и врски на РМ Како резултат на Меморандумот за соработка, во рамките на Буџетот на Република Македонија за 2011 година (“Службен весник на Република Македонија “ број 161/2010), во Раздел 130.01-Министерство за транспорт и врски, Програма 1-Администрација, Потпрограма 11-Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка 488- Капитални дотации до ЕЛС, Потставка 48819011 Други капитални дотации, утврдени се средства во висина од 10.986.000,00 денари наменети за реализација на проекти согласно Декадата и Стратегијата за Ромите во Република Македонија и Акциониот план за домување. Со овие средства, реализирани се 7 инфраструктурни проекти, од кои ниту еден не е на територијата на општина Шуто Оризари.

7.5. Проекти за социјални станови на Владата на Република Македонија Проектот социјални станови, како една од категориите граѓани кои имаат право да ја користат поволноста на користење под закуп на социјален стан е и ромското население, согласно на Стратегијата за Ромите на Република Македонија 2005-2015 година. Врз основа на огласот објавен во 2009 година за распределба на становите изградени по Проектот за домување на социјално ранливите групи - Ф/П 1674, кој се финансира делумно со заем во износ од 25.350.000,00 Евра од Банката за развој при Советот на Европа по Договорот за заем Ф/П 1674 (2009), и 25.350.000,00 Евра од Буџетот на Република Македонија, за 2011 година доделени се вкуп39


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 40

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

но 30 станови за припадниците на ромската заедница, од кои ниту еден не е на територијата на општина Шуто Оризари, согласно на фактот што во општината Шуто Оризари до сега нема изградено социјални станови.

8.

Заклучоци и препораки

Општ заклучок за домувањето на Ромите во општина Шуто Оризари е дека во населбата постојат градби од трошни куќарки до најсовремени живеалишта, но супстандардните услови и натаму перзистираат за најголем дел од населението. Инфраструктурата во последните години доживува обновување и надградба, иако во недоволен обем. Голем број од куќите се уште не се легализирани и немаат соодветна адреса и куќен број. Поднесени се барања за легализација, и процедурите се во тек, но сепак, на населението му е потребна правна и финансиска помош за довршување на постапките и стекнување со легален, безбеден и пристоен дом за живеење. Во општината Шуто Оризари постои голема пренаселеност, и постоење на “џебови” од население кое не поседува документи за лична идентификација, што дополнително го отежнува процесот на нивно евидентирање, како и можноста за легализација на нивните живеалишта. Од користената литература и расположивите податоци, како и од консултативниот процес на изработка на студијата, произлегуваат следните препораки:

* Урбанизација и легализација: o Донесување нови и измена на постоечките детални урбанистички планови и друга техничка документација на општина Шуто Оризари, со цел внесување на сите ромски населби во плановите, односно создавање услови за стекнување право на сопственост врз живеалиштето; o Соработка со граѓанските организации за реализација на започнатата легализација на бесправно изградените објекти; 40


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 41

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

o Реализација на активностите предвидени со усвоениот Акциски план за домување, односно активно учество во барањето средства за реализација, покрај предвидените средства од општината Шуто Оризари; o Изработка на Програма за домување, согласно на Законот за домување, во која ќе бидат предвидени активности согласно на државната стратегија за домување, а за чија реализација ќе може да се бараат средства од надлежните министерства (Министерството за транспорт и врски). Дополнително, се препорачува изработка на проектна документација за проекти од областа домување кои може да се достават на разгледување и одобрување за финансирање од државните програми. Оваа програма треба да биде комплементарна со веќе донесениот Акциски план за домување, во кој се утврдува потреба од средства за реализација на поголемите инвестициски зафати; o Во соработка со Владата на РМ обезбедување средства за подобрување на целокупната инфраструктурата во населбите, приклучување на сите домови во мрежата за водовод и канализација и во системот на електрична енергија; o Изработка на план за заштита на животната средина, односно управување со цврстиот отпад, во насока на санирање на дивите депонии во и околу населбата. Согласно на Законот за животна средина и просторно планирање, се препорачува изработка на проектна документација за проекти кои може да бидат доставени за разгледување и одобрување на финансирање од државните програми (Министерство за животна средина и просторно планирање).

* Проактивно учество во реализацијата на политиките за социјална вклученост на Ромите: o Организирање активност за собирање податоци за бројноста на населението во општината Шуто Оризари, како прв чекор во одредување на бројот на жители на територијата на општината, особено со цел утврдување на бројот лица без лична документација. И покрај претстојниот попис на кој ќе бидат еви41


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 42

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

дентирани граѓаните кои поседуваат документи за лична идентификација, општината Шуто Оризари треба да спроведе активност за утврдување на населението кое нема правна можност да биде опфатено со пописната активност. o Обезбедување бесплатни правни совети и информирање на Ромите во делот на легализацијата на бесправно изградените објекти, со цел остварување на правото на легален, безбеден и пристоен дом во заедницата во која живеат, работат и придонесуваат.

42


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 43

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

9.

Библиографија

-

Генерален урбанистички план на Градот Скопје 2001-2020 година, достапен на: http://app.gov.mk/uploads/uplan03_detail.pdf

-

Државен завод за статистика (2005). Попис 2002 година, достапно на: http://www.stat.gov.mk

-

Државен завод за статистика (2012). Процени на населението на 30.06.2011 и 31.12.2011 според полот и возраста, по општини и статистички региони, достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.08.pdf

-

Државен завод за статистика (2012). Основни и средни училишта на почетокот на учебната 2011/2012 година. достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.04.pdf

-

Закон за домување, Сл. весник на РМ бр. 99/09 и 57/10

-

Закон за постапување со бесправно изградени објекти, Сл. весник на РМ бр. 23/11 и 54/11

-

Закон за социјална заштита, Сл. весник на РМ бр. 20/06

-

Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Сл. весник на РМ бр. 61/04

-

Закон за субвенционирање на станбен кредит, Сл. весник на РМ бр. 158/11

-

Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, Сл. весник на РМ бр.49/96

-

Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Сл. весник на РМ бр.55/04

-

Институт отворено општество (2010). “Нема податоци – нема напредок, прибирање на податоци во земјите учеснички во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015”, стр. 40.

-

Министерство за транспорт и врски на Република Македонија (2007). Стратегија за домување на Република Македонија (2007-2012 г.)

-

Министерство за транспорт и врски на Република Македонија (2007). Акциски план за имплементација на Стратегијата за домување на Република Македонија (2007-2012 г.)

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за образование, Декада на Ромите 2005-2015 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за здравство, Декада на Ромите 2005-2015 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за вработување, Декада на Ромите 2005-2015 година

43


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 44

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2004). Национален акционен план за домување, Декада на Ромите 2005-2015 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2005). Стратегија за Ромите во Република Македонија 2005-2015 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за образование, Декада на Ромите 2005-2015

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за вработување, Декада на Ромите 2005-2015

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за здравство, Декада на Ромите 2005-2015

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2006). Оперативен план за домување, Декада на Ромите 2005-2015

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2009). Ревизија на Националните акциски планови од „Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015” и Стратегијата за Ромите во Република Македонија за период 2009-2011 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2010). Национален акциски план за унапредување на општествената положба на Ромките во РМ (2011-2013 г.)

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2010). Програма за работа и Акционен план за Ромските информативни центри-РИЦ за периодот 2010-2012 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2010). РИЦ Скопје Извештај за 2010 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2011). Извештај за состојбата со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2011). Годишен извештај за имплементација на Националниот акциски план за унапредување на општествената состојба на Ромките во Република Македонија 2011-2013 година

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2012). Извештај за напредокот на Декадата 2011 година, достапно на: www.mtsp.gov.mk

-

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (2012). Стратегија за интензивирање на социјалната инклузија на Ромите во системот на социјална заштита во Република Македонија за периодот 2012 – 2014 година

-

Национален ромски центар (2012). Извештај за прва фаза од реализација на проектот “Легализација на домови за Ромите”, достапно на: http://static.natio-

44


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 45

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

nalromacentrum.org/pdf/roma-housing/domuvanje-izvestaj-faza1.pdf -

ОБСЕ (2010). Акционен план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување во ОБСЕ

-

ОБСЕ (2010). Извештај за состојбата (во врска со) спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ

-

Прогрес Институт (2012). Социјална слика на Република Македонија во 2012. Зошто сме на прво место во светот по мизерија и како да им се помогне граѓаните

-

УНИЦЕФ (2012). Проценка на патронажната служба со анализа на еднаквост во Република Македонија.

-

Хабитат Македонија (2011). “Домувањето на сиромашното население – фокус на Ромите во Република Македонија”.

-

Хабитат Македонија (2011). Основна студија за домување: Анализа на локалните проблеми на Ромите во општина Шуто Оризари.

-

Decade Watch Report (2008) for the Republic of Macedonia [Извештај за имплементацијата на Декадата за Ромите во Република Македонија]

-

ECMI (2006). Annual Report of European Centre for Minority Issues for 2005.

-

Government of the Republic of Macedonia (2005) Report of the Republic of Macedonia in Millenium Development Goals for 2004.

Веб локации: -

Влада на РМ, официјална веб страница: www.vlada.mk

-

Државен завод за статистика, веб страница: http://www.stat.gov.mk

-

Министерство за труд и социјална политика на РМ, официјална веб страница: www.mtsp.gov.mk

-

Министерство за транспорт и врски на РМ, официјална веб страница: http://www.mtc.gov.mk

-

Министерство за финансии на РМ, официјална веб страница: www.finance.gov.mk

-

УНДП: http://www.undp.org/content/undp/en/home.html

-

Универзитет на Југоисточна Европа, веб страница: http://seeu.edu.mk

-

Хабитат Македонија, официјална веб страница: http://www.habitat.org.mk

45


46 Субвенција за кредит за купување стан директно од инвеститор/ изведувач или градба на куќа

Субвенциониран станбен кредит

Цел на активноста Доделување социјални станови на користење

Механизам

Целна група

Карактеристики и услови Општи услови: Категории граѓани утврдени со Одлуката за распределување на социјални станови: - Деца без родители - Корисници на социјална и постојана парична помош - Инвалидизирани лица и лица на кои им е потребна него од трето лице и нивните семејства - Припадници на ромската популација - Самохрани родители со малолетни деца. Општи карактеристики: - Износ: до 50.000 Евра - Рок на отплата: 20-30 години Модели на субвенцијата: 1) Субвенција на половина месечен ануитет - Владата покрива 50% од месечната рата (главнина и камата) во првите 5 години од отплата на кредитот - Каматата изнесува 4,99% за првите 3 години и 5,5% за 4-та и 5-та година 2) Субвенција на половина учество Услови: - Ограничување на цената на станот (до 900 Евра/м2)

13.01.2013 13:56

Семејства со ниски примања Вкупните месечни примања на поединецот или брачните другари да не бидат повеќе од 900 евра Други услови: - Подносителот да нема на свое име стан или куќа или да има сано еден стан или куќа што го продава заради купување поголем стан или куќа; - Купувањето на стан е ограничено на купување директно од инвеститорот или изведувачот; - Градбата на куќа е ограничена на градење новоградба за која се

Социјално загрозени лица, кои: - се државјани на РМ; - имаат постојано живеалиште на територијата на општината каде е изграден социјалниот стан; - немаат стан во лична сопственост, сопственост на брачниот другар или на сопствени полнолетни деца.

10.

Социјални станови

Orizari mk.qxd Page 46

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

Прилог 1. Детален приказ на механизмите за социјална вклученост на Ромите во домувањето


Ослободување од надоместоци за административни такси и надоместоци за добивање на потребни документи за легализација на дивоградби Обезбедување кредит за покривање на трошоците за легализација

Обезбедување правен совет и правна помош при доставување барање за утврдување на статус на бесправно изграден објект

Легализација на бесправно изградени објекти

Правна помош за легализација на бесправно изградени објекти

Целна група

Социјално загрозени лица Посебни категории: - Ромско население

Доставување барање за правна помош или доставување на документацијата од предметот за кој се бара правна помош

Доставување барање со апликација за кредит Намена на кредитот: За изработка на елаборат и дополнителна документација кон барањето за утврдување на правниот статус на бесправно изграден објект

Доставување соодветен документ за докажување на припадност на посебните категории (опишани кај целна група), при доставувањето на барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект

Карактеристики и услови

13:56

Социјално загрозени лица Посебни категории: - Ромско население

обезбедени сите документи (дозволи одобренија за градба) - Висината на делот од кредитот кој се субвенционира е ограничена на 50.000 Евра Социјално загрозени лица Посебни категории: - Ромско население - Корисници на социјална и постојана парична помош

13.01.2013

Финансиска помош за легализација на бесправно изградени објекти

Цел на активноста

Механизам

Orizari mk.qxd Page 47

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

47


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 48

ИНДИКАТОРИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ДОМУВАЊЕТО

11.

Прилог 2. Состав на Советодавно тело и работни групи на проектот

11.1. Советодавното тело на проектот „Индикатори за социјална инклузија во домувањето” Име и Презиме Марија Поповска Мабера Камбери Елвис Мемети Ленче Бајкова Сузана Камческа Даница Павловска Севѓул Абдула Ерџан Селими Александра Вуковиќ Софија Спасовска Моника Петрушевска Сервет Демири Сара Шабани Ремзи Медиќ Санела Емин Неда Милевска Венда Аџиева

48

Организација/институција Министерство за труд и социјална политика на РМ Министерство за труд и социјална политика на РМ Министерство за труд и социјална политика на РМ Министерство за транспорт и врски на РМ Министерство за транспорт и врски на РМ Национален комитет Хабитат (Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ) Влада на Република Македонија Кабинет на министер без ресор Влада на Република Македонија Кабинет на министер без ресор Секретаријат за европски прашања Министерство за труд и социјална политика на РМ, Одделение за социјална инклузија Министерство за локална самоуправа на РМ Министерство за локална самоуправа на РМ ЗЕЛС Здружение „Баирска Светлина” Здружение „Ромско Тркало” ЦРИС Студиорум Хабитат Македонија


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 49

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

11.2. Работна група за Студијата на случај за општина Шуто Оризари Име и Презиме Санела Емин Сеад Далипи Енис Далипи Ерхан Фејзов Мирсада Селими Асип Селими Даниел Петровски Дениз Османи Енвер Иљазов Бранислав Петровски Мелиса Мемиш Орхан Асан Демир Шаин

Организација/институција Здружение „Ромско Тркало” Претставник на заедницата Претставник на заедницата РИЦ – Шуто Оризари Здружение „Ромско Тркало” Здружение „Ромско Тркало” Здружение „Ромско Тркало” Здружение „Детска Надеж” Советник во општина Шуто Оризари Здружение „Романо Ило” Здружение „Детска Надеж” Здружение „Детска Надеж” РИЦ – Шуто Оризари

11.3. Работна група за Студијата на случај за oпштина Битола Име и Презиме Ремзи Медиќ Татјана Танчева Петковска Виолета Налевска Ајрединов Омер Селвета Медиќ Адемовска Селма Билјана Димитриевска Самедин Канановски

Организација/институција Здружение „Баирска Светлина” Општина Битола – Локален економски развој (ЛЕР) Општина Битола – Локален економски развој (ЛЕР) Здружение „Баирска Светлина” Здружение „Баирска Светлина” Ромска здравствена медијаторка (РЗМ) Здружение „Баирска Светлина” Здружение „Баирска Светлина”

49


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 50

Издавач: Здружение за хумано домување Хабитат Македонија Никола Парапунов бб, Mакотекс 1 кат 1000 Скопје, Македонија www.habitat.org.mk За издавачот: Зоран Костов Извршен директор Проект: Индикатори за социјална инклузија во домувањето Проектот е финансиран од Европската унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) Автор: Центар за регионални истражувања и соработка "Студиорум" Лектор: Борче Апостолов Графички дизајн: Златко Ангелов Печати: Аркус Дизајн Скопје, декември 2012 Тираж: 100 примероци


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 51

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Хабитат Македонија и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 365.4(=214.58:497.711)(047.31) СТУДИЈА на случај општина Шуто Оризари. - Скопје : Хабитат-Македонија, 2013. - 52 стр. ; 21 см Фусноти кон текстот. - Публикацијата е во рамките на проектот: "Индикатори за социјална инклузија во домувањето. - Библиографија: стр. 41-44. - Содржи и: Прилог 1-2 ISBN 978-608-65006-9-6 а) Роми во Македонија - Домување - Шуто Оризари - Истражувања COBISS.MK-ID 93035018


Orizari mk.qxd

13.01.2013

13:56

Page 52



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.