Прирачник за занаети

Page 1



С ОД Р Ж И Н А

ЅИДАРСКИ РАБОТИ 4

МОНТАЖЕРСКИ РАБОТИ СО ГИПСКАРТОН

14

ФАСАДЕРСКИ РАБОТИ 24

МОНТАЖА НА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ

32

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА 42 ЗАШТИТА НА ОКОЛИНАТА 46


ЅИДАРСКИ РАБОТИ

>> СОДРЖИНА 1. Материјали за ѕидање 2. Алатки за работа 3. Постапка на монтажа и изведба на ѕидови

-4-


1. Материјали за ѕидање 1.1 Тули Тулите се керамички производи кои се наменети за ѕидање на ѕидови со различни дебелини. За ѕидањето на ѕидови денес се користат обични тули, блокови и термо блокови. Користењето на блокови при градбата го намалува времето на изведба на ѕидот и потрошувачката на врзивен малтер. За да биде работата правилно изведена, пред сѐ мора да се има точен план на градба и план за потребниот материјал. Ѕидовите мора да се вертикални за да се обезбеди стабилност, како на самиот ѕид така и на објектот. За да се спојат поединечните елементи, мора да се употреби малтер. За да се изѕида добар ѕид, мора да се знаат правилата на ѕидање и мора да се има потребниот алат. Тулите мора прво добро да се исчистат за да може малтерот подобро да се залепи за нив. Мора да имаат доволно влажност за да не остане малтерот без потребната влага при врзувањето. При ѕидањето ѕидарот треба правилно да ги поставува тулите – секоја тула ја поставува со рака во постелка од малтер. Ја дотерува положбата со рака или со чеканче. Доколку не е правилно поставена, ја вади од редот, ја чисти од малтерот и повторно ја вградува. Се препорачува ѕидањето да се изведува на температура од +5 до +25°C. Керамички шуплив блок

Обична тула

Итонг (Ytong) термоизолациски блокови

Термоизолациски блокови

Итонгот е материјал кој е произведен од природни суровини, припаѓа во еколошките градежни материјали и овозможува здраво живеалиште. Како материјал тој е добар топлински и звучен изолатор, има добра пожарна отпорност, висока сеизмичка отпорност, лесен е за работа и овозможува 2,5 пати побрза градба во однос на керамичките блокови. -5-


Различни типови на фасонски

1.2 Врзивно средство – малтер Врзивно средство при ѕидање на еден ѕид од тули и блокови е малтерот. Тоа е смеса од врзивно средство (вар или цемент), песок и вода. Може да се подготви рачно или машински. Најчесто се користи цементен или продолжен малтер. Малтерот служи за пополнување на хоризонталните и вертикалните споеви (фуги) меѓу тулите. Дебелината на вертикалните фуги треба да биде 1 cm, a на хоризонталните фуги од 1 до 1,2 cm. Доколку фугите не се исполнети доволно со малтер, разликата се додава со помош на мистрија. Денес се користат готови смеси на вар и цемент на кои им се додава само песок и вода.

 Цементен малтер Се прави со мешање на цемент и песок, на кои им се додава вода додека масата не стане пластична. Се прави во размер 1 : 1; 1 : 2; 1 : 3 и 1 : 4 (цемент : песок). За фугирање и малтерисување на површини кои треба да бидат водонепропустливи (однос 1 : 1), за ѕидање на тенки ѕидови и надворешно малтерисување на цокле (однос 1 : 2), за надворешно малтерисување и за ѕидање на многу оптоварени ѕидови (однос 1 : 3 и однос 1 : 4). Тоа е најцврст малтер кој е истовремено отпорен на вода. -6-


 Продолжен малтер Се прави со мешање на цемент, песок и вар, на што се додава вода додека масата не стане пластична. Се прави во размер 1 : 1 : 5; 1 : 1 : 6; 1 : 2 : 5; 1 : 2 : 6 и 1 : 3 : 9 (цемент : вар : песок). Се користи за внатрешно и надворешно малтерисување, за ѕидање на носечки ѕидови и ѕидови подложни на влага, за надворешно малтерисување на цокле, за надворешно малтерисување и за ѕидање на многу оптоварени ѕидови. Лесно се обработува и има голема цврстина и отпорност на атмосферските влијанија. За ѕидање се користи однос 1 : 2 : 6 и 1 : 3 : 9.

2. Алатки за работа При ѕидање на ѕидови се користат различни алатки за извршување на различни операции:

1. Мистрија; 2. Фангла; 3. Пердашка; 4. Конец; 5. Глетарка; 6. Молив; 7. Либелa; 8. Чекан; 9. Ѕидарско метро; 10. Винкла; 11. Цревна либела (за вагрес); 12. Клешта; 13. Висок; 14. Хебла; 15. Кофа; 16. Секира; 17.Кабел; 18. Дрвено коритo

-7-


 Практична примена на алатот за работа:

 Организација на работното место:

-8-


3. Постапка на монтажа и изведба на ѕидови 1. Обележување и подготовка на подлогата каде што ќе се ѕида ѕидот:

2. Поставување на првата тула и нејзино нивелирање:

3. Затегање на конец за да се одреди правецот на ѕидањето:

-9-


4. Поставување на втората тула со нанесување на малтер на вертикалните споеви:

5. Поставување на другите тули:

6. Нанесување на малтер врз првиот ред тули:

- 10 -


7. Доѕидување на преостанатите редови тули:

8. Отстранување на вишокот малтер:

9. Чистење на ѕидот од нечистотии, остатоци од малтер при ѕидањето, оплатени делови премачкани со масло:

- 11 -


10. Малтерисување на ѕидот со претходно нанесување на шприц од редок малтер. Изработка на „маркери“ од малтер:

11. Завршна обработка:

- 12 -


- 13 -


МОНТАЖЕРСКИ РАБОТИ СО ГИПСКАРТОН

>> СОДРЖИНА 1. Материјали за изведба на преградни ѕидови од гипскартонски плочи 2. Алатки за работа 3. Постапка на монтажа и изведба на ѕидови

- 14 -


1. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДБА НА ПРЕГРАДНИ ЅИДОВИ ОД ГИПСКАРТОНСКИ ПЛОЧИ 1.1 Гипскартонски плочи Гипскартонските плочи се индустриски произведени градежни плочи од гипс обострано обложено со лепенка. Се изработуваат со должина од 150 до 300 см, ширина од 60 до 125 см и дебелина од 9,5 до 25 мм. Лесни се и еластични, можат лесно да се виткаат, лесно се сечат и монтираат на дрвена или метална потконструкција, па завршно се обработуваат и се бојат. Од тие причини денес многу често се користат за таканаречената сува градба на преградни ѕидови, за обложување на постојните ѕидови, за изведба на спуштени плафони и слично. Гипскартонските плочи се наменети за изведба, односно преградување на внатрешниот простор. Со овие плочи се изведуваат преградни ѕидови со добра звучна и топлинска изолација. Најчесто се среќаваат следните видови плочи: Обична или бела гипскартонска плоча Водоотпорна или зелена гипскартонска плоча наменета за преградување на простори во кои има појава на влага, како на пример, за бањи

Огноотпорна или розова плоча, која има поголема отпорност на пожар

- 15 -


1.2 Потконструкција Потконструкцијата се состои од метални профили од кои најчесто застапени се UW профилите кои се поставуваат хоризонтално, и CW профилите, кои се поставуваат вертикално. 1.3 Дихтунг (заптивна) лента Еден од најважните елементи при монтажа на гипскартонските конструкции е ДИХТУНГ лентата која се поставува меѓу профилите и конструкцијата на која се местат (ѕид, тули, бетон). Овие гуми се самолепливи и се нанесуваат на самиот профил при монтажа. Лентите даваат добро дихтување и подобра топлинска и звучна изолација на контактот. Затоа, при изведба на гипскартонски конструкции не заборавајте ги овие ленти. 1.4 Топлинска и звучна изолација При изведба на преградни ѕидови од гипскартонски плочи најчест материјал кој се користи за топлотна, а пред сѐ за звучна изолација, е камената волна, која се добива од природни суровини. Трајна е и непроменлива за цело време на нејзиното користење, а истовремено и не гори. Не смее да се натопи, бидејќи тогаш не е топлотен изолатор. 1.5 Завртки (шрафови) Завртките се употребуваат за прицврстување на гипскартонските плочи за потконструкцијата. Шрафовите со типли се користат за прицврстување на потконструкцијата за подлогата, која може да биде од бетон или тула. - 16 -


1.6 Прајмер и маса за бандажирање Прајмерот се користи за обработка на површината пред да се исполнат фугите со маса за фугирање. Масата за фугирање се поставува едноподруго, во два слоја, а може и во три слоја. Таа на спојот се нанесува и се обработува со соодветен алат. 1.7 Бандаж лента Бандаж лентата служи за зголемување на јачината на спојот на две плочи, за да не се појават пукнатини.

1.8 Аголни лајсни Кога се прават отвори во гипскартонот, на краевите и аглите на ѕидот се поставуваат соодветни ПВЦ или алуминиумски лајсни. Овие лајсни се поставуваат за да ги зацврстат овие слаби места.

2. АЛАТКИ ЗА РАБОТА При изведба на преградните ѕидови се користат различни алатки за различни операции при работата, како што се: сечење и кроење по мера на гипскартонска табла, обработка на краеви и агли, прицврстување за потконструкцијата, алат за обработка на фуги и друг помошен алат: метро, васер вага и др.

- 17 -


* Прикажаните алатки се дел од асортиманот на производи на KNAUF

- 18 -


3. ПОСТАПКА НА МОНТАЖА НА ЅИДОВИ 1. Обележување на местото каде што ќе се изведе ѕидот 1

2. Сечење на профили по мера 2-2

2-1

3. Лепење на дихтунг лента 3

- 19 -


4. Прицврстување на потконструкцијата 4-3

4-2

4-1

5. Поврзување на профилите со специјална клешта

5-2

5-1

6. Кроење на гипскартонските плочи по мера 6-2

6-1

7-2

7. Обработка на аглите и краевите

7-1

7-2

- 20 -


8. Поставување на плочите од една страна

8-1

8-2

8-3

9. Отсекување на вишокот од плочите 9-1

10. Спроведување на инсталациските кабли 10 - 1

11. Поставување на изолација 11 - 1

11 - 2

- 21 -


12. Поставување на плочите од другата страна на ѕидот, затворање на ѕидот: 12 - 1

13. Импрегнација на спој на две плочи и бандажирање:

13 - 2

13 - 1

14. Поставување на втората плоча на ѕидот: 14 - 1

15. Отворање на отвори за дозни: 15 - 1

- 22 -


16. Бандажирање на споевите на втората плоча која го оформува ѕидот: 16 - 1

17. Завршна обработка на фугите пред импрегнација и глетување на целиот ѕид. 17 - 1

* Прикажаните операции на изведба се од презентациите на KNAUF.

- 23 -


ФАСАДЕРСКИ РАБОТИ

>> СОДРЖИНА 1. Материјали за изведба на фасада со стиропор 2. Алат за изведба на фасади со стиропор 3. Постапка за изведба на фасади со стиропор

- 24 -


1. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДБА НА ФАСАДИ СО СТИРОПОР 1.1 Термоизолациски материјал – EPS (стиропор) Термоизолациските материјали за изведба на КС- и НТИ-композитни системи за надворешна топлинска изолација на фасада од стиропор, попозната кај народот како „ДЕМИТ“ фасада, се: • Стиропор, 15-17 кг/м³ EPS-F (најчесто во бела боја, со дебелина од 8 до 12 см)

• Графитен или сив стиропор со подобрени изолациски својства

• Почетна алуминиумска лента

• Подлога за лепило – прајмер

- 25 -


• Лепило за стиропор Минерално лепило кое се поставува во ширина од 5 см по сите страни на плочата и во средина минимум 3 точки по 10 см. Лепилото треба да покрие помалку од половина од површината на плочата. Со лепило не се рамни подлогата.

• Стаклена мрежа, минимум тежина 145 гр/м²

• Типли Типлите служат за додатно прицврстување на плочите за подлогата. Добро е да се поставуваат на оние места на плочата каде што сме поставиле лепило.

• Различни типови на профили за агли, окапник, допир со прозорец и врата, дилатација, приклучок на фасада кај лимени опшивки. Се ставаат за да не пукне спојот на различни материјали.

- 26 -


• Самолеплива лента која се поставува на окапи

• Полиуретан пена – ПУР

• Завршен слој (абриб), кој го има повеќе типови: - Минерално прашест - Силиконски - Силикатен - Акрилен флексибилен Завршниот слој се поставува на исушено лепило минимум еден ден подоцна. Ако има прашина на него, треба пак да се помине со подлога. Не треба да се поставува кога има ветер, силно сонце или дожд.

2. АЛАТИ ЗА ИЗВЕДБА НА ФАСАДИ СО СТИРОПОР При изведба на фасада со стиропор се користат различни алатки за различни операции при работата, како што се:

- 27 -


• Кофа, конец во боја, метро, водо вага, • Бормашина, машина за мешање на лепило • Електрична машина за сечење на стиропор со помош на загреана жица (ако немаме, тогаш пила со ситни заби) • Метална глетарка со заби • Шпакла, мистрија, метално ренде, шмиргла, молерска четка, скалпел • Метална летва од 3-4 метри, длето, чекан.

- 28 -


3. ПОСТАПКА ЗА ИЗВЕДБА НА ФАСАДИ СО СТИРОПОР 1. Поставување на почетна алуминиумска или ПВЦ-лајсна која се поставува на минимум 30 см од тротоарот:

2. Премачкување на подлогата со прајмер:

3. Сечење на стиропорот со жешка жица:

4. Нанесување на лепило на плоча од стиропор:

- 29 -


5. Лепење на стиропорните плочи:

6. Поставување на типли (анкери) на плочите:

- шема на поставување на типли

7. Поставување дополнителна мрежа на аглите на прозорците и вратите, поставување аголен профил и профил околу прозорците:

- 30 -


8. Поставување на лепило над плочите со глетарка. Лепилото се поминува со назабена глетарка, и тоа оддолу нагоре. Во така назабеното лепило се става мрежата и потоа со мазна глетарка се притиска мрежата и слојот се зарамнува. Преклопот на мрежата треба да е 10 см:

Потоа се става втор слој лепило, кој треба да биде што потенок: 9. Изработка на завршниот слој:

- 31 -


МОНТАЖА НА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ

>> СОДРЖИНА 1. Видови на прозорци и врати 2. Што се ПВЦ-прозорци и врати? 3. Материјали потребни за работа и монтажа 4. Алат потребен за монтажа на прозорци и врати 5. Постапка за монтажа на разни видови прозорци и врати

- 32 -


1. Видови на прозорци и врати Се делат на два вида: • Внатрешни врати • Надворешни прозорци и врати. 1. Внатрешните врати се делат на: − собни – стански врати, различни типови, според нивните материјали на изведба − влезни врати – кои може да бидат сигурносни или стандардни со брава.

2. Надворешните прозорци и врати се делат на: − ПВЦ-прозорци и врати − дрвени прозорци и врати − алуминиумски прозорци и врати.

- 33 -


2. Што се прозорци и врати од ПВЦ? ПВЦ-прозорци и врати може да бидат прозорци, врати и портали што имаат рамки од ПВЦ-материјал, застаклени со стакло-пакети со добри изолациски својства. Терминот ПВЦ е фибер-армирана пластика што се користи за изработка на прозорци и врати, познати како дограма, за топлотна и звучна заштита. ПВЦ-прозорците имаат супер дихтување и лесни се за отворање. Ја подобруваат изолацијата на објектот. Материјалот е издржлив и гарантира долг животен век. Со тоа, потребната сила при отворање и затворање на прозорецот значително се намалува. •

Со ПВЦ-прозорците се подобрува и звучната изолација

• Со прозорските системи од ПВЦ потрошувачката на енергија ја имате под контрола. Големата изолација на профилите овозможува зачувување на топлината внатре, а со тоа и помала потрошувачка на електрична енергија – и тоа до 70 % помала потрошувачка отколку кај старите прозорци.

- 34 -


• ПВЦ-рамки

5-коморен профил со двојно застаклување

6-коморен профил со тројно застаклување

3. Материјали потребни за работа – монтажа на прозорци и врати 1. Прозорци и балконски врати

2. Кајли-подлошки

- 35 -


3. Полиуретан пена – ПУР пена

6. Шрафови со различни димензии:

7. Оков:

4. Самолеплива лента – дихтунг лента која се поставува околу прозорскиот отвор.

5. Силикон

- 36 -


4. Алати потребни за монтажа на прозорци и врати • Метро, водо вага за вагрес • Батериска шрафилица • Електрична машина за сечење на каси и первази • Тесла, хебла, инбус, пиштол за пена, шрафцигер • Гумен чекан • Гумена лопатка • Шпакла • Вакуум гума • Клучеви

- 37 -


5. Постапка за монтажа на ПВЦ-прозорци и врати 1. Земање на точни мери и нивна проверка на самото место според шема на прозорци и врати:

2. Кроење и изработка на рамките од прозорците и вратите според земените мери: ПВЦ-прозорецот се подготвува во фабрика според дадените мери од објектот, според шема на прозорци и врати и проверка на димензиите на самото место.

- 38 -


- прво се пристапува кон монтирање на касите:

- тоа се прави со помош на алатките, се користи либела да се израмни хоризонтално, зашто доколку не е рамно прозорецот нема да може да се затвора и ќе ја испушта топлината, - потоа се шрафи со батериска шрафилица, - околу шуплините помеѓу ПВЦ-профилот и тулите се исполнува со пур пена и се остава да се стегне. 3. Околу отворот се става дихтунг лента:

4. Следна е монтажата на крило. - прво се монтираат шарките, се закачува крилото кое е комплетирано со останатиот оков:

- 39 -


5. На крајот се монтира стаклото, кое се фаќа со вакуум гума, се вадат лајсните со помош на гумена лопатка, се става стаклото и се враќаат лајсните со гумен чекан. Доколку има потреба, се ставаат кајли или подлошки во долниот предел помеѓу стаклото и ПВЦ-профилот за да се стегне и да нема простор за да се помести стаклото:

6. Околу се опшива – се затвора со соодветен материјал за внатрешна обработка (гипскартон или малтер), додека однадвор со шпалетни од стиропор или други фасадни материјали:

7. На крајот се монтираат рачки и се штелува со инбус и шрафцигер по потреба:

- 40 -


8. Во некои случаи се китира и силиконизира:

Сите овие делови мора да се изведат добро, бидејќи топлотните загуби се најголеми околу прозорските отвори

- 41 -


ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

- 42 -


Заштита при работа Основна работа при изведба на која било градежна операција е заштитата на животот и здравјето на луѓето кои ја вршат оваа градежна дејност. За таа цел сите учесници во изведбата на ѕидови мора да се соодветно облечени со заштитна облека, која ќе ги прави препознатливи за другите учесници во градбата, а нив ќе ги штити од некои несакани настани што може да се случат во текот на градбата.  Заштитни шлемови кои го штитат изведувачот од несакани удари по главата

 Маски за дишење кои го штитат изведувачот од вдишување на прашина

 Заштитни чевли кои ги штитат стапалата од нагазување на остри предмети и удари

 Заштитно елече

- 43 -


 Заштитна облека која го штити телото од прскање и запрашување на различни материјали

 Појас за работа на височини

 Заштитни очила кои ги штитат очите од прашина и прскање на течност

 Заштитни ракавици кои ги штитат рацете од прашина и хемикалии

- 44 -


- 45 -


ЗАШТИТА НА ОКОЛИНАТА

- 46 -


Заштита на околината По завршувањето на работните активности, алатот за работа и просторот во кој се изведувале работите треба да се исчистат од целокупниот отпад:

При миење и чистење на алатот строго е забрането отпадната вода да се фрла во одводот, за да не дојде до негово затнување, а отпадот да се фрла во природна средина. Целокупниот отпад од градежни материјали треба да се фрла во места специјално назначени за тоа (контејнери):

Доколку постојат услови за тоа, градежниот отпад може и да се рециклира:

- 47 -


ПВЦ е материјал кој може да се рециклира.

На тој начин се придонесува за заштита на природната околина и на планетата Земја, за да биде зелена, чиста и здрава.

- 48 -


- 49 -


Проект: Одржливи модели за вработување на Ромите

Подготвил:

- 50 -




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.