Прирачник за вработување

Page 1

Проектот е финансиран од Европската Унија

ПРИРАЧНИК ЗА

ВРАБОТУВАЊЕ

WWW.HABITAT.ORG.MK

Во соработка со:


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

СКОПЈЕ, 2017


Овој Прирачник за вработување е овозможен со помош на Европската Унија. Содржината на Прирачникот за вработување е единствена одговорност на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.


СОДРЖИНА

1.

ОД КАДЕ ДА ПОЧНАМ?

1.1 Како да се организирам?

стр. 6

1.2 Како и каде можам да разберам кој бара работник како мене? стр. 6

1.3 Што бараат работодавците, а јас го имам, можам, знам? стр. 7

НАОЃАЊЕ РАБОТА

.2

2.1 Како Ајлин и Трајче најдоа работа? стр. 9

2.2 Кој ќе ми помогне побрзо да најдам работа/вмрежување? стр. 10

2.3 Каде да се обратам за помош и совет? стр. 12

3.

ОД КАДЕ ДА ПОЧНАМ?

2.4 Како до разговор со работодавецот? стр. 12

3.1 Мотивационо писмо

стр. 14

3.2 Резиме/Работна биографија/CV стр. 15 стр. 16

3.2.1 Форма на биографијата

стр. 16

3.2.2 Правила за пишување биографија

стр. 17

3.2.3 Делови што ги содржи биографијата 3.3 Препораки

НА РАЗГОВОР КАЈ РАБОТОДАВЕЦОТ 4.1 Како да се подготвам?

стр. 25

4.2 Како да се однесувам? стр. 26

4.3 Што да кажам? стр. 27

стр. 22

5. стр. 30

МОЖНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАБОТА И КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ 5.1 Што ако работодавецот не ме вработи?

5.2 Одржување на позитивен став стр. 30

.4

КАКО ДА СЕ ПОСТАВАМ АКО МИ ПОНУДАТ РАБОТА? 6.1 Постапка на вработување

.6 стр. 33

6.2 Активни мерки за вработување на АВРМ стр. 33

6.3 Основни права и обврски на вработениот и работодавецот стр. 36

6.4 Обврски на работодавецот стр. 37


Почитувани, Во овој Прирачник вклучивме совети, примери и насоки кои ќе ви помогнат побрзо да најдете работа. Овде имате совети за тоа како да се организирате кога барате работа, како да се информирате за слободните работни места, како да ги напишете основните документи при пријавување за работа, како да се однесувате за време на разговорите со работодавците. Кога бараме работа секоја пријава, секој разговор, секој пополнет документ се разликува од претходниот. Но основата е иста. Во Работната биографија кажувате какви квалификации имате, во Мотивационото писмо зошто да ве вработат токму вас, во Препораката каков впечаток сте им оставиле на своите соработници, а за време на разговорот за работа подетално објаснувате кој сте, што знаете, можете, умеете. Примерите во секое поглавје ги потенцираат основните елементи и нивната применливост во различни ситуации и услови. Ваше е да ги следите советите и упатствата за да ги совладате полесно основните чекори при вработување. Бидете позитивни, ведри и упорни при барањето на работа. Прирачникот е подготвен во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите” имплементиран од Хабитат Македонија, Дром и Креација, а финансиран од Европската Унија. Општата цел на проектот е да придонесе кон интегрирање на Ромите на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор и секторот за домување и енергетска ефикасност. Главната цел на проектот е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација, обезбедувајќи соодветни и пазарно вреднувани лични карактеристики (знаење, вештини, мотивација) и олеснување на пристапот до пазарот на труд. Прирачникот за вработување се подготвува се со цел да се поддржи процесот на социјална инклузија на Ромите и другите маргинализирани групи во доменот вработување. Прирачникот е резултат од обуките за вработување и мотивација за вклучување на пазарот на трудот на Ромите и другите маргинализирани групи кои се спроведоа во период од јули до септември 2017 година во рамките на овој проект.

Ви посакувам успех во потрагата, Л’скова Благица

4


1

ОД КАДЕ ДА ПОЧНАМ?


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

1.1 КАКО ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМ? Барањето работа е работа сама по себе. Со години состојбата на пазарот на труд кај нас е таква што има повеќе лица кои бараат работа отколку слободни работни места. Тоа од страна на работодавците е добро, бидејќи можат да избираат, но од гледна точка на некој кој бара работа е посложено. Кога има огласи за вработување, за едно работно место конкурираат повеќе лица. Затоа е важно добро да се организираме и целосно да се посветиме на барањето работа. Прво треба да направиме план: •• Важно е да размислиме за тоа на какви работни места можеме да се вработиме, па да се информираме во кои фирми постојат такви работни места. •• Штом ова го знаеме, си правиме план по неколку часа секој ден да читаме огласи и да се дружиме со лица кои се вработени. •• Убаво е да си ги средиме сите документи кои се потребни при вработување и да ги имаме на компјутер и испечатени на хартија. Така секогаш кога ќе видиме оглас за вработување на кој сакаме да се пријавиме, со помалку труд ќе имаме квалитетни документи за пријава. •• Важно е да знаеме дека пред да добиеме една понуда за работа треба да се пријавиме на многу огласи и да пратиме многу молби за работа. Некогаш ќе добиеме и негативни одговори, но мора да веруваме во себе и да продолжиме да праќаме пријави и да одиме на раговори сè додека не се вработиме. •• Да бидеме ведри, насмеани, позитивни и да веруваме дека за многу кратко време ќе се вработиме.

1.2 КАКО И КАДЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ КОЈ БАРА РАБОТНИК КАКО МЕНЕ? Повеќето работодавци слободните работни места ги објавуваат во Огласниците на локалните радија и телевизии, на информативни веб-страници, на официјалните профили на фирмите на социјалните мрежи (Фејсбук и сл.) и во дневните весници. Исто така, работодавците имаат обврска да ги кон-

6


тактираат Центрите за вработување, а Центрите ги објавуваат огласите на своите информативни табли и на веб-страницата на Агенцијата за вработување. Кога работодавците имаат потреба од работници, тоа го кажуваат и на свои соработници и пријатели, со надеж дека некој ќе знае и ќе му препорача добар работник. Затоа е важно, кога бараме работа, да одржуваме контакт со различни лица (роднини, пријатели, познајници, соседи, соработници и бивши соработници) и секогаш да им напоменуваме дека бараме работа.

1.3 ШТО БАРААТ РАБОТОДАВЦИТЕ, А ЈАС ГО ИМАМ, МОЖАМ, ЗНАМ? За да можеме добро да се претставиме пред работодавците, треба убаво да размислиме и да се потсетиме што точно знаеме, можеме, умееме, имаме и како тоа да го употребиме за да се вработиме. Некои од нас знаат да шијат, други знаат да готват вкусни јадења, некои знаат да одгледуваат зеленчук, да берат овошје, да ѕидаат, да монтираат гипс картон и многу други работи. Во многу домови се зборува на јазик различен од македонскиот. Тогаш тие лица се во предност бидејќи покрај македонски јазик зборуваат и разбираат и турски, ромски, српски, албански, влашки, итн. Има луѓе кои доаѓаат од семејства кои се занимаваат со одгледување на тутун, сечење на дрва за огрев или пак се музичари. Сите овие и уште многу други работи кои сме ги научиле дома можеме да ги споменеме кога се претставуваме пред работодавците. Размислете и одговорете на следните прашања: 1. Од сите луѓе кои ги знам, јас најдобро знам да: _______________________________________________________________ _______________________________________________________________ _______________________________________________________________ 2. Секогаш ме фалат за: _______________________________________________________________ _______________________________________________________________ _______________________________________________________________

7


2

НАОЃАЊЕ РАБОТА


2.1 КАКО АЈЛИН И ТРАЈЧЕ НАЈДОА РАБОТА Различни ситуации бараат од нас различни пристапи. Така, кога Ајлин бараше работа како продавачка во маркет, прво влезе во сите маркети во своето маало и разговараше со одговорните лица. Бидејќи во тој момент немаа потреба од нови вработувања, Ајлин реши да продолжи да бара и влезе во еден бутик да праша за вработување. Таму рекоа дека следниот месец ќе отвораат нов бутик во центарот на градот и дека, ако сака, може да остави телефонски број за да се јават кога продавницата ќе биде подготвена за отворање. По два месеци се јави сопственикот на бутикот и ја покани на разговор. Ајлин се подготви однапред. Ги научи значењата на сите шифри за големини (XS, S, M, L, XL, XXL, XXXL), ги замоли комшиите да дозволат неколку часа да поработи на компјутерот, се потсети што учела на курсот за компјутери и отиде на разговорот. Сопственикот на бутикот рече дека сака да види како ќе се снајде како продавач со оглед на тоа дека нема работно искуство. Затоа дозволи таа да ги услужува муштериите кои влегуваа. Задоволен од нејзината смиреност и љубезност кон муштериите, сопственикот понуди работа. Откако се договорија за работното време и платата, сопственикот донесе договори кои ги потпишаа и двајцата и така Ајлин ја доби својата прва работа. Трајче одлучи да се вработи на работното место магационер. Тој отсекогаш сакаше да работи како магационер во голема компанија. Затоа одлучи од понеделник да бара огласи за работното место магационер. Додека Трајче ги следеше огласите во весници и на ТВ, го замоли чичко си, кога ќе поминува покрај големи компании, да праша дали имаат слободни работни места. Барањето работа е работно место со полно работно време, па така чичко му цела недела одеше по компаниите во неговиот град да се распраша дали имаат слободни работни места. Откако секаде каде што праша му кажаа дека немаат потреба од работник, Трајче почна да губи надеж. Но во последната компанија каде отидоа Трајче и чичко му случајно наидоа на сопственик на некоја друга компанија кој имаше потреба од магационер. Сопственикот на компанијата ги покани утредента да поминат во неговите канцеларии. Трајче отиде дома, го дополни своето CV, изготви Мотивационо писмо, потоа ги испечати на квалитетна хартија, на квалитетен печатач во 3 копии и започна да се подготвува за следниот ден. Ги замоли домашните да го сослушаат како се претставува. Изготви кратка презентација за себе во која ги истакна своите квалитети и им се претстави на неговите дома. Потоа одговараше на сите прашања кои му ги поставуваа неговите, за да седне на крајот пред огледало и повторно се претстави себе си. Утредента Трајче отиде на разговор кај работодавецот, успешно се претстави себе си, одговори на сите поставени прашања и ЈА ДОБИ РАБОТАТА!

9


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

2.2 КОЈ ЌЕ МИ ПОМОГНЕ ПОБРЗО ДА НАЈДАМ РАБОТА? Контактите со луѓето се непроценливи. Покрај огласите, постои голем потенцијален пазар за работа преку мрежата на контакти. Се активираме во нашето друштво, ги обновуваме контактите со постојните и запознаваме нови личности. Секогаш постои можност личноста која сме ја сретнале, со која разговараме телефонски или се допишуваме преку мејл, да има потреба од работник или да може да нè препорача на работодавец во некоја фирма. За да ви помогнеме да се сетите на сите луѓе кои би можеле да ви помогнат да се вработите, ќе ве замолиме во следната табела да ги запишете со име сите луѓе кои ги знаете. Напишете ги имињата на сите свои роднини, соседи, на продавачите и продавачките од дуќаните каде што пазарите, пријателите на вашите пријатели, гостите на сите свадби на кои сте биле, родителите на другарчињата на вашите деца, другарите од детството...

10


Гледате дека знаете многу луѓе, нели? Контактирајте ги и побарајте нивна помош во барањето работа. Секој од нас во еден момент бил во позиција да бара работа и сите знаеме колку е важно да имаме некој да ни помогне. Затоа и повеќето луѓе на кои ќе им се обратите, ќе сакаат да ви помогнат. 11


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

2.3 КАДЕ ДА СЕ ОБРАТАМ ЗА ПОМОШ И СОВЕТ? Помош за подготвување на документите за пријавување на работа можете да добиете од повеќе локални здруженија, Центрите за вработување и пријателите кои веќе го имаат поминато она низ кое вие поминувате. Помош при вработување може да добиете и од Ромските информативни центри, активни во 12 општини во Република Македонија. Главната задача на Ромските информативни центри е да бидат во постојана комуникација со граѓаните од ромската популација и навремено да ги информираат, советуваат, упатуваат и да им даваат логистичка поддршка со цел да ги остварат своите права и обврски (од областите на социјалната заштита, вработување, здравство, домување и образование, вадење на лични документи и др.). Ромските информативни центри се активни во: Чаир, Топанско Поле, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Делчево, Виница, Кочани и Берово.

2.4 КАКО ДО РАЗГОВОР СО РАБОТОДАВЕЦОТ? Најточни и највистинити информации за можни вработувања и поставувања на огласи можете да добиете само од одговорни лица во рамки на компанијата каде што сакате да се вработите и од самиот работодавец лично. Затоа, размислете кои се тие компании во кои би сакале да работите и најдете телефонски броеви од одговорните лица. Потоа јавете се на секој од нив и замолете ги за кратка средба. Разговорот нека биде краток и јасен. На пример: Добар ден, осподине/ оспоѓо _______________, На телефон (вашето име и презиме) По професија сум ______________ (на пример: пекар/шивач/ѕидар/хи иеничар) и би сакал/а да пораз оварам со Вас во врска со можно вработување во Вашата компанија. Ко а би можеле да издвоите десетина минути за средба со мене? Сакам лично да Ви се претставам и да Ви кажам што знам, што и како работам, за да да ме имате предвид ко а ќе имате потреба од работник како мене. Доколку лицето кое го барате во моментов е зафатено и не може да зборува на телефон, прашајте кога да му се јавите повторно. И барајте го точно кога тој ви рекол. 12


3

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МОИТЕ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ

13


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

3.1 МОТИВАЦИОНО ПИСМО Мотивационо писмо е пишан документ кој кандидатот за вработување му го праќа на работодавецот. Во огласите некаде ќе сретнете дека треба да пратите Писмо за изразување на интерес, или Писмо за мотивација, или Придружно писмо. Сите четири имиња на документот се однесуваат на едно – писмо во кое се претставувате себе си, она што знаете да го работите, од кого и каде сте учеле и како тоа што го знаете ќе го употребите кај фирмата во која сакате да се вработите. Во писмото на работодавецот накратко му објаснувате кој сте и зошто сте идеален кандидат за одреденото работно место. Еве практичен пример како изгледа тоа: Прилог 1. Пример за Мотивационо писмо Почитуван г./г-ѓо _____________________, Ве контактирам со цел да се пријавам на Огласот за позицијата општ работник кој го објавивте на огласната табла во Центарот за вработување. Како што е наведено во Огласот, Ви праќам целосно пополнета Работна биографија (CV), Потврда за завршено основно образование и три Препораки. Јас како општ работник во градежништво работам во последните 7 години. Претходно работев како општ работник во комуналното претпријатие во нашиот град. Додека работев во градежните компании научив да ракувам со повеќе алатки и машини, да бидам внимателен, точен, редовен и да соработувам со различни луѓе. Секаде каде што сум бил ангажиран колегите биле задоволни од тоа што сум го сработил. Разговарaјќи со многу мои колеги, се согласивме дека Вашата компанија посебно внимателно ги одбира вработените и секогаш како критериум ја зема стручноста и професионалноста. Затоа одлучив и јас, како стручен и професионален општ работник во градежништвото, да се пријавам на Вашиот оглас. Сакам да споменам дека сум бистар и трудољубив и секогаш сум готов да учам со цел квалитетно да ја завршам задачата која ми е дадена. Ве молам, за повеќе информации околу моето работно искуство, да ја разгледате мојата биографија. Со нетрпение очекувам повратен одговор и термин за средба. Со почит, Име и презиме тел. број мејл адреса

14


3.2 РЕЗИМЕ/РАБОТНА БИОГРАФИЈА/CV За да му се допаднете на работодавецот како кандидат за вработување, тој треба да се запознае со вашето искуство, образование и квалитети. Првиот контакт со вас е вашето писмо, вашата биографија и дипломите што ги доставувате до работодавецот. Со работната биографија (или наречена CV) морате да се претставите на таков начин кој би го воодушевил работодавецот. Сега се поставува прашањето како да се претставите најдобро што можете? чекор 1: Анализирајте ги условите во фирмата, нивните желби, нивните потреби, нивните вработени. Поставете си прашање: Што бара фирмата? Каков вработен сака фирмата? Каков квалитет на човек бара фирмата? чекор 2: Прашајте се каков квалитет на работа нудите вие? Колкаво знаење имате? Колку добар и квалитетен работник сте? Што можете да понудите на фирмата? Зошто токму вие одговарате на потребите на фирмата? Доколку имате добар одговор на овие прашања, тогаш почнете да ги пишувате тие работи на хартија во својата биографија. чекор 3: Дознајте колкава плата дава фирмата за работното место. Колкава плата барате вие за тоа работно место? Дали сте на исто мислење? чекор 4: Кога има конкретен оглас за работа, размислете добро да ја приспособите својата биографија кон конкретниот оглас за работа, со истакнување на искуството и образованието што го имате, а што се бараат во огласот. Со тоа си ги зголемувате можностите за добивање на работата. Фокусирајте се на важните работи и ставете ги секогаш први на списокот. Потоа започнете да ја пишувате својата биографија. чекор 5: Напишете ги своето искуство, знаење, квалитет и образование во својата биографија. Работната или професионална биографија/CV (Curriculum Vitae)/Професионално резиме, има за цел да го претстави вашето образование, работно искуство и вештините на некој кој не ве познава или нема време да ве запознае. Тоа е пишан документ на хартија, јасен, прегледен, убаво структуриран текст. Постои еден принцип за пишување, но различни земји или фирми бараат различен стил на изглед на CV. Слободно напишете си ја биографијата во свој стил, но почитувајте неколку основни правила за пишување на работната биографија. 15


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

3.2.1 ФОРМА НА БИОГРАФИЈАТА Биографијата треба да биде куса, на 2-5 страници, на бела хартија во А4 формат. Подолга биографија се пишува при конкурирање за некое менаџерско место или ако со огласот се бара да се наведат повеќе детали. Добро напишаната биографија ги покажува најважните делови од вашето професионално искуство со релевантни податоци. За да ја остварите својата цел при пишувањето на биографијата, треба да ја приспособите кон целта која сакате да ја постигнете. На пример, ако се пријавувате за едно работно место, тогаш ги пишувате сите работни обврски од минатото слични на тоа работно место. Ако барате стипендија, тогаш го пишувате образованието. За пишување на биографијата се користат сериозни (стандардни) фонтови (видови на букви) како што се Arial и Times New Roman. Големината на буквите треба да биде 10, 11, или 12 точки. Многу малечки или големи букви оставаат лош впечаток и може да ве одбијат. Не смеете да користите само големи букви, или да комбинирате различни фонтови, премногу подвлечени или искривени букви, бидејќи ја правите биографијата непрегледна и несериозна. Внимавајте на правописот, да е без печатни грешки.

3.2.2 ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ БИОГРАФИЈА При пишување на биографија треба да се придржуваме до следните правила:  Со потемни или подвлечени букви ги истакнуваме најдобрите квалификации.  Последното работно искуство го наведуваме прво, па потоа претходните.  Користиме дискретен дизајн на одделување на категориите.  Кога немате работно искуство или посебно голема листа на посетувани обуки, тренинзи, семинари и слично, за да го исполните листот можете да наведете свои хобија и интереси.  Првите две категории (лични податоци и образование) секогаш ја имаат истата позиција на листот, во горната прва четвртина од листот.  Во втората четвртина од листот (делот од листот каде што прво се насочуваат очите) го пишувате она што сметате дека е најважно за работодавецот. Овде можеме да ја позиционираме категоријата „Работно искуство“ или категоријата „Обуки, семинари, тренинзи“ – зависно од тоа која од нив е најдолга.  Во третата и четвртата четвртина од листот по релевантност ги позиционираме категориите кои можат да се опишат во еден ред.  Доколку треба да се вметне фотографија, таа треба: 16


• • • •

да ве прикажува само од главата до половината да е светла и чиста слика да не сте со тренерки или очила за сонце да носите класична облека со кошула или блуза, во бела, црна, или темна боја • да бидете со сериозен лик • заднината да не е од некоја свадба, слава, кафеана, туку да е бела, црвена или друга еднобојна заднина. • да имате фризура која вообичаено ја носите.

3.2.3 ДЕЛОВИ ШТО ГИ СОДРЖИ БИОГРАФИЈАТА Вашата биографија може да ги содржи следните делови: I дел: Лични податоци: име и презиме, адреса на живеење, телефон, електронска адреса, датум на раѓање Име и презиме

Петар Петровски

Адреса

Личка бр.10, Неготино

Телефон

078/123 456

E-mail

petar_petrovski@yahoo.com

Датум на раѓање

01.01.1991

II дел: Образование: период, точен назив на образовната институција, адреса, назив на стекнато звање Датум (од – до)

2005 – 2009

Име и вид на училиште

средно техничко училиште

Главни предмети / стручни вештини

градежни конструкции, градежни машини, градежни материјали

Назив на квалификација

ѕидаро-фасадер

Степен на национална квалификација

III степен, тригодишно образование

17


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ III дел: Дополнително образование и обуки: хронолошки преглед со наведување на видот на обука, име на организацијата која ја дава обуката Од – до Вид на обука

28 – 30 јули 2017 ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОТИВАЦИЈА

Учени теми

- Барање и аплицирање за работа - Комуникациски вештини - Вештини за подготовка на лична биографија (CV) - Лични вештини, самодоверба и мотивација - Вештини за тимска работа - Вештини за планирање и организација - Интерперсонални вештини - Креативност и иницијатива

Организација давател на обуката

Хабитат Македонија, ДРОМ и ЗБК Креација проект: „Одржливи модели за вработување на Ромите“

IV дел: Работно искуство: хронолошки преглед на работните места, целосен назив на институциите/компаниите во кои имате работено, адреса, работна позиција и работни задачи. Се почнува од последното работно место, па потоа се пишува претходното и сè така до првото работно место. Датум (од – до)

2015 – 2017

Име и адреса на работодавецот

Градба АБВ, Качанички пат б. б., Скопје

Вид на бизнис или сектор

градежен сектор

Работна позиција

ѕидаро-фасадер

Главни активности и одговорности

вршење на ѕидаро-фасадерски работи, подготовка на материјали за работа, градење на ѕидови, изработка на фасада, внатрешно уредување на ѕидни површини

Датум (од – до) Име и адреса на работодавецот Вид на бизнис или сектор Работна позиција

2013 – 2014 Ѕидарство д.о.о., Ванчо Прќе бр. 32, Скопје градежен сектор ѕидаро-фасадер, изолатор

Главни активности и одговорности

вршење на ѕидаро-фасадерски работи, подготовка на материјали за работа, градење на ѕидови, поставување на излоација, изработка на фасада

V дел: Странски јазици: за секој јазик одредуваме колку го знаеме во однос на: разбирање, читање, пишување, говорење, со тоа што наведуваме ниво – основно, солидно, одлично, течно, или може да ставиш оценка од 1 до 5. Читање

Говорење

Пишување

Мајчин јазик: Ромски

Јазик

5

5

5

Македонски

4

4

4

Турски

4

4

4

Германски

2

3

2

Англиски

2

3

3

18


VI дел: Професионални патувања, практикантство: работен престој за доусовршување во странство, со наведување на времето на престој, фирмата во која се работело, цел на престојот и работни задолженија. Практикантство

Практикант во оддел за правна помош за деца и млади на улица

Земја Од – до Институција Задолженија

Франција 2015 – 2016 Адвокатска канцеларија „Правда“ Посета на центар за деца на улица, давање правен совет за права за лична карта, помош за издавање на лична карта.

VII дел: Членство во организации, здруженија, спортски клубови, со наведено време на членство, целосен назив на организацијата, седиште 2015 – денес

Фудбалски клуб (ФК) Единство, ул. Максут Садиќ б. б., Скопје фудбалер, капитен

2013 – денес

Културно-уметничко друштво (КУД) Мелос, ул. Железничка бр.10, Прилеп играорец, музичар – трубач

VIII дел: Дозволи/лиценци и нивни категории Возачка дозвола Б категорија

Дозволи

Дозвола за управување со виљушкар

IX дел: Лични особини и карактеристики: што е она што го имате, а е важно за работното место (иницијативност, флексибилност, упорност, комуникативност итн.) Социјални вештини

комуникативен, брз, флексибилен, прецизен, темелен, енергичен

Технички вештини

управување со разни рачни алати, машини (мешалки, миксери, брусилки, бушалки), познавање на компјутери, Ворд, Ексел, познавање на ракување со копир апарат

Прилог 2. CV – ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ Име и презиме Адреса Телефон E-mail Датум на раѓање

19


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОБРАЗОВАНИЕ Датум (од – до) Име и вид на училиште Главни предмети/ стручни вештини Назив на квалификација Датум (од – до) Име и вид на училиште Главни предмети/ стручни вештини Назив на квалификација

РАБОТНО ИСКУСТВО

Датум (од – до) Име и адреса на работодавецот Работна позиција Главни активности и одговорности

Датум (од – до) Име и адреса на работодавецот Работна позиција Главни активности и одговорности

Датум (од – до) Име и адреса на работодавецот Работна позиција Главни активности и одговорности

ВОЛОНТЕРСКО ИСКУСТВО

Датум (од – до) Име и адреса на организацијата Волонтерска позиција Главни активности и одговорности

20


Датум (од – до) Име и адреса на организацијата Волонтерска позиција Главни активности и одговорности

ОБУКИ И СЕМИНАРИ Датум (од – до) Наслов и име на обука Стекнати знаења Организација давател на обука Датум (од – до) Наслов и име на обука Стекнати знаења Организација давател на обука Датум (од – до) Наслов и име на обука Стекнати знаења Организација давател на обука

ЛИЧНИ СПОСОБНОСТИ ЈАЗИК Мајчин јазик:

ЧИТАЊЕ

_______________

Странски јазик 1: _______________ Странски јазик 2: _______________ Странски јазик 3: _______________ Странски јазик 4: _______________ Работа со компјутери Дозволи и лиценци Социјални вештини Технички вештини

21

ГОВОРЕЊЕ

ПИШУВАЊЕ


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

3.3 ПРЕПОРАКИ Препорака е пишан документ во кој колега, работодавец, професор, ментор објаснува каков сте како работник и колега. Препораката може да биде напишана од име на институција, компанија или од име на личност. Бидејќи е официјален документ, таа има формален изглед и се пишува на најмногу 2 страници. Што содржи една препорака: •• Кога е напишана – датум: •• За кого е наменета – До: конкретната личност или „За идни соработници/ работодавци“ на апликантот за работа •• За каков документ станува збор – т.е. Предмет: Препорака Официјалниот дел од Препораката вклучува: •• Формален вовед како почеток: Почитуван г./г-ѓо________________________, •• Кој ја дава препораката – краток опис на личноста или организацијата што ја дава препораката (целосно име, адреса, дејност, опис на дејноста и типот на услугите и производите кои ги нуди). •• Како лицето кое ја дава препораката се знае со апликантот за работа – на што работеле заедно и како ги користеле услугите на апликантот. •• Опис на кандидатот – како работи, со што се истакнал, што го издвојува од другите кандидати. •• Зошто лицето кое ја дава препораката смета дека апликантот е идеален кандидат за работа во компанијата каде што аплицира. •• Каде и како може да стапат во контакт со лицето кое ја дава Препораката. •• Формален поздрав: Со почит/Искрено/Однапред Ви благодарам, и слично. •• Печат (ако Препораката е од име на организација) и потпис, или само потпис (ако станува збор за приватно лице). Со кого и да соработувате, усвојте практика да побарате Препорака за себе и за своето работење. Можете да побарате: •• Препораката која ќе ви ја дадат да биде во повеќе копии и секоја копија лицето своерачно да ја потпише, или •• Да земете еден примерок, па потоа да го умножите и да ги праќате исклучиво копиите (кои, за жал, понекогаш нема да изгледаат веродостојно). 22


Препораката која ќе ја добиете денес може да се случи да ја употребите по неколку месеци, па дури и години. Затоа, кога праќате Препорака, информирајте ја личноста која ви ја дала Препораката дека сте ја пратиле, за да биде таа подготвена да го потврди она што го напишала во Препораката (а не да биде изненадена и да не може во моментот да се сети за што и за кого станува збор). Прилог 3. Пример за Препорака До: Идни работодавци, соработници и колеги на Трајче Рашидов Датум: Предмет: Препорака за Трајче Рашидов Почитувани, АБВ д.о.о. е компанија која се занимава со производство на мебел и трговија на големо и мало. Наши клиенти се правни и физички лица претежно од Република Македонија и другите балкански земји и од Западна Европа. АБВ има два производни погона за изработка на мебел, пет магацини и две продавници. Во погоните располагаме со современи машини за кроење и склопување на иверка и медијапан. Во нив во две смени работат 300 лица. Како компанија вложуваме напор во развивање на претприемачкиот дух помеѓу младите луѓе во Македонија и зголемување на општата вработливост кај младите невработени лица. Како резултат на тоа, АБВ имплементира проекти кои им помагаат на младите лица полесно да ја најдат адекватната работа за себе. Секоја година нашата компанија организира курсеви за изработка на плочест мебел и од нашите обуки годишно излегуваат најмалку по 10 мајстори кои се спремни во секој момент да работат самостојно или во тим, бидејќи ги знаат сите операции и целиот производен процес. Трајче Рашидов имавме можност да го запознаеме на овогодишната обука. Нè импресионираше неговата заинтересеираност да научи нешто ново, посебно истакнувајќи се како активен учесник на целата обука. Трајче Рашидов е комуникативна личност, вистински тимски играч кој за време на обуката ни остави силен впечаток и затоа без никаква резерва сакаме да го препорачаме како личност која идеално би се вклопила во Вашата организација. За сите прашања поврзани со Трајче и нашата соработка со него, Ве молиме контактирајте нè на: 077/777-777 или на mail@mail.com.mk Со почит, ________________ С. Стоилов Менаџер на АБВ д.о.о.

23


4

НА РАЗГОВОР КАЈ РАБОТОДАВЕЦОТ


4.1 КАКО ДА СЕ ПОДГОТВАМ? Повеќето луѓе поубаво се чувствуваат и подобро се претставуваат кога добро ќе се подготват за средбата. Значи, пред да отидеме на состанок, убаво е добро да се подготвиме. Како? 1. Изберете што ќе облечете и како ќе изгледате: •• Подгответе си чиста, испеглана облека. Ако носите здолниште, тоа нека ги покрива колената. Без оглед на тоа колку е топло времето: секогаш носете блузи или кошули со ракави кои ги покриваат рамената. Деколтето да биде затворено. Секогаш носете чевли или слични затворени обувки. Прстите и петите не смеат да се гледаат. •• Искапете се, мирисајте пријатно. •• Скратете ги ноктите. •• Косата нека ви биде уредно исчешлана. •• Ако носите брада или мустаќи – средете ги. 2. Проверете дали имате кај себе: •• •• •• ••

Копија од огласот на кој се пријавувате. Мотивационото писмо и биографијата кои сте ги пратиле. Копии од сертификати, дипломи, дозволи и слични документи. Нотес и пенкало. Направете кратка вежба пред огледало или пред некој близок – претставете се и кажете зошто вие сте најдобриот кандидат за огласеното работно место. Ова нека биде тренинг за вистинското интервју.

3. Кажете им на домашните кога ќе одите на разговор за работа. Важно е и тие да бидат информирани за да ви помогнат околу домашните обврски – да ги чуваат децата, да не ве бараат на телефон за помалку важни работи, да ве остават да се подготвите за состанокот. 4. Размислете и како ќе стигнете до местото каде што ќе се одржува разговорот за работа – дали ќе одите пеш, со такси, автобус, самите ќе возите или некој близок ќе ве однесе. Ова е важно за да си одредите во колку часот треба да тргнете накај договорената средба. 5. Подгответе се и емотивно. Нормално е да се чувствувате возбудено. Бидете подготвени дека можеби ќе ви биде тешко да заспиете вечерта пред интервјуто и дека секакви мисли ќе ви минат низ глава. Сепак, размислувајте позитивно!

25


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

4.2 КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМ? Кога ве поканиле на разговор за работа, тоа значи дека работодавецот е заинтересиран за вас и вашите квалификации. Со други зборови, вие имате соодветно работно искуство и знаење кое на компанијата е важно, останува само да поразговараат со вас и да се уверат во тоа што сте го напишале во Биографијата и Мотивационото писмо. На овој разговор важно е да му пристапите смирено и плански. Прво, треба да бидете подготвени дека тој разговор може да се одржи исклучиво со вас и таму да нема ниту еден друг кандидат и ниту еден друг претставник од компанијата освен лицето кое ве поканило на состанок. Во тој случај, целото време за разговор ви е посветено вам. Во друг случај, можете да се најдете во чекалница пред канцеларијата каде што се вршат разговорите со уште неколку лица кои се пријавиле за истото работно место како вас или за слично работно место. Тогаш ќе треба да бидете подготвени да чекате да дојде вашиот ред да влезете на разговор. Затоа е важно однапред да си ги испланирате сите обврски кои треба да ги завршите тој ден. Да договорите кој ќе ви ги чува децата, кој ќе ги нахрани домашните животни или милениците, доколку ги имате. Дојдете одморени, најадени и носете си барем едно шишенце вода со себе и, секако, удобни обувки, бидејќи може да го поминете цел ден на нозе. Бидете на договореното место за состанок барем 10 минути порано. Еве како да оставите убав впечаток: •• Исклучете го мобилниот телефон уште пред да влезете на разговор. •• Влезете тогаш кога ќе ве повикаат. •• Кога ќе влезете во просторијата учтиво кажете „Добар ден“ и „Ви благодарам што ме примате на разговор“. •• Ракувајте се со работодавците и кажете ги своето име и презиме, работното место за кое сте дојдени да разговарате. •• Внимателно слушајте што ви зборува работодавецот – стојте сè дури не ви речат да седнете. •• Одговарајте на прашањата смирено. •• Гледајте го соговорникот во очи додека одговарате на прашањата. •• Размислете што сакате да го прашате работодавецот и кога тој ќе праша дали имате вие прашања – поставете ги. Прашањата нека бидат поврзани со самата работа – во кој погон ќе работите или кои ќе ви бидат колеги или кога би можеле да почнете со работа и слично. 26


•• Кога работодавецот ќе ви каже дека ве прашал сè што сакал да ве праша, и кога ќе ви одговори на сите прашања кои вие му ги поставувате – прашајте кога да очекувате повратен одговор за можно вработување. Потоа поздравете се и уште еднаш заблагодарете се за издвоеното време за разговор.

4.3 ШТО ДА КАЖАМ? Кога одиме на разговор за работа важно е да бидеме подготвени да одговориме на различни прашања поврзани со нашите работни искуства и квалификации, како и со нашиот живот. Значи, прашањата се однесуваат на три теми, но можат да бидат поставени на многу различни начини. Затоа е убаво прво дома да си размислиме што сакаме да кажеме за себе и како да го кажеме тоа. Па да го кажеме на глас тоа неколкупати за да ни биде лесно кога ќе стоиме пред работодавецот и ќе одговараме на прашањата. Убаво е одговорите кои ги даваме да бидат јасни и разбирливи. На пример, ако ве прашаат„Имате ли искуство со работа во кујна?“ – наместо да кажете „Да, имам“, одговорете со „Три години работев во сендвичарница и една година во кафеана. Таму имав задача да го мијам зеленчукот и да правам салати, да го подготвувам месото за плескавици, лупев компири.“ Кога работодавецот сака да дознае за вашите претходни работни искуства, поставува прашања од типот на: •• Каде сте работеле досега? •• Што сте работеле? •• Со какви машини и алати знаете да работите? •• Зошто повеќе не работите кај претходниот работодавец? Бидете подготвени да одговорите на сите прашања искрено. На работодавецот му е важно да знае со колкаво знаење располагате за да знае во кој дел од работниот процес може да ве вклучи и со кои колеги најдобро ќе се вклопите. Затоа, колку подетално објасните, толку подобро. Внимавајте кога зборувате за претходните работодавци. Што и да се случило меѓу вас, тоа останува во минатото. Кажете нешто во стилот: „Сакам да ја променам средината“ или „Имавме многу различни сфаќања за самата работа.“ Предуслов да работите на одредени позиции е да имате соодветна школска подготовка. Таа подготовка може да се стекне во средно училиште или во Отворените граѓански универзитети за доживотно учење (порано познати како Работнички универзитети). 27


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Кога работодавецот сака да дознае за вашите стекнати квалификации, поставува прашања од типот на: •• •• •• ••

Што сте по струка? Какво школо завршивте? Имате ли завршено некаков курс? Имате ли положено мајсторски/државен или друг важен испит?

Со овие и слични прашања работодавецот сака да знае дали имате соодветна школска подготовка. Ова е важно за работни места каде е задолжително соодветно образование, на пример: медицинска сестра/брат, мајстор – пекар/слаткар/ѕидар. Работодавецот ќе ве праша за да знае дали може да смета на вас од првиот ден на вработувањето или ќе треба да ве стави на пониска работна позиција дури не добиете Уверение/Диплома/ Дозвола за работа на струката. Третата категорија прашања се однесува на вас како личност. Работодавецот сака да знае каква личност ќе прими во својот колектив. За различни работни места важни се различни карактеристики и особини. За некои работни места е важно да бидете зборливи, на други да бидете брзи, на трети внимателни. Меѓутоа, сите работодавци се согласуваат дека сакаат кандидати кои се: точни, уредни, исполнителни, чесни. Кога ќе разговарате со работодавецот, бидете смирени. Гледајте го во очи и одговорете на прашањата најдобро што знаете и можете. Нека бидат тоа и кратки реченици, но да бидат вистинити. Ако нешто што ве прашува не го разбирате, замолете го да го повтори прашањето. Ако пак не можете да разберете што ве прашува, објаснете како вие сте го разбрале прашањето и тогаш одговорете. Тој или ќе ви потврди или ќе ве исправи. Покажете дека го почитувате работодавецот, внимателно слушајте и одговарајте кога тој ќе заврши со зборувањето.

28


5

МОЖНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАБОТА И КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

5.1 ШТО АКО РАБОТОДАВЕЦОТ НЕ МЕ ВРАБОТИ? Бидете подготвени дека, кога аплицирате за работа, нема секогаш да добиете позитивен одговор. Добивањето работа е серија од НЕ-одговори и едно ДА. Не е важно колку пати ќе добиете НЕ при аплицирањето за работа, затоа што ви е доволно само едно ДА. Како што сте аплицирале вие, аплицирале и други невработени лица и можеби имало подобри кандидати од вас, кандидати кои ја добиле работата. Бидете подготвени да го прифатите негативниот одговор, но обидете се и да влијаете врз исходот. За време на разговорот за работа информирајте го работодавецот дека сте подготвени да учите, дека сте подготвени да прифатите пробна работа, дека сте подготвени да бидете практикант и сл. Но доколку и покрај ова добиете негативен одговор, немојте да се обесхрабрувате, туку продолжете да го барате тоа едно ДА.

5.2 ОДРЖУВАЊЕ НА ПОЗИТИВЕН СТАВ За да бидете успешни, морате да научите да ги прифаќате одбивањата и да не ги сфаќате лично. Не ве одбиле затоа што не ве сакаат, туку ве одбиле затоа што имало подобар кандидат од вас. Можеби ве одбиле затоа што во моментот немаат потреба од работник каков што сте вие. Како и да е, вие мора да одржувате позитивен став и на секое одбивање да гледате како на нешто ново што сте го научиле. Учете од грешките – ако не сте се подготвиле добро за тоа интервју, подгответе се подобро за следното. Доколку работодавецот ви кажал дека му е потребна некоја вештина која вие ја немате, преземете активности и научете ја. Важно е да: •• Продолжите да ги одржувате контактите со компаниите каде што сте аплицирале, дури и со оние компании кои ве одбиле. Никогаш не знаете кога тие компании ќе имаат потреба од дополнителни вработени. •• Предложете им на компаниите (оние кои знаете дека сè уште немаат вработено лице) да работите како практикант, на скратено работно време, па дури и неколку месеци на пробна работа. •• Разгледајте го својот телефонски именик. Размислете кои пријатели, роднини, познајници може да ги контактирате за да ви помогнат во барањето работа. 30


•• Бидете активни. Пешачете, спортувајте, обидете се да останете во форма. •• Направете си дневен распоред на активности и следете го. Тоа ќе ви го олесни приспособувањето на работниот распоред кога ќе најдете работа. •• Волонтирајте. Обидете се да најдете некоја организација и да издвоите неколку часа во неделата да волонтирате во неа. На тој начин ќе останете работно активни и ќе одржувате контакти со луѓето. •• Надградете ги своите вештини. Одредете што ви недостига и завршете некој курс. Научете некој странски јазик, некоја нова компјутерска програма, или пак дури и некој нов занает.

31


6

КАКО ДА СЕ ПОСТАВАМ АКО МИ ПОНУДАТ РАБОТА?


6.1 ПОСТАПКА НА ВРАБОТУВАЊЕ Во моментот кога вие и работодавецот ќе ги договорите сите услови – што ќе работите, под кои услови и за колкав надоместок – треба сето тоа да биде запишано на лист хартија и да го потпишете и вие и работодавецот. Постојат повеќе начини на кои работодавецот може да ве ангажира. Затоа и постојат: Договор за хонорар ,Договор за еднократен ангажман и Договор за редовен работен однос. Кога потпишувате Договор за хонорар/Договор за еднократен ангажман, вие добивате надоместок кој вклучува исплата на сработеното и платен данок на дополнителен приход од 10 % во ваше име. Со потпишување на Договор за вработување се заснова работен однос меѓу вас и работодавецот. Ваквиот Договор значи дека работодавецот ќе ви исплатува секој месец плата која вклучува задолжително социјално осигурување. По потпишувањето на Договорот работодавецот е должен да поднесе пријава за вас (образец М1/М2 испечатен од системот на АВРМ) со задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност). Заверена фотокопија од пријавата или извод од компјутерски запис од информацискиот систем на Агенцијата, треба да добиете во рок од три дена од денот на стапувањето на работа.

6.2 АКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АВРМ Агенцијата за вработување на Република Македонија (www.avrm.gov.mk), застапена со 30 подрачни Центри за вработување низ земјата, врши стручни, организациски, административни и други работи што се однесуваат на вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и обезбедува поддршка, помош и услуги за учесниците на пазарот на трудот. Во моментот на подготовка на овој Прирачник активни се следниве мерки: 1. Програма за самовработување. Преку програмата за самовработување ви се нуди можност за посетување на обука за претприемништво, изработка на бизнис-план и добивање на неповратни средства за отворање на своја фирма.

33


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 2. Програма за самовработување на лица со инвалидитет. Преку програмата за самовработување на лица со инвалидитет им се нуди можност на лицата со инвалидитет да посетуваат обука за претприемништво, да им биде изработен бизнис-план и да добијат неповратни средства за отворање на своја фирма. 3. Програма за подготовка за вработување. Наменета е за невработените млади лица до 29 години со умерени или значителни тешкотии при вработување, кои имаат завршено најмалку средно образование. Програмата вклучува бесплатна обука за вработување во времетраење од 25 часа и/или обука од 10 часа. Обуката има за цел да им овозможи на лицата да се стекнат со знаења и вештини за полесно вклучување на пазарот на трудот, односно за полесно наоѓање на работа. 4. Обука кај познат работодавец. Наменета е за невработени лица кои се евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа. Со оваа мерка се поддржуваат обуки за работни места за кои е потребно основно или средно образование и за места на кои не се издаваат сертификати и/или лиценци. Обуката се реализира на конкретно работно место, во избраната компанија, и тоа во период од 3 месеци. Во рамките на оваа обука невработеното лице добива паричен надоместок, вклучувајќи и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. На лицата кои ќе се вклучат во оваа обука, а се корисници на паричен надоместок, ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката. Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во Регистарот на корисници на социјална помош. 5. Обука кај познат работодавец со субвенционирање. Наменета е за невработени лица кои се евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа. Со оваа мерка се поддржуваат обуки за работни места за кои е потребно основно или средно образование и за места на кои не се издаваат сертификати и/или лиценци. Обуката на работното место трае 3 месеци. Работодавецот е должен да ја спроведе програмата за обука врз основа на претходно подготвен план за неа и на учесниците во обуката да им издаде потврда за спроведената практична обука. Лицата кои ќе се вклучат во обуката ќе добијат паричен надоместок, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршување на обуката на работното место, работодавецот има обврска да го вработи лицето кое било на обука, за што ќе добие финансиска поддршка од АВРМ за исплаќање на бруто-плата на лицето за период од 6 месеци со полно работно време. Од вкупната сума на

34


месечно ниво, 90 % од средствата се наменети за невработеното лице, а останатите 10 % ги задржува работодавецот (како надоместок за направените трошоци за подготовка на лицето). 6. Обука за напредни ИТ вештини. Програмите за обука за напредни ИТ вештини се насочени кон надградбата на вештините од областа на информатичките технологии на евидентираните невработени лица со завршено средно или високо образование. Програмата за обука ги вклучува следниве програмски пакети: •• Java SE8 Programmer: Пакетот обуки овозможува запознавање на учесниците со програмирање користејќи го Java како програмски јазик. Со оваа обука учесниците ќе почнат да градат вештини како Јава-програмери. •• Тестери за квалитет на софтвер: Овој пакет е наменет за сите поединци кои сакаат да навлезат во принципите на тестирањето како поддршка на процесот на развој на апликации. Право на учество во мерката имаат евидентирани невработени лица со завршено средно или високо образование. Обуките ќе се реализираат во период од 3 до 6 месеци, од денот на формирање на групите. 7. Обуката за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот овозможува стекнување знаења за занимања кои се барани на пазарот на труд (има недостиг на такви работници во Македонија). Оваа мерка вклучува обука која се реализира во период од 4 месеци кај верификуван спроведувач на обука. Од овие 4 месеци обука, 1 месец е во вид на практична обука која се изведува во просториите кај работодавецот. Во рамките на оваа мерка се спроведуваат обуки за: автомеханичар за современи системи на моторни возила, бравар, масер, шминкер, службеник во книговодство, асистент за грижа на стари лица во домашни услови. Лицата вклучени во обуката добиваат месечен нето-надоместок. На лицата кои ќе се вклучат во оваа обука, а се корисници на паричен надоместок, ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката. По завршување на обуката и проверката на знаењата и вештините, учесниците ќе добијат Сертификат за стекнатите знаења. 8. Практикантство како прво работно искуство до вработување е програма наменета за млади невработени лица на возраст до 29 години со средно и високо образование. Практикантите имаат можност да се стекнат со прво работно искуство во согласност со образованието, како и со конкретни знаења и вештини за тоа работно место. Програмата за практиканство трае 3 (три) месеци, а се одвива во приватни компании или невладини организации. Практикантите добиваат месечен нето-на-

35


ПРИРАЧНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ доместок. По завршување на практичната работа, работодавецот има обврска да издаде потврда за завршена практична работа. На лицата кои ќе се вклучат во оваа мерка, а се корисници на паричен надоместок, ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на практичната работа, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на практичната работа.

6.3 ОСНОВНИ ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИОТ И РАБОТОДАВЕЦОТ Ваши обврски како работник: •• Должни сте совесно да ја извршувате работата на работното место за коешто е склучен Договорот за вработување, во време и на место што се определени за извршување на работата, почитувајќи ја организацијата на работа и деловната активност на работодавецот. Во случаите определени со закон и колективен договор, должни сте да вршите и друга работа која не е предвидена со Договорот за вработување, ако е во рамките на степенот на вашата стручна подготовка. •• Должни сте да ги почитувате барањата и упатствата на работодавецот во врска со исполнувањето на работните обврски од работниот однос. Исто така, должни сте да ги почитувате и спроведувате прописите за заштита при работа, да го заштитите својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица. •• Право и обврска на секој работник е да се грижи за сопствената безбедност и за безбедноста на другите лица кои работат со него, во согласност со обуките и инструкциите дадени од страна на работодавецот. Затоа важно е работодавецот да ве запознае со мерките за безбедност на здравјето при работа и да бидете обучени за нивната примена, согласно прописите за безбедност и здравје при работа. •• Како работник, вие има право да одбиете извршување на работа доколку сте директно изложени на опасност за здравјето или за животот. Секогаш кога не се спроведени безбедносните мерки, можете да побарате нивно отстранување.

36


6.4 ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВЕЦОТ Работодавецот е должен да ви обезбеди работа како што сте се договориле и како што е запишано во Договорот за вработување што го имате потпишано. Ако поинаку не е договорено, работодавецот е должен да ви ги обезбеди сите потребни средства, како и работен материјал, и да ви овозможи слободен пристап до деловните простории. Работодавецот е должен да обезбеди содветно плаќање за извршување на работата во согласност со одредбите од Законот за работни односи.

37



Издавач: Здружение за хумано домување „Хабитат Македонија“ „Никола Парапунов“ бр.41, Комплекс Макотекс I кат 1000 Скопје, Македонија www.habitat.org.mk За издавачот: Зоран Костов Извршен директор „Хабитат Македонија“ Проект: Одржливи модели за вработување на Ромите Автори: Атанасов Петар Л’скова Благица Стевановска Биљана Трајковска Кочанковска Сузана Уредник: Л’скова Благица Лектор: Виолета Танчева – Златева Графички дизајн и печат: Контура Тираж: 1500 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 331.5(=214.58)(035) ПРИРАЧНИК за вработување. - Скопје : Хабитат Македонија, 2017. - 37 стр. : илустр. ; 25 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Одржливи модели за вработување на Ромите " ISBN 978-608-66047-6-9 а) Роми - Вработување - Прирачници COBISS.MK-ID 105230858



Проектот е финансиран од Европската Унија

ПРИРАЧНИК ЗА

ВРАБОТУВАЊЕ

WWW.HABITAT.ORG.MK

Во соработка со:


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.