Енергетска ефикасност на објекти - Прирачник за ученици од средните училишта

Page 1

За проектот: Проектот на УСАИД и Хабитат Македонија наречен Енергетска ефи­касност за секторот домување е редок и иновативен напор да се развијат комплементарни активности што треба да им помогнат на македонските домаќинства кои живеат во колективните станбени згради да ја намалат ранливоста од растот на цените на енергијата, земајќи ги предвид истовремено и прашањата поврзани со климатските промени. Четирите главни цели на проектот се: •

Развивање и тестирање пазарно ориентирани решенија за енергетски ефикасна реконструкција на колективните станбени згради, вклучувајќи модели за финансирање;

Подобрување на управувањето со колективните станбени згради преку ефективно управување и одржување;

Поттикнување на инвестиции, претприемништво и создавање зелени работни места;

Поддршка за широка општествена платформа која ја афирмира енергетски ефикасната потрошувачка и се залага за таргетирана вклученост на државата во секторот домување.

За партнерот во спроведувањето на проектот: Хабитат Македонија е афилијација на глобалната непрофитна мрежа за домување Habitat for Humanity, посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни станбени решенија за лица и семејства со ниски приходи. За авторите: Д-р Мери Цветковска е професор на Kатедрата за техничка механика и јакост на материјалите на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Д-р Влатко Стоилков е професор по група предмети на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Д-р Даме Димитровски е доцент на Институтот за термичко инженерство на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Д-р Ана Тромбева Гаврилоска е професор по предметот Статика на Архитек­ тонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Д-р Маријана Лазаревска е доцент по предметот Менаџмент во градеж­ ништвото на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Енергетска ефикасност на објекти Ова издание е овозможено со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Држави (УСАИД). Содржината е единствена одговорност на авторите и не задолжително ги изразува гледиштата на УСАИД и Владата на Соединетите Држави.

Прирачник за ученици од средните училишта


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.