Билтен - Одржливи модели за вработување на ромите

Page 1

Проектот е финансиран од Европската Унија

ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ НАУЧИ: ЅИДАРСТВО, ГИПСАРСТВО, ФАСАДЕРСТВО, МОНТАЖА НА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ДОБИЈ: СЕРТИФИКАТ И МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Во соработка со:


НЕВРАБОТЕНОСТА НА РОМСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е НА МНОГУ ВИСОКО НИВО, А СТАНДАРДОТ НА РОМСКИТЕ СЕМЕЈСТВА НА МНОГУ НИСКО НИВО. ГЛАВНО ПОРАДИ НЕВРАБОТЕНОСТА РОМИТЕ ОСТАНУВААТ НА МАРГИНИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО, БЕЗ МОЖНОСТИ ДА ОБЕЗБЕДАТ ПРИСТОЈНО ДОМУВАЊЕ, ОБРАЗОВАНИЕ, ЗДРАВСТВЕНА, СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ДРУГО.

„ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“, ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ“, СПРОВЕДУВАЈЌИ ГИ ПРОГРАМИТЕ ЗА ОБУКА ЗА НАЈБАРАНИТЕ ЗАНАЕТИ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР (ЅИДАРСТВО, МОНТАЖА НА ГИПС КАРТОНИ, ФАСАДЕРСТВО И МОНТАЖА НА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ), ОТВАРА МОЖНОСТИ ВО НЕГО ДА НАЈДАТ РАБОТА РОМИ ОД КУМАНОВО И ПРИЛЕП.


ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ

2/ 3

СО „ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ“ ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА -„Бла одарам за времето кое о одвоивте за да ми дадете по олема можност во барањето на мојата идна работа“.-

Ова е една од изјавите на учесниците на одржаните обуки во рамките на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ што „Хабитат Македонија“ го спроведе во текот на 2017 година заедно со Здружението на бизнис и консултанти „Креација“ од Скопје и Центарот за ромска заедница „ДРОМ” од Куманово. Проектот е финансиран од Европската Унија, во рамки на инструментот ИПА 4, а преку него „Хабитат Македонија“ го адресира проблемот на невработеноста на Ромите од аспект на поддршка и зајакнување на човечкиот потенцијал во рамки на ромските заедници во двата споменати македонски града. Од јануари до декември 2017 година се реализирани теоретски и практични обуки за вештини за градба (ѕидарство, гипсарски работи, фасадерски работи, вградување на ПВЦ - прозорци и врати) за 80 учесници Роми, а се сертифицирани и знаењата на 43 ромски работници.

Зоран Костов

„Една од стратешките ориентации на “Хабитат Македонија“ во тековниот деловен план е развој на пазарот во секторот домување. Во овој контекст, развојот на пазарот на работна сила е клучна компонента, особено имајќи ги предвид - од една страна воведувањето нови технологии и практики, а од друга - миграциските трендови и одливот на лица со квалификации и вештини потребни во градежниот сектор.“ – Зоран Костов, извршен директор на „Хабитат Македонија“

Сто и дваесет учесници од кои 48 жени Ромки, а меѓу кои и жени од други социјално загрозени групи посетуваа обуки за вештини за вработување и работилници за поттикнување и мотивација за олеснување на нивното вработување. Во рамките на проектот е оформена и база на податоци со сертифицираните работници и потенцијалните работодавци. Реализирана е и работилница за интеркултурно учење со потенцијалните работодавци, како и предвиденото вмрежување и директно поврзување на работниците и работодавците. Во проектот се вклучени и градежни компании од Прилеп и Куманово, а со него се предвиде и одржување на локални саеми за вработување во двата града (во Куманово на 13 и во Прилеп на 14 декември 2017 година). Ромската заедница сè уште се смета за една од најмаргинализираните и обесправени групи во Македонија. Во 2007 година, „Хабитат Македонија“ го основаше Фондот за домување за Роми, и оттогаш оваа организација е активно вклучена во програми посветени токму на подобрување на условите за живот на Ромите. Проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“, кој ја продолжува работата и влијанието на „Хабитат Македонија“ во ромската заедница е насочен кон значително високотo ниво на невработеност кое опстојува во неа, а со тоа и кон нискиот животен стандард и проблеми поврзани со домувањето на сиромаштијата. Општата цел на проектот е да придонесе кон одржливо интегрирање на Ромите на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор, секторот за домување и енергетска ефикасност. Негова главна цел, пак е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација, обезбедувајќи соодветни и пазарно вреднувани индивидуални способности како што се знаења, вештини, мотивација и олеснување на пристапот до пазарот на труд преку креирање на споменатата Мрежа за вработување која ги поврзува градежните компании и потенцијалните ромски работници. Учеството на успешно реализираните обуки за вештини за вработување и за мотивација, на учесниците и учесничките им отвори можност да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и да добијат самодоверба и мотивација самостојно да аплицираат за понудените работни позиции.


„Адекватното домување и вработувањето на ранливите групи граѓани се тесно поврзани. Затоа ”Хабитат Македонија” презеде иницијатива за подготовка на проект што директно придонесува кон зголемување на можностите за вработување на граѓаните Роми во Куманово и Прилеп. Ромите со години наназад се социјално најранливата етничка група, со големи проблеми во домувањето кои произлегуваат пред се од ниското образовно ниво и невработеноста. Заедно со партнерите во проектот ”ДРОМ” и ”Креација”, направивме низа активности за обука за градежни занаети, сертификација и социјални вештини, со кои веруваме дека се зголемија можностите за наоѓање работа на нашите корисници. Саемите за вработување и кариера во Прилеп и Куманово се уште една можност тие да се претстават и да се поврзат со потенцијалните работодавци, а се надевам и дека голем број од нив ќе се вработат.“

Лилјана Алчева

– Лилјана Алчева, заменик директор за програма во „Хабитат Македонија“. Проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ ги насочува своите активности во градежниот сектор кој има повеќе бариери меѓу кои се: влијанието на финансиската криза во 2009-та година, отсуство на сеопфатни политики за човечки ресурси, отсуство на лојалност поради намалениот број градежни проекти, мигрирање на работната сила во други земји, мотивираност на работната сила за стручни обуки, ниско ниво на образование на работната сила, јазични бариери и писменост и др. Проектот адресираше и дел од главните проблеми со кои се соочува ромското население, какви што се: немање доволно програми и проекти кои обезбедуваат обуки за квалификација и доквалификација на ромските градежни работници, немање соодветно знаење и искуство во специјализирани градежни области, понизок степен на образование на Ромите (најчесто незавршено основно образование), стапка на невработеност на жените Ромки на пазарот на труд која е повисока од стапката за мажите, жените Ромки не се активни во градежниот сектор, но имаат потреба од обука за вработување и мотивација, препознавање на ромските работници како посакувана работна сила, фактот дека Ромите сеуште се најмаргинализирана заедница во Македонија најмногу поради нискиот степен на образование и недоволните напори за решавање на проблемот со нивното образование.


Проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ е спроведен во општините Прилеп и Куманово. Според последниот попис, кој сепак не ја отсликува реалната состојба, во Општината Куманово има над 105 илјади жители, од кои над 4 илјади се Роми, а во Општината Прилеп има 76 илјади жители, од кои бројот на Ромите надминува исто така 4 илјади.

Во Општина Прилеп најголем дел од ромското население живее во населбите Тризла 1 и Тризла 2. На крајот на 2016 година се регистрирани вкупно 760 невработени Роми, од кои 331 биле жени. 730 лица (96,05%) без образование и со основно образование. Околу дваесеттина лица пак биле со средно образование, а само едно со високо образование. Илија Јовановски, градоначалник на Прилеп: „Граѓаните од ромска националност во Прилеп чиј број со точност не се знае, зашто по интензивните демо рафски бранувања не е извршен попис, живеат во тешки социјални услови.Тие се најмар инализираната социјална рупа на општеството. Затоа моите заложби се овие раѓани да и тр неме од мар ините, преку економска и социјална инклузија да им о обезбедиме местото во општест– вото што о заслужуваат. Образование, едукација, преквалификација и доквалификација се дел од мерките кои што требало мно у порано да се имплементираат, за да се обезбедат предуслови овие раѓани да бидат работно ан ажирани. Соработката на Општина Прилеп и ”Хабитат Македонија” е значајна на полето на адекватната инклузија и решавање на елементарните проблеми на Ромите во Прилеп“. Во Општина Куманово ромската популација најчесто живее во населбите: Средорек, Бараки, Стари Лозја, Бавчи, Проевце, Бедиње, а дел и во центарот на градот. Во Центарот за вработување во Куманово во 2016 година, биле евидентирани 597 невработени Роми. Најголемиот дел од 358 Роми кои барале работа имале основно или недовршено основно образование. Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово: „Куманово е мултиетничка општина во која успешно се не ува верската и националната толеранција. Секојдневно се трудиме да допринесеме за побрзо решавање на нај орливите проблеми на сите етнички заедници во неа, како и на ромската популација. Преку вклучување во образовниот систем, со социјализација, доедукација, како и преку вработување да направиме услови за по олема инклузија на Ромите во општествениот живот. Општината Кумановo и ”Хабитат Македонија” имаат успешна соработка која се реализира директно преку проекти што заедно и работиме за доброто на раѓаните. Невладиниот и раѓански сектор е особено важен за создавање на проекти во една мултиетничка општина како што е Куманово. Затоа е важно да продолжи нашата соработка за доброто на сите наши со раѓани“.


МАЈСТОРСКИ (ЅИДАРСКИ) ЕСНАФ „На три раце беа мајсторите у нас: ѕидари калдрмаџии; има мајстори пак целата куќа можи да ја напраи - и ѕидаријата и дрвеното и мачканицата; има мајстори што држат дуќани и се викаат ковчегари (столари, дограмаџии). Алатите од ѕидарите сет: една терезија железна што го мерат ѕидо, друга терезија што го мерат темелот; имаат еден чекан, имаат и една мистрија и една мала; има и една копанка што си носат кал“.

Марко Цепенков

„ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ во рамките на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”, спроведе: Теоретска и практична обука за вештини за градба: Ѕидарство, Гипсарски работи, Фасадерски работи и Вградување на ПВЦ - прозорци и врати.


ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ

6/ 7

ОБУКИ ЗА ЅИДАРИ Обуките за ѕидари во општините Прилеп и Куманово се одржаа во средината на 2017 година. Обуката во Прилеп беше организирана во основното училиште „Добре Јовановски“ (во просториите на Центарот за спроведување на обука за одбрана и заштита), a во Куманово обуката се одвиваше во основното училиште „11 Октомври“. Обуките беа интерактивни и учесниците поставуваа прашања и бараа одговори за одредени дилеми и практични можности при изведба на работите. Дел од нив и активно учествуваа пренесувајќи свои искуства и сознанија. На презентациите се користеа и видео материјали за полесно разбирање на материјалот, а на крајот од обуката на кандидатите им беше презентиран и Прирачник кој треба да им послужи како потсетник и како водич во ѕидарските работи. Здрав ѕид, сигурен и удобен дом Обуката за ѕидари опфаќаше неколку теми, кои прво беа разработени теоретски, а потоа беа и практично презентирани. Секој од учесниците имаше можност да ги примени теоретски совладните вештини. Така, идните ѕидари, ги научија материјалите за ѕидање, алатите за работа при ѕидањето и која е постапката на монтажа и како се изведуваат ѕидовите. Како важни сегменти во теоретската обука беа опфатени и заштитата и заштитната опрема при работа, како и заштитата на околината.

ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ГО МЕНУВА НАЧИНОТ НА ГРАДЕЊЕ Според заклучоците од проектот „Енергетско ефикасни домови“ на „Хабитат Македонија“, кој започна со реализација од 2009 година и пилот­проектот на УСАИД за енергетска ефикасност, потребата од заштеда на енергија во новоизградените објекти налага менување на начинот на градење. Неопходно е користење на иновативни и поквалитетни градежни материјали, но и примена на системска градба за да се исполнат строгите процедури за обезбедување сертификат за енергетски карактеристики на зградите за домување. И додека спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност сè уште не претставува задолжителен дел од изградбата на новите објекти, некои од градежните компании веќе прават значајни промени во начинот на градење.

ОБУКА ЗА ПРАКТИЧНИ ГРАДЕЖНИ ВЕШТИНИ ВО ПРИЛЕП

Полагање пред стручна комисија од обуките за ѕидари

Обука за практични градежни вештини

Практичниот дел од обуката за градежни вештини во Прилеп се реализираше од 21 до 25 август 2017, година во ОУ „Добре Јовановски“ во ромската населба Тризла, во просториите на споменатиот Центар за спроведување на обука за одбрана и заштита што ги користи училиштето за настава. Обуката беше реализирана во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“, а во неа учествуваа Роми од Прилеп кои сакаат да ги усовршат своите градежни вештини и да станат активни работници во градежниот сектор во градот и во регионот. Под водство и инструкции на претставници од локални градежни фирми тие на лице место успешно го аплицираа теоретското знаење стекнато во претходно посетуваните обуки. Инструкторите на обуката, пак, особено внимание посветија на деловите за енергетска ефикасност во однос на аплицирањето на сите материјали во градежништвото. Практичниот дел опфати: подготовка на надворешен ѕид за апликација на фасада, апликација на фасада и бојадисување; подготовка за поставување на гипс картон, поставување на гипс картон и завршна апликација на абриб; подготовка на рамка за ПВЦ- прозорци и врати, составување и поставување на самото место; подготовка за ѕидање, ѕидање, финална апликација на малтер. Освен што учесниците се стекнаа со практични градежни вештини за постигнување на енергетска ефикасност, дополнително преку обуката беа подобрени условите во просториите каде се одвива наставата за трето и четврто одделение. Инаку, повеќе од 70% од учениците во ОУ „Добре Јовановски“ се од ромската популација.


ОБУКИ ЗА МОНТАЖА НА ГИПС КАРТОН И ИЗОЛАЦИЈА Обуките за монтажа на гипс картон и изолација, во општините Прилеп и Куманово, се одржаа на крајот од мај и почетокот на јуни 2017 година. Наставата се одвиваше според Прирачникот за монтажа на гипс картон, направен специјално за таа намена. Секако и оваа обука содржеше теоретски и практичен дел, со интерактивна комуникација со учесниците. Тие поставуваа прашања и бараа одговори за одредени прашања при изведба на работи врзани со монтажа на гипс картон, за кои им беа предложени и практични совети со цртежи за полесно разбирање на операциите на монтажа. Учесниците на обуката научија да ги разликуваат и правилно да ги употребуваат термините на материјалите потребни при работа со гипскартонски плочи. Научија повеќе за потконструкцијата, за топлинската и звучната изолација, како и за потребниот алат за работа со гипс картон и неговото правилно користење. Како важни сегменти во теоретската обука беа опфатени и заштитата и заштитната опрема при работа, како и заштитата на околината.

СЕГА РАБОТАМ ПОБРЗО И ПОЛЕСНО

Полагање пред стручна комисија од обуките за монтажа на гипс картон и изолација

Бајрам Елезовски

Бајрам Елезовски, Прилеп: „Јас веќе имав некакво искуство. И ако веќе бев некаков мајстор, станав уште подобар. Ако порано имав принаучено, сега веќе знам како се користат материјалите и како правилно се употребуваат, ги познавам и ги порачувам со вистинското име. Полесно можам да се разберам и така се исклучуваат грешките. Моја определба е монтажа на гипс картон и монтажа на стиропор фасада. Сега можам да побарам работа како комплетен мајстор за фасада. Она што до сега го имав научено беше со пренесување на знаење од мајстор на мајстор. Некои работи ќе ги разберев, некои не. Почнав како мал да одам со татко ми на објекти, продолжив со мајсторите. На почетокот само им помагав и гледав како и што работат. Сега веќе, по овие обуки, сè си доби своја смисла. Сега и теоретски, но и практично знам како исправно се работи со стиропорот, како се местат таблите и кои се новитетите во работењето. Сега работам побрзо и полесно. Бев и на обуката во Струга. Таму предавањата навистина беа приспособени за нас, а она што најмногу изненадуваше беше тоа што луѓето од ”Хабитат Македонија”‚ се трудеа ништо да не ни недостига. И покрај тоа што учевме многу нови работи, предавачите нè слушаа и нас и често разменувавме мислења. Тие сакаа да слушнат како некои работи и практично се работат. Кај нас работа се наоѓа со препораки, според квалитетно сработената работа. Но, сега ќе имаме и диплома дека сме завршиле курс, па оние што сакаат да нè ангажираат, ќе имаат гаранција повеќе. Ние пак, со наученото, ќе знаеме точно што и колку ни треба. Научивме да ги пресметаме потребите во однос на објектот кој го работиме“.


ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ

8/ 9

ОБУКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ФАСАДА ОД ЕКСПАНДИРАН СТИРОПОР ДОБРАТА ФАСАДА ЈА ПОДОБРУВА И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ Според заклучоците од проектот „Енергетско ефикасни домови“ на „Хабитат Македонија“, кај неизолираните објекти загубите на топлина можат да достигнат и до 30 проценти. Домовите ќе бидат енергетски поефикасни доколку имаат и добра топлинска изолација, a добрата фасада придонесува за тоа. Во еден добро изолиран објект, топлината рамномерно се распределува. Изолацијата спречува кондензација на стаклата на прозорците, а со тоа и појава на мувла. Со добра изолација е потопло зиме, а поладно лете. За подобра енергетска ефикасност е потребен и добро изолиран покрив или промена на стариот. Покривот го штити целиот објект од температурни разлики, поточно од атмосферските промени и влијанија.

Обуки за енергетска ефикасност, за правилно користење на материјалите при изработка на фасада од експандиран стиропор, беа одржана на крајот од мај и почетокот на јуни 2017 година во Прилеп и во Куманово. Учесниците можеа да научат кои се термоизолационите материјали за изведба на КС и НТИ композитни системи за надворешна топлинска изолација на фасада од стиропор, попознати кај народот како ,,ДЕМИТ” фасада. Посетителите на обуките беа запознати и со дополнителните материјали, но и со алати кои се користат при монтирањето на оваа фасада. Како и кај обуките за ѕидарство и гипс картон и тука беа разгледани важните сегменти во теоретската обука, заштитата и заштитната опрема при работа, како и заштитата на околината.

Полагање пред стручна комисија од обуките за енергетска ефикасност

ОБУКА ЗА ПРАКТИЧНИ ГРАДЕЖНИ ВЕШТИНИ ВО КУМАНОВО И во Куманово, во ОУ „11 Октомври“ во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ од 30 август до 7 септември 2017 година се одржа практичниот дел од обуката за градежни вештини. Учествуваа Роми од истиот град кои сакаа да ги усовршат своите градежни вештини и да станат активни работници во градежниот сектор во Куманово и во регионот. Конкретно, под водство и инструкции на претставници од локални градежни фирми, учесниците имаа можност на самото место да го применат теоретското знаење стекнато во изминатите обуки. И тука инструкторите посветија особено внимание на деловите за енергетска ефикасност во однос на аплицирањето на сите материјали во градежништвото. Практичниот дел опфати: подготовка на надворешен ѕид за апликација на фасада, апликација на фасада и фарбање; подготовка за поставување на гипс картон, поставување на гипс картон и завршна апликација на абриб; подготовка на рамка за ПВЦ/ прозорец,врата, составување, и поставување на лице местo; подготовка за ѕидање; ѕидање и финална апликација на малтер. Но, обуката не беше значајна само затоа што преку неа учесниците добија можност да се стекнат со практични градежни вештини за постигнување на енергетска ефикасност, туку преку неа беа дополнително подобрени условите во ОУ „11 Октомври“ каде големиот дел од учениците се Роми. Последните градежни зафати во училиштето се направени во време на неговата изградба, во 60 -тите години на минатиот век.


ОБУКИ ЗА ИЗРАБОТУВАЧИ И МОНТАЖЕРИ НА ПВЦ ГРАДЕЖНА СТОЛАРИЈА Обуките за занимањето изработувач и монтажер на градежна столарија, се одржаа на крајот на јуни 2017 година во Прилеп и Куманово. Посетителите добија и прирачници за работа кои им помогнаа полесно да се стекнат со основните знаења од тоа занимање, како и да се стекнат со работни навики, со навики од технички карактер, со знаења и вештини при ракување со соодветен алат, машини и опрема. Преку Прирачникот кандидатите стекнуваа знаења за читање на техничко-технолошка документација, за мерење,за уреди за мерење и контрола, како и за материјали за изработка на градежна столарија (алати, машини и прибор за изработка и монтажа на градежна столарија), но и за примена на ХТЗ опрема и ППЗ. Како и кај обуките за другите вештини, така и тука беа разгледани важните сегменти во теоретската обука, заштитата и заштитната опрема при работа, како и заштитата на околината.

ЗАМЕНЕТИТЕ ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ЈА НАМАЛУВААТ ЗАГУБАТА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ДО 30% Според заклучоците од проектот „Енергетско ефикасни домови“ на „Хабитат Македонија“ во зимскиот период, старите прозорци и балконски врати оневозможуваат ефикасно загревање на целиот дом, а притоа сметките за електрична енергија се високи. При замена на старата и дотраена столарија со нови, енергетско­ефикасни ПВЦ/прозорци и балконски врати, сметките за електрична енергија ќе бидат пониски или можеби исти, но со затоплен стан и со чувство на удобност. Лете новите ПВЦ - прозорци и балконски врати нема да ја пропуштаат топлината однадвор и клима­уредот нема да работи постојано за да ја излади просторијата. Се штеди и електрична енергија, зашто клима­уредот ќе работи одвреме ­навреме, само колку да ја постигне посакуваната температура.

ЧОВЕК ДУР Е ЖИВ УЧИ „На обуките на „Хабитат“ научив нови нешта за вградувањето на прозорци и врати од пвц, иако на таков вид монтажа работев во Германија во 1992 година. Обуката што се одржа летово во мојата населба „Тризла“ во Прилеп ми беше лесна токму поради тоа, а задоволен сум и од обуката во Струга на која навистина научив нови работи кои ги знаев претходно, но не знаев да ги сработам како што треба. Таму пак научив како се пополнува си-ви (CV), не сум пополнувал досега такво нешто. За овие обуки дознав преку невладината организација „ДРОМ“. Добро е да се работи со луѓето од „ДРОМ“ и од „Хабитат“, супер се! Досега, наоѓав работа најчесто по препорака и преку оглас, а порано бев и вработен во фирмата „Димче Бањарот“, преку Агенцијата за вработување каде што бев и на курс за заварувач. Сега, по обуката за Мухрем Амедов вградување на прозорци и врати од ПВЦ, мислам дека ќе бидам исто така добар и во тоа. Од оваа обука научив и какви поквалитетни материјали да ставам дома и тоа токму во овој ноември, кога една фирма треба да ми ги смени прозорците и вратите. Човек дур е жив учи! Имам три деца и сите се образовани, едната од двете ќерки, но и синот беа на обуките. Никогаш не сум ги спречувал моите деца да се образоваат и секогаш ги убедувам и соседите и роднините да си ги праќаат децата на училиште и на обуки, и победувам во тоа! Тие гледаат дека моите деца завршија училиште, а Мевлиде има желба и да студира“. Полагање пред стручна комисија од обуката за изработка и монтажа на ПВЦ градежна столарија


ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ

10 /11

Ромите во Македонија имаат понизок степен на образование (најчесто незавршено основно образование), а како причина за тоа се смета раното вклучување на пазарот на трудот. Од своја страна, тоа овозможило тие да се здобијат со искуство и вештини, но поради проблемите со писменоста, како и јазичната бариера и неможноста да се изразат соодветно на македонски јазик, не придонесува тие и да ги верификуваат своите знаења. Дотолку повеќе, иако можеби применуваат модерни технологии и материјали за градба, тоа не го препознаваат како своја надградба и предност во однос на другите работници. Преку проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“, 43 градежни работници од Прилеп и Куманово добија можност да се здобијат со сертификати кои се и меѓународно признаени од поголем дел земји од Европската Унија, како и од градежните фирми.

Мухамед Ајдаровски

Али Ајдаровски

НА ОБУКИТЕ ОД ”ХАБИТАТ” ИМАШЕ ШТО ДА НАУЧИМЕ Таткото и синот Ајдаровски од Куманово учествуваа на обуки во истиот град и во Струга Мухамед Ајдаровски: „Иако со години работиме како фасадери и гипсари , сепак на обуките од ”Хабитат” имаше што ново да научиме, но и да добиеме дипломи. Научивме работи кои во практика ги изведуваме на објекти но не им ги знаевме имињата. Во ”Рим – Париз” во Куманово слушавме предавања за правење фасади и за гипсарство, и иако со син ми ги знаеме потребните материјали, знаеме како се наречени, колку треба да користиме од нив, имаше детали кои не ги знаевме добро. На пример, за нивото на влагата, воздухот, за потребното ниво на топлина, нови нешта за светлината поврзани со материјалите, работи кои не сме ги знаеле, а веќе ги користиме, ги практикуваме. Не учеа како да се заштитиме при работа, што да носиме на себе. Веќе и ја носиме заштитната опрема која многу ни помага при работа. За обуките дознавме од здружението ”ДРОМ” и задоволни сме од нивната организација. Јас се водам како невработен, а со синот планираме да отвориме некоја фирма и со помош и на ”ДРОМ” полесно да наоѓаме работа. Очекуваме здружението да ни помогне во тоа. На тој начин полесно ќе можеме да конкурираме за работа на други места каде се бараат работници како нас. Нашето семејство брои осум члена, некогаш имаме работа некогаш не, не е лесно. Сите луѓе не можат да не ангажираат, не можат да стават фасади на куќите, тоа е сепак за нив скапо, 17 евра чини еден квадрат. Со оваа работа, фала му на Бога, ние сепак живееме просечно. Предавачите кои ни ги држеа обуките сакаа да ги слушнат нашите искуства, што и како работиме. Бараа и од нас мислења за одредени нешта, а ние сме многу задоволни од нивните предавања. Навистина имаат искуство во тоа што го говореа. Нас не знаат во Куманово, знаат како работиме и затоа не бараат. Преку Агенцијата за вработување досега не сум нашол работа иако сум барал. Имам само 18 години стаж од бивша Југославија, а синот е вработен во ”Чистота”, цел ден е со мене а потоа оди на работа“. Али Ајдаровски: „Работата е некогаш тешка но некогаш и лесна. На обуките на ”Хабитат” научив многу работи кои не сме ги знаеле досега, а сега и ги користиме. На обуката во Струга на пример, за прв пат научив како да правам мотивациско писмо. Можеби ќе ми треба за некое пријавување за работа во иднина. Сега - засега имаме работа во Куманово и Скопје, далеку не одиме“.


ОБУКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТИЛНИЦА ЗА МОТИВАЦИЈА – ОХРИД , 11 -13 АВГУСТ 2017 Процентот на невработеност на жените Ромки на пазарот на трудот во Македонија е повисок од оној на мажите. Жените Ромки не се активни во градежниот сектор, но имаат потреба од обука за вработување и мотивација. Жените се поактивни во други области (козметика, фризерство, шнајдерство, угостителски дејности, итн.) и за нив треба да се обезбедат соодветни програми/обуки од организации кои работат на таа проблематика. Проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ понуди можност 15 жени Ромки да бидат дел од обуката за вработување и дел од работилницата за мотивација одржани во негови рамки. На обуката за вработување на жени од ранливи категории од Куманово и Прилеп, која како дел од истиот проект се одржа од 11 до 13 август 2017 година во Охрид, присуствуваа 15 жени (Ромки, самохрани мајки, долгорочно невработени, приматели на социјална помош итн.), a целта беше зголемување на конкурентноста на жените Ромки на пазарот на трудот преку зголемување на нивните вештини за општа вработливост. Конкретно, оваа обука беше насочена кон подобрување на комуникациските и презентациските вештини на жените од ранливите категории, кон зголемување на самодовербата и мотивацијата за да аплицираат самостојно на работни позиции кои се нудат на пазарот на трудот, како и кон стекнување на вештини за изготвување на квалитетна апликација за работа. Дел и од учесничките задоволни од обуката, меѓудругото и изјавија: „Најбитно е што научивме како да се однесуваме кога ќе бараме работа, како да се обраќаме на интервју“, „Консултантите беа одлични со прецизни објаснувања за подготовка и изработка на си -ви (CV)“.

ОБУКАТА БЕШЕ ОНА ШТО МИ ТРЕБА Рафаела Демировска, Куманово: „За можноста да учествувам на обуката која ја организираше ”Хабитат Македонија”, дознав од нашата, кумановска невладина организација ”ДРОМ”. Тоа беше обука која во моментот беше она што ми треба. Јас ја нарекувам ”како полесно да најдам работа”. Од работите кои ги научив можам да издвојам дека сум добра во подготвувањето на мојата работна биографија, со што сум сигурна дека полесно ќе имам пристап до работодаците. Претходните привремени вработувања ми беа само по препорака, без да ги понудам своите знаења и познавања. Предавањата на обуката која се одржа во Охрид, беа сосема приспособени и на разбирлив јазик за мене. Сега се чувствувам многу поподготвена и сигурна во себе да најдам работа.

Рафаела Демировска

Немав никакви предрасуди поради тоа што сум жена, ниту пак некој ми упати било каква забелешка во врска со тоа. Напротив, имав целосна поддршка од семејството и од луѓето кои ги запознав. Па ете, благодарна сум им на луѓето од ”Хабитат Македонија”, пред сè што ми овозможија да ја посетувам оваа обука, а потоа и за тоа што на толку добар начин постапуваа со мене и ги приспособија своите предавања да можам да ги разберам и да одговорам на бараните задачи. Посебно сум горда што на обуката една од моите изработени задачи го освои второто место“.


ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ

12 /13

OБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБOТУВАЊЕ И МОТИВАЦИЈА - СТРУГА, 15 - 17 СЕПТЕМВРИ, 2017 ГОДИНА Стручните обуки и искуството несомнено претставуваат фактор за полесно интегрирање и на ромските работници на пазарот на трудот. Вештините за вработување (подготовка на сопствена биографија, сопствена презентација пред работодавец, начини за барање и нудење на работа) се покриваат со посебна обука со што се придонесува кон зајакнување на мотивацијата, самодовербата и позицијата на пазарот на трудот. Oбукатa за вештини за врабoтување и мотивација која се одржа од 15 до17 септември 2017 година во Струга е дел од проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите” кој опфати 120 Роми, меѓу кои и други социјално загрозени групи од Прилеп и Куманово. Тие поминаа обука за вештини за вработување и за мотивација, со цел да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и да добијат самодоверба и мотивација самостојно да аплицираат за работни позиции кои се нудат на пазарот на трудот. На тридневната обука во Струга присуствуваа 32 невработени жени од социјално ранливи категории. Беа реализирани 6 тренинг сесии: вовед; креативност и иницијатива; барање рабoта и аплицирањe за рабoта; вештини за пoдгoтoвка на лична биoграфија; стереoптипи; рабoтна етика; планирање и организација; кoмуникациски вештини; лични вештини; самoдoверба и мoтивација. Обучувачите споделија информации и за тоа како се доаѓа до информации за слободни работни места и ја презентираа состојбата со пазарот на трудот во Република Македонија. Главната цел на четвртата работна сесија, беше запознавање на невработените учеснички од двата града со основните елементи кои треба да ги содржи одличната апликација за работа. Учесниците и на практичен начин се запознаа со составните елементи на квалитетна професионална биографија, научија што е тоа мотивациско писмо и каде се употребува, како и кои сè документи треба да бидат приложени при аплицирање за вработување. Неколку од учесничките пројавија интерес и посочија дека се подготвени да започнат сопствен бизнис, така што една од препораките од оваа обука е во иднина да се размисли на истите да им се понуди некоја дополнителна обука за претприемништво и започнување бизнис. „Благодарам за времето кое го одвоивте за да ми дадете поголема можност во барањето на мојата идна работа“, „Обучувачите беа концизни и јасни. Практични во објаснување на ситуации во кои може да се најде лицето кое бара работа“ , беа дел од отценките на учесниците.

ОД СТРУГА ЌЕ ОСТАНАТ МНОГУ ДОБРИ СПОМЕНИ

Мевлиде Амедова

Мевлиде Амедова: „Имам 19 години, завршив средно медицинско училиште, по професија сум физиотерапевт. На обуката за мотивација и вклучување на пазарот на трудот која беше многу добра, не само што стекнавме и практично знаење како да се подготвиме за интервју кога бараме работа, туку и научивме многу за нас самите, за самодовербата, за тоа која професија ја сакаме, што е она што не прави среќни. А од Струга ќе останат и многу добри спомени. Од обуката најмногу ми се допадна пријателското однесување на луѓето од ”Хабитат”, но и езерото, другарите... Мислам дека обуката многу ќе ми помогне во иднина да имам помалку трема при личен контакт на интервјуата за работа“.

СЕ ЧУВСТВУВАМ ПОСИГУРЕН ЗА БАРАЊЕ РАБОТА Кевин Нијазов: „Јас живеам во населбата Средорек во Куманово, имам 19 години и завршено средно училиште за автомеханичар. Навистина сум многу задоволен од обуката за мотивација и вклучување на пазарот на трудот во Струга. Беше многу интересно. Сите учесници беа активни, зборувавме, добро се дружевме,иако претходно не се ни познававме. За мене ова беше многу добро. Најмногу ми се допадна начинот на кој го правевме мотивационото писмо но и интервјуто за работа што исто така го правевме сами. Целта заради која дојдов на обуката беше во иднина и да си ги надградам знаењата а и да стекнам и градежни вештини за да најдам полесно работа. Сега се чувствувам и посигурен и во поврзувањето со други луѓе во барањето работа. На крајот од обуката направив и апликација. Би сакал и да продолжам да контактирам со луѓето со кои бев тука“. Кевин Нијазов


ЗАШТИТНАТА ОПРЕМА Е НЕОПХОДНОСТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО Александра Савевска, проектен координатор во „Хабитат Македонија“ „Во рамки на проектот ”Одржливи модели за вработување на Ромите” особено беше потенцирана заштитата на здравјето на луѓето кои се вклучени во изведба на градежни работи. Првично, за време на теоретскиот дел од обуката за градежни вештини во областите: ѕидарство, фасадерство, гипсарство и вградување на ПВЦ - прозорци и врати, оние кои ја посетуваа обуката се запознаа со концептот на заштита при работа. Подоцна, кога се вклучија во практичниот дел од обуката и излегоа на терен да го применат стекнатото знаење во ѕидарството, фасадерството, гипсарството и вградувањето на ПВЦ, тие добија заштитна опрема. Која ја обезбеди ”Хабитат Македонија” со помош на ЕУ, а се состоеше од следните делови: - - - - - - -

Заштитен шлем; Маска за дишење; Заштитни чевли; Заштитни очила; Заштитно одело; Заштитни ракавици; Тампони за уши.

Денес, со сигурност можеме да кажеме дека посетителите на обуката јасно разбираат дека носењето на заштитна опрема е еден многу важен дел од изведувањето на сите градежни работи. Нејзиното носење освен што придонесува за успешно спроведување на сите планирани активности, на работниците им овозможува и заштита на здравјето и сигурност во работата.

Асан Салиоски од Прилеп за заштитната опрема вели: „Порано можеби знаевме дека треба да се заштитиме при работа, ама тоа не го правевме поради повеќе причини. Сега, покрај тоа што научивме како да ја користиме, ние добивме и заштитна опрема од ”Хабитат”. Морам да признаам дека навистина ја користам. Ете, и сега ги носам чевлите и некои други работи со мене“.

МРЕЖА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Во градежниот сектор не e лесно да се препознаат соодветните работници за некоја работа. Во Прилеп и Куманово има минимум по 15 градежни фирми, кои работат ѕидарство, монтажа на гипс картон, фасадерство и вградување на прозорци и врати. Ромските работници несистематски наоѓаат работа, или поточно, добиваат информација за отворени работни позиции во градежните фирми. Со актуелниот проект на „Хабитат Македонија” предвидената во него, Мрежа за вработување ќе ги поврзе понудата и побарувачката на пазарот на трудот во двата града. За таа цел е намената и изработката на софтвер кој треба да ги вкрсти барањата на работодавците и расположливите работници на пазарот. Воедно, на крајот на 2017 година планираните два саеми за вработување (во Прилеп и Куманово) ќе послужат за директни контакти меѓу работниците и работодавците. Добро е да се вклучат што повеќе засегнати страни во Мрежата за вработување и на Саемите, со што би се овозможиле и индиректни вмрежувања (вклучување на Агенцијата на вработување на Република Македонија, на приватни агенции за посредување, на локалната самоуправа во процесот на интегрирано и систематско вработување на ромските работници).


ОДРЖЛИВИ МОДЕЛИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОМИТЕ

14 /15

„Хабитат Македонија” е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На овие луѓе, „Хабитат Македонија” им обезбедува експертиза за градба, како и градежни материјали што ќе им помогне при градењето на сопствено живеалиште. Организацијата покрај проектот за новоградби, работи и на голем број други проекти, како што се: Одржливи модели за вработување на Роми, Унапредување на енергетската ефикасност во секторот домување, Легализација на домувањето во ромските заедници, Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој и сл. „Хабитат Македонија” е дел од меѓународното Хабитат семејство - „Хабитат Интернационал”, која пак работи на елиминација на сиромашното домување и бездомништвото во светот, се обидува пристојното живеалиште да биде работа на совест и делување. „Хабитат” низ светот има изградено над 175 000 куќи, со што има обезбедено пристојно, безбедно место за живеење на околу 750 000 луѓе во над 3 000 заедници.

НАШИТЕ ОСНОВНИ НАЧЕЛА

СИЛА

СИГУРНОСТ

САМОСТОЈНОСТ

ДОМ


WWW.HABITAT.ORG.MK

Проект финансиран од Европската Унија, а имплементиран од „Хабитат Македонија“, „ДРОМ“ и „Креација“ во општините Куманово и Прилеп во 2017 година Овој Билтeн е овозможен со поддршка од Европската Унија. Содржината на Билтенот е единствена одговорност на авторите и во никој случај не ги изразува гледиштата на Европската Унија.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.