Списание МУЗИКА Бр.16

Page 10

Музика, год. 13, бр.16, стр. 03-22 2010 изразни музички елементи со различно традициско потекло. Така, во употребата на изведувачкиот состав, структурата и слогот на фугата, политоналноста, во ставот се забележуваат елементи кои водат потекло од професионалната европска традиција од 20 век. Во употребата на црковно-словенскиот текст, самостојното звучење на хорот кон крајот од ставот, препознаваме традициски елементи на словенското православие од византиски тип. И на крај, во модалната организација заснована на трихордални модуси, од дијатонски тип со тоника на средишното стапало, се вметнати и елементи од македонската фолклорна, селска традиција. Табела бр.2 СТИХИРЕ

Во македонската православна традиција

Кај Зографски

Изведувачи

Народ (хор)

Хор и оркестар

Форма

Рефрен или припев по прочитување на текст од псалм

Самостоен став на ораториум

Јазик

Црковно - словенски

Црковно - словенски

Тематика

Славење на Господа, Се благословува возласување од типот јазикот со возгласот Господи услишимя, осана, Благословен јазик господи возвах

Музичката форма на recitativo, Прва песна, recitativo, Втора песна, recitativo По Стихире следува втората стуктурна целина од експозициската група како сложена триделна форма: - А (а recitativo, b Прва песна, a recitativo), - B (а b а Втора песна) и, - А (recitativo а b а). Recitativo Речитативот настапува како своевиден контраст на претходно изнесеното. Контрастот е постигнат со формообразувачките и содржинските страни на изразните елементи. Во него множественото начело е заменето со индивидуалното. Градбата на овој дел му е подредена на литратурниот текст. 8


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.