ДЛАНКОВОД
Снежана Паноска ***
Кога ќе подадеш рака не вели – дај, туку - повели, земи. Добрината не ја даваш, за да ти ја вратат или небаре за покој на душите ја раздаваш. Кога ќе ги испружиш рацете очекуваш прегратка, насмевка, топлина и радост, но не и ладнотија, бедотија, сиромаштија, празнотија. Искрените, убавите луѓе, подаваат рака со љубов, раздаваат љубов. Те дружат кога си сам, кога ќе паднеш - да се исправиш, и да продолжиш. И не се мери со рацете, како кантар испружени, кон сите страни на светот колку си силен, добар или лош. Оти со ништо не се мери она што го чуваш во срцето, а го носиш на лицето избраздено, или измазнето, избричено, нацрвено, набелено, насмеано, исплакано, намуртено, смртно.
14