Со голема чест и задоволство сакам да ви го претставам резултатот од последниот креативен предизвик на групата на Школата за поезија – Делегација Македонија, која е дел од Светската унија на поети, стихозбирката „Премин“. Со промоцијата на овој зборник поезија ќе се одбележи и Интернационалниот ден на поезијата на Светската унија на поети, 21 декември.