#поплава - Збирка поезија

Page 1


#поплава

2


#поплава

Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица― Глобално движење „100 Илјади поети за промена― – Македонија Светска унија на поети Scuola di poesia – School of poetry – Школа за поезија Делегација Македонија

Зборник на поезија: „Поплава“ Издавач: Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ За издавачот: Митко Гогов Графичко уредување и дизајн: @kihuPotru Лектура: Фросина Тасевска Фотографија на корица: Александар Пешевски Илустрации застапени во книгата: Diana Cumming, Ryan Anthony Davis, Mihir Balantrapu, Thomas Hart Benton (I, II), Marj Newnham, Captain Wakefield, Earl Cunningham, Huong Hoang Xuan, Joel Kimmel, John Hendrix, Rajeev Raj,Warren Gebert…

3


#поплава

4


#поплава

__________________________________________________________

#ПОПЛАВА збирка поезија посветена на настраданите* __________________________________________________________

5


#поплава

Македонија, 2016 година

6


#поплава

СОЧУВСТВО :

„Со голема тага Тери и јас слушнавме за масовните поплави кои одзедоа толку многу животи и уништија толку многу домови оваа година во Скопје, Македонија. Зборовите на поетите го одразуваат искуството на едно ниво далеку подлабоко од било кои наслови во вестите. Песните собрани во оваа е-збирка #поплава, кои ја одбележуваат оваа трагедија нѐ потсетува на тоа дека сите трагедии и сите радости се дел од глобалното искуство и свест. Ништо не може да му се случи само на еден, без тоа да допре до сите нас. Песните кои се собрани во оваа антологија говорат за една важна историја за заедниците кои страдаат и нивната волја да преживеат и сигурно ќе го одбележи овој трагичен момент во времето на моќен начин кој ќе се почувствува и на кој ќе се сеќаваме и во иднина. Овие песни во #поплава нѐ доближуваат поблиску до меѓусебната грижливост. Искрени желби за љубов и мир испраќаме до сите наши браќа и сестри во Македонија.― Мајкл Ротенберг и Тери Керион Ко-основачи на глобалното движење „100 Илјади поети за промена“

"Поетите од Светската унија на поети се собраа во чест на многуте жртви од неодамнешните поплави кои се случија во Македонија. Во вакви моменти како овој, човечката солидарност ги обединува уметниците од сите краеви на планетата. Јас го нудам моето сочувство до семејствата на жртвите и им се заблагодарувам на сите поети кои учествуваа во оваа благородна иницијатива." Силвано Бортолаци Основач на Светската унија на поети (W.U.P.)

7


#поплава

„Листот од врбите долж реката Кем е еден од симболите на Кембриџ. Листот е јазик на кревкоста, а кревкоста е единственото оружје на поетите. Оваа награда ја посветувам на загинатите во поплавата во Македонија. Велат водата има долго паметење, овој пат ние сме тие што треба да паметат. Суровоста на стварноста е во сознанието дека она што го имаме во најголемо количество во нашите тела – водата, може така лесно да нѐ убие.― Никола Маџиров (Изјава по повод наградата добиена во Кембриџ, Англија - 2016 година)

8


#поплава

ВОВЕД: Додека се креваа(т) облаците на небото, ги испраќа(в)ме душите во небесата; „Не постои општа несоница, освен кога таа не е причина за грижата кон собството и другоста. Во сопствената несигурност се давиме, не постојат гумени мускули кои ќе ја испловат на површина радоста, покривот на сопствениот дом некогаш е единствениот врв кој треба да го искачиме.“ Да пишуваш вовед за една збирка поезија која (ќе) говори за една од најнепријатните природни непогоди со кои Македонија се соочи е навистина тешко. Тежок е и самиот почеток, но некој мора да (за)почне. Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица―, преку глобалното движење „100 Илјади поети за промена― Македонија во соработка со Scuola di poesia – Школа за поезија – Делегација Македонија, ги повика сите поети од Македонија и пошироко да споделат своја поезија на тема „#ПОПЛАВА―. Оваа е-збирка непофторливо наречена „Поплава― по самата природна стихија која зафати голем дел од Скопје, опфаќа 60-на автори – поети кои освен што се вклучија во сите хуманитарни акции решија да ја поддржат и оваа иницијатива и да споделат дел од нивните стихови кои се создале како резултат на неколкудневната меланхолија, тага и жал кои се наметнаа како аманет од тоа што се случи. За поплавата можете да најдете многу повеќе бројки и статистики, лоши фотографии од погодените места, имиња на жртви, изживеани приказни на интернет, но ова што ќе можете да го прочитате во оваа е-збирка е еден подлабок и искрен крик на болката која ја чувствуваат поети од Македонија кои беа соочени со сите тие непријатни и јадни информации на кои речиси никој не остана рамнодушен. „Поплава― е колекција на колективната свест на искрени автори кои безрезервно решија да се вклучат во повик со кој ќе можеме да напишеме за едно исклучително лошо, но важно парче од историјата на нашата држава. И самиот јас бев сведок на ова невреме, одев во дождовница која речиси ги допираше моите половини, бев исклучен од целосна комуникација со блиските и трчав и барав можност да се скријам веднаш штом излегов од автобусот и се упатив кон автобуската станица. Тоа е само една мала слика за тоа што се случуваше. Тоа што се случуваше беше страшно и посакувам никогаш да не се повтори. Нека почиваат во мир! Социјално ангажираната поезија како современа алатка е од исклучителна важност за подигањето на свеста кај граѓаните за сите (не)природни несреќи кои ни се случуваат. Со споделувањето стихови докажуваме дека можеме да си помогнеме меѓусебно, на едно повисоко и попродлабочено духовно и ментално ниво, но и да се потсетиме на тоа колку е животот важен и непредвидлив.

9


#поплава

Многумина оваа природна катастрофа ја споредуваат со онаа која го удри Скопје 1963 година, односно земјотресот кој сруши(л) сѐ пред себе. Но како и земјотресот и оваа несреќа ќе биде врежана во меморијата на македонскиот народ како една од најголемите природни катастрофи кои го погодиле нашето подрачје. Секојдневно сме сведоци на природни катастрофи кои погодуваат делови од светот. Секојдневно гледаме енормни листи на жртви од разноразни (не)природни сценарија кои нѐ окупираат, кои вродуваат страв во нас, несигурност, потреба да бидеме побслиску до најсаканите, да се обединиме и да си помогнеме. Таква е и целта на оваа е-збирка „Поплава―. Обединување на поетите кои зборот го имаат како најсилна алатка за зближување, меѓусебната размена на мисли исполнети со сочувство, емоции силни како сонце по овој пороен дожд и љубов и разбирање. Кај некои од авторите се крие надеж дека ова само ќе направи да бидеме посилни и похрабри заедно да застанеме пред следната препрека која ќе ни ја донесе животот. За некои оваа книга е брод полн надеж, газел над кој светителите ќе направат литанија, судбина која ќе помине високо над градот и ќе нѐ направи почовечни. За друг дел од авторите е непријатна медитација која ги фрла назад во одвратните слики на настрадани, повредени, изгубени, потонати во солзи, бесни, расплакани алки на кармата која колку и да не може да се надмине, еднаш ќе биде на маргините на денот и тогаш кога ќе биде завршено сѐ, по коленичењето ќе станеме и повторно ќе се исправиме. Оваа е-збирка нема тенденција на читателот да му понуди естетски селектирано творештво кое сјае во сопствениот квалитет, напротив е една фузија од многу различни стилови, форми и начини на изразување. Авторите со овој гест на споделување на сопствена поезија само сакаа(т) да допринесат во рефлексијата на еден трагичен чин од историјата на нашата земја, за една сурова реалност која може да му се случи на секого, независно од тоа дали е богат или не, независно од тоа каде живее на планетата земја. И словото и online активизмот можат да спасат нечиј живот, со оваа е-збирка на сите заинтересирани им покажуваме дека тоа е навистина така! Ваквите природни катастрофи не се случуваат за прв, ниту за последен пат на планетата земја, она што ни останува на сите нас како глобални жители на планетата е да ги поттикнеме заедниците во кои живееме да бидеме поподготвени, да знаеме кога е време за алармирање, а кога е време за евакуирање. Да не се повторуваат ваквите природни непогоди, но да не се повторуваат и непрофесионалните реакции на оние кои се стручни за заштита. Е-збирката поезија „Поплава― е своевиден директен посматрач, антологиски одговор на пулсирањето на народот, документаристички приказ на (не)виденото и (не)слушнатото, поетска молитва за животите на настраданите, и во одредени граници утопистички вознес природата да не се однесува така кон човекот.

10


#поплава

Тешко е и траурно да се биде дел од една ваква сурова реалност во која гледаш како улиците се полнат со вода, како канализациите стануваат фонтани на лошата инфраструктура, како пловат изгубени летни сандали и ќесиња со купена храна за дома. Очите ти се полнат со солзи, а да не постои место каде можеш да се заштитиш, да мораш да се заштитиш самиот себе, пред другите, да избегнуваш автомобили кои изгубиле контрола, огради кои пливаат во неконтролираниот водотек и да се браниш од откорнати дрвја. Оваа катастрофална поплава во Скопје ќе остави белег на едно навидум модерно време кое треба да го живееме, а всушност станува збор за инфраструктурна запуштеност, неодговорност, недоволна комунална интервенција, односно фаталното неодржување на канализацијата во тие делови на градот, но и тоталната незаинтересираност и непрофесионализам во мирно време се сериозни фактори кои направија ова невреме да заврши така како што заврши. Запуштени приградски канали, запуштена мрежа на атмосферска канализација и, најпосле, погрешни градежни потфати во коритото на Вардар се главните причини за овие трагични поплави во Скопје. Со овој зборник можеби ние како поети нема да придонесеме премногу во решавањето на овие проблеми, но ете како нашиот повик преку пишаниот збор ќе посведочи за тоа како било и како не сакаме никогаш повеќе во иднина да биде. Овие шеесетина автори кои одговорија позитивно на нашиот повик за испраќање поезија говори дополнително за тоа колку сите слоеви во нашето општество се загрижени и мобилизирани. Алармантно е ако ситуација како оваа уште еднаш се случи во век во кој секојдневно се соочуваме со нови истражувања и откритија на модерните технологии кои нудат практични решенија за да не се повторат ваквите нарушувања на ―нормалниот― живот на граѓаните кој ете како е далеку од нормалата и без ваквите непогоди. Да не му пречиме на здравиот разум, да се исправиме после ова и да ги решиме сите вакви и слични проблеми заедно. Голема благодарност за брзината, волјата и интересот до сите поети кои се вклучија во овој повик, без нив немаше да создаваме историја во современата македонска книжевност, но ова да биде една од темите за кои само со болка ќе се сеќаваме во иднина, а она што ќе го создаваме бидат крилја на новиот с(о)весен поредок на планетата. Оваа е-стихозбирка насловена #ПОПЛАВА ќе послужи како сеќавање и/ или лузна за едно време – невреме!

Митко ГОГОВ (Претседател на „Контекст – Струмица“, основач на #100TPC - Македонија, амбасадор и претседател на Светската унија на поети – делегација Македонија)

11


#поплава

# ПОЕЗИЈА - денови кога мислиме и тажиме по настраданите -

12


#поплава

13


#поплава

М. Ц. – А надвор? А надвор? Надвор касапница единствена вистинска. А внатре? Внатре ушче полошо!

14


#поплава

Ирена Блажеска - Битка на природата Прекршена надеж стои во Темнината. Онаа темнина која се изгубила низ мирот на природата заедно со мрачната доба, која се прегрнала со мизеријата која гони. Таа ноќ кога дождот однесе сѐ. Таа ноќ која зеде повеќе од сѐ. Но ти застани до мене и погледни ја молњата како вришти низ играта. Небото стуткано гори од тишината. Погледни! Погледни кон височините, тие ги кријат тајните тајните на Боговите, сликите на громовите. Погледни! Природата води битка немоќна. Природата игра со чувствата. Природата ја роди поплавата. Природата е Божја судбина. Таа е непокорлива вистина. Но, пак ти велам погледни. Овој пат погледни кон нашето Скопје! Тоа потопено гние од болка Тоа води битка битка со неправдата, битка со олујата. Македонија борба води, олуја пред очи боли. Води течат, солзи болат. Небо молчи, нема зрак. Тешка судбина! Горка неправда! Природата поплава ја милува. Но ти, сѐ е до тебе сега. Трчај! Трчај подади рака смела, прероди живот, пушти здив, победи го стравот И помогни!

15


#поплава

Ние сме сите едно. Ние можеме сѐ на светот. Но, заедно, заедно низ радост, заедно низ болка. Заедно низ овој пат зашто и ова ќе помине зашто и ова во минатото ќе остане. Сѐ ќе трепери како белег на едно време. Сѐ ќе горчи како капка прелејана пред нашите нозе. Но ќе помине. Со верба и надеж, со мисла и желба. Со човештина! Сѐ ќе помине...

16


#поплава

Александра Гудева – Поплава Борба со природата и со судбината. Надеж за најблиските и иднината. Жртва по најмалите,несреќните и невините. Сила за сѐ што останало - изгубените животи, младоста и убавините. Тие ветрови на судбината, тие ги однеа, тие срца што молеа за спас. Очи полни гнев, солзи и бебешки глас. Останавме ние, остана нашата помош, како вистински граѓани човечноста да ја покажеме. Да помогнеме! Да спасиме човечки животи, да ги вратиме топлите домови и лицата насмеани. Сите заедно со заедничко срце да ја избришеме таа приказна тажна. Ново утре да создадеме, средства да донираме, низ поплавата да пребродиме, светот да го обновиме!

17


#поплава

18


#поплава

Андреј Ал – Асади - Кога заврши сѐ Како во лонец киснат дваесет тела. Модра кожа се дуе на сонце. Во зелен стомак кал и пластика. И ќе пукнат коски да засмрди на срам. Ќе пукнат коски да засмрди на срам!

19


#поплава

Марина Мијаковска – Рачки Улови ми ја мислата. Таа и понатаму молчи. Затрепери ја јадицата. Таа и понатаму се кочи. Размати ми ги водите. Размести ме! Разбуди ме! Мене твојот Јов. Ќе ги надживеам птиците... Ќе ги размножам рибите... Ќе ги запалам корабите... Замотај ми отров – јадица. Испрати ми потоп – пoплава! Задави ме, потопи ме, осамувај ме: Сто денови, сто години, сто векови... А ЈАС ќе крикнам од огнот што ги запали раниве!

20


#поплава

Мане Манушев -Високо над градот (поглед од авионскиот прозорец) Под поплавата земјата нѐ сонува сите, исчезнува. Низ длабоките води забрзано и слепо пловат цели градови. Над поплавата пластови со ѕвезди треперат по небесата затрупувајќи ја темнината гола. Како лавина од лизгавите улици музиканти во универзумот чекорат, бавно кон вечноста, застанувајќи пред железничката станица на заборавот. Градот намерно ја загубил врската со височините и патува како давеник низ пукнатината до брегот на починатите чунови, изгубени и затетеравени во пространствата на сината Мисла.

21


#поплава

Даница Петровска - Литанија на светители Вие свети светители посредувајте. (Боже, заштити ги од нивни демони!) Од ромон што доаѓа од безумен ум. (Боже, спаси ги од пагански кикот!) Од гнило семе што во ноќта се раѓа. (Боже, твојата светлост нека ги изгори!) Од оток на очите што не можат да спијат. (Боже, дај сон на сите твои грижни чеда!) Од авети што со вештерки блудат. (Боже, под твое закрилје стави ги!) Од лудило, лажни и свирепи богови. (Боже, ти чистите души спаси ги!) Од страд, ужасот што душата ја плаши. (Боже, дај неповикана болка да молчи!) Од плачевен пој на душите што гаснат. (Боже ! Смртта да ја вдахнат како дар!)

22


#поплава

Константин Карев - Бесценок Ние сме прости и наивни луѓе. Сакаме да бидеме; и мислиме дека сме добри. Лесно се лажеме со големи идеи. Од стрвници гладни за слатка власт и за лагоден живот голтаме глупости, лажни вредности и популизам. Нè поплавија со лаги и манипулации. Нè искористија на сите можни начини, но сè уште измислуваат нови... Нè окупираа и ни ја узурпираа земјата од под ноктите и водата од очите. Сонцето го претставуваат како свое; му ги бројат краците и му ја присвојуваат светлината. Ние, од страна, од под сенка, со сув поглед гледаме како нè дават во нашата сопствена празнотија; нè купуваат со наши пари, и нè продаваат за бесценок.

23


#поплава

24


#поплава

Елена Данова – ... Ќе помине Накиснати тела испразнети од секаков пулс... Испловуваат, оти се празни. Душите им се сѐ уште в кал. ... И ова ќе помине... Си велат, за да нѐ тешат... Помодрени дланки со едноцифрена бројка за возраста леко му треперат на ветрот. Веќе немаат моќ. ... И ова ќе помине... Си велат, за да нѐ утешат... Пустошот им ги задушува гласовите, крикот доаѓа само кога болката ќе почне... Потем... Останува само безглас. ... И ова ќе помине... Си велат, за да нѐ утешат... Исплашени очи чијашто мајка од денес е минато, чијашто жена ја гледаат како се претвара во спомен, за чиешто чедо ги боли до смрт уште од утробата... ... И ова ќе помине... Си велат, за да нѐ утешат... Трепетни срца без надежи, со насмевки удавени во реки беспомошност, во езера неутешливост... ... И ова ќе помине... Си велат, за да нѐ утешат...

25


#поплава

Столе Лазаров - Дождот и Громот Не прашуваат за партија, националност и вероисповед ... Баталете ИНСТРУКЦИИ - ДРЖАВНИ ПАРТИСКИ! НЕКА ВЕ ВОДИ ЧОВЕЧНОСТА.

26


#поплава

Славица Митровска - Како да не заплачеш Насобран студ. Столчени души. Калливо чинивче на прагот. Празни очи со боја на кал, грозна кал, смрди на таговно време од невреме. Душите куфер вратен од непланиран пат. Во него спакувани паника и страв, а калта како сениште под силното сонце им се потсмева, се гости од празната им трпеза. Смрдеа им се впива во кожата, им распукуваат плускавците на дланките, сеништето ги гризе, полека со сласт. Под прозорецот удавена детска игра, а децата молчат. Изгубени им се мислите во стравот од бесот на грмотевиците и надојдената дива фортуна што им зграби сѐ, без да каже зошто. Засушената кал распукува од летото измамник, пукнатините од калта немилосрдно се спојуваат со пукнатините на нивните души. Молк, тишина, само одек од празни чекори и болен звук од крцкањето на свитканиот грб, тумараат чекорите низ калта во празната соба, го бараат почетокот на уште еден, нов живот. Сенка ползи покрај ѕидот свиткан бастум уште крепи едно време, потчукува бастумот три пати на прозорецот исцртан со слики од акварелна кал и низ беззабата вилица прошепотува: - Деца, важно вие сте ми живи и здрави. Ај, како да не заплачеш?

27


#поплава

Маја Ќулумовиќ – Македонија во солзи (Хрватска) Како да не заплачам?! Како среќна да сум кога и небото плачеше над македонскиот народ?! Стигнаа невремиња. Дождови дојдоа. Колку дождови наврнаа толку мајки заплакаа. Небото се стемни. Невреме големо донесе. Но, несреќата најголема во срцата на многумина остана. МАКЕДОНИЈА ВО СОЛЗИ! Во очите на моите пријатели . . . Само солзи . . . Како и дента кога невремето стигна. Кога дождовите наврнаа и многу животи однесоа, оставија најдлабока трага во срцата на Македонија. Посакувам од сѐ срце дел од мојата љубов која во срце ја носам, со македонскиот народ да ја споделам. МАКЕДОНИЈА ВО СОЛЗИ! Солзи и дождови во многу од нас. Да се кренеме сите! Нека знае Македонија дека не е сама! МАКЕДОНИЈА ВО СОЛЗИ! Таа земја посебна! Таа земја на храбри луѓе! Таа земја на мои пријатели која во срце ја носам засекогаш! Препев на македонски јазик: Ена Абјаниќ

28


#поплава

Воислав Пехчевски – Луѓето во Македонија се будат... Луѓето во Македонија се будат... Секој ден сѐ повеќе и повеќе стануваат човечни... Секој ден има сѐ повеќе и повеќе акции за она што се случува во моментот. А моментот е сѐ што имаме! Само те молам Боже! Нека не се будат само кога има поплави и земјотреси или било какви катастрофи... Само тогаш ли ќе го молиме Бога за помош?! Само тогаш ли ќе бидеме човечни и ќе си помагаме едни на други?! Само тогаш ли кога ни е најтешко?! Зар го забораваме Бога кога ни е убаво, лесно и кога сме среќни...?! Зарем има такви моменти во Македонија?! Луѓето во Македонија се будат... Можеби западот има технологија, истокот има религија... Ама човечноста и другарството како да потекнува од кај нас... Немам никаде сретнато потопли, подобри, поискрени и поотворени луѓе за другарство од оние што живеат на тлото на Македонија и Балканот... Ајде да им покажеме на сите што значи човечност, а не празни души, полни сметки, празни мисли и полни џебови без идеја што со себе, штетни по себеси и околината... Ајде да им покажеме

29


#поплава

дека папокот на светот не е само наслов на книга или измислица. Не сте свесни луѓе од Мак-е-донија колку енергија има на тоа место и колку енергија поседувате... Во гените е да другите на коленца ни клечат... Ама заборајте го тоа... Тоа не ни е целта... Не за џабе сме Пиреј.. Не за џабе тука е папкот, тука е матката, тука е сѐ што му треба на еден живот да се роди. Промената зема замав.. од тука. Точно од центарот. Луѓето во Македонија се будат... Само те молам Боже да не се будат само за поплави, земјотреси, пожари... Нека се будат секој ден... И така сонцето свети за сите..

30


#поплава

31


#поплава

Слаѓана Брезовска – Да се разбереме Ми кажуваш кога ти се допаѓа нешто тоа ми е основа за (о)станување будна во свеста. Ми молчиш кога ти зборувам, не успевам насмевка со срцево да здогледам, каде води патот на потсвеста?! Ми велиш и ти велам, во кажаното разминуваме. Се случува и тоа да се разбереме кога не се разбираме. Да сме свои кога не сме, да не сме, кога сме. Да се разбереме!

32


#поплава

Мирослав Крстески – Смрт Церн.. Илјада четиристотини триесет и седма. Трансформацијата беше на работ на совршенство. Со мене ги понесов дивите лилјани обвиткани околу моите бедра. Во мигот на пристигнување, ја здогледав... Беше во последниот миг, на расцветување -епилог СИНОЛИЧКА... Ta-ta-..H! Во кожата ти од лушпи, го чувствував мирисот... Мирисот ти на вселената. Телескоп со мене си носев, оти си бев дете криптонско. Мирис на мајка не сум бил, осетил... Мрачнини гледа(ме)те вселенски! Не умира(јте)ме, под ѕвезди ве гледам, учител небесен ваш спокој ви делам! .................................... Портокал девојки, пегави гледам! Криптонец..... Кожа лушпи во спокој... Сурово е нели, ви велам!

33


#поплава

Олга Наумовска – Плачот на една мајка Сингелиќ, Стајковци, Смилковци, Арачиново ...06.08.2016 година Плива во море... И спас бара Очи мраморни, очи уморни... Не гледам светлина од денот. Испревртени слики... од мртвите ќостези на баба ми, во густеж од диви цветови проникнати врз ровка земја на пресно погребени тела... 22 невини животи!!!? Остар мирис на ветерот ги будеше уморните тажачки со празни скутини без преграб... Небото и стреите проплакаа... Во крваво море недогледно, без пород, само со спомени разлеани низ гробовите на незнајни тела... Само очи расплакани, тажни. Очи со бисери ројни, нем сведок за загубата на една мајка, сиротица. Мајка што плаче, со очи... Очи ко извор, кристални солзи. Тагуваат без глас... Солзи кои се дават во матните води од расплакано небо, кое тажно плаче од удар што болка му реви... Кој е тој што војува со водена стихија над невини луѓе?! Одговор нема, но ќе го има...!!!!! Луѓето, Бог ги дарува да бидат украс на мајката природа, а таа нивни топол дом... Тишина, молк пред бура, само ветерот е гласен, со тажна песна за напуштени домови.

34


#поплава

Катерина Георгиевска – Бес на природата Од каде дојде сета оваа вода и кога, и како јас влегов во оваа мрачна игра на небото?! Виорот ме носи и мене и моите мисли и мојот живот. Размислувам за неповрат, за љубовта што ја оставам, за вредноста што ми се лизга низ раце... Зарем е возможен ваков бес на природата?! А, трае и трае... и уште трае... Порој, мрак, ужас, болки, молитви во немоќ... Силината на ветерот и дождот ги оглушува врисоците, ги потиснува животите и на луѓето и на животните во заедничка кал на недогледност. Потонува ли и свесноста?! Вртлог... каде сум? Готово ли е? Веќе не знам дали е сон или јаве... И наеднаш светло, спас, надеж, добрина, вечна благодарност, нов живот... Најпосле човек на човека!

35


#поплава

Марина Василевска – Стојановска – Дождовна бомба Нескротлива сила природата била. Уплашени лица поплавена улица. Врвулица. Во ова време – невреме. Сѐ бидна од небиднина. Се најдоа луѓе крај нелуѓе. Насекаде јад и жал. Човек мал се дави во кал. Поплава во овие души. Моралот одамна пресуши. Најтешко е да се каже „Изгубивме сѐ!― Две улици – два различни света. Дали хуманоста остана само збор? Навистина немам вистински одговор. Херои vs. Антихерои.

36


#поплава

Петар Наневски – Поплава Свети Илија се налутил и ете сакал бесот врз народот да го фрли откако обрачот на бурето му пукнал. И тука запре. Но сега прстот на чело! Нека се знае дека пред време треба да се најде време, патот да се отвори. Вестителот ги вика сите да станат да видат дека не е лесно и ТЕШКОТО по дождот да се вие без светло. Силно и облакот ќе биде посрамен сув, а тоа што дошло ќе е минато после и пак ќе згазне чекорот на љубовта.

37


#поплава

38


#поплава

Александар Митовски – Еден поплавен газал (a flooded ghazal) Подоцна речи ми кој од кого крал; дај да одвоиме ниви од болна кал. Друг пат спомни ми кому в лице ќе му плукаш; децана јадат леб и очна жал. Попосле збори ми кому ќе му судиш; оди расплети им го домот од мувла-шал. Понатаму издери се кому нос ќе расцветаш; ливадите кафенеат околу дворот мал. Следно нека е да ми кажеш кој вина носи; камо доктори и сестри на овој маскенбал. Потоа мрмори си кој кому треба да плати; чизмите, лопатата, песната – кој што ти дал за конечно да ми кажеш – еве, одам да сменам сѐ што расипаа будалите. За тебе – баш алал!

39


#поплава

Милена Ристова-Михајловска - * * * Не пеевме додолки за толку вода да пукне кон долу. Не молевме Перуна да зазвечи, ами Словени да штити. Не молевме Мухамеда поројно да солзи, ами род да чува. Не сакавме Господ буриња полни вода да валка, ами од вода да спасува. Не викавме по ден Илинден Свети Илија громовник да се експонира, туку Велес в лето од пламен да си ги чува шумите, а дрвја не оставивме. Кај не оставивме, па и не посадивме. ... И остана водата ни угоре, ни удолу, та со сивата ѝ улога деструктивна, одлучи сѐ да уништи. Не беше оган да се разгори а сѐ пеплоса... И немаше ни веднага пожарникарска маса за пепелта од поплавата да ја собере. И се собра народ.

40


#поплава

И со љубов и хуманлак и со бутање и боцкање. Некој од срце даваа, а Бог вели: „Не кажувај на левата што ти прави десната―. Други давајќи се афирмираа, трети сеир гледаа и коментираа. Прости им, Господи, на сите! И на постраданите, и на поплавените, и на дарежливите, и на недостојните за споменување: тартифните лицемерни, лажливите. Од глина нѐ стори, Господи, кон земја крајносуваме. Вода и земја уништија домови, животи, челад. Души беспомошно одлетаа од тело и става ко да ги поплави лава, а не беше вулкан, вода беше, поплава... Вечна им слава!

41


#поплава

Томе Таушанов – Нашето сонце (за оние кои знаат) Чуден е човековиот дух... Има чудна потреба да верува во некого или нешто – во било што, без разлика дали е тоа вистинско или лажно, убаво или грдо; без разлика дали за него е разбирливо или не, мистифицирано, персонализирано или... Едноставно верува само затоа што она што иде е неизвесно. Чудно... Тоа секогаш треба да изгледа како срамежлива или заслепувачки силна светлина на крајот од влажната подземна фекална канализација, башка... и звучат така – оптимистички, фино... За мој вкус патетично, ама... Кај нас по сонцето доаѓа дожд, всушност понекогаш започнува со ветер, се претвора во олуја – бура сиреч, се трансформира во страшен ураган, во циклон или тајфун. По нашето сонце се корнат дрвја и брани, се излеваат речните корита, се отвараат свлечишта, а посадите се трансформираат во огромен океан. ...Потоа е мирно... Небото се чисти, ветерот го нема, а сонцето срамежливо се раѓа демек... кога е тивко – земјотресот е благ. Како и да е – по него е крај... По него навистина е мирно, сонцето свети но, по него сонцето е само сонце; Го користиме за да ги извлечеме жртвите од под урнатините - да ги преброиме и погребаме, го користиме за да се смириме и да ги залечиме раните, да ги преброиме лузните... Го користиме за сè освен да му се восхитуваме. Иронично но, страшно. А во моментот, во оној мал, проклето проклет миг кога се опуштаме, во оној одвратен – трул миг кога забораваме и помислуваме дека сè ќе биде во ред, дека изгрејсонцето или зајдисонцето се најубавото нешто на светот, кога соблазно помислуваме дека можеби ќе потрае овој ден... Ха... Си знаеме ние...

42


#поплава

Соња Стрезовски – Не те сакам див Од мирис-дожд. Од звук-дожд. И од расположение-дожд. Кога е ненајавен, најомилен е. Но, не и таа ноќ. Тогаш како да не ми мирисаше, а го слушав. Низ олуците, под стреите, над чадорите. Обично танцува со оние кои го сакаат. Но, не и таа ноќ. Чинам дека ноќта смртта го надитри животот, и живеше после него. Дека како бура искоси се пред себе. Луѓе искоси. И деца. Нивните во црно ги обои. Од светлина само молњи. Од пријатели-самотија. Не доаѓај пак. Се додека не научиш повторно да танцуваш.

43


#поплава

44


#поплава

Лилјана Пецова – Илиеска – Пловиш ли сестро? Пловиш ли сестро моја, сред небо со ѕвезди везеш злато, а предзнаци не носиш за длабочини и шепоти молскавични. Заскитало така нечие сино и бесшумно плови веќе некое време низ телово врз води што се раѓа. Без штедрост се отсликува на моето лице. И гледам, ехеееј гледаш ли? Гледам темници! Гласови сакани слушам кај врват в ехо чиниш по сватови ми одат. Пловиш ли сестро сѐ уште?! Сини далечини ми брмчат в главава и носат сѐ пред себе со звук на една џиновска мува, среде демек мирно пладне што ѝ здодева на старата моја додека на столот пред куќи дреме со весник в рака читајќи ми за поплавата. Мирис на улици што гравитираат околу една темна кал излезена од утробата на едно задушливо синило. Пловиш ли сестрице моја?! Само тоа сакав да те прашам. И гледам, еееј гледам! Лицето на старата ги има истите бразди како земјата по која водата така живо и смело чекореше вчера и со некаква сестринска верност ми те бараше тебе пред порти. Плови ми сестрице, водице, мини го мостот и дај стори се чаша вода за старата моја. Плови низ лицево сестро абејќи ги образите без бакнеж останати. Оти само така не заборавам дека сум ЗРНЦЕ ПЕСОК. Плови и дроби како љубовник, љубена што стега. Пловиш ли ти Водо, неицрпно-Јас?!

45


#поплава

Нада Волчевска – Дождот Д Небото не успеа силата да ја скроти. Дали самиот Бог ги минираше нашите слабини?! Сѐ што собирал од Ное наваму врз нас го истураше.

46


#поплава

Ристо Маџунков - Поплава Капки удавени во мигот и наноси од мил и бол ги полнат срцата. Празнини во душата со кои треба да се помирам, само немам веќе сили да го сторам тоа.

47


#поплава

48


#поплава

Оливера Цветковска - На маргините на денот Ќе ми речеш дека секогаш доаѓам случајно, повеќе од бесшумно, носејќи со себе цела животна патетика. Ќе се одважиш ли од удобноста на домот за да ме удостоиш со мала дневна доза на хуманост мене трошна, стуткана на маргините на денот - гола заработувачка. Ќе ми речеш дека срамно го разголив денот, вртлогот на судбината ме донесе на твојот праг. Барајќи залог за вечна љубов ги губиме нишките на животот со саканите. Светна ко молња твојата искра на разумот, ќе ми речеш дека сум како од поплава исфрлен леш, несвесено понирам низ пукнатините на животот, занесен во својата рутина кал по пат газам, кал на глава си фрлам. А не сме само ние, газам кревко низ долината на поројот. Опустошен е дворот, опустоштен е градот.... Сочувајте го луѓе умот, сочувајте ми го луѓе духот.

49


#поплава

Вукашин Ступар – Поплава Еј Македонци драги! Некои нешта во нас оставаат видни траги. Во најтешкото да се сплотиме и болка да пребродиме. Заедно против незгодите овие денови да ги изминеме, колку можеме и знаеме. Ништо не се менува ни посиромашни ќе не направи, ако братски и човечки рака подадеме да помогнеме. Секој гест е добронамерен, а со голема тежина измерен. Животот е непредвилив и многу може да се случи што не очекуваме и бараме оти не одбираме. Тоа само доаѓа и лесно не проаѓа, но барам надеж да имаме дека материјалното богатство ќе го купиме или спечалиме, но душевното преку грижа и помош не можеме и добрина некому да направиме. Знам тешко е кога „сопственото гнездо― ќе го изгубиме или саканите. Тогаш не се лечат лесно раните. Но заедно сепак многу можеме, да се обидеме, ништо нема да изгубиме.

50


#поплава

Бојана Коштрева - Поплава Сводот фрла дождовни капки,како да се оловни, хистерична толпа ита,се бори со канџи орлови, облаци тешки со боја на јаглен пулсираат со громови, на хоризонтот гладен останаа во молк опостушени домови. Мракот стега, темнината сама на себе тешка бара спас, очи во очи кои што молат пригушени без глас. Лица губат боја, дождови бесно лијат... Глас по глас се губат, животи свирепо гинат Згаснато ехо... Далеку негде шум се шири, дечји врисок бара мајчино тело да се смири. Со полуотворени очи можев да видам ―Држи се храбро мајко по тебе идам.― Наредниот ден, проклето нѐ навлече на промени. Ладнокрвна, непоколеблива смртта тука пушти корени. Има неба произведени од борци, еден врз друг животот кришум го зема својот данок и го затвора овој круг. Осамнаа срца кои веќе не чукаат како едно, разорот победи. Утеха, милосрдност малку е, не стига колку и да се собери. Најсјајни ѕвезди си пркосат во сјајот, безвремени оставија души загубени во очајот, занемени. Народе мој! Ни прскоси страв блескав, но нема да сме покорни! Идат светли денови, идат животи посилни и побројни! Животов е неправеден, судбината безмилосно ќе носи тежина, а времето поминува како благослов и носи нова светлина.

51


#поплава

Ангела Никодиновска – Поплава Подавајќи рака. Рака на две гладни дечиња кои коски тресат. Нахранувајќи ги и стоплувајќи ги. Се вративме дома со баба ми. Баба ми изморена, пробуваше да заспие. А јас, ете мерак ме фати, бдеев над нејзиното уморно, но среќно лице. Мракот само што нѐ не прегрнал, а таа како да немаше мир. Почна да врне. Заврна силно. Небото обоено во сиво. Небото мислиш се споило со земјата. Гушнати. Гушкајќи сѐ го игнориравме звукот кој не вознемируваше. Заврна уште посилно. Гушкајќи. Гушкајќи се со часови и слушајќи ги капките како силно удираат. А капките дожд, водата, се втиснала низ нашата дрвена куќичка како да сака да и сѐ предадеме. Викајќи, борејќи, молејќи се за помош. Мислејќи дека ги живееме последните минути. Се прегрнавме како за последно. Се прегрнавме и наеднаш се најдовме во рацете на храбри луѓе. Жртвувајќи се да не спасат. Да не спасат во некој последен миг. Професионалци. Сите од истото, а само ние преживеани. Зачудувачки или можеби заблагодарувачки? Некое дело може и живот да чини.

52


#поплава

Милица Томиќ – Поплави (Србија) Во ноќите кога мирно заспиваме и безбрижно сон си сонуваме, не се надеваме дека за миг, ќе ни го снема сонот цел, а не сакаме да бидеме од него дел. Не може да се верува, колкава е силата природна. Толку безмилосна да биде знае и луѓе недолжни да победи. Доволен е само миг, да го снема сѐ она, што луѓето со години го граделе и со голема љубов го твореле. Но, најлошо од сето тоа, човечките животи ги снема. Зарем парите ќе ги платат и на најблиските ќе им ги вратат?! Реките од коритата се излеаа, со себе сѐ што е пред нив однесоа, не грижејќи се што утре иде, каква судбина потоа ќе биде. А потоа... Тага доаѓа. Го нема ни виножитото, патот до излезот да ни го покаже. Но, ние знаеме, како да продолжиме. Најтешко кога ни е се сплотуваме, така ќе си олесниме. Во неволја и во сѐ заедно да сме. Добрите луѓе можат, секогаш да се сложат! Препев на македонски јазик: Јована Филиповски

53


#поплава

54


#поплава

Игор Поп Трајков – Станувам и коленичам Кога се родив станав; кога заживеав се спуштив Сè така откако сум дете, животот мој тече. Нема престан, нема спас, никој да ти чуе уморен глас. Јас сум јас. Ти си ти. Биди она што си; не некој кој не си. Гледај! Биди! Сепак однатре спокој, а надвор ужас види. Нема кој да ти каже што е добро, а што лошо. Сиот свет кој те опкружува е лицемерие, тоа е најлошо. Кому ли оваа песна ја појам, уморен на работ од бездната стојам?! Немам ниеден брат, јас сум само вистинскиот. Нема кој да ми го слушне стихов очаен. Зема, те краде кој ќе стигне. Жив ил мртов, јас сум неважен. Станувам и се рушам, со образот на цементот студен удирам. Човек сум, не помалку од животно. Иако не напредувам, во зората, а не ноќта се вгледувам. Чекам викот ангелски снагата да ми ја распори, на милиони прашинки разнесе... Видов ил ми се стори - зад ѕидот родот, свет мине, тој ангел пресветол со брат му МУДРОСТ збори дал родот човечки во неврат оди ил, ќе куртули. Како и за мене збори синот божји, ко единствен да сум. Ме сака, се грижи, милостини дава, последен не сум му. Туку и јас сум чедо со надежи изгубени, со мисли збунети, ноќи непроспани, страсти заљубени. Има кој да го чуе стихов мој очаен. Ангелот, синот небесен за мене се спушти. Станувам и коленичам се подолу, образот ми на студен под се прилепува, а јас со дланка се исправам и окрепувам. Кој ќе победи во оваа битка сурова? Почната кај што сè завршува, а ништото почнува?! Зачната битка од суета и венерична болест заразна. Молкот и бојкотот ја демнат в прелест залудно. Сето тоа одложување и (не)живеење, а постоење е залудно. Корупцијата, мајка на сите, ги обзема дните. Започнати со чистота лажна и насмевка даровна, но секогаш неискрена. Сè почнува, а ништо не завршува: таму каде што интересот почнува љубовта завршува. А никогаш пак, никогаш пак не осветлува. Има ли кој деновите да ми ги согледа?! Да направи да станам. Јас- животното да прогледа. Да ме поправи.

55


#поплава

Станувам, потоа коленичам, сè нагоре гледам и кон нагоре се стремам. Сакам само најдобро, сè друго нека пропадне. Станувам и коленичам, и кон нагоре! Нагоре!! Нагоре!!! се стремам!!! Знам дека сè околу мене е од кражби и лаги смеса. Дали некому му е грижа за оваа согледба?! Внесен во разборот на ноќта и денот, на крајот не ни помислувам. Не сакам половинки грешни, туку верба, мисли безгрешни, христијански, не пагански. Иако лошиот до оградата на домот мој чуван, сега сосема се доближи. Јасно ми е вечно ќе останам во оваа борба вечна, единствена. Борбата е најубава иако неправедна, таа нека ми е последна. Јас ќе сум таму каде е најопасно, оттука и за вечна постела. Нема по сè изгледа ниту еден сведок за ова да се јави. Но пак ќе верувам сè така, нек` паднат милион глави. Станувам и коленичам, како мало дете кое се учи да оди дур не прооди. Станувам и коленичам, мојата глава уште стои. Обелена до последниот час тажно деновите ги брои, со сите разделена.

56


#поплава

Јаготка Томовска – Поплава во три чина ПРВ ЧИН СЛИКА 1 1956-та. Песочниот часовник ги отчукува последните секунди пред полноќ. Ги бројам минутите 5 до 12. СЦЕНА 2 Ново утро се раѓа Собрани сите мама,тато,сестрата и братот. Ние крај реката, а над неа стар дрвен мост. СЦЕНА 3 Толпа луѓе зад мене. Се туркам прва да бидам. Еве ме на другата страна. Мостот се руши, луѓето паѓаат. Ја слушам мама, ме вика. ВТОР ЧИН СЦЕНА 1 198-сет и некоја - Хрватска Морските бранови отцртуваат криви линии. На хоризонтот јато галеби се играат СЦЕНА 2 И самата посакав крилја на галеб да имам, но видикот ми го украдоа две зелени јаболка што над водата плутаа. СЦЕНА 3 Како Југовиќа мајка ги зграбив во дланка, ги превртев.

57


#поплава

Две сини џамлии вџашено ме гледаа ТРЕТ ЧИН СЦЕНА 1 Квечерина, три дена потоа Поседарје, близу Задар. Детска кавга и одеднаш крај морскиот брег девојче во водата падна HAPPY END Извикнав на сопругот ―Трчааај,спаси го девојчето!― Тој легна, му прижи рака. Тоа се фати за дланката што живот и дари. БЛАГОДАРНОСТ! Шетаме крај брегот Некој ми вика: „Госпоѓооо, заслужујете златну медаљу па двоје сте деце спасили у три дана!―

58


#поплава

Даниел Мелвил – Поплава Небесата гневни океани вода истура врз напатената македонска земја. Стихијата разбеснета од синџирите ослободена, данокот го граба - животи од невини жртви. И планини кал! И моќен незаузден бран! И миризба на поплава! Се здружиле во химна на злото. Урнатини однесена уништена стока. Луѓе останати без ништо и човекот мал во костец со природата што покажува заби. Но, човекот всушност е голем! Победил илјада зла низ векови тешки и кога-тогаш, ко секогаш на крајот македонската земја ќе триумфира.

59


#поплава

Јадранка Златанска Ѓоргиева – 11. Поројни дождови, излеани реки, беснее водата, носи се со себе! Исчезнува тлото. Се лизга. Се губи. Крик на давеник ја пробива тишината, се крши брегот се рони во ситен песок се таложи на дното на очните дупки. Стаклен поглед, вода и песок. Морничави секавици пробиваат до мислите се губат оградите на свеста паѓа алка од синџирот. Чекор до тишината.

60


#поплава

Даниела Јовиќ Маглиќ – На тебе, Македонијо! (Србија) Срцето таму немирно ми бие кај што народ со големо срце живее. Постојано те следат болки и тага Природата ги одброи миговите сама Немирно време, води големи однесоа смеа, дадоа проблеми. Во мигот еден, во ноќта една срцата ги смрзна во цврста карпа Во паника луѓе, плач и солзи тажно гледам, срцево се крши. Длабоко некаде, во мојата душа со вас сум. Знај, Скопје мое! Знајте, по дождот и виножито стига. Ви посакувам љубов, радост и среќа. Од далеку поддршка ви праќам вам и љубовта своја од сѐ срце ви ја давам! Препев на македонски јазик: Снежана Стојковска

61


#поплава

62


#поплава

Славица Петревска Диневска – Жолти змии Имаше траги од жолти змии на патот. Под боцкаво сонце мижуркаат дребни тревки, пијани, потонати во дремка. Над светнато поле, чудно замолчено - бели глуварчиња, Самовилки танцуваат боси. Мириса на дожд. Имаше знаци - жолти змии на патот. Од огнен облак немеат кревки цвеќа, подвиени, распарани од капки. Над здивена вода, од себе исплашена - модри морници, Сенки врескаат во очај. Мириса на смрт. Имаше лузни - жолти змии на патот. Под тешка кал закопани латици бели, мртви,прекинати во сонот. Над разболен мил, од трулеж омамени црни мушички, Стравови плетат мрежи. Мириса на болка. На празнината што ќе нè преполни.

63


#поплава

Жаклина Филипова – Свеќаровска – Види ме Жива жар станаа соништата: ко искра од пламенот одделена зачудено полетав кон вечноста... Но, види! Во калта никнат кокичиња со дланки стиснати во тупаница! Гледај! Ластовичка види ме под стреата од траорната марама на мајка ми. Види ме клун од нероден штрк. Виножито види ме сред солзата. Види ме смисла во бесмислата, инаку, како да не сум бил. Небаре ме голтнала поплавата.

64


#поплава

Дејан Ѓорѓевиќ - Мокра песна (Србија) Зошто се накисна, дождовен човеку, во дождлива ноќ, па дождливо пишуваш. Дождовни мисли ти доаѓаат и во вода сѐ претвораш? (Се слуша глас на ТВ спикер) Поплавена е ѝ втората строфа од песната. Отежнато движење на стиховите. Се преземаат сите мерки зборовите да се евакуираат.

Препев на македонски јазик: Митко Гогов

65


#поплава

Кристина Мерклер – Изгубено Која сум јас? Никоја! Со скршени прсти сквернавам лист оти низ наргиле бес не умеев да протнам со скрстени нозе на тепихот чист, мислев на своите пропуштени слободни денови дур мојата земја со отворена уста проџвакала туѓи соништа, тела и укочени крици жедна за души, проклета да е... Дождот кој го сакав, од него домот сега си го пазам. Жалната почва насеана со семе од души, сега е плодна. Извини, дожду, долго те сакав, сега те мразам! Која сум јас? Никоја! Бледолика сенка што заедно со тебе водени излузии на жицата пружам, бараме „бисери― во калта од изгубената нараквица на силуваното време. Ти го бараш изгубеното чедо, твојот „посреќен― сосед до пакетите ―преде―. Некое плишано мече тажно плови, по него дете во калта, дневникот на тинејџерот ја одминува бабата што со изгубен поглед шлапка. Се скршија сите прозорци од така познатото бизарно небо, и сѐ уште сите не „сече―, а требаше... да биде само по некоја капка... Која сум јас? Никоја! Не можам да го сошијам стомакот на оваа земја плодната течност во матката на ужасот да ја вратат, ембрионот на жалта предолго растел, темјанот и восокот преку прагот морничаво нагазија, сега сите би сакале со чекови и алиштенца животецот ―во живот― да го вратат. А предоцна е целото да биде пак цело... Некој од горе како да ни кажува сами... баш сами си одобривме еутаназија. Ние сме предолго луѓето- билки, розите... што својот корен необјасниво го замразија.

66


#поплава

Викторија Мирческа – Непресушна Сè што закопавме во земјата од небото ни се истури. Сè што проголтавме, од устата ни се врати. Пред сè што замижавме, сон во очите не ни остави. Сè што премолчевме, во врисок се претвори. Сега секоја солза нова поплава прави. Во мислите калта само се таложи. Во душата неисцелена рана секогаш ќе крвари.

67


#поплава

68


#поплава

Исток Улчар – Брод полн надеж Кажи ми, пријателе, дали виде гулаб да го оплетува езерово со гранче од маслинка во неговиот клун? Дали нашава арка се закотви крај оската на светот, каде човештвото ќе го преродиме? Ниту, пријателе, прелета гулаб каков што ми опиша, ниту, пак, нашава лаѓа се закотви крај ридот на новиот почеток. Но, овој цврст брод продолжува смело да ги расекува брановите валкана вода, знаејќи дека од почвата ќе е наскоро впиена, дека од Сонцето таа в пареа ќе е прелиена.

69


#поплава

Д. А. Лори – Не заборавај Ова небово кое го сонуваме и земјава која ја газиме и сѐ што прета и пулсира почиваат во прегратката на природата. Има денови кога прегратката е топла и удобна, и има денови кога е силна и насилна, до душегубица. Не заборавај, понекогаш природата кон човекот е како човекот кон мравки собрани на ронка леб, го смачкува и треби, безмилосно.

70


#поплава

Фросина Тасевска – Сто литри дожд Што се сто литри наврнат дожд кога в душа дождот не престанува?! Дождови поројни, кисели, со засилен интензитет по чуден пат доаѓаат на уште почуден си заминуваат, но останува пелинот од солзите по нив, за нив, за нивното вчерашно, нашево утрешно - без нив. Илјада громови на душа и страшен вресок земја што поместува низ мртвиот воздух пригушен глас збеснува калливи друмови разнижуваат монистри од тешките ни воздишки и лелеци, по соголените ни ридој - далги бескрајни мртви пејсажи на надојдени водотеци. И што се сто литри наврнат дожд? Потоп што во срцата ни заспива!

71


#поплава

Ратка Колева Дамјановиќ – Кораб Удрете ветрови разорни, урагански бури беснејте, јас сум ко гранка врбова се виткам и превиткувам над бездните. Удрете и посилно, најсилно што можете, душата моја вековна не ќе ми ја земете. Пуштајте вртежи пустошни, торнадо в градите, јас ве научив веќе напамет. Витлајте и посилно, најсилно што можете, срцето мое чемерно не ќе ми го допрете. Плискајте бранови поплавни, трештете молњи и громови, солзите да ги измиете, болката да ја скратите, после секое затишје снагата моја распната ко едро на јарболот крстарен назад да ја вратите. Тогаш ветришта разорни може и да запрете и вие бури урагански можете да стивнете, со шум на кротки бранови и крик на бели галеби пред пурпурно зајдисонце коработ мој белосветски за последен пат да го испратите.

72


#поплава

Петар М. Петковски – Поплава Памети ме, памети ме! Офка земјата, стенка и тажи, под товарот на разливањето. Лошите води, анархија и страв во лицето зад лицето, агонија од хаосот!

73


#поплава

74


#поплава

Радојка Трајанова – Катаклизма Главата на водата тргна удолу... Бучење посилно од страшен звук... Грмење без престан до болен страв... Севање на илјадници молњи... Дождот не ромореше , туку рикаше... Брефташе зинатата земја... Главата на водата јуреше... Низ планината, низводно... Се поткопа земјата... Се расцепи небото... Се тресеше земјата... Се тресеше и небото... Се споија небото и земјата во еден огромен бесрамен атом... Смрт сееја насекаде... Пред никој да ја сопре, водата јуреше... Пред никој неук човек здив да земе... Пред било кој учен човек да прозбори... Пред никој пророк да предвиди... Светкаше небото без престан... Сееше светлина а не беше ден... Беше црна страшна кобна ноќ... Се откорнаа дворовите,ливадите... Нарасна водата во височина... Потоп... Ги полнеше куќите... Се удавија млади и невини и деца... Голобради татковци и кревки мајќи пиштеа... Децата ги немаше... Земјата зјаеше како гола пештера... Лелеци се извиваа кон небото, а куќите се полнеа со вода и смрдлива кал... Врисоци на сите страни до бол... Децата ги спасуваа, а тие се предаваа на смртта... Неми слики осамнаа... Без срам се соголи невиноста на вистината... Се покажа очајот во најголем страв... Возилата тонеа со луѓе беспомошни... Никаде голема рака да го сопре јадот... Главата на водата стигна далеку... Се разлеа, па легна врз калта и заспа... Се раздени утрото од болка црвено... И небото засрамено беше... Се криеше зад црвените облаци... Катаклизмата беснееше, а немоќните во плач и врисок облеани беа.

75


#поплава

Сузана Ѓорѓиевска - Водиштето Виолетови усти во црни длапки наваса, до кај стаса мајчина душичка испусти. Наоколу жолти стапки, момини солзи нацрпувам. Негде-годе срамниче во тињата здогледувам и кај се најде, од кај дојде ова водје срца што стинеј го прашувам, го прашувам, ГО ПРАШУВАМ!

76


#поплава

Виктор Јевтимов – Бурни времиња Надојдоа бурни времиња исполнети со густи магли. Облаците ги напуштија височинит. Го допреа дното, земјата. Облаците плачат. Татнежот од громот како од мојата душа одекнува. Се возам по патот кој ми е предодреден правичен, погледот само напред, а од другите страни висорамнини. По влажниот пат оставам траги траги и во времето и просторот. Предодреден е мојот пат од некого што јас не го познавам. Дал е само игра на судбина не знам. Се прашувам? Надојдоа бурни времиња, ги изнишаа сите дрвја. Лисјата испаднаа, се прашувам дал лисјата повторно ке се вратат. Не знам кога патот ќе заврши, дали има крај на оваа возење? Да слегнам од автомобилот. Сакам оваа бурно време да замине, да бидам, да бидеме повторно слободни.

77


#поплава

Афродита Џафери - Таа Прелеана е на сите страни, растргната помеѓу север и југ, огорчена, над копно се шета зашто земјата во себе не ја прима, премногу е, а тука е. Горе, во облаците беше чиста, а тука стана валкана, како валканите души што тука доле живеат, се шетаат, огорчуваат, а чистите сѐ помалку се, исчезнуваат. Таа... Водата. Нѐ поплави на земјата и во душата.

78


#поплава

Ирена Митковска – Налет Кога ветерот нагоре-надолу дува од зад грб и пред тебе, тишината квечерина ја лади во рацете само оставнина од ништо. Светица во крик испуштила последен здив од болка... Срушени гнезда-мртви души, залутани малодушни срца чиниш во подружница одат. А ваму кордон од стравови, танц на искри во очај. Подвиг без успех и налет во ноќта без сон.

79


#поплава

Аника Илијевска Ѓорѓиева- Не лутете ѝ се на водата Водата благословена секому чаша за опстанок подава. Некому корените му ги поткрепува, некому грлото, некому соленилото од кожа го измива, некому `рѓата. Со неа првородениот грев се измива и човек во вечност се испраќа, без неа ни род човечки, ни корен ќе опстои. Затоа луѓе божји, не лутете ѝ се нејзе што во двор непоканета дошла што огради и ѕидови прескокнала во имотот да ви влезе и со големината да ви суди што козата и кокошките , черџето и колевката во ист чопор ги понела , без да ве праша. Очите ваши и срцето и очајот на ист тест ги ставила да видат, а да не умеат да попрват, од гневот божји да се исплашат. Не лутете ѝ се луѓе божји на водата благословена оти таа ништо од ова не би направила да не е дојдено времето лошата нарав да ја покаже. Та нели и ние со лоша нарав наоружени по земјата си врвиме и катаден без причина мрмориме, така лебот си го јадеме и водата си ја пиеме како следување од дамнина така со соседот се караме за педа ...ништожност закарани деца успиваме, а со нив мисли гневни легнуваме, така мирот ние луѓето без причина во кал го фрламе катадневно така ... дури жедта ја гаснеме, гладта ја заситуваме, гадотии замиваме дури живот од Бога даруван милуваме... Да не ѝ се лутиме што спечаленото со пот во кал ни го сардисала нели луѓе сме и волјата Божја не ја знаеме Може калта ние грешните и во душа ја имаме и со неа обременети низ свет се мачиме, кинисаме и од неа ништо блажено не можеме да видиме. Може со лопата и чизми , подадена рака наместо калта, Христа љубовта сака да ја ископа во дворот, да ја поправи, со сврдел душата можеби ја допира да прогледа и ние во неа да наѕреме, човек да видиме сардисани,избезумени од болка и губоток, но човек, кој лошата нарав на водата ја видел вкусил и од неа се поучил-на љубов од неа се научил.

80


#поплава

Адриана Дрецкоска - Без допир Поправам домови од разрушените лица под моите нозе. Крвари секој дел од мене, да сум проклет што над нечија творба чизма сум заривал. Нозе ми тонат; прсти во кал - нечии коси и очи свежо покриваат. Ме боли болот што сум херој на лица од кои крик повеќе нема да слушнам. Ме боли крвта во вените под невините тела. А храбар. Да бидам проклет, ме боли цело небо до чии соѕвездија тешко се стигнува. И во солзи, ѕвездите ни ги зема.

81


#поплава

Дејан Крстески – Атласот на облаците Град, ниту голем, ниту мал, сличен на твојот град, со високи планини заграден од сите страни, чиниш во дупка заробен, натежнал, па се успокоил длабоко, мислиш ќе пропадне, земјата ќе зине, па ќе го проголта. Некои го нарекуваа и дом. Таа вечер пред да заминам, со сонлив глас ме замоли да останам и заедно да го преспиеме и ова невреме. Заминав. Надвиснаа над небото, чиниш се држат на тенок конец, а некој со сета сила ги притиска. Облаците. Небото се спушта, дождот се засилува иако Бог вети дека никогаш повторно нема да ја поплави земјата. Тогаш кога кучињата завиваат, попусто е со столбови небото да се потпира. Главата угоре или удоле, доцна е сега за молитва. Немирна вода улиците ги прелеа, поплавени домови, поплавена среќа, поплавени срца, пливаме неподвижно во водата. Дождот запре, а сувата земја никогаш насобраната вода не ја проголта, наместо тоа се издигна рамна водена површина, езеро, во кое остана сѐ што имавме и бевме. Над водената површина во која сонцето неуморно се капеше следниот ден, ѕиркаa само три крста од потопените цркви, од потопената вера.

82


#поплава

83


#поплава

Марко Салџиевски – 143 400 Поплавени од (б)лажен (м)орал, кога знаеме дека ниту копал... искривени во перцепцијата на проектираната реалност од кино проекторите на слаткарот кој се разбира само од терање овци на поило (а ни за тоа веќе не го бива) исплашени да не ни потонат сите надежи како лаѓи или лаги на сред пустина сѐ едно, се тресеме над животот кој ни на AliExpress не би можел да чини помалку, и се давиме во поплави од "катастрофални дождови" кои во некое инакво јаве надвор од голивудскава матрица би биле убава прилика да си ги разладиме вжештените глави наместо да вадиме мртви од гомната кои ни ги сервираат со години, а сега матната ни ги донесе во дворот, заедно со смрдеата и срамот кои долго ќе ни ги пронижуваат душите.

84


#поплава

Ана Голејшка – Однесени Еве, ќе дојде септември, ќе се виткаат учебници во шарена хартија, ќе поскапе пиперот, ќе ни студи. Ќе запише ли некој колку е голема тагата кога животот ти тече пред очи. Ни вентил, ни знак стоп, отишло сѐ во некој неповрат. Не дека е така, туку ние сакаме така да го викаме. Се гледаш со луѓе - нит ги сакаш, нит те сакаат. Мораш од дипломатија да свариш сѐ што душата не прима и потоа оти главоболки, оти стрес оти бес. Еве, ќе дојде септември, ќе се виткаат кичми во шарена прикаска, ќе поскапе животот, ќе ни студи и што? Ќе запише ли некој колку сме деца засекогаш, барајќи правила за возрасни?

85


#поплава

Сузана Мицева – Поплавени од болка Кога нешто боли во домот, куќите си ги накривуваат шапките и оставаат да истечат накострешените исчадени емоции насобрани во оџаците. Се лупат ѕидовите од домот, слој по слој се соголуваат на местата кај што болката како саги од чад се насобрала и се плетка со пајажините во ќошевите на таванот. Кога болката ви се насадила во домот, како влага се шири низ вашиот простор и го труе воздухот, па ви чучи во градите оти ја дишете, и таа станува дел од вас. Кога боледувате дома, гаснете однатре како светилка под допирот на раката. Како помрачени светлини одлетувате во универзумот, каде болката има димензија и гравитација и единствено таа ви тежи во телото. Се исклучувате и се џарете во мрак и горештина. Кога боли, сеедно е што ве турнало во болката: смртта, загубата, зборот. Блиските ви доаѓаат во домот и никој не ве прашува како ве боли, ниту колку ве боли. Сите знаат и вие во нивните очи ја огледувате својата тага небаре внатре во болката влегуваат, па молчат и ја болуваат. Насетуваат дека нешто во вас е мртво и оставаат да се исплачете, со солзи да се измиете одвнатре, сѐ што се распаднало во вас со вода да излезе... Да ви олесни - ви дават чајче, рамо и време, зашто тогаш мирисате на старо, на дотраено и гнило. Болката мириса на леш во распаѓање. И некако зацелуваш, и полека поминува.. Кога некаде ќе ја сретнеш болката осамена, гушни ја, потпри си ја под пазуви, донеси ја дома. Оти болката нѐ убива исто како што лекува. Ти почива врз лицето и точно знаеш дека е тука штом врелина го обзема срцето.

86


#поплава

Дијана Петкова – Носители на тишината Чекорејќи по патеката, го изодевме патот на нечујниот говор меѓу себеси и постоењето. Мислата неосетно нé донесе пред жуборот на водата, а таа, чиста, пречиста, непрестајно го мие каменот на новит ден, за нас, носителите на тишината.

87


#поплава

Катерина Диманова – Сигурноста на постоењето Има денови кога во себе не можеме да ја скротиме желбата со која посакуваме да нема повеќе суша. Во тие денови заспиваме во себеси и ја чекаме водата да надојде за да ја размрда гладната почва. Влажноста на воздухот нѐ примамува и ни се лепи на ноздрите кои останале доследни на човештвото. Во деновите кога водата надоаѓа како пригушен звук, се давиме во сопствените желби, се закотвуваме на едно место заради сигурноста на постоењето и посакуваме слободно да пловиме за да не нѐ загуши насилно придојдениот бран. И кога сите денови ќе ни се впијат во душите, осознаваме дека желбите ни се само изнасилен крик за човечност.

88


#поплава

89


#поплава

Љупка Антеска – Лошо небо (во животот во ништо друго толку зјапано немам колку во небо) Небото има тежок карактер. Намќор. Се мурти кога ќе му текне. И само собира во себе. Ама слабост кога ќе го мавне сопирачка нема. Дожду! Не. Не си ти таа вода што ни треба кога од лошо небо паѓаш да давиш сѐ што е добро.

90


#поплава

Тања Кармзова Костиглиола – Театрална поплава Од рушевините ќе градиме мостови над сите населени места кои однесоа животи и животни дела. Доволно цврсти за да ги издржат бруталните чекори кои гмечат достоинства. Додека трае театарот, ќе си кренеме и нови домови, на стари темели. Со малку покуќнина ќе ги опремаме новите катчиња, да не го потрупаме духот на човештвото, оти и онака го собира во ламба. Што друго ни недостига? Троа трпение, неколку капки ладна крв и една вреќа памук од домашно производство. Да ги затвориме ушите пред празни ветувања, очите наспроти хипокризијата и устите пред неправдата. Публиката е долу, театарот на бината, а реките надвор од своите корита. Нашето постоење е проектирано од оние кои без нас не би постоеле. Билетите се нашите изводи од матични книги на раѓање. И на умирање.

91


#поплава

Горан Василевски – Очекување Ќе те чекам... Некаде на полпат, загледан во залезот на годините. Ти дојди... Ненадејно за со бакнеж да ги споиме далечините. Ќе те чекам... За во себе со иста душа, по вторпат се родам. Ти дојди... Надој ме и држи ме за раце дур учам да одам. Ќе те чекам... Па таман во чекање дa ми секне животот. Ти дојди... Капни една солза и најсетне насмеана заклопи го кивотот. Ќе те чекам...

92


#поплава

Бистра Кумбароска – Пост-поплавена песна Три и пол попладне, дедо ми Васил нетрпеливо го штима радиото ―Бистра, пак си ја менувала станицата?„ Го бара Радио Скопje, вести, препознатлив џингл, слушаме за цунами во Азија, водата на прагот на дворот се бранува, ―Ех Бистре, и поплава сме поминале, со љубов и слога, ама страшно!„ И галебите над Охридското езеро молчеа. Можеби звучи поетски, но не е. Три и пол попладне, седам краj езерото Траун, нетрпеливо штимам фреквенции, но не го барам Радио Скопjе, се прашувам - ―Бистра, пак си ја менувала станицата?― И не знам дали светот ќе одговори или планината ќе проговори, но знам дека животот е небесно штимање на универзумски фреквенции. И дента, дента во мојата земја, мајковината фреквенциите од длабочините потполно се откоренија. Можеби звучи поетски, но не е. Моиве 32 години се најтоплите на планетава во последниве 1400 години. Не е тоа заради што сум посебна или посвесна, туку зашто сум човек, кој како повеќето од мојот род чекори, мисли, љуби, создава, јаде, седи, спие, љуби, мрда, мисли, спие, седи, јаде, мрда.... и сето тоа без некаков посебен редослед и со честа дисконекција од животот после мене. Но денес стојам со кал во дланките и со смрдеа во мислите, и ја пишувам оваа песна не за да е поетска туку за да е лопата, да се зарие во гнојот на човечката несвесност и да ми прави плуски на рацете секогаш кога ќе заборавам дека колку и да звучи поетски, поплавата едноставно не е и во овој свет секој од нас ќе мора да собере сила за да води здрава љубов со оваа наша планета. Најсилни сме во точките каде претходно сме биле скршени. Но водата секогаш ќе капe низ процепите.

93


#поплава

Васко Маглешов – Најситниот дел од тебе Стуткај ги мислите. Фаќаат помалку време. Солта од потта ќе ги ожедне. Те има во капки. Зачнат си од капка. Денот те меша со сенки и соништа. Мантилите на стравот те запишуваат во формули. Може да те отпише молив со неколку цифри. Најдалеку патуваш кога не одиш никаде. Земјата секој ден ти се смее на проѕевката.

94


#поплава

Митко Гогов - .под чергата се чува клучот на иднината [ѓубрето се фрла таму каде што му е местото] .варосуваме тажна пожолтена историја, навидум белината на ѕидот и привремениот мирис на чиста вар ќе ги покријат сите убиени инсекти и трагите од наивен злочин во кој треба да преживее похрабриот. поголемиот. ги покриваме сите рани нанесени од небрежност, сета болка ја заменуваме со штафета во која оганот не можеме да го контролираме. трчаме - со замаглен вид и без дијагноза за диоптерот кој можеби ќе ни помогне да се видиме поубаво. да видиме поубаво. на подолг маратон планетата се сопнува од препреките кои сама си ги поставува. настинка сме на космосот како температура на мало дете кое скокало во вир за време на дожд. копривата уште прави црвенило на телото, се гориме постојано и никако да ја научиме нејзината лековите моќ. не удираат громови во земјата кои не се порачани од некоја тага. истовремено сакаме да бидеме птицата што слободно лета во небото и лошото детиште кое нишани со ластик во неа. да ги оставиме метафорите да отстојат како добро вино, ова не е време за непотребна дегустација на ништото. ни треба проветрување за да ја осетиме чистината на домот кој го сонуваме. a posteriori: - ве сонувам во моментот кога водата го одзема вашиот живот, проклет да биде убиецот на вашите погледи. последниот ваш поглед нека му суди за вечноста, нашиот милостив здив нека биде ваша молитва за ослободување...

95


#поплава

96


#поплава

* Настраданите: Поплави во Македонија — тековна временска непогода која на 6 август 2016 година го зафати најпрвин Полошкиот, а подоцна со поголем интензитет целиот Скопски регион. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнаа 93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека досега се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати. На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб информираа дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август. Граѓаните, преку друштвените мрежи се организираат за да отворат пунктови за помош на настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за ден на жалост на целата територија на Македонија. Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски регион до 9 август 2016 година изнесува 21 лице. Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето е двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили. Напладне на 9 август 2016 година беше пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко. Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле. (Wikipedia)

„Реакциите на катастрофата ја покажаа благородната душа на Македонецот, на што тој со право може да се гордее. Но, ја разобличија и грдата страна на неговото лице, што мора да предизвика срам.― Зоран Јордановски

„Катастрофа, ова е досега невидено. Цела ноќ ја минавме на вториот кат од куќата, а кога се симнавме сабајлево во дворот што да видиме, кршови од автомобили. Во еден од нив најдовме две тела, мислевме најпрвин дека се вреќи со ѓубре, но кога се повлече водата видовме дека се тела, страшно.― - раскажува вознемирено еден од жителите на Стајковци

97


#поплава

Содржина: Сочувство: Мајкл Ротенберг и Тери Керион .......................................................................................... 7 Силвано Бортолаци ................................................................................................................ 7 Никола Маџиров .................................................................................................................... 8

Вовед: Митко Гогов ............................................................................................................................ 9

Поезија: М.Ц. – А надвор? ................................................................................................................. 14 Ирена Блажеска - Битка на природата ............................................................................. 15 Александра Гудева – Поплава ........................................................................................... 17 Андреј Ал – Асади – Кога заврши сѐ ................................................................................. 19 Марина Мијаковска – Рачки ............................................................................................. 20 Мане Манушев -Високо над градот ................................................................................... 21 Даница Петровска - Литанија на светители ...................................................................... 22 Константин Карев – Бесценок ........................................................................................... 23 Елена Данова – ... Ќе помине ............................................................................................ 25 Столе Лазаров - Дождот и Громот ...................................................................................... 26 Славица Митровска – Цаци - Како да не заплачеш ........................................................ 27 Маја Ќулумовиќ (Хрватска) - Македонија во солзи ......................................................... 28 Воислав Пехчевски – Луѓето во Македонија се будат..................................................... 29 Слаѓана Брезовска – Да се разбереме ............................................................................ 32 Мирослав Крстески – Смрт ................................................................................................ 33 Олга Наумовска – Плачот на една мајка .......................................................................... 34 Катерина Георгиевска – Бес на природата ..................................................................... 35 Марина Василевска – Стојановска – Дождовна бомба ................................................. 36 Петар Наневски – Поплава .............................................................................................. 37 Александар Митовски – Еден поплавен газал ................................................................. 39 Милена Ристова-Михајловска - * * * ................................................................................ 40 Томе Таушанов – Нашето сонце ....................................................................................... 42 Соња Стрезовски – Не те сакам див ................................................................................. 43 Лилјана Пецова – Илиеска – Пловиш ли сестро? ............................................................ 45 Нада Волчевска – Дождот Д ............................................................................................... 46 Ристо Маџунков – Поплава ................................................................................................ 47 Оливера Цветковска - На маргините на денот ................................................................ 49 Вукашин Ступар – Поплава ................................................................................................ 50 Бојана Коштрева – Поплава .............................................................................................. 51 Ангела Никодиновска – Поплава ....................................................................................... 52 Милица Томиќ (Србија) – Поплави .................................................................................... 53 Игор Поп Трајков – Станувам и коленичам ..................................................................... 55 Јаготка Томовска – Поплава во три чина ......................................................................... 57 Даниел Мелвил – Поплава ................................................................................................. 59

98


#поплава

Јадранка Златанска Ѓоргиева – 11. .................................................................................. 60 Даниела Јовиќ Маглиќ (Србија) – На тебе Македонијо .................................................. 61 Славица Петревска Диневска – Жолти змии ................................................................... 63 Жаклина Филипова – Свеќаровска – Види ме ................................................................ 64 Дејан Ѓорѓевиќ (Србија) - Мокра песна ............................................................................ 65 Кристина Мерклер – Изгубено .......................................................................................... 66 Викторија Мирческа – Непресушна ................................................................................. 67 Исток Улчар – Брод полн надеж ......................................................................................... 69 Д. А. Лори – Не заборавај ...................................................................................................70 Фросина Тасевска – Сто литри дожд ................................................................................. 71 Ратка Колева Дамјановиќ – Кораб ................................................................................... 72 Петар М. Петковски – Поплава .......................................................................................... 73 Радојка Трајанова – Катаклизма ...................................................................................... 75 Сузана Ѓорѓиевска – Водиштето ........................................................................................ 76 Виктор Јевтимов – Бурни времиња .................................................................................. 77 Афродита Џафери – Таа ...................................................................................................... 78 Ирена Митковска – Налет .................................................................................................. 79 Аника Илијевска Ѓорѓиева – Не лутете ѝ се на водата ................................................... 80 Адриана Дрецкоска – Без допир ....................................................................................... 81 Дејан Крстески – Атласот на облаците .............................................................................. 82 Марко Салџиевски – 143 400 ........................................................................................... 84 Ана Голејшка – Однесени ................................................................................................... 85 Сузана Мицева – Поплавени од болка ............................................................................. 86 Дијана Петкова – Носители на тишината ......................................................................... 87 Катерина Диманова - Сигурноста на постоењето ........................................................... 88 Љупка Антеска – Лошо Небо .............................................................................................. 90 Тања Кармзова Костиглиола – Театрална поплава ........................................................ 91 Горан Василевски – Очекување ........................................................................................ 92 Бистра Кумбароска – Пост-поплавена песна .................................................................. 93 Васко Маглешов – Најситниот дел од тебе ...................................................................... 94 Митко Гогов – Под чергата се чува клучот на иднината ................................................. 95 *Настраданите ..................................................................................................................... 97 Содржина .............................................................................................................................. 98

99


#поплава

100


#поплава

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица― меѓу основните цели и задачи ги има поставено: развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирањето на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирањето и негувањето на современите и традиционалните културни вредности, поттикнување на мултидисциплинарноста во творештвото и усовршување на дигиталните вештини и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива. Овој предизвик позади кој стои здружението „Контекст – Струмица―, т.е. публикувањето на третото електронско издание на литература (поезија) е исклучително важна активност за сите оние што се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред македонската и поширока публика и да пренесе порака, која во овој момент се надеваме дека ќе наиде на доабр слух, соживување и поддршка на загрозените. Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои. Можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен. Можеби навидум со овој чекор само ја променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, а всушност правиме нов резерват во кој ќе го заштититиме овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнеме во успешното зачувување и пренесување на идните генерации.

Ви благодариме што бевте со нас – да не се повтори!

- следете ги нашите следни активности –

101


#поплава

102


#поплава

103


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.