ДЛАНКОВОД [зборник поезија]

Page 1

ДЛАНКОВОД

1


ДЛАНКОВОД

2


ДЛАНКОВОД

МАКЕДОНИЈА 2019

3


ДЛАНКОВОД

Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ Глобално движење „100 Илјади поети за промена“ – Македонија Светска унија на поети Scuola di poesia – School of poetry – Школа за поезија Делегација Македонија

Зборник на поезија: „ДЛАНКОВОД“ Издавач: Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ За издавачот: Митко Гогов Графичко уредување и дизајн: @kihuPotru Лектура: Фросина Тасевска Дизајн на корица напред: Cienpies Design Дизајн на корица назад: Mike Bautista

4


ДЛАНКОВОД

ДЛАНКОВОД ЗБОРНИК ПОЕЗИЈА

5


ДЛАНКОВОД

6


ДЛАНКОВОД

НАМЕСТО ВОВЕД НЕВИДЛИВА Е СВЕТАТА РАКА КОЈА ГИ МИЛУВА ЗБОРОВИТЕ СТИХОВИТЕ

Почитувани пријатели на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“, членови на Scuola di poesia | School of poetry | Школа за поезија – делегација Македонија (работна група што е дел од Светската унија на поети WUP), драги добронамерници, љубители на поезијата и убавата мисла, добредојдовте во седмото по ред електронско издание, односно зборник на поезија „Дланковод“. Како што и порано практикував, така и сега, пред сѐ би сакал да ве поздравам и да ви се заблагодарам што ете, од толку многу канали, извори и дигитални простори кои ги нуди бескрајниот океан – интернетот, вашата интуиција, вашата желба и страст за поезија, вашата игра со интересот, очите и рацете ве донесе токму на местото каде ќе се обидеме на најубав,можен начин да ги канализираме за Вас насловите и стиховите кои се создадоа изминатиов период,а имаа со цел најпрвин да ја “разбудат“ нашата креативна група од зимскиот сон и истовремено да ја поздрават пролетта и да подадат рака на уште едно ново искуство, во кое се надевам, двонасочно уживаа и тие, додека пишуваа и споделуваа, а се надевам и вие по ист начин, со восхит и убавина во душата, ќе запливате низ овие електронски страници. Сметам дека симболиката, метафората и значењето кое го носи оваа нова кованица, која е наслов на нашата електронска стихозбирка„Дланковод“, ги отсликува стиховите кои се застапени во оваа наша нова книга, пред сѐ најмногу заради тоа што работниот наслов „Проект: Рака“ како што многумина деновиве сакаат да го наречат, термински е премногу “енџиовски“ (NGO), а нашата желба е да твориме. Сите овие седум изданија се производ на нашето здружение „Контекст - Струмица“, кое е

7


ДЛАНКОВОД

далеку повеќе од непрофитно, непартиско, невладино дејствување, т.е. најмногу

е

за

одржување

на

креативната

моторика,

взаемна

инспирација и градење мостови помеѓу различните поетики на самите автори. Мотивацијата за таа активност веќе

ја започнува четвртата

година од своето постоење, а одѕивот и самиот квалитет слободно можам да кажам дека е во постојана нагорна линија, а сите знаеме колку е исклучително тешко да се гради позитивна вертикала во денешно време, со сите оние пропагандни влијанија кои ни се наметнуваат секојдневно, низ сите можни медиуми. Темата „Рака“, дава плејада на можности, бескраен спектар на перцепирање, давање помош, поддршка, разбирање, глас, еднаквост, сплотеност. Раката е полна со метафори. Таа има столб, носечка функција гледано од многу аспекти. Имаше премногу начини на кои авторите можеа да си ја поврзат во нивните стихови, дотаму што асоцира на копнеж, допир, помирување, но истовремено и на многу непријатни емоции, како моментот со давење во една од застапените песни, убиство, проневера, религиски сегменти, раката на Бог, неговиот допир, раката на светецот Фанурие. Борбена и духовна истовремено, но секако во историјата на уметноста и книжевноста има многу примери. Рацете од една страна градат куќа, дом, од друга ги рушат постојните. Географијата на рацете ни ги открива тајните за животот. Доволно е да веруваме во тоа. Нивната топлина говори за тоа какви луѓе сме, нивната сила е одраз на нашиот карактер, а во политиката е важно да имаш чисти раце. Семантички гледано се отвора една долга низа на која може да се нанижат безброј примери како и кога раката или рацете се употребуваат, дали во директна или изведена форма. Тие се амблем, атрибут, некогаш клучни за доловување на одредена алегорија, а некогаш аналогно искористени за да ја прецизираат параболата на нештата за кои авторите пеат. Самата интерпретација, поточно толкувањето ни дава слобода да го надминеме стравот од непознатото, втурнувајќи

нè

во

овој

поетски

8

дискурс

во

предели

кои

се


ДЛАНКОВОД

(не)допирливи, а длабоко проникливи,тематски сврзани во коренот на нивното значење. Се надевам дека желбата да спознаете една нова, лексичка метаморфоза преку поезијата застапена во „Дланковод“ ќе биде најблаго речено или „во најмала рака“ задоволена. Ако за еден будистички

учител

склопените

дланки

се

знак

за

смирение,

благодарност и молитва, за некои корпоративни експерти во светот подадената рака значи согласност за склучување договор. Јас верувам дека сите застапени автори овде подаваат рака на новите читатели, а наедно со таа невидлива, света рака го поздравуваат универзумот благодарејќи што седмата книга, говори токму за сите значења кои “раката“ ги пласира. Исконски, вродени или наследени, ние на овој начин се обидуваме да допреме до вас и да ве привлечеме да промислите за сѐ она што раката е, и може да биде. На моменти комплементарни, потоа отсечни, дефинирајќи ги спротивностите кои нè опкружуваат, стиховите говорат за повеќедимензионалноста на нашето метафизичко спознание. Таа суптилна психологија на раката беше и основен мотив кај мене лично, најпрвин да ја предложам “раката“ како мотив за оваа книга, но исто така со љубов и целосна посветеност да ја уредам, во оваа финална верзија која ја имате пред вас. Заземете удобна позиција и започнете да уживате во содржината. На следниве страници ќе најдете поезија поделена во два дела. Во првиот дел е поезијата од членовите на нашата група Scuola di poesia | School of poetry | Школа за поезија – делегација Македонија, а во вториот дел, мал избор на автори од земјата и странство кои на овој или оној начин станале дел од нашиот живот и токму нивните стихови, останале запаметени. Пријатно читање! ☺ Митко ГОГОВ, Претседател на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“

9


ДЛАНКОВОД

10


ДЛАНКОВОД

РАКУВАЊЕ СО ЗБОРОТ

11


ДЛАНКОВОД

Елељ Туна СУМ, СМЕ, ЗАЕДНО НАВЕК

Ајде, за рака фати ме и повторувај по мене: „Сум, сме“, ајде заедно да скокнеме. Многу одамна се заколнавме, не бевме свесни но си ветивме дека за навек ќе бидеме, дека овој свет заедно ќе го напуштиме. Ајде, силно до себе гушни ме, тивко шепни ми: „Сѐ ќе помине“, заедно сме, ќе пребродиме, ми требаш само да си до мене. Ти давам рака, и после сѐ, еве ме, стојам до тебе. Ако ми веруваш дланката во мојата сплети ја, последниот скок заедно ќе го направиме. Ајде, повторуваш ли по мене? „Сум, сме....Заедно навек“.

12


ДЛАНКОВОД

Дејан Ѓорѓевиќ ***

Ги сакам твоите раце и левата и десната, подеднакво. Ги сакам твоите дланки, на кои е испишана историјата на нашата љубов. Твоите очи, во кои лежи мојата сенка, и твојот врат, на кој се отсликува мојот копнеж, и нешто пониско под вратот, е таму, во тој дел од телото се раѓа мојата песна.

Од циклусот "И jас ја сакам Марија" Препев: Митко Гогов

13


ДЛАНКОВОД

Снежана Паноска ***

Кога ќе подадеш рака не вели – дај, туку - повели, земи. Добрината не ја даваш, за да ти ја вратат или небаре за покој на душите ја раздаваш. Кога ќе ги испружиш рацете очекуваш прегратка, насмевка, топлина и радост, но не и ладнотија, бедотија, сиромаштија, празнотија. Искрените, убавите луѓе, подаваат рака со љубов, раздаваат љубов. Те дружат кога си сам, кога ќе паднеш - да се исправиш, и да продолжиш. И не се мери со рацете, како кантар испружени, кон сите страни на светот колку си силен, добар или лош. Оти со ништо не се мери она што го чуваш во срцето, а го носиш на лицето избраздено, или измазнето, избричено, нацрвено, набелено, насмеано, исплакано, намуртено, смртно.

14


ДЛАНКОВОД

15


ДЛАНКОВОД

Милена Ристова - Михајловска ПРЕГРАТКА Или Рачиња 1. Со рачињата ми го прегрнуваш вратот и повторно си ги спојуваш дланките. Исто силно ко петмина возрасни мажи да прегрнуваат заедно стебло од столетен даб. Ти имаш пет годинки, а вредиш ко да си внел столетен живот во мојов. Твоите две рачиња - прегратчиња вруточат енергија што петмина мажи не можат ни да ја исферментираат. 2. За таа прегратка околу вратот пред спиење се живее. За твоето мирно сонче и бурно, а полно радости, денче, мило синче. 3. Благослов е да се помајчиниш. Благодет – син да родиш. Низ живот со љубов и ука да го водиш, а тој да ти биде сесветол извор на милости и сестрана животна смисла.

16


ДЛАНКОВОД

РАКУВАЊЕ Или Качувајќи се на Исарот

Од далеку ко мравки во акција. Од близу - цела традиција. Од долу - илјадници мотиви, на пат угоре - духовности живи. Крстот на сите им е цел, Исарот раскошен севременски размери зел. Не треба некој да ги учи и да им сугерира, тоа архетипот во сечиј код пулсира. Дали си тука роден или си само на минување, да се придружиш нагоре, е посебно доживување! Да се ракуваш со четирисет дланки, да се поздравиш со четириесетмина познати или странки! Да фрлиш 39 каменчиња ситни и да го зачуваш четириесеттото ко најбитно! Та под перница ко зрното грашок да го сместиш, да ти креира прекогнитивен сон од животен сопатник да видиш силуета, сенка, лик, глас или ѕвон! Ракувај се со 40 души, исполни го заветот што сите норми ги руши,

17


ДЛАНКОВОД

биди дел од нешто што со векови ни се дистрибуира низ ген, испочитувај го овој голем ден што на градот под Исарот му чини возвишение, што на ридот од тврдината му е колективно оживотворение!

18


ДЛАНКОВОД

ПОЛНОТИИ (хаику)

Полни раце дар капитал, материјал... крупно наследство. Полни раце ќар, презаситеност, збир. Од пари - богатство. Стотици души нематеријална ствар. Свет - пријателство. Полни раце мир, вера и хармонија лично блаженство. Полни раце жар, поддршка, сладост, почит - цело семејство.

19


ДЛАНКОВОД

ЧЕТ`РСЕ (хаику)

Светски ден на поезија. Пролет. Илјада зрака. Зумбул виолетен, карши Исарот - дадец, цветој в рака. Четириесет дланки ракувај ги ти! Утре - Младенци.

20


ДЛАНКОВОД

21


ДЛАНКОВОД

Ристо Маџунков ЖЕЛБА

Во сонот што ја растеруваше маглата се појавија безброј ѕвезди чиј сјај го осветлуваше небото каде се виде и себе си со желба од својата рака во рачињата на сите внучиња на светот да им подаде исцеден сок од душа во чашка со облик на срце насликано на бабината блуза

22


ДЛАНКОВОД

Марина Икономова Шокева СВЕТЛОСТ

Ги отвораш прозорците, ги креваш пердињата и влегуваш. Ако треба и ќе ги искршиш, и острата срча ќе го раскрвави умот, но ти си тука светло јадро вселено во темницата. Со дрска љубов ме тераш да видам. Или ќе се повлечеш, и како светилник со дискретни пулсирања ме водиш низ маглата. Рацете во проѕирна ноќница нудат конуси од светлост врз кои безбедна лебдеам напред, кон својата утока.

23


ДЛАНКОВОД

РУЧЕК

Готвиме. А потоа нашите раце забрзано ја редат масата. Ти чаршафот, јас чиниите. Ти приборот за јадење, јас чашите. Седнуваме, ти на чело, јас отспротива, и почнуваме. Не јадеме исто. Ист пијалок не пее во нашите чаши. Не е дури ни истата маса. Ти на чело го замислуваш мојот лик отспротива, и обратно. Од колку ли вакви ручеци нѝ се состои животот, ти на едниот, јас на другиот крај на светот? Меѓу нас бескрајно долга софра опкружена со туѓинци, од која гаврани рамнодушно се гостат со недојадени трошки.

24


ДЛАНКОВОД

25


ДЛАНКОВОД

Лилјана Пецова Илиеска ЖЕЛБА НА ЕДНА РАКА

Има едни - раце кријат. Има други - со нив се мијат. И на едни и на други сонце в очи им пече, оган в грло им тече. Едни блујат Други трујат. Ах, Кали! Подај од рацете ми сила Та јазици сечи. Подај време да раззелени од секоја шлаканица. Распукани бразди на рака и на јазик немаат иста болка. Биди трага врз кожа, благ допир. Биди среќа кога се две. Биди "подадена" онему потребна за заштита и милост. Биди тивок оган кој кроти. Биди желба за поздрав. Макар и да е само за "збогум".

26


ДЛАНКОВОД

Христина Цветаноска СТИСОК

Ти го чувам стисокот во рацеве. Се вбразди во нив, ко крвоток во кој си го мерам пулсот си го мерам стареењето. Како последно вдишување на давеник, како последно изговорени координати на авион пред уривање. Како да ми е ти. Како да си ми жив. Како да сме си тука. Ти го чувам стисокот во рацеве додека за цел свет сум луда, дека не е тоа допир. Дека ништо е тоа. Стисок. Празен.

27


ДЛАНКОВОД

Сотир Д. Георгиевски ВО РАЦЕТЕ СВЕТОВИ ИМАМ

Нечујно ти пријдов и очите ти ги покрив со рацете груби, мислев ќе ме препознаеш. Пред да проговориш во себе помислив имам жива вода меѓу прстите очите да ти ги измијам. За да разбереш и прогледаш има светови и светови во кои бескрајно те љубам. Во рацеве со нив си поигрувам ти не знаеш и сè уште погодуваш. Кој е?

28


ДЛАНКОВОД

Билјана Ѓ. Гаврилова РАНИ(НА) ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ

Зората е нивниот Дом залезот - легло на предадена Радост на тие раце на тие дланки две што ампутирани на секоја слика се што столбој носечки на белези дамни се Тие раце тие дланки две ставени на релјеф од највисока Карпа мое Тело неделиво се мој Глас за навек Во Розовини облечени одвнатре тие раце тие дланки две со епицентар на земјотрес во градиве можат да им дадат рождество на сите пупки - Трендафили и меѓу Луњи и Блесоци молскавични Тие раце тие дланки две што први ги читаат криковите на секој мој зов и низ Цутот на Градината и во полнотата на најмалите Трепети и тогаш кога Модрици огниште на илузијата се и тогаш кога Ветрој од светлина пламтат низ затворените врати на пукнативе зеници па сѐ до струните на егзилот

29


ДЛАНКОВОД

па сѐ до изворот Вода Жива со најнеобичното име - Љубов.

30


ДЛАНКОВОД

31


ДЛАНКОВОД

Ели Маказлиева МЕ ДРЖИ ЗА РАКА ПЛАНИНАТА

Ме држи за една рака планината додека пешачиме по ѕидовите за да не ме однесе ветерот. Ловам виножито со другата рака пред суровиот свет додека бијат камбаните како најава за невреме. Се држиме фатени така Јас и планината рака за рака. Ја бакнувам раката на планината а таа стега и копа по месото како дебела ортома. Модрее мојата рака од стисокот на планината не ме напушта до залезот на сончевината дури не се запали свеќата на месечината.

32


ДЛАНКОВОД

Ратка Колева Дамњановиќ РАЦЕ ОД КИЛИБАР

диплевме ги диплевме деновите како изгужвани листови хартија истргнати некаде после полноќ со линии неиспишани со мисли предвреме прекинати стуткани и фрлени во неповрат ги диплевме листовитe рани утрински од прва рака, од втора, трета, четврта, од петта рака набрани со капки солена пот и по некоја детска солза наквасени со катран леплив на детските прсти и души со спотнати раце ги диплевме листовите со жили белодробни како линиите на нашите дланки што ја кажуваа молкум нашата непишана судбина нанижани низ срцевaта жилa на сонце јарко сушени предвреме збрчкани па разнижани жолти како килибар скапоцени листови

33


ДЛАНКОВОД

суво злато шушкаво под нашите прсти небаре странска валута ги диплевме како банкарите бенџамини пробиравме со прстите детски задебелени лепливи од никотинската смола како кога се бројат долари на црнa берза згужвани листови жолт килибар и солена пот црн горчлив катран диплевме со детските раце за во белиот свет...

34


ДЛАНКОВОД

35


ДЛАНКОВОД

Андреј Јанков РАЦЕ

Те гушкаат и туркаат Од себе и за себе. Питоми и диви. Не постои пат, ниту мисла што може да ги раздели. Раце. Споени и верени се тие со имиња крстени во сечие тело закотвени. Раце. На љубов чувствителни во животот наши бранители од секакви хранители.

36


ДЛАНКОВОД

Маријана Николова ЛЕВАТА СТУДЕНА РАКА

Те чувствував. Секогаш. Секаде. Знаеш како? Преку твојата рака. Да, преку левата. Само допир беше доволен да знам дека си тука. Да знам дека му се радуваш на изгрејсонцето, дека ги сакаш пупките расцветани на дрвото и дека секој грев ти го измива дождот пролетен. Само допир беше доволен и тогаш кога почувствував дека не си тука. Тогаш дознав дека ѝ се радуваш на месечината, дека го сакаш зимскиот снег на стреите и дека ниту капење во Јордан нема да ти помогне. Контрадикторност? Не би рекла. Парадокс? Би се согласила. А, јас? Јас и понатаму те чувствувам. Да, преку твојата студена лева рака. Секогаш и секаде.

37


ДЛАНКОВОД

Розе Миткоска ДЛАНКИ СО МИРИС НА СПОКОЈ

Не ме испуштај од рацете, тие се моето легло за пилење нови утра. Како успиено дете згрни ме и стави ми печат на чело, да се препознаам, ако случајно во сонот го изгубам својот облик. Носи ме на височинката под сонцето, кај што нè чека закотвен кораб, со затегнати едра од облаци. Таму да го чекаме зајдисонцето, дури градините ни зреат во пазуви. Биди берач на моите воздишки, со опој на мајчина душичка. Ветрот го распослал воскликот на нашиот пород, што како ехо му се враќа на изворот. Далеку од магливите патишта со траги од натрапници, да се закуќам уште еднаш на твоите дланки со мирис на спокој.

38


ДЛАНКОВОД

Тони Павлески НЕ КРЕВАЈТЕ РАКА НА МЕНЕ

Не кревајте рака на мене, со заплетот на струењата во тесниот меѓупростор ќе ви се врати ударот. Малициозното длаби во вас, ве јаде одвнатре, а кога тоа ќе нарасне, вашиот тивок распад во моите очи е неминовен. Не кревајте рака на мене, во својот паничен порив ќе ги искорнете од усниве сите налудничави насмевки, па во времето ќе ве следат како заробено топче во рулетот, па во просторот ќе ве демнат како товар неоткриен и неприспособен на себе. Не кревајте рака на мене, патникот не ќе го запрете дури и патот ако го прекинете. Времето ја има моќта да го одредува ударот, а не вие во својот страв обележени како обична нишалка, која виси на една точка од дрвото на животот.

39


ДЛАНКОВОД

40


ДЛАНКОВОД

Оливера Станковска РАЦЕТЕ НА ЖИВОТОТ

На раце нѐ понесе животе наш неумолив, кога од темната утроба се одвоивме и нурнавме во светлината на денот и со дланките нѐ погализа добредојде на рожбата нова. На раце нѐ понесуваш животе наш, од Бога подарен, кога миговите ги точиме во чашата на сеќавањето и кога дното со жудливи бакнежи го допираме. Низ твоите дланки нѐ прпелкаш како ситно зрно песок, животе наш непредвидлив ту на едната, ту на другата страна, сомнежите ги оттргнуваш, гревовите ни ги простуваш, од искушенијата нѐ избавуваш, со судбината на дланка испишана нѐ спојуваш. На раце ќе нѐ понесеш и на судниот ни ден животе наш невечен, кога на пат без вратка ќе појдеме.

41


ДЛАНКОВОД

Лидија Дочовска Павловска НЕ ПУШТАЈ ЈА МОЈАТА РАКА

Треперам цела пред картата на твојата дланка... Ќе се осмелиш ли да влезам во нејзините порти да ја спознаам мистичноста на твоите зборови... Мистериозноста твоја ме доведува до лудило. Филозоф ти...,а јас ја пишувам емпиријата на твојата префинетост... На кој степен сум од твојата скала, ги употребуваш непотребните тонови..... Актер со лице на девственост ја бараш неповторливата егзама на нешто што струи во бунило. Појави се...ја сакам твојата дојава. Исправи се...ја сакам твојата појава. Пекол е животот без тебе,срасни во мене... Зарем не гледаш?! Уметник слика на срце насликал, сонот без лика - лик не ликува, а рака без стисок – сон не заспива... Годините ги голтаат месеците, месеците - деновите, деновите - часовите,минутите на нашите страсни жедности, а рацете ни се превиткуваат во вечности... Се вртиме во тесниот круг на смисленоста и хемијата на нашата постојаност која довикува на вечност... Дај ми ја твојата дланка, раката ќе ти ја изгони во чувството на мојата љубов

42


ДЛАНКОВОД

и прегратка ко ластарест порив од лоза... Можам да прегрнам и змија што чувството би ја стопило без душевна регенерираност, но по градиве со стисок на левата чувственост од поточен жубор, љубовна рана излева.. Дали да се ракувам со твојата слава, дали раката ќе биде љубовна рана, дали ќе останам сама, ќе бидам ли пекол или раскол љубовен како каснато јаболко...!? Не,јас нема да бидам сама, осамата е царство на уметничкиот чин. Јас ќе бидам рака која ќе те повлече и довлече до разумот на твојата крајност, до сенсот на возвишеноста и крајниот одблесок на две битија, во младоста распната како сите гранки на пролетната пајажина и миговите на очекуваната пролет во зимската рана. Не пуштај ја мојата рака кога веќе е твоја.

43


ДЛАНКОВОД

Митко Бојаџиски НЕ ВО СПОМЕНИК (ретроспектива на мојот од) песната гори неверноста е дрво кое тагува и плаче а јас помеѓу можеби натрупувам премногу сеќавања но не во споменик мислам моето срце е премногу лево рацете веруваат во лузните на показалецот очите уште се отворени

44


ДЛАНКОВОД

ВЕЗДЕН ВО ДОПИР везден во допир се одминуваме со денот ко просјаци изгазени до гуша раскошно убиени од стисокот на испружената дланка и своето себенаоѓање (издадено за книжевна младина на Македонија (KMM), 1989)

45


ДЛАНКОВОД

Фросина Тасевска ***

Рацете ми говорат многу повеќе од очите. Бадијала. Никој не ги разбира. Некој не ги разбира.

46


ДЛАНКОВОД

47


ДЛАНКОВОД

Дијана Петкова ДИСПЕРЗИЈА

Ја облекувам формата на телото врз мојата бестелесност. Левата нога, десната, колковите, стомакот. Го поставувам папокот на средина, за да воспостави централно видување на нештата. Пред да ги навлечам градите, левата рака до рамото и десната рака до десната страна на вратот, потпрен на тукушто зацврстениот `рбет, го прекинувам облекувањето. Држејќи ја главата во правец на звук што се дисперзира во бои, почнувам да ја соблекувам формата на телото и уживам во својата бестелесност.

48


ДЛАНКОВОД

МЕЃУ ПРСТИТЕ

Ги вплете прстите од својата лева рака меѓу прстите од мојата десна рака, но не притисна силно. Меѓу нив остави простор за слободно изразување.

49


ДЛАНКОВОД

50


ДЛАНКОВОД

Милчо Мисоски РАЦЕ

"... рацете да ти се сечии кога даваат, рацете да ти се ничии кога земаат." Од дневната соба ги испружувам рацете Го допирам сонцето И го свртувам кон моите гости комшии да се распламти малото жарче во нивните гради. Потоа со рацете ја допирам месечината ја завртувам кон себе "сенката да не ѝ се гледа". Моите раце ја знаат невиноста на земјата. Моите прсти се мерката на светот. Моите дланки ја носат белината на огнот, огнот кој знае да го оплоди постоењето. Небото се обидува да ме заштити од дождот на минливоста додека моите пријатели со раце немиени од синоќешниот натпревар во безнадежност играат војна со Божјите статуи како да се евтини пластични војници. На стаклената топка украдена од локалниот магионичар мојата десна рака врежува знак на вечност мојата лева рака ова не го знае молчете, таа тоа никогаш не смее да го дознае.

51


ДЛАНКОВОД

Александра Велинова КОРАВИ РАЦЕ

Не ме срамиш ако ги загледуваш моиве корави раце. Сладок леб ми даваат, не ми горчи ко твојот. Кога ќе ги свијам под глава слатки соништа сонувам на нив. Не се будам ко тебе, среде ноќ обросено лице со раце да го бришам. А кога ќе се ракуваме, силно ќе те стиснам со мојата рака. Дека јас знам само така. Не колебливо со страв дека некој ќе ми ја извалка, никој не може, ко човек сам себе рацете да си ги извалка. Да, кога ќе им раскажувам на внуците приказни, од секоја бразда на раката приказна ќе читам.

52


ДЛАНКОВОД

Маја Мојсова РАЦЕ И МИСЛИ

Низа од соби со врата во еден правец, што само еднаш може да се отвори. Исто како кога наслушнуваме незнаен плач, па со погледот бараме кому му припаѓа, а тој всушност доаѓал од нашата недопеана песна. Исто како кога итаме напред, секој кон своето време, својата среќа, својата капка исцедена од памук, мислејќи дека ако настојуваме, ќе можеме сите овие нешта да ги задржиме само за нас. Кога прв пат некој ме нарече поетеса – си ветив: секогаш на најтешкиот тест ќе ги подложам рацете; ќе можат ли така брзо и отсечно да ми ги следат и запишуваат мислите?

53


ДЛАНКОВОД

СВЕТЛИНИ ШТО СЕ МИЛУВААТ

Човекот таму ќе го понесе последниот лик од себеси, или пак, е онаков каков што бил во најубавата доба. Чии ли раце ќе нѐ подземат?... Светлина со светлина се милува, играат на облак, се оддалечуваат и повторно се зближуваат. Која ли светлина ќе нѐ прегрне? Силно ги притискам очиве да не сведочам повеќе, колку не знаат некои луѓе, едни со други мил поглед да си пратат; грубо ги затворам ушиве, да не слушам отровни зборови; и срцево го откорнувам, зошто има уште такви кои не знаат да љубат; душава (не е опредметена во човечкото тело, но велат, тука, близу срцето е сместена), во стисок ја затворам, зошто има уште такви кои не умеат да сочувствуваат; нозете сама си ги врзувам, зошто има многумина кои кон убавото не сакаат да зачекорат? Едно по едно, откинувам делови од себе, само рацете ми останаа... Ги подавам високо, колку што можам повисоко, таму нека ме подземат. Светлина со светлина пак ќе се милува.

54


ДЛАНКОВОД

55


ДЛАНКОВОД

Александар Јовановски НАШАТА РАКА – НАШАТА ДУША

Бескрајот е подадена рака на постоењето. Во него спие мислата за космичката правда. Со раце ја допираме секоја желба, молкум испраќајќи ја кон ноќното небо, додека со раце го галиме светлежот кој трепти. Нашата болка спие некаде во галаксиите, однесена на ветрот од нашите усни додека тајно со стегната рака изговараме молитва. Татнежот од градите го смируваме со раширена дланка, поставена над нашето срце додека тешко вдишуваме. До ситност го знаеме венскиот цртеж на рацете, во чиј стисок живеат нашите души. До ситност ги знаеме рацете кои ја имаат мапата на нашето тело и мапи на тела чуваме во браздите на своите. Преку преплетот на рацете, две тела ја спојуваат својата сенка во една. Љубовта минува како струја низ срцата само кога рацете се стегнати во прегратка. На денот на осуда ни ги бараат отисоците од рацете, на денот на апсење ни ги врзуваат одзади, кога се предаваме ги држиме високо, како да не се наши, како да немаме ништо со нив. Кога умираме, ни ги врзуваат во чвор, за нашата душа да патува во мир. Зар може да се земаат, да се поделат нашите раце од нашата душа? Зар не се рацете продолжена рака на нашата душа?

56


ДЛАНКОВОД

Тања Кармзова Костиглиола ВО ЕХОТО НА ЕТНОСОТ

Твојата сенка уште ме држи за рака. Чекорам по мочуришта за да стигнам до чешмата каде постојано перам спомени, во стомни заробувам духови, со кафено лажиче ловам самовили, и умешно вртам вретено намотано со минато и иднина за да ги оптегнам на сегашниот разбој. Врз пресно печената вар ги ложам твојата лага и мојата тага. На обелениот образ на нашата приказна совршено ù прилега црна шамија. Ти оставам дух, за да спас(тр)ам снага.

57


ДЛАНКОВОД

***

Меѓу вкрстените прсти ни се протна нов живот. Подоцна, со нашите раце им дадовме сила на неговите стапала. Еден ден неговите дланки, можеби растреперени, испотени и рапави од константи морници, ќе ни ги преклопат очите. Дотогаш, овие шест горни екстремитети имаат временски неограничена мисија: да создаваат бури од бои и звуци во шуплината на тенкиот кристал на чашите.

58


ДЛАНКОВОД

Елена Волчевска НЕДОРЕЧЕНОСТИ

чувај ја десната рака слободна со левата држи ја свеќата што гори со десната прекрсти се и чувај ја слободна за раката што си оди таа потаму ќе те води

59


ДЛАНКОВОД

Исток Ј. Улчар НА МОСТОТ

Трепери мембраната под неговите дланки, а в грло му ‘ржи шансона на искривоколчен јазик, со надеж оти денеска дома ќе однесе парички повеќе од вчера, за да не го удира татко му многу погрубо отколку што тој ја удира својата тарабука, обојувајќи му ја кожата многу помодро отколку што му се - кога свири - потечените прсти.

60


ДЛАНКОВОД

61


ДЛАНКОВОД

Мариета Дукиќ СПОКОЈ

Лежам на стариот кревет на баба ми, со библијата в раце. Ако умрам, нека остане на моите гради.

62


ДЛАНКОВОД

... Рацете ме бодинаат секогаш кога сеќавам на тебе. Безмалку, коски на коските ми сраснаа. Копаничат нови- ненапишани кодови на изгубеното време во тебе. На заоѓањето во мене.

63


ДЛАНКОВОД

Марко Виденовиќ ГОРДИ И НАСМЕАНИ

Да се фатиме за раце, килим од прсти да сплетеме. Килим онаков најшарен, најубав и волшебен, како од бабите и прабабите наши, најмили непрежалени, исткаен да е и на ѕид закачен. Килимот да шаренее, а на него прсти испреплетени, бели и црни, валкани и чисти, мазни и испукани од времето поминато, старо и ново изминато и дојдено. Да шаренее и душава, а тој со топлина и убавина сета да ја облева. Да го напрскаме со љубов и на сонцето да заблеска како Охрид на зајдисонце кога блеска онаков најубав на цел свет. Па таков попрскан и од сонцето огреан, љубовта да го зацврсти, како кал најцврста камен со камен што залепува, и такви еден за друг залепени,

64


ДЛАНКОВОД

сплотени и неразделни пред Бога да сме горди и насмеани за кога ќе си легнеме мирни да ни се душите, а кога наутро ќе се разбудиме среќа да нѐ облее.

65


ДЛАНКОВОД

РАЦЕ

Не се рацете само да грабаат, цветови од корен да корнат, дрвјата зелени да ги пеплосуваат, срца од гради да крадат и низ вода да ги пуштаат. Не се рацете солзи да создаваат, на туѓи лица невини, туѓи животи да ништат, кон други да покажуваат, за само некого да осудуваат и за туѓи животи да пресудуваат. Рацете се за галежи да делат, во доцни летни ноќи, во рани пролетни утра. Рацете се да прегрнат среде зими студени, други раце да допрат во тажни есенски денови. Рацете се цвет да полеат, дрво да засадат, а кога некому ќе погрешат, кон себе да покажат и грешката да ја поправат. Кога рацете од надвор ќе ни огрубат, а од внатре ќе ни омекнат, тогаш и ние ќе омекнеме и љубов околу нас ќе сееме.

66


ДЛАНКОВОД

67


ДЛАНКОВОД

Сузана Мицева ИСПРУЖЕНА СО ВЕТРОТ

Шумата ми беше дом кога зеленееше мојата душа. Имав раце долги како гранки, се плетеа емоциите во шумливи прегратки. Да љуби дланката, спокој да даде можеше во прегработ од лисја. Само немав корења, не пуштивме жила ни гранките, ни дланките, ни јас. Сакавме кон небото. Испружени нагоре со ветрот.

68


ДЛАНКОВОД

Славица П. Диневска РАСЧЕШЛУВАЊЕ МРЕЖИ

На Санта, баба ми (Беше нема, а пееше најубаво со тие раце) Дури се расчешлуваш пред растечено огледало свирепо корнејќи гушнати нишки, дури се напрегаш за да не видиш во рамката сенки, дури мислиш дека сѐ ќе исправиш, ќе одмрсиш со тоа парче штрбаво дрво, утрото свири низ прстите како замав на срп во шамак; тркала слики од еден двор покрај Езеростарата таткова куќа и немата старица Санта, и двете изронети од чекања, светнати од детски очи. Едни светулки чувани само за тој ден и едни скришни солзења на лозницата над прагот. Огледалото што те голта ги позна рацете на жената што ги чекаше рибарите. Ги имаш нејзините раце. Истите коски. Но таа зборуваше со нив. Небаре птици ги полетуваше зборовите. Беше нема, а пееше најубаво со тие раце. Таа сега уште некаде ги отплеткува мрежите, на дрвени колци ги оптегнува и шепоти немушти тајни на топчиња бела плута. Црвените ги прескокнува да не ги разбуди демоните на Дивата Вода. Беше нема, а пееше најубаво со тие раце. Ти пак, никогаш не научи така да пееш. Ти почесто ги стискаш прстите во грч. Твоите прсти се изморени од ловење ветрови. Тешки од сонови. Неодлучни во бегствата. Зад завеси од мрежи се криеш од себе.

69


ДЛАНКОВОД

Боледуваш од недовршени здивови на сребрени рипки, спрпелкани во корита ко во суви очи. Подот е покриен со мртви прамени, одминати утра, неми спомени. Огледалото го сечат мрежи преполни бели и црвени плутени тајни.

70


ДЛАНКОВОД

71


ДЛАНКОВОД

Перо Сарџоски ЗГРАПЧИ ГО ДЕНОТ

Прегрни ги оние рачиња... кои те будат од пладневна дремка со желба за игра накитена со радост исткаена низ смеа во вечниот дом на детскиот сон... ...оти ќе пораснат... Испеј ги сите песни... од срце на глас кога дружина стара ќе фати гитара следи го ритамот само и запеј ко славеј што везе ноти по ноќта без крај... ...оти ќе стивнат... Радувај им се на очите... кои светкаат кога пред тебе горат во страстен плам дур во тебе небото се бранува врз морската шир и бурно ја бакнува... ...оти ќе згаснат... Вдиши го со сласт секој здив од овој живот... и сакај ги силно

72


ДЛАНКОВОД

оние кои ти ги дарил следи ја искрата што во тебе гори и по неа гради пат светлина за сите што по тебе ќе тргнат да талкаат и љубат да освојат и губат да изодат живот цел... ...оти ќе мине...

73


ДЛАНКОВОД

Долорес Атанасова - Лори ЗАБОРАВЕНИ РАБОТИ

среде книги чувам работи за одложено сеќавање, како цветов среде хамлет баба ми шо ми го даде, и со него сеќавањето на нејзината рака како ми го подава и ме испраќа.

74


ДЛАНКОВОД

Катица Ќулавкова VIA LASCIVA

1. По навика во левата дланка го гледам ѕидот од којшто се одбивам, Пс-с-с-с-т-тихо психо. Одраз, огледало - извикани зборови. Се одразувам, значи се враќам некој создава траен одек троен појас на Венера. Стварноста е вратка шум од значења и линии: на почетокот беше линијата сликата на светот. 2. Ги споредувам левата и десната на едната дланка срцето се врти на другата гледа што е ноќ, што ден не можам да лажам. Левата ги лови поривите многуглавата и глаголлива жедба десната е полезно, видро несовпаѓање меѓу животот и судбината. Сите занаети не се одумрени во ова поднебје богато мајстори логос, ерос, поезис.

75


ДЛАНКОВОД

3. Моите дланки секаде стигнуваат пред мене. Заборави, си велам, на расчекорот. На вулканот. Кармата. Солта. Кој те крми, жедта не ти ја гасне. Не покажувај со прст во градот кој те имал. Совршенството на гревот не го нарушувај. Нема да се поштедиш од изобилството знаци и емоции. Нема никогаш да сакаш помалку: причините се множат како инсекти. 4. Дални дланки: и ум и усет и бит и битка. Две на еден човек на едно лице. Пресекот е совршен: мерка за крст и за љубов закон на светлината излез од овој свет. 5. При самрак прстите се поткреваат ко крв на полна месечина во дослух со мракот играат вешто ко срамниче-трепетлика ко око, нерв, ко звучен бран стрепам стрпливо на Марсовиот брег - црвен белег

76


ДЛАНКОВОД

си ја менуваат ли боите симболиката предметите бојата луѓето - предметите? На нимфите сенките на амор морите вршат околу судбата-наречјето блудно дејствие ведра трагика околу мене сенките околу мене морите наречјата, пророците - мене пороците.

77


ДЛАНКОВОД

Митко Гогов РАКОФОНИЈА ВО ТРИ СВЕТА

.светот овде заплеткани ни се мислите и односите со луѓето. раце расфрлени како суви прачки, исушени корења или гранки. наместо да спојуваат, склопуваат пакт за разделба. се оттуѓуваме така лесно, мислиш ги отстрануваме црнилата од под ноктите. .подадени светови дарежливи кај едни, лепливи кај други. и едните и другите чезнеат ... за љубов. .недопирлив беше светот од онаа страна на твоите раце. ги пружав дланките, а допирав само снег, кал и скинати копчиња. не можеше да се помине потаму.

78


ДЛАНКОВОД

79


ДЛАНКОВОД

СРЕДБА СО ДОПИРОТ

80


ДЛАНКОВОД

Весна Парун ТИ КОЈА ИМАШ РАЦЕ ПОНЕВИНИ ОД МОИТЕ

Ти, која имаш поневини раце од моите, која си мудра како безгрижност. Ти која умееш од неговото чело да ја прочиташ неговата осаменост подобро од мене, и која ги оттргнуваш бавните колебливи сенки од неговото лице како што и пролетниот ветер ги оттргнува облачните сенки кои пловат над брегот, Ако твојата прегратка го охрабрува срцето и твоите бедра ја запираат болката, ако твоето име е одмор за неговите мисли, и на твоето грло сенка над неговото легло, а ноќта од твојот глас е градина сè уште недопрена од бурите, Тогаш остани покрај него и биди најблагочестива од сите кои го љубеле пред тебе. Плаши се од ехата што се приближуваат кон невините легла на љубовта. И биди нежност на неговиот сон под невидливата планина на работ од морето кое бучи. Скрати ги неговите брегови. Нека те пресретнат нажалените делфини. Шетај низ неговата шума. Пријателските гуштери нема да ти наштетат. И жедните змии кои ги припитомив јас пред тебе ќе бидат послушни.

81


ДЛАНКОВОД

Нека ти пеат птиците кои јас ги огреав во острите замрзнати ноќи. Нека те милува момчето кое го заштитив од кодошот на пустиот пат. Нека ти мириса цвеќето што го полевав со своите солзи. Јас не го дочекав најубавиот период на неговата машкост. Неговата плодност не ја добив во своите пазуви кои ги растураа погледите на сточарите на панаѓурите и алчните разбојници. Јас нема никогаш да ги водам за рака Неговите деца. И приказните кои за нив одамна ги подготвив можеби ќе ги раскажам плачејќи на малите сироти мечиња оставени во мрачната црна шума. Ти која имаш раце поневини од моите, биди нежност на неговиот сон кој остана простодушен. Но дозволи ми да го видам неговото лице, кога на него ќе се спуштаат непознати години. И понекогаш кажувај ми нешто за него, да не морам да ги прашувам непознатите кои ми се чудат, и соседите кои жалат за мојата стрпливост. Ти која имаш раце поневини од моите, остани крај неговата перница и биди нежност на неговиот сон! (преземено од блогот на Винко Калиниќ)

82


ДЛАНКОВОД

Назим Хикмет ВО БУКОВА СНЕЖНА ШУМА (14 март 1956, Москва, Переделкино)

Низ cнежните букови шуми чекорам приквечери. Натажен сум јас, и ожалостен подај ми ти рака, раката каде ли ти е?! Снегот во светлина месечева обоен, картонски ми чизми тешки мене тонот кој во мене свирка каде ли ме повикува? Дал татковина ил sвездите или подалечна ми e младоста? Помеѓу буките прозор еден, жолт, топол. По календар стар пролетта почна утрово баш сите испратени играчки до мојот Мемед се вратија назад денес. Снегот чист, снегот бурен меко по него чекорам Вчера во единаест и пол умрел Берут, ќе се запознававме; Кај мене сива една марама има и книгата, потпишана Од рака на рака му поминува, книгата негова уште години сто ќе му живее халот.

83


ДЛАНКОВОД

Во градот мој седмогор, цветот си го оставив, Срам не е од смрт да се плашиш нит пак смртта да ја думаш. Дал татковината ми далечна младоста ми моја или пак ѕвездите? Бајрамоглу, Бајрамоглу! отаде смртта село има ли? Во ноќта, чекорам низ шума снежна и букова Во мрак наоколу како ден се гледам СЕГА САМО ШТО ЌЕ ТУКА СВРТАМ АВТОПАТ, ШИНИ, РАМНИНИ НЕКАДЕ ОД ДВАЕСЕТ И ПЕТ КМ МОСКВА СЈАЕ И СВЕТИ.

Извор: Nazım Hikmet “Son Şiirleri (1959-1963)”, “Yapı Kredi Yayınları”, İstanbul, 2012. Nâzım Hikmet Tüm Şiirleri. Препев: Хактан Исмаил

84


ДЛАНКОВОД

85


ДЛАНКОВОД

Преч Зогај ЈА ФАТИВ ЖАЛОСТА ЗА РАКА

Ја фатив жалоста за рака, Отидов да ја удавам во реката, Но потокот беше многу плиток. Ја фрлив преку рамото како вреќа, Отидов да ја фрлам од врвот на карпа, Но земјата беше премногу близу. Тогаш ја повив во лулка, Два дена и ноќи ја лулав, Но не заспа. Сега лутам по улиците Со жалост на лицето: Прости ми, на сите им велам.

(дел од поезијата претставувана на Струшки вечери на поезијата)

86


ДЛАНКОВОД

Дениса Дуран РАКАТА СТУДЕНА

Еден ангел и еден демон мали и надувани стојат потпрени на колковите. Раката студена, ничкосана врз утробата не знае кого од нив да задави.

Препев: Лидија Димковска

87


ДЛАНКОВОД

Блаже Конески `РЖ

Нужна спокојност на подведени старици и помиреност со судбината. Некаков говор тих, едноличен, скржав, зборови сосем секидневни шепотени од суви усни. Но кога ветрот ќe задува: потресуван е со главите, нескладно мавтање со рацете, и некаква песна длабинска, молитвена, тажна како музика во летна пладнина – на селска станица.

88


ДЛАНКОВОД

Гане Тодоровски РАЦЕ

Рацеве делнични, рацеве добри, нерамнини од желби неожетвени, толку се напати топли, толку трпеливи, тие кинатица родна, тие ветување, тие доброносно поле, тие страхување, толку се стежнати можење и неможење рацеве дарени за добрување. Еднипати се ластинки, повит се што нѐ мами кон ненаши височини – Колку сме кутрите тогаш сами, колку во немоќта срамливи! Другипати се бранови, завлек се тогаш станати кон бескрајот широчини – Колку сме морни, колку постанати колку ли брегови не се дофанати! Третипати се плашици, мрешкаво бела трага во темните длабочини – Колку е бессилна нашата снага колку е светлоста далечна драга! Појќепати се заграби, родовити и силни по долгите непочини – Колку сме ведри, свои и милни, колку се мислите бујати, крилни! Рацеве Доброродица, рацеве Се, рацеве наши божем две. Божилак (1960)

89


ДЛАНКОВОД

90


ДЛАНКОВОД

Сергеј Есенин БАЛАДА ЗА 26-ТЕ

Пеј песни, поете, силно, платното небеско толку е сино. Морето исто шуми песна, шуми вест 26, 26 беа 26. На 207-та врста стрелани беа но гробот нивен песокот не ќе го скрие дури се тие ридје дури сме ние. Таму зад морето каде што замира последниот бран гледаш, станува од песокта Шаумјан. Над пустината од коски шум. Надвор уште 50 раце излегуваат, плесента ја фрлат в бес 26 беа, 26. Кој со куршум в гради, кој в грб, велат над мртвиот бран „Мораме во Баку,

91


ДЛАНКОВОД

да видиме како е во Азербејџан.“ .................................... .................................... Ноќта како диња луната ја лула морето во брегот фрла бран. Токму в таква вечер и облак ги растрела англиската џган. Комунизмот – знаме на сите слободи народот – ураган го води. Против империјата крена вик и селанец и работник. И дури в Русија спахиски бич беше наш строг татко Илич. А на Исток како крес ги имаше нив 26. Ја паметат сите наши 18-тата година страшна кога буржуите

92


ДЛАНКОВОД

кренаа бран стрелајќи на Азербејџан. Тежок час за Комуната страдна не издржа до крај и падна. Но пострашна беше веста да чуеш за 26-те. Како стопен восок злато од Красноводско води патот... Кого со сабја а кого со куршум зол ги кутна врагот на песокот жолт. 26 беа 26. На 207-та врста стрелани беа но гробот нивен песокта не ќе го скрие дури сме ние. Таму зад морето каде што замира последниот бран гледаш од песокта станува Шаумјан. Над пустињата од коски

93


ДЛАНКОВОД

шум надвор уште 50 раце. Излегуваат плесента се брише в бес. 26 беа 26. .................................... Бледата ноќ над Баку 26 сенки крие. За нив нашата болка и песна. За нив тажиме ние. Тоа не шуми ветер ниту бран. Слушаш како говори Шаумјан: „Ѓапаридзе, или сум слеп глеј, работниците имаат леб. Црна е нафтата крвта на земјата јачи на локомотивата челичниот ôд А нашата црвена ѕвезда е закована на секој воз и брод.“ Ѓапаридзе в одговор: „Пријатна

94


ДЛАНКОВОД

вест за нас. Значи цврсто работничката класа го држи во машките раце Кавказ. Ноќта како диња луната ја нишка морето во брегот фрла бран. Ете в таква вечер таков мрак нè застрела нас англиската џган.“ Комунизмот – знаме на сите слободи народот ураган го води. На империјата крена вик и селанец и работник. Таму, в Русија спахиски бич беше наш строг татко Илич. А на исток како крес 26 беа 26. .................................... Небото станува сè посино сино. Милите сенки

95


ДЛАНКОВОД

губат глас. Стреланите кон Ахт-Кум пак се враќаат покрај нас... Пеј, поете, песна силно. Платното небеско толку е сино... Морето исто шуми песна, шуми вест, 26 беа 26 . Септември 1924 Баку

96


ДЛАНКОВОД

97


ДЛАНКОВОД

Цемин Итион Саи СЦЕНИ ОД МАЛИОТ ГРАД Тревата е топла на пролетното сонце се шири безгранично на околниот рид сѐ до крајот бескрајно и неспоредливо. Ветрот не само што ги тресе лисјата на старото дрво туку ги движи споро и облаците повикувајќи ги белите како пердуви од птици да го обојат чистото небо. Шарени цветови расфрлани насекаде шират суптилен мирис црцорењето на птиците се слуша насекаде како звук на бамбусова флејта што ѕвони низ воздухот. Сето тоа е како раскажување колку е прекрасна сценографијата во ова село? Околу градот танц на птиците и цветен мирис ветер што ги шири рацете обидувајќи се да ве опкружи во прегратка. Мал храм на крајот од улицата неоткриени огради и мурали не можам да најдам драгоцени камења и брилијантни бронзени статуи и кога ќе се смириш седејќи пред плочата можеш да го најдеш седиментот кој му припаѓа на умот всушност е помешан меѓу тревата. Уличното светло кое штотуку се вклучи не е толку светло просјакот седи наспроти сите брчки на лицето рацете кои се очигледно тенки и суви се обидуваат да ги поддржат неговите детерминирани очи. Погледни го своето срце секој ден на аголот на улицата. Превод и препев од англиски јазик: Митко Гогов

98


ДЛАНКОВОД

Горан Чолакхоџиќ СО РАЦЕТЕ ГРОБОВИ

Ти немој да ме сакаш. Моите раце се летни гробови за комарци Т. Аугустинчиќ Лесно е да сакаш некого кога не знаеш како ги минува последните пет минути пред спиење, кога си уверен дека легнува ангелски и дека неговиот невин сон веднаш му ги гасне сите нагони. Треба, меѓутоа, да се опива со мешавини од смеи и воздржувања, од копнежи и гадења, од секс и ранувања. Моите раце во октомвриските вечери се гробови за комарци, оние живи дланки со кои, како перуниките пролетта, ти го допирам лицето и сите твои мекости и напнатости, како што устата ги опфаќа рацете. И ајде кажи сега како да ме сакаш кога те милувам со гробови, кога со двете полиња на губилиштето те водам низ љубовта и го кријам тоа од тебе? Се сомневам дека си мајстор за спојување, затоа и те сакам со крвави дланки.

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш

99


ДЛАНКОВОД

Рабиндранат Тагоре РАЦЕТЕ НИ СЕ ПРЕВИТКУВААТ

Рацете ни се превиткуваат,очите ни се впиваат; така започнува историјата на нашите срца. Мартовска ноќ е, месечината свети; ветерот донесува сладок мирис на хена; мојата свиралка лежи на земја запоставена, а твојот цветен венец недовршен. Љубовта оваа меѓу мене и тебе проста е како песна. Твојот превез со боја на шафран ми ги опива очите. Венецот јасминов што го исплете за мене ми го исполнува срцето со треперење како благодарам. Тоа е игра на наддавање и одрекување, откривање и повторно скривање; малку насмев и сосема малку срамежливост и понекогаш помалку слатка бесцелна расправа. Љубовта оваа меѓу тебе и мене проста е како песна. Никакви тајни надвор од денешницата; никакви бори околу неможното; никакви сенки за љубезноста; никакви допири во длабините на темнината. Љубовта оваа меѓу тебе и мене проста е како песна. Не скитаме ние надвор од зборовите во вечно молчење; не ги креваме рацете свои во празнина кон нештата надвор од надежта. Задоволни сме од она што го даваме и она што го добиваме. Не ја исцедивме и последната капка на радост, за од неа да направиме вино за нашите страдања. Љубовта оваа меѓу мене и тебе проста е како песна.

100


ДЛАНКОВОД

Кунвар Нараин ПРЕД ДА ГО ОДБИЕШ СО ПРАЗНИ РАЦЕ

Значењето на водата што капе по лисјето не е исто со она на лисјето што паѓа по водата. Среде потполно уживање во животот и потполно дарување една цела смртна трага се влече. Песната што остана ненапишана со зборој, ја влече потполната живејачка ко точка, заостанала негде…

Превод: Марија Џонова

101


ДЛАНКОВОД

.handBow by kihuПотру (ВИЗУЕЛНО ПАТУВАЊЕ – Фотографија, Принт, Акрил – 100cm Х 80cm)

102


ДЛАНКОВОД

103


ДЛАНКОВОД

104


ДЛАНКОВОД

105


ДЛАНКОВОД

106


ДЛАНКОВОД

107


ДЛАНКОВОД

108


ДЛАНКОВОД

109


ДЛАНКОВОД

110


ДЛАНКОВОД

СОДРЖИНА:

Наместо вовед Невидлива е светата рака која ги милува зборовите – стиховите ...................................................... 7

РАКУВАЊЕ СО ЗБОРОТ Емељ Туна ............................................................................................................................................................. 12 Дејан Ѓорѓевиќ ................................................................................................................................ ................... 13 Снежана Паноска ............................................................................................................................................... 14 Милена Ристова – Михајловска ..................................................................................................................... 16 Ристо Маџунков ........ ................................................................................................................................ ....... 22 Марина Икономова Шокева .................................... ............................................................................ ....... 23 Лилјана Пецова Илиеска ................................................................................................................................ 26 Христина Цветаноска ..................................................................................... ................................................. 27 Сотир Д. Георгиевски ..................................................................................................................................... 28 Билјана Ѓ. Гаврилова ........................................................................................................................................ 29 Ели Маказлиева ................................................................................................................................................. 32 Ратка Колева Дамњановиќ ............................................................................................................................. 33 Андреј Јанков ...................................................................................................................................................... 36 Марија Николова ............................................................................................................................................... 37 Розе Миткоска .................................................................................................................................................... 38 Тони Павлески .................................................................................................................................................... 39 Оливера Станковска ......................................................................................................................................... 41 Лидија Дочовска Павловска .......................................................................................................................... 42

111


ДЛАНКОВОД

Митко Бојаџиски ................................................................................................................................................ 44 Фросина Тасевска ............................................................................................................................................. 46 Дијана Петкова ................................................................................................................................................... 48 Милчо Мисоски .................................................................................................................................................. 51 Александра Велинова ...................................................................................................................................... 52 Маја Мојсова ....................................................................................................................................................... 53 Александар Јовановски ................................................................................................................................... 56 Тања Кармзова Костиглиола ......................................................................................................................... 57 Елена Волчевска ................................................................................................................................................ 59 Исток Ј. Улчар ..................................................................................................................................................... 60 Мариета Дукиќ ................................................................................................................................................... 62 Марко Виденовиќ .............................................................................................................................................. 64 Сузана Мицева ................................................................................................................................................... 68 Славица П. Диневска ....................................................................................................................................... 69 Перо Сарџоски ................................................................................................................................................... 72 Катица Ќулавкова .................................... ......................................................................................................... 75 Митко Гогов ......................................................................................................................................................... 78

СРЕДБА СО ДОПИРОТ

Весна Парун ......................................................................................................................................................... 81 Назим Хикмет ..................................................................................................................................................... 83 Преч Зогај ............................................................................................................................................................ 85 Дениса Дуран ..................................................................................................................................................... 87 Блаже Конески .................................................................................................................................................... 88

112


ДЛАНКОВОД

Гане Тодоровски ................................................................................................................................................ 89 Сергеј Есенин ...................................................................................................................................................... 91 Цемин Итион Саи .............................................................................................................................................. 98 Горан Чолакхоџиќ ............................................................................................................................................. 99 Рабиндранат Тагоре ....................................................................................................................................... 100 Кунвар Нараин .................................................................................................................................................. 101

.handBow

Визуелно патување ......................................................................................................................................... 102

ЛИСТА НА УМЕТНИЦИ: S. Mash Julie Roth ………………………………………………………………………………………………………………………………………….… 10 Simon Prades ……………………………………………………………………………………………………………..……………………… 15 Simon Prades ……………………………………………………………………………………………………………..……………………… 21 Kelsey Oseid …………………………………………………………………………………………………………………………..…………. 25 Simon Prades ……………………………………………………………………………………………………………..……………………… 31 Katherine Dawson …………………………………………………………………………………………………………………………….. 35 Nikola Pijanmanov ……………………………………………………………………………………………………………………….…… 40 Danny O` Conor ……………………………………………………………………………………………………………………………….. 47 Jakob Werner …………………………………………………………………………………………………………………………….……… 50 Lene Makwana ………………………………………………………………………………………………………………………………….. 55 Jun Cen ………………………………………………………………………………………………………………………………………………. 61 Simon Prades ……………………………………………………………………………………………………………..……………………… 67 Unknown author ……………………………………………………………………………………………………………………………….. 71

113


ДЛАНКОВОД

Simon Prades ……………………………………………………………………………………………………………..……………… …… 74 Mariaan Kotze …………………………………………………………………………………………………………………………………… 79 Case Maclaim ………………………………………………………………………………………………………..………………………….. 85 Kimberly Burnett ……………………………………………………………………………………………………………………………….. 90 Cor Blok …………………………………………………………………………………………………………………………………………….. 97 kihuПотру ............................................................................................................................................................ 103

Содржина ............................................................................................................................................................. 111

114


ДЛАНКОВОД

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ меѓу основните цели и задачи ги има поставено: развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирањето на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирањето и негувањето на современите и традиционалните културни вредности, поттикнување на мултидисциплинарноста во творештвото и усовршување на дигиталните вештини и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива. Овој предизвик позади кој стои здружението „Контекст – Струмица“, т.е. публикувањето на ова седмо издание на електронска книга (зборник) го сметаме за исклучително важна активност затоа што ја продолжува работата и континуитетот на нашата група, но исто така е наменета и за сите оние што се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред македонската и пошироката публика и да пренесат дел од нивниот инспиративен поетски восклик или проглас, а со тоа и да го обележиме светскиот ден на поезијата, добрата волја и желбата за заедничко творење, размена и сплотување во мисијата на нашата школа. Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои. Можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен, но тоа е само доволен показател дека за вистински стихови се потребни и вистински читатели.

115


ДЛАНКОВОД

Можеби навидум со овој чекор само ја променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, но ние всушност правиме нов резерват во кој ќе го заштитиме овој редок и слободен вид на изразување, достапен за сите оние љубители на поезијата, а со тоа помагаме и во успешното зачувување и пренесување на едно вакво дигитално наследство на идните генерации.

Ви благодариме што бевте со нас! - следете ги нашите следни активности –

116


ДЛАНКОВОД

117


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.