Пред нас драги пријатели, членови на Школата за поезија - делегација Македонија (Scuola di poesia), која претставува официјална online работна група на Светската унија за поети (Unione mondiale dei poeti - W.U.P.) го имаме нашето второ заедничко дело – е-зборникот на поезија „сеМир“, кој е создаден по иницијатива покрената од страна на глобалниот претседател на W.U.P., Силвано Бортолаци (Silvano Bartolazzi), како официјално обележување на 21 јуни, „Интернационален ден на W.U.P. за мир на планетата Земја“, а со логистичката помош на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.