Во текот на месец август 2015 година, од страна на италијанскиот кандидат за Нобелова награда за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци беше започната иницијатива за отварање на одделни делегации на Школата за поезија (Scuola di poesia) во име на Светската унија на поети (Unione mondiale dei poeti) ширум светот.
На 25 април 2016 година се организираше двегодишнина од постоењето на Светската унија на поети (W.U.P.). Како дел од истата функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор на Митко Гогов, концептуален уметник, поет и граѓански активист од Македонија, од неодамна и директор во организацијата на територија на цел свет со специјална титула од 18° на 24 при W.U.P.
Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 200 членови, а во овој е-зборник се застапени 50 - тина.