prstence

Page 1

Lesson Lesson ПРСТЕНЧЕ Челик И

Интегриран наставен денПрстенчетп пди, дп знаеое не впди! Македпнски јазик, Општествп, Музичкп пбразпвание, Ликпвнп пбразпвание

IV Одделение Време за реализација 4 часа

ИКТ Метпди

Мicrosoft Word, Paint, пребарувач Bing, Power point , You Tube

Игра,демпнстартивна и илустративна метпда, дијалпг, практична рабпта, набљудуваое, аудип-визуелен

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ:         

Утврдување на знаењата од релјефот на нашата земја Стекнување знаења за поимот Темпо во музиката, видовите темпо и практична примена на истите Оспособување на учениците за примена на придавките и видовите придавки (описни, присвојни) во секојдневниот живот Правилно користење на софтверот Word, вметнување на букви во дадена табела (крстозбор- прилог 1), откривање на решението и дадениот збор (прилог 2) Користење на програмата Paint, да умеат да илустрираат и да го наснимаат цртежот Оспособување за користење на технологијата и интернетот за размена на своите изработки Оспособување за изработка на презентација од цртежите во Power Point Правилно играње на играта Прстенче, со почитување на правилата и развивање на чувството за фер-плеј, мегусебна соработка и трпеливост Да умеат да ја презентираат својата работа и да оценат со помош на инструмент за самовреднување на трудот


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТА Решавање на крстозборот, во кој се наоѓаат прашања преку кои учениците ги повторуваат своите знаења од предметот Општество, а воедно го откриваме поимот кој ке ги воведе во денешната тема на активностите. (прилог 1, прилог2)

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:    

Решавање на крстозборот и откривање на поимот прстен Запознавање со пимот темпо, видовите на темпо (бавно, брзо, умерено) Кажување на бројалките Буба мара, и Цвеке шарено со различно темпо Играње на играта прстенче според одредените правила (играта ја играме со примена на разните видови на темпо при кажувањето на бројалките, а брзината ја мериме со помош на метрономот од линков http://www.resoundspot.com/tools/view/metronome/

Во играта додаваме и правило со кое ученикот што ке погоди во кого е прстенчето треба да каже една придавка поврзана со зборот прстен (описна или присвојна)  Изработка на цртежи во програмата Paint, снимање на истите, правење презентација во Power point  Размена на изработките преку интернет  Следење на композиција и препознавање на различните видови на темпо http://www.youtube.com/watch?v=fUx0n_YG6nw 


ПРОЦЕС: Темпо Активностите ги започнуваме со слушање на композицијата на Рахманинов- симфонија бр.2 http://www.youtube.com/watch?v=fUx0n_YG6nw и разговараме за брзината на музиката (дали и како се менува). Потоа разговараме за музика што ја имаат слушано или сме ја обработувале дали брзината на музиката и пеењето е иста или се разликува според брзината. Откако ке дојдеме до заклучокот – Брзината на музиката се вика Темпо, а може да биде бавно, брзо и умерено. Потоа од наставните листови (прилог бр.3) ги учиме бројалките Буба мара и Цвеке шарено и истите ги исполнуваме со различно темпо. Темпото го мериме со метрономот од посочениот линк.

http://www.resoundspot.com/tools/view/metronome/

Игра – Прстенче Запознавање на учениците со играта и одредување на правилата за игра. (прилог бр.4). За играње е потребно прстенче скриено помеѓу дланките. Дететео во кое се наоѓа прстенчето поминува по ред кај сите дечиња кои ги подаваат своите затворени и споени дланки и внимава да не се примети каде го испуштил прстенчето, но при тоа ја кажува една од бројалката со примена на еден вид темпо -брзо или бавно (по избор на наставникот или ученикот). Потоа децата погодуваат додека не откријат и така го добиваме новиот играч, но пред тоа мора да каже една придавка – описна или присвојна за поимот прстенче (пр. златно, сребрено, мало, големо, мое, твое, Стојаново и сл.)

Работа на компјутер Следува работа на компјутер во програмата Paint i Power point. Учениците работат во парови при што имаат за задача да нацртаат прстен со програмата Paint, користејки ги алатките и разните видови облици и бои. Исто така преку пребарувачот Bing бараат слики од прстени , ги снимаат а потоа изработуваат презентација во Power point, при што ги користат своите цртежи и снимените слики. Потоа следува презентација на работата.

Размена на искуства 

Сите изработки ги сочувуваме во електронските портфолија на учениците, а потоа ги разменуваат со свои другарчиња преку Skype, msn, е-mаil адреси.

Самооценување на трудот 

Учениците го оценуваат својот труд преку инструмент за самооценување.

ЗАКЛУЧОК: Учениците ги утврдија своите знаења за релјефот во Р.М, стекнаа знаења за поимот темпо и видовите темпо, научија да го применуваат, ги почитуваа правилата на игра (при играта прстенче), научија да цртаат и да снимаат во Paint, да пребаруваат и снимаат слики од интернет пребарувачот Bing, успешно изработија презентација во Power point и истата ја презентираа. Се оспособија за самооценување на трудот со помош на инструмент.


ДЕЛ ЗА НАСТАВНИКОТ: Играта не бара голем простор за игра,нити посебни реквизити и обележан простор со што е лесна за често изведување. Освен реализираниот пример за наставна примена на играта ПРСТЕНЧЕ ,истата е погодна и за примена за време на утринските средби или како реагенс за време на паузите помегу работни активнсти кои го оптеретиле ученикот.

ОБРАЗОВЕН ЛИНК Со додавање правила и задолженијана оној кај кого се наога прстенчето играта може да се прилагоди за постигање на различни цели од наставната програма за повеке наставни предмети во четврто одделение. Пример-Додека играчот со прстенчето го врти кругот може да добие задача да каже по една реченицасо која би го опишал другарчето кај кое поминува, или членовите од семејството или животни и сл. Може да пее песна или да рецитира стихотворба кој треба да се утврди. Детето кај кое сега паднало прстенчето и кое сега ке биде новио играч на средината може да добие задача најпрвин да извлекува прашање од дадена наставна содржина по Општество или Природа како услов да ја продолжи играта. По предметот Математика со помош на повеке прстенчиња може да се врши нивно класифицирање по големина и ширина(по еден или два признаци).Со помош на прстнче може да се исцртуваат кружни форми како замена за линијар и да се прават шари со нив. ПРСТЕНЧЕ НА КОМПЈУТЕР Учениците од четврто одделение играта можат да ја илустрираат во Paint,да составуваат прстенче со влечење на поставени форми во Word , да изработуваат Венов дијаграм, да илустрираат кружница и сл. Можат да учествуваат во давање на свои идеи и предлози за изгледот на видео клип избор на музика и усно креирање на текст кој би стоел како појаснување на видео записот додека наставникот го составува видео клип во Windows Live Moviemaker. Преку Skype може да контактираат со ученици од други училишта при што би се реализирала наставна содржина – Раскажување доживувања.

наставник Соња Даниловска-Пробиштип


Прилог 1

Крстозбор

Одговори на поставените прашања а потоа одговорите напиши ги во дадените полиња. Ако правилно го решиш крстозборот, читајки ги буквите во обоените полиња ке го добиеш одговорот на прашањето бр.7.

1. 2. 3. 4. 5. 6. Прашања Како се вика најголемата котлина во Македонија? На која планина се наога највисокиот врв во РМ? Највисоката планина во источниот дел на РМ? Релјефот на една земја се прикажува на географска ..? Изгледот на земјиштето се вика? Како се вика рамно плодно земјиште обиколено со планини? 7. Дел од накит што се носи на прст 1. 2. 3. 4. 5. 6.

Наставник Соња Даниловска


Прилог 2

1.

к о 3. о 4. кар 5. р котли 2.

6.

п р с т е н

елаг онија аб ог ов о а лј еф а

Наставник Соња Даниловска


Прилог бр.3 Изговарај ги бројалките во одреденoто темпо.

Бавно

Брзо

Цвеке шарено

Буба мара

Наставник - Соња Даниловска


Прилог бр.4 Игра – Прстенче За играње е потребно едно прстенче. Се избира еден ученик што прв ке го крие прстенчето и го крие помеѓу дланките. Потоа останатите ученици ги подаваат своите затворени и споени дланки, а детето во кое се наоѓа прстенчето поминува по ред кај сите дечиња и внимава да не се примети каде го испуштил прстенчето. При тоа учениците ја кажуваат бројалката (или ја пеат) со примена на еден вид темпо -брзо или бавно (по избор на наставникот или ученикот). Откако ке заврши бројалката треба прстенчето веке да се наоѓа кај еден ученик. Потоа децата погодуваат додека не откријат и така го добиваме новиот играч, но пред тоа мора да каже една придавка –описна или присвојна за поимот прстенче (пр. златно, сребрено, мало, големо, мое, твое, Стојаново и сл.) и истата ја запишуваме на табла.

Наставник Соња Даниловска


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.