Page 1

Lesson ПЛОЧКА Челик (Царица) Интегриран наставен денЦртам-бпјам, играм и стпјам, спбирам и брпјам Македпнски јазик, математика, ликпвнп пбразпвание, фзп

Метпди Гпвпрен метпд, Дијалпг, Набљудуваое, Игра,демпнстрација,илустративна метпда,практична рабпта

IV Одделение Време за реализација Четири часа

ИКТ Microsoft Word, Paint, Skype, msn,

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ:     

Оспособување за самостојно раскажување по доживување, со користење на литературниот македонски јазик Утврдување на постигнатите знаења за собирање до 1000 без премин со цели десетки и стотки Да се оспособат учениците за играта плочка со почитување на правилата и фер-плеј Развивање на чувството за рамнотежа при движење со една нога како и справување со победа и пораз Да умеат да ја користат програмата Word и самостојно да изработат документ во неа, истиот да го снимаат и да умеат да го разменат (испратат на другаче) преку Skype, msn, e-mail адреса и сл Да се оспособат учениците за соработка и истрајност во работата


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ Преку стратегијата Грозд со наслов Игрите на моето детство, учениците ги пишуваат сите игри што тие ги знаат и ги играат со своите другарчиња. (Прилог бр.1). Разговараме за тоа дали сакаат да научат нова игра од моето детство?

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:

- Пополнување на наставниот лист со стратегијата грозд преку која ке се мотивираат за размислување - Изготвување на шема за играта Плочка - Илустрирање на шемата на местото каде што ке се игра (училишен двор, игралиште, училница) - Утврдување на правилата за играта и правилно играње на истата со почитување на поставените правила (играта ја играме со воведување на математиката и собирањето до 1000 без премин со цели стотки и десетки – Прилог бр.2 -Анализа на случувања и активности – раскажување на доживувањата во врска со играта - Запишување на своите доживувања во Word документ и снимање на истите, како и поставување на фотографии од играњето на играта (кои ги прават со помош на лап-топите) - размена на искуствата, фотографиите со другарчиња преку интернетот - Играње на игри со математички форми за добивање повеќе идеи за нареден пат

РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: http://www.gudli.com/preschool/games/match-shape.html http://www.gudli.com/preschool/games/shape-shadow.html

http://www.abcya.com/build_a_house.htm


ПРОЦЕС: Стратегија Грозд Учениците добиваат наставен лист во кој на секое зрно од гроздот треба да напишат по едно име на игра што ја играат со своите другарчиња (прилог бр.1)Ист таков лист пополнувам и јас како наставник. Потоа разговараме за нивните и моите игри (за да видиме дали имаме некои заеднички што се уште се играат). Потоа разговараме дали на нивниот лист некаде ја има играта Плочка? Ако кај некое дете ја има, ни кажува како се игра... а ако ја нема тогаш ги прашувам дали сакаат јас да им покажам како се игра?

Игра Плочка На учениците им ја пренесувам играта како се игра на традиционален начин и им ги објаснувам и демонстрирам правилата (а ако има ученици што знаат како се игра тие по прават тоа и им објаснуват на другарчињата). Потоа им кажувам дека ние ке ја играме на поинаков начин со тоа што ке воведеме некои измени во врска со изгледот и содржината на плочката. (им ја демонстрирам сликата од изгледот на нашата плочка и начинот на кој ја играме (прилог бр.2). Потоа тие имаат за задача да размислат за броевите што треба да ги запишеме за да биде збирот на секој ред 1000, но да оставиме по едно поле празно и да внимаваат броевите да бидат со цели десетки и стотки. Потоа излегуваме на игралиштето каде ке ја играме и неколку ученици ја цртаат шемата, а неколку ги бојат полињата според цртежот. Учениците играат индивидуално, додека другите навиваат и аплаудираат и ги мотивираат играчите. За време на играта правиме и фотографии на кои се гледа атмосферата за време на играта.

Раскажување на доживување Учениците раскажуваат за своите доживувања за време на играта, како се чувствувале, каков успех постигнале, дали можеле и подобро, дали им се допадна играта, што не им се допадна, а потоа своите доживувања ги пренесуваат во вид на проза на Word документ со наслов Цртамбојам, играм –стојам, собирам и бројам / Игра Плочка, а потоа истите ги снимаат во своите електронски портфолија а може и да ги испринтаме.

Размена на искуства Со помош на интернетот ги разменуваме документите и фотографиите од часот со другарчиња од останати училишта преку Skype, msn, e-mail адреси. Потоа преку едукативни линкови учат повеќе за математичките форми, со цел да добијат повеќе идеи за какви се форми да ставиме во шемата за играта.


ЗАКЛУЧОК: Учениците преку стратегијата грозд се запознаа со игрите на нивното но и моето детство. Низ игра ги утврдија своите знаења за собирање до 1000 со цели десетки и стотки.Преку мегусебна соработка и со помош на наставникот научија нова игра и усвоија нови правила.Стекнаа навика за придржување кон правила,радување на туѓ успех и прифакање на својот неуспех со развивање на желба и интерес да се учи од туѓ позитивен пример. Ја развија способноста за раскажување на свое доживување, и користење на Microsoft Office Word .Ја развија својата креативност со креирање шема за нова Царица а истото го правеа преку едукативни посочени линкови, .Видоа како се печати .Ги именуваа формите за време на цртање на новата Царица и активно учествуваа во играта.

ЗА НАСТАВНИКОТ Со помош на играта наставникот доаѓа со сознанија кој колку имаат познавање за изучените математички форми, кој ученик умее да решава задачи со непознат собирок од собирање до 1000. Наставникот забележува кој од учениците има потешкотии со што добива насока за понатамошни планирања на индивидуален пристап за работа со ученици кои делумно ги постигнале целите. ОБРАЗОВЕН ЛИНК Играта може да се прилагоди за примена на часовите за проверка на знаењата на учениците и по Природа – Жива и нежива природа. Додека ученикот скока по полињата на Царицата има за задача гласно да ги именува поими што припагаат за жива или нежива природа, или по македонски јазик Именки да изговара сопствени или општи именки. Секоја грешка предизвикува играчот да прекине со игра и шанса добива следниот играч. За време на часовите по физичко и здравствено образование играта е погодна за остварување на голем број цели од наставната пробрама за четврто одделение и истата може лесно да се прилагодува според потребите за конкретната наставна содржина. Особено е погодна и интересна да биде ставена како дел од игра Полигон или Штафетна игра со скокање на една или две нозе комбинирана со трчање и прескокнување на препреки. Учениците се оспособуваат за правилно поставување и завземање на положба на телото за одржување на рамнотежа за правилно и непречено изведување на активности. ПЛОЧКА НА КОМПЈУТЕР Учениците од четврто одделение можат да ги илустрираат своите впечатоци од играта во Microsoft Paint а со помош на наставникот да ги оспечатат и да ја збогатат својата збирка на изработки.Можат да ги цртаат делови на шемата или да креираат шема со влечење на делови поставени во Word . Можат да ги разменуваат своите искуства преку интернет.


Прилог бр.1


Прилог бр.2 Плочка Играта се игра на следниов начин- На почетокот учениците ја цртаат плочката (со креда или со мрсни боици) на местото каде што ке се игра (во дворот, на игралиште, во училница). Потоа се зема едно камче со средна големина но со рамна површина (може и да се избои). Во нашиот случај плочката ке има форма на куќа (зграда).Учениците со помош на бројалка одредуваат кој ке биде прв што ке игра. На плочката во одредени полиња запишуваме одредени броеви (што завршуваат на цела десетка), а во последното поле – покривот го запишуваме бројот 1000. Ученикот што игра треба да размисли кој број треба да стои во празното поле (со прашалникот) за да биде збирот на броевите од тој ред еднаков на 1000, и кога ке дојде до тоа поле мора гласно да го каже бројот. Другите ученици го запишуваат бројот и откако ке ја изигра играта до крај одредуваат дали е точен бројот што го кажал. Како учениците играат така ги менуваме броевите во полињата. Плочката се фрла на првото поле , таа не смее да биде фрлена на линијата. Ако падне на линија се губи правото на игра, односно треба учесникот да застане на крајот од групата деца кои чекаат да играат, за да се обиде повторно.

Пр. 200+ ? = 1000

1000

300

?

800

? + 400= 1000

600

300+?+250=1000

450

250 Наставник

?

400

200

Соња Даниловска


carica  

podgotovka za cas

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you