ЛАДИСЛАВ ПАЛФИ ЗА МУЗИКАТА

Page 1

(Владан Велков: Роман за Ладислав Палфи, стр. 142-144) „… Во времето на моето рано детство можеше да се слушне и музика таканаречена Модерна, во која немаше логика помеѓу тоновите. Ваквата музичка дисхармонија ги кршеше строгите закони на класичната наука за хармонијата, како и сите други музички науки на основа на кои се создава музиката. Кога исчезнуваат и последните траги на логиката помеѓу тоновите, музиката не треба и понатаму да се нарекува музика, затоа што таа станува бесмислена и ужасно го надразнува слухот. Моите родители и јас бевме секогаш сложни што е битно во музиката, а што небитно, што е добра, а што лоша музика, што е добра, а што лоша интерпретација. Многупати дома сите заедно со внимание слушавме музика со вечни вредности која најчесто до нас стигнуваше од радиото. Но, понекогаш од радиото до нас ќе допреше музика без логика, што значи и без убавина, и без смисла. Сите ние имавме сериозни забелешки за оваа дивергентна музика.” ... “Еден ден, додека сите бевме собрани во дневната соба и разговаравме за естетските вредности во музиката, од пијаното до нас допреа неповрзани тонови. Сите ние ги свртевме погледите кон нашиот Вопатерни и на големо изненадување видовме како нашата мачка Лоли шета по клавијатурата. Во општата веселост која одненадеж се створи, се слушна гласот на мојот татко Еуген: “Нашата Лоли свири ултрамодерна музика”, рече. Оттогаш секојпат кога на радиото ќе слушневме музика без логика, некој од нас ќе забележеше дека повторно нашата Лоли музицира. Не помина долго време потоа, кога едно неделно попладне од радиоапаратот до нас допираше една интересна музичка изведба на која единствено и' недостасуваше вистинското темпо. Мојот татко Еуген стана од столицата на која седеше, дојде до радиото и почна да диригира и пее како пред себе да го гледаше симфонискиот оркестар чија изведба ја слушавме. При тоа тој со сите сили се обидуваше да го забрза темпото и да ја разигра бавната интерпретација.” … “Пред било што да кажам за добрата и лоша музика, сакам да речам нешто за убава музика. За убавината на музиката отсекогаш сум сакал да говорам затоа што мој впечаток е дека таа се маргинализира како во музиката, така и во другите гранки на уметноста. Но, кога за тоа сакам нешто да проговорам, веднаш ми се наметнува помислата неа да ја споредам со убавината во природата. Творецот, кој и да е, треба да води грижа за убавото. Шетајќи по парковите многу често ме обзема вистински восхит од чудесната убавина на природата, но кога ќе видам поставени бисти на грди чудовишта со огромни дупки во утробите, во мене се изродуваат многу непријатни чувства. Но, тоа некако може да го поднесе окото мое, но кога пред мене ќе се истопори грд куп зарѓано железо во бесмислена конструкција, во душата чувствувам пеколен ужас. Не велам дека не е тоа уметност, добра уметност, но во прашање се чувствата која таа ги поттикнува во нас. Иако музиката не може сосема прецизно да ја пренесе пораката до слушателот како што тоа може да го направи пишаниот збор со прецизна синтакса, или некаква слика, скулптура, сепак пораката на музиката која не може да предизвика чувство на душевна восхит, ја нарекувам неубава музика. Таа може да го носи епитетот добра музика, но таа не е убава музика, па затоа чувствувањата кои таа ги предизвикува во нас се екстремно


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.