РЕМИНИСЦЕНЦИИ

Page 1

Марко Коловски РЕМИНИСЦЕНЦИИ (По повод настапот на Нина Костова Јаневска на концертот на Македонската Филхармонија, 31.01.2019)

Јас со неа, или со нејзината уметност и исполнителска дарба се сретнав многу одамна. Ова „многу одамна“, со оглед на фактот дека таа има само 36 години, треба да се сфати дека Нина Костова своите големи исполнителски предизвици ги имаше многу рано. На свои 16 години настапи под сводовите на древната „Света Софија“ и со ансамблот „Московја“ раководен од прочуениот Едуард Грач го изведе Моцартовиот Концерт КВ 467. „... Без препнувања, рационално, со изградено чувство за спецификите на Моцартовата инвенција ...“, - сум напишал тогаш. Една година потоа ја слушнав заедно со двајца нејзини соученици од прочуената генерација на прочуената класа на Борис Романов: со Симон Трпчески и со Ивица Настевски. Беа изведени три грандиозни концерти (Чајковски, Лист и Сен-Санс), а, Нина, Листовата инвенција ја донесе „ ... енергично, прегнантно, со перфектна „дикција“ во која секој тон го добива своето вистинско значење, во која секоја фраза ја добива вистинската и необјаснлива смисла.“ Пред седум години, сега веќе како „претставник на „најкомпактната и најуспешна исполнителска генерација што кога и да е е создадена кај нас“ (од школата на Романови), со Македонската филхармонија го изведе Вториот концерт од Петар Илич Чајковски. Напишав тогаш дека таа, притоа, „ја ослободи мелодиката на Чајковски од 1


големите слоеви реторички емотивен патос кој многу често без потреба и прекумера се додава на онаа и онака заводлива музика.“ Со извесна доза на жалење завчера, на концертот на Македонската филхармонија, го примив податокот дека таа за ова свое претставување одбрала (ако таа бирала?!) едно од помалку значајните и речиси воопшто непознати дела на Лудвиг Ван Бетовен: неговата Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80. Да, во неа има алузии на дел од концертите на Бетовен, како што е почетокот кој треба да е во некое „подалечно, полабаво и беззначајно сродстсво“ со почетокот на славниот „Императоре“ (Концертот број 5). Или, теми и мотиви кои подоцна се искористени, најчесто фрагментарно во дел од колосалните дела на овој великан на музичката историја (во Деветтата симфонија, на пример). Но, и со тоа и без тоа таа е онаму каде што ја сместил и самиот автор: на маргините на неговиот фасцинантен опус. Оттаму, лимитите што можеа да се забележат во уметничкиот ефект повеќе одат „на сметка“ на авторот отколку на самите изведувачи (освен Нина Костова, - маестро Сашо Татарчевски, Македонските филхармоничари и двата хора со неколку епизодни солисти).

Она што е посебно значајно за мене, но пред сѐ за македонската исполнителска уметност е тоа што Нина Костова и во вака „стеснет простор“ за уметничка и исполнителска креација покажа поголем дел од 2


атрибутите со кои се наметнуваше пред нашата музичка јавност во првите децении од нејзината концертна активност. Таа „влегла“ во суштината на Бетовеновата музика, откако, се разбира, претходно ги решила речиси сите технички проблеми. Толку колку што ги има. Не предизвика впечаток на брилијантна бриозност, но самата композиција во најголем дел не дава можност за тоа. Беше доволно „цврста“ и сигурна во изведбата, и со дозирана страст (која што некои исполнители, веројатно, би ја нагласиле, и како шанса за себеистакнување), барем во однос на она што вообичаено се прави со Бетовеновата реторика. Сѐ на се, беше тоа културен и култивиран настап во една ретко изведувана и помалку значајна композиција од големиот Бетовен. Се надевам – како најава за некој позначаен исполнителски зафат за кој Нина Костова Јаневска е без сомнение спремна. Марко Коловски (Фото: Маја Аргакиева и Марко Коловски)

3


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.