ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

Page 1

ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

ШИФРА: 2511957 „МОЈАТА ПРВА СИМФОНИЈА“ ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ Во македонската музичка историографија неговото име се спомнува само сосема ретко. Ќе го најдете во неколку тесно-стручни изданија со лексикографски карактер1 со кратки биографски описи и со попис на неговите (не)завршени дела (Коловски), а во другите публикации (Ортаков, Прошев, Голабовски ...) се спомнува само попатно. Единствениот текст што укажува дека станува збор за не толку маргинална фигура во современата македонска музичка култура (како што може да се добие впечаток) е од Јелица Тодорчевска. Носи наслов „Музичката публицистика на Тихомир Карапанчевски“, прочитан е на првата Струшка музичка есен (1975 година) и објавен во зборникот „Македонска музика“ бр. 1 во 1977 година (стр. 63-72). Значи, - зборуваме за Тихомир Карапанчевски (1923-1950), претставник на втората генерација композитори во современата историја на македонската музика. Ако се изземе Панче Пешев, кој својот млад живот го положи „на олтарот на Револуцијата“ и не доживеа да ги размавне своите творечки потенцијали (навестени во песната „Класје зелено“и прочуениот „Марш на Третата македонска ударна бригада“2), Тихомир Карапанчевски е единствениот македонски композитор кој што својот живот го заврши толку рано – со ненаполнети 27 години. Гледано од денешна (па и од секаква) перспектива речиси е неверојатно за толку краток живот, во кој, меѓу другото се случуваа и трагедиите на Втората светска војна, да се Во книгата на Бранко Каракаш „Музичките творци во Македонија„ (1971) и во книгата на Марко Коловски – „Македонски композитори и музиколози 1947-1992 (1993). 2 Постои програма за концертот на неговиот професор и, меѓу другото - оргилист Јуриј Арбатски од која јасно се гледа дека на 18. Октомври 1942 госина во евангелистичката црква во Прага биле изведени дела меѓу кои и Шестата соната за оргули од Панче Пешев, но партитурата ниту од оваа ниту од другите евентуално пет сонати не се пронајдени во оставнината на Арбатски. Затоа овој податок се зема со резерва и се толкува на различни начини. 1

1


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

скицира, да се планира, де се реализира, создава, да се имаат толку визии и остварувања какви што ги имаше Тихомир Карапанчев(ски). До неодамна пристапот до неговата оставнина беше ограничен. Извор за проучување на неговиот живот беше само колку-толку средениот попис на творештво (или на творечки обиди). Денес, веќе, ние имаме достап и до материјалните остатоци на неговата оставнина (партитури, скици, написи, документи) што се чуваат во Сојузот на композиторите на Македонија и од кои може да се согледаат или, барем – навестат вистинските димензии на неговата творечка личност. Сите оние што поблиску ја познаваат историјата на македонското музичко творештво релативно лесно ќе констатираат дека нема ниту еден пример што е сличен на „случајот Карапанчевски“. Од расположливите податоци нема сознанија за неговото детство. Првиот сочуван документ е Свидетелството за завршена Прва година на „Првата стручна продужена школа“ од 1937 година.

2


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

Не знаеме ништо за неговите афинитети, музичка дарба, преокупации итн. Со оглед на фактот што во наредната, 1938 година се запишува во Военото музичко училиште во Вршац може да се претпостави дека имал изразен интерес за музиката уште од ова време. Училиштето не го завршил, затоа што школувањето го прекинала војната3, а тој како питомец поминал шест месеци во логор во Германија. Оттаму бил мобилизиран како воен музичар. Веќе во првите месеци од ослободувањето Карапанчевски добива важна улога во обновата на земјата. Особено во музичкиот живот. Веднаш бил назначен за раководител на Воениот оркестар на Скопје. И, иако не присуствувал на основачкото собрание (24.11), веќе на првата проба (28.11.1944) бил зад пултот на првиот тромбонист на штотукуформираниот Симфониски оркестар. Дури и го направил Правилникот за работа на оркестарот. И го заслужил авторитетот, и како уметник и како личност што во наредните четири години му ги отвораат речиси сите врати. Очигледно бил посебен. Што ќе го покажат и настаните што се случуваат потоа. Сосема е разбирливо зошто членовите на Симфонискиот оркестар се јавуваат како автори на првите творечки обиди и првите композиции за симфониски оркестар. И Глигор Смокварски и Благоја Ивановски и Тихомир Карапанчевски биле едни од ретките што имале, од една страна определено музичко образование (сите во Военото музичко училиште во Вршац), а од друга страна – свирејќи во воените оркестри пред тоа, а во Симфонискиот – во тоа време, - се стекнале со определено искуство што ги охрабрило во намерата (и општата потреба) да создадат оркестарска композиција. Она што е помалку сфатливо е како можел Карапанчевски, со 2-3 години воено музичко училиште и со искуството како музичар (да не заборавиме – прекинато со логорувањето во Германија и со искушенијата на војната!), - значи, како можел Карапанчевски со само дваесет и една-две години да ги создаде неговите први оркестарски композиции. Некои од нив се сочувани како партитури и како снимки (Скерцо капричиозо), некои како ракопис („Драматична увертира“), а некои се спомнуваат само во пријавите до Заводот за заштита на авторски права од 1947 и 1948 година, што значи дека биле завршени и, можеби – 3

Каракаш, ibid, стр. 67

3


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

изведувани. Дури и натаму. Како е можно уште во 1943 година да ја напише првата композиција за дувачки оркестар „Почивај во мир“.4 И, уште како што стои на нејзината насловна страница: „ ЗАПОЧНАТО НА 29.08.1943, ЗАВРШЕНО НА 30.08.1943“.

Инаку, патем, станува збор за марш со сосема солидна оркестрација, форма, мелодика. Ништо што би наликувало на почетнички обид на дваесетгодишен тромбонист со малку музичко образование и искуство. Добро, Карапанчевски не е автор на првата оркестарска композиција кај нас. Неа (Фантазија за оркестар) ја напишал неговиот колега од оркестарот Глигор Смокварски (1945), но Смокварски во тој момент имал 32 години и комплетно завршено воено музичко училиште. И неговата Фантазија не го свртела вниманието како првото дело (или едно од првите дела) за симфониски оркестар од Тихомир Карапанчевски. Мислиме тука на композицијата „Скерцо капричиозо“ создадено во 1946 година. 5 Ова е всушност композицијата според која, барем стручната јавност, - го знае и го спомнува името на Карапанчевски. Она што подоцна Тука воопшто не е битен податокот дека делото е напишано во чест на штотукуполинатиот цар Борис Трети, бидејќи во времето на бугарската окупација и работењето во бигарските воени оркестри не ни можело поинаку. 5 Со оглед на фактот што пријавата до ЗАМП во која е регистрирано ова дело е од 16. 01. 1947 година, претпоставката е дека тоа е создадено во претходната година. Бранко Каракаш (op.cit. стр. 67), ги немал кај себе пријавите во ЗАМП и затоа погрешил датирајќи го сиздавањето на Скерцото во 1949 година. 4

4


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

го знаеме за ова дело навистина може само да фасцинира. Особено, како што рековме, во релација со другите факти: моментот на создавање, зрелоста на авторот, неговата композиторска подготовка итн. Каракаш6, не наведувајќи го критичарот вели дека „ ... стручната критика ја оцени неговата композиција со мошне висока оценка: `Пишувано во младешки занес, со особена смисла за обликување и вајање на мелодиските линии, неговото Симфониско скерцо е сигурен доказ за изразитиот талент и музикалноста на композиторот ...“. Дека делото навистина ги заслужило ласкавите пофалби од стручната јавност зборува и фактот што тоа, по првата изведба под диригенство на Ловро Матачиќ (1949) релативно долго се задржало на репертоарот на Македонската филхармонија и што било изведено на два значајни концерти: во 1957 година (во својат критика за овој концерт Драгослав Ортаков пишува „… Со раната смрт на Тихомор Карапанчевски македонската музика изгуби талентиран симфониски композитор. Во творбите што ни ги остави тој, една од кои е „Скерцо капричиозо“, се чувствува силна индивидуалност која недостасала да ги развие своите творечки сили…“), на прославата на десетгодишнината од основањето на Друштвото на композиторите на Македонија7 и во 1959 година, на прославата на 15 годишнината од основањето на Македонската филхармонија8 (првиот симфониски оркестар). Во врска со ова дело интересни се уште неколку други податоци. Имено, во 1972 година во Друштвото на композиторите на Македонија „заживува“ интересот за него. Не е доволно јасно зошто, особено во времето кога веќе постојат десетици, па и стотици оркестарски композиции. Можеби во контекстот на одбележувањето на дваесет и пет годишнината на Друштвото. Но, поинтересно од тоа се некои други детали. Имено, Друштвото на композитори во 1972 година му предлага на Томислав Зографски да ја преработи оригиналната партитура - Скерцо капричиозо, и тој во наредните години се посветува на оваа работа. 6 7

Ibid. Каракаш, Б., „Концерт на Скопската филхармонија“, во Нова Македонија, бр. 3826, 25.01.1957, с. 4

Глигоров, Б., „Јубилејниот концертна Скопската филхармонија“, во Нова Македонија, бр. 4763, 27.11.1959, с.4 8

5


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

Истражува, барајќи ја оригиналната партитура, благодарение на снимката што ја зачувала Јелица Тодорчевска9 има можност да го чуе делото, иако присуствувал на изведбата во 1957 година, но на тоа сосема бледо се сеќава. Работејќи и истражувајќи некои работи му стануваат неразбирливи (по малку сомнителни). Од колегите, како што е Петре Богданов Кочко, дознава дека во партитурата, кога била подготвувана за изведба, биле внесувани определени промени. Многу често било повторувано името на Ловро Матачиќ итн. „… Се разбира дека во тоа множество информации, честопати спротивни една на друга, а при тоа да се нема оригиналниот текст10, бев ставен во мошне незгодна ситуација. Пред сè, кому да се верува? А, уште поважно беше прашањето: колку да се верува на партитурата со која располагав, зашто од искуство знам дека кога се прави препис, нужно се појават и грешки, а, ако при тоа и некој внесувал извесни измени, нема да речам поправки во неа, се доаѓа и до дилемата: што во тој препис е оригинал, т.е. што е запишано од авторот, а што од други лица? Покрај сите настојувања не успеав да дознаам каде е оригиналната партитура. Сево ова што го раскажувам траеше долго, неколку години.“11 Зографски, сосема очигледно бил обземен од силината на творечката инвенција на Карапанчевски. И не сакал на работата да и пријде рутински.12 „… Главна задача и главен проблем со кој се занимавав беше: да проникнам во мислите на авторот, да откријам, не само кои се главните тематски мисли, не само како мелодиски линии, туку и хармонската и формалната структура на композицијата. Тоа, од една страна и не е многу тешко и сложено, ако се прави анализа со цел само да се прикаже композицијата како таква. Но, мене, покрај тоа, ме интересираше да откријам што е тоа, каква материја, кој стил, најмногу влијаел во мислите на Тихомир Карапанчев кога ја составувал композицијата. Со оглед на тоа дека сакав иновираната композиција да ги содржи сите Музиколог, тогаш вработена во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ во Скопје 10 Зографски располагал само со препис на оригиналната партитура 11 Забелешка на Зографски од ноември 1996 година 12 Впрочем, како што е познато, сите негови дела се крајно темелно работени 9

6


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

главни елементи и особености на она што претпоставував (овде го подвлекувам зборот претпоставував) дека потекнува од Тихомир Карапанчев, нужно морав да се запознаам со него, преку неговата композиција. Затоа веќе реков дека се наоѓав во мошне незгодна ситуација. Се најдов во мошне сложена стапица. Дилемата дали да ја поправам композицијата на Тихомир Карапанчев и што да поправам во неа - не можев да ја решам на начин како што се прави вообичаено тоа. Да потсетам дека не можев да бидам сигурен ниту во точноста на преписот, ниту во тоа колку тој препис, заедно со измените и поправките, за кои многу слушав, се верни на авторовиот текст. Затоа решив да се задржам на тематските материјали и на стилските особености…13 Зографски, како што знаеме, својата работа ја завршил извонредно создавајќи нова композиција која е своевиден омаж за Карапанчевски. И, тоа, барем за суштината на овој напис е сосема доволно. Бидејќи, ако се чујат композицијата на Карапанчевски и композицијата на Зографски ќе се воочи дека главниот импулс за размавнување на оркестарското мајсторство на вториот се токму полнокрвните теми од првиот. И затоа, оваа композиција (Скерцото на Зографски врз теми од Карапанчевски) е уште една потврда за силината на творечкиот замав на Карапанчевски. Може уште многу да се зборува за ова дело. Но, тоа ќе го оставиме за некои натамошни дополнителни анализи. Целата слика на „случајот Карапанчевски“ не би била целосна доколку не се спомне еден пресуден детал: имено Карапанчевски додека ги создава и овие и сите други дела, додека раководи, додека планира, скицира итн., е сериозно болен. Речиси сите се согласуваат дека корените на подмолната и фатална болест (туберкулоза) се во заробеничкиот логор во Милберг во Германија.14 И таа му бил постојан придружник. Во сите четири години во кои главно се одвива неговиот неверојатно интензивен живот. И, затоа работите се уште пофасцинантни. На пример, 13 ibid. 14

Единствено Благоја Ивановски во едно искажување за Радио Скопје (Траги во времето, 1988), спомнува дека тие двајцата во време на студиите во Белград (од 1948 до смртта на Карапанчевски во полетокот на 1950) биле цимери и живееле во влажна и мемлива просторија. Според него, заради ова се разболеле. „Карапанчев почина, а јас после клиниката се извлеков ...“

7


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

веќе во 1947 година тој се лекува на клиниката во Кленовик – Хрватска. И не престанува да твори. Во едно писмо упатено од санаториумот до Скаловски тој меѓу другото пишува: „ ... Другар Скалов ја овде у санаторијум не седев него и тука работам. Еве напишав една композиција у чест две години од основањето на оркестарот па би Ве молел ако сакате да ја пробате оваа моја композиција ...“.

Тој, всушност, ја игнорира болеста. За жал, бидејќи ако било поинаку можеби и ќе имал шанса да ја сврти историјата на македонската музичка култура поинаку. Или, барем да и овозможи поинтензивен развој, за што несомнено бил способен. Карактеристично за Карапанчевски е тоа што животот го живеел „триста на саат“. Како да бил свесен дека деновите му се броени. За ова еве што вели Љубица Мариќ, една од неговите професорки подоцна во Белград: „ ... На Тихомир Карапанчевски секогаш му се брзаше. Имаше многу да каже, како да се плашеше дека нема да стигне да каже се, да создаде многу. Секоја негова искажана мисла донесуваше многу други теми и идеи за разговор и дискусија ... Тоа беше човек со бујна фантазија и со огромна 8


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

енергија за работа...“. 15 Огромната енергија на Карапанчевски за која зборува Љубица Мариќ се пројавуваше на неверојатно голем творечки простор. Не беше тоа само музиката. Но, да останеме засега во нејзини рамки. Значи, набрзо по ослободувањето и по неговите јасно изразени способности од различен вид тој се вработува во музичката програма во Радио Скопје. Тоа, всушност, и не била некаква посебна индикација за времето за кое зборуваме, бидејќи тогаш сите поспособни кадри добивале задачи од различен вид. Главно во Радиото, но и во другите институции. Или паралално.

Но, не сите го свртувале вниманието врз себе. Еден од нив бил токму Карапанчевски. Извршувал различни обврски, но според манифестираниот интерес една од нив треба посебно да се акцентира: собирањето и мелографирањето на народните песни. Тоа е време впрочем во кое за потребите на музичката програма неопходно е истражување на нашата фолклорна ризница, собирање на народните песни и натамошна обработка. И во овој сегмент Карапанчевски не влегува рутински. Тоа е за него посебен предизвик кој го изразува на повеќе начини. Во еден од неговите вкупно осумнаесет публицистички 15

Ј. Тодорчевска, op. cit. стр. 64

9


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

текстови (рецензии, хроники, предавања, статии и сл.), тој зборува за начинот на собирањето на македонските народни песни. Во неа ние, меѓу другото ги наоѓаме и никулците на идејата за формирање фолклорен институт како и предлог методолошка постапка за собирање на македонските народни песни. Сево ова Карапанчевски не го правел напамет. Без претходни предзнаења. Ако се погледнат на пример предлозите за картонот на кој ќе бидат запишувани податоците за народните песни ќе се утврди дека тој имал увид во тогашните достигања на тој план. На пример, сосема е јасно дека при ова ја имал предвид опширната статија на Винко Жганец објавена во загрепското стручно списание „Музичке новине“.16 Како и да е, од овој напис дознаваме дека во тоа време во Радио Скопје постоел своевиден фолклорен центар во кој работеле Гајдов, Хаџиманов и Фирфов и кој веќе имал собрано околу 2000 песни. Со проекција веќе во наредната година тој број да се зголеми за уште 1000. Меѓу драгоцените податоци што ги наоѓаме тука е и оној дека за да се забрза собирањето секоја година во Скопје се организира фестивал на народни игри и песни. Во текот на самата изведба мелографите ги запишувале песните. Освен за потребите на Радио Скопје, собраните песни се добра основа за натамошна обработка на композиторите. Непосредно со оваа работа е веројатно поврзан уште еден проект на Карапанчевски. Тоа е посебниот изум наречем Апарат за мелографирање – АПАРАТ-МЕЛОГРАФ, како што го нарекува Карапанчевски во своите написи. Во врска со овој апарат имаме неколку документи. Првиот е писмото упатено до Друштвото на музичарите во кое тој моли да се одржи конференција на која тој пред членовите ќе одржи предавање за неговиот изум „кој ќе биде потребен за бележење на народните песни“.17 „Својството на тој апарат ќе биде да тој може да бележи народни песни сам, директно на ноти“. Во писмото натаму Карапанчевски зборува дека тој апарат ќе го забрза запишувањето на песните, а ќе може да ја

16 17

Vinko Žganec: Kako da leksokografiramo narodne popjevke?, Muzičke novine, br. 5-6, maj-juni 1948, str 1-3. Писмо до Друштвото на музичарите од 25. 07 1947 година

10


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

забележува и мелодиката и ритмиката. И, натаму, опишува како приближно би изгледало запишувањето со овој апарат. Ние немаме податок дали Друштвото одржало конференција по ова барање на Карапанчевски. Но имаме уште две писма што можат да се стават во релација со ова барање. Едното е од 18. Септември 1948 година упатено од него до Друштвото на музичарите во кое тој бара помош во обраќањето до Металски завод „Тито“ за изработка на 20 запчаници и неколку метални оски и други нужни работи за изработка на метроном кој ќе отчукува 22 различни ритма. „Истиот метроном ќе биде потребен за правилно одмерување на македонските тактови како во Македонија, така и во цел свет“.

По повод ова писмо Друштвото на музичарите (потпишан П. Б. Кочко) истиот ден се обраќа до Министерството за народна просвета – одделението за култура за да асистираат ова барање да се реализира. Во 11


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

оставнината на Карапанчевски нема податоци дали овој проект доживеал некаква завршница. Веројатно не, бидејќи во спротивно ќе имаше трага. Ако не од нешто друго, тогаш од неговата практична примена. Но за нас во случајов е битна свеста за проблемот што ја имал Карпанчевски. За потребата од негово решавање како и фактот што имал визија и проект како тоа да се реши. А, идејата за „Апарат-Мелограф“, гледана дури и од денешен аспект на дигиталните технологии била навистина футуристичка. Визионерска. За тоа врема еден вид научна фантастика. Штета е што немаме други податоци што поблиску би го опишале новиот проект за механичко мелографирање. Дека тоа не била само младешка фантазија зборува едно друго писмо упатено до редакцијата на „Музичке новине“ во кое тој подетално ги опишува своите истражувања. Можеби е подобро да се даде еден поголем извадок од него: „... Ovim pismom se izvinjavam što do sada nisam mogao da se redovito javljam jer sam bio prezauzet poslom. A imeno radio sam na proučavanju muzike kao fizičku pojavu, njeno istinsko dejstvo na čovječji organizam, njen postanak i njen razvitak. Kao rezultat toga ja sam sada usavršio jedan aparat koji mehanički sam beleži note, a imeno „melograf aparat“. Sada koncem marta (najkasnije do 20. marta) završavam svoju studiju „Fizički razvitak muzike“ koja jasno pobija neka tvrdjenja o postanku i razvitku muzike, a i jasno pokazuje istinski razvitak muzike, njen uticaj na čovečje telo (a imeno na čovečji nervni sistem) te bi bila zanimljiva za sve muzičare. ... U studiji će biti ilustrovano slikama kako izgleda ton (fizički kao frekvencija), biće iznesena slika muzike „melograf aparatom“, razgovor, svadja, uzbudjenje, radosti, žalosti i dr. Isto tako studija će biti ilustrovana slikama preživljavanja dirigenta, muzičara i slušaoca pri ispunjavanju muzike...“.18 Натаму Карапанчевски објаснува дека тоа е долга студија, прашува дали ќе може да се објави во продолженија за да може потоа, откако ќе добие и определени сугестии од компетентните колеги да ја објави како книга. И, за жал, тука завршуваат информациите во врска со овој футуристички проект (бидејќи според досегашните сознанија – јавно никој не го видел, не го нарекуваме 18

Писмото е дадено во оригинал, без лекторски интервенции

12


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

пронајдок) на Карапанчевски. Студијата не е објавена на страниците на „Музичке новине“, а за пронајдокот или проектот во неговата оставнина нема други траги. Дека Карапанчевски имал исклучителна наклоност и дарба за технички откритија говорат уште две други писма: едното упатено до Царинската управа во Белград, а другото до Дирекцијата на железницата во Скопје. И во двете писма се зборува за новиот технички изум на браќата Карапанчеви (Тихомир и Ангел) кој добил и име – „Карапанчев“, а со помош на кој се решавал проблемот на следење на возовите по пругите и ќе се овозможело намалување на сударите до 95%. Молбата на браќата е да се овозможи тестирање на уредот (изумот) на делниците СкопјеДрачево и Скопје-Ѓорче Петров. Со ова писмо браќата, исто така, бараат помош за обезбедување на неопходниот материјал за изработка на системот. Бидејќи од едно друго писмо упатено до извесен Јован (очигледно другар на Тихомир) со молба да му помогне околу вработувањето на брат му кој бил радио-телеграфист, ние дознаваме нешто околу професионалниот профил на братот Ангел, очигледно е дека и во овој изум решавачка улога имала непресушната инвентивност на Тихомир. Инаку, спомнувајќи ја музичката публицистика на Карапанчевски треба да се каже дека тој две години е дописник на „Музичке новине“. Во тоа време уредувани од неприкосновениот авторитет (и тогаш и подоцна) Јосип Андреис. Карапанчевски за нив во 1947 и 1948 година19 изработил исцрпни хроники на музичкиот живот на град Скопје, со податоци за сите концерти, претстави, изведувачи и автори. Во сиот тој вриеж од идеи, во сета широка лепеза на активности (да не заборавиме дека Карапанчевски, покрај другото, се јавувал на програмата на Радио Скопје со свои предавања на актуелни и пригодни теми и дека еднаш, 31.08.1947 година – дури и диригирал со Оркестарот на Радио Скопје, во рамките на предавањето на тема „Поезија и музика“, при што

19

Музичке новине, Загреб, год II, број 12, стр. 4; Музичке новине, Загреб, год III, број 3, стр. 4; Музичке новине, Загреб, год III, број 4, стр. 4

13


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

биле изведени предиграта „Кориолан“ од Л. В. Бетовен, и Симфониската поема „Тасо“ од Франц Лист), во главата на Карапанчевски постојано лебдела идејата за создавање на оперско дело. Колку тоа било во врска со формирањето на Македонската опера не може да се каже, но дека било дел од неговиот копнеж што побрзо и поцелосно да се освојат сите творечки простори – секако. Денес во македонската музичка историја е запишано дека првата македонска опера е „Гоце“ од Кирил Македонски, премиерно изведена во 1954 година, но речиси воопшто не се спомнува дека обиди да се создаде оперско дело имало и пред тоа. И, после сè, треба ли да бидеме изненадени што најсериозните обиди биле токму од Тихомир Карапанчевски? Секако не. Значи, во многуте творечки скици (барем во оние што се сочувани) постои и една речиси целосно обликувана оперска партитура. До таму до кај што стигнал авторот. Тоа е операта „Проклето царство“, од авторот обележана како опус 24, без точна година на создавање.

Во сочуваните материјали од Карапанчевски партитурата има 342 такта, но очигледно е дека таа не е завршена. Не се обележани чиновите (треба да ги има пет), а не се впишани ниту солистите. Но, се друго во тие 342 такта е тука. Па дури и предиграта кон операта, доколку недовршената увертира „Еленово царство“ во чиј наслов стои дека е предигра кон истоимената опера, со иста нумерација (опус 24) оправдано се смета токму тоа. Анализата на овие 342 такта од недовршената опера 14


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

„Проклето царство“ покажува дека нивото на техничкото владеење со композиторскиот занает кај Карапанчевски било над нивото што може да се очекува од автор на негова возраст и, особено, со таква образовна подготовка. Нејзините стилски координанти се сосема воочливи и немаат никаква врска со модернизмот на музиката на дваесеттиот век. Всушност, и самиот Карапанчевски во некои од своите написи зборуваше за неприфатливоста на музиката што бега од својата традиција со што манифестираше неочекувано зрел естетски изграден став. Како и да е, и оваа недовршена опера, и Драматичната увертира создадена 1946 година, па и Скерцо капричиозо, биле причина Карапанчевски да посака да го дооформи своето музичко образование. И покрај кревкото здравје, тој во 1948 година добива стипендија од Радио Скопје и се запишува на Белградската музичка академија на одделот по композиција во класата на Предраг Милошевиќ.

15


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

Во мемливата соба, како што подоцна истакна неговиот цимер Благоја Ивановски, неговото здравје се влошува. Под притисок на неговите пријатели тој заминува повторно во санаториумот во Кленовик, Хрватска. Тука се одигрува претпоследниот чин на неговата трагична приказна со филмски расплет. Се запознава со младата книговезачка од Осиек Катица Јакшиќ. Таа е пациентка во истиот санаториум и меѓу нив се раѓа неверојатна љубов. „Имено, загрижен за својот талентиран пријател, Петре Богданов-Кочко, претседател на Друштвото на музичарите на Македонија и член на одделението за АГИТПРОП при Главниот штаб на Македонија, преку своите врски во државниот врв на Македонија му го набавува единствениот достапен, скап и дефицитарен антибиотик „стрептомицин”. Но, Тихомир, наместо себе да се лечи, одлучува нешто друго: лице в лице со смртта, тој решава и ù ги дава „стрептомицините” на Катица. Тихомир одлучува нејзе да ù го подари животот. Успева да го спаси нејзиниот живот, но не и својот.“20 На 13 фебруари 1950 година тој умира во Скопје. Многу малку, или речиси да нема сеќавања за неговата смрт. Едно од сосема ретките е она на Зографски: „ ... Бев ученик во Средното музичко училиште, кога еден февруарски студен ден, 1950 год. дојде директорот Илија Николовски-Луј во училницата, на сред час, ни соопшти дека умрел Тихомир Карапанчев. При тоа ни кажа нешто за него, а јас само сум запаметил дека работел во Радио Скопје и нè поведе, сите ученици што бевме во училиштето, во соседната улица, во домот на Тихомир Карапанчев. Тогаш прв пат во животот, одблиску, видов мртовец! Поминавме покрај одарот. Бледожолтиот лик што го видов никогаш не го заборавив. Кога ја пронајдов партитурата од ‘Scherzo capricioso’ се потсетив токму на таа слика, на неговиот бледожолт лик…“ И затоа создавањето при крајот на ова дело вметнува еден дел во бавно темпо со карактер на посмртен марш, инаку воопшто невообичаен за композиција

20

http://concertgroup.blogspot.com/2006/10/blog-post_116074286430346582.html 16


ТИХОМИР КАРАПАНЧЕВСКИ: ПАТОТ ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО ЗАБОРАВОТ

со наслов „Скерцо“. „… Тоа е моето оддавање почит и мојот поклон пред бледожолтиот лик на Тихомир Карапанчев!“ 21 Така заврши овоземниот, кус, неверојатно динамичен, ентузијазиран, исполнет со фантазии и сништа живот на Тихомир Карапанчевски. Не успеа да направи многу од тие негови сништа. Меѓу другото – ниту да се сними филм според неговото по малку – автобиографско сценариот „МОЈАТА ПРВА СИМФОНИЈА“.22 Сценариото во кое тој за себе си открива како да се стигне до вистинската музичка инспирација. Онаа која што ќе потекнува од животот и од народот и ќе му се врати нему. Слично како во Бетовеновата „Трета“ или „Деветта“ на пример. Кај великанот на музичката историја што според многу нешта што може да се прочитаат и насетат од неговите написи бил негов идол во секоја смисла. Прашањата што може да се поставуваат денес се бројни. На пример: Зошто со положувањето на неговото тело со темножолтиот лик (заб. Зографски) во неговиот гроб, како да влезе во заборав целото негово дело? Освен неговото Скерцо капричиозо. Зошто речиси никој во своите спомени, сеќавања, написи за тоа време речиси воопшто не го спомнал. И покрај сево ова што тука го кажавме за него и она што не можеше да се каже во оваа пригода? Зошто дури и оние што најдобро го познавале (Б. Ивановски, на пример), него го спомнува само со една попатна реченица? Не. Не треба да се сфати дека Карапанчевски треба да биде поставен на некаков посебен пиедестал. Тој, доколку поживеел на него секако ќе стигнел, но вака, - не успеал ниту да му се приближи. Но, должност ни е секој да си го добие своето место во нашата историја. И со тоа и самата наша историја да биде побогата. Поцелосна. Токму во името на таквиот стремеж настанува овој текст. Со надеж дека подоцнежните анализи на сочуваните и, евентуално – новооткриените ракописи ќе дадат доволно основа за определување на неговото место во современата македонска музичка историја. А, тоа не е онакво какво што е денес!

21

Марко Коловски: Зографски, 2011, стр. Инаку, освен другото тој остави и две либрета за музичко-сценски дела: Славјанска опера во осум дејствија „Ингрида“ и операта „Дамјан и Лена“. 22

17


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.