Accreditation or certification mak

Page 6

Што е со податоците од лабораториите во други земји?

Многу земји во светот имаат една или повеќе организации одговорни за акредитација на лаборатории во својата земја. Повеќето од овие тела за акредитација го користат ISO/IEC17025 како основа за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрација во нивната земја. Ова, од своја страна, ги охрабрува повеќето лаборатории да ги прифаќаат овие меѓународно прифатени практики за тестирање и мерење. Овој единствен пристап им овозможува на земјите да воспостават договори меѓу себе, врз основа на взаемна евалуација и прифаќање на меѓусебните системи за акредитација на лаборатории. Овие меѓународни договори, наречени договори за заемно признавање, се клучни за да податоците од тестирање бидат прифатени помеѓу земјите. Многу тела за акредитација на лаборатории имаат потпишано мултилатерален договор за меѓусебно признавање, наречен ILAC Договор, кој во голема мера го подобрува прифаќањето на податоци преку националните граници на земјите потписнички. Целосни детали за ILAC Договорот и список на членови (потписнички) може да се најде на веб-страницата на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории, www.ilac.org. Овој систем на меѓународни договори меѓу телата за акредитација дозволува податоците што ја придружуваат извезената стока да бидат полесно прифатени на глобалниот пазар. Ова ја намалува или елиминира потребата производите да бидат повторно тестирани во друга земја и ги намалува трошоците како на производителот така и на увозниците. Земјите без одржливи системи за акредитација може да бараат нивните лаборатории да бидат акредитирани од воспоставените системи за акредитација, за да можат податоците од нивните тестови и придружната стока да бидат прифатени на глобалниот пазар.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.