Accreditation or certification mak

Page 1

Меѓународна организација за акредитација на лаборатории

Обезбедување на тестирање, мерење и калибрација Разликата помеѓу акредитација и сертификација


Што да барате од вашите услуги за тестирање, мерење и калибрација

Кога бирате добавувач кој ќе ги задоволи вашите потреби за тестирање, калибрација или мерење, треба да бидете сигурни дека таа лабораторија може да ве обезбедува со постојано точни и доверливи резултати. Дали лабораторијата може да го прави тоа, зависи од нејзината техничка компетенција за извршување на работата. Техничката компетенција на лабораторијата зависи од неколку фактори, меѓу кои:  Персонал со соодветни квалификации, знаење, вештини, искуство и професионална процена  Правилна опрема која е соодветно калибрирана и одржувана  Соодветна средина за тестирање  Соодветна практика на земање примероци, ракување и транспорт  Правилни процедури за тестирање /инспекција  Точно запишување и известување за резултатите  Адекватно осигурување на квалитет и процедури за контрола на квалитет. Лабораторијата може да понуди свои показатели дека ги поседува гореспоменативе атрибути или вие можете да се обидете да ја оцените услугата сами. Но, за да бидете сигурни во резултатите од услугите од тестирањето, мерењето или калибрацијата за кои плаќате, овие услуги треба да ги доверите на лабораторија што е акредитирана во согласност со ISO/IEC 17025 стандардот од страна на тело за акредитација - член на ИЛАК (ILAC) Договорот.


Зошто акредитацијата е доказ за техничка компетенција која ќе ги исполни вашите барања за тестирање, мерење и калибрација Акредитацијата е процес со кој едно независно, авторитетно тело ја одредува, согласно признати стандарди, непристрасноста и компетентноста на некоја организација или индивидуа да извршува одредени задачи. Кога е во прашање акредитацијата на лабораториски услуги, меѓународниот стандард ISO/ IEC 17025 дефинира што е потребно за да една лабораторија демонстрира како техничка компетентност на кадарот, така и достапност на сите технички ресурси потребни за обезбедување на точни и доверливи податоци и резултати за одреден сет тестови, мерења или калибрации. Процесот на акредитација вклучува стручни технички оценувачи, кои спроведуваат темелна оценка на сите фактори во организацијата кои влијаат на обезбедување на техничките податоци, меѓу кои:        

Техничка компетентност на кадарот Валидност и соодветност на користените методи Следливост на мерењата и калибрациите до националните стандарди Соодветна примена на мерната неодреденост Соодветност, калибрација и одржување на опремата за тестирање Средината за тестирање Земање примероци, ракување и транспорт на примероците за тестирање Осигурување на квалитет на податоците од тестирање, инспекција или калибрација.

Стандардот ISO/IEC 17025, содржи исто така една компонента која бара системите за управување во организацијата да се во согласност со стандардот ISO 9001. Исполнување на барањата на стандардот ISO/IEC 17025 од страна на една лабораторија значи, според тоа, дека лабораторијата ги исполнува, како барањата за техничка компетенција, така и барањата за систем за управување, коишто и се потребни за постојано да испорачува технички валидни резултати од тестирања и калибрации. Понатаму, за да се обезбеди континуирана усогласеност, акредитираните организации редовно пак се проверуваат за да се осигури нивното одржување на стандардите и техничката експертиза. Од овие организации исто така се бара да учествуваат во редовни програми за оцена на оспособеност или меѓулабораториски споредби како постојано докажување на нивната компетентност.


Што ако системот за управување на лабораторијата поседува акредитирана сертификација според стандардот ISO 9001? Лабораторијата можеби избрала да биде предмет на ревизија и сертификација согласно меѓународниот стандард за системи за управување со квалитет, ISO 9001. Тоа е генерички стандард кој може да се примени на било која организација без разлика на типот, големината или услугите што ги дава и се користи за да го оцени нивниот систем за управување со квалитет на нивните производи или услуги. Сертификациското тело коешто ја спроведува ревизијата и сертификацијата на лабораторијата според ISO 9001, може да биде акредитирано (според посебен стандард ISO/IEC 17021) за да ја извршува оваа одредена услуга. Акредитирана сертификација според ISO 9001 и акредитација според ISO/IEC 17025 обезбедуваат доверба во услугите на лабораторијата, но тие не се исти. Постојат клучни разлики помеѓу целта, критериумите и акцентот на стандардите на системот за управување со квалитет ISO 9001 и оние на лабораторискиот стандард ISO/IEC 17025, кој се користи за акредитирање на лаборатории. Поседувањето акредитиран сертификат на ISO 9001 не претставува, само по себе, доказ дека лабораторијата е во можност да ви обезбеди точни и веродостојни тестирање или калибрација. За ова, лабораторијата мора да биде акредитирана согласно ISO/IEC 17025 кој е поконкретен во своите барања за техничка компетентност и непристрасност, а ги опфаќа и барањата на системот за управување со квалитет кои се потребни за осигурување дека лабораторијата обезбедува конзистентни и доверливи услуги кои ќе ги задоволат вашите потреби.


Како ќе знаете дали некоја лабораторија е акредитирана?

Телата за акредитација во многу земји објавуваат листи или директориуми на лаборатории кои тие ги имаат акредитирано, заедно со контакт деталите на лабораториите и информации за нивните способности за тестирање. Доколку е потребно, може да се јавите на телото за акредитација за да дознаете дали има какви било акредитирани лаборатории кои можат да ги вршат тестирањата или калибрациите кои ви се потребни. За да дознаете дали во вашата земја има акредитациони тела за лаборатории, може да погледнете на листата на веб-страница на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC), www.ilac.org, каде исто така ќе најдете директориуми на акредитирани лаборатории за одредени држави. Алтернативно, информации за телата за акредитација во вашата земја може да се достапни од вашето национално тело за стандардизација или министерство одговорно за индустрија/трговија или технологија. Акредитираните лаборатории обично издаваат извештаи од тестирање или калибрација кои носат некој вид на лого или повикување на нивната акредитација. Исто така, кај лабораторијата треба да се провери за кои специфични тестови или мерења е акредитирана да ги спроведува, и во кои опсези или неодредености. Ова најчесто е наведено во нивниот опсег на акредитација, кои на барање може да бидат доставени од страна на лабораторијата или телото за акредитација.


Што е со податоците од лабораториите во други земји?

Многу земји во светот имаат една или повеќе организации одговорни за акредитација на лаборатории во својата земја. Повеќето од овие тела за акредитација го користат ISO/IEC17025 како основа за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрација во нивната земја. Ова, од своја страна, ги охрабрува повеќето лаборатории да ги прифаќаат овие меѓународно прифатени практики за тестирање и мерење. Овој единствен пристап им овозможува на земјите да воспостават договори меѓу себе, врз основа на взаемна евалуација и прифаќање на меѓусебните системи за акредитација на лаборатории. Овие меѓународни договори, наречени договори за заемно признавање, се клучни за да податоците од тестирање бидат прифатени помеѓу земјите. Многу тела за акредитација на лаборатории имаат потпишано мултилатерален договор за меѓусебно признавање, наречен ILAC Договор, кој во голема мера го подобрува прифаќањето на податоци преку националните граници на земјите потписнички. Целосни детали за ILAC Договорот и список на членови (потписнички) може да се најде на веб-страницата на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории, www.ilac.org. Овој систем на меѓународни договори меѓу телата за акредитација дозволува податоците што ја придружуваат извезената стока да бидат полесно прифатени на глобалниот пазар. Ова ја намалува или елиминира потребата производите да бидат повторно тестирани во друга земја и ги намалува трошоците како на производителот така и на увозниците. Земјите без одржливи системи за акредитација може да бараат нивните лаборатории да бидат акредитирани од воспоставените системи за акредитација, за да можат податоците од нивните тестови и придружната стока да бидат прифатени на глобалниот пазар.


Што да се запомни?

Запомнете, ако обезбедувате услуги од тестирање, мерење или калибрација:  Користејќи услуги на добавувач акредитиран со ISO/IEC 17025, значи дека користите лабораторија која е независно оценета дека има докажана техничка компетентност, дополнета со систем за квалитет;  Проверете дали опсегот на акредитација на организацијата е соодветен за тестовите, калибрациите или мерењата коишто вие барате да се направат;  Организацијата за тестирање која е акредитирана согласно ISO/IEC 17025 исто така може да го одржува системот за управување, сертифициран согласно ISO 9001, на пример, ако неговиот систем за квалитет опфаќа и други функции покрај тестирање, како како што се сметководство, маркетинг, информациски услуги или образование. Сепак, да се има акредитиран сертификат ISO 9001 не претставува само по себе доказ дека лабораторијата е во состојба да ви обезбеди точно и веродостојно тестирање, мерење или калибрација;  Ако не сте сигурни за тоа што да барате од вашата лабораторија или ви се потребни повеќе информации за акредитација, може да се јавите кај вашиот локален ILAC член. Членови на ILAC во секоја земја може да се најдат во именикот на веб-сајтот на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC) на www.ilac.org.


Меѓународна организација за акредитација на лаборатории

Што е ИЛАК (ILAC)? ILAC - Меѓународна организација за акредитација на лаборатории е меѓународно тело за лабораториска и инспекциска акредитација, со членство коешто се состои од тела за акредитација и придружни организации низ целиот свет. ILAC промовира зголемено користење и прифаќање на резултатите од акредитираните лаборатории и инспекциски тела, од страна на индустријата, како и Владата вклучувајќи ги и резултатите од акредитираните организации во други земји. ILAC се поврзува со голем број меѓународни тела и заинтересирани страни за да се постигнат заедничките цели. ILAC објавува бројна литература на интернет за своите активности, како и повеќе општи информации за акредитација, тестирање, олеснување на трговијата и сродни теми.

За повеќе информации за ILAC и неговите членови одете на www.ilac.org

или контактирајте Секретаријат на ILAC PO Box 7507 Silverwater NSW 2128 Australia Телефон: +61 2 9736 8374 Факс: +61 2 9743 5311 E-пошта: ilac@nata.com.au Веб страна: www.ilac.org

ИАРМ Кеј Димитар Влахов бр. 4, зграда 2, спрат 3, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: ++389 2 3293 080 Факс: ++389 2 3293 089 E-пошта: info@iarm.gov.mk www.iarm.gov.mk

© Заштитени авторски права 2013 година ILAC ILAC охрабрува овластена репродукција на своите публикации, или делови од него, од страна на организации кои сакаат да се користи како материјал за области поврзани со образованието, стандардизацијата, акредитацијата, добрата лабораториска пракса или за други цели релевантни за областа на експертиза или активност на ILAC. Организациите кои бараат дозвола за умножување на материјали од ILAC публикации мора да се обратат до Претседавачот или на Секретаријатот во писмена форма или преку електронски средства, како е-мејл. ILAC-дозволата за репродукција на својот материјал се однесува само онолку колку што е опишано во оригиналното барање. Какво било менување на наведената употреба на ILAC материјалите мора однапред да бидат наведено во писмена форма до ILAC за дополнителни дозвола.

ILAC B5 : 06 / 2013


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.