2. На Републичкиот натпревар во кошарка во Кавадарци екипата на Гимназијата го освојува I место. Ментор: професор Димитар Пецов. 3. На Републичкиот натпревар во ракомет, одржан во Велес, ракометна екипа на Гимназијата го освојува I место. Ментор: професор Блаже Велков. 4. На Купот на Македонија во стрелаштво со воздушна пушка одржан во Скопје, женската екипа на Гимназијата го освојува I место со 2993 круга, а машката екипа II место со 2887 круга. Поединечно Зорица Спанџева го освојува I место со 1037 круга, а Јасмина Стоева II место со 1021 круг. На 11.10.1994 година, на Републичкото првенство со воздушна пушка, пак во јубилејната 1994/95 година, женската екипа го освои I место. Поединечен пласман Јасмина Стоева I место со 504 круга; Зорица Спанџева II место со 494 круга и Дивна Пешиќ III место со 492 круга. Во машка конкуренција Гимназијата освојува II место со 2876 круга, а ученикот Горан Илиев I место со 1023 круга. Ментор: професор Александар Јорданов. 5. На Европскиот натпревар на француската алијанса екипата на Гимназијата го освојува I место. Поединечно: Трајче Недев го освојува I место и е награден со 10-дневно патување и престој во Франција, а ученичката Соња Колева III место. Ментор: професорката Вукица Бањанска. 6. На Републичкиот натпревар по математика во Тетово учениците од Гимназијата освоија две први места, едно второ и едно трето и двајца се пофалени. Поединечно: Александар Печков од I година I место, Ласко Баснарков од IV година I место, Миле Јованов од I година II место, Сашко Ристов од IV година III место. Пофалени се учениците Драган Спиров и Векослав Стефановски. Ученикот Ласко Баснарков е прогласен за најдобар математичар на Републиката и е награден со пехар. На II Математичка олимпијада во Скопје, Векослав Стефанов освојува сребрен медал, а Ласко Баснарков, Сашко Ристов и Александар Печков освојуваат бронзени медали. Драган Спиров е пофален. Ученикот Ласко Баснарков учествува на Математичка балканијада во Бугарија и добива пофалница. Учениците Ласко Баснарков и Сашко Ристов учествуваат на Меѓународна математичка олимпијада во Торотнто-Канада. Баснарков освојува бронзен медал, а Ристов го освојува 31 место во конкуренција на 650 натпреварувачи. Мнетори – професорите по математика: Силвана Петкова, Трајче Петков и Данче Грозданова. 7. На Републичкиот натпревар во Куманово Балетската група при Драмскорецитаторска секција на Гимназијата во состав: Анѓелка Белевска, Трајанка Давидова, Надица Галапчева, Билјана Димитрова, Нина Стамаџиева и Нена Влаинкова го освојува I место. Кореограф: надворешниот соработник Билјана Грозданова. 8. На Републички натпревар по географија во рамките на движењето „Наука на младите“ ученичката Билјана Волчева го освојува I место. Ментор: Лазо Тодорчев. 9,. На Републичкиот натпревар по физика во Битола освоени се две трети места и две пофалници. Лазар Касапинов и Векослав Стефановски освојуваат III место, а АлександарПечков и Ристе Вучков добиваат пофалници. Ментори: професорите: Стојче Стојанов и Илија Ганчев. На сите овие натпревари покрај учениците, признанија во вид на дипломи, пофалници и книги добиваат и нивните ментори. 38