









ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
ПРОЕКТИ ОД ДОМЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТО
Комплетно реновирање на Одделот за онкологија
НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ - ВОЛОНТЕРИ
Крводарителска акција – „Дарувај крв и спаси живот!“
Подароци за сите деца кои се лекуваат на Клиниката за детски болести по повод Меѓународниот ден на детето
Здружение за рана стимулација, развој и игра кај децата - Креатива Исток
СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ
Книги за деца на вработени – „Вложуваме во идните генерации, градиме
здрави и корисни личности на нашето општество“
Family Day
ГРАДИМЕ ЗДРАВИ НАВИКИ, ИНВЕСТИРАМЕ ВО СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ Велосипедска акција – „Дојдете на работа со велосипед и освојте здрав
оброк!“
Спонзорство на велосипедски клуб Тенкоминци
Макстил обезбеди годишна поддршка на младите пливачи од ПК Нептун Спонзорство на македонскиот автомобилист Ристо Вуков
Поддршка на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ – Велес АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ЧЕЛИЧАРНИЦА
ВАЛАВНИЦА
ЕКОНОМИКА
ВРАБОТЕН НА МЕСЕЦОТ
ЗАЕДНО РАБОТИМЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
НАГРАДА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
ЗАНИМЛИВОСТИ
МАКСТИЛ ВО СВЕТОТ
Карин Павлоски - Директор за односи со јавност и
инвеститори
Општествено одговорното делување како исклучително значајна компаниска вредност, е длабоко вткаено во деловната политика на Макстил. Во насока на остварување на целите на општествената одговорност на компанијата во деловните активности, таа е водена од напорите да се создаде позитивно влијание врз општеството, со цел да даде конкретен придонес кон социјалната заедница преку постојано прилагодување на нејзините иницијативи.
Компанијата во континуитет е посветена на квалитетот, екологијата, здравјето и безбедноста во сите аспекти на работењето. Како активен поддржувач на концептот на циркуларната економија во голема мера се обидува да го намали товарот на природата со тоа што ќе обезбеди ресурсите да останат во употреба што е можно подолго со цел нивно максимално искористување, а при комерцијалната соработка со купувачите и добавувачите, применува највисоки етички деловни стандарди со интенција позитивно да се влијае на околината преку промовирање на ефективни еколошки практики.
Макстил става посебен акцент и на социјалната димензија на одржливоста преку учество во бројни иницијативи и проекти, кои обезбедуваат поддршка за образовни, спортски и културни активности. Од реновирање на капацитети во јавното здравство, преку поддршка на основните, средните училишта и високото образование, поддршка на ранливи категории на граѓани, активна поддршка на проекти од културата и уметноста, сѐ до поддршка на Карате Федерацијата на Македонија, Кошаркарски клубови, Пливачки клубови и поединци. Компанијата, исто така посветува особено внимание на развојот на партнерските односи со општина Гази Баба и истовремено дава значаен придонес во развојот на локалната и пошироката општествена заедница преку иницирање на проекти со кои сака да придонесе да се направат суштински промени во општеството, кои во крајна линија би се одразиле директно на добар начин врз сите субјекти во општеството.
Со цел остварување понатамошни резултати на овој план и задржување на стекнатото високо реноме и добиените признанија, креирана е Политика за спонзорства и донации со која се утврдуваат донаторските и спонзорските активности, се истакнуваат нивните цели и се класифицираат активностите на Макстил кои се препорачливи за донации/спонзорства. Целта е преку овие активности опишани во Политиката, да се истакне определбата на компанијата за поддршка на развојот на областите од јавен интерес, притоа создавајќи позитивна перцепција за компанијата кај нејзините заинтересирани страни и општествената заедница. Исто така, во функција на зголемување на транспарентноста, официјалната вебстрана на Макстил ќе биде дополнета и со дел за донации и спонзорства преку кој заинтересираните страни ќе можат да се информираат за критериумите и да поднесат
барање преку специјално креираната е-мејл адреса csr@makstil.com.mk .
Во овој број ви претставуваме дел од реализираните проекти од доменот на општествената
одговорност на нашата компанија преку кои се трудиме да правиме позитивни промени
локалната и пошироката општествена заедница.
во
ПРОЕКТИ ОД ДОМЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТО КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАЊЕ НА ОДДЕЛОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА
Корпоративната општествена одговорност на Макстил е на високо место меѓу компаниските приоритети а во тие рамки главен фокус беше ставен на ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести одн. Одделот онкологија. Благодарение на донацијата на Макстил, а во која беа вклучени и деловните соработници на компанијата Одделот за онкологија доби комплетно нов, модерен и современ изглед, кој воедно ги исполнува сите медицински критериуми да прерасне во регионален центар каде веќе почнаа да се лекуваат децата со малигни заболувања.
Комплетното реновирање на овој оддел вклучува поставување на нов систем за вентилација и нов систем за технички гасови, реновирани се сите болнички соби, просториите за медицинскиот персонал, обновена е електричната инсталација, како и дел од водоводната и канализациската мрежа, поставен е и нов медицински под, а сето тоа на вкупна површина од 400 метри квадратни.
Со вложување финансиски средства во висина од 16 милиони денари за целосна реконструкција на детскиот онколошки оддел, ова претставува најголемата донација во здравството досега.
Во Одделот за онкологија при детската клиника, сега најмалите пациенти на кои им е потребен онколошки третман имаат современи услови за престој во болница, а здравствените работници подобри услови за работа. Оваа донација на Макстил, симболично беше предадена по повод Светскиот ден на здравјето - 7 Април, во присуство на претставници на Одборот на директори на Макстил, премиерот Димитар Ковачевски, Министерот за здравство Беким Сали, како и директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова.
Упатуваме голема благодарност на нашите вработени кои се пријавија да волонтираат во реконструкцијата на детската клиника. Горди сме што успеавме во надежта да го подобриме јавното здравство, и што овозможивме децата, кои имаат потреба за ваков тип на третман да имаат подобри здравствени услуови.
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
РЕНОВИРАЊЕ НА ОДДЕЛОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ
Вработените во Макстил се вистински професионалци! Хумани и грижливи покрај тоа што редовно и навремено ги завршуваат своите работни задачи, тие исто така се трудат да го подобрат животот на сите граѓани во нашата земја. Овој пат, вработените со голем ентузијазам волонтираа на Клиниката за детски болести со цел реновирање и подобрување на условите за престој во онколошкиот оддел на најмалите борци - децата во оваа јавно-здравствена установа. Хуманоста, враќањето на детската насмевка и безгрижното детство, чувството на позадоволни здравствени работници и спокојни родители е мотивацијата која не движеше целиот овој период во идејата да направиме подобри, похумани, посовремени услови за давање здравствена заштита. Браво за целиот тим, Макстил е горд на вас!
РЕНОВИРАНИ И ЧИСТИ ПРОСТОРИИ“
Димитар Хаџидаовски - Техничар за комуникации
„Децата се нашето најголемо богатство. Како родител што им посакува се најдобро на своите деца, сакам и сите други дечиња да имаат соодветна здравствена услуга и здраво детство. Со колегите од Макстил бевме навистина многу среќни што имавме можност да придонесеме децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести да добијат подобри здравствени услуги во чисти и реновирани простории. Една година траеше целосното реновирање, а мојата улога беше воспоставување на мрежна инфраструктура во докторските и сестринските канцеларии, Wi-Fi интернет мрежа која ќе биде достапна во целиот оддел, како и мрежна интернет конекција во секоја болничка соба. Целиот тим од нашата компанија што беше вклучен во овој проект дадовме сè од себе за модернизација на одделот. Ова не е прва ваква донација, Макстил е општествено одговорна компанија која дејствува и вложува во различни сегменти. И покрај мојот редовен ангажман во Макстил со задоволство ќе одвојам дополнително време за реализација на каков било ангажман од хуманитарен карактер. На сите ново вработени им порачувам да го следат нашиот пример и покрај совесно и одговорно извршување на работните задачи, со радост да прифатат дополнителни акции што ги спроведува Макстил за подобри услови за живот, забава и здравје на најмладата популација.“
„СО КОЛЕГИТЕ БЕВМЕ СРЕЌНИ ШТО ПРИДОНЕСОВМЕ НАЈМАЛИТЕ ПАЦИЕНТИ
НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ДА ДОБИЈАТ ПОДОБРИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО
НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ ВОЛОНТЕРИ
„Желбата да волонтирам на Клиниката за детски болести во Скопје при реновирањето на онколошкиот оддел беше навистина голема и од посебно значење во лекувањето на децата со канцер. Учествував комплетно во набавката на сите материјали и услуги, координирање на активностите со изведувачите, кои беа во согласност со барањата на клиниката, почитувајќи ги сите медицински стандарди. Организирањето на целокупниот проект од договарање, па сè до набавка на опремата и материјалите траеше скоро една година, додека пак реконструкцијата траеше активно седум месеци. Оваа донација претставува една од најголемите донации во здравството. Макстил вложи огромни средства за опремување на бели-чисти соби што служат за третман на децата после извршена трансплантација. Сите активности се водеа под стручен надзор. Се изработи комплетно нов систем за централна вентилација и климатизација, нова инсталација на медицински гасови, а се обнови и електричната инсталација, водоводната, како и канализациона мрежа. Се реновираа болничките соби, бањите, игротеката, просториите за персоналот итн.“
ОБЈЕКТОТ ВО КАКВА СОСТОЈБА БЕШЕ КОГА ПРВПАТ ВЛЕГОВМЕ ТАМУ, А ОД ДЕНЕШНА ГЛЕДНА ТОЧКА ЧОВЕК МОЖЕ ДА БИДЕ САМО ГОРД НА СÈ ШТО Е НАПРАВЕНО И ВО КАКВА СОСТОЈБА ГО ПРЕДАДОВМЕ НА КОРИСТЕЊЕ“
Билјана Христоска – Помошник директор за набавки Бошко Петковски – Технолог, eлектро-одржување во Челичарница
„Со задоволство ја прифатив оваа работна задача кога разбрав за каков проект станува збор. Моите обврски беа адаптација и комплетно реновирање на електричните инсталации на Одделот за онкологија при детската клиника. Водев тим од 20 електричари, 19 беа од Челичарница и 1 од Валавница. Целиот тим во тој период беше на своите работни места, а доаѓаа дополнително да волонтираат на детската клиника. Работните задачи беа завршени на едно професионално ниво кое го потврди и надзорот кој беше ангажиран од страна на нашата компанија. Задоволен сум од целокупниот ангажман на нашата компанија и од сите луѓе кои беа ангажирани во реконструкцијата на одделот. Не можам да го опишам објектот во каква состојба беше кога првпат влеговме таму, а од денешна гледна точка човек може само да биде горд на сè што е направено и во каква состојба го предадовме за користење на клиниката. Со оглед на тоа што одделот ќе го користат деца со малигни заболувања посакувам што помалку да биде користен и од што помал број на пациенти. Моето мислење е дека Макстил треба да продолжи со вакви активности, со што ќе поттикне и други успешни компании да одвојат дел од профитот за да вложат во подобрување на општеството.“
„МАКСТИЛ ВЛОЖИ ОГРОМНИ СРЕДСТВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕТСКИОТ ОНКОЛОШКИ ОДДЕЛ, ЖЕЛБАТА ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ БЕШЕ ГОЛЕМА И ОД
ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ ВО ЛЕКУВАЊЕТО
НА ДЕЦАТА“
„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПИШЕ
„Со задоволство веднаш го прифатив повикот да бидам дел од тимот што ќе работи на реновирањето на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. За мене, проектот беше голем предизвик да го вложам долгогодишното искуство во областа на градежништвото во една ваква хумана акција каде што заедно со колегите од Макстил имавме можност да им помогнеме на оние кои имаат најмногу потреба од помош - најмалите борци, нашите дечиња. Учествував од самиот почеток со проверка на вкупната техничка документација во сите фази на реновирањето, но со посебно внимание на проектите во фазата на архитектура, градежни конструкции со водовод и канализација. Заедно со колегите ги воспоставивме основите за отпочнување на реновирањето, со понатамошно следење и надзор на преземените градежни активности, па сè до примопредавање на објектот. Благодарен сум што бев учесник во реализација на еден многу хуман проект, надвор од секојдневните активности во компанијата. Макстил е голема општествено призната компанија. Покрај тоа што води грижа за своите вработени во сите сегменти, верувам дека таа ќе продолжи да вложува и ќе ги потпомогнува сите хумани проекти со кои ќе се подобрат условите на сите граѓани од општеството, таму каде што е најпотребно, во границите на нејзините можности.“
СООЧУВАЈЌИ СЕ СЕКОЈДНЕВНО СО ЖЕЛБА ЗА ЖИВОТ БЕШЕ ГЛАВНИОТ ДВИГАТЕЛ ДА ПОЧНЕМЕ СО РЕНОВИРАЊЕ НА ОДДЕЛОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА“
Зоран Јовановиќ – Инженер за развој и инвестиции Цветан Атанасовски – администратор
„Борбата којашто ја водат децата со малигни заболувања соочувајќи се секојдневно со желба за живот беше главен двигател да почнеме со реновирање на Одделот за онкологија. Дејноста на Клиниката за онкологија колку што знаеме е започната многу одамна и продолжува во време кога сите чекорат напред и создаваат иднина за подобро утре. Реновирањето траеше околу една година, а мојата задача беше организирање, набљудување, внесување на нови идеи, нови цели и со малку повеќе напор да се стигне до посакуваната цел. Макстил дава модел како би требало да постапуваат и да делуваат останатите компании. Бидете вредни, чесни, издржливи, почитувајте ги луѓето околу вас бидејќи секој труд е награден. Макстил е една од ретките компании каде што општествените вредности ги става на прво место.“
„МАКСТИЛ Е ГОЛЕМА ОПШТЕСТВЕНО ПРИЗНАТА КОМПАНИЈА КОЈА ПОКРАЈ ТОА ШТО ВОДИ ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ТАА ВЛОЖУВА И ВО ХУМАНИ
СО КОИ СЕ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ НА СИТЕ
Макстил по повод Светскиот ден на крводарителство - 14 jуни, во соработка со „Blood bank-TENK“
Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба организираше крводарителска акција за вработените во просториите на компанијата.
Со спроведување на хуманитарната акција беа собрани 52 единици крв што ќе им помогнат на пациентите кои имаат потреба од трансфузија на крв. Изразуваме огромна благодарност на вработените кои даруваа крв, но исто така ги поттикнуваме и останатите колеги да се вклучат во некоја од наредните крводарителски акции. Дарувањето крв спасува животи, да бидеме хумани!
„ДАРУВАЈ КРВ И СПАСИ ЖИВОТ!“
Макстил во континуитет низ годините придонесува за подобрување на условите на ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје.
Овој пат, претставници од компанијата по повод Меѓународниот ден на детето ја посетија детската клиника и на децата кои се лекуваат низ одделите во оваа јавноздравствена установа им поделија подароци, убав разговор и насмевки за побрзо закрепнување.
И во следниот период, нашите општествено одговорни политики и чекори ќе бидат насочени кон подобрување на здравствената заштита и заедницата.
ПОДАРОЦИ ЗА СИТЕ ДЕЦА КОИ
СЕ ЛЕКУВААТ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ПО ПОВОД
МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО
Креатива Исток е невладина организација, која постои веќе седум години, а се состои од тим на дефектолози и логопеди, чија главна цел е обезбедување на ран третман и рана стимулација кај децата со посебни потреби и развојни нарушувања. Во нашата земја постојано се зголемува бројката на деца со посебни потреби (10% или околу 200 илјади жители се лица со инвалидитет), а со тоа и се наметнува потребата за што порана детекција и дијагностика на децата кои имаат развојни потешкотии.
Креатива Исток преку директна поддршка на семејствата успева да го подобри квалитетот на семејниот живот и воедно да го намали стресот и чувството на неизвесност кај родителите на децата со посебни развојни потреби. Нашата компанија преку годишна донација, а како континуитет на соработката со ова здружение и за оваа година обезбеди поддршка на две дечиња (братчиња Петар и Павел). Се надеваме дека ќе успееме да обезбедивме поддршка во најкритичните години од нивниот развој и ќе им помогнеме да ги надминат предизвиците со кои моментално се соочуваат.
КНИГИ ЗА ДЕЦА НА ВРАБОТЕНИ „ВЛОЖУВАМЕ ВО ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ГРАДИМЕ ЗДРАВИ И КОРИСНИ ЛИЧНОСТИ НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО“
Нашата компанија по повод завршувањето на учебната 2021/2022 година, а во насока на промовирање на улогата и важноста на книгите и читањето, подари книги на сите вработени кои имаат деца до 13 годишна возраст.
Со овој чекор, компанијата уште еднаш ја потврдува грижата која ја посветува на своите вработени и нивните деца, со фокус на нивната едукација и градење здрави личности и корисни граѓани на нашето општество.
На 28ми мај, Макстил организираше Family Day за сите вработени во кругот на компанијата. На овој настан за вработените и нивните семејства имаше бројни занимливости и забавни содржини, како и друштвени игри, во звуците на добра музика.
Family Day ќе прерасне во традиција, а покрај тоа ќе реализираме уште многу други активности од ваков карактер каде што вработените ќе се чувствуваат убаво и ќе се зближат со колегите. Вложувањето во човечкиот капитал преку зголемување на бенефитите за вработените, доедукација, корпоративни настани е нашиот главен приоритет, затоа што целиот успех на компанијата се темели токму на нашите вработени. Благодарение на Вас, Макстил е препознатлива успешна приказна!
ВЕЛОСИПЕДСКА АКЦИЈА – „ДОЈДЕТЕ НА РАБОТА СО ВЕЛОСИПЕД И ОСВОЈТЕ ЗДРАВ ОБРОК!“
Светскиот ден на велосипедот - 3 jуни, оваа година го одбележавме со велосипедска акција за нашите вработени. Со здрав оброк беа пречекани сите вработени кои на овој ден пристигнаа на работа во компанијата Макстил со велосипед или пак тротинет. Како компанија се трудиме да ја поттикнеме вело културата, се грижиме и ја заштитуваме животната средина, но исто така ги мотивираме вработените на здрави животни навики.
ГРАДИМЕ ЗДРАВИ НАВИКИ, ИНВЕСТИРАМЕ ВО СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
Нашата компанија веќе втора година го спонзорира велосипедскиот клуб Тенкоминци. Инаку, клубот брои околу дваесетина членови, од кои повеќето се волонтери, но исто така во својот состав вбројува и неколкумина професионални лиценцирани велосипедисти. Членовите на клубот земаат редовно учество на најпопуларните настани во земјата како „Прв до врв“, „Шара челинџ“, „Халк Вело Грин“, „Тур де лејкс“, а исто така имаат учествувано и на „Фрања маратон“ во Љубљана, Словенија, „Тур де Копаоник“, во Србија и на годишната етапна трка во Италија „Џиро д’Италија“.
Во агендата за оваа година имаат планирано учество на сите велосипедски натпревари во нашата земја, како и настапи на неколку настани кои се популарни на регионално ниво.
СПОНЗОРСТВО НА ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ ТЕНКОМИНЦИ
Нашата компанија од почетокот на оваа година ја започна поддршката на Пливачкиот клуб Нептун, во насока на поддршка на пливањето како спорт, преку кој се делува на превентивата на потенцијалните здравствени проблеми врзани за долгочасовното седење на младите. ПК акцентот го става на најмладата популација – децата со цел да помогне во создавањето на младина која што ќе биде здрава и дисциплинирана.
Инаку, ПК Нептун е формиран пред две години и веќе бележи бројни успеси, за илустрација на летното првенство одржано во јули минатата година во Скопје, клубот го има освоено третото место, додека на државните првенства и на македонскиот куп на далечинско пливање го стекна епитетот најдобар клуб.
Главен тренер во клубот Нептун е легендата на македонското пливање, Томи Стефановски, под чија програма и надзор се одвиваат пливачките тренинзи.
МАКСТИЛ ОБЕЗБЕДИ ГОДИШНА ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ПЛИВАЧИ ОД ПК НЕПТУН
Во насока на поддршка на спортот и спортските активности е и нашето спонзорство на 26 годишниот автомобилист Ристо Вуков, кој ја започна третата сезона на настапи во Порше Карера Куп Италија
со бројот на освоени бодови се наоѓа на 13. место на табелата.
СПОНЗОРСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ АВТОМОБИЛИСТ
РИСТО ВУКОВ
Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ постои повеќе од седум децении а неговата мисија е насочена кон давање придонес во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Извидничкиот одред преку организирани дружења на младите ги поддржува младите луѓе во достигнувањето на нивните физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци и одговорни граѓани кои во иднина можат да го подобрат нашето општество. Токму и донацијата на нашата компанија е наменета за организирање на Школа за водачи на Извидничкиот одред, а со тоа и поддршка на младите генерации.
ПОДДРШКА НА ИЗВИДНИЧКИОТ
ОДРЕД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ –
Во текот на вториот квартал од 2022 погонот работеше во текот на февруари и март, при што беа произведени 79.389 т. слабови, што споредено со планираното производство (87.300 т.) претставува намалување од околу 9%. Во текот на целиот квартал извадокот старо железо – слаб во споредба со планираниот извадок е понизок од 0,3 п.п. во април до 0,5 п.п. во јуни, во однос на планираниот. Извадокот слаб прва класа за април бележи зголемување во однос на планираниот и изнесува 95,3%, додека во мај и јуни е понизок од планираниот за 0,4 п.п. Потрошувачката на ел. енергија бележи намалување во текот на целиот квартал. Активното време на изработка на една шаржа бележи незначителен пораст само во месец април, додека во мај и јуни активното време е намалено во споредба со планираното. Просечниот број на произведени шаржи на дневно ниво во април изнесува 19,1 додека во мај и јуни 14,1 одн. 13,5 респективно.
Продолжуваат активностите за демолирање на конверторски кули на покривот на погонот Челичарница. Во подготовка е активноста за покривање на кровната конструкција во овој дел.
Активности за зголемување на безбедноста при работа и работните услови - комплетирање на веќе започнатите инвестициски проекти:
1 3
Пуштен во употреба реновираниот дел
на соблекувалните.
Замена на крански кабини. Пристигнати се 4 крански кабини од вкупно 8, комплетна реализација се очекува до крај на 2022.
2 4
Финална фаза на комплетно реновирање на управната зграда на погонот. Се очекува истото да се заврши до крај на втор квартал од 2022.
Реновирање на 5 операторски кабини во делот на конти лив и казанска печка – во тек.
Нова опрема во делот на 3ЕП – опремата e комплетно инсталирана и пуштена во функција, разрешувањето на помалите проблеми кои не влијаат на функционалноста се очекува до почеток на Q3 2022.
Продолжуваат активности за надградба на софтверските решенија за следење на текот на набавка, контрола, прием и потрошувачка на старо железо. Очекуван рок за комплетирање на проектот - крај на септември 2022.
ЧЕЛИЧАРНИЦА
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОГОНОТ ЧЕЛИЧАРНИЦА ВО ВТОРИОТ
Оствареното производство на дебели лимови во првиот квартал на годинава во производниот погон Валавница изнесува 65.734т. Во однос на поставениот производен план за првиот квартал од оваа година (60.887т.), ова претставува зголемување од околу 8%. Зголемувањето на производството се должи воглавно на зголемениот обем на нарачки, кој овозможува подобро планирање и зголемување на продуктивноста. Подобрување е регистрано во делот на извадокот слаб - лим во текот на целиот квартал, а особено во јуни од 0,9 п.п. Производството на лим прва класа во април бележи зголемување во однос на планот, додека во мај и јуни намалување за 0,5 п.п. одн. 1,1 п.п. респективно. Кај потрошувачката на природен гас е регистрирано намалување, а потрошувачката на електрична енергија е зголемена само во јуни.
Во период од 16.06.2022, заклучно со 30.06.2022 беше извршен ремонт на сите потребни склопови
и машини во погонот Валавница. Освен ремонтните активности, се извршија и дополнителни 3 инвестициони проекти, и тоа:
● Трансформација на групни валци во 27 поединечни транспортни валци
● Замена на сите плочи на штендер на ХВС со Биметални плочи
● Замена на еден ред на решетки на Ладилник бр.2
Меѓу ремонтните активности, за одбележување како поважни во процесот за задржување на квалитетот на продуктот и ефективното време се:
● Целосна санација на еџер со промена на колевка и истрошени делови
● Контрола на сите лизгачки лежишта на главен погон и замена на бр.4
● Замена на шини во Аѓустажа и опрема
● Промена на 2 крански кабини (Инвестиција за безбедност 2021)
● Целосно унапредување на управувањето на кран 60Р со замена на сите поважни електро делови
● Зацврстување на цевковод за дескалација
● Проверка, оспособување и замена на делови на целиот дел на подмачкување
● Замена на масла и мазива на сите системи
● Промена на носачи на ножеви на сите ножици
● Промена на погонски дел на магнети на ножица 1 и 4
● Промена на трака на Ножица бр.4
● Целосна изведба на нов бетонски столб на Ладилник бр.2
● Замена на оштетени палци и тркалца за лим на Превлачник
● Прочистување на ладилна конструкции во делот на Потисна Печка бр.1
● Чистење на канал и чистење на внатрешна јама
Со сите овие активности Макстил инвестираше вкупно 2.713 МЕУР, со што се продолжи подобрувањето на целиот погон во делот на ефикасност на машините и квалитет на самиот продукт.
За само 15 дена целиот тим на Валавница со својата посветеност, пожртвуваност и професионалност успеа да реализира огромен број на активности, како и навремено да стартува со производство со квалитет на исто ниво како и пред самиот застој.
Во ремотот освен вработените на Макстил, учествува и реномирани фирми од светот кои успеаа да се вклопат во успешноста на целиот тим на Валавница. Меѓу поквалитетените извршители беа Кордс (Германија), ВВТеч (Полска), Интис (Хрватска) кои успеаа навремено да ги извршат сите планирани активности.
Проект лидер: Стефан Наумоски
Со цел да се заштити и задржи состојбата на валачкиот стан направен е план за замена на плочите на штендерите со биметални плочи. Овие плочи се изработени од посебен избор на материјали со специфичен дизајн кои помагаат во апсорпција на дел од силите кои се јавуваат при процесот на валање и го намалуваат преносот на истите. Со ова се доби подобра состојба на површините на штендерот, ќе се намали времето на промената на плочите, ќе се намали потребата од обработка на штендерите и подолго време ќе се задржи геометријата на валачкиот стан со што ќе се намали можноста на загуба на квалитет при процесот на валање.
ЗАМЕНА НА СИТЕ ПЛОЧИ НА ШТЕНДЕР НА ХОРИЗОНТАЛЕН
ВАЛАЧКИ СТАН СО БИМЕТАЛНИ ПЛОЧИ
Проект лидер: Дарко Каревски
Со замена на гусени решетки со челични на 6-ти ред на ладилник бр.2, успеавме директно да влијаеме на намалувањето на гребнатините на лимот, да ја подобриме површината на лимот и да ја зголемиме безбедноста на вработените.
Проект лидер: Слободан Андовски
Главната цел на овој проект беше да се зголеми безбедноста на опремата и во исто време да се намалат трошоците за масло и резервни делови кои се потребни за замена. Деловите на машината беа на работ на краен дефект. Посебно очекувавме проблеми со лежиштата кои се многу скапи и не можат да се најдат на пазарот.
Проектот опфати комплет замена на целиот систем за погонување на валаците со мотор по валјак наместо групен погон по валјак. За таа цел се набавија нови мотори, мотор редуктори и инвертори за нивно управување и нивна интеграција во постоечките системи за упраувување на Валавницата и Потисната Печка.
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ГРУПНИ ВАЛЦИ
ВО 27
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
Мерки за зголемување на безбедноста при работа и работните условипродолжува реализацијата на проектите за безбедно движење на повеќе зони и постројки во погонот.
1 3 5
Замена на 10 крански кабини – 8 кабини се монтирани заклучно 2021, останатите 2 ќе се монтираат во тек на застојот за ремонт 2022.
Комплетиран е делот на реновирање
на фасадниот дел на управна зграда на Валавница.
Бетонирани се над 840м2 подни површини низ погонот Валавница.
2 4 6
Во тек е реновирање
на канцеларискиот дел на управната зграда на Валавница.
Поставување на безбедносни огради, подни решетки и осветлување на 1500м крански стази во ладен дел на Валавница.
Завршено е реновирањето на операторските кабини во делот на пескара.
Проект за замена на погон на две транспортни секции во топлиот дел – во тек се подготвители активности, а реализацијата е планирана за јуни 2022.
Подготвителни активности за проект Станица за компримиран воздух за целокупниот погон на ВДЛ. Комплетна реализација се очекува во Q3 2022.
Подготвителни активности за реализација на проект за имплементација на биметални плочи на валачкиот стан. Комплетна реализација се очекува до крајот на јуни 2022.
Подготвителни активности за проект надградба на погонско вратило и штендер на валачки стан. Комплетна реализација се очекува до крајот на 2022.
Подготвителни активности за проект замена на решетки на ладилник бр.2. Комплетна реализација се очекува до крајот на јуни 2022.
Подготвителни активности за реализација на Ремонт 2022. Реализација е планирана до крајот на јуни 2022.
Секторот набавки во вториот квартал од 2022 година успешно ги реализираше тековните активности за обезбедување на сите потребни влезни материјали за непречено одвивање на производниот процес во двата погона. Во овој период продолжија и активностите околу подготовката на просторијата за новиот магацин 105 каде што ќе се врши складирање на материјалите за производство. Секторот исто така ја поддржа и набавката на сите потребни репроматеријали за непречено одвивање на ремонтните активности во погонот Валавница.
Продажбата на топловаланите дебели лимови во количински показатели за вториот квартал од 2022 изнесува 74.974т., од кои 50.168т. се со договор за преработка, додека останатите 24.805т. се продажби на Макстил. ФИНАСИИ
Во текот на вториот квартал од 2022 година беа завршени активностите околу финансиската ревизија за 2021 година. Финансиските извештаи и ревизијата беа завршени во предвидените рокови и поднесени за одобрување на Собрание на акционери. Тимот на сметководство и финансии се заблагодарува за несебичната поддршка од страна на сите останати сектори во компанијата кои на било каков начин беа вклучени во работата со ревизорите од PwC. Финасиските резултати за 2021 година се позитивни споредено со претходните години. Позитивниот тренд продолжува и во првите два квартали од 2022 година и покрај војната во Украина и потешкотиите што се појавија поради зголемените цени на енергенсите. Новост во Q2 2022 година е воведување на е-архивата во Макстил. Во месец мај 2022 година започна со работа архивата на Макстил како самостојна работна единица во рамките на секторот за финансии. Макстил доби сопствена централна архива со современ софтвер, кој ги задоволува сите законски потреби,а ќе придонесе за зголемена продуктивност на вработените и се очекува да помогне при понатамошна дигитализација на другите процеси во компанијата.
Во текот на вториот квартал од годинава бележиме умерена месечна флуктуација на вработените.
*Приказот на просечната плата е просек за последните дванаесет месеци од работењето
НА МЕСЕЦОТ
ВРАБОТЕНИ
РАБОТИМЕ
ПОДОБРУВАЊЕ НА
НАША ЦЕЛ Е „НУЛА“ ИНЦИДЕНТИ И ПОВРЕДИ ПРИ РАБОТА
Примери за Near Miss во погонот
Несоодветна употреба на опрема-вклучување на пневматски чекан (пикамер) на погрешна линија за напојување
Потфаќање на прст од лева рака при обид за прицврстување делот на импровизиран начин од два метални сегменти
Удар на камион во витло при транспорт на огноотпорни материјали од страна на надворешен добавувач „Флеш трејд“
Удар на камион во клешта од дигалка бр.58 при влез на камион за утовар
МАКСТИЛ ОВАА ГОДИНА ДОБИ ПРВА НАГРАДА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
На нашата компанија и беше доделена првата награда за спроведување добри практики за безбедност и здравје при работа за 2021 година. Според комисијата за евалуација компанијата беше избрана како најдобар правен субјект, кој реално и стручно, придонел во сопствениот развој, инвестирајќи и имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени.
Наградата беше доделена на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, а организатори и иницијатори за евалуација на условите за работа во македонските компании се Меѓународната организација на трудот (МОТ) – Канцеларијата во Скопје и Министерството за труд и социјална политика.
Со цел подобрување на условите за работа и создавање максимално безбедна работна средина, изминатите години Макстил ангажираше меѓународен консултант за подобрување на безбедноста на сите вработени. Со имплементирање на експертските препораки Макстил значително ги подобри безбедносните перформанси во производните погони на компанијата и воспостави современи безбедносни практики, а сето ова придонесе за подобрување на компаниската безбедносна култура.
Компанијата Макстил е целосно посветена на спроведување на политиката за животна средина, што претставува рамка за воспоставување цели во делот на животната средина. Целите на животната средина се утврдени со цел да се минимизира влијанието врз животната средина, тие се предмет на постојана ревизија и подобрување, вклучувајќи:
а) Зачувување на здрава животна средина и спречување на негативното влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, усогласеност со важечките законски регулативи, целосно почитување на барањата на стандардот ISO 14001 и постојано подобрување на ефикасноста на системот за животна средина; б) Максимална употреба на влезните материјали и рециклирање на отпадот, рационална и ефикасна употреба на материјалите и на природните ресурси, како и почитување на еколошките и етичките императиви при донесувањето инвестициски одлуки; в) Постојана едукација на вработените за добри практики во делот на животната средина и нивна мотивација за вклучување во активности за заштита на животната средина, континуирано следење на влијанието на производните процеси врз животната средина; г) точни се одговорите под а), б) и в)
Во ___________ година, во организација на Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, на компанијата Макстил АД – Скопје и беше доделена награда за компанија со најдобра пракса на безбедност и здравје при работа.
а) 2019 година; б) 2020 година; в) 2021 година; Постојат _________ различни квалитети на челик со различни физички, хемиски и еколошки својства. Во изминатите 20 години се развиени околу 75% од современите видови челици.
а) 2000 б) 3000
в) Повеќе од 3.500
Производството на челик се одвива на два начина, со помош на Висока печка и со помош на Електро печка. Во Макстил, производството на челик се врши со:
а) Електро печка б) Висока печка в) Електро и Висока печка
Oдговорите на прашањата ќе следат во наредниот број на Инфостил.
Точни одговори од предходниот број: Макстил квиз: 1-а, 2-б, 3-а, 4-в.
Колку триаголници има на сликата?
Не’рѓосувачки челик: челик со процент на Cr (хром) не понизок од 12%. Дуктилност (растегливост): способност на материјалот да претрпи значајна пластична деформација пред да скрши; може да се искаже во процентуално издолжување или редукција на пресекот кои се мерат со проба за кинење. Валање: процес на обработка на металите со кој материјалот се деформира така што ја смалува својата дебелина а ја зголемува својата должина и ширина. Топло валање: постапка за обработка на металот која се извршува на температури повисоки од температурата на рекристализација. Ладно валање: постапка за обработка на металот со помош на пластична деформација, извршена на температури пониски од температурата на рекристализација.
„Човекот е производ на своите мисли. Она што го мисли, тоа и станува“ - Махатма Ганди „Не станува збор за целта. Станува збор за растење за да станеме личност која може да ја постигне таа цел“ - Тони Робинс „Оптимизмот е најважната особина на човекот, бидејќи ни овозможува да ја подобриме нашата ситуација и да се надеваме на подобро утре“ - Сет Годин
Ви го претставуваме бродот А-РОСА Рајна (A-Rosa Rhine), кој е модерен брод за речно крстарење со кој се поставени нови стандарди во крстарењето.
Трупот на бродот е изграден со лимови на Макстил во романското бродоградилиште Северин, додека изведбата на внатрешниот ентериер е извршена од страна на холандско бродоградилиште. При изградбата на бродот се употребени 1.700 тони топловалани лимови произведени во Макстил. Овој брод овозможува одржлив начин на крстарење и придонесува да се намали загадувањето во градовите, бидејќи влезот во пристаниште се прави со користење на погон на батерии.
Располага со 20 стандардни кабини и дополнителни 28 луксузни кабини за најмногу пет лица. Исто така на палубата има и базен од 23 м2, а располага и со велнес центар кој нуди простор за релаксација.
ВО СВЕТОТ
МАКСТИЛ