СОДРЖИНА
ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНАТА ДИРЕКТОРКА ВОВЕД
ИНТЕРВЈУА СО ПРОЕКТНИ ЛИДЕРИ: Челичарница Валавница
ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И ЗАШТИТАТА ПРИ РАБОТА АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
Челичарница
Валавница
ЕКОНОМИКА ВРАБОТЕНИ
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОВИД-19

МАКСТИЛ ВО СВЕТОТ
ЗАНИМЛИВОСТИ
Марија Дуковска-Павловска Генерален директор
Почитувани колеги, Сакам на сите да ви заблагодарам за прекрасното добредојде, отвореноста и поддршката која ја добив од сите вас во период кога најмногу е потребна.

Да бидам дел од Макстил за мене претставува чест, но истовремено и голем предизвик. Станав дел од компанија со одлична позиционираност во регионот, компанија со историја, искуство и знаење, кои несомнено се добра основа за контунуиран раст и развој.
Ме радува и го поддржувам фактот што еден од главните приоритети на Макстил е безбедноста и здравјето на сите вработени. Ве периодот кој следи продолжуваме со континуирана едукација, зголемување на нивото на свесност на секој од нас како и градење на работна средина која обезбедува безбедно завршување на секој работен ден. Завршените инвестициски вложувања во изминатиот период, како и плановите за идните инвестиции за подобрување на производствените линии и подобрување на ефикасноста при работењето нè носат како Макстил, многу поблиску до современа компанија која ќе држи чекор со сите нови и динамични трендови на глобалниот пазар на челични производи. Активностите поврзани со животната средина, континуирано следење на повеќе параметри од законски дефинираните во „А“ интегрираната дозвола како и успешно завршениот проект за повторна употреба на троската како секундарна суровина ме прават да се чувствувам гордо кога ќе кажам дека сум дел од тимот на Макстил. Вложувањето во заедницата заедно со грижата за околината создаваат позитивни промени кои на долг рок ја подобруваат добросостојбата на граѓаните во општеството и ја истакнуваат грижата на Макстил за генерациите кои доаѓаат.
Во овој период на неизвесност во поглед на глобалните случувања, воен конфликт и истовремено
и глобална енергетска криза, останува да се фокусираме на она на кое можеме да влијаеме и да го подобриме, а тоа е нашата професионалност, посветеност и меѓусебна поддршка. На овој начин можеме да ја оствариме долгорочната цел да го направиме Макстил, компанија која ќе биде препознатлива по континуирано подобрување, подобрување на луѓето на нивните знаења и вештини, континуирано подобрување на процесите и подобрување на животната средина како компанија со „нула отпад“.
Верувам дека заедно ќе направиме уште повеќе во годините кои следат.
Со почит, Марија Дуковска-Павловска Генерален директор
Светлана Смилевска Крстевска
Директор за инвестиции и развој
ВОВЕД
Успешноста и развојот на секоја компанија се темели на континуирано вложување во унапредување на производните процеси, модернизација и следење на чекор со најсовремени техники и технологии како и подобрување и одржување на високо ниво на безбедност и услови при работа. Менаџментот на Макстил последните шест години го следи овој тренд и се обидува да обезбеди континуиран развој на компанијата на секое поле.

Со цел обезбедување на комплетна поддршка на овој процес од највисоко ниво целиот процес е одблизу следен од Комитет за инвестиции, тело во рамки на Одборот на директори. На овој начин е создаден систем кој обезбедува квалитетен избор и приоретизација на инвестициски проекти кои произлегуваат од погоните и останаите сектори на Макстил и создаваат реални и видливи придобивки за компанијата.
За да се постигне одржлив и унифициран начин на следење на целиот процес од идеја до комплетна реализација потребен е систематизиран пристап.
Тоа подразбира прибирање и разработка на идеи од сите нивоа, дефинирање на потреби, прибирање на квалитетни понуди сè до комплетна реализација.
Целиот овој процес е координиран и контролиран
од страна на секторот за Инвестиции и развој, кој директно одговара пред Комитетот за инвестиции.
Процесот во најголема мерка се потпира на дефинирани
проектни тимови со назначени проектни водители, кои согласно интерните процедури на Макстил имаат јасно

дефинирана постапка како да го изведат целиот процес на високо професионален начин вклучувајќи ги сите технички, безбедносни и комерцијални сегменти. Со цел да се мотивираат тимовите од оваа година од страна на Комитетот за инвестиции е одобрен модел за дефинирање на награден фонд за успешно реализирани проекти.
Макстил како наследник на металуршкиот комплекс Рудници и железарница „Скопје“, во многу делови сè уште работи со стара призводна опрема, која датира од времето на изградбата на стариот индустриски капацитет. Ова остава голем простор за нови идејни решенија за осовременување на целокупната опрема и процеси. Со имплементација на вака дефинирани развојни инвестициски проекти Макстил постепено прераснува во современа фабрика препознатлива по високото ниво на квалитет, ефекасност и безбедност при работа компетитивно со најсовремените капацитети од овој вид.
Во овие шест изминати години во најголема мерка фокусот е насочен кон обезбедување на квалитетна и технолошки најсовремена опрема, како за подигнување на нивото на ефикасност, така и на нивото на безбедност и услови при работа. Одборот на директори почнувајќи од 2019 година отпочна циклус на одобрување на инвестициски проекти и буџет за таа намена на редовно годишно ниво. Со оваа иницијатива се постигна видлив и заначаен исчекор во подигањето на нивото на безбедност и условите при работа. Истовремено се интензивираше процесот на модернизација на постоечките постројки и набавка на нова опрема со најсовремена технологија во делот на автоматизација.
Стратешката определба на целиот тим на Макстил и понатаму продолжува во насока на развој на долгорочни одржливи планови со цел безбеден, ефикасен и модерен Макстил.
Во овој број преку видувања на проектините лидери ви преставуваме само дел од успешно реализираните проекти во изминатиот период.
Светлана Смилевска Крстевска Директор за инвестиции и развој

Драган Мијалковски – Директор на Челичарница






„Едни од најважните, круцијални инвестиции што се изведуваат во Макстил се инвестициите поврзани со зголемување на нивото на безбедност на вработените и подобрување на условите за нормално функционирање на погонот. Реализирани активности во овој дел се лифт за безбеден пристап на извршителите до дигалките, гардероба со бања за сите вработени во погонот, реновирање на тоалети и платформи за одржување на повеќе постројки, како и платформи за контрола на старо железо. Како проекти поврзани со оваа тематика се челични јажиња за безбедно движење по дигалкарски патеки, реновирање на канцеларии и операторски кабини во нашиот погон, но и замена на кабини од дигалки. Придобивките од овие инвестиции се огромни, затоа што преку вакви проекти ја подигнуваме свеста и меѓу вработените за важноста и спроведувањето на сите мерки што се преземаат во врска со безбедноста. Секој вработен може да се вклучи со свои идеи и предлози поврзани со безбедноста. Во изминатите три, четири години направивме евидентен напредок на полето на безбедноста, инвестирани се финансиски средства во висина од 500 илјади евра, а во тек на реализација се дополнителни 325 илјади евра.“

„НАПРАВИВМЕ ЕВИДЕНТЕН НАПРЕДОК
ПОЛЕТО НА БЕЗБЕДНОСТА, СЕКОЈ ВРАБОТЕН МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧИ СО ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ ПРОЦЕСОТ НА РАБОТА“
ЧЕЛИЧАРНИЦА
ИНТЕРВЈУ
Благојче Димчевски – Одговорен за оператива за старо железо



„Како проектен лидер и заедно со тимот, имплементиравме проект - „Автоматско вагање на старо железо“ и набавивме две нови мобилни дигалки на старо железо. Преку реализација на проектот - автоматско вагање се елиминира можноста за предадена погрешна тонажа кон електро печка, а со тоа се регулираат и параметрите за работа на агрегатот. Би сакал да истакнам дека во делот на плацот со старо железо можноста за дебаланс на квантитативната состојба е сведен на минимум. За да биде ефективна и ефикасна оперативата чија основна задача е истоварселекција-подготовка-предавање кон електро печка, набавивме две нови мобилни дигалки. Со тоа ја подобривме селекцијата и подготовката
на старо железо, елиминиравме дополнителни трошоци кои се правеа при ангажирање на механизација од надворешни фирми. Инвестицијата во делот на автоматско вагање на корпите со старо железо изнесува 72 илјади евра, додека пак за модернизација на опремата и набавката на двете мобилни дигалки потрошени се 520 илјади евра. Ваквите вложувања се од огромно значење за Макстил затоа што резултираат со безбедно и квалитетно работење и сметам дека инвестициите треба да продолжат и понатаму. Старо железо е сектор кој треба континуирано да се обновува со механизација за да имаме успешна реализација на оперативните планови. Како идеја предлагам изработка и опремување на посебна работилница (вулканизер) за санација на оштетени гуми со што во значителна мера ќе се подобри работата на секторот механизација кој е дел од единицата на старо железо, понатаму бетонирање на останатиот простор за складирање на старо железо, како и набавка на магнетен сепаратор за континуирана деметализација на НУП-от.“

„ИМПЛЕМЕНТИРАВМЕ ПРОЕКТАВТОМАТСКО ВАГАЊЕ НА СТАРО ЖЕЛЕЗО И НАБАВИВМЕ ДВЕ НОВИ МОБИЛНИ ДИГАЛКИ“
Томе Тасев – Директор на производство во Челичарница

„Макстил треба да продолжи да вложува во нова опрема со која ќе ги подобрува условите за работа на вработените, а квалитетот на извршените работни задачи ќе биде поголем при правилна употреба на таа опрема. Кај сите инвестиции е опфатена безбедноста како главна гранка во нашата работа. Можам слободно да потврдам дека повредите и можностите за повреда кај вработените се значително намалени. Во делот на инвестиции реализиравме проект - „Детекција на троска“ која претставува индустриска конфигурација од термална камера и компјутерска визуелизација за детектирање на навлегување на троска од ливниот казан во меѓуказанот, при крај на леење на ливниот казан, и за време на континуирано леење на челикот во серија. Втората инвестиција која ја реализиравме е автоматско земање проба и температура, што всушност претставува робот кој прецизно и безбедно зема пробна температура од течниот метал. Со оваа машина се елиминираат досегашните повреди кои ги имавме во делот на електро печка каде вработени беа директно изложени на опасности при извршување на работните задачи. Како предлог идеја или сугестија би напоменал дека потребно е да ги зголемиме дополнителните обуки на вработените, како и тренинзите за доусовршување на нивните способности при манипулација со новата опрема.“



„СО НОВАТА ОПРЕМА ГИ ЕЛИМИНИРАВМЕ ДОСЕГАШНИТЕ ПОВРЕДИ КОИ ГИ ИМАВМЕ ВО ДЕЛОТ
НА ЕЛЕКТРО ПЕЧКА КАДЕ ВРАБОТЕНИТЕ БЕА ДИРЕКТНО ИЗЛОЖЕНИ НА ОПАСНОСТИ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“
ВАЛАВНИЦА

ИНТЕРВЈУ
ГОДИНИ. ЗА ОВАА ГОДИНА

ПРЕДВИДЕНИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 310 ИЛЈАДИ ЕВРА. ВО ОДНОС НА


Боби Крстевски –
Директор на Валавница
„Во однос на претходните години, Макстил многу напредува во полето на безбедноста и здравјето при работа. Тим лидер сум на проектите за подобрување на безбедноста во погон ВДЛ кои почнаа да се реализираат од 2018 година. Направивме голем број инвестиции - погонско осветлување со имплементација на 180 нови ЛЕД рефлектори како замена на дел од постојните живини рефлектори и дополнување на места каде имаше потреба од дополнително осветлување. Ставивме заштитни огради и сигурносни платформи за заштита од премин преку опасни делови на погонот и за побезбедно извршување на активности за одржување на постројките. Направивме нови мостови за премин преку пруга во Аѓустажа, безбедносни линии, со имплементација на безбедносни сајли и огради. Исто така, реализиравме активности со реновирање и замена на операторски кабини со нови за подобри работни услови за операторите, но и поставување на кабини-гардероби низ погонот. Направивме уште многу други активности кои придонесуваат за подобрување на безбедноста и здравјето на вработените со што се олесни извршувањето на секојдневните работни обврски. Во изминатите три години во безбедносни проекти беа инвестирани 642 илјади евра, а за оваа 2022 година предвидени се дополнителни 310 илјади евра. Императивот за Макстил е безбедноста на вработените, а инвестициите на ова поле од година во година се зголемуваат.“

„ВО БЕЗБЕДНОСНИ ПРОЕКТИ ИНВЕСТИРАНИ СЕ 642 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ
Кирил Стојаноски – Директор на машинско одржување во Валавница

„Само со желба за заеднички успех и максимална посветеност на секоја единка во тимот може да реализираме успешна инвестиција. Особено ми е драго што имав чест да водам одлични тимови во инвестицијата - „Преса за лимови“, која овозможи самостојно исправување на грпките на лимот, а со тоа и испорака на повисока класа на рамност кај подебелиот материјал кон купувачите. Набавивме нови кранови во погон ВДЛ бр. 63 и 64, ова е проект со кој треба да се гордее секој вработен во погонот. Крановите од ВДЛ од една катастрофална состојба стигнаа до многу поуспешна приказна со огромни заштеди во секој аспект од нивното работење. Исто така, поставивме филтерска станица за влезна вода во погон ВДЛ, со што добивме многу поголема сигурност на прочистување на крупните нечистотии во индустриската вода. Макстил е на вистинскиот пат, затоа што со огромни вложени средства, тимска работа и добро решавање на сите проблеми успеа да го стабилизира работењето на ВДЛ. Со секоја инвестиција се подобри работата и состојбата на фабриката.






„МАКСТИЛ Е НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ, СО ОГРОМНИ ВЛОЖЕНИ СРЕДСТВА, ТИМСКА РАБОТА И ДОБРО РЕШАВАЊЕ НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ УСПЕА ДА ГО СТАБИЛИЗИРА РАБОТЕЊЕТО НА ВДЛ“
Макстил изминативе години вложува сериозни средства во унапредување и зајакнување на безбедноста и процесите во компанијата, подобрување на условите за работа, но исто така презема и конкретни мерки за едукација, мотивација и напредок на вработените.

Во ВДЛ-Отпрема, во последните две години инвестицијата од 5 милиони денари која е отпочната и завршена е „Камионска вага и пристапниот пат до камионската вага“, при што е забрзан процесот за целокупниот сектор. Добиено е 24 часовен непрекинат процес на отпрема, целокупен увид на транспортот, односно мерењата на празни и товарени камиони. Овозможени се и нови опремени модерни простории со современи и безбедни услови за работа. Поставен е уред за детектирање радиоактивност, изградени се стандардизирани пристапни скали и оградена платформа, и осветлен пристапен терен. Во однос на дополнителни инвестиции пожелно е да се изврши покривање на вагата за заштита од надворешни фактори и царинскиот простор да се стандардизира и модернизира, како и да се направи сообраќаен режим за безбедно движење на возилата и пристапни патеки до вагата за вработените и возачите.

Михаило СекуловскиОдговорен за магацин за лимови и отпрема

ИНВЕСТИЦИИ ВО ВДЛ-ОТПРЕМА
Игор Богески – Директор за квалитет

„Една од големите инвестиции што ги направивме во изминатиот период е инсталирање на два секатора за сечење на подебели лимови во Аѓутажа. Со оваа инвестиција обезбедивме четворострано сечење на сите лимови со дебелина над 25мм, изедначено сечење на сите страни, паралелност на сите страни и намален вишок материјал кој оди кон купувачите. Макстил има голема придобивка од оваа инвестиција затоа што го подобрува квалитетот на финалниот продукт, ги намалува трошоците и го подобрува имиџот на компанијата. Во делот на двата секатора беа потрошени околу 300 илјади евра, а повратот на инвестицијата е завршена за 2 години. Во делот на заштита на здравјето и безбедноста при работа, активностите поврзани со проектот кој го води Дејвид Вилиамс овие три години го дадоа својот ефект и ја зголемија безбедноста на Макстил на ниво кое е далеку од останатите субјекти во државата, пред сè од истата индустрија, но и пошироко.“


„МАКСТИЛ ИМА ГОЛЕМА ПРИДОБИВКА ОД РЕАЛИЗИРАНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗАТОА ШТО ГО ПОДОБРУВА
КВАЛИТЕТОТ НА ФИНАЛНИОТ ПРОДУКТ, ГИ НАМАЛУВА ТРОШОЦИТЕ
И ГО ПОДОБРУВА ИМИЏОТ“
НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДОТ“




Слободан Андовски – Одговорен инженер при Електро одржување
„Со позицијата како проектен лидер, заедно со тимот, успеавме да имплементираме проект „Модернизација на главен погон и балансна хидраулика“ и опфативме поголем дел од модернизацијата на управувањето на Валавница како замена на драјвовите од помошните погони и софтверот за AGC и линеалите. Преку реализација на овој проект кој не чинеше 2 милиони 280 илјади евра комплетно ја заменивме застарената опрема, а останатата опрема се поврза со новиот моќен контролер. Горд сум што ја зголемивме ефикасноста и продуктивноста на Валавница, имаме подобра дијагностика, дефектите се сведени на минимум и нашиот фокус е кон зголемување на квалитетот на производот. Од самиот почеток на мојот ангажман во компанијата работам на проекти и инвестиции кои не само што ја зголемуваат ефикасноста на постројките, туку и ги подобруваат условите за работа на вработените кои ги одржуваат машините. Макстил постојано инвестира во проекти, го следи техничкиот и технолошкиот развој во металната индустрија со што ни овозможува да бидеме конкурентни на металуршкиот пазар.“

„ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ ЕФИКАСНОСТА И
ПРОДУКТИВНОСТА НА ВАЛАВНИЦА, ИМАМЕ ПОДОБРА ДИЈАГНОСТИКА, ДЕФЕКТИТЕ СЕ СВЕДЕНИ НА МИНИМУМ, А ФОКУСОТ Е НАСОЧЕН КОН ЗГОЛЕМУВАЊЕ
Ѓоре Димовски – Технолог координатор, Инженер за контрола на процес


„Реализиравме инвестиција Маркер за топли лимови после рамналка, која претставува роботска рака што ги маркира топлите лимови со податоци како што се број на мајка лим, димензии потребни за обележување и дали на конкретниот лим му е доделена проба за механички испитувања. Макстил направи големи чекори напред во инвестирањето, како во делот на безбедноста и здравјето при работа, така и во делот на зголемување на производството и квалитетот. Конкретно, за инвестицискиот проект Маркер за топли лимови после рамналка којшто јас го водев потрошени се 232 илјади евра. Ми се допаѓа планот за инвестиции, бидејќи се консултираат сите работници, инженери по вертикала и хоризонтала за предлог идеи кои би можеле да се имплементираат со цел подобрување на тековното работење. Во моментов, веќе работам на предлози и сугестии за нови инвестициони проекти за подобрување на работењето во делот на Отпрема.“

„ЗА ПЛАНОТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ СЕ КОНСУЛТИРААТ СИТЕ ВРАБОТЕНИ, ИНЖЕНЕРИ ПО ВЕРТИКАЛА И
ХОРИЗОНТАЛА, СО ЦЕЛ ПРИБИРАЊЕ ИДЕИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТЕКОВНОТО РАБОТЕЊЕ“
Тони Спасовски - Координатор за реализација на нарачки


„Инвестиравме во поставување на нов и уникатен Автоматски секатор за слабови, кој има шест горилника со автоматска регулација на енергенсите. Сите горилници се користат истовремено и синхронизирано, со што ја зголемивме ефикасноста на подготвителниот процес, прецизноста и правилноста. Кај автоматското сечење, во иднина може да го замениме процесот на оксигенското „флемање ивици“ кај секундарните слабови со процес на механичко отстранување на ивиците, со т.н „Deburring“ технологија. Макстил вложува во квалитетни и безбедни машини за своите вработени, а за оваа намена потрошени се околу 495 илјади евра. Во иднина, би можеле да размислуваме и за изнаоѓање модус на автоматизација на магацинското работење, со што значително би го забрзале и усовршиле процесот на манипулација со полуфабрикатите низ магацинскиот простор, но и со завршениот производ во останатите делови од ВДЛ, односно во погоните на Макстил.“

„ИНВЕСТИРАВМЕ ВО ПОСТАВУВАЊЕ НОВ И УНИКАТЕН АВТОМАТСКИ
СЕКАТОР ЗА СЛАБОВИ, КОЈ ИМА
6 ГОРИЛНИКА СО АВТОМАТСКА
РЕГУЛАЦИЈА НА ЕНЕРГЕНСИТЕ“
ЗАЕДНО РАБОТИМЕ НА
ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА


НАША ЦЕЛ Е „НУЛА“
ИНЦИДЕНТИ И ПОВРЕДИ ПРИ РАБОТА

Примери за Near Miss Неовластено кастрење на дрво од надворешен изведувач - РЖ Интертрансшпед

Неовластено управување со превлачник при најавена работа за по

Работа во погон без заштитна опрема од надворешен изведувач ЈУГ (поправка на шините на надземните кранови во РЕ Отпрема)


Небезбеден начин на замена на стакло на кабина од дигалка бр.21 (извршено од страна на надворешен изведувач од фирмата Огледало, истиот парчињата ги фрлал долу без да го обезбеди просторот на кота о-о)


Санација на столпчиња - придвижување на композиција со вагони (при активност заварување на столпчиња од вагон од страна на извршител, доаѓа до придвижување на композицијата, од страна на МЖ, при тоа настанaло оштетување на опремата за заварување)



АКТИВНОСТИ
Во првиот квартал од 2022 погонот работеше во текот на февруари и март, при што беа произведени 51.242т. слабови, што споредено со планираното производство (78.000т.) претставува намалување од околу 34%. Во текот на целиот квартал извадокот старо железо – слаб во споредба со планираниот извадок е понизок од 2,3 п.п. во февруари до 0,8 п.п. во март, во однос на планираниот. Извадокот слаб прва класа за февруари бележи намалување во однос на планираниот и изнесува 88,8%, додека во март е понизок од планираниот за 0,8 п.п. Потрошувачката на ел. енергија и активното време на изработка на една шаржа бележат намалување во текот на кварталот. Просечниот број на произведени шаржи на дневно ниво во февруари и март изнесува 10,2 одн. 13,2 соодветно.
Производство на слабови Q2 2021 - Q1 2022




Извадок старо железо - слаб во %
Извадок слаб прва класа во %
ВО ПОГОНИТЕ ЧЕЛИЧАРНИЦА





Продолжуваат активностите за демолирање на конверторски кули на покривот на погонот Челичарница.
Активностите за зголемување на безбедноста при работа и работните услови:

Во завршна фаза е комплетното
реновирање на управната зграда
на погонот. Се очекува истото да се
заврши до крај на втор квартал од 2022.
Комплетиран нов канцелариски простор
за координатори и електро одржување

во делот на конти лив.
Во тек е изработка на нови 8 крански кабини, истите се очекува да бидат испорачани во Макстил до крајот на 2022.
Отпочнати активности за реновирање на операторски кабини во погонот.
Нова опрема во делот на 3ЕП – во тек на месец јануари направена е комплетна монтажа и инсталација на опремата за регулација на дел од транспортната линија на излез од конти лив, кранови и количка за транспорт на слабови.
Комплетирани договори за реализација на надградба на софтверските решенија за следење на текот на набавка, контрола, прием и потрошувачка на старо железо. Во тек е изработка на новите софтверски решенија. Се очекува комплетирање на проектот до крај на 2022.
Оствареното производство на дебели лимови во првиот квартал на годинава во производниот погон Валавница изнесува 79.495т. Во однос на поставениот производен план за првиот квартал од оваа година (71.328т.), ова претставува зголемување од околу 11%. Зголемувањето на производството се должи на зголемениот обем на нарачки, кој овозможува подобро планирање и зголемување на продуктивноста. Подобрување е регистрано во делот на извадокот слаб -лим од 1,0 п.п. во февруари, додека производството на лим прва класа во текот на целиот квартал е повисок од планираниот. Кај потрошувачката на електрична енергија и природен гас е регистрирано намалување.
Производство на лимови Q2 2021 - Q1 2022

Извадок слаб - лим %


Потрошувачка на природен гас Nm3

АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ ВАЛАВНИЦА




ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОГОНОТ
ВАЛАВНИЦА ВО ПРВИОТ
КВАРТАЛ НА 2022
АКТИВНОСТИ ВО ПОГОНИТЕ
ВАЛАВНИЦА
Мерки за зголемување на безбедноста при работа и работните условипродолжува реализацијата на проектите за безбедно движење на повеќе зони и постројки во погонот
1 3
Замена на 10 крански кабини – 6 кабини се монтирани заклучно со 2021, 2 монтирани во првиот квартал во 2022, останатите 2 се очекува да се монтираат заклучно со крајот на ремонтните активности во погон

ВДЛ, крај на јуни 2022.
Отпочнати активности за реновирање

на управната зграда на погонот Валавница (во тек се активности за комплетно реновирање на приземјето и скалишниот дел)
2 4
Отпочнати се активности за подобрување на безбедното движење по крански патеки во должина од 1500м (огради, патосници, осветлување)
Набавка на возило телескопски вилушкар – екипиран, возилото е ставено во употреба.
Проект за замена на погон на две транспортни секции во топлиот дел – подготвителни активности, испораки на материјали, реализацијата е предвидена за јуни 2022.
Проект замена на еден ред на решетки за ладилник бр.2 - подготвителни активности, испорака на материјали, реализацијата е предвидена за јуни 2022.
Проект станица за компримиран воздух – подготвителни активности, испорака на материјали, реализацијата е предвидена за јуни 2022.
Проект биметални плочи за потпорни валци на штендер на Хоризонтален Валачки Станподготвителни активности, испорака на материјали, реализацијата е предвидена за јуни 2022.
Капитално одржување – ремонт 2022 - подготвителни активности, испорака на материјали, реализацијата е предвидена за јуни 2022.
ЕКОНОМИКА
Секторот набавки во првиот квартал од 2022 година и покрај големите препреки успешно ги реализираше испораките на сите материјали за производство и резервни делови, кои беа планирани за првиот квартал на 2022 година. Во текот на овој период продолжија активностите околу подготовката на просторијата за новиот магацин 105 каде што ќе се врши складирање на материјалите за производство.
Активносите на ЈЗУ Универзитетска Kлиника за детски болести се одвиваа со зголемен интензитет и истите беа завршени заклучно со првиот квартал, согласно поставениот план за реализација.
ПРОДАЖБИ
Продажбата на топловаланите дебели лимови во количински показатели за првиот квартал од 2022 изнесува 80.610т., од кои 53.868т. се со договор за преработка, додека останатите 26.743т. се продажби на Макстил.
Продажба на лимови Q2 2021 – Q1 2022

ФИНАСИИ
Првиот квартал од 2022 година секторот финансии работеше на подготовка на финансиските извештаи и сумирање на резултатите за 2021 година. Остварените резултати за 2021 се позитивни со зголемена добивка во однос на претходните периоди. Позитивните финансиски резултати продолжија и во првиот квартал од годинава со надеж и очекување за одржување на истиот тренд и во следниот квартал.

Во соработка со банките, како и претходните години обезбедени се средства за финансирање на новиот инвестициски циклус во 2022 година како и финансиски средства за набавка на неопходните суровини и материјали потребни за производство и одржување на тековните активности согласно поставените планови за 2022 година, а притоа имајќи ги во предвид зголемувањата на цените на сите влезни материјали. Трендот на зголемување на цените на суровините и материјалите за производство продолжи и во првиот квартал во 2022, но сепак компанијата успеа да ја задржи високата ликвидност и навремено да ги исполни своите обврски кон добавувачите.

ВРАБОТЕНИ
Во текот на првиот квартал од годинава бележиме умерена месечна флуктуација на вработените.
Број на вработени во Q2 2021 – Q1 2022



Просечна плата Q2 2021 – Q1 2022





*Приказот на просечната плата е просек за последните дванаесет месеци од работењето
ПРИКАЗ
БРОЈОТ НА ПОВРЕДИ 2017 - 2022
Вкупен број на повреди при работа Q1 2022 Повреди при работа Администрација Q1 2022
НИКОЈ
кој успешно, ефективно и безбедно го води тимот на валачка пруга е избран за вработен на месецот октомври 2021. Благодарност до целиот тим на валачка пруга, за производството на квалитетен лим. Напорната и квалитетна работа е секогаш наградена! ВРАБОТЕН НА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2021: АЛЕКСАНДАР МИЦЕВСКИ, Асистент на одговорниот за валачка пруга


ВРАБОТЕН НА МЕСЕЦ МАРТ 2022:

ЦВЕТАН АТАНАСОВСКИ
Администрација
За вработен на месецот – март 2022 едногласно го избравме Цветан Атанасовски, кој секојдневно со позитивна енергија и
ентузијазам ги извршува примените работни
задачи. Без разлика дали станува збор за
интерни активности и работни задачи или пак


активности поврзани со институциите на РС
Македонија, деловните соработници секогаш

работата ја завршува професионално и доследно.

Цветан ти си пример за сите наши колеги, само продолжи така ѝ понатаму! Ти честитаме и се гордееме со тебе!
бидејќи знаеме
вработени,
ВРАБОТЕНИ ВРАБОТЕН НА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2022: СТЕФАН НАУМОСКИ Одговорен инженер за машинско одржување
во човечкиот капитал. Продолжуваме
се грижиме, да вложуваме и да ги мотивираме нашите
ВРАБОТЕНИ НА ГОДИНАТА 2021

Предходниот генерален директор на Макстил АД, Иван Бановски, заедно со менаџментот на компанијата во месец декември доделија 33 телевизори за 33 најдобри вработени во 2021 година. Овој гест претставува признание за вложениот труд на вработените во изминатата година, но и поттик повеќе раководството на Макстил АД да продолжи да вложува во човечкиот капитал, во развој и едукација, но и во мотивација и напредок кај секој еден вработен.
Се заблагодаруваме на сите што сте дел од тимот на Макстил АД, посакуваме да имаме уште многу успеси на кои заеднички ќе се гордееме во годината што следува.
ЧЕЛИЧАРНИЦА
Одржување со ст. железо

Нијази Бекири Александар Баждаров Ибраимовски Селим Рубин Петковски Сашо Ангелковски Стојан Теновиќ Сашо Момировски Филев Стојче Баки Алаедин Љупчо Неделковски
Производство
Ристе Богатинов Африм Адеми Алајдин Бајрами Блажо Делов
ВАЛАВНИЦА
Производство
Контрола на квалитет
Панче Крстевски
План и програм
Даниел Китановски
Економика
Одржување


Жарко Спасовски Александар Павловски Тодорче Божиновски Борче Сетинов Хамид Елјезе Игор Петковски Зоран Груевски Бобан Каскаревски Оливер Јованоски Sвонко Димитриевски Власте Ѓеоргиевски

Ивана Арсиќ Борче Павлески Алексо Јанушевски Михајло Митев
Опрема - транспорт и логистика
Стефан Смилевски Даниел Трајковски Зоран Теовски
БИДИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРЕН – ДОНИРАЈ!
Црвениот Крст донираа 100 пакети со храна и средства за хигиена на социјално загрозени семејства од оваа општина, во рамки на хуманитарната акција „Биди општествено одговорен - ДОНИРАЈ“.

Макстил АД во соработка со Општина Гази Баба и
Оваа акција беше спроведена за да им се помогне на социјално загрозени семејства во пресрет на новогодишните празници. Покрај хуманитарниот придонес, потпишан беше и Меморандум за соработка со повеќе компании кои имаат седиште на територијата на Општината.

Макстил АД е општествено одговорна компанија која досега има поддржано голем број институции, организации и групи на граѓани. Со ваков интензитет продолжуваме и во следниот период со поддршка на хуманитарни акции, затоа што само заеднички можеме да ги подобруваме и унапредуваме состојбите во државата.
ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА МАКСТИЛ СО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗА
РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА
Предходниот генерален директор на Макстил АД Иван Бановски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски и претставници од основното училиште „Григор Прличев“ засадија 50 садници во кругот на ова училиште со што започна широката акција на компанијата за раззеленување на повеќе локации во општината. Спроведената акција на Макстил АД е дел од долгорочната определба и грижа на компанијата за животната средина, за локалното население и за подобрување на квалитетот на воздухот. Во следниот период ќе бидат засадени садници на повеќе локации, меѓу кои археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари, Неолитско село, населба Ченто, во Паркот на 12те Апостоли и Меморијалниот парк на Горан Стоименовиќ, населено место Инџиково и дворот на основното училиште Стив Наумов, населба Автокоманда.
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ






Хуманоста, грижата, безбедноста и напредокот се главната одлика на Макстил АД. Седум вработени од нашата компанија заедно со Ретвитни оброк и НВО Вистински дела на љубезност во месец декември подготвија оброци за 118 граѓани од социјално загрозени категории и потоа беа распределени на неколку локации во Скопје.



Во планот на активности за 2022 година Макстил АД има предвидено бројни хуманитарни акции и донации кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните и ќе ја унапредат заедницата. Веруваме дека ќе придонесеме за мотивирање на нашите вработени, но и заеднички да овозможиме посреќен живот на социјално загрозените граѓани. Секој заслужува шанса, поддршка и подадена рака.




МЕРКИ
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19
„За здравјето твое и здравјето на твоите блиски, вакцинирај се“ Димитар Цветковски – Претседател на Одборот на директори Како последица на коронавирусот во светот животот го загубија повеќе од шест милиони луѓе, а инфицирани се околу од 526 милиони1. Кај нас во Македонија инфицирани се повеќе од 311 илјади лица, а бројот на смртни случаи надмина девет илјади Согласно донесената одлука на Владата на РСМ (април 2022), ние во Макстил во целост ја поддржавме, но и понатаму силно се афирмираат препораките маски во затворен простор да носат лица над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со л
Извор: Европска Комисија
1https://www.worldometers.info/coronavirus/, пристапено на 20.05.2022 2https://www.worldometers.info/coronavirus/country/macedonia/, пристапено на 20.05.2022


Според истражувањата спроведени од страна на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Управата за електронско здравство при Министерството за здравство, се смета дека вакцините против КОВИД-19 се високоефективни и кај македонската популација во спречување тешка клиничка слика на болеста и смртни последици. Според ова истражување, вакцините од различните производители немаат големи разлики во нивната ефективност во спречување на смртноста од КОВИД-19, но има разлики во бројот на примени дози во однос на спречување на хоспитализацијата. Една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и се смета дека е важно да се примат најмалку две дози вакцина . Вакцината е ефикасна, исто така и против новата варијанта Омикрон. Во Македонија целосно е вакцинирана 40,1% од популацијата.

МАКСТИЛ
ВО СВЕТОТ
Во челичниот моторен брод „Новоградња 56“ изработен од страна на Радеж АД, компанија за бродска опрема и челични конструкции, вградени се лимови од Макстил.
Овој луксузно опремен патнички брод е наменет за превоз на туристи на Јадранско Море и на него можат да престојуваат максимум 10 патници и пет членови на екипажот. Неговата должина изнесува 51,75 метри, додека ширина е 8,5 метри.
Извор: https://www.radez.hr/launching-of-hull-56/




МАКСТИЛ КВИЗ
Лимовите
може да бидат произведени со висока цврстина, ударна жилавост на ниски температури до ________, граница на развлекување на повисоки температури според DIN, додека другите стандарди се произведуваат по договор.
а) -50 C°

б) -70 C°
в) -100 C°
Во производствениот асортиман, топловаланите дебели лимови имаат димензии:
а) Дебелина: од 1 до 55 мм, ширина од 1200 до 2500 мм б) Дебелина: од 5 до 100 мм, ширина: од 1500 до 3050 мм в) Дебелина: од 10 до 150 мм, ширина: од 1700 до 3500 мм
3. Енергетски
Опремата во погонот „Валавница“ се состои од:
а) Автоматски систем за валање – АГЦ систем, мерач на дебелина на лимови со Х-зраци, линија за сечење на лимовите, пескарница и фарбаница б) Електропечка, трансформатори за ЕП, казанска печка, машини за континуирано леење на слабови в) точни се одговорите под а) и б)
4.
придобивки од имплементирањето на ISO 50001 се: а) Подобрени енергетски перформанси и поефикасно управување со енергијата, заштеда на енергија (електрична енергија, природен гас, кислород што се користи во процесот на производство)
б) Системски пристап кон енергетските задачи и цели, со цел исполнување на акционите планови за континуирано подобрување на енергетските перформанси и фокус на идната потрошувачка на енергија в) точни се одговорите под а) и б)
Oдговорите на прашањата ќе следат во наредниот број на Инфостил.
ПОЗИТИВНИ МИСЛИ
„Тимската работа е способност да работиме заедно кон заедничка визија, способност да ги насочиме индивидуалните достигнувања кон организациските цели. Тоа е горивото кое им овозможува на обичните луѓе да постигнат невообичарни резултати.“ – Андреј Карнеги „Љубопитноста е моторот на постигнувањата.“ – Кен Робинсон „Тимска работа: Едноставно кажано, помалку сум јас и повеќе ние.“ – Непознат автор
Точни одговори од Инфостил #7: Макстил Квиз: 1-а и 1в; 2-г; 3-ѓ; 4-б.



МАТЕМАТИЧКА ЗАГАТКА

За да ја решите оваа математичка загатка сѐ што е потребно е собирање.
МАКСТИЛ РЕЧНИК
Враќајќи се на нас и на нашето секојдневие во Макстил, се надеваме дека ќе сакате да научите и дека ќе ви бидат корисни, неколку зборчиња на италијански (и на англиски) јазик, на кои можеби сте наишле работејќи со нашите соработници од Италија.
Да почнеме од основното:
ЧЕЛИК – ACCIAIO (се чита: ачајо) – STEEL ЛИМ – LAMIERA (се чита: ламиера) – STEEL PLATE ЧЕЛИЧАНА – ACCIAIERIA (се чита: ачајериа) – STEEL SHOP ВАЛАВНИЦА – LAMINATOIO (се чита: ламинатојо) – PLATE MILL ЕЛЕКТРОЛАЧНА ПЕЧКА – FORNO ELETTRICO AD ARCO (се чита: форно елетрико ад арко или накратко форно елетрико) – ELECTRIC ARC FURNACE ПОТИСНА ПЕЧКА – FORNO A SPINTA (се чита: форно а спинта) – PUSHER FURNACE НАРАЧКА – ORDINE (се чита: ордине) – ORDER ЗАВРТКА – BULLONE (се чита: булоне) – BOLT ДОЛЖИНА – LUNGHEZZA (се чита: лунгеца) – LENGTH БРОД – NAVE (се чита: наве) – SHIP, VESSEL


