ИЗБОР#35

Page 12

12 одеа и насловите од типот “А што ќе биде за две години”. Скептичните коментатори велат дека проблемот е одложен, но не и решен, бидејќи нема јасен одговор на тоа како слабите презадолжени економии ќе се изборат со долговите и со заемите за нивно санирање.

Komentari

Izbor

Пренесено од “Време”, Белград, автор: Милан Милошевиќ

Русија го возвраќа ударот: После Јушченко и Бакиев, на ред за симнување се Сакашвили и Лукашенко Американското списание “Њусвик” објавува можни планови на Русија за отстранување од власта на прет- Избори во Тбилиси седателите на Грузија и Белорусија Најсериозна проба за грузискиот лидер ќе Децении по “цветните” револуции, кои се случија во низа во земјите на поранешен СССР, на Кремљ му се дава шанса за реванш. Како што пишува авторот на написот во “Њусвик”, оваа година Русија веќе на своето конто забележала два скалпа - Украинецот Виктор Јушченко и Киргистанецот Курманбек Бакиев. Иако, секако, не можеме категорично да тврдиме дека Москва била и единствениот иницијатор и архитект на смената на власта во Киргистан и во Украина, очигледно е дека во тоа одиграла клучна улога. Затоа тие победи сигурно го одушевуваат Кремљ и инспирираат нови обиди за промена на режимите во земјите од “поблиското странство”.

бидат изборите за градоначалник на Тбилиси, кои треба да се одржат на крајот на мај. На нив противник на актуелниот градоначалник ќе му биде опозиционер и поранешен соработник на Сакашвили - Ираклиј Аласаниј. Според зборовите на еден од лидерите на опозицијата поранешниот премиер на земјата Зураб Ногаиделиј, доколку Сакашвили се осмели да го фалсификува резултатот на народната волја, “тој ќе зажали поради тоа, а ние ќе дигнеме буна”. Но Грузија не е единствената земја во која власта не му одговара на Кремљ. Следна на списокот може да стане и Белорусија, во која претседателот Александар Лукашенко во последно време често си дозволува себеси остри изјави на адреса на Ру-

белорускиот лидер го осудил неуставното освојување на власта во Киргистан, и, судејќи според она што се слуша, дури предлагал во Киргистан да се воведе војска на Организацијата на Спогодба за колективна безбедност. Освен тоа, тој им

советувал на новите власти да не му се обраќаат со барање за предавање на Бакиев. Реална дипломатија Да нагласиме уште дека по револуционерните настани во Киргистан многу странски медиуми пишувале за копањето на Москва по таа земја. Меѓутоа, во Кремљ ја негирале вмешаноста во нередите во Бишкек. Попатно, ни самиот Бакиев не верува дека го симнале руските специјални служби, иако признава дека ја иритирал Москва со својата прилично проамериканска политика. Цел број еден на списокот на земји во кое е неопходно да се промени власта е всушност Грузија и нејзиниот претседател Михаил Сакашвили. Во врска со тоа, во последно време чиновниците од Кремљ активно воспоставуваат врски со грузиската опозиција. Покрај останатото, на 9 мај на парадата на Победата во Москва премиерот Путин стоеше покрај лидерот на опозицијата Нино Бурџанадзе. Подоцна заедно поставија камен темелник за споменик во Москва, идентичен на кутајскиот, кој по наредба на Сакашвили беше срушен минатата година.

сија. Како што пишува “Њусвик”, Кремљ веќе нашол во Минск свој човек. Тоа е локалниот опозиционер Андреј Сањиков. Тој баш не му е близок на Западот, а не ни против руска помош. Како што самиот Сањиков вели, претседателот на Белорусија Лукашенко е страшно уплашен затоа што се уверил дека Русија ја поддржува смената на власт во поранешните советски земји. Во врска со тоа треба да се каже дека токму Лукашенко му пружи засолниште на симнатиот претседател на Киргистан Бакиев и неговото семејство. Уште повеќе,

На крајот, “Њусвик” заклучува дека во новата стратегија на Русија има и плусови, бидејќи таа како таква означува преод од “методите на застрашување” на “реална дипломатија”. Според: “Аргументи и факти”, Москва, пренесено од “Стандард”, Белград, превод на српски: Рајко Досковиќ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.