Навики за помалку отпад Март-април 2022
Сумативна брошура Од реализирани активности во рамки на Кампања за СТЕМ откритија 2022 и предизвикот на Тера Мисија . Ние луѓето на Земјата генерираме околу 2 милијарди тони отпад годишно, а повеќе од 90% од отпадот во земјите со ниски приходи e погрешно менаџиран. Преку ова сценарио учениците ќе научат за проблемот со отпадот во светот, ќе истражуваат за состојбите во локалната заедница и ќе се мотивираат и запознаат со начините за намалување, повторна употреба и рециклирање на отпадот.
Целта на активностите беше да научиме за отпадот и управувањето со отпадот, да истражиме за проблемот со отпадот во локалната заедница и да се запознаеме со идејата за намалување на отпадот со повторна употреба и рециклирање. Ангажирани во активности како рециклирање хартија, дизајнирање и создавање нови производи со повторна употреба на материјали, итн. учениците се запознаа со важноста и можностите за нејзино практикување во секојдневниот живот.