100euro=100euro? Activities SDC2022

Page 1

Април 2022

STEM Discovery Campign 22

наставник Силвана ЈБинова

ООУ Страшо Пинџур Карбинци

Дали 100евра=100евра секогаш и секаде? Активностите „Дали е 100 евра=100 евра секогаш и секаде“ се збир на хибридно реализирани активности со ученици од 9-то одделение (14-15 години) од ООУ Страшо Пинџур Карбинци, РСМакедонија. Тие се базирани и инспирирани од STATISTIC IN THE Classroom – PRICES ресурсите од Scientix Resource Repository и нудат можност ученицитеда работат како СТЕМ професионалци и да се зближат со една многу важната професија сега и во иднина – Аналитичар на податоци. Активностите се реализираа на часови по математика. Целите на учењето беа учениците да вежбаат процентуални пресметки и статистика во реален контекст – Инфлација. Користевме видео и презентација, соработка и креирање преку онлајн документи и апликации, интерактивни табели и дијаграми. Учениците се стекнаа со знаења и вештини за пресметување со проценти, анализа на податоци презентирани со интерактивни табели и дијаграми, критичко размислување за цените и вредноста на парите, креативноста итн.

Активности со ресурси од библиотеката на Scientix


Како воведна активност, учениците беа предизвикани од цитатот на познатиот рапер Френк Монтана – „Во училиште омилен предмет ми беше математиката. Таму научив да бројам пари“. Мета целта на оваа активност беше да се прикаже важноста и моќта на математиката за подлабоко разбирање на појавите – не само за „броење пари“.

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ Од ресурсите Beginners:Inflation од Stati stics 4 beginners учениците научија: Што е инфлација? Како се мери? Што е потребно за да се пресмета? Кои се предизвиците? Ресурсите на македонски јазик се достапни на https://view.genial.ly/6205 7cabab239900110f3799/pr esentation-inflacia

Тие играа квиз Kahoot (https://create.kahoot.it/shar e/100-100/ca791373-20524cb9-95be-8be97a0327ae) за да го проверат нивното разбирање за главните концепти поврзани со инфлацијата. Во последното прашање од квизот, учениците се согласија дека

100 евра≠100 евра секогаш и секаде.


Користени ресурси во воведна активност Мисловни мапи и табели за разбирање на поимот инфлација, индекс на потрошувачки цени и негова пресметка.


Ако 100 евра≠100 евра, тогаш каде/кога е повеќе или каде/кога е помалку? – ова беше главниот предизвик за следните активности. Во групи, учениците симулираа пресметка на стапката на инфлација за 2021 година во нашата земја. - Прво, секој ученик поединечно ја пополни табелата за важност на производи/услуги за нивното семејство – според сумата на пари што семејствата ја трошат на производите соодветно. Потоа, работејќи во четири групи во секое одделение, учениците ги пресметаа „групните тежини“ како просек. Резултатите од секоја група беа запишани во Табела за пресметка на ТЕЖИНА на производ/услуга за нашата симулација во онлајн документ Excel. Производите/услугите со највисока тежина се од категоријата 01 Храна и пијалоци и 04 Домување, вода, струја, гас и други горива. - Второ, секоја група: 1. Избра некои производи/услуги од „кошница со стоки/услуги“; 2. Пресмета индекс за производите со помош на споредба на цената во последниот период и цените во претходнен период и пресметка на разликата во проценти. Заеднички, учениците од сите групи во двете паралелки од 9-то одделение ги изработија табелите со индекси на цени за различни производи класифицирани како во ЕУ класификација за индивидуална потрошувачка по намена. Резултатите од секоја група беа собрани во Индекс по категорија - уште еден онлајн документ на Excel. Подоцна, со комбинирање со тежината, учениците ја добија стапката на инфлација за нашата земја во 2021 година која според нивните пресметки изнесува 10,75.

СИМУЛИРАЊЕ НА ПРЕСМЕТКАТА НА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ВО НАШАТА ЗЕМЈА


Користени ресурси во симулирање на пресметка на стапка на инфлација Индивидуални и групни онлајн табели.


Мотивирани да дознаат што се случува со инфлацијата во другите европски земји, учениците беа поддржани со интерактивни графикони и дијаграми од Еуростат. Тие истражуваа за стапката на инфлација во ЕУ, особено во текот на 2021 година. Заеднички ја создадоа мапата Падлет со наслов Вредност на 100 евра во ЕУ од 2000 до 2021 година преку факти и тврдења. Со податоците претставени во интерактивни дијаграми учениците формулираа тврдења поткрепени со факти за стапката на инфлација по категории во земјите низ Европа. Еве ја мапата на Падлет

АНАЛИЗА НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ


Со креативноста во фокусот, учениците креираа инфографици „Приказна за 100 евра…“ за промена на индексот на цени на одреден производ во одредена земја (избран од нив) со апликацијата Genially. Работата на учениците е собрана во интерактивна слика.

КРЕИРАЊЕ ИНФОГРАФИЦИ – „ПРИКАЗНА ЗА 100 ЕВРА ВО…“


Стекнатите искуства од реализираните активности “Дали 100евра=100евра секогаш и секаде?” реализирани за време на редовните часови по математика послужија како основа за реализација на активност “Топ 10 вештини за вработување” чија цел беше да се зголеми свесноста на учениците за потребата од развој на вештини за вработување и нагласи можноста од развој на истите преку реализирање на активности во рамки на наставните предмети. Преку дискусија и кратка презентација учениците се запознаа со најважните 10 вештини а потоа самите беа насочени да идентификуваат 3 вештини кои сметаат дека се нивна јака страна и 2 вештини кои сметаат дека им се слаба страна и дополнително треба да ги развиваат. Учениците извршија рефлексија на реализираните активности и оценија како тие придонесоа за развој на важните СТЕМ вештини кај нив. Најголем број од учениците сметаат дека реализираните активности најмногу придонеле за развивање на вештини за тимска работа, способност за учење и адаптирање. Ова се нивните заклучоци.

ТОП 10 СТЕМ ВЕШТИНИ


РЕФЛЕКСИЈА ОД РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

просек 5.8

просек 6.4

Реализираните активности „Дали е 100 евра=100 евра секогаш и секаде“ се збир на активности кои нудат постигнување на наставните цели преку квалитетна контекстуализирана СТЕМ настава со висококвалитетни наставни материјали базирани на ресурси на Еуростат од складиштето со ресурси на Scientix. Ресурсите на Еуростат беа висока инспирација и мотивација за мене како наставник во креирањето на активностите и водење на учењето на учениците. Исто така, тие беа мотивација за активно и ангажирано учење на учениците. Учениците ги развија своите математички знаења за пресметување процент и статистика, вештини за решавање проблеми и критичко размислување за цените и вредноста на парите низ ЕУ. Тие ја развија креативноста преку креирање на интерактивна мапа и инфографик. Важен момент на оваа активност е хибридната реализација и користењето на мобилните телефони како алатка за учење. Ова беше многу важно за моите ученици од два главни аспекти. Прво, во смисла на подготовка на учениците за различни начини на учење, имајќи ги предвид предизвиците што ги имавме во текот на онлајн наставата минатата година . Второ, во смисла на предизвикување на учениците да користат мобилен телефон за учење, а не само за играње игри. Поучувањето и учењето при поврзување на предметната содржина со задачи соодветни за STEM професијата (Data Analysist), на ангажиран начин е добра стратегија за мотивирање на ученикот за STEM кариера.

просек 5.3

ИЗРАБОТЕНО ОД

просек 5.2

Силвана Јакимовска Бинова наставник по математика


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.