2016 march newsletter alumni uacs

Page 1

Интервју со Д-р Сашко Кедев А: Која беше Вашата првична мотивација за да го прифатите предизвикот – искачување на највисокиот врв на планетата, легендарниот Монт Еверест? С.К. Знаете, јас во мојата професија се среќавам и соочувам со животот и смртта на дневна основа. Можеби потсвесно, токму тоа беше првичниот порив за меоето искачување на Монт Еверест. Секако, предизвикот со самиот себе, односно поместувањето на сопствените граници на менталната и физичката издржливост веројатно беа исто така пресудни за одлуката да го започнам искачувањето на Монт Еверест. А: Колку време Ви беше потребно да се подготвите пред почетокот на Вашето патување? С.К. Не би можел со прецизност да кажам колку долго траеше периодот на моите подготовки за оваа експедиција, бидејќи станува збор за долгорочен процес кој вклучува како физичка, така и ментална подготовка, но и процес во кој треба да созрее одлуката за започнувањето на еден ваков предизвикувачки потфат. Но, еве, би напоменал дека на искачувањето на Монт Еверест му претходеа искачувања на други

врвови, како: Мон Блан и Матерхортн на Алпите, потоа Аконгава највисокиот врв во Јужна Америка, Денали - највисокиот врв во Северна Америка и Килиманџаро - највисокиот врв Африка. А: Дали можете да ни кажете на кој начин Вашето досегашно искуство Ви ја промени перцепцијата за животот? Дали можеби за тоа допринесе запознавањето на нови култури или Вашата цел да го освоите Еверест? С.К. Пред сé, морам да напоменам дека ниту еден планински врв, исто онака како и природата, не се освојува ниту пак може да биде освоен. Единствено може да се искачите на највисоките планински врвови и тогаш да сфатите колку всушност човекот е минорен и минлив во однос на вечноста на природата, при тоа восхитувајќи и се на нејзината


убавина и совршеност. Запознавањето, пак, на нови култури секако дека го збогатува личното искуство и перцепцијата за она што нé опкружува во нашето секојдневно живеење. Сé додека не запознаете нови култури, сметате дека вашата култура е центарот на светот. Запознавајќи нови култури, всушност сфаќате дека секоја култура е подеднакво убава и вредна за почит.

А: Која Ви беше единствената желба во моментите во кои не бевте сигурни дали ќе успеете да се симнете од Монт Еверест? С. К. Искрено, во ниту еден момент не помислував на неуспех. Ниту на искачувањето, ниту на симнувањето од Монт Еверест. Еден од клучните елементи за успехот е да не се сомневате во она што го правите, посветеност и истрајност во реализирањето на крајната цел. Па оттука, во текот на целата експедиција моите мисли беа

насочени кон успешното реализирање на целта, при тоа не оставајќи место и простор за сомнеж. А: Што означува за вас првиот принцип, односно вистината, како што напоменавте за време на Вашето предавање? С. К. Вистината е секогаш и секаде присутна. Колку и да сакаме да дебатиреме за неа, да дискутираме, да ја докажуваме, да ја порекнуваме или негираме, таа е една и единствена. И токму затоа, тоа е првиот и најважниот принцип, исто онолку важен колку што е важна и вистината сама по себе. Кога ќе го осознаеме и сфатиме првиот принцип, ние всушност воспоставуваме мир со самите себе. Тој духовен мир, пак, од друга страна, ни овозможува да гледаме на нештата од друга перспектив. Да ги разликуваме вистински важните работи во животот од оние маргиналните. Самите да си ги поставите приоритетите во животот, при тоа цврсто запазувајќи ги моралните вредности и грижата за оние околу нас. Накусо кажано, првиот принцип нé прави и почовечни и посреќни. А: Кој би бил Вашиот совет за младите луѓе кои што не се подготвени да превземат ризик и кои претпочитаат да живеат во својата зона на комфорот?


С. К. Многу е деликатно и неблагодарно некому да кажувате како треба да живее. Сепак, како човек кој има и животно и професионално искуство, сметам дека моја должност е истите тие искуства да ги споделам со малдите луѓе. Најнапред секој треба да се запраша што сака во животот и согласно тоа да си ги постави приоритетите. За да бидат сигурни во самите себе, младите луѓе најнапред треба да работат на својата лична и професионална надградба. Кога велам професионална надградба, тука мислам пред сé на стекнување нови знаења и вештини, односно континуирано усовршување на професионален план. Кога велам лична надградба, тогаш мислам на прифаќање на првиот принцип – вистината. Дури тогаш младите луѓе можат да бидат сигурни во самите себе, исправноста и оправданоста на своите постапки и смело да ја напуштат зоната на комфорот, при тоа впуштајќи се во нови и професионални и лични предизвици. Бидејќи најголемите достигнувања човекот ги остварува токму тогаш кога е надвор од зоната на комфорот.


Со гордност го објавуваме, Алумни на УАКС за неговата доживотна одлука! Филип Ивановски дели “dream come true” за секој млад пар. По неговиот успех со ТианДе тој ја направи најважната одлука во својот живот: одлучи да се ожени!

Интервју со АЛУМНИ ветеран на УАКС, Филип Ивановски!

A: Дали се гледате по успешен во вашиот бизнис во ТианДе или во вашиот приватен живот како посветен маж? Ф: Посветен како маж да, мијам садови секој ден хаха. Јас верувам во тоа дека семејството е најбитното нешто, стартна основа во која ако не си посветен и успешен, тешко дека ке бидеш успешен на поле на бизнисот. Почитувањето е најценетата работа според мене денес, а ако не го ценам семејството, како можам да ги ценам луѓето во бизнисот.


А: Што највеќе ве мотивира да останете да работите во TianDe?

пасти за заби, шампони, влошки и замена за лекарства.

Ф: Можноста да ги остварувам своите цели. Тоа е еден склоп на работа и задоволство. На патување vs работа, на бизнис состаноци vs запознавање успешни луѓе. И најбитното нешто во мојата работа што ме мотивира е.. Only the sky is limit 

А: Како ветеран Алумни УАКС , каква порака имате за новите Алумни во смисла на следење на нивните соништа?

А: Кое е најголемото задоволство шти сте го добиле работејќи во ТианДе? Ф: Наградата за топ 5 најпросперитетни луѓе избрани од 500.000 на ниво на мојата компанија која ја добив во Москва минатата година и можноста да држам обука пред 4.000 колеги беше чувство кое ми даде енергија и стимул да бидам уште поуспешен и посвете А: Што ви помогна вас лично за да донесете свест кај луѓето во Македонија за ТианДе, и како успеавте за компанијата да стане позната во Македонија? Ф: Прво вербата во себе, а второ во квалитетот на производите. Не велам јас дека сеуште е позната, ние сме сеуште во развој, но денеска сме свесни како полека ја уништуваме природата околу себе (паркови, зеленила) и наша цел е повторно да ја вратиме во нашите домови и да користиме стари тибетски рецепти направени на база на билки, преку

Ф: Бидете свои, оригинални и искористете ги своите идеи. Пронајдете идол кој сакате да го следите и учете од него. Никој не е поинтелегентен од Вас и никој не може да Ви даде совет каков што Можете Вие да си дадете на себе. Кога Ви е тешко запрашајте се ако некој друг е во истата ситуација каков совет би му дале. Кога ке постигнете успех, радувајте му се. И за крај како што и мене ме научиле, не е битно колку пати ке паднете, туку колку пати ке станете и продолжите во остварување на своите соништа Бидете добар пример за млад и амбициозен човек кога другите ке покажуваат со прст кон вас. Следете ги своите соништа... Тие се Ваши и НИКОЈ не умее да ги креира подобро од Вас.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.