10 мерки против загадувањето во скопје 2

Page 1

ДЕСЕТ МЕРКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ – Автор Марјан Бојаџиев ( лични ставови) marjan@bojadjiev.info


X- те мерки: Итни мерки

Долгорочни мерки

I.

VII. Хибридни и електрични возила VIII. Дневна миграција

Греење

II. Возила III. Урбан развој IV. Процес на градба V. Индустрија VI. Ѓубришта

IX. Велосипеди Ургентни мерки Пар Непар Стопирање на градежните активности


ИТНИ МЕРКИ


I.

ГРЕЕЊЕ Се забранува или се оданочува грење кое загадува, но се овозможува социјална поддршка и субвенции за сеМејствата кои имаат потреба

• Опција 1: Ке се распише тендер за оператор( и) на централно греење во Скопје, според региони. • Опција 2: Ќе се забрани греење на тврди горива односно ќе биде дозволено само греење на пелети, нафта или гас. • Алтернатива: 2.1: Наместо забрана се воведува дополнителен данок за греење на тврди горива. • ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛЕН МОМЕНТ: Република Македонија ќе донесе програма за субвенцинирање на греењето. • Секое семесјтво кое има под 10,000 денари по член на домаќинство ќе добива СУБВЕНЦИЈА во износ од разликата помеѓу просечната цена за за греење на дрва и другите видови на греење (централно, пелети, гас)


II. ВОЗИЛА ( Издувни гасови) • - Се воведува задолжителна контрола на издувни гасови при регистрација. • 01.01.2019 Минимален стандард за регистрација е возило кое го исполнува стандардот Еуро 3. • 01.01.2020 Минимален стандард за регистрација е возило кое го исполнува стандардот Еуро 4 .


III Урбан развој и IV Процес на градба • III. УРБАН РАЗВОЈ Се забранува изградба на згради повисоки од 20 метри (приземје и 5 спрата)

IV. ПРОЦЕС НА ГРАДБА • Стандардот за градење мора да се промени и да опфаќа одржување на чистота на градилиштето и на објектот. • Комуналнaта инспекција треба да има овластувања за затворање на градилиште кое емитира прашина.


V. Индустрија и VI. Ѓубришта V. ИНДУСТРИЈА - Сите погони кои емитираат штетни материи треба веднаш да бидат затворени. Услов за нивно натамошно работење треба да биде псоедување на еколошка дозвола. VI. ЃУБРИШТА – Се забранува палење на ѓубришта и се санкционира како кривично дело. Се задолжува ЈП Комуналец да организира собирање на сметот и од приградските населби.


ДОЛГОРОЧНИ МЕРКИ


VII. Хибридни и електрични возила и VIII Дневна миграција VII. Хибридни и електрични возила •Почнувајќи од 01.01.2019 па се до 01.01.2029 година, акцизата за дизел возила ќе се зголемува со стапка од два процентни поени секоја година се додека не се удвои. •Почнувајќи од 01.01.2019 па се до 01.01.2029 година, акцизата за возила со бензински мотори ќе се зголемува со стапка од еден процентен поен секоја година, се додека не се удвои. •Почнувајќи од 01.01.2019 ма година, стапката на акциза за возила на електричен погон како и за хибридни возила ќе се намалува за два процентни поени годишно се додека не дојде до вредност нула. •Почнувајќи од 01.01.2019 година се укинува ДДВ за возила на електричен погон, како и за возилата на хибриден погон. VIII. Дневна миграција •Изградба на 2 робусни катни гаражи на источен и западен влез во Скопје. •Дневно паркирање и користење на ЈСП за износ од 100 денари •Дневно паркирање од 10о денари и користење на такси со попуст од 20% (субвенција на такси компаниите од страна на Град Скопје или Република Македонија)


IX Велосипеди Патеки и улици • Улица не може да има употребна дозвола, доколку нема велосипедска патека. Велосипедска патека се уредува десно од возачката патека. • Доколку нема доволно простор за две возачки и две велосипедски патеки, улицата ќе се уреди како еднонасочна улица со една возачка и две велосипедски патеки. Rent a bicycle • Град Скопје ќе постави таргет за 10,000 велосипеди достапни за 100 денари месечно во програмата „Изајми велосипед“


X.УРГЕНТНИ МЕРКИ

Во периоди на загаденост, Градоначалникот на Скопје треба веднаш да прогласи: • возење по системот пар / непар; • целосна забрана за извведување на градежни активности.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.