МОЈ КЛУБ БР.94

Page 1

БР.94 MAJ 2014

Наша тема: СКОПЈЕ

АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ СИНОНИМ ЗА ГРАДОВ МИЛАН МИЈАЛКОВИЌ – ВО ПОТРАГА ПО (НЕ)ВИДЛИВОТО РОБЕРТ СМИЛЕСКИ – „УТРЕ Е НОВ ДЕН!“

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Ексклузиво интервју:

ЗДРАВКО ЧОЛИЌ Нови телефони

SONY XPERIA Z1 COMPACT LG L2 MINI


СУПЕР СМАРТФОН ЗА 1 ДЕНАР НЕОГРАНИЧЕНИ РАЗГОВОРИ КОН СИТЕ МРЕЖИ И НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ

Понудата Promo 649 е достапна до 15.06.2014 и важи за сите приватни и деловни постпејд корисници на Т-Мobile со склучување Договор за Доверба 24 или Договор за флексибилен буџет. Брзина на интернетот e 42 Mbps за првите 3 GB.


СОДРЖИНА Наша тема: СКОПЈЕ 12 Александар Џамбазов Синоним за градов

18 Роберт Смилески – „Утре е нов ден!“

4-5 Нови телефони Sony Xperia Z1 Compact LG L2 mini

15 Милан Мијалковиќ – Во потрага по (не)видливото

32 Ексклузиво интервју: Здравко Чолиќ

42 Каталог на подароци

Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации; Директор: Бранко Станчев. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.

Издава: T-Mobile;


4

ТЕЛЕФОН

Sony Xperia Z1 Compact

МАЛ И ИМПРЕСИВЕН ЗАМИСЛЕТЕ ВАКВО СЦЕНАРИО: НА ОДМОР СТЕ, СНИМАТЕ КЛИП ПОД ВОДА СО HD РЕЗОЛУЦИЈА СО ТРАЕЊЕ ОД ЕДНА МИНУТА (КОЛКУ ШТО ВЕ ДРЖИ ЗДИВОТ) И ШТОМ ЌЕ ИЗНУРКАТЕ ЗА 15 СЕКУНДИ ТОЈ СЕ ПРИКАЧУВА НА НЕКОЈ CLOUD СЕРВИС ВО ПОЛНА 1 920 X 1 080 РЕЗОЛУЦИЈА ПРЕКУ 4G. НАЈМАЛКУ ВЕРОЈАТНО ОД СЕТО ОВА Е ДЕКА БИ НУРКАЛЕ ВО МАЈ, ИНАКУ ДРУГОВО Е МОЖНО СО SONY XPERIA Z1 COMPACT! Z1 беше првиот телефон со IP58 сертифицикат за заштита од прашина и вода. Поинаку кажано - првиот телефон во масовно производство кој може да се користи под вода (30 минути на длабочина од 1 метар). Z1 Сompact го може истото, само е нешто помал (ова изгледа често ќе се спомнува во контекст на Z1 Compact). И досега сме разгледувале мини верзии на уредите и секогаш било препакување во помал габарит, помал екран, но и правење компромис со функционалностите кои ги има уредот, сето тоа за да рефлектира во уште поприфатлива цена. Се чини дека Sony решиле да настапат храбро и да понудат помал телефон за сите оние кои сакаат врвни перформанси од телефон кој може да се носи в џеб. A телефонов има и одличен дизајн. Метална рамка со стаклени површини отпорни на гребаници од двете страни го

прават еден од дизајнерски најубавите телефони од оваа класа. Повеќето од приклучоците имаат сопствени поклопци, а ова е дел од истата водоотпорна заштита која го прави посебен уредот. Екранот има големина од 4,3”, резолуција од 720 x 1 280 пиксели со густина од ~342 ppi и има феноменална слика со одличен длабок контраст и дополнителни нагодувања (баланс и сл.). Батеријата од 2,300mAh ќе биде доволна за 65 часа активност, односно 20 часа зборување на 3G, 12 часа сурфање или 10 часа гледање видео. Уредот доаѓа со инсталиран Android 4.4.2. и прекрасен брз интерфејс. Брзината на пренос на податоци во 4G (LTE) достигнува 150 MBps (при преземање), а уредот ги има и стандардните GPS, USB OTG, MHL TV-OUT, Wi-Fi Hotspot, Bluetooth 4.0... Импресивно а? Чекајте да чуете за камерата!

ДИНОСАУРУСИ НА ВАШЕТО БИРО? Уредот има Snapdragon 800 чипсет, четиријадрен процесор од 2,2GHz, 2 GB RAM и интерна меморија од 16 GB кои можете да ги надградите со SD картичка до дополнителни 64 GB. Таман да пишам „но зошто би ви требала толку меморија?“ се сетив да спомнам дека има камера од 20 MP. Тоа секако значи и големина на слика од околу 5 MB, односно би ја наполниле интерната меморија со околу 2 000 слики со максимална резолуција од 5 428 x 3 936 пиксели. Дали ви е секојдневно потребна оваа резолуција, оставаме на вас. - можеби подводните детали се вредни за „длабинска анализа“. Уредот има и LED блиц, BSI позадинско осветлување за одлични фотки во услови на намалена светлина, како и снимање на видео во 1920p резолуција со 30 слики во секунда (fps). Посебно е забавен делот со снимање и сликање со проширена реалност (Augmented reality), додавајќи диносауруси на вашето работно биро, смешни очила и маски, подводни ефекти и сл... Импресивен е и бројот на визуелни алатки за „сериозно“, рачно користење на камерата, впрочем – тоа е Sony. Уредот е веднаш достапен да го купите онлајн на T-Mobile.mk или во некоја од Телеком продавниците. Ј. Гиров


ТЕЛЕФОН

5

LG G2 mini

„ГОЛЕМИОТ“ МИНИ! LG G2 MINI БИ ТРЕБАЛО ДА ПРЕТСТАВУВА ПОСЛАБА И ПОМАЛА ВЕРЗИЈА ОД „ЗНАМЕНОСЕЦОТ“ ИЛИ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ LG ТЕЛЕФОНИ ВО МОМЕНТОТ - LG G2. ВЕЛИМЕ ТАКА БИ ТРЕБАЛО, БИДЕЈЌИ УШТЕ НА ПРВ ПОГЛЕД СЕ ГЛЕДА ДЕКА ТУКА НАВИСТИНА НЕМА НИШТО „МИНИ“. Од каде и да почнеме ќе се увериме во погорната констатација. Екран од 4,7 инчи е сè, освен мини. Иако спореден со неговиот „поголем и помоќен“ брат LG G2, овој екран е за половина инч помал (да, токму така, LG G2 има дури 5,2 инчи екран!), сепак, во споредба со најголемиот дел од моделите достапни на пазарот тоа е еден од стандардните, ако не и малку поголем од стандардните големини на екрани. Значи на прв поглед LG G2 mini воопшто не го оправдува своето име. А ниту на втор поглед - погледот во конфигурацијата, можностите и спецификациите...

ДВЕ ОСУМКИ... Го покренува четиријадрен Cortex-A7 процесор кој работи со 1,2 GHz работен такт кој е придружен од 1 GB работна меморија и посебен Adreno 305 графички потсистем за лесно, брзо и едноставно раководење со сите апликации, функции и можности обединети под Android 4.4.2 KitKat оперативниот систем. Системот и апликациите се складираат во 8 GB големата интерна меморија која со microSD картичка лесно може да се зголеми за дополнителни 32 GB. Бројот 8 го среќаваме уште еднаш низ спецификациите на LG G2 mini, а го означува бројот на мегапиксели кои се поддржани од главната камера која е опремена со блиц и секако можност за снимање на полно HD видео. Покрај неа тука е и секундарната камера за видео разговори, или пак, за сè попопуларното „селфи“ којашто има чип од 1,3 MP и исто така можност за HD снимање, но во пониската резолуција (720p). LG G2 mini лесно се „вклопува“ во секоја околина. Виртуелно, се разбира. Одлично се поврзува со сите мрежи кои ги користат познатите Wi-Fi стандарди, а за поврзување пак, со блиски уред (безжично) тука е Bluetooth v.4.0 Иако според димензиите (129,6 х 66 х 9,8 mm) е во групата на средно големи уреди, LG G2 mini воопшто не изгледа гломазно и ракувањето со него е доста лесно и едноставно. Освен квалитетната надворешна изработка, за дополнителната заштита се грижи Coring Gorilla Glass 2 премазот кој го штити од гребење и поблаги удари, додека пак, за снабдување со енергија тука е 2 440 милиамперската Li-Ion батерија.

ХМММ... Дали вам сево ова ви звучи како нешто што е „мини“? Хммм, изгледа сè е до перцепцијата и до стандардите, а LG е еден од производителите за кои нема граници кога сакаат да направат нешто добро и квалитетно, а ова е само еден пример кој оди во прилог на токму тоа тврдење.

Г. Постоловски


6

ЛЕГЕНДИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

Дискета

МАЛИОТ, ЗАБОРАВЕН ХЕРОЈ Иако на прв поглед течењето на времето е невидливо, преку предметите кои биле неизоставен дел на нашето секојдневие, најлесно согледуваме со која брзина, всушност, сегашноста станува минато... Предметите отсекогаш биле сведоци пред кои занемуваат и очите и спомените и чувствата; сведоци на вистината дека ништо не е како што било, дека ништо не ќе биде како што е... Тажниот 30. роденден

На 30. роденден на дискетата (во март 2011 година), нејзиниот главен произведувач – Sony, го прекине производството. Оваа информација прв пат беше објавена во јапонскиот дневен весник Mainichi Daily, носејќи тивка тага за сите кои се родиле во „ерата на дискетата“ од 1981 до 2011! Со ова, медиумот кој собираше 1,44 мегабајти конечно стана минато. Дискетата не можеше да ја ги следи современите предизвици, затоа замина во историјата. Засекогаш.

Да се потсетиме...

Во 1981 година Sony го изнесе на пазарот првото 3,5 инчи флопи. Просторот на кој можеа да бидат снимени податоци

со големина од 720 килобајти, според тогашните сфаќања, беше огромен простор за малку пари. Шест години подоцна и т.н. класична дискета од 1,44 мегабајти се појави на светлото од светот. До 1990 година дискетата остана стандард. Набрзо се појавија и дискети на кои можеа да се снимат и 2,88 мегабајти, но тие не беа во согласност со општите можности на тогашната техника, па според тоа и не беа многу користени. 2,88 мегабајти денес не се доволни за снимање ниту на една песна во МР3 формат, ниту на една квалитетна дигитална фотографија. 1990 компанијата годишно продаваше повеќе од 2 милијарди дискети! Наредните години сè повеќе се свртуваше само кон домашниот

пазар и на самиот почеток од новиот милениум, годишно произведуваше 12 милиони дискети. Од март 2011 не е произведена ниту една!

Исклучок – Русија

Единствената компанија која продолжи да произведува дискети, по збогувањето на Sony, беше Verbatim. Но, не за долго... Последната земја која се откажа од дискетите беше Русија, зашто во оваа земја дискетите беа медиум за електронски даночни пријави. Денес ако побарате дискети на најголемиот продавач на светот – Amazon, ќe добиете ваква информација: Discontinued by Manufacturer.


ЛЕГЕНДИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

7

 Ник Џентри

Џентри во своите дела им обезбедува впечатлив, резервен живот на малите, заборавени технолошки херои.

1 терабајт в џеб!

И хардверската индустрија веќе одамна се прости од некогаш обожаваниот медиум. Ниту еден произведувач не ги опремува своите компјутери со флопи-диск. Прв од нив се раздели Apple во 1998 година, другите поголеми производители како Dell го направија истото неколку години подоцна. Во меѓувреме, улогата на дискетата ја презеде USB-то. Го собира во секој џеб и на него може да се сними 1 терабајт! Простор за снимање, што во 1981 година човек не можел ниту да си замисли како ли би се пополнил! Aко го побарате најголе­мото можно USB на најголемиот продавач на светот – Amazon, ќe добиете моментна цена од 1.233, 36 американски долари и, секако, бесплатна поштарина. :)

Во слава на дискетите – Ник Џентри

Доколку, сепак, не сочувавте ниту една дискета, дури и во најдлабоките и најскришните фиоки на вашето секојдневие, потсетете се на нив

А КАДЕ СЕ ДИСКЕТИТЕ? На прашањето „Што би понеле на пуст остров?“, Ник Џентри одговорил: „Блок за цртање, зелен чај, книга и велосипед“. Дури и тој, последниот верен „пријател“ на дискетите, на пуст остров би заминал без нив, веројатно затоа што секогаш може да ги создаде со својата цртачка рака (во блокот)! преку необичната уметност на Ник Џентри www.nickgentry.com. Но, кој е Ник Џентри? Тој е британски уметник од Лондон, врсник на дискетите. Роден е во 1980 година, само малку пред почетокот на „ерата на дискетите“. Џентри во своите дела им обезбедува впечатлив, резервен живот на малите, заборавени технолошки херои. Голем дел од неговиот уметничка израз се потпира на артефакти и различни материјали кои полека заминуваат во сеќавањето. Неговата уметност е под влијание на развојот на консумеризмот, технологијата, идентитетот и сајбер културата во општеството, со специфичен фокус на застарените медиуми. Концептуално, уметничкиот проект на Џентри е истовремено „археолошки и прогонувачки“, нешто што ја чувало нашата меморија, одеднаш ликовно нè опоменува дека самото не смее да остане незапомнето. Многумина Џентри го нарекуваат уличен уметник, на што тој се противставува со изјавата: „Не сум уличен уметник, зашто не работам на улица. Најголемиот дел од својот живот го поминувам во своето студио, па оттаму повеќе сум ‘собен‘, отколку ‘уличен‘. Но, да не ги предимензионираме категориите, тоа и не е толку важно. Моите најомилени дела најмноги пркосат на категоризацијата!“. Ако во ерата на дискетите, светот „влегуваше“ во нив, денес дискетите влегуваат во светот преку уметноста. Промената на позицијата на „предметот“ во светот е всушност најдобрата илустрација за промената на самиот свет! O. Ќорвезироска


8

НОВО ВРЕМЕ:

индСлавењ иви дуае на лно на и ста зб

Две иднини

ИДНИНАТА НА ДИГИТАЛНАТА МУЗИКА Музиката речиси секогаш е споена со спомени и непрестајно побудува чувства. Но, колку што нејзината природа останала иста, толку форматот и начинот на уживање се менувале и постојано се менуваат во овие кратки дваесет години... Трендот на носталгија

Дали сте го забележале трендот на враќање на многу стари трендови во име на автентичноста? Дали е тоа хипстерски или е баш кул, не нè интересира премногу! Нагло и ненадејно стана популарно да се поседува „олд скул“ грамофон и да се слуша музика од старите плочи во high fidelity. Има нешто во шмекот на мекиот звук, во хипнотичкиот поглед на плоча што се врти, во пукотењето од несовршеноста на површината. На некој начин, овој тренд е носталгија која ги заобиколува придобивките од

„Ва

шат

а

“ п Музи есн к а Се с ата е х бенд еќавате рана за душ ли од ли к младост на омил ата. ога енио а, с пр т е „ваш в пат ј сеќава те ата“ а чу вте песн а?

дигиталниот формат на музиката, актуелизирајќи ги придобивките врзани со самото искуство на слушање музика и задоволството што потекнува од тоа. Така што, враќањето е само симптом, а копнежот за искуството е вистинската причина.

Музичкиот албум

Долго време единица мерка за консумација и целина на презентацијата на еден музичар била музичкиот албум. Музичкиот албум е многу повеќе од сумата на неговите песни и редот на песните, таа означува и поглавје во животот на музичарот или музичкиот состав, еден концепт, една заедничка нишка која пренесува некакво расположение и секако графички кавер на плочата по кој визуелно се сеќавате на целата приказна. Има толку многу начини на кои можете да споредувате албуми и да го маркирате нивното место на вашата сензуална мапа на искуството, а еден од моите омилени е омилена песна од албум со исто име. Let’s

Нишк ата пону слав деното ивање н е диџе ње на и е магич а своет и на о сп на п ндив не с р р и амо саундтр дуалнос идобивк ема а ш а т к т , а што от н о ст . ни а на Кога с а шиот посв се доп нуваме ме жи созд есни в аѓа, т поблис ки д вот, о ум але уки о он етни след комб и ст а чк ин ан н наши ација. а музик а смисл уваме а а Н т : а е к см ој вр жи само рефе воти, м еменска е уник е атна та л узик рент и ко на точк ата не инија н нтин а е а пов уира , туку на л пара еќе иниј лелн а. а

Get it On од Marvin Gayе од истоимениот албум е кандидат во мојата листа. Ова е само избор врз основа на „тривиа“, а музичкиот албум ни станува особено значаен заради многу подлабоки нешта. Значењето си го носи заради својот „печат“ на времето во кое е создаден, и времето во кое сте го слушале и значењето за сите нас во личната временска линија. Една песна може да е малку за да биде референтна точка на вашата временска линија, а еден албум е точната ознака за целина за таква точка, почеток, процес, крај и порака.

Дигитална музика, музиката на целиот свет

Повеќе од 20 години музиката jа консумираме во дигитален формат. MP3 е новото пакување на единица музика, и преку краткиот флерт со носачите на звук во форма на компакт дискови, стана пренослива единка на нашите компјутери, а сега и на мобилните уреди и телефони. Леснотијата на пронаоѓањето музика во голема мера ја потпомогна распространетоста на интернетот кај обичниот слушател. Формата на музичкиот албум сè уште постои како начин на издавање и презентација на музиката, но слушањето и искуството сега повеќе се основа на слушање на сопствено креирана радио станица, отколку на албум од почеток до крај. Вкусот жанровски станува поистенчен, а личниот избор и органичниот распон на вниманието се немилосрдни кон целината или кон концептот на еден албум.


НОВО ВРЕМЕ:

9

ИДНИНАТА НА Е-СПОРТОТ Три пати ура за twitch.tv! Доколку не играте игри, веројатно никогаш и не сте слушнале за twitch.tv. Тоа наскоро ќе се промени. Оваа веб дестинација е четвртата најбрзо растечка веб страница во Америка, а нејзината специјалност е пренос во живо на процесот на играње на една игра, од гледна точка на играчот и често коментирана од професионални коментатори.

Виртуелен кауч

Во основа, twitch.tv претставува еден виртуелен кауч каде што можете да придружувате и да гледате игра во живо исто како да се случува пред вас. Кој било обичен ден, еден ваков пренос може да доживее и гледаност од публика од четвртина милион! Собрано заедно статистички, во 2013 година биле изгледани 12 милијарди минути играње, што значи околу 45 милиони посетители месечно. И тоа оваа публика е многу посветена: 58% од неа гледаат повеќе од 20 часа неделно, додека во просек еден корисник гледа 106 минути на ден.

Публиката ги сака своите ѕвезди

twitch.tv е заедница пред сè, а заедницата ги сака и ги поддржува своите ѕвезди. Слично на YouTube, и twitch.tv има партнерска програма каде што нуди дел од приходот од реклами за популарните креатори на пренос на игри и коментари. Sвездите се легендарно добри играчи кои се нафаќаат да изиграат и да снимат неверојатни предизвици и подвизи во сопствена режија. Многу често, популарните корисници имаат регуларен распоред за својата публика кој варира обично од еднаш во текот на неделата до еднаш во текот на денот. Некои од овие гејмери толку се посветени на ова што ги напуштиле своите работни места од 9 до 17 h, затоа што... „гледаноста“ им го овозможила тоа.

Ура, ура, ура!

Каде се обожавателите, таму одат и креаторите на игри и прават

ИДНИНАТА Е СВЕТЛА! На оваа едноставна и малку гиковски настроена платформа се предвидува светла иднина во 2014 година. Им посакуваме успех, затоа што толку се посветени на својата заедница, а и будно ги следиме за крадење некоја финта за да победиме во следната игра со најдобриот другар :) една симбиотска заедница. Освен идивидуалните корисници кои играат и пренесуваат во живо, twitch.tv прави и партнерства со познати издавачки куќи за игри и организира турнири за компетитивно играње кои седат во пресекот меѓу високо продуциран меч на US Open и играњето Magic the Gathering во локалната видеотека. Овие натпреварувања, популарно наречени и е-спортови, имаат високи награди исто како кој било спорт во живо, со награден фонд до два милиона долари за поголемите турнири.

Успехот е вирус

Можеби најзаслужни феномени за успех на плаформа и заедница од овој вид се индивидуалните посветени корисници кои покреваат вирални нови начини на натпреварување и ги заразуваат останатите. Еден од популарните вирусно

проширливи трикови е играње во најголема можна брзина, во кои целта е да се заврши играта во рекордно кратко време, дотолку повеќе што концептот може да прерасне во сопствена категорија на е-спорт.

Мобилни гледачи

Минатиот месец, twitch.tv објави дека нивните мобилни апликации се преземени повеќе од 10 милиони пати, што означува дека околу четвртина од публиката следи од мобилни уреди. Освен тоа, самата платформа издала алатки кои креаторите на мобилни игри можат да ги внесат во игрите за да се овозможи снимање и разговор во живо додека исто така во живо се пренесува и текот на играта. Можеби и ќе можете да преземете некоја лекција за стратегија за борбата со физика во Angry Birds! К. Зографска


10

НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Facebook Connectivity Lab

ЗА ПОДОБРО УТРЕ НА СИТЕ, СЕКАДЕ... Интернетот кој многумина го сфаќаме „здраво за готово“, всушност е достапен за релативно мал дел од вкупната популација. Денеска 5 милијарди луѓе (од вкупно 7 колку што нѐ има на планетава) воопшто немаат никаков пристап до глобалната мрежа. Марк Цукерберг во соработка со најголемите светски телекомуникациски гиганти е решен да го промени тоа на еден модерен, футуристички начин. Сфаќањата и гледањето на интернетот како глобална поврзана мрежа во текот на овие неколку декади колку што постои, драстично се променија. Првин го користеше само војската, подоцна стана привилегија на високообразовните институции, пред 20-тина години стана глобално достапен и привилегија за жителите на развиените земји, а сега „приказната е сосема поинаква“. Денес интернетот се смета за основно човеково право, како што се правото на слобода и слободно изразување. Правото на човекот да ги користи глобалните ресурси за мала цена и да биде поврзан со останатиот дел од планетата, веќе подолго време се спомнува низ институциите, самитите и конференциите каде што се дефинираат и се разговара за човековите права. За таа цел, дел од најголемите светски телекомуникациски компании, предводени од Facebook и неговиот основач Марк Цукерберг се обединија околу проектот internet.org чијашто цел е да овозможат пристап до интернет до

што е можно повеќе корисници. Ако досега се расправаше само за теорија и се разгледуваа можностите, сега на повидок конечно се наѕира решение. Иако изгледа како да е извадено од научнофантастичен филм, сепак, визионерски расположениот Цукерберг уверува дека е сосема остварливо и тоа на среден рок.

Обединување на најголемите умови

Решението ќе се бара преку обединување на едни од најголемите умови на денешницата кои работат во сферата на телекомуникациите, мрежните технологии и аеронаутиката. Сите тие се дел од проектот Connectivity Lab кој го започна Facebook, а кој предвидува со помош на сателити и беспилотни летала со соларен погон да се обезбеди интернет до најоддалечените и најмалку развиените земји како оние во Африка, на пример – што ќе бидат и прв дел од проектот. Во проектот се вклучени


НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

дел од инженерите на американската агенција за вселена и аеронаутика – НАСА, потоа, дел од дизајнерите на првите соларни беспилотни летала, како и телекомуникациски експерти кои се обидуваат да најдат најоптимално решение за пренос на интернет преку инфрацрвени ласерски зраци кои ќе бидат основен начин за поврзување на леталата, сателитите и станиците на земјата.

FSO технологија

Иако комплицирана за реализација, идејата во основа е многу едноставна. Во зависност од тоа дали се работи за оддалечени и слабо населени локации или за градови со голема густина на популација, ќе се применува еден од начините за „снабдување“ со интернет. Во првиот случај – до слабо населените и оддалечени села и помали градови, интернетот ќе стигнува преку геостационирани сателити (сателити кои орбитираат околу земјата со брзина идентична на Земјината и поради тоа изгледа како да стојат на едно место) коишто постојано ќе комуницираат со станицата лоцирана на земјата, од каде пак, сигналот ќе се пренесува до крајните корисници. За поголемите градови и погусто населените места, предвидено е да се постават поголем број големи беспилотни летала на соларен погон кои ќе бидат во можност без никаква асистенција и гориво да се задржат во воздухот и по неколку години. Вакви „летала“ веќе произведува компанијата Titan Aerospace и на големо се зборува дека Facebook е решен да ја купи за да овозможи ексклузивно производство на беспилотни дронови само за свои потреби. Овие летала кои на себе имаат илјадници мали

11

Пречки за совладување

Само со технологија и само со пари, сепак, не може сè да се постигне. Во реализација на проектот како една од најголемите не-технички пречки се регионалните и меѓународните правила коишто го регулираат воздушниот простор над државите и користењето на радио фреквенциите. Во таа смисла, првата пречка е правилото на федералните воздухопловни власти кои забрануваат беспилотни летала да се користат во комерцијални цели. Дополнително, секоја одделна држава посебно си го регулира тоа... Потоа, тука е и прашањето на приватноста и контролата. Како провајдер на интернет оној кој ќе го реализира овој амбициозен проект ќе има пристап до голем број приватни мрежи и податоци и треба регулатор кој ќе може да го контролира неговото работење, а Facebook не е баш „популарен“ по тоа прашање. Вака гледано, парите и технологијата, сепак, не се семоќни... Да се надеваме дека оваа иницијатива ќе се сфати сериозно и дека сите што треба ќе се вклучат и ќе го завршат својот дел – за подобро утре на сите, секаде.

соларни панели ќе можат да носат опрема до 200 килограми која пред сè ќе биде телекомуникациска и ќе покрива одредена територија. Повеќе такви поврзани летала ќе можат да покријат огромна територија, цела држава, а зошто да не и цел континент. Севкупната комуникација ќе се одвива преку технологијата наречена Free space optical telecommunication или FSO која е базирана на невидливи инфрацрвени зраци.

„Цукерберг и компанија“

Иако на прв поглед изгледа како сценарио од SF филм, сепак кога се работи за „Цукерберг и компанија“ треба сериозно да се сфати секоја нивна идеја. На крајот од краиштата, да не беа тие и нивните визионерски чекори во минатото, денес немаше да имаме ни дел од тоа што секојдневно го сметаме за нормално. И не станува збор само за „лајкање“ и коментирање, се работи за благодатот – поврзаност и можноста да се најде секој и секогаш, само со неколку кликови, сосема бесплатно. Сега сето тоа треба да се пренесе и на оние кои немале среќа да се родат во некоја од поразвиените земји, затоа што, како што кажавме на почетокот интернет денес е основно човеково право, а како такво треба да се овозможи да биде достапно за сите, бидејќи секој човек се раѓа ист и треба да ги ужива истите прави и да ги почитува истите обврски. Г. Постоловски


12

НАША ТЕМА: СКОПЈЕ

Александар Џамбазов, композитор и диригент

СИНОНИМ ЗА ГРАДОВ Неодамна во рамките на свеченото отворање на 37. Денови на македонска музика беше изведена „Рапсодија за Скопје“ од Александар Џамбазов. По речиси 50 години од нејзината прва изведба, сфативме дека да се зборува за Скопје е исто што и да се зборува за или со Маестро Џамбазов!


Чич ко Џам маест баз ов ро Џамб а

М проф аестро есио на што Мој клуб: Што се крие зад „Рапсодија за го з лните зов, к е Скопје“, дело творено во и за градот сино наат д кругов ако што и ил еца ним го з а чиј тогашен дух денес живее само во него бавнат за гр та од с и Чичк знаат адот о ите вите а му в сеќавањата на повозрасните? , за мина Маестр о зика детс „Пес о т . д и к е ­ н ка и И тска а фест г та п енерац ко ивал за Ско хитови денес А. Џамбазов: Авторот не треба да ии се п е п­ скит „Еј је“, „Љу­ отпе сна, за е гу­ бо зборува за своето дело, но кога ла­ в б н ја­ симб в неве евергр „Мо­ и у , г ваа та ин рна“ о веќе ме провоцирате, би можел ла­ ради л на Р ­ би б т . Се и „Сра учител у­ ­ к е ­ м о е­ к а“ в да говорам за околностите во кои л ли­ чети и теле искиот огаш ќ еж­ ви“, , како и“, е ри д визи настанало. Се сеќавам дека во орке с и „ е С а­ паме м фест ецении ја, со стар тоа време, во 1952, кога бев млад, ти и о ти“, н , и а к в ој ал“ Мак как како ка амбициозен, инспириран, се прикажа роди и „Зла о „тат раковод едонск ко ат к еш те тн сопр о оној антологиски филм „Бал на вода“, уг н л на п ото сл “ на „ е речи а С си оз ав а не к чии 90 минути ми го променија животот. забо натите ејче“, опскио н а т ра Кога го видов Биг Бендот на трубачот голе И но и миот вната гор и Тања Хари Џејмс и најдобриот јужноамерикански Прли Анче и зе , чко. оркестар на Ксавиер Кугат (а тоа беа двата т .. најпопуларни оркестри во тоа време во светот), тоа неповратно ми го смени животот. Си реков: Јас отсега ќе бидам македонски Гершвин! Воден од таа мисла заминав на музичката академија во Белград од каде што со познатиот маестро Нело Сигурини, се вратив во 1960. Три години потоа се случи катастрофалниот кој одушевен од композицијата која земјотрес... Почетокот на Рапсодијата има пасажи како топотењето излегувала од прстите на Палфи веднаш од земјотресните тресења кои наизменично се засилуваат добил идеја – делото да се испрати на и смируваат. Потоа следеа полетни мелодии соодветни на фестивалот во Кава ди Тирени, Италија оптимистичките почетоци на секој нов ден, на кои се надоврзуваа - петтиот по ред меѓународен фестивал народните мотиви во седумосмински ритам кои ги карактеризираа за симфонизирана џез музика во чест на утринските емисии на Радио Скопје. Фантазирав и ја создавав Џорџ Гершвин. композицијата во главата...

Инспирација за и од Рапсодијата

Кога премиерно беше изведена вашата „Рапсодија за Скопја“? Во 1964 во СЦ Кале се одржа комеморативен концерт за жртвите во земјотресот. Веќе следната година се случи познатиот концерт во Универзална и се сеќавам дека генијалецот Ладислав Палфи, кој требаше премиерно да ја изведе Рапсодијата, ме запозна

На некој начин, сепак станавте македонски Гершвин? На некој начин, да. На анонимниот конкурс за фестивалот во Кава ди Тирени стигнале 78 композиции од целиот свет, за кои одлучувало стручно жири и жири на публикатата. Мојата Рапсодија ја изведе филхармонијата на Брно и нивни солист, зашто, за жал, Палфи се разболе. Јас не отидов на фестивалот, но наградата ми ја пратија подоцна, заедно со снимката од изведбата на оркестарот на РАИ, како и снимка од фестивалот во Кава ди Тирени. Рапсодијата има и една друга позадина, една уште конкретна причина за создавање и снимање? Да, да. Димитрие Османли сакаше да го сними филмот „Мементо“ за катастрофалниот земјотрес. Сценариото е практично инспирирано од Рапсодијата. Имено, во сценариото еден германски диригент треба да гостува во Грција, но на пропатување низ Македонија, пред хотелот „Гранд“ во Скопје ја среќава прекрасната девојка Јана и се вљубува во неа. Потоа заминува во Грција, од каде се враќа веднаш по земјотресот. Германецот


14

НАША ТЕМА: СКОПЈЕ

настапува на комеморативниот концерт во Скопје, изведувајќи ја токму Рапсодијата, очекува да ја види девојката во првиот ред, но таа не се појавува. Потоа тој несреќно си заминува во Германија.

Споредби и сеќавања

Дали можете да направите споредба на изведбите на композицијата пред 50 години и неодамна на Деновите на македонска музика? Споредбата на последната изведба на Рапсодијата со претходните три (за кои сведочат снимките на РАИ, на фестивалот во Кава ди Тирени, како и онаа подоцнеѓната направена за потребите на „Вардар филм“) е тешка, зашто сите се различни, а подеднакво вредни. Морам да кажам дека швајцарскиот диригент Томас Херцог, гостин на овогодишните Денови на македонска музика, ја подготвуваше оваа композиција со Македонската филхармонија и солистот Имери, со исклучителен ентузијазам. Дури и по концертот ме почести со голем комплимент кога ми кажа дека во иднина задолжително ќе ја изведе и некаде надвор...Очигледно оваа музика убаво функционира и денес, а нејзиниот успех први го забележаа уште италијанските медиуми во далечните шеесетти нарекувајќи ја: „мо­дер­на ком­по­зи­ци­ја со

искра на одуше­ву­ва­ње во мрач­но­то мо­ре од раз­бирлива та­га“. Вие сте синоним и за развојот на популарната музика кај нас и во поранешна СФРЈ, за Ревискиот оркестар на Македонската радио и телевизија, за „Скопскиот фестивал“, за „Златно славејче“, за развојот на македонскиот музички живот, воопшто...

Тра

ги

и

спо М мен траг ој клу б: О и а од А. Џ тога стана а шнот збор мбаз ли н о ув ов ек ист аме за : Не с Скопје оја у и д г д м с ра ва нагр адит д... По разли игурен енес? ч на б е р ратс во ин ано ги ни или дали т т е в р не с ото, ес н отстап за еде е н пома позна денес. а заед увавме ништ ваат .. п гаа. вот ... рв .. ме Пома ите сос о, мина не не т Со воз г ед ра тото р а , за еба да сни лу в и ми и ѓ ш с е т е о ако к з не В ние сè борува ако О не уште за го СО н ж его. , тогаш ивееме ..

Таткото на македонската популарна музика е Драган Ѓаконовски – Шпато. Јас во 1956 заминав на студии во Белград, а во тоа време овде имаше една група околу него која почна да пишува забавни мелодии. Се вратив во Скопје како дипломиран музичар во 1960 и веднаш се роди идеја за формирање на Биг Бенд, зашто таа иста година ми ја примија и првата песна на фестивалот во Опатија. Следната година имав две песни, потоа три. Веќе во 1968, Нина Спирова победи со „Еден бакнеж“ и така афирмирани веќе бевме навистина зрели и самите да правиме фестивал... Потоа се нижеа успесите еден по еден, одминуваше животот, се случи првото антологиско „Златно славејче“...Беше прекрасно и оттогаш си ветив дека ќе пишувам за децата сè дури сум жив...

Долги години сте некако сам со вашето и наше Скопје? 17 години сум без мојата Анче, Тања е на крајот на светот, Игор си има свој живот... Но, сепак, секогаш си приспомнувам на еден афоризам на Мерилин Монро кој гласи: „Подобро е да си несреќно сам, отколку несреќата да ја делиш во друштво со најблиските луѓе“. Текст: Б. Костиќ-Марковиќ Фотографии: Е. Николова-Лиере


НАША ТЕМА:СКОПЈЕ

15

Милан Мијалковиќ, архитект

ВО ПОТРАГА ПО (НЕ)ВИДЛИВОТО

Катната гаража меѓу улицата Св. Кирил и Методиј и Булеварот Македонија во Скопје се градеше две години (од јули 2011 до септември 2013) и за тоа време очите на градот, наѕирајќи ја необичноста, беа ширум отворени. Потоа се тргнаа градежните огради и почна потрагата по (не)видливото. Потече незапирлива река од различни мислења која стана уште погласна по појавувањето на катната гаража во „Архдејли“ (www.archdaily.com), најпосетуваниот и најпрестижниот светски портал за архитектура... На целта на „потрагата“ стои Милан Мијалковиќ кој е наш специјален гостин. Тој заедно со „ППАГ архитектс“ е автор на фасадата за која се зборува, пред која се подзастанува ако одите пеш или пред која се отвора прозорец ако сте во автомобил...

„Архитектурата не е приказна која може да се раскаже!“

Мој клуб: Ќе можете ли да ни ја раскажете од прва рака „приказната“ за фасадата за која толку се зборува? Колку таа воопшто е

битна за „тука и сега“, кога впечатливата и наградувана фасада на катната гаража е готова, можеме да ја видиме, да застанеме покрај неа, да ја разгледаме, да ги преслушаме сопствените визуелни (и функционални) впечатоци? М. Мијалковиќ: На конкурсот за катната гаража кај градската пошта добивме само откупна награда. Причината беше дека наводно сме претерале со „барокот”. Во нашиот предлог јавниот и деловниот простор беа исто толку, би рекол дарежливи, како и фасадата. Сепак, фасадата толку им се допадна, па ни беше


16

НАША ТЕМА:СКОПЈЕ

НАКУСО Милан Мијалковиќ (www.milanmijalkovic.com) е скопјанец, архитект кој живее и работи во Виена. Досега имал неколку самостојни изложби во Берлин и во Виена, а добитник е и на наградата што ја доделува виенското списание за архитектура и урбанизам „Стар хјуман 2013“. Познат е на нашата јавност и по книгата со контроверзен наслов „Скопје светското копиле. Архитектурата на поделениот град“, што ја објави австриската издавачка куќа „Визер ферлаг“, а потоа беше преведена и на македонски и на албански јазик.

предложено да ја градиме на друга катна гаража, која веќе беше во фаза на планирање и секако имаше и сопствено фасадно решение... Инаку, проектот за самата катна гаража (без фасада) е на фирмата „Горичанка“. Секако дека архитектурата не е приказна која може да се раскаже, инаку не би имало потреба да се гради, но, од друга страна, приказната моќно отвора нови простори за перцепција. Приказната е многу важна „тука и сега“, се работи и за еден вид почит кон јавноста. Таа раскажува дека работите не паѓаат од небо или едноставно не излегуваат од земја. Таа се обидува да го објасни процесот. Што интерпретира фасадата? Во суштина, фасадата интерпретира желби. Првин желбата за орнамент, потоа желбата самата да се појавува на туристички фотографии, да биде „како во Европа“, но и желбата да биде она што не е! Понудивте концептуална архитектура, наведувајќи ја конкретната инспирација/ врската на вашата фасада со зградите во Виена во 19 век (самиот понудивте и фотографии каде што тоа се гледа).

„Истоста“ или сличноста со конкретни градби од друг простот и друго време не ја криевте, тука ја приложивте на увид на сите, развивајќи ја на свој сопствен, творечки начин. Тоа е... следење на стариот пат до нова цел? Развитокот на фасадата почнува од една аматерска фотографија, од туристичка перспектива, која прикажува станбени згради на една виенска улица. Оваа перспектива потоа ја мултиплициравме и дополнително ја разделивме во повеќе слоеви, со што добив површина со сосема нејасен хоризонт. Во суштина ние само поинаку ги подредивме желбите т.е. процесот, со што секако и на поинаков начин ги тематизиравме работите, како на пример аматеризмот, тривилизацијата, убавината, а и немирот.

„Гледањето е е многу мал дел од архитектурата!“

Вашата фасада на катната гаража ја демантира или, уште повеќе, ја коригира поделбата на „важно“, „помалку важно“ и „неважно“. Дали сè што ќе видат очите е подеднакво важно?

Да. Токму така. Сè што ќе видат очите е подеднакво важно, а и само така, преку еднаквите права на визуелното, станува можно човек да се спротистави, да се воздржи на фактичната нееднаквост помеѓу сликите и да ги открие социјалните, културните, политичките разлики. Но, кога зборуваме за гледање, разговараме за многу мал дел од архитектурата. Во литературата, на пример, жанрот во никој случај а приори не ја одредува книжевната вредност на делото. Како стојат нештата во архитектурата? По интернационалните архитектонски конкурси градежен стил речиси и не се спомнува. Стиловите во моментов, со мали исклучоци во Европа, главно се тема во бившите СССР републики. Но, секако дека градежните стилови се важни за човек да може да го разбере контекстот, проблематиката. Барокот е масовен ефект, обид да се дисциплинира, морализира масата. Обид да се создаде вистина. Втиснување на уметноста во реалниот простор на набљудувачот, но, и на реалноста во измамата. Се поставува прашањето зошто се бара конкретен стил, а не просторни решенија,


НАША ТЕМА:СКОПЈЕ

17

Кога се проектира за дома мислам дека оддалеченоста ги смирува емоциите. Не мислам дека со оддалеченоста се гледа од некојаси птичја перспектива. Секако дека многу работи и важни информации се пропуштаат, се губат преку дистанцата, ама од друга страна проектирањето и истражувањето за дома исто така значи и соочување, средување и подредување на емоциите. Од друга страна, интернационалноста е важна за прибирање и размена на искуства, и тука не зборувам за себе туку за тазе пропуштената шанса да ни се проектира дома, но и за пропуштената шанса да собереме искуство од постземјотресно Скопје.

„Модернизмот е добра основа!“

Велите дека „малите простори“ отвораат „големи слободи“. Што точно мислите со ова? Шатор на полјана е многу поголема слобода од стадион во Чиле... или сетете се само на просторите од детството: меѓу-просторите од зградите, куќите и бараките во Тафталиџе, каде што растев, за мене беа места каде што ги доживував најголемите емоции и слободи. Но, кога сме веќе кај пропорциите, за време на последната моја посета во Скопје имав можност да влезам, да го посетам и новиот Национален архив кој ме остави без воздух. Раскошноста на фасадата и малодушноста во просторот... Тој скржав простор... Затоа и велам дека не секогаш малите простори отвораат големи слободи... Честопати нагласувавте дека на Скопје повеќе му требаат функции отколку фасади и во тој контекст „заговаравте“ кон­ цепт на „комбинирање функции што се навидум во конфликт“ во кој со социјална медијација на готовите проекти тие вистински ќе се „завршат“, ќе се „остварат“, „ќе успеат“. Кога за еден

просторна креативност или просторни одговори!? Но, тоа е друга приказна...

„Оддалеченоста ги смирува емоциите!“

Дали и колку наградите можат да го менуваат јавното мислење? Дали вашата катна гаража стана „поубава“ за повеќемина по наградувањата? Реален ли е впечатокот дека одеднаш, токму оваа катна гаража ни се допаѓа на сите (барем на повеќемина отколку на почетокот)? Фасадата не е убава... и токму затоа, таа може да стане „поубава“. Обратниот процес е катастрофален. Е сега, убавината не само што не ми беше цел, туку од тоа и свесно бегав. Нашата фасада имаше повеќе за цел да биде нешто чудно, необично, нешто помеѓу непоз­ натото и познатото, нешто во што се крие немирот... На германски тоа се вика „unheimlich“. Кои се разликите да се живее „дома“, да се проектира надвор, наспроти обратната ситуација: да се живее надвор, да се проектира „дома“? Колку е важна оддалеченоста во овој контекст?

проект може вистински да се рече дека е завршен? Кога ќе биде изграден, кога ќе биде отворен, кога ќе... Како архитект, сметам дека најинтензивната фаза е планирањето, градењето, сè до отворањето, но, една интелигентна архитектура расте, се менува, се вообличува со корисниците и нивните потреби. Еден објект или поточно едно архитектонско здание не може да биде завршено ниту со уривање! Единствено заборавањето е вистинското завршување! Има една убава мисла, не знам точно од кого е, во која се вели: „Каде што нема ништо - сè е можно, а каде што има архитектура – можно е ништо!“. За крај, модернизам или постмодернизам? Во суштина, постмодерното на некој начин и го презирам. Модернизмот, со сите свои грешки, сметам дека е добра основа. Треба да се продолжи со модерното, со класификација и организирањето на нештата. Сомнежот во сè, па дури и во вистината е погрешен. Текст: О. Ќорвезироска Фотографии: Дарко Христов


18

НЕКАДЕ...

за Упатс ко тв наш ристењо иот е гра на д пе

Скопје

за н По дес а мест јдалеч етина нит реп а на екск Земј е и на ортажи л је инат и фо узиве а т гзоти н тогр аф – сорабо опка, чните пат тник наши Роб е уп пишува ерт См , пату от и наши атство за Ско лески вач , пр пје! от г з в рад а кор Ов свет напиш истење а ан ски н пату о од е а ден вач.

„УТРЕ Е НОВ ДЕН!“ Лесно е да се заљубите во најубавата девојка во класот. Но, Скопје не е таква девојка, а вие сепак бескрајно ќе ја засакате! Скопје не е град што освојува на прв поглед, но е град што се пика под кожа. Во него релацијата град-луѓе е неразделива од алхемиската формула за заљубување. Скопје, всушност, сме сите ние, скопјаните, кои не престануваме да го градиме митот за нашиот град.

Ако некој пристигне со авион...

Ако некој пристигне во Скопје со авион, на слетувањето во скопската котлина го очекува возбудлив пејзаж кој вистинскиот патник веднаш ќе го препознае. Озгора ќе забележи долина во која секој би сакал да се насели: планини и ридови, реки, големи и мали, град со назабена моќна тврдина и затворена долина од сите страни, освен од една – заштитена од силни ветрови, но отворена кон Медитеранот на југ. Ако е ова навистина Градот на седумте порти, тогаш токму на таа страна е и мојата омилена порта - крепоста кај Кожле.

Ако некој пристигне во мај...

Ако некој пристигне во Скопје во мај – наместо црвен килим, бесконечни ливади од црвени булки крај автопатот ќе се постелат за да го пречекаат. Над нив планинските венци со алпски амбиции, ишарани со остатоци од последниот снег ќе го дополнат вангоговскиот пејзаж на кој и Тоскана и Прованса можат да му позавидат. Повисоките планини со месеци се покриени со снег, дури и тогаш кога лицата на скопјаните се веќе фино заруменети од силното пролетно сонце. Сигурно и птиците преселници се веќе вратени од зимскиот престој во Африка. Ќе ги забележи како надлетуваат забрзано над плодното скопско поле. Чадот на оџаците на куќите во преградијата на градот веќе ќе бидат заменети со нови седела на семејства штркови кои генетски доаѓаат во овие предели, уште кога овде имало мочуришта.


НЕКАДЕ...

19

Букви и јазици

Секому што ќе преспие во нашиот град, ќе му мине целата еуфорија само со еден сон и веќе наредното утро денот ќе го загризе со прошетка. Нека си понесе шапка и очила за сонце, зашто кога е во Скопје, секој треба да биде скопјанец! Нека си врзе и некаква лежерна марама околу вратот – неупадливоста ќе му биде загарантирана. Може да ја започне прошетката од која било страна на реката Вардар, зашто Вардар го дели градот на два дела, ама и Средниот век од Модерната. Буквите и јазиците во нашиот град се менуваат брзо и лесно како на Google Translate: македонски, албански, турски, српски, влашки, ромски... Звуците на најновите диџеи во Дебар маало отаде река преминуваат во молитви на муезини, а од кенкавите радија на автомобилите со отворени прозорци трештат звуци како да си на Блискиот Исток. Во скопската Топаана азимутот се поместува понатаму кон Средниот Исток – небаре се телепортираш во Раџастан или некоја друга индиска држава. Но, тука лежи замката – јас не би се опуштал да сум турист, зашто и среде Топаана може да те одмине маалски фраер обелечен небаре излегол од најтрендовскиот бутик во Камден Таун во Лондон или дошол отаде барата од Бронкс – кога ќе го одминеш мириса на скап парфем, а од неговите предимензионирани слушалки во боја до ушите ечи некој семпл од последната ѕвезда од ЕмТиВи. Скопјаните сме навистина шармантни. Луѓе сме со голема срдечност, правопропорционална со големината на градот, иако тоа не е практика во светот. Бакнувањето со пријателите, колегите, роднините, „бившите“... се одвива насекаде: на улици, во лифтови, дискотеки, болници, училишта, и дене и ноќе. Да не се заборава - по три пати! Постарите дури се служат и со

рацете за да го фиксираат својот „плен“ при бакнувањето, за секој случај, да не им побегне. Градот е создаден за мерак и за уживање во хемијата што постои меѓу географијата, историјата и биологијата.

Ако некој посака да побегне...

... од жешкиот котел на цивилизации, одморот и инспирацијата може да ги пронајде во скопската непосредна околина. Скопската Гецеманова градина не е само еден рид – цела Скопска Црна Гора е дом на свети храмови од византиско време, а ништо помалку не заостанува ни западниот и јужниот дел од природните бедеми Водно и кањонот на реката Треска – Матка. Низ манастирите на Матка и Скопска Црна Гора, скриени од светот како свитоците во Светата Земја, се вредностите кои секој може да ги допре и да ги доживее небаре се создадени само за него! Не се застаклени, ниту оградени со црвени јажиња, аларми и намуртени обезбедувања. За да се поразговара со вселената или со самиот себеси, препорачуваме да се отиде на Матка во работен ден, бидејќи за време на викендите Матка е премала за да ги собере сите свои „деца“.

А кај се новите „светци“?

Новите „светци“ се лоцираат многу лесно: по работата, квечерум, излегуваат во хеланки и со слушалки на ушите, џогираат кон паркот или покрај Вардар. Ако патникот има среќа, меѓу скопјанките ќе може да види и еден поинаков ангел од оној во црквите – Катерина Ивановска, на пример,

едно од заштитните лица на „Викторија Сикрет“ можеби ќе претрча на пешачкиот премин додека се одбројуваат секундите до зелено светло на семафорот! Тука е и новата дисциплина - фаќање сеир од терасата на некое кафуле во Дебар маало. Таму во заседа се дочекуваат „Катерините“ како се упатуваат трчајќи кон паркот и кога патникот ќе ја препознае онаа според неговиот вкус – препорачуваме слободно да си воздивне, да ги соблече обувките и да побара од келнерот црево за разладување! Патникот може да остане босоног на врелиот асфалт сè додека не падне мрак и сите песни од уморниот диск не се свртат барем 5,6 пати, мешајќи се со музиката од паркираните возила во близина.

Ако некој огладне во Скопје...

... нека ја посети готвачката Дара во старата чаршија, чијшто вкус на јадењата зависи од нејзиното, а уште повеќе од расположението на нејзиниот маж.

Ако некому му се приспие во Скопје...

... тука е сонот, омиленото гориво на скопјаните на чијшто погон го буткаат секој следен ден од своите животи во надеж за подобро утре и задутре, „за себе и за својата фамилија“. Патникот може да си наточи сон и за себе! „Утре е нов ден!“ шепоти Хемфри Богарт на секое увце одделно што ќе го сретне во Скопје, дење или ноќе! Текст и фотографии: Роберт Смилески


20

ФИЛМАЏИИТЕ И СЛИКАРСТВОТО

ОД ПЛАТНО НА ПЛАТНО Честопати сме сведоци на изјавите на филмаџиите дека снимањата на филмовите знаат да бидат прилично напорни и дека се обидуваат мирот помеѓу два филмски проекта да го пронајдат некаде на друго место, практикувајќи работи кои целосно ги опуштаат. Сликарството како хоби е едно од нив. Најпознат сликар меѓу актерите е сер Ентони Хопкинс, со бројни изложби зад себе, за чиишто слики колекционерите плаќаат евро повеќе. Во изминатиот период, пак, Вуди Ален изложуваше во Буенос Аирес, Роберт де Ниро нè потсети на неговиот татко со изложба во рамките на Санденс фестивалот, додека најголемо изненадување дефинитивно претставува Силвестер Сталоне, чиишто слики беа претставени во Санкт Петербург пред пребирливата руска публика.

Кога јагнињата (на платното) ќе стивнат Ентони Хопкинс ужива углед како педантен професионалец, на снимањата доаѓа од девет до пет, а потоа се упатува во своето интимно катче каде што ужива во дружбата со долгогодишната сопруга, или пак, довршува некое од започнатите сликарски дела. Критичарите за сликарот Хопкинс велат дека е необременет од конвенционалното и дека е голем креативец, кој во годините наназад успеал да создаде свој стил и уметнички јазик, инспириран од неговите патувања, соништата и спомените. Самиот Хопкинс, пак, за ликовите кои се дел од неговите слики преполни со живи бои вели дека тајната лежи во нивните очи, и дека токму тие се силата која сликарот треба да ја долови и да ја претстави на публиката. За подобро запознавање со сликарот Ентони Хопкинс, посетете ја Фејсбук страницата https://www.facebook. com/pages/Anthony-Hopkins-and-hispaintings/100900259953520 на која навистина има што да се види, и без предрасуди да се ужива во виденото.

Вуди Ален на гости кај Борхес

И додека течеше скандалот во Њујорк со обвинувањата од страна на неговата поќерка дека во минатото сексуално ја злоупотребувал, што на њујоршкиот невротик не му е прв пат и кое, секако, категорично го отфрли како валкани лаги, Вуди Ален во главниот град на Аргентина, во оправдано отсуство, доживеа нови ѕвездени моменти по повод отворањето на изложбата посветена нему со поп-арт наслов „Ние го сакаме Вуди толку многу“. На неа беа претставени слики, цртежи, фотографии и видеа од различни периоди на животот на популарниот режисер, кои отворено ја слават неговата богата и креативна кариера. Сместена во Културниот центар „Борхес“ во самото срце на Буенос Аирес, турата започнува со проекции на кратки филмови на подот од галеријата. На едната страна може да се види црнобелиот портрет на Вуди Ален, а наспроти него доминираат портретите на ликовите од филмовите „Ени Хол“ и „Радио денови“. Кураторот на изложбата, Вирџинија Фабри, изјави дека сите слики претставени на изложбата се многу интересни и храбри, додека видеата се дело на уметникот Хуго Екари, кој никогаш не се сретнал со Ален, но е голем љубител на неговите филмови. Вуди Ален има голема база на фанови во Буенос Аирес, пред сè благодарение на психоанализата во неговите филмови, која деновиве е прилично популарна во главниот град на Аргентина. Тоа го потенцира и Грациела Лабандиера, жителка на градот, зборувајќи во името на многу пријатели кои ги сакаат филмовите на Вуди Ален, и кои нетрпеливо чекале да се отвори одамна најавената изложба на нивниот омилен филмаџија во


сопствениот град, која траеше до 6 март. Со тоа, популарниот филмаџија, освен страста кон кларинетот и настапот со неговиот бенд насекаде низ светот во изминатите децении, ја покажа и својата нова креативна страна, сликарството, кое можеби не е толку возбудливо како и неговите книги и филмови, но сепак, доколку на сето тоа гледаме како на испреплетување на талентите кои тој несомнено ги поседува во големи количини, тогаш можеби ќе посакате и да закачите некоја негова слика во сопствениот дом. За последиците од секојдневното гледање во неа барајте гаранција од самиот автор! http://arts-info.com/argentine-art-exhibitcelebrates-woody-allen.html

Де Ниро јуниор за Де Ниро сениор

Дел од годинашниот Санденс фестивал беше и култниот Роберт де Ниро со еден интимен, семеен проект, кој го прикажува животот и делото на неговиот татко, експресионистичкиот сликар Роберт де Ниро сениор. Тој по Втората светска војна беше дел од американската уметничка сцена заедно со (подоцна) популарните Џексон Полок и Марк Ротко, а неговиот син, славниот актер, со документарен филм и изложба реши да го заокружи неговиот уметнички ангажман на овој свет дваесет години по неговата смрт. „Сеќавање на уметникот Роберт де Ниро сениор“ е едноставниот наслов на документарецот прикажан во галеријата каде што беа изложени и сликите од наследството на овој американски уметник, сепак пред сè познат како татко на славниот актер, Роберт де Ниро јуниор. Како куриозитет поврзан со овој настан е изјавата на Де Ниро дека неговиот татко бил хомосексуалец, и дека имал прекрасна комуникација со него, иако тој заминал од семејството кога актерот бил дете, и дека всушност токму неговата поддршка од Де Ниро јуниор направила голем актер. http://robertdenirosr.com/ Photos.html

Роки и Рамбо низ трагата на четката

Холивудската акциона ѕвезда Силвестер Сталоне во своите шеесетти години го покажува и своето поинакво лице. Имено, публиката во Санкт Петербруг во изминатиот период можеше да ја види

неговата изложба на слики, насловена „Силвестер Сталоне. Уметност. 1975-2013“, со која актерот прославува триесет и пет години од уметничката дејност на полето на сликарството. Малку е познато дека тој пред да влезе во филмската индустрија студирал уметност, а покрај изложбата во Русија, тој досега изложувал и во Швајцарија и Мајами. „Бидејќи снимав филмови кои бараа невиден физички напор, идејата за осамен артист пред платното за мене беше прифатлива и вистинска форма на комуникација“, им се довери Слај на руските фанови, кои во голем број ја посетија неговата поставка. „Мислев дека ќе биде интересно да насликам што мислат карактерите во филмовите. На пример, на почетокот немав идеја како да го насликам Роки, или да напишам нешто за него. Тогаш насликав слика, која ми даде идеја и инспирација. Тоа значи дека визуелната слика автоматски почна да ме инспирира, и така почнав и да пишувам. Сите уметности се поврзани, едната ѝ помага на другата. Затоа во сликите се обидувам да комбинирам и филмски чувства и емоции, а понекогаш и пишувам врз платното за да ги искомбинирам сите различни елементи на комуникација“, поентира Сталоне. Околу 1.000 посетители беа присутни само на отворањето на изложбата на Сталоне во рускиот музеј во Санкт Петербург, чиј директор Владимир Гусиев доби отворени критики зошто дозволил на една холивудска ѕвезда да изложува меѓу великаните на руската уметност, како Казимир Малевич и Илја Репин. „Сликите се вредни за Рускиот музеј - добри, сериозни. Тој не е дилетант или аматер, и можеме да го видиме неговиот авторски печат. Гледаме модерен сликар на 20 и 21 век. Гледаме и личност, неговата природа и неговиот карактер“, се бранеше Гусиев од нападите во медиумите. Сталоне во Русија изложи 30 слики, кои во следните месеци ќе имаат чест да ги видат и жителите на некои други европски градови. Сталоне во МСУ во Скопје? Е тоа би бил настан за сликање!!! http://www.rferl.org/media/photogallery/stallone-paintingsart/25144133.html И.Анѓелков


22

МОДАТА И СЛИКАРСТВОТО

КОГА УМЕТНОСТА МОЖЕ ДА СЕ ОБЛЕЧЕ... Љубовта помеѓу модата и сликарството е вечна. Таа станува особено интересна кога „првото“ се однесува кон „второто“ како кон муза, барајќи креативност и инспирација.Тогаш спојот помеѓу нив станува совршен. Модата станува уметност, а модните парчиња облека – оживеани уметнички дела кои чекорат по модните писти, по улиците или... во мечтите.

Оваа сезона, дизајнерите се потрудија да го оживеат познатиот афоризам на Оскар Валд: „Човек или треба самиот да биде парче уметност, или треба да носи уметничко дело на себе“. Тие претставија вистински уметнички дела на модните писти, инспирирани од самата уметност. Со парада од модни парчиња ишарани со графити, апстрактни елементи и лесни (небаре со четка!) насликани форми, модните гуруа успеаја вистински да ја оживеат уметноста, создавајќи пролетни колекции кои зрачат со креативност, имагинација и силен визуелен израз. „Допрени од уметничката муза“ Париската Гранд Пале (Grand Palais) беше претворена во вистинска уметничка галерија за време на последната ревија на легендарната модна куќа „Шанел“. Слики на познатите уметници Џексон Полок, Марсел Душамп и Василиј Кандински беа перфектна позадина на модното дефиле на Карл Лагерфелд, чијшто гениј овојпат беше преточен во неверојатна колекција насликана во боите на виножитото, со модели кои парадираат со прибори за скицирање наместо чантички. Современите уметници Габриел Спектер и Ел Мак пак, се погрижија за илустрациите насликани на ѕидовите на ревијата на „Прада“, а нивните портретни дела ги красеа и парчињата облека на модната куќа, создавајќи незаборавна, нослива уметност. Слободните потези на четката на модните парчиња на „Селин“ беа инспирирани од графитите на Брасај, додека, пак, современите геометриски форми и мод апстрактите беа моден израз на „Фенди“ и „Валентино“. Пикасо беше инспирација за кубистичките ликови на ревијата на Жан Шарл де Кастелбажак, a меѓу дизајнерите „допрени од уметничката муза“ беа и „Долче и Габана“, Аквилано Римонди и Жил Декон.

Уметноста и во минатото умешно чекорела на модните писти. Во 1965 год. легендарниот Ив Сен Лорен ќе го создаде незаборавниот Мондријан коктел фустан, славејќи ги апстрактните форми во сликите на познатиот холандски сликар.


Арт-модата низ годините Уметноста и во минатото умешно чекорела на модните писти. Во 1965 год. легендарниот Ив Сен Лорен ќе го создаде незаборавниот Мондријан коктел фустан, славејќи ги апстрактните форми во сликите на познатиот холандски сликар. Карактеристичните црни линии на бела основа за Пит Мондријан, како и блоковите во основни бои креативно спротивставени меѓу себе, ќе го красат едноставниот дизајн на Лорен, кој набрзо ќе стане едно од најпознатите модни парчиња воопшто. Џулијан Шнабел со својата ликовна збирка посветена на тогашната сопруга Олац Лопез, ќе биде инспирација за познатото италијанско дизајнерско дуо „Долче и Габана“ во 2008 година. Уметноста на Шнабел ќе ја преточат во серија инвонредни парчиња кои зрачат со оригиналност. 2012 е секако година на мода во знакот на уметноста. Тогаш, на модната писта на Родарте ќе зачекорат „ Ѕвездената ноќ“ и „ Сончогледите“ на Ван Гог, красејќи ги убавите, во стилот на 50-тите-фустани. „Сребрените облаци“ на Ворхол ќе бидат инспирација за Жил Декон, а Раф Симонс ќе блесне со сета своја артистичност креирајќи плетена колекција во стилот на Пикасо за Жил Сандер. Ел’ Вен Скот и Аквилано Римонди тогаш ја слават „златната фаза“ на Густав Климт , Прабал Гуран наоѓа инспирација во живописните Сензуални цветови на јапонскиот современ уметник и фотограф Нобијоши Араки, а јаките уметнички потези од четка на ревијата на Дона Каран, се директна референца на уметничкиот опус на хаитскиот графички уметник Филип Додар. Уметноста во модната фотографија Дека модата оддава почит на уметноста говори и извонредниот моден едиторијал на познатата Ани Лебовиц, кој ги красеше

страниците на американското списание „Вог“ во декември 2013 год. Фотографиите на Ани, изработени под будното уредничко око на Грејс Кодингтон, се ода за едни од најубавите дела во сликарството. Заносната Џесика Честејн ги персонифицира „девојките “ на Ван Гог, Густав Климт и Фредерик Лејтон, носејќи креации на Александар Мек Квин, Вера Ванг, Тејскенс и Александар Ванг. Апстрактните, кубистички форми на Пикасо пак, беа инспирација за оригиналната модна фотографија на Евгенио Реквенко. Шпанскиот фотограф познат по своето „кинематографско“ око, создаде серија фотографии кои ја имитираат уметноста на големиот сликар. Фрида Кало, безвремена модна инспирација Сликарскиот гениј во комбинација на автентичниот еклектичен стил и плетенката украсена со цветови како уникатен моден додаток, е она што несомнено и сосема заслужено го дава епитетот „безвремена модна муза“. Фрида Кало зрачи со индивидуалност која не престанува да ги инспирира луѓето од модниот свет. Андрес Сарда за пролет/лето 2011 ќе создаде долна


24

МОДАТА И СЛИКАРСТВОТО

CC "Fotos III Carnaval Fashion Week - Pasarela Internacional de Carnaval Las Palmas de Gran Canaria 2012 Asociación de diseñadores del Carnaval de Las Palmas" by JUAN RAMON RODRIGUEZ SOSA https://www.flickr.com/photos/azuaje/

облека стилизирана во знакот на Кало. Мара Хофман во 2012 ќе дизајнира младешка колекција во боите на Фрида, а во 2013 мексиканската сликарка ќе ги инспирира Маја Хансен и Москино. Оваа пролетна сезона, уметничката муза ќе ги допре Валентино и Ребека Минков, кои ќе се претстават со колекции проткаени во впечатливи бои, принтови и неизбежниот, на Фрида својствен -етно печат. Шармот на Фрида ќе ги маѓепса и модните фотографии, кои низ времето ќе создадат мноштво фотографии налик на познатата сликарка. Лаура Понте, а ла Фрида Кало, се појавува во модниот едиторијал фотографиран од страна на Ајрис Брош за „Ел Официел“ во 1998. Клаудија Шифер во улога на Фрида во германскиот „Вог“ во 2010, Емили Сенко во италијанското „Мари Клер“ списание една година подоцна и убавата Карли Клос со фотографии објавени во „Вог“. Меѓу највпечатливите е и модниот едиторијал објавен во априлското издание на „Синглс Кореа“ 2012, како и оној фотографиран од страна на Анук Ниче за познатиот моден блог http://www. fashiongonerogue.com/ Живописните бои на Кит Херинг Мода во релација на уметост, и веднаш помислуваме на препознатливите, со иконски статус, графити на талентираниот Кит Херинг. Уметноста на Херинг веќе одамна ја напушти сликарската рамка и се најде на ревиите на многу дизајнерски имиња. Во 80-тите, разиграните човечиња на Херинг ќе бидат

дел од колекцијата на Вивиен Вествуд, во 2008 тие ќе станат дел од МcQ колекцијата на Александар Мек Квин, а од нив ќе бидат инспирирани и Џереми Скот - за неговата колекција за „Адидас“, како и Јуникло и Ком ди Гарсон за изработка на серија уникатни маички. „Томи Хилфигер“ создадоа колекција на гумени чизмички со принтот на Кит, а чевлички во Херинговите бои дизајнираше и Николас Кирквуд во 2011 година. Поп-арт мода Филип Лим, Филип Колберт, Лиса Пери, Кејт Спејд, а ги има уште многу... Сите со своја интерпретација на делата на Енди Ворхол и Рој Лихтенштајн во стилот на добро познатиот поп-арт. „Расплаканата девојка“ и „Бакнежот“ на Рој се декор на модните парчиња на Филип Лим за есен 2012, ги красат и едноставните фустани во дизајн на Лиса Пери, а ќе бидат дел и од модните додатоци на Кејт Спејд и чевлите на Шарлот Олимија. Ворхол пак ќе ги инспирира разиграните дизајни на Колберт за Родник Бенд, неговата „лименка“ ќе зачекори на ревијата на Кастелбажак, а во Ендиев стил, Дајан вон Фирстенберг ќе ја прослави и 40-годишнината на нејзиниот фустан на преклопување. Ц. Беличанска www.fashionodor.com


СПРОТИ МУНДИЈАЛОТ ВО БРАЗИЛ

25

CC "BRASIL EM FESTA, COPA DO MUNDO !! LET'S PARTY BRAZIL, WORLD CUP !!" by Thomás https://www.flickr.com/photos/antoniothomas/

ФУДБАЛ, САМБА И ТЕХНОЛОГИЈА Светското првенство 13 јули ќе влезе во најскап мундијал на судиските тајм-аути

во Бразил што ќе се одржи од 12 јуни до историјата на најголемиот планетарен настан како кој за прв пат ќе бидат воведени: гол-технологијата, и специјалните спрејови.

Глобалните емоции кои ги предизвикува приближувањето на почетокот на Мундијалот во Бразил не заобиколуваат никого. Дисонантни се тоновите околу тоа кој е фаворит за фудбалскиот трон, но сите гласови на крајот се спојуваат во една координирана функција, или заклучок, дека Светскиот куп требаше и мораше по 64 години конечно да му се врати на Бразил, земјата која живее за светото тројство - самбата, карневалот и фудбалот. Играњето со „бубамарата“ е суштинската вредност и претставува начин на живот за Бразилците, нацијата на мултикултурно наследство. Мундијалот во Бразил, или како што би кажале домаќините „Копа до Мундо“, инаку 20. по ред, ќе биде запаметен како

историски по многу параметри и факти. Тоа ќе биде најскапото светско првенство, бидејќи ќе се потрошат повеќе од 16 милијарди евра. Претходните три Мундијали не чинеа толку колку што ќе чини овој во Бразил.

Гол контрол...

Во Бразил за прв пат во историјата ќе се користи и голтехнологијата „Гол контрол“, која треба целосно да ги елиминира дилемите дали голот е регуларен или не. Притисокот на судиите сигурно ќе биде помал, сликите со фаталистичките фаќања за глава на фудбалерите и обиколување на судиите остануваат во минатото. Како ќе функционира технологијата? При спорните ситуации, судијата ќе добива сигнал на часовникот дали погодокот е регуларен или не, за што е потребна една секунда. Тоа значи дека тоа нема да влијае на динамиката на играта, а прекин на мечот нема да има. Таа информација ќе стигнува само до судиите кои можат, но и не мораат да им ја покажат на „актерите“.


26

СПРОТИ МУНДИЈАЛОТ ВО БРАЗИЛ

Зак Укинув оно т ање од за зашза бук а! тита

Гер општ манија еств прва на ен Мунд силата и прав покажа и и д н зашт јалот. а пром ла мора ека ут вр е и Т н д т а и а а трае од б прив те ко а се а дените и с у р п к е г е а м го с и пр даптира к т е успе таклот а во ж но го едиз ат и у нави н в в в к вачи дира ов о Браз отната ина За икува ил. коно ја б те н ој з сред Г живо одрат р а јавн акон з ермани ина до т за „кол тна ср епрез о мест а да и ја одл дека ента о и м ов учи ект еди на о ивното на Бар цијата од пет озможи да бара . Ми ни ж твор след на ни ил ен ењ Х Врем енск о е со е на ф ендрикс стеркат и да став у ата а за пого ен д дбалски изјави ра ле ел н те н дека како миот д злика и ту ел од со Бр а Мунд атпрев аз и ка, а н ќе с атпрев ил зна јалот“. ри чи д арит е сл вече ека е, ед рни часо ат во д слично ви. оцни те Arne Müseler / www.arne-mueseler.de

ФИФА долго инсистираше на „компјутеризација“ за да не се повторат сцените од минатото СП 2010 година во Јужна Африка кога не беше признаен регуларниот гол на Франк Лампард на мечот Англија - Германија, што предизвика многу бура. Исто така судиите ќе користат и посебен спреј со кој ќе ја означуваат позицијата на топката и растојанието на кое треба да биде живиот ѕид при слободните удари. Спрејот ќе исцртува бела точка на теренот која по неколку минути ќе исчезнува. Премиера во Бразил ќе доживее и судискиот тајм-аут, за кој се заложија многу фудбалери и тренери. Арбитрите ќе имаат право два до три пати да го прекинат мечот на кратко, односно да викнат тајм-аут во договор со лекарите. Тоа кошаркарско правило се воведува поради очекуваните високи температури. Најкритично ќе биде во градовите Ресифе и Натал, каде што температурите стигнуваат и до 40. степен со влажност на воздухот од 80 отсто.

Футуризам со летала и роботи

Светскиот шампионат ќе изгледа и по малку футуристички, бидејќи за сигурноста и безбедноста на посетителите ќе се користат израелски беспилотни летала и американски роботи. Леталата

ќе ја надгледуваат турканицата на улиците во градовите и на стадионите. Специјализираните роботи чие име е „Пекбот510“ (Packbot 510), исто така ќе бидат искористени за заштита на граѓаните и туристите. Ќе работат на далечинско управување и ќе се користат за пронаоѓање на опасни предмети и

препознавање на напнати ситуации. Покрај тоа, во озбебедувањето ќе бидат вклучени и 100.000 припадници на редот и мирот. Причината за толкавиот број, меѓу другото, се и низата социјални протести кои се случија во изминативе неколку месеци. На Мундијалот во Бразил не остана


СПРОТИ МУНДИЈАЛОТ ВО БРАЗИЛ

имуна ниту култната анимирана серија „Симпсонови“ која во 25. сезона од прикажувањето посвети една епизода и на борбата за „Златната божица“, која на победникот ќе му донесе рекордна заработувачка од 35 милиони американски долари (финалистот добива 25, третиот 22 милиони, а вкупниот награден фонд е 576 милиони).

Симпсонови типуваат на Германија!

Насловот на епизодата е „Не мораш да живееш од судиите“ (You Don’t Have to Live Like a Referee). Сценариото се одвива во Бразил, каде што прочуеното семејство заминува на одмор, а Хомер ќе биде избран да биде судија на планетарната смотра. Она што сите ги заинтригира е резултатот и учесниците во финалето. Според творците, финалето е загарантирано за Германија и за домаќинот Бразил, а победата ја носат Германците со 2:0. Колку биле реални - ќе видиме! Но, во прилог на ваквото предвидување можеби оди и фактот дека главниот творец на серијата Мет Грононинг е половина Германец.

Маскотата „Фуелко“ - спој на фудбалот и екологијата Фуелко Армадило – тату бола

Според проценките, СП во Бразил позитивно ќе се одрази врз економијата и промо­вирањето на имиџот на оваа земја, но негативно по природата. Додека трае првенството, во атмосферата ќе бидат испуштени 2,72 милиони тони јаглерод диоксид. Поголемиот дел од воздушниот промет поради честите летови меѓу 64 меча кои се играат на 12 различни стадиони. Станува збор за количина која 560.000 просечни лични автомобили би ја испуштиле во една година. Маскотата на светскиот куп е животното „тату-бола“, армадило (на шпански зборов значи „оној кој има оклоп“, на нахуатлански јазици, јазиците на некогашните Нахуа Индијанци – „желказајак“) што е загрозен вид, а избрана е токму по кампањата на една бразилска еколошка невладина организација АРИЗ. Таа ќе се вика Фуелко и покажува како фудбалот и екологијата можат да бидат

27

споени, а притоа рабовите да не се гледаат. Во исто време таа ги охрабрува луѓето да се однесуваат одговорно кон планетата. Локалниот организациски комитет и ФИФА анализираа 47 предлози од шест бразилски агенции, а се потпреа на коментарите на децата на возраст од пет до 12 години, кои се главниот таргет за пласирање на овој избор.

Две химни – една цел!

Официјалната химна на првенството „Ние сме едно - Оле, Ола“ (www.youtube.com/ watch?v=9W3sWiZ-iO8), ја изведуваат раперот Питбул, кој е автор, како и поп ѕвездата Џенифер Лопез и популарната бразилската пејачка Клаудија Леита. Нумерата ќе се обиде да ја достигне популарноста на „Вака, Вака“, која во изведба на Шакира беше официјална химна на СП во Јужна Африка пред четири години. Многу популарна е и химната на „Кока кола“ која исто така се продава под називот „официјална“. Неа ја изведуваат пејачот Дејвид Кори и светски познатата перкусионистичка група Моноблоко од Рио де Женеиро. Нејзиниот наслов е „Светот е наш“ (www.youtube.com/ watch?v=L_rRta7MCII) и претставува единствена комбинација на енергија и разноликост на бразилските ритми кои на совршен начин ја истакнуваат идејата на Светското првенство. Всушност, приказната на Кори е инспиративна и необична - и се движи од фавелите во една од најсиромашните области во Бразил до изборот на амбасадор на „Кока кола“ во кампањата за Мундијалот. Заедничка цел и на двете химни е во тие месец дена додека трае фудбалската треска да се пренесе страста на Бразил на остатокот од светот. Во тоа вооопшто не се сомневаме. Н. Котевски

"[ConfederationsCup] Brasil vs Mexico : 03" by Crystian Cruz https://www.flickr.com/photos/crystiancruz/


28

ИНФО ПРОЗОРЕЦ

Со MaxTV на Светското првенство во Бразил!

Во тек е големата наградна игра на Македонски Телеком за сите 3Max и 3Max Optic корисници со главна награда – 3 патувањa во Бразил на финалето од Светското првенство во фудбал! Дополнително, од самиот почеток на наградната игра, во тек се извлекувањата на добитниците и на 20 Sony LCD телевизори, по 5 телевизори секоја недела, всушност секој петок (25 април, 2 мај, 9 мај и 16 мај).

23 мај се приближува! Големата наградна игра која започна на 23 април ќе трае до 20 мај 2014 година. Извлекувањето на главната награда – тројцата добитници на патување во Бразил кои ќе имаат уникатна можност да присуствуваат на финалниот натпревар од Светското првенство, на Маракана во Рио де Женеиро, ќе биде на 23 мај. Во играта учествуваат сите постојни корисници на еден од пакетите 3Max или 3Max Optic, како и сите корисници кои ќе земат еден од пакетите 3Max или 3Max Optic најдоцна до 20.05.2014. Влечењето се врши од базата на корисници, по случаен избор со компјутерска програма. Добитниците се објавуваат на веб страницата www.t-home.mk. 6 месеци бесплатно MaxTV! Сите нови корисници на 3Max или 3Max Optic, освен можноста да учествуваат во наградната игра и да добијат едно од трите патувања на Светското првенство во Бразил, добиваат и 6 месеци бесплатно MaxTV. Повеќе информации на: www.t-home.mk


ИНФО ПРОЗОРЕЦ

29

Спорт Клуб 3 на MaxTV

Љубителите на спортот, единствено со MaxTV имаат можност да ги следат ексклузивните Арена спорт канали, a од неодамна, освен Спорт 1 и Спорт 2 можат да уживаат и во спортските содржини на Спорт 3 каналот! Покрај најбогатата понуда на спортски канали, како и ексклузивни содржини достапни само на MaxTV, оваа дигитална телевизија нуди и уникатно спортско доживување. Следење на програмата на кристално чиста HD слика, можност за премотување, паузирање и снимање на програмата која оди во живо, како и многу други можности кои ќе ја претворат вашата дневна соба во вистинска спортска арена. Повеќе информации на: www.t-home.mk

6 месеци бесплатно MaxTV Со еден од 3 Max пакетите, корисниците добиваат 6 месеци бесплатно MaxTV. Во првите 6 месеци, 3 Max пакетите се по промотива цена, односно корисниците добиваат 3Max по цена на Call & Surf. 3 Max Basic е со цена од 799 денари со ДДВ, 3 Max Start е со цена од 1.199 денари со ДДВ и 3Max Comfort со цена од 1.999 денари со ДДВ. Понудата важи за сите нови 3 Max или 3 Max Optic корисници за склучен договор на 2 години. Пакетите можат да се нарачаат на на 122, на www.t-home.mk или во Телеком продавниците.


30

T-HOME

Гледајте ги најновите филмови на HBO во мај! ELYSIUM / „Елисум“ (САД) Режија: Нил Блумкамп Жанр: Научна фантастика, Акција Улоги: Мет Дејмон, Џоди Фостер, Шарлто Копли, Алис Брага, Диего Луна Година: 2013 Содржина: Во 2154 година има две класи луѓе: многу богатите, кои живеат на вселенската станица Елисиум, и другите, кои живеат на пренаселената и уништена планета Земја. Мет Дејмон е единствен човек со шанса да донесе еднаквост во овие светови. Премиера на HBO: 18.05.2014, 20:05 ч.

STOKER / „Стокер“ (САД) Режија: Чан-Вук Парк Жанр: Трилер, психолошки Улоги: Мија Васиковска, Метју Гуд, Никол Кидман, Џеки Вивер, Дермот Малруни Година: 2012

TRANCE / „Транс“ (Обединето Кралство) Режија: Дени Бојл Жанр: Трилер, криминалистички Улоги: Џејмс Мекавој, Винсент Касел, Розарио Досон, Дени Сапани, Мет Крос Година: 2013

Содржина: Откако умира таткото на Индија, со неа и мајка ѝ доаѓа да живее нејзиниот стрико за кого не знаела дека постои. Индија се сомнева дека овој таинствен и шармантен маж има скриени мотиви, но наскоро станува опседната со него.

Содржина: Сајмон работи на уметнички аукции и се здружува со една криминална банда за да украде слика од Гоја, сo вредност од милиони долари. Отако добива удар во главата при грабежот, тој се буди без сеќавање каде ја скрил сликата...

Премиера на HBO: 24.05.2014, 20:05 ч.

Премиера на HBO: 31.05.2014, 20:05 ч.

THE EAST / „Исток“ (САД)

MUHAMMAD ALI‘S GREATEST FIGHT / „ Најголемата борба на Мухамед Али“ (САД)

Режија: Зал Батманглиј Жанр: ТРИЛЕР, ШПИОНСКИ Улоги: Брит Марлинг, Александар Скарсгард, Елен Пејџ, Патриша Кларксон, Тоби Кебел Година: 2013

Режија: Стивен Фријарс Жанр: Драма Улоги: Кристофер Пламер, Френк Лангела, Бенџамин Вокер, Дени Главер, Бери Левинсон Година: 2013

Содржина: Сара Мос е оперативец во една елитна приватна разузнавачка фирма и е растргната помеѓу два света откако добива задача да се инфилтрира во една анархистичка група позната по тоа што ги напаѓа големите корпорации.

Содржина: Кога Али беше регрутиран за Виетнамската војна на врвот од својата боксерска кариера, неговото одбивање да служи поради верски причини доведе до долга правна битка која го потресе правниот систем на САД, сè до највисокиот суд.

Премиера на HBO: 17.05.2014, 20:05 ч.

Премиера на HBO: 11.05.2014, 20:05 ч.


Најдобриот припејд, без дилема! Воведовме нова опција за сите припејд корисници со неограничени разговори кон Т-Мobile и Т-Home и 100 бесплатни минути кон сите домашни мобилни и фиксни мрежи во период од 7 дена по цена од 120 денари! Пакетот може да се активира еднаш во 7 дена, со јавување на: ▪ Бесплатниот број 1460 ▪ Порталот Мојот T-Mobile во делот „Мои пакети и услуги“ ▪ Визуелниот автомат со избирање на *122# ▪ Во Телеком продавниците. Види ги и останатите смартфони во Доверба – припејд на www.t-mobile.mk

Вистинскиот смартфон за тебе! Ако сакаш и да сурфаш, дополни ваучер од најмалку 150 денари и ќе добиеш гратис неограничен интернет. Дополни, почекај ја SMS пораката и јави се на 1463 за цела недела сурфање! Понудата важи во промотивен период до 01.09.2014 год.

ALCATEL ONETOUCH IDOL mini ▪ Android OS 4.2 ▪ HSDPA 21 Mbps, Wi-Fi, GPS ▪ Dual-core 1,3 GHz процесор ▪ Екран 4,3” со 16 M бои ▪ Камера 5 MP

2.990 денари

Смартфон ена по КУЛ ц


32

ПРИЈАТЕЛСТВА

Ексклузивно со Здравко Чолиќ

ДА СЕ СТАНЕ И ДА СЕ ОСТАНЕ ЅВЕЗДА! Спроти големиот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 31 мај во организација на Туристичката агенција „Гуливер милс“ и со поддршка на нашата компанија, специјално за читателите на „Мој клуб“, разговараме со една од најголемите и најдолготрајни ѕвезди на нашите простори – Здравко Чолиќ. Прочитајте и побрзајте, билетите во ограничен број се веќе во продажба! Moј клуб: Што ќе им порачате на Македонците кои веќе ги одбројуваат деновите до 31 мај? Ќе биде како што било секогаш на Вашите концерти или планирате очекувањата да ги заокружите во воодушевување? З. Чолиќ: Имав исклучително убави концерти во Скопје, освен на стадионот и на плоштадот каде што работев последните години, еднаш веќе настапував и во прекрасната арена „Борис Трајковски“. Се радувам на повторната средба со својата верна публика, зашто секојпат кога ќе се сретнеме и ќе се видиме, станува сè подобро и подобро. Публиката е од различни генерации,

расположението секогаш е на ниво кое само Скопје и Македонија можат да го пружат.

Свој и препознатлив

14 студиски албуми од 1975 до денес, од „Ти и ја“ до „Оган и барут“. Постои ли каква било заедничка, обединувачка врска за сите нив? Поентата на уметникот е да биде свој и препознатлив. Од друга страна, потребно е да има и мелодиска врска со себеси. Продукциски гледано, албумите треба да бидат колку-толку различни и гледајќи ги овие 14 студиски албуми и синглови што сум ги издал, мислам дека различноста ја

има. Никола Демоња кој свири саксофон со мене и когошто често го цитирам, на прашањето што свири, каква музика свири, вели: свирам со Здравко Чолиќ,.. во смисла на тоа дека во мојот репертоар има рокенрол, поп, фолк, до некаде и блуз и извесни диско елементи и латино звуци во последно време, сè до оние мои балади со долги ноти. Музичката шареноликост која постоеше низ времето може да биде еден од рецептите за успех на мало подрачје, зашто на мал терен не можете да правите песни слични една на друга, луѓето се заситуваат... Потребно е да се има различен репертоар, зашто така има за секого по нешто.


ПРИЈАТЕЛСТВА

33

Можете ли да се сетите на својата прва посета на Македонија? Таа беше пејачка или приватна? Не беше гимназиска екскурзија J Колку што се сеќавам, мојата прва посета на Скопје беше со „Корни група“ 1981, уште пред да започнам со соло кариерата. Настапивме во Универзалната сала, ја пеев песната „Мојата болка“ („Мој бол“) од Љубомир Бранѓолица, една сериозна арија којашто подоцна „Корни група“ ја сними на ЛП со Златко Пејаковиќ. Подоцна, како солист редовно доаѓав со разни концертни активности, дури и два пати годишно.

Нобелова награда за познајници

Нема формула како да се стане и остане ѕвезда, но пред сè тоа е професионалност, да не се прават грешки, да се биде скромен и да се има свој стил.

Која е Вашата прва асоцијација за Скопје? Има ли нешто што посебно ве врзува за нашиот град? Мојата прва асоцијација за Скопје пред сè се луѓето, прекрасните дружби, позитивната енергија... Скопје е прекрасен град со добра енергија, со таа меѓуетничка национална разноликост слична со моето Сараево. Скопје отсекогаш беше мултиетнички град и тоа е мошне важно, зашто преку таа своја енергија и се распознава како град. Каде сакате да пиете кафе во Скопје и со кого? Сакам да посетам разни места. Во Скопје, како и во Сараево, имам мошне голем круг луѓе со различни професии, различни менталитети, различни верски припадности... Мојот круг на познајници во Скопје е толку голем и тоа скопјаните го знаат, што би можел да конкурирам за Нобелова награда... за тоа колку многу луѓе познавам и низ годините се дружам со сите нив...

Порака за младите и за искусните

Младите ѕвезди што ненадејно ќе блеснат ги прашуваме „како се станува ѕвезда“? Вас кој блескате на врвот со децении, ќе ве прашаме: Како се останува ѕвезда? Тоа е тешко прашање, некому Господ му дал да има таква судбина и да истрае во она што го работи. Нема формула како да се стане и остане ѕвезда, но пред сè тоа е професионалност, да не се прават грешки, да се биде скромен и да се има свој стил. Ако некој има талент и Господ му даде малку среќа, може подолго да трае, да го сакаат луѓето и да го препознаваат, иако...

траењето зависи од многу нешта и тешко е да се биде паметен... Мислам дека денес новите таленти, младите луѓе, повеќето од нив, всушност, ја губат почвата под нозете и се губат заради моментното медиумско внимание, со објавувањето неколку синглови и појавувајќи се во медиумите ќе заработат некоја пара, а тоа не е суштината на оваа работа. Не треба да се занесуваме на почетокот од кариерата. Што би им порачале на младите пејачи кои ги започнуваат своите кариери, а што на оние кои веќе го достигнале музичкиот врв? На што треба да бидат подготвени едните, а на што другите? Младите пејачи мораат што повеќе да пеат во живо, да имаат настапи во живо со различни песни и да не се борат по секоја цена за хит туку за квалитетна песна која може да опстане и да трае. Кога ќе се достигне, како што велите, музичкиот врв, тогаш мора да се води сметка да не се тезгари премногу, зашто тезгите убиваат. Концертите и настапите се битни, ама не треба да се претерува. Мислам дека токму тезгарењето ја убива сликата за нечија големина. Треба да се заработува за живот, но не смее да се претерува и по секоја цена да се настапува на некои сиромашни концерти, технички неисправни, зашто тоа ја урива и ја бледи сликата за уметникот.

Песна без која не се може...

Постои ли песна без која не поминал ниту еден ваш концерт? Која е таа и дали ќе ја пеете на 31 мај во „Борис Трајковски“? Последните 20 години пеам од 10 до 20 песни кои се составен дел на мојот репертоар. Публиката ги знае, не би сакал да издвојувам, зашто пред сè се врзани со различни времиња, од „Гори ватра“ до „Што ти дадох“. Кога би работел два до три различни концерти и кога би морал, да речеме, 10 песни да повторувам на секој концерт, а останатите 30 или 35 да ги менувам, тогаш навистина би ми било многу тешко да се решам.


34

ПРИЈАТЕЛСТВА

РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА 2013 Најголемата книжевна награда во Македонија со поддршка на T-Mobile се додели по 15. пат. Годинашен лауреат е романот „Јадица“ од докторот и писател, сценарист, драмски автор и фотограф – Владимир Плавевски. Според образложенито на жири комисијата во состав Митко Маџунков, претседател, Ферид Мухиќ, Весна Мојсова-Чепишевска, Оливера Николова и Катерина Богоева, престижната награда Роман на годината за 2013 ја доби реалистичниот роман со филмска конструкција – „Јадица“. Во конкуренција од 23 романи, „Јадица“ заедно со „Ќерката на математичарот“ од Венко Андоновски

и „Очи со боја на чевли“ од Петар Андоновски се наметнаа како годинашно најуспешно книжевно „тројство“. Антологијата на современиот македонски роман продолжува во конинуитет веќе 15 години. Да се потсетиме на книжевните писма кои веќе се трајни вредности на нашата културна мапа. Ова е најдобрата библиотека!

„НАЈДОБРАТА БИБЛИОТЕКА“ 1999 „Куќата на Мазарена“, Слободан Мицковиќ 2000 „Папокот на светот“, Венко Андоновски 2001 „Бунар“, Димитар Башевски 2002 „Разговор со Спиноза“, Гоце Смилевски 2003 „Изгубениот жегол“, Милован Стефановски 2004 „Куклите на Росица“, Оливера Николова 2005 „Џахиз и истребувачите на кучиња“, Пајо Авировиќ 2006 „Снегот во Казабланка“, Кица Колбе 2007 „Нишан“, Блаже Минески 2008 „Индиго Бомбај“, Јагода МихајловскаГеоргиева 2009 „Дваесет и првиот“, Томислав Османли 2010 „Човекот што ги сакаше калинките“, Душко Родев 2011 „Единаесет жени“, Снежана Младеновска-Анѓелков 2012 „Птиците од ланските гнезда“, Митко Маџунков 2013 „Јадица“, Владимир Плавевски


ПРИЈАТЕЛСТВА

35

Хуманитарен скопски маратон Вработените во Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија ќе учествуваат на Хуманитарниот скопски Wizz Air маратон, што ќе се одржи на 11 мај годинава. Дваесет вработени во компании од групацијата од Македонија, Црна Гора и Унгарија ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците компанијата ќе донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост. Деветнаесет од вработените ќе учествуваат во полумаратонот

од 21 километар, а еден во маратонот од 42 километра и доколку сите ја завршат трката, вкупната донација ќе изнесува 11.000 евра, а ќе биде реализирана преку Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, што ги застапува правата и интересите на овие лица на територијата на град Скопје.

Димитар Ковачевски, Директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот: .„Учеството на маратонот не е само лична сатисфакција, туку и голем предизвик, зашто од нашата решителност и издржливост ќе зависи висината на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост. Но, тоа е само мотив повеќе и тимот на Телеком и Т-Мobile ќе даде сè од себе да стигне до целта“.

Владо Крстовски, Претседател на „ПОРАКА Скопје“: „Дневниот центар на ПОРАКА - Скопје функционира успешно веќе 14 години, но бројот на лицата со интелектуална попреченост е зголемен во изминатите години, а новите простории треба да се адаптираат и реновираат. Со донацијата од Македонски Телеком, ќе се задоволат целосно стандардите за ваков вид сервисна служба, што е многу важно за квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост“.


36

ФОНДАЦИЈА „Е-МАКЕДОНИЈА“

„КОМПЈУТЕРОТ ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ“ Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком во партнерство со граѓанската организација „Отворете ги прозорците“ стартуваше со проектот „Компјутерот - прозорец кон светот“ за еднаква вклученост во информатичкото општество на децата и лицата со попреченост. Целта е да се овозможи што повеќе лица со попреченост да користат компјутер и интернет. Лицата со попреченост не можат да користат стандарна компјутерска опрема, која наместо да помогне, ја отежнува нивната активна вклученост и негативно влијае на нивниот понатамошен успех во сите сфери на живеењето. Затоа, првиот чекор од проектот „Компјутерот – прозорец кон светот“ е набавка на асистивни и смарт уреди, во износ од 14.000 евра, како донација од Фондацијата „е-Македонија“.

Радмила Јонческа,претседател на Фондацијата „е-Македонија“: „Како лидер во светот на телекомуникациите, ние се движиме кон создавање на дигитално општество, кое не би било целосно доколку децата и лицата со попреченост не се дел од него. Наша обврска е како социјално одговорна компанија да им овозможиме еднакви услови, да им дадеме поттик да бидат активно вклучени рамноправни членови на новото општество базиранo на интернет протокол и информатичко – комуникациски технологии“.

Опремата е наменета за „Отворете ги прозорците“, но и за уште две други организации - „Ластовица“ од Скопје и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. По добиената обука, и овие организации ќе можат да им помогнат на лицата со попреченост да ги користат компјутерите за сопствениот личен развој.

Владимир Лазовски, директор на „Отворете ги прозорците“: „Современата технологија може секому да му го олесни и поедностави животот, да овозможи секој да го даде својот придонес во заедницата. Многу нè радува дека ова убедување го споделуваме со Фондацијата ,е-Македонија’. Поддршката ќе ја искористиме за да им помогнеме на лицата со попреченост да го развијат сиот свој потенцијал користејќи современа компјутерска опрема“.


ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

37

Децата од Јаргулица во новиот центар за ран детски развој.

3. Затоа, во првите 5 години најважно за децата е да посетуваат програми за ран детски развој, но: 4. Кај нас само 1 од 5 деца има пристап до програми за ран детски развој и 5. Само 6% од градинките се во рурални средини!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА: 1. Првите 5 години од животот на детето се најважни за неговиот развој. 2. Сè се случува во тој краток период – се развиваат емоциите и поимањето на светот, се поставуваат основите на јазикот и доаѓа до најголем развој на мозокот.

КАКО ДА ПОМОГНЕМЕ? Со отворање на центри за ран детски развој во руралните и маргинализирани средини ќе им овозможиме на сите деца еднаква можност да ги искористат своите потенцијали до максимум.

Центрите за ран детски развој се алтернатива на градинките, во средини каде што не е исплатливо да се градат градинки. УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Mobile за Македонија во рамки на кампањата Првите 5 најважни на свет, веќе им овозможија на најмалите деца од селата Селце, Јаргулица и Десово да посетуваат предучилишна програма. Од донацијата на Фондацијата во тек е отвoрање на уште најмалку 5 центри, но ова е само почеток. Сите можеме да помогнеме. ДОНИРАЈТЕ 100 ДЕНАРИ СО ПОВИК НА 070/075/077 - 143 555 Да им овозможиме на сите деца еднаква можност да станат здрави, среќни и успешни луѓе. Дознајте повеќе на www.prvite5.mk, www.facebook.com/prvite5, https://twitter.com/prvite5


38

ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

АЈДЕ ДА ПОМОГНЕМЕ БИДЕТЕ ХУМАНИ, ДОНИРАЈТЕ 100 ДЕНАРИ И ВНЕСЕТЕ РАДОСТ ВО ЖИВОТИТЕ НА ДРУГИТЕ. (Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Цената на јавувањето со ДДВ е 118 ден.) АКТИВНИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА: Број

Корисник

Отворен до:

Причина

143 109

Никола Николовски

30.07.2014

Никола боледува од тешка и ретка болест на срцето. Единствена надеж за спaс на неговото срце е операцијата во Германија.

143 163

Јани Тануров

31.08.2014

Јани има проблeми со ногата и раката настанати поради цистата на мозокот која му е отстранета. Единствена надеж му е операцијата на Клиниката во Турција.

143 132

Дарко Анески

31.08.2014

Дарко преживува тешка сообраќајна несреќа при што се здобива со повреда дијагонтицирана како лезија на брахијалниот плексус поради што се упатува на операција во странство.

143 122

Емануела Костоска

30.07.2014

Емануела страда од апнеа при спиење при што доаѓа до значајна цијаноза и пад на кислородната сатурација. Единствен спас за да може нормално да продолжи да живее е набавката на апарат за дишење – Trilogy 100.

143 115

Никола Вулетиќ

31.05.2014

Никола е опериран од агресивен тумор на мозокот кој е отстранет на клиниката во Турција. Поради висок ризик за негово понатамошно ширење, потребно е под итно да се продолжи со хемотерапија и радиотерапија на истата клиника.

143 110

Стефан Ѓуревски

30.07.2014

Стефан има церебрална парализа и под итно треба да се оперира на клиниката во Турција.

143 114

Марга Велеска

30.06.2014

Марга боледува од церебрална парализа и единствено подобрување на нејзината здравствена состојба се терапиите со матични клетки на клиниката во Русија.

143 123

Максим Стојановски

30.06.2014

Максим има проблем со очниот нерв и не гледа, за да може да му се врати видот потребен е опретивен зафат кој мора да се изврши во Кина.

143 104

Ања Арсовска

30.06.2014

Ања има церебрална парализа со идиопатска епилепсија. Ваквата состојба е опасна за животот на Ања и единствен спас се испитувањата на клиниката во Турција.

143 106

Еркан Ќахили

30.06.2014

Еркан има мускулна дистрофија. За да се подобри неговата состојба единствена надеж се третманите со матични клетки во период од 4 недели на клиника во Кина.

143 113

Томче Костадиновски

31.05.2014

Томче има мускулна дистрофија која не му се подобрува и покрај третманите кои ги прима редовно. Единствена надеж му е терапијата што треба да ја прима во центар за матични клетки во Пекинг.


„ПАРТНЕР ЗА ИНОВАЦИИ“

39

DOXBEE, НОВА ПЛАТФОРМА ЗА КОЛАБОРАЦИЈА СО ДОКУМЕНТИ

DoxBee е четвртиот по ред иновациски проект и еден од петте наградени на минатогодишниот натпревар за иновации. Платформата за колаборација ја разви македонската ИТ компанија DoxOut заедно со Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија.

DoxBee е апликација за колаборација со MS Word документи, интегрирана со Cloud. DoxBee им овозможува на корисниците да соработуваат на документи на полесен и поефикасен начин во кое било време и од кој било уред или оперативен систем (iOS, Android, Windows, Mac).

КОМПЛЕТНО РЕШЕНИЕ

Глигор Дачевски, сопственикот на DoxOut: „Користејќи го потенцијалот на најновите информациски и комуникациски технологии, а водејќи се од потребите на корпоративниот корисник, креиравме комплетен ‘Out of the Box’ производ кој ги решава проблемите со кои секојдневно се соочени илјадници луѓе“.

Иновативна апликација

Корисниците добиваат иновативна апликација за колаборација со документи со која имаат централизирано складирање на податоците на Cloud, лесен начин за следење на верзиите на документите и нивна споредба, хронолошки преглед на колаборацијата и пристап до апликацијата од кој било уред (PC, лаптоп, таблет, смартфон). DoxBee оди еден чекор понапред од сегашните системи за менаџмент на документи кои нудат ограничени функционалности. Кај DoxBee, фокусот е ставен на слободата на корисникот да комуницира и соработува од една апликација која му ги нуди сите неопходни алатки за успешно завршување на работата.

Клучна придобивка

Покрај тоа што ја организира колаборацијата и заштедува време,

клучната придобивка од DoxBee апликацијата е што надворешни соработници можат да учествуваат во

ПЕТТЕ ПРОЕКТИ ОД „ПАРТНЕР ЗА ИНОВАЦИИ“ 1. SmartWine 2. T-Care 3. Cloud Message 4. DoxBee 5. MarketKonekt

процесот на колаборација при што документите остануваат зачувани хронолошки во DoxBee апликацијата. Дополнителната придобивка, пак, е што DoxBee е комплетно издвоен од cloud сервер, т.е. DoxBee комуницира со cloudот преку посебен API. Ова им овозможува на корисниците да работат со кој било модул за сторирање на документи, јавен, приватен или хибрид. Накусо и едноставно: со DoxBee корисниците слободно работат со различни верзии на документот, додека оригиналната верзија останува непроменета.


40

НУ М ЕЗ КИ АК ДА Е...

Феноменот „Happy“

CC “Coachella Day 2 [2ndWeek]- Pharrell Williams” by Shawn Ahmed https://www.flickr.com/photos/thebullpen/

ИНТЕРНЕТ Е... КОГА МОЖЕШ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕШ СО ФАРЕЛ ВИЛИЈАМС Приказна за момчето кое оваа пролет ни ја направи поразиграна и дефинитивно посреќна со заразниот хит „Happy“! Тринаесет недели синглот номиниран за Оскар - „Happy“ на Фарел Вилијамс не се симнува од врвот на американскиот „Bilbord hot 100“(www.billboard.com), а веќе 24 недели е дел од најдобрите во Европа. Неговиот талент му го резервираше местото меѓу најголемите светски музички ѕвезди , но и покрај тоа тој скромно изјавува „Мојата музика е многу повеќе од тоа кој сум и што сум јас“! (www.theguardian.com)

Господар на денс музиката

Фарел создаде 3 од најголемите хитови во 2013, а кога ќе прашате кого било што малку се разбира во музика, ќе ви одговори дека тоа е човекот кој на радио станиците ширум светот е застапен 50-60% од целокупната музичка програма. Продуцент, композитор, инструменталист,.. неговите „Blurred Lines“ и „Get Lucky“ од минатата година, претходно „I’m A Slave 4U“ на Бритн Спирс, „Rock Your Body“ на Џастин Тимберлејк, „Drop It Like It’s

Hot“ на Снуп Дог, како и многу други, повеќе од доволно сведочат дека тој е вистинскиот господар на денс музиката. Од сè што досега снимил и продуцирал најмногу се гордее со „Happy“, затоа што тоа е песната што го променила, како што вели самиот.

На прва топка... Датум и место на раѓање: 05.04.1973 – Вирџинија,САД Образование: Princess Anne High School Музички жанрови кои ги свири, пее, компонира и продуцира: Hip hop, R&B, funk Албуми: „In My Mind“, „In My Mind: The Prequel“, „Out of My Mind“, „G I R L“ Приватно: во брак со Хелен Ласихан од 2013 Веб страница: pharrellwilliams.com


МУЗИКА

41

CC "Coachella Day 2 [2ndWeek]- Pharrell Williams" by Shawn Ahmed https://www.flickr.com/photos/thebullpen/

Потписот на Вилијамс

Добитникот на седум Греми награди - Фарел Вилијамс познат по својот специфичен стајлинг и по бројните модни соработки, неодамна склучи договор со јапонскиот бренд „Uniqlo“ за кој креираше интересни машки и женски маици и шапки, а соработката ја наслови како „I am other“. Од друга страна, светски познатата марка за спортска опрема „Адидас“ jа обелодени информацијата дека потпишале договор за долгогодишно партнерство со Вилијамс. Првите парчиња спортска опрема со потпис на Вилијамс на пазарот треба да се појават во почетокот на летото. „ Адидас“ ќе соработува со фабриката на Вилијамс, која е дел од колективот The vortex Project и каде што пластичниот отпад од океаните се претвора во предиво и ткаенина, т.н. Bionic Yarn материјали. Тие ќе се користат при изработка на некои модели на „Адидас“ потпишани од славниот артист.

Новости

Од почетокот на минататa година, заклучно со септември 2013, Фарел заработил 9 милиони долари и тоа не само од музика, туку и од дополнителни активности како што се дизајнирање накит и мебел, водење две модни линии, „Billionaire Boys Club“ и „Ice Cream Clothing“, како и од бизнис активностите кои ги води со Youtube. Тој е и основач на добротворната организација „From One Hand To Another“ која им помага на талентираните деца да стекнат знаења и искуства во областа за која поседуваат талент. Затоа што без соодветно образование, како што вели тој, талентот не може да дојде до израз. А што се однесува до неговиот талент, најпрвин го открила баба му која го советувала да појде на летниот камп за таленти каде што подоцна бил откриен од Теди Рајли. Најновото од Фарел е неговиот студиски албум „G I R L“ во издание на „Columbia Records“, во кој партиципираат многу колеги и добри пријатели на Вилијамс како Кели Озборн, Џастин Тимберлејк, Тимбаланд, Алисија Кејс и др. Критиките се позитивни, а нам ни останува да го преслушаме на интернет.

Позајмено Опра: „ Дали бевте среќен кога ја напишавте ‘Happy’?“ Ф.Вилијамс: „Инспирациите за моите најдобри песни доаѓаат на два различни начинa; кога се туширам или кога летам (со авион). Најдобрите рефрени ги смислив под туш, но ,Happy’ не е едeн од нив. Кога ја пишував бев во една сосема поинаква состојба од вообичаено, да не кажам бев без ниту една идеја. Инспирацијата ми беше на нула, но се случи саундракот на ‘Despicable Me 2’ да биде номиниран за Oскар. Изгледа дека погодив во центарот, затоа што немав што да загубам... Oд најновото интервју на „Oprah Prime“, емитувано на 13.04.2014 на OWN.

Сигурно не знаевте дека...

▪ За време на средношколските денови учествувал во талент шоу каде што бил откриен од музичарот и продуцент Теди Рајли, чиешто студио се наоѓало веднаш до училиштето. ▪ Кога бил ученик работел во синџирот ресторани Mc Donalds, но трипати бил отпуштен, а веќе четвртиот пат му кажале дека не е пожелен, затоа што ги прегорува хамбургерите и краде chiken nuggests. ▪ Синглот „Blurred lines“ кој го направи во соработка со Робин Tик е најдобро продаваниот сингл за 2013, кој се продаде во тираж од два милиони примероци. ▪ Нејасно е од кого Фарел го наследил својот талент за музиката, со оглед на тоа што мајка му била учителка, а татко му хаус мајстор. ▪ Тој соработува со речиси сите: Шакира, Џенифер Лопез, Бијонсе, Ашер... ▪ Неговиот син Рокет Ман Вилијамс името го добил според песната на Елтон Џон ,,Rocket Мan“. ▪ Човекот не старее, од 2003 до денеска изгледа речиси исто! Рашела Г.


42

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ

СО МОЈ КЛУБ СЕГА ДОБИВАТЕ ПОВЕЌЕ! НАЈГОЛЕМАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ - МОЈ КЛУБ СО УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРИДОБИВКИ ЗА ВАС! ОТСЕГА, ОСВЕН ПОЕНИТЕ ШТО РЕДОВНО ГИ ДОБИВАТЕ ОД Т-MOBILE И T-HOME, ДОПОЛНИТЕЛНО, СОБИРАЈТЕ МОЈ КЛУБ ПОЕНИ СО СЕКОЕ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: „ТИНЕКС“, „КОСМО“, „НЕПТУН“, ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP (OKAIDI, BATA, MANGO, GOLDEN POINT, GEOX, TIMBERLAND, HUGO BOSS, FASHION ID, GIOVANNI GALLI, CELIO, FASHION&FRIENDS, WOMEN’S SECRET, PARFOIS, SPRINGFIELD, BLANCO, BITSIANI) И TRAVEL SOLUTION. Собраните поени користете ги за плаќање во која било продавница на нашите партнери, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба. Сè што ви треба за да ги соберете или, пак, за да платите со поените е вашиот телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето. Кога сте на каса, само свртете на бесплатниот број 180, допрете го мобилниот до терминалот пред вас и соберете ги поените со вашиот телефон или платете ја вашата сметка со поените кои веќе ги имате собрано. Кој може да ја користи партнерската програма Новата поволност важи за сите корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број и го носат својот мобилен телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. За повеќе детали посетете ги веб страниците www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk.

Проширување на семејството Отсега семејството на Мој клуб го проширивме и за припејд корисниците на Т-Mobile кои ќе можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на T-Mobile, кои се корисници и на услугите на T-Home, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите на двете компании, а преку својот мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери. Собирање поени Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Тие имаат важност од 2 години. Може да собира секое физичко лице со поединечна претплата, секој член од фамилијарните тарифни модели за физички лица при што собраните поени ќе бидат ставени на фамилијарното салдо на Мој клуб поени, секој член од Team тарифните модели за деловни корисници при што собраните поени ќе бидат ставени на групното салдо на Мој клуб поени, назначени вработени од секоја компанија, вработените во компании кои обиваат месечна фактура и секој припејд корисник на Т-Mobile. Бројот на собраните поени ќе биде прикажан во наредната Т-Mobile фактура. Преглед на собраните и искористените поени Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, припејд корисниците, како и корисниците кои не добиваат месечна фактура ќе добијат месечен SMS за направените транскации и вкупното салдо, со најавување на Мојот T-Мobile, на месечната фактура како вкупно Мој клуб салдо, преку нашиот Контакт центар, на 122, со праќањеа SMS на бројот 070 142 566 со текст Моj klub и во сите наши продажни места. (Цена на една пратена SMS на 070 142 566 е 5 ден.)


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

43

МОЈ КЛУБ

KATAЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 90075 DELUXE ЧАНТА ЗА ЛАПТОП СО ТРКАЛЦА 16 930 ПОЕНИ

ШИФРА: 10478 РАНЕЦ ЗА ЛАПТОП CASE LOGIC 16 678 ПОЕНИ

ШИФРА: 10512 ПАТНА ТОРБА 64 cm x 34 cm x 23 cm 2 340 ПОЕНИ

ШИФРА: 90071 КОЖЕНА ДЕЛОВНА ЧАНТА 75 092 ПОЕНИ

ШИФРА: 10513 РАНЕЦ АFRICA 2 145 ПОЕНИ

ШИФРА: 10514 СПОРТСКА ТОРБА АFRICA 62 x 23 x 31 cm 2 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 10515 АFRICA ТОРБА ЗА НА РАМО 1 860 ПОЕНИ

ШИФРА: 10476 КУФЕР НА ТРКАЛЦА 32 cm x 53 cm x 18,7 cm 2 675 ПОЕНИ

ШИФРА: 10506 ТОПКА ЗА КОШАРКА SPALDING TF 150 ГУМА 3 506 ПОЕНИ

ШИФРА: 10509 ЈАЖЕ ЗА СКОКАЊЕ KETTLER 1 928 ПОЕНИ

ШИФРА: 10523 ЧАДОР НА СКЛОПУВАЊЕ 895 ПОЕНИ

ШИФРА: 90102 БИОГРАФИЈАТА НА СТИВ ЏОБС 3 098 ПОЕНИ


44

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ

ШИФРА: 40116 ПРЕСА ЗА КОСА ROWENTA SF 1012 4 237 ПОЕНИ

ШИФРА: 40095 ВАГА ТEFAL PP1000V0 4 153 ПОЕНИ

ШИФРА: 40099 MOULINEX ПАСАТОР 350W 4 275 ПОЕНИ

ШИФРА: 40101 ROWENTA МАШИНКА ЗА ПОТСТРИЖУВАЊЕ 4 691 ПОЕНИ

ШИФРА: 40100 ROWENTA ДЕПИЛАТОР 4 110 ПОЕНИ

ШИФРА: 40102 CD PORTABLE PHILIPS 8 898 ПОЕНИ

ШИФРА: 40103 MP3 PLAYER PHILIPS 4GB 7 860 ПОЕНИ

ШИФРА: 40111 NIKON L27 13 447 ПОЕНИ

ШИФРА: 40107 ПАТЕН ФЕН ROWENTА 1600W 4 089 ПОЕНИ

ШИФРА: 40112 NIKON COOLPIX S2700 25 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 40105 USB DRIVE 8GB VERBATIM 2 195 ПОЕНИ

ШИФРА: 40115 USB DRIVE16 GB VERBATIM 3 195 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

300 ден.

ШИФРА: 120001 Е-ВАУЧЕР 300 1 500 ПОЕНИ

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

590 ден.

ШИФРА: 120002 Е-ВАУЧЕР 590 3 000 ПОЕНИ

шифра: 130 001 Мој клуб - Бесплатни викенд разговори

шифра: 130 002 Мој клуб - Бесплатни разговори во Мојот круг

1 800 поени

2 700 поени

кон T-Mobile и фиксните мрежи - 3 месеци

кон броевите во Мојот круг - 3 месеци

900 ден.

2000 ден.

ШИФРА: 120003 Е-ВАУЧЕР 900 4 500 ПОЕНИ

ШИФРА: 120004 Е-ВАУЧЕР 2000 8 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 70005 ВРЕДНОСНА КАРТИЧКА 590 3 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 40114 VTECH C34 5 995 ПОЕНИ

45


46

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ДОЈДИ ДО ПОСАКУВАНИОТ ТЕЛЕФОН СО ПОЕНИТЕ ОД MOJ КЛУБ НОВО!

ШИФРА: 20437 ALCATEL ОТ228 4 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20486 ALCATEL ОТ-2005 9 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20491 ALCATEL 2001 7 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20475 ALCATELONE TOUCH S’POP 24 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20460 BLACKBERRY Z10 169 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20477 HTC DESIRE 500 64 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20453 HTC ONE SV 124 950 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 20490 ALCATEL IDOL MINI 34 950 ПОЕНИ

НОВО!

НОВО!

ШИФРА: 20461 HTC ONE 169 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20428 HUAWEI E3131S-2 USB DATA STICK 7 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 20496 HUAWEI Y530 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20494 HUAWEI G526 64 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20489 HUAWEI ASCEND P6 109 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20457 LG L3 II 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20463 LG OPTIMUS L5 II 52 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20473 LG OPTIMUS L7 II 64 950 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

НОВО!

ШИФРА: 20497 LG G2 139 950 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 20436 NOKIA 113 12 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20492 NOKIA 515 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20478 NOKIA LUMIA 520 47 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20493 NOKIA LUMIA 925 94 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20452 SAMSUNG GT-E1200 7 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20479 SAMSUNG 1270 7 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 20422 SAMSUNG GT-S5610 23 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 20432 SAMSUNG GALAXY CHAT B5330 38 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 20464 SAMSUNGGALAXY YOUNG S6310 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20487 SAMSUNG GALAXY CORE PLUS 47 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20459 SAMSUNG I8190 GALAXY S III MINI 64 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20488 SAMSUNG GALAXY TAB 3 10.1 P5200 109 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20472 SAMSUNG I9195 GALAXY S4 MINI 119 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20467 SONY XPERIA E 39 950 ПОЕНИ

НОВО!

НОВО!

ШИФРА: 20483 SAMSUNG GALAXY TAB 3 8.0 89 950 ПОЕНИ

НОВО!

ШИФРА: 20474 SONY XPERIA М 62 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20481 SONY XPERIA L 72 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20495 SONY Z1 COMPACT 139 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20456 SONY XPERIA Z 169 950 ПОЕНИ

47


4


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.