Page 1

БР. 101 ЈАНУАРИ 2016

ПРИКАЗНА КОЈА ТРАЕ Необични гости:

УМБЕРТО ЕКО ЛУ САЛОМЕ НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО 2015 TWITTER: МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД 140 КАРАКТЕРИ!

Нови телефони

MICROSOFT LUMIA 950 HTC ONE A9 КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ


зборувајте меѓу себе бесплатно до крајот на годината! За само 295 денари добијте Супер пар пакет со 2 припејд СИМ картички со по 147,5 денари вклучени за разговори, интернет, ЅМЅ или активирање пакети. И не само тоа. Со Супер пар пакетот зборувајте меѓу себе бесплатно. Бесплатните разговори помеѓу двете СИМ картички од Супер пар пакетот важат автоматски првите 30 дена по активирањето на СИМ картичките и потоа со секое надополнување ваучер важноста се продолжува за нови 30 дена од моментот на надополнувањето. Дознајте повеќе на telekom.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.

СИМ картичките од Супер пар пакетот се во ограничени количини. Промоцијата за бесплатни разговори ќе биде достапна до крајот на годината.


СОДРЖИНА 4-5 6-7 10 12 28 38

НЕОБИЧНИ ГОСТИ:

Умберто Еко, Лу Саломе

ТЕЛЕФОНИ:

Microsoft Lumia 950 HTC One A9

ПРИКАЗНАТА НА TWITTER:

Многу повеќе од 140 карактери

ФИЛМ:

Две рецензии за „Три дена во септември“

НЕКАДЕ: ХАЈДЕЛБЕРГ, ГЕРМАНИЈА

Нарачани бакнежи

ПРИКАЗНА КОЈА ТРАЕ - МОЈ КЛУБ КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Издава: Македонски Телеком; Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.


4

НЕОБИЧНИ ГОСТИ

Умберто Еко

ШЕСТА КАТЕГОРИЈА Copyright: Das Blaue Sofa / Club Bertelsmann

Умберто Еко, еден од најголемите италијански писатели и интелектуалци на нашево време, славниот автор на уште пославнито роман „Името на ружата“ според кој во 1986 година беше снимен филм што во своите 130 минути се обидува да собере еден бескраен прозен свет, отсекогаш внимателно ги следел и ги коментиралновите појави, во технолошка и во секоја друга смисла. Во чекор со модерното време, во сега веќе далечната 1991 година, Еко напишал многу духовит есеј за мобилните телефони во кој корисниците ги групира во пет категории:

Прва категорија

„Во првата спаѓаат хендикепираните кои се принудени непрестајно да бидат во контакт со лекар или со брза помош. Нека е благословена технологијата што им стави на располагање толку корисна направа.“

Втора категорија

„Овде спаѓаат сите оние кои поради неодложните деловни обврски се

Умберто Еко (1932) е еден од најзначајните писатели и мислители на нашево време. Предавал семиотика на Универзитетот во Болоња. Негови најзначајни дела се: „Отворено дело“, „Граници на толкувањето“ (есеи), „Прашките гробишта“, „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“, „Фукоовото нишало“, „Името на ружата“, „Островот од претходниот ден“, „Баудолино“ (романи), многу индивидуални есеи и статии, речиси сите преведени на македонски јазик од Марија Грација Цветковска.

во состојба на постојана подготвеност (командантите на противпожарните бригади, селските лекари, трансплантатори на органи во исчекување свеж труп...). За нив мобилниот е чиста неопходност и речиси никакво задоволство.“

Трета категорија

„Во третата категорија спаѓаат забранетите љубовници. Тие прв пат во историјата можат да примаат пораки од тајниот партнер кој членовите на нивните семејства, секретарките или злобните колеги, не можат да ги уловат. Доволно е телефонскиот бројд а го препознаат само Тој и Таа (или Тој и Тој, Таа и Таа: не можам да се сетам на други можни комбинации). Сите три наведени категории ја заслижуваат нашата почит: подготвени сме поради првите две да бидеме вознемирувани во ресторан или за време на свадба; што се однесува до забранетите љубовници, пак, тие и онака се мошне дискретни. Преостанатите две категории се ризични (како за нас, така и за нив самите).“


НЕОБИЧНИ ГОСТИ

5

Лу Саломе

Четврта категорија

„Во оваа категорија спаѓаат оние кои никаде не одат ако немаат можност за фриволните нешта да си муабетат со пријателите и роднините со кои тукушто се разделиле. Ним не може да им се објасни зошто не треба да го прават тоа... Не сфаќајќи дека треба да се интересираат за она што го прават во определениот миг, да ја искусат оддалеченоста по спознавањето на блискоста, тие, бездруго, преминуваат во проблем за психолозите (...). “

Петта категорија

„Последната, петтата ризична категорија корисници ги опфаќа лицата кои во јавноста сакаат да остават впечаток дека се многу барани, особено поради деловни консултации и зделкиЧ тие водат гласни разговори на аеродроми, во ресторани или возови, речиси секогаш темата е парична трансакција, испорака на метални профили, обиди (телефонски!) да се наплати испорачаната пратка вратоврски и слично. Говорниците од оваа категорија речиси секогаш по малку звучат како Рокфелер.“ Денес, дваесет и пет години подоцна, сама по себе се наметна шестата категорија корисници на мобилни телефони која не исклучувајќи ги петте категории на Умберто Еко од 1991 година, спонтано создаде еден нов профил на мобилен корисник на нашево време кој знае што и како сака, што и како треба со софистицираните апарати... Корисникот од шестата, универзална категорија денес е таканаречен „вистински корисник“ кој потребата, задоволството и забавата ги спојува во едно. Тој е вистинскиот претставник на мобилната генерација, „хендикепиран“, привилегиран, пожарникар или горд командант на цела противпожарна бригада, дозволен или забранет љубовник, бескраен семеен или пријателски соговорник за најбаналните нешта, психијатриски или реален Рокфелер.

„ПРЕДВИДУВАЊЕ“ НА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ Времето што нè дели од Лу Андреас Саломе (18611937), само делумно ја затскрило нејзината исклучителност во секоја смисла на зборот. Трагата што ја оставила во универзумот оваа ретка ретка жена чиешто ремек-дело е самата таа, прилега на Збор, зашто Зборот бил нејзин единствен и вистински Бог, единствена вистина, загуба во сегашноста, но и влог во иднината (или вечноста!). Првото соочување на Лу Андреас Саломе со телефонот, овековечено во познатата реплика „Телефонот е вистинско чудо! Уште да можам да го ставам в џеб и навистина не би имала ниту едно единствено барање од животот што ми преостанува!“, од денешен аспект прилега на чиста антиципација. Лу, следејќи ја сопствената желба за постојана комуникација со блиските, важните... „ги предвидела“ мобилните телефони. Оттука може да се заклучи дека мобилните телефони се резултат на општиот технолошки прогрес, но, несомнено се и материјализација на потребите на многумина чиишто животи биле заробени во „безмобилното“ време. Лу Саломе: „Телефонот е вистинско чудо! Уште да можам да го ставам в џеб и навистина не би имала ниту едно единствено барање од животот што ми преостанува!“

Лу Андреас Саломе, најтаинствената меѓу таинствените жени на крајот на 19 и почеток на 20 век во Европа, е писател, психоаналитичар,.. исклучителна пријателка, но и исклучителна љубовница на многумина познати и непознати, меѓу кои и на Фридрих Ниче, Рајнер Марија Рилке и Сигмунд Фројд. Пред крајот на нејзиниот живот (триесеттите години на

20 век), нејзиниот дом во Гетингем добива телефон и радоста на подостарената писателка и филозофка нема крај. Како да е опседната со можноста сите свои пријатели да ги има покрај себе токму во мигот кога ќе помисли на нив. Нејзината поетика на „вистинско време за сè“, одеднаш се проширува и се универзализира, бидејќи со помош на телефонот секое време станува „вистинско време“. Долгата, несекојдневна преписка што со децении ја водела со најзначајните умови на своето време, преминала во телефонски разговори без трага, но тоа не е ризичниот, туку само еден од аспектите на телефонот. Лу Саломе не престанала да пишува писма, само ја збогатила својата комуникација со уште една сфера на директност, брзина, неопходност,.. напредок...


6

ТЕЛЕФОН

Microsoft Lumia 950

ТРЕТОТО ДОАЃАЊЕ!

Третиот обид на софтверскиот гигант Microsoft за етаблирање во мобилниот свет има двојно име: Lumia 950 и 950 XL. Наша тема ќе биде „помалиот брат” кој иако има помали димензии и не содржи водено ладење, е доволно импресивен сам по себе за да биде дел од високата класа на смартфони. Lumia 950 е телефон кој лесно може да се вметне рамо до рамо со најголемите фаворити за ласкавата титула „телефон на годината”, иако пристигна малку подоцна на пазарот. Под „обичниот” дизајн и навидум стандардната понуда на опции, се крие досега најдобриот смартфон кој Microsoft и Nokia го имаат создадено од почетокот на нивното партнерство. Тој ќе ве плени со функционалноста, иновативноста и додатоците кои го прават уникатен на пазарот.

Деловен изглед со неодолив технички шарм Со големина од 145 x 73,2 x 8,2 mm и тежина од 150 g, Microsoft Lumia 950 е можеби еден од најзгодните телефони на пазарот, благодарение на мат финишот од задната страна, кој патем е целосно пластифициран. Изглед на смартфонот е доста стандарден, но никако обичен – пред сѐ дизајнот прилега на бизнис корисници, но доколку сте љубител на не толку светкав екстериор, овој телефон дефинитивно ќе ви се допадне. Предната страна е целосно посветена на одличниот AMOLED екран од 5,2 инчи, без дополнителни копчиња кои би го „нагрдиле” мазниот изглед. За заштита од удари и несакани гребаници, уредот доаѓа со Gorilla Class 3. Резолуцијата на екранот е на ниво со највисоките очекувања, односно 1440 x 2560 пиксели. Тука е сместена и предната, селфи камера од 5 мегапиксели која содржи и сензор за препознавање на ирисот (кој служи како доста успешна и адекватна замена за веќе етаблираниот сензор за прст) која може да снима видео во HD резолуција.

Задната страна е целосно изработена од пластика која може да се смени и благодарение на која може да се промени батеријата или пак, да се додаде SD картичка за поголем простор (нешто што го немаат сè поголем број премиум смартфони, а е голем плус за 950-ката). Камерата на задната страна е вистински шампион заради моќноста да слика со 20 мегапиксели и да користи Carl Zeiss оптика, triple-LED RGH блиц (за фотографии без ефектот „црвени очи“), како и стандардните Панорама, HDR, Препознавање лице и др. Камерата на Lumia 950 може да снима и видео со 4K резолуција при 30 фрејмови во секунда, и содржи оптичка стабилизација.

Под „хаубата”, Microsoft Lumia 950 можеби не може да се носи со најновите Snapdragon чипови, но 808 hexa-core процесорот во спрега со 3 GB RAM е сосема доволен за компленото Windows искуство, тука вклучувајќи ги и апликациите и работата во „десктоп-мод” со Continuum.

Windows 10 Mobile, Cortana, Continuum Доколку се одлучите да преминете од водечката двојка на мобилен софтвер, односно iOS и Android, во новиот Windows 10 Mobile, подгответе се за едно сосема ново корисничко искуство со Lumia 950. Сублимирано во неколку зборови, Windows 10 Mobile е доволно различен


ТЕЛЕФОН

и доволно функционален да ги замени своите конкуренти во сите микро и макро процеси, вклучително работа во менија, сликање, снимање и прегледување на содржините, гласовни команди со помош на Cortana или целосна канцелариска покриеност со Microsoft Office Mobile. Да не ја заборавиме и интегрираноста на Skype која компанијата ја довела до совршенство, па нема да ви бидат потребни ни дополнителни апликации за остварување бесплатни видео повици. Доколку сте фан на апликациите на Microsoft, ова ќе биде вашето ново омилено мобилно катче. Cortana која веќе ја спомнавме, е одговорот на Microsoft за гласовен асистент кој работи подобро од Siri и има далеку поголема „човечност” од она што го нуди Google Now. Доколку не сте запознаени, Cortana е главниот лик од мошне успешниот серијал на Microsoft - Halo и нејзините карактеристики се верно пресликани во гласовната функционалност на телефонот. Microsoft успешно ја надополнуваат и својата библиотека на апликации, па веќе не мора да се чувствувате лимитирани од новиот еко-систем на Windows 10 Mobile. За крај, веројатно и најимпресивната опција која ја нуди Lumia 950 – функцијата наречена Continuum која го претвора вашиот смартфон во десктоп компјутер. Имено, преку dock-додатокот или пак, преку USB кабел и Bluetooth поврзаност, вашиот Lumia 950 доколку е поврзан со монитор може да се користи како компјутер за пишување/прегледување документи, email, подготвување слики, гледање видеа, итн. Мал недостаток е непостоењето на десен клик на маусот и цената на dock-уредот,.. но, Microsoft веќе потенцираа дека работат на верзија која треба да го поедностави и овој начин на работа. Microsoft Lumia 950 е чекор во вистинската насока за компанијата и телефон кој ќе ви понуди мноштво извонредни и уникатни функционалности. Исклучитено погоден е како почетна станица за една технолошка сага која тукушто почнува да се... раскажува, пардон - развива. M. Аритоноски

7

HTC One A9

СÈ Е ХИПЕР, ОСВЕН ЦЕНАТА! Минатиот период HTC имаше многу врвни уреди, но се чини како да беа во сенка на конкуренцијата. HTC One A9 најавува враќање на врвот, обидувајќи се еден уред со пристојна цена, да го смести меѓу уредите од висока класа - според квалитетот! Ваквиот пристап веднаш се препознава дури и според надворешноста - полно метално, па сепак, ултра лесно и тенко (7,3 mm) куќиште во неколку металик бои. Екранот е 2.5D стакло малку заоблено на рабовите. Секако, ова не е класично функционално заоблување како кај Samsung Edge уредите, туку се работи за ергономско заоблување на работ за да се овозможи ефект на телефон со стакло по целата површина, а да не ви ги искине џебовите. Екранот е AMOLED со големина од 5,0” (~127 mm дијагонала) со одличен контраст и осветлување на директна дневна светлина и многу широки агли на видливост и густина на пиксели од 441 ppi (основна резолуција му е 1080 x 1920 px). На предната страна има вграден читач за отисоци преку кој можете да го отклучите уредот дури и кога е исклучен, а приклучоците за sd картичка (до 200 GB) и nano-SIM се наоѓаат од страна на уредот.

Хардвер за почит, камера за секаде Хардверот на уредот е навистина импресивен: главен (CPU) процесор со 8 јадра (Quad-core 1.5 GHz Cortex-A53 & quad-core 1.2 GHz Cortex-A53), 3 GB RAM (работна меморија), 32 GB за складирање податоци и Аdreno 405 GPU графички процесор. Уредот поддржува максимална 4G брзина со 300 Mbps при преземање податоци. Ваквиот склоп на електроника овозможува брза камера, снимање во полна HD резолуција (1080p@30fps) со предната камера од 13 MP. Камерата

има LED блиц со двоен тоналитет, а HDR за одлични фотографии и во намалено осветлување има дури и предната камера од 4 MP со која исто може да се снима полна HD резолуција. За уште поквалитетни фотографии од главната камера, уредот има и оптичка стабилизација на сликата (OIS), фокусирање на допир, препознавање лице и панорама. Важно е да се спомне и одличната Hyperlapse опција за стабилизирани time-lapse фотографии идеални за движечки долготрајни процеси. На пример, можете да го снимате вашето патување со автомобил до Маврово во едно видео со траење од 7-8 минути, а дупките во патот воопшто да не влијаат на видеото. Звукот со Dolby Audio технологијата пак, е одличен и со вклучените слушалки, но и од самиот звучник кој, патем кажано, е и пристојно гласен.

Marshmallow колаче HTC One A9 доаѓа со вграден Android 6.0 Marshmallow оперативен систем. Батеријата не му е најсилна страна на уредот, ама кога ќе се анализира целиот хардвер, тоа е можеби и разбирливо. Од останатите карактеристики уредот има Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, Wi-Fi Direct, DLNA, WiFi hotspot, GLONASS A-GPS, Bluetooth v4.1, FM radio, TV излез преку MHL адаптер и NFC. Достапен е во Телеком продавниците и онлајн, а на вас е само да се одлучите и да се почастите со колачево. Ј. Гиров


8

ПРЕГЛЕД ИЛИ ПРЕЛЕТ НАД 2015

НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО 2015

Што ја одбележа 2015 – од крајните граници на Вселената до микрокосмосот во секој од нас!

Да се направи рекапитулација на една област за цела година, во само еден текст е невозможна мисија. А, ако станува збор за наука и технологија – областите каде што секојдневно се поместуваат границите на возможното и видливото и бледнеат разликите меѓу реалноста и фантазијата, тогаш задачата е уште потешка. Сепак...

„Рака под рака“ Ако порано требало да поминат декади, а понекогаш и векови за да има поместување во некоја научна или технолошка гранка, денес не е така. Само со навраќање година-две наназад, ќе видиме промени, од кои дел тогаш биле можеби и во доменот на научната фантастика. Тоа е така, затоа што благодарение, пред сè, на технологијата, научниците се во можност да стигнат подалеку, да го видат невидли-

вото и во практика да го докажат она што порано било само теорија. Затоа науката и технологијата,, „рака под рака“ , водени од најголемите умови на човештвото кои неуморно работат деноноќно, секојдневно нè запознаваат со нешто дотогаш непознато и ни помагаат животот да го направиме поквалитетен, поздрав и поисполнет. Иако, како што спомнавме на почеток, можеме книга да напишеме само од оваа година кога станува збор за преглед од науката и технологијата, сепак ќе спомнеме неколку работи кои што беа најголеми и најшироко дебатирани и опишувани во светот.

Вселената на дланка Оваа 2015 та година ќе ја паметиме по тоа што имавме можност навистина добро да запознаеме голем дел од она што практично е бескрајно – Вселената. Со помош

на вселенскиот телескоп Кеплер којшто верно им служи на научниците и покрај многуте дефекти со кои се справуваше низ годините, се открија многу екстра соларни планети што орбитираат околу ѕвезди оддалечени од нас со илјадници светлосни години. Одејќи полека од „крајните граници“ кон нашата Земја, во нашата рекапитулација, мораме да застанеме и до Плутон – планетата џуџе која според многумина ја одбележа 2015. Тоа е заради тоа што годинава за прв пат бевме во можност да го погледнеме „одблиску“ она што до скоро го гледавме само како бледа точка или матна бледа површина. Сето тоа е благодарение на леталото „New Horizons“што беше лансирано пред една декада, со цел да стигне до крајот на нашиот Сончев систем и да ни покаже што има таму. Плутон не е крајот, но секако е највеличествениот „трофеј“ на


оваа мисија, а фотографиите кои НАСА ги споделува се навистина нешто посебно. И кога сме сè уште во Вселената, да не го заборавиме и соседот Марс околу кој стандардно се крева голема прашина, но оваа година посебно, првенствено поради фактот што НАСА објави дека пронашле докази оти на Марс некогаш имало вода и дека можеби уште ја има во некоја форма скриена под површината. А ако има вода, има основа за живот... и, еве ги „малите зелени“кои толку години Холивуд неуморно ги експлоатира.

дел од ембрионите „преживеале“, сепак тоа се смета за огромен успех кој по малку и застрашува. Конкретно, овие ембриони никогаш не биле вратени за да се развијат во човечки суштества, но доколку ова успее - што би бил следниот чекор? Повторно добра тема за холивудските режисери... Оваа година беше добра и за оние кои секојдневно се занимаваат со она што не е видливо, а сепак толку влијае врз нашите животи. Научниците во 2015 открија дека

Човекот – дешифриран? Додека дел од научниот свет се занимава со Вселената и со тоа што е таму некаде далеку, голем дел од останатите, 2015 ја поминаа обидувајќи се до крај да ги разјаснат најситните градбени единки од кои е составено човековото тело, па дури и да ги променат, потоа да се вовлечат во светот на бактериите и вирусите и да ги запознаат подобро за да можат поуспешно да се борат против нив. Најголемо достигнување во овие области секако беше објавата од страна на кинеските научници кои во април годинава објавија дека во рамките на проектот CRISPR успеале да го едитираат човечкиот геном! Или, кажано појасно, тие од човечки ембриони извадиле генетски материјал, го лоцирале генот одговорен за одредено фатално крвно заболување и потоа успешно го отстраниле. Иако само

секој од нас има различен сет од бактерии во себе и тој „потпис“ може да се користи дури и за идентификација, нешто слично како отпечатокот од прст, ДНК и сличните уникатни карактеристики различни кај секоја единка. Тука мора да ги спомнеме и борците против најстрашната епидемија на модерното време – еболата коишто во јули 2015 соопштија

дека клиничките тестирања во Гвинеја покажале оти нивната вакцина е ефикасна и тоа со, ни помалку ни повеќе, 100% успешност, за што Светската здравствена организација изјави дека тоа е победа која „ја менува играта“ во корист на оние кои месеци се трудеа да ја запрат болеста од која починаа илјадници луѓе.

Од технологијата за „обичните смртници“ Како што поминуваат годините, така и бројот на технолошките достигнувања и уреди наменети за секој од нас расте и тоа понекогаш со геометриска прогресија. Секоја година двојно повеќе од претходната. И оваа година се изнагледавме решенија за автономни возила, но со таа разлика што сега и производителите на стандардни автомобили, а не само оние технолошките компании, срамежливо најавуваат по еден модел на автономен автомобил кој е во фаза на развој. Друга гранка е вештачката интелигенција којашто полека излегува од лабораториите и се вселува во домовите. Не само во компјутерите и другите хај-тек уреди туку и во апаратите и објектите насекаде околу нас. Роботите веќе не се играчки на најбогатите, какви што беа на почетокот популарните дронови. Сега ги има насекаде, стануваат сè подостапни и со намени кои се движат од обична забава, па сè до спасување животи и водење високософистицирани војни. Гоце Постоловски

РЕНЕСАНСАТА НА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО Уште една област којашто ја знаевме од порано, во 2015 доживеа вистинска ренесанса, а тоа е 3Д печатењето. Ако 2014 се воодушевувавме на мали работи отпечатени во 3Д од пластика или пак, од некој

полимер, приказната во 2015 стана сосема поинаква. Холандското студио MX3D во соработка со компанијата Autodesk, а за потребите на градот Амстердам, „отпечати“ цел вистински метален мост над еден од каналите во овој град. Дека не се планира да се застане таму, покажува и НАСА којашто презентираше ракетен мотор кој речиси целосно беше изработен од 3Д печатени делови со што периодот потребен за производство, како и трошоците, се намалија неколкукратно. Намерно не ги спомнавме откритијата и напредокот во алатките за војување и уништување, иако и таму имаше огромен напредок, што не е ни чудно знаејќи колку пари се инвестираат во воената

индустрија. Сакавме 2015 да ја завршиме само со позитивни вести и информации за напредокот во технологијата и науката за подобро утре, а не онаа која помага во уништување и освојување, без разлика на мотивите и „оправданоста“.


10

ПРИКАЗНАТА НА TWITTER

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД 140 КАРАКТЕРИ! Само пред неколку години, тешко беше да се замисли дека 140 карактери ќе станат официјалната должина на пораките на Twitter. Twitter одамна стана стандард за општоприфатен глас на Интернет, а денес веќе е дел од историјата. Cо Арапската пролет, со оскарското селфи и со милион други вести и движења кои произлегуваат од оваа прочуена платформа, на Twitter останува запишана историјата на едно време. Социјалните медиуми и микроблогерскиот сервис на Twitter од корен ја има променето политичката комуникација. Во минатото, политичките вести и коментари беа репортирани само од избрана група која знае за овие нешта. Денес, политичари и просечниoт граѓанин рамо до рамо ги споделуваат нивните политички ставови и мислења. Ова е нова ера на граѓани новинари и гледаме луѓе како креваат глас и зборуваат за работите кои им за важни. Twitter има големо влијание на брендовите, кои најдоа нов начин да бидат во контакт со фановите каде што се, на социјалните

медиуми и на нивните сматфони. Twitter стана алатка која и малите и големите бизниси можат да ја користат да стапат во контакт со нивниот целен пазар, да споделат уникатно релевантна содржина за нив. Исто така, стана и место каде што обичните смртници се во контакт со нивните омилени славни личности, а познатите глумци, пејачи и старлети - со својата публика.

На почетокот беа 140 карактери Почетоците на Twitter се скромни и врзани за некои други времиња, кога SMS пораките беа дел од нашето секојдневие.

160 карактери беше ограничувањето за SMS, па Twitter беше примарно социјална мрежа каде нечија порака ќе стигне на вашиот мобилен телефон, затоа што Toj Некој го следите и сте претплатени на неговите/нивните новости. На самите почетоци, се добиваше SMS кога Некој ќе објави нешто. Зборот „твит“ доаѓа од англиското tweet, синоним за чуруликање, глас. Логото со светло сино пиле е веќе далеку познато, а и екранот за проблем со сервисот со слонче што го носат пилиња (затоа што сервисот има голем товар!).


ШТО Е TWITTER? Twitter е многу повеќе од тоа што пријателите прават во моментов. Twitter ги промени медиумите, политиката и бизнисот. Twitter нè промени сите! Многумина слушаат за вести прв пат од Twitter – приказни за природни катастрофи, спортски разултати, славни лица и слично.

140-те карактери како ограничување се чини беа клучни за многу нешта, затоа што се покажа дека е вистинската мерка на текст за задржување на вниманието, и пренесување на единечна информација која е доволно кратка за консумирање; доволно долга да биде значајна. Со задржувањето на ова ограничување, Twitter демонстрира дека комуникацијата преку мобилен уред е во неговата ДНА. Иако денес поврзувањето со SMS пораки не постои како дел од платофмата, ограничувањето останува, и се чини дека е клучна состојка што го прави Twitter она што е. За да се прошири споделувањето, на самите почетоци на врвот од страницата на Twitter стоеше реченицaта „Кој е твојот статус?”. Денес, комуникацијата на Twitter е толку лична и присвоена за секого посебно, што нема потреба од никаква пишана насока за споделувањето што (ќе) се случува.

Растот на идејата за „статус” Twitter е роден од мал тим во фирма во Сан Франциско, која пропаѓала. Џек Дорси, Ноа Глас и Флоријан Веб, дел од компанијата за поткастинг наречена „Одео“, имале идеја за постојан „статус” кој ќе биде споделен на интернет, па кратко потоа, Еван Вилијамс, сопственикот на „Одео“, ги враќа инвестициите за иницијалната цел на компанијата и ја вложува целата доверба во Twitter. Се случуваат низа потреси низ животниот век на компанијата од 2006 до денес. Период на одење на клучни членови на тимот, период на паѓање на инфраструктурата секоја ноќ при преоптоварување, борби за превласт, промени на извршни директори,... сѐ до денес кога повторно на чело е Џек Дорси, генијален девелопер од кој потекнала идејата за платформа и идејата за статус. Најголемиот подем се случува пред неколку години, кога Барак Обама

започнува да го користи Twitter за директна линија за контакт со своите гласачи, па понатаму во немирите и востанијата на Арапската пролет, донациите со предизвик со кофа со мраз, први исвестувања за земјотреси, и најскорашното - терористичките напади на Париз и вдомувањето на затекнатите туристи и граѓани. „Статусот” како идеја стана голема движечка сила на вестите, затоа што секој статус е униктен поглед на светот, достапен веднаш, субјективен и објективен истовремено, заради ограничениот простор на карактери. Се прошири вирално, затоа што секој статус е лесен за „консумирање“, а контекстот се создава со сопствено толкување на повеќе извори.

Статусот на Twitter денес Twitter стои стабилно под рацете на својот водач оваа година, и веќе има направено одредени потези кои укажуваат на тоа дека идинината неговата иднина е раст во мобилниот универзум, не само идејата на статусот и социјалната платформа. Под капата на Twitter сега се компанијата која споделува видео пренесување од вашиот мобилен телефон (Periscope), платформата за аналитика на мобилни апликации (Crashlytics) и други слични платформи. Иднината на мобилниот свет претходно беше дефинирана преку SMS комуникација и „статус”, но логично, 10 години подоцна, паметните телефони донесоа раст на сите дополнителни функционалности. Twitter предводи во предвидувањето и комбинирањето на интеракцијата од мобилен уред, останува да видиме што носи како нова страница од историјата, долга многу повеќе од 140 карактери. Статусот, од текстуален, ќе премине во видео, ќе премине во податоци за користење апликација, преживувајќи уште понекоја слична метаморфоза. Со вакво растење, Тwitter ќе остане да биде пулсот на мобилните корисници уште долго време. Калина Зографска


12

ФИЛМ

ДВЕ РЕЦЕНЗИИ ЗА „ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“

Режија: Даријан Пејовски Улоги: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова Првата, професионалната, на Игор Анѓелков:

ВО ЦЕНТАРОТ НА БОЛКАТА Оваа филмска година во Македонија, како ретко која досега, ни понуди неколку премиери кои ги задоволуваат сите критериуми на квалитетно целовечерно остварување. По филмовите „Медена ноќ” на Иво Трајков и „Лазар” на Светозар Ристовски, годината триумфално завршува со првенецот на Даријан Пејовски - „Три дена во септември”.

остварување, околу кое сите се согласуваат дека се гледа во еден здив, без пауза да се тркне до тоалет или до фрижидер за да се дополнат залихите во моменти кога во приказната има празни одови. Но, да не сфатиме погрешно, во случајов воопшто не се работи за финансиите, иако тие се наметнаа како тема на почетокот од текстов. Филмот на Пејовски има уште неколку квалитети околу кои вреди да се дискутира.

Дали поддршка од основните, двесте илјади евра за реализација на прво остварување, се доволни за снимање еден издржан долгометражен филм? Ова е прашање на кое најсоодветно одговори режисерот Даријан Пејовски, чиј „Три дена во септември” деновиве е актуелен во домашните кино сали. Потпомогнат со уште 49.000 илјади евра од Косовскиот кинематографски центар (ко-продуцент „Иконе филм”), овој филм ги содржи сите атрибути на квалитетно дебитантско

Филм со сите салтанати

„Три дена во септември”, според продуцентот Томи Салковски („Скопје филм студио”), е еден од ретките филмови кој од зачетокот на приказната, преку добивањето на финансиска поддршка од Агенцијата за филм, снимањето, постпродукцијата, и сè до неговата светска и домашна премиера, за рекордно време ги помина сите фази од неговата реализација, што е за пофалба, особено доколку се земат


ФИЛМ

13

Хируршки прецизна сторија

предвид непотребните одолговлекувања околу снимањето одредени домашни остварувања во последниве години, по што касата беше празна, а за долговите се пишуваше и во медиумите. Филмот на Пејовски скромно, но сигурно во изминативе пар месеци имаше претставувања на неколку значајни интернационални филмски фестивали, на кои, иако не се закити со награда во некоја категорија, сепак, одгласите за него беа и повеќе од добредојдени. По светската премиера на фестивалот во Монтреал, следеше гостување на најстариот филмски фестивал на американскиот континент, оној во градот на ветрот, Чикаго, а потоа преселба на Стариот континент, каде по Котбус и Братислава, „Три дена во септември” планира да биде дел од уште неколку интересни збиднувања, каде што се остваруваат контакти и каде што се поставуваат основите за можни идни соработки со луѓе од фелата. Сепак, најважно од сѐ е дека, конечно, на сребрениот екран добивме македонски филм со сите салтанати, со акцент на неговата жанровска определба, особено ако знаеме дека домашните остварувања секогаш во однос токму на жанрот биле нешто помеѓу, хибрид на желбата на режисерот, неговото поимање за филмот и воспоставените конвенции на филмската естетика. Но, ваквиот след на настаните и можеше да се претпостави доколку сте ги гледале претходните кратки остварувања на Пејовски („Опера”, дел од омнибусот „Скопе ремикс” – „409”), па и среднометражниот „Бунило”. Наклонетоста кон чистите жанровски остварувања на автори како мајсторот Хичкок, но особено на холивудската филмска братија од 70-те години на минатиот век (Брајан де Палма и компанија), се оној меланж кој откако ќе помине низ сопствените филтри, на крајот се добива автентичен израз кој изгледа уверливо на екранот.

За сето ова да исфункционира на овој начин, сепак пред сѐ ви треба квалитетна приказна, која спакувана во возбудлив психолошки трилер, ни раскажува за два женски лика кои низ меѓусебниот однос ни ги разоткриваат и своите најмрачни тајни. Пејовски, како по ноти, заедно со ко-сценаристот Игор Иванов, напишал хируршки прецизна сторија за две анти-хероини чии судбини се испреплетуваат на случаен и необичен начин, и тоа само во три единствени дена, фокус како рецепт за успешно разголување на поставените задачи. Иако одредени сценаристички решенија се држат до стереотипите (некогаш и толку посакувани за препознавање на кодот и од најшироката можна публика), сепак, основата на драматургијата вели дека главните ликови секогаш треба да се наоѓаат на точка на пресврт во својот живот, а токму тоа и им се случува и на Јана и Марика, во одлична актерска интерпретација на Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски. Во оваа студија на карактери, женскиот актерски тандем е комплетно соживеан со ликовите и на најуверлив можен начин ни докажува дека кога кастингот е совршен, сето останато е прашање на реализација. Со тоа го добивме домашниот пандан на Телма и Луиз од истоимениот филм на Ридли Скот, потпомогнат од одличните актерски остварувања и на Адем Карага, како клучна машка фигура во филмот, и оние на ветераните Милица Стојанова и Салаетин Билал. Но, за впечатокот да биде комплетен, се погрижија и Димо Попов зад камерата, кој во крајност ја доловува раскошно минималистичката естетика на која инсистира Пејовски во својот израз, како и композиторот Александар Пејовски, кој црпејќи инспирација од саундтраците на познатите композитори на филмска музика, создава звучна слика од која ќе почувствувате морници по телото. И последно, не не и помалку битно, сценариото/приказната на затскриен, суптилен начин го коментира ова време/невреме во кое живееме, погодувајќи во центарот на болката само со неколку јасни и отворени реплики, за разлика од некои останати остварувања, на чии автори и по два и пол часа не им е јасно што сакале да поентираат.

Само напред! По сево ова, со гордост може да се констатира дека македонската кинематографија во името на Пејовски добива автор на кој сериозно треба да се смета и во иднина, така навестувајќи го влезот на новата генерација на домашни автори на големото платно, особено ако знаеме дека во следниот период со нетрпение ги очекуваме премиерите на деби остварувањата и на Вардан Тозија („Безимени”) и Ѓорче Ставревски („Тајната состојка”/ „Крани”). Само напред!!! Игор Анѓелков


14

ФИЛМ

Втората, младешката и надежна, на Мартина Јанеска:

ОСВЕЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КИНО СЦЕНА

Морам да признаам дека ретко гледам македонски филмови. Меѓутоа сум доста запознаена со тематиките кои најчесто се обработуваат во нив – тешкиот живот и историјата, маките на Македонецот итн. Тоа (донекаде) го очекував и овој пат. Сепак пријатно бев изненадена по гледањето на најновиот македонски филм „Три дена во септември“, првенчето на режисерот Даријан Пејовски. (Мој клуб, исто така беше пријатно изненаден по читањето на рецензијата-првенче на младата Мартина Јанеска, студент на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.) Најпрво морам да го пофалам изборот на актерската екипа во која нема ниедно промашување. Носителките на главните улоги, на прекрасно комплексните ликови Јана и Марика, се Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски, кои на суптилен начин, минималистички, ни ги доловуваат сите емоции, дилеми, турбуленции на нивните ликови. Привидно суров и безмилосен, но и реален, е и ликот на Генц, игран од Адем Карага. Кога подобро ќе размислиме сфаќаме дека сме виделе огромен број „Генцовци“ во нашата околина. Филмот добива многу и од искусната игра на Салаетин Билал (таткото на Генц) и Милица Стојанова (тетка Анка).

Шармантни „грешки“

Самата приказна се развива постепено, има логично следство и не е збунувачка, туку претставува вистински мистерија, предизвик. Убиството кое Марика го извршува на самиот почеток дејствува како катализатор за сите

понатамошни настани. Нејзиното запознавање со Јана во возот и развивањето на нивното пријателство следи едно благо темпо на отплеткување на клопчето на настаните, но тоа е потребно за да ги запознаеме ликовите на начинот на кој сака режисерот. Во вториот дел приказната „забрзува“ и веќе навлегуваме во мистеријата, која е на ниво на кој било холивудски филм (без да се труди да ја имитира нивната излитена шема). Тука има и некои сцени, како моментот кога Јана ѝ ја раскажува својата приказна на Марика, на кои им недостига малку моќ. Во оваа категорија спаѓаат и некои (можни) недообјаснувања на плановите на Марика и Јана. Меѓутоа ако биле изведени на друг начин, овие сцени можеби и би биле клише или излитени, па не би сакала премногу да критикувам. Сепак, тие воопшто не му одземаат ништо на филмот. Напротив, служат како шармантни „грешки“ во ова првенче.

Свежа приказна, реална приказна

Камерата е сигурна и крупните кадри кои во фокусот ги даваат сите емоции на ликовите, додека оние скриените, длабоко под површината, може да ги одгатне секој кој малку подобро ќе погледне... Местата за снимање, Јасен и Преспа, се одлично избрани и ја прикажуваат нашата земја во полн сјај (иако, всушност, местото каде што тие се и не постои во таква комбинација од село и езеро). Музиката пак, само го надополнува текот на приказната и воопшто не пречи во нејзиното одвивање. Морам да заклучам дека ова е еден од најдобрите филмови кои се направени во последните години во Македонија. Во него гледаме една нова свежа приказна, реална приказна, која кога ќе размислиме и не е толку далеку од секојдневието. Нека ова освежување на македонската кино сцена претставува нов бран во македонската кинематографија, кој ќе трае уште долго и ќе се развива.


ПРЕГЛЕД ИЛИ ПРЕЛЕТ НАД 2015

ДОМАШНАТА КНИЖЕВНОСТ ВО 2015 Најважните книги од домашни автори кои се појавија во 2015, според „Мој клуб“, се:

Гоце Смилевски: „Враќањето на зборовите“,

„Дијалог“, Скопје 2015 Книжевно, 2015 ќе ја помниме по најновиот роман на Гоце Смилевски, затоа што „Враќањето на зборовите“ е поважен настан за сите нас, отколку за авторот: виза за нашиот мал јазик слободно да патува на која било точка на Книжевната топка. Смилевски ги отсрами и одбрани и нашиот јазик и нашето постоење... Излегувањето на овој роман донесе повеќе празничен молк, отколку делнична врева во домашната книжевност.

Владимир Јанковски: „Измислени љубови“,

„Антолог“, Скопје 2015 Вториот роман на Владимир Јанковски не требаше да нè изненади со квалитетот, затоа што ни првиот („Вечно сегашно време“ од 2008) не беше лош. Сепак, нè изненади. Одличен! Од корица до корица, од реченица до реченица. Една прецизна вертикала во неговото и во нашето (македонското) прозно писмо. Јасно, чисто, ферментирано, почнато и завршено. Точката на крајот од романот метафорично е две точки за неговото наредно дело. Се надеваме за помалку од 7 години!

Румена Бужаровска: „Мојот маж“,

„Блесок“, Скопје 2014 (прво издание); „ИлиИли“, Скопје 2015 (второ издание) Вториот роман на Владимир Јанковски не требаше да нè изненади со квалитетот, затоа што ни првиот („Вечно сегашно време“ од 2008) не беше лош. Сепак, нè изненади. Одличен! Од корица до корица, од реченица до реченица. Една прецизна вертикала во неговото и во нашето (македонското) прозно писмо. Јасно, чисто, ферментирано, почнато и завршено. Точката на крајот од романот метафорично е две точки за неговото наредно дело. Се надеваме за помалку од 7 години!

15


16

ТЕЛЕКОМ ПРОЗОРЕЦ

Pickbox

СО PICKBOX ДО НАЈНОВИТЕ СЕРИИ И ФИЛМОВИ

Pickbox, eдна од најпопуларните претплатнички услуги за гледање видеа на барање во регионот, достапна е и во MaxTV видеотеката на Македонски Телеком. Повеќе од 2.000 часови ТВ серии, детски и филмски содржини од врвните продукциски куќи BBC, Disney, CBS, Sony, MGM и други и тоа со македонски превод, чекаат на вашиот интерес. Оваа услуга од 2014 година беше достапна за корисниците во Македонија преку нивните паметни уреди (смартфони,таблети, компјутери и Smart TV), но новитетот кој го воведе MaxTV е што сега корисниците можат да уживаат во содржините на Pickbox на голем екран, преку својот обичен телевизор, приклучен на MaxTV приемник. Наш избор: „Без граници“ (Limitless) Дванаесет епизоди од новата напната акциона серија „Без граници“ се пред вас, а тринаесеттата пристигнува на Pickbox на 20 јануари, 24 часа по прикажувањето во Америка! Бредли Купер Ако го сакате Бредли Купер, има добри шанси дека сте го гледале филмот „Без граници“. Ако, пак, го сакавте филмот, ќе ја сакате и

Copyright © MMXV CBS STUDIOS INC. All Rights Reserved

напнатата акциона криминалистичка серија чиј извршен продуцент е токму тој, а се појавува и во улога на сенатор кој на младиот Брајан ќе му помогне во еден миг. Ако се прашувате какво е чувството да користите 100% од мозокот, дознајте токму во оваа серија каде што Брајан Финч (Џејк Мекдорман) ги согледува предностите и маните на „паметната дрога“. Брајан е попаметен од сите нас, ги користи сите достапни мозочни клетки, има целосен пристап до сите сеќавања, но со неговиот ум пристигнуваат и неволи. Кога некој ќе го убие неговиот пријател што му ја дал неверојатната дрога, тој станува главна мета на детективката на ФБИ (Џенифер Карпентер, Декстер) која е убедена дека токму тој е убиецот. Мекдорман 29-годишниот Џејк Мекдорман неодоливо потсетува на младиот Купер, а неговата прва забележана улога беше во Greek („Братства и сестринства“), се појавуваше во сериите „Бесрамници“ (Shameless), Manhattan Love Story и во „Американски снајпер“ во кој играше и Купер. За улогата на Брајан Финч, кој зема дрога од црниот пазар, го препорача токму Бредли Купер.


ТЕЛЕКОМ ПРОЗОРЕЦ

17

КупиКурс

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ ДОСТАПНИ ЗА СЕКОГО! Едноставно и брзо, со КупиКурс стекнете се со потребното знаење, кое ќе ви обезбеди успех во вашата кариера! КупиКурс е платформа за електронско учење на која можете да ги најдете сите потребни обуки за вашиот професионален развој и напредок. Лидерство, комуникација, продажба, маркетинг, информациски технологии, канцелариско работење... КупиКурс ви нуди долга листа на висококвалитетни обуки од речиси сите области, наменети за сите оние кои сакаат да го надградуваат своето знање, од студенти до професионалци. Без здодевни предавања! Курсевите се интерактивни, проследени со дискусии и вежби, тестирања, видео конференции и материјали за учење поставени на самата платформа, сė со цел да ви обезбедиме ефективно учење од удобноста на вашиот дом или од која било локација, во кое било време. Сė што треба да направите е да се регистрирате, да ја побарате обуката која вам ви е потребна од моменталната понуда на

платформата и да извршите електронско плаќање со вашата платежна картичка. Секоја обука можете да ја прегледувате и преслушувате неограничен број пати во рок од 30 дена по купувањето, а исто така, согласно нејзините карактеристики, можете да пополнувате тестови и квизови, да поставувате прашања и да пристапувате до материјалите кои се поставени. Станете дел од E- Learning револуцијата! Со КупиКурс тимот на iVote и Македонски Телеком вашето знаење и искуство ќе ги пренесете на модерна платформа и ќе ги направите достапни како никогаш досега. Подобро дури и од вистинска училница! КупиКурс ќе ви обезбеди веб базирано решение за вашите обуки со можност за интеракција со слушателите, поставување видеа и слики, материјали, видео конференции, електронски тестови и квизови, како и издавање на сертификати. Сė според вашите потреби и согласно вашиот стил на предавање!


18

ТЕАТАР

„Мајсторот и Маргарита“

„КОГА МАГИЈАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ...

НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ЈА ЗАПРЕ!“

Забрануваниот и напаѓан роман на рускиот писател и драматург Михаил Булгаков на кој авторот работел цела една декада, инспириран од сопствениот живот и од неговата трета жена - Јелена Схиловскаја, бил објавен долги години по неговата смрт и се смета за еден од најдобрите романи на 20 век. Оваа зима, тој може да се „гледа“ и во Скопје!

Одблизу

Преговорите со режисерот Поповски за неговото гостување во Македонија траеле повеќе години, и се резмислувало на кој текст да се работи, конечната одлука била тоа да биде делото на еден од омилените автори на режисерот Поповски. Низ долгиот процес на работа целата екипа со максимални заложби успеа во последниот месец од 2015 да ѝ ја подари на публиката ,,Мајсторот и Маргарита“ во современ,

возбудлив и несекојдневен манир каде што во три испреплетени приказни, можеби недовршени, но доволно провокативни да ви го задржат вниманието во речиси петчасовната вратоломија од мајсторство во креацијата, илузијата и посветеноста на секој од ликовите, ги заслужија честитките и аплаузот за одлично завршената работа. Токму оваа приказна за вистината, слободата, љубовта и стравот, режисерот Иван Поповски се одлучи во целост да ја долови на публиката. Со повеќе од 60 актери на сцената и целокупната уметничка и техничка екипа на Македонскиот народен театар, истакнатиот режисер во овој досега невиден спектакл на македонската театарска сцена совршено успева да го задржи вниманието на гледалиштето во кое вматнува и дел од актерската екипа со што во одредени моменти имате чувство

дека и самите вие дишете и се претопувате во целата таа магијата. Една од основните пораки со која и започнува делото на Булгаков/Поповски е прашањето: ,,Зошто не треба да разговарате со непознати“. Тоа можеби го откриваме на крајот или го изнесуваме со нас по спуштањето на завесите, но провејува и е присутно во целокупната атмосфера и повеќечасовната игра. Всушност, така и започнува увертирата во оваа претстава кога сосема ненаметливо, безмалку наивно, се доближува Воланд/ Ѓаволот (Никола Ристановски) до младиот лаковерен писател Бездомни (Сашко Коцев). Оттука, па натаму, публиката и актерите живеат во два света, реален и нереален, подземен и надземен, вистински и лажен.

Никола Ристановски како Воланд


ТЕАТАР

19

Помеѓу сонот и јавето, се чини дека така е креирана улогата на Ристановски. Или веројатно како што вели режисерот Поповски, актерите најпрвин инспирацијата ја црпат од себе, а потоа и од романот каде што се преплетуваат повеќе комплексни душевни линии. Гледајќи го доминантното ѓаволско заведување на Воланд на сцената на кое неприкосновено се посветува Ристановски, посакувате во одредени сцени и самите да скокнете во котелот и да го помирисате подземјете каде што доминира неговиот лик. Неговото присуство одекнува низ целиот перформанс, а вие се прашувате дали самиот ѓавол навистина изгледа така, и како е возможно со таква леснотија да се лебди на сцената во една толку замрсена фантомска улога.

Дејан Лилиќ како Мајсторот

И’ недостигаше на публиката неговата(комплетна) актерска присутност , а враќањето како Мајсторот ги задоволи истовремено и публиката и критиката. На свој претпознатлив начин во кој за секоја улога добивате впечаток дека на сцената остава дел од својата душа, Лилиќ во улогата на вљубениот Мајстор умешно се провира помеѓу љубовта и злото и поклонувајќи се пред судбината заминува со Маргарита во вечноста и мракот.

Оливер Митковски како Каровјев

Ликот на Каровјев кој со своите ѓаволштини во крецијата на повеќе лица приредува вистинска магија на сцената служејќи се со илузионистички вештини за кои Митковски вежбал со италијанскиот илузионист Гаетано Триџано е неоспорно - претставување кое му дава еден посебен шарм на целото ремек -дело. Или како што самиот тој изјави во една прилика : „При градење на ликот, како многупати досега, се послужив со моето омилено

средство - театарската ‘контра’. Во случајов тоа значи дека доколку играм лик кај кого доминираат лукавоста, злобата и отсуството на емпатија, јас избирам форма на наивно шармантен, сочувствителен и духовит господин, кој ги прикрива своите вистински особини, цели и намери, сето тоа беше дел од комплексната сложувалка наречена Каровјев“.

Сашко Коцев како Бездомни

Ликот на Коцев на кој актерот заедно со целата екипа работел посветно со големо одушевување цели седум месеци е оној кој едноставно ве влече на смеа и некое

... КАКО БИЛО НЕКОГАШ... „Најважно од сè во театарот е живиот човек на сцената, бидејќи театарот е резерват на човечки односи и чувства, а потоа следуваат сценографии, костимографии и визуелни ефекти. Во време кога луѓето сè помалку разговараат, се сеќаваат, се допираат, кога сè повеќе живеат во виртуелен свет, театарот ќе остане местото каде што ќе може да се види како било некогаш“, истакна пред премиерата Поповски.

необјасниво сатирично задовлство кога го гледате како постојано се колеба и негодува околу дилемата за неговата средба со ѓаволот . Релно или не, неговото присуство како Баездомни кој буквално полудува од средбата со Воланд ја зачинува целата претстава со еден шмек претпознатлив единствено за Коцев. Ликовите на Драгана Костадиновска (Маргарита), Ѓорѓи Јолевски (Азазело), Петар Мирчевски (Мачорот),Јордан Симонов,Гораст Цветковски (Понтиј Пилат)... и сите останати кои безрезервно учествуваат и се преплетуваат во масовните сцени и дијалози, ова комплексно дело од светската литература успеваат да го направат една од најуспешите театрски приказни за „Мајсторот и Маргарита“ во светски рамки. Нашата препорака е секако да се погледне и да се ужива во оваа ѓаволски добра претстава која во вас ќе побуди најразлични чувства. Рашела Г.


20

МОДНИ ДОКУМЕНТАРЦИ

ПОГЛЕД ЗАД СЈАЈОТ И ГЛАМУРОТ

Привлечноста на светот на модата, како и желбата на модните вљубеници да ѕирнат во она што значи магија на нејзино создавање, се причина за појавата на бројни модни документарци кои станаа популарен филмски жанр изминатата, 2015 година. Овие документарни филмови, не само што се хроники за животот и делото на популарните модели, модни музи и дизајнери, ами нудат и поглед кон оној помалку гламурозен и досега за малкумина достапен простор зад сцената и модните писти, поглед зад сјајот, гламурот и помпезноста...

„Диор и јас“ / „Dior and I“ (2014) Режија: Фредерик Ченг

Долгоочекуваниот „Диор и јас“ е документарен филм кој ги отвoра вратите на модната куќа „Кристиjан Диор“. Со дејствие сместено во 2012 година, режисерот Фредерик Ченг, успева на извонреден начин, филмски да ја забележи работата на новиот уметнички директор на „Диор“ - Раф Симонс, како и да му овозможи на гледачот да го доживее инспиративниот процес на создавање на неговата прва колекција на висока мода за престижната модна куќа. Имајќи само

„Ајрис“ / „Iris“ (2014) Режија: Алберт Мејзлс

„Ајрис“ е последната творба на сега починатиот режисер на документарни филмови, Алберт Мејзлс, кој успева на еден интересен и шармантен начин да го портретира животот на легендарната модна икона, Ајрис Апфел. На многумина позната по својата раскошна, колоритна облека, огромните очила во јарки бои и изобилие интересни модни додатоци, Ајрис ја раскажува својата приказна, полна со љубов, ентузијазам и креативност. 93-годишната хероина на филмот ѝ пркоси на својата возраст, говорејќи со радост за нејзината љубов кон модата, играта на облекувањето, а го потсетува и гледачот за нужноста да се зачуваат животната сила и слободниот дух, дури и во третото

осум недели да ја подготви колекцијата за претстојната париска модна недела, Симонс се обидува да ја оствари својата, современа дизајнерска визија, но притоа оддавајќи му почит на богатото наследство на Диор. Креативниот, но и макотрпен процес, со сета своја убавина и љубов на создавањето, е проследен со возбуда, исчекување и интересни меѓучовечки односи. Раф Симонс, кој е познат по својот модерен, минималистички дизајн и едноставниот пристап, се чини како чуден избор за наследник на модната куќа позната по својот луксузен и „сè само не“ едноставен изглед. Фактот што Раф не го говори добро францускиот јазик, дополнително создава атмосфера на недоверба кај неговите тамошни соработници, особено со жените од работилницата одговорни да му помогнат да ја реализира својата дизанерска замисла. Нивната комуникација и различните темпераменти, на еден умешен начин успеваат да ги спротивстават индивидуалноста на дизајнерот и неговата визија наспроти нужноста од соработка со работилницата... Сево ова му дава особен шарм за филмот кој ги слави дизајнот и дизајнерот, не запоставувајќи ги сите оние безимени, вредни работнички раце во позадината, нивната безрезервна лојалност и врвното мајсторство.

доба. Филмот ја следи Ајрис во нејзините шопинг искуства во Харлем, за време на фото сесии на познати модни списанија, па дури и низ куповите облека во нејзиниот гардеробер, а таа на нејзин својствен шеговит начин ја открива својата животна филозофија: „Животот е сив и досаден, па зошто да не се забавуваш со облекувањето, па така да ги забавуваш и другите“.


ГОСТИНКА НА МОЈ КЛУБ

„Да се биде свежо облечен“ / „Fresh dressed“ (2015) Режија: Дејвид Бајкли

Свеж, колоритен, разигран, забавен... така може да се опише филмот кој е урбана приказна за модата како дел од популарната хип-хоп култура. Филмот го следи патот на широките, лежерни панталони, исцртаните јакнички со графити, колоритните „Адидас“ капчиња и „Кејзал“ очилата за сонце, кои од скромните, црнечки улички на Њујорк, каде што се дел од гардероберот на младите Афро-американци, ќе го освојат светот, станувајќи едни од најпопуларните парчиња облека меѓу модните трендсетери. „Да се биде свежо облечен“ е интересна мешавина на историја на мода, раскажана низ музика и бројни интервјуа на рапери,

„Стенли Маркус“ / „Stanley Marcus“ (2015 - постпродукција) Режија: Мајк Мулинс и Мајлс Харгров

Долгиот и живописен век на Стенли Маркус е темата на истоимениот документарен филм на Мајк Мулинс и Мајлс Харгров. Познат како „Американскиот принц на трговијата“, Стенли е човекот кој служејќи се со својот неверојатно истенчениот вкус за убавото, ќе ја издигне стоковната куќа за облека „Њуман Маркус“ која неговиот татко ја основал во далечната 1907, во истиоимениот, сега светски познат бренд, а со тоа ќе успее да

„Луда сум за ‘Тифани’ накитот“ / „I am crazy about the Tiffany’s“ ( 2016 ) Режија: Метју Мaел

Уште една успеша приказна раскажана преку документарен филм е онаа на накитот „Тифани“, приказна за една малечка продавница за накит од далечната 1837, која успева да прерасне во еден неверојатен глобален феномен. „Тифани“ накитот и нему препознатливата сина кутија стануваат синоним на врвна софистицираност, луксуз и безвремена елеганција, а воедно се и сон на секоја жена насекаде низ светот. Следејќи ја

21

дизајнери и останати лица од модната и музичката индустрија. Во филмот земаат учество Фарел, Канје Вест, Нес Џонс, Андре Леон Тели, сите страсно говорејќи за тоа како преку индивидуалноста, оригиналноста и слободата на изразување може да се освои светот.

го претвори неговиот Далас во центар на престижната, висока мода. Филмот говори за неговата умешност да ги препознае луксузот и екстравагантноста, извонредното чувство за трговија, но и за тоа како тој успева да ѝ да даде еден сосема нов контекст и значење на она што значи малопродажба на модни парчиња. За влијанието на Маркус и легендарната „Њуман Маркус“, на глобалната модна сцена говорат познати имиња како дизајнерите Карлина Херера, Масимо Ферагамо, Емануел Унгаро, откривајќи ја сторијата на „најпознатиот човек во Далас“' или гсподинот Стенли како што многумина го познаваат, која можеби започнува во Далас, но за која ќе чуе целиот свет.

инспиративната приказна од самиот почеток, па сѐ до она што денес значи „Тифани“, филмот ни ги открива познатите парчиња накит кои успеале да блеснат на Оскаровиот црвен тепих, го следи патот на „Тифани“ дијамантот со непроценлива вредност до Кина, како и неверојатното мајсторство на рачно создавање на класичниот „Шлумбергер“ дизајн. „ Шлумбергер“ дизајнот, наречен по својот создател, познатиот изработувач на накит Жан Мишел Шлумбергер, за чии креации ќе речат дека се извонредна реализација на неговите соништа. Дизајнот е познат по невообичаеното претставување на формите од природата, најчесто инспириран од животни, а меѓу најпознатите е легендарниот брош „Птица на камен“, украсен со жолт дијамант, толку препознатлив за „Тифани“. Ц. Беличанска


22

ПРЕГЛЕД ИЛИ ПРЕЛЕТ НАД 2015

ГОДИНА НА ДАМИТЕ И ФАНОТ „ЗАГЛАВЕН ВО КАЛТА НА СТРАСТА“ 2015, како и секоја друга година, беше полна со спортски случувања, а за да ја архивираме на подолго време, нудиме преглед на настани, случувања,.. кои ни се чинат најинтересни и не се подредени ниту временски, ниту по значење, ниту по некаква навивачка припадност. Машкиот фудбал, секако, и натаму останува планетарен спорт број еден. Но, во изминатава 2015 година, копачките дефинитивно ги победија високите потпетици. Женскиот фудбал - спортот кој, да речеме, во 1921 година беше практично исфрлен од јавната сцена во Англија со аргументација дека „значително не му одговара на понежниот пол“ ( забраната беше укината 1971 година), во 2015 година доживеа страшен напредок, најголем скок во севкупната спортска конкуренција во однос на популаризацијата во светот. Дамите се вистински хит во фудбалот! Доказ за тоа е додавањето женски тимови во годинашната ФИФА 16, првата компјутерска игра во серијалот која има женска селекција, а Алекс Морган од американската репрезентација заедно со Меси е на каверот на играта на американскиот пазар. Питер Мур од „ЕА спорт“ откри дека ако се погледнат сите 600 тимови со кои играчите секојдневно играат онлајн мечеви, женскиот национален тим на САД, вкупно гледано, е 23. на листата на најиграни тимови. Мошне добра статистика ако се има предвид од кои сè тимови е попопуларна оваа национална селекција во ФИФА 16.

Најтвитан спортски момент Годинава бевме сведоци на многу возбудувања и доминација на еден фудбалски клуб и неговото напаѓачко трио Меси, Суарез, Нејмар. Барселона по трет пат во историјата стана светски првак! Триумфот над Ривер Плата во Јокохама им ја донесе нивната петта титула годинава. Каталонците беа особено импресивни во Лигата на шампионите каде што ги елиминираа шампионите на Англија, Франција, Германија и Италија. Интересно истражување на социјалните мрежи покажа дека вториот гол на Меси во првиот полуфинален меч против Баерн е моментот на кој му се посветени најмногу твитови на таа социјална мрежа - дури 25.300 во минута. Каталонците тој меч го добија со 3:0 на свој терен, а во реваншот загубија со 2:3, а потоа во

финалето го совладаа Јувентус со 3:1. Слична привлечна сила имаше 14-годишниот Лукас кој во Мериленд го собори рекордот во местење на Рубиковата коцка (4,9 сек.).

Судија исклучи коментатор Ретроградната бизарност и декларација на сопствената немоќ се неизбежен декор на спортските терени. Листата на ситуации кои предизвикуваат смеење, чудење, или едноставно ве шокираат, е голема. Сепак, „авангардниот“ потег на еден судиски тандем во втората лига на Костарика кој го исклучи коментаторот, совршено се вклопува со „хоризонтот на историските спортски вратоломии“. Нудејќи се како „судиски крик на сезоната“ и слизнувајќи се во зоната на инстантната популарност, главниот арбитар со помош на својот колега заклучи дека коментаторот бил прекритичен кон судењето и заслужил црвен картон. Имено, линискиот судија Давид Карбалјо се движеше покрај кабината од која известуваше Хенри де Хезус Диаз, новинар на телевизииската станица СТВ. Бидејќи се наоаѓаше само неколку метри од коментаторот, слушна известување во кое го критикуваше судењето. „Беше тоа грозна судиска одлука! Грозно!“, јавуваше коментаторот. „Линискиот судија го повикува главниот судија... да видиме што ќе се случува... да видими што ќе покаже...“, продолжи тој. Главниот судија потоа дотрча до помошникот, па продолжи кон кабината и на коментаторот му покажа да го напушти местото. „Јас? Коменатор? Исклучивте коментатор?“ викаше во директниот пренос исклучениот новинар. „Боже! Сакам да верувам дека ова е шега!“ Со оглед на фактот дека новинарот го предупреди судијата оти станува збор за кршење на слободата на говорот и дека поради тоа може да заврши на суд, судијата не сакаше да го продолжи мечот прекинат во 54. минута додека коментаторот не се тргне.


Мечот беше продолжен откако новинарот замина на другата страна на игралиштето и продолжи да известува од трибините.

Варди - кариера за филм Ако за некој спортист може да се тврди дека до крајот на својот живот нема да може да го фрли пепелот на заборавот врз 2015, тоа секако е Џејми Варди. Импресивниот напаѓач на Лестер, кој го урна рекордот на Руд ван Нистерој од пред 12 години кога Холанѓанецот во дресот на Јунајтед постигна голови на 10 меча едноподруго. Варди испиша нова страница од фудбалската историја, ги допре облаците на славата, иако до пред само пет години играше во осмата англиска лига и заработуваше 30 фунти неделно. Како аматер тој едвај наоаѓаше време да игра фудбал и да работи во болница, како помагач при изработка на медицински помагала. Неверојатната приказна ќе биде наскоро овековечена со филм. Неговото дело го заинтригира сценаристот Едријан Бучарт кој пишуваше веќе фудбалски филмски приказни во делото „Гол“. Тој веќе ги обавил првите разговори со Варди, а според информациите, играчот на Лестер ќе го глуми популарниот Роберт Петисон.

Словенец - најмлад дебитант во историјата на Реал Мадрид Лука Дончиќ. Ова име допрва ќе одѕвонува во спортскиот етер. Словенечкиот кошаркар, кој се запозна со баскетот во Олимпија, со само 16 години и два месеца старост стана најмладиот дебитант во историјата на Реал Мадрид. Тој е син на некогашниот кошаркар Саша Дончиќ, кој кратко беше играч на Црвена ѕвезда, но и многу словенечки клубови. Висок е 198 cm, а игра на позиција плејмејкер и бек. Велат таков кошаркарски бисер одамна не е виден во Европа. Цела Шпанија со нетрпение чекаше Лука да заигра за „кралевите“, а тој во првиот контакт со топката уфрли тројка. Дончиќ доминираше во младите категории на Реал, постигнувајќи по 30, 40, 50 коша, а бележеше и трипл-даблови како од шега. Помина 3.000 километри и беше сам на трибина! Страста и желбата се вечна психолошкофилозофска тема. Страста е покренувачката сила, есенцијата без која ништо не би било, па не би нѐ било ниту нас. Таа треба да биде извонредно голема за да подлегне на едно пошироко набљудување. Таква реакција предизвика погледот на трибината на стадионот во Дортмунд наменета за гостинските навивачи на

Габала од Азербејџан за време на мечот од Лигата на шампиони. На неа имаше еден единствен фан кој „заглавен во калта на страста“ прејде повеќе од 3.000 километри „осамено“ да ги следи своите љубимци. Секое исполнување на желбата остава свој длабок печат на душата. Дортмундското патешествие кое може да се толкува и како неразумно, но и како надразумно, дефинитивно е таков штембил за Азербејџанецот.

Сајбер проекции за 2016 Полскиот архитект Криштоф Котала предложи изградба на подводен спортски комплекс во Обединетите Арапски Емирати, во кој би имало дури седум тениски терени. Идејата со која тој нè проектира во блиската сајбер иднина, е секако интересна. И тоа ќе чини, како што кажа авторот за Си-Ен-Ен, две милијарди долари. Истовремено смета дека е исплатливо да се напрви нешто такво, бидејќи е во прашање спој на екологија, технологија и спорт. Замислете долу играат Федерер, Ѓоковиќ, Надал, Мари, во публиката под морското дно повеќе илјади гледачи, а над нивните глави, пливаат риби, ражи, необични морски суштества. Наум Котевски


24

ВРЕМЕ ЗА ЧАЈ

ПРИКАЗНА ЗА ПИЕЊЕ Кога зимата ќе ве врзе со студ, најбрзо можете да се ослободите од неа (и да се стоплите) со две голтки топол чај: едната за телото, втората – за душата. Налејте ја приказнава во голема шолја и... испијте ја до крај!

100100

Едно култно (но и мошне поетско!) предание вели дека сè почнало еден ветровит ден во 2737 година п.н.е., додека кинескиот император Шен-Нунг се токмел да ја испие својата вообичаена попладневна шолја топла вода. Сосем случајно ветрот нанел неколку ливчиња од околното дрво во царската посатка, водата почнала да ја менува бојата, се разлеал пријатен мирис и царот, од љубопитство, се напил една голтка... Сето останото што следело потоа е... чиста историја. Дрвото, всушност било грмушката Camellia sinensis, од чиишто листови потекнуваат сите чаеви на светот. Основата е речиси секогаш Camellia sinensis, а конечниот вкус на напивката зависи од начинот на преработката на зимзелените листови и, секако, од додатоците.

Легенди, митови и преданија Во приказната за скапоцените листови на Camellia sinensis, вткаени се нишки од древните


легенди, митови и историски преврати од речиси сите краеви на Земјината топка. За прататковина на оваа билка се смета областа на југоисточна Азија, поконкретно североисточна Индија, северна Бурма, југозападна Кина и Тибет. Најстарите записи за чајната билка потекнуваат од Кина и датираат од првиот милениум п.н.е., но усните преданија досегаат многу подлабоко во минатото. Пиењето чај постепено прераснувало во составен дел на кинеската култура. Во почетокот тоа претставувало статусен симбол, првенствено затоа што чајната билка им била достапна само на повластените припадници на високите друштва. Тогаш чај пиеле само интелектуалците во паузите меѓу читањето. Го пиеле и владетели, министри и угледни граѓани во специјални одаи, низ свечени церемонии што се менувале со текот на вековите. Набрзо чајот, најмногу поради кофеинот, навлегол и во будистичките храмови. Кинеските свештеници почнале да пијат чај за да останат будни и сконцентрирани. Според нивната приказна, основачот на зен будизмот – Бодидарма, медитирајќи пред некој ѕид 9 години, случајно заспал. Кога се разбудил бил толку разочаран од себе, што се казнил отсекувајќи си ги клепките на очите. Тие паднале наземи и од нив израснала првата Camellia sinensis грмушка.

Необична берба – „мајмунот е крив“ Camellia sinensis во почетокот не била култивирана билка, па нејзината берба била отежната. Вообичаено било бербата да се изведува со мајмун. Требало тој да се качи на дрвото, луѓето оздола да го задеваат со стапови сè додека мајмунот не се налути и не почне да ги мава со листовите! Значи, ефикасноста на бербата зависела од прагот на толерантноста на мајмунот. Сето ова време, додека Истокот се нервирал со спокојните мајмуни кои ја отежнувале бербата, Европа не ни знаела за задоволството што допрва ја очекува. Првите количества чај стигнале на Стариот континент дури во средината на 17 век.

Чајот како мираз Во најголемиот број земји, речиси целиот 17 век чајната билка се користела само како лек, сè додека Англичаните не ја потопиле во вода и не ја откриле „радоста на векот“. Англиската традиција за пиење чај почнува со венчавката на кралот Чарлс II и португалската принцеза Катарина од Браганса. Чајот бил нејзин мираз. Оваа неугледна и мошне несреќна жена останала запаметена во историјата како „жената што ги научи Англичаните да пијат чај, да јадат од порцелан и да прават џем од портокали“. Таа 23 години била во брак со Чарлс не поминувајќи ниту една ноќ со него, зашто, едноставно, на Чарлс II не му се допаѓала, а морал да се ожени со неа заради миразот,.. заради чајот.

Бостонска чајанка Американскиот револт против доминацијата на Британија во светската трговија со чај кулминирал во вистинска одмазда, во историјата позната како „Бостонска чајанка“. На 16 декември 1773, Американците ги потопиле огромните контејнери чај, приготвувајќи го најголемото, океанско количество од актуелната напивка. Можеби токму поради „Бостонската чајанка“, Американците никогаш не се „навлекле“ на чајот, како Англичаните. Сепак, нивниот придонес и во чајот е голем. Филтер вреќичките се американски изум, како и ладниот чај и инстант чајот во гранули (измислен 1930, но последниве години, особено популарен).

Модерни митови: чај во млекото, или млеко во чајот?

Хемичарите и ден денес расправаат дали во чајот се дотура млеко или во млекото – чај? Инаку, суштината на оваа практика е социјална диференцијација. Сиромашните Англичани пиеле чај во земјени посатки кои би пукнале доколку во нив се стави врел чај. Затоа, во нив првин се ставало малку студено млеко. Богатите Англичани, пак, кои пиеле во високоотпорни порцелански шолји, немале таков проблем, инсистирале

првин да се става чај, а потоа да се долева млеко во него. Значи, проблемот е социјален и класен, а не хемиски.

За зборовите, вкусовите и... дефинициите Постои само еден единствен кинески збор за чај, кој во различни дијалекти бил различно изговаран. Така во светот „стигнал“ во двете најчести варијанти, како „те“ и како „че“. Оттаму англиското „теа“, на пример, нашето „чај“ и уште многу, многу варијанти насекаде низ светот. Иако за вкусовите не вреди да се зборува, сепак, не бидете скептични доколку некој ви каже дека чајот не му е вкусен кога се налева од ниско, на пример... Височината од која се налева чајот во шолјата е значајна за конечниот вкус на чајот, барем во Република Мали. Таму постојат дури три различни имиња за истата напивка во зависност од која височина е налеана течноста во шолјата: la vie, l›amur, la mort (живот, љубов, смрт). Не знаеме дали налевањето од високо е живот или смрт, ама затоа налевањето од „умерена височина“ е сигурно љубовчај. Во студените области на Азија, пак (Тибет, Монголија, Непал), во чајот се додава путер кој на организмот му ги обезбедува неопходните калории. Се додава и крупна сол и маст од јак и вкусот повеќе потсетува на супа од месо. Веќе со векови овој чај прави збрка во западните дефиниции за чај.

Јадење чај, пиење приказни Во кинеската провинција Хунан не се вика пиење чај, туку јадење чај. Но, тоа не е случајно. Во Хунан традиционално во чајот се ставаат сол, ѓумбир, печена соја и сусам кои по испивањето на течноста, се јадат во буквална смисла. Дали вие во овие зимски дни ќе јадете или ќе пиете чај, зелен, црн, руски, од јасмин или од магдонос,.. дали ќе го налеете во шолјата од голема или од „умерена височина“,.. зависи само од вас. За што и да се решите, не заборавајте патем да ја испиете до крај и приказнава...


26

ВРЕМЕ ЗА ЧАЈ

ЗАНИМЛИВОСТИ 108. роденден на филтер вреќичката за чај

Уметноста на Руби Салвиус

Во 1908 година, американскиот трговец со чај од Њујорк – Томас Саливан (1854-1921) ја „измислил“ првата филтер вреќичка. Овој многу популарен изум кој значително го поедноставил животот на милионските љубители на топлата напивка, настанал случајно, додека Саливан се обидувал што поефектно да ги презентира своите примероци чај пред сопствениците на њујоршките ресторани. Ги пакувал во свилени ќесиња кои досетливите готвачи, за да не ги растураат кујните и да не ги расејуваат ливчињата, почнале директно да ги потопуваат во врела вода. Набрзо свилата се заменила со газа што довело до вистински инстант-успех на практичноста.

Руби Салвиус е графички дизајнер од Филипините која живее во Њујорк, слика на платно, прави колажи, но... создава и вистинска, ретка и лирска уметност директно на вреќичките чај (www.rubysilvious.com). Нејзиниот проект „363 дена чај“ е исклучителен (и) за „пиење“ оваа зима – прекрасен пример за дребна уметност за џиновски задоволства. Погледнете ги сите 363 насликани вреќички чај, одберете ја онаа што најмногу ви ги топли душата и личниот вкус.

86. роденден на конецот на вреќичката Дваесет и две години подоцна, во 1930 година, Вилијам Хермансон придонел изумот на Саливан да стане уште попрактичен. Тој на „Саливановата“ вреќичка додал конец со кој уште поедноставно и поелегантно можела да се спушти во топла вода. Така, во 2016, освен 108. роденден на филтер вреќичката за чај, можете да го прославите и 86. роденден на нејзиниот конец!

Златна рипка во шолјата! Сред сите идеи за незаборавни (и несфатливи, дури!) подароци за празнициве, една идеја ни ја одзеде мечтата. Нам, ама првин на BookBox.Замислете филтер вреќичка на чај која откако ќе биде потопена во врела вода станува златна рипка и запливува во шолјата! Ова е повеќе од само дизајн, ова е вистинска зимска нежност! Кутија со 12 „златни рипки“ чини 80 долари, но тоа се само пари. Овде станува збор за задоволства.


ТЕЛЕКОМ ПРОЗОРЕЦ

27

LOOP

ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕА НА MAXTV!

Со MaxTV претворете го секој телевизор во паметен уред за гледање слики и видеа! Со услугата LOOP, ексклузивно достапна за сите наши корисници, можете да ги гледате вашите фотографии на телевизор со MaxTV, дома, па дури и кога сте на гости. Со LOOP споделувајте супер лесно и забавно!

Како да користите LOOP? Појдете на веб страницата loop.mk. Кликнете на копчето „Регистрирај се” и ќе бидете водени чекор по чекор низ постапката. Преземете ја бесплатната апликација LOOP на вашиот смартфон од Google Play или App Store, и изберете ги преку неа сликите и видеата кои сакате да ги споделите. Внесете ја е-адресата, Телеком фиксниот или мобилниот број на луѓето со кои сакате да ги споделите вашите фотографии или видеа. Доколку корисникот е сè уште нерегистриран, ќе добие покана за регистрација преку е-пошта или преку SMS. Регистрирајте се со мобилен и(ли) со фиксен телефон од Телеком и добијте повеќе бесплатен LOOP простор!

Збир од простори Доколку на вашата LOOP сметка се имате регистрирано со вашиот и мобилен и фиксен број од Телеком , бесплатниот простор за чување на вашите фотографии ќе биде поголем, односно ќе биде збир од просторот кој следува со секоја тарифа посебно. Вашите Телеком броеви внесете ги во апликацијата во делот Поставки/ Броеви. За да ги гледате сликите и видеата на телевизор преку MaxTV, треба да свртите на каналот 1118, каде што се наоѓа апликацијата LOOP или да притиснете на синото копче на MaxTV далечинскиот управувач. Кодот што е испишан на екранот внесете го во вашиот LOOP профил на loop.mk или во апликацијата, во делот MaxTV код. И тоа е тоа - вашите слики и видеа се веќе на телевизорот и достапни сè дури вие сакате. LOOP работи на сите телевизори, дури и на старите CRT телевизори.


28

НЕКАДЕ: ХАЈДЕЛБЕРГ, ГЕРМАНИЈА

НАРАЧАНИ БАКНЕЖИ Ме испрати на една железничката станица во Вествалија и ми нарача хајделбершки студентски бакнежи. Не бев сигурен што се тоа и какви би биле тие бакнежи кои можат да се купат со пари. Но, добро ги запомнив и решив да ги побарам... Немав големи очекувања од ова викенд патување. Германија за мене тогаш сè уште беше неправедно запоставената девојка од училишните клупи која не те плени на прв поглед, но ако имаш среќа да и го пресретнеш погледот и така имаш можност подобро да ја запознаеш, веројатно ќе се вљубиш брзо и алхемиски чудесно. Пристигнувам на железничката станица на Хајделберг. Има нешто посебно во пристигнувањето во непознат град со железница. Неизвесноста е поголема, тензијата расте со чкрипењето на сопирачките и мирисот на железото под вагоните само ми ја разгорува љубопитноста. И сето тоа на ваква, релативно модерна и невозбудлива железничка станица. Патот го продолжив понатаму со изнајмен велосипед, како вистински граѓанин на овој град, чиј

некогашен студент по име Карл фон Драјс пред околу 200 години на светот му го подари ова превозно средство, „лауфмашината“ која подоцна била наречена велосипед. Стигнувајќи до Бизмарк-плац веќе почувствував дека сум фатен во магнетното поле на овој град кој ме прифати во прегратките како заскитан неверник во величествен храм. Низ толпата луѓе на ролерки до мене прелета русокос висок студент и ми тутна еден флаер во рацете. На него пишуваше „Нашиот глас е важен. Сметајте на нас. Заедно можеме да го промениме светот!“ Веднаш по него портокалов бран од следбеници на Харе Кришна ме одмина пеејќи и давајќи ми расцутен сончоглед. Првите впечатоци од мојата приватна праизведба на претставата од животот на Хајделберг беа прекрасни. Веќе знаев дека овој град конечно ме освои.

Волшебни состојки во воздухот

Хајделберг не е еден од најмаркантните градови во светот. Но, тој во воздухот содржи некои волшебни состојки без јасно утврдлива форма кои едноставно никој посетител не го оставаат рамнодушен. Кај Германците овој мал град буди емоции проследени со воздишки – за нив, тој е еден од најромантичните! Но, американските и јапонските туристи најдобро го знаат тоа! Моќта и звучноста на Хајделберг не соодветствуваат со големината на градот. Тие се многу поголеми од триесетилјадната студентска армија на менувачи на светот. Ова барокно гратче каде речиси четвртина од жителите му се или студенти или некакви академци и научници, е колевка на германската наука и творечка мисла. Таму се наоѓа


најстариот германски универзитет и еден од првите во Европа. Низ неговите навидум подзаспани улички напредните мисли на големите луѓе се движеле со брзина на светлината... На шармот на Хајделберг „паднале“ и Марк Твен и Гете. Првиот извесно време творел на едно од убавите поткровја на овој град, а вториот со своето волшебно перо ги „заробил“ амбиентот и бистрината на денот – засекогаш. Гете особено бил инспириран од огромниот замок над градот кој и денес полуразурнат сведочи за дамнешните славни времиња, но и опсади, премрежја и голготи. Гризејќи го топлиот перек под разурнатите ѕидини си размислував и се чудев на количеството историја што го претрпел овој ренесансен замок. Од Триесетгодишната војна во средниот век, еден од најдеструктивните историски настани во историјата на Европа, при што се убиени неверојатни три четвртини од населението на овој дел од Германија, па сè до уривањето на мостовите над Некар во Втората светска војна, овој град ги надживеал сите несреќи. Денес се паметат овие настани, но... се велича љубовта. Токму љубовта и срцињата се симбол на градот кои се наоѓаат на речиси сите сувенири од Хајделберг.

По патот на филозофите

Градов е создаден за големи мисли и откритија. И денес тој е епицентар на современата европската мисла. Ако се тргне северно од центарот преку реката Некар нагоре, се доаѓа до култниот Филозофенвег (Филозофска патека). Зачекорив и јас по таа патека, меѓу шумите, лозјата и заљубените парови

потпрени на дрвените огради покрај патеката. Погледите кон градот надолу беа инспирирачки и си помислив на момент дека ваквите редовни прошетки по оваа патека и од мене можеа да направат филозоф или поет, а во најмала рака солиден мислител! Шетав, застанував и одмарав по пат сè додека не почна да паѓа мрак и контурите на градот да му дадат простор за израз на млечниот пат формиран од хајделбершките улични светла отсликани во реката. Морав да побрзам, утре беше недела и се враќав назад, а сè уште ги немав пронајдено нарачаните бакнежи.

Продавница за (погледи и) бакнежи

Лесно се доаѓа до продавницата за студентски бакнежи во градот Хајделберг. За нив знаат со сигурност сите граѓани на овој град. Во срцето на стариот дел на градот пред мене се најде кафулето „Кнезел“ кое е многу повеќе од обично кафуле. Тоа е „институција“ повеќе од 150 години, создадена од досетливиот и итар кондитор и производител на чоколади, господинот Фридолин Кнезел. Младите прекрасни студентки од хајделбершките престижни школи ги обожавале неговите слатки креации и биле негови редовни посетители. Сосема природно таму се собирале и студентите кои се надевале дека ќе успеат да украдат некој поглед од убавите девојки. Младите дами сепак биле строго чувани од гувернантите и секакви блиски средби биле само пуст студентски копнеж. Сето ова не му избегало од вид на добронамерниот и досетлив господин Кнезел кој еден ден создал сосема ново и

посебно вкусно чоколадно уживање кое го нарекол „студентски бакнеж“. Таквиот бакнеж- подарок бил неодолив за секого, па дури и за строгите придружнички на девојките. Тој бил убав знак за изразување на симпатија кој останал традиција до денес. Креацијата од чоколадо, нугат и вафел сè уште се прави рачно од наследниците на фамилијарниот бизнис. Мирисот на студентскиот бакнеж се шири наоколу и денес, слободно и бесрамно освојувајќи го секој агол од калдрмената улица и поигрувајќи се со срцата на поминувачите.

Бакнежот е целувка?

Задоволен и исполнет се качувам назад во возот кој ќе ме врати таму од кај што дојдов. Го оставам зад себе Хајделберг, враќајќи се како романтичен мислител. Во главата ми се мешаат вкусните германски бакнежи и крушевските целувки. Среќен сум што и ние си имаме пандан на ваквите слатки доживувања. Посакувам и јас да раскажам за некои крушевски заљубени кои си подаруваат целувки, но не ја знам приказната. Ја има ли воопшто? Мора да ја има! Зар по храбрите комити не лудувале некои крушевчанки кои седејќи дома и везејќи го својот невестински чеиз ги чекале своите љубени? Сигурно гледајќи низ пердињата од тантела и пиејќи кафе се сладеле со целувките кои им се топеле во усните полни со страст. Седнав до прозорецот во возот за да се простам со Хајделберг. Во рацете го стегав спакуваниот студентски бакнеж што само за неколку часа ќе го подарам некому...

Роберт Смилески


30

ФОНДАЦИЈА ТЕЛЕКОМ ЗА МАКЕДОНИЈА

Тринаесеттиот Новогодишен карван Волонтерите од Македонски Телеком им донесоа радост на 2.000 деца низ Македонија! И годинава, Новогодишниот карван ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствените институции. Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком, а некои од нив се дел од оваа хумана активност со години. Од 17 до 31 декември 50 волонтери им донесоа радост на над 2.000 деца од цела Македонија. Карванот се заокружи во Домот за деца без родители „11 Октомври“, со што успешно заврши тринаесеттата најхумана акција на Фондацијата Телеком за Македонија во рамките на која беа организирани и претстави во 45 институции. Традицијата продолжува!

Разговор одблизу Нада Јовчевска е една од волонтерите во Новогодишниот карван на Фондацијата Телеком за Македонија. Низ кус разговор со неа, одблизу ги согледуваме и акцентираме најважните моменти во една ваква заложба. Мој клуб: Новогодишниот карван на Фондацијата Телеком за Македонија уште еднаш успешно ја спроведе хуманата акција. Кажете ни нешто повеќе за ова. Н. Јовческа: Новогодишниот карван на Фондацијата Телеком за Македонија е традиционален настан кој се организира тринаесет години по ред, со цел да им донесе радост и да им ја долови новогодишната магија и на оние дечиња кои имаат потреба од дополнително внимание во овие празнични денови. Тој се организира секоја година во втората половина од декември, и патува ширум Македонија, носејќи им на децата,

заедно со Дедо Мраз, пакетчиња и еден куп моменти за паметење. Оваа година посетивме петнаесет градови


низ Македонија и тоа најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции во градовите. Како и досега, сите деца во институциите и болниците кои ги посетивме, беа пријатно изненадени, уживаа во дружењето со нас и добија новогодишни подароци од Фондацијата Телеком за Македонија. Насмевките на нивните лица, радоста во нивните очи и љубовта која зрачи на сите наши средби нѐ мотивираат да продолжиме. Целта на карванот не е само да се подаде раката онаму каде што таа е најпотребно туку и да се внесе уште една хумана нота со инволвирање на вработените во волонтерска работа. Кави беа нивните реакции? Секоја година Новогодишниот караван е комплетно реализиран

од вработените во Македонски Телеком. Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот карван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава имавме повеќе од 50 волонтери! Идејата дека придонесуваме за среќата и миговите за паметење кои децата

Вистинска разлика Мој клуб: Кои категории се во фокусот на вашите донации и активности? Н. Јовчевска: Во фокусот на работата на Фондацијата Телеком за Македонија се децата од ранливите категории, а нашата мисија е да направиме вистинска разлика во нивниот живот.

ќе ги носат со себе и понатаму е неверојатно искуство и главен и единствен мотивирачки фактор за сите нас. Каква беше реакцијата на дечињата? Како и секогаш, децата знаат кој е искрен со нив и комплетно учествуваат со својата радост и ентузијазам во создавањето прекрасната атосфера која е синоним за сите наши посети, обоени пред сѐ со детска радост, со искрен сјај во детските очи и со нескриено задоволство! Дали сметате дека вашиот личен пример на волонтирање е инспирација за другите? Секој од нас како единка со своето дејствување може да направи промени и да инспирира. Заедно, сплотени, сигурно се движиме кон создавањето еден подобар свет за сите нас, но и подобра иднина за нашите деца. Секој од нас е трансмитер и алка во синџирот кој создава подобро утре.


32

ТЕЛЕКОМ ПРИЈАТЕЛСТВА

НОВА 2016 НА ПЛОШТАД „МАКЕДОНИЈА“ Град Скопје, со финансиска поддршка на Македонски Телеком, Пивара –Скопје и Сити Мол, на своите граѓани им подготви најразлични доживувања за време на новогодишните празници и незаборавна забава за пречекот на Новата 2016 на плоштадот „Македонија“.

Новогодишната забава, како и самиот пречек на Новата 2016 носеа еуфорија во стилот на големите европски градови. Македонски Телеком, Пивара –Скопје и Сити Мол ја презедоа организацијата за редицата настани што му претходеа на врвиот – пречекот на Нова 2016. Од 26 декември кога граѓаните на Скопје ги забавуваа уличните музичари, преку Дедомразоваската трка на 27 декември (втора по ред во која учесниците пријавени преку веб и облечени во дедомразовски костуми ја истрчаа патеката од еден и пол километар) и денската прослава на 31 декември наменета за најмладите, се дојде до пречекот со конкретна програма за последните часови од старата 2015 – забавата по ваша мерка со Тамара Тодевска, Оливер Драгоевиќ и DJ-ите. Плоштадот „Македонија“ беше место каде што граѓаните се забавуваа и уживаа, како во програмата, така и во огнометот.

Традиција „ Како и изминатите години, и годинава со задоволство учествувавме во подготвувањето на програмата за време на новогодишните празници и сме среќни што граѓаните имаа можност да уживаат во целовечените концерти на познатите музички ѕвезди“, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Област за комуникација во Македонски Телеком. Нов импулс „ Дедомразовската трка претставуваше импулс за граѓаните што се беа пријавиле да водат активен и избалансиран живот“, изјави Катерина Хаџи Андревка Ничевска, претставник од Пивара - Скопје. Мирјана Андонова од Сити Мол најави и оствари дека на 31 декември, точно напладне, граѓаните на Скопје заедно со своите најмили традиционално го пречекаа Дедо Мраз, кој пристигна на плоштадот „Македонија“ во придружба од парада на маскоти и многу други нешта кои на децата им предизвикаа радост, среќа и уживање.

Забавната програма за Новогодишната ноќ почне во 21:30 часот со настапот на DJ, а потоа следуваа настапите на Тамара Тодевска, Оливер Драгоевиќ. На крајот – повторно DJ. Скопје славеше потпомогнато од Македонски телеком, Пивара – Скопје и Сити Мол; Скопје достојно влезе во Новата 2016 заедно со сите свои задоволни граѓани.


ФОНДАЦИЈА „Е-МАКЕДОНИЈА“

33

ЕДУКАТИВНИОТ КАРВАН „Е-ЕNGAGEMENT“ Eдукативен карван „e-Engagement”, организиран од НВО Младински сојуз со поддршка на Фондацијата „е-Македонија” на Македонски Телеком, има за цел да ги охрабри младите за користење на дигиталните алатки во насока на себеусовршување, а оттаму и за градење позитивни промени во општеството преку нивна употреба. Досега, карванот „е-Engagement“ посети 16 градови низ Македонија, а во него учествуваа повеќе од 1.500 млади луѓе. На секоја работилница одделно учестувуваа по стотина млади луѓе, меѓу кои имаше и млади кои се дел од маргинализирани групи на граѓани, подготвени знаењата Корисни алатки за личен развој Радмила Јончевска, директор на Фондацијата „е-Македонија“ изјави: „Среќни сме што ‘е-Македонија’ е дел од овој едукативен карван и е сведок на промената што сите сакаме да ја видиме во општеството. Проектот во кој се поттикнуваат младите да ги применат генерираните знаења, вештини и технолошки придобивки што ќе им помогнат во многу сфери од нивната комуникација, работа и професионална етика, дополнително ќе им обезбеди корисни алатки за личен развој и нови постигнувања. Ги охрабруваме младите да бидат лидери и креатори на иднината, како во граѓанското општество, така и во младинската соработка, креирајќи позитивни социјални промени“.

и вештините стекнати на работилниците да ги пренесат во своите организации или околини. Во текот на 2014 беа реализирани четири работилници во четири градови низ Македонија, а во текот на 2015 беа организираа 12 еднодневни работилници во 12 градови. Завршната конференција која се одржа на 12 декември во Телеком Иновативнито центар го заокружи едукативниот карван, демонстрирајќи во пратика дека успехот е вештина којашто се учи. На завршната конференција учествуваа 15 предавачи, меѓу кои и Коста Петров, Маја Платнар, Филип Поповски, Јован Димитров, Климентина Илијевски, Ива Дујак, Калина Зографска, Злата Голабоска, Јована Тозија, Моника Ризовска и други, а присутни беа и

Онлајн младинска револуција Билјана Стојческа, проектен координатор во НВО Младински сојуз, изјави: „Укажувајќи им ги можностите за ‘он-лајн активирање’ на младите, како и зголемувајќи ги нивните знаења и видици за можностите на новите технологии и дигитални алатки, нашите активности во некои заедници предизвикуваа вистинска онлајн младинска револуција “. најмотивираните и најактивните млади. Од конференцијата произлегоа и многу корисни заклучоци и препораки за тоа како електронскиот ангажман на младите луѓе може да ги поддржи стратегиите за активно вклучување во сите сфери од општествениот живот.


34

ПРИЈАТЕЛСТВА

Четири убави приказни Македонски Телеком како социјално одговорна компанија во 2015 година ја поддржа Првата детска амбасада во светот Меѓаши и помогна во спроведувањето на предвидените активности за помош и поддршка на децата. Со помош и поддршка на Македонски Телеком, Детската амбасада Меѓаши ги спроведе следните активности: 1. oбука за почитување на различностите и градење на мирот Обуката за почитување на различностите и градење на мирот се одржа од 13.12. до 16.12.2015 година во Берово и на неа учествуваа 40 учесници и тоа претставници од 12 градинки во Република Македонија, претставници од три општини, претставници од медиумите, како и од надлежните државни институции. Оваа обука е дел од регионалната програма Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) финансиски поддржана од Европската унија, Civica Mobilitas и Македонски Телеком. Оваа програма во Република Македонија ја спроведува Детската амбасада Меѓаши, а од регионот се вклучени и организации од Србија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Косово и Северна Ирска. Темите кои беа разработени на оваа обука беа меѓубројни, а меѓу нив ги издвојуваме: Позитивните искуства и предизвиците со кои се соочуваме во практиката при директната работа со деца и начини на нивно надминување; Застапување и лобирање за прифаќање на различностите и градење на мирот; Семејството и воспитувањето на децата во раниот и предучилишниот период; Комуникација и култура во детска градинка и многу други. Виолета Стошевска, педагог во детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово: „Содржинските активностите беа многу добро конципирани и навистина корисни. Запознавањето и размената на искуства со претставници од другите градинки и институции беа добредојдени. Користењето на персонализираните кукли во работата со децата на многу убав и лесен начин ќе ни помогне да ги претставиме темите за почитување на различностите, а ќе ни бидат и помош во надминување на проблемите“.

Фокус групи за начинот на спроведување на Програмата за помирување преку ран детски развој и образование (ПРЕЦЕДЕ) Во просториите на Прва детска амбасада во светот Меѓаши се одржаа две фокус групи на 01.12. и на 02.12.2015 година на кои учествуваа вкупно 15 учесници, и тоа: воспитувачи во градинки, директори на градинки, претставници од невладини организации. За време на фокус групите се дискутираше за спроведувањето на програмата, како е прифатена од децата, од нивните родители, какви методи на работа се користат за директна работа со децата и сл. Даниел Митковски, Коалиција „Сите за правично судење“: „Програмата ПРЕЦЕДЕ е навистина добредојдена и потребена за македонското општество. Поддршката која се обезбедува преку оваа програма за градинките и невладините организации е значајна. Јакнењето на граѓанскиот сектор во делот на вештините и алатките за подобрување на квалитетот во работата и управувањето, очекувам дека ќе доведе до појаки организации кои ќе можат подобро да ги заштитуваат детските и човековите права во Македонија“.


23 години од постоењето на СОС телефонот за деца и млади како прв телефон за деца во Република Македонија На Прес конференцијата која се одржна на 24.12.2015 година во Младинскиот културен центар беше презентиран извештајот за работата на СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија) и службите за директна помош и поддршка на децата при Првата детска амбасада во светот Меѓаши за периодот од декември 2014 до декември 2015 година. 0800 1 22 22 СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 на Првата детска амбасада во светот Меѓаши постои за да им даде помош и поддршка на децата и младите во препознавањето и надминувањето на проблемите кои ги имаат. СОС телефонот за деца и млади е формиран во октомври 1993 година и е прв бесплатен телефон кој континуирано функционира веќе 22 гoдини. Бројот 0800 1 22 22 е втор број по препознатливост (по бројот 192) од страна на децата, како број на кој можат да се обратат за помош и поддршка. Благодарение на Македонскиот Телеком, од 2005 година овој број е бесплатен за корисниците на Македонски Телеком.

Изложбата „Јас и којот родител заедно можеме многу“ Изложбата ја посетија децата од градинките „Распеана младост“ од Карпош и „Детска радост“ од Гази Баба, нивните родители и воспитувачи, преставници на општините и училиштата. За време на изложбата се одржа и претстава која беше изведена од страна на илузионист. Целта на оваа активност беше подигнување на јавната свест за важноста на одговорното родителство.


36

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Најголемата програма за лојалност во Македонија - Мој клуб на Македонски Телеком ја наградува вашата лојалност како наш корисник. Користејќи ги услугите на нашата компанија, остварувате поени со кои добивате вредни подароци. Уште повеќе, Мој клуб нуди можност за собирање поени и при купување продукти кај некои од нашите Мој клуб партнери. Со почетокот на Новата 2016 година (од 1.01.2016) воведовме новини во Програмата за лојалност со што сакаме уште повеќе да ја вреднуваме вашата доверба. Критериумот за доделување поени сега е уште поедноставен, поповолен и попрецизен: За секои 100 денари на Вашата сметка – добивате 5 поени! Временската важност на поените е 2 години од доделувањето, на месечно ниво. Користењето на поените е според времето кога биле доделени (првите добиени поени ќе бидат и први за користење). За вкупниот износ на поените во месецот, како и за поените кои истекуваат следниот месец, секогаш ќе бидете известени во Вашата месечна сметка. Ова важи за поените доделени од 1.01.2016. Телеком постојано мисли на вас! Бидете подготвени и за мали изненадувања со дополнително дарување поени!

KOРИСТЕЊЕ НА ПОЕНИТЕ Со собраните поени: • Можете да нарачате подарок од Каталогот на продукти. Нарачката се прави преку Контакт центарот на 122, преку веб порталот Мој Телеком или во која било Телеком продавница; • Можете да ја надополните припејд сметката на вашите блиски со електронски ваучер во износ од 300, 590, 900 или 2.000 денари. Одбраниот електронски ваучер можете да го нарачате преку Контакт центарот на 122, преку веб порталот Мој Телеком или во која било Телеком продавница; •Можете да плаќате при купување телефон во Доверба; •Можете да плаќате во која било продавница на нашите партнери; •Можете да плаќате при купување дополнителна опрема.


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

37

Собирајте и користете ги поените во над 250 продавници! Кој може да ја користи партнерската програма Оваа поволност важи за сите корисници кои имаат мобилен број од македонски телеком и го носат својот телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. Припејд корисниците исто така можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на мобилните и интегрираните услуги, кои се корисници и на фиксни услуги, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите, а преку својот мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери.

Како се собираат и користат поените Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Сите собрани поени од користењето на нашите услуги и од купувањето кај нашите партнери, можете да ги искористите во која било продавница на нашите партнери. Постпејд корисниците можат да ги искористат поените.за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб, за купување на уред од понудата во Доверба или во партнерската мрежа.

ПАРТНЕРСКИ ПРОДАВНИЦИ

Кој може да собира поени ■ секој припејд корисник на Македонски Телеком, ■ секое физичко лице со поединечна претплата, ■ секој член од фамилијарните тарифни модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени, ■ секој член од Team тарифните модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени, ■ компании со назначени вработени, при што собраните поени ќе бидат ставени на компаниското салдо на Мој клуб поени и ■ вработени во компаниите, при што собраните поени ќе бидат ставени на индивидуалното салдо на Мој клуб поени.

Преглед на собраните и искористените поени во партнерската мрежа Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: ■ Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, ■ Преглед на месечната сметка или месечна SMS порака, ■ На Мој Телеком портал www.moj.telekom.mk, ■ Со праќање SMS на 070 142 566 (5,9 ден.) со текст: Мojklub ■ Во сите Телеком продавници или на 122. За повеќе детали, посетете ги веб страниците: www.telekom.mk или www.mojklub.mk


38

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ ШИФРА: 30081 ЗАШТИТНА ФУТРОЛА – РК ВАРДАР 1 395 ПОЕНИ

ШИФРА: 30083 ДРЕС ВАРДАР 5 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30570 XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА 3000 MAH 6 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30559 XQISIT СЛУШАЛКИ IE H20 БЕЛИ 2 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30571 XQISIT ПОЛНАЧ 3,4A USB БЕЛ 2 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30553 XQISIT СЛУШАЛКИ IE H20 ЦРНИ 2 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30112 DRE™ СЛУШАЛКИ СО МИКРОФ. IN-EAR HEADPHONE - БЕЛИ 33 400 ПОЕНИ

ШИФРА: 30076 JBL СЛУШАЛКИ TEMPO T100A 4 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30072 MAGNETIC CHARGING DOCK FOR SONY Z II 12 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 30069 BUGATTI SKINNY STEEL, M 2 900 ПОЕНИ

ШИФРА: 30096 SAMSUNG GALAXY GEAR 62 700 ПОЕНИ

ШИФРА: 30078 JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E30 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30079 JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E40BT 27 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30537 XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА MICRO USB 2600MAH СИВА 3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30538 XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА MICRO USB 2600MAH ЦРНА 3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30563 HARMAN KARDON® ESQUIRE MINI 1 750 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 30113 BEATS СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН URBEATS™ - МАТ ЦРНИ 22 135 ПОЕНИ

ШИФРА: 30114 BEATS СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН URBEATS™ - МАТ БЕЛИ 20 120 ПОЕНИ

ШИФРА: 30115 BEATS STUDIO 2.0™ СЛУШ. СО МИКРОФ. OVER EAR - БЕЛИ 60 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 30116 BEATS EXECUTIVE™ СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН - ЦРНИ 60 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 30578 HTC COVER FOR DESIRE 610 PINK 1 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30532 XQISIT ФУРТОЛА ЗА HTC ONE M9 ЦРНА 1 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30535 XQISIT УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ЦРНА XL 1 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30536 XQISIT УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ЦРНА M 1 550ПОЕНИ

ШИФРА: 30555 XQISIT FOLIO ФУТРОЛА ЗА XPERIA E1 ЦРНА 2 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30556 XQISIT FOLIO ФУТРОЛА ЗА XPERIA E1 БЕЛА 2 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30557 XQISIT ЗАШТИТНА ФУТРОЛА ЗА SAMSUNG ACE 4 БЕЛА 1 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 30560 ADIDAS СПОРТСКА ФУТРОЛА ЗА GALAXY S5/S6/S6 EDGE 8 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 41031 ТЕЛЕФОН PANASONIC KX-TG 6811 11 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 40122 PHONE PANASONIC KX-TG 8611 (BLUETHOOT&BABY SURVEILANCE) 21 295 ПОЕНИ

ШИФРА: 41028 ТЕЛЕФОН GIGASET DA310 4 595 ПОЕНИ

ШИФРА: 41029 ТЕЛЕФОН GIGASET A220 7 645 ПОЕНИ

39


40

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 30060 GIZMOBIES ДЕКОРАТИВНА ФОЛИЈА ЗА 15'-16' ЛАП ТОП 6 050 ПОЕНИ

ШИФРА:30541 SAMSUNG WIRELESS CHARGER 7 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30074 JBL ONBEAT VENUE LT 49 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30099 SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА GALAXY ALPHA 8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30577 JBL GO 8 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30103 JBL FLIP 2 26 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 10478 РАНЕЦ ЗА LAP TOP CASE LOGIC 16 678 ПОЕНИ

ШИФРА: 30548 KINGSTON MICROSD 8 GB МЕМ. КАРТИЧКА КЛАСА 4 1 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30098 KINGSTON MICROSD 32GB МЕМ. КАРТИЧКА КЛАСА 4 5 845 ПОЕНИ

ШИФРА: 30554 KINGSTON MICROSD 64GB МЕМ. КАРТИЧКА 10 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30565 SONY СЛУШАЛКИ BLUETOOTH SBH60 БЕЛИ 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30566 SONY СЛУШАЛКИ BLUETOOTH SBH70 РОЗЕВИ 30 566 ПОЕНИ

ШИФРА: 30567 SONY СЛУШАЛКИ BLUETOOTH SBH70 ЗЕЛЕНИ 25 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30550 XQISIT USB ДАТА КАБЕЛ ЗА IPHONE 5 AND 6 БЕЛ 3 100 ПОЕНИ

ШИФРА: 30058 GIZMOBIES ДЕКОРАТИВНА ФОЛИЈА ЗА 10'-11' ЛАП ТОП 4 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30562 HTC ONE (M8) DOUBLE DIP HARD SHELL DARK 995 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 30549 XQISIT USB ДАТА КАБЕЛ ЗА IPHONE 5 AND 6 ЦРН 3 100 ПОЕНИ

ШИФРА: 30101 SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА GАLAXY S5 БЕЛА 6 700 ПОЕНИ

ШИФРА: 30107 ПРИВРЗОК ЗА МОБИЛЕН SWAROVSKI TINKER BELL 9 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30561 GALAXY GEAR WATCH FIT 54 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30572 XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА ПРИВРЗОК 1500MAH 4 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30573 XQISIT ДАТА КАБЕЛ MICROUSB 2.0 (1,8M) БЕЛ 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30574 ICHIC SELFIE BLUETOOTH СТАПЧЕ 4 395 ПОЕНИ

ШИФРА: 30080 HUAWEI TALKBAND B1 BLACK 27 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 30576 FITNESS TRACKER FITSYOU 4 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 90071 LEATHER BRIEFCASE 75 092 ПОЕНИ

ШИФРА: 90072 WINE BOTTLE HOLDER 10 792 ПОЕНИ

ШИФРА: 90075 DELUXE HANDBEG WITH TROLY (LAPTOP) 16 930 ПОЕНИ

41


42

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 20535 ACER LIQUID Z205 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20533 ALCATEL POP 2 (4.5) 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20490 ALCATEL IDOL MINI 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20502 ALCATEL OT POP 8 WIFI 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20549 HTC DESIRE 626 77 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20496 HUAWEI Y530 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20527 HUAWEI ASCEND G620S 52 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20555 HUAWEI P8 127 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 20500 LG L40 22 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20506 LG L70 32 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20529 LENOVO A536 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20526 NOKIA 530 29 950 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 20509 NOKIA LUMIA 630 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20518 SAMSUNG E1200VE 6 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20552 SAMSUNG GALAXY A5 104 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20514 SONY XPERIA E1 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20554 SONY XPERIA M4 AQUA 74 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20550 XPERIA Z5 COMPACT 169 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20551 SAMSUNG GALAXY A3 79 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20553 GALAXY J5 69.950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509 NOKIA LUMIA 630 47 250 ПОЕНИ

43


Magenta 1 Најдоброто од Телеком во еден пакет oд

1.917

Цената зависи од избраниот Magenta 1 пакет.

денари месечно

МОЈ КЛУБ 101  

МАГАЗИН ЗА ТЕХНОЛОГИЈА И МОДЕРНО ЖИВЕЕЊЕ

МОЈ КЛУБ 101  

МАГАЗИН ЗА ТЕХНОЛОГИЈА И МОДЕРНО ЖИВЕЕЊЕ

Advertisement