МОЈ КЛУБ бр. 97

Page 1

БР.97 ДЕКЕМВРИ 2014

Среќна Нова 2015!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СТЕ НАШИ КОРИСНИЦИ! Гости: ИВАН НАУМОВСКИ ЈАСМИНА ГЛАВИНЧЕ РУМЕНА БУЖАРОВСКА ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Нови телефони

SONY Z3 SAMSUNG NOTE 4 Пријателства Новогодишен карван


Плаќај безбедно, брзо и лесно на повеќе од 800 локации низ Македонија! Повеќе информации на www.mobipay.mk или во NLB Тутунска банка.

*Листата на MobiPay локации секојдневно се проширува.


СОДРЖИНА 4-5 7 14 16 31 -33

38

Sony Z3 Samsung Note 4

Гостин на Мој клуб: Иван Наумовски

Македонски адут на операта во Грац

Книга за која се зборува: „Мојот маж“

Румена Бужаровска

Приказна за прераскажување: Јасмина Главинче

Љубов од садлива хартија

Пријателства:

Волшебна Нова 2015! Со ракометарите... Калиопи и Владо Јаневски „Бијело дугме“ Донација

Каталог на подароци

Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.

Издава: T-Mobile;


4

ТЕЛЕФОН

Xperia Z3

ПОДОБАР, ПОУБАВ, ПОБОГАТ

Само 6 месеци по Xperia Z2, Sony на пазарот го лансира новиот главен модел Z3 – подобар, поубав, побогат. Интересно е да се спомне дека додека конкурентите главните модели ги темпираат да излезат на една година за да ги заинтригираат и постојните купувачите кои сакаат да го имаат најновиот модел, во Sony одлучиле да го скратат производниот циклус и да се појават на пазарот со понов и подобар модел.

Дизајн за гордеење

Екранот со TRILUMINOS IPS LCD технологија има дијагонала од 5,2” (13,2 cm) навистина е импресивен, поготово ако се земат предвид осветлувањето, контрастот и одличните агли на видливост. Максималната поддржана резолуција на екранот е 1.080 x 1.920 со густина од 424 ppi (пиксели на инч). Опачината на телефонот е исто така стаклена и отпорна на гребење. Дизајнот на овој убавец е навистина врвен, а ако додадеме дека (како и неговите претходници) е сертифицирано отпорен на вода и прашина (IP68) ќе биде двојно попривлечен.

Камера и сè околу неа

Во овој контекст мора да ја споменеме и камерата од 20,7 MP способна да снима со максимална резолуција од 5.248 х 3.936 pix и клип од 2.160p@30fps. Значи, подготвени сте за подводни снимки во 4К резолуција. ОК, настрана летните подводни планови, да се вратиме на темните зимски месеци. Ако уредот го ставите во рачно нагодување, способен е да фотографира во исклучително темни услови со ISO од фантастични 12,800 со HDR и дигитална стабилизација на слика. Секо-

гаш се забавни и ефектите на збогатена реалност (augmented reality). Претходникот Z2 можеше да ви „испорача“ диносаурус во вашата дневна соба, додека новината кај Z3 е еден куп други функционалности како додавање објекти на слика кои подоцна се рендерираат во 3D, како и да го менувате аголот на снимање, и секако, можете да истурите некому кофа вода на главата. Тешко се доловуваат овие работи, ќе мора сами да ги побарате на интернет. Multi-camera е опција преку која сопствениците на повеќе вакви уреди можат да ги спојат своите телефони во една единствена видео снимка. Ова е практично за снимање настани (и настапи) од различни агли, а тука е и поддршката за стриминг во живо – емитување на видеото веднаш на Social Live за Facebook и Live на YouTube. Ете ви шанса во живо да вршите пренос од вашите скијачки доживувања на Facebook. Направете им мал спектакл на сите што не скијаат или „останале во топлината на Фејсбук за празниците“.

Животот е игра, а најдобрите игри се на PS4

Батеријата на уредот, иако по капацитет помала од претходникот, е исто така од-

лична дури и без употреба на специјалниот режим на штедење (автоматско исклучување на Wi-Fi, GPS, Bluetooth, осветлување на екранот) кога батеријата ќе падне под извесна вредност. Sony Xperia Z3 има MSM8974AC Qualcomm Snapdragon 801 чипсет, со Krait 400 централен процесор четири јадра со максимална фреквенција од 2,5 GHz и графички процесор од 578 MHz и 3 GB RAM. Навистина импресивен чипсет за корисникот кој сака максимум од својот уред. Секако, мора да се спомне и опцијата Remote play, со која можете вашиот Play Station (PS4) преку домашната WiFi мрежа да го приклучите на екранот на Z3 на кој пак ќе го приклучите далечинското од конзолата. Повторно тешко за објаснување? Оставете ги домашните да си ја гледаат серијата, погледајте тука, Овој 4G телефон (150 Mbps downlink) е иновативен, функционален (GPS, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, MHL 3 TV-out, USB Host, LED блиц, секундарна камера 2.2 MP, 1080p@30fps), практично е невозможно да не го посакате, а ако го посакате - ќе го најдете во продавниците на Телеком или уште поблиску - онлајн. Ј. Гиров


ТЕЛЕФОН

5

Samsung Note 4

ПОЛИГОН ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Создавачите на Note линијата од самиот почеток беа и останаа фокусирани на перформансите што би ги уживал потенцијалниот корисник и тоа не само во мигот на купувањето туку барем и наредните неколку години. Note линијата на Samsung започна како експеримент на компанијата кој мошне брзо прерасна во општа побарувачка на моделите и брзински воспоствената практика за два водечки модела годишно: Galaxy S напролет и нова Note линија наесен. 2014 година која веќе изминува, ни покажа дека повеќето иновации се случуваат во Note, при што овие уреди, освен што прераснаа во полигон за нови технологии, станаа и клучен компаниски производ. Еден статистички податок наједноставно ќе ни соопшти за што, всушност, станува збор: во првите 50 дена по излегувањето биле продадени 10 милиони уреди Galaxy S4 , а Note 3 ја постигнал истата продажна бројка за 60 дена по излегувањето.

Две, три... групи потенцијални купувачи Samsung Note 4 е уред за сите кои сакаат максимум можни технологии за своите пари, а како резултат на тоа, секако и квалитет на сликата, гласот, перформансите и сите други аспекти. Потенцијалните купувачи на Note уредите воопшто, генерално се делат во три групи: технолошки фанови, деловни корисници кои преферираат ефикасни решенија и третата група – оние кои по дефиниција го купуваат најдоброто за да се маскираат во втората група. J

Подобрувања и финеси Металните рабови на Samsung Note 4 се заоблени и на светлина создаваат интересни сенки. Во технолошка смисла тоа е голем предизвик – да се добие квалитетен слој метална боја која не

паѓа со константна употреба. При обид за гребење со врзоп клучеви и други метални предмети кои би се носеле во истиот џеб со уредот, добиени се одлични резултати – не остануваат никакви траги! Што се однесува до отпорноста на паѓање, исто така резултатите од тестовите се одлични! Note 4 лесно издржува пад од вообичаена височина на возрасен човек на каква било подлога. Падот од 1, 5 m на дрвена површина не остава никаква трага на уредот, но на овој факт треба да му се верува, без потреба постојано да се проверува. На пазарот овој модел постои во 4 бои: бела, црна, розова и златна. Во Телеком продавниците кај нас, Samsung Note 4 можете да го купите во бела, црна и златна боја. За разлика од претходниот модел (Note 3), звучникот кај Note 4 е преместен кон задниот ѕид, што овозможува помоќен звук. Бројот на микрофоните (на краевите од куќиштето) е исто така зголемен, Note 4 има 3, два на дното и еден на врвот од куќиштето. Подобрен е и диктафонот, постои и специјален режим „Интервју“ кога се снима со 2 микрофона. Опциите кај овој модел како што се мерење пулс, ниво на кислорот во крвта, стрес, ултравиолетово зрачење,.. колку да ви УРЕД ЗА „ПИШУВАЧИ“ Samsung Note 4 во моментот е единствениот производ на пазарот за сите оние кои сакаат да бележат со рака и воопшто, оние кои сакаат на пишуваат!

КАРАКТЕРИСТИКИ ▪ Димензии: 153,5x78,6x8,5 mm, тежина 176 g ▪ Екран: 5, 7’’1.440x2.560 пиксели (515 на квадратен инч) ▪ Android 4.4.4 ▪ Gorilla Glass 3 ▪ S Pen внес за пишување со рака, цртање и др. ▪ 3 GB RAM, 32 GB интерна меморија, мемориска картичка до 128 GB

се чинат непотебни, сепак нудат висок стандард на употреба кај одделен вид корисници и тоа не е за занемаруавње.

Далечински управувач, вода, прав и дланки На врвот од Note 4 се наоѓа IC порт за контрола на домашните апарати. Вашиот нов Note 3 телефон може да функционира (и) како далечински управувач за која било технологија. На врвот од уредот се наоѓа и 3,5 mm приклучок за слушалки, а на долната страна – USB конектор (microUSB 2.0). Во извесна смисла, ова е можеби единствениот недостаток на уредот (недостатокот на 3.0 конекторот), но веројатно Samsung смета на 4.0 конекторот кој треба да се појави во летото на 2015. Сконцентрирајте се на фактот дека иако е мошне голем, овој уред совршено спие во голема, машка,.. а сепак не потценувајќи ја ниту нежната, женска дланка!


6

ВРЕМЕ ЗА...

ПРАЗНИЧНИ ТРПЕЗИ

Се врти ли земјата побрзо и поинаку за време на Новогодишните и Божиќните празници или само така ни се чини, поради раздвиженоста и ансмевките на луѓето? Сите некаде брзаат. Која е заедничката дестинација на овој сеопшт планетарен метеж? Се разбира, празничната трпеза во буквална и во симболична смисла. Сите патишта и мисли водат кон неа, а највкусното и најскапоценото на неа, секогаш и секаде, е токму заедништвото! Споделувањето! Традиционалните празнични трпези се различни од земја до земја, од град во град, дури... Она што за Германците е печена гуска или мисирка со црвена зелка, јаболка и кнедли, за нас е прасе, сарма, кифлички и руска салата, она што за Западна Европа и Америка се традиционалниот Божиќен пудинг и „крисштолен“ (еден вид милиброд со суво овошје), за нас се баклавата и Васината торта (и тоа заедно!). Австралијанците јадат слара на плажа и сладоелд. Чесите – рибја чорба. Финците – макарони, репка, моркови и компири, по јадењето одат во сауна и веднаш потоа на гробишта, во Италија се служат седум јадења по утврден, традиционален распоред. На Јамајка – специјално приготвена говедска опашка... Бугарите на Бадник имаат посна трпеза со 12 јадења (колку што месеци има годината) и многу е важно, по завршувањето на вечерата, сите присутни да станат во исто време! Кај нив

може да се задоцни на Бадниковата вечера, но не може порано или подоцна да се стане од неа!

Во име на необичноста

Потрагата по необичности сред морето различни вкусови и обичаи, ја запираме на три навистина необиќни празнични нешта. Сте слушнале ли дека краставицата може да има значење како нашата паричка во Бадниковото лепче? Имено, храната во Германија е чест украс и на самите елки. Тоа и не е до толку необично, знаејќи ги нивните меделни срца, колачињата чијашто форма и перфекција просто принудуваат да бидат закачени на елка како ексклузивни лампиони. Но, тоа не е сè што сакаме да споделиме со вас. Во некои краишта од оваа земја, елката не е елка без краставица, длабоко скриена во неа! Која ја најде ќе биде најсреќен претстојната година!

Во Словачка и Украина, на свечената вечера домаќинот не ги послужува присутните со традиционалниот локс (еден вид милиброд) туку има задача да ги гаѓа со него! Оној кој ќе биде најмногу погоден (најизвалкан) ќе го следи најмногу среќа наредната година. Престолот на најнеобичниот Божиќен „колач“ на светот, сепак го ослободуваме за гастрономското чудо од Гренланд. Тој ниту се вари, ниту се пече, а сепак се потребни неколук месеци за приготвување. Сирово месо од птицата аук (личи на пингвин) обвиткано во кожа од фока, с епотиснува под камен и се остава неколку месеци. Толку. Кој пробал, никогаш повеќе не се чуди! Да ги славиме необичностите, но и да поуживаме во нашите традиционални празнични трпези за време на празниците!


ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

7

Иван Наумовски, баритон

МАКЕДОНСКИ АДУТ НА ОПЕРАТА ВО ГРАЦ Младиот македонски баритон Иван Наумовски започнал да пеењето дури на 19 години, а денес со само 24 успешно европските сцени. Иако во Австрија заминал како најмлад доусовршување, тој од неодамна стана и новиот адут на Неодамна, повторно како најмлад во солистичката екипа, Иван Наумовски настапи во премиерата на операта „Веселата вдовица“ од Франц Лехар, во режија на познатиот Оливие Тамбози, а го очекуваат уште 13 претстави во истата улога во новата сезона на оваа престижна оперска куќа.

Најмлад учесник во важна оперска продукција

Мој клуб: Дали очекувавте толку брзо да ви се случи професионален ангажман на оперската сцена во Грац, со оглед на

тоа што таму сте сè уште на магистерски студии? Впрочем, како ви успеа како најмлад учесник веднаш да „влетате“ во важна оперска продукција? И. Наумовски: Дали очекував? Искрено, не толку брзо, иако напорно работев на остварување на таа цел. Ете, имав среќа да се најдам во една земја каде што класичната музика е особено изразена, каде важни луѓе од оперскиот свет ги следат студентите, нивните настапи, нивното напредување и покажуваат голем интерес за младите пејачи. Понудата до мене стигна од еден од главните организатори на операта во Грац, кој

го изучува ги освојува постдипломец на Операта во Грац.

беше многу задоволен од мојот напредок и ангажираност, па така ми овозможи одлична публика, стекнување нови познанства, нови искуства на сцената, нови ангажмани и работа со светски уметници. Но, повторно ќе речам дека за остварување на овој сон сепак беше пресудна макотрпната работа. Сигурно имавте некакви предзнаења за академијата во Грац, но дали сега кога ги минувате деновите таму ви се совпаѓа сликата со онаа која ја замислувавте претходно. Кажете ни нешто повеќе за образовната атмосфера таму?


8

ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Искачување

Бегајќи од математиката... „Учев во гимназија и не знаев на кој факултет ќе продолжам. Само знаев дека сакам да побегнам од математиката. Мојата мајка ме седна и ме праша што сакам да правам натаму во животот. Прво споменав дека сакам да студирам филозофија, но таа ми предложи да дојдам кај неа на Факултетот за музичка уметност, да се обидам и доколку не успеам лесно ќе се префрлам на друго место. На приемниот ги освоив сите бодови, веднаш почнаа да се редат настапи и награди, ги завршив студиите, станав стипендист на програмата ‘Најдоброто од Југоистокот’ и станав постдипломец на познатиот КУГ (Universität für Musik und darstellende Kunst - Graz). Така, бегајќи од математиката, влегов на голема врата во оперскиот свет.“ Фала му на Бога, тоа засега и ми успева со напорната работа, концентрацијата и професионализмот.

„Крадење на аплаузите“

Рака на срце, предзнаењата не беа големи, туку елементарни, зашто овдешниот образовен систем е целосно различен од оној кај нас. Ми беше потребно време да се навикнам на сите нови правила, на самиот јазик кој не го владеев во целост, на новите професори, колеги... Но, по некое време откако стекнав пријателства, кога ги совладав системот и јазикот, можев целосно да се посветам на музиката. Образовниот процес е одличен, но бара и работна навика и голема професионалност. Јас

ваквиот принцип почнав да го применувам уште на додипломските студии во Скопје, зашто бев свесен дека тоа е неминовно доколку еден ден сакам да излезам надвор од Македонија. Сметам дека токму затоа немав некои посериозни проблеми при адаптацијата во Грац. Овде работниот амбиент е прекрасен, ми се допаѓа односот меѓу колегите, поголемата конкуренција која ми одговара, зашто и самиот имам натпреварувачки дух. Напред ме движи мотивот да бидам подобар од другите, но и јасно зацртаната цел.

Дали во досегашната едукација, некој ве форсираше да станете, на пример, бас? Широката публика некако незаслужено баритонот го става во втор план наспроти другите машки гласови, па тенорите се тие кои речиси редовно му ги „крадат“ аплаузите, а басовите стравопочитта. Ха, ха, ха... во никој случај, зашто воопшто немам такви гласовни предиспозиции. Но, навистина има такви професори кои ги присилуваат своите студенти да звучат како четириесетгодишни пејачи заради побројни ангажмани. Затоа се вели дека најголема опасност за еден уметник може да биде неговиот професор, но и тој самиот. Мора да знаеш кога да кажеш НЕ. Една од најважните работи во оваа професија е уште кога си млад да имаш добра проценка што е најдобро за тебе. Јас за среќа не сум имал таков проблем, зашто мојот прв професор по пеење беше мојата мајка (познатиот македонски сопран и професор Марија Муратовска-Наумовска, наша заб.), која најдобро ме познава. Сè што работевме беше со мојот природен глас и одевме во


ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

правец на она што јас сакав да бидам. И овде во Грац немам никакви проблеми од тој тип. Задоволен сум од мојот професор и начинот на кој ме третира и работи со мене. А што се однесува до тенорите и нивната позиција секогаш да ги добиваат најголемите аплаузи, ќе речам дека мене тоа не ми е најважно, зашто има подеднакво убава музика за сите гласови, а со тоа и многу атрактивни улоги за баритони. Сè уште сте во образовен процес, но дали веќе можете да кажете во кој оперски репертоар најдобро се чувствувате? Дел сте од оперски продукции, но овде неодамна ве слушавме и како концертно интерпретирате дела од македонски композитори. Да очекуваме ли таква разноликост од вас и во иднина? Јас сум сигурен дека секогаш ќе бидам во образовен процес, зашто постојат толку многу улоги и толку многу работа во оваа професија, што секоја нова продукција е нов почеток. Тој процес на учење

практично нема крај. Себеси се наоѓам и во секоја мала лирска улога во која било опера од Моцарт, Росини, Доницети, Хендл, најмногу во подвижните делници каде не се бара долго „легато“ во високите регистри. А македонските дела секогаш ќе бидат дел од мојата програма. Досега сум пеел композиции од Стојков, Глишиќ, Џамбазов, но би ми претставувало голема чест доколку оваа музика ја изведам и надвор од границите на Македонија, зашто сум сигурен дека имаме со што да се пофалиме.

Визија за себе, визија за светот

На крајот, која е вашата визија за себеси? Кога ќе кажете: „Успеав. Среќен сум! За ова сонував“? Дали тоа го врзувате со Скала, Метрополитен, Штац...? Мојата главна визија е да бидам професионален и карактерно принципиелен во градењето на мојата кариера, а дали на овој начин ќе успеам

9

да стигнам до зацртаната цел, ќе покаже времето. Секако дека би бил среќен доколку настапам во Берлинската опера, во МЕТ или Ла Скала, но и да не се случи тоа ќе речам дека музиката не е единствената важна работа во мојот живот. Тука е и семејството, а се надевам дека еден ден ќе создадам и свое кое успешно ќе го вклопам во целата приказна. На сè повеќе луѓе не им успева да го постигнат тој приватно-професионален баланс. Јас имам јасни цели пред себе кои се мојот најголем моментален предизвик, но имам и свесност за евентуалните порази. Не е неуспех да изгубиш, неуспех е да се откажеш. Токму овој став, заедно со напорната работа, ме донесе до големите сали и фестивали во светот. И секако, големиот влог на моите родители во мојот досегашен растеж. Текст: Б. Костиќ-Марковиќ Фотографии: Мињаш Жугиќ (портерт), Димо Димов (сцена)


00001110101010111110010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101 10101 1000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010 01010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101 1010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111 10 ДИГИТАЛНИ ГРАЃАНИ 010101010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110 01010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010 10111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101 10 0111110010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010 000111 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 0101010111110 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 01010101010101010101 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 010101010100111010101011111 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 0010101010101010101010101010101010 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 11000011101010101111100101010101010101010 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 101010101010101100001110101010111110010101010101 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 010101010101010101010110000111010101011111001010101010 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 10101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 11111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 1010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 0101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 1010101010101010101010101010101 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 Се потпираме на технологијата и во филтрирањето 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 на многу податоци, одлучувањето за многу нешта. 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 Одобрување за кредит, вадење лични исправи, 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 предлози за купување, сите овие нешта се 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 потпираат на множество од одлуки и правила. Кога 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 тие правила се правилни, а кога се премногу 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 сирови и безлични? Кога алгоритамот престанува 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 да ни биде олеснувач и станува непријател? 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 000011101010101111101 во неколку наврати се постави прашањето Што е алгоритам?1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 Податоците за нас 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 за менување на Условите за користење Ова е основната 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 дефиниција која Биометриски пасоши и кредитни картички 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 10000111010101011111001010 на некои од големите играчи: Facebook и инженерите по информатика ја слушаат со чип, електронски здравствени картички 1000011101010101111101 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 Google, со откривање фрапантни дозволи за прием во нивната избрана профеција. и е-адреси за контакт: сите овие нешта се 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 вклучени зад нашиот немарен клик Што е алгоритам? Алгоритам е листа податоци за нас, кои се чуваат во некаква 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 на прифаќање: можност да се вклучи на правила по која за одреден влез се мала физичка картичка која служи како 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 микрофон и камера во секое време! пресметува или добива одреден излез, или клуч во личните податоци за нас кои 000011101010101111101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 прашање и одговор базирани на правила. постојат „во облакот”. Сите се резултат 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 Алгоритамот самиот за себе е 100% на придобивки на новите технологии, па 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 објективен и при исто прашање ќе врати сè е полесно, побрзо и подостапно. Веќе Ние и државата 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 ист одговор. Субјективноста влегува во се согласуваме со Услови за користење, Граѓанинот од поодамна стана дигитален 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110 игра кога одреден алгоритам е составен без ниту да ги погледнеме, затоа што по граѓанин, со сите нишани. Сите процеси 10010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 да одлучува самостојно и недвосмислено, автоматизам знаеме дека се откажуваме на апликации и добивање некаков 0010101010101010101010101010101001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010101010101010101 врз основа на параметри за кои не сте од некои граници на приватност и личен документ сега се електронски, а и 000011101010101111101 многу свесни дека1000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 влегуваат во крајната преземаме извесни ризици, а наградата голем дел од историјата и состојбата на 01010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010011 пресметка на одговорот. е учество во дигиталниот свет! Годинава еден граѓанин постојат во електронска 1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 10000111010101011111001010 010101011000100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110

ОБЈЕКТИВНОСТА НА АЛГОРИТАМОТ


1010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010 0101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101 1010011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111 1001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101 ДИГИТАЛНИ ГРАЃАНИ 11 00101010101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101 01111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010 1010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101 0101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010 форма. Ова дозволува до одреден степен 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 Песна од Конески и... основни математички и информатички концепти повторување на судбината на Јозеф 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 К. во случај на грешка на системот, со 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 Да бидеме херои заедно и да ја кренеме информациската писменост на основно истата нерешливост10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 и безнадежност на 10101010101010101010101010101 ниво на култура. Секој нека знае песна од Конески и секој нека знае основни ситуацијата. Да пробате да објасните 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 математички и информатички концепти. Културата ни се менува, и така, заедно да го зошто немате здравствено осигурување 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111 кренеме нејзиното и ... сопственото ниво! или дека некој со исто име и презиме е 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 измешан со вашите податоци, може да 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 прерасне во вистинско судење без порота! 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 И спектарот на грешки и последици од 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 вакви случаи ќе зема сè поголем замав 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 цена Граѓанинот од така, сте забележале како авио билетите се качуваат100001110101010111 како што растеме кон електронското 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 поблиску до датумот на патување? Во многу случаи тоа не поодамна стаопштество. Во Америка веќе има долга 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 е генерално правило и е зависно од времето, Најчесто авио на дигитален листа на онеправдани лица исклучени 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 компаниите или сајтовите за порачка на авио билети ќе ја покачат од програмата за здравствена заштита, граѓанин, со 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 цената конкретно за вас, доколку забележат дека пребарувате и луѓе маркирани како потенцијални 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 сите нишани. имате интерес за некоја дестинација во некое време. Алгоритамот терористи кои имаат10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 кошмарно искуство 10101010101010101010101010101 Сите процеси одлучува дека вие веќе сте вложени во купување на таа на секое поминување на аеродром, казни 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 на апликации дестинација, па промена во цената е начин да се заработи малку во астрономски суми заради погрешни 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111 и добивање повеќе. пресметки и слични незгоди со погрешни 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 некаков личен одлуки или погрешни податоци. 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 документ сега Интересот и однесувањето веќе одамна се влез во пресметката 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 се електронна резулатите на еден алгоритам и она што го гледаме на Растеме кон напредок, и одговорно 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 ски, а и екраните. Пребарувања по ваша мерка, цени по ваш интерес и и крајно претпазливо треба да се 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 голем дел од социјален фид по ваш мерак. Границата меѓу персонализацијата однесуваме кон сите делови1000011101010101111101 на 00101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 историјата и и објективноста е тенка. електронското општество во кои има 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111 состојбата на веројатност за бубачки во системот или 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 еден граѓаза погрешни нагодувања. На крајот од 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 Страшните филмски приказни 100001110101010111110010101010101 нин постојат краиштата, оврска на секој граѓанин е да 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 Не може да се зборува за електронско општество без да дојдат во електронго подобрува своето општество. 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 на ум филмските сценарија за опасностите на алгоритмите и ска форма. 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 владеењето со податоци. Репликантите од Блејд Ранер и борбата Ова дозволу00101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 во Матрикс, борбата на човечкото со контролата и неизбежното Интереси и пребарувања 1000011101010101111101 ва до1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 одре1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 Дали знаете што нуди опцијата за набљудување. Тоа се постојани теми на фантазијата 100001110101010111 на мислата ден степен 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 пребарување во инкогнито (анонимен) при крајниот екстрем на мислите за страшна иднина на владеење повторување 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 прозорец од вашиот интернет со алгоритми и електронски податоци. Обично овие филмови 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 на судбинапрелистувач? Се проценува дека помалку завршуваат со среќен крај, љубовта победува или човечкото 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 та на Јозеф победува, и крајот дава некаква утеха и надеж за победа на од десет проценти од интернет писмената 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 К. во случај полулација ја користи оваа опција. За сите човечкото над секоја машина. Тоа е добрата страна на филмовите 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 на грешка на други, се зачувуваат „колачиња“ од веб и фантазијата, да нè однесат на патување во мислата и да отворат 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111 системот, со дестинациите кои ги посетуваат и голем одредени прашања. Мисловните вежби при гледањето нека 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 дел од она што го пребаруваат и што го служат и за рефлексија над нашата реалност и херојска борба за истата нереш0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 среќен крај, затоа што ниеден херој не го добива она што сака добиваат. Резулатите секако го земаат ливост и без1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 предвид нашето претходно однесување и без да се бори за тоа и да помине многу препреки. надежност на 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 нашиот профил на интереси и одлуки. ситуацијата. 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 Пребарувате нешто на Google и по Среќни краеви 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111 Заедничкото за секој херој кој победува над силата што се кратко време резултатите кои веќе 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 сте ги отвориле се креваат погоре во заканува е да има знаење и свест за сите слабости на другата 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 листата на резултати? Класичен трик страна. Затоа, секогаш знајте ја разликата меѓу килобајти и 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 гигабајти, знајте како вашиот интернет провајдер ви наплатува за за персонализација на пребарувања за 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 резултати кои се валидни за вас. Целта интернет, користете комлицирани пинови и лозинки, научете да 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 користите инкогнито прозорци и да чистите „колачиња“, имајте е благотворна и добронамерна за да се 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011 добие нешто многу блиску до она што целосна контрола над идентитетот во електронска форма на ист 1 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 1000011101010101111100101010101010101010101010101010101 100001110101010111 навистина ви треба, но се поставува начин на кој внимавате на своите работи. 10101010101010110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101 прашањето: кои се објективно најточните 0110000111010101011111001010101010101010101010101010101011000100101010101010101010101010101010101 100001110101010111110010101010101 резултати и нивниот редослед за одредено К. Зографска 1101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011111001010 пребарување по клучни зборови? Исто 0101010101010101010101010101011000011101010101111100101010101010101010101010101010101100001110101010111110010101010101010101010101 10101010101010101010101010101 10000111010101011111001010101010101010101010101010100111010101011111001010101010101010101010101010101 00101010101010101010101010101010101 1000011101010101111101 100001110101010111110010101010101010101010101010101010110000111010101011


12

БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА

ГОДИНА НА ДРОНОВИ И ДРОНИЈА Идејата и првите обиди се стари повеќе од 100 години. Популарноста ја стекнаа во последните 20тина, благодарение, пред сѐ, на Холивуд, но и нанизата воени интервенции на САД низ планетава. Денес, сѐ повеќе се присутни, веќе не се исклучиво машини за шпионирање и убивање, денес можат да служат и за снимање селфи. Во продолжение накратко за приказната наречена дронови. „Воздушно торпедо“

Првите документирани случаи за креирање некој вид беспилотно летало кое е контролирано од земја, датираат од почетокот на минатиот век. Тогаш главна цел била да се создаде т.н. „воздушно торпедо“ кое ќе може да се управува од земја и ќе служи за прецизно гаѓање на оддалечени цели во воздух или на земја. Тоа се, всушност, предците на денешните крстосувачки ракети. Но, со успешната конструкција на системите за инерцијална навигација и контролирање преку радио бранови, се создале услови за креирање на првите беспилотни летала кои во следните децении постојано ќе еволуираат. До Втората светка војна овие летала служеле пред сѐ за тренирање на војниците кои оперирале со противвоздушната артилерија, а во Втората светска војна се правени обиди да се користат и за други цели, но набргу таа технологија е имплементирана на ракетите, со што леталата останале во втор план.

Затоа пак, со појавата на новите технологии како што се микропроцеори, сателитска навигација, дигитални камери и слично, се создаваат услови за вистинска ренесанса во оваа област. За многу кратко време се креираат од мали и едноставни па сѐ од огромни летала со најсовремена опрема, како за набљудување и снимање, така и за напад со користење огромен арсенал на оружје. Оваа технологија толку еволуираше што во 2010 година Американците објавија дека го испратиле и првиот вселенски дрон, а според многу извори, тоа не е никаква новина и за Русија и Кина кои имаат свои „коњи за трка“.

Дрон во мојот дом

Токму технологијата која како што се усовршува така станува и поевтина и подостапна за секого, а сето тоа комбинирано со растечката популарност на малите беспилотни летала, дроновите станаа интересна занимација за многумина кои се надвор од воената и шпионската индустрија. Ако на почеток овие летала беа интересни само за авио аматерите коишто се занимаваат со авио моделарство на секакви летала, тие денес се достапни и интересни за многумина кои ќе го нарачаат од интернет првиот Т сет на мало беспилотно летало или дрон. Илјадници компании веќе произведуваат најразлични летала, кои варираат од тип до тип и од производител до производител, но сите имаат заеднички основни компоненти – тело на леталото, мотор, напојување и уред за безжична комуникација. Останатите работи како камери, батерии кои се полнат со фото електрични


БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА

13

значи автоматски и преземање на контролата над самото летало. Тоа можеби не звучи многу страшно ако се работи за играчка, па најстрашното нешто што може да се случи е некој да го украде, но замислете што може да се случи ако група или поединец, опремен со доволно софистицирана опрема и знаење, пресретне и стави под своја контрола некој шпионски, или не дај Боже, вооружен дрон. Сме гледале за тоа на филмови и серии, но тоа е сосема реална ситуација. Легалните проблеми, пак, можат да настанат при користење на доволно големи и моќни беспилотни летала на висина каде што се регулираа воздушниот авио сообраќај. Таму е строго регулирано кој како и што може да движи. Како последни, но никако помалку важни се етичките

Технолошки хороскоп за 2015

И на крајот - забавата. На пазарот веќе почнаа да се појавуваат мали уреди, па дури и такви кои се носат како нараквица чија примена е, верувале или не, да се прават селфија од птичја перспектива, популарно наречени „дронија“. Кога би постоел специјален технолошки хороскоп за 2015, во него сигурно ги прочитале дека претстојната година бездруго ќе биде година на дроновите и... дронијата.

Фото: Don McCullough/Flickr

панели и се монтираат на самото тело на леталото, потоа автоматски пилот и системи за навигација кои се програмираат, се само дополнителни опции кои компаниите ги користат за да ги направат своите уреди поинтересни и поконкурентни на пазарот. Затоа не е никакво изненадување кога денес дрон ќе прелета над нас, на пример, каде и да е...

Проблеми, предизвици и контроверзии

Се поголемиот број на лесно достапни автоматски или наведувани беспилотни летала какви што ги спомнавме погоре, со себе носат и низа проблеми, од легална, безбедносна, но и од етичка природа. Кога станува збор за безбедносните проблеми со кои се соочуваат сите оние кои сакаат да користат и да управуваат вакви уреди, тука пред сѐ станува збор на комуникацијата контролор – дрон. Имено, кога се работи за безжичен сигнал кој колку и да е заштитен и кодиран, сепак постои можност да биде пресретнат и преземен, што

предизвици или заштитата на приватноста. Ако порано за да ве сними некој мораше да поседува скапа и високо софистицирана опрема или тоа да мора да го прави од далечина од каде што можете да го забележите, денеска со овие дронови, со моќни камери коишто воопшто не чинат многу, тоа е возможно за секого. За таа цел тука се и т.н микро дронови или колибри дронови кои се многу мали, нечујни, но сепак можат да снимаат и да праќаат фотографии и видео на оној кој ги управува.

Токму технологијата која како што се усовршува така станува и поевтина и подостапна за секого, а сето тоа комбинирано со растечката популарност на малите беспилотни летала, дроновите станаа интересна занимација за многумина кои се надвор од воената и шпионската индустрија.

А што утре?

Иднината на дроновите е светла, за тоа нема збор. Тоа најдобро се илустрира и преку многубројните прототипи и кампањи за кои читаме секојдневно. Тука пред сè станува збор за проширување на примената и нивна уште поголема достапност до „обичните смртници“. Ќе спомнеме само неколку од нив. Во светот на технологијата веќе на големо се планира како да се постават дронови над земјите без интернет и да се овозможи поврзување на сите луѓе на планетава на глобалната мрежа. Великаните во индустријата како Google и Facebook се стигнати најдалеку во плановите, па и реализацијата на овие планови. Од друга страна Amazon, уште еден гигант, сериозно размислува да воведе дронови за брза испорака на пратките до корисниците. Во Холандија пак, дронот ќе се најде во улога на давател/ пружател на прва медицинска помош. Тамошните научници работата на прототип на дрон – дефибрилатор кој многу побрзо може да стигне од амбулантно возило до кое било место. Покрај опремата, дронот ќе има и камера и видео врска со болницата, пружателите на првата помош сето време да бидат водени од специјалисти. Според некои статистики, илјадници луѓе би можеле да бидат спасени доколку добијат навремена прва помош. Г. Постоловски


14

КНИГА ЗА КОЈА СЕ ЗБОРУВА

„Мојот маж“

КНИЖЕВЕН ПОРТРЕТ НА ВРЕМЕВО И НА ПРОСТОРОВ

Ова е најдобрата збирка раскази на Румена Бужаровска досега, но и една од најдобрите збирки раскази објавени во земјава последниве неколку години.


КНИГА ЗА КОЈА СЕ ЗБОРУВА

Одамна во домашната издавачка продукција не се појавила збирка раскази како „Мојот маж“ од Румена Бужаровска – компактна, сложна, единствена во различностите, со зададен и бравурозно решен „раскажувачки проблем“, заодена низ натрупаната тишина на премолчуваното, мрачното делнично, не само во стварното туку и во книжевното живеење... Ако во двете претходни збирки на Бужаровска („Чкртки“ од 2007 и „Осмица“ од 2010) го наслушнавме „чекорот“ на нов, ововремен автор, во „Мојот маж“ одот на авторот до толку се осилил што го завладеал дури и „друмот“: раскажувачката вештина ја завладеала домашната книжевност, не потиснувајќи ја туку напротив, насочувајќи ја натаму накај што треба.

Натполова мета

Мој клуб: Во вашата најнова книга, единаесет различни жени раскажуваат за своите мажи, а текстот не е наменет ниту (само) за жените, ниту (само) за мажите туку нишани во трета, натполова мета. Која е таа? Р. Бужаровска: По долго размислување намерно решив на збирката да ѝ дадам провокативен наслов кој во суштина е ироничен. Оттаму и реакцијата на повеќе мои пријатели и познајници, кои изненадено искоментираа „па ова било за жени“ штом ја прочитаа. А дискутабилно е што значи тоа „за жени“ – дека само жени треба да ја читаат? Секако дека не. Во книгата „се работи“ за жени, т.е жените се во фокусот на приказните, но преку нив станува збор и за мажи, и за деца, така што би рекла дека расказите сепак се – за луѓе, и тоа за обични луѓе.

За „овде“ или за „некаде“

Дали сметате дека „Мојот маж“ е остар книжевен портрет на нашево време и на нашиов простор? На што повеќе? На првото (нашево време) или на второто (нашиов простор)? Верувам дека книжевноста, а често и воопшто уметноста, треба преку локалното да се обиде да допре до универзалното, а не обратно. Сметам дека е погрешно кога некои автори се обидуваат намерно да ги неутрализираат, европеизираат или американизираат нивните текстови со цел да имаат

поширока публика. Напротив, верувам дека авторите треба да го негуваат својот локален идиом, зборувајќи за тоа што најдобро го знаат: својата средина, па низ неа да се обидат да допрат до универзалните карактеристики на човекот и општеството. На таков начин текстот добива уникатна обоеност и специфичен шарм. Во мојот случај, се обидувам еднакво да ги портретирам и времето во кое живееме – оти тоа време најдобро го познавам – но и нашиот простор, и тоа свесно го правам.

Да се чека да се остари или...

Што мислите, може ли животното искуство да се „надомести“ со книжевно искуство? Мора ли зрел автор да пишува зрела литература или се можни и поинакви комбинации на млад/„зелен“/ зрел? Нема правило. Земејте ја предвид Емили Дикинсон, која поголемиот дел од животот го поминала во соба. Или од друга страна, некој како Жозе Сарамаго, кој почнал да пишува доцна во животот. А да не заборавиме и дека секоја средина си ги има и оние автори со незрел израз, а големо животно искуство. Но знаете, ОТРЕЗНУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛОТ НА ЉУБОВТА Единаесетте раскази раскажани од исто толку различни жени во прво лице, крупно ги надминуваат „бројките“ на засегнатите судбини, „бројките“ на родот, на жените, мажите, мајките и децата, на љубовниците и пријателките, на аматерите, стереотипите и заблудите, на освестувањата и отрезнувањата од моќниот, минлив алкохол на младешката (и не само таа!) љубов. писателите не треба да пишуваат само за тоа што им се случува, туку и за работите што ги насетуваат, што би можеле да им се случат. Оттаму, понекогаш животната зрелост и не е толку битна.

Редум или прекутрупа

Како им препорачувате на читателите да ја читаат „Мојот маж“: без ред, прекутрупа или почитувајќи го

15

НЕМА ПОДОБРИ И ПОЛОШИ РАСКАЗИ Она што книгата ја прави компактна, сложна и единствена е совршената изедначеност на единаесетте раскази (во вредносна, естетска смисла), рамнотежата и балансот на секој еден наспроти сите други. Нема подобри и полоши раскази, нема поважни и помалку важни, сè и сите се свои и посебни, секој (пре) доволен самиот за себе, а сепак, во контекст на Целото – само совршено вклопени камчиња во мозаикот со дванаесетта зададеност. распоредот според кој вие сте ги наредиле расказите? Колку е важно тоа за крајниот впечаток? Распоредот на расказите сепак не е случаен. Се обидував да ги прошарам, вметнувајќи „повесели“ раскази (иако и во веселите раскази често има трагичност) меѓу оние траорните. Не сакав читателот да го преоптоварам со мачни раскази, или пак, да го оставам лесно да си помине низ збирката. Последниот расказ, „Осми март“, исто така неслучајно е последен: тој е најгротескен, па си реков – кој стигне до тука, нека чита. Сепак, овој распоред е за читателите кои имаат навика да си ги читаат расказите по ред (јас сум една од нив). Верувам дека оние кои си читаат прекутрупа нема ништо да пропуштат.

Расказ кој да го нема

Со оглед на актуелноста на „Мојот маж“ периодов, доколку се појави потреба од второ издание, постои ли расказ кој би бил изоставен? За среќа, сè уште не. Сè уште е рано да сфатам дека некој расказ отскокнува по квалитетот од другите, да сфатам дека не е добар, па полека да почне по малку да ми се гади од него, како што ми се случило со некои раскази од моите претходни две збирки. Но морам да признаам дека кога ја составував збирката, се обидував да го избегнам тој потенцијален проблем со тоа што исклучив раскази што ми беа сомнителни. О. Ќорвезироска


16

ПРИКАЗНА ЗА ПРЕРАСКАЖУВАЊЕ

Јасмина Главинче, „Визарт“

Токму таква е приказната на дизајнерката Јасмина Главинче, раскажана преку нејзиното креативно чедо – „Визарт“ (WizArt). Како што навестува самото име, „Визарт“ говори за волшепството што во себе го крие уметноста, проткаено низ боите на природата... Мој клуб: Која е твојата лична релација со природата? Што е она кај неа што те придвижува, плени, инспирира? Ј. Главинче: Природата ја поистоветувам со архетипот мајка. Пред сè, кон неа гледам со огромна почит, таа е мојот најголем херој и пример за следење. Есенцијалноста на таа парадигма, ми овозможи да сфатам дека движечката енергија не пулсира само во нас, таа е во постојана синергија со сè она што нè опкружува. Таа ме натера длабоко да се осознавам себеси и своето битисување... да ги видам, слушнам и доживеам миракулите... Планетата Земја е како вселенски број кој постојано патува низ универзумот, ние не сме нејзини патници ние сме екипажот.

Изгубениот допир со природата

ЉУБОВ ОД САДЛИВА ХАРТИЈА Природата се восприема со срцето. Приказните на оние кои умеат да го прават тоа, треба да се слушнат, запомнат и да се прераскажуваат.

Живееме во модерен свет, свет на консумеризам, комјутери.. Кога наеднаш човек ќе помисли колку неправедно сме ја запоставиле природата и колку малку правиме за неа, доаѓа вашата приказна за садливата хартија... за никулец кој значи надеж дека можеме да се промениме. Кажете ни повеќе за тоа... Како дојдовте до идеја да творите користејќи ја садливата хартија? Фундаменталниот проблем е морален. Нашиот удел е повеќе од значаен и само ние самите сме одговорни за своите акции. Животот не е себично задоволување на нашите основни потреби. Слепиот консумеризам и нашата ноншалантност кон третирањето на отпадот води само кон пропаст и неодржлива иднина. Пресудно е да се освестиме и да го вратиме изгубениот допир со природата во урбаната градска средина во којашто живееме. Најлесен начин и навистина добар старт да го сториме тоа е да почнeме со нешто толку едноставно, како што е создавање сопствени градини. Се вклопува ли градинарството во модерниот животен стил? Градинарството како да не се вклопува во нашиот животен стил. Како да постои верување дека одгледувањето растенија е „забавно“ само за бабите кои мислат дека iPad е модерна даска за сечкање. Но, „металниот“ свет е поблиску до утопија отколку мала зелена градина.Само едно засадено семе може да го промени начинот на размислување, а една мини домашна градина може да ти го промени животот. Таа е вистинска зона без стрес, не само што додава убавина во домот, и во твојата чинија, тоа е допирлив продукт на сопствена креација, вајање со, а не против природата. Кој е главнито виновник за ваквиот став?


ПРИКАЗНА ЗА ПРЕРАСКАЖУВАЊЕ

Главниот „виновник“ за ваквите мои аспирации е хартијата со семе која ја изработувам. Нејзината еколошка мултифункционалност ме плени и освои од самиот почеток. Јас не сум нејзин изумител, но повеќе од доволно е што ја открив и успеав да ја имплементирам кај нас. Историјата за неа е навистина нејасна, но верувам дека идејата може да е стара колку и самиот начин на изработка (околу 2.000 години).

„Телеграма од природата“

Садливата хартија ја користите за создавање на вашите дела. Ќе ја видиме во облик на постерчиња, маркери за книги, нотеси, а секако и оригинални новогодишните честитки, кои сега, во ова предновогодишно доба, го тераат човека со носталгија да се присети на детството... Какви пораки пренесуваат изработките? Хартијата до ден денес е интегрален дел од нашиот живот. Од книгите кои ги читаме до хартиените пакувања кои

секојдневно ги фрламе, без да се запрашаме колку природни и енергетски ресурси се трошат за нејзина изработка. За разлика од обичната, садливата хартија е продукт на рационално третиран отпад. Не создава ѓубре, ја збогатува атмосферата со кислород а, освен сопствената порака по кој било повод, пренесуваш и еколошка порака која секој ја восприема со силно воодушевување. Илустрациите кои ги аплицирам на хартијата, се личен дизајнерски потпис... се трудам да бидат едноставни, весели и да го илустрираат мојот светоглед. Еден вид телеграма од природата? J Да, пораките што ги пренесуваат моите изработки се дирекна телеграма од природата. Она што веројатно сакам да го кажам е дека ние не сме единствените жители на оваа планета, дека немаме поголеми права од кој било жив организам, дека човекот и без љубов би овенал како растение без

За оние што не знаат, садлива хартија е... Рачно изработена, рециклирана хартија, во која при процесот на изработка се вметнува семе. На готовиот лист може да се печати, со што таа станува продукт (картичка, бележник за книга, нотес и сл.). Кога продуктот ја губи својата утилитарна намена, не се фрла во канта за отпадоци, туку се засадува во саксија или во двор, под тенок слој земја. За само неколку дена, со често полевање, семињата (од цвеќиња, зачини, чаеви, па дури и зеленчук и овошје) ќе почнат да ‘ртат и да се развиваат. Значи не само што не создава отпад (хартијата е биоразградлива), таа „оживува“. Се претвора во растение кое разубавува, враќајќи го изгубениот контакт со природата.

17

вода и сонце, дека возењето велосипед го ослободува умот, го јакне телото, но и го разбиструва градот. Хартијата ја декорирате и со „туѓи инспирации“? Освен со мои дизајни, хартијата ја декорирам и со илустрации од Тања Оае, архитект и илустратор чиј духовен и визуелен сензибилитет го сметам за близок до својот и премногу искрен. Отворена сум за соработка со секој кој би сакал да ја презентира својата работа преку овој несекојдневен медиум.

Координати за... љубов

Човек за празниците има потреба да подари, да сподели и израдува... Што сè љубителите на убавото и корисното можат да купат кај вас? Каде можат да се најдат вашите дела? Дајте ни ги координатите за... љубовта J Моите дела моментално можат да се нарачаат преку фејсбук страницата на „Визарт“, а често сум присутна и на базарите за уметнички ракотворби во Скопје. Доколку сте индивидуа или компанија која сака на еколошки и креативен начин да ја искаже својата свесност и посветеност кон животната средина, лесно ќе ме пронајдете. Во пресрет на Новата година, човек секогаш размислува за она што следи. Какви се вашите новогодишни желби и надежи? Нашите мисли се семиња, нашиот ум е градина. Можеш да израснеш цвеќе или пиреј, изборот е твој. Моите желби се, полека, но сигурно, моите креативни аспирации и еколошки пораки да допрат до што повеќе срца и заедно да создадеме свет кој веќе нема да треба да го штитиме. Ц. Беличанска


18

МУЗИЧКИ КАТАЛОГ

НАЈДОБРИТЕ ВО 2014 Ритамот на вашето срце се менува и усогласува со ритамот на музиката која ја слушате. Онаа која ја сакате на 20 години, веројатно ќе биде музиката што ќе ја сакате до крајот на вашиот живот. Во нашето празнично обраќање до Вас споделуваме дел од најдобрите музички остварувања на Британскиот музички пазар во 2014 која само што не заминала... Најпродавани албуми

Ед Ширан Официјалната ЧАРТ компанија (Official chart company) која зазема централен дел од британската поп култура го објави списокот со најпродаваните сингл албуми за 2014. Централното место му припаѓа на Ед Ширан со неговиот втор студиски албум „Х“ (по, помножено), кој излезе во јуни годинава. Станува збор за најбрзо продаваниот албум за 2014 со продадени 182.000 копии во првата недела, и 634.000 примероци во изминативе 6 месеци. Албумот беше оценет со позитивни критики од музичката фела и се искачи на првото место во 12 земји. Трите синглови за промоција „Sing“, „Don’t“ и „Thinking out loud“ доживеаја интернационален успех и ги освоија првите места на ХОТ 100 лествиците. 23-годишниот Ед Ширан е момчето кое успеа од маргините на животот да се искачи на самиот врв, а неговите денови како бездомник одамна завршија. Со помош на Фарел Вилијамс кој во него го препозна талентот и му помогна да успее во кариерата, неговиот сегашен живот е на раминиште со големите музички ѕвезди. Сем Смит Втор на списокот со најпродаван албум е „новиот“ Сем Смит кој годината зад нас ќе ја памети по наградите 2014 BRIT Critics’ Choice Award и BBC’s Sound of 2014, незаборавната концертна турнеја низ Британија, како и бројката од 500.000 продадени копии на „In the Lonely Hour“ – албумот на кој се најдоа смеш хитовите „Money on my mind “ и „Stay with me“. Тие му донесоа интернационална слава, број 1 позиции во Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Шведска, и одличното второ место во Ирска, Норвешка, Австралија, Канада и САД.

Фото: Eva Rinaldi, Flickr


МУЗИЧКИ КАТАЛОГ

19

На почетокот од 2015 продолжува со промоцијата на „In the Lonely Hour“ во Аталанта, Филаделфија, Њујорк, Бостон,.. а билетите пуштени во претпродажба се веќе распродадени. Во мај 2014, Сем јавно проговори за својата хомосексуална ориентација и болеста ОКП (Опсесивно компулзивно пореметување ), но очигледно дека тоа не влијае на неговата кариера и милионската публика низ целиот свет светот. „Колдплеј“ „Колдплеј“, британскиот рок бенд формиран во 1996 кој вобичено ја држеше лидерската позиција во продадени ЛП копии, во 2014 се најде на третото место со 487.000 промероци од албумот „Ghost Stories“ кој излезе во мај. Сингловите за промоција „Mаgic“, „Midnight“ и „A Skay full of stars“ му ја донесоа посакуваната продажба и високите позиции на топ листите во светот. Крис Мартин, лидерот на групата, изјави дека ,,Приказните за духовите“ всушност, претставуваат патување низ времето кое нè води до безусловната љубов. Иако се зборуваше и пишуваше дека тој и актерката Гвинет Полтору се разведуваат, се чини дека токму „Ghost Stories“ успеа да ги смири ,затоа што стиховите на популарините синглови се пишувани како за неговата сопруга.

Калвин Харис, најплатениот DJ на светот

Најплатениот DJ на светот според магазинот „Forbes“ втора година по ред е шкотланѓанецот Калвин Харис, со заработка од 66 милиони долари. Тој зад себе ги остави Гета, Тиесто и Авичи , а за тоа особено придонесе и неговиот најнов албум „Motion“ и хитовите како „Summer“, „Blame“ во соработка со Џон Њуман, и номинираниот сингл за „песна на годината“на BMI London Awards - ,,I need your love“ за кој вокалот го позајми пејачката и мултиинструменталист Ели Гулдинг. Од приватниот живот на Харис најозборувана во 2014 беше неговата врска со пејачката родена во Косово, шарматната Рита Ора со која беа заедно скоро една година, но скандалозниот крај им донесе уште поголема слава и подлабоки џебови. Неговиот бизнис план за 2015 е веќе направен, како и резервациите за елитните журки во кои ќе уживаат обожавателите во Австралија, Колумбија, Чиле Бразил, Данска, Германија и Велика Британија...

60. роденден на ,,Flay me to the Moon“ ▪ Музичкиот каталог со „Најдобрите“ не може без нумарата која го прослави својот 60. Роденден - ,,Flay me to the Moon“ и стана дел од кампањата со која ги споделивме празничните моменти со нашите корисници. ▪ Напишана е од Барт Хоувард во 1954, а нејзиниот оргинален наслов е„ In other words“. ▪ Стандардната џез верзија е отпеана од американската ТВ актерка и пејачка Кеј Балард. ▪ Преработката на Френк Синатра во 1964 стана првата песна која беше емитувана на Месечината додека екипажот на „Аполо 11“ орбитираше околу неа. ▪ „Flay me to the moon“ ја препеаја и преработија уште и Пеги Ли, Тони Бенет и Дијана Крал.

Фото: Shawn Ahmed, Flickr

Највртените, најпреслушуванитенајстримуваните...

Песните на Клин Бандит, Фарел Вилијамс и Џон Леџнд беа најпреслушувани во 2014 на музичките сајтови низ Велика Британија, а епитетот најстримувана го доби ,,Rather Be“. Овој сингл на кој машката четворка од електро составот Клин Бандит соработува со младата Џес Глин беше слушната 33 милиони пати , а го доби и епитетот за втор најпродаван сингл веднаш по промоцијата во јануари 2014. „Happy“ на Вилијамс и „All of me“ на Леџнд го зазедоа второто, односно третото место и со тоа ја заокружија бројката од 10,2 билиони траки што е речиси дупло повеќе во однос на бројката на стримувани песни од минатата година.

Среќната-најсреќна... На првото место како најпродаван сингл според официјалната ЧАРТ компанија се најде нумерата која се продаде во 1,42 милиони копии во текот на оваа година - „Happy“ на Фарел Вилијамс. Среќната песна заедно со неговите хитови од 2013 „Get lucky“ и „Blured lines“ го направија контото од 3 милиони продадени синглови од овој изведувач, продажба која во историјата на англискиот мизички пазар претхoдно им успеала еднинствено на „Битлси“. Рашела Г.


20

ФИЛМ

„Рез“, Фатих Акин

НАДЕЖТА КАКO СПИРИТУАЛНОСТ Copyright: Das Blaue Sofa / Club Bertelsmann.

Кога современ филмски автор како Фатих Акин ќе сними ново остварување, тогаш тоа со нетрпение се очекува на големото платно, бидејќи турскиот сценарист и режисер со своите приказни отсекогаш предизвикувал реакции кај филмофилите, но и во поширок општествен контекст.

Иако не освои награда на неговото премиерно претставување на Венециската Мостра во септември, за најновото остварување „Рез” (The cut) на турскиот режисер со германски бекграунд, Фатих Акин, најмногу се дискутираше во изминатиот период, и со право, бидејќи загатнува една болна историска тема околу која сè уште се кршат копјата, иако во поблага форма, за разлика од некои минати времиња. Се работи за геноцидот врз ерменското население од страна на Отоманската империја на почетокот од минатиот век, поточно, во време на Првата светска војна, грозоморен чин кој со децении наназад турските власти го негираат, за во поново време официјалната политика да добие поблага форма - на одбивање. Токму


ФИЛМ

затоа мора да му се симне капа за храброста на маестро Акин да се зафати со ваква чувствителна тема, преземајќи го ризикот да биде анатемисан и од едната и од другата заедница, во случај филмското дело да не ги погоди нивните критериуми за правилно историско читање на темата. Докажаниот синеаст тоа го прави на суптилен начин, низ призма на обичниот човек, земајќи за централен лик Ерменец посветен на семејството, чие школување на двете ќеркиблизначки му е на приоритетно место во животот. Токму ваквиот избор уште на почетокот ве разоружува и освојува, оставајќи простор за развивање на филмското сиже до недоглед, токму како што и се случува во самиот филм.

Приказната

Назарет Манугијан, во интерпретација на одличниот актер Тахар Рахим, е ерменски ковач од Мардин кој со својот праведен пристап кон животот не ни насетува дека на небото се појавуваат темни облаци. Една ноќ неговиот идиличен живот комплетно ќе се смени откако сите мажи постари од 15 години ќе бидат однесени на работа длабоко во пустината, каде што сцените кои Акин ни ги прикажува потсетуваат на легенарниот филм „Црно семе“ на Кирил Ценевски. Залудното кршење камења ќе прекине по две години, кога турската војска добива наредба безочно да им ги скрати главите на сите беспомошни затвореници. По игра на случајот, турскиот џелат на Назарет, обичен граѓанин во необична ситуација, не го убива, туку импровизира дека го направил тоа, по што главниот лик станува нем, го губи гласот, а неговата животна сторија тргнува по беспаќето на светската историја. Барајќи ги жената, за која набргу дознава дека е убиена, и двете ќерки-близначки, Назарет станува модерен Исус кој минува низ пекол, сè со цел да го пронајде она што му е најважно, сопственото семејство. Неговата авантура во прво време го носи низ Блискиот Исток, за потоа судбината да го однесе од другата страна на океанот, во Куба, и на крајот патешествието да заврши во САД, секако, со полу-среќен крај, во кој тој не е сигурен што добил, а што загубил.

21

Одблизу Фатих Акин е роден 1973 година во Хамбург во семејство на турски доселеници. Во 1994 година почнува да студира Визуелни комуникации на Хамбуршкиот колеџ за убава уметност. Во исто време се интересира и за филмската уметност и често соработува со продуцентската куќа Wueste film, преку која и навлегува посериозно во филмот, бидејќи тој никогаш не завршил класична филмска школа. Следната година го режира своето прво сценарио за краткометражен филм, „Сенсин - ти си единствен/а“ (Sensin - Du bis Es!), за кој ја добива наградата од публиката на Интернационалниот хамбуршки фестивал за краток филм. Со својот втор краток филм Getuerkt (1996) добива неколку германски и интернационални фестивалски награди, со што станува јасно дека ѕвездата дефинитивно е родена. И конечно, следи дебитантското целовечерно остварување „Краток остар шок” (Kurz und Schmerzlos, 1998), со кое Акин го докажува својот талент освојувајќи го Бронзениот леопард во Локарно, како и наградата за Најдобар млад режисер на Баварскиот филмски фестивал.

„Читањето“ на нештата

„Рез“ ни дава една поразителна слика за модерниот свет, кој и по сто години сè уште изгледа исто, како луѓето да не учат од сопствените грешки низ историјата. На Блискиот Исток сè уште константно се војува, Хавана и ден денес изгледа како и пред еден век, иако тоа во денешни рамки нуди одредена романтика за љубителите на носталгијата, додека Средниот американски запад и понатаму е територија на која царува претрупаното оружје. Сето тоа му дава политичка тежина на


22

ФИЛМ

„Рез“, Фатих Акин

филмот, иако самиот уште од старт привлекува внимание со миксот на турски и ерменски актери, кои на големото платно играат заедно, без никакви предрасуди. Кога на ова ќе се додаде и дека ко-сценаристот на приказната Мардик Мартин е Ерменец, тогаш Акин се чини дека направил сè што е во негова моќ да биде транспарентен со чувствителна тема како што е геноцидот врз Ерменците од страна на Отоманската империја. Но, филмот и понатаму е тема на полемики од двете страни. Ерменците критикуваат дека филмот не зборува директно за геноцидот и дека не го демонизира директно сторениот злостор, со што на индиректен начин ја поддржува турската политика на негово негирање, на што од другата страна реплицираат дека досега ниту еден ерменски филмаџија не се осмелил да сними филм на оваа тема, во кој ќе може да се прикаже нивното гледање на работите.

Широка препорака за гледање Со најновото остварување „Рез“, Фатих Акин вели дека заокружува еден период од својата богата авторска кариера. Заеднички именител за сите негови остварувања е потрагата, загубата, враќањето... Но, да се пишува за делото на Акин, а да не се споменат и други респектабилни наслови од комплетна филмографија која изобилува со безброј фестивалски награди, би било вистинска ерес. Моето прво запознавање со неговата филмска поетика се случи пред 10 години, кога на еден од домашните фестивали беше прикажан можеби и неговиот најдобар филм, „Со глава в ѕид“ (Gegen die Wand, 2003), добитник на престижната Златна мечка на Берлиналето, а подоцна прогласен и за Најдобар европски филм. Филмскиот печат кој Акин го има инкорпорирано во неговата приказна за потрагата по себеси може да се препознае и во другите негови остварувања, како „Во јули“ (Im Juli, 2000), „Работ на рајот“ (Auf der anderen seite, 2007, награда за најдобро сценарио во Кан) и „Соул кујна“ (Soul kitchen, 2009), во кои (анти)херојот во овој современ свет без чувства секогаш многу повеќе губи, отколку што добива. Токму затоа, сите претходно наведени работи од Акин прават еден од водечките европски режисери, чии остварувања секогаш се очекуваат со нетрпение.

Помрднување од мртва точка

Сето ова покажува дека филмот на Акин успеал во својата намера, да предизвика конструктивна дискусија, бидејќи иако приказната е раскажана низ еден уметнички визир, и секако, низ субјективна призма на авторот, неговата намера кај сопствениот народ да предизвика преиспитување на нештата во однос на настанот кој се случил пред помалку од еден век претставува и повеќе од успех. Copyright: Das Blaue Sofa / Club Bertelsmann.

Уметноста и треба да функционира вака, секоја книга, секој филм треба да предизвикуваат отворање на темите и дискусија за нив, бидејќи само така нештата можат да се помрднат од мртвата точка. На крајот од краиштата, има и една многу побитна работа во самиот филм, а тоа е моментот кога главниот лик решава да ја отфрли религијата и сите догми околу кои се обврзал и се движел неговиот живот, истовремено пронаоѓајќи ја надежта како универзалност, а каде е таа, како што вели Акин во едно интервју, таму е и човечката спиритуалност. А кога ќе се пронајде спиритуалноста, веќе ништо не е исто. Исто како и по најновиот филм на Акин.

И. Анѓелков


ИНФО ПРОЗОРЕЦ

23

LOOP

НОВ ДИГИТАЛЕН ФОТО АЛБУМ Новата услуга Loop e токму она што ви треба претстојниов период! Со неа одбраните содржини од вашиот смартфон можете да ги споделувате со кого сакате на што сакате. Само неколку чекори до вашето ново задоволство

Сè што треба да направите е да појдете на веб страницата www.loop.mk , првин да се регистрирате, а потоа да ги следите неколкуте чекори во кои ќе бидете водени низ едноставната постапка. Преземете ја бесплaтната апликација Loop на вашиот смартфон од www.t-mobile.mk/loop и изберете ги преку неа сликите и видеата кои сакате да ги споделите со Најважниот Тој или Најважната Таа, со отпатуваните пријатели и блиски или со нестрпливите баби и дедовци да ги видат своите внуци! Внесете ја е-адресата, Телеком фиксниот број или, пак, T-Mobile мобилниот број на „важните“ со кои сакате да ги споделите вашите фотографии или видеа.(Доколку некој од нив сè уште не е регистриран, веднаш ќе добие покана за регистрација преку е-пошта или преку SMS.) Чудесната домашна радост

За да ги гледате сликите и видеата од неодоливата средба на вашите деца со Дедо Мраз на телевизор, заедно со сите ваши гости, отворете ја апликацијата Loop преку менито MaxTV екстра или свртете на каналот 1118 , внесете го кодот испишан на екранот во апликацијата Loop на вашиот паметен телефон и тоа е тоа!

Понатаму само следете ја чудесната домашна радост во очите на присутните! Вашите слики и видеа се бидат достапни на MaxTV сè додека сакате! Најбитно од сè работи на кој било телевизор, дури и на оној на вашата баба! LOOP услугата бесплатно е вклучена во следниве тарифи: во Play Basic и Play Start имате 1 GB вклучен простор за време на пробниот период во траење од 1 месец, во Play Comfort – 5 GB и 10 GB во Play Extra, Play Premium и Family Box. Доколку сте претплатник на Call & Surf ili 3Max пакетите може да добиете дополнителни до 10GB бесплатен простор.


24

НЕКАДЕ…

Моите омилени железнички станици низ светот

ПРУГИ НАМЕСТО КРВОТОК Понекогаш спомените од патувањата се како сиви градски гулаби. Ете ги, ќе слетаат на твојот прозорец додека си замислен, тажен или радосен и одненадеж можеш да ги погледнеш одблиску и да им се восхитуваш на убавината.

Спомените од патувањата се поубави и од самите патувања кои често се проследени со непријатности и откажувања од секојдневниот комфор. И мене некогаш извесна мелодија едноставно ќе ме телепортира во некој индиски воз, сред некоја насмевка од африканските деца кои ме гледале со восхит како вонземјанин или сред мирисот на постелнината во некој скромен семеен мал хотел среде никаде.

Тогаш се трудам од петни жили да си ги повратам спомените, за да си ги врамам во најубавата рамка. Често во таквите моменти одам до најблиската железничка станица и... спомените добиваат гулабови крилја. И железен крвоток... Не чекам никого и ништо. Седнат сум покрај еден пијалак и трошките од омилениот десерт. Не брзам никаде. Овде сум како свој на своето - зависник од железници кој доаѓа на станица секогаш кога сака да

го почувствува мирисот на патувањето и авантурата. Ако железниците се жив организам со срце и душа, тогаш станиците се живи потсетници на времињата на новите откритија, на напредокот на инженерството, на романтиката во патувањата и масовното откривање на светот. Тука сум за да им го наслушнам срцето без стетоскоп.


НЕКАДЕ…

25

Хелсинки – речиси религиозна навременост Во моментите кога Финците стануваа независни од Русија и се откриваа повторно себеси како нација, на крајот од 19 век, нивните талентирани архитекти, веројатно слушајќи ги нотите на вундеркиндот Сибелиус, го создадоа зданието на железничката станица во Хелсинки. Силните скаменети чувари на ова здание се издадени од гранитната фасада носејќи во предимензионираните мускулести раце огромни лампи во облик на стаклени арт-деко топки. Поминувајќи крај овие хуманоидни кербери, патниците ги пречекуваат огромни високи ходници со стилски лустери кои фрлаат топла светлина врз беспрекорно чистите, функционални и удобни простории на станицата. Возовите оттука религиозно-навремено го напуштаат

ова место и се упатуваат илјадници километри северно, сè до смрзнатите пространства на Лапонија, над арктичкиот круг. Архитектот Сааринен го создал ова ремек-дело на почетокот од минатиот век, а потоа емигрирал во Америка. Можеби оваа станица не е толку позната како њујоршката Гранд Сентрал станица, но секако поседува исто толкаво количество шарм и софистициран дизајн.

Најроби – железничкото навика да се „прекрстам“ во макар еден храм кога некаде патувам, сафари во Африка железнички често значела преминување низ разни Најроби е пренаселен град: темни јадри жени со светли марами бесрамно те гмечат туркајќи те со своите гради, тинејџери со кинески маици и американски симболи, мажи со ветви одела, деца со големи убави очи и стомачиња, хендикепирани, потпрени на импровизирани штаки, те влечат за ракав. Автомобилите свират постојано, гласна музика ечи од матату возилата, насекаде какафонија на звуци и мириси. Најроби при крајот на тој ден влегуваше во крешендото на своето расположение, а јас сè уште ја немав посетено железничката станица! Мојата

премрежиња. Така беше во главниот град на Кенија, во кој потрагата по железничката станица, пеш, навечер, беше мала авантура со доволно опасности кои се обидував да ги игнорирам, споделувајќи ги со придружбата од уште неколку мзунгу авантуристи како мене. Повеќето од нив зажалија што тргнаа со мене уште на пола пат кога требаше да се пробиеме низ една долга полумрачна улица која водеше до железничката станица. Улицата беше полна со луѓе кои бркаа некои автобуси небаре беа опремени со ноќни визири. Во катаклизмата од издувни гасови, звуци и пот, се пробивме без загуби до

чистинката која нè однесе до скромната станица чиешто богатство подоцна се откри,.. сосем случајно. Станицата беше тукушто исчитена од патници и нивниот отпад – на слабите амбиентални светла таа светеше со стар империјален блесок. Ознаките, клупите, просториите, сите тие отсликуваа некое одамна поминато време, како она опишано во „Моја Африка“ на Карен Бликсен или во истоимениот филм со Мерил Стрип и Роберт Ретфорд. А на централното место на станицата - слика на Мајка Тереза! Шефот на станицата е нејзин голем почитувач и фактот дека навечер му се појавија гости од Македонија му се виде како Божје провидение кое одамна очекувал да му се случи...


26

НЕКАДЕ…

Делхи – котелецот на милионите железнички линии на Индија За сите вљубеници во железниците, Индија е света земја и од овој аспект. Дом на над 63.000 km пруги и речиси 2 милиони луѓе кои се вработени во индиските железници - најголемиот работодавец во светот! Иако повеќето големи градови имаат величествени железнички станици кои по архитектурата им пркосат и на раскошните индиски храмови, па дури една од нив е заштитена и од Унеско, во нив се ужива само во сеќавањата, не секогаш и на самото место. На мојата прва средба со железничката станица во Делхи, кога во раните утрински часови отидов да купам билет за мојата следна дестинација во земјата, ме дочека терминал каде што беше речиси невозможно да се стаса до шалтерите, од луѓе кои беа исполегнати на подот! Не бев сигурен дали беа бездомници или патници кои требаше да го фатат првиот утрински воз, па тука преноќиле, но поминував со страв да не стапнам врз некоја рака или нога сè до

шалтерот каде што ме пречека љубезна вработена и ме насочи кон просторијата на следниот кат - за патниците странци. За жал таа сè уште беше затворена, па ми преостана да ја почекам целата станица да се разбуди, раздвижи и сè додека првите

Јангон – билети за странци со одобрување на владата! За бурманските возови нема распоред на интернет. Има нешто слично на распоред на станицата во Јангон, но беше испишано рачно и на бурмански јазик. Железницата

во Мјанмар не е најпопуларното превозно средство, но секако е најромантичното. Да постоеше некој нов Џорџ Орвел веројатно ќе напишеше книга „Пругата до Манделеј“ и секако со тоа ќе го

дечиња кои продаваа вкусен индиски чај и пан не ми понудија спас за мамурлакот и преживеаниот цивилизациски шок. Железничките станици низ Индија се нивните засолништа и мензи, нивните театри и училишта - нивни агори!

постигнеше посакуваниот авантуристички и британско-империјалистички шмек на четивото. Будистички монаси во влечки, луѓе со бали зеленчук на главата, насмеани дечиња со избелени лица од танака, луѓе со конусни шапки на стари црни велосипеди и трицикли, сите тие формираат колона како од мравки која бестрашно се движи по пругите без никаков страв од бавните железни чудовишта од минатиот век. Управителот на станицата, едно ситно исчешлано симпатично човече во бела кошула и лонгџи, панталони врзани во бурмански стил, погледна во својот џебен часовник, небаре сакаше да задоцниме точно толку минути колку што имал наумено, кимна со главата и така даде сигнал. Човекот – рампа го означи конечниот почеток на нашето железничко патешествие од Јангон на север кон срцето на прекрасната и мистериозна земја. Додека чекавме, друштво ни правеше официјално лице од владата на Мјанмар, кое нè прашуваше зошто и каде ќе патуваме. Во оваа земја сè уште билетите на странци се продаваат со


НЕКАДЕ…

Истанбул, станица Сиркеџи меѓу ѕидовите од махагони во железнички Бел Епок дворење возот, стасале во еден ваков ориентален строга контрола од владата... Пристигнувањето во Истанбул, на станицата Сиркеџи, денес е речиси идентично возбудливо како и во славните денови на возот „Ориент експрес“ кој сообраќал на релацијата Париз Истанбул. Напуштајќи ја Европа, крај морскиот брег на Златниот рог, возот „Ориент експрес“ влегува триумфално во самото срце на некогашниот и денешен мегалополис Константинопол, пробивајќи се низ издувните гасови, масите народ кои и денес како и пред стотици години тука пазарат зачини, текстил и други дребности од блиските вековни пазари, втурнувајќи се кон крајната станица низ мирисите на риби и донери на скара, на наргилињата и на врелите чаеви кои испаруваат ставени во тенки чаши налик на лалиња. Можам само да ја замислам возбудата на спастрените напарфемисани патници од минатиот век кои од станицата Гар Д Л’ест во Париз по неколку денови раскош и луксузно

котел во кој ви зоврива здивот. Станицата е реновирана, но изморената фасада е оставена да сведочи за минатото. Таму сè уште постои отмен ресторан со славното

27

име – „Ориент експрес“, како и мал музеј на железницата, чисто како емотивно мезе наменето на оние како мене, вљубениците во возовите и станиците, во Поаро, Агата Кристи, Богарт и Џејмс Бонд.

Инстант железничка инфузија – со воз од Скопје до Богомила! Среќен сум што како жител на Македонија можам во моменти на патувачка криза и носталгија за возови со егзотични имиња и гранитни железнички станици, во неколку часа да си ја заситам гладта со посетата на моите омилени железнички станици кај нас – Скопје и Богомила. Фаќам пладневен воз во Скопје, сместувајќи се стратешки до некои зборлести бабички, ги прашувам како беше посетата во Скопје, како пазарот, па така сè до Богомила и потоа назад. Во Богомила правам бегство од цел век наназад на станицата, и уште неколку векови низ селото. Се враќам во мојот железнички град-престолнина, како во футуристичка сцена од Метрополис, лебдејќи на платформата над градот кој долу ме чека со раширени раце. Луѓето со пруги наместо крвоток како мене, постојано ги чекаат гулабите на своите прозорци... Текст и фотографии: Роберт Смилески


28

ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ

Индира Кастратовиќ

ПО ВИСТИНСКАТА ПАТЕКА НА УСПЕХОТ

Индира Кастратовиќ, некогашниот најдобар десен бек во светот, полека го усовршува тренерскиот занает. Како играч го допре европскиот врв. Сон ѝ е да се искачи на највисокиот пиедестал и како стратег на женскиот тим на „Вардар“. За неа тренерскиот занает е комплексна работа и за да бидеш дел од него мора, пред сѐ, да си човек!


ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ

Мој клуб: Вие сте бренд во светскиот женски ракомет. Како играч го допревте врвот. Сосема е логично и природно што сите од вас безусловно очекуваат таа своја индивидуална магија, сега како тренер, да ја пренесете на колективот. Носи ли тоа со себе поголем товар, одговорност, стрес..? И. Кастратовиќ: Апсолутно. Но, јас сакам предизвици. Мислам дека не погрешив кога ја прифатив понудата на Сергеј Самсоненко да бидам тренер на „Вардар“. Во клубот се вложува многу и по некаков автоматизам се бара и голем успех во пошироки, европски рамки. Можеби во една таква ситуација многумина не би прифатиле да влезат во тој ракометен вител од кој не можеше да бидеш сигурен како ќе излезеш. Но, јас влегов во оваа приказна решително и со големи амбиции. Од друга страна, објективно, јас сè уште сум неискусна кога станува збор за тренерскиот занает. Но, верувам во себе, а очигледно веруваат и челните луѓе на клубот дека можам да помогнам во реализацијата на главните цели. Еве веќе две и пол години сум на клупата и мислам дека сè си доаѓа на свое место. Се движиме по вистинската патека на успехот. „Вардар“ постигна многу за кратко време. Лани игравте на фајнл-форот. Имате ли сега некаков притисок? Се бара ли од вас европска титула, или „Вардар“ е долгорочен проект? Минатата година направивме нешто што веројатно малкумина го очекуваа, како што рековте, стигнавме до фајнлфорот. Но, тука не застануваме, секоја година амбициите растат. Спортски е да сакаш и да очекуваш уште поголем резултат. Но, ве уверувам дека никој во клубот не ми кажал децидно дека мора да се освои европската титулата. Пораки од типот „мораш сега“ нема. И јас ја посакувам европската круна. Па, не би била тренер ако тоа не ми е сон. Како тим се стремиме да одиме чекор напред. Се надевам дека ќе успееме. Со изградба на салата и со сериозниот пристап кон работата и функционирањето на клубот се покажа дека „Вардар“ не е инстант, туку долгорочен проект, кој треба долго да ја радува ракометната публика во земјава.

29

Сара не е „инфицирана“ со ракометот! И вашиот сопруг е тренер, и тој својот живот му го подари на ракометот. Но вашата ќерка Сара не се „инфицираше“. Таа рече дека е сигурна оти нема да биде ракометарка. Ве разочара ли тоа? Ни најмалку! Ако сакаше да игра ракомет, ќе ја поддржев! Но, ако ја прашате неа на што првенствено се сеќава од мојата ракометна кариера, ќе ви каже дека се тоа моите чести отсуства, како и повредите. Таа реалност сигурно придонела на некој начин да се создаде аверзија кон ракометот. Сега оди на балет. Ја интересираат сосема други нешта. Јас целосно ја поддржувам и колку што можам ќе помогнам во реализацијата на нејзините желби.

Минатата година направивме нешто што веројатно малкумина го очекуваа, како што рековте, стигнавме до фајнл-форот. Но, тука не застануваме, секоја година амбициите растат. Спортски е да сакаш и да очекуваш уште поголем резултат.

Мозаик од...

Во едно интервју големиот ракометен познавач, Лино Червар, рече дека не може да замисли тренер кој нема широко познавање на работите, широка култура, не естрадна туку човечка, општа, која мора да ја пренесе на оние со кои работи. Како вие би ја опишале тренерската работа, како мозаик од...? Тренерската работа е специфична. Често вака си размислувам кога сум сама со себе. Играч и тренер? Тоа се две сосема различни нешта. Едно со друго не се споредува. Како тренер мора да бидеш пред сѐ човек. Да ги следиш сите 20 девојки. Да знаеш како секоја од нив се чувствува во дадениот момент, да ја познаваш нивната психо-физичка состојба, да знаеш што може да ја мотивира, охрабри, насмее. Тоа е многу комплексен занает. Она што првенствено го барам од нив е искреноста. Ако сакате што и да е да направите, им велам, треба првин јас да знам за тоа. Засега сум презадоволна од нивниот однос. Сите се професионалци, знаат многу добро зошто се дојдени тука. Надвор од теренот со нив сум другар, но на теренот сум тренер. Кога се работи - се работи, кога се шегуваме - се шегуваме. Мислам дека создадовме одличен амбиент во кој професионализмот го има главниот збор. Какво беше вашето искуство како играч со тренерите? Јас кога играв беше построго, казнената политика, ако така можам да се изразам, беше посурова. Имаше и многу вербални преминувања на таа дозволена линија после која се гази во зоната на нечовечноста. Јас, да речеме, не можам да си дозволам некого да навредувам. Кога си размислувам од оваа перспектива можеби ќе дадев повеќе, особено во тој креативен дел, доколку не беше тој грч предизвикан од таа „железна дисциплина“. Сега им велам на девојките дека ракометот е едноставна игра, само ние не треба да ја правиме сложена. Не сакам некој да ме разбере дека дисциплината не е важна. Напротив. Секој мора да знае што му е работата. Но, сето тоа може да се спроведе без суровост. Станува збор за веќе изградени личности од кои треба да се извлече најдоброто.

Од најдобар десен бек во светот до тренер

Како некогашниот најдобар десен бек во светот се одлучи да стане тренер? Беше ли тоа долг процес на размислување или логичен след на нештата по блескавата играчка кариера?


30

ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ

Јавноста знае дека јас од 2003 година имам своја ракометна школа. Да бидам искрена, кога ја прекинав кариерата имав чувство дека ми е доста од ракомет. Но, многу кратко, по три-четири месеци, повторно заигра тој ракометен нерв кој љубоморно те напаѓа, не те остава мирен. Ете, толку ми требаше конечно да сфатам дека ракометот е мојот живот, она што знам најдобро да го работам. Значи ми требало само мал одмор, да се средат мислите, веројатно како и кај многу мои колешки. Она што мислам дека најбитно е дека сум свесна дека сум млад тренер кој постојано сака да учи и учи. Неодамна бев во Хрватска да погледнам некој натпревар од европското првенство. Убедена сум дека можеш да научиш и од познатите европски и светски тренери, но и од оние малку поанонимните, па да кажам и понеквалитетните. Се купува знаење и од добрите потези во тој комплексен тренерски механизам, но секако и од грешките кои ги апсорбираш со мислата „ова мене не смее никогаш да ми се случи“. Ви се случило ли на тренинзите кога им делите совети на ракометарките да кажете - „јас ова и ова вака го правев“? Ми се случило, особено кога станува збор за техниката на шут. Знам да им покажам како јас сум шутирала. Но, тоа можам само да им го демонстрирам на десните бекови. Таа положба на раката знае да биде различна кај ракометарките на другите позиции. Сте имале повеќе тренери во кариерата. Но, кој е тренерот кој најчесто го споменувате кога зборувате на тема ракомет?

Имавме страшно строги тренери. Но, ако некого треба да издвојам тоа би бил Драган Нишевиќ. Тоа е човекот од кого сите имавме страв. Но и почит. Од него многу научивме. Токму неговото име го споменуваме и за добри и смешни работи, но и за лоши. Тој остави, веројатно, најдлабока трага во мојата кариера. Да бидам искрена, кога ја прекинав кариерата имав чувство дека ми е доста од ракомет. Но, многу кратко, по три-четири месеци, повторно заигра тој ракометен нерв кој љубоморно те напаѓа, не те остава мирен. Ете, толку ми требаше конечно да сфатам дека ракометот е мојот живот, она што знам најдобро да го работам.

Последната декада

Еволуираше ли женскиот ракомет во последнава декада? Играта е подинамична, но како и во останатите спортови сега се бара далеку поголема физичка подготвеност. Тогаш приматот го држеше техниката. Мојот тим за среќа го има и едното и другото. Имаме добри техничари, но и физички силни девојки за деструкција на играта. Тренерската одисеја ви започна со трофеј во македонското првенство. Какво е чувството да водите екипа која реално нема соодветен противник? Потребни ли му се на „Вардар“ и квалитетни мечеви во домашниот шампионат? И како играч ги доживував тие мечеви како и сега. Мојата прва титула во домашниот шампионат ми беше на некој начин битна, затоа што значеше дека ќе одиме во квалификации на Лигата на шампиони. Вардар е машинерија. Овие натпревари од далеку понизок ранг ги користам да им дадам шанса на младите девојки на тој начин да црпат искуство. Нам ни е неопходено силно првенство. Имаме многу малку квалитетни натпревари и тоа ни е можеби најслабата алка во целиот синџир. Како што самата рековте, инволвирана сте и во следењето на младите категории. Имаме ли, според, вас ракометна иднина? Најголемата болка е што немаме квалитетни натпревари. Едно е кога тренераш, но сосема друго е кога играш. Неспорно е дека во оваа земја има талентирани луѓе со сите предиспозиции да бидат квалитетни ракометари. Но, треба време и сериозна работа сето тоа да се обликува. Наум Котевски


ПРИЈАТЕЛСТВА

31

Волшебна Нова 2015! Дочекот на Новата 2015 нема да трае само миг, туку речиси цела недела! Од 25 до 31 декември Македонски Телеком и T-Mobile Македонија се генерални спонзори на богатата новогодишна авантура на Град Скопје! Местото каде што треба да се биде во овие претпразнични денови е паркот Жена Борец. Таму ве очекуваат големиот новогодишен маркет, детската волшебна шума, распеаната елка, дедомразовската трка и новогодишните работилници со млади дизајнери. На 31 декември вечерта, пак, треба да се биде на волшебниот дочек на Новата 2015 на плоштадот Пела!

Костени, колачиња и украси

Новогодишниот маркет им овозможува на граѓаните на Скопје 11 дрвени новогодишно украсени куќички каде што можат да се стоплат со печени костени, да пробаат колачиња, вина, рачно приготвени чоколади, германски колбаси, како и 5 куќарки за продажба на специјално изработени новогодишни украси.

ВЕ ПОКА НУВА НА

4 25-31.12.201 БОРЕ Ц ПАРК ЖЕН А ПЛОШ ТАД ПЕЛА

0РГАНИЗАТОР: УНИВЕРЗАЛНА САЛА - СКОПЈЕ

ЕТ НОВОГОДИШЕН МАРК А ШУМ ДЕТСКА ВОЛШЕБНА ТРКА ДЕДОМРАЗОВСКА К ДОЧЕ Н ЦЕНТРАЛЕ

СПОНЗОРИ:

МЕДИУМСКА ПОДДРШКА:

Хорови и хорчиња

500 костими за трка

Џиновски лампиони

Најважната ноќ

Распеаната елка е специјално изработена платформа во форма на елка каде што ќе настапуваат хорови со изведба на најразлични стилови на музика, како и повеќе детски хорчиња.

Младите дизајнери за време на креативните новогодишни работилници ќе го доукрасуваат паркот со цртање и декорирање џиновски лампиони.

Дедомразовската трка за којашто има подготвено 500 костими ќе се одржи на 28 декември во 12 часот со старт од плоштадот Филип Втори со цел пред Собранието на РМ.

Ноќта на 31 декември, граѓаните на плоштадот ќе ги забавуваат Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Мустафа Имери, Даниел Кајмакоски, Куку-леле и Елена Ристеска.


32

ДРУЖЕЊА

Децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ на тренинг со ракометарите на РК Вардар

Иницијативата за ваквото несекојдневно дружење произлезе од партнерството меѓу Македонски Телеком, Т-Мobile Македонија и ракометниот клуб „Вардар“ со кое играчите на трите клуба – машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“ и Фудбалскиот клуб „Вардар“ го носат на своите дресови знакот на светски реномираниот бренд.

Кога ќе ги споите професионалните и дисциплинирани спортисти со детската спонтаност и насмевка, неизбежно е да добиете слика која ќе ви го стопли срцето. Во спортската сала Јане Сандански на редовен тренинг на ракометарите на „Вардар“ се случи необично позитивна

атмосфера за која причина беше посетата на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“. За повеќето од нив Дибиров, Лазаров, Душебаев, Стоилов, Прибак се добро познати спортски ликови од ТВ преносите на спортските натпревари, а сега за првпат и се запознаа

со нив. Поминаа одлични час и половина на паркетот, забавувајќи и учејќи дел од триковите на големите ракометни мајстори. На крајот на тренингот на гостите им беа поделени дресовите на РК Вардар, со автограм од нивните омилени играчи.

Со Калиопи и Владо Јаневски во салоните на Т-Мobile T-Mobile е компанија која веќе ви е позната како поддржувач на добрата македонска музика. Соработката со Калиопи и Владо започна уште минатата година, а успешното долгорочно партнерство со веќе докажаните е продолжување на политиката на T-Mobile Македонија за дополнителна вредност за корисниците. На 10 ноември, понеделник во период од 18 до 19 часот во продажниот салон на Т-Мobile во Сити Мол, македонските музички ѕвезди: Калиопи и Владо Јаневски имаа неформална средба и дружење

со фановите каде што секој посетител можеше да добие нивни автограм. На 14 ноември ова дружење продолжи и во Куманово во период од 12-13 часот, и повторно во Скопје во Капитол Мол и тоа

на 15 ноември во период од 18-19 часот. Сите корисници на Т-Мобиле и љубители на добрата и квалитетна македонска музика беа добредојдени на овие и ќе бидат добредојдени на сите идни дружби од ваков вид!

Концертот на „Бијело дугме“ во Скопје Со поддршка на нашата компанија, а во организација на „Авалон“, на 7 ноември во преполната сала „Борис Трајковски“ се одржа концерт на „Бијело дугме“, нивни своевиден 40. роденден!

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и „Оркестарот за свадби и погреби“ му го „вратија“ долгот на Скопје од пред 9 години кога првпат се обедини/возобнови легендарниот бенд, но, за жал, го одмина нашиот град, одржувајќи концерти само во Сараево, Загреб и Белград. Во ноќта за паметење, на репертоарот беа стари хитови во нови аранжмани, но и 70% од песните на „Бијело дугме“ од 1974 до

1989 година! Светската турнеја по повод четириесеттиот роденден на бендот е именувана како „Ко не полуди, није нормалан!“ Кој не полуди од одушевување на концертот, навистина не беше нормален.


ПРИЈАТЕЛСТВА

33

Донација на невролошкиот оддел во Клиниката за детски болести

Македонски Телеком и Т-Мobile Македонија во средината на декември донираа софистициран медицински апарат во Клиниката за детски болести во Скопје. Сите деца на оваа клиника добија и новогодишни пакетчиња. Д-р А. Софијанова: „Во нашата амбуланта годишно во просек се прават 2.500 ЕЕГ прегледи. Овој апарат е неопходен за точната проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите“.

Донираниот медицински апарат е софистициран NEUROWERK EEG 36, прв од ваков вид во Македонија и со особено значење за невролошкиот оддел на Клиниката за детски болести. Тој овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и монторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести во Скопје.

Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком: „Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари. Особено кога се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно!“


34

ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОВОГОДИШЕН КАРВАН Веќе 13 години, традиционално, Фондацијата Т-Mobile за Македонија го организира хуманитарниот Новогодишен карван за најранливите групи на деца во земјава. Карванот ги посетува дечињата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства за кои специјално е организирана Новогодишна претстава. На сите нив им се делат пакетчиња, со што празничните денови стануваат посвечени и порадосни.

Крајот на годината за нас секогаш значи посета на најранливите категории на дечиња низ Македонија и незаборавно дружење со нив. Овој период е карактеристичен по дарувањето, споделувањето на добрата мисла и новогодишните желби, па затоа целосно се свртуваме кон оние дечиња на кои вниманието и љубовта им се најпотребни, обидувајќи се за

момент да им измамиме топла насмевка! Карванот го реализираат волонтери, вработени во Т-Мobile и Македонски Телеком. Оваа година од 17 до 30 декември, волонтерите посетија над 2.000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат различни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно!


ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

Новогодишниот карван ги посети: СОС Детското село, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ПОУ „Златeн Сремeц“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје, Здружението за деца со аутизам „Во мојот свет“, ПОУ „Свети Климент Охридски“ во Ново Село, Детската хирургија, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес, Струмица, Охрид, Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара, Децата во интернат при Основното училиште „Гоце Делчев“ во

Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” и децата од предучилишна возраст во Скопје и Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Заводот за деца со оштетен Слух „Kочо Рацин” и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола, Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари и Автокоманда и Кисела Вода, Здружението „Сумнал”, деца на самохрани родители членови на „Минус и плус”, Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај” во Скопје, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата

35

жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ „Христија Тодоровски Карпош” во Куманово, децата со посебни потреби во градинката, во ОУ „Лирија” и „Андреја Савески –Кикиш ” во Тетово, децата со посебни потреби во Дебар, Државно средно училиште за глуви „Партение Зографски”, децата во паралелки за деца со посебни потреби во Кавадарци, детскиот оддел на болницата „Свети Еразмо” во Охрид, децата згрижени во дом семејства во Скопје, здружението „Ластовица” и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во Скопје.

Нашите волонтери Маргарета Куртиќ

Анита Кескоска

Милена Кипријановска

Никола Костовски

Кој е Вашиот личен мотив за учество во Новогодишниот карван? Да се биде дел од Новогодишниот карван е пред сè едно големо исполнување, кое со тешко се опишува со зборови. Едно греење на душата, кое од година в година е сè поголемо и потопло. Да се разбуди новогодишниот дух кај децата, да се биде дел од нивните насмевки, нивниот свет, покрај пакетчиња да се сподели и радост, да се пее и игра заедно со нив... Сето тоа што се доживува за многу краток момент, сите тие детски гласови, детски насмевки, детски изненадувања се доволен мотив за да се биде дел од Новогодишниот карван и со големо нетпрение да се очекува секој нареден ден, наредна станица.

Од каде црпете енергија за олку напорна, иако благородна, активност? Од многу одамна, мојата мајка, која инаку беше волонтер во Црвен крст и волонтер во секоја хуманитарна активност, ми ја пренесуваше нејзината енергија од секоја успешно завршена активност и возвишеното чувство на среќа и исполнетост. Тогаш, како мала, имав желба да го продолжам истото, но не верував дека истото чувство можам да го доживеам. Оттаму тргна сето тоа и со секоја нова акција нешто однатре ме тера да одам понатаму и понатаму... Тешко е да се сподели насмевка во моментот кога срцето ти се растажува, но спротивно од тоа, кога ќе дојдеш во директен контакт со детето на кое најмногу од сè му е потребна позитивна енергија, добиваш уште повеќе сила и мотив. И... насмевките едноставно се редат!

Верувате ли дека светот може да стане поубаво место за живеење само со лична заложба? На волонтерството гледам како на ангажман преку кој човек ја гради својата и среќата на сите околу. Верувам во тоа дека не е доволна само мојата лична заложба за да стане светот подобро место за живеење. Потребен е ангажманот на секој поединец кој без којзнае какво трошење енергија може да го разубави местото каде што живее самиот, но и каде што живееме сите. Мое лично убедување е дека доколку секој вложи барем малку, светот ќе биде прекрасно место за живеење. Среќата не е нешто што се учи, сите ја знаеме, ја имаме во себе и само треба да ја разбудиме!

Во што најмногу верувате? Најмногу верувам во секојдневно правење дела кои некого ќе усреќат барем еден единствен миг. Во таа смисла, карванот на Фондацијата T-Mobile за Македонија , како еден сегмент од нејзините многубројни активности, во целост ја врши ваквата мисија. Бескрајно сум среќен во моментите кога ги гледам насмевките на детските лица. Кога човек одблизу ќе ги види тие чисти души како се радуваат, чувството е неописливо! За таквите моменти вреди сиот вложен труд!


36

ВРЕМЕ ЗА ЧАЈ

ТОПЛА ПРИКАЗНА (НАЛЕАНА ВО ШОЛЈА) Кога ќе налегнат снегови, ќе зафучат ветрови и зимата ќе ве окове со студ, најбрзо можете да се стоплите со две голтки топол чај: едната за телото, втората – за душата. Налејте ја приказнава во голема шолја и... испијте ја до крај! Едно култно (но и мошне поетско!) предание вели дека сè почнало еден ветровит ден во 2737 година п.н.е., додека кинескиот император Шен-Нунг се токмел да ја испие својата вообичаена попладневна шолја топла вода. Сосем случајно ветрот нанел неколку ливчиња од околното дрво во царската посатка, водата почнала да ја менува бојата, се разлеал пријатен мирис и царот, од љубопитство, се напил една голтка... Сето останото што следело потоа е... чиста историја. Дрвото, всушност било грмушката Camellia sinensis, од чиишто листови потекнуваат сите чаеви на светот. Основата е речиси секогаш Camellia sinensis, а конечниот вкус на напивката зависи од начинот на преработката на зимзелените листови и, секако, од додатоците.

Легенди, митови и преданија

Во приказната за скапоцените листови на Camellia sinensis, вткаени се нишки од древните легенди, митови и историски преврати од речиси сите краеви на Земјината топка. За прататковина на оваа билка се смета областа на југоисточна Азија, поконкретно североисточна Индија, северна Бурма, југозападна Кина и Тибет. Најстарите записи за чајната билка потекнуваат од Кина и датираат од првиот милениум п.н.е., но усните преданија досегаат многу подлабоко во минатото. Пиењето чај постепено прераснувало во составен дел на кинеската култура. Во почетокот тоа претставувало статусен симбол, првенствено затоа што чајната билка им била достапна само на повластените припадници на високите друштва. Тогаш чај пиеле

само интелектуалците во паузите меѓу читањето. Го пиеле и владетели, министри и угледни граѓани во специјални одаи, низ свечени церемонии што се менувале со текот на вековите. Набрзо чајот, најмногу поради кофеинот, навлегол и во будистичките храмови. Кинеските свештеници почнале да пијат чај за да останат будни и сконцентрирани. Според нивната приказна, основачот на зен будизмот – Бодидарма, медитирајќи пред некој ѕид 9 години, случајно заспал. Кога се разбудил бил толку разочаран од себе, што се казнил отсекувајќи си ги клепките на очите. Тие паднале наземи и од нив израснала првата Camellia sinensis грмушка.

Необична берба – „мајмунот е крив“

Camellia sinensis во почетокот не била култивирана билка, па нејзината берба била отежната. Вообичаено било бербата да се изведува со мајмун. Требало тој да се качи на дрвото, луѓето оздола да го задеваат со стапови сè додека мајмунот не се налути и не почне да ги мава со листовите! Значи, ефикасноста на бербата зависела од прагот на толерантноста на мајмунот. Сето ова време, додека Истокот се нервирал со спокојните мајмуни кои ја отежнувале бербата, Европа не ни знаела за задоволството што допрва ја очекува. Првите количества чај стигнале на Стариот континент дури во средината на 17 век.

Чајот како мираз

Во најголемиот број земји, речиси целиот 17 век чајната билка се користела само како лек, сè додека Англичаните не ја


ВРЕМЕ ЗА ЧАЈ

24

потопиле во вода и не ја откриле „радоста на векот“. Англиската традиција за пиење чај почнува со венчавката на кралот Чарлс II и португалската принцеза Катарина од Браганса. Чајот бил нејзин мираз. Оваа неугледна и мошне несреќна жена останала запаметена во историјата како „жената што ги научи Англичаните да пијат чај, да јадат од порцелан и да прават џем од портокали“. Таа 23 години била во брак со Чарлс не поминувајќи ниту една ноќ со него, зашто, едноставно, на Чарлс II не му се допаѓала, а морал да се ожени со неа заради миразот,.. заради чајот.

Бостонска чајанка

Американскиот револт против доминацијата на Британија во светската трговија со чај кулминирал во вистинска одмазда, во историјата позната како „Бостонска чајанка“. На 16 декември 1773 Американците ги потопиле огромните контејнери чај, приготвувајќи го најголемото, океанско количество од актуелната напивка. Можеби токму поради „Бостонската чајанка“, Американците никогаш не се „навлекле“ на чајот, како Англичаните. Сепак, нивниот придонес и во чајот е голем. Филтер вреќичките се американски изум, како и ладниот чај и инстант чајот во гранули (измислен 1930, но последниве години, особено популарен).

Модерни митови: чај во млекото, или млеко во чајот?

Хемичарите и ден денес расправаат дали во чајот се дотура млеко или во млекото – чај? Инаку, суштината на оваа практика е социјална диференцијација. Сиромашните Англичани пиеле чај во земјени посатки кои би пукнале доколку во нив се стави врел чај. Затоа, во нив првин се ставало малку студено млеко. Богатите Англичани, пак, кои пиеле во високоотпорни порцелански шолји немале таков проблем, инсистирале првин да се става чај, а потоа да се долева млеко во него. Значи, проблемот е социјален и класен, а не хемиски.

За зборовите, вкусовите и... дефинициите Постои само еден единствен кинески збор за чај, кој во различни дијалекти бил различно изговаран. Така во светот „стигнал“ во двете најчести варијанти, како „те“ и како „че“. Оттаму англиското „теа“, на пример, нашето „чај“ и уште многу, многу варијанти насекаде низ светот. Иако за вкусовите не вреди да се зборува, сепак, не бидете скептични доколку некој ви каже дека чајот не му е вкусен кога се налева од ниско, на пример... Височината од која се налева чајот во шолјата е значајна за конечниот вкус на чајот, барем во Република Мали. Таму постојат дури три различни имиња за истата напивка во зависност од која височина е налеана течноста во шолјата: la vie, l’amur, la mort (живот, љубов, смрт). Не знаеме дали налевањето од високо е живот или смрт, ама затоа налевањето од „умерена височина“ е сигурно љубов-чај. Во студените области на Азија, пак (Тибет, Монголија, Непал), во чајот се додава путер кој на организмот му ги обезбедува неопходните калории. Се додава и крупна сол и маст од јак и вкусот повеќе потсетува на супа од месо. Веќе со векови овој чај прави збрка во западните дефиниции за чај.

Јадење чај, пиење приказни

Во кинеската провинција Хунан не се вика пиење чај, туку јадење чај. Но, тоа не е случајно. Во Хунан традиционално во чајот се ставаат сол, ѓумбир, печена соја и сусам кои по испивањето на течноста, се јадат во буквална смисла. Дали вие во овие зимски дни ќе јадете или ќе пиете чај, зелен, црн, руски, од јасмин или од магдонос,.. дали ќе го налеете во шолјата од голема или од „умерена височина“,.. зависи само од вас. За што и да се решите, не заборавајте патем да ја испиете до крај и приказнава... О. Ќ.

Необични годишнини

106. роденден на филтер вреќичката за чај

Во 1908 година, американскиот трговец со чај од Њујорк – Томас Саливан (1854-1921) ја „измислил“ првата филтер вреќичка. Овој многу популарен изум кој значително го поедноставил животот на милионските љубители на топлата напивка, настанал случајно, додека Саливан се обидувал што поефектно да ги презентира своите примероци чај пред сопствениците на њујоршките ресторани. Ги пакувал во свилени ќесиња кои досетливите готвачи, за да не ги растураат кујните и да не ги расејуваат ливчињата, почнале директно да ги потопуваат во врела вода. Набрзо свилата се заменила со газа што довело до вистински инстант-успех на практичноста.

84. роденден на конецот на вреќичката

Дваесет и две години подоцна, во 1930 година, Вилијам Хермансон придонел изумот на Саливан да стане уште попрактичен. Тој на „Саливановата“ вреќичка и додал конец со кој уште поедноставно и поелегантно можела да се спушти во топла вода. Така, во 2008, освен 100. роденден на филтер вреќичката за чај, можете да го прославите и 78. роденден на нејзиниот конец!


38

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ

СО МОЈ КЛУБ СЕГА ДОБИВАТЕ ПОВЕЌЕ! НАЈГОЛЕМАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ - МОЈ КЛУБ СО УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРИДОБИВКИ ЗА ВАС! ОСВЕН ПОЕНИТЕ ШТО РЕДОВНО ГИ ДОБИВАТЕ ОД Т-MOBILE И T-HOME, ДОПОЛНИТЕЛНО, СОБИРАЈТЕ МОЈ КЛУБ ПОЕНИ СО СЕКОЕ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: „ТИНЕКС“, „КОСМО“, „НЕПТУН“, ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP (OKAIDI, BATA, MANGO, GOLDEN POINT, GEOX, TIMBERLAND, HUGO BOSS, FASHION ID, GIOVANNI GALLI, CELIO, FASHION&FRIENDS, WOMEN’S SECRET, PARFOIS, SPRINGFIELD, BLANCO, BITSIANI) И TRAVEL SOLUTION. Собраните поени користете ги за плаќање во која било продавница на нашите партнери, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба. Сè што ви треба за да ги соберете или, пак, за да платите со поените е вашиот телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето. Кога сте на каса, само свртете на бесплатниот број 180, допрете го мобилниот до терминалот пред вас и соберете ги поените со вашиот телефон или платете ја вашата сметка со поените кои веќе ги имате собрано. Кој може да ја користи партнерската програма Поволностa важи за сите корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број и го носат својот мобилен телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. За повеќе детали посетете ги веб страниците www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk.

Проширување на семејството Со партнерската програма за лојалност, семејството на Мој клуб го проширивме и за припејд корисниците на Т-Mobile кои ќе можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на T-Mobile, кои се корисници и на услугите на T-Home, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите на двете компании, а преку својот мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери. Собирање поени Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Тие имаат важност од 2 години. Може да собира секое физичко лице со поединечна претплата, секој член од фамилијарните тарифни модели за физички лица при што собраните поени ќе бидат ставени на фамилијарното салдо на Мој клуб поени, секој член од Team тарифните модели за деловни корисници при што собраните поени ќе бидат ставени на групното салдо на Мој клуб поени, назначени вработени од секоја компанија, вработените во компании кои обиваат месечна фактура и секој припејд корисник на Т-Mobile. Бројот на собраните поени ќе биде прикажан во наредната Т-Mobile фактура. Преглед на собраните и искористените поени Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, припејд корисниците, како и корисниците кои не добиваат месечна фактура ќе добијат месечен SMS за направените транскации и вкупното салдо, со најавување на Мојот T-Мobile, на месечната фактура како вкупно Мој клуб салдо, преку нашиот Контакт центар, на 122, со праќањеа SMS на бројот 070 142 566 со текст Моj klub и во сите наши продажни места. (Цена на една пратена SMS на 070 142 566 е 5 ден.)


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ДОЈДИ ДО ПОСАКУВАНИОТ ТЕЛЕФОН СО ПОЕНИТЕ ОД MOJ КЛУБ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

ШИФРА: 20513 SONY ZII 159 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20514 SONY E1 37 250 ПОЕНИ

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

39


40

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 20510 ACER LIQUID Z4 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20502 ALCATEL 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20500 LG L40 27 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20491 ALCATEL 7 250 ПОЕНИ

OT POP 8 WIFI

2001

ШИФРА: 20490 ALCATEL IDOL MINI 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20503 HTC DESIRE 610 74 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20496 HUAWEI Y530 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20506 LG L70 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20507 LG G2 MINI 94 950 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 20526 NOKIA 530 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20492 NOKIA 515 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509 NOKIA LUMIA 630 47 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20518 SAMSUNG E1200VE 6 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20511 SAMSUNG 3590 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20522 SAMSUNG GT-S5611VE 23 750 ПОЕНИ

ШИФРА: 20487 SAMSUNG GALAXY CORE PLUS 47 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20499 SAMSUNG S5 WHITE 179 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20523 ZTE MF667 USB STICK 4 950 ПОЕНИ

41


42

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ ШИФРА: 90102 БИОГРАФИЈАТА НА СТИВ ЏОБС 3 098 ПОЕНИ

ШИФРА: 90075 DELUXE ЧАНТА ЗА ЛАПТОП СО ТРКАЛЦА 16 930 ПОЕНИ

ШИФРА: 10509 ЈАЖЕ ЗА СКОКАЊЕ KETTLER 1 929 ПОЕНИ

ШИФРА: 90072 ДРЖАЧ ЗА ВИНСКИ ШИШИЊА 10 792ПОЕНИ

ШИФРА: 90071 КОЖЕНА ДЕЛОВНА ЧАНТА 75 092 ПОЕНИ

ШИФРА: 10478 РАНЕЦ ЗА ЛАПТОП CASE LOGIC 16 678 ПОЕНИ

ШИФРА: 30077 BL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E1 9 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30084 БАТЕРИЈА BACKUP 9000 MAH 10 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30080 HUAWEI TALKBAND B1 BLACK 31 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30073 HARMAN KARDON® ESQUIRE MINI 44 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30091 ЗАШТИТНА ФУТРОЛА XQUIST IPHONE 6 БЕЛА 1 195 ПОЕНИ

ШИФРА: 30090 ЗАШТИТНА ФУТРОЛА XQUIST IPHONE 6 ЦРНА 1 195 ПОЕНИ

900 ден.

2000 ден.

300 ден.

ШИФРА: 120001 Е-ВАУЧЕР 300 1 500 ПОЕНИ

590 ден.

ШИФРА: 120002 Е-ВАУЧЕР 590 3 000 ПОЕНИ

ШИФРА: 120003 Е-ВАУЧЕР 900 4 500 ПОЕНИ

ШИФРА: 120004 Е-ВАУЧЕР 2000 8 000 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

43

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 30081 ЗАШТИТНА ФУТРОЛА – РК ВАРДАР 1 600 ПОЕНИ

ШИФРА: 30082 НАВИВАЧКИ ШАЛ – РК ВАРДАР 2 075 ПОЕНИ

ШИФРА: 30083 ДРЕС 03-545-2030 STAY AUTHENTIC ST. S/S 8 850 ПОЕНИ

ШИФРА: 30085 SAMSUNG ЗАШТИТНА ФУТРОЛА ЗА NOTE 4 4 475 ПОЕНИ

ШИФРА: 30086 SAMSUNG ФУТРОЛА ЗА GALAXY ALPHA 4 475 ПОЕНИ

ШИФРА: 30087 SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА NOTE 4 8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30088 SAMSUNG ФУТРОЛА ЗА S5 МИНИ 8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30089 ЗАШТИТНА ФОЛИЈА ЗА ЕКРАН ЗА HTC DESIRE 610 425 ПОЕНИ

ШИФРА: 30092 ЗАШТИТНА КОЖНА ФУТРОЛА ЗА IPHONE 6 ЦРНА 11 850 ПОЕНИ

ШИФРА: 30093 ЗАШТИТНА КОЖНА ФУТРОЛА ЗА IPHONE 6 ЦРВЕНА 11 850 ПОЕНИ


9,9

денари минутA

ПОЗДРАВ ОД СНЕЖНИТЕ ВРВОВИ! ЗБОРУВАЈТЕ НАЈЕВТИНО ВО РОАМИНГ. Активирајте ја услугата Најевтин роаминг за еднократен надомест од 99 денари со јавување на 142 099. При секој повик, внесете го телефонскиот број со префикс *123*07XXXXXXX# Најевтиниот роаминг можете да го активирате и од странство, без дополнителен трошок, на *122#

Понудата важи за сите припејд, постпејд и бизнис корисници во периодот од 19.12.2014 до 28.02.2015 год.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.