Page 1

БР.99 MAJ 2015

Гости:

ИГОР КИРОВ „МЕДЕНА НОЌ“ „ТЕРОРИЗАМ“ МАЈА КУЗМАНОВСКА

НИЕ ГИ ПОВРЗУВАМЕ ЛУЃЕТО ВО ЕВРОПА.

Нови телефони

SAMSUNG S6 HTC ONE M9 Пријателства

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ


АРЕНА СПОРТ 24 МЕСЕЦИ БЕСПЛАТНО СО СЕКОЈ 3 MAX ИЛИ FAMILY BOX ПАКЕТ Ако и ти живееш за спортот, MaxTV e најдоброто за тебе! Земи Family Box или 3 Маx сега и добиј ги ексклузивните спортски канали Арена Спорт, бесплатно во наредните 24 месеци! Искористи ја оваа промотивна понуда и гледај ја Лигата на шампионите, единствено на најдобрата телевизија - MaxTV. За повеќе информации и нарачки, јави се на 122, посети нè на t-home.mk, t-mobile.mk или во најблиската Телеком продавница.

Промотивната понуда трае до 15 јуни 2015 и важи за сите нови 3 Max, 3 Max Optic или Family Box договори склучени на 2 години. Понудата не важи за постојните MaxTV корисници. По истекот на 24 месеци, ТВ каналите Арена Спорт 2, 3 и 4 автоматски се деактивираат.


СОДРЖИНА 4-5 10 12 22 26 38

Телефони:

Samsung S6 HTC One M9

Нови технологии:

Најголемите хитови на социјалните медиуми

Другата страна на технологијата:

Хај-тек домашни миленици

Некаде...

Џиновска плеј листа на желбите

Модерни спортови

Чудесии за нормални луѓе

Каталог на подароци

Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Уредник: Оливера Ќорвезироска; Дизајн: Oдговорен сектор: Маркетинг и Комуникации. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.

Издава: T-Mobile;


4

ТЕЛЕФОН

Samsung S6

МЕРЕЊЕ НА ПУЛСОТ НА КОРИСНИЦИТЕ Секојпат кога ќе пристигне нов телефон на врвната Galaxy линија на Samsung, очите на светот се вперени во новитетите кои ги нуди. И овојпат, Samsung не изневеруваат. Хардверски гледано, ова е најбрзиот, најтенкиот телефон со најдобра камера на светот и воопшто најдобриот телефон кој Samsung го има произведено!

Батеријата не се менува и не може да се стави SD картичка. Мислам дека завршивме со негативните аспекти на уредов, па може да се посветиме на другите. amsung за прв пат користи високо квалитетно стакло однапред и одзади, со метална рамка и приклучок за наноSIM. Екранот има дијагонала од 5.1” (~13cm), Super AMOLED eкран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и неверојатни 577ppi. (пиксели на инч). Процесорот со 8 јадра и вградените дури 3 GB RAM се заслужни за брзината оставајќи ги далеку зад себе конкурентите во сите benchmark тестови. Една од првите апликации кои фасцинираа на Android беа апликациите за мерење пулс со поставување на показалецот на стандардната камера на уредот, која после беше измачкана и произведуваше мат ефект на што и да фотографирате. Заради ова Samsung на S6 решиле да вградат и посебен сензор со кој во секој момент можете да го измерите вашиот пулс. Ова би им било посебно привлечно на спортистите, но и на сите оние (пре)загрижени за своето здравје. Внимавајте, иако не е мерење притисок, доколку дознае бабата од трети кат, има добри шанси да ви доаѓа секој ден дома да ѝ мерите пулс.

Чудо од камера...

Камерата има 16 MP и е со врвен квалитет, произведува одлични фотографии во темни услови и има оптичка стабилизација. Една од карактеристиките кои се поинакви од конкуренцијата е пошироката бленда од (f/1.9) што значи подобра острина, можност за нејзино рачно нагодување (издвојување на објект од позадината), подобри слики во движење. Оптичката стабилизација е исто така реткост кај мобилните уреди, ноќните снимки одлични, а

осветлувањето од LED блицот не ги „гори“ сликите. Посебно е привлечно рачното нагодување на камерата (ISO, white balance, фокус, компензирање на експозиција), односно можноста да си снимите сопствен сет од рачни нагодувања. Сличното важи и за ефектите – доколку креирате ефект кој ви се допаѓа, а го нема во стандардните, може да го снимите и оп - главни сте на Инстаграм. Има дури и финта за Virtual shot – снимање на предмет од различни агли и негово прегледување со наклон на екранот. Звучи малку посупер отколку што навистина е, ама сеедно... Можноста за фотографирање панорама е до 3200px, а видео-камерата е приказна за себе. Во соработка со моќниот процесор, камерата може да снима со максимална резолуција од 2160p со 30fps (рамки во секунда), односно 1080p со 60fps, 720p со 120fps, што значи исклучително квалитетни снимки во slow-motion.

... и батерија која издржува... цел ден

ОК, не звучи спектакуларно, ама е доволно импресивно за сите нас кои дополнуваме батерија при крајот на денот. Со целото тестирање на нов уред од овој ранг, на Samsung S6 и неговата батерија од 2550 mAh на крајот на денот им останаа уште 20-тина проценти енергија. Уредот поддржува има сензор за отисоци на прстите, 4G (макс 300Mbps при преземање, 50Mbps upload), GPS (A-GPS, GLONASS, Beidou), NFC, инфрацрвен предавател, WiFi a/b/g/n/ac, хотспот и предна камера од 5MP. Вграден е и приемник за безжично полнење, а интересно е дека доколку користите MHL адаптер уредот поддржува полна резолуција на телефонот (4К на вашиот ТВ) и 7.1 аудио на вашиот засилувач. Доколку веќе не сте го нарачале онлајн, тогаш можете тоа да го направите веднаш или да појдете во Телеком продавница да го испробате овој супер-телефон. Ј. Гиров


HTC One M9

HTC ONE БЕСКРАЈНАТА ПРИКАЗНА Можеби навидум One M8 (и One M7) и One M9 изгледаат исто, но HTC One бескрајната приказна е нешто што не функционира само на прво око. Секоја наредна сериска бројка е технолошка реплика, одговор на претходната. One М8 „слуша“ што му се зборува и... станува One M9 итн., итн... One M9 беше претставен непосредно пред годинашниов Mobile World Congress во Барселона како flagship модел на HTC. Накусо, One M9 е подобрен One М8 во однос на двете камери (предната и задната), во однос на репродукцијата на звукот и стабилноста во острината на приказот на сликите, има и корекција во позицијата на типките, осовременување и на чип-сетот... HTC One M9 доаѓа со 5-инчен Super LCD екран со Full HD резолуција, прекриен со Gorilla Glass 4 и опремен со најсовремен Snapdragon 810 и со пар quad-јадра: едното на 2 GHz, другото на 1,5 GHz. Adreno 430 графиката, 3 GB RAM, 32 GB меморија проширлива со microSD картичка... Двете

камери од претходниот модел буквално си ги имаат заменето местата, секако заедно со зголемувањето на резолуцијата на камерата која сега е задна – 20,7 мегапиксели. Селфи-камерата е останата каква што беше, познатата (и докажана) 4-мегапикселна.

Прв поглед – прв допир

На прв поглед, One M9 нема да го препознаете како новитет. Зашто – и не е, иако на „прв допир“ веднаш ќе ја почувствувате разликата. Премиум финишот се чувствува истиот миг кога апаратот ќе ви легне в дланка. Невообичаениот начин на изработка (независно од бојата на различните можности) подразбира едно парче метал – исцело и недодавано! За нијанса е и потенок од претходникот, а впечатокот за поголема цврстина и „доверливост“ е сепак засилен. Со сево ова, слободно може да се каже дека HTC One M9 е смартфон од премиум класата кога станува збор за Andoid OS.

Преселбата на типките и батеријата

Power типката од горниот раб на смартфонот-претходник е преселена на десниот раб во висина на палецот, што е многу поприродна положба. Горниот раб на One M9 сега го покрива црна, стаклена маска под која

се неколкуте сензори. Интересно е што новиот модел е пократок и потесен од претходниот за цел милиметар, а сепак HTC успеале во „помалото“ куќиште да вметнат „поголема“ батерија: наместо 2.600 mAh – 2.900 mAh. Сево ова носи поголема разлика в рака - додека се користи апаратот, отколку на хартија - додека се пишува и чита за тоа.

Исклучителна острина

Екранот на One M9, според официјалните информации е непроменет во однос на неговиот претходник, што значи резолуцијата од 441 ppi е истата, но она што треба, сепак, да се забележи е значителното подобрување во рамките на навидум истите перформанси. Претходниот модел нудеше беспрекорна острина на приказот само на статичните слики, додека при движење, острината се губеше во некакво треперење... Токму овој „недостаток“ е комплетно коригиран, без промена на резолуцијата, што заслужува екстра пофалба. Тој непријатен ефект сега го нема и екранот нуди исклучителна острина во секаква ситуација. Толку за читање, а за да го имате в рака – побрзајте во продавниците на Телеком. Таму веќе ве чека новиот, совршен „брат“ на One M8.


6

ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Игор Киров, кореограф и танчар

ПРЕКУ ТРЊЕ

ДО ЅВЕЗДИТЕ

Роден е во Штип, живее во Дрезден. Овој уметник со неуморлив дух и несопирлив карактер, чијашто уметност извира од длабочината на душата и држи цврста врска со поднебјето од кое потекнува, години наназад ги пренесува своите уникатни танцови креации и знаење, од Куба и САД, преку Германија, Австрија, Швајцарија, Холандија, сѐ до Кина и Кореја..


ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Бележитиот авторски поход на Игор Киров кон современата европска и светска танцова сцена започна уште со авторскиот перформанс „He, he, helium“ создаден врз музиката на Горан Бојчевски, со кој постигна широка популарност во повеќе места низ светот, меѓу кои Љубљана, Скопје, Панама, Сеул, Пекинг, Велење, Бусан. Потоа, како танчар и кореограф има работено и во Нирнберг, Цирих, Штутгарт, Абу Даби, Токио. По 15 години интензивно танцување, со по 5 премиери годишно и со најмалку 20 претстави од секоја од нив, лани решава целосно да им се препушти на кореографијата и педагогијата. Така со неговото име ќе бидат потпишани повеќе успешни модерни поставки, како „Дневникот на Нижински“, дуетот „Touch“, „Before I Let you go“, „From that Moment On“, „Помеѓу овде и сега“, мјузиклот „Fame“, како и претставата „14 часа”, во режија на Наташа Поплавска, а на музиката на Кирил Џајковски. Со првенците на Македонскиот балет, Александра Мијалкова и Василиј Чичијашвили во носечките ролји, оваа претстава досега доживеа неколку успешни претставувања и надвор од матичната сцена, па така во нејзината убавина и комплексност уживаше публиката на „Охридско лето“, но и онаа во Виена, Рим и Париз. Но, приказната на ова балетско дело не сопира тука. Наскоро се очекува да ги освои и Берлин, Амстердам и Лондон.

За почетоците, за излегувањето надвор и за наградите

Мој клуб: Би сакале ли да ни го скицирате вашиот пат до светските танцови сцени и ценетите кореографски кругови? Дали и тој може да се поистовети со онаа познатата латинска фраза Per aspera ad astra („Преку трње до ѕвездите“)? И. Киров: Имајќи го предвид фактот дека со танцот почнав да се занимавам доста доцна (многу подоцна од вообичаеното за таа професија), морав уште на самиот почеток да се вложам тројно повеќе од моите колеги и да стигнам до тука до каде што сум денес. Единствено пожртвуваноста, упорноста, неуморноста и пред сѐ

желбата ме донесоа до овде. Ова место си го изборив самиот, со свој труд. Сега ми е мило кога ќе се свртам назад и ќе се сетам на моите почетоци во Пионерскиот дом во Штип, на настапите на „Макфест“, на натпреварот „Мак денс“ во Куманово и моето конечно влегување во тогашното најпопуларно студио за модерен танц „Ребис“ под раководство на Гордана Деан. Потоа следуваше и формалното балетско образование во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, но и бројните настапи на разни манифестации и телевизиски програми, кои во деведесеттите ги имаше во изобилие. Работниот дел од денот ми почнуваше во 10, а завршуваше по 23 часот. Во тој период ги исцрпив сите можни начини за едукација и на крајот бев решен дека морам да најдам начин да заминам во странство на доусовршување. Кое беше вашето прво излегување во странство? Смогнав сили и со помош на мојата другарка Елизабета Гриовска, која веќе беше дел од престижната ротердамска Академија за уметност „Codarts“ (на одделот за модерен танц), да влезам во редовите на оваа врвна холандска образовна институција. По дипломирањето веднаш добив работа и несопирливо се редеа сезоните со многу претстави и гостувања. Мојот прв професионален ангажман беше во холандската трупа „Galili Dance“ со седиште во Гронинген, за потоа да се префрлам во ротердамската компанија „DanceWorks“. По неа следуваа ангажманите во балетски компании во Германија, Австрија, Белгија и Франција и така по 15 години интензивна професионална кариера како

7

танчар, официјално својата последна целовечерна претстава ја одиграв во Државниот театар во Дрезден, во јуни минатата година. Кога „стигнаа“ наградите? Кажете ни што сѐ имате направено досега? Додека се надградував како танчар, чувствував дека во мене има и нешто повеќе од самото чувство за игра. Работата со врвни кореографи кај мене иницираше и потреба за поинакво творење и поттикна создавање лични креации во вид на дуети и триа со кратка содржина и траење. Веднаш произлегоа настапите и наградите, а со тоа и порачките за помали кореографски дела од страна на компаниите. Првата награда ја освоив во 2006 година на фестивал во Нагоја, Јапонија кога бев прогласен за најдобар млад кореограф кој ветува, а подоцна дојдоа и двете награди од престижниот MASDANZA, па наградата во Белград со дуетот „Touch“, потоа влегувањето меѓу финалистите во Манхајм и Хановер и секако специјалната награда за најдобра кореографија во Кина. Овие награди само ме мотивираа да работам повеќе, но со време „возењето“ на три колосеци (како танчар, кореограф и предавач) стана многу напорна и затоа минатото лето се збогував од играњето. За свое прво големо кореографско претставување го сметам она во Операта во Грац, а потоа и она со претставата „Помеѓу овде и сега“ во МОБ. Потоа следеа и поставките во „Orlando ballet“ во САД, па Државните театари во Дармштад, Штутгарт и Келн итн. Моите кореографии се изведувани на реномирани фестивали во Кореја, Шпанија, Германија, Франција, Австрија... Кога вака ми дадовте задача


8

ГОСТИН НА МОЈ КЛУБ

Игор Киров, кореограф и танчар Конечна цел или конечно задоволство

да ви кажам сѐ што сум направил до сега, гледам дека не можам да добројам.

Со или без музика...

Очигледно, музиката многу ви значи. На светските сцени, неретко можеме да видиме и балети без неа или такви кои речиси и да не го следат музичкиот пулс. Можно ли е да работите нарачка на балет врз музика што не ви се допаѓа? Музиката посебно ми значи и од неа црпам многу за моите креации. Но, некогаш, каков што беше случајот со „Дневникот на Нижински“, таа може и да оди на нерви (се смее). Стануваше збор за модерна атонална музика и не секој е едуциран или има афинитети кон неа. Но, во таквите ситуации јас прво ги создавам чекорите воден од главната идеја, а потоа се обидувам да ги интегрирам во музиката и така да го извадам максимумот од она што е замислено. Како ви успеа да ја извлечете таа пластичност и нов модерен израз од првенката на Македонскиот балет, Александра Мијалкова, која е позната по својата врвна префинетост и строгост, иманентна на класичната балетска школа? Тоа е дефинитивно нова светла референца во нејзината биографија, но и самиот балет „14 часа“ е ведрина во македонскиот современ танц, дури и пошироко. Мијалкова е навистина голем професионалец со јасни цели пред

себе – да освојува нови простори и да не се откажува сѐ додека не го постигне замисленото. Ваквиот став ми помогна најмногу, па во таа смисла, сите часови на заедничка работа во сала, придружени со критики и корекции, но и пофалби, нѐ донесоа до тоа ниво таа длабоко да навлезе во модерниот танц, иако е врвен класичар, а јас да добијам таков извонреден изведувач на мојата кореографска творба. Тука секако не смееме да го заборавиме и нејзиниот одличен партнер, првенецот на МОБ, Василиј Чичијашвили. Така претставата „14 часа“ прерасна во одличен македонски производ во сите аспекти (кореографија, музика, светло, костими, изведба), полн со свежи идеи кои предизвикаа овации кај публиката која го виде досега. Оваа претстава наиде на големо одушевување и позитивна критика и во Рим и во Виена и неодамна во Париз. Зошто првин ви требаше интернационална потврда, за потоа да ве сфатат сериозно и во Македонија? Вие не само што игравте и поставувавте на елитни сцени, туку и предававте во реномирани школи. Држевте и тука семинари и предавања во приватните школи и академии (со Рисима Рисимкин успешно соработувате уште од 2010), но дури подоцна ве поканија да подучувате на ФМУ во Скопје. Тоа кај нас речиси секогаш оди така. Таков ни е менталитетот и таков веројатно и ќе остане и во блиска

Мој клуб: Кое е главното мото што ве движи напред и која е вашата конечна цел во уметноста? Кога ќе речете дека сте задоволен и дека сте успеале во професионална смисла? И. Киров: Јас сум секогаш многу самокритичен и тоа се отсликува во мојата работа. Затоа, за да бидам задоволен од играчите кои го изведуваат моето кореографско дело и да речам дека е тоа добро, треба навистина да биде добро. Истраен сум до последниот момент и секогаш верувам дека може повеќе. Мислам дека никогаш нема да кажам УСПЕАВ, бидејќи секој нов проект е нов подвиг. Искрено се надевам дека нема да дојде тој ден кога ќе речам успеав, зашто тоа би значело и дефинитивен крај на креативноста и работата (се смее). Имам многу идеи кои сакам допрва да ги реализирам и ќе се потрудам тоа и да го остварам. Штом можев пред 11 години, откако ми беше дијагностициран артритис (тешко воспаление на зглобовите проследено со силни болки) повторно да застанам на нозе и да продолжам со тоа што е мојот живот – танцот, тогаш сега можам сè. иднина. Ќе треба да се појави минимум уште една генерација за да дојдат промените, а можеби и повеќе. Сепак, јас сум задоволен од развојот на нештата. Дали вашето семејно презиме Киров ви помогна или ви одмогна во кариерата? Познатиот советски балетски ансамбл на театарот „Киров“ (денешен „Марински“) е престиж во светот на балетот. Згора на тоа и името Игор (Стравински) во таа комбинација, ја прави асоцијацијата балетски уште посилна. Но, сè се сведува само на тоа. Патот си го трасирав и си го одам сам, со никакво помагање или одмагање во таа смисла. Текст: Б.К.М Фотографии: Е. Николова-Лиере


УЖИВАЈТЕ СО MAXTV И НАЈБРЗИОТ ИНТЕРНЕТ И ВО ВАШАТА ВИКЕНДИЧКА! АКТИВИРАЈТЕ ПО ПОТРЕБА!

Пакети за дена, 3 дена, 7 1 месец

Отсега можете да уживате со MaxTV или интернет и додека сте во вашата викендичка без да плаќате редовен месечен надомест! Плаќајте само кога ги користите временски ограничените пакети од 3 дена, 7 дена или 1 месец, согласно вашите потреби. Побарајте ја услугата која сакате да ја користите: само интернет или комбинација од интернет и телевизија во најблиската Телеком продавница или на 122. Потоа, изберете MaxTV по потреба или Интернет по потреба пакет по ваша желба и активирајте го брзо и едноставно, директно од вашата викендичка. За целосно уживање, достапни ви се и дополнителните пакети со богати филмски и спортски содржини. Понудата е наменета за сите постојни корисници на 3 Max, 2 Max, Call & Surf, MaxADSL и Optic пакетите. За повеќе информации, јавете се на 122, посетете нè на t-home.mk или во најблиската Телеком продавница.


10

НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ Социјалниот граф е новата популарна фраза на годината, новата играчка на програмерите на социјалните мрежи и маркетерите на дигиталните брендови. Што тоа значи? Всушност, тоа е едноставно правило кое вели дека она што ви се допаѓа вам, најчесто им се допаѓа на вашите најблиски пријатели, а она што ви се допаѓа, сакате да го гледате почесто. Зад тие два основни темелни принципа лежи основата на поминување на најголемото време онлајн во сините рамки на социјалните медиуми на новата доба. И, што е таму популарно, што се најголемите хитови, и што тоа кажува за човештвото како целина? За потребите на овој текст, ќе ја земеме Facebook како најраспространета мрежа, со нејзините катактеристики и најпопуларни хитови. Во јазикот и светот на Facebook, метриката на популарност е колку пати ќе кликнете на копчето „Ми се допаѓа” или поедноставно и поразбирливо изразено во популарен жаргон, ќе ставите лајк.

Страници, лајкови

Во истиот тој свет, профилите и корисниците се граѓаните на социјалната мрежа, а страниците се темите, брендовите и дикусиите околу кои се собираат граѓаните. Во некоја полуобјективна - полулична анализа, да видиме кои се најпопуларните страници на оваа мрежа, и што може да заклучиме од нив за човештвото како целина. Има само едно правило: Страницата не може да е врзана со бренд и водена од маркетинг тим, мора да е самоодржлива и некомерицијална. Тука отпаѓаат првите топ 100 кои се водат официјално како најпопуларни, каде преовладуваат двете најпопуларно платформи (Facebook и YouTube), познати пејачи и музички бендови, глумци, фудбалски клубови и фудбалери, ТВ серии (Simpsons! Јее!) и така натаму.

Водена од неколку онлајн водичи, а и од своето присуство на социјалните мрежи, мислам дека гледам една убава појава и заедничка карактеристика на најголемите хитови на социјалните мрежи.

I f**king love science

Ова е името на една од најпопуларните страници на Facebook, со речиси 20 милиони „лајкови”. Се занимава со интересни научни факти и фасцинација од научни феномени. Освен сировите факти, начинот на презентација е со шеги, мемиња и забавни коментари. Во моментот на креирање на овој текст, на насловната страница приказната беше „Зошто луѓето толку се плашат од пајаци”. Одговорот е, вродено чувство да препознаваме животни кои потенцијално можат да зададат смртоносен гриз. Интересно! На крајот од краиштата, иако е доста популарен и лесен пристап за промоција на наука и научно размислување, ми влева голема надеж дека науката наоѓа интерес и може да се допре до љубопитноста и истражувачкиот дух на толку многу луѓе.


Word Porn

Хм, иако насловот на оваа страница е сугестивен на непристојна содржина, всушност, целта на страницата е да ги воспева и слави зборовите, и тоа, дефиниции на помалку познати зборови од речник, познати и помалку познати цитати, реченици и изреки. Во времето на пишувањето на овој текст, на страницата беше дефиниција на англискиот збор „egrote” (да се глуми болест за да се избегне работа) и цитат од Френк Запа. Иако јас лично многу повеќе и почесто се инспирирам од страниците на Горан Стефановски, Иво Андриќ и Меша Селимовиќ, и тоа е аргумент на силината на социјалниот граф како концепт, ми се допаѓа тоа што оваа страница го симоболизира. Со своите пет милиони фанови, кажува дека меѓу луѓето и нивните срца допира зборот како најмала единица, или комбинација од сложени зборови, и во тој момент на читање на зборовите, тоа е инспирација и делче од воздигање за читателот, макар само за момент и во мала доза.

Humans of New York

Можеби најпопуларната страница на Facebook, Humans of New York е страница која се базира на фотографии сликани во Њујорк, заедно со извадок од краток разговор кој фотографот ќе го направи со човекот на кој прави портрет. Обично тоа е лична приказна, мотивација, страв или копнеж кој допира, заедно со фотографијата. Со своите 12,5 милиони следбеници, е една од најактивните заедници на Facebook. Секоја фотографија има во просек по 200.000 лајкови, и голем број споделувања и кометари. За разлика од некои други заедници, речиси сите коментари се позитивни и целата природа на страницата е воздигнувачка, инспиративна и со верба во човештвото и откривање на затскриената внатрешна искра на добрина во секој човек, во секого од нас. Страницава еволуираше и вклучи кампања на ОН во други земји, а сега вклучува собирање средства за одредени каузи, со фотографирање на афектираните групи, од дигитално добро чувство, стана и вистинска сила за промена во светот. Можеби најуникатно, од градот што се смета на средиште на светот, добиваме слика на фреквенцијата со која пулсира целото човештво, и деловите од човечноста што сите нѐ прават слични.

Најголемите хитови

И на крајот, што значат овие бројки и големи заедници? За мене, одговорот е едноставен: во јадрото на човештвото стојат откривачкиот дух, добрината, желбата да го видиме доброто во другите и да бидеме инспирирани од добри нешта. Технологијата е само медиум, „најголеми хитови” ја отсликуваат човечноста на сите луѓе, насекаде. К. Зографска


12

ДРУГАТА СТРАНА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

ХАЈ-ТЕК ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ Технологијата веќе е во секоја пора од животот. Со неа работиме побрзо и поточно, се забавуваме и се дружиме глобално, ја носиме на себе и не можеме без неа. И тоа веќе не е некој новитет. Она што е ново е дека дојде време таа технологија да ја споделиме и со оние кои ги сакаме, кои ни се верни и нѐ сакаат, кои живеат со нас и ни пружаат несразмерно повеќе љубов и верност од онаа која ја добиваат од нас... Не, не, не мислиме на деца, роднини и пријатели. Мислиме на оние четвороножни суштества кои доаѓаат тивко во домот, на почеток секогаш збунети, исплашени и „скромни“ за наскоро да станат дел од семејството, да се вовлечат под кожа, да ги сакате и да ве сакаат, да ве нервираат и иритираат, но да не можете да го замислите животот без нив. Добро, во ред, признавам, можеби зборувам од аспект на човек т.н. љубител на животни, но сепак секој оној кој несебично дал шанса и љубов на некое од нив, посебно на оние кои ја почувствувале целата тежина и тага на животот на улица, ќе се увери дека ни малку не претерувам. Но, да се вратиме ние на темата – што денес се нуди на (високо) технолошкиот пазар, а е наменето за домашните миленици.

Претерано vs нормално

Пазарот на опрема, храна и реквизити за забава за домашни миленици расте секоја

година. Само во САД минатата година тој изнесувал повеќе од 50 милијарди долари (оваа се очекува да ја надмине и бројката од 70 милијарди), додека во В. Британија, на пример, секој Божиќ се трошат околу 200 милиони евра само за подароци на домашни миленици. Некој ќе каже претерано, некој ќе каже нормално, но факт е дека пазарот и индустријата поврзана со домашни миленици и нивните потреби се во постојан раст, па нормално беше и технологијата да си го најде своето место тука и да понуди уреди, апликации и гаџети коишто можеме да ги поделиме во неколку групи во зависност од групата на милениците за кои се наменети.

За оние на кои им се неопходни

Не многу одамна ако животното/ домашниот миленик поради некоја причина останеше неподвижно, слепо или на друг начин хендикепирано, тоа значеше и крај за неговиот живот. За среќа, големата љубов и посветеност

на вистинските љубители кои се од технолошкиот свет, доведоа до низа уреди што им го олеснуваат животот на таквите животни, овозможувајќи им притоа, каков-таков, нормален живот. Овде ќе ги споменеме пред сѐ количките за кучиња кои имаат парализирани екстремитети и кои поради тоа останале неподвижни. Животните, за разлика од луѓето, не се свесни за својот хендикеп и потребни се само две тркала, пар ремени и некоја шипка за да се овозможи тие да трчаат и да му се радуваат на животот. Но, тука се и разните протези што се изработуваат по нарачка, сосема точно за да одговараат за секој случај поединечно. Последно што прочитавме, а и видовме на дело, се протезите направени со 3Д печатач коишто беа дизајнирани специјално за хендикепираното куче Дерби кое беше родено со деформитет на предните нозе, а кое по поставувањето на протезите трчаше – најверојатно за прв пат во животот.


ДРУГАТА СТРАНА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

За оние за кои сакаме подобро да се грижиме

Оваа група е најголема. Овде спаѓаат сите домашни миленици, т.е. нивните сопственици кои сметаат дека нивниот миленик треба да добие нешто повеќе од храна и повремено шетање. За овие домашни миленици постојат цел куп гаџети, апликации па и социјални мрежи коишто на нивниот сопственик (или ако сакаме да сме политички коректни – хранител) му даваат точни информации за општата состојба, здравјето, па и расположението на миленикот и предупредуваат на потенцијални опасности по неговото здравје и безбедност. Ќе споменеме само неколку од нив, иако како што кажавме ги има навистина многу. Whistle преставува безжичен и водоотпорен уред кој се закачува за ремчето на кучето и ги следи неговите дневни активности. Сопственикот преку апликација или на компјутер може да следи колку кучето шетало дента, се забавувало и одмарало. Истовремено апликацијата врз основа на параметрите предлага дали треба помала или поголема активност, дали треба да се засили исхраната или пак, време е за диета.

Преведувач на лаењето

И вака можеме до недоглед. Не ги ни спомнавме оние, благо кажано чудните, гаџети како на пример No More Woof уред кој што ги бележи EEG сигналите од мозокот на кучето и се обидува да ги преведе на разбирлив човечки јазик. Или поедноставно кажано преведувач на лаењето кој сè уште е во фаза на истражување и е далеку од готов продукт, но сепак е добар показател дека научниците, инженерите и останатите техно-ентузијасти кои сакаат домашни миленици не само што не размислуваат да забават со иновациите и новите уреди туку, напротив, се повеќе и посериозно се впуштаат во нови проекти што ќе бидат наменети единствено за домашните миленици. Гоце Постоловски

Tagg - Губењето на миленикот, па макар и на кратко е вистински шок за оние кои го сакаат и се грижат за него. А тоа не е редок случај, На пазарот има навистина многу уреди кои што содржат GPS уред за следење и кои што помагаат при брзо и едноставно пронаоќање. Таков е и Tagg, мал уред што има батерија која трае до 30 дена, а доколку миленикот кој го има со себе ви избега од видно поле, доволно е да притиснете Locate на апликацијата и да почнете да го следите сигналот. И овој уред е водоотпорен, а може, доколку го нагодите, да праќа предупредување кога миленикот ќе се оддалечи од периметарот кој вие сте го дефинирале. Постојат и системи кои имаат вградено и камера која го снима она што миленикот го гледа, а таков пример е Sony ActionCam. Ако не друго, барем ќе имате интересни видеа за на YouTube. FrollCat Bolt - Но, да не се фокусираме само за кучиња, и само на сериозни теми како здравје, губење и слично. На пазарот постојат и голем број технолошки уреди и гаџети наменети за забава и вежбање на вашите миленици. На пример, сте забележале дека доколку земете најобичен ласерски покажувач и почнете со него да шетате по ѕидот, вашата мачка просто „одлепува“. Со таа мисла во глава е креиран и FrollCat Bolt кој со помош на ласер исцртува различни патерни на ѕид и по 15 минути самиот се исклучува. Освен што го задржува вниманието на мачките и се грижи за нивната добра забава, овој уред е одличен и за задолжителното вежбање кое му е потребно на секого од нас, посебно на тие што се дома по цел ден. PetNetSmart Feeder - А што долку сопствениците, пардон хранителите, се зафатени со обврски во поголем дел од денот, а нивните миленици трпеливо ги чекаат дома? Ако веќе не се заедно, најмалку што можат да им обезбедат е свежа храна во текот на денот. Но, не само да се истури на куп, бидејќи тоа може да има и контра ефект. Во тој случај најдобар избор е PetNetSmart Feeder. Оваа паметна хранилка автоматски испушта онолку храна колку што вие ќе кажете, а се контролира преку смартфон и води сметка за тоа колку калории во денот внел вашиот четвороножен миленик.

13


14

ЈУБИЛЕЈ

Т Е С Е А Н И Д Е Е Т И Н В А Р О Б НЕЗА 40-ГОДИШНИ ФИЛМОВИ јата на ала и по вертикала, истори нт зо ри хо по и не ед гл по се Доколку , но ретренолика во својата понуда ша но ич ил пр е ст но ет ум а Седмат етни напофалат со еден куп квалит се да т жа мо и ко те ни ди го ки се од нив, ен временски период. Една ич сл во ни ра ри нт це он ск и, слов а, во која а исклучителност, е 1975-т ат ој св со а ув ој дв из се ја ко те најмаркантни филмски ои св а иј им сн ги би же мо ии к легендарни филмаџ ј претставува мал потсетни ко т, кс те ој ов Во ш. га то ваостварувања до генерација филмофили, пишу та ва но по за ч ди во и но за постарата, ме токму за нив.

„Кучешко попладне“ - Строго дозирани емоции

Веројатно требаше да помине одреден период од неколку години по процесите во 1968 година, ситуацијата добро да се промисли и идеите да се искристализираат, и во ситуација кога на војната во Виетнам веќе ѝ се гледаше крајот, филмските автори со своите храбри идеи да експлодираат на сребреното платно, подарувајќи ни еден куп фантастични остварувања, кои денес заслужено спаѓаат во фолдерот „Класика“. Иако почетните години од седмата декада во минатиот век исто така понудија вистински антологиски остварувања како „Кум“ (Godfather) на Копола, „Егзорцист“ (Exorcist) на Фридкин, „Зелената соја“ (Soylent green) на Флајшер, „Бедлендс“ (Badlands) на Малик, како и „Соларис“ (Solaris) на Тарковски, „Дискретниот шарм на буржоазијата“ (Le charme discret de la bourgeoisie) на Буњуел и „Пеколен портокал“ (A Clockwork orange) на Кјубрик,.. сепак, 1975-та година се издвојува по својот квалитет и продукција, особено и поради фактот што филмовите кои таа година предизвикаа големо внимание доаѓаа од различни светски кинематографии, со што се задоволи и критериумот на децентрализација во филмската понуда.

„Лет над кукавичјото гнездо“ - Американскиот излет на Форман

Филмот кој буквално ја обележа годината со својата свежина, луцидност, и пред сѐ, ангажираност, е американскиот излет „Лет над кукавичјото гнездо“ (One Flew over the Cuckoo’s nest) на почитуваниот чешки режисер Милош Форман, кому по бегството од својата матична земја очајно му требаше провокативно сценарио за да влезе на голема врата во холивудската машинерија. Изборот падна на истоимениот бестселер на Кен Кејси, за чија успешна реализација и петте Оскари во главните категории, вклучувајќи го и оној за најдобар режисер, Форман најмногу треба да му заблагодари на феноменалниот Џек Николсон, чијшто актерски перформанс е еден од неговите најдобри во богатата кариера. Приказната за менталната институција во која новиот пациент Рендолф МекМарфи се обидува да се бори против стереотипите во кои и здравиот човек може да полуди, беа толку потребната шлаканица на конзервативното западно општество, кое по големото оргазмичко и космичко ослободување во 1968 година, се закануваше повторно да ја облече својата задушувачки комформистичка наметка.

Иако освои само еден, но многу вреден Оскар, за оригинално сценарио во името на Френк Пирсон, сепак, можеби и многу поголем впечаток врз вистинските познавачи на филмската уметност остави прекрасната приказна снимена според вистинит настан од 1972 година – „Кучешко попладне” (Dog day afternoon) на режисерот Сидни Ламет. Оваа урбана драма, снимена на суптилната граница меѓу документарното и фиктивното, ни раскажува мала приказна со големи последици. Имено, Сони (Ал Пачино) и Сал (Џон Казал) едно попладне решаваат да ограбат банка среде Бруклин, но плановите тргнуваат лошо кога ќе сфатат дека банката речиси и нема пари, и особено откако ќе решат да земат заложници. Целодневната драма која во живо се одигрува на њујоршките улици нема никого да остави рамнодушен, особено откако ќе се дознае дека мотивите за грабежот биле финансирање операција за промена на полот на љубовникот на Сал. Циркусот во кој никој нема да биде поштеден, Ламет го контролира со дозирање емоции кои од сцена во сцена го достигнуваат своето крешендо, со што режисерот величествено го покажа сувереното владеење со филмскиот занает.


ЈУБИЛЕЈ

„Ајкула“ – Поигрувањето со стравот

Што се однесува до жанровските остварувања, оваа година ни донесе два незаборавни бисери на хорор и ес-еф жанрот. Стивен Спилберг, како дел од надоаѓачката свежа холивудска крв наречена „филмска братија“, во која се вбројуваат и Џорџ Лукас и Брајан де Палма, по прекрасните мали филмови „Дуел“ (Duel) и „Шугарленд експрес“ (Sugarland express), реши да го сними спектакуларниот хорор филм „Ајкула“ (Jaws) со кој постигна неверојатен успех и отворање на патот што го донесе до еден од најуспешните режисери на денешницата, барем што се однесува до финансискиот аспект на гледање на нештата, а во Америка и нема поинакво гледиште од спомнатото, барем филмската индустрија. Поигрувањето со основната исконска емоција кај човекот - стравот, преку приказна во која главната опасност доаѓа од морскиот пес чија реална присутност во морињата создаде невидена паника кај сите искусни и неискусни пливачи низ светот, се покажа како успешна формула за правење масакр на кино-благајните, овозможувакќи му на режисерот отворен финансиски простор пред себе за подоцнежна реализација на приказните од детските соништа, како „Блиски средби од трет вид“ (Close encounters of third kind), „Е.Т“, и, секако, „Индијана Џонс“, серијалот во 80-тите. „Ајкула“ подоцна доживеа и неколку продолженија, а легендарен е третиот дел од 1986 година, кога и македонската публика во домашните кино-сали можеше

да го гледа филмот со штурите и смешни 3Д очила, кои сепак предизвикаа големо внимание во тоа време.

„Ролербол“ – Дистописка иднина

Филмот „Ролербол“ (Rollerball) на Норман Џуисон, пак, ја одведе публиката во тогаш далечната (а сега блиска) дистописка иднина. Годината е 2018, криминалот е на највисоко ниво, а на народот му треба херој кој ќе ги обедини во борба против корпорациското зло. Решението е пронајдено во играта како и насловот на филмот, во која учесниците и по цена на сопствениот живот се обидуваат да ја брцнат топката во предвидената дупка, истовремено јурејќи на хај-тек ролшуи. Тогаш младиот и набилдан Џејмс Кан фантастично ја одигрува улогата на осамен херој, чија борба против системот од него создава слика на анархист во време во кое се чини дека дури и емоциите се строго контролирани. Филмот пред неколку години доживеа неуспешен римејк, обидувајќи се да им се додвори на новите генерации, кои се чини дека, сепак, повеќе би уживале во оригиналот, чиишто сцени се антологиски и безвременски.

„Нешвил“ и „Томи“ – Рака под рака со музиката 1975 година на светот му подари и две филмски остварувања, во кои музиката го имаше поврзувачкиот ефект. Иако сосема различни во својот пристап, па дури и жанровски поделени во две крајности,

15

„Нешвил“ (Nashville) на Роберт Алтман и „Томи“ (Tommy) на Кен Расел ги возбудија страстите и му покажаа на светот дека филмот и музиката на патот до успехот одат рака под рака. Токму сторијата за популарноста и моќта е фокусот во филмот на Алтман, кој истовремено следи 24 карактери во текот на пет дена во светската престолнина на музиката, Нешвил. Музика, политика, пари, желба за моќ, и секако, насилство како примитивна човечка енергија се дел од финалето на овој фантастичен филм, кој експлодира токму во моментите кога публиката гладна за забава треба хедонистички да ужива во интерпретирањето на нивните омилени песни. „Томи“ на британскиот контроверзен режисер Кен Расел, пак, е (не)типичен мјузикл во кој приказната за истоименото глувонемо момче навлечено на флипери исто така ќе нѐ донесе до моментот кога неговата светска слава ќе го донесе до точка кога ќе посака да се повлече од тоа лудило, но публиката ќе го обвини за хипокризија и ќе го отфрли од себе...

„Oгледало“– Најличниот филм на Тарковски

Уште неколку значајни имиња на светската кинематографија во 1975 година ги снимија некои од своите најдобри остварувања во кариерата. По мрачниот и бавен „Соларис“ (Solaris) сместен во ес-еф милјето на Станислав Лем, рускиот маг Андреј Тарковски се врати на она што најдобро го знае, понирањето длабоко во човековата душа преку филмот


16

ЈУБИЛЕЈ

„Огледало“ (Zerkalo). Низ серија епизоди преполни со реминисценции на неговата мајка и влијанието на неговиот татко-поет, Тарковски прекрасно ни ги доловува годините пред, за време и по Втората светска војна, по која ништо веќе нема да биде исто. Со комбинација на црнобелиот контраст со сонливите слики во избледена боја, многумина сметаат дека овој филм на Тарковски е неговиот врв во творештвото, и секако, неговиот најличен филм воопшто.

да го насетиме одговорот на прашањето како се случило чудното исчезнување на девојките, режисерот Вир, користејќи го истовремено јазикот на физичкото и натприродното, на супериорен начин нè втурнува во стапицата на една случка која и ден-денес останува вистинска неразјаснета мистерија.

естетска сторија, особено ако се знае дека претставува адаптација на најекстремниот роман на блудниот син Маркиз де Сад. Последниот филм на подоцна мистериозно убиениот италијански филмаџија ни ја прикажува фашистичка Италија кон крајот на Втората светска војна во сиот нејзин разврат...

„Монти Пајтон и потрагата по Светиот грал“ – Печатот на 1975

„Пикник кај Хенгин рок“ – Јазикот на физичкото и натприродното

„Репортер“ и „Сало, или 120 дена Содома“ – две различни лебедови песни

И додека 1975 авторите од француската кинематографија по еден куп возбудливи остварувања мудро си молчат, италијанската кинематографија може гордо да се пофали со две ремек-дела. „Репортер“ (El Reportero) на Микеланџело Антониони е еден од оние филмови кои и во денешно време држи вода, а во тоа неколкупати сме се увериле при негово ретроспективно прикажување во МСУ или во Кинотеката на Македонија. Како и на почетокот од текстот, повторно Џек Николсон е клучен во целата приказна, бидејќи на супериорен начин ја доловува мистиката на една репортерска душа, загубена при потрагата по сензационализам во нередите некаде на северот од Африка... За разлика од него, лебедовата песна „Сало, или 120 дена Содома“ (Salo, o le 120 giornate di Sodoma) на маестро Пазолини е сосема поинаква

Пред „Лудиот Макс“ (Mad Max) на Џорџ Милер во 1979 година да го „полуди“ светот, во австралиската кинематографија не се случуваше речиси ништо возбудливо, со исклучок на еден филмски автор. Неговото име е Питер Вир, а незаборавниот наслов во неговата солидна биографија доаѓа токму во средината на 70-те години на минатиот век, кога драмата „Пикник кај Хенгин рок“ ( ) воодушеви многумина, и со право. Сместена во 1900 година, приказната снимена според вистинит настан ни раскажува за истоименото австралиско место во кое исчезнале три девојки кои се обиделе да се забавуваат, истражувајќи ги мистериите на карпата. Низ неколку насоки кои се обидуваат

Крајот на овој текст ќе го обоиме со боите на вечната насмевка и плодовите од иронијата и сарказмот, благодарение на антологискиот наслов од работилницата на британските „лоши момчиња“ - „Монти Пајтон и потрагата по Светиот грал“ (Monty Python and the Holy Grail). Вечната библиска тема тие ја обработуваат на свој препознатлив начин, преку приказната за сер Артур и витезите на тркалезната маса, на големо шегувајќи се со своите национални херои, со што покажуваат како треба да се однесуваме кон историските величини, не дозволувајќи тие да бидат причина за ширење на квази-патриотизам со невидени ступидни размери. Со овој филм Пајтоновците ѝ ставаат печат на оваа незаборавна година во филмската историја, чии влијанија кај одредени филмаџии се чувствуваат и денес.

И. Анѓелков


МУЗИЧКА ПРЕПОРАКА

17

„ФОЛТИН“: „ПИЈАН СЛАВЕЈ“ По музичките албуми „Outre-Mer“ (1997), „Archimed“ (2000), „Donkey Hot“ (2003), „Lo-Lee-Taa-Too“ (2005), „Penelope X“, заеднички проект со Никола Коџобашија и Гоце Стефковски (2011), „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“ (2008) и „Антитело“ (2012), еве ги „Фолтин“ со идеалниот нов албум за слушање, но,.. и за „читање“ – „Пијан славеј“.  Неодамна, една од најпознатите македонски групи формирана во 1997 година со незаборавни концерти и бележити учества на музичките и театарските фестивали во земјава, но и во Италија, Австрија, Хрватска, Франција, Словенија, Унгарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија,.. со жанровски и поетски габарит, со нагласен и широк творечки ангажман - битолските „Фолтин“, го промовираа своето најново музичко дело насловено како „Пијан славеј“. Издавач на албумот е битолскиот Центар за култура, засега можете да го купите во „Југотон“ во ГТЦ или да ги

слушате новите песни, достапни на Youtube и на Soundcloud каналите на „Фолтин“. Петте песни во шест музички приказни се: „Ела си в кревет“, „Купидон“, „Слободната љубов“, „Облаче“ и „Ми падна газо“-„Пијан славеј“, можеби највозбудливата музичка двојка на „различни двајца“ коишто (само) текстот ги врзува трајно. Додека да ја прочитаме првата музичка критика или барем да го дочекаме промотивниот концерт во Скопје на „Пијан славеј“, да го подвлечеме поетското и во овој албум. Ако со „Антитело“ – „кралот на каучот“ на голема врата се промовираше и во „крал на стихот“, во „Пијан славеј“ – поезијата на Бранислав Николов продолжува оттаму од каде што беше застанала: од вистинскиот раскош на „вкусови“ и „рамки“ за сите запомнети и заборавени слики во нас, директно кон скриените ангажирани пораки во суптилен, љубовен протест пред грандиозниот бедем на стварноста. Преку нагласената пародичност на „Пијан славеј“, „Фолтин“ не отпишувајќи ја љубовта, ги запишува и лудилата на збеснатата и здивена стварност.

Слободната љубов

Ако ја укинат слоб одната љубов За првиот бакнеж ќе мора да платиш Ќе дадат малку по пуст на брачната не жност Во љубовата со да нок на додадена вр ед ност. Ако ја укинат слоб одната љубов Кога веќе љубиш мо ра транспарентно Ќе нема слатки тајни , неверства и кавги И скршени срца ќе има многу ретко Во љубовта со дано к на додадена вред ност. Ако ја укинат слоб одната љубов За украден бакнеж скапо ќе платиш Ќе биде тежок прес тап тајната нежнос т Во љубовта со дано к на додадена вред ност. Ако ја укинат слоб одната љубов Кога веќе љубиш мо ра да е чесно Ќе нема слатки тајни , неверства и кавги И скршени срца ќе има многу ретко Во љубовта со дано к на додадена вр едност.


18

НОВ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ

Рецензија

„МЕДЕНАТА НОЌ“ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ По пауза од 4 години, поточно од „Pariser Platz – Berlin“, Иво Трајков се врати во Македонија. Со филм, се разбира. Најновото дело се вика „Медена ноќ“. Филмот не само што ја имаше честа да го отвори Скопскиот филмски фестивал, туку и нѐ спои со Никола Ристановски. Повторно. Наслов: „Медена ноќ“ Режија: Иво Трајков Сценарио: Иво Трајков Улоги: Никола Ристановски, Верица Недеска, Александар Микиќ... Времетраење: 90 мин. Година на издавање: 2015 Ристановски во „Медена ноќ“ е Никола. Македонски заменик министер од почетокот на 90-тите, кој со сопругата Ана (Верица Недевска) на 17 ноември (годишнина од бракот) се враќаат дома од бизнис/политички настан во Македонската опера и балет. Таа е поднапиена, а тој загрижен. На забавата го инфирмираат дека дел од неговите колеги веќе се уапсени за нелегална приватизација на фирма, и тој мисли дека е следниот на патот до затворот. Дома почнува да бара досиеја кои би можеле да го поврзат со скандалот, а тие што може да

ги пронајде ќе ги изгори во ВЦ- школката. Но, ноќта ќе се покаже како екстремно долга за овој брачен пар, а утрото потоа изненадувачко.

„Боже мој! А што ако...“ Култната серија „Third Rock From The Sun“ имаше една одлична сцена во една од епизодите. „Фамилијата“ Соломон за прв пат по доаѓањето на Земјата ја откри лагата во таа епизода. На крајот од епизодата сите ликови се собрани на терасата, а Дик Соломон доаѓа до страшна реализација и гласно вели: „Боже мој! А што ако за ова (лагата) дознаат политичарите?“. Во „Медена ноќ“, политичарот Никола не само што ја открива лагата, туку ја открива и паранојата, а за момент и совеста, срамот од потенцијалниот јавен скандал, од затворска казна со претпоставка на вината од неговите постапки... „Медена ноќ“ во под-темата е и приказна за еден дисфункционален брак налик на тој од

„Who’s Afraid Of Virginia Wolf“, но со доза на македонска реалност. Фасцинантно е колку Трајков успеал со два ликаво 80% од филмот да претстави возбудлива драма која иако е сместена во 90-тите, всушност е безвременска и се отсликува и во реалноста на денешницата.

„Тигарот“ во куќата

Хуморот во сценариото доаѓа примарно од ликот на Ана, а во краток момент и од пијаниот Симо Прч (маестралниот Александар Микиќ). Ана (Недевска) со алкохолизмот и персоната на незаинтересираната трофеј-сопруга на почетокот, со одминувањето на дејствието ќе ја покаже лојалноста, љубовта кон сопругот, а и изненадувачката цврстина за која не се знае дека ја поседува. Ана е „тигарот“ во куќата, но тоа го сфаќате на крајот. Недеска е навистина одлична во улогата на Ана, но Ристановски е повторно тој кој воодушевува. Пасивен полтрон


НОВ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ

лесен за манипулирање и заплашување во политичката елита. Тој е олицетворение на секој политичар. Обрнете внимание на глумата од Ристановски во моментите кога тој преминува во сè подлабока параноја во сопствениот дом. Неговите манифестации се смирени на почетокот, но подоцна, како што почнува да губи контрола врз ситуацијата, ја губи и почвата под нозете, а таа прогресија е маестрално прикажана од Ристановски. 

Пополнување на празнините

Трајков во сценариото се обидел со флешбек сцени да ни ги поврзе деловите од сложувалката за потенцијалниот скандал кој го плаши Никола, а паранојата од реперкусиите - со рачната камера во домот. Не успеал секогаш во намерата, бидејќи недостасуваат неколку делчиња, но ја сфаќаме намерата. Можеби филмот има преголема употреба на рачна камера (и во сцените во домот се забележува

Во „Медена ноќ“, политичарот Никола не само што ја открива лагата, туку ја открива и паранојата, а за момент и совеста, срамот од потенцијалниот јавен скандал, од затворска казна со претпоставка на вината од неговите постапки...

19

таа предозираност), но претпоставувам дека самиот сет го барал тоа. Трајков во сценариото не навлегува во детали за самиот потенцијален скандал (покрај името на фирмата, ништо друго не е објаснето), ниту за другите инволвирани во него, што остава дупки во сценариото, но ако размислиме - деталите не се ниту важни. Нашата имагинација ги пополнува тие дупки, а во задржувањето на мистеријата помага и црно-белиот стил на снимање на тие сцени. Одземањето на бојата на флеш-бек сцените има и симболично значење. Со бојата е одземена и чесноста, совеста на личноста, а внесен е стравот како примарна емоција, не само во ликовите, туку и во нас, гледачите. Сепак, Трајков сè до последните 5 минути од „Медена ноќ“ ни прикажа „идеализирана верзија“ на тоа што треба еден политичар да има во себе: страв од постапките, грижа на совеста, човечност, страв од политичко и социјално самоубиство, разочарувањето на народот кој го избрал на таа позиција... Политичарот во Македонија е во последните 5 минути од „Медена ноќ“. Политичарот во првите 85 минути од „Медена ноќ“ не постои кај нас. Тој нема страв од ништо. Стравот е само на филм. Дури и македонски филм. С. Лазаревска


20

ТЕАТАР

„Тероризам“

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МНТ! 2015 година, Македонскиот народен театар го одбележува својот 70. роденден и по тој повод два и пол месеци театарот, и ние со него, празнуваме! Дел од настаните во чест на седумдесегодишнината се гостувањата на сцената на МНТ на ансамбли од другите професионални театри од земјава, националните театри и независните продукации и академии до земјите-пријателки, гостувањето со претставата „Вечната куќа“ на театарскиот фестивал во Будимпешта и трите премиери пред крајот на пролетната сезона. Првата од нив, претставата „Тероризам“, својата премиера ја имаше на 16 ти април.

„Тероризам“ на малата сцена Премиерата на претставта во режија на актерот и режисер-дебитант Јордан Симонов по текст на браќата Олег и Владимир Пресњакови „Тероризам“, на малата интимна сцена на МНТ беше дочекана со смеа, видно раположение во публиката и неизбежно гласен аплауз на крајот. Замислете за миг ситуација во која пред некое ваше важно патување добивате SMS порака со следната содржина: „Почитувани, Аеродромот е затворен, вашиот лет е одложен.“ Токму вака, прераскажано во наш манир започнува летот кон едно неизвесно патување поделено во 5 сцени, 5 одлични приказни. Дејствието кое до самиот крај го купува љубопитсвото на гледалиштето, екипата од 13 актери подеднакво заслужено го оправдуваат изборот на Симонов кој своитe колеги удобно ги распоредил по следниов ред на летање:

,,Аеродром“ со Гораст Цветковски, Никола Ацески, Салвиша Кајевски и Ќире Ѓоревски, „Спална соба“ со Николина Кујача и Сашко Коцев, „Клупа“ со Звездана Ангеловска и Марија Новак, „Соблекувална“ со Кире Ѓоревски, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев и Александар Микиќ, „Авион“ со Гораст Цветковски, Никола Ацески, Салвиша Кајевски и Драгана Левенска. „Мој клуб“ разговараше со двајца од тринеасеттемина патници во оваа претстава.

Гораст Цветковски Мој клуб: Имате ли порака до публиката, зошто треба да ја погледнат „Тероризам“? Г. Цветковски: Во принцип, публиката треба да гледа претстави, секакви, но конктерно „Тероризам“ ја препорачувамм затоа што е духовита, убаво и пред сè искрено направена. Без какви било предрасуди и пресија од кого било во екипата. Сите работевме со ќеиф.


ТЕАТАР

Дали неверството го оправдува она што вашиот лик го мотивира да го „одигра“ на сцената? Сцената „неверство“ е карика од синџирот. Целата претстава е околу тоа како секој се тероризира себеси. Конкретно, ликот кој јас го толкувам се тероризира да не задоцни, се тероризира со страв од летање, немање WiFi, немање батерија на мобилниот, се тероризира со помислата дека жена му има љубовник, терор му е и помислата дека баба му може секој момент да го отруе, дека нема авторитет на работа. Јас лично, освен за бабата, со сите останати работи сум се борел. Човечки е да се сомневаш во себе, но глупаво е и таа една третина од живот (нели, 8 часа спиење, 8 часа работа,) да се помине во постојана грижа за нешто кое можеби и нема да се случи. Каква иднина му предвидувате на „Тероризам“? Светла иднина исполнета со полни гледалишта на малата сцена. Многу дебати и разговори во врска со претставата. По некое гостување, по некоја караница, сè за да остане најдоброто на сцената. Колку во оваа претстава можеме да се насмееме, а колку вистински да се замислиме што нè очекува на следниот авионски лет? Претставата не може да се „преживее“ без искрено смеење, и тоа не потсмевање туку вистинско, залауфано смеење. Во поголемиот дел е така, но има делови (тамам дозирани) кои малку пофилозофски гледаат на суштината... Во тие „ досадни“ моменти даваме можност гледачот да се препознае во некој од нашите ликови.

Никола Ацески Мој клуб: Дали и зошто „Тероризам“ е поинакво од вашите досегашни театарски ис-

Ако тргнеме од тоа дека хероите биле жртви на божицата Хера, и секое нивно дејство е во полза на дадената ситуација , јас мојот лик го играм како херој.

21

куства на сцената на МНТ? Н. Ацески: Поинаква е заради предизвикот да се создаде комплетен лик, со оглед на фактот што играм само еден аспект на тој лик. Како функцинира вашиот лик во овој текст, како жртва или како некој кој има полза од дадената ситуација? Ако тргнеме од тоа дека хероите биле жртви на божицата Хера, и секое нивно дејство е во полза на дадената ситуација , јас мојот лик го играм како херој. Претставата ја обработува темата за тероризмот околу нас и во нас самите, која е вашата дефиниција за анти-тероризам? Секој акт на спротивставување на оној кој нанесува зло на другите. Самата претстава ја има таа позиција. Зошто „Тероризам“? Затоа што е едно од најпознатите и најизведуваните дела на браќата Пресњакови познати како писатели, сценаристи, режисери, продуценти и актери. Изведена е премиерно во Московскиот Арт театар во 2002, а потоа следуваат гостувањата на театарските сцени во Лондон, Шведска, Полска, Норвешка, Шпанија, Ирска, Естонија, Тајван, Австралија, Чиле, Бразил, Канада и на Бродвеј. По околу 13 години патување насекаде низ светот стаса и во Македонија каде што Јордан Симонов како магистерски труд се одлучи да ја постави на сцената на МНТ, и не погреши. Не колебајте се да ја погледнете „Тероризам“, претставата во која ќе се исплашите, ќе се насмеете, препознаете и... длабоко ќе се замислите! Рашела Г.


22

НЕКАДЕ…

Франкфуртскиoт аеродром

ЏИНОВСКА ПЛЕЈ ЛИСТА НА ЖЕЛБИТЕ

(Посветено на сите аеродромски колеги од Скопје и од целиот свет)

Фуертевентура 20:35. Варшава 20:35. Абу Даби 20:40. Лондон 20:40. Адис Абеба 20:45. Хелсинки 20:45. Рио де Жанеиро 20:50. Бејрут 20:55. Луанда 20:55. Јоханезбург 21:00. Тел Авив 21:00. Рига 21:00... Напишани со белузлави светлечки букви, како контраст на огромната црна табла со наслов ABFLÜGE (на германски „Полетувања“), се редеа дестинации како дел од џиновската плеј листа на франкфуртскиот аеродромски џубокс – случаен избор од големата планетарна патувачка желботека. Неколкудневна изложеност на ваква „авио-музика“ и вирусот на патувачката зависност веќе не е туѓо тело туку дел од вашата ДНК.

Од другата страна на шалтерите

Пред многу години на еден млад човек кој сонуваше и дене и ноќе за патувања и авантури, судбината кокетно му намигна и еден ден се вработи во голема интернационална авио-компанија како нивни претставник на аеродромот во Скопје. За разните неопходни лиценци за работата, обуките се одвиваа низ повеќе

аеродроми во Европа меѓу кои и најголемите – Истанбул, Лондон и Франкфурт. На една таква обука на аеродромот Фрапорт во Франкфурт, тој практично се најде себеси на речиси еднонеделен работен одмор - на аеродром! Бидејќи Франкфурт и околината му беа позната од претходните патувања, нешто што овој пат вистински го заинтересира беа животот и динамиката на аеродромот – 24 часа на ден! Уште пред појавата на подоцнежниот Спилбергов филмски хит „Терминал“ со актерот Том Хенкс во главната улога, тој имаше можност да живее буквално ден и ноќ на Терминалот 1 од аеродромот, гледајќи го тој жив механизам однатре, одблизу и од сите оние страни кои се недостапни за обичниот патник. За време на тие неколку дена можеше да слушне и да види многу аеродромски тајни, слушајќи ги приказните кои можеа да бидат основа за снимање на уште неколку холивудски филмови.

„Животот е патешествие, отпатувајте го добро!“

Тој млад човек тогаш – бев јас. Денот ми почнуваше рано наутро со летот на Јунајтед Еарлајнс кого со поглед го испратив од прозорецот на хотелот. Белиот авион со синиот глобус на својата опашка се дигна во облаците. Мотото на компанијата ми беше доволно впечатливо за да ми стане мантра на денот: „Животот е патешествие, отпатувајте го добро“. Аеродромот


како жив организам веќе пулсираше во полна сила и толку рано наутро – за него како да немаше време за почетни кардио-вежби за загревање. Фрапорт со леснотија вдишуваше, примајќи летови од целиот свет и издишуваше испраќајќи ги недоспаните патници кон многуте излези и летови со разни броеви, секој со различни патишта и со различни завршетоци. За тој ден имав предавања од областа на метеорологијата и за време на осумте часови предавања и вежби, испративме лично неколку летови. Подготвените извештаи за претстојните летови им беа предадени на капетаните во кабините според точно определен распоред. Метеоролошки тој ден во Франкфурт беше лесен за справување. Небото беше претежно сино со по некој бел облак, а воздухот беше свеж и чист. Еден од капетаните

надоврзувајќи се на метеоролошката теорија ни рече нешто што и денес го паметам како теорема „авионите на полетување ги преферираат ниските и ладни точки на глобусот“. Екипажите во авионите забрзано се подготвуваа за полетување, а ние им бевме последните луѓе што ќе ги поздрават од Франкфурт пред да ја затворат дебелата заоблена авионска врата и да заминат во некоја друга временска зона. Патниците беа на местата, заземајќи ги најудобните позиции на телото, багажите безбедно беа складирани во долниот дел на авион, полнењето на керозинот беше завршено и вратите безбедно затворени. Магијата на технологијата од 20 век можеше да се случи. Светлото за полетување на врвот од опашката почна да пулсира – задоволни, запишавме во задолжителните извештаи: летовите за

Чикаго, Загреб и Даблин полетаа на време.

Ноевата арка

Убавата, светла, блескава страна на овој џиновски механизам има сосема поинаков лик ако се ѕирне „однатре“ каде што патниците немаат пристап. Од „внатрешната страна на аеродромската кожа“ се гледаат многу електрични кабли, цевки и назабени челични појаси по кои се движат багажите на патниците. И вработените и багажите си ги вкрстуваат своите патишта на повеќе нивоа, како во сцени од филмот „Метрополис“. Во тој меѓупростор е и Големото Око, со кое се внимава на безбедноста на аеродромот: не ретко таму се носат сомнителните и слепи патници – илегалци, сомнителните багажи како и специјалните багажи во облик на егзотични птици и влекачи, како и други бесценетости кои патуваат од едно до друго место во светот следени со специјално обезбедување. Шарениот свет од другата страна сосема рамноправно му парира на оној од јавната страна. Тоа е совршено организиран и комплексен свет кој ги прави илјадниците летови и патници секој ден да завршат брзо и безбедно кон своите замислени дестинации. Кога го направив преминот од службениот во јавниот дел, преку трансфер зоната се вратив во делот за чекирање патници и повторно кон хотелот кој ми беше моја привремена адреса. Откако ќе одморев во хотелот, повторно излегував да вечерам во некој од рестораните и


24

СЕ Н ПК ЕА ЦД ИЕ Ј… АЛЕН, ПАТУВАЧКИ ГОСТИН

Франкфуртскиoт аеродром

ги посматрав сите оние патници кои стратешки ги зафаќаат најдобрите позиции во трансфер зоната – тие ќе требаа да преноќат на аеродромот чекајќи ги првите утрински далечни летови. Од аеродромскиот персонал добиваа ќебиња и инструкции за попријатен престој до утрото. Веќе се гледаше дека некои патници се групираат и се обидуваат да го пополнат времето за чекање со инстант пријателства и актуелни вести и занимливости од сите ќошиња на планетава. Откако ќе завршев со моите претполноќни прошетки по огромните мермерно–стаклени пространства на терминалот, уморен се повлекував - си заминував и јас да се раскомотам, да се одморам и да се подготвам за утрешниот ден. Се чувствував среќен што навечер, иако сам во соба, знаев дека друштво ќе ми прават луѓе, но и егзотични животни, од целиот свет. Сите среќни и згрижени во своевидна модерна Ноева арка, безбедно вкотвена во воздушното пристаниште под овој огромен покрив на франфуртскиот аеродром.

Хоби: набљудување луѓе на аеродром

„Последен повик до сите патници на летот 906 за Сеул – Ве молиме итно упатете се на бординг– излезот Б 27“. Натоварените косооки патници со луксузни хартиени ќеси со ситни чекорчиња поттрчнуваа влечејќи го со себе пленот кон најавениот излез, радувајќи се на последните зделки во

прескапите бутици на транзит зоната. Пиејќи го моето последно кафе за дента, прелистувајќи магазин од некоја егзотична авиокомпанија, со завршени обврски зад себе, седев навидум бесцелно на една клупа за чекање, сѐ уште облечен во униформата на авиокомпанијата. Упорно ги слушав овие јавни повици прочитани речиси без емоции со монотон службен глас и гледав во огласната табла, избирајќи си ги своите омилени следни дестинации од соништата. Ги редев и подредував како автомобилчињата од моето детство – од најмалото до најголемото, од најбрзото до најбавното... Ја одлабавував стегнатата строга вратоврска и некако сѐ уште не се предавав на уморот, па не планирав да заминам во хотелот. Листата со летови на огласната табла постојано се менуваше како да нема крај. Се појавуваа нови и нови дестинации - за некои не знаев апсолутно ништо повеќе, освен каде се наоѓаат на мапата на светот. Најпрвите објавени летови исчезнуваа од огласната табла откако ќе се објавеше дека авионот е полетан, најчесто на време. Се редеа нови – до степен на хипноза, чиниш на бескрајна лента. Додека јас полека чекорев назад кон моето аеродромско преноќиште од хотелските синџири со светско име, си ги замислив како веќе првите патници за Фуертевентура, што „ги испратив“ се веројатно слетани безбедно во прегратките на саканите членови на семејството, на пријателите, на големите љубови или макар на некоја мека хотелска перница со навлака од египетски памук.

Рецепт за остварување на патувачки желби Сте имале ли можност да гледате како полетуваат авиони, во живо? Сте добиле ли желба да бидете некаде блиску во тој момент и да можете да ги испраќате овие воздухоплови со поглед, од моментот на забрзувањето до одлепувањето од земјата?Да го почувствувате керозинот. Луѓето што работеле на аеродром велат дека ако еднаш ви влезе керозин под кожата, во крвотокот – останувате вечни заробеници на авионите и нивната магија. Дозволете ми нешто да Ви предложам: Прошетајте некој ден до скопскиот аеродром, по можност со велосипед, и одберете некое место од каде ќе имате убав поглед. Може да отидете сами или во друштво со некој близок пријател. Седнете на едно од околните зелени возвишенија близу аеродромот и почекајте го некој од летовите. Истото можете да го направите и на охридскиот аеродром: пистата започнува на самиот локален пат ОхридСтруга, до езерото. Во моментот кога ќе биде слетувањето или полетувањето, легнете на свежата пролетна трева или можете на лето и да лебдите во езерото и така, дочекајте или испратете го летот. Ако сте до личноста што ја сакате, гушнете ја и замислете си заедничка желба за некое следно патување. Со ваков ритуал - желбата најверојатно ќе ви биде исполнета! Текст и фотографии: Р. Смилески


ОДБЛИЗУ

ЈОВИЦА ИВАНОВСКИ ПОЕТОТ НА ГРАДОТ Десеттата книга на нашиот поет-сограѓанин – Јовица Ивановски, неодамна излезе во издание на „Табернакул“. Се вика „Киноутро“, обемна е, има 103 песни населени во 6 урбани циклуси: Од сперма до земја; Contra mundum; Немаме време за времето; Киноутро; Јас, некој друг и Не умирај во оваа прекрасна ноќ. Наменета е за сите, во буквалната и во најубавата смисла на зборот.

Песните на Јовица Ивановски се одамнешни „жители“ на Скопје, каде што сите се знаеме барем по лик, по збор, по глас, стих или вкус... Најновата, јубилејна, десетта по ред збирка – „Киноутро“ донесува море песни во кое секој може да си најде капка за себе. Тие се остри и остроумни, неучени - а умни, ненаместени – а во препознатлива поза, нему оксиморонот не му е стилска фигура, туку само стил... и фигура со која најдобро ја игра својата долгогодишна партија поетски шах. Ивановски експресивно пишува – уште поекспресивно се чита. Стиховите му се искршени огледала во кои се собрани сите наши мазни и посакувани одрази. Буквално сите нè има таму: (не)среќни, (не)задоволни, сами и осамени, изгубени и (не)најдени, забегани и снајдени... Големи и мали, млади и (по)стари... Најчесто Песната на Ивановски, едната единствена што ја пишува цел живот, дополу е едно, отполу натаму е друго... Кога обичните негови читатели велат дека пишува „обична поезија“, необичните (верзирани) читатели немаат што да додадат. Јовица Ивановски, како што сегде пишува самиот за себе: „Сè уште живее и работи во Скопје“. Мој клуб додава: Вакви поети никогаш и не заминуваат од своите градови!

25

Киноутро Му се скина филмот и го изеде мракот. Заврши во визба, во котурите со ленти и надминатата апаратура. Отпатува заедно со безгрижноста неповратна како младост. Веќе никој нема време за него и затоа го симнаа од репертоарот. Паметиш, како тинејџер понекогаш врзуваше по неколку проекции  и ги наизустуваше дијалозите. Се млатеше по Во гнездото на змејот, излегуваше на двобој после Добриот, лошиот и грдиот, беше мафијаш после Кум... Излегуваше со раце вo џебови по секој еротски филм и трчаше што поскоро да стигнеш дома. Чувството кога некаде претпладне излегуваш насмеан од киносалата, опиен од магијата на платното во прст-пред-око-не-се-гледа  замрачената сала, е ненадминливо. И многу подоцна ти стана јасно дека  мигот во кој со замижани очи  се судираш со суровата светлост, со денот кој ќе те шутне некаде, со животот кој е сè, само не филм, е всушност најголемата илузија.


26

МОДЕРНИ СПОРТОВИ

ЧУДЕСИИ ЗА НОРМАЛНИ ЛУЃЕ Ако спаѓате во групата на оние кои се ежат при самата помисла на дисциплини како што се карлинг, крикет, бочање,.. во која било комбинација на спорт, тогаш оваа листа на нови спортови најверојатно ќе ве шокира... Класичните и вообичаените спортови кои ги познаваме, очигледно некому полека му стануваат здодевни, па полека ги заменуваат со нови сè популарни, или како што сè почесто се нарекуваат - модерни спортови. Многумина од вас воопшто не знаат дека вакви нешта постојат, а уште помалку дека постојат луѓе кои професионално се занимаваат со вакви чудесии. Па, уште и дека медиумите се заинтересирани да ги покријат и покрај одредени бесмислени правила и цели...

Пинг-понг со глава

Тоа е хибрид од фудбал и пинг-понг. Играчите се надмудруваат на стандардна маса за пинг- понг со нешто помала топка од фудбалската, слична на ракометната, која тежи 100 грама. Се игра исклучиво со глава до 11 поени во два добиени сета, а

победникот мора да има два поена повеќе од противникот за да го освои сетот. Играчите често удираат со главата во масата, па од тие причини се размислува и за воведување кациги. Комбинацијава од фудбал и пинг-понг ја измисли студентот по спортски науки на Универзитетот во Сарбрикен, Рене Вегнер, во 2006 година, а две години подоцна овој спорт стана дел од спортската програма на Универзитетот. Како сето ова му паднало на ум на Вегнер? „Имал среќа“ што „немал среќа“. Имено, фудбалскиот терен бил окупиран, и затоа тој со своите другари почнал да ја удира топката со глава на пинг понг маса. И тука не престанал. За време на студирањето тој ја развива својата идеја со помош на својот колега и другар Феликс Вејнс. Во 2008 година почнуваат турнирските сесии и спортот стекнува сè поголема популарност и кај машкиот и кај женскиот пол. Се формираат и неколку клубови како „Хедис Сарбрикен“, „Миневра Дрезден“, „ТВ Фешинген“, „Брунингхаузен“. Медиумите им отстапуваат сè поголем простор на новите ѕвезди кои се претвораат во магнет и за најголемите светски производители на спортска опрема. Една од ѕвездите е Марвин Лошер. „Лесно е да започнеш да ја играш оваа игра. Забавна е и едноставна. Ви треба само желба и добра и паметна глава“, вели тој.

Борење со прстите на нозете

Стотици натпреварувачи напорно ги тренираат своите ножни прсти за традиционалното првенство во борење во Велика Британија. За разлика од класичното, борбата со прстите на нозете подразбира користење на стапалата и прстите со цел


МОДЕРНИ СПОРТОВИ

27

бода, се користат рацете, нозете и главата и оние кои пробале - тврдат дека станува збор за високо количество на адреналин.

Бокс во комбинација со шах

совладување на противникот. Прстите се единствените дозволени „борбени средства“ во оваа дисциплина, а колку ним им е тешко доволно зборуваат гримасите на вцрвенетите лица на натпреварувачите. Секој меч има три рунди, за време на кои натпреварувачите ги вкрстуваат палците, обидувајќи се да го соборат противникот. Првата рунда е битка меѓу палците на десната нога, втората меѓу тие на левата, а во третата рунда повторно на сцена стапува „десницата“. Овој спорт, во кој учествуваат и мажите и жените, и за време на кој е забрането користење алкохол или какво било допингување, настанал во 1976 година кога редовните посетители на пабот во Дербришир се обиделе да осмислат игра во која Британците ќе доминираат. Како творец се води извесен Џорџ Бурџ. Како што пренесува Би-Би-Си, организаторите во 1997 година се обиделе, но неуспешно, овој спорт да го вметнат во програмата на Олимписките игри. Голема „палчева“ ѕвезда е Алн Неш. Неговата девиза е дека и „палците се поврзани со срцето“.

Босабол

Станува збор за интересна комбинација на одбојка и танц со тоа што целиот тој циркус се одвива на трамболина со придружба на магичните звуци на боса-нова. Ако се има предвид дека во секој возрасен човек чучи дете, јасно ви е зошто овој спорт од Куба многу бргу се прошири низ целиот свет. Се игра по плажите, училиштата, на разни фестивали... Целото игралиште е обезбедено и не очекувајте брутални повреди предизвикани од падови. Тие само скокаат и играат одбојка. Се игра до 30

Многумина од вас воопшто не знаат дека вакви нешта постојат, а уште помалку дека постојат луѓе кои професионално се занимаваат со вакви чудесии.

Дека физичките и „паметните“ спортови одат заедно докажаа професионалните играчи на спортската дисциплина под називот „бокс-шах“. Инспирацијата за оваа неверојатно популарна дисциплина, која брои повеќе од 150 професионални играчи, и има свој Сојуз со седиште во Берлин, дошла од стрипот Никополска трилогија, во која мажите од иднината боксираат во ринг налик на шаховска табла. Сепак, целиот концепт не е пресликан. Правилата се следни: Натпреварувачите во овој спорт во првите три минути се наоѓаат во рингот боксирајќи, а потаа одат на четириминутна партија шах. Победник е оној кој прв нокаутира или го матира противникот, а пораката на спортот е слоганот на Светската шах-бокс федерација – „Борбите се водат во ринг, а војните на табла!“

Зорбинг

Чудната идеја од уште почудните творци пред дваесетина години е претставена во Нов Зеланд за сите што сакаат авантура и акција. До денеска овој вид спорт стана популарен вид на екстремна забава насекаде низ светот. Одамна се наоѓа на листата на екстремни спортови, а со него можете да се занимавате и професионално. Концептот зорбинг го усвои и НАСА за конструирање тела кои ќе се користат во истражувачките мисии на Марс. Спортот се „игра“ на начин што натпреварувачот во посебно дизајниран пластичен балон, сигурно поврзан со појас, се спушта низ падините. Овој необичен спорт од неодамна се практикува и на Балканот. Н. Котевски


28

ОДБЛИЗУ СО...

Маја Кузмановска

СКАЗНА ЗА КОНЕЦОТ И ИГЛАТА

Таа е „ непоправлив романтичар и создавач на сказни“. А сказната што овојпат ни ја раскажува е онаа на конецот и малата накривена чингелакија... Во оваа сказна се испреплетуваат традицијата, фантазијата и љубовта, но таа во себе носи и парче од душата на оној кој ја создава... Овојпат, „раскажувачот“ е Маја Кузманоска, професор по англиски јазик, но и дизајнер на уникатни плетени парчиња накит и модни додатоци кои под насловот „Романтик мори“ беа претставени во креативниот простор на „Концепт 37“.

Ни ден без плетење Мој клуб: Помислата на конецот и малата накривена чингелакија е спонтано патување наназад во времето. Виртуелна телепортација во минатото... Го враќа споменот на нашите баби и нивните вредни и трпеливи раце, кои низ играта на

котелците, создаваа уникатни парчиња - честа декорација во македонскиот дом... Како воопшто во ова урбано и високо потрошувачко време дојдовте до идејата да го оживеете споменот, да посегнете по нешто за кое мислевме дека засекогаш останало заробено во минатото? М. Кузмановска: Пораснав во семејство каде што традиционалните вештини беа длабоко вкоренети и рачната работа беше високо ценета, величана и практикувана. Моите две баби беа вешти во рачните изработки – едната беше професионална шивачка, а другата вистински мајстори за секаков вид плетење. Обете уште од мали нозе ми даваа да им помагам или да


си направам нешто сама. Меѓутоа, плетењето со чингелакија (хеклањето) ми го зароби срцето. Гледајќи ги прекрасните изработки кои оживуваа преку магичните раце на баба ми, се заљубив во таа волшебната игра на чингелакијата и конецот. Бидејќи следам многу креативни блогови, на еден таков најдов плетено ѓерданче кое ми остави толкав впечаток, што посакав да си направaм нешто слично. И оттука тргна сѐ. Првиот пост со плетена креација на мојот блог предизвика лавина реакции и тоа ми беше мотив да продолжам понатаму. Сега не можам да замислам ден без да сплетам нешто, а уште повеќе се радувам што преку интернетот сум дел од една огромна заедница со која споделуваме искуства од оваа област.

„Шумски девојки“

Идеалната „Романтик мори“ девојка

Неодамна ја претставивте вашата нова, пролетна „Романтик мори“ колекција. Соодветно на насловот, колекцијата беше женствена, романтична, волшебна… Како вие лично ја доживувате и каде посегнавте по инспирација за неа? Колекцијата е инспирирана од јапонската улична мода која се нарекува „мори“. „Мори“ на јапонски значи шума, оттука овие шумски девојки главно се облекуваат во парчиња со бои од природата. Стилот е боемски со комбинација на готски и викторијански елементи. Токму „мори“ модата ги прикажува моите длабоки убедувања за жената и каква таа треба да биде: женствена, заводлива и романтична, маѓепсувачки фасцинантна со доза на мистериозност во себе. За колекцијата користев памучен, мерцеризиран конец, различни видови тантела, тул и памучни ткаенини, бисерчиња и мониста со кои верувам успеав да направам една посебна сказна – еден нов заводлив свет. Боите на природата украсени со нежните цветни дезени ги преточувате во... ... интересни ѓерданчиња, лариати, бразлетни, прстени, брошеви, а имам и шноли и венчиња. Накитот е комплетно составен од цветни дезени за кои користев најразлични видови плетки за цвеќињата, секако, користејќи и други материјали кои ги вметнував во цветната композиција.

Мој клуб: „Романтик мори“ на еден извонреден начин ги обединува и спротивставува слободниот боемски дух, ексцентичноста на јапонската мода, романтичната страна на цветовите и мистериозноста на готиката и викторијанското доба, создавајќи еден интересен еклектичен спој на најубавото од повеќето светови. Според вас, која и каква е идеалната „Романтик мори“ девојка? М. Кузмановска: Секоја девојка која попрво ќе ја избере смиреноста на природата од заглушувачкиот метеж на градот е „Романтик мори“ девојка. Таа е образована и вљубена во пишаниот збор, претпочита да ужива во мали задоволства кои за многумина се неважни. Смирена е, свесна за светот околу себе, љубопитна, со сетилата широко отворени, но која не ја засегаат или искушуваат одредени стандарди или трендови. Нејзиниот стил е безвремен, смирен и женствен. Љубовта кон женственоста изразена во викторијанскиот период ја диктира линијата на одредени парчиња облека, така што „мори“ девојката е заљубена во винтиџ парчиња. Таа ужива во убав текстил и секако претпочита органски материјали пред синтетиката, пристрасна е и кон боите кои ја красат природата од каде што таа за црпе енергијата.


30

ОДБЛИЗУ СО...

Воскреснат интерес Денешниот човек ја беше подзаборавил убавината на минатите традиции и магијата на старите занаети... Но, се чини, нештата во оваа сфера полека почнуваат да се менуваат. Во светот се шири сѐ поголемиот воскреснат интерес за некогашните вештини како плетењето, везењето... Тие станаа особено популарни како дел од таканаречените „Направи сам“ проекти. Колку македонскиот млад човек ја препознава убавината на плетените дизајни? Изненадувачки е колку младите луѓе денес покажуваат интерес за рачните изработки. Иако кај нас се чини малку беа паднале во заборав рачните техники на изработка на накит и облека, во светот овој тренд никогаш и не беше стивнал. Во прилог на ова оди и тоа што многу големи дизајнерски куќи како „Диор“, „Александар Меквин“, „Шанел“,... го ставаат својот потпис на плетени парчиња, без разлика дали се работи за облека, накит или додатоци. Ме радува тоа што во последно време младите кај нас, посебно оние кои ја следат модата и трендовите, посебно го ценат, почитуваат и признаваат овој вид изработки. Би се запрашале што е посебното во плетениот накит? Едноставно, тој зрачи со посебен шарм и уникатност. Фактот дека е рачно изработен од органски материјали го прави уште попривлечен и попосебен. На љубителите на плетените предмети им нудите поглед кон својот свет, свет на креативност и фантазија кој го споделувате на вашиот блог Little Treasures (http://thelittletreasures.blogspot. com/). На блогот можат да се најдат мали скапоцености како... На блогот пишувам за сѐ она што е во опсегот на мојот интерес

и авантурите во светот на креативните изработки. Најмногу сакам да пишувам за мојот креативен процес, но и да споделувам упатства (DIY – направи сам) за декорации, украси, плетени работи,.. пишувам за моите патувања, промовирам нови и надежни креативци и луѓе од светот на уметноста и модата на кои им се восхитувам. Сепак, морам да признам дека блогот е најпосетуван и најпознат по плетењето со чингелакија, а постовите кои имаат најголема посетеност се оние во кои споделувам упатства за изработка на накит, како и часовите „Како да се прочитаат шеми за хеклање“, каде што објаснувам како симболите да се преточат во зборови за изработка на т.н. бабини квадратчиња (granny squares). Оние помалку умешните, наместо да направат сами, можат да купат ваши дизајни на популарната страница за рачни изработки Etsy…Какви сѐ креации продавате таму? Во мојата продавничка на Etsy можат да се најдат различни парчиња хеклан накит – најмногу ѓерданчиња и нараквици кои се уникатни во дизајнот и го отсликуваат мојот стил. Тие се и најбараните. Сезонските парчиња кои се популарни во есенскиот/зимскиот период, како интересни шалови и шарпи, се мошне барани исто така. Лете најмногу продавам врвци кои се носат околу глуждовите на нозете (anklets). Исто така има неверојатно голем интерес за упатствата за изработка на одредени парчиња кои се прилично популарни во мојата продавничка. Текст: Ц. Беличанска Фотографии: Е. Л. Николова


УРБАНИ ПОЈАВИ

31

ГЕРИЛА ГРАДИНАРСТВО www.guerrillagardening.org Ова не е осамена појава, туку вистинско „движење“ во големите европски градови! При „нападот“ на герила градинарите неочекувано се раззеленува и негува некоја заборавена градска површина! Герила борците најчесто напаѓаат тајно и брзо и доста се разликуваат од останатите војници, кои отворено се борат по фронтовите. Но, герила градинарите? И тие избегнуваат отворено соочување и претпочитаат позатскриени и потешко пристапни локации. Така, на местата каде што вообичаено има само ѓубре или непосакувани самоникнати растенија, одеднаш се појавува мала цветна градина!

„Борба за зеленило“

Името „герила градинарство“ потекнува одамна и со него биле означувани гладни, сиромашни луѓе, кои на мало парче од нечија туѓа земја тајно засадувале нешто хранливо за да се прехранат. Сепак, денес не станува збор за борба за опстанок, туку за „борба за зеленило“. Герила градинарите на нашево време се луѓе кои живеат по градовите, во стан со мала тераса во некоја висококатница, поради што се принудени да се откажат од илузијата дека некогаш ќе имаат сопствена градина. Оттука, негувањето на некое заборавено градско катче за нив претставува мала компензација. Нормално, тие не се занимаваат со големите градски паркови – за нив се грижи самата градска управа. Но, другите површини им стојат на располагање! Не очекуваат никаква финансиска поддршка ниту, пак, надомест за она што го прават. Доволна награда за нив се задоволството на сограѓаните и сеопштото прифаќање на нивните активности.

„Семени бомби“

Во сè поголем број земјоделски аптеки во светските метрополи можат да се најдат т.н. „семени бомби“ – топчиња од земја, глина и семе. Нив можеме целосно незабележано („случајно!)“ да ги испуштиме од раката додека возиме велосипед или одиме на прошетка... Има само две правила кои секој герила градинар мора да ги почитува: не смеат да се „украсуваат“ квалитетни ботанички површини (кои заслужуваат нешто повеќе од цвеќе!) и не смеат да се садат скапи, егзотични, растенија од туѓи поднебја.

„Урбани земјоделци“

Во меѓувреме, феноменот „урбани земјоделци“ го привлекува вниманието и на многумина антрополози и социолози. Тие дури ги поврзуваат со хипи-генерацијата. „Децата на цвеќето“ мечтаеја да јадат леб добиен од житото што самите си го насадиле и да носат џемпери од волната на овцата што самите ја одгледале, додека, пак, герила градинарите „сфаќаат“ дека на индустријализацијата и на урбаноста не може да им се побегне, па се задоволуваат со негување сопствен простор некаде меѓу широките градски улици.


32

ПРИЈАТЕЛСТВА

„ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА – МИЛИНГОНА Е АРТ“

Трета година по ред, манифестацијата „Достигнување на годината - Милингона е арт” или позната и како „Златна мравка“, потврди дека нашето општество има имиња на кои сите ние треба да бидеме горди. „Милингона е арт” е манифестација на која се избираат највлијателните Албанци во Македонија. Годинава Македонски Телеком беше генерален спонзор, а покровители беа Министерството на

култура на РМ, Унија Финансиска Скопје, УНИКА, ЕВН, Порше Македонија, Гемак, УАКС и Град Скопје. Медиски партнери беа: Алсат М, Скрин Медиа, Весникот Коха, Порталб, НОВАТВ и Радио Вати.

Во една гала вечер, трета година по ред, ги проследивме Достигнувањата на годината. Се доделија награди во девет категории на исто толку еминентни Албанци во земјава.


ПРИЈАТЕЛСТВА

Победници за 2014 година во одделни категории се: ДОСТИГНУВАЊА НА ГОДИНАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ СО ВЛИЈАНИЕ ВО КУЛТУРАТА: Албанскиот Театар Скопје ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА ВО МУЗИКАТА: Елита 5 ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА ВО ВИЗУЕЛНАТА УМЕТНОСТ: Бесиан Мехмети ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА ВО СПОРТОТ: Агим Ибрахими ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА ВО ИЗВЕДУВАЧКИТЕ УМЕТНОСТИ – СЦЕНСКА УМЕТНОСТ: Ибрахим Деари ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА ВО ИЗВЕДУВАЧКИТЕ УМЕТНОСТИ – КЛАСИЧНА МУЗИКА: Сихана Бадивуку ДОСТИГНУВАЊЕ НА ГОДИНАТА ВО МЕДИУМИТЕ: „Патот кон...“, Алсат М

ТАЛЕНТ НА ГОДИНАТА: Јасир Асани- фудбалер НАУЧНИ ПУБЛИКАЦИИ, КНИЖЕВНОСТ И ПУБЛИЦИСТИКА: Арлинд Фаризи Награди за животно дело: Изет Цури и Мушерефе Лозана Во текот на вечерта беа доделени и две награди за животно дело. Добитници се Изет Цури и Мушерефе Лозана. Цури е стилист кој со неговите креации има глобално влијание од Париз до Холивуд. Тој со години живеел во Париз, работејќи за најпознатите светски модни куќи. Сега живее и работи во Скопје. „Оваа награда е голема чест, но, исто така, ме обврзува да работам уште повеќе «- рече со многу скромност модната икона, Изет Цури. Лозана е легендарна актерка на Албанскиот театар во Скопје. Со нејзината над 60-годишна кариера има дадено голем придонес за развојот на театарот воопшто. Многу емоции и голема почит покажа публиката за актерката кој одигра повеќе

33

од 150 улоги во текот на нејзината кариера. Награда за промоција на албанските вредности – Мирјана Малевска „Милингона е арт” секоја година ја доделува и Наградата за промоција на албанските вредности, која ја добива, институција или личност која не е Албанец, а со својата работа придонела за запознавање и презентација на албанските вредности во целото општество во Македонија. Годинашниот добитник е Мирјана Малевска. Малевска е универзитетски професор, која во текот на годините, па дури и во 2014, ги промовира, студира и едуцира албанските вредности, како редовен професор при ЈИЕ (Штуловиот) унивезитет. „Ова е прв пат во животот некој да се сети на мене и да ми се доделува јавно признание, а не пак, ваква награда. Ви благодарам од срце!» – изјави професор Малевска со големи емоции. Награда за хуманитарна работа Годинава се додели уште едно признание од „Милингона е арт” и тоа за хуманитарна работа. Добитник е Спортското здружение „Студенти – Тетово“, за хуманитарната работа и организирањето спортски активности за децата со посебни потреби веќе 7 години. Наградите беа доделени од еминентни личности од културниот живот во земјата: Алајдин Абази, Илире Винца, Насер Селмани, Миранда Хашани и други. На гала вечерта беа присутни околу 200 гости од научната, академската и спортската елита на Албанците од Македонија и од регионот. Годинава жирито беше составено од: Петрит Сарачини, Теута Ајдини Јегени, Вулнет Таири, Вјолца Бериша, Висар Ганиу и Мерита Максути.


34

ПРИЈАТЕЛСТВА

КОНЦЕРТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ По цели осум години, на 3 април, во Арената „Борис Трајковски“ се одржа голем концерт со поддршка на нашата компанија на една од најголемите ѕвезди на македонската естрада, Владо Јаневски. Песна по песна, стих по стих и Владо Јаневски за кратко ја имаше целата публика во арената „Борис Трајковски“ станата на нозе. Македонската публика пееше во полн глас. Осум години по неговиот последен концерт, Владо Јаневски покажа дека е во одлична форма, енергично движејќи се на сцената без ни малку его и суета на ѕвезда. Иако, несомнено, Јаневски е ѕвезда од висок калибар, која умее да се шегува на сопствена сметка, паѓа на колена и со задоволство се фотографира со своите обожаватели. И можеби токму затоа избра да настапи на малку поинаков тип на сцена сместена на средина од салата, а воено и во средина на самата публика. А таа? Млади, стари, мажи, жени,.. сплотени во рефрените кои со текот на годините прераснаа во евергрини.

Тоа се песни кои остануваат, а Јаневски, освен со траги од кармин замина дома и со полно срце благодарение на аплаузот што му го подари публиката. (Н. Вуковиќ - www.idividi.com.mk)

„РОМАН НА ГОДИНАТА“ ЗА 2014 – „БАЛКАНВАВИЛОНЦИ“ Годинашен добитник на престижната книжевна награда во земјава – Роман на годината за 2014, поддржана од нашата компанија е академик Луан Старова за романот „Балканвавилонци“, во издание на Македонската академија ан науктие и уметностите. Наградата „Роман на годината“ се додели по 16. пат. Конкурираа 32 романи напишани на македонски јазик, а во најтесен избор беа и романите: „Куфер за тројца“ на Живко Грозданоски и „Вишнова хроника“ на Фросина Пармаковска (изданија на „Или-или“), како и „Гаргара“ на Игор Станојоски (издание на „Панили“). На пригодната свеченост што се одржа на април, во „Сити хол“, образложението од жири комисијата го прочита претседателот на комисијата Владимир Плавевски, инаку

минатогодишен лауреат. Фрагменти од наградениот роман интерпретираше актерот Роберт Вељановски, а пред многубројните гости се обрати и претседателот на Управниот одбор на Медиа принт Македонија, д-р Срѓан Керим.Извршниот директор на Медиа принт Македонија, Јана Станисављева, на академик Луан Старова му врачи статуетка, а главната и одговорна уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска, плакета. Радмила Јончевска,

одговорна за спонзорства и донации во Македонски Телеком, генерален спонзор на наградата, на авторот на наградениот роман „Балканвавилонци“ му го врачи паричниот дел од наградата во висина од 150.000 денари. Традиционално, и годинава општина Центар на лауреатот му додели уметничка слика, која на добитникот му ја врачи градоначалникот на општината Центар - Андреј Жерновски.


ФОНДАЦИЈА T-MOBILE ЗА МАКЕДОНИЈА

35

АЈДЕ ДА ПОМОГНЕМЕ БИДЕТЕ ХУМАНИ, ДОНИРАЈТЕ 100 ДЕНАРИ И ВНЕСЕТЕ РАДОСТ ВО ЖИВОТИТЕ НА ДРУГИТЕ. (Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Цената на јавувањето со ДДВ е 118 ден.) АКТИВНИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА: Број

Корисник

Отворен до:

Причина

143 153

Орнела Јордановска

31.07.2015

Орнела веќе две години се бори со тешка болест, рак на лимфните жлезди. Покрај интензивната хемотерапија која ја прима, нејзината здравствена состојба не се подобрува. Единствен спас за неа е под итно лекување со повеќе ударни дози со имунолошки лекови кои се многу скапи.

143 155

Иван Стојанов

30.06.2015

Иван имал операција за отстрнување на циста на мозокот по која што останува неподвижен. Тој веќе 4 години е неподвижен, а единствена надеж му е третманот со матични клетки на Beiljing Shizhentang килиниката кај доктор Susan Cu.

143 173

Жарко Јовичиќ

30.06.2015

Жарко има тумор на главата поради што му се потребни средства за итна операција.

143 104

Марко Петрушевски

31.05.2015

Марко има дијагноза тумор на коленото. Поради појава на траги од метастаза на белите дробови, кај него е потребно под итно да се изврши операција на клиниката Филип Втори.

143 107

Благојчо Ѓорѓиев

30.06.2015

Благојчо има деформации на двете нозе поради што е потрбно под итно отстранување на туморот на нозете. Единствен спас му е операцијата во странство.

143 108

Билјана Јанеска

31.06.2015

Билјана има тешка дијагноза, малигна меланома и под итно треба да оди на лекување на кланиката Hungarian Gerson Haelath Centre.

143 111

Никола Гелев

31.07.2015

Никола има вдлабнат граден кош со деформитет од средно тежок степен. Под итно мора да се оперира на клиниката Филип Втори.

143 112

Јован Илиевски

31.07.2015

Јован има висок очен притисок и под итно мора да оди на операција на клиниката во Софија.

143 116

Зоран Ѓорѓиевски

31.07.2015

Зоран под итно мора да оди на трансплантација на срце согласно лекарскиот конзилиум.


36

ЗАНИМЛИВОСТИ

ЛЕТНА ПРИКАЗНА...

... во корнет, на стапче, во широка стаклена чаша... Да не бил Марко Поло, веројатно многу подоцна ќе сме дознале за сладоледот, за тоа чудесно летно разладување на душата и телото. Одушевен од замрзнатиот крем, можеби и повеќе отколку од дворецот на Кублај-кан, Поло прв, и тоа надолго и нашироко, им раскажал на Европејците како ужива Кина! Се разбира претерувајќи, впрочем, што може да се очекува oд „кумот“ на зборот милион кој го создал за да може што „пореално“ да ги долови гооолемите нешта (милион вкусови, милион задоволства, милион убавини, милион шари)!

Милион сладоледи Во чест на Марко Поло, понудата на сладоледите на нашето време, веројатно

можеме да ја наречеме милионска! Ниедно лето не поминува без сладолед: од обичните, млечни со ванила и чоколада, до овошните од сè и сешто, преку необичните од типот на „сино небо“ и „багремов сон“ што се продаваат во една скопска позната слаткарница, сè до крајно необичните од ружини ливчиња, од пиво, со вкус на риба и помфрит... Но, сладоледот на Марко Поло е само запишано доживување, вистинскиот сладолед за јадење први го донеле во Европа Арапите додека владееле на Сицилија. Англичаните го „откриле“ во 17 век, и оттогаш, малку по малку, сладоледот завладеал со летата на целата Земјина топка. И не само со летата! Попрецизно е да се каже дека сладоледот завладеал со вкусовите на

планетава. Во една позната и култна книга „Слатко-горчлива историја на шеќерот“ од Елизабет Абот, на сладоледот му се припишува и една сосем поинаква моќ! Имено, Абот вели дека токму „доаѓањето на сладоледот“ во Европа ја поттикнало револуцијата на брзата храна – апсолутен хит на 20 век!

Факти без анегдоти Индустриското производство на сладолед први го започнале Американците. Првата машина за сладолед е измислена 1846 година од Ненси Џонсон. Првиот корнет го измислил Итало Марчиони и му го претставил на светот во 1924. Сладолед на стапче е изум на


ЗАНИМЛИВОСТИ

Крис Нелсон десет години подоцна, а оттогаш наваму можеби формата не се изменила којзнае колку, но, содржината милиони пати се збогатила! Се разбира, секој од овие изуми си има и своја анегдота, но тоа ќе го препуштиме да го „излиже“ литературата.

Петте најпознати сладолед -адреси Веројатно секој од нас има своја лична сладолед-адреса (старинска кујна на баба си каде што се приготвува најдобриот сладолед на светот, гранапчето од нашето детство,..), но сепак да ги споделиме петте најпознати сладолед дестинации во светот, а потоа... потоа да се упатиме директно секој на своето омилено место и да го нарачаме својот омилен сладолед. За мене од мандарина во корнет-чиниче што, секако, се јаде на крајот! 1. „La Sorbetteria Castiglione“ во Болоња, Италија (www.lasorbetteria.it) – Се верува дека токму овде се јаде најдобриот „џелато“ во светот приготвен на традиционален италијански начин. Најпознат е „Микеланџело“ – комбинација од какао во прав, ликер и бадеми. 2. „Patagonia Chocolates“ во Квинстаум, Нов Зеланд (www.patagoniachocolates. co.nz) - Нов Зеланд е на прво место во светот по годишната потрошувачка на сладолед. Во „Патагонија“

37

слаткарницата се нудат 30 вкусови, а само од чоколадниот сладолед дневно се трошат 360 килограми. 3. „Jeni’s Splendid Ice Creams“ во Охајо, САД (www.jenisicecreams.com) – Американците се познати јадачи на сладолед. Секој Американец годишно јаде по 21 килограм. Сладоледот на Џени е заштитен знак на Охајо. Нејзините сладоледи се главно овошни, а специјалитет е сладоледот од ружи. 4. „Heladería Scannapieco“ во Буенос Аирес, Аргентина (www.heladosscannapieco.com.ar) – Во оваа слаткарница повеќе од 70 години се приготвува славниот аргентински, традиционален сладолед. Нема иновации, но вкусот е прославен, а квалитетот загарантиран. 5. „Morelli’s“ во Англија (www.morellisicream.com) – Морелис е најпознатиот синџир во Англија за производство на сладолед. Основан е на почетокот од 20 век од италијанскиот емигрант Џузепе Морели кој на Англичаните им го открил славниот италијански „џелато“ вкус. Продавницата во лондонската стоковна куќа „Хародс“ добила признание за најдобар сладолед во Лондон.

Необично Сладолед со вкус на риба и компири Пред две лета, англискиот производител „Frederick’s Dairies“ (www.fredericksdairies. com) го понуди на пазарот можеби најнеобичниот сладолед на светот – со вкус на риба и компири. Се служат најмалку две топчиња – едното со вкус на риба, другото – со вкус на компири. Првото е обвиено во тесто со арома на ванила и црн пипер, второто интензивно мириса на пржени компири и е украсено со резанки лимон. Дали ќе земете повеќе „риба“ или повеќе „компир“ зависи од вас. Сладолед со вкус на пиво Во Јапонија можете да се разладите со смрзната пивска пена, но во Атланта, САД, пак, отишле чекор понатаму: таму можете да си нарачате сладолед со вкус на пиво, изум на познатиот готвач Џоуел Антунес (Joël Antunes). Не знаеме дали има со вкус на светло или темно пиво, но ние би нарачале вака: „Ве молам две топчиња сладолед со вкус на радлер пиво!“

Романтично Сладолед од ружи Ова се основните состојки потребни за најромантичниот сладолед. Приготвување-то (како и на љубовта воопшто!) е крајно индивидуално, прецизен опис не е потребен, доволни се само состојките. 2 грста ливчиња од црвени ружи; 700 ml млеко; 250 g шеќер во прав; ½ лажичка цимет; 8 жолчки


Каталог на подароци 38

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ, НАЈГОЛЕМАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ ДОСЕГА!

Мој клуб – поголемa лична слобода и повеќе избор Целиот процес и сите информации за Најголемата програма за лојалност во Наскоро! програмата ќе бидат објавени на нашата веб Македонија постојано се збогатува, во Новото име веќе го имаме, а очекувајте и чекор следејќи го зголемувањето на вашиот страница www.mojklub.mk и на www.t-mobile. нова, неодолива димензија на најголемата број како членови на програмата. Со mk/mojklub . А дотогаш, изберете подарок програма за лојалност во Македонија! од Каталогот на Мој клуб, не заборавајќи ги спојувањето на програмите за лојалност на Подготвуваме многу поголеми придобивки ниту неколкуте други вредни придобивки Т-Mobile и Т-Home, ве обединивме во едно буквално за сите корисници на T-Mobile и T-Home, кои поседуваат мобилен број на големо семејство кое може да ги комбинира од членувањето во најголемата програма за МОЈ КЛУБ Е ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА НА T-MOBILE И T-HOME СО КОЈА ЈА НАГРАДУВАМЕ ВАШАТА T-Mobile! ЛОЈАЛНОСТ КАКО лојалност во земјава: поените и да ги користи за подароци и НАШ КОРИСНИК. КОРИСТЕЈЌИ ГИ УСЛУГИТЕ НА T-MOBILE И T-HOME ОСТВАРУВАТЕ ПОЕНИ СО КОИ ДОБИВАТЕ услуги, а со новините што наскоро ќе ги ВРЕДНИпрограмата ПОДАРОЦИ. УШТЕцелосно ПОВЕЌЕ, МОЈ КЛУБ НУДИ МОЖНОСТ ЗА СОБИРАЊЕ ▪ Комбинирајте ги Мој клуб поените со ПОЕНИ И ПРИ КУПУВАЊЕ воведеме, ќе добие ПРОДУКТИ КАЈ НЕКОИ ОД НАШИТЕ МОЈ КЛУБ ПАРТНЕРИ. поволна доплата и земете го мобилниот нова димензија. Лојалноста кон T-Mobile телефон што најмногу ви се допаѓа во и Т-Home ќе биде наградувана речиси ▪ Изненадете ги вашите пријатели – Доверба! секојдневно. Новиот, збогатен концепт подарете кредит на нивната припејд Мојпрограмата клуб ви овозможува заедничко на▪собраните - Бесплатни Можете давикенд ја надополните припејд сметката на вашите блиски соваучер Одберете Мој клуб разна со ново име Мој клубкористење ќе сметка!. Одберете електронски поени, а тоа значи уштеипоскратен пат придобивките електронски ваучер во износ од 590, 2.000 говори или Мој клуб Бесплатни разговори овозможува собирање користење надо Мој во 300, износ од900 300,или 590, 900денари; или 2 000 ги своите поенисо поенитеденари клуб поени низ широката продажна мрежа од члeнувањето во најголемата програма за лојалноствовоМојот круг користејќи - Можете да плаќате при купување телефон во Доверба; и надополнете ја припејд и активирајте веднаш со јавувањепоени на 122можете да сметката на нашите партнери. Ќе можете при секое на вашите Македонија: - Собраните ги користите во коајблиски било користејќи во најблиската продавница! купување во што партнерските продавници ги Мој(„Тинекс“, клуб поените. Јавете се на 122 - Поените ги собирате секој месецдаможете да гиили користите продавницаУслугите на нашите партнери „Космо“, „Нептун“, можете да ги активирате на сопственисобирате поени и потоа собраните поени или–појдете најблиската продавница за да нарачате уредисо и дополнителна опрема од Каталогот продавниците на Fashion Group Okaidi, во Bata, Mango, Golden број доколку сте постпејд приватен да купувате или да приредете убавоGall, припејд што целосно седоплаќате објавува напроизводи www.mojklub.mk или даотги point, Geox, Timberland, HugoиBoss, Fashionнекому ID, Giovanni корисник подарите на друг Women’s по ваш избор иливодакомбинација нарачате подароци и доплата во изненадување. искористите со поволна една одили пак да ги Celio, Fashion&friends, secret, Parfois, Springfield, постпејд број по ваш избор. услуги од нашиот Каталог. нашите продавници; Blanco, Bitsiani), Travel Solution и Sigma. Доколку сте Т-Mobile корисник Kритериуми за добивање поени

42 Мој клуб

Доколку сте и T-Home корисник: број на поени

Производ/услуга

Поени


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

39

Собирајте и користете ги поените во над 250 продавници! Кој може да ја користи партнерската програма Оваа поволност важи за сите корисници кои имаат Т-Mobile број и го носат својот мобилен телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. Припејд корисниците на Т-Mobile исто така можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на T-Mobile, кои се корисници и на услугите на T-Home, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите на двете компании, а преку својот Т-Mobile мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери.

Како се собираат и користат поените Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Сите собрани поени од користењето на нашите услуги и од купувањето кај нашите партнери, можете да ги искористите во која било продавница на нашите партнери. Постпејд корисниците можат да ги искористат поените. за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб, за купување на уред од понудата на Т-Mobile во Доверба или во партнерската мрежа.

ПАРТНЕРСКИ ПРОДАВНИЦИ

Кој може да собира поени ■ секој припејд корисник на T-Mobile, ■ секое физичко лице со поединечна претплата, ■ секој член од фамилијарните тарифни модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени, ■ секој член од Team тарифните модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени, ■ компании со назначени вработени, при што собраните поени ќе бидат ставени на компаниското салдо на Мој клуб поени и ■ вработени во компаниите, при што собраните поени ќе бидат ставени на индивидуалното салдо на Мој клуб поени.

Преглед на собраните и искористените поени во партнерската мрежа Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: ■ Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, ■ Преглед на месечната сметка или месечна SMS порака, ■ На Мојот Т-Мobile портал www.my.t-mobile.mk, ■ Со праќање SMS на 070 142 566 (5,9 ден.) со текст: Мojklub ■ Во сите Телеком продавници или на 122. За повеќе детали, посетете ги веб страниците: www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk

НОВО!


40

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

МОЈ КЛУБ ШИФРА: 30081 ЗАШТИТНА ФУТРОЛА – РК ВАРДАР 1 395 ПОЕНИ

ШИФРА: 30073 HARMAN KARDON® ESQUIRE MINI 44 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30077 JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E10 9 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30080 HUAWEI TALKBAND B1 BLACK 27 450 ПОЕНИ

ШИФРА: 30084 БАТЕРИЈА BACKUP 9000 MAH 10 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30112 DRE™ СЛУШАЛКИ СО МИКРОФ. IN-EAR HEADPHONE - БЕЛИ 33 400 ПОЕНИ

ШИФРА: 20530 DR. DRE СЛУШАЛКИ IN-EAR HEADPHONE - ЦРНИ 30 365 ПОЕНИ

ШИФРА: 30076 JBL СЛУШАЛКИ TEMPO T100A 4 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30088 SAMSUNG ФУТРОЛА ЗА S5 МИНИ 8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30087 SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА NOTE 4 8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30090 ЗАШТИТНА ФУТРОЛА XQUIST IPHONE 6 ЦРНА 1 195 ПОЕНИ

ШИФРА: 30078 JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E30 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30550 XQISIT USB ДАТА КАБЕЛ ЗА IPHONE 5 AND 6 БЕЛ 3 100 ПОЕНИ

ШИФРА: 30537 XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА MICRO USB 2600MAH СИВА 3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30538 XQISIT БАНКА БАТЕРИЈА MICRO USB 2600MAH ЦРНА 3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 40122 PHONE PANASONIC KX-TG 8611 (BLUETHOOT&BABY SURVEILANCE) 21 295 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 30113 BEATS СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН URBEATS™ - МАТ ЦРНИ 22 135 ПОЕНИ

ШИФРА: 30114 BEATS СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН URBEATS™ - МАТ БЕЛИ 20 150 ПОЕНИ

ШИФРА: 30115 BEATS STUDIO 2.0™ СЛУШ. СО МИКРОФ. OVER EAR - БЕЛИ 60 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 30116 BEATS EXECUTIVE™ СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН - ЦРНИ 60 360 ПОЕНИ

ШИФРА: 30534 XQISIT ЦВРСТА ФУТРОЛА ЗА IPHONE 5S ЦРНО-ЗЕЛЕНА 2 225 ПОЕНИ

ШИФРА: 30532 XQISIT ФУРТОЛА ЗА HTC ONE M9 ЦРНА 1 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30535 XQISIT УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ЦРНА XL 1 550 ПОЕНИ

ШИФРА: 30536 XQISIT УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ЦРНА M 1 550ПОЕНИ

ШИФРА: 30547 ФОТРОЛА SLIM XQUIST SAMSUNG S6 ЦРНА 2 245 ПОЕНИ

ШИФРА: 30546 ФОТРОЛА SLIM XQUIST SAMSUNG S6 БЕЛА 2 245 ПОЕНИ

ШИФРА: 30543 ЗАШТИТНА ФОТРОЛА XQUIST IPHONE 6 1 195 ПОЕНИ

ШИФРА: 30544 ФОТРОЛА XQUIST СО КАПАК SAMSUNG S6 ЦРНА 20495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30531 SAMSUNG ПОЛНАЧ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН МИКРО USB 3 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30542 XQISIT ПОЛНАЧ 500MA MICRO USB 1 125 ПОЕНИ

ШИФРА: 41028 ТЕЛЕФОН GIGASET DA310 4 595 ПОЕНИ

ШИФРА: 41029 ТЕЛЕФОН GIGASET A220 7 645 ПОЕНИ

41


42

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 30058 GIZMOBIES ДЕКОРАТИВНА ФОЛИЈА ЗА 10'-11' ЛАП ТОП 5 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 30060 GIZMOBIES ДЕКОРАТИВНА ФОЛИЈА ЗА 15'-16' ЛАП ТОП 6 050 ПОЕНИ

ШИФРА:30541 SAMSUNG WIRELESS CHARGER 9 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30075 JBL CLIP 14 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30539 ТЕЛЕСКОП SELFIE BLUETOOTH СТАПЧЕ 3 725 ПОЕНИ

ШИФРА: 30540 ACCESS MICROSD CARD READER 2 145 ПОЕНИ

ШИФРА: 30098 KINGSTON MICROSD 32GB МЕМ. КАРТИЧКА КЛАСА 4 6 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30099 SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА GALAXY ALPHA 8 350 ПОЕНИ

ШИФРА: 30545 ФОТРОЛА XQUIST СО КАПАК SAMSUNG S6 БЕЛА 2 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30548 KINGSTON MICROSD 8 GB МЕМ. КАРТИЧКА КЛАСА 4 1 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30097 KINGSTON MICROSD 16GB МЕМ. КАРТИЧКА КЛАСА 4 3 495 ПОЕНИ

ШИФРА: 30079 JBL СЛУШАЛКИ SYNCHROS E40BT 27 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30104 JBL CHARGE 2 44 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30103 JBL FLIP 2 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 30551 XQISIT ДАТА КАБЕЛ MICRO USB 650 ПОЕНИ

ШИФРА: 30106 ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ MR100 4 995 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

ШИФРА: 30549 XQISIT USB ДАТА КАБЕЛ ЗА IPHONE 5 AND 6 ЦРН 3 100 ПОЕНИ

ШИФРА: 30101 SAMSUNG ФУТРОЛА СО КАПАК ЗА GАLAXY S5 БЕЛА 6 700 ПОЕНИ

ШИФРА: 30107 ПРИВЕЗОК ЗА МОБИЛЕН SWAROVSKI TINKER BELL 9 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 30108 ПРИВЕЗОК ЗА МОБИЛЕН NYMPHE FUCHSIA NECKLACE 12 995 ПОЕНИ

30544 ШИФРА: 30109 ФОТРОЛА XQUIST СО КАПАК ЏЕБНА СВЕТИЛКА SWAROVSKI SAMSUNG S6BLOSSOM ЦРНА BLACK WILD 495ПОЕНИ 92 995 ПОЕНИ

ШИФРА: 40069 USB HUB 2.0 4-PORT APACER PH150 995 ПОЕНИ

300 ден.

ШИФРА: 120001 Е-ВАУЧЕР 300 1 500 ПОЕНИ

590 ден.

ШИФРА: 120002 Е-ВАУЧЕР 590 3 000 ПОЕНИ

900 ден.

ШИФРА: 120003 Е-ВАУЧЕР 900 4 500 ПОЕНИ

2000 ден.

ШИФРА: 120004 Е-ВАУЧЕР 2000 8 000 ПОЕНИ

43


44

КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

НОВО!

НОВО!

ШИФРА: 20535 ACER LIQUID Z205 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20490 ALCATEL IDOL MINI 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20502 ALCATEL OT POP 8 WIFI 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20503 HTC DESIRE 610 69 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20496 HUAWEI Y530 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20527 HUAWEI G620 59 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20500 LG L40 27 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20506 LG L70 37 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20526 NOKIA 530 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20533 ALCATEL POP 2 (4.5) 39 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20529 LENOVO A536       34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509 NOKIA LUMIA 630 47 250 ПОЕНИ


КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

ШИФРА: 20518 SAMSUNG E1200VE 6 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20511 SAMSUNG 3590 19 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20522 SAMSUNG GT-S5611VE 19 950 ПОЕНИ

     

ШИФРА: 20487 SAMSUNG GALAXY CORE PLUS 39 950 ПОЕНИ

НОВО!

НОВО!

ШИФРА: 20499 SAMSUNG S5 WHITE 149 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20513 SONY XPERIA Z2 159 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20514 SONY XPERIA E1 29 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20523 ZTE MF667 USB STICK 4 950 ПОЕНИ

45

ШИФРА: 20536 SONY XPERIA E4G 37 250 ПОЕНИ

ШИФРА: 20534 SONY Z III 169 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20526 NOKIA 530 34 950 ПОЕНИ

ШИФРА: 20509 NOKIA LUMIA 630 47 250 ПОЕНИ


МОЈ КЛУБ БР.99  
МОЈ КЛУБ БР.99  

МАГАЗИН ЗА ТЕХНОЛОГИЈА И МОДЕРНО ЖИВЕЕЊЕ

Advertisement