МОЈ КЛУБ БР.90

Page 1

бр.90 јули 2013

ГОСТ

И

* Бесплатен примерок за членовите на Mој клуб | Цена 80 денари

НОВИ Н ИТАРОТ ПЕЈО

Нови поволности во најголемата програма за лојалност во Македонија

Собирај и користи поени Во над 250 продажни места! Комплетна роаминг понуда Ова лето патувај и споделувај, каде и да си!



содржина

Драги пријатели, Го чекаме со нетрпение, му се радуваме, долго го планираме, со радост и возбуда го доживуваме... ЛЕТО! Секое лето пишува нова возбудлива приказна, која останува запишана уште долго во нашата меморија. Токму ова лето Мој клуб ви обезбедува нови, возбудливи придобивки – многу повеќе можности за собирање и користење на вашите поени. Со секое купување кај нашите партнери вие собирате поени и ги користите за купување или доплата по ваш избор. Повеќе за оваа големо нова придобивка прочитајте на страниците на Мој клуб.

05 Гостин Новиот Итар Пејо

10 Интервју „Беј д фиш“

20 Инфо прозорец Комплетна роаминг понуда

41 Мој клуб Поголем избор и повеќе придобивки

08 Samsung Galaxy S4 „Драма“ телефон

24 (Анти)препорака Книги што не треба...

13 Телефон LG Optimus L7 II

31 Пријателства Поддржано со љубов и разбирање

16 Интернет Отвореното против приватното

37 T-Home Филмската страна на летото

Која и да е вашата оаза ова лето, ние сме со вас, за да ви овозможиме да го споделите секое ваше летно доживање, каде и да сте. Доколку патувате надвор од земјава, за вас подготвивме комплетна летна понуда на најповолна комуникација во роаминг. Зборувајте со Најевтин роаминг, суфајте од странство со Travel &Surf пакетите за најповолен интернет во роаминг, споделувајте на социјалните мрежи исто како дома. За оние кои сакаат SMS комуникација, со апликацијата за Најевтин роаминг праќајте најповолни SMS пораки од странство! За деновите во домашен амбиент МaxTV е идеалното решение за бегство од летните горештини. Доколу сè уште не сте зеле МаxTV не двоумете се, зaшто единствено МаxTV ви обезбедува кристално чиста слика и многу дополнителни опции. За редовните МaxTV корисници, ги препорачуваме новитетите од HBO. Но, без оглед на годишното време, бизнисот мора да тече. Новите Бизнис смарт тарифи се најпаметното решение за успешен бизнис, бидејќи во еден пакет ви нудат буквално сè што ви е потребно за непречена бизнис комуникација. Во комбинација со незаменливиот Samsung Galaxy 4S, тие се вистински погодок! Летото е незамисливо без моменти за опуштање со добра книга, омилено списание... Мој клуб е во вашите раце и ова лето, со теми за опуштање и информирање. Наши гости се актерката Марија Спиркоска, новиот Итар Пејо, која игра во актуелните „Солунски патрдии“, се дружиме со една од нарепрезентативните групи во Македонија – „Беј д фиш“, а директен повод е нивниот нов албум. Во рубриката филм разговараме со Даријан Пејовски, млад режисер на краткометражни филмови. Ви препорачуваме да прочитате и за паметните часовници, за борбата помеѓу отворениот интернет и затворените системи. Патуваме во Витлеем, во десетте дестинации кои тивко исчезнуваат, се возиме со амфибусите... Летувајте и патувајте со Мој клуб!

Даниела Анѓелиќ, Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Тираж на бр. 90; 120 000 примероци; Одговорен уредник: Даниела Анѓелиќ (Менаџер за управување со маркетиншки канали); Уредник: Оливера Ќорвезироска; Редакција: Марија Дејанова, Јордан Гиров; Дизајн: Издава: T-Mobile, одговорен сектор: Маркетинг; Извршен директор на Секторот за комуникација на пазарни информации: Тодор Димитровски. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.

Менаџер за управување со маркетиншки канали


4

Таблет

Sony Xperia Tablet Z

Во мало тело, силен дух Толку лесен и тенок, Капење со таблет небаре ќе се скрши на Важно е да се напомене дека екранот е прекриен со слој кој го штити од гребење допир, а истовремено, и полесни удари. Има три порти и тоа: толку моќен и стабилен microSD порта за мемориска картичка со што можете целосно максимален капацитет од 64 гигабајти, порта за слушалки и microUSB порта. Сите три да се потпрете на него. имаат заштитно капаче, а тоа, колку сега и Во работата, се разбира. ви звучи непотребно, верувајте е многу Запознајте го Sony Xperia да важен додаток. Зошто? Затоа што доколку Tablet Z. сите овие порти се затворат физички, Sony Кога прв пат ќе се сретнете со Sony Xperia Tablet Z, многу реално е да ве зафатат двата неоправдани стравови, но тие до некаде се (и) оправдани ако се знае дека таблетот е дебел само 69 милиметри, а тежок нешто околу половина килограм што го прави еден од најтенките и најлесни мобилни уреди со 10-инчен екран или поточно10,1-инчен екран со резолуција од 1 920 х 1 200 пиксели, што е нешто повеќе од полна HD резолуција којa прикажува одлични слики и моментално реагира и на допир и на приспособување на положбата на сликата во зависност од положбата во која се наоѓа самиот уред.

Два неоправдани стравови

1. Ова „чудо“ не може да се допре, без да се скрши!? 2. Произведувачот заборавил да стави некој важен дел во него, затоа е толку лесен!?

Xperia Tablet Z може да биде потопен во вода до длабочина од 1 метар и до 30 минути (го поддржува стандардот IP57)! Одеднаш, колку и тоа да звучи непотребно, капењето со таблет е возможно!

Здружени камери и комбинации

Од задната страна е сместена 8,1-мегапикселна камера којашто е „здружена“ со предната камера со 2,2-мегапикселен чип која служи за видео разговори и, по малку нарцисоидно, самопортретирање. И двете камери се потпомогнати софтверски за прикажување почисти слики, кои нема да бидат матни и секако, ќе бидат добро осветлени. Во внатрешноста се крие одлична хардверска комбинација. Со четиријадрениот 1,5-гигахерцен процесор и 2 GB РАМ меморија, речиси и не постои задача

која нема да се изврши за миг А тука не зборуваме само за лесните и едноставни задачи, напротив. За складирање се користи интерната 16 гигабајти голема меморија, која, како што спомнавме, може да се надгради со дополнителни 64. Од другите технологии поддржани се NFC (Near Field Communication), како и стандардните GPS и жироскоп. Таблетот преку SIM картичка се поврзува на GSM мрежите, додека пак, на интернет може да се пристапи или преку 3G мрежата или Wi-Fi за кој се поддржани сите стандарди. Сурфањето на нашата мрежа е со 42 Mbps. Покрај нив, тука се и Bluetooth и малку подзаборавеното поврзување преку инфрацрвени зраци, но ете од Sony решиле сè да сместат во Sony Xperia Tablet Z. За крај, да го спомнеме софтверот кој е обединет околу Android 4.1 (Jelly Bean) оперативниот систем кој ќе може да се надгради и до последната за сега 4.2 верзија. За да се одвои од другите, од Sony додале свој „скин“ врз оној предефинираниот од оперативниот систем, небаре на тој начин сакаат постојано да ве потсетуваат дека овој одличен уред кој го држите во рака е овозможен токму од нив. Г. Постоловски

Заклучок: Не е убиец, туку „згоден и моќен“ убавец

Иако можеби не може да се нарече „убиецот на iPad“, сепак Sony Xperia Tablet Z сигурно може да конкурира за местото најдобар Android уред во оваа категорија и со овие димензии. Неговата тежина и надворешните димензии го прават посакуван како за оние кои постојано мораат да носат нешто такво со себе, така и за припадничките на понежниот пол, бидејќи едноставно е „згоден и моќен“, а тоа знаеме дека е...


и Н Т ЕР В ЈУ

Марија Спиркоска - Актерка

Новиот Итар Пејо Премиерата на новите „Солунски патрдии“ на сцената на Драмскиот театар донесе еден нов лик, нов префесионалец, нова актерка со извонреден сензибилитет за трансформација. Марија СпиркоскаИлијеска - девојката со многу харизма, посветеност и прецизност во професијата - во улогата на новиот Итар Пејо е актерката престорена во маж, која буквално ја освојува скопската публика.

ГОСТ НОВИ ИН ИТАР ОТ ПЕЈО

5


6

и Н Т ЕР В ЈУ

со кој „Возбудата и жарот за театарот зборував наоколу з дека беа доволен дока то што би го единственото неш е токму тоа!“ работела од срце Мој клуб: Иако поминаа повеќе од два месеца од премиерата, се чини дека страста,умешноста, перфекцијата со која го ,,стокмивте“ Пејо Мариовецот е подеднакво актуелна како првиот ден. Од оваа временска дистанца како гледате на првиот поклон на вашиот Пејо? M.Спиркоска-Илијеска: „Првин, среќна сум што преживеав, зашто премиерата беше најстресниот и најдолгиот ден во мојот живот. Очекував многу луѓе од Прилеп, сопругот, родителите, колегите,.. а имав неверојатна потреба да бидам сама.Чувствував сè и сешто, пеперутки во стомакот, возбуда, страв од непредвидливи работи: да не ми се одлепат мустаќите, да не ми падне периката... Во 20 ч. оживеа сè: мојот Пејо со неговите сплетки и интриги самоуверено стапна на сцената. Громогласниот аплауз повеќепати во текот на претставата, ме хранеше и ме туркаше напред. Солзите дојдоа на крајот кога излегов на поклон и кога го видов татко ми со букет во рацете, солзи во очите и насмевка на лицето... Сфатив дека одлично ја завршив работата, ја оправдав мојата желба да станам актерка и неговото одобрување да го живеам својот сон.

„Тишина, има проба!” Како си го препознавте талентот? Кој го забележа и одобри тоа? Од кога знам за себе, во нашата фамилија не се правело муабет за ништо друго, освен за театар, а така е и до ден денешен. Постојано бев опкружена со актери и режисери и најчесто времето го поминував во театар: од читачки, мизансценски и костимски проби до премиери и репризи. Уживав во темнината зад сцената, прашината во одаите каде што се чува сценографијата, а

секако, најголемото уживање беше под рефлекторите на сцената. Вратата на која пишува „Тишина, има проба“ за мене беше врата во земјата на чудата. Возбудата и жарот со кој зборував наоколу за театарот беа доволен доказ дека единственото нешто што би го работела од срце е токму тоа.

„Море, ќе го расипеш Пејо!” Живеете и работите во Прилеп, патувате за ,,Солунски патрдии“ во Скопје, се грижите за семејството, секако подготвувате и нешто ново... Како ви успева сето тоа? Колкава поддршка имате и од кого? Се трудам мојата професија да нема никакви негативни последици на мојот приватен живот. Имам две деца, кои по градинка ги чуваат мајка ми и татко ми, а тука е и сопругот од когошто имам голема поддршка. Кога сум дома се трудам целосно да се посветам на семејството, а за време на премиерите некогаш се случува и по цел ден да останам во театар. Така функционираме веќе 6 години, и тоа особено ме радува, затоа што актерството не е професија туку начин на живот без одредено работно време и многу непроспиени ноќи. Кога ја прифативте улогата по која беше, и е препознатлив вашиот татко - Благоја Спиркоски-Џумерко, колку и дали ,,украдовте“ од неговите итроштини, марифетлаци при креацијата на новиот Пејо? Првата реакција на татко ми беше: „Море, ќе го расипиш Пејо!“, се разбира на шега кажано. Серијата „Солунски патрдии“ ја имам гледано многупати , а исто така и театарската претстава во

Прилепскиот театар. Не само што го знаев текстот, туку се сеќавам на сите движења и гестикулации на актерите. На тој Пејо му внесов нов жар, разиграност, сензибилитет , или како што многумина рекоа: „Го слушаме татко ти, а те гледаме тебе“.

Гостинка и домаќинки Актерскиот тим со кој соработувате на ,,Солунските патрдии“ е речиси комплетно женски, со исклучок на ликовите на Цанде (Зоран Љутков), и Сотка (Златко Митревски). Како се покажаа колешките скопјанки? Беа ли добри домаќинки и соработнички? Се чувствував како дома. Имав чест да работам со колеги кои се одлични актери, но пред сè големи луѓе, максимално посветени и ангажирани на сцената. Бев пресреќна што заедно со нив ја работам оваа претстава, а секако и благослов е да се најдеш во таква екипа, затоа што претставата е успешна толку колку што екипата е сложна. Веќе имаме 7 репризи по премиерата и секое доаѓање во Скопје ми е ново уживање и на сцената и зад неа. Една недела пред премиера добив подарок кој ми е многу драг спомен за убавиот процес и дружење во Скопје.


и Н Т ЕР В ЈУ

7

На што работите во моментов, можеби повторно ќе нè освоите на сцената на Драмски? Во моментот на репертоарот во Прилеп играм во две претстави:„Змејовата невеста“ во режија на Нела Витошевиќ и „Сонот на Цепенков“ во режија на Кирил Петрески . Од она што е ново, со Коле Ангеловски соработувам повторно на една урнебесна комедија во неговиот добро претпознатлив стил и верувам дека ќе имаме хит претстава која долго ќе остане на репертоарот, а прилепчани и актерите на сцената на „Војдан Чернодрински“ ќе уживаат. Да го затвориме муабетов со некоја ваша Пејовска реплика, и да ве видиме следниот пат со вашиот женски актерски сензибилитет во подеднакво брилијантен перформанс на истата сцена... „Светот е скала, ама и чколија“ е мојата омилена Пејовска реплика. Голема чест ќе ми претставува ако повторно имам шанса да бидам дел од некој нов проект на Драмскиот театар.

„Откако знам за себе, во нашата фамилија не се правело муабет за ништо друго, освен за театарот.“

Претстава од дваесет и седум години „Солунските патрдии“ на вашите колеги претходници ја засмејуваа публиката цели 27 години, а режисерот Коле Ангеловски повторно успеа да направи сензационална претстава. Си ветивте ли себеси дека на некој начин ќе ги заокружите тие 27 години или... ќе започнете нови 27? Целата нова екипа на „Солунски патрдии“ работеше со должна почит кон историската и уметничката важност на старата. Оттаму и сите ние имаме голема желба да ја играме исто толку долго како нашите претходници. Посакуваме дури и да ја играме повеќе од 27 години, и да ја видат повеќе од 160 000 гледачи , во повеќе од 400 репризи, и секако и ние да се поклониме на сцената по толку долги години, со нова генерација актери како што беше на нашата премиера... Текст: Р. Гинова Фотографии: Е. Николова


8

Телефон

Samsung Galaxy S4

„Драма“ телефон Појавувањето на врвниот модел на Samsung е вистински настан! Можеме да зборуваме дали е подобар од овој или од оној конкурент (компаративни анализи лесно ќе најдете на интернет), но едно е сигурно – телефонот е врвна светска технологија достапна и кај нас.

Дизајнот веднаш ќе го скокнеме – телефонот личи на претходникот кој и самиот беше грдо пајче кое не прераснало во лебед. За среќа, тука завршуваат и недостатоците кои можеме да му ги припишеме. Екранот од 5 инчи (12,7 cm) дијагонала е доволно голем за да влезе и во онаа класа на уреди наречени „фаблети“ (полу телефон-полу таблет) и е направен од врвна Super AMOLED технологија заштитена со Corning Gorilla Glass 3 стакло отпорно на (не)секојдневни опасности. Екранот има резолуција (густина на приказ) од 441 ppi (пиксели на инч) што е

највисоката густина на приказ на Super AMOLED екран. Да ги тргнеме цифриве настрана – просто кажано, екранот нуди слика како ниеден друг телефон на пазарот.

За копчињата, филмовите и пуканките Копчињата се стандардни и без изненадувања (едно хардверско за „дома“, две дополнителни за „назад“ и „мени“, а додадени се функционалности во интерфејсот


Телефон

9

Сирови кратенки за „вкусни“ заклучоци Неколкуте реда сирови кратенки: HSDPA, 42.2 Mbps; HSUPA, 5.76 Mbps; LTE, Cat3, 50 Mbps UL, 100 Mbps DL, GPS-A, Bluetooth v 4.0, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, DLNA, Wi-Fi Direct, Wi-Fi hotspot, прегледувач на документи, SD приклучок како и 50 GB простор на Dropbox како дополнителна меморија на вградените 16 GB,.. навистина придонесуваат за „вкусот“ на заклучокот.

(базиран на Android 4.2.2) со неколку нови „финти“ кои придонесуваат да го засакате телефонот уште повеќе. На долната страна е поставен и микро USB приклучокот кој има и нова MHL 2.0 технологија со која можете да приклучите MHL адаптер и да гледате обичен и 3D приказ на TV со HDMI кабел, а телефонот истовремено да се полни преку телевизорот. Иако батеријата има 2600 mAh, добро е да сте сигурни дека телефонот нема да ве изневери на половина филм, а пуканките да завршат во ѓубре. Телефонот има процесор од четири јадра што функционира на работна фреквенција 1.9 GHz , засебен Adreno 320 графички процесор и импресивни 2 GB работна меморија.

Смартфонот и смарт погледот Новиот интерфејс во комбинација со хардверот и големиот екран нуди неколку кул опции - можност на делење на екранот и паралелно работење на две апликации, воздушните гестови со кои со движење на раката се контролира пребарувачот (скролање), се движите низ менија, го управувате музичкиот плеер и сл. Посебно се интересни Smart Stay, Smart Rotate, Smart Scroll и Smart Pause опциите со кои управувате со телефонот со движења на вашите очи. На пример, доколку е вклучена опцијата Smart Scroll, вашиот пребарувач ќе ја подигне веб страницата нагоре ако вашиот поглед е насочен на дното од страницата. Smart Pause пак, ќе го паузира видеото

кое го гледате доколку вашите очи се дефокусираат од екранот.

Камера за Оскар Покрај 13 MP кои се „спакувани“ во сензорот на задната камера (автофокус, LED блиц, стабилизација, HDR) и преднaтa од 2 MP (обете снимаат HD), Samsung Galaxy S4 нуди и можност на фотографирање и снимање видео со двете камери одеднаш, панорама од 360 степени, како и најинтересната опција – „драма“ снимка: фотографии направени за неколку секунди поставени на иста позадина каде што се поместува само движечкиот објект. По снимањето од временската линија можете да ги одберете и најинтересните моменти кои сакате да останат на сликата. Ако го задржавме вашиот поглед на овој смарт смартфон, упатете се во Т продавница, којзнае, можеби Samsung Galaxy S4 ве чека токму вас. Ј. Гиров


10

Инт е р в ј у

Огнен Анастасовски – „Беј д фиш“

„На крајот на песокта“, на почетокот на летото Нашиот гостин е контрабасист по диплома, гитарист по желба и музички творец, филантроп и космополит по убедување, главен креатор и двигател на култната македонска група „Беј д фиш“ (Bei The Fish).

Б

ендот постои 13 години, со многу концертни настапи дома и надвор и четири студиски албуми. Со последниот, промовиран на почетокот од годинава, овој состав го живее својот најбогат концертен живот. Албумот „At The End of the Sand“ („На крајот на песокта“) е обид за враќање на заталканата цивилизација на вистинскиот пат. Овој албум пее за сето она што денес ги манипулира животите на инстант генерациите зависни од технологијата.

Враќање нанапред? Мој клуб: Новиот албум го издадовте во име на враќање кон корените, иако кај нас најчесто се мисли на враќање кон традицијата.

За какво враќање говорите? Јас, напротив, албумот го доживеав музички чекор кон напред? О. Анастасовски: Албумот е навистина поразличен од сè претходно, но тој се враќа кон корените, зашто цивилизациски многу работи (општество, археологија, религија, историја) се отидени онаму каде што не треба да бидат. Многу работи се во погрешен правец и токму поводот за создавање на албумот беше тој календар на Маите за крајот на еден циклус. Овој циклус кој трае 5 000 или 25 000 години и ако воопшто има цивилизација на крајот на денот би требало да сме подобри од тоа што сме сега, ама не сме. Ако сме излегле од вода како што се вели, тогаш тој прв чекор што сме го направиле излегувајќи мора да бил погрешен.


Инт е р в ј у

Звукот на „Беј д фиш“ се должи на составот на инструментите, на луѓето кои сте во групата, или на нешто трето? Вам и сите албуми ви се разликуваат, некои содржат повеќе електроника, некои се по углед на најдобрите поп стандарди од 80-те, има диско, блуз, хип хоп... Јас сум пораснат со поп музиката, со Ем Ти Ви во 90-те години, кога секое видео, секоја песна беше различна од другата. Имаше прекрасни аранжмани, имаше многу добра музика, многу добри мелодии, хармонија... Значи, формата отсекогаш ми беше битна и денес сакам да слушнам форма, убава мелодија и што е најважно да ме изненади. Ако песната не ме изненади, тогаш таа не ми се допаѓа. И блузот го сакам отсекогаш, веројатно зашто станува збор за традиционална музика кај која нема шминка и така сирова не е податлива за фејкање (лажирање). Мораш да си искрен. Инаку, звукот во новиот албум е различен веројатно зашто се занимава со таква тема. Мораше да биде поагресивен и за мене тој е таков, иако некои воопшто не го доживуваат така. Идејата беше да „викнеме“ малку погласно за да нè слушнат дека имаме нешто да кажеме и дека нешто не е во ред!

Малубројна, скапоцена публика Денес сме сведоци на едно многу ограничено поимање на она што е всушност македонска музика. Вас не ве „есапат“ за произведувачи на македонска музика (особено што и текстовите ви се на англиски јазик), а вие помакедонски и не можете да бидете! Да расчистиме, кому „Беј д фиш“ му се обраќаат?

11

Ако гледаме историски наназад, музиката секогаш била наменета за одредена елита, но елита не во смисла на аристократија туку во смисла на публика со префинет вкус. Ние сметаме дека имаме една одредена публика од 500 до 1 000 луѓе, што за нас е сосема доволно, зашто ни е особено важно кога ќе застанеме на сцена да забележиме дека луѓето се тука затоа што знаат зошто се дојдени и зашто сакаат да бидат тука, а не бидејќи тоа е модерно! Ваквиот поглед на нештата е веројатно клучен за тоа што вие немате проблем да се претставите и пред публиката во Солун, Белград, Љубљана, насекаде... Интересно беше тоа што во Солун свиревме со „Деус“, а тоа ни е омилениот бенд и бендот којшто нè научи дека инструментите

За „в оз

ењето Покра “ ј муз и фиш“ чката вам п прика арале други зна с лно д о „Бе музич обро ј д во Ма ки сф ви од кедон ери. и и в ската Контр сте п о абаси опера л ст ст и бал музик оден и на е е а. Ка п т о , лето а мно ко го на пр гу „вози и м е н те“ о Супер вој п етата сл . Јас арале секој алом? лен 5-6, а год осве и вооби н албумите на, од пос чаено ледни на „Б теата в имам р по ед еј д фиш“, е филмо ски претст н а или ви. С а в и и н две е н ќе ра ботам адевам дек еколку кра тки а и филм. во бр музик з а за В долго о време особе о суштина м но ко Самио га ст ми е многу етражен т про анува добро це многу з ми по с е поинак бор за фи , лм ма о и во други га и во ра в и индире . те ра ктно ботат б а со оти. се ра б В е а ндот ж но се боти сето време работи, .


12

Инт е р в ј у

можат да се свират и поинаку од тоа што нè учеле, и дека аранжманите можат да бидат поразлични. Но, мојата поента беше дека по настапот ни пријдоа многу Грци да ни кажат дека тоа што го правиме е многу добро. Имаме свирено низ цела Европа и најчесто не ни веруваат дека сме од Македонија. Многу често се случува да ни кажат дека мислат оти сме од Холандија, на пример.

За творењето и за иднината Откријте ни како настанува музиката на „Беј д фиш“? Сите седнувате зедно и креирате или има некој кој идејно ги дава главниот импулс и патоказот? Главно јас сум доминантно врзан со креацијата, во поглед на текстовите и на музиката, така што поголемиот дел од работата е мој. Седнувам, се инспирирам од гледањето документарци за сè и сешто, а особено за старите цивилизации и во даден момент нешто ќе ми се искристализира и ќе почнам да создавам некаква приказна, зашто без приказна нема поента. Тоа ми е многу важно, зашто не можам да седнам да пишувам песна заради песна, заради тоа што треба да се направи албум или слично. Мора да е заокружена целина, и како звук и како приказна, како идеја, како стихови... Откако ќе обмислам сè идејно, па и во најголем дел аранжмански, почнуваат пробите и се случува тоа што се случува. Сега додека ние го „живееме“ вашиот последен албум, за вас веројатно ова е веќе завршена приказна. Сигурно сега веќе започнува некоја нова. Во кој правец? Во принцип, тоа никогаш не го знам. Зависи што следниот пат ќе ми направи смисла. На пример, претходниот албум „Само една идеја“ („Just an Idea“) за жал, не го доживеа вториот дел како што беше планирано. Тоа е затоа што бев окупиран со други работи, работев во театар и бев под влијание на мјузикли, многу истра-

жував како се работи таму и имав потреба и сакав да направам нешто што ќе има таква форма, со карактери, со приказна. А последниов албум беше нешто сосема друго, прикаска за крајот на светот како што тоа го промовираше белиот човек и убаво маркетиншки го спакува. Денес имаме реклами од типот „Купувајте храна зашто утре ќе ја нема“ исто како што во времето на Студената војна се купувале скривници. Значи, знаев дека ќе има нешто такво, дека веќе не држи религијата, не држи општеството, историјата се менува на секои педесет години, тоа што сум го учел јас веќе не се учи денес, а тоа што го учел татко ми нема врска со она што сум го учел јас... Но, за следниот пат не знам која приказна ќе ми биде интересна за да почнам нешто да работам.

Текст: Б. Костиќ-Марковиќ Фотографии: Darkkind Syk


Телефон

13

LG Optimus L7 II

Тој (може да) е вистинскиот! На прв поглед плени со убавина. На прв допир влева доверба. По неколку денови се раѓа љубов помеѓу Вас и него. Прв поглед – едноставност зачинета со малку луксуз

LG Optimus L7 II е телефон кој за прв пат беше претставен на почетокот од годинава. Однадвор е стандарден, со некои елементи коишто го прават луксузен, како да се „срами“ што според цената се наоѓа во средна класа и е наменет за широката публика, па ете бара начин да се издвои. Еден од тие елементи е металниот обрач кој на куќиштето му дава луксузен „шмек“. На предната страна се наоѓа екранот и неколку дискретно поставени копчиња во долниот дел, додека монотонијата на задната страна е разбиена со моќната камера со блиц. Од страните се уште и неколкуте копчиња за основните функции и тоа е тоа.

Втор поглед – визуелна привлечност и стабилност

При првото вклучување се забележува сосема доволно големиот екран со дијагонала од 4,3 инчи и со резолуција од 480 х 800 пиксели. Иако резолуцијата и густината на пиксели не се којзнае колку големи, сепак, острината на елементите и заситеноста со бои го неутрализира тој недостаток и сликата изгледа одлично

гледана под различни агли и при различна осветленост. Оперативниот систем е Android 4.1.2 Jelly Bean, но сепак првиот екран не наликува на стандардниот од овој ОС. Тоа е благодарение на Optimus UI 3.0 скинот кој што додава „мал милион“ подобрувања и „твикувања“ коишто го вадат најдоброто од оперативниот систем и го нудат на дофат на вашите прсти. На задната страна е моќната камера. Намерно го потенцираме зборот моќна, бидејќи 8-мегапикселна камера со блиц и автофокус, не е нешто што често се наоѓа кај телефоните од овој ранг. Со неколкуте напредни опции како онаа за 6 последователни фотографирања за кратко време, камерата слободно може да ја истакнеме како еден од адутите на LG Optimus L7 II.

Прв допир – под „хаубата“

Главната хардверска компонента или поточно речено, систем од компоненти кој се грижи сè да работи како што треба се Dual-core 1 GHz процесор комбиниран со 768 мегабајти работна или РАМ меморија. Сосема доволно за телефон од оваа класа и оваа ценовна категорија. На него можеби нема да може да се играат најновите игри, но сепак во секојдневното работење тешко дека ќе недостига брзина или процесорска моќ. За складирање тука е 4 гигабајти големата меморија, но бидејќи на располагање се само 1,7 гигабајти, речиси сигурно е дека секој од вас ќе се реши да ја искористи можноста за вметнување мемориска картичка со максимален капацитет од 32 гигабајти.

За поврзување LG Optimus L7 II ги користи сите популарни протоколи и мрежи. Од 3G и WiFi за на интернет, преку Bluetooth 3.0 за конекција со блиски уреди, DLNA за приказ на вашиот телевизор, па сè до старото добро USB поврзување со microUSB кабел за комуникација со компјутер или полнење на батеријата. А токму батеријата е следниот адут со којшто LG Optimus L7 II може да се пофали. Огромниот капацитет од 2450 mAh „заробен“ во нови материјали коишто на батеријата даваат отприлика 6% повеќе капацитет во споредба со стандардните LiIon-ски батерии, на LG Optimus L7 II му овозможуваат до 12 часови зборување, атрибут со кој не можaт да се пофалат далеку поскапи телефони од високата класа. Г. Постоловски

Заклучок: Ќе го сакате!

По краткотрајно дружење со LG Optimus L7 II сосем е извесно дека ќе го засакате. Ако сте тргнале со идејата дека купувате телефон од средна класа, ќе бидете изненадени од квалитетот и опциите кои ги нуди, а тоа се покажува и на пазарот каде што, иако има огромна конкуренција од страна на кинеските производители, сепак овој модел одлично котира и има одличен прием од корисниците коишто веднаш ги препознаа неговите квалитети.


14

Н АУ К А И Т Е Х Н ОЛО Г ИЈА

iWatch Паметни часовници

Ќе носиме ли вакви часовници наскоро?

окму Apple, Microsoft, Samsung и Google беа пионери и моментно се најголемите производители на едни други „паметни“ уреди – смартфоните. Не дека телефоните пред нив беа „глупави“, сепак со додавањето на низа функции кои дотогаш беа резервирани за компјутерите, производителите го додадоа префиксот „паметни“ пред уредите кои во основа се преносни компјутери со опција за телефонирање. Сега истите тие решија да ги „опаметат“ и часовниците и уште повеќе да го поедностават и да го направат подостапно носењето на компјутерот со себе. Како и кај телефоните, и во овој случај Apple прв ја почна лавината шпекулации околу постоењето и создавањето паметен часовник којшто по инерција веќе го нарекоа iWatch. Од компанијата позната по своите iУреди не само што не демантираа, туку и секојдневно ги подгреваат шпекулациите со објавување вести кои,


Н АУ К А И Т Е Х Н ОЛО Г ИЈА

15

време работат на продукти за иднината, а часовникот е токму таков продукт.“ Дека ништо не може да се случи без Google се покажа и во овој случај. Покрај паметните очила (Google Glass), во нивните лаборатории се подготвува и паметен часовник и тоа од страна на нивната Android дивизија, а за негово реализирање добиен е и патент според апликација поднесена уште во 2011 година. Како последен во низата се јави Microsoft и тоа преку своите добавувачи на делови од Азија кои потврдија дека компанијата им нарачала еден и полинчни екрани и останати делови, кои најлогично би било дека ќе се искористат за паметен часовник. Иако работат на различни продукти и концепти, сепак сите производители се надеваат на исто, а тоа едека овие уреди ќе бидат надополнување на смартфоните коишто ги произведуваат и ќе служат како нивни додаток.

Рачни часовници vs паметни часовници

„Технологија која може да се облекува“

иако директно не се однесуваат на самиот часовник, сепак лесно можат да се поврзат со него. На пример, групирањето на 100 инженери предводени од високо позициониран претставник на компанијата, комбинирано со добивањето патент за екран кој се витка и сето тоа поткрепено со изјави на член на бордот на директори дека Apple сè повеќе е заинтересирана за „технологија која може да се облекува“, не може, а да не навести дека „на големо“ се подготвува новиот iWatch кој би бил тесно поврзан со iPhone и iPad и кој, повторно шпекулација, треба да биде на пазарот веќе на крајот од годинава.

„Продукти за иднината“ Поучени од искуството со смартфоните и таблетите, директните конкуренти на Apple во оваа сфера, не чекаа да се појави финалниот уред, па потоа да се трудат да го достигнат туку сите тие реагираа на време. Така, веднаш по Apple се појави и гласината дека и Samsung развива свој паметен часовник. Гласината дојде од највисоко ниво, преку потпретседателот за бизнис кој изјави дека „тие веќе подолго

Но, каков е ставот на реномираните производители на рачни часовници? Нивниот одговор накусо и сублимирано, би бил: „Ние произведуваме часовници веќе 500 години и преживеавме и војни и кризи и секаква конкуренција, затоа, производители на паметни часовници – едноставно, немате шанса!“ Дали ќе биде така или, сепак, новата генерација купувачи ќе успеат да преовладаат и ќе им дадат предност на паметните, наспроти традиционалните рачни часовници, останува да видиме. Нека победи подобриот! Г. Постоловски

Кој нема шанса? Рачните или паметните часовници?


16

Инт е р н е т

Отвореното против приватното Историја на отворениот интернет Историјата на интернетот почнува со развојот на електронските компјутери од педесеттите години на 20 век. Концептот на она што ќе стане интернет почнува со првата порака која била испратена од Универзитетот на Калифорнија до Стенфорд. ARPANET како прва интеракадемска мрежа носи особен придонес во развојот на протоколи за вмрежување во кои неколку мрежи можат да се спојат во мрежа од мрежи. Во 1982, протоколот за проток и вмрежување TCP/IP бил стандардизиран, па концептот за светски распространета мрежа, наречена интернет, стапува на сцена. Комерцијални интернет провајдери се појавуваат во доцните осумдесетти и раните деведесетти; а веќе кон средината на декадата, интернетот носи и комерцијален сообраќај. Оттогаш, интернетот има револуционерна улога на културата и комерцијата, вклучувајќи го развојот на електронска пошта, инстант пораки, глас преку интернет протокол, видео разговори. Во

Интер нетот како е зам г ислен олема децен отвор трали ена зир која никој ана технол и огиј не ј Од вр емето а поседува а докум . на пр енти вите на Ти појав м Бер ат мрежи а на првит нес Ли до е лок и пов телеф ални рзува онска њето л п и р н еку иј го по врзув а, интерне прели а тот в ст ме со веб го по увачот. Се врз га Googl уваме со к , сè повеќ e, Ap е омпан ple, ии ка претс F к a о отвор тавува бор cebook. Шт еното о бата п и при всушн ватно омеѓу ост, т о носи крајн таа з и што, ите к а нас орисн , ици?

1993 година, носел само 1% од вкупната размена на информации преку телекомуникациските мрежи, во 2000 година оваа бројка расте до 51%, а во 2007 бројката веќе е 97%. Ова ширење без преседан продолжува и денес, со уште позасилено темпо. Отвореноста и стандардизираноста го овозможија овој раст заради пристапноста на стандардот до сите заинтересирани страни кои сакаа да се приклучат на

бранот на интернетот. Отвореноста значи отворена врата и заеднички јазик. Во време на развој, нуди насока за јазикот кој треба сите да го научат за да се приклучат кон дијалогот и да се поврзат. Можеби најголемата експанзија се случи во преносните уреди, оти секој од нив денес е на интернет. Но, освен отворената врата кон интернет, некои уреди паралелно функционираат и со „приватна” технологија.


Инт е р н е т

Уреди, протоколи за размена Уредите кои почнаа да нè поврзуваат на интернет отпрвин беа посветени само за таа намена. Се сеќавате на својот прв рутер на dial-up конекција? Тој рутер имал вградена логика за читање на овој TCP/IP протокол и за учество во интернет сообраќај. Некогаш таквиот уред беше центарот на интернет универзумот, но тоа многу брзо се измени. Од не толку одамна, секој кориснички уред ги овозможува истите моќи за поврзување и сега секој телевизор, телефон, фрижидер, сет топ бокс комуницира со интернетот. Богатството на содржина е на интернет, па секој уред е приспособен за читање вести, гледање филмови, твитање, праќање слики на Facebook и сè што срцето ќе ни посака. Дури, сега одиме и чекор понатаму. Очекувањето за пристап до секој уред стана стандардно, а веќе правиме нови и нови начини како

17

уредите комуницираат меѓу себе; секој уред за да знае каде сме застанале со гледањето на омилената серија на телевизорот минатиот пат, за да продолжиме да си гледаме на телефон. Производителите на уреди тука веќе имаат одврзани раце и почнуваат да развиваат свои сопствени протоколи за размена на информации. Најпознат од овие е AirPlay протоколот на Apple производите, кој овозможува синхронизизација на содржината меѓу Apple уредите. Работи како магија, тука нема место за критика. Но, кога ќе сакате да се префрлите на друг уред, веќе ништо не важи. Веќе ви е познатo: формати на документи, електронски книги и видеа кои се читаат на еден уред многу тешко се префрлаат на друг. Останува простор за мислата: дали клубот на „фамилии“ уреди е фер однос кон крајниот корисник, што губиме и што добиваме со ваквата поставеност? А освен платформите на уреди, што значи кога приватната форма ќе почне да се шири наместо отворениот децентрализиран интернет?

Ние, корисниците

Приватни мрежи (FB интернет) Од своја страна, како што некогаш поим за интернет беше интернет прелистувачот, сега поим за интернет, особено за помладите генерации е социјалната мрежа Facebook. Многу често забораваме, тоа е социјална мрежа во која податоците не се во наша сопственост. Tреба да сме поврзани на интернет за да пристапуваме до оваа социјална мрежа, но Facebook не е исто што и интернет! Знакот за равенство помеѓу нив е пречкртан! Во многу нешта, тоа е обратно од отвореноста со која почна развојот на интернетот. Наместо децентрализираност, треба да одите на едно место за да учествувате во разговорите, и од вас се бара членство. Никој однадвор не може да учествува во овој разговор доколку не е член на мрежата, а сè што таму се разговара е во сопственост на социјалната мрежа. Бумот што го направи Facebook воопшто не е за занемарување. Менување на начинот на комуникација не е тривијалност да се постигне, особено кај помладата генерација. И можеби најголемиот чекор кој се случи тивко и незабележано е дека внесе една аура на приватност во отвореноста со кој веќе можеме да ги препознаеме контурите на борба на приватното наспроти отвореноста, борба за популарност и прифатеност од корисниците.

Ние, корисниците, сме центарот на овој универзум. На почетокот го откривавме светот на онлајн мрежите срамежливо и анонимно, додека сега ни е сосем удобно користењето на нашиот идентитет при учеството во дискусијата. Оваа промена е многу поблиска до комуникацијата лице в лице, и произлезе од миксот помеѓу отвореното и приватното. Како што денес знаеме дали се движиме во јавен парк или влегуваме во приватно кафуле, ќе дојде време и кога ќе знаеме точно дали играме во отворениот простор или сме влегле во приватна мрежа. И едното и другото си има свои привилегии и добри страни, а останува на нас да ги искористиме најдобрите страни од двата света. „Валутата“ се нашето внимание и присуството, а тоа е најголемото богатство што еден корисник може да го вложи. К. Зографска


18

ФИЛ М

„409“(Македонија, 12 мин.) Сценарио и режија: Даријан Пејовски Улоги: Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ Кинематографер: Димо Попов Музика: Александар Пејовски Монтажа: Горјан Гешоски Продукција: „Марни филмс“ и „Вертиго вижуал“, Финансиска поддршка: Филмски фонд на РМ

Даријан Пејовски - режисер

Долго, топло фестивалско лето Минатата година проектот „Скопје ремикс” ги претстави новите сили во македонскиот филм. Еден од деветтемина режисери е и Даријан Пејовски, деновиве актуелен со својот нов краткометражен филм „409” на којшто му претстои вистинска летна фестивалска авантура.

Накратко...

Мој клуб: Даријан, на почетокот, твоја мала лична карта за оние читатели кои прв пат се запознаваат со тебе и со твојата работа. Д. Пејовски: Накратко, пред две години дипломирав филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Столе Попов. Наскоро ќе полнам 30 години. Во твојата кратка кариера, колку филмови веќе имаш зад себе? Не сметајќи ги студентските, кои се

задолжителни додека студирате на ФДУ, зад мене имам еден среднометражен телевизиски филм, и два кратки, од кои едниот е дел од омнибусот „Скопје ремикс”, насловен „Опера”. Работев и како еден од ко-сценаристите на филмот „Панкот не е мртов” на Владимир Блажевски, заедно со Вардан Тозија. Знам дека секој проект ти е драг и драгоцен како искуство, но дали би можел да издвоиш што научи по снимањето на секој од наведените филмови? Навистина секое искуство е различно. Проблемот со филмот, за разлика од другите уметности, е што имате многу помалку прилики за работа, а со тоа и побавно се развивате како автор. Оттаму, секој снимачки ден е скапоцен. Ако нешто сум научил, тоа е веројатно да се подготвувам прилично педантно пред секое снимање, бидејќи никогаш не сум имал доволно време за да оставам нешто на случајот.


ФИЛ М

19

„Време е да продолжиме понатаму!“ Која е симболиката на бројот во насловот на твојот нов краток филм? Што е „409“? Нема никаква симболика во самите бројки. Во хотелска соба со број „409“ се одвива најголемиот дел од приказната. „409“ е приказна за човек кој поседува сè што во општествена смисла значи „нормалност“ или „успешност“. Колку изместените критериуми во нашето општество се доволни за успешна карактеризација на ликовите во домашните филмови? „Изместени критериуми“ веќе стана општа, здодевна фраза што ја користиме сето време. Веројатно преголемиот наплив на информации и нивното неселективно пласирање си го прават своето. Што се однесува до македонскиот филм, мислам дека „изместените вредности“ и фамозната „транзиција“ беа и повеќе од доволно застапени. Мислам дека е време да продолжиме понатаму! Колку недостигот на емотивна сатисфакција кај главниот лик знае да биде инспирација за еден краток, па и долгометражен филм? Колку тој може да ја „вози“ приказната напред, кон целта? Во принцип, карактери што имаат одреден емотивен проблем или состојба, во самиот старт се податливи за истражување. Никој од нас не е совршен, и понекогаш навистина претставува утеха кога како гледач имаш прилика да си ја „споделиш“ маката со ликовите. Не буквално, секако. Какви поединци, односно луѓе, се во фокусот на твоите приказни? И зошто токму таков тип луѓе те интересираат? Немам некој преголем багаж зад себе и не можам да извлечам некаков НЗС за ликовите. Ако ги споредам последните два кратки филма, би рекол дека тие раскажуваат за луѓе што на некој начин заталкале

во сопствените животи, и бараат некаков излез, сатисфакција. Во „Опера“ тоа беше раскажано на малку комичен начин, додека во „409“ амбиентот е потрагичен.

Скопје, лето, хорор и „студио систем“ Колку Скопје како современ град, како живо суштество кое постојано се менува, е инспирација за твоите сценарија? Со самото тоа што сум роден и живеам во Скопје, сакал-нејќел, тоа е моето природно живеалиште. Скопје е град што константно се менува, и тоа на полошо. Морам да при­знаам дека амбиентот во којшто живееме е сè понеинспиративен, во визуелна смисла, освен ако не снимате некаква пародија. А да, и не постои раскрсница во градов без огромни билборди. Се надевам дека на „409“ му претстои долго, топло фестивалско лето? - Па да, краткиот филм и нема многу други опции за прикажување, за жал. Откако помина официјалната домашна премиера, судбината на филмот ќе биде претежно фестивалска.

Што е она што те преокупира и што го работиш во моментов? Во моментов подготвувам уште еден краток филм, кој е во фаза на постпродукција. Станува збор за хорор, во продукција на „Вертиго Висуал”. Очекувам дека ќе биде готов во текот на летово. Потоа се надевам дека конечно и моето сценарио за целовечерно остварување ќе дојде пред завршна реализација. И на крајот, во кој дел од филмската историја би сакал да создаваш? Кое време те возбудува, чиј современик би сакал да бидеш помеѓу филмаџиите? Стариот холивудски „студио систем“ отсекогаш ми бил интересен. Авторите од тоа време имаат по педетина, некои од нив дури и по стотина филмови во своите кариери. Навистина ми е фасцинантна целата машинерија и фактот дека еден ре­­жисер може да направи по 3-4 филмови во годината. И омилените мои режисери се од тоа време: Хјустон, Форд, Вајлдер, Волш, Хоукс, Хичкок… И. Анѓелков

ва вски најаву Даријан Пејо ок ат кр ен ед те работа на уш у лк ни пома филм и тоа, хорор, што ќе ве ни по во нашата е редок жанр а потоа, а, иј кинематограф ќе следи и се надева, предизвик најголемиот целовечерно о дебитантск за кое веќе остварување, . има сценарио


20

Ин ф о п р о з о р е ц

Ова лето патувај и споделувај, каде и да си! Комплетна роаминг понуда со супер цени за совршен одмор: сурфање во странство веќе од 149 ден., разговори за само 10 ден./мин. и SMS пораки за 6 ден.! Kаде и да патуваш, која и да е твојата омилена дестинација во Европа или САД, ова лето можеш комлетно да се опуштиш на мобилен, без разлика дали сакаш да сурфаш и да бидеш постојано на социјалните мрежи, да зборуваш долго со семејството или пак, да праќаш SMS на пријателите! Сурфај безгрижно од странство со Travel&Surf Со единствената понуда на пазарот за сурфање во роаминг, Travel & Surf, можеш безгрижно да сурфаш во Европа и во САД веќе од 149 денари. Со Travel & Surf добиваш навистина најевтин интернет во странство. Одбери Travel&Surf S, M или L според земјата во која патуваш и должината на твојот одмор, односно согласно количината на интернет што ти е потребна:

неделни разговори

Travel & Surf S Travel & Surf M Travel & Surf L

Времетраење

Цена

Вклучен интернет во Интернет зона 1

Вклучен интернет во Интернет зона 2

3 дена 7 дена 10 дена

149 ден. 349 ден. 649 ден.

10 MB 50 MB 100 MB

3 MB 10 MB 20 MB

Интернет зона 1: Албанија, Австрија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Чешка Република, Германија, Грција, Унгарија, Холандија, Полска, Словачка Република, САД. Интернет зона 2: Белгија, Франција, Ирска, Италија, Косово, Србија, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Турција и Велика Британија.


Ин ф о п р о з о р е ц

21

За да го користиш активираниот Travel & Surf пакет треба да си најавен на мрежата на мобилниот оператор за кој важи пакетот, согласно на земјата во која патуваш. Пронајди ја земјата во која ќе патуваш и операторот на кој треба да се најавиш на нашата веб страница www.t-mobile.mk/roaming

Целосна контрола на интернет трошоците во странство За да се избегнат несаканите интернет трошоци во странство, нашиот систем ќе го следи твојот пакет со тоа што ќе го ограничи пристапот на интернет доколку не е одбран еден од операторите за кои важи твојот пакет. За поголема контрола врз трошоците ќе те известиме кога ќе потрошиш 80% и 100% од интернет сообраќајот вклучен во пакетот, како и 24 часа пред истекот на времетраење на пакетот. Доколку го потрошиш интернетот од пакетот пред да истече валидноста, ќе треба повторно да активираш пакет по твоја желба.

Активирај Travel & Surf пакет и споделувај на интернет Активирај го одбраниот Travel & Surf пакет на еден од следниве начини: преку бесплатна мобилна страница, со повик на 142 099 или преку Визелниот автомат со вртење * 140 #. За наједноставно активирање, посети ја мобилната страница http://my.t-mobile.mk/travel каде што можеш да се информираш и за сите детали на пакетите и да имаш целосен увид на твоите интернет трошоци во странство. При отворање на страницата, порталот автоматски ќе го препознае твојот број по што треба да ја одбереш државата каде што ќе патуваш и Travel&Surf пакет според потребите. Интернет сообраќајот за посета на страницата не се наплатува дома и во странство. За активирање со повик, следи го Говорниот автомат на 142 099 и одбери ја прво интернет зоната во која спаѓа земјата во која патуваш (Интернет зона 1 или Интернет зона 2) и потоа пакетот што сакаш да го користиш (S, M, L). Ако сакаш да активираш пакет преку повик најдобро да го направиш додека сè уште си во земјава, бидејќи повикот од странство се наплаќа по регуларна цена. Travel & Surf пакетите ти се достапни за активирање од странство и преку Визуелниот автомат. Заврти *140 и одбери ги интернет зоната и пакетот што сакаш да го користиш, со впишување и повикување на редниот број па избраниот пакет. Повикувањето и навигацијата преку Визуелниот автомат се бесплатни и дома и во странство.

Роаминг во авион Комуницирајте и додека патувате, дури и во авион! Единствено со Т-Mobile можете да сурфате, да зборувате и да праќате SMS пораки додека летате. Заедно со нашиот партнер AeroMobile Norway ви овозможуваме роаминг во 150 авиони опремени со современ GSM систем на компаниите Lufthansa, SAS, Virgin Atlantic, Emirates, Gulf Air, Etihad Airways, Transaero and Malaysia Airlines. Роаминг во авион е достапен по следниве цени: 220 ден./мин. за разговори, 980 ден./MB за сурфање и 50 ден. за секоја пратена SMS порака. Примен повик во авион се наплатува по иста цена како остварен разговор кон сателитската зона Thuraya во вашиот соодветен тарифен модел, а примена SMS порака не се наплатува.


22

Ин ф о п р о з о р е ц

Патувај и зборувај опуштено со Најевтин роаминг Сподели ги со пријателите прекрасните доживувања од твоето летување и јавувај им се од странство за само 10 ден./мин., и во припејд и во постпејд. Јави се на 142 099, активирај ја услугата Најевтин роаминг за еднократен надомест од 100 денари и зборувај по супер цена од странство цело лето. За да ја користиш оваа одлична понуда, потребно е при секој повик од странство да го внесеш префиксот *123*, бројот што го бараш и на крајот #. Телефонот ќе заѕвони со твојот број на екранот - прифати го повикот и разговарај по цена од само 10 ден./мин. Со само едно активирање оваа услуга ти стои на располагање сè до 30 септември 2013 кон сите броеви на T-Mobile и фиксните мрежи. Цената по минута кон другите мобилни мрежи е 20 денари. Повеќе информации на www.t-mobile.mk/roaming М. Дејанова

Користи Најевтин роаминг без префикс и праќај SMS по супер цена со апликацијата за роаминг! Отсега можеш да ги бараш пријателите од странство исто како да си дома, без внесување на префиксот *123* и да праќаш SMS кон сите мрежи во светот за промотивна цена од 6 денари со новата роаминг апликација. Сè што треба да направиш е да ја преземеш и активираш бесплатната апликацијата на твојот телефон: ■ Преземи ја апликацијата од Визуелниот автомат на бесплатниот број *122# и од T-Mobile менито одбери T-Моbile услуги/Најевтин роаминг/Апликација за најевтин роаминг или директно преку Говорниот автомат на 141 551. Навигацијата низ Визуелниот автомат е бесплатна дома и од странство, а бирањето на Говорниот автомат е овозможено додека си во Македонија; ■ Потоа, користи ја преку SIM (T-Mobile) менито на твојот телефон, подмени Најевтин роаминг. Упатство за активирање и користење на роаминг апликацијата на различни модели телефони ќе најдеш на www.t-mobile.mk/roamapp

Со апликација бирај на ист начин како и дома, директно од контакт листата (именикот) на твојот телефон или пак, внеси ги броевите во формат 07XXXXXXX или 02XXXXXXX. За да ја користиш промотивната цена за Најевтин роаминг од 10 ден./ мин. потребно е да ја активираш летната понуда за Најевтин роаминг за само 100 денари на 142 099. За да праќаш пак SMS по промотивна цена до 6 ден. сè до 30 септември не е потребно активирање на промоцијата за Најевтин роаминг. Отвори го T-Mobile (SIM) менито на телефонот, одбери Најевтин роаминг и потоа „123” повици. Потоа само внеси го бројот на којшто сакаш да пратиш SMS, впиши го текстот и притисни ОК. Со бесплатната апликација за Најевтин роаминг заштеди си време и пари! Роаминг апликацијата е достапната за новите T-Mobile СИМ картички, а доколку твојата картичка не ја поддржува апликацијата, замени ја со нова во најблиската Телеком продавница; За користење на апликацијата, потребно е во земјата на престој да е достапна услугата Најевтин роаминг. Доколку не можеш да оствариш повик или да пратиш SMS, најави се на друг странски оператор или деактивирај ја апликацијата.


Ин ф о п р о з о р е ц

23

Нови Busines Smart тарифи Паметно решение за успешен бизнис! Со новите Busines Smart тарифи го добивате најдоброто за вашата бизнис комуникација. Одберете пакет според вашите потреби - комбинирајте тарифа со бесплатни разговори кон сите мрежи, вклучен мобилен интернет и вклучени SMS пораки со телефон по одлична цена! Buisiness Smart тарифите ви овозможуваат уште повеќе поволности: ■ Бесплатни разговори кон T-Mobile и T-Home ■ Бесплатни разговори кон други домашни мрежи ■ Неограничени разговори во рамки на компанијата ■ Вклучен 3G мобилен интернет ■ Вклучени SMS пораки ■ Вклучени разговори кон меѓунарoдни мрежи во повисоките претплати.

Тарифи

Business Smart S

Business Smart M

Business Smart L

Business Smart XL

Business Smart XXL

299 ден.

599 ден.

999 ден.

1 799 ден.

2 499 ден.

500

2 000 3 000

5 000

5 000

/

300

Неограничено

Неограничено

Неограничено

Неограничено

Неограничено

Минути кон меѓународни мрежи

/

/

/

100

200

SMS кон сите домашни мрежи

/

/

300

1 000

5 000

100 MB

1 GB

3 GB

5 GB

10 GB

Месечна претплата Минути кон T-Mobile и T-Home Минути кон други домашни мрежи Минути во компанијата

Мобилен интернет

Доколку го искористите интернетот вклучен во претплатата, не ви се наплаќа за дополнително сурфање, само се намалува брзината на пристап; Цените се без ДДВ.

Плус одберете смартфон по одлична цена од нашата понуда во Доверба 24.

Не двоумете се, побрзајте во продавниците на Телеком и одберете го вашиот бизнис пакет!

Со Business Smart тарифите можете во секое време да проверите уште колку бесплатни минути/SMS/MB интернет ви преостануваат од вклучените во претплатата - пратете SMS на 142 566 со текст STATUS за да ја добиете бараната информација. Цената на една пратена SMS е 5,9 ден.

Business Smart тарифите се достапни за сите нови и постојни бизнис корисници. Повеќе на www.t-mobile.mk/delovni


24

КНИГИ

(Анти)препорака

Книги што не треба да ги носите на годишен одмор

Не пакувајте ги книгите што сигурно нема да ги „распакувате“. Ниту оние за кои ќе зажалите што сте го сториле тоа. „Тој е повторно тука“ од Тимур Вермес морате да не го носите на одмор затоа што... сè уште не е преведен на македонски јазик.

В

о суштинска смисла на зборот, книгите тешко може да се наречат багаж, иако нивното пренесување од Овде до Онде (или Таму) не ја поништува врската со препознатливите „знаци“ на патувањата: куферите, на пример. Можете да ги носите в раце, но само ако патувате од соба в соба; за сите подруги далечини препорачливо е да вклучите и практичност: да ги спакувате само оние кои навистина ќе доживеат (барем) „отпакување“. Наспроти сите препораки и предупредувања што треба/мора да понесете со себе на годишен одмор, што не смеете да заборавите и сл., кои го востоличуваат „да“; поаѓајќи од убедувањето дека секое „не“ е ненадоместлива линија во исцртување на ликот на можното „да“ - ќе се обидеме да ви го олесниме куферот, сугерирајќи ви кои книги да не ги носите со себе каде и да одите,.. и зошто, се разбира.

Одложување на одложуваното Во читателска смисла, генерално, годишниот одмор не треба да претставува надомест за пропуштеното, попрво треба да биде антиципација на претстојното. Оттаму, не носете лектирни книги што сте пропуштиле да ги прочитате во своето образование, без оглед до кој степен ве мачи нивното „непрочитување“ пред самите себеси. Не носете ни домашни автори (дури ни новиот, прв и крајно ветувачки роман на Петар Андоновски – „Очи со боја на чевли“ ), ред е нив

континуирано да ги читате во текот на целата година. Лаичкиот и најчесто паушален став дека современата македонска книжевност е здодевна, едноставно е и старомоден... (Треба ли да се потсетуваме на успесите на Венко Андоновски, Гоце Смилевски, Никола Маџиров и Лидија Димовска чиишто книжевни писма одамна се излезени од Македонија?) Значи, никакви Ани Каренини, Злосторства и казни, Ламаринени барабани, Волшебни ридови или Нови Елоизи. Не нарушувајте го залудно совршениот ред на собраните дела на полиците (свои или уште полошо – на пријатели!), затоа што нештата кои толку долго чекале, може да почекаат барем уште десетина-петнаесет дена. И онака, за култните книги се вели дека се безвремени. Впрочем, сосечете ја во корен можноста да страдате како Расколников на плажа, да вреската и да кршите сè наоколу со својот глас како Оскар или, да не пиете кафе, иако сте луди по него, бескрајно за да уживате тогаш кога ќе си го дозволите (што подоцна!) како љубената Јулија на Русо!? Навистина не морате на годишен одмор да се соочувате со зачетоците на романтичарскиот животен идеал, читајќи екстензивен сентимално-љубовен роман од 18 век кој до полн интензитет ја воздигнува човековата емоција! Бидете малку себични, дозволете си го тоа себеси, и позанимавајте се со воздигнување на сопствените емоции.

Нешта та ко и тол чекал ку до е, мо лго же да барем почек уште аат десет петна инаесет дена: „Ана Карен Толст ина“ ој), (Л. „Злос казна торст “ (Ф. во и „Лама Досто ринен евски иот б Грас) ), араба , „Во н“ (Г лшебн Ман), . иот р „Јули ид“ ( ја ил Т. Елоиз и нов а“ (Ж ата . Ж. Русо) .


КНИГИ

25

Модни детали и неисполнети ветувања

Кога многупати одложуваното ќе се одложи барем уште еднаш - светот останува сосем непромент! Не ставајте ги/ или веднаш извадете ги ваквите книги од својот куфер!

Во име на реалноста... Не носете го во никој случај ни прекрасниот роман на Умберто Еко „Островот од претходниот ден“. Ова целомесечно уживање – хипербола на жанрот роман, можете да го оставите на бирото подготвено да го чека вашето постодморско време. Ризикот да ги измешате и онака броените денови од летувањето, со „Островот од претходниот ден“ повеќекратно се зголемува: оваа книга е толку моќна да ги размести вчера и утре, што, најверојатно, нема да придонесе за беспрекорен ред на спомените во долгите зимски денови. Есктравагантните Робинзони на Еко – Роберто и Феранте можат да ја релативизираат секоја емоција и секое доживување, затоа нека си останат на пустиот брод „Дафне“ дома или во книжарниците... Во име на реалноста на она што можеби ве очекува токму летово. Романот „Новеченто“ или „расказот за читање на глас“ како што го нарекува неговиот автор, не треба да го носат со себе ни оние кои од порано знаат за Алесандро Барико, ни оние кои прв пат се

„Љубениот на мајката“ од Урс Видмер треба да остане дома, зашто не го исполнува ни она што го ветува на кориците.

соочуваат со неговото заводливо писмо. Вторите можaт толку да се одушеват од музиката на текстот што се чита, или слуша за време на само едно зајдисонце, па остатокот од летувањето да бидат молчаливи или нестрпливи да прочитаат уште нешто од истиот автор... Ако сепак, здогледате сред водниот бескрај брод што се вика „Вирџинијан“ – сфатете го тоа како таен знак дека Дени Будман Т.Д. Лемон Новеченто (главниот лик) бил нестрплив за вашето внимание. Генерално, не е препорачливо „Новеченто“ да се чита „на каква било вода“ поради опасноста „копното засекогаш да стане преголем брод за вас“ како што вели современиот, мошне познат и мошне преведуван италијански автор чиишто романи, за среќа, од 2000 година се преведени и на македонски јазик („Свила“, „Новеченто“, „Океан море“, „Замоци на гневот“...)

Читателите на кои читањето им е само моден детаљ, без премногу да се задлабочуваат во вредноста, кои се робови на трендот и на „новото“ по секоја цена, сепак нека не го земаат романот на Амели Нотомб „Страв и трепет“. Нека се обидат да се воздржат пред егзотичноста на името на авторката, пред нејзината исто таква биографија, пред одличната маркетиншка презентација на нејзината литература низ целиот свет, пред наметнатото „ново“ (и непознато), затоа што ова е еден крајно здодевен текст без никаква книжевна возбуда. Исплетен со минимум креативна заложба, само со помош на дури и недоволна сензационалност, иако прецизно нишани токму во таа цел. („Педесет нијанси сиво“ воопшто не го спомнуваме. Ни да се носи, ни да се остави дома.) За разлика од познатата збирка раскази на Банана Јошимото („Кујна“) која на сличнава фреквенција испишува длабоки болки, меко и вешто, Амели Нотомб сè во книгата препуштила на евтина, делнична сензација на нашето време. Наменска, импровизирана трик-комбинација за само едно облекување. Дома треба да остане и романот „Љубениот на мајката“ од Урс Видмер, иако во поднасловот носи силна провокација („приказна за машката моќ и женското самоуништување“). Не го исполнува она што го ветува во сопствените најави на кориците, зошто тогаш би очекувале од овој наслов да ни ги исполни дните на одмор со нешто кусо и фино!? Единствена причина да не го носите со себе екстра забавниот и екстра популарниот сатиричен роман за „враќањето“ на Хитлер „Тој е повторно тука “ од Тимур Вермес е затоа што... не е преведен на македонски јазик. Ако знаете германски, ете одличен спротивен ефект од текстов „Книги што не треба да ги носите на одмор“: читајќи што да не носите, си најдовте книга што плаче за вашиот куфер. О.Ќ.


26

Н АшА Т Е М А

Златната ера

Современа модна илустрација

Пол Ирибе – мода во профил Карл Ериксон –„лесната“ четка како мода Керолин Смит – апстракцијата како мода Антонио Лопез – моден Пикасо

Дејвид Даунтон – „Господарот“ на модната илустрација Лиселот Воткинс – шареноликата, разиграна „девојка“ Нуно да Коста – „девојките со силно лице“ Ричард Хеинс – излегувањето на улица Ерик Лакан–Mr.Qui - моден „алпинизам“

Давид Дантон

Прошетка наназад низ времето

Чезаре Вечелио – мода во бакрорез и дрворез Венцеслаус Холар – „меката“ акварелна мода Чарлс Гибсон – модна персонификација на американскиот идеал

Единство на дизајнот, фантазијата и уметноста Таа е визуелен луксуз кој со своето петвековно постоење несомнено е и вистински хроничар на убавото. Носи печат од времето кога е созадена, што ѝ дава моќ не само да го пренесе креативниот израз на нејзиниот создавач, туку и и целосно да ги распламти емоциите, да ја вжешти атмосферата, дури и да го поттикне хуморот. Се вика модна илустрација и претставува единство на дизајнот, фантазијата и уметноста, во буквалната смисла на зборот.


НАША ТЕМА

27

Златната ера на модната илустрација

Д

ејвид Даунтон, Господарот на модната илустрација на нашето време (www.daviddownton.com), рекол: „Модната илустрација раскажува една поинаква приказна во која таа витешки се бори со модната фотографија“. Се чини дека токму Даунтон е вистинскиот човек за оваа „битка“. Од него почнува она што денес го нарекуваме современа модна илустрација. Во ера на интернетот и онлајн живеењето, сè повеќе блогери и интернет списанија го воскреснуваат уметничкиот моден цртеж кој станува сè покреативен, изработен во најразлични техники кои пленат со својата едноставност и шарм.

Прошетка наназад низ времето Историјата на модната илустрација нè враќа во далечниот 16 век, во времето на бројните истражувања кои предзвикуваат уметничка фасцинација од традиционалните народни облеки низ целиот свет. До почетокот на 17 век, веќе постојат 200 колекции на илустрации, изработени главно во техниките бакрорез и дрворез. Најпознатата е онаа на Чезаре Вечелио, автор на збирка од 420 модни прикази на фустани од Европа и Ориентот, чиешто второ издание вклучува и традиционални облеки од Азија и Африка. Кога сме во 17 век, не можеме да го одминеме ниту Венцеслаус Холар и неговите повеќе од 2 000 акварелни илустрации, што сведочат за модните вкусови на англиската жена во тој период. Кон крајот на векот се појавуваат и првите модни списанија кои доживуваат вистинска експанзија во 18 век. Првенствено мислиме на парискиот магазин „Le Nouveau Mercure“. 19 век ќе означи промени иницирани од новитетот за тоа време - модната фотографија. Фотографијата е директно инспирирана од модната илустрација, но ќе биде и причината за промена на статусот кој уметничките цртежи го уживаат пред нејзината појава. Иако за кратко, модната илустрација се симнува од пиедесталот во истиот век кога се создадени едни од најубавите модни илустрации воопшто! Нивни автор е Чарлс Гибсон кој користејќи мастило и обично пенкало, го слика високото општество создавајќи ја т.н. „Гибсон девојка“ персонификација на американскиот идеал за женска убавина.

20 век ја најавува златната ера на модната илустрација. Убави, но едноставни цртежи во молив и мастило, но и раскошни илустрации во разнобоен акварел ќе го најдат патот до насловните страници на престижните модни списанија како „Харперс Базар“ и „Вог“. Овој период ќе започне со брилијантниот Пол Ирибе, чиишто рачно насликани цртежи ќе ја поткренат илустрацијата на едно ново, повисоко ниво. Она што го разликува од претходниците ќе биде новата и за многумина непозната „pochoir“ техника (техниката на матрица, шаблон), како и новиот приказ на моделите во профил, наспроти црнобелата позадина или онаа прекриена со таписерии. Наредните неколку децении, под влијание на удобните дизајни на познатата Коко Шанел, флуидната лежерна линија во женската облека смело се спротивставува на дотогаш фаворизираниот раскош и неудобните корсети. Трендот ќе продолжува и во 30-тите и 40-тите низ илустрациите на Карл Ериксон. Спонтаните, лесни потези на четката ќе станат негов заштитен знак и ќе доминираат на модната сцена повеќе од 35 години. Неговата смрт во 1958 година означува крај на една и почеток на друга, нова ера на илустрацијата, дефинирана од новата уметничка форма - поп артот. 60-тите години од 20 век во модната илустрација значат апстрактност, геометриски форми, живи бои, како и срцевидна форма на лицето, забележани од најзначајната илустраторка за тој период - Керолин Смит. Панк музиката е инспирација за новите 70-ти и 80-ти. Таа ги предизвикува уметниците да бидат смели, па соодветно, илустрациите „врескаат“ со силните форми и јаките, впечатливи флуоросцентни бои. Од тоа време го издвојуваме Антонио Лопез, кој заслужено го добил епитетот Пикасо во модната илустрација.

Рене Груау


28

Наша тема

Mr.Qui

Современата модна илустрација

Лиселот Воткинс

Ричард Хеинс

Современата модна приказна од нашето, т.е. од времето на Дејвид Даунтон, Господарот на модната илустрација, низ илустрации ја раскажуваат многу млади уметнички имиња, од кои како најистакнати и најинтересни се: Лиселот Воткинс, Нуно да Коста, Ричард Хеинс и Мr.Qui. Шареноликата и разиграна „девојка“ на шведската илустраторка Лиселот Воткинс (www.liselottewatkins.blogspot.com) е самоуверена и препознатлива по смелите модни комбинации и раскошната коса. Воткинс ја објавува во најпрестижните модни списанија, а моментот што донесе светска слава е во 2008, кога Миу Миу решава нејзините илустрации да се појават на нивната пролет/лето 2008 колекција.

Нуно да Коста

Ова е една од „девојките со силно лице“.

Нуно да Коста е брилијантен илустратор, а фактот дека е самоук го прави уште позанимлив. Тој своите „девојки со силно лице“, олицетворение на модниот гламур, ги создава со водени бои искомбинирани со модерните алатки на Фотошоп. Ричард Хеинс модната илустрација ја изнесува на улица. Тој ги открива модните трендови кои ги креира обичниот маж, и во истиот момент ги документира цртајќи со обичен, графитен молив. Неговиот блог www.designerman-whatisawtoday.blogspot. com - е еден од највлијателните модни блогови денес. Mr.Qui (Ерик Лакан - www.monsieurqui. com) пак, модната илустрација „ја качува“ по ѕидовите и зградите во Париз. Тој смета дека улиците се совршенa галерија за убавите модни цртежи, а објектите – најдобрите паноа. Модниот „алпинизам“ на Mr.Qui е многу актуелен. Ц. Беличанска www.fashionodor.com


з а н и м л и в о ст и

29

Амфибија автобуси Градовите низ кои течат реки плачат за амфибуси коишто се вистинско доживување и за мештаните и за туристите.

П

рвата асоцијација кога во живо ќе видите автобус што возејќи по патиштата, ќе наиде на вода и не застанува туку си продолжува, можеби ќе ве наврати на спомените од детството и на некогаш многу популарната книга на Александар Белјаев „Човек амфибија“ (беше долгогодишна лектира во основните училишта), а можеби и ќе ве поттикне на помислата дека сте влегле во научно-фантастичен филм. Но, амфибија автобусите или накусо наречени амфибуси , се чиста реалност во повеќе градови од нашево време. Патуваат и пловат како туристички атракции во Холандија, Унгарија, Англија, Шкотска, Турција... Идејата за нив е надреална и мошне поетична, а и впечатокот додека сте внатре не е ништо подолен. Идејата за пловечките автобуси е поодамнешна и првенствено потекнува од војската, но набрзо се наметнала како сообраќаен и туристички императив во повеќе градови со големи реки. По шест години развивање и тестирање, компанијата „Амфикоч“ успеала да го создаде првиот луксузен амфибус кој тргнал по копно и по вода во 2009 година. Вообичаено, ваквите модерни превозни средства се со капицитет од педесетина седишта, со шасија од Volvo, тежат околу дваесетина тони и развиваат брзина од околу 100 km/h на копно и околу 15 km/h низ вода. Техничката изведба и дизајнот на амфибу-

сите се комплетна поддршка на необичното патувачко задоволство. Засега постојат три различни производно-наменски линии на амфибусите: Heavy-Duty e модел на амфибус наменет за тешки употреби и груби, немирни води. Ваков амфибус сообраќа во Ротердам, Холандија. City-Use амфибусот е специјално дизајниран за патување по помали урбани патишта и особено низ помирни води, како на пример, низ каналите во Амстердам. Вклучува сместување и на покривот, затоа е исклучително податлив за туристички обиколки. Tailor-Made амфибусот е практично транспортно решение за задоволување на индивидуални потреби: од јавен превоз за месното население, за пребарување и спасување, како мобилна болница, собирање смет и сл.

За жал, ако сакате да се почестите себеси со едно возење/пловење во амфибус, ќе морате да појдете на исток – во Истанбул, на север во Будимпешта или... многу, многу погоре и подалеку, во Шкотска и Холандија каде што амфибусите работат со полна пареа и се веќе надалеку позната туристичка понуда за разгледување на градовите.


30

Ф о нд а ц и ј а T - M o b i l e з а М а к е д о н и ј а

Ајде да помогнеме

Бидете хумани, донирајте 100 денари и внесете радост во животите на другите. (Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Цената на јавувањето со ДДВ е 118 ден.) Активни броеви за донација: Број

Корисник

Отворен до:

Причина

143 132

Маја Керова Бабунска

31.08.2013

Маја има рак на дојка. По хируршките интервенции и терапиите, состојбата е влошена. Единствена надеж во моментов е можноста да прима специјализирана терапија базирана на молекуларно профилирање, која ветува многу.

143 103

Габриела Спасевска

30.08.2013

Габриела има вродена попреченост во психичкиот развој која со текот на времето предизвикува и тешко оштетување на видит. Поради нејзината состојба не може да носи очила и затоа е неопходна итна хируршка интервенција.

143 115

Андреј Стојановски

31.07.2013

Андреј има кокошкино слепило и покрај неколкуте терапии неговата состојба не се подобрува. Потребно е под итно да сe започне со нови терапии за да не го изгуби видит.

143 110

Лидија Петреска

31.07.2013

Лидија веќе 3 години е во кома и во моментов се наоѓа на домашна нега. Како решение за подобрување на нејзината состојба е хируршката интервенција која под итно мора да се изврши.

143 108

Ѓорѓи Христов

31.07.2013

Ѓорѓи како резултат на грешно лекување во период од 7 години се здобива со деформитет на ‘рбетниот столб од највисок степен. Оваа деформација постојано прогресира и денес тој единствено може да се движи со инвалидска количка. Потребно е секојдневно да набавува лекарства без кои не може да функционира.

143 109

Филип Михајловски

31.07.2013

Филип при тешка повреда добива параплегија (одземеност од градите надолу), единствено подобрување кај него се јавува како резултат на третманите кои секојдневно мора да ги прима.


п р и ј а т е л ств а

31

Поддржано со љубов и разбирање Општествената одговорност останува траен императив за нас.

„Напред розово 2013 – чекори против ракот на дојката“ Петтата по ред, традиционална кампања „Напред розово“ организирана од здружението „Борка“ во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Македонија, за првпат годинава, освен од нашата компанија, беше поддржана и од CIRA со програмата Civica Mobilitas. На 8 јуни од 18 часот се одржа прошетката која има за цел да ја подигне свеста на населението за ракот на дојката, како и да даде поддршка на заболените од оваа сериозна болест на денешницата, на нивните семејства и пријатели. Симболичното поминување под портата „Македонија“ ги претстави заболените како еден вид можни победници над болеста. За забавата на плоштадот „Македонија“ организирајна веднаш по прошетката беше задолжена Вера Јанковиќ. Во рамките на кампањата, од 1 јуни на неколку пунктови во

центарот на Скопје се организираше продажба на розовите маици и розовите алки, а средствата собрани од продажбата ќе се донираат за финансирање на активностите на Здружението. За првпат оваа година на заедничката розова прошетка имаше над 1 500 учесници кои пешачејќи 3 километри испратија порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите. Освен граѓаните од Скопје, се вклучија и поддржувачи на „Борка“ од уште 10 града од земјава: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.


32

п р и ј а т е л ств а

Виктор Вазарели во Скопје Оваа пролет, скопјани ја запомнија по многу значајни нешта од сферата на културата, бездруго и по несекојдневната, ретка изложба на Вазарели во галеријата „Остен“ поддржана од нашата компанија во интерес на сите љубители на уметноста во целава земја.

На 8 мај 2013, по повод Денот на Европа, Галеријата „Остен“, заедно со делегацијата на ЕУ, Унгарската амбасада и Францускиот институт Скопје, ја отвори изложбата на реноминариот унгарско-француски уметник Виктор Вазарели, таткото на оп-арт правецот во

уметноста. На изложбата, публиката имаше можност да види 90 уметнички дела на овој светски познат уметник, од кои 3 цртежи, 2 колажи, 4 дела со комбинирана техника, 5 скулптури и 76 графики. За време на траењето на изложбата, посетителите имаа можност да го видат

„Tанц со ѕвездите“ T-Mobile оствари специјално пријателство со популарното шоу „Танц со ѕвездите“ што за првпат се одржа во Македонија: се откажа од приходот од SMS пораките од своите корисници пренаменувајќи го во хуманитарни цели, поконкретно за реновирање на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Македонската телевизија годинава стана една од 40-тината телевизии коишто ја добија лиценцата на Би-Би-Си за организирање на популарното шоу „Танц со ѕвездите“. Адаптираното шоу за македонски услови беше организирано во соработка со продукцијата „Дрим фактори“. Во првата сезона на „Танц со ѕвездите“ учествуваа 10 двојки составени од јавни личности (Марјана Станојковска, Васил Зафирчев, Висар Вишка, Јелена Јованова, Викторија Лоба, Аделина Тахири, Александар Белов, Атанас Николовски, Андријана Будимир и Бранко Чупески) и професионални танчари (Илија Карадакоски, Марина Овезовска, Симона Веселиновска, Мишо Спасовски,

Наде Миленкова, Нермин Кочан, Ванчо Ангелески, Јована Василева, Ива Петровска и Христијан Димитровски). Водители беа Симона Николовска и Тони Михајловски, а жирито го сочинуваа Оливер Арсовски, Влатко Павлески и Миланка Рашиќ. Неколкумесечната омилена ТВ програма во Македонија, заврши со финалната вечер во која се натпреваруваа кајакарот Атанас Николовски и неговата професионална партнерка Јована Василева со лото-девојката Марјана Станојковска и Илија Карадакоски. Гласовите од публиката одлучија годинашни победници да бидат Атанас и Јована!

и портрет филмот за Вазарели, кој во соработка со Амбасадата на Унгарија беше обезбеден од архивите на Националната телевизија на Унгарија.


п р и ј а т е л ств а

33

49. Драмски аматерски фестивал во Кочани Од 27 мај до 1 јуни во Кочани традиционално се одржа најновото, 49. издание на ДАФ на кое настапија најдобрите аматерски театри и театарски групи од Македонија. Овој вистински празник на драмскиот аматеризам беше поддржан од нашата компанија со едно традиционално пријателство. Драмскиот аматерски фестивал постои педесетина години и со мали, незначителни прекини, веќе се одржаа 49 изданија. Од 1961 до денес, на ДАФ биле прикажани близу 1 000 претстави со учество на над 8 000 актери, режисери, сценографи, суфлери, инспициенти, светло и тон мајстори, менаџери и водачи на театарски аматерски ансамбли. Фестивалот од 1977 година континуирано се одржува во Кочани, а пред тоа домаќини биле Струмица и Велес. Годинашното издание беше отворено со претставата „Грк и весела склероза“ од Аматерскиот театар при Центарот за култура „Бели мугри“ го градот-домаќин. Во петте фестивалски дена вкупно беа одиграни 15 претстави од аматерски драмски групи и ансамбли од Неготино, Куманово, Скопје, Виница, Демир Капија, но и од двата гостински аматерски ансамбли од Словенија и Србија, со што ДАФ во Кочани стана меѓународна

аматерска театарска манифестација. Жирито во состав Кристина Атанасова Арсова, Изабела Новотни-актерки и Русе Арсов-театарски продуцент, по одгледаните 15 претстави во официјалната конкуренција одлучија Гран при наградата годинава да не биде доделена. Наградата за најдобра женска и машка улога ја добија: Емилија Јакимова, член на Драмската група од Гимназијата „Никола Карев“ од Скопје, како и Антонио Ѓоргиев од драмската група при Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Новко Петрушевски од Драмската група на пензионерите од Куманово. Наградата за најдобра режија му припадна на Томе Атанасов за режијата на претставата „Парите се отепувачка“ со аматерите од Демир Капија, додека наградата за визуелноестетски впечаток ја доби претставата „Стаклена менажерија“ во режија на Кире Ѓоргиев, а во изведба на драмското ателје „Димитар Влахов“ од Струмица.

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ годинава беше поддржан од Министерството за култура, од Градот Скопје и од нашата компанија. Се одржа по шести пат на 20 јуни, во Градскиот парк во Скопје, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар. Оваа година Македонската филхармонија, под водство на диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија, се претстави со концертот насловен „DISCO FEVER“, на кој се исполнија безвременските хитови од „Аба“, Глорија Гејнор, Мајкл Џексон, „Би џиз“ и многу други славни музички имиња. Манифестација беше надополнета од ликовните перформанси на уметниците Тони и Емил Шулајковски кои за време на настанот го сликаа своето ново дело на големо платно сместено до сцената. За присутните беа обезбедени 20 илјади бесплатни примероци од книгата „Еден ден ќе се сретнеме“ на реномираниот

македонски поет Никола Маџиров. Настанов кој прерасна во традиција, изминатите пет години привлече над 50 илјади посетители.


34

Секаде... со телефон

Витлеем, Палестински територии

Престолнината на графитите

Ако досега Витлеем беше синоним за почетоците на една голема и универзална животна приказна, денес таму се создаваат сосема нови и поинакви приказни и тоа на мошне автентичен, урбан и досетлив начин. Ѕидот помеѓу Израел и Палестина е најновото омилено уметничко платно за сликарите, активистите и пацифистите од целиот свет.

З

аедно со тукушто пронајдениот таксист Јусеф, се наоѓаме сред Витлеем на сериозна задача. Дали тој е дораснат за задачата, не сме сигурни – ни изгледа престар за да ја следи новата урбана уметност во светот!? Но, не еднаш сме си рекле: изгледот може да излаже! Нашата сериозна, самосоздадена задача е да ги пронајдеме најдобрите графити во градов. Локациите ни се педантно маркирани на Google мапата на нашите смартфони, а многубројните бесплатни интернет локации, дури и низ Светата земја ни беа гаранција дека нема да промашиме ниту една! Уште по првите неколку часа престој на најсветите координати на планетава,

заклучокот ни е неменлив: превезот на мистичност денес е „заменет“ со превез на илјадници заштитени и слободни безжични интернет локации со свети и профани имиња. Во сенката на еден билборд со реклама на Ватанија Мобајл, на кој беше прикажан фудбалерот Меси заедно со некои палестински деца, со ширум отворени раце и отворени врати на таксито, поради жештината, нè дочека Јусеф. Тргнавме на прошетка низ Витлеем оддалечувајќи се од Црквата на Христовото раѓање до периметарот на малото место, до маалата кои до неодамна биле посетувани само од политичари и војници. Низ тесните улички на Витлеем се префрлувавме со божествена брзина де нагоре де


Секаде... со телефон

35

удолу. Додека се шетавме и ги фотографиравме графитите од едната страна на безбедносниот ѕид кој ги раздвојува Израел и Палестинските територии, од излижаните плочки на вековните поплочени сокаци нè заслепуваше отсјајот на жешкото сонце и генијалноста на спрејовите на графити-уметниците од целиот свет.

Симболично „платно“

Исусовото родно место денес е престолнина на графитите. Најпознатите графити-уметници, почнувајќи од полумитскиот британски уметник Бенкси, италијанскиот Блу и други, токму овде оставиле графити – ремек-дела кои во модерниов свет се познати речиси исто колку и Мона Лиза на Леондардо да Винчи. Исцртани на трошни ѕидови и одбранбени бедеми со несигурна иднина, графитите праќаат пораки кои буквално го опколуваат светот со своите универзални значења! Повеќето од графитите можат да се видат на 8 метри високиот ѕид кој од безбедносни причини пред 10 години бил изграден од Израел по должината на исцртаните линии на границата со сè уште недооформената држава Палестина. Денес освен што ѕидов е уште една брзоплета несмасна креација на човекот, тој е и симбол и надеж за подобро утре, симболично „платно“ на кое се нижат најзначајните и најмирољубиви графити од целиот свет. Витлеем и Ерусалим денес се соседи, речиси споени, но сепак за да се посети Витлеем, на палестинска територија, се поминува пасошка контрола од страна на Израел. Една симпатична млада, но вооружена девојка-војник ги прегледа нашите исправи и ете сме на територија каде што преовладува арапското наместо хебрејското писмо. По должината на овој ѕид се исцртани графити до последниот милиметар. Освен за овие мали ремекдела на вистината, ѕидов е искористен

Најновата, највистинската историја Оваа уметност на графитите е како пиреј. Како

розови ракети со голем дострел, графитите допираат до срцата на целиот бунтовен свет кој денес чинам е потешко од кога било да се залажува со големи

туѓи вистини. Фотоапаратите на мобилните телефони, ја бележат најновата и највистинската историја на Витлеем, на Палестина и на светот воопшто.

Сите ние што одиме таму, на еден поинаков аџилак, сме новите апостоли кои ги шират своите вистини и пораки на еден графички начин кој лесно се

памети и се прераскажува, како некогаш десетте

заповеди, како пораките на еден голем човек кој се родил блиску до мојот омилен графит и го променил светот. Тој го променил светот, графитот ме

промени мене. Најновата, највистинската историја живее на ѕидот, во телефонот...

и од неколкуте кафулиња кои се досетиле своите менија да ги напишат и нацртаат токму на него! Веројатно ова се најнеобично презентираните менија во светот!

„Заробени“ графити

Ќе се обидам да ви ги раскажам највпечатливите графити: новогодишна елка обиколена со ѕид од тули, така што никој не може да ја види, гулаб на мирот со маслиново гранче во клунот, но и со елек отпорен на куршуми, девојче сака да го прескокне високиот ѕид со балони надуени со хелиум, џиновски инсект го урива ѕидот помеѓу Израел и Палестинските територии како домино,.. девојче во розово фустанче, како некоја необична Црвенкапа, го претресува од глава до петици војникот до себе... Сите овие и недоброј други графити ремекдела засекогаш се „заробени“ во мојот смартфон, но... уште посигурно – во моите спомени и мисли! Некои од овие графии ќе бидат избледени од сонцето и измиени од дождот, ама само во реалноста! Текст и фотографии: Р. Смилески


36

П р е п о р а к и з а и тн о п а т у в а њ е

Десетте дестинации кои тивко исчезнуваат Обидете се да посетите барем една од овие чудесни дестинации пред да исчезнат сосе сиот свој раскош... На тажниот список на славните светски туристички дестинации кои ќе постојат на Земјата уште само краток период, се наоѓаат десет локации за кои најверојатно веќе сте мечтаеле. Повеќето од нив ги поседуваат сништата на милиони туристи и авантуристи, но доколку сакате да не останат само ваша пуста мечта, побрзајте... Наскоро ќе исчезнат.

Островите Галапагос – Загрозени се токму поради енормниот број на туристи кој се зголемува од година в година. Не се знае уште колку ќе издржат во ваква форма во каква што се, но обидете се да бидете уште еден од 272 000 туристи кои ги „напаѓаат“ островите кои забрзано исчезнуваат... Малдиви – Многумина биле, уште повеќемина мечтаат за Малдивите. 1 200 острови што ги сочинуваат Малдивите се наоѓаат само на еден метар над морското ниво и... се претпоставува дека ќе бидат над водата најмногу уште 100 години... Сè уште имате време да ги видите. Големиот корален гребен на североистокот на Австралија и покрај својата фрапантна големина (колку Холандија, Швајцарија и Велика Британија заедно!) за помалку од 100 години ќе биде само географски спомен. Венеција – Доколку сè уште не сте ја виделе, ви преостануваат

Басенот Конго – До 2040 се проценува дека ќе исчезнат две третини од шумите во басенот Конго кои се едни од најголемите „бели дробови“ на планетава. Подишете надеж дека некогаш ќе можете да бидете таму...

само уште неколку децении. Мртвото Море за последните 40 години се намалило за една

третина. Секоја година водостојот опаѓа за 1, 2 метри. Ќе успеете ли да го видите пред да престане да биде море?

Монтана – Глечерите и глацијалните езера во сојузната американска држава Монтана ќе исчезнат поради глобалното затоплување за помалку од 20 години. Тоа значи исчезнување и на повеќе од 200 водопади, 712 езера, 260 необични видови птици, 1 132 ретки билки и 62 вида цицачи... Само уште 20 години...

Алпите – ќе останат без ледниците најдоцна до 2050 година

поради зголемување на температурите. Мадагаскар – четвртиот остров по големина во светот, чудес-

ниот Мадагаскар заедно со својот необичен животински свет, ќе исчезне за само 35 години! Помислете само на лемурите, но и општо на флората и на фауната на овој остров, зашто 80% постојат само таму и никаде на друго место...

Таџ Махал – Секоја година го посетуваат помеѓу три и четири милиони туристи. Но, ако вие досега не сте биле дел од оваа бројка, имате можност од уште само пет години. Потоа... Таџ Махал засекогаш ќе биде затворен за посетители, зашто градбата од 17 век едноставно не може да го издржи загадувањето на воздухот предизвикано од туризмот, љубипотноста, мистериозноста и... љубовта на сите оние кои го посетуваат.


T-Home

37

Филмската страна на летото Не пропуштајте ги премиерите на HBO во јули и август! „ Паранормална активност 3 “ (81 минута) Режија: Ариел Шулман, Хенри Џост Жанр: Хорор, мистерија Улоги: Лорен Битнер, Кристофер Смит, Џесика Тајлер Браун Година: 2011

„Љубов и чест“ (92 минути) Режија: Дени Муни Жанр: Драма, романса Улоги: Лијам Хемсворт, Тереза Палмер, Крис Ловел Година: 2012

Содржина: Ретропродолжение кое се одвива во 1988 година, кога сестрите кои се протагонистки во првите два филма, Кејти и Кристи, сè уште биле деца. „Паранормална активност 3“ го прикажува потеклото на нивната опседнатост. Приказната почнува со чудни работи кои се случуваат ноќе, а очувот на девојките, Денис, поставува камери низ целата куќа за да го гледа семејството додека тие спијат. Како што поминува времето, духот којшто го измачува семејството станува сè полош, што доведува до застрашувачки заклучок.

Содржина: Во оваа романтична драма, која се одвива за време на Виетнамската војна и слетувањето на Месечината, двајца шармантни и страсни млади војници се подготвени да сторат сè за љубовта, па дури и да избегаат од војната и да одлетаат до другата страна на светот. Кога Далтон Џојнер открива дека неговата девојка Џејн го има откачено, тој се заколнува дека ќе се врати дома за време на неговото еднонеделно отсуство за повторно да ја освои. Неговиот најдобар пријател Мики Рајт ќе стори сè за да му помогне, само ако по пат сретне неколку девојки. За само седум дена, тие мораат да се вратат во САД, да ја премислат Џејн и да се вратат во војната без да бидат фатени.

Премиера на HBO: 2.07.2013 во 20:05 часот

Премиера на HBO: 6.07.2013 во 20:05 часот

„Тотален отповик“ (118 минути)

„Прометеј“ (124 минути)

Режија: Лес Вајсман Жанр: Акција, научна фантастика Улоги: Колин Фарел, Џесика Биел, Кејт Бекинсејл Година: 2012

Режија: Ридли Скот Жанр: Авантура, научна фантастика Улоги: Номи Рапас, Мајкл Фесбендер, Чарлиз Терон, Гај Пирс Година: 2012

Содржина: Даглас Квејд, работник во фабрика, започнува да се сомнева дека е шпион по посетата на Rekall – компанија која на своите клиенти им вградува лажни мемории за живот кој сакале да го имаат.

Содржина: Тим на научници откриваат трага за потеклото на човештвото, која ги води на патување до најмрачните делови од вселената. Таму, откриваат страшна тајна која може да води во уништување на човечката раса.

Премиера на HBO: 28.07.2013 во 20:05 часот

Премиера на HBO: 25.08.2013 во 20:05 часот

„Ледено доба 4“ (88 минути)

„Мадагаскар 3: Најбараните во Европа“ (90 минути)

Режија: Стив Мартино, Мајк Турмаер Жанр: Анимација, авантура Гласови: Денис Лири, Џон Легуизамо, Азис Ансари, Ник Фрост Година: 2012

Режија: Ерик Дарнел, Том МекГрат, Конрад Вернон Жанр: Анимација, комедија Гласови: Бен Стилер, Крис Рок, Дејвид Швимер Година: 2012

Содржина: Мени, Диего и Сид се впуштаат во нова авантура откако нивниот континент се одделува од копното. Користејќи го ледениот брег како брод, тие се среќаваат со разни морски суштества и се борат со пирати, истражувајќи го новиот свет.

Содржина: Лавот Алекс, зебрата Марти, нилскиот коњ Глорија и жирафата Мелман сè уште се борат за да се вратат дома во својот сакан Њујорк и, секако, Кинг Џулиен, Морис и пингвините се сосема расположени за хумористична авантура.

Премиера на HBO: 4.08.2013 во 20:05 часот

Премиера на HBO: 7.07.2013 во 20:05 часот


38

Спорт

Мирисот на Медитеранот Од 20 до 30 јуни во Мерсин, Турција или онаму каде што се испреплетуваат влијанијата на копното и морето, Македонија за прв пат ќе учествува на Медитеранските игри.

П

овеќе од една декада Македонија трпеливо чекаше прием во медитеранското семејство, кое освен географските, политичките и економските интереси, во себе носи и цела низа културолошки причини поради кои треба да нè заинтригира.

„Лична карта” Медитеранските игри се натпреварување меѓу спортистите од медитеранскиот базен во поединечни и екипни спортови, а втемелени се во раните шеесетти години од минатиот век, поради поттикнување соработка, организација и развој на спортот во тој регион, промовирање на спортската етика, духот и фер плејот. Се одржуваат секоја четврта година (првите 10 Медитерански игри се одржувале годината пред Олимписките игри, а во 1991 година било одлучено да се одржуваат една година по ОИ) под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Медитеранските игри се наоѓа во Атина. Обврските кои Грција ги има како еден од главните организатори на Медитеранските игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на Игрите. Официјалниот знак на Mедитеранските игри се три меѓусебно испреплетени круга кои како едно сонце излегуваат од исто море на сино знаме. Првите медитерански игри се одржаа во Александрија 1951 година, а учествуваа 10 земји основачи: Египет, Франција, Грција, Италија, Југославија, Либан, Малта, Сирија, Шпанија и Турција. Татко на Игрите е Египќанецот Тахер Паша, политичар високо образован интелектуалец, спортски работник, и член и потпретседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1934 до 1968 година.

Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на Игрите е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино. На Медитеранските игри вообичаено настапуваат околу 3 200 спортисти, кои се натпреваруваат во 29 спорта, и тоа пливање, ватерполо, стреличарство, атлетика, кошарка, бочање, бокс, кајак, кану, велосипедизам, коњички спорт, мечување, фудбал, голф, гимнастика (ритмичка и спортска), ракомет, џудо, карате, веслање, едрење, стрелаштво, пинг-понг, тенис, одбојка (во сала и на песок), кревање товар, скијање на вода и борење. Најуспешна земја е Италија со 687 златни, 584 сребрени и 515 бронзени медали, пред Франција (529; 467; 409) и Турција (243; 295; 298).

Од дипломатска победа до медитеранско семејство „Иако упорно се обидувавме да влеземе во медитеранското семејство, сепак, постоеја одредени пречки, кои нè одделуваа во оваа цел, како што беше тогашното распаѓање на СФРЈ, потоа немањето излез на море и слично. Но, нашата местоположба, сепак, укажуваше дека сме дел од Медитеранот“, објаснува спортскиот директор на МОК, одбојкарската легенда Владимир Богоевски. Среќниот момент, конечно, се случи во Пескара во 2009 година. Тоа беа денови полни со возбуда и неизвесност за нашата делегација. „Уф, тие денови никогаш нема да ги заборавам“, емотивно се присетува генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски. Според него, никој не очекувал дека Македонија ќе стане 24-та членка. „Нашиот прием воопшто не беше ставен на дневниот ред на Управниот одбор, кој се одржува пред Собранието


сп о р т

Факти и бројки Единствена земја што излегува на Средоземно Море, а не учествува на Игрите е Израел. Од друга страна, Македонија, Србија, Андора и Сан Марино се четирите земји што се членки, а не излегуваат на Средоземно Море.

Досега сите Игри се одржани во градови што излегуваат на Средоземно Море, освен во 1983 година, кога домаќин беше Казабланка (излегува на Атланскиот Океан).

на кое се гласа. Но, сепак, успеавме да извојуваме, ако може така да се изразам, дипломатска победа, сепак, да бидеме ставени на дневниот ред. На крајот не само што бевме точка на дневен ред туку одлуката за прием на Собранието беше донесена едногласно. Добивме поддршка и од Грција“, вели Поповски. За време на нашиот разговор пред Поповски, како што самиот рече, повторно се појавува лицето со изненадувачка гримаса на директорката на Американскиот олимписки комитет Каролин Бајон. „Таа не можеше да поверува дека сме примени. Изненадена беше и директорката на Италијанскиот олимписки комитет Росана Куфети“, додава Поповски, кој по објавувањето на веста широко го рашири македонското знаме. За него учеството на ваква манифестација претставува огромна чест за македонскиот спорт. Во страшен недостаток од квалитетни натпревари и вистинска компетитивност, десетте дена во Турција ќе бидат извонредна можност за нашите спортисти да видат на кое квалитативно ниво се наоѓаат во моментов.

Медитеранските игри бројат 24 земји-членки. 5 од Африка: Алжир, Египет, Либија, Мароко, Тунис; 2 од Азија (Либан и Сирија), 17 од Европа (Македонија, Албанија, Андора, БиХ, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Малта, Монако, Црна Гора, Сан Марино, Србија, Словенија, Шпанија, Кипар и Турција).

39

Учеството на Македонија

Македонија во Мерсин ќе настапи со бројка од над сто спортисти. „Имавме потешкотиии од административна гледна точка, односно во контекст на системот на пријавување на спортистите. Нашите спортски федерации во таа насока се троми. Поради нас неколку пати се одлагаше системот за пријавување. Што се однесува, пак, до МОК, работата што ја работат тројца или четворица во нашиот Олимписки комитет во другите земји ја работат педесетина луѓе“, вели Поповски. Тој признава дека квалитетот на Медитеранските игри е под нивото на Олимписките игри, а во одредени спортови и под нивото на европските и светските првенства. „Силни ќе бидат турнирите во кошарка, одбојка и ракомет, но во фудбал има ограничување. Можат да настапат само играчи под 19 години и тоа јасно кажува за квалитетот на тој турнир“, посочува Поповски. Досега македонските спортисти настапувајќи своевремено за СФРЈ, се вратиле од Медитеранските игри со над 50 медали. За настап на Игрите нема посебни критериуми, секоја држава може да настапи со колку сака спортисти, но можно е самата држава од каде што доаѓаат спортистите да си постави свои квалификациски критериуми за настап. Македонските спортисти се надеваат дека ќе се закитат со медал уште на своето прво учество, на својата „премиера“. Н. Котевски


T-ZONES ВНО И З У Л К С ЕК ILE ЗА T-MOB ЦИ! И Н С И Р О К

Јави се на бесплатниот број 140 525 и од добиениот линк пристапи во светот на t-zones или пак, посети ја мобилната страница www.tmobile.mk/wnw


Ново!

и обира јте Отсега с те ги поените воа! користе род а жни мест н а д 250 п

Мој клуб Поголем избор и повеќе придобивки Најголемата програма за лојалност во Македонија ви нуди уште поголеми поволности! Отсега, освен поените што редовно ги добивате од Т-Mobile и T-Home, дополнително, со секое купување во некоја од продавниците на нашите партнери можете да добивате Мој клуб поени, како и да ги користите своите веќе собрани поени од Т-Mobile, Т-Home и од партнерите, за плаќање во која било од нашите партнерски продавници: „Тинекс“, „Космо“, „Нептун“, продавниците на Fashion Group (Okaidi, Bata, Mango, Golden Point, Geox, Timberland, Hugo Boss, Fashion ID, Giovanni Galli, Celio, Fashion&Friends, Women’secret, Parfois, Springfield, SuiteBlanco, Bitsiani) и Travel Solution.


42

Каталог на подароци

Кој може да ја користи партнерската програма Новата поволност важи за сите корисници кои имаат Т-Mobile број и го носат својот мобилен телефон во моментот на купување во продавниците кај нашите партнери. Сега и припејд корисниците на Т-Mobile ќе можат да собираат и да користат поени во продажната мрежа на нашите партнери. Корисниците на T-Mobile, кои се корисници и на услугите на T-Home, ќе продолжат да собираат поени од користењето на услугите на двете компании, а преку својот Т-Mobile мобилен број и телефон ќе можат да собираат и користат поени со секое купување кај нашите партнери. Преглед на собраните и искористените

Како се собираат и користат поените Поените се собираат едноставно и брзо при плаќање на сметката на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Сите собрани поени од користењето на нашите услуги и од купувањето кај нашите партнери, ќе можете да ги искористите во која било продавница на нашите партнери. Постпејд корисниците можат да ги искористат поените.за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб, за купување на уред од понудата на Т-Mobile во Доверба или во партнерската мрежа.

ПАРТНЕРСКИ ПРОДАВНИЦИ

Кој може да собира поени ■ секој припејд корисник на T-Mobile, ■ секое физичко лице со поединечна претплата, ■ секој член од фамилијарните тарифни модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени, ■ секој член од Team тарифните модели при што собраните поени ќе бидат ставени на заедничкото салдо на Мој клуб поени, ■ компании со назначени вработени, при што собраните поени ќе бидат ставени на компаниското салдо на Мој клуб поени и ■ вработени во компаниите, при што собраните поени ќе бидат ставени на индивидуалното салдо на Мој клуб поени.

поени во партнерската мрежа Постојат повеќе начини за преглед на собраните и искористените поени: ■ Со секоја направена трансакција веднаш добивате SMS за собраните или искористените поени, ■ Преглед на месечната сметка или месечна SMS порака, ■ На Мојот Т-Мobile портал www.my.t-mobile.mk, ■ Со праќање SMS на 070 142 566 (5,9 ден.) со текст: Мojklub ■ Во сите Телеком продавници или на 122. За повеќе детали, посетете ги веб страниците: www.t-mobile.mk или www.mojklub.mk


Каталог на подароци Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

43

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

Шифра: 90102 Биографијата на Стив Џобс 3 098 поени

Шифра: 10520 МАКЕДОНСКИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ГОТВАЧ 10 165 поени

Шифра: 10478 Ранец за лаптоп Case Logic 16 678 поени

Шифра: 90075 Deluxe чанта за лаптоп со тркалца 16 930 поени

Шифра: 10511 Boccaria женска патна торба (тегет) 2 185 поени

Шифра: 10512 Патна торба 64 cm x 34 cm x 23 cm 2 399 поени

Шифра: 10513 Ранец Аfrica 2 233 поени

Шифра: 10515 Аfrica торба за на рамо 1 948 поени

Шифра: 10517 Ранец (тегет) 1 425 поени

Шифра: 10522 Куфер на тркалца (тегет) 2 675 поени

Шифра: 90071 Кожена деловна чанта 75 092 поени

Шифра: 10514 Спортска торба Аfrica 62 x 23 x 31 cm 2 446 поени

Шифра: 10523 Чадор на склопување 895 поени

Шифра: 10504 Перниче за патување 304 поени

Шифра: 10506 Топка за кошарка Spalding TF 150 гума 3 506 поени

Шифра: 10509 Јаже за скокање Kettler 1 929 поени


44

Каталог на подароци

мој клуб

Шифра: 40092 Преса за коса Rowenta SF 1022 4 237 поени

Шифра: 40093 Патна пегла Rowenta DA-1510 6 630 поени

Шифра: 40094 СЕТ за коса ROWENTA CF4032 DO 10 466 поени

Шифра: 40107 Патен фен Rowentа 1600W 4 089 поени

Шифра: 10521 Електрична тепалка за инсекти 925 поени

Шифра: 40099 MOULINEX пасатор 350W 4 275 поени

Шифра: 40100 ROWENTA депилатор 4 110 поени

Шифра: 40101 ROWENTA машинка за потстрижување 4 691 поени

Шифра: 60135 Заштитна стреа за на плажа 4 295 поени

Шифра: 60136 Стол за кампување 3 610 поени

Шифра: 60137 Шатор за двајца 5 745 поени

Шифра: 60138 Сет за на плажа од 5 елементи и торба 1 895 поени

Шифра: 60139 Термо торба 23X23X10cм 925 поени

Шифра: 40095 Вага ТEFAL PP1000V0 4 153 поени

Шифра: 40102 CD PORTABLE PHILIPS 8 898 поени

Шифра: 40103 MP3 PLAYER PHILIPS 4GB 7 860 поени


Каталог на подароци Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Шифра: 40106 DVD плеер (DVP-SR170) 7 589 поени

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

Шифра: 40109 Nikon Coolpix L25 12 718 поени

Шифра: 40110 Nikon Coolpix S2600/pink 22 995 поени

Шифра: 40062 IT Сет - Алатки 11 595 поени

НОВО!

Шифра: 40104 USB Drive 4GB Verbatim 1 445 поени

300 ден.

Шифра: 120001 Е-ваучер 300 1 500 поени

Шифра: 40105 USB Drive 8GB Verbatim 2 195 поени

590 ден.

Шифра: 120002 Е-ваучер 590 3 000 поени

шифра: 130 001 Мој клуб - Бесплатни викенд разговори

шифра: 130 002 Мој клуб - Бесплатни разговори во Мојот круг

1 800 поени

2 700 поени

кон T-Mobile и фиксните мрежи - 3 месеци

кон броевите во Мојот круг - 3 месеци

Шифра: 40096 Vtech Sinus C33 5 995 поени

900 ден.

Шифра: 40108 Vtech Sinus 206 7 995 поени

2000 ден.

Шифра: 120003 Е-ваучер 900 4 500 поени

Шифра: 120004 Е-ваучер 2000 8 000 поени

Шифра: 70005 Вредносна картичка 590 3 000 поени

Шифра: 70007 Вредносна картичка 2000 8 000 поени

45


46

Каталог на подароци

Дојди до посакуваниот телефон со поените од Moj клуб НОВО! Шифра: 20460 Blackberry Z10 169 950 поени

Шифра: 20450 ACER ICONIA A211 109 850 поени

Шифра: 20437 Alcatel ОТ228 4 950 поени

Шифра: 20424 Blackberry 9320 59 950 поени

Шифра: 20416 Emporia Talkcomfort 7 250 поени

Шифра: 20417 HTC Desire C 44 950 поени

Шифра: 20441 HTC WINDOWS PHONE 8S 69 950 поени

Шифра: 20443 HTC Desire X 72 250 поени

НОВО!

Шифра: 20461 HTC ONE 169 950 поени

НОВО!

Шифра: 20453 HTC One SV 124 950 поени

Шифра: 20428 HUAWEI E3131S-2 USB DATA STICK 7 450 поени

Шифра: 20462 Huawei ASCEND Y300 39 950 поени

НОВО!

Шифра: 20420 LG P700 59 950 поени

Шифра: 20413 LG OPTIMUS L3 E400 34 950 поени

Шифра: 20463 LG OPTIMUS L5 II 52 2 50 поени

Шифра: 20410 Nokia ASHA 302 34 950 поени


Каталог на подароци Вашата нарачка можете да ја направите 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk).

Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

Шифра: 20436 Nokia 113 12 250 поени

Шифра: 20454 Nokia LUMIA 820 124 950 поени

Шифра: 20366 Nokia C2-01 22 250 поени

Шифра: 20395 Nokia 100 4 950 поени

Шифра: 20411 Samsung Galaxy mini II S6500 47 450 поени

Шифра: 20415 Samsung GALAXY TAB 2 10.1 P5100 129 250 поени

Шифра: 20422 Samsung GT-S5610 23 750 поени

Шифра: 20432 SAMSUNG GALAXY CHAT B5330 38 750 поени

НОВО!

Шифра: 20384 Samsung 1190 6 250 поени

Шифра: 20445 Samsung C3520 20 445 поени

НОВО!

Шифра: 20466 Samsung GALAXY FAME S6810 44 950 поени

Шифра: 20447 Samsung E2600 14 950 поени

НОВО!

Шифра: 20451 Samsung GALAXY NOTE 10.1 N8000 156 200 поени

Шифра: 20452 Samsung GT-E1200 7 250 поени

Шифра: 20455 Samsung ATIV S GT-I8750 137 250 поени

Шифра: 20467 Sony XPERIA E 39 950 поени

НОВО!

Шифра: 20456 Sony XPERIA Z 169 950 поени

Шифра: 20449 Sony XPERIA J 62 250 поени

Шифра: 20465 ZTE BLADE III PRO 34 950 поени

Шифра: 20440 ZTE Grand X 72 250 поени

47


ПОЗДРАВ ОД ПЛАЖА!

Сурфај евтино од странство веќе од 149 ден. со Travel & Surf Travel & Surf можеш да активираш со повик или ЅМЅ на бесплатниот број 142 099 од Македонија или со бесплатно користење на визуелниот автомат на *140# од странство. Потоа избери земја каде сакаш да активираш пакет, по што бираш S, M или L пакет. Некои од најпопуларните земји се наоѓаат во зона 1, додека во зона 2 ќе најдеш уште повеќе дестинации за одмор без граници! Дознај повеќе за Travel & Surf зоните и соодветните пакети на www.t-mobile.mk/roaming

Travel &

S u rf

ee Worry- fr ing data roam rope Eu ss acro


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.