МОЈ КЛУБ БР.89

Page 1

* Бесплатен примерок за членовите на Mој луб | Цена 80 денари

Мој клуб

ТЕЛЕФОНИ HUAWEI ASCEND Y300 SONY XPERIA Z HTC ONE СЕ ЗБОРУВА ЗА... „ПРЕИЗМИСЛУВАЊЕ“ НА Е-ПОШТА НА МОБИЛЕН УРЕД ИНФО ПРОЗОРЕЦ НОВИ PLAY ТАРИФИ ПЛАТИ ОНЛАЈН ТАЊА ЦАРОВСКА ДОБРИОТ ГЛАС НАДАЛЕКУ СЕ СЛУША „ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ “ ЗВЕЗДА АНГЕЛОВСКА КАТАЛОГ НА ПОДАРОЦИ

Aприл - мај 2013 | бр. 89


0 НАД 70.00 корисници во уживаат MaxTV

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА ПРОДОЛЖЕТЕ ДА УЖИВАТЕ СО НАЈДОБРАТА ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА – MAXTV! Благодарение на вас, MaxTV денес е дигитална телевизија со најголем број корисници во Македонија. Ќе продолжиме вредно да работиме за да ја задржиме вашата доверба. MaxTV - најдобрата дигитална телевизија, без компромиси! Доколку сè уште немате MaxTV, нарачајте веднаш на 122, www.t-home.mk или во Телеком продавниците.


5

Драги пријатели, Обземени од свежината на пролетта, деновиве домот сè повеќе го заменуваме со прошетки и дружење на отворено. Дома или надвор, каде и да сме, со нас ги носиме и нашите навики и потреби за комуникација и забава.

12

Заедно со пролетта од Т-Mobile доаѓа и нова, уникатна понуда, базирана на најновата технологија, која нуди многу повеќе за сите генерации. Со новите Play тарифи сега можете да ја гледате единствената Max TV на вашиот мобилен, заедно со натпреварите од најпрестижниот европски фудбал и тоа бесплатно! За сите вас кои сакате долги и безгрижни разговори, неограничен и најбрз 3G интернет, вклучени SMS пораки, нов телефон со единствената МаxTV на мобилен – ви овозможуваме сè во еден пакет, по супер поволна цена.

26

Најдобрата дигитална телевизија и лидер на пазарот - МаxTV секојдневно го разведрува расположението на 70 000 задоволни корисници. Оваа пролет уживајте со содржините на MaxTV на совршена HD слика.

22

Топло ви препорачуваме да ја користите новата услуга Плати онлајн, со која времето поминато на чекање за плаќање сметки можете да го замените со пријатна пролетна прошетка. Порталот Плати онлајн е брзо, едноставно и сигурно решение за плаќање на вашите сметки од Т-Мobile и Македонски Телеком на едно место, со вашата платежна картичка. Посетете нè на www.t-mobile.mk/plationline и ќе се уверите во предностите што ви ги нуди. Фондацијата T-Mobile за Македонија во партнерство со УНИЦЕФ ја најавува реализацијата на проектот за отворање центри за ран детски развој.

Содржина 05

Гостинка на Мој клуб

22

„Изгубени Германци“

08

Телефони

26

Пријателства

12

Инфо прозорец

34

T-Home

14

Се зборува за...

42

Каталог на подароци

Тања Царовска

Huawei Ascend Y300 Sony Xperia Z HTC ONE Нови Play тарифи

„Преизмислување“ на е-пошта на мобилен уред

Звезда Ангеловска Роман на годината

Во пролетното издание на Мој клуб рецензиравме повеќе актуелни модели на мобилни телефони, се осврнавме на т.н. стремеж за Инбокс 0, на 3Д печатачите, ја најавивме скорашната најголема ИТ конференција во Европа - TNW, а бевме „домаќини“ и на нашите ексклузивни гостинки: Тања Царовска, чудесниот македонски глас, која успешно твори и освојува награди во Лондон и Звезда Ангеловска, еден од највпечатливите ликови од хит претставата „Изгубени Германци“. Овој број изобилува со многу ведри теми од животот кои се надеваме ќе ве инспирираат да ги прочитате. Уживајте во пролетното сонце, во друштво на магазинот Мој клуб.

Срдечен поздрав,

Ведрата страна на пролетта: филмови и фудбал! Мој клуб – поголема лична слобода и повеќе избор

Даниела Анѓелиќ Менаџер за управување со маркетиншки канали

Списание за членовите на Мој клуб; излегува секој втор месец; Тираж на бр. 89; 120 000 примероци; Одговорен уредник: Даниела Анѓелиќ (Менаџер за управување со маркетиншки канали); Уредник: Оливера Ќорвезироска; Редакција: Марија Дејанова, Јордан Гиров; Дизајн: Издава: T-Mobile, одговорен сектор: Маркетинг; Извршен директор на Секторот за комуникација на пазарни информации: Тодор Димитровски. Контакт: Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје; тел.: 02 3242 585.


Powered by BlackBerry©10.

Враќање на голема врата! Сè започнува тука. запознајте го BlackBerry Z10. BlackBerry отсекогаш бил најдобриот пријател на вашиот бизнис. Сега, со новиот, целосно редизајниран BlackBerry 10 оперативен систем, одиме надвор од канцеларијата во едно сосема ново искуство.

BlackBerry Flow

Замислете целосна контрола врз сите ваши апликации. Со BlackBerry Flow, откријте еден поинаков начин на работење со вашиот телефон. Еден едноставен потег нагоре ги отвора вашите најкористени апликации, до кои можете да пристапите со потег надесно, без никогаш да го кренете прстот од екранот. BlackBerry Flow ги интегрира сите апликации на еден екран, и сите работат заедно за Вас.

BlackBerry Hub

Сите нотификации, на едно место. BlackBerry Hub е вашиот центар за пораки, социјални мрежи, е-пошта, состаноци и останати известувања од вашиот календар... со други зборови, сè што ви е важно.

BlackBerry Mail – бидејќи успехот зависи од сигурност

E-поштата е една од најсилните страни на BlackBerry Z10. Освен вградената поддршка за Microsoft Exchange Active Sync® за никогаш да не пропуштите важна порака, отсега BlackBerry Mail сервисот – најдобрата е-пошта на кој било смартфон – е достапен без дополнителна претплата!

Интуитивна тастатура

Тастатурата на новиот BlackBerry Z10 е жедна за знаење. Ги учи зборовите кои најчесто ги користите и ви ги предлага додека пишувате – кога ќе го видите зборот над одредена буква, само повлечете нагоре со прстот да го вметнете во текстот. Колку повеќе пишувате, толку повеќе тастатурата учи од Вас.

Мавни му на BBM!

Познатиот BlackBerry Messenger сега доаѓа и со видео. Со новата Screen Share функција сега можете да го споделите она што е на вашиот екран со соговорникот – зошто да раскажете, кога може да покажете? Тука е секако и можноста за видео повици преку вградената камера, а додека сме кај камерата...

Совршени фотки. Секојпат.

Камерата на BlackBerry Z10 е многу повеќе од обичен фотоапарат. Освен снимање видео во 1080p HD, камерата доаѓа со иновативна функција наречена Time Shift – секојпат кога ќе сликате, камерата ги слика и неколкуте милисекунди пред и по моментот на фотографирање. Потоа, само го избирате најдобриот кадар за апсолутно совршени слики, секојпат. Уверени дека BlackBerry Z10 e за Вас? Тогаш појдете до најблиската Телеком продавница и земете ја иднината во свои раце.


Тања Царовска

Гостинка на Мој клуб

Добриот глас надалеку се слуша „ Душа давам за гласот на Тања Царовска!“ рекол холивудскиот композитор Џон Дебни откако ја слушнал како пее за време на нивната прва филмска соработка.

05


06

Гостинка на Мој клуб

Тања Царовска

Нашата пејачка и композитор, по принципот „тивка вода брег рони“, на еден суптилен, ненаметлив начин им влезе под кожа на милиони слушатели насекаде низ светот. Нејзиниот глас провејува во врвните филмски остварувања како „Троја“ на Петерсен, со Бред Пит и Ерик Бана во главните улоги, „Исусовите страдања“ на Мел Гибсон, „Мајки“ на Милчо Манчевски каде што незаборавната интерпретација на носечката нумера „По друм одам, мајче“ е токму нејзина ... Нејзиното име веќе неколку пати е впишано во историјата на наградите „Греми“, а албумот на мегаѕвездата Крис Боти каде што Царовска гостува со песната „Севда“, ја доби наградата за најоригинално дискографско издание за 2012 година. Неодамна Тања Царовска издаде и свој авторски албум – „No Record of Wrong“. Живее на релацијата Скопје – Лондон, компонира, концертира и продолжува да го освојува светот. Нејзиното време допрва доаѓа. „Уживам во Бах, но и во Бадев!“ Мој клуб: Пред вашето заминување во Лондон нè оставивте со впечатокот како за „прекрасен фестивалски вокал“. Кога точно го најдовте денешниов израз во кој се чини најдобро се чувствувате? Тања Царовска: Не знам дали воопшто има израз во кој се чувствувам најдобро.

Суперлативот „нај“ за мене може да биде моментален, краткотраен. Јас сè уште си дозволувам да бидам камелеон во музиката, ми здосадува еден израз и ми доаѓа желба да направам нешто друго. Мислам дека сум актер во музиката, сакам да влегувам во различни улоги, а тоа не секогаш е позитивно, зашто од еден музичар или пејач по традиција се очекува да не отстапува премногу од својот препознатлив стил. Јас, ете, би жртвувала големи успеси за сметка на тоа да можам секојпат слободно да се изразам. Уживам во Бах, но и во Бадев. На 17 години ја изведов мојата песна „Преку морето“, напишана во традиционален стил. Ја сакам нашата народна музика и ме фасцинира нејзината уникатност, но таа е само еден дел од мене. Не можам да склучам „брак“ со ниту еден израз. Филмска музика Листата на филмските остварувања во кои звучи вашиот глас е импресивна. Ќе го споделите ли со нас вашето прво искуство со филмската музика и како всушност дојде до вашиот прв поголем успех? Дали за ова беше клучна соработката со познатиот филмски композитор Габриел Јаред? Првин почнав да изведувам и да снимам музика која беше наменета за музичките библиотеки, која е сепак најчесто употребувана за документарци или

телевизиски емисии. Оттаму дојдоа понудите за филмови, па пред „Исусовите страдања“ веќе имав искуство со музика за десетина филмови и ТВ реализации низ Европа. Ако некому му должам за досегашната ангажираност, тоа е композиторот и музичар Робин Џефри од групата „Burning Bush“, кого всушност го запознав случајно, во авион. Тој ми го понуди првиот ангажман и интензивно ме препорачуваше во почетокот. Тогаш сфатив дека доаѓајќи во Лондон сум дошла на вистинското место, каде што музичарите


Тања Царовска

постојат со мислата дека за секого има место и си помагаат еден на друг, а не обратно. Габриел Јаред беше само еден од моите случајни соработници и него го запознав дури подоцна, на снимањето на „Троја“. Всушност, по запознавањето со Јаред, мојот ангажман се намали, не се зголеми, затоа што станав мајка. :) И покрај притисоците на влијателните грчки филмски работници, кои во последен момент дури издејствуваа нов саундтрак за филмот „Троја“, вам ви успеа со својот глас да ја наметнете македонската традиционална песна во нејзината најчиста форма? Па ете, било судено. Јаред имаше десет вокалистки на својот саундтрак, а Хорнер, пак, сакаше само еден глас и ме избра токму мене. Јас тоа го сфатив како повик и одлучив да го прифатам ангажманот. Знаев дека не се случува секој ден да се чуе македонски вокал во холивудски филм, особено не на темата „Троја“. Личното творештво како приоритет Вашето име и глас се дел од албумот на Крис Боти, кој ја доби престижната награда „Греми“ за минатата година. Вашата интерпретација на нумерата „Севда“ му даде посебна димензија на овој прекрасен проект на мега-ѕвездата. Какви се очекувањата по ваквиот развој на настаните и дали ќе има и други интересни понуди и предизвици? Со Крис Боти снимавме заедно во Лондон и тоа на моја огромна радост со уште еден врвен продуцент и композитор, Валтер Афанасиев (продуцент на носечката песна во филмот „Титаник“ – „My heart will go on“, и онаа на Мараја Кери – „Without you“). Секако се надевам дека ќе дојдат и други соработки од оваа, како што доаѓале и порано. Веќе има некои на повидок, но сепак за мене приоритет е моето лично творештво, мојата музика, тоа што најмногу ме радува. Нема поголема радост од тоа сам да создадеш музика. Тоа е чиста магија, а за мене е тоа врвот на задоволствата. Неодамна излезе на пазарот и вашето дискографско авторско првенче со наслов „No Record Of Wrong“. Која идеја ве водеше во креирањето на оваа суптилна, длабокоинтимна музичка приказна? Албумот „No Record of Wrong“ дојде сам по себе, зашто сфатив дека тоа низ што

поминував може да ми биде од корист единствено ако се преточи во музика. Кога се создаде првата песна, не можев да ги сопрам наредните, сами се пишуваа! Музиката е преточена возбуда и секако дека вложив многу од моите лични чувства во неа. Уметничкото дело може да биде реализирано, но самиот уметник никогаш не може. Сфатив дека тоа е поентата, така што не очекувам никогаш да се реализирам. Со секое ново остварување сум сè погладна, или, како што вели народот - колку повеќе јадеш, толку повеќе ти се шири чкембето! :) Така е и во уметноста – колку повеќе се реализираш, толку си понереализиран. Остварувате и успешни соработки со „Фолтин“, Бранислав Николов гостува и на вашиот албум, со Раде Шербеџија, Џош Гробан, Дејвид Фостер, Џејмс Хорнер.... Кажете ни некој убав момент од овие искуства. Сите соработки се возбудливи и обично има многу позитивна енергија кога се работи заедно со некого. Бранко од „Фолтин“ многу го почитувам и сум голем фан на групата. Затоа и многу се радував на нашата заедничка интерпретација на легендарната „Сузана“ на Коен. Шербеџија го запознав уште како тинејџерка, тоа беше по филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и бев многу возбудена. Десет години подоцна настапивме заедно. Мислам дека вокално со Шербеџија сме интересна спојка, добар контраст и уживам во дуетите со него. Со Џош Гробан

Гостинка на Мој клуб

07

не се ни сретнавме, снимавме во различни денови, но затоа пак, на таа песна работев со Дејвид Фостер во неговото приватно студио во Малибу. Фостер е мега ѕвезда во музичкиот свет со освоени 16 награди „Греми“, од вкупно четириесет и седум номинаци. Тој е продуцент на една „I will always love you“ на Витни Хјустон, „Earth Song“ на Мајл Џексон... Да се биде во студио со Џејмс Хорнер и Дејвид Фостер беше навистина незаборавно искуство! Ми беше речиси несфатливо како се најдов со нив кога до неодамна само ги гледав нивните спотови на музичките канали. Но, морам да додадам, јас отсекогаш бев свесна дека не треба да се потценувам ниту себеси, ниту нашите уметници! Верувам дека успешните приказни не сопираат овде и дека ова е само една епизода од вашата творечка биографија. Што е извесно на музички план во периодот што следи? Ќе ве видиме ли на концерт дома? Се надевам дека ќе има уште продолженија, поточно дека тие ќе бидат остварени... и дека ќе има некаква сценска случка во Македонија. Но, има една стара поговорка: „Посади очекување, собери разочарување“. Се трудам да садам сè освен очекувања, па ќе видиме што ќе никне. Текст: Б. Костиќ-Марковиќ Фотографии: E. Николова


8

Телефони

Huawei Ascend Y300

Зошто да не? Екран од 4 инчи (приближно 10 cm), Android 4.1, процесор со две јадра, ценаповеќе од привлечна... Веќе се навикнавме на агресивниот настап на кинеските производители на пазарот на мобилни уреди. Уште подобра вест е дека се навикнавме и да не ги потценуваме, сфаќајќи дека сите останати производи (вклучувајќи ги и врвните!) исто така се произведени во Кина. Huawei Ascend Y300 има eкран од 4”, резолуција од 480 x 800 пиксели и густина на пиксели од околу 233 ppi. Има камера од 5 MP со автофокус и LED блиц (кој е исклучително практичен како батерија во „услови на темница“).

Огледалце, огледалце... Huawei Ascend Y300 има и секундарна VGA видео камера за видео повици или како дигитално огледалце помагајќи да си ја наместите фризурата, шминката или вашите деца да ги проверат најново научените гримаси. Покрај 1 GHz Qualcomm Snapdragon процесорот со двојно јадро, телефонот има и Adreno 203 графички процесор, како и 512 MB работна меморија. Внатрешната меморија е 4 GB, а има и приклучок за SD картичка од макс. 32 GB. Самите карактеристики нема

да ве остават без здив, се работи за просечен уред, но важно е дека функционира беспрекорно за парите. Адаптацијата на насловниот екран потсетува на оние симпатични Windows mobile модулчиња и покрај тоа што се работи за класични Android 4.1. виџети развиени од Huawei.

Сè во едно! Уредот има и GPS со што овозможува евтина авто-навигација или авто снимање со апликација (проверете ја бесплатната AutoGuard апликација) и соодветен држач за во автомобил. Овие уреди се сè попопуларни, а навистина немате потреба да ги купувате: со еден ваков телефон добивате сè во едно за навистина пристапна цена. Видео снимките се со квалитет од 480p (800×480) и 30 рамки во секунда, што е сосем пристоен квалитет за вашата безбедност во сообраќајот. Huawei Ascend Y300 има и сè останато што може да ви притреба: Wi-Fi 802.11 b/g/n, Wi-Fi hotspot, DLNA, FM радио, прегледувач на документи, Bluetooth.

Гарант Android е доволен гарант на квалитетот на еден производ. Секако, уредите меѓу себе се разликуваат по хардверот кој е инсталиран, сепак присуството на Android оперативниот систем ве успокојува дека со телефонот можете речиси сè што ќе посакате. Уште ако е и олку евтин како Huawei Ascend Y300, навистина – зошто да не? Ј. Гиров


Sony Xperia Z

Телефони

9

Подводен херој По стратешки важната одлука да се ориентираат на Android уреди, Sony играа на сигурно во средишниот дел од пазарот кој покрива уреди со пристојни, но не и врвни перформанси и висока цена. Ѕоny Xperia Z е токму уредот со кој навестуваат дека имаат намера да посегнат по ѕвездите. ...И секако, може да се забележи дека се сериозни во намерата. Уште веднаш ќе се задржиме на оние предности кои овој уред го позиционираат во премиум класата. Екран од 5 инчи (~12,7 cm) со полна HD резолуција на екранот со 1 080 x 1 920 пиксели. Замислете колку само виџети можат да се сместат на толкав екран. Речиси не треба ни да се поместите од насловната страна. А мултитач екранот поддржува гестови со дури 10 прсти. Ова тешко дека и на Моцарт ќе му успее, но прво што ми паѓа на ум е игра со повеќемина играчи на ист уред. Телефонот има Snapdragon APQ8064 S4 Pro чипсет, процесорот е со четири јадра - 1.5 GHz Krait, има 2 GB RAM и дополнителен Adreno 320 графички процесор. Да ги упростиме ваквите цифри и шифри – ова го утврдува телефонот на врвот на супербрзите уреди оставајќи ја конкуренцијата да „го дише правот“ .

затворач кој, да бидеме искрени, може да нервира при секојдневна употреба.

А сега најинтересното...

Телефон за патувачи

Телефонот е отпорен на вода и прав! И тоа не само декларативно – тој има IP57 сертификат што значи некој утврдил и потврдил дека телефонот може да издржи под вода на длабочина од 1,5 m (патем – мошне интересна утврдувачко-потврдувачка професија). На интернет навистина можат да се видат стотици видеа кои ја промовираат токму оваа предност на Xperia Z. Благодарение на импресивната камера од 13 мегапиксели, телефонот може да прави одлични подводни снимки од вашиот одмор со полна HD резолуција (1 080 x 1 920) и 30 fps (рамки во секунда). Да бидеме до крај прецизни, екранот не е респонзивен под вода – не може да вклучувате опции под вода, но доколку вклучите снимање надвор, па нурнете – телефонот ќе функционира беспрекорно. Сега сите оние прашања „тато, може ли да си играм со телефонот во вода?“ не завршуваат со расправија на плажа, туку со краток одговор – „може, ама не оди во длабоко!“ Можеби уште попрактична примена е тоа што телефонот е отпорен и на прав, нечистотија и гребнатинки, а на ова ќе се радуваат сите оние кои работат или имаат намера да го користат во вакви посурови услови. Уредот е херметички затворен, а сите оние надворешни приклучоци имаат гумен

Камерата може да фотографира со максимална резолуција од 4 128 x 3 096 пиксели, и автоматски ги гео-тагира вашите слики давајќи приказ на мапа каде се сликани. Дополнително, Xperia Z е еден од ретките уреди кои поддржуваат HDR снимање за поквалитетен контраст во потемни услови (покрај LED блицот). Xperia Z има инсталиран Android OS, v4.1.2 со можност за инсталирање на 4.2, внатрешна меморија од 16 GB, дополнителен приклучок за SD картичка, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n, Wi-Fi Direct, DLNA, Wi-Fi hotspot, GPS, поддржува NFC, 3G (HSDPA со макс. 42 Mbps), секундарна камера од 2,2 MP и супер батерија од Li-Ion 2330 mAh. И покрај сето импресивно портфолио, најдоброто во врска со телефонот е тоа што веднаш по светската премиера е достапен и во Телеком продавниците. Ј. Гиров


10

Телефони

HTC ONE

а не само со притискање. Со други зборови, најкористените копчиња се поставени секогаш на истата позиција дури и кога телефонот е заклучен, а тоа се иновативни детали во корисничкото искуство кои HTC телефонот го лансираат во „високото друштво“. BlinkFeed интерфејсот ги реди основните виџети ортогонално распоредени со модули, а доколку ова не ви се допаѓа – можете да одберете и поконвенцијален Android изглед. Телефонот има процесор со четири јадра 1.7 GHz Krait 300, графички Adreno 320 чип, работна меморија од 2 GB и се испорачува со внатрешна меморија од 32 или 64 GB и дополнителни 25 GB во „облакот“ на Dropbox, така што нема потреба од дополнителна SD меморија.

Храбро е да си искрен!

Дизајн за почит, телефон за сè HTC ONE е телефон кој дефинитивно отскокнува – телефон со кој на маса ќе сакаат да се пофалат и оние најскромните. HTC навистина вложиле во дизајнот и тоа се забележува на прв допир. Одличниот дизајн е дополнет со избор на квалитетни материјали кои му даваат дополнително чувство на цврстина и елеганција. Куќиштето е метално, позадината заоблена , а на предниот дел квалитетен екран од 4,7” (~12 cm) со Gorilla Glass 2 стакло отпорно на гребење. Страничните копчиња се стилски вметнати, од микро СИМ картичката до копчето за регулирање звук кое исто така е направено од гравиран метал.

Толку многу суперлативи, толку малку место! Останува да ги наброиме и кратенките кои толку многу значат: NFC, Wi-Fi 802.11 a/ac/b/g/n, Wi-Fi Direct, DLNA, Wi-Fi hotspot, GPS, HSPA+; LTE, 50 Mbps UL, 100 Mbps DL, Bluetooth, TVизлез (со MHL адаптер). Толку многу суперлативи, толку малку место.

„Високо друштво“ По првото вклучување ќе забележите мал милион интеграции и нагодувања на ваши постојни сметки сè со цел вашето понатамошно користење да биде совршено. Super LCD3 екранот е со резолуција од 1080p и густина на пиксели од 468 ppi (пиксели на инч). Уредот има само две копчиња чувствителни на допир, за „дома“

и „назад“. „Недостатокот“ од хардверско копче за камерата е надоместен со интервенција кај екранот за заклучување. Имено, телефонот има посебен екран за заклучување на кој се поставени основните функционалности од главното мени кои во случајов се активираат со лизгање нагоре,

Главната HTC Ultrapixel камера е најхрабрата одлука на една компанија која решила да не пакува милиони пиксели само за да може да го рекламира телефонот. Се чини дека HTC едноставно праќаат порака на корисниците и на конкуренцијата која вели „имаме сериозен продукт, да зборуваме сериозно, кому се потребни тие милиони пиксели кога сите знаеме дека сензорот не може да испорача квалитетна слика за толку голем мемориски запис“. ОК, може не баш со тие зборови, важно сликите и HD видео клиповите со 30fps се совршени. Дополнително уредот има и LED блиц, автофокус, HDR, видео стабилизација како и предна камера од 2,1 MP.

Далечинско за сите уреди во домот (и надвор од него) Инфрацрвен предавател е функционалност која остана подзаборавена кај новиве телефони, а изгледа толку привлечно. Имено, ги одбирате вашите домашни уреди од менито или доколку не можете да ги најдете таму, едноставно го „снимате“ далечинското и voila – имате едно далечинско за сите домашни уреди. Одлично е како дупликат за оние кои постојано се расправаат за далечинското по дома, а вистинските пакосници умот ќе ги отера во кафуле каде сите гледаат фудбал, а нив баш им се гледа Fashion TV.

Ј. Гиров


Најава

11

TNW, најголемата ИТ конференција во Европа На 25 и 26 април во Амстердам ќе се одржи најголемата ИТ конференција во Европа – TNW (http://thenextweb.com/conference/ europe/). Ова е повеќе од вистинското место за сите ИТ професионалци, но и пасионирани вљубеници во најмоќната приказна на нашето време. Она што се најавува и нестрпливо се очекува на годинашново TNW издание се предавања од највлијателните луѓе во ИТ индустријата, но и т.н „продажба на идеи“ кога одлични стартапи ќе застанат пред инвеститорите со надеж дека некој од нив можеби ќе стане следниот Foursquare, Twitter, па дури и Google. Терминот стартап, на англиски start up, се рашири низ светот по основањето на голем број dot-com компании. Така се нарекуваат главно новосоздадени компании, почетници во бизнисот што вообичаено се поврзува со високотехнолошки стратегии и цели. Шеснаесетте финалисти на TNW Најголемите приказни вообичаено почнуваат на ваков начин, со претставување на светските конференции. TNW веќе ги објави 16-те финалисти од Европа во стартап натпреварот. Тие се најдобрите во моментот, некои се веќе етаблирани, други уште работат на своите бета верзии. Меѓу нив има и такви кои ги претвораат онлајн вестите во ТВ вести, притоа користејќи роботи наместо

телевизиски водители (како Guide - http:// gui.de/), такви кои предвидуваат што ќе биде споделувано на Twitter - http://www. nineconnections.com, тука е и стартапот Nutrino (http://www.nutrino.co/) од Израел кој е „прв светски виртуелен нутриционист“ што користи персонализирани планови и медицински профили за да ви помогне да го зачувате здравјето, стартапот Peerreach (http://peerreach.com/) од Холандија кој ги споредува вашите интереси со други луѓе на социјалните мрежи и ги организира според тоа колку ви се слични вам... . На листава на 16-те најдобри се наоѓа и стартапот од нашиот регион – Monolith (http://www.monolithadvertising.com/). Креиран е во Хрватска, a сега e дел од естонскиот инкубатор Wise Guys. Стартапот има креирано хардвер со проширена реалност кој претставува продукти веднаш пред вас. Пример, ако отидете во бутик, Monolith ќе ви покаже како изгледа гардеробата на вас без да ја пробате.


12

Инфо прозорец

Нови Play тарифи – мобилна комуникација и МаxТV каде и да сте! Со новите Play тарифи добивате нови, уникатни поволности од Т-Mobile - опуштени разговори кон сите корисници во Македонија, безгрижно сурфање со најбрзиот 3G интернет и многу забава со единствената Max TV на вашиот мобилен уред! Најдобрата индивидуална тарифа Play, без компромиси ви овозможува неограничени разговори кон најголемото мобилно и фиксно семејство, бесплатни минути кон другите мрежи, супер брз мобилен интернет, вклучени SMS пораки и промотивно Max ТV на вашиот мобилен! Доколку пак, сакате тарифи кои ќе ви овозможат најповолна комуникација за разговори, одберете една од Smart тарифите.

Play – неограничена комуникација и бесплатно гледање Max ТV на мобилен Доколку се одлучите за една од Play тарифите со претплата што најмногу одговара на вашиот месечен буџет, можете комплетно да се опуштите во мобилната комуникација:

▪ Неограничени разговори кон најголемото мобилно и фиксно семејство на T-Mobile и T-Home корисници; ▪ Бесплатни минути за разговори кон другите домашни мрежи; ▪ Вклучени SMS пораки кон сите домашни мрежи; ▪ Супер брз интернет до 42 Мbps во најдобрата 3G мрежа; ▪ Вклучени минути за меѓународни разговори со Total; ▪ Промотивно, бесплатно следење 19 национални Max ТV канали на мобилен, до крајот на годината.

Play тарифа

Play S

Play M

Play L

Play XL

Play Total

Месечна претплата

499 ден.

699 ден.

999 ден.

1 599 ден.

2 199 ден.

Минути кон T-Mobile и T-Home

100

Неограничено

Неограничено

Неограничено

Неограничено

Минути кон други мрежи

50

100

300

500

2 000

SMS кон сите домашни мрежи

50

100

200

400

Неограничено

Мобилен интернет

200 MB

500 MB

1 GB

4 GB

Неограничено

Минути за меѓународни разговори

/

/

/

/

100

Плус, само со Play XL и Play Total, можете да го осигурате вашиот нов мобилен уред од штети и незгоди што не ги покрива ниту една гаранција, за екстра повластена цена:

Осигурување електронска опрема

Start

Comfort

Месечна претплата

149 ден. 49 ден.

249 ден. 99 ден.

Сума на оштета

до 24 800 ден.

до 37 200 ден.

Времетраење

24 месеци

24 месеци


Инфо прозорец

13

Основни Smart тарифи – најповолни разговори кон сите мрежи Со Smart тарифите кои се наменети за поволни разговори добивате: ▪ Бесплатни разговори кон најголемото мобилно и фиксно семејство на Т-Mobile и T-Home корисници; ▪ Вклучени минути за разговори кон другите домашни мрежи; ▪ Вклучени SMS кон сите мрежи со Smart XL.

Smart тарифа

Smart S

Smart M

Smart L

Smart XL

Месечна претплата

299 ден.

499 ден.

799 ден.

1 299 ден.

Минути кон T-Mobile и T-Home

100

1 000

Неограничено

Неограничено

Минути кон други мрежи

50

100

300

500

SMS кон сите домашни мрежи

/

/

/

200

Понудата важи за сите постојни и нови корисници без потпишување нов договор. Одберете ја вашата Play тарифа со повик на 122 или во најблиската Телеком продавница.

Спорт во движење - резултати од вашите фаворити на мобилен! Сакате да знаете како завршил натпреварот на вашиот омилен клуб и фаворит? „Милан“, „Јувентус“, „Рома“, „Манчестер Јунајтед“, „Челзи“, „Барселона“, „Реал Мадрид“, „Панатинаикос“, „Тау Керамика“, „Цибона“, „Партизан“, „ЦСКА Москва“, „ЛА Лејкерс“, „Бостон“, „Селтикс“... Победа? Пораз? Со новата услуга на T-Mobile, Спорт инфо, секогаш ќе бидете во тек со најновите резултати на фудбалските и кошаркарските натпревари во текот на целата недела. Спорт инфо ви овозможува, каде и да сте, по пат на SMS пораки навремено да бидете информирани за конечниот резултат на натпреварот, стрелците, времето на постигнатите голови и бројот на постигнатите кошеви. Со едноставно јавување на бројот 1444, регистрирајте се за спортот (фудбал или кошарка) и одберете помеѓу најконкурентните фудбалски лиги на стариот континент, елитните натпреварувања на ФИФА, ФИБА и НБА. Отсега, 24 часа ви се достапни резултатите од Лигата на Шампиони, Купот на Уефа, англиската Премиер лига, италијанското Калчо, германската

Бундес лига, шпанската Примера дивизон, холандската Ередивизие, но и најквалитетните кошаркарски натпреварувања, американската професионална НБА лига, Евролига, Адријатик лигата и УЛЕБ купот. Откако еднаш ќе се регистрирате на услугата, таа автоматски се обновува секој понеделник и за само 35 денари (без ДДВ) добивате SMS спортски резултати директно на вашиот мобилен. Покрај SMS известувањата, со самото претплатување на услугата обезбеден ви е и бесплатен пристап до резултатите на интернет со што можете да го следите и самиот резултатски тек на натпреварот. Посетете ја WAP страницата wap.t-mobile.com.mk/sport во кој било период од денот, каде што можете веднаш да го проверите моменталниот резултат. Бидете први, бидете во предност.

Информациите од спортските резултати споделете ги со сите ваши пријатели и заедно уживајте во победничкото расположение.


14

Се зборува за

Mailbox

„Преизмислување“ на е-пошта на мобилен уред

Електронската пошта постоела уште од почетокот на интернетот и веќе одамна ја земаме здраво за готово. Една нова мобилна апликација под едноставно име Mailbox стана најпопуларна апликација на пазарот. Во неа Apple одново ја „преизмисли “ употребата на е-пошта на мобилните уреди.

Идеалот за сандаче (инбокс) со 0 непрочитани пораки се чини дека е скапоцена цел за модерниот корисник. Пазарот одговори со голема заинтересираност за оваа нова вест, што мислите вие?

Историја на е-пошта Електронската пошта (или нејзината популарна разговорна форма – и-мејлот) е метод на размена на дигитални пораки од еден до друг, или од еден до повеќемина. Модерната е-пошта функционира на интернет и на други компјутерски мрежи. Некои рани системи барале и праќачот и примателот да

бидат онлајн во исто време, слично на програмите за инстант пораки денес. Eлектронската пошта е постара од интернетот и токму таа била неопходна алатка за неговото поскорашно креирање. Историјата на модемот, глобалните интернет и-мејл сервиси имаат свое потекло од ARPANET, а конверзијата од ARPANET до интернет во раните 1980 го дефинирало јадрото на денешните сервиси. Електронската порака пратена во раните седумдесетти изгледа многу слично како обична текстуална порака пратена на интернет денес. Праќањето текстуални електронски пораки датира од телеграфот со Морзеов код од 1800тите, и од Саемот во Њујорк од 1939 каде што IBM праќа писмо со честитка од Сан Франциско до Њујорк, нарекувајќи го брза замена за поштенскиот сервис на утрешнината. Телепринтерите се користени во Германија во Втората светска војна, а до крајот на шеесеттите веќе имаше светска Телекс мрежа.


Mailbox

Сервер клиент архитектура Електронската пошта историски била организирана на сервер клиент архитектура, каде што сандачето со електронска пошта е хостирано на оддалечен компјутерски систем, додека на компјутерот на корисникот се инсталира т.н. и-мејл клиент, програма која служи за комуникација со оддалеченото сандаче и праќање и примање пораки. Популарни и-мејл клиенти се Microsoft Outlook, IBM Lotus Notes, Pegasus Mail, Mozilla›s Thunderbird, KMail и Apple Inc.›s Mail.

Се зборува за

15

Инбокс 0, те чекаме! Сè уште сме во зенитот на интересот што оваа едноставна апликација го предизвика последните неколку месеци: дали почнува нова револуција или ќе избледнее новоста на неколку функционалности... останува на тестот на времето. Едно е сигурно, инвенцијата не доаѓа само во форма на сосема нови концепти, туку и во подобрување на постојните начини на комуникација со секојдневни апликации. Единствено правило кое се чини дека е непроменливо е: да се подобри квалитетот на искуството на корисникот, да се заштеди неговото вредно време и да се постигне некоја нему важна цел. Инбокс 0, те чекаме!

Веб е-пошта Веб е-пошта се развива во средината на деведесеттите години од минатиот век со развојот на интернет прелистувачите и солидните брзини за размена на податоци на интернет. Тука комуникацијата се случува преку прелистувач и модерните дестинации на е-пошта се внесуваат во адресниот дел на прелистувачот, како mail.google.com, mail. yahoo.com итн. За помладите генерации, веб пристапот е позната и единствена форма на сандачиња за електронска пошта.

Е-пошта на мобилен уред Од почетокот на првите генерации смартфони, функцијата за е-пошта е вградена како апликација инсталирана на мобилниот уред. Притоа, се боревме со мали копчиња на тастатурата и со мали екрани сè до волшебното појавување на големите (уште поволшебни!) екрани на допир. Е-пошта секогаш беше присутна. „Блекбери“ разви бизнис околу безбедна размена на електронски пораки преку нивните телефони и сопствената архитектура; iPhone и Android развија опции да се синхронизирате со вашата службена или приватна веб е-пошта. Според податоците од март 2013, 43% од сите прегледувања на е-пошта се случуваат од мобилен уред.

Mailbox Изгледа дека се сврте целиот круг на еволуцијата на една архитектура; најпопуларната апликација на продавницата на Apple е повторно и-мејл клиент за мобилни телефони кој е функционално побогат од вообичаените вградени верзии кои доаѓаат со оперативните системи на телефоните. Оваа апликација ги користи напредните функции за етикетирање и архивирање на Google Mail,

и со тоа ги придобива модерните корисници во потрагата до идеалот на инбокс со 0 пораки.

Резервации за употреба Се чини дека оваа апликација победува со долгорочно планирање на идеалниот распоред на елементи, избор на бои и различни придобивки од употребата на електронската пошта. Интересот за употреба е толку голем, што производителите мораа да воведат систем на резервации за употреба, за да не се преоптовари системот. Од постојните корисници читаме прекрасни зборови, а се чека ред за да се добие пристап. Системот за резервација истовремено стана и систем за контрола и одличен маркетинг потег: чекате ред, се гради атмосфера на возбуда околу ексклузивност и одржување на фер правила за пристап. Во меѓувреме, бизнис светот не спие: каде има корисници, има и интерес. Dropbox, познатиот сервис за споделување на податоци во облак, го купи Mailbox за необјавена сума, само еден месец од неговата јавна објава на пазарот за корисници. К. Зографска


16

Наука и технологија

3D печатачи

Отпечатете го светот околу вас! Замислете свет во кој нема да има потреба да купувате ништо, освен репроматеријали како пластика, метал, па и храна. Свет во кој она што ќе се скрши и расипе веднаш ќе можете да го замените само со притискање на копчето Print. Или уште подобро, свет во кој во некоја подалечна иднина ќе можете да си отпечатите храна, па и некој орган...

биде монохроматски или во боја, а неговата примена различна и секој ден сè пообемна.

Без граници

Ова не е никаква научна фантастика, туку реалност која полека, но сигурно, се вселува во нашите домови. Она што инженерите и архитектите го користат веќе 20-тина години и што неодамна беше наменето само за поголемите студија, истражувачки центри или фабрики (заради цената и големината) и служеше исклучиво за креирање калапи, денес е со сè помали димензии, подостапна цена и што е најважно - со сè поразнообразна намена! Станува збор за 3D печатачите, а во продолжение накратко како тие работат и неколку интересни примери.

Така денес, освен играчки, калапи или некои други поедноставни форми, полека но сигурно почнуваат да се „печатат“ и составни делови на покомплексни машини, па и цели машини изработени од печатени делови. Оваа технологија не познава граници и може да се користи за производство буквално од игла до локомотива, но дали и колку ќе заживее зависи пред сè од интересите на оние кои ги кројат политиките и светот. Да се потсетиме и дека многу изуми на Никола Тесла не го видоа светлото на денот, засекогаш останаа скриени зад превезот на „строго доверливо“, без оглед на фактот што можеа максимално да го олеснат живеењето и работењето на луѓето.

Примери, идеи

Наш предлог: 3Doodler

Печатењето во 3 димензии е во основа доста едноставен процес, иако во практика не е баш така, имајќи предвид дека овие печатачи печатат со точност од неколку стотинки, сè до илјадити делови од милиметар. Процесот започнува со креирање на 3-димензионален објект кој потоа се праќа на печатачот кој може да се движи по 3-те оски (x,y,z). Всушност, до печатачот се праќаат слоеви од објектот тенки по неколку делови од милиметарот. Во печатачот веќе е внесен саканиот материјал од кој се прави објектот. Тоа може да биде пластика (најчесто), метал или некои други поеластични форми, па дури и видови храна. Има неколку начини на „печатење“ од кои најчесто се применува оној кој содржи процес на лепење на слоеви кои се креираат од ситно исечкана пластика и лепило за спојување на слоевите. На овој начин печатачот со помош на топлина или ласер ги лепи еден по еден слоевите сè дури не се добие саканата форма. Објектот може да

3Doodler е најмалиот и сигурно најевтиниот 3D печатач. Тој е во форма на пенкало, се полни со пластика, а функционира така што пластиката се топи внатре, а се зацврстува штом ќе се појави надвор и со него може да се исцртаат низа интересни фигури во 3 димензии. Малку посериозен е печатачот на непрофитната организација Defense Distributed, но тој сподвижи голема прашина, бидејќи засега друг тип прашања, не само технолошки. Затоа, наш предлог и избор останува 3Doodler.

Г. Постоловски


Најголемите телескопи во светот

Наука и технологија

17

Вселената на д ланка Неодамна на светот му беше претставена ALMA или Atacama Large Millimeter/ submillimeterArray. (Акронимот на шпански значи „душа“.) ALMA, всушност, е најголемиот телескоп лоциран на Земјата со кој астрономите ќе можат да погледнат многу подлабоко во Вселената и со набљудување на објектите оддалечени со илјадници светлосни години, да дознаат многу повеќе за тоа како се креирала денешната Вселена. Радиотелескоп – слуша и каде што не се гледа Да разјасниме нешто уште на почеток. Кога велиме „набљудуваат и гледаат“, всушност не мислиме ексклузивно на гледање на елементите во, за око, видливиот спектар. Во поново време сè повеќе се инвестира во т.н. радио телескопи кои, всушност, се антени што ги детектираат, обработуваат и прикажуваат сигналите од Вселената невидливи за око и за постарите оптички телескопи, кои пак, од друга страна, имаат свои предности и како такви ќе ги спомнеме на крајот и ќе ги претставиме најголемите меѓу нив.

„Душата“ на ALMA АLMA е составена од 50 радиотелескопи со дијаметар на антената од 12 метри коишто се поврзани да дејствуваат како едно, притоа покривајќи го фреквенцискиот опсег од 350 микрометри па сè до 10 милиметри. За да се подобри квалитетот на овој систем од радиотелескопи му помагаат уште четири 12-метарски и дванаесет 7-метарски антени чиј број во иднина се очекува да расте до 64. Овој огромен телескоп е сместен во пустината Атакама во Чиле, на 5 000 метри надморска височина каде што атмосферските и загадувањата предизвикани од вештачка светлина се сведени на минимум. Ова место е едно од ретките во светот каде што може да се постави ваква чувствителна опрема и да се добијат резултати кои засекогаш можат да ја променат нашата слика за Вселената и за нејзиното создавање. Сликите добиени

од ALMA се и до 10 пати појасни и подетални од оние добиени од телескопот Хабл кој е сместен во орбитата на Земјата.

Предности на радиотелескопите Радиотелескопите се покажаа како многу квалитетен извор на информации, посебно откако луѓето ја развија технологијата на квалитетен прием и брзо обработување на сигналите и можност за нивно визуелизирање. Предностите на нив, во споредба со класичните телескопи со огледало кои ја „ловат“ видливата светлина се: поедноставни се за изградба во однос на оптичките кои се ограничени од технологијата за изработка на огледалата, имаат поголем опсег на набљудување и поголема максимална оддалеченост на која може да се набљудува некој објект, имаат

поефикасно користење кое не зависи од атмосферските влијанија (барем не толку како кај оптичките телескопи), како и можноста полесно да се поврзат и да се комбинираат сигналите добиени од повеќе извори.

Далеку од „завршена приказна“ Паралелно со развојот на радиотелескопите, интензивно се инвестира и во оптичките телескопи кои се далеку од „завршена приказна“ и овозможуваат поинаква перспектива и служат, пред сè, за истражување на „најблиското соседство“ околу планетата Земја. Во моментот најголем оптички телескоп на светот е Gran Telescopio Canarias или GTC кој е сместен на Канарските Острови. Се работи за 10,4-метарско рефракторско огледало кое е главниот дел од опсерваторијата сместена на врвот од изгасен вулкан на 2 267 метри надморска височина. Потоа следува Keck опсерваторијата сместена на планината Мауна Кеа во Хаваи која е дом на двата 10-метарски телескопи Keck I и Keck II, кои истовремено го делат второто место на листата на најголеми оптички телескопи во светот. Сепак, спомнативе телескопи изгледаат како играчки во споредба со European Extremely Large Telescope (E-ELT), проект под покровителство на Европската вселенска агенција, кој кога ќе биде готов ќе биде составен од едно главно огледало со дијаметар од 39,3 метри и едно помошно со дијаметар од 4 метри, а ќе биде поставен во Чиле. Г. Постоловски


18

Веб дестинации

Поинакви, нацртани светови Такемасa -фаворит www.ryotakemasa.com

Веб дестинацијата на младиот јапонски илустратор Такемаса беше вистинско откритие за нас: сензибилна, поетична мешавина од старото и новото, модерна, едноставна линија во ретро манир со универзална порака, важечка и препознатлива многу подалеку и пошироко од Токио каде што живее

Веб дестинациите што ви ги препорачуваме во прекрасниов пролетен период не се никаква замена за прошетките во разбудената природа, туку само надополнување на убавината околу нас. Покрај изборот на www.weburbanist. com, www.boredpanda.com и навраќањето на култниот арт магазин www.juxtapoz.com каде што можете да ја разбудите и нахраните вашата подзаспана фантазија, наш специјален веб избор за овој број се два сосем различни света на кои единствената заедничка нишка им е фактот што и двата се нацртани светови.

Такемаса. Ситните, навидум беззначајни нешта околу нас преку илустрациите на Такемаса го создаваат кралството на смислата за сите луѓе подеднакво – за возрасните и за децата. Детскиот, ведар израз е само форма на универзалната содржина која е вистинската порака на младиот Јапонец кој, иако честопати се инспирира од градовите и земјите каде што никогаш не стапнал, не планира никогаш да го напушти Токио, затоа што чувствува дека му е доволно патувањето што му го овозможуваат неговите креативни, патувачки илустрации. Омилен илустратор му е славниот (за нас, исто така непознат) јапонски илустратор Риохеј Јанагихара (Ryohei Yanagihara), а негов личен фаворит од сопственото творештво му е илустрацијата „Такси“. Ние имаме многу повеќе фаворити, најдете го и вие својот Такемаса-фаворит на предложенава веб дестинација.

Мајсторот Дуда Лана www.dudalanna.com

Дуда Лана доаѓа од сосем другата страна на светот! Тој е е бразилски уметник, илустратор и дизајнер чиишто исклучително колоритни вселенски пејзажи на мошне необичен начин ги надминуваат реалните намери, но и ги „оправдуваат“ (со линија и боја) насловувањата на неговите дела. Овој чудесен спој на бојата, формата, но и пораката на секое дело одделно, зборува за еден впечатлив ликовен ангажман во времето во кое живееме. Една од неговите најпознати слики се вика „Серотонин“ и ако знаеме дека токму овој невротрансмитер е виновникот за (не)расположението на луѓето, самиот наслов како да ја дава вистинската смисла, вистинското разбирање на совршениот колорит. Дуда Лана е мајстор за изненадувања на вашите очи. И тој, како и Такемаса не „излегол“ од својот град, но нивните дела во буквалната смисла на зборот ја шетаат целава планета.


„Девојката“ и „Хичкок“

Актуелни филмови

Приватните опсесии на мајсторот

На прашањето: Кој е најдобриот режисер на сите времиња?, многумина филмаџии и филмофили би одговориле дека тоа е едниот, единствен и ненадминат - Алфред Хичкок. На прва топка, веднаш можеме да наброиме неколку негови култни остварувања, но колку знаеме за неговиот приватен живот, за неговите соништа и опсесии? На ова прашање се обидуваат да ни одговорат двата актуелни филма „Девојката“ и „Хичкок“, кои кон крајот на минатата и на почетокот од оваа година, предизвикуваат многу коментари, возбудувања и спротивставени толкувања.

19


20

Актуелни филмови

Н

„Девојката“ и „Хичкок“

а неколкуте телевизиски канали во поранешната држава најголем празник за секој љубител на Седмата уметност беше моментот кога се емитуваше некое од легендарните остварувања на мајсторот на трилерот, британскиот режисер со американски сензибилитет, Алфред Хичкок. Едноставно, филмовите како „Ребека“, „Вртоглавица“, „Север-Северозапад“, „Психо“, „Птици“, „Марни“... се врв во светската кинематографија од жанровски и естетски аспект, и со својот „саспенз“ атакуваат врз сите сетила на гледачот, кој неретко ги затвора очите за време на одредени сцени кои треба и физички и ментално да се издржат. Токму затоа, Хичкок е вистинска филмска лектира за сите кои сакаат да се занимаваат со филм. За неговата работа се напишани многу релевантни книги во децениите наназад, меѓутоа, неговата интимност и понатаму остануваше мистерија, сè до денешни дни, кога во многу краток период се појавија две остварувања кои мајсторот на филмот ни го прикажуваат од сосема поинаков аспект, како никогаш досега. Имено, Хичкок сè до својата смрт во 1980 година, успеа својот приватен живот да го држи далеку од очите на јавноста. Единствено нешто што се знаеше за кругот на неговото потесно семејство е дека со неговата сопруга и соработничка Алма Ревил се како еден дух во две тела. Сето друго останува во зоната на шпекулациите, завиено со велот на мистеријата. Многумина би рекле, и со право, бидејќи приватноста е света! Но, очигледно, по триесет и кусур години од неговата смрт, време е за комплетна реконструкција на времето во кое владееше Хичкок, вклучувајќи ги и неговите приватни стравови и опсесии. Интересно, приказната почна да се одмотува кон крајот на минатата и на почетокот од оваа година, кога во сличен

период се појавија две остварувања во кои се раскажува за Хичкоковата опсесија со актерките со кои соработувал, гледајќи на неговата генијалност од поинаков, човечки агол. „Девојката“ (The girl) 2012 Велика Британија, 91 мин. Режија: Џулијан Џеролд Сценарио: Гвинет Хјуз, според книгата на Доналд Спото Улоги: Сиена Милер, Тоби Џоунс, Имелда Стаунтон, Пенелоп Вилтон Првата филмска приказна ќе ја претставиме низ призмата на младата и перспективна актерка Сиена Милер, која ја толкува главната ролја и е носител на филмот „Девојката“ на режисерот Џулијан Џеролд. Таа не била ниту родена во 60-те години на минатиот век, меѓутоа, со својата игра успешно и убедливо го доловува духот на времето. По играњето на Еди Сеџвик како една од Ворхоловите музи во филмот „Девојката од Фектори“ (The Factory girl, 2006), овојпат Милер ја толкува славната актерка Типи Хедрен и нејзиниот однос со филмскиот гуру Хичкок, за време на снимањето на нивните филмови „Птици“ и „Марни“ во 1963 и 1964 година. Според Милер, Типи Хедрен била тврд орев за кршење, толку многу отровна, но истовремено ја содржела елеганцијата на сите претходни Хичкокови жени со кои тој соработувал. Во тоа време актерките мислеле како да одат, како да седнат и како да ја носат облеката, додека денешните современи актерки си носат џинс и маички без никакво оптоварување и се шетаат наоколу како жирафи на мраз. Тоа бил физичкиот аспект за игра кој навистина претставувал предизвик за 30-годишната актерка, која за да се подготви што подобро за улогата, постојано разгледувала стари фотографии на Хедрен, а со месеци внимавала и на деталите во филмовите „Птици“ и „Марни“, во кои Типи соработувала со маестро Хичкок, успешно интерпретиран од актерот Тоби Џоунс. Крајниот резултат е опсесивна драма во која односот маж-жена е прикажан на едно сосема поинакво ниво, во кое се испреплетени желбата за професионална афирмација и реализација, но и отворањето можност за нешто повеќе, кога се работи за интимните чувства што секој ги носи и негува во себе.


„Девојката“ и „Хичкок“

„Хичкок“ (Hitchcock) 2012 САД, 98 мин. Режија: Саша Жерваси Сценарио: Џон МекЛафлин, според книгата на Стивен Ребељо Улоги: Ентони Хопкинс, Хелен Мирен, Скарлет Јохансон, Џејмс Д’Арси, Џесика Бил Многу подлабоко и поемотивно во овие води навлегува филмот зад кој се крена голема прашина, едноставно насловен „Хичкок“. Во ова остварување, за разлика од претходното, во фокусот е токму филмскиот мајстор, низ приказната за создавањето на класикот „Психо“ во 1960 година. Филмот го прикажува филмаџијата на сосема поинаков начин од досега препознатливиот - од неговата преокупираност со вистинскиот сериски убиец, според кој и го креираше ликот на Норман Бејтс, маестрално доловен од Ентони

Хопкинс, па сè до комплексната поврзаност со жените кои го опкружувале, особено со неговата сопруга Алма Ревил. Филмот зборува за врската со неговата сопруга, нивните личности, нејзината поддршка, нејзините брилијантни монтажни техники, нејзиното знаење за филмот, советите, и воопшто, како таа го водела „мајсторот“ низ работата и низ животот, бидејќи нему му требало водство. Снимањето на „Психо“ ги зближило, бидејќи Хичкок со него влегол во огромен ризик, давајќи ја куќата под хипотека, единственото нешто што тие го поседувале како семејство. Но, Хичкок, насетувајќи што има во рацете, во еден момент пресекол и рекол: „Одиме напред, ќе го сториме тоа“. Сето понатаму е историја. Под строгата режисерска палка на Саша Жерваси, кој морал така да му пристапи на предизвикот, бидејќи се работи за специфичен дел од

Актуелни филмови

21

филмската историја, улогите на легендарниот брачен пар ги толкуваат двајца Оскаровци: Алфред Хичкок го игра фантастичниот Ентони Хопкинс, а неговата жена Алма Ревил ја игра Хелен Мирен. Одличниот кастинг го надополнуваат Џејмс Д’Арси во улога на Ентони Перкинс, како и актерките кои ги играат омилените блондинки на Хичкок: Џесика Бил, која верно ја доловува актерката Вера Мајлс, Тони Колет како посветената асистентка Пеги Робертсон, и потентната Скарлет Јохансон која ја игра Џенет Ли, носителката на главната ролја во култниот „Психо“, чиј лик доминира во првиот дел од приказната, сè до антологиската монтажна сцена под тушот, по која просторот му го препушта на г-дин Бејтс. Токму Јохансон низ нејзината улога и игра успева да ја долови онаа малку позната страна на режисерот, која ја знаеле само неговите блиски соработници и пријатели, а тоа е неговата опсесија со блондинките, тие, според него, прекрасни суштества кои на човека не му давале мирен сон. Но, Џенет Ли била исклучок од останатите Хич-блондинки. Тој не бил заинтересиран да ја контролира како останатите актерки, Вера Мајлс или Типи Хедрен. За разлика од нив, Ли веќе имала кариера зад себе, била мажена за Тони Кертис, со кој имале две деца, и поради сето тоа, таа со Хичкок воспоставила повеќе платонска врска на помирување еден со друг.

За блондинките и останатите демони И „Девојката“ и „Хичкок“ се филмови преку кои имаме можност да ѕирнеме макар во еден дел од животот на славните филмски имиња. Сега Пандорината кутија е отворена, и можноста да се истражуваат најразличните човечки доблести и мани на Хичкок се неминовни, особено на темите воајеризам, алкохолизам, претерана темпераментност, слабост кон храната, и воопшто, несигурноста како една од неговите карактерните црти, кои во овие две интелигентни сценарија се само површно чепнати. Авторите на овие остварувања, Џеролд и Жерваси, раскажаа интересни приказни, кои претставуваат надоврзување на Хичкоковите филмови кои се вистинско филмско богатство во кинематографската историја, со тоа надополнувајќи и заокружувајќи ја приказната за еден од најдобрите, ако не и најдобриот, филмски автор во 20 век.

И. Анѓелков


22

театар

„изгубени германци“

Кога ништо не недостига Звезда Ангеловска Имаме театарски хит! „Изгубени Германци“! Текстот го потпиша најизведуваниот македонски автор Дејан Дуковски, а режијата е на еден од најуспешните и најнаградуваните режисери во регионот, Слободан Унковски. Актерите безрезервно посветени на својот перформанс, кој од кој во подобро издание: Јовица Михајловски, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Звезда Ангеловска, Јордан Симонов, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Емил Рубен, Сања Арсовска... Половина од тајната

Звезда Ангеловска е една од бравурозните актери во оваа ретка „претстава на ансамбл“. Нејзината улога на Италијанецот Винченцо е одлична појдовна точка од која може да се претстави театарскиот хит сезонава.

Мој клуб: Некое време ве немаше на сцената на МНТ, но се вративте рамо до рамо со една мошне силна машка екипа каде што и самата глумите маж; добродушниот и неверојатно талентиран Италијанец – Винченцо. Бевте ли свесна дека влетувате во хит проект? З. Ангеловска: Поголемиот дел од актерската екипа, заедно со режисерот Унковски, веќе имаат „работено“ во претставите по текст на Дејан Дуковски, а тоа можеше да биде само предзнак дека претставата не може да ја остави публиката рамнодушна. Во ова време кога секој втор човек е хит за

себе, работевме без трошка рамнодушност и конформизам додека ја градевме претставата, барајќи го излезот таму каде што никој и не нè чекаше, освен вие-публиката. Колку го „ жртвувавте “ вашиот режисерски талент и диплома за да искреирате лик каков што претпоставуваме посакуваше режисерот Унковски? Знам дека е апсурдно ова што ќе го кажам, но со талентот одамна имам расчистено. Чувствувам дека мојата работа постојано бара да бидам само човек. А што е тоа не знам, мислам дека светот уште нема одговор, или ако го цитираме Достоевски „човекот е најголемата тајна“. Инаку, задоволство ми беше да работам со Унковски, тој не бара ликови кои посакува да ги креирате онака како што тој ги замислил, туку нешто многу повеќе. Тука е можеби таа тајна, за која предмалку ја кажав - дефиницијата за човекот. Тој ја поседува можеби и како најголема во неговата професија. Со такви режисери постојано сакате да работите, тоа е вистината, или половина од тајната.


„изгубени германци“

Удобно сместена приказна Приказната на Дуковски е сместена во напуштен стар рудник на тромеѓето помеѓу Југославија, Грција и Бугарија во периодот од 17 август до 20 октомври 1944 кога Германците забрзано бегаат од Балканот. Базирана е на анегдота што му ја раскажувал неговиот дедо, шармантно пренесена во серија бизарни, парадоксални и блескави ситуации кои изобилуваат со црн хумор. Бенјамин, Кристијан, Ото, Винченцо, Адолф, Ричи, Марија Лили Марлен Дитрих, Тито-кучето и Војничкото Радио Белград се „Изгубените Германци“ кои навистина умеат како да ви се допаднат.

театар

23

„Најмногу ги сакам актерите!“ Во „Изгубени Германци“ на Дуковски, гледано од перспектива и на публиката и на критиката, се чини дека ништо не недостига, ова е навистина избрана екипа, една од најталентираните можни! Колку успеавте да се приспособите на целиот овој сет од карактери, или можеби, како ги приспособивте другите на вашиот? Најмногу ги сакам актерите! Мислам дека ако немате вистинска љубов кон актерите, не правите ништо. Талентот тука никому не му врши работа. Отворената и искрена соработка, довербата, па дури и конфликтните ситуации се показател дека ликовите се живи. И пред сè, да не бидам скромна, и јас ќе потврдам дека тоа е силна актерска екипа. Нашата работа е да се прифатиме такви какви што сме, а ако сте се прифатиле себеси, ќе ве прифатат и другите, а и вие нив.

„Преводот не (ни) врши работа“ Приказната за „Изгубените Гермаци“ е парадоксална до бесвест, „копаме руда, овде сме инкогнито“ што во „превод“ би значело ова? Откривајќи ви го сопственото толкување, не сакам да ви ја одземам слободата на вашето лично толкување, како и на секој гледач одделно од публиката. Не дека сакам да го одбегнам одговорот, напротив, само да ве потсетам дека животот и животните судбини се парадоксални до бесвест (како што велите за приказната), не секогаш го разбираме животот, или кога мислиме дека сме го разбрале, доаѓаме до еден фасцинантен податок дека не знаеме ништо. Е тоа може само да се доживее, тука преводот не (ни) врши работа. „La Dolce Vita“ е една од вашите реплики; откачено, иронично и енигматично се чини севкупното четиво на Дуковски... Колку сте задоволна од слатките

моменти што ви ги донесоа подготовките, премиерата и актуелниот репертоар на оваа претстава? Убаво е чувството кога претставите се играат, потоа реакциите од публиката, а за подготовките... тоа е еден цел изживеан живот кој е наш заеднички во колектив. А конкретно, има многу позитивни реакции од публиката, тоа секако многу значи, зарем можете да бидете незадоволни!?

„Ќе стасам/е онаму каде што...“ „Убавината е само во окото на тој што ја гледа“ (повторно крадам реплика), но на крајот сепак одлучувате да тргнете за Солун , Казабланка, Акапулко... Ќе успеете ли да стасате? „Убавината е само во окото на тој што ја гледа“ е реплика која како јас да сум ја напишала. Мене ми е блиска и затоа не се сомневам дека ќе стасам/е сите онаму каде што треба нешто да видиме, осознаеме. Колку што има луѓе на земјава, има толку и

убавини, а додека сме живи, сите патуваме некаде. Каде ќе стасаме не знаеме, можеме само да претпоставуваме, секој за себе, носејќи ја на грб својата убавина, т.е.она што го гледаме. Каде сте во моментов, ќе ве гледаме ли почесто на сцената или зад неа? Не можам да го предвидам тоа. Знам дека секогаш работам, без разлика на сцена или зад неа, во театар или не. Јас работам за луѓето, а не за себе, некако чувствувам дека тоа е моја должност. Ниту улогите ниту претставите, а ниту животите не ни се случајни, но не можеме да ги предвидиме. Можеме само да правиме вистински или погрешни избори, да се радуваме, плачеме, каеме, ликуваме... Со кого од колегите „Германци “ би заглавиле во вистински рудник? Ахахахаха... Ама ние и бевме сите заглавени во вистински рудник! Р. Гинова


24

Мода

„Оксфорд“ чевли

Патот до женските стапала Сè започнува на еден обичен поло натпревар во 1913 година на кој познатата Габриел Коко Шанел ќе наметне машко сако за да се заштити од студот. Лежерно го стегнува со ремен на половината, „случајно” креирајќи изглед кој наскоро ќе се појави на страниците на модното списание „Вог“. Можеби Елизабет Смит Милер беше првата жена која носеше панталони, но Коко Шанел секако ја добива заслугата за редефинирање на убавото во модна смисла, на естетиката во окото на жената кое за прв пат се свртува кон едноставните и минималистички, но секако многу удобни дизајни. На ова се надоврзуваат занесната Кетрин Хепберн и нејзиниот момчешки изглед во 30-тите години, „смокингот“ креиран од Ив Сен Лорен и Дајан Китон како харизматичната Ени Хол на Вуди Ален во 70-тите години на минатиот век, а потоа... „играва“ прераснува во еден од најголемите трендови кој се чини дека никогаш не излегува од мода. Жените не престануваат да „позајмуваат“ парчиња од машката гардероба. Почнувајќи од сакоата и панталоните, машките елеци, изобилието модни додатоци како големите рачни часовници, „федора“ шапките, трегерите,.. па сè до рамните обувки, особено бесмртните „окфорд“ чевли или популарните „оксфортки“ на кои времето буквално не им може ништо.

Приказната на „оксфортките“ Историјата на овие чевли нè враќа во далечната 1800 во Шкотска и Ирска. „Оксфортките“ се појавуваат како едноставни, супер практични обувки наменети за земјоделците кои работат на влажните британски мочуришта. Изработени од црна кожа, комотни и удобни, тие им стануваат омилени на мажите од работничката класа, првенствено поради малите отвори на предниот дел кои не дозволуваат водата да се

задржува во обувките во нив и да ги стежнува и навлажнува нозете. Кон средината на 19 век, од влажните мочуришта, „окфортките“ дочекоруваат до раскошниот кралски дворец Балморал во Шкотска. Иако во малку помодерна верзија, истите чевли му стануваат омилени на кралот Алберт во 1850 година, па оттаму многу често ги среќаваме и под имео – Балморал-чевли. Набрзо, околу 1900 година, ваквите обувки ги освојуваат и танчарите на традиционалните галски танци, првенствено поради малата потпетица која произведувала специфичен звук при играњето на дрвен под. Конечно, околу 1930, „оксфортките“ го имаат своето официјално деби на женската нога. Тие спонтано го наоѓаат патот до женските стапала и стануваат дел од безвремениот шик на незаборавната тројка: Марлин Дитрих, Грета Гарбо и Кетрин Хепберн. Познати по своите смели комбинации инспирирани од машката мода, трите модни икони, секоја одделно, го зачинуваат својот изглед токму со безвремените „оксфортки“, од една страна уривајќи ги стереотипите за женственост, од друга – кревајќи ја женственоста на поинаков пиедестал. Твиги во 1972 официјално си нарачува „оксфортки“ кај Џорџ Клеверли - познат произведител на машки обувки, а дваесетина


„Оксфорд“ чевли

мода

25

години подоцна, Елен де Џенерес, на доделувањето на Оскарите, наспроти сиот гламур на вообичаените високи потпетици, се појавува во „оксфортки“ што и не наишло на којзнае какво воодушевување, зашто деведесеттите години овие култни чевли сè уште трагале по сопственото место во мејнстрим женската мода. Но, со доаѓањето на новиот милениум, сè се променува... Влез на голема врата „Оксфортките“ влегуваат на голема врата! Некогашните скромни, работнички чевли во црна боја, заблескуваат во сиот свој сјај и стануваат дел од модерниот изглед на милиони трендсетерки насекаде во светот. Од модните ревии па сè до улиците на големите светски метрополи, „оксфортките“ можат да се видат насекаде и стануваат стилска „лозинка“и на машките и на женските заљубеници во модата. Нивната популарност се должи на класичниот и безвремен изглед, но и на фактот што тие совршено им одговараат на потребите на модерниот човек и денешниот брз начин на живот кој инсистира на перфектен баланс помеѓу убавината и комфорот. Нивната приказна беспрекорно му прилега на андрогениот стил кој е мошне присутен на модната сцена особено во последната декада. Сè поголем

број светски познати дизајнери си поигруваат со андрогеноста која отсекогаш предизвикувала огромен интерес, но и доста контроверзии. Границата помеѓу машката и женската облека станува сè понејасна; постојат илјадници парчиња кои извонредно им прилегаат и на едните и на другите, и на женскиот и на машкиот свет. „Оксфортките“ се вистинските „господарки“ токму на оваа граница, самите по себе - убавици, самите по себе – модни икони! За разлика од нивните предци кои биле едноставни и пообични, денешните „оксфортки“ генерално задржувајќи ја основната линија, успеваат да варираат во недоброј нијанси и бои со кои уште повеќе се потенцира нивната посебност. Тие прераснаа во омилени модни акценти на славните и помалку славните, а за шармантната трендсетерка Алекса Чанг, британски модел и славна водителка, тие се

причината за ексклузивниот прекар – Кралица на „оксфорд“ чевлите! Моден тренд во 2013 година Практичните, симпатични „оксфорд“ чевли се еден од најголемите модни трендови годинава. Престижните модни куќи и светски познатите модни дизајнери шармираат со свои, уникатни реинтерпретации на чевлите – модни икони. „Оксфортките“ веќе зачекорија на модните писти на Александар Ванг, 3.1 Филип Лим, Фенди, Миу Миу, Николас Кирквуд, Џорџо Армани, Дерек Лем, Жан Пол Готје, Селин, Стела Макартни, Ботега Венета и Барбара Буи, а нивна варијанта неодамна беше дизајнирана и од страна на познатиот моден синџир „Зара“, мошне популарен и кај нас, особено по отворањето на продавницата во Скопје. Оваа година, „оксфортките“ се поелегантни од кога било. Класичниот изглед е умешно дополнет со силни, дречливи бои креативно спротивставени меѓу себе, егзотични текстури и интересни детали како нитни и мониста кои останаа како тренд од претходата сезона. Она што е вистинска новина овојпат е металик сјајот кој ги прави чевлите динамични и разиграни, а истовремено и погодни за секаква пригода. Сјајните, металик „оксфортки“ се клучно парче кое ќе го акцентира лежерниот дневен изглед, но ќе ја даде и потребната доза на софистицираност на секоја (вечерна) комбинација. Ц. Беличанска www.fashionodor.com


26

Пријателства

Роман на годината

Празник на македонскиот роман Најголемата книжевна награда во Македонија со поддршка на T-Mobile се додели по 14. пат. Годинашен лауреат е романот „Птиците од ланските гнезда“од Митко Маџунков во издание на Издавачкиот центар „Три“, а вредносниот ваучер од 150 000 денари го врачи Димитар Ковачевски, Директор на Областа за комуникација на ниво на Групација. Од 1999 година кога почна да се доделува оваа значајна книжевна награда на „Утрински весник“ која првенствено го поттикна развојот

на жанрот, беа наградени најразлични остварувања, во смисла на тематски интерес и наративна реализација. Добитниците,

од година в година ја градат своевидната антологија на најдобрите македонски романи, промовирајќи се како нови писателски имиња или одново докажувајќи се како веќе афирмирани. Со оглед на фактот дека ова е награда за најдобар романескен наслов, а не автор, наградените романи на „Утрински весник“ се најрепрезентативната едиција во Македонија, најдобриот книжевен производ подготвен за пошироко претставување на македонските книжевни досези.

Контекст: Најдобар од најдобрите За годинашнава награда Роман на годината конкурирале 46 романи, бројка која сама по себе е сериозен показател за актуелноста на жанрот во нашата книжевна средина. Жири комисијата во состав Елизабета Шелева (претседател), Снежана МладеновскаАнѓелков, Ефтим Клетников, Коле Манев и


Роман на годината

Пријателства

27

еден единствен ден (недела), распоредени во 19 одделни поглавја, во кои среќаваме галерија впечатливи, машки и женски ликови, сместени во уметничкиот време-простор на еден, пластично насликан балкански град - Белград. Голем број од овие ликови се (речиси, донкихотски) упатени или поврзани со книгите (или, Библиотeката, како нивни, легитимен Дом) - но, ниеден од нив, нималку не е книшки (безживотен, стерилен) човек. Напротив! Секој(а) од нив, на себесвојствен, егзистенцијално обусловен начин, се соочува и се носи со сопствената обездоменост, или, подобро кажано, фрленост во една вознемирувачка, турбулентна низа епоха, на сурови промени и предизвици. Овој урбан роман е речито сведоштво за денес актуелните, урбани луѓе и нивните судбини, роман за трагично осамените индивидуи, низ кои се прекршува колективната карма, или осуденост на само еден, без-алтернaтивен простор, време, нација, култура “, се вели во образложението. Катерина Богоева, на своите неколку селекциони работни состаноци, нестрпливо очекувани и следени не само од книжевната јавност туку и многу пошироко во светот на културата, полека го издвојуваше победникот и, како што вообичаено станува, последната средба беше и најтешката и најтензичната, зашто требаше да се оддели најдобриот од најдобрите. Имено, покрај наградениoт роман „Птиците од ланските гнезда“, најдобри за оваа година беа и романите „Резервен живот“ на Лидија Димковска“ и „Историја на луѓето што умреа од страв“ на Ермис Лафазановски. Да се избира од ваква тројка, несомнено било тешко и одговорно.

Печат: „Птиците од ланските гнезда“ Според жири комисијата, романот на Митко Маџунков се издвоил од преостанатите романескни дела, со својата исклучително умешна, маестрално срочена композиција, во која се откриваат најдобрите карактеристики на полифонискиот роман. „Романот на Маџунков е монументално книжевно остварување, кое опфаќа случувања од само

Континуитет: Сите досегашни добитници на Роман на годината 1999 – „Куќата на Мазарена“, Слободан Мицковиќ 2000 – „Папокот на светот“, Венко Андоновски 2001 – „Бунар“, Димитар Башевски 2002 – „Разговор со Спиноза“, Гоце Смилевски 2003 – „Изгубениот жегол“, Милован Стефановски 2004 – „Куклите на Росица“, Оливера Николова 2005 - „Џахиз и истребувачите на кучиња“, Пајо Авировиќ 2006 – „Снегот во Казабланка“, Кица Колбе 2007 – „Нишна“, Блаже Минески 2008 – „Индиго Бомбај“, Јагода Михајловска-Георгиева 2009 – „Дваесет и првиот“, Томислав Османли 2010 – „Човекот што ги сакаше калинките“, Душко Родев 2011 – „Единаесет жени“, Снежана Младеновска-Анѓелков 2012 – „Птиците од ланските гнезда“, Митко Маџунков

Профил: лауреатот Митко Маџунков Писателот и академик Митко Маџунков е роден во Струмица во 1943 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград на групата за општа книжевност и теорија на книжевноста. По дипломирањето, останал да живее во Белград каде што работел во Библиотеката на град Белград. Автор е на книгите: раскази: „Чудна средба“, „Убиj го зборливото куче“, „Над троскотот облаци“, „Мирисот на земјата“, потоа


28

Пријателства

„Златна мравка 2012“ На 13 март, на гала-свеченост организирана од страна на порталот milingona.net за првпат беа доделени наградите „Златна мравка 2012“ за Албанците во Македонија за достигнувања на годината со поддршка на Македонски Телеком и T-Mobile.

куси прози „Меѓата на светот“, „Бегството и повторното раѓање на зографот“ и романите „Кула на ридот“, „Домот на Александар“, „Кон другата земја“. Автор е на повеќе драми изведувани на театарските сцени и објавувани во посебни книги. Добитник е на наградата „Рациново признание“. Член е на Македонската академија на науките и уметностите.

Порталот milingona.net за првпат годинава ги додели наградите „Златна мравка 2012“ за достигнувања во текот на минатата година, во различни сфери на општествено - културното живеење. Овие награди се доделуваат на Албанци во Македонија и опфаќаат 8 различни категории, од достигнувања во спортот, преку достигнувања во делот на изведувачки уметности, па сè до достигнувања во културата. Добитници на првата награда „Златна мравка“ за животно дело се академикот и писател Али Алиу и светски познатиот сликар Омер Калеши. За особени достигнувања во областа на музиката, награда

Збор за зборот „Не знам дали и колку книжевноста може да ни помогне во нашата осаменост и загрозеност. Еден од знаците на физичкото оздравување е, како што е познато, зголемениот апетит, а тоа важи и за духовната сфера. Книгите треба да се читаат онака како што се јаде храната, за да се почувствува оној закрепнувачки допир на постоењето и на почвата (без што нема средиште) што ќе ни даде сила и ќе посведочи дека сме тука, присутни. Но, процесот на читање - или на закрепнување и здравеење - не е можен без внимателно избрана лектира, без темелно образование и, како што веќе реков, без рецепција. Затоа мисијата на „Утрински весник“ со наградата „Роман на годината“ е толку важна: и самиот факт што неколку недели по ред на нашата јавност и’ се укажува дека тука, околу нас, постои нешто што е важно за нашето постоење е добар почеток. Доколку се одберат најдобрите дела и доколку приказната не се сведе само на наградениот роман, туку ако ги опфати и оние од потесниот, па и од поширокиот избор, ефектот е уште подобар. Кога ќе се придодадат наградените, но и ненаградените дела од поранешните циклуси, полека се наѕира скелетот на целиот корпус на нашата романескна продукција. Пријатно е да се биде дел од таа слика. Но, ако на тоа не се надоврзе критичкиот збор, ако не порасне бројот на читателите, мисијата не е завршена. Во овој „културен натпревар“ не е доволно да се учествува; во него не е доволно ни да се победи: во него треба да се биде онолку добар колку што го дозволува тоа јазикот.“ (Извадок од годинашното обраќање на лауреатот – академик Митко Маџунков)

доби Селами Колоња за неговиот ангажман во настанот што се одржа минатата година под наслов „Песните на векот“ . Во областа на визуелните уметноси наградата му припадна на познатиот графички дизајнер Таби Азири. Наградата за највисоки достигнувања во литературата за 2012 година, му припадна на Селадин Салиху автор на монографијата „Поетика на прозата на Мурат Исаку“, а за најдобар актер во 2012 - Џевдет Јашари за улогите во театар и во филмот „Агон“ на Роберт Будина. Награда за промоција на албанските вредности доби Владо Поповски, кој минатата година ја објави книгата „Албанското национално ослободително движење од 1830 до 1912 година“.


Фондација T-Mobile за Македонија

29

Ајде да помогнеме

Бидете хумани, донирајте 100 денари и внесете радост во животите на другите. (Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Цената на јавувањето со ДДВ е 118 ден.) Активни броеви за донација: Број

Корисник

Отворен до:

Причина

143 104

Зорица Лелекова

30.05.2013

Зорица се наоѓа во тешка состојба. Таа има стеснување на хранопроводот поради штo не може да се храни. Под итно мора да се оперира во Белград и за тоа се потребни 13 000 евра.

143 105

Миле Цветковски

30.06.2013

Миле има потешкоти со ‘рбетот, и по укажанат хируршка интервенција состојбата не му е подобрена. Поради тоа мора да оди на дополнителни терапии.

143 111

Тамара Димовска

30.04.2013

Тамара има 7 годинки и кај неа е откриена вродена мана на ‘рбетот поради што е потребно да се изврши уште една операција.

143 106

Игор Настевски

30.04.2013

Игор боледува од тешка очна болест, практично е слеп. Потребни му се 6 000 за да оди во Русија на хируршки зафат.

143 107

Благоја Димитров

30.06.2013

Благоја има тумор на мозокот и под итно се упатува на радиотерапија во Турција. 30 радиотерапии би чинеле околу 17 950 евра.

143 123

Енола Алими

09.05.2013

Енола има инкомплетен развој т.е церебрална парализа, поради што се упатува на лекување во Турција.

143 116

Кристијан Јовески

30.06.2013

Кристијан има тумор на мозокот. Откако му е извршена хируршка интервенција во ЈЗУ Ремедика се наоѓа на постоперативен третман за кој се потребни 635 600 ден.

143 122

Александар Галевски

30.05.2013

Александар има тешко оштетување на видот, поради што под итно треба да се оперира. Износот што му е потребен е 184 000 ден.

143 191

Мила Cибиноска

28.06.2013

Мила е родена со голема пигментирана дамка за чиешто отстранување е потребна хируршка интервенција во Чикаго.


30

Фондација T-Mobile за Македонија

Партнерство со УНИЦЕФ

Во почетокот на март, Фондацијата T-Mobile за Македонија стана официјален партнер со УНИЦЕФ, со што долго посакуваното и планирано проширување на можностите за раниот детски развој се доведе до стартната точка на конкретна реализација. Иницијативата за обезбедување еднакви можности за здрав физички, социјален, емоционален и когнитивен развој за сите деца во првите пет години од животот прерасна во повисока форма на планска, заедничка заложба со јасни цели пред себе.

Профили на партнерите УНИЦЕФ Фондот за деца при Обединетите Нации (United Nations Children’s Fund) или УНИЦЕФ (UNICEF) е основан 1946 година од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Тој обезбедува долгорочна хуманитарна и развојна помош на децата и мајките од земјите во развој. Неговите програми ги потенцираат развојните услуги што го унапредуваат здравјето на децата. Седиштето се наоѓа во Њујорк, а во 1965 година УНИЦЕФ ја доби и Нобеловата награда за мир. Во тек е реализацијата на светско ниво на т.н. Милениумски развојни цели на УНИЦЕФ за чиешто остварување

до 2015 се договорија сите 192 земјичленки на Обединетите Нации и најмалку 23 меѓународни организации. Тие вклучуваат искоренување на екстремната сиромаштија, намалување на стапката на смртност кај децата, борба против смртоносни болести, како и развивање на глобално партнерство за развој. Фондација T-Mobile за Македонија Фондацијата T-Mobile за Македонија е меѓу првите фондации во земјава чијшто основач е деловна компанија. Основана е 2002 година, а од јуни 2006 под името Фондација T-Mobile за Македонија е транспарентно и континуирано фокусирана на хуманитарни

Што е „ран детски развој“? Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ во Македонија: „Првите пет години од животот се најважни за детскиот развој и имаат долгорочни последици. Во текот на овој период, мозокот најбрзо се развива и научно е докажано дека децата кои посетуваат висококвалитетни програми за ран детски развој постигнуваат подобри резултати во училиште и има поголема веројатност дека тие подобро ќе напредуваат во животот. Проширувањето на образованието во раното детство не е само вистинското нешто што мора веднаш да се направи, туку е и најразумниот влог во иднината воопшто... Постојат јасни докази дека децата кои посетувале програми за ран детски развој имаат помала веројатност да го напуштат школувањето или да се вклучат во криминал и имаат поголема веројатност да завршат високо образование и да имаат повисоки приходи. Намалениот товар врз социјалниот систем и подобро обучената работна сила докажано ги оправдуваат трошоците“.


активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството со фокус на децата, особено на децата од ранливите средини. Во последните години, активностите на Фондацијата се насочени кон подолгорочни проекти, кои имаат бенефит за големи општествени групи. Како пионер во корпоративната општествена одговорност, Фондацијата T-Mobile за Македонија оди чекор напред во хуманитарните активности и работи на поттикнување и на инволвирање партнери за остварување големи хуманитарни проекти. Модел за стратешка корпоративна социјална одговорност Едногодишното партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата T-Mobile за Македонија е прво партнерство од ваков вид кај нас и служи како модел за стратешка корпоративна социјална одговорност. Преку интегрирање на паричните донации и повеќе други активности, вклучувајќи и комуникациска кампања, партнерството има за цел да ја подигне свеста за важноста на раниот детски развој и отворањето нови центри за ран детски развој во ранливите заедници каде што тие се и најпотребни. Преку ова партнерство кое е прво од ваков вид во Македонија, Фондацијата и УНИЦЕФ планираат да направат вистинска разлика во животот и во развојот на децата во Македонија, со тоа што ќе им овозможат еднаква можност за правилен развој, во најважните години од животот, првите пет. Состојбата во Македонија Единствениот пристап до програмите за ран детски развој во Македонија е преку програмите во градинките финансирани од државата и преку мал број Центри за ран детски развој отворени со поддршка на УНИЦЕФ. И покрај тоа што пристапот до услуги благо порасна во последните години, во моментов само 1 од 5 деца (22%) на возраст помеѓу 3 и 5 години има пристап до услугите за ран детски развој. За жал, имајќи ја предвид структурата на постојниот систем - само 43 од сите општини имаат градинки, а 90% се наоѓаат во урбаните средини, главно во Скопје – децата на кои најмногу им се потребни овие услуги се токму оние кои се изоставени. Само 6% од децата кои живеат во руралните области учествуваат во програмите за ран детски развој. Во овие програми речиси воопшто нема деца од најсиромашните домаќинства (0,3%).

Пилот-моделот од УНИЦЕФ, зголемување на бројот на центрите Центрите за ран детски развој кои ќе се отворат преку ова партнерство се базираат на пилот-моделот од УНИЦЕФ. Ваквите центри се и формално признаени со последните промени во Законот за детска заштита и се најрентабилната алтернатива на градинките. Тие најдобро ги опслужуваат заедниците во кои не постојат градинки, како што се руралните средини и маргинализираните заедници. Децата посетуваат организирана програма за учење неколку часа во денот и родителите имаат пристап до образовни програми за тоа како да работат со децата во својот дом. Програмата која ја нудат Центрите е заснована на Стандардите за рано учење и развој поддржани од УНИЦЕФ. Во моментов постојат дваесет вакви центри кои беа основани преку програмата на

УНИЦЕФ, а со поддршка на локалните власти. Преку овие партнерства, Фондацијата T-Mobile за Македонија ќе

Долгорочен бенефит Леа Липша, директор на Фондацијата Т-Mobile: „Преку партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата T-Mobile за Македонија сакаме да го подобриме квалитетот на животот за децата, особено на оние од социјално загрозени средини. Тоа е нашата заедничка цел, она кон што се стремиме. Проектот за добивање еднакви можности за сите деца во првите пет години од животот е од национален интерес и затоа сакаме широко да ја мобилизираме целата заедница. Тој има и носи долгорочен бенефит и за идните генерации, затоа во него треба да се вклучат бизнис партнери, медиумски партнери, самите општини, агенции и поединци“.

донира најмалку 50 000 долари за отворање дополнителни центри.

Визијата на партнерството во 5 точки • Обезбедување универзален пристап до можностите за здрав физички, социјален, емоционален и когнитивен развој во првите пет години од животот на децата; • Почетна донација од Фондацијата T-Mobile за Македонија од 50 000 американски долари; • Отворање Центри за ран детски развој во заедниците каде што тие се најпотребни; • Кампања за јакнење на свеста за важноста од негување и одговорна грижа за безбедна и стимулативна средина во првите 5 години од животот; • Активности со кои ќе се поттикне вклучување на целата заедница.


32

Инфо прозорец

Плати онлајн – едноставно и ефикасно плаќање сметки и дополнување ваучери Имате многу дневни обврски за кои понекогаш не наоѓате време? Сакате вашите задолженија да ги завршите брзо и од едно место? Со електронскиот систем за плаќање сметки на T-Mobile и Телеком, можете да ги платите сметките за телефон, интернет и телевизија, како и да дополните ваучер за припејд број на полесен начин, за само неколку минути! Сè што ви треба да ги почувствувате удобноста и ефикасноста на електронското плаќање е платежна картичка.

Додека сурфате на интернет, додека пишувате е-пошта, само посетете го новиот Плати онлај портал (www.t-mobile.mk/plationline) за да ги платите вашите постпејд сметки или да ја дополните припејд сметката на својот или на бројот на друг корисник. На порталот можете да ја платите вашата или која било друга сметка со едноставно внесување на бројот на фактурата што сакате да ја платите, а со една трансакција можете да платите до дури 10 сметки од T-Mobile и Македонски Телеком. Сигурно и безбедно, во само неколку чекори, вашите плаќања и дополнети ваучери ќе бидат реализирани во истиот момент додека се одвива онлајн трансакцијата. На вашата електронска адреса или на телефонски број ќе ви пратиме потврда за успешноста на плаќањето. Плаќањата можете да ги вршите од дома или од странство, сè што ви треба покрај вашата платежна картичка е интернет пристап. Плаќањето на порталот е овозможено од сите картички од брендот на MasterCard и Visa од која било банка во светот и со платежни картички издадени од следниве домашни банки: ТТК Банка, Централна Кооперативна Банка (Силекс Банка), Статер Банка, Стопанска Банка А.Д. Битола и Зираат Банка со кои е овозможено електронско плаќање.

Поволности од користењето на Плати онлајн порталот ▪ Ги избегнувате редиците во продавница преку поефикасен и поедноставен начин за електронско плаќање сметки; ▪ Преку еден портал можете да ги плаќате сметките и да дополнувате припејд ваучер во удобноста на вашиот дом или од вашата канцеларија во кое било време до денот; ▪ Можете да платите до дури 10 сметки одеднаш од двете компании; ▪ Плаќањата и дополнувањата сметки за припејд броеви се без провизија и без дополнителни трошоци. Заштедете време, избегнете ги редиците, платете повеќе сметки одеднаш и уживајте во едноставноста на електронското плаќање! М. Дејанова



34

T-Home

Ведрата страна на пролетта: филмови и фудбал! Заедно со пролетта ни дојдоа и одличните филмски содржини на HBO, а нè очекуваат и возбудливи фудбалски денови со натпреварите од најпрестижните европски купови.

Најдобриот начин за филмско започнување на пролетта се чини дека е токму долгоочекуваната трета сезона на култната серија „Игра на тронови“, во оригинална продукција на HBO. Премиерата во САД се случи во неделата, на 31 март, а корисниците на MaxTV и останатите љубители на оваа серија насекаде низ Европа можеа да ја проследат премиерната епизода ден потоа, на 1 април. Останатите 9 епизоди, корисниците на MaxTV ќе можат да ги следат секој понеделник во 20:05 часот, на каналот HBO во рамките на дополнителниот HBO филмски пакет. По ТВ премиерата, ексклузивно на MaxTV, секоја од епизодите ќе биде достапна и во видеотеката HBO On Demand.

Не пропуштајте ги филмовите на HBO! „Одмаздници“

„Шерлок Холмс: Игра на сенки”

Режија: Џос Видон Жанр: Акција, научна фантастика Улоги: Роберт Дауни Јуниор, Крис Еванс, Марк Рафало, Крис Хемсворт, Скарлет Јохансон Година: 2012 Премиера на HBO: 07.04.2013 во 20:05 часот Репризи: 8, 10, 13, 23 и 24.04. Содржина: Содржина: Кога еден неочекуван непријател се заканува на светската безбедност, Железниот човек, Неверојатниот Халк, Тор, Капетан Америка, Хокај и Црната вдовица се здружуваат за да го спасат светот од катастрофа.

Режија: Гај Ричи Жанр: Акција, авантура Улоги: Роберт Дауни Јуниор, Џад Лоу, Нуми Рапејс, Рејчел Мекадамс, Џаред Херис Година: 2011 Премиера на HBO: 28.04.2013 во 20:05 часот Репризa: 29.04. Содржина: Роберт Дауни Јуниор и Џад Лоу ги репризираат своите улоги како Холмс и Вотсон. Брилијантниот детектив Шерлок Холмс се надмудрува со професорот Моријарти откако го открива злобниот заговор за дестабилизација на целиот западен свет.


„Потомци”

„Си купивме зоолошка”

Режија: Александар Пејн Жанр: Комедија, драма Улоги: Мајкл Онткин, Шајлин Вудли, Џорџ Клуни, Амара Милер, Бо Бриџис Година: 2011 Премиера на HBO: 14.04.2013 во 20:05 часот Репризи: 15, 17, 18, 20, 30.04. Содржина: Кал и Емили имаат совршен живот и го живеат американскиот сон, сè додека Емили не побара развод. Сега сопругот Кал мора да се снаоѓа со малку помош од неговиот пријател Џејкоб, кој е лут ерген...

Режија: Камерон Кроу Жанр: Драма, комедија Улоги: Мет Дејмон, Скарлет Јохансон, Томас Хејден Чурч, Колин Форд, Меги Елизабет Џоунс Година: 2011 Премиера на HBO: 21.04.2013 во 20:05 часот Репризи: 22, 24, 25, 27.04. Содржина: Неверојатна и вистинита приказна за самохран татко кој ги сели своите две деца во најчудното можно место, во зоолошка градина. Семејството работи за да го врати поранешниот сјај на полураспаднатата зоолошка.

„Пирати! Банда шутраци”

„Девојката”

Режија: Питер Лорд, Џеф Њуит Жанр: Анимиран, комедија Гласови: Хју Грант, Мартин Фриман, Селма Хаек, Имелда Стаунтон, Дејвид Тенант Година: 2012 Премиера на HBO: 20.04.2013 во 18:35 часот Репризи: 24, 28, 29.04. Содржина: Со својот екипаж од смотаници и навидум несвесен за невозможната мисија што му претстои, пиратскиот капетан ќе треба да се бори со злобната кралица, да го спаси младиот научник и секогаш да се втурнува во авантури!

Режија: Џулијан Џеролд Жанр: Драма, биографија Гласови: Сиена Милер, Тоби Џоунс, Имелда Стаунтон, Пенелопа Вилтон, Кендис Д’Арси Година: 2012 Премиера на HBO: 27.04.2013 во 20:05 часот Репризa: 28.04. Содржина: Тоби Џоунс го игра Алфред Хичкок, а Сиена Милер ја игра Типи Хедрен во овој провокативен филм кој за првпат ја прикажува опсесивната врска на легендарниот режисер со неговата најозлогласена актерка.

Вистинска фудбалска пролет со MaxTV! Ексклузивно на MaxTV, гледајте ги сите натпревари од UEFA Лигата на Шампиони и UEFA Лигата Европа на совршена HD-слика! Ако им припаѓате на оние кои можат да живеат без филмови, но не можат без фудбал, бидете сигурни дека со MaxTV нема да пропуштите ниту еден пенал, маестрален гол, прецизно додавање или одлична акција. Не

Датуми за помнење!

правете компромиси, со MaxTV одберете го пакетот спортски содржини што најмногу ви одговара. Изберете го Max Sport+ и гледајте 4 натпревари истовремено од UEFA Лига на Шампиони и UEFA Лигата Европа, како

На 9 и 10 април се реванш-натпреварите од четвртфиналињата во UEFA Лигата на Шампиони, кога ќе се знае кој ќе се бори за силно посакуваната шампионската титула во полуфиналните натпревари кои следуваат веќе од 23 април. На 25 мај на големото финале со нетрпение се чека да се види кој ќе го замени минатогодишниот шампион „Челзи“ кој излезе уште во групната фаза. За UEFA Лигата Европа полуфиналните натпревари се закажани за 25 април и 2 мај, а големото финале се очекува да го даде победникот на 15 мај.

и Кралскиот куп на Шпанија и Германскиот фудбалски куп, заедно со уште 5 спортски канали: Sport Klub, Sport Klub +, ESPN Classic, Motors TV и Extreme Sport. Или пак, одберете го Max Football кој на верните фудбалски фанови им нуди можност во месеците на фудбалот вистински да уживаат во акцијата на нивните омилени фудбалери. За уште поголема флексибилност во изборот, МаxTV нуди и можност за изнајмување по фудбалски натпревар, но и достапност на најпрестижниот фудбал во секое време и од секое место, на интернет преку web.maxtv.mk или преку мобилен со Mobile TV услугата од T-Mobile. Одберете ги натпреварите што најмногу сакате да ги гледате, а останатите најдете ги подоцна во ТВ-тека.


36

Секаде... Со телефон

Кенија

„Блекбери“ во паркот Масаи Мара, Кенија П

„Патувањето често те остава без зборови, но подоцна те претвора во раскажувач.“

атот со теренско возило од Најроби кон најголемата тектонска долина во светот (Great Rift Valley) води низ пат полн и со тектонски дупки создадени од човекот. Рудиментираната форма на асфалт овде повеќе прилега на црни залепени вулкански камења или стврдната лава, отколку на асфалт. Но, така беше само кон средината на патот кој водеше до

националиот парк Масаи Мара, гордоста на Кенијците. Последната третина од патот беше уште полоша. Таа беше можност сите што се упатуваат натаму по земја, наместо да летаат, да доживеат Камел трофи возење низ саваната. Избегнувањето на вдлабнувањата на патот како мали кањони е императив: со секој нивни „погодок“ со некое тркало, можеше да настрада вратот

на некој невнимателен или сонлив сопатник – турист во возилото! При лудото возење се избегнуваа и по неколку метра високите кули од земја – домови на термитите. И ова е прилично возбудлива активност, ако се земе предвид дека поради жештината се вози со отворени прозорци и последното што некој сака да го доживее е средба со илјадници разлутени термити...


Кенија

Секаде... Со телефон

37

Полнење на батеријата Не можев да одолеам да не откријам како, всушност, ги полнат батериите на своите мобилни телефони... Видов, сфатив. Тоа се прави во една трошна бутка покрај патот, специјализирана за таква намена и тоа за сите кои дома воопшто немаат струја! До неа, по правило, Кенијците стасуваат пешки, боси или со сандали направени од распукани гуми од тркала, по неколкучасовно пешачење! Во еден правец! Животот навистина пишува романи, но во беспаќата на Африка, тоа е најчесто во песокот, на карпите среде саваните, во црвената недоисушена кал и на исушените и вредни испукани дланки и табани на гордите жители со „Блекбери“ в џеб.

Лов на насмевки За да го намалиме веќе опасното ниво на адреналин од патот, застанавме некаде близу влезот на Масаи Мара. Нè дочекаа продавачи на сувенири, кои за разлика од Најроби овде повеќето беа Масаи – високи, црни, со смирен и меланхоличен поглед, со типични масајски топли наметки и секако со веќе препознатливиот накит на Масаите, составен од илјадници ситни мониста. Едни од најинтересните сувенири беа масаи краватите - цели извезени со масајски мотиви, како и ремените извезени со мониста со кои се прикажуваа знамињата на Кенија и најчесто името и знамето на оној што ќе го купи сувенирот. „Генијален и многу персонализиран спомен од Кенија“, си помислив. Мојата блага насмевка веќе беше уловена од еден од трговците – ми се доближи и започна упорно да ни нуди таков ремен за 20-тина долари. Немав намера во оваа фаза на патувањето да пазарам сувенири – ме чекаа многу други возбуди, а сувенирите беа сосема долу на листата на активности. Освен тоа, на понудените ремени, иако имаше и таков со името Роберт, главно имаше американски, британски, јапонски и германски знамиња, па токму тоа требаше да ме извади од ситуацијата и да се откачам од упорниот продавач. Го прашав победнички: „А македонско знаме имате ли некаде на ремениве?“

Мојата патувачка „батерија“, пак, и понатаму се полни од македонско-масајскиот ремен на моите фармерки. Текст и фотографии: Р. Смилески

Мојот македонско-масајски ремен Само што помислив дека го надитрив и откачив напорниот продавач, кога ете го истиот се врати, овој пат со негов Масаи другар на припомош. На високово другарче му светеа белите заби, небаре се натпреваруваат со острицата на големиот нож кој му висеше на појасот. А под појасот одненадеж светна и црн мобилен апарат! „Блекбери“ со дозволен пристап на интернет! Трпеливо почекаа да се појави Google и потоа ме замолија да им кажувам буква по буква како се пишува Македонија. Нашето жолто-црвено сонце полека се појави на изгребаниот и прашлив екран од веројатно половниот мобилен. Веќе немав срце да ги одбијам – се согласив и си подадовме рака. За неколку дена ќе станам горд сопственик на масајски ремен со моето име и уметничка интерпретација на македонското знаме. Ме воодушевија нивната упорност и истрајност – никогаш не се откажуваат. Можеби во околинава немаше струја, ниту доволно вода за капинки, но „Блекбери“ има.


38

Тенис

Слоун Стивенс

Новата ера на американскиот тенис На годинашното Отворено првенство на Австралија („Австралија опен“ www.australianopen.com), Америка доби нов спортски херој. Фантастичната 19-годишна тенисерка во четвртфиналето го совлада својот идол Серена Вилијамс, најавувајќи ја новата ера на американскиот тенис. Сите се сеќаваат на „Австралија опен“ 2008 година. Тогаш светскиот рекет број еден - Новак Ѓоковиќ, ја освои првата Грен слем титула, навестувајќи го својот немилосрден поход кон тронот. Во финалето играше против „изненадувањето“ на турнирот - Жо Вилфред Цонга. Французинот, кој во тоа време беше 38. во светот, направи чудо понижувајќи го тогашниот рекет број два - Рафаел Надал со 6:2, 6:3, 6:2. Новинарите се отепаа од пишување за големиот Жо. Излеаната лава Годинашното, пак, изненадување на Отвореното првенство на Австралија секако

беше Американката Слоун Стивенс. Фантастичната 19-годишна тенисерка во четвртфиналето го совлада својот идол, сонародничката Серена Вилијамс. Таа ноќ, американскиот женски тенис дефинитивно доби ново име. „Ох, мој боже сега ќе го извадам постерот на Серена и ќе си го ставам мојот“, шокирана беше и самата Стивенс, која на прв поглед повеќе прилега на некој фитнес мајстор, отколку на тенисерка. Вајарско дело на природата и на теретаните! Некои дури ја опишаа како остаток од излеана лава од добата на терцијарот која се наоѓа на северот на Ирска. Лава која се претворила во карпа. Наследничката на сестрите Вилијамс Стивенс моментно е 16. во светот и е најмладата тенисерка меѓу првите 40 на планетата. Таа поседува разорен форхенд со голем замав и како резултат на тоа тој истовремено е и нејзината најголема предност и


Слоун Стивенс

Тенис

39

нејзината најголема слабост. Има и моќен дворачен бекхенд, но тој нема агресивна тенденција како нејзиниот форхенд. Стивенс често знае да ги заврши поените и на мрежа. Нејзината игра се карактеризира со останување далеку зад основната линија, потпирајќи се притоа на својата физичка сила, која овозможува постојано и без проблем да ги брка и враќа топчињата. Физичките предиспозиции се една од најголемите предности на Стивенс. Нејзини тениски инспирации се Ким Клајстерс и сестрите Вилијамс. Со нив дели иста судбина на дете од разведени родители. Но, за разлика до сестрите, таа со својот татко се има само два, три пати видено лице в лице. (Не)важните нешта за еден спортист Слоун Стивенс е родена на Флорида на 20 март 1993 година во спортско семејство. Нејзината мајка Сибил Смит била пливачка на Универзитетот во Бостон и била прва жена Афроамериканка која успела во овој спорт да осигура место во првиот тим на Ол Американ - Дивизија 1. И нејзиниот татко Џон Стивенс беше професионален играч во американскиот фудбал со успешна кариера во Њу Ингланд Патриотс, а потоа и во Грен Беј Пекерс, Атланта

Фалконс и Канзас Сити Чиф. За жал, Џон загина во сообраќајна несреќа на 1 септември 2009 година. Оттогаш за неа сметка води само нејзината мајка Сибил. Две недели пред да загине нејзиниот татко, за последен пат се слушнале по телефон... Во трагичните животни мигови на неговата ненадејна смрт, ќерката требало да одлучи - дали ќе оди на неговиот погреб и ќе му го каже последното збогум или ќе продолжи да игра на Американскиот турнир за јуниори, кој веќе беше почнат. „ кажав дека е слободна самата да одлучи што да прави“, изјави нејзината мајка Сибил. За смртта на нејзиниот татко ја известува нејзината полусестра која живее во Луизијана. „Кога ја слушна лошата вест, плачеше час и половина. Но, одлучи да остане да игра, а потоа да го посети неговото семејство. Сакав таа да биде горда на него. велев дека тој е добар човек со одредени зависности кои не биле спречени навреме“, вели Сибил, која е вработена во една транспортна компанија. Таа додава дека Слоун била разочарана кога ја видела на интернет приказната за татко во која се зборува дека тој бил уапсен во 1994 година под обвинениа за сексуален напад. Судскиот процес сè уште траеше кога тој загина. „Слоун ме праша зошто не сум кажала за тоа. Беше многу тажна, очите беа полни со солзи. Таа го познаваше делот од својот татко кој беше извонреден“, открива Сибил. Слоун подоцна почнува да се сомнева дека загинувањето е само смислен обид на нејзиниот татко да стави крај на својот живот. Но, истрагата покажува дека станува збор за несреќа, а не за самоубиство.

По тој турнир, тенисерката го посети семејството на својот татко. „ кажав дека ова е време да види колку луѓе го сакаа нејзиниот татко. Да ја почувствува таа љубов“, вели Сибил. Помеѓу свесното и потсвесното Слоун Стивенс поради својот живот без татко одамна е во центарот на вниманието на американските психолози кои се обидуваат да објаснат колку тоа психолошки може да влијае во градењето на нејзината шампионска кариера. Некои од нив сметаат дека таа во себе има многу потиснати емоции и дека поради тоа ќе има потешкотии во контролата на однесувањето на теренот. Според нив, врвните спортисти може да бидат тоа само доколку постои успешна врска помеѓу свесното и потсвесното... Инаку, Слоун почнува да игра тенис на деветгодишна возраст, кога нејзината мајка ја носи на првиот тренинг. Тогаш се случува љубов на прв поглед со белиот спорт. Почнува вредно да тренира и да остварува успеси. Во светот на професионалниот тенис влегува во 2009 година. Досега има една титула на ИТФ турнирите, а на Грен слем турнирите минатата година дојде до четвртото коло на Роланд Гарос, третото коло на Вимблдон и на Ју-Ес опен. Оваа 170 cm висока и 61 килограм тешка тенисерка веќе почнаа да ја споредуваат со славните сестри Вилијамс. Сигурно дека признанијата годат, исто како што е сигурно дека полека се завршува една ера на американскиот женски тенис и почнува нова. Н. Котевски


T-ZONES ОР Б З И М Е Л ГО ГРИ! И И В О Н НА

Јави се на бесплатниот број 140525 и од добиениот линк пристапи во светот на t-zones или пак посети ја мобилната страна www.t-mobile.mk/wnw СЛИКИ

код: FUN PAMPD

код: FUN PAMPW

код: FUN WMGWM

РАЗНО DADDAG DADDAJ DADDGT DADDJA DADDJD DADDAM DADDJG DADDJJ

код: FUN WMDWP

код: FUN WTAWW

ЗАБАВНИ ЗВУЦИ PINK FLOYD - ANOTHER BRICK IN THE WALL CHER - BANG BANG MY BABY SHOT ME DOWN ROBBIE WILLIAMS - BEYOND THE SEA SHAGGY - BOOMBASTIC EVANESCENCE - BRING ME TO LIFE DEPECHE MODE - ENJOY THE SILENCE MANDO DIAO - DANCE WITH SOMEBODY KATY PERRY - FIREWORK

WJWPW WJWTA WJWTD WMAPT WMAPW WMDAG WMATA

HIP HOP VELIGDEN MODERNA ALELUJA PETELOVA UZBUNA VELIGDEN SMS VELIGDENSKA MELODIJA VELIGDENSKI POJADOK VELIGDENSKI SMS

За да нарачаш прати SMS на 1414 со текст: FUN KOD (на местото KOD внеси го кодот на избраната содржина). Пример: за мелодијата „Shaggy - Boombastic“ прати SMS на 1414 со текст FUN DADDJA и преземи ја содржината од добиениот линк. Цената за Mp3 тон е 60 ден. (70,8 со ДДВ). GPRS сообраќајот се наплаќа според важечкиот ценовник. Нарачувањето и подарувањето содржини е овозможено само во мрежата на T-Mobile.


T-ZONES ИВНО ЕКСКЛУЗ ILE ЗА T-MOB Ц И! КОРИСНИ

Јави се на бесплатниот број 140 525 и од добиениот линк пристапи во светот на t-zones или пак, посети ја мобилната страница www.t-mobile.mk/wnw


42

каталог на подароци

Мој клуб – поголемa лична слобода и повеќе избор Најголемата програма за лојалност во Македонија постојано се збогатува, во чекор следејќи го зголемувањето на вашиот број како членови на програмата. Со спојувањето на програмите за лојалност на Т-Mobile и Т-Home, ве обединивме во едно големо семејство кое може да ги комбинира поените и да ги користи за подароци и услуги, а со новините што наскоро ќе ги воведеме, програмата ќе добие целосно нова димензија. Лојалноста кон T-Mobile и Т-Home ќе биде наградувана речиси секојдневно. Новиот, збогатен концепт на програмата со ново име Мој клуб ќе овозможува собирање и користење на Мој клуб поени низ широката продажна мрежа на нашите партнери. Ќе можете при секое купување во партнерските продавници да собирате поени и потоа со собраните поени да купувате или да доплаќате производи

по ваш избор или да нарачате подароци и услуги од нашиот Каталог. Целиот процес и сите информации за програмата ќе бидат објавени на нашата веб страница www.mojklub.mk и на www.t-mobile. mk/mojklub . А дотогаш, изберете подарок од Каталогот на Мој клуб, не заборавајќи ги ниту неколкуте други вредни придобивки од членувањето во најголемата програма за лојалност во земјава: ▪ Комбинирајте ги Мој клуб поените со поволна доплата и земете го мобилниот телефон што најмногу ви се допаѓа во Доверба! ▪ Одберете Мој клуб Бесплатни викенд разговори или Мој клуб Бесплатни разговори во Мојот круг користејќи ги своите поени и активирајте веднаш со јавување на 122 или во најблиската продавница! Услугите

можете да ги активирате на сопствениот број доколку сте постпејд приватен корисник или пак да ги подарите на друг постпејд број по ваш избор. ▪ Изненадете ги вашите пријатели – подарете кредит на нивната припејд сметка!. Одберете електронски ваучер во износ од 300, 590, 900 или 2 000 денари и надополнете ја припејд сметката на вашите блиски користејќи ги Мој клуб поените. Јавете се на 122 или појдете во најблиската продавница и приредете некому убаво припејд изненадување.

Наскоро! Новото име веќе го имаме, а очекувајте и нова, неодолива димензија на најголемата програма за лојалност во Македонија! Подготвуваме многу поголеми придобивки буквално за сите корисници на T-Mobile и T-Home, кои поседуваат мобилен број на T-Mobile!

Доколку сте Т-Mobile корисник Kритериуми за добивање поени

Доколку сте Т-Home корисник Број на поени

Производ/Услуга

Број на поени

За секој месец како корисник на Т-Mobile

50

За секои 500 денари вкупна месечна сметка со ДДВ

25

За секои 500 денари на Вашата сметка

25

За сите MaxADSL пакети и МаxADSL Optic пакети

50

Навремено плаќање на сметката (без траен налог)

90

Навремено плаќање на сметката со траен налог Користење на дополнителни услуги со претплата

За сите Call & Surf пакети и МаxADSL Optic пакети

75

За сите 3 Max пакети и 3 Маx Optic пакети

125

120

За сите 2 Max пакети и 2 Маx Optic пакети

100

36

Навремено плаќање (18-ти во месецот)/плаќање со траен налог

50


каталог на подароци

Вашата нарачка можете да ја направите: 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk). Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

43

НОВО!

Шифра: 90102 Биографијата на Стив Џобс 3 098 поени

Шифра: 90099 Samsonite ранче-мече 26 x 28 x 19 cm 8 200 поени

Шифра: 10478 Ранец за лаптоп Case Logic 16 678 поени

Шифра: 10520 МАКЕДОНСКИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ГОТВАЧ 10 164 поени

Шифра: 40094 СЕТ за коса ROWENTA CF4032 DO 10 466 поени

Шифра: 40092 Преса за коса Rowenta SF 1022 4 237 поени

Шифра: 40093 Патна пегла Rowenta DA-1510 6 630 поени

Шифра: 40095 Вага ТEFAL PP1000V0 4 153 поени

НОВО!

НОВО!

НОВО!

НОВО!

Шифра: 40098 ROWENTA фен за коса 2000W 4 153 поени

Шифра: 40099 MOULINEX пасатор 350W 4 275 поени

Шифра: 40100 ROWENTA депилатор 4 110 поени

Шифра: 40101 ROWENTA машинка за потстрижување 4 691 поени

Шифра: 10506 Топка за кошарка Spalding TF 150 гума 3 506 поени

Шифра: 10509 Јаже за скокање Kettler 1 929 поени

Шифра: 10512 Патна торба 64 cm x 34 cm x 23 cm 2 399 поени

Шифра: 10517 Ранец (тегет) 1 425 поени


44

каталог на подароци

Шифра: 10516 Ранец (црвен) 1 425 поени

Шифра: 10511 Boccaria женска патна торба (тегет) 2 185 поени

Шифра: 90075 Deluxe чанта за лаптоп со тркалца 16 930 поени

Шифра: 10515 Аfrica торба за на рамо 1 948 поени

Шифра: 10513 Ранец Аfrica 2 233 поени

Шифра: 10514 Спортска торба Аfrica 62 x 23 x 31 cm 2 446 поени

Шифра: 90071 Кожена деловна чанта 75 092 поени

Шифра: 10504 Перниче за патување 304 поени

Шифра: 40096 Vtech Sinus C33 5 995 поени

Шифра: 40097 Vtech Sinus 205 7 995 поени

Шифра: 30058 Gizmobies декоративна фолија за 10’’-11’’ лаптоп 3 814 поени

Шифра: 30059 Gizmobies декоративна фолија за 12’’-13’’ лаптоп 3 814 поени

НОВО!

НОВО!

Шифра: 40102 CD PORTABLE PHILIPS 8 898 поени

НОВО!

НОВО!

Шифра: 40103 MP3 PLAYER PHILIPS 4GB 7 860 поени

Шифра: 40104 USB Drive 4GB Verbatim 1 445 поени

Шифра: 40105 USB Drive 8GB Verbatim 1 795 поени


каталог на подароци

Вашата нарачка можете да ја направите: 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk). Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

900 ден.

590 ден.

300 ден.

Шифра: 120001 Е-ваучер 300 1 500 поени

Шифра: 120002 Е-ваучер 590 3 000 поени

шифра: 130 001 Мој клуб - Бесплатни викенд разговори

шифра: 130 002 Мој клуб - Бесплатни разговори во Мојот круг

1 800 поени

2 700 поени

кон T-Mobile и фиксните мрежи - 3 месеци

кон броевите во Мојот круг - 3 месеци

НОВО!

Шифра: 30067 BELKIN НЕОПР. ФуТ. NET BOOKS СО ДИМ. ДО 10.2” 3 060 поени

НОВО!

Шифра: 30069 BUGATTI УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА СИВА 2 122 поени

НОВО!

Шифра: 30068 BUGATTI УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА КАФЕНА, M 2 122 поени

НОВО!

Шифра: 30070 BUGATTI УНИВЕРЗАЛНА ФУТРОЛА ТЕМНО КАФЕНА 2 122 поени

2000 ден.

Шифра: 120003 Е-ваучер 900 4 500 поени

Шифра: 120004 Е-ваучер 2000 8 000 поени

Шифра: 70005 Вредносна картичка 590 3 000 поени

Шифра: 70007 Вредносна картичка 2000 8 000 поени

45


46

каталог на подароци

Дојди до посакуваниот телефон со поените од Moj клуб

Шифра: 20450 ACER ICONIA A211 107 250 поени

Шифра: 20437 Alcatel ОТ228 4 950 поени

Шифра: 20424 Blackberry 9320 59 950 поени

Шифра: 20425 Blackberry 9790 119 950 поени

Шифра: 20416 Emporia Talkcomfort 7 250 поени

Шифра: 20417 HTC Desire C 54 950 поени

Шифра: 20441 HTC WINDOWS PHONE 8S 69 950 поени

Шифра: 20443 HTC Desire X 72 250 поени

НОВО!

Шифра: 20444 HTC WINDOWS PHONE 8X 132 450 поени

Шифра: 20453 HTC One SV 107 250 поени

Шифра: 20428 HUAWEI E3131S-2 USB DATA STICK 7 450 поени

Шифра: 20413 LG OPTIMUS L3 E400 34 950 поени

НОВО!

Шифра: 20420 LG P700 77 250 поени

Шифра: 20366 Nokia C2-01 22 250 поени

Шифра: 20395 Nokia 100 4 950 поени

НОВО!

Шифра: 20410 Nokia ASHA 302 34 950 поени


каталог на подароци

Вашата нарачка можете да ја направите: 1. Со јавување на 070122; 2. Во нашите продажни места; 3. Преку Mojот T-Mobile портал (www.my.t-mobile.mk). Покрај можноста за достава на Мој клуб подароци во продавница по избор, можете да одберете и достава и на адресата на која ја добивате вашата месечна сметка. Цената на услугата изнесува само 50 ден. за која било локација во цела Македонија!

47

НОВО!

Шифра: 20436 Nokia 113 12 250 поени

Шифра: 20454 Nokia LUMIA 820 124 950 поени

Шифра: 20384 Samsung 1190 6 250 поени

Шифра: 20409 Samsung E1230 6 250 поени

Шифра: 20411 Samsung Galaxy mini II S6500 47 450 поени

Шифра: 20415 Samsung GALAXY TAB 2 10.1 P5100 132 250 поени

Шифра: 20422 Samsung GT-S5610 24 950 поени

Шифра: 20432 SAMSUNG GALAXY CHAT B5330 38 750 поени

Шифра: 20438 Samsung S3570 24 950 поени

Шифра: 20446 Samsung C3520 17 250 поени

Шифра: 20446 Samsung GALAXY CAMERA 132 250 поени

Шифра: 20447 Samsung E2600 14 950 поени

НОВО!

НОВО!

НОВО!

НОВО!

Шифра: 20451 Samsung GALAXY NOTE 10.1 N8000 159 950 поени

Шифра: 20452 Samsung GT-E1200 7 250 поени

Шифра: 20455 Samsung ATIV S GT-I8750 137 250 поени

Шифра: 20442 Sony XPERIA P 94.950 поени

Шифра: 20448 Sony XPERIA T 139 950 поени

Шифра: 20449 Sony XPERIA J 62 250 поени

Шифра: 20456 Sony XPERIA Z 184 950 поени

Шифра: 20440 ZTE Grand X 72 250 поени


За оние што сакаат повеќе!

play, Нова постпејд тарифа! Со новите постпејд тарифи Play, добивате навистина сè: ▪ ▪ ▪ ▪

Неограничени разговори кон T-Mobile и T-Home, Вклучени разговори кон другите мрежи, ЅМЅ пораки кон сите мрежи, Супербрз 3G интернет во секое време до 42 Mbps!

Плус, земете нов смартфон по промотивна цена и следете ги бесплатно натпреварите од најпрестижниот европски фудбал со Mobile MaxTV! Најдоброто интернет доживување на наjдобрата мобилна мрежа! За повеќе информации посетете нè на www.t-mobile.mk или во најблиската Телеком продавница.

Услугата Mobile MaxTV e бесплатна до крајот на годината.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.