v.News 119

Page 27

број луѓе носат индивидуални одлуки за сопствениот живот што значително се разликуваат од традиционалните вредности и од она што се смета за „нормално“. Порастот на населението во Америка беше забавен на 0,9 проценти, но експлодираше бројот на домаќинствата. Тоа се должи на оние што се разведуваат, што подолго остануваат самци, оние што живеат подолго и на оние што не се решаваат на брак. Процентот на домаќинствата со едно лице што живее само се зголеми од 17 проценти во 1970 година на 26 проценти во 2003 година, а уделот на домаќинствата што се состојат од брачни парови со деца падна под 25 проценти. Слични трендови се случуваат и во останатите западни земји. Сите такви независни и самостојни животи го делат светот на безброј ниши. Самците и лицата без деца имаат повеќе време за сопствените интереси, хобија, интернет, политички расправи или одење

на кино. Според сите правила никој повеќе не би требало да оди на кино бидејќи до филмовите се доаѓа подеднакво брзо со нивно преземање од интернет или плаќање по гледање, но, за луѓето што се слободни филмовите се толку интересен избор што цената на кино билетот не опаѓа туку расте. Луѓето располагаат со повеќе време и пари и двете ги искористуваат како никогаш порано за лично задоволување. Во бизнисот, политиката и решавањето на општествените проблеми оваа информации може да биде клучна. Читајќи го Сет Годин Зошто малото е „ин“ а големото е „аут“ • Овозможува флексибилност за брзо менување на деловниот модел. • Во краток рок може да одговорите на сите е-пораки од корисниците. • Некому можете да му дадете да ги работи досадните и

споредните работи, како што се производството, доставата, сметководството и пакувањето, додека вие смислувате нешто посебно • Малите адвокатски, книговодствени и рекламни фирми успеваат затоа што се добри, а не затоа што се големи. • Малиот ресторан има сопственик што ви се обраќа по име. • Малиот фонд на ризичен капитал не мора да финансира големи и лоши идеи за да го стави својот капитал во функција. Може да вложува помалку пари во многу мали фирми со добри идеи. Енергични старци Светот се раслојува со рекордна брзина, тврдат Пен и Кини Залесни. Со порастот на слободата на изборот порасна и индивидуалноста, а со тоа и моќта на одлучувањето. Факт е дека мнозинството филмови не се блокбастери, мнозинството книги не се

ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА

дови ја


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.