v.News 119

Page 26

ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА

Глобалните тренд губат силата Пишува: Леонардо Блажевиќ

Големината значеше економија на обемот, значеше моќ, профит и раст, надзор врз понудата и контрола врз пазарот. Новите технологии и актуелната криза го предизвикаа денешното големо раслојување. Деловниот свет ќе мора да ја совлада вештината на утврдување микро цели, препознавање и комуницирање со малите и силни потгрупи за нивните потреби и желби.

Пред неколку години консултантската фирма Роланд Бергер изготви студија за глобалните трендови до 2030 година. Меѓутоа, се руши идејата дека неколку глобални трендови го определуваат функционирањето на светот. Тој, всушност, повеќе не се собира околу неколку мега сили, туку е разединет од сложените лавиринти на одлуки што се обликуваат во микро-трендови, мали, речиси незабележителни сили кои можеби придвижуваат само еден процент од вкупното население, но решително го обликуваат општеството. Моќта на индивидуалното одлучување никогаш не била поголема, а причините и шаблоните на носењето одлуки никогаш не биле потешки за разбирање и анализирање. Вештината на утврдувањето на микро целите, препознавањето и комуникацијата со малите и силни подгрупи за нивните потреби и желби досега не беше клучна за маркетиншките или политичките кампањи. Но,

26

динамичниот стил на живеење, интернетот, фрагментираната комуникација и глобалната економија денес се соединуваат и му даваат нова смисла на индивидуализмот. Светот можеби се претвора во рамна плоча поради глобализацијата, но останува фактот дека го населуваат повеќе од седум милијарди луѓе. Пен и Кини Залесни сметаат дека трендот

што ќе зафати само еден процент од населението е и повеќе од способен да даде филмски блокбастер, книжевен хит или некое политичко движење. Кога самците диктираат Еден од најважните микро трендови што има реперкусии врз многу економски и социјални категории е поврзан со индивидуализмот. Сѐ поголем


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.