v.News 114

Page 18

ПРЕЗЕМЕНО од една третина (34,5 проценти) мисли дека тоа се однесува и за нивната компанија. Со други зборови, многу поголем број од нив сметаат дека нешто важи начелно, во „надворешниот свет“, отколку конкретно, во сопственото окружување, што сугерира дека и нивните одговори не се одраз само на вистинската состојба туку и на определени стереотипи за добриот изглед и добрата работа. Две третини од испитаниците признаваат дека поради работата трошат повеќе пари на својот изглед, при што има впечатливо голема нерамнотежа меѓу издатоците за облека и за козметика: повеќе од 60 проценти од испитаниците трошат повеќе на облека, а само нешто повеќе од 30 проценти за козметика. Навидум спротивно на тоа, напредувањето во кариерата би значело поголеми вложувања во изгледот за „само“ една третина од испитаниците. Велам „навидум“ спротивно бидејќи, ако ме прашате мене, тоа што две третини од испитаниците не би го следеле кариерното напредување со поголеми вложувања во својот изглед не значи дека тие не се грижат за сопствениот изглед и за деловната промоција. Едноставно, тие уште сега трошат многу на изгледот, независно од тоа дали навистина тоа може да си го дозволат или не. Деловното напредување во таа смисла значи само поголеми можности за финансирање на постоечките стилски стратегии. Се разбира, тоа значи и дека во криза, но и воопшто, кариерното

18

напредување во голем број случаи не носи значително подобрување на финансиската состојба. Да рекапитулираме, истражувањето во голема мера го потврди она што го очекувавме: изгледот на работното место е важен и припаѓа во збирот од нештата што придонесуваат кон севкупната деловна евалуација. Тоа важи уште повеќе кога работата вклучува односи со клиентите. Привлечната надворешност, колку што може да ја олесни, толку може до определена точка и да ја усложни ситуацијата на работа: на пример, може да ви се зголеми видливоста во компанијата, но тоа ќе ве изложи на трачови. Доколку ви ги отвори вратите кон напредувањето, останува отворено прашањето дали тоа ќе биде значајно напредување што носи значително повисоки приходи. Дури и ако изгледот ви помогне во освојувањето на некоја канцелариска позиција, тешко дека ќе ви помогне да ја задржите доколку не го следат и некои други квалитети. Исто така, иако важноста на изгледот во изненадувачки голем број одговори се изедначува со важноста на искуството и образованието, ако им се постави прашање за вистинските искуства, наместо за субјективните оценки, испитаниците сепак сведочат дека изгледот сам по себе, без други видови квалификации, долгорочно тешко може да биде доволен за подобра кариера. Главно, во вистинските деловни ситуации, во конкретните

компании во кои работат испитаниците – освен ако не се работи за специфични работни места – добриот изглед сепак нема пресудна предност. КАКО СИ ИЗГЛЕДАМЕ САМИТЕ СЕБЕСИ НА РАБОТА Спој меѓу удобното и корисното: добриот ИЗГЛЕД ПОМАГА ВО КАРИЕРАТА, но мнозинството од испитаниците во секој случај сака да се среди за работа. Речиси три четвртини од испитаниците (73,2 проценти) се изразено или главно задоволни со својот изглед, додека само 5 проценти се незадоволни, а неутрални се околу една петтина (22 проценти). Исто така, две третини (67,1 проценти) сакаат да се дотераат за работа, наспроти само 8,7 проценти од нив што ниту се дотеруваат ниту пак сметаат дека дотерувањето е важно. Очигледно е дека се работи за комбинација од згодното и корисното, бидејќи дури четири петтини од испитаниците (79,8 проценти) сметаат дека се исплати вложувањето во сопствениот деловен изглед. Со оглед на тоа,


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.