Tanec

Page 187

БИОГРАФИЈА И БИБЛИОГРАФИЈА НА АВТОРИТЕ Кирил Тодески Авторот Кирил Тодевски е роден во Драчево, Скопје, на 14.11.1943 година. Средно музико училиште завршил во Скопје во 1962 година,а дипломирал на Отсекот за етно-музикологија на Музиката академија во Белград во 1968 година, во класата на професорот д-р Драгослав Девиќ. Од 1970 па се до пензионирањето во втората половина на 2007 година е во постојан работен однос во Македонското радио,во Редакцијата на народна музика на која бил уредник од 1980 година. Како етно-музиколог и уредник во Македонското радио,авторот во своето професионално дејствување,освен програмските ангажирања, го следел културниот живот од областа на фолклорната материја. Така, за Македонското радио, повеќе од 3 децении ќе ги рецензира фестивалските збиднувања од Балканскиот фестивал во Охрид, Фестивалот Илинденски денови во Битола,Фестивалот на изворни инструменти и песни Пеце Атанасовски, во Долнени и концертните збиднувања во Скопје. Повќе години бил селектор и член на програмски комисии на Балканскиот фестивал во Охрид и Илинденски денови во Битола,а од 1992-1999 година бил уметнички директор на Фолк-фест Валандово. Паралелно со овие ангажирања, Кирил Тодевски ќе биде автор на монографии и рецензении на повеќе публикации и автор на документарни радио и телевизиски емисии : Кирил Тодевски: Монографија: Танец-50 години амблем на македонската култура и уметност”. Издава:Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ 1999 година. К. Тодевски: Монографија Од Галиник до легенда-Александар Сариевески. Издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје Скопје 2000 год. 186


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.